Карпош Урбан бр.17 - Месечен весник на локалната самоуправа

Page 1

Весник на локалната самоуправа јуни 2012 • бр. 17 • година 4

ЛЕТНИ РЕКОНСТРУКЦИИ

ВО ПОСЕТА НА КУМАНОВО

ТАЛЕНТИ

НАГРАДЕНИ ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА



окус На продажбата на општинската зграда најмногу ќе и` се израдуваат децата, затоа што тие први ќе го почувствуваат бенефитот

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

Си стоиме на зборот l Тукушто ја официјализиравте продажбата на општинската зграда и почнавте со реконструкцијата на основното училиште „Братство“. Тоа ви е дел од редовната програма или чекавте пари за таа намена? – Тоа ни е одамна утврден приоритет. Целосната реконструкција на ООУ „Братство“ ја најавивме уште минатата година Се чекаше да за­ вршат другите реконструкции, на основните училишта „Петар Поп Ар­ сов“, „Лазо Трповски“ и „Димо Хаџи Димов“, но и финансиски и времен­ ски да се соземеме. Сепак, тоа е обемна и одговорна работа. Годинава тоа ќе го сторевме, но секако дека парите од продажбата ни се добредој­ дени за ова училиште. Но да не заборавиме, јас навестив дека ќе се ре­ конструираат уште четири училишта: „Аврам Писевски“, „Христијан Тодоровски­Карпош“, „Војдан Чернодрински“ и „Владо Тасевски“, како и покривите на четири градинки во Карпош. Со овие средства треба да почне и изградбата на новата општинска зграда...Со еден збор, на про­ дажбата на општинската зграда најмногу ќе и` се израдуваат децата, за­ тоа што тие први ќе го почувствуваат бенефитот. l На последната седница на Советот на општината беше усвоен предлогот за гасификација на општината? Дали ќе бидете прва општина во градот која ќе се грее на гас? – Се надевам, затоа што тоа е дамнешна желба и на граѓаните и моја. Со оглед на фактот што „Гама“ веќе го заокружува гасоводниот прстен во Скопје, се создаваат основните предуслови за отпочнување на изград­ ба на локална дистрибутивна мрежа за природен гас на територијата на Карпош. Овој капитален проект ќе овозможи жителите и фирмите во Карпош да бидат први во Скопје кои ќе добијат можност да го користат природниот гас како многу поевтин извор на енергија. Први ќе бидат гасифицирани Карпош3, Карпош 4 и Тафталиџе 1 и 2,, па потоа и Козле, зашто се најблиску до мрежата. l Освен реконструкциите на инфраструктурата и на училиштата, воведувате и други новини во работењето. – Да, и посебно сум горд со тоа. Неодамна воведовме „е­барање“, компјутерска апликација за добивање одобренија од сферата на урба­ низмот за граѓаните кои се вешти во користењето на ИТ­технологијата, но и за оние што не се, а за нив, постарите и поневешти лица, ги обучив­ ме вработените во 14­те урбани заедници и ги опремивме за да им по­ могнат по електронски пат да побараат и да добијат вакви документи. Со тоа треба да се намалат турканиците во Општината, одењето по же­ штини или студови, а ние, како локална власт да бидеме поблиску до гра­ ѓаните, односно потранспарентни и поекспедитивни во вршењето услу­ ги. Сега, би рекол, ќе бидеме под „директен мониторинг“ на граѓаните. l Го осовременивте и начинот на плаќање на таксите кон Општината. Да, Општина Карпош е прва општина која воведе плаќање на такси и комуналии, со платежни картички. Поставивме апарати на две локации и сега навистина граѓаните се поштедени од одење по шалтери и пошти, од уплатници и други процедури. Можат да платат на самото место, со што заштедуваат и време и пари. Навистина сум горд со воведувањето на ваква модерна услуга, што говори за квалитетното работење на општин­ ската администрација, која првенствено е сервис за граѓаните. В. Цветковска КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа јуни 2012 • бр. 17 • година 4

ЛЕТНИ РЕКОНСТРУКЦИИ

ВО ПОСЕТА НА КУМАНОВО

ТАЛЕНТИ

НАГРАДЕНИ ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА

ВЕТЕНО СТОРЕНО О У „БРАТСТВО“ ОД ЕСЕН ВО НОВО РУВО

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет

...................................................... 6

ИНТЕРВЈУ: Проф. д-р Сашо Кожухаров ВЕЌЕ СМЕ ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО СВЕТОТ

................................................ 12-13

Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Главен и одговорен уредник Виолета Цветковска Уредник Миле Раденковиќ

ПОТФАТИ НОВО УЧИЛИШТЕ И НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА

..................................................... 22

Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Технички уредник Зоран М. Гулевски

ЧЕСТВУВАЊЕ: Глигор Чемерски КАРПОШ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДЕН АКАДЕМИК

...................................................... 25

Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова М. Раденковиќ

4

СПОРТОРАМА ЛАВИНИ ГО БРАНЕА ДЕНАЛИ

...................................................... 32


ПРИЗНАНИЈА ЈАКИМОВСКИ „НАЈГРАДОНАЧАЛНИК“ ВО ЈУГОИСТИЧНА И СРЕДНА ЕВРОПА

ВО ДРУШТВОТО НА НАЈДОБРИТЕ Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е добитник на престижното меѓународно признание „Најградоначалник во регионот на Југо­ источна и Средна Европа – 2012“. Ова признание му го додели Дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоисточна и Средна Европа, со седиште во Зеница. Градоначалникот Јакимовски е избран меѓу 2.000 номинирани кандидати за дваесетина награди кои главно се однесуваат за достигнувања во биз­ нис­секторот – наградата „најменаџер“, како и во категоријата за креирање амбиент за инвестиции и бизнис – „најградоначалник“. Во оваа категорија спаѓаат успешни градоначалници, министри и луѓе од науката, културата, спортот и од медиумите. Номинацијата на градоначалникот настапила по претходно добиени 11 предлози кои се однесува­ ле токму за него, а потекнуваат од неколку здруже­ нија, комори, асоцијации и поединци, кои се досега­ шни лауреати на овие вредни признанија. По но­ минацијата, до дефинитивниот избор, следат не­ колкукратни и повеќестрани верификации на него­ вите ангажмани и постигнувања во опкружувањето каде што работи, а потоа жирито на Агенцијата ја носи конечната одлука. Сепак, клучниот момент кој одлучува во изборот е сработеното и делата што стојат зад градоначалникот на Карпош во изми­ натиот период од мандатот. Да се влезе во „елитниот клуб“ на најменаџери и најградоначалници ниту од далеку не е лесна работа, иако таа, сепак, е вери­ фикација на севкупното ангажирање на првиот чо­ век на Карпош за својата општина. Јакимовски е прв македонски градоначалник кој го добива ова високо признание, а од регионот вакво признание добиле градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, градоначалниците Алија Бехмен од Сарае­ во и Миодраг Мугоша од Подгорица. Станува збор за навистина „елитен клуб“ на општествено и еко­ номски афирмирани луѓе, менаџери и политичари, а тоа го потврдува и фактот што меѓу добитниците на ова признание се и Филип Цептер („Цептер груп“), Ивица и Анте Тодориќ („Агрокор“ – Загреб), Радо­ мор Шљивиќ („Вино Жупа“), Петер Шмид („Аус­ тротерм“), Марек Вархол („Атлантик Ко“), Живко Мукаетов („Алкалоид“), Роман Гласер („Перутнина Птуј“) и низа други. Инаку, оваа независна агенција, со дводецениско искуство во работата, оваа награда ја доделува по 26. пат и важи за глобален брендинг­авторитет. Ни­

