Карпош Урбан бр.33

Page 1

Весник на локалната самоуправа октомври 2013 • бр. 33 • година 5

37 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа октомври 2013 • бр. 33 • година 5

ВО ФОКУСОТ ЈУБИЛЕЈ НА ХУМАНОСТА НА КАРПОШАНИ

................................................. 6

ВЕСТИ БИЗНИС, ЗАБАВА И ПЕТАР ГРАШО НА „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“

............................................... 12

37 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

Издава Општина Карпош Бул. „Партизански одреди“ бр.68 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Димче Мешковски Томе Груевски Владо Поповски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска

ВЕСТИ

vikipr@karpos.gov.mk

„СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“ КУЛТУРЕН БРЕНД НА КАРПОШ

............................................... 13

ТАЛЕНТИРАНИ И УСПЕШНИ САКАМ ДА ПОСТИГНАМ ГОЛ НА „ОЛД ТРАФОРД“

............................................... 28

СПОРТОРАМА ОПШТИНСКИ ТИМ ВО ФУДБАЛСКАТА БИЗНИС-ЛИГА

............................................... 30

Уредници Миле Раденковиќ mile.radenkovic@karpos.gov.mk

Редакција Игор Ѓуровски Мила Глигорова Ива Манова Анета Манчевска Живко Трајановски Јоана Станиќ Лилјана Петрушевска-Кочовска Технички уредник Зоран М. Гулевски Лектура Лилјана Петрушевска-Кочовска Фотографија Ива Манова Амел Амед Игор Ѓуровски Маркетинг Александар Бошковски Горан Димовски Ивана Пендовска marketing@karpos.gov.mk

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ФОКУСОТ Општината слави 37 години од своето постоење

ДЕСЕТКА ЗА КАРПОШ На 3 ноември годинава, нашата Општина слави 37 години од своето постоење.Честит роденден! А што може да се посака за Денот на една општина? Не која било, туку на еден голем и урбан Карпош. Карпош кој расте повеќе од три и пол децении, кој дочека 37 лета на воздигнување и, како што еден нејзин креативен жител кажа пола на шега, пола ви­ стинито, заслужи десетка. Зошто? Дали е тоа само едноставна математичка операција: 3 плус 7 е една­ кво на 10? Не! Карпош заслужи чиста десетка за своите минато и сегашност. За тоа како од една обична скопска населба (порано постоеше само Карпош 1) и бескрајни ливади зад неа, од едно ста­ ро, но легендарно Нерези кое датира од времето на Сулејман Величествениот, од едно село Влае кое копнееше да стане град, прерасна во една голема урбана и, нескромно тврдиме, најурбана општина во Скопје. Карпош беше мал, но горд. Горд и упорен. Токму како неговите жители, карпошани. Тие кои од пред децении дојдоа во него да го свијат своето гнездо, да ги изградат своите домови, куќи, па згради. Тие кои во него минаа и добро и лошо. Го видоа и болно го почувствуваа големиот земјотрес, кој наместо да ги урниса во ду хот, само ги подигна, како феникс. Да зачекорат похрабро и поуспешно. Од онаа една мала населба, со помош на југословенската и свет­ ската солидарност, се изградија стотици згради уште толку и повеќе бараки, никнаа нови населби, се родија нови карпошани. Карпош во себе прегрна и прифати илјадници нови жители, за денес, 37 го­ дини потоа, да брои повеќе од 60.000 илјади. И за сите нив е дом. Но, 37­те години опстојување не се белег за жителите. Некои од нив се подолго тука, некои пократко. 3 Ноември е само Денот на Општи­ ната. Кога локалната власт профункционира како самостојна институција. Тоа е денот на сервисот на граѓаните, на нивната локална самоуправа, местото каде што граѓаните сами одлучија да ги насочат си­ те свои егзистенцијални, секојдневни проблеми. Кому треба улица, кому водовод, кому дозвола за градење, кому училиште, градинка. За сиот тој пер­ иод, за сите овие 37 години, на сите свои жители, Општината им беше и татко и мајка, и родител и старател... Едноставно, таа се основа и постои за нив, и само за нив. Општината и нејзините жители одамна се едно. Тие си веруваат и си помагаат еден со друг. Граѓаните лојално ја алиментираат со ниви­ те пари, а таа уште поодговорно и поревносно им враќа. Никнаа нови современи улици, изградени се

4

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

километри нови патишта, нема дом каде нема спро­ ведено фекална и атмосферска канализација, ник­ наа нови плоштади, детски и спортски игралишта, речиси да нема парче земја за кое нема урбанистич­ ка визија, нови планови, нови можности, нови ви­ дици. Општината расте и се развива.Токму онака како што посакуваат граѓаните. Сега е општина за при­ мер. Ја избраа за најтранспарентна општина, енер­ гетски најефикасна, општина со најголема социјал­ на инклузија и последното, конечно, за општина најпосакувана за живеење. И не само во Скопје, ту­ ку во цела Македонија! А за локалните власти, сер­ висот за граѓаните, има ли поголем комплимент, има ли повисока оцена ако нејзините жители и` до­ делат чиста десетка. Е затоа е десетката за Карпош, која ја заслужи сиве овие 37 години на подем и бор­ ба со секојдневието на своите граѓани. Поголема че­ ститка од оваа не може ниту да се посака. Да е че­ стит Денот на Општината и да се нижат уште многу успеси. В. Цве тковска

ПОВИК ЗА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА По повод 37­годишнината од постоењето на Општина Карпош, општинскиот Црвен крст, За­ водот за трансфузиологија на Македонија и Оп­ штина Карпош, традиционално организираат крводарителска акција, која годинава се одржува под мотото „Денови на крводарителство во Кар­ пош“. Крводарителската акција ќе се одржи на 4 и 5 ноември (понеделник и вторник) во времетрае­ ње од 9 до 17 часот и тоа на три пункта: во ООУ „Лазо Трповски“ – ул. Радика бр. 9, во ТЦ „Скоп­ је сити мол“, до „Керфур“ и во Урбана заедница Карпош 1, зад полициската станица Бидете хумани и со Вашата капка крв спасете еден човечки живот.


ОД МОЈ АГОЛ Почитувани сограѓани,

Измина уште една „Карпошова година“.На 3 Ноември го славиме ро­ денденот на Општината, односно денот кога, пред 37 години, беше консти­ туирана Општина Карпош, покрај веќе постојните, како уште една нова локална територијата самоуправа во состав на градот Скопје. Оттогаш до денес, Карпош израсна во вистинска европска општина која постојано че­ кори напред. Расте, се развива, се урбанизира. Секој ден, секој месец, секо­ ја година, нам, на општинската администрација, и мене, како нејзин прв човек, како најодговорен, ваш градоначалник, ни е посветен на зголемува­ ње на благосостојбата и на општината. На задоволување на Вашите секојд­ невни потреби, на потребите на сите жители и граѓани на Карпош, чиј сер­ вис и најдобар пријател сме токму ние. Целта ни е за нашите граѓани да придонесеме за квалитетни и современи услови за живеење, европско образование, да овозможиме солидна инфраструктура, да привлечеме што поголем број инвеститори и да се отворат што поголем број работни места. Во услови на подолгорочна економска криза, како општинска власт, имавме обврска да се грижиме и за нашите сограѓани кои се во потешка материјална состојба и колку што можеме да им го олесниме живее­ њето. Токму за таа цел изминатиот октомври, по десетти јубилеен пат, ја организиравме хуманитарната ак­ ција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, на која пред најголемите маркети сите граѓани солидарно дару­ ваа продукти за 160 сиромашни семејства кои, се надевам привремено, се наоѓаат на социјалните маргини. Оваа хумана мисија е една од основните што ги има Општината и грижата за старите, немоќните, социјал­ но загрозените, постојано е во фокусот на нашето работење. Во октомври не ги заборавивме и другите наши традиционални манифестации. Во „Скопје сити мол“, капитална инвестиција и најголем трговски центар во земјава, кој се наоѓа токму на наша територија, ја ор­ ганизиравме традиционалната манифестација посветена на малите и средни бизниси „Ем умеам, ем мо­ жам“, која има повеќенаменски карактер: изложбен, продажен, забавен. Карпошани се забавуваа и уживаа, а со нив и ние. Не ги запоставивме ниту другите сегменти на живеење. Многу работевме на екологијата, на намалување на бучавата во општината, на што често ни се жалеа повеќе сограѓани. Нашите инспектори спроведоа една интензивна и плодна акција на контрола на бучавата, која доаѓа од угостителските објекти и онаму каде констатиравме прекршоци, реагиравме во согласност со законските прописи. Така ќе биде и во иднина, за­ што целта ни е за секого да создадеме простор за работа и забава, но не на штета на другите сограѓани, на кои им се нарушува комодитетот и спокојниот живот. Овој месец продолживме и со инфраструктурните зафати, при што централни ни беа интервенциите во основните училишта во општината за младите поколенија да учат и да работат во што поквалитетни усло­ ви . Работевме и на неколку санации и реконструкции на улици, продолжуваме со реконструкцијата и на фасадите и со тоа ќе продолжиме сè додека ни дозволуваат временските услови кои досега навистина ни одеа на рака. Традиционалните манифестации, како Седмата ликовна колонија „Свети Пантелејмон“, почетокот на Училишната фудбалска лига, пензионерските спортски игри, се постојано поттикнувани и поддржувани од нашата Општина. Ние во Карпош, како ваша локална власт, извонредно многу полагаме на мултиетничноста, на мулти­ културата, толеранцијата и заедничкото живеење. Токму затоа, ваквиот пристап го воведовме како едука­ ција и практика и во основните училишта за децата од мали нозе да се учат на овие традиционални, но и европски вредности. Заеднички ги чествуваме и христијанските и муслиманските празници, стимулираме заеднички проекти, за што посебен интерес пројавија дури и од светската организација за грижа за децата УНИЦЕФ, кои беа гости во нашето училиште „Димо Хаџи­Димов“, како еден од најуспешните примери за социјална инклузија на деца со посебни потреби во образованието. Карпош беше домаќин и на Државното првенство во кик­бокс, што ни беше и чест и задоволство, како најспортска општина. Сепак, и покрај сите постигнувања со кои можеме да се пофалиме на Денот на оп­ штината, пред нас претстојат уште многу предизвици и многу работа. Ваше е да барате, да доаѓате во Оп­ штината, а наше е да Ви излеземе во пресрет колку што е можно повеќе. Само со заеднички напори Карпош и натаму ќе оди по патот на прогресот и просперитетот. Граѓаните се во центар на нашето внимание и по­ светеност. Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


Поддршка за материјално загрозените семејс тва

ЈУБИЛЕЈ НА ХУМАНОСТА НА КАРПОШАНИ Локалната самоуправа, по повод Денот на Општината, 3 Ноември, 10. јубилеен пат ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“

Претпоследниот викенд од октомври се одржа дводневната хуманитарна акција ,,Да бидеме хума­ ни за нашите соседи“, која Општина Карпош ја спроведе по десетти јубилеен пат. Пред поголемите маркети, општинарите поставија 12 штандови на кои собираа донации од хуманите граѓани. Карпо­ шани уште еднаш го покажаа својот несебичен ка­ рактер. При своето редовно пазарење, тие одлучија

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

да донираат најразлични производи според сопс­ твен избор, наменети за своите сограѓани кои се на­ оѓаат во потешка материјална состојба. Во наредни­ те денови, од насобраните производи ќе бидат фор­ мирани т.н. хуманитарни пакети што ќе им бидат врачени на социјално­загрозените семејства. Кон оваа хумана акција се приклучи и градона­ чалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој донираше прехранбени производи за таа цел. Во оваа пригода тој истакна дека се работи за солидар­ на акција, која се организира по повод Денот на Оп­ штината (3 ноември). ­ Ги повикувам сите наши граѓани кои пазарува­ ат во поголемите маркети да издвојат барем еден продукт од својата корпа за своите сограѓани на кои навистина им е потребна ваква помош. Се на­ девам дека ќе бидеме солидарни и овојпат, како што сме биле и досега за да им помогнеме на нашите со­ граѓани кои се наоѓаат во потешка материјална по­ ложба – посочи општинскиот татко. Јакимовски потсети дека локалната самоуправа ја спроведува оваа традиционална хуманитарна ак­


ција трипати во годината, за Денот на Општината, по повод божикните и велигденските празници. ­ Во Карпош имаме околу 160 семејства кои се изложени на социјален ризик и заедно со граѓаните успеваме да им обезбедиме основна помош на луѓе­ то од оваа социјална категорија. Посакувам, оваа

тешка материјална состојба за нив да биде привре­ мена и се надевам дека наскоро ќе дојде ден кога и тие ќе можат да помогнат некому – додаде првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски. Игор Ѓуровски

ВЕРНИ НА ТРА ДИЦИЈАTA Весна Стефановска и Јасмина Ветеровска се вработени во општинската администрација на ло­ калната самоуправа на Карпош. Освен долгого­ дишното работно искуство и беспрекорниот при­ стап кон своите обврски, тие се познати и по сво­ јот хуман карактер. Имено, уште од 2010 година, кога Општина Карпош почна да ја спроведува ху­ манитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, тие со нескротлив ентузијазам учеству­ ваат во неа и оттогаш се нераскинлив дел од оваа општинска активност. Кон крајот на месецов, тие по десетти, јубилеен пат, застанаа зад општински­ те штандови на хуманоста. Карактеристично за нив е тоа што секогаш нивната лична донација пр­ ва се наоѓа на тезгето, па потоа следуваат донаци­ ите од хуманите сограѓани. Препознатливи по својот ведар дух, Весна и Јасмина не ја чувствуваат оваа хуманитарна акција како работна задача, ту­ ку како морална одговорност и љубов да се помог­ не на своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. ­ Многупати луѓето покрај тоа што донираат сакаат и да помуабетат, да прашаат за некој совет и во тој случај ние ги информираме каде треба да се обратат, кога имаат некое барање до Општина­ та. Секако, граѓаните се среќни што се дел од оваа акција која ја прифаќаат со задоволство – вели Весна. Карпошани го препознаваат ова хумано дуо по нивните благи насмевки и по искрениот алтруи­ стички карактер, па токму заради нив интензивно донираат најразновидни производи. ­ Знаеме колку значи подадената рака и несе­ бичната поддршка, па токму затоа учествуваме во

оваа акција по десетти пат. Горди сме што сме дел од најголемата хуманитарна манифестација која шири порака за љубов и за солидарност за сите луѓе кои живеат на територијата на нашата Оп­ штина – додава Јасмина. И.Ѓ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ВЕТЕНО СТОРЕНО РАБОТЕН ОКТОМВРИ, УЧИЛИШТАТА - ПРИОРИТЕТ Месецот што изминува го одбележаа повеќе проекти, од кои дел беа зафати во училиштата во Општи­ ната, но дел опфатија и подобрување на инфраструктурните услови за граѓаните на Карпош. Еве што ра­ ботевме во октомври...

Санацијата на простории во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ ја реализира „Мастеф“.

Обновата на спортската сала во „Јан Амос Коменски“ е реализација на „Боки МГ инженеринг“.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


Санацијата и замената на покривот од салонитни табли со пластифициран лим за кујната, трпезаријата и магацинот во ООУ „Димо Хаџи-Димов“ во Влае 2 ги спроведе „Инком инженеринг“.

Тротоарите со претходна изведба на хидроизолација на темелни ѕидови во ООУ „Војдан Чернодрински“ ги изработи „Мастеф“.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


АНКЕТА Нашите читатели за „Урбан Карпош“

ДОБАР ВЕСНИК, ПОВЕЌЕ ЗА ОБИЧНИТЕ ЛУЃЕ Помина нешто повеќе од една година од графичко и содржинско подновување на „Урбан“, весникот на локалната самоуправа на Општина Карпош. Доволно време за проверка на јавниот одглас, односно за од­ говор на прашањата: како го оценувате нашиот и вашиот весник и што во него треба да се промени за це­ лосно да ги исполни вкусовите на читателите. Одговорите на прашањата ги побаравме меѓу граѓаните, жи­ тели на нашата општина. Андријана Пејчиновска, социолог магистрант Со оглед дека се работи за локално гласило, пријатно сум изненадена од неговиот изглед и од содржините. Мислам дека во „Урбан“ има четиво за сите возрасти и од него секој може да се информира за важните случувања во општината. Со оглед на системските промени што во пос­ ледниве дваесетина години се случуваат во нашата земја, сметам дека повеќе простор треба да се даде на експерти за социјалната проблематика, за при­ чините за раслојувањето во општеството, во кое повеќе не постои среден слој. Треба да има повеќе истражувања и анкети за појавите кои го засегаат најзагрозениот слој од граѓаните. Февзи Љазуми, бербер Весникот е многу квалите­ тен и во него има што да се про­ чита. Особено ми се допаѓа што пишувате за млади и таленти­ рани луѓе, ученици, студенти, спортисти, за реновирање на улици и на училишта. Сметам дека малку повеќе отколку што треба има фотографии од реконструкции на улиците. Мислам дека почесто треба да пишувате за лу­ ѓето од малото стопанство, за оние што многу не се занимаваат со политика, туку со вложување со сопствен труд во работата од која живеат. Не се се­ ќавам кога последен пат во „Урбан“ сум прочитал за некој занаетчија, а во нашата општина таквите ги има многу. Олга Котевска­Лукарова, воспитувачка Весникот „Урбан“ е луксу­ зен и квалитетен во секој пог­ лед. Тој е вистински одраз на реномето што го има Општина Карпош и ги отсликува најваж­ ните настани во неа. Со оглед на мојата професија, на уред­

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ништвото на весникот би му предложила да воведе една рубрика или да одвои едно катче во кое би им се давале совети на родителите поврзани со вкуп­ ното воспитување на најмладата генерација, на де­ чињата од предшколска возраст. Конкретно мислам дека би било убаво стручни­ те лица да им даваат совет на родителите за нивни­ от однос со децата дома, кој треба да биде во коре­ лација со воспитувањето во градинките. Имено, во тој поглед има драстични разлики и често имаме родители кои, токму во ова насока, бараат наша по­ мош. Миле Белдедовски, нови­ нар и публицист Весникот редовно го доби­ вам и внимателно го читам и сметам дека е професионално уреден и редактиран и е ви­ стинско огледало за сите случу­ вања во нашата општина, која со право го носи епитетот за ед­ на од најурбаните во земјава. А кога сме кај урба­ низмот, на мнение сум дека весникот малку повеќе е оптоварен со фотографии за урбанистичките за­ фати, кои инаку се видливи за нас, граѓаните од Карпош. Мислам дека содржинското збогатување треба да оди во насока на воведување рубрика во која, на­ кратко би се објаснувале урбанистичките термини и би се пишувало за современите текови во архите­ ктурата, во медицината, за животот и работата на вистинските интелектуалци, колекционери, кои, за среќа, ги има во Карпош. Сашо Тасевски, актер и пи­ сател Лично сум изненаден од квалитетот на хартијата на која се печати весникот „Урбан“ и убаво е што на такво рамниште се и неговите содржини. Тој има интересни информации и статии, но со оглед на тиражот (20.000) и на попула­ цијата која со него доаѓа во допир, сметам дека му недостигаат повеќе рубрики од областа на култура­


та. Убаво би било во иднина на страниците на „Ур­ бан“ да можат да се прочитаат куси раскази од свет­ ските и од домашните автори. Материјал за таква постојана рубрика би можел да се обезбедува преку постојан конкурс за кратка приказна. Недостигаат и куси разговори со дејци од сите области на култу­ рата и уметноста. Би требало да има и постојан конкурс за урбана уметничка фотографија. Златко Ончевски, дипло­ мат во пензија Општо земено, весникот на нашата општина е квалитетен, но јас имам забелешка на начи­ нот на кој тој се доставува до нас, граѓаните. Не е убаво таков весник да се остава пред врата или воопшто да не се доставува, како што често се случува во нашата зграда, во Карпош 1. Покрај сегашните содржини, кои ја задоволува­ ат основната улога на весникот, во него недостигаат текстови од областа на медицината, на кулинарс­ твото, винската култура, она без што денес не може да се замисли ниту еден весник. На „Урбан“ му не­ достига и рубрика во која би се отстапил простор за писма или реакција на граѓаните, за она што е во сфера на нивен интерес, а се однесува на поквали­ тетно однесување и живеење во нашата убава и ур­ бана општина. Коле Ангеловски, актер, ре­ жисер и писател Општина Карпош има нај­ квалитетно информативно гла­ сило, кое навистина ги бележи најважните мигови од нејзини­ те активности. Имам пофални зборови за неговиот изглед и за содржините, но мислам дека му недостигаат приказни од маал­ скиот живот, од малите нешта што му се случуваат на секој од нас, без оглед на општествената или со­ цијална позиција. Секојдневието на „малиот“ човек заслужува поголемо внимание. Околу нас има скромни и интересни луѓе кои прават мали, но уба­ ви работи, а за нив малку се знае. Лазо Крстевски, општес­ твеник и публицист Јас редовно го примам вес­ никот „Урбан“ и со задоволство го читам. Тој сосема ја исполну­ ва својата функција бидејќи на­ вистина перманентно ги следи активностите на локалната са­ моуправа. Еднакво се застапени активностите од

сите сфери: од урбанистичките зафати, образова­ нието, културата, спортот, соработката на нашата локална самоуправа со домашни и странски парт­ нери... Мислам дека многу често, како автори, над­ вор од редакцијата се појавуваат едни исти автори, што не е убаво ниту полезно. Со оглед на големиот број врвни интелектуалци кои живеат во Карпош, би требало да има повеќе простор за нивниот „глас“, не само од сферата на нивната професија, туку и пошироко. Сметам дека на „Урбан“ му недостига една рубрика ­ не знам ка­ ко да ја наречам ­ во која би се објавувале погледи и мислења или писма со реакции на граѓаните. Цве тан Колчаковски­Целе, туристички работник Се разбира дека вашиот и нашиот весник „Урбан“ редов­ но го следам и со задоволство го читам. Веднаш да ви кажам дека е преоптоварен со фото­ графии од градежните зафати. Тоа е одвишно бидејќи граѓани­ те тие работи можат да ги забележат. Тој простор во весникот може да се искористи за повеќе текстови за другите активности на локалната власт, но и на граѓаните, индивидуално. Да ја искористам оваа можност да кажам дека во општината не постои ниту еден простор во кој гра­ ѓаните би можеле да се среќаваат и да дебатираат на разни теми. Едно катче во кое би се одржувале три­ бини со интересни теми и соговорници. Клубовите на пензионерите не ги сметам за адекватни за ваква намена. Парашкева Пе тровска, но­ винар во Влашкото радио Како ваш колега и редовен читател на „Урбан“, сметам дека правите убав и содржаен вес­ ник, но малку повеќе оптоварен со градежните активности. До­ бар дел од просторот што го за­ фаќаат фотографиите од рекон­ струкција на улиците, би треба­ ло да се искористи за животните приказни на обич­ ните луѓе. Знаете ли колку е убаво во овие неубави времиња да се прочита убава приказна за некој че­ сен човек, за човек кој во животот направил убави и несекојдневни нешта, а е анонимен. Свртете се и секаде околу нас ќе сретнете такви луѓе, само треба некој да им пријде, да ги сослуша и да ја забележи нивната приказна. Ж. Трајановски М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ВЕСТИ БИЗНИС, ЗАБАВА И ПЕТАР ГРАШО НА КАРПОШОВОТО „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“ Кога на едно место ќе се сретнат добрата волја за соработка, бизнисот и забавата­доживувањето е неизбежно. Тоа се случи во Општина Карпош, на почетокот од октомври, кога, во заедничка органи­ зација, Општина Карпош и „Скопје сити мол“ ги одбележаа своите годишнини. Локалната самоупра­ ва по 11. пат ја одржа традиционалната манифеста­ ција „Ем умеам, ем можам“, а најголемиот трговски центар и најголемата инвестиција во земјава го прослави својот прв роденден. Во рамките на овој настан, кој првпат се одржу­ ва на просторот околу трговскиот центар, посебно внимание привлекоа 40 штандови на Општината, која им ги отстапи на малите занаетчии и големите и средни претпријатија, за да го промовираат сво­ јот широк производствен асортиман пред граѓани­ те. ­ Се надевам дека овој убав есенски ден им овоз­ можи на голем дел од учесниците во нашата мани­ фестација „Ем умеам,ем можам“ да склучат нови зделки и, се разбира, да ги презентираат своите производи пред граѓаните. Исто така, ја користам оваа пригода да го честитам првиот роденден на тр­ говскиот центар „Скопје сити мол“ и да му посакам