вната награда „најменаџер на годината“ се вбројува меѓу седумте респектабилни награди во светот (по Њујорк, Париз, Лондон, Рим, Цирих, Мадрид и Брисел). Инаку, овој проект е силно поддржан од меѓуна­ родната заедница, за што говори податокот што на минатите церемонии како домаќини беа Педи Еш­ браун и Доналд Хејс, амбасадорот на ЕУ во БиХ, Мајк Хемфриц, како и врвот на босанските политичари. Наградата за „најградоначалник“ во регионот, на првиот човек на Општина Карпош ќе му биде врачена на свечена церемонија на 5­ти јули во Са­ раево, од страна на претставници на стручното жи­ ри, на Надворешнотрговската комора на БиХ, како и високи авторитети од БиХ и од регионот, како и членови од Претседателството на Босна и Херце­ говина. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ВЕТЕНО СТОРЕНО О У „БРАТСТВО“ ОД ЕСЕН ВО НОВО РУВО За целосната реконструкција на едно од најстарите училишта во Карпош се издвоени 55 милиони денари, кои се дел од првата странска инвестиција во нашата општина Само неколку дена по завршувањето на наста­ вата, во дворот на О. У. „Братство“ во Тавталиџе2 пристигна градежната оператива на „ Аполо Инже­ неринг “. Со тој чин, практично продолжува започна­ тата санација и реконструкција на основните учи­ лишта на територијата на Општина Карпош. Градоначалникот Стевчо Јакимовски реконструк­ цијата на „Братство„ ја најави еден ден по продажба­ та на општинската зграда, на конференција за меди­ умите, во дворот на училиштето. Притоа нагласи дека за тој зафат ќе бидат издвоени 55 милиони де­ нари со што зградата на училиштето ќе ги задоволи неопходните стандарди за квалитетно образование и воспитување на основците во нашата Општина. Градоначалникот Јакимовски најави дека еден дел од средствата од продажбата на сегашната општин­ ска зграда на странски инвеститор, ќе бидат издвое­ ни за санација и реконструкција и на О У „Христи­ јан Тодоровски Карпош“, „Вера Циривири„ и некол­ ку градинки. Започнатата реконструкција на О У „Братство“ се случува 48 години по неговата изградба, по земјо­ тресот што Скопје го снајде во 1963 година. Станува збор за монтажен објект од т.н. „англиски тип“, со 3.426 метри квадратни училишен простор и дворно место од 1.675 метри квадратни. Токму заради ма­ теријалот од кој е градено, училиштето ја вршеше својата функција но ни одблиску не ги задоволуваше пропишаните и неопходните стандарди.

Започна реконструкцијата Во него, наставата се изведува на македонски и на албански јазик во две смени, годинава за 560 уче­ ници распоредени во 27 паралелки и тоа; 137 Ма­ ке­ донци во 9 паралелки и 416 Албанци распоредени во 17 паралелки. Во училиштето е организирана и проширена програма (продолжен престој) а воспит­ но образовната и друга дејност ја вршат 57 лица. Ако се тече според планот, сегашните и идните ученици, од есен ќе учат во супер модерно училиш­ те, на кое името „Братство“ му гарантира долговеч­ ност и просперитет во сферата на образованието во нашата Општина. М. Р.

ОБЈЕКТИ ПЛАНИРАНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО ЈУЛИ 2012 ГОДИНА lРеконструкција на тротоари на „Хашка“ lРеконструкција на тротоари на ул. „Воденска“ lПоплочување на крак од ул. „Ацо Шопов“ lРеконструкција на тротоари на ул. „Миле Поп Јорданов“ lПристапна патека на ул. „Ацо Шопов“

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


„РАСТЕ“ ПЛОШТАДОТ КАЈ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Носечкиот проект на локалната самоуправа на Општина Карпош, популарно наречен „Ветено­ Сторено“, се остварува со засилено темпо и на за­ доволство на граѓаните на Општината. Покрај, ве­ ќе спомнатото започнување со реконструкција на училиштето „Братство“, деновиве започна и изград­ ба на плоштад Млечен ресторан. Работата на овој проект му е доверена на „Урбан Инвест“ и според планот, веќе на есен Општината ќе се збогати со уште еден убаво уреден простор.

Сега...

Инаку, со засилено темпо продолжува рекон­ струкцијата на тротоарите на улиците „Милан Мар­ ковиќ“ , „Пијанец“ и „Крчин“, а работите ги изве­ дува „Сандра Инженеринг“. Истовремено, работ­ ниците на „Макотерм“ вршат дислокација и изград­ ба на парапет за оградите на ул. „Струшка“, додека оперативата на „Еуроинвест“ ИНГ на ул. „Будим­ пештанска гради атмосферска канализација.

...во иднина

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ул. „Милан Марковиќ “- изградба на тротоари

ул. „Брадфорска “- изградба на тротоари

Нови тротоари и на ул. „Миле Поп Јорданов “

Изведување на фекална канализација на ул. „Руѓер Бошковиќ“

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Реконструкција на тротоари на ул. „Демир Трајко “

Изведување на атмосферска канализација на ул. „Веселин Маслеша “

Изведување на атмосферска канализација и реконструкција на тротоари на ул. „Бранислав Нушиќ “

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ИНТЕРВЈУ Во Карпош се подига нивото на сигурност во инвестициската градба

СТАБИЛЕН ‹РБЕТ И ЗА СТАРИТЕ ЗГРАДИ

Фото: Ива Манова

Општина Карпош воведува наменска програма и дата-база за сеизмичката стабилност на сите згради во општината, па и за оние што се градени пред 1963 година

По воведувањето на нискоенергетски згради, Оп­ штина Карпош ќе биде првата општина во Македо­ нија која ќе воведе процедури за задолжителна асеиз­ мичка градба на станбените згради. Идејата за ова произлезе од градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој побара децидно утврдување на методологијата за давање одобренија за градба, доградба и надградба. Особено што знаеме дека нај­ старите и најубави згради за кои се бараат доградби, надградби, локациски се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Тие се стари, уште пред 1963 го­ дина, и се несеизмички градени, а денес се најат­ рактивни и најбарани за доградби и за надградби. Станува збор за објекти во Карпош 1 и Карпош 2 кои

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

се многу блиску до центарот на Скопје. Тука, про­ сторот сè уште е економично искористен и нави­ стина се интересни за инвеститорите. Што на овој план подготвува Општина Карпош, разговаравме со м­р Mарјан Ивановски, дипл. гра­ дежен инженер и раководител на Секторот за под­ дршка на градоначалникот, и м-р Душко Бужаровски, помошник­раководител на Секторот за јавни набавки, на кои им е доверена реализацијата на овој проект. l Каков проблем разрешуваме со воведување на новата апликација? – Станува збор за ниски згради, кои „трпат“ по­ голема катност и надградби, но сето тоа треба да се


контролира и да биде во согласност со меѓународно прифатените и признаени стандарди – вели Ива­ новски. Притоа, има два битни аспекта за кои треба да се води сметка, вели Бужаровски: првиот е габаритно­ ста, максимумот кој може да се дозволи при градба­ та, а вториот е безбедноста на луѓето. Јас и Бужаровски формулиравме еден тендер, за првпат во Македонија, како прва Општина која се нафаќа на тоа, да се изработи компјутерска програ­ ма која ќе го воведе и ќе го процесуира овој систем на градба. Тој тендер би содржел аналитичка и експе­ риментална верификација на асеизмичката стабил­ ност и сигурност на постојните објекти на терито­ ријата на Општина Карпош. Целта на оваа верифи­ кација е да ни обезбеди релевантни показатели за издржливоста и стабилноста на постојните објекти што ќе биде основа за планирање на доградбите и надградбите. Фирмата која што на јавен оглас ја до­ би оваа задача е ИЗИИС (Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ­ Скопје), што во моментот е најрелевантна и најреферентна институција во земјата за ваков вид на работи. l Што, всушност, предлагате како новина во сигурната урбанистичка градба? За таа цел се предлага да се дефинира методоло­ гија, врз база на која потоа ќе се изработи и инфор­ мациски систем за евидентирање и следење на по­ стојните објекти. За почеток, во дата­базата се ста­ ваат јавните објекти, а тоа значи: училиштата, гра­ динките, болниците и други јавни објекти, а по нив и станбените. Во рамките на овие активности се подразбира и изработка на апликативно софтвер­ ско решение за поддршка на оваа методологија, ве­ ли Бужаровски. Значи, прво, бараме квалификувана институција која ќе врши прибирање на подато­ ците, потоа институција која врз база на таа методо­ логија ќе изврши класификација на тие објекти. Во последната фаза сето тоа сублимирано, ќе биде де­