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

во иднина да стане најдобриот трговски центар на Балканот ­ рече општинскиот татко на Карпош, Стевчо Јакимовски, на најголемата саемско­про­ дажна манифестација на Општината која традици­ онално се одржува во Карпош. За помладата публика, Општина Карпош орга­ низираше богата детската програма, на која можеа да се слушнат веселите рефрени од повеќе музички изведувачи и да се забележи препознатливиот фолклор од македонските етноансамбли. Посетителите од Карпош, Скопје и од цела Ма­ кедонија, на околу 40 општински штандови со из­ ложувачи од малите и средни претпријатија, се за­ бавуваа со целодневната програма што ја подготви Општина Карпош. Музички настапи остварија ди­ џеј Васе, Илија Кикиритков и Ане Опашинов, „Са­ ше и пријателите“ и диџеј Дела. Вистинско загрева­ ње за насобраната публика пред концертот на Пе­ тар Грашо беше настапот на нашата поп­ѕвезда Александар Тарабунов. Целодневната манифестација ја круниса голе­ миот концерт на хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој со многу љубов и професионалност цели два часа ја забавуваше илјадната публика на плато­ то пред „Скопје сити мол“ и пред изложбените штандови на Општина Карпош. Многу светла, поз­ нати рефрени и играње беа обележје на „големата журка“ на Карпош, која случајот сакаше да биде дел од големата „Бела ноќ“ на Скопје. В.Ц.


Седма Меѓународна детска ликовна колонија

„СВ. ПАНТЕ ЛЕЈМОН“ КУЛТУРЕН БРЕНД НА КАРПОШ Mладите творци на седмата ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2013“, годинава своите дела ги по­ светија на жртвите од катастрофалниот скопски земјотрес, кој пред 50 години го разурна нашиот главен град. За време на седумгодишната континуи­ рана работа на оваа колонија, младите уметници насликаа 390 индивидуални ликовни творби, а учествуваа и на ликовни настани­перформанси со групни творби. Оваа манифестација претставува силен поттик за квалитативно унапредување на ученичките воннаставни активности, со посебен акцент кон идниот развој и унапредувањето на ли­ ковната уметност, особено за идните потенцијални млади ликовни уметници од Општина Карпош. Традиционалната Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ е актуелен образовен и културен на­ стан, преку кој Општина Карпош ги поттикнува младите таленти од сите основни училишта од ло­ калната самоуправа да ги развиваат своите умет­ организациониот одбор на Општина Карпош и нички амбиции. Уште во 2007 година, Општината Детскиот ликовен центар. Покрај меѓусебното дру­ го прифати предлогот на Детскиот ликовен центар жење за време на ликовно­творечката работа, тие за одржување на овој културен настан и оттогаш, стекнаа и незаборавни импресии од посетата на тивко и ненаметливо, почнува растежот на оваа познати културно­историски споменици. Младите детска манифестација. Младите творци заедно со уметници го посетија Мечкин камен, Македониум, своите ментори, веќе седум години ги изразуваат Музејот посветен на Тоше Проевски во Крушево и своите експресии на белото платно, со својата мла­ ликовната галерија на еден од основоположниците дешка енергија преточена во ерупција на бои, ри­ на македонското современо сликарство, Никола там на линии и композиција на различни облици. Мартиновски. Посетата на Охрид, Скопје и на зна­ Во 2008 година, првпат учествуваа и младите тален­ менитостите низ Општина Карпош со незаборав­ ти со нивните ментори од збратимените општини ното заедничко дружење на младите гради нера­ со Општина Карпош, како што се: Нов Белград (Ср­ скинливи врски меѓу младите надежи на сликарс­ бија), Тиват (Црна Гора), Стари Град ­ Сараево, твото. Травник (Босна и Херцеговина) и Тријадица ­ Со­ Игор Ѓуровски фија (Бугарија). Со тоа, оваа умет­ ничка манифестација доби меѓуна­ родна димензија, на која се размену­ ваат позитивни искуства меѓу учес­ ниците. Целта на традиционалната ликовна колонија е младите ученици преку работа, комуникација и меѓу­ себно дружење, да ја развиваат сво­ ® јата креативност, притоа испраќајќи единствена порака за човекољубие, ® меѓусебна толеранција, мир и благо­ состојба за сите жители на светот. tel./fax : +389 2 2044-528, gsm: +389 70/78 226 663 Како и претходните години, гостите 11, Klenoec – 1000 Skopje, R. Macedonia од збратимените општини заминаа info@mramor.com.mk со прекрасни впечатоци од госто­ примството на своите домаќини – PLEASE VISIT OUR WEBSITE: WWW.HOTELMRAMOR.COM

HOTEL MRAMOR

HOME AWAY FROM HOME

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ОБРАЗОВАНИЕ Каде по завршувањето на основното образование?

МЕЃУ ЖЕЛБИТЕ И ПОТРЕБИТЕ Прашање пред кое годишно се исправени околу 750 семејства во општина Карпош. Како да се изврши изборот на средното училиште, дали според желбите на учениците, дали според потребите на пазарот на трудот, дали според условите што ги нудат средните училишта? Првиот сериозен крстопат во животот на секој млад човек е изборот на средното образование. Правилниот избор на средното училиште, всуш­ ност, е нужниот предуслов за создавање млади кре­ ативни кадри, храбри да го прифатат предизвикот на избраната професија, способни да се соочат со ограничувањата на сегашноста и подготвени со ли­ чен ангажман да ги надминат тие ограничувања за да ги остварат своите и целите на заедницата на ко­ ја и` припаѓаат. Правилниот, односно вистинскиот избор на средното образование, всушност, значи прв чекор кон креирање услови за успешна профе­ сионална кариера и создавање граѓани кои се про­ фесионално реализирани и слободни. Но, тука се отвораат повеќе прашања: прашање­ то за степенот на грижа на нашата држава за овие млади 14­годишни момчиња и девојки да го напра­ ват вистинскиот избор на својата идна професија. Дали постои изграден систем за професионална ориентација? На која основа се базира политиката на запишување во средното образование? Дали ко­ респондираат потребите на пазарот на трудот со политиката на запишување? Во услови кога одговорите на овие прашања се негативни, завршените ученици од основните учи­ лиште и нивните родители се исправени пред сери­ озен проблем на избор на средно училиште. Роди­

телите често немаат доволно аргументи за да се спротивстават на неоснованите желби на своите деца за запишување во посакуваното училиште. Своите конечни одлуки, најчесто не ги базираат на согледување на иднината и на перспективата што ја нуди изборот на средното училиште. Не се води сметка за условите во кои се реализира воспитно­ образовниот процес, за квалитетот на наставниот кадар. Ова се дел од причините, „Урбан Карпош“ да од­ лучи на оваа страна во следните броеви сукцесивно да дава податоци за актуелни­ те состојби со работната сила на пазарот на трудот, анализа на досегашното запи­ шување во средните училиште чиј основач е Градот Скопје, како и условите за работа во овие средни училишта. Нашата цел е учениците и родителите на идните средношколци од нашата оп­ штина да имаат релевантни податоци што ќе им помогнат при носењето на одлуката за запишување во средно образование. Ефтим Пејовски

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


УНИЦЕФ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ООУ „ДИМО ХАЏИ-ДИМОВ“ Општинското основно училиште „Димо Хаџи­ Димов“ беше домаќин на работната средба меѓу членовите на УНИЦЕФ и дел од наставничкиот тим одговорен за програмата за социјална инклузија на ова училиште. Од десетте основни училишта, „Ди­ мо Хаџи­Димов“ од Општина Карпош е најдобрата образовна установа во областа на социјалната вклученост. Целта на посетата на членовите од УНИЦЕФ беше согледувањето на работата на ти­ мот и нивниот придонес за децата со посебни по­

НАШИТЕ ВОСПИТУВАЧИ СЕ НАДГРА ДУВААТ Деновиве, во просториите на ЈУОДГ „Распеана младост“ се одржа трибина на тема „Воспитувач и наставник во современи услови“ во организација на раководството на градинката, а со поддршка од Општина Карпош и од Бирото за развој. Гости на тематската расправа беа градоначални­ кот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, прет­ ставници на Бирото за развој, членови на Управни­ от одбор и на Советот на родители на градинката, претставници од другите градинки во Општина Карпош, како и претставници на педагошките фа­ култети од земјава. Расправата ја отвори директорката на ЈУОДГ „Распеана младост“, Ели Грибовска, која истакна де­ ка соработката со Општина Карпош и со другите градинки на нејзина територија е на завидно ниво, како и соработката со родителите и со другите ин­ ституции што се инволвирани во процесот на образованието и воспитувањето на децата. Во тематската расправа се вклучија: проф.д­р Је­ лица Николовска, проф. д­р Лена Димов­ ска, проректор на Филозофскиот факултет, проф. д­р Атанас Николовски, како и прет­ ставници на градинките од Општина Кар­ пош. Во заклучоците што произлегоа од расправата беше истакнато и тоа дека када­ рот на градинките во Општина Карпош е извонредно добро подготвен за секојднев­ ната работа и за предизвиците што ги носи таа. Сепак, има потреба од надградување на полето на интеркултурното образование, инклузивното и интерактивното воспиту­ вање, како и во други области што ги на­ метнува современиот тек на живеењето.

треби. Искуствата на ова училиште ќе послужат за ширење на добрите практики на инклузивното образование во Македонија, но и пошироко. Оваа работна посета е од огромна важност за континуи­ тетот на овој проект и за решавање на проблемите во образовниот процес кај овие деца. М.Г.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


СИТЕ СМЕ ЕДНО ИГРАМЕ ЗАЕДНО

УЧЕНИЦИ ОД „БРАТСТВО“ ВО ПОСЕТА НА ЏАМИЈАТА „НЕРЕЗИ“ Ученици од Општинското основно училиште „Братство“, во пресрет на празникот Курбан­ба­ јрам, присуствуваа на предавање за значењето на овој исламски празник во џамијата „Нерези“. Под мотото „Курбан­бајрам иде, со најблиските и со пријателите убаво е да се биде“, ова основно учили­ ште го продолжува проектот за меѓуетнички и ме­ ѓуконфесионален соживот што почна пролетва со празнување на православниот Велигден. Група ученици од прво до петто одделение, со мешан етнички и верски состав, ја посетија џамија­ та „Нерези“, каде што оџата Џемаљудин ги упати во значењето на празникот Курбан­бајрам и им го об­ јасни значењето на верските обреди. ­ Која е разликата меѓу христијанството и исла­ мот? И христијаните одат в црква да му се молат на господа, и муслиманите одат в џамија да ја изразат почитта кон бога. Разликата е само во начинот на кој се спроведуваат обичаите, верувањето во бога е исто. Затоа, религиите не треба да нè делат, треба да нè обединуваат – им порача оџа Џемаљудин на уче­ ниците. Општинското основно училиште „Братство“, во пресрет на големиот исламски празник Курбан­ба­ јрам, презеде низа активности за негување на пове­ ќерелигискиот соживот. Во просториите на учили­ штето се одржа и продажна манифестација, на која ученици од ова училиште на продажните тезги ги нудеа своите слатки и солени производи на своите другарчиња. Средствата, собрани од овој настан им се наменети на социјално загрозените семејства.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Училиштето „Јан Амос Коменски“ ги обедини сите основни училишта од општината во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образова­ нието „Сите сме едно­играме заедно“, чии реализа­ тори се УСАИД и МОН во соработка со Бирото за развој. Заедничкото дружење се спроведе преку спорт и музика, а учениците беа поделени во посеб­ ни групи според пол и етничка припадност. Целта на проектот е етникумите во училиштата да бидат рамноправни, а јазикот да не е бариера во играта. Во второто полугодие од учебната година, актив­ ностите од овој проект ќе се изведуваат со тетов­ ското партнер­училиште „Сабедин Бајрами“ . Ќе се презентираат различните култури што во поната­ мошното работење ќе придонесе за поголема повр­ заност и заемна соработка на двете училишта. Ова општинско основно училиште потпиша и Меморандум за соработка во заедничкиот проект „Меѓуетничка соработка во спортот и образование­ то меѓу десетте основни општински училишта“ . Станува збор за заеднички проект на УСАИД и

МОН во соработка со Бирото за развој и со десетте основни училишта на територија на Карпош. Оваа соработка е од огромно значење за потребите на училиштето бидејќи еднаш годишно се аплицира за т.н. „Зелено знаме“, а училиштето треба да поседу­ ва посебни стандарди за да може да биде конкурент во аплицирањето. „Коменски“ е училиште кое ги исполнува сите услови кога станува збор за еколо­ гијата во училиштата со тоа што предничи во без­ број еколошки активности како: еколошки кален­ дар, брошури за почист воздух и почисто Скопје, за штедење на водата, на енергијата, еко­градина, еко­ училница и мноштво работилници во таа сфера. Општина Карпош особено инвестира во унапреду­ вање на образовниот процес во училиштата и изле­ зе во пресрет и му помогна на наставничкиот тим од училиштето да го потпише овој значаен доку­ мент. М.Г.


ПАРТНЕРС ТВО ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА

АЈВАРЧЕ ЗА МЕНЕ АЈВАРЧЕ ЗА ТЕБЕ Хуманитарната акција „Ајварче за мене, ајварче за тебе“ вторпат беше организирана во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Општина Карпош. Вредните мајки на учениците, помогнаа секое дете да придо­ несе за семејствата што се наоѓаат во потешка мате­ ријална состојба. Полни рачиња теглички со ајвар, кисели краставички, компот, слатко и уште многу други вкусни домашни производи, ги преполнија трите штанда во холот на училиштето. Одделенски­ те наставнички, Александра Блажевска и Сузана Цветанова, со голема посветеност работеа на оваа хуманитарна акција, со што придонесоа да има од­ лична атмосфера и организација. Околу 30 тегли скромно ќе ја збогатат зимската трпеза на едно се­ мејство. Дел од донираните производи, учениците ќе ги подарат на социјално­загрозените семејства, а остатокот ќе биде вклучен во хуманитарната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“ за Денот на Општина Карпош. М.Г.

Општинското основно училиште „Братство“, на вториот ден од празникот Курбан­бајрам, беше до­ маќин на претставници од училиштето „Вера Ци­ ривири­Трена“ по повод потпишувањето Mемо­ рандум за соработка во рамките на проектот за ме­ ѓуетничка интеграција. Проектот е поддржан од УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско обра­ зование, Министерството за образование и од Би­ рото за развој, а предвидува сите основни учили­ шта да влезат во соработка со партнер­училиште со поинакви етнички и јазични карактеристики. Координатори на проектот беа директорките на училиштата, Соња Силјановска и Снежана Карас, кои го потпишаа Меморандумот за соработка во присуство на претставници од училиштата. ­ Меморандумот го потпишуваме токму на Кур­ бан­бајрам, зашто од основното училиште „Вера Циривири­Трена“ сакаа на нашите ученици да им го честитаат празни­ кот – рече Соња Силјановска, дире­ кторката на ООУ „Братство“. Дире­ кторката, пак, на партнер­училиште­ то „Вера Циривири­Трена, Снежана Карас, рече дека со задоволство ѝ пристапуваат на оваа соработка за­ што таа значи многу дружба и многу нови знаења на полето на мултикул­ турата. Дечињата од „Вера Циривири­ Трена“ на своите другари од партнер­ училиштето им го честитаа празни­ кот со специјално изработена чести­ тка, а за возврат беа почестени со тра­ Организира диционална бајрамска баклава. интензивни и суперинтензивни М.Г. курсеви за следниве јазици:

ИТАЛИЈАНСКИ, ШПАНСКИ, АНГЛИСКИ, ГЕРМАНСКИ (Подготовка за полагање на испити за сертификат “START DEUTSCH”) ТУРСКИ, АЛБАНСКИ Подготовка за IELTS и ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ. Организираме курсеви по МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК за странци. СУДСКИ ПРЕВОДИ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


МИСЛЕЊЕ

ЗОШТО НАШИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ СЕ ТОЛКУ ДОЛУ НА СВЕТСКАТА ЛИСТА? Покрај што е најур­ бана, најпосакувана за живеење, со најмалку не­ вработени, општина Кар­ пош е на свој начин и универзитетска општи­ на. На нејзина терито­ рија се наоѓаат неколку факултети кои се дел од најстариот и најреноми­ Пишува: проф. д-р раниот универзитет во Зоран Т. Поповски Македонија, „Св. Кирил и Методиј“ и еден при­ ватен универзитет. Поводот за овој текст е една не­ одамнешна интерактивна презентација на тема зо­ што најдобриот универзитет во Македонија е ран­ гиран околу 2.000. место, а, на пример, „просечниот американски“ Државен универзитет „Охајо“ е во првите 50. За жал, спиритус мовенс на развојот на универ­ зитетите, како и многу други работи во овој нов де­ мократско­суров поредок, се парите. За споредба, Државниот универзитет „Охајо“ има речиси двојно поголем буџет од Република Македонија, а УКИМ има буџет двапати помал од Одделот за транспорт и паркирање на споменатиот универзитет. На при­

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

мер, сте се запрашале ли од каде доаѓаат главните финансии за најдобрите десет рангирани универзи­ тети во светот? Веројатно ќе се изненадите ако ви кажам дека главни донатори се некогашните сту­ денти на тие универзитети, кои останале горди што таму студирале и прават сè нивниот универзитет и натаму да расте. Главно, тоа се и сопствениците на тие универзитети. Организирани во т.н. алумни асоцијации, просто се натпреваруваат во тоа кој колку ќе придонесе. Иако, нашите универзитети постојат 60­тина години, тие таква поддршка нема­ ат, туку, напротив, нивните некогашни студенти се обидуваат од различни позиции да им се одмазду­ ваат или да си гледаат сеир кога станува збор за судбината на „нивниот“ универзитет. Тоа токму се­ га му се случува на УКИМ. Да се разбереме. Немам намера алиби за местата на ранг­листата да барам само во парите, иако тоа е неодминливо. Убеден сум дека недостигаат многу други работи за кои парите не се баш неопходни. Така, за да биде успешен еден универзитет, важен предуслов е неговата препознатливост или модерно неговото брендирање. Најуспешните универзитети во светот имаат свои симболи олицетворени во спортски екипи и културно­уметнички ансамбли. Освен врвните резултати во едукативната и научна­


та дејност, тие покажуваат одлични резултати на спортски, уметнички и на културен план. Тие успе­ си недвосмислено го јакнат чувството на припад­ ност на сите студенти за што зборував претходно. А што се случува кај нас? Универзитет со 50.000 студенти нема свои натпревари, нема културни на­ стани кои секојдневно ќе ги потсетуваат неговите студентите дека тие се дел од неговиот бренд. Да не зборувам за маици, капи, сувенири и други дребу­ лии, кои и да сакате да ги купите како студенти на нашите универзитети, тоа нема каде да го направи­ те. Е, па, без таква работа нема ни чувство за при­ падност, ни бу тур. И можеби најважната работа за еден универзи­ тет да биде постојано прису тен во јавноста е него­ вата отвореност. Современ универзитет има своја веб­страница која се ажурира на секоја мину та, има свои гласила кои „безмилосно“ се дистрибуираат меѓу студентите и наставниот кадар. Тие гласила зрачат со младешки дух и со критичност што е condition sine qua non за развојот на академската за­ едница. Погледнете ги само изданијата на „Лан­ трен“, „Он кампус“ или „Јувикли“ на Државниот универзитет „Охајо“. Покрај бројните написи за културни и спортски настани, корисните информа­ ции за секојдневнието на студентите и забавните катчиња, тие се полни со написи за негативните со­

стојби на универзитетот. Особено на тапет се рако­ водствата на универзитетот кои стоички ги подне­ суваат тие критики и се обидуваат истите да ги пре­ точат во решенија на проблемите. Затоа претседате­ лот на Државниот универзитет „Охајо“ има многу посилна позиција од гувернерот на државата Охајо. Во моментот тоа во нашата демократска Македони­ ја не можете да го замислите. Се сеќавам, во време­ то на веќе омразениот комунизам, на Универзите­ тот се издаваа студентски гласила кои беа дисо­ нантни со актуелните раководства и радија, кои го исполнуваа етерот со младешка енергија. „Демокра­ тијата“ сето тоа го анулираше и денес на нашите универзитети ќе најдете некакви гласници кои по­ веќе личат на семејни фотоалбуми, во кои ќе најде­ те слики и написи од поздравни „говори“, полагање цвеќиња и промоции. Оние малку „пролетни“ зву­ ци кои ги испуштаат алтернативните студентски асоцијации суптилно се анулираат. Нема критика, нема разногласие. Сè е исто. Е, па, затоа, драги мои читатели на „Урбан Кар­ пош“, универзитетите во Македонија не се моторна сила на нејзиниот развој туку социјални инстру­ менти кои во последно време создаваат квантитет на сметка на квалитетот. И сè додека е така, ќе биде­ ме таму некаде, меѓу 2.000. и 5.000. место на ранг­ листата на најдобри универзитети во светот.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


Раз­го­вор со Го­ран Гроз­до­ски

„МО­ТО­ЦЕН­ТАР“ - СИ­НО­НИМ ЗА КВА­ЛИ­ТЕТ И ЗА ВРВ­НА УС­ЛУ­ГА Без­бед­но­ста на ва­ше­то во­зи­ло е еден од нај­важ­ ни­те фа­кто­ри. Удоб­но­ста и ком­фо­рот во ва­ши­от авто­мо­бил ќе би­дат комп­лет­ни ако ги по­се­ти­те про­даж­ни­те са­ло­ни на „Мо­то­цен­тар“. На че­ти­ри ло­ка­ции во глав­ни­от град, про­даж­ни­те са­ло­ни изо­ би­лу­ва­ат со гу­ми од се­ка­ков тип и бренд и ну­дат комп­лет­ни сер­вис­ни ус­лу­ги за ва­ши­от авто­мо­бил. l Од ко­га по­стои Мо­то­цен­тар и кои брен­до­ ви ги за­ста­пу­ва­те? - Поч­нав­ме со ра­бо­та во да­леч­на­та 1994 го­ди­на, нај­пр­вин ка­ко за­стап­ни­ци на брен­дот „Nokian“, а по­тоа и на си­те оста­на­ти ре­но­ми­ра­ни брен­до­ви: „Michelin“, „Bridgestone“, „Firestone“, „Continental“, „Nokian“, „General Tires“, „Sportiva“, „Kormoran“, „Dayton“, „Semperit Barum“, „Mitas“ . l Зо­што да се по­се­ти „Мо­то­цен­тар“ и кои се Ва­ши­те пред­но­сти во од­нос на кон­ку­рен­ци­ја­та? - „Мо­то­цен­тар“ не са­мо што ну­ди нај­по­вол­ни це­ни на па­за­рот, ту­ку по­се­ду­ва и стру­чен тим кој со сво­и­те со­ве­ти и пре­по­ра­ки е под­го­твен да по­мог­не при из­бо­рот на нај­со­од­ве­тен пнев­ма­тик на се­кое во­зи­ло. Си­те на­ши сер­вис­но-про­даж­ни цен­три се опре­ме­ни со нај­со­вре­ме­ни ма­ши­ни од ре­но­ми­ра­ни­