Санација и доградба со одобрение за асеизмика

Зградите од 1963 г. база за асеизмичка градба финирано преку одредено софтверско решение, преку еден функционален систем. l Практично, што значи тоа за граѓаните и за инвеститорите? – Тоа софтверско решение ќе го користи нашиот Сектор за урбанизам – вели Ивановски. Кога ќе дојде некое барање за доградба или надградба, веднаш и ние и странката ќе имаме увид што може, а што не може да се гради. За примена на оваа апликација, првично ќе обучиме една група луѓе од Секторот за урбанизам. Со примена на апликацијата и методо­ логијата перманентно ќе ја надополнуваме базата на објекти на територијата на Општина Карпош, од аспект на нивната асеизмика. Оваа година во план се две згради кои се надградуваат и експериментал­ но доаѓаат да направиме верификација на нивната асеизмика, нивната стабилност и сигурност преку симулација на вештачки земјотрес. Вториот аспект на проектот подразбира експе­ рименталната верификација на сеизмиката на згра­ дите да се врши врз основа на однапред утврдени приоритети. Нив ќе ги утврдат компетентни секто­ ри во Општината кои се поврзани со градежни­ штвото и со урбанизмот. Како трета фаза е едукацијата на вработените во Општината која би се извршила со преку 16 обуки до крајот на годината, за тоа како би се однесувале во услови на посилен земјотрес. Ние, нагласува Ивановски, со самото тоа што имаме овластување да даваме одобренија за градби, имаме и овластување да провериме дали тие градби се во ред. Со ова сакаме нашата услуга како локална власт да ја подигнеме на повисоко ниво. Ние, во ни­ ту еден момент нема да го оддолжиме процесот на добивање одобрение за градба, туку само ја поди­ гнуваме одговорноста кај сите инвеститори, на кои сме им сервис. За оваа цел не се потребни ниту по­ веќе документи, ниту повеќе пари, значи патот е со­ сем ист, а квалитетот на градбите далеку подобар и посигурен, заклучува Ивановски. В. Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ИНТЕРВЈУ Проф. д-р Сашо Кожухаров, декан на Економскиот факултет и проректор за настава при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

ВЕЌЕ СМЕ ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО СВЕТОТ Универзитетот за туризам и менаџмент во Ско­ пје е најстарата приватна високообразовна инсти­ туција во Општина Карпош. Таа овој месец одбеле­ жа шестгодишнина од своето постоење. Нагорниот тренд на развој на оваа образовна институција која е и еден од успешните брендови на нашата општина, беше повод за разговор со професор д­р Сашо Кожухаров. l Кога се одржа првиот универзитетски час во Вашата институција? ­Првиот час е одржан на 8 октомври 2006 година и на тој ден востановивме да ги доделуваме дипло­ мите од завршените додипломски и постдипломски студии на нашите седум факултети кои го сочину­ ваат универзитетот. Точно е дека сме најстара при­ ватна високообразовна институција во Карпош. Она, што нас не разликува од останатите и во Маке­ донија и во регионот, е што нашиот модел на студи­ рање е (First Class Honour Degree). Тоа имплицира примена и на американскиот и на европскиот модел на студирање и, нормално, прилагоденост на наци­ оналната легислатива во однос на високото образо­ вание. Тука студентите имаат можност да се стекнуваат со знаења, вештини и компетенции врз база на нај­ современите наставни програми, со учество и усво­ јување на теоретско методолошка и на практична настава на која ние сме посебно горди. Сега и на другите факултети го прифатија тоа, но кај нас сту­ дентите одат на задолжителна практика. l Подразбира ли тоа дека Универзитетот мора да негува добри односи и со бизнис секторот? ­Имаме одлична соработка и со стопанскиот и со нестопанскиот сектор и со непрофитните орга­ низации и институции, а тоа го постигнуваме со постоење на адвајзори­советодавни бордови на ни­ во на секој факултет и на универзитетот. На при­ мер, во адвајзори бордот за спортскиот туризам е Благоја Георгиевски­Буштур, спортска легенда, на бордот за меѓународен маркетинг и менаџмент, Зо­ ран Росоманов, директор на Дивајн, на Економски­ от факултет, директорот на Царинска управа Ванчо Каргов, на адвајзори бордот за туризам г­дин Вања Битољану и т.н. Покрај тоа, имаме потпишано дого­

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

вори за соработка со над 40 организации и институ­ ции во Македонија, а соработуваме и со меѓународ­ ни образовни институции. Универзитетот за туризам и менаџмент стана член на UN WTO, Светската тури­ стичка организација која е една од седумте органи на ОН. На седумте факултети имаме перманентно хар­ монизирање на барањата на бизнис­заедницата. Ние единствени имаме факултет за менаџмент на човечки ресурси на додипломски студии, значи не само на постдипломски студии. Она што сакам да го истакнам, ние се разликуваме од другите универ­ зитети и по тоа што ние немаме невработен дипло­ миран студент. l Колкав е Вашиот ангажман околу препорачување во фирмите и институциите на вашите дипломирани студенти? Пред се тоа е практиката. На сите факултети наставата е и во попладневните часови, за да можат претпладне да одат на пракса. Тоа им влегува во до­ сието. Во моментот студентите ни се на пракса во странство во Царина и во Народна банка на Маке­ донија. Сите студенти кои ги упативме во Тутунска банка добија пофалници и препораки за понатамошно надградување. Студентите, исто така, ги испраќаме во хотели, во туристички агенции, консултантски куќи, фирми­малостопанственици.


l Дали со проширување на „пазарот на образование“ во државата, кажано со економски речник, ние добиваме или губиме? ­Според мене, не добиваме со тоа што се оди да се унифицираат средните вредности, а не се вложу­ ва во научниот дел. Лично, мислам дека заостанува­ ме на планот на подигањето на нивото на научниот развој на кадрите во областа на образованието. За да биде некој професор мора да има објавувано тру­ дови во научни списанија, меѓународни симпозиу­ ми, семинари, научни конференции, или во некои други валоризирани едиции. l Дали сега образованито е повеќе бизнис отколку општествена функција? Во цел свет приватното образование е попре­ стижно отколку државното. Но со оглед на економ­ ската моќ на населението кај нас дојде до принудно симнување на цената за студирање, при што во тоа предничат државните образовни институции. Факт е дека со екстензивен развој не се добива квалитет. Приватните факултети, иако можеби порано беа бизнис, се повеќе работат на подигање на квалите­ тот на студирањето. Ние работиме во мали групи 20­30 студенти, што овозможува и интерактивност и постојан увид на професорот во знаењето на студентот. Студенти­

l Колку се признаени вашите дипломи? Во моментот имаме плеjада наши студенти кои се на високи менаџерски места во странство. Од Абу Даби, генералниот директор на синџир на хотели, во Швајцарија, постдипломци во Америка, Шведска, Германија. Ние не употребуваме термин признаеност туку препознатливост. Моделите ни се препознатливи од Барцелона до Австралија, на сите шест континенти. l Дали сте целосно на самофинансирање или имате поддршка од Владата? ­Имаме целосно самофинасирање од една стра­ на, а од друга страна она што го обременува приват­ ното високо образование, имаме обврска за обезбе­ дување на банкарска гаранција кон државата во ви­ сина на годишната школарина на сите запишани студенти. Но, сепак, ние одиме во проширување и востанување и на факултет на правни науки, што во моментот е доста пропулзивно. За информатич­ ките технологии имаме склучено дговор за размена на студенти со факултетот во Перник­Бугарија. l Универзитетот во името го содржи зборот туризам. Тоа е стопанска гранка за која како држава никако да ја најдеме формулата на успех? ­Туризмот е трета брзорастечка светска инду­ стриска гранка по енергетиката и ИТ технологии. Таа ангажира 700 милиони луѓе во светот. Она што

те имаат обврски да подготвуваат семинарски рабо­ ти, презентации, есеи и се подложни на перманен­ тно оценување. Ние единствени од приватните универитети имаме „саплемент“, на дипломата или дополнение на диплома. Тоа подразбира доделување и диплома и приказ и карактеристики на студентот со оценки, според американскиот модел, макси­ малната оценка, ЕКТС поените и дигри класата. Кај нас во голем процент студентите завршуваат судии, односно имаме висок степен на проодност, но разли­ ката е во рангирањето на студентите.