от ита­ли­јан­ски про­из­во­ди­тел „Џу­ли­ја­но“. За да им овоз­мо­жи­ме на на­ши­те кли­ен­ти комп­лет­на ус­лу­га, од не­о­дам­на во на­ши­те цен­три функ­ци­о­ни­ра и т.н. „Брз сер­вис“, кој на на­ши­те кли­ен­ти им ну­ди комп­ лет­но одр­жу­ва­ње на под­воз­је­то. l Со ог­лед на про­мен­ли­ви­те вре­мен­ски ус­ло­ ви во те­кот на го­ди­на­та, кој е Ва­ши­от со­вет за по­ тро­шу­ва­чи­те, кои гу­ми се нај­со­од­вет­ни за на­ши­ те кли­мат­ски ус­ло­ви, ка­ко и за ус­ло­ви­те на па­тот? - Со по­че­то­кот на лет­на­та се­зо­на се пре­по­ра­чу­ва за­ме­на на зим­ски­те со лет­ни пнев­ма­ти­ци би­деј­ќи пер­фор­ман­си­те на зим­ски­те пнев­ма­ти­ци не доз­во­ лу­ва­ат нив­но ко­ри­сте­ње на тем­пе­ра­т у­ра по­ви­со­ка од осум сте­пе­ни, пред сè, по­ра­ди си­гур­но­ста при во­зе­ње­то и на­ру­шу­ва­ње­то на ста­бил­но­ста на во­зи­

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

ло­то. Штом тем­пе­ра­т у­ри­те ќе се на­ ма­ лат и ќе пад­ нат под осум сте­пе­ни, во зим­ски­те ме­ се­ци се пре­по­ра­чу­ва про­ме­на на лет­ни­те со зим­ски пнев­ма­ ти­ци. Да не за­бо­ра­ви­ме де­ка е за­кон­ска об­вр­ска од 15 но­ем­ ври до 15 март да се ко­ри­стат зим­ски пнев­ма­ти­ци. Наш со­вет до по­тро­шу­ва­чи­те е да из­бег­ну­ва­ат ку­ пу­ва­ње по­лов­ни гу­ми, ка­ко и це­ло­се­зон­ски гу­ми и во­ед­но пре­по­ра­чу­ва­ме упо­тре­ба на лет­ни гу­ми во те­кот на лет­на­та и зим­ски гу­ми во те­кот на зим­ска­ та се­зо­на за­тоа што по­крај тоа што ќе се во­зат по­ без­бед­но и по­у­доб­но, во­за­чи­те ќе за­ште­дат го­ри­во и ќе по­ми­нат мно­гу по­го­ле­ма ки­ло­ме­тра­жа. l Кои брен­до­ви на гу­ми Ви се нај­ба­ра­ни и кои Вие би ги изд­во­и­ле ка­ко нај­по­вол­ни и ед­ни од по­ква­ли­тет­ни­те? - Од лет­ни­те пнев­ма­ти­ци ги пре­по­ра­чу­ва­ме пре­ ми­ум брен­до­ви­те „Continental“, „Michelin“, „Bridgestone“, до­де­ка, пак, за зим­ски ус­ло­ви ги пре­ по­ра­чу­ва­ме гу­ми­те на фин­ски­от про­из­во­ди­тел „Nokian“. Са­ло­нот изо­би­лу­ва со нај­ква­ли­тет­ни и нај­по­вол­ни ус­ло­ви на сер­вис­ни па­ке­ти, ка­ко и нај­ ква­ли­тет­ни брен­до­ви. На­ши­от со­вет до по­тро­шу­ ва­чи­те се­ко­гаш го иска­жу­ва­ме се­ко­му по­себ­но, но на крај сме до­вол­но љу­без­ни и го при­фа­ќа­ме нив­ ни­от из­бор. l И за крај, што мо­же да оче­ку­ва­ме од „Мо­ то­цен­тар“ во поб­ли­ска ид­ни­на ? - Ос­нов­на опре­дел­ба, отсе­ко­гаш би­ла и ќе би­де, пре­ку раз­лич­ни ино­ва­ции, ус­лу­ги и про­из­во­ди да ста­не­ме ли­де­ри не са­мо на на­ши­от па­зар ту­ку и по­ ши­ро­ко во ре­ги­о­нот. Са­ка­ме „Мо­то­цен­тар“ да би­де си­но­ним за ква­ ли­ тет и врв­ на ус­ лу­ га. Тоа мо­ же да се по­ стиг­ не единс­тве­но са­мо ако оста­не­ме це­лос­но по­све­те­ни на на­ши­те ку­пу­ва­чи и на нив­ни­те по­тре­би. За таа цел од 1но­ем­ври поч­ну­ва­ме со клуб-кар­тич­ки­те „Мо­то­цен­тар плус“, со кои на на­ши­те кли­ен­ти ќе им овоз­мо­жи­ме ни­за по­да­ро­ци, из­не­на­ду­ва­ња и по­вол­но­сти, со што би ја иска­жа­ле на­ша­та бла­го­ дар­ност за нив­на­та ло­јал­ност. Ка­ко единс­тве­на фир­ма на па­за­рот ко­ја рас­по­ла­га со два про­даж­носер­вис­ни цен­три во оп­шти­на Кар­пош, са­ка­ме да ос­ тва­ри­ме поб­ли­ска со­ра­бо­тка со Оп­шти­на­та, сè со цел да по­мог­не­ме во по­диг­ну­ва­ње на оп­шта­та со­о­ бра­ќај­на без­бед­ност, ка­ко и по­диг­ну­ва­ње на ни­во­то на со­о­бра­ќај­на­та кул­т у­ра во иста­та. Ги по­ка­ну­вам жи­те­ли­те на оп­шти­на Кар­пош да ги по­се­тат на­ши­те са­ло­ни, ка­де што ќе мо­же да до­би­јат по­де­тал­ни ин­ фор­ма­ции во од­нос на прет­стој­на­та зим­ска се­зо­на, ка­ко и по­вол­но­сти­те кои ги ну­ди но­ва­та клуб-кар­ тич­ка „Мо­то­цен­тар плус“.


Овозможува пријатни мигови на уживање во исклучително добра храна, одбрани вина, врвна услуга, тивка музика, ексклузивен ентериер

Телефон за контакт: 075 727 110

ПРОДАЖБА НА ГОЛЕМО И МАЛО

ÄÐÓØÒÂÎ ÇÀ ÓÏÐÀÂÓÂÀŒÅ ÑÎ ÏÀÊÓÂÀŒÅ È ÎÒÏÀÄ ÎÄ ÏÀÊÓÂÀŒÅ

ЛАМИНАТИ ТРОСЛОЕН ПАРКЕТ ПВЦ ЛАЈСНИ ГИПС КАРТОН ПРОФИЛИ И ПРИБОР ЗА СУВА ГРАДБА ЛЕКСАН - ПОЛИКАРБОНАТНИ ПЛОЧИ СПУШТЕНИ ПЛАФОНИ ФАСАДНИ СИСТЕМИ

ÅÓÐÎ - ÅÊÎÏÀÊ ÄÎÎ Ñèñòåì çà îäðæëèâ ðàçâî¼ òåë/ôàêñ: 02/6138 - 390 info@euroekopak.mk www.euroekopak.mk

ÅÊÎ - ÎÄÃÎÂÎÐÍÎÑÒ

Ñòåôàíî-97

stefano@mol.com.mk www.stefano-97.com.mk

www.feroelektro.mk

Ïàðòèçàíñêè îäðåäè 119 1000 Ñêîï¼å Ìàêåäîíè¼à òåë. 02 3064 558 ôàêñ. 02 3064 574

PRSKALKI ZA TREVA BAZENI INTEX

SWEDEN

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ТРЕТА ДОБА Миле Станковиќ, пасиониран велосипедист

ПО ’РБЕТОТ НА ПЛАНИНАТА НА 81 ГОДИНА Здравјето си го чува со „чудесна салата“, со спортување и со работа Миле Станковиќ од Влае, пензиониран дире­ ктор на погон за производство на фурнири во по­ ранешната фабрика „Треска“, има 81 година, но за него слободно можете да кажете дека со полн дух ја живее третата доба од својот живот. Она по што го препознаваат, е велосипедот од кој е неразделен, но не како превозно средство, туку како хоби и страст. На влезот од деветтата деценија од животот, тој учествуваше на Планинската велосипедска трка 2013 во организација на ЗОСЕР „Изгрејсонце“ и за тоа доби диплома за посебен придонес за унапреду­ вање на планинскиот велосипедизам. Кога на фото­ графиите ќе видите со кого сè се натпреварувал, од­ носно покрај кого ја извозел планинската патека Жеден, јасно ви станува дека неговата пасија за ве­ лосипедизмот е толку силна што им пркоси дури и на законите на природата. ­ Патеката беше толку стрмна и на места толку тесна, што велосипедот морав да го носам и на ра­ мо. Така, некаде пеш, некаде на велосипед, ја изво­ зев целата патека, дојдов до целта. Уште пред да почнам, помладите ме предупредуваа дека станува збор за опасен потфат, дури и ме убедуваа да се откажам. А и самиот помислував на откажување во текот на возењето зашто, сепак, напорот е голем. Е, ама ја извозев. И кога дојдов на целта, навистина сите од сесрце ми честитаа. Знаете, на мои години, патеката Жеден, која води покрај албанската грани­ ца, по планинските сртови, навистина е предизвик – полн со ентузијазам раскажува Миле. Кога за него ви раскажува сопругата Богдана, со која веќе 55 години ги дели доброто и лошото, по­ мислувате дека зборува за момче на 20 години. ­ Велосипедизмот му е опсесија, а работата го одржува здрав. Откако се пензионира, постојано е во потрага по нов ангажман што ќе му го исполну­ ва времето. Во Катланово, каде што имаме викен­ дичка, сам одгледува зеленчук за својата, како што ја нарекува, „чудесна салата“. Не еднаш ми се слу­ чило да го викам да се прибере дома, а тој само ќе ми викне: „Уште малку и доаѓам“, но потоа ме забо­ рава – низ смеа ни кажува Богдана. Кога е во прашање виталноста, Миле вели дека не постои рецепт за здравје, но дека тоа што него го одржува здрав е упорноста, спортот и, се разбира, „чудесната салата“. ­ Доматите, пиперките, краставичките, ги зачи­ нувам со кромид, магдонос, глуварче, киселец, рен, речиси со сè што одгледувам. Појадокот го прескок­

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

нувам, а ручам обилно – ни го кажува Миле својот волшебен спој. Богдана, пак, од своја страна, дофр­ ла дека негово мото е руската народна мудрост која тврди дека „работата бара будала, а будалата бара работа“. ­ Упорен е во сè што ќе почне, а особено кога е во прашање велосипедот и спортот. И од двете на­ ши ќерки направи спортистки, па додека беа пом­ лади, едната се занимаваше со кошарка, а другата со одбојка. Јас се лу тев, му велев дека се девојчиња, треба да се нежни, дами, ама тој по свое... – се по­ тсетува Богдана. Во семејството, сите се сложуваат дека негов наследник во поглед на пасијата за велосипедизмот е еден од неговите тројца внуци, Никола, кој во

1996 година, со само 9 години, бил прогласен за најмлад учесник на велосипедска трка. ­ Мајка му, односно ќерка ми, и не знаеше дека го пуштил да се натпреварува. Не и` кажал за да не се расправа со неа зашто детето возеше велосипед за возрасни – смеејќи се, раскажува Богдана. Меѓу неговите многубројни награди и дипломи, оние за учество на велосипедски маратони и трки, ќе забележите и неколку благодарници за крвода­ рителство. Вистински спортски дух, ќе си помисли­ те... Миле Станковиќ навистина е тоа. Л. Петрушевска­Кочовска