нам ни фали e тоа што не е доразвиена стратегијата за туризам, која не може да се развива со произвол­ ни потези. Кај нас 3,7% од работоспособното насе­ ление работи во туризмот, а со стратегијата за ра­ звој до 2016 стапката на пораст е само 2,3 % годиш­ но. Во БДП учествува со помалку од 4%. Ова се нео­ фицијални податоци, но за разлика од кај нас, ту­ ризмот во Хрватска во БДП учествува со околу 20%,а на Кипар со над 35%, повеќе и од банкарските работи. Се зависи од долгорочото планирање и вло­ жување во него. Виолета Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


НА КАФЕ КАЈ... Јордан Златановски, мајстор за мекици

МАКЕДОНСКИ МЕКИЦИ ЗА КРАЛСКИ ПРИНОВИ Тропни и ќе ти се отвори, рекол Господ. Јордан Златановски ­ Тетоец не тропнал, но имал к’смет на сон да му се јави лично Света Петка, и тоа токму кога тој и неговото семејство се соочиле со голо преживување. Го посоветувала да се сврти кон чи­ нот на раѓањето на божји чеда, но ништо понатаму. Еден ден, додека со жена ми Весна пеш се вра­ ќавме од центарот на Скопје, нешто ми светна пред очи и јас ја замолив да ме фати под рака бидејќи „таќе„ никој нема да помисли дека сум мрднат. Во тој миг, ми дојде да го побарам конкретниот одго­ вор од Света Петка, која претходната ноќ ме стави во мисла. Весна ме држи под рака, а јас ја кренав главата кон небото и светицата ја прашав што сака­ ше да ми каже со тоа дека треба да се свртам кон чинот на раѓањето. И така, како што јас сега тебе ти зборувам, Таа ми рече: „Се ќе ти биде јасно во некое од дуќанчињата пред тебе“. Јас пак, ништо не ја разбрав светицата, но би­ дејќи не сум глупав, правник сум по образование, муќнав со умот и ми текна... Го слушам домаќинот, помалку фатен во стапи­ ца помеѓу препораката на една госпоѓа дека „во Карпош имаме светски бренд“ и приказната на Јор­ дан. „Човекот, вклучително, прави мекици за белос­ ветските кралски семејства“, ми нагласи таа, чита­ телка на „Урбан“, кога ми го предложи мајсторот за мекици за соговорник.

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во „кабинетот“ за мекици, едно навистина мало одајче, во четирикатницата наспроти „Лептокари­ ја“ не гледам ништо што би „мирисало“ на светски бренд. Јордан вели дека личи на српскиот бизни­ смен Мишковиќ, и како да ми ги лови мислите, до­ дава дека за бренд не треба „машинерија“, туку ум. ­ Јас пораката ја сфатив, бидејќи ако Света Пет­ ка ми го спомнува дуќанчето, си велам, белки нешто треба да се понуди за продажба. Отидов во зарза­ ватчилницата од каршија, и го прашувам Ангеле дали сака да продава мекици. А зошто мекици, ќе ме прашаш, па затоа што имавме кило брашно и два квасца. А да ти биде уште појасно, прадедо ми и дедо ми биле прочуени фурнаџии. Тие, пред војната во Белград, имале фурна и меселе леб и за неговото височество, кралот Александар Караѓорѓевиќ. Зна­ чи, генот проработува и јас на Ангеле му носам пе­ десет мекици и тој сите ги продава. Од парите купу­ ваме пет кила брашно и квасец, и тргнуваме со биз­ нисот. Правиме мекици, и јас сабајле ги разнесувам во неколку дуќанчиња... Секоја приказна, Јордан ми ја документира. По­ следнава со фотографија од своите роднини, слика­ ни пред фурната во Белград, а секоја ја започнува, спомнувајќи ја неговата заштитница и советничка Света Петка.


­ Прво нешто да се напиеш, пред да поминеме на приказната за „брендот“, вели Јордан и ми става убава домашна ракија. Тој пие пиво, но додека пра­ вевме муабет, не се напи ниту голтка. ­ Значи, дуќанчињата се тука, но бизнисот те­ нок. Луѓето како да се заситија, и еден ден, кога ми вратија дури четириесет парчиња, пак ми текна на Светицата и на нејзиното „да го славиме раѓањето“. Во тој миг, читам во весник дека јапонското царско семејство, дури по четириесет години, за првпат чека машка принова. На принцот и принцезата на Јапонија треба да им се роди син. Аха, си велам, „да го славиме раѓањето“. Оттука, одам во Јапонскиот конзулат и на почесниот конзул, д­р Коста Балаба­ нов, му кажувам кој сум и што сакам. А му кажувам дека ние правиме мекици и дека сакаме во чест на раѓањето на јапонскиот принц, нашите мекици во некоја градинка да ги поделиме на децата. И така, работите тргнаа. Нашата желба била проследена до јапонскиот амбасадор во Виена и неговата Екселен­ ција дојде во Скопје. Со помош на Снежана, дирек­ торката на градинката „Весели цветови“, направив­ ме свеченост, дечињата ја испеаја онаа популарна песна од „Златното славејче“­ „Македонка Марион­ ка личи на Јапонка“. Амбасадорот ги делеше меки­ ците, ракоплескаше, па дури и се расплака... Гласот за благородниот гест на македонскиот „ме­ кичар“ стасал дури до Токио, а оттаму писмо и кален­ дар со кралски жиг, лично за Јордан Златановски... Истата приказна се повторува со кралските се­ мејства на Данска и Шпанија. Јордан и Весна праќа­ ат честитки и убави желби за приновите што ги че­ каат данската и шпанската принцеза и нивните се­ мејства. Мекиците се подготвуваат, а гозбите се во

дипломатските претставништва на спомнатите зе­ мји. За возврат, од кралските семејства на Данска и на Шпанија, за Јордан пристигнуваат писма благо­ дарници, дури и со рака пишувани. Раскажува Јордан, ги покажува писмата и сли­ ките на кралските семејства испратени до „сењор“ Јордан во Република Македонија. ­ Читај, доколку си писмен, ми вели Јордан, вос­ хитено покажувајќи ми ги доказите за неговиот бренд. Нема ФИРОМ, туку Републик Маседоан, и тоа од шпанскиот принц Филип, кој едновремено е и принц од Грција, нели, бидејќи неговата мајка Со­ фија е од грчко кралско семејство. Сега сме во по­ стојан контакт со принцот од Монако, Алберт, на кој му посакуваме принова и наследник, раскажува Јордан, убеден дека мекиците од „САМА“, така се вика неговата фирма, ќе стасаат и на трпезата на принцот од Монако. ­ Каков бизнисмен би бил јас, ако не водам смет­ ка и за домашниот пазар. Во таа смисла, мекици на­ правивме и за газдата на „Систина“, така што, потоа, нашиот производ стана баран од сите кои го просла­ вуваат раѓањето на детето. Еве, како што гледаш, сега подготвувам неколку нарачки и се радувам, бидејќи има ли нешто поубаво од принова во сечиј дом... На крајот, по интересниот муабет со најдобриот мајстор за мекици во Македонија и пошироко, тој восхитено поентира. Сакам, и убеден сум дека со помошта на Света Петка, ќе го реализирам својот сон, а тој сон е да организирам Самит на кралските семејства на кој ќе бидат послужени мекиците „Са­ ма“, единствената ваква македонска инвестиција во странство. Миле Раденковиќ

Мекиците на „Сама “ги проба и јапонскиот амбасадор

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ПРОЕКТИ Капитални проекти

КАРПОШ ПРВА СКОПСКА ОПШТИНА НА ГАС?! Овој капитален проект ќе овозможи жителите и фирмите во Карпош да бидат први во Скопје кои ќе добијат можност да го користат природниот гас, најефтин извор на енергија На последната седница на Советот на Општи­ ната е донесена одлука да се формира јавно општин­ ско претпријатие за снабдување со гас на жителите и фирмите лоцирани на територијата на општината Карпош. Според градоначалникот на Карпош Стев­ чо Јакимовски, станува збор за заокружување на про­ ектот Карпош­енергетски наејфикасна општина: ­Имајќи предвид дека цената на енергијата ста­ нува сé поскапа, вели Јакимовски,јас како градона­ чалник имам обврска да водам грижа за обезбедува­ ње на што поефтин енергенс кој ќе влијае на нама­ лувањето на трошоците за живот. Инаку, Општина Карпош во Стратегискиот план за локален развој на Општината 2009­2013 година,

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

како и во Програмата за енергетска ефикасност 2008­2012 година, како една од стратегиските цели ја зацрта идејата за создавање на алтернативна соп­ ствена мрежа на постојната топлификациска мре­ жа. Со тоа се создава можност граѓаните да имаат енергенси кои ќе бидат многу поеколошки и еко­ номски поприфатливи за семејниот буџет, за јавни­ те институции и за бизнис­заедницата. Реализацијата на оваа стратегиска определба, досега не беше можна бидејќи не постоеја технички предуслови. Тие беа создадени со проширување на примарната мрежа за гасификација на Скопје. Со тоа, денес, во границите на Општина Карпош, има­ ме пристап до примарната мрежа од улицата „Теодосиј Гологанов“ преку Тафталиџе 1 до ул. „Илин­ денска“. Со завршувањето на примарната мрежа преку Момин Поток и поврзувањето со ул. „Слове­ нечка“ во Општина Бутел, што е во тек, Општината ќе може да оствари приклучок и за индустриската зона Злокуќани. Со ова се создадени техничките и економски предуслови за формирање на јавно претпријатие, чијшто основач ќе биде Општина Карпош. За форми­ рање на такво јавно претпријатие постојат и сите законски предуслови, а неопходните средства за овој проект ќе се обезбедат од Европските фондови и од општинскиот буџет. В. Р.


„Ајде да ги научиме македонските ора“

ВИРТУОЗНА ИГРА НА НАЈМАЛИТЕ ФОЛКЛОРИСТИ Стотина родители и љубители на фолклорната уметност, уживаа во едночасовната програма на учениците на Бранко Јовевски, кои наученото, спектакуларно го презентираа, потврдувајќи дека добро осмислените проекти имаат блескав епилог. Приказната за училиштето на Јовевски прилега на некои минати времиња, во кои љубовта и разбира­ њето за нештата, немаат алтернатива. По сплет на околностите, патиштата на двајцата исклучителни мајстори на својот занает, шефот на локалната самоуправа на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и големиот играорец на КУД „Цветан Димов“, Бранко Јовевски, ќе се вкрстат во мигот ко­ га и двајцата имале убави идеи, односно градона­ чалникот ­ намера квалитетно да ги поттикне кул­ турните содржини во Општината, а играорецот желба да создаде подмладок, насушно потребен за ревита­ лизација на нашата фолклорната традиција. Следејќи ги муабетите дека градоначалникот Ја­ кимовски од нога ги сослушува, прифаќа и под­ држува добрите иницијативи на секој граѓанин, Јо­ вевски стокмил проект и побарал прием кај првиот човек на Општината. Дел од епилогот на нивната средба, деновиве, можеше да се види на игралиште­ то „Сокол“, а нема никакво сомнение дека проектот: „Ајде да ги научиме македонските ора­ бесплатно“, на широки врати влегува во културните настани на нашата општина. Старата вистина дека по учителот се познаваат учениците, на приредбата на С. Ц. „Сокол“, беше презентирана на радост и задоволство на родители­ те на неколку стотини девојчиња и момчиња. Техни­ чката подготвеност, грациозноста и чувствително­

ста во играњето на учениците на Јовевски, немаат пандан во подмладоците на другите КУД­а. Така, ба­ рем, велат познавачите на фолклорната уметност. Учителот Јовевски, човекот што половина век дру­ гарува со фолклорот, како играорец, инструктор, кореограф и организатор на фолклорни фиести, со насмевка ги слуша пофалбите, но самиот останува доследен на вродената скромност. ­ Задоволен сум што нашиот двогодишен труд доби јавна верификација, а уште позадоволен, би­ дејќи моите мали играорци се навистина светла ид­ нина на нашиот фолклор и не само во нашата оп­ штина. Меѓу нив, има многу талентирани играорци и инструменталисти, и би била ненадоместлива ште­ та да не продолжат понатаму, вели Јовевски. Во неговото училиште, тој и неговите млади асистентки, секојдневно, на над 200 талентирани де­ ца, им ги пренесуваат своите искуства и вештините за презентација на македонските народни ора и пе­ сни. Круна на таа катадневна работа е триумфот на малите играорци на годинашнава републичка смотра. Јовевски е убеден дека истото признание ги очекува и на меѓународното деби на своите играорци, лето­ во во Унгарија. Убеден сум, бидејќи при неодамнешното госту­ вање во Турција, ние бевме атракција и добивме по­ кани да гостуваме во Полска, Русија, Грузија, Индо­ незија... Се разбира, за Унгарија се подготвуваме како да одиме на Олимпијада, и сигурен сум дека успехот нема да изостане, заклучува маестро Бран­ ко Јовевски. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ВЕСТИ ПОСЕТА НА ПЕНЗИОНЕРСКИОТ ДОМ „МАЈКА ТЕРЕЗА“ Во средината на изминатиот месец, Активот на жени­пензионерки и Здружението на пензионери – Карпош, предводени од госпоѓата Ратка Коколанска остварија посета на пензионерскиот дом „Мајка Те­ реза“. Станува збор за редовни активности на пен­ зионерите од нашата општина, при што до израз доаѓаат колегијалноста и хуманоста во односот кон пензионерите сместени во специјализирани устано­ ви. Како и порано, и при ова посета, за Домот „Мај­ ка Тереза“. беа донирани храна и облека за старите и изнемоштени лица, штитеници на оваа установа. Оваа активност е дел од Програмата на актив­ ности на жените пензионерки од Карпош кои по­

себна благодарност упатуваат кон градоначалникот Стевчо Јакимовски кој безрезервно ги поддржува за секоја нивна активност, па и при вакви бла­ городни и хумани активности. И. М.