Благоја Димитровски, највозрасниот жител на Карпош

НА ШУПЕЛКА СВИРЕВ ВО УБАВИТЕ ВРЕМИЊА... Се пензионирав како чувар во ФАС „11 Октомври“, но најубавиот дел од животот го поминав како земјоделец во Горно Нерези, вели некогашниот партизан, комунист, најпознатиот свирач на шупелка во скопската околија Кога од последната постојка на 57 во Нерези ќе тргнете кон манастирот „Св. Пантелејмон“, па ќе скршнете во првата уличка лево, може да се пофа­ лите дека сте поминале покрај семејното огниште на највозрасниот жител во Општина Карпош. Во третата куќа од левата страна од уличката, чичко Благоја Димитровски, исправен како пушка, ги изодува последните години од првата стотка од жи­ вотот. Дома е сам бидејќи сите други од неговото големо и сложно семејство се на работа или на учи­ лиште, но тоа не е пречка за домаќински пречек и за убав муабет со кој било намерник. ­ Фала му на Господ, уште сум на нозе ­ вели на­ шиот домаќин и со благо вртење на главата налево ни сугерира дека од другата страна поубаво слуша. Му велиме дека сме дојдени на муабет за општин­ скиот весник, а тој со насмевка, возвраќа: „Прашај­ те, тоа што знам ќе ви одговорам“. И го прашувавме сè за што треба да се праша некој кој е на чекор до еден век од животот. Како што вели, роден е на Св. Трипун 1920 годи­ на, во Горно Нерези, во многудетно семејство, во кое ги поминал сите фази: од чување овци, преку обработка на големиот имот, до угледен пазарџија и продавач на еколошки зеленчук низ скопските па­ зари. ­ Домаќинката ми се викаше Спасена, бегалка од Горно Нерези, со која изродивме две ќерки и два си­ на. Таа почина пред една година, но цели 70 години живеевме домаќински. Една од ќерките ми е почи­ ната, а јас живеам со синот Панче. Атанас, вториот син, живее во Канада. Имам петнаесетина внучиња и правнучиња и, фала му на Господ, сите се здрави и живи – вели Благоја. Во неговата животна биографија се впишани, како што самиот вели, два важни настани, војува­ њето во Втората светска војна на Сремски фронт и дваесетте години поминати на работа во ФАС „11 Октомври“. На прашањето да даде суд за живеач­ ката некогаш и денес, чичко Благоја вели: „Е, неко­ гаш, порано, убаво се живееше. Работевме многу, но имавме време за дружба и за веселби. Денес чо­ век нема со кој да направи искрен муабет, а за кака­ ва живеачка да се зборува со мојата пензија од 7.000 денари. Да не ми се децата, не знам што би пра­ вел...“

Вели дека никогаш не пушел ту тун, а потпивну­ вал и ракија и вино што сам ги правел, сè додека до­ кторот не му рекол да го остави и пиењето кафе. На прашањето што е она што во животот му се случило, а со радост се сеќава, чичко Благоја, се по­ дисправи, се думаше неколку мига, а потоа, со вид­ на тага во гласот и погледот раскажуваше за својот најверен другар, шупелката. – На шупелка, нели, знаете што е шупелка, сви­ рев од мали нозе и не само што свирев туку, како што велеа другите, бев најдобриот свирач во скоп­ ската околија. А кај сè не сум свирел, на свадби, кр­ штевки, на слави на секоја веселба... Беа тоа убави времиња... – се потсетува Благоја. Кога го чепнавме за политиката, долго молчеше, а потоа, како да зборува сам со себе, рече дека бил член на Комунистичката партија, но дека повеќе не го интересира политика, не гледа телевизија и не слуша радио, не оти не сака, туку затоа што видот му е подослабен. ­ Имам малку мака и со забите, џвакам само со левата страна од вилицата... – на смеа вели. Пред да се простиме од нашиот домаќин, го пра­ шуваме дали пензионерската или некоја друга орга­ низација знае дека е еден од нашите најстари согра­ ѓани, чичко Благоја одмавнува со главата. ­ Ниту некој дошол ниту некој ме прашал... М. Раденковиќ Ж. Трајановски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


СЕКОЈДНЕВНА ДРУЖБА ВО ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ КЛУБОВИ Четирите пензионерски клубови во општината, пет дена во неделата се исполнети со смеа и со игра за долгогодишно пензионерство. Шахот, пикадото и таблата се дел од активностите кои луѓето од тре­ тата доба ги спроведуваат во пензионерските клу­ бови, а тие се главна причина за секојдневното дру­ жење на овие наши сограѓани. Ова катче за секој пензионер е од големо значење, особено во зимски­ от период од годината, бидејќи нивното другарува­ ње не останува само во внатрешноста. Самоиници­ јативно, организираат излети, посети на театар, фе­ стивал, како и заедничко прославување на свечени моменти, што придонесува за долготрајна блискост и поддршка еден на друг. Општина Карпош не само што им овозможи ме­ ста каде што пензионерите ќе можат заемно да ги споделат убавите и помалку убавите моменти туку, организацијата на Спортско­пензионерските игри ги прави повитални и им ја поттикнува волјата и желбата за понатамошниот живот. Претставниците на пензионерските клубови во општината, задовол­ ни од начинот на кој градоначалникот на Општина

Карпош, Стевчо Јакимовски, ги издвојува како мно­ гу важни граѓани, велат дека каде и да ги повикаат, тие се присутни и никогаш нема да го изневерат нивниот, како што истакнаа, најдобар градоначал­ ник во градот. М. Г.

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КАРПОШ СПОРТУВАА И СЕ РЕКРЕИРАА

Под покровителство на Советот и градоначал­ никот на Општина Карпош, а во организација на Одделението за спорт, на игралиштето „Алумина“ на 23 октомври годинава, се одржаа Вторите спорт­ ско­рекреативни игри на пензионерите од Карпош. Стотината спортистки и спортисти ­рекреативци од ЗП „Карпош“ и ЗП „Тафталиџе“ ги одмерија си­ лите во шест спортски дисциплини, покажувајќи дека годините не се пречка за постигнување солид­ ни резултати и искрена дружба. Посакувајќи им убаво расположение и спортски дух во натпреварувањето, игрите ги отвори Патрик Поповски од Одделението за спорт при локалната самоуправа на Општина Карпош, кој на најуспеш­ ните им ги врачи победничките пехари. Во дисцип­

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

лината шах, победник беше Предраг Николов, а второто, односно третото место, им припаднаа на Миле Дуковски и Ноки Трајановиќ. Во фрлање ѓуле за дамите, победи Цвета Минеска, второто место го освои Лепосава Митковска, а трета беше Борка Стојковска. Кај мажите, ѓулето најдалеку го фрли Павле Трајковски, втор беше Драги Стевковски, а третото место му припадна на Саве Величковски. Пехарот за најбрза во трката на 60 метри го освои Љубица Петрушевска, второто место и` припадна на Пандора Тодоровска, а третото на Надежда Стоја­ новска. Кај мажите, кои се натпреваруваа на 80 ме­ три, годинава шампион стана Павле Трајановски, второпласиран беше Драги Стефковски, а третото место го освои Дојчиновски. Во најстарата спорт­ ска дисциплина, скок од место, победи Мирко Ми­ хајловски, второто место му припадна на Владимир Ангелов, а трет беше Цветан Николовски. Најдобра дама во пикадо беше Благица Стојановска, додека второто и третото место им припаднаа на Надежда Стојановска, односно Божана Божиновска. Вторите спортско­рекреативни игри на пензионерите од Карпош завршија со традиционалното влечење на јаже, а во двете конкуренции победија пензионер­ ките и пензионерите од ЗП „Карпош“. Оваа убава спортско­рекреативна манифестација заврши со ручек и со урнебесна веселба, каде што немаше по­ бедени и поразени. И.Ѓ.


СЕМЕЈНО КАТЧЕ УЧИЛИШНИОТ ПСИХОЛОГ, НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ Што е училишна психологија и која е задачата на училишниот психолог? Овие прашања многупати си ги поставуваат и учениците и родителите... Училишната психологија е дисциплина што соз­ нанијата од психологијата, како поопшта наука, и од сродните науки ги вметнува во услови на учи­ лишното опкружување. Психологот што работи во училиште мора да има познавања од областите мо­ тивација, советување, психологија на учењето и по­ учувањето, клиничка психологија и слично. Во основните училишта психологот е стручен соработник, а во центарот на неговото внимание се учениците, иако не е невообичаено да работи, од­ носно да соработува, и со родителите и со настав­ ниците. Една од работните задачи на училишниот пси­ холог е да ги препознае индивидуалните потреби на ученикот и во тој поглед да спроведе индивиду­ ално или групно советување. Тој, исто така, врши и психолошка процена на ученикот, како при запи­ шувањето на детето во училиште, така и во текот

БЕБЕШКИ ПЕЛЕНИ

на образовниот процес. Негова задача е и да ги со­ гледа проблемите што ученикот ги има во процесот ЗА ПОВЕЌЕКРАТНА УПОТРЕБА (СЕ ПЕРАТ) на учењето, како што се: проблем со вниманието и концентрацијата, неснаодливост во поглед на пла­ АНТИ-БАКТЕРИСКИ нирањето на времето, недостиг од мотивација, ис­ ПРОТИВ ГАБИЧКИ питна анксиозност итн. Тој треба да им помага на учениците да постигнат подобри резултати така што ќе ги препознае талентираните ученици и ќе развие програма за поттикнување на нивните спо­ собности. Освен тоа, треба да препознае дали уче­ никот има проблеми во односите со врсниците, емоционални проблеми или проблеми во односите со родителите и да му помогне да ги надмине. · ПАМУЧНИ Работата на психологот во училиштето е нави­ · НЕ ПРОТЕКУВААТ сти на обемна и има допирни точки со многу други · МОДЕРНИ · ЗАШТЕДУВАТЕ 60-95% со ци јални дисциплини, така што, во оваа пригода и МЕСЕЧНО · ПРОПУШТААТ КИСЛОРОД не можеме да ги објасниме неговите задолженија · ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ДИМЕНЗИИТЕ СПОРЕД поцелосно. Сепак, она што и родителите и учени­ МИКРОФИБЕР СО ВОЗРАСТА НА БЕБЕТО · ПРОТИВ ПЕЛЕНСКИ ОСИП СРЕБРЕНИ ЈОНИ ците треба да го знаат е дека училишниот психолог им е пријател на децата зашто за сè, за секој проб­ УДОБНИ ЕКОНОМИЧНИ ЗДРАВИ ЕКОЛОШКИ лем со кој се соочуваат, можат да му се обратат не­ му. Оттаму, родителите треба да ги охрабруваат своите деца да не се плашат од училишниот психо­ лог, туку, напротив, да го гледаат како човек кој мо­ бели виолетови зелени розеви сини же да им помогне секогаш кога тоа им е потребно. НОВА ГЕНЕРАЦИЈА

BetaMedico Trading, www.betamedico.com.mk, betamed@t-home.mk, тел. 02 3246 698 Аптека Бета Фармација: Иван Милутиновиќ 24; Рузвелтова 28/1, лок.2, 1000 Скопје

Aне та Манчевска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


ЕКОЛОГИЈА МЛА ДИТЕ ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА На почетокот на месецов, Општина Карпош се вклучи во националната акција „Македонија без отпад 2013“. Акцијата се одвиваше во сите десет ос­ новни училишта на нејзината територија и во која учествуваа 400 лица (деца и возрасни). Таа беше ко­ ординирана од еко­одборите во училиштата, како и од Секторот за заштита на животна средина при Општина Карпош. Активностите кои се одвиваа беа: чистење на училишните дворови, собирање на ПЕТ­амбалажа и уредување на еко­градините во училиштата.

ПРОЕКТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ Како дел од проектот „Подигнување на еколо­ шката свест на основците во Општина Карпош“, кој го спроведува НВО „Еко логик“, изминатиов пери­ од беа реализирани серија предавања на тема „Ае­ розагадување и одржлив транспорт“. Високоедуци­ рани обучувачи, кои се дел од тимот на „Еко логик“, комуницираа со основците од Карпош пренесувај­ ќи им ги своите искуства и познавања од областа на екологијата. Особен куриозитет претставува големиот инте­ рес и активното учество на учениците за предложе­ ните теми од глобален и локален карактер, поврза­ ни со загадувањето на возду хот и одржувањето на здрава животна средина. Од тимот на „Еко логик“ најавуваат продолжу­ вање на серијата предавања, со дополнително вне­ сување на дидактички материјали специјално креи­ рани за потребите на овој проект.