Мeѓународен студентски фолклорен фестивал

ПРАЗНИК ЗА ОЧИ И ДУША Во организација на А К У Д ,,Мирче Ацев», во Т. Ц. „ Карпош 3 “ (Лептокарија), од 21­24 јуни се одржа 33­от Меѓународен студентски фолклорен фестивал. На отворањето на фестивалот настапија фолклорни ансамбли од Србија, Бoсна и Херцегови­ на, Турција, Албанија и Црна Гора, а учесниците и присутните граѓани ги по­ здрави Стев­ чо Јакимов­ ски, градона­ чалник на Оп­ штината Кар­ пош. Посаку­ вајќи им до­ бро дојде на гостите од ст­ ранство, Јаки­ мовски истак­ на дека Опш­ тина Карпош во континуи­ тет ги поддр­ жува култур­ ните манифе­

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

стации и посебно од Скопје. „Горди сме што АКУД ,,Мирче Ацев“ е едно од најдобрите во Република Ма­ кедонија, и што со години наназад егзистира на те­ риторија на општината Карпош. Локалната самоупра­ ва секоја година финансиски го подржува овој фе­ стивал, а тоа ќе го правиме и понатаму“, нагласи градоначалникот Јакимовски. Според меѓународната организација ЦИУ (Фол­ клорна Федерација на светски фестивали), Студент­ скиот фолклорен фестивал е една од петте најдобри приредби од ова сфера во Европа. Студентските фол­ клорни ансамбли од петте балкански земји тоа го потврдија на трите вечерни приредби, воодушеву­ вајќи ги присутните во „Лептокарија“. И. М.


ОБУКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ЗЕМЈОТРЕСИ Општина Карпош во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмо­ логија – Скопје, во десетте основни училишта и градинки организираа обука за вработените за по­ стапување при евентуална појава на земјотреси. Пре­ давањата ги држеа професор д­р. Бисерка Димишков­ ска, М­р Благојче Стојановски и асистент Томислав Петровски од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија­Скопје.

На истите беа опфатени следните теми: правна уреденост на заштитата од земјотреси, појава на земјо­ трес, опасности од земјотреси, мерки за заштита од земјотреси, тактика на заштита од земјотреси, ева­ куација и спасување на лица загрозени во земјотре­ си. Едукацијата заврши деновиве и со неа беа опфа­ тени 280 вработени од наставниот кадар во основни­ те училишта и 112 вработени во детските градинки. Поради специфичноста и староста на објектите во Урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, и пора­ ди постојаниот тренд на доградби и надградби на објектите кои претставуваат потенцијална опасност при појава на земјотрес, посебно предавање за заин­ тересираните граѓани беше одржано во „ОУ Вера Циривири­Трена“. Е. К.

ДИПЛОМИ ЗА КРЕАТИВНОСТА На пригодна свеченост, во про­ сториите на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимов­ ски им ги додели дипломите на 30­те редовни учесници на Шко­ лата за креативни работилници. Станува збор за школа финанси­ рана од Општина Карпош, со која раководеше проф. Илчо Симонов­ ски. Притоа, на присутните им беше прикажан краткометражни­ от цртан филм, посветен на Оп­ штината, изработен од децата уче­ сници на школата за цртан и ани­ миран филм, како и видео про­ екција на над 120 трудови од об­ ласта на графички дизајн и ком­ пју терска графика. Целиот настан беше збогатен со изложба на фотографии изра­ ботени од Ивана Крстиќ и Алек­ сандра Бендевска ученички од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


ПРОСЛАВИ СПЕКТАКУЛАРНА „ КАРПОШОВА СЛАВА„ Во организација на Здружението на граѓани „КФЦ“ („Карпош фудбал клуб“), а под покро­ вителство на Општина Карпош, деновиве на спорт­ ското игралиште „Сокол“ (ООУ „Христијан То­ доровски­Карпош“), под мотото „Децата се нашата иднина“,се одржа седмата по ред „Карпошова сла­ ва“. На оваа манифестација во центарот на внима­ нието беа децата од три до 14 години од сите основ­ ни училишта и од сите детски градинки од Општина Карпош. Славата ја збогатија, дваесет и двете „Супер ѕвезди“, како и познатите естрадни уметници кои учеле во ООУ „Христијан Тодоровски­Карпош“ – Тамара Тодевска, групата „ДНК“ (Андреј и Панчо), Роберт Билбилов, и новата поп­ѕвезда Јана Бурчев­ ска. Програмата на седмата „Карпошова слава“ за­ почна во 17.30, а заврши во 22.00 часот. На манифестацијата присуствуваше и градона­ чалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој присутните ги поздрави, упатувајќи честитки до урбаната заедница и до организаторите на оваа манифестација, посочувајќи дека „Карпош 1“има две прекрасни манифестации: „Карпошова слава“ и големиот турнир „Сокол“. Градоначалникот, при­ тоа, нагласи дека Општина Карпош и понатаму ќе ги поддржува. Тој ја искористи можноста да најави дека оваа година ООУ „Христијан Тодоровски­Кар­ пош“ ќе биде целосно реконструирано. Во знак на благодарност, од „Карпош 1“ најавија дека Стевчо Јакимовски ќе биде прогласен за почесен граѓанин на нивната урбана заедница. Водител на манифестацијата беше младата 13­годишна Ивана Спасиќ од ООУ „Христијан То­ доровски­Карпош“, а во програмата покрај учени­ ците од десетте основни училишта и детската гра­ динка „Распеана младост“, свој настап имаа и де­ чињата од Школата за вежби и танци на Општина Карпош. Покрај забавата, оваа „Карпошова слава“ имаше и хуманитарен карактер, при што на два пункта беше собрана стара облека, а секое училиште имаше свој штанд каде што се продаваа разни рако­ творби изработени од. Организаторите на оваа пре­ красна манифестација имаа обезбедено балони, ше­ ќерни јаболка, сладоледи, сокови и многу други слатки изненадувања кои им ги доделуваа на прису­ тните дечиња. Д. Бадев

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ОБРАЗОВАНИЕ

НАГРАДЕНИ ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА По завршувањето на оваа учебна година на СРЦ „Влае“, под мотото „КАРПОШ ИМА ИДНИНА“, а во организација на Општина Карпош се одржа за­ вршна училишна забава (after school party) за полу­ матурантите од десетте основни училишта во оп­ штината. Станува збор за забава која својата про­ моција ја имаше минатата година, и сигурно е дека ќе прерасне во традиционална манифестација за збо­ гување на полуматурантите со основното образова­ ние. Забавата беше убава пригода за истакнување на учениците првенци на генерација од десетте учи­ лишта. На нив, градоначалникот на Општина Кар­ пош, Стевчо Јакимовски, им додели парични награ­ ди во износ од 12.000 денари и дипломи, а Ана Ко­ стовска, автор на книгата „Бескраен ум“ (англиско­ македонска збирка на мудрости кои ја потти­ кнуваат човечноста), им подари по еден примерок од својот труд. Првенци на генерација од десетте основни училишта во Општина Карпош се следните ученици: Борис Какуринов ООУ „Христијан ТодоровскиКарпош“ Кристина Ѓорѓевиќ ООУ „Вера Циривири-Трена“ Иван Костовски ООУ „Лазо Трповски“ Марија Магдалена Лазоска ООУ „Војдан Чернодрински“ Тамара Ѓорѓиева ООУ „Владо Тасевски“ Александар Русевски ООУ „Братство“ Дамјан Николиќ ООУ „Димо Хаџи Димов“ Марта Хаџиевска ООУ „Јан Амос Коменски“ Тони Јорданов ООУ „Аврам Писевски“ Душица Јанковиќ ООУ „Петар Поп Арсов“ На оваа свеченост на сите ученици, кои, на ра­ зни натпревари во знаење и спортско натпревару­ вање, постигнале врвни резулитати, и придонеле за афирмација на своето училиште и на општината, им беа врачени пофалници. Тоа се следните ученици:

ООУ „Лазо Трповски“ Кирил Костов, Деана Андоновска и Благица Смил­ кова. ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ Марија Башевска, Исидора Цветковска, Теодора Стефановска. ООУ „Владо Тасевски“ Давид Пецалевски, Моника Фиданчевска, Никола Димитровски, Мирјана Димитриевска, Филип Велков ООУ „Вера Циривири-Трена“ Филип Макрадули, Гоце Софески, Џемаил Ша­ бани ООУ „Димо Хаџи Димов“ Филип Гичевски, Теодора Винце Здравеска, Ан­ дријана Пандуловска, Ангела Магдеска, Марија Јовчевска ООУ „Аврам Писевски“ Стефан Јовановски, Ангел Јовчевски, Стефан Бо­ жиновски ООУ „Јан Амос Коменски“ Ивана Кантарџиева, Илчо Нечовски, Ангелина Митрева ООУ „Братство“ Ендрит Ибраими, Февсије Хасани, Семине Нези­ ри. ООУ „Петар Поп Арсов“ Роберт Јованов, Симона Тодоровска, Тамара Јана­ киевска, Николај Јантински, Филип Бошковски. ООУ „Војдан Чернодрински“ Ана Арсовска, Иван Конески, Марија Гуциновска. По завршувањето на официјалниот дел од мани­ фестацијата, свој настап имаше Школата за игра и танц во што учествуваа ученици од основните учи­ лишта во Општина Карпош, а потоа присутните продолжи да ги забавува бендот „Ред гарден“ . Е. К.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ПОТФАТИ Потпишан договорот за продажба на општинската зграда во Карпош

НОВО УЧИЛИШТЕ И НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА - Мило ми е што со влезот на овој инвеститор ќе се подобри квалитетот на понудата во образованието како на македонските деца што ќе се запишат во него, така и на децата на странските државјани кои престојуваат или ќе престојуваат во Македонија, истакна градоначалникот Јакимовски На 20. мај, во просториите на Општина Карпош, градона­ чалникот Стевчо Јакимовски и Роберт Хуард Тауер, директо­ рот на приватното средно учи­ лиште „QSI“ – Скопје (Quality Schools International), склучија формален договор за продажба на општинската зграда. Во ова пригода, градоначалникот на Карпош изрази задоволство што во неговата општина доаѓа значајна странска инвестиција, а посебно што со неа ќе про­ должи да функционира осно­ вната дејност на објектот – об­ разовната. – Ова училиште, ре­ че Јакимовски, и досега функ­ ционираше на територијата на градот, кај спортските терени „АБЦ“, а сега ќе се смести во оваа општинска зграда. ­ Мило ми е што со влезот на овој инвеститор ќе се подобри квалитетот на понудата во образова­ нието како на македонските деца што ќе се запишат во него, така и на децата на странските државјани кои престојуваат или ќе престојуваат во Македо­ нија, а кои своите деца ќе ги образуваат токму тука. Денешниот свечен чин на потпишување на догово­ рот е само завршница на едно крајно транспарентна постапка на продажба на општинската зграда и ко­ ректниот однос и понуда што ја добивме од сега­ шните купувачи – заклучи Јакимовски. Роберт Хауард Тауер, новиот сопственик на оп­ штинската зграда на Карпош и директор на приватно­ то интернационално училиште „QSI“ изрази голема благодарност за соработката до Општина Карпош и до градоначалникот Јакимовски, како и до Амери­ канската амбасада во Македонија за поддршката при купувањето на објектот. Тој рече дека оваа ин­ вестиција несомнено ќе придонесе за натамошниот развој на училиштето. Брајан Ц. Агелер, заменик шеф на мисијата на САД во Македонија, изјави дека Карпош е голем пријател на Американската амбасада со години на­ назад. Карпош поддржува три училишта во кои

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

учат децата од Амбасадата, со одлично образование и огромни успеси и „QSI“ ќе ја продолжи таа тра­ диција. Ова е убав ден за локалната самоуправа за­ тоа што со средствата од ова инвестиција ќе може да се инвестира во нови работни места и во нови образовни успеси на младите. Со ова училиште, Скопје ќе стане поатрактивно место за инвестирање во висококвалитетното образование. Инаку, зградата, сопственост на Општина Карпош беше продадена по пат на јавно наддавање на 7 јуни за сума од 169.045.756 денари. Одговарајќи на новинарско прашање до каде е постапката за изградба на новата општинска зграда по продажбата на сегашната, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски одговори дека тендер­ ската постапка е во тек, и се надева дека од 1 август ќе почнат работите околу изградбата на зградата. Правото на сопственост купувачот го стекнува по целосната уплата на купопродажната цена и по извршеното примопредавање во владение на пред­ метниот недвижен имот. Продавачот се обврзува недвижниот имот, да му го предаде на владение на купувачот во рок од 30 дена од денот на уплатата на последната рата од купопродажната цена, односно до 20.1.2013 година. Виолета Цветковска


СОРАБОТКА ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ПРОЕКТИ Над 330 граѓани одлучуваат за проекти вредни 2.400.000 денари На 13. и на 27 јуни, во просториите на ООУ „Ла­ зо Трповски“, Општина Карпош во соработка со Швајцарската агенција за развој и Фондацијата от­ ворено општество – Македонија, како спроведувач на целиот проект, граѓаните дебатираа во рамките на програмата „Форуми на заедницата“. Станува збор за проект за кој Швајцарците издвоија 2.400.000 денари, неповратни средства. На двата граѓански форум учествува 330 жители на општината. Целта на форумот е да се поддржи развојот на заедниците на локално ниво, преку учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на првата сесија се заблагодари за заинтересираноста на граѓаните да се вклучат во процесот на донесување на одлуки од заеднички интерес. Тој детално ги образложи двете теми, кои Општина Карпош ги избра при аплицирањето во програмата: „Социјално вклучување на лицата со посебни потреби и нивните семејства“ и „Енергет­ ско ефикасни објекти (основно образование и дет­ ски градинки)“. Потоа, граѓаните по пат на гласање одлучија да се дебатира за „Енергетско ефикасни објекти (основно образование и детски градинки)“.

По изборот на темата, беа формирани и десет ра­ ботни маси: образование, култура, спорт, општин­ ска администрација, животна средина, урбанизам, млади, социјална заштита, бизнис сектор, и совет­ ници кои ќе работат на развивање на предлог про­ ектите на наредните сесии

Претставникот од локалната самоуправа пред граѓаните ги презентираше проектите кои досега Општината ги има реализирано на планот на енер­ гетската ефикасност во детските градинки и осно­ вните училишта на нејзината територијата. Третата форумска сесија е закажана за 13 јули, со почеток во 11.00 часот. Е. К.

Признанија

БЛАГОДАРНИЦА ЗА УЧЕСТВО ВО ФОРУМОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА Општина Карпош е меѓу 24­те добитници на благодарница за учество во програмата „Форумот во заедницата“. Благодарницата ја прими градона­ чалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, а му ја врачи донаторот на проектот, Швајцарската агенција за развој и соработка, ЗЕЛС како негов ак­ тивен поддржувач и активниот оператор за импле­

ментации во нашата општина „Институтот отворе­ но општество –Македонија“ (ФООМ). Како што истакна амбасадорот на Швајцарија во Македонија, г. Стефано Лазарото, Македонија ништо не ја спречува, со своето учество да стане пример за

децентрализација во регионот. Тој верува дека со редовна комуникација со граѓаните преку форумот во заедницата општините во Македонија ќе можат да станат добар функционален модел кој би можел да ги инспирира и соседните земји. Министерот за локална самоуправа, г. Невзат Бејта, истакна дека 48 општини се вклучени во оваа програма. Според Градоначалникот на Општина Чаир во својство на потпретседател на ЗЕЛС, г. Изет Меџи­ ти, форумот во заедницата се вклопи како форма во статутите на 48 локални самоуправи, значи се инсти­ туционализира и ќе продолжи да функционира и по престанокот на поддршката од Швајцарската аген­ ција за развој и соработка. За таа цел ќе се обучат сертифицирани медијатори до крајот на 2012 годи­ на и кои ќе едуцираат во процесот на решавање на проблемите преку форумскиот пристап. Своето ис­ куство во овој форум најескплицитно го образло­ жи г. Зоран Заев, Градоначалник на Струмица, един­ ствена општина која ги мина сите три фази во фору­ мот, кој истакна три успешно спроведени проекти во градот Струмица.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