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


НАМА ЛУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА СИРОМАШТИЈА На Македонија и` е потребна заедничка платфор­ ма за снабдувањето со енергија за чија имплемента­ ција ќе работат државните институции, општини­ те, граѓански организации, донатори и фирми. Ток­ му оваа цел беше централната тема на конференци­ јата „Енергетска сиромаштија во Македонија и ре­ гионот“, што се одржа месецов во хотелот „Стоун бриџ“ во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и организацијата „Аналитика“. Посочувајќи ја нашата успешна приказна, прет­ ставничката од Општина Карпош, Катерина Богда­ новска, говореше на тема „Мерки за справување со енергетската сиромаштија на локално ниво“. Главен приоритет во надлежноста на локалната самоупра­ ва е намалување на енергетската сиромаштија која може да се реализира, меѓу другото, и со финанси­ ски мерки за поддршка и технички и инфрастру­ ктурни мерки. Во финансиски мерки спаѓаат суб­ венционирањето на енергетско ефикасни градби и примена на обновливи извори на енергија. ­ Во тој поглед, Општина Карпош има импо­ зантно и позитивно искуство за што сведочи фа­ ктот што, ние, како Општина, сме издале досега 128 дозволи за градба на такви објекти ­ рече Богданов­ ска. Друга мерка е финансиска поддршка за енергет­ ска ефикасност во резиденцијалниот сектор, каде Општина Карпош, заедно со здружението „Хабитат

Македонија“ и граѓаните, почна процес на рекон­ струкција на фасадите на старите згради со термои­ золација на фасадите и замена на вратите и прозор­ ците. Со новата програма за енергетска ефикасност 2013­2015 предвидено е да се обноват 163 стари згради. Во технички мерки спаѓа и изградбата на гасификациона мрежа како алтернативен систем за обезбедување со топлинска енергија на корисници­ те на територијата на Карпош. Анкетата спроведена меѓу 22.000 испитаници покажа дека кај повеќето физички и правни лица има огромен интерес за користење на гасот како енергент. Очекуваните ефекти, без дополнителна инвестиција, се намалени трошоци за греење за по­

веќе од 40 проценти во однос на централниот топ­ лификациски систем. Другата техничка мерка е из­ градба на бунарски систем и мрежа за технолошка вода за користење на термални пумпи според си­ стемот „вода­вода“. Во заклучокот од своето изла­ гање, Богдановска истакна дека Општината има широк спектар на мерки со кои може да влијае за намалување на енергетската сиромаштија. И.Ѓ.

САНКЦИОНИРАНА ПРЕГЛАСНАТА МУ ЗИКА ВО КАРПОШ На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање, Градот Скопје и Се­ кторот за внатрешни работи – Скопје, надлежната инспекција од Општина Карпош спроведе акција на те­ риторија на Општината Карпош за контрола на прегласната музика во угостителските објекти. Иниција­ тива за акцијата беа зголемениот број поплаки од граѓаните за нивото на бучава кај угостителските обје­ кти на територијата на нашата општина. Овластениот инспектор за животна средина на Општина Карпош, во согласност со законската надлеж­ ност за инспектирање и санкционирање на прекумерната бучава од угостителските објекти, контролира­ ше неколку локации во Општината. Целта на оваа акција е да се преземат мерки за намалување и спречу­ вање на бучавата од угостителските објекти и ваквите прекршувања да се сведат на ми­ нимум. Акцијата беше спроведена во ноќ­ ните часови и притоа беше констатирано дека има надминување на дозволеното ни­ во на бучава. Како резултат на тоа, правни­ те субјекти каде што беше констатирано прекршување, беа санкционирани во сог­ ласност со Законот за бучава во животната средина. Ваквите акции ќе продолжат и во на­ редниот период од страна на надлежните служби на Карпош.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


ТАЛЕНТИРАНИ И УСПЕШНИ Никола Стојков, стипендист на Општина Карпош

САКАМ ДА ПОСТИГНАМ ГОЛ НА „ОЛД ТРАФОРД“ Петнаесетгодишниот Никола Стојков, и покрај срамежливоста и скромноста, има со што да се гор­ дее. Тој е фудбалер на првиот тим на клубот „Работ­ нички“ до 16 години и професионално ја сфаќа сво­ јата улога во овој спорт, а, покрај тоа, носител е и на неколку награди на повеќе фудбалски натпревару­ вања. Вели дека тренира од своите шест­седум години и оттогаш сменил три клуба. ­ На почетокот тренирав во клубот „Вардар“, ка­ де што останав околу шест години, а потоа преми­ нав во „Форца“ и таму тренирав околу три години. Сега сум во „Работнички“ и за мене тоа е професи­ онален ангажман – скромно ни раскажува Никола. Средношколец е во Спортската гимназија „Ме­ тодија Митевски­Брицо“, но неговите први успеси во фудбалот се тесно поврзани со неговото основно училиште, „Војдан Чернодрински“. ­ Првата спортска награда ми беше второто ме­ сто на кросот што го организира Општина Карпош за учесници од сите основни училишта. Тогаш бев седмо одделение. Во осмо одделение на тој крос бев прв – срамежливо, Никола почнува да ги набројува своите награди. Додава дека со екипата „Млечен ресторан“, на Фудбалскиот куп „Сокол“, минатата година, го освоил првото место и дека бил прогла­ сен за најталентиран играч. Со тимот, пак, од свое­ то матично училиште „Војдан Чернодрински“, ми­ натата година, исто така, го освоил првото место на Фудбалската училишна лига на Општина Карпош, кога бил прогласен и за најдобар стрелец. ­ За тој успех, Општина Карпош ме награди со парична награда од 20.000 денари и со месечна сти­ пендија од 4.000 денари за таа учебна година – вели Никола и дополнува дека успесите на други места

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

не се вреднуваат така. За споредба, ни кажува дека третото место во кошарка што го освоил со тимот од своето сегашно училиште, не било никаде ни споменато, а уште помалку наградено. Спортот за него е избор што мора да се направи. За училиштето не сака да зборува многу, но, се раз­ бира, фудбалот му е омилена тема. Вели дека идол меѓу фудбалерите му е Робин ван Перси, а од клубо­ вите, обожавател е на „Манчестер јунајтед“. Најголемата поддршка да се занимава со спорт доаѓа од неговите родители. Впрочем, и неговиот постар брат се занимава со спорт, но тој е кошар­ кар. Сепак, вели дека е задоволен и од поддршката од Општина Карпош. ­ Кога сите институции би ги поддржувале спортистите, без оглед на тоа дали се фуд­ балери, кошаркари или ракометари, сигур­ но дека спортот би бил на повисоко ниво – охрабрено ни вели Никола. Овој млад, надежен талент, понатаму своето место под сонцето го гледа во фуд­ балот како професија. Вели дека возбудата што ја носи играта, дриблинзите, акциите, слободните удари и головите се нешто што најмногу го привлекува и токму поради тоа се надева дека еден ден, своите фудбалски вештини како извонредно десно крило, ќе ги покаже на „Олд Трафорд“. Л.П.К.


Карпош Комуницира

ИНТЕРНЕТ

www.karpos.gov.mk

29

Изработила: И. Манова

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ


СПОРТОРАМА

ОПШТИНСКИ ТИМ ВО ФУДБАЛСКАТА БИЗНИС-ЛИГА

Општина Карпош првпат, со своја 12­члена еки­ па, учествува во Бизнис­лигата во мал фудбал што ја организира Здружението на граѓани за забава, спорт и рекреација „Пчела точка ком“. Бизнис­ли­ гата постои од 2010 година, а целта на нејзиното ор­ ганизирање е воспоставување контакт меѓу бизнис­ субјектите во Република Македонија преку дружба и рекреација. Лигата е организирана во 17 кола, од кои, осум се одржуваат во есенскиот дел, кој е во тек, а девет во пролетниот дел, по еднокружен бод­ систем. Во завршницата, во мај 2014 година, ќе се пласираат најдобрите осум тима. Во досегашните натпревари од првото коло од лигата, момчињата од Општина Карпош ги измери­ ја силите со тимот на „Ти­мобајл“ и на „Оне“, при што едниот натпревар го загубија, но на вториот се покажаа во одлично светло. Нашите бои во Фуд­ балската бизнис­лига ги бранат: Стојан Андонов, Сулејман Сулејманов, Стевче Митревски, Петар Та­ сев, Горан Димовски, Александар Бошковски, Амел Амед, Златко Пановски, Димитар Бадев, Горан Да­ ниловски, Ѓорѓи Бундалевски и Наум Симоновски.

Тел: +389 2 3093393 www.digit.net.mk

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Другите за нас

ОПШТИНА КАРПОШ СО МИНУС ДВА ИГРАЧИ ДО ПОБЕДА НАД „ОНЕ“ Екипата на Општина Карпош се прикажа во одлично светло против екипата на „Оне“. Можев­ ме да забележиме видлив напредок во нивната игра и прилагодување на екипата на начинот на игра во Бизнис­лигата. Екипата на „Оне“ не успеа да постигне гол по дури два исклучени играчи од тимот на Општина Карпош. Со ваква пропуште­ на шанса се чинеше дека и не може да победи на овој натпревар. Мора да забележиме дека на го­ лот на Општина Карпош со одлични интервен­ ции се истакна голманот Стојан Андонов, а цела­ та екипа беше предводена од Димитар Бадев, кој беше вистински лидер на теренот. Натпреварот заврши со резултат 5:3, првото полувреме со 4:2. biznisliga.org


КАРПОШ – ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНС ТВО ВО КИК-БОКС Во спортската сала на ООУ „Братство“ ­ Кар­ пош, на 19 октомври се одржа Државното изборно првенство во кик­бокс, во дисциплините фул кон­ такт, поинт фајт, лајт контакт, кик лајт и музички форми. Во организација на Македонската кикбокс­ федерација, под техничка организација на Кикбокс­ клубот „Адреналин“ од Карпош и под покровителс­ тво на Општина Карпош, љубителите на овој спорт поминаа прекрасни мигови во возбудливата атмо­ сфера што им ја приредија македонските кик­бо­ ксери. Натпреварувајќи се во различни категории, зависно од телесната тежина и од полот, борбените спортисти демонстрираа неверојати вештини и познавања кои наидоа на позитивни реакции кај многубројната публика. Најдобрите од нив, во те­ кот на наредниот период ќе поминат низ квалифи­ кациони мечеви, низ кои ќе се детерминираат учес­ ниците на претстојното Светско првенство во кик­ бокс, кое ќе се одржи од 1 до 8 декември во Анкара, Турција. Како почесен гостин, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го отвори

ова Државно првенство и користејќи ја оваа приго­ да ја истакна својата поддршка за овој голем спорт­ ски настан. ­ Ми претставува особено задовоство фактот, што токму ова првенство се одржува во нашата спортска општина. Ви посакувам да остварите до­ бри резултати, но пред сè, би напоменал дека нај­ важно е да напредувате во спортот и да се градите себеси како здрави личности – додаде Јакимовски. Општина Карпош е позната по тоа што несебич­ но ги поддржува сите спортски манифестации. Во таа насока говореше и претседателката на Македон­ ската кикбокс­федерација, Александра Неделков­ ска. ­ Основното училиште „Братство“ од Карпош несебично ни ги отвори своите врати. Ние се одлу­ чивме токму тука да го организираме овој голем на­ стан, познавајќи го позитивниот однос на Општина Карпош кон спортот – додаде Неделковска. И.Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


НАШИТЕ ВЕТЕРАНКИ - ТРЕТИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО БЕЛГРАД

На Меѓународниот турнир за ветерани и вете­ ранки во Белград, кој се одржа од 4 до 6 октомври годинава, Општина Карпош уште еднаш потврди дека поддршката во спортот вреди да се негува. Тринаесетте поранешни одбојкарки на клубот „Ра­ ботнички“ остварија впечатливи резултати и го освоија третото место на турнирот, на кој првпат се натпреваруваа ветеранки од 40­45 години. Финале­ то на ова спортско натпреварување го одигра тимот „Белград“ со тимот „Каштел“ од Хрватска. По несреќно изгубениот натпревар со домаќи­ ните од Белград, карпошовите одбојкарки, сепак, по овој турнир беа поканети на уште неколку натпре­ вари во Ровињ, Марибор, Сплит, Будва и уште мно­ гу други. М.Г.

ПОЧНА УЧИЛИШНАТА ЛИГА ВО ФУДБАЛ ТЦ Лептокарија (спроти НЛБ Тутунска Банка) Скопје, 1000 тел: 02/ 61 49 899; моб: 075/ 35 10 99 jk.com.mk e-mail: goran.jk@gmail.com

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

Со натпреварот меѓу екипите на „Војдан Черно­ дрински“ и на „Димо Хаџи­Димов“, на почетокот од месецов, на игралиштето „Сокол“, почна првото ко­ ло од есенскиот дел на Фудбалската школска лига на Општина Карпош. Фудбалската школска лига ги опфаќа тимовите од сите десет основни училишта во општината, а се игра според принципот секој со секого. Во пролет­ ниот дел од натпреварувањето ќе се одлучи тимот на кое основно училиште ќе го понесе епитетот за најдобра фудбалска екипа.


Средба со Мики Илиевски, државен шампион во спортски риболов

СОНУВАМ ЕЗЕРЦЕ ВО КАРПОШ Сите обиди да пронајдеме сфера во која Карпош нема шампион останаа попусти кога дознавме (за риболовот не ни текнало) дека имаме државни пр­ ваци и во спортски риболов. Имено, Миле­Мики Илиевски и Перо Стефковски се „виновници“ што Карпош има и државни шампиони во најмасовната спортско­рекреативна активност ­ риболовот. Во приказната како се доаѓа до шампионската титула во спортски риболов, ни трага од романтичните ве­ черинки и гозби покрај река или езеро ниту фалби со опашки за „сом од седумдесет кила“ или „еден тон кленови“ на Шпилје. Во отсуство на Перо, кој е зафатен со продажба на рибарска опрема, за подвигот на нашите млади рибарски шампиони од Карпош, разговаравме со Мики, кој со неполни 30 години може да се вброи во ветерани во спортскиот риболов. ­ Па, може и така да се каже бидејќи јас со стапот за риболов се дружам од прво одделение, а од 2000 година активно се занимавам со спортски риболов. Најпрвин да кажам дека ова лето, во Црничани кај Дојран, со мојот партнер Перо станавме државни шампиони во ловење крап со јадица на дно, како што официјално се нарекува оваа дисциплина, и со тоа добивме виза за настап на светскиот шампионат кој годинава, од 24 до 28 септември, се одржа во Монте Грил во Португалија. Убаво е за спортскиот риболов да се зборува од позицијата на државен шампион, но уште поубаво е човек да се пофали со врвен резултат на еден светски натпревар ­ вели на­ шиот соговорник. Нашиот рибар­шампион има право да се пофали бидејќи пред еден месец, во спомнатиот туристички центар во Португалија, во силна конкуренција, меѓу рибари од 60 земји во светот, во поединечна конку­ ренција, го освои високото осмо место. Но, дотаму да се стаса, како што вели Мики, покрај неопходна­ та среќа, потребни се и многу други нешта. Пред сè, треба да се има добра опрема, а таа е прилично ска­ па, треба напорно да се работи, да се тренира, како и за сите други спортови, бидејќи, на пример, натпре­ варот во Дојран траел цели 70 часа. ­ Во Црничани настапија 17 екипи од Македони­ ја и верувајте ми, конкуренцијата беше навистина силна. Признавам дека имавме среќа со позицијата што при жрепка ја извлече мојот партнер Перо, но дека само среќа не помага, зборува и фактот дека ние имавме двојно поголем улов од второпласира­ ната екипа – вели Мики. Го прашуваме Мики и за „другите нешта“ неоп­ ходни да се стаса до шампионската титула.

­ Овој „занает“ треба да се учи од вистински мај­ стори, а ние таквите ги имаме во Карпош. Да спом­ нам дека браќата Коки и Никола Ќука, беа светски вицешампиони за 2003 година, но и Ивица и Мики се оние од кои доста сме научиле за риболовот и особено за ловење крапови. Освен тоа, најмалку двапати во годината одиме на натпревари во странс­ тво, а редовните тренинзи на нашите природни и вештачки езера се подразбираат – објаснува риба­ рот. Мики потоа ни раскажуваше за настапите на турнирите во странство, каде спортскиот риболов има долга традиција и каде тешко се стасува до ме­ стата кои носат трофеи и награди, кои се незамис­ ливи за нашите услови. Се пофали дека неговиот ре­ корд на уловена риба изнесува 21 килограм и дека такви крапови може да се ловат во Србија и во Буга­

рија, каде тој и неговиот партнер одат на подготовки пред настап на големи натпревари. За светскиот пр­ венство се подготвувале на Треска и вели дека сону­ ваат еден ден да ловат на езерце во Карпош. ­ Бидејќи станавме државни шампиони, можеме себеси да си дозволиме да ја обелодениме нашата идеја, со која ќе го запознаеме и градоначалникот Ја­ кимовски. Имено, во Карпош постојат идеални ло­ кации за изградба на едно езерце ­ центар за спорт­ ски риболов, каде младите би учеле за риболовната култура и сигурно би биле подалеку од лошите ра­ боти. За такво нешто не треба големи средства, а придобивките би биле повеќекратни и за Општина­ та и за создавање на спортските риболовци и среќни личности – тврди Мики. На нашите шампиони „Урбан Карпош“ им дава поддршка за остварувањето на нивната идеја во Карпош да „никне“ езерце и им посакува среќа на идните натпревари, дома и надвор од земјава. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


ХОРОСКОП За месец ноември Овен: Добро расположение во текот на целиот месец. На работен план ќе имате повеќе обиди за остварување на целите, а во љубовта можна е кар­ мичка средба на 17 ноември. Бик: Ќе ви биде потребен одмор. Можно е да почувствувате пеперу тки во стомакот и страста да ви го обележи периодов. На работен план може да добиете многу поволна понуда. Близнаци: Од флертот на вашиот партнер мно­ гу нешта ќе ви се разјаснат. Обрнете внимание на работните обврски. Потребна ви е поголема физич­ ка активност. Рак: Во целост ќе бидете окупирани со понуди за вечерни излегувања. Пред да преземете нешто во поглед на работата, направете план. До 10 ноември одложете ги сите важни одлуки. Лав: Одлично ќе ви оди флертот, но за нешто посериозно причекајте го декември. Не брзајте на работа. Не бидете скржави, но внимавајте да не би­ дете искористени. Девица: Месец полн со изненадувања – уживај­ те! Работата ќе бара од вас поголема посветеност и до 10 ноември барајте алтернативи, а подоцна по­ лесно ќе се остваруваат плановите.

Јоана Станиќ

Вага: Возбудувањата во љубовта се враќаат ­ ќе го подарите вашето срце некому. На работен план шансите ќе ги искористите оптимално. Стрелец ќе ви биде најдобар партнер во сите области. Скорпија: Посакувате партнер со убав изглед и со шарм затоа отворете ги ширум очите уште на по­ четокот на месецот. Ќе имате многу работа, но не преземајте ништо сами ­ соработувајте. Стрелец: Од 6 ноември ве очекува криза на емо­ ционален план, а можен е и прекин на љубовната врска. Во работата не гледајте на нештата само како ру тина за да не пропуштите убава можност. Јарец: Не размислувајте дали вашата врска има иднина. Паричната добивка месецов ви е загаран­ тирана и ќе можете да се подновите. На 17 ноември потрудете се да бидете слободни за некој состанок. Водолија: Уран ве турка кон минатото, кон раѓа­ ње на стара љубов? Сè е можно. Ќе добиете мож­ ност да поправите одамна завршени нешта. Може да размислувате за промена на кариерата. Риби: Од 5 ноември Венера ви носи џек­пот во љубовта. На работен план, искористете ја интуици­ јата за да ги протолкувате пораките. Скорпијата го знае одговорот на тоа што го имате на ум.

Хомеопатија

СЛИЧНОТО СЕ ЛЕКУВА СО СЛИЧНО Хомеопатијата е ефикасен холистички систем на лекување. Зборот хомеопатија потекнува од грчкиот збор „homeo“, што значи сличен, и „pathos“ – патење, болест. Таа се темели на законот на сличноста кој ве­ ли дека сличното се лекува со слично. Сентенцата „Сличното се лекува со слично“ е позната уште од времето на Хипократ, кој тврдел де­ ка болеста може да се излекува на два начини: со спротивно или со слично средство во однос на боле­ ста. На принципот со спротивност се развила гален­ ската фармакологија и класичната медицина, додека принципот на сличност се сочувал со векови низ на­ родната медицина и во хомеопатијата. Германскиот научник, лекар, хемичар и полиглот Самуел Ханеман (1755­1843), го втемелил законот на сличност во целокупната филозофија и принци­ пи на лекување, нарекувајќи го хомеопатија. Ваква­ та Ханеманова хомеопатија денес ја практикуваат илјадници терапевти во светот под името класична хомеопатија. На кој начин Ханеман дошол до генијалното откритие обликувајќи го во наука? Работејќи како лекар, бил незадоволен од резул­ татите на медицината во тоа време и не успеал да ја излечи сопствената ќерка од дифтерија. Разочаран,

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ

се повлекол од лекар­ ската практика и се за­ нимавал, меѓу другото, и со преведување на меди­ цинска литература. Преведувајќи ја прочуената Куленова „Материја медика“, сметал де­ ка е глупаво објаснувањето дека дејството на кини­ нот потекнува од неговиот горчлив вкус и затоа ре­ шил да го проба на себе иако целосно бил здрав. Го зел неколку дена во високи дози и развил симптоми слични на маларијата. Така констатирал како дејс­ твува законот на сличноста. Заклучил дека кининот е ефикасен во лечење на маларија бидејќи може да предизвика слични симптоми кај здрава личност и преку законот на сличност да ги лечи истите симп­ томи кај болна личност. Продолжил со експеримен­ тите и во 1810 година излегува во јавноста со своето најзначајно дело „Органон на медицинска вештина“, кое набргу е преведено на сите важни европски ја­ зици, а доживува шест изданија. Во него детално е изнесена целосната филозофија, законите и прин­ ципите на хомеопатијата. Иако од првото издание на „Органон“ се поминати околу 200 години, до ден­ денес тој претставува камен­темелник на хомеопат­ ската едукација.


@publishermkd Ко ќе ми дое на памет некоја длабока мисла одма си ставам гума за пливање. Шо си е сигурно, сигурно си е.

ТВИТЕР ХУМОР ТВИТЕР ХУМОР

@irenaxxxx Ајде една хуманитарна акција, да им помогнеме на луѓево што се занимаваат со туѓи животи да си пронајдат свој. @lecaffeine Јас не сум човек од збор. Јас сум човек од приказна! @hixionr Каде се гледате по 6 години ? -Четврта година на факултет. #ТретаСум @chasework толку мудри мисли од човек што уста не отворил. чарли чаплин. биографија врв. @batemkd Направи си твитер и кради статуси за на ФБ. Проект на млади на Република Македонија. @ivogievski Онаа точката на таванот што ја нема а ја гледаш цел ден? Е тоа е депресија @law_d_ohm Заследи ме, да ти го претворам животот во бајка. @goran_man Еден ден ќе си ги соберам парталите и.... ќе си ги здиплам. @androidmkd Замислите што ќе беше од вас да бевте посветени на некоја друга работа како што сте посветени на твитер! Само замислите... @estavrevska Извини, се препознав. Мислев дека си човек. @toVornottoV Ако има светско првенство у Solitaire, за да се избере Македонска репрезентација ќе треба да има квалификации у Македонска администрација @TheTetka Си легнав со едно ќебе, а се разбудив со 1 ќебе, 3 јоргана, 2 јамболии и една поларна мечка врз мене! Гарант на мајка ми пак и било ладно! @JustPurpling КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 33 • OKTOМВРИ 2013 • ОПШТИНА КАРПОШ Човек учи додека е крив. Изработил: Ива М.

35



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.