ПРЕЗЕНТАЦИИ СТРУЧНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА KNAUF INSULATION Во големата сала во Општина Карпош (бул.Пар­ тизански oдреди бр.68), барака бр.5, деновиве се одржа стручна презентација на KNAUF INSULATION од Белград, за најновите технологии во доменот на термоизолацијата на ѕидови, подови и покривни кон­ струкции. Оваа презентација е во рамките на про­ моцијата и практичната примена на „Правилникот за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на нови и рекон­ струкција на постојните објекти како услов за доби­ вање одобрение за градење од Општина Карпош. По­

себен акцент, пред 50­тина слушатели, од проектант­ ските куќи, беше ставен на материјалите кои се ис­ товремено термоизолациони, со голем степен на звучна изолација, заштита од кондензација со еко­ лошки и самогасиви материјали, погодни за јавни објекти и посебно училишта и градинки од аспект на противпожарна заштита. Во вториот дел од презен­ тацијата е дадена и една софтверска алатка која ово­ зможува планирање и проектирање на термоизола­ цијата, согласно со однапред дефинирани парамет­ ри, што во овој случај беа условите од Правилникот на Општина Карпош. Ва­ квата практика Општина Карпош ќе ја следи и во на­ редниот период во насока на лидерството што во оваа област и примената на мер­ ките за енергетска ефикас­ ност во градежниот сектор ја има во однос на локал­ ните самоуправи во Репу­ блика Македонија. Љ. Д.

ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ДО УРБАНИСТИЧКИ ДОКУМЕНТИ Општина Карпош е прва општина во Македони­ ја која стартуваше со примена на законската обврс­ ка за електронско добивање на документи за сите правни и физички лица кои живеат на нејзината те­ риторија. Станува збор за компјутерска апликација која ќе им овозможи на граѓаните кои имаат потреба од документи од областа на урбанизмот во кое било време и од кое било место да побараат услуга или, пак, да видат во кој степен на изработка им е пред­ метот. За оваа цел, како што истакна градоначални­ кот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, при промоцијата на новата апликација, Општина Кар­ пош инвестираше околу 15.000 евра. Со тие средства Општината компјутерски ги опреми сите 14 урбани заедници, го плати софтверот за апликацијата и из­ врши обука на својот кадар за давање поддршка на граѓаните да ја користат оваа апликација. Со оваа апликација, како што нагласи градоначалникот, ло­ калната власт им се приближува на граѓаните до нивните потреби, станува потранспарентна во свое­ то работење и прави чекор напред кон модерниза­ ција во овозможувањето на услугите. Инаку, со оваа апликација граѓаните на Карпош ќе имаат пристап преку: линкот е­барања, кој ќе би­ де поставен на веб страницата на Општината www. karpos.gov.mk.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во сите урбани заедници на општината – за оние граѓани кои немаат можност да користат интернет од дома, ќе може да дојдат во соодветната урбана заедница и тука директно да го поднесат барањето. На граѓанинот барањето ќе му биде издадено во пе­ чатена форма и ќе претставува валиден документ. За граѓаните кои своите барања ќе ги поднесува­ ат во урбаните заедници, одговорни лица од урба­ ната заедница ќе се грижат за статусот на поднесе­

Старт на услугата „е-барање“: од презентацијата во УЗ Карпош 1 ните барања и за истите ќе ги контактираат граѓа­ ните по телефон. Во прва фаза граѓаните ќе може да поднесуваат барања до Секторот за урбанизам при Општина Карпош. В. Ц.


ЧЕСТВУВАЊЕ КАРПОШ СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДЕН АКАДЕМИК Во амбиент кој му прилега на поводот, во под­ ножјето на сакралниот храм Пантелејмон, деновиве се одржа свеченост во чест на Глигор Чемерски, новоизбраниот член на Македонската академија на науките. Во прекрасната мајска вечер, зачинета со коктел и музика, градоначалникот Стево Јакимов­ ски, вработените во локалната самоуправа, иста­ кнати општествени работници и уметници, досто­ инствено го прославија влегувањето на г. Чемерски во македонската куќа на бесмртните. ­ Почитувани пријатели чест и задоволство ми е што имам можност овде и на овој начин, во името на локалната самоуправа на Општина Карпош и во свое лично име, да го поздравам и на господинот Глигор Чемерски да му го честитам приемот во Ма­ кедонската академија на науките, највисоката и нај­ престижната научна институција во нашата држа­ ва, рече градоначалникот Јакимовски. Навистина сме горди што академикот Чемерски живее и твори во нашата општина. Нашата почит кон неговото грандиозно ликовно творештво, препознатливо и признато и надвор од границите на нашата држава е немерлива, што покажува и вечерашнава свече­ ност. Горди сме што академикот Чемерски е почесен граѓанин на Општина Карпош и што е еден од мно­ гуте уметници и културни дејци, заслужен за нејзи­ ниот препознатлив имиџ на полето на културата. Од ова место порачувам дека веќе во следната годи­ на ќе биде извршена санација на кровот над атеље­ ата во кои творат академикот Чемерски и сите дру­ ги ликовни уметници, рече помеѓу останатото, пр­ виот човек на Општината. Заблагодарувајќи се на градоначалникот Јаки­ мовски, академик Чемерски со полно емоции збо­ руваше за времето кога во поткровјата на зградите, долж Партизнаска, од Рузвелтова до Мостот на Обe­ динети нации, се изградени првите атељеа за маке­ донските ликовни уметници. „Тоа беше историски потфат, реализиран по иницијатива и заслуга на еден голем човек, тогашниот градоначалник на Скопје, другарот Благој Попов“. ­ Горд сум што сум жител на Карпош и благо­ дарен на господинот Јакимовски и за оваа прекра­ сна вечер, но и за се што тој и локалната самоуправа на Општината го праваат во сите сфери на нашето живеење. Благодарејќи му на слухот на градоначал­ никот Јакимовски, соработката со луѓето од сите

ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ

области на културата е на мошне високо ниво, а плод на истата е и респектабилната изложба на де­ лата на ликовните уметници од Карпош, во Лондон, рече на крајот академикот Чемерски. Во името на локалната самоуправа, а во знак на трајно сеќавање на оваа свеченост, градоначалникот Јакимовски на академикот Чемерски му подари ра­ чен часовник. М. Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


ПРОЕКТИ Предностите на настава во природа

СО ПИЛОТИТЕ И СОКОЛАРИТЕ „ОЧИ В ОЧИ“

Учениците од „Јан Амос Коменски“ учеа кои се сличностите и разликите меѓу птици и птици-грабливки

Kнигите и читањето понекогаш претставуваат недоволен извор на сознанија за новите генерации на ученици. Оттаму пристапот, во наставата преку непосредно набљудување, преку прошетка и прика­ жување на наставните единици од забавен агол, е голем поттик и предизвикува уште поголем интерес за правилно и сестрано образовние, ја развива љу­ бопитноста и фантазијата, социјализација и спосо­ бност за комуникација во различни средини. Таков проект беше спроведен во ООУ „Јан Амос Коменски“. Имено, членовите на аероклубот „Скоп­ је“ – тим од инструктори и наставници за летње со спортски и патнички воздухоплови, пилоти на па­ раглајдери, едрилици и падобранци, членовите на

Воздухопловите служат за спортско и рекреативно летање, за превоз на патници... научија идните млади пилоти

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Здружението за заштита и одгледување на птици­ грабливки – соколарите на клубот „Јарак“ и наста­ вничкиот колегиум при ООУ „Јан Амос Коменски“ преку визуелно прикажување и едукативна настава, која траеше три часа, успешно го реализираа про­ ектот на спортскиот аеродром „Стенковец“ во мај 2012 година.

ГОЛЕМО - БЛАГОДАРИМЕ Посебна благодарност до нашите домаќини кои несебично го посветија своето време на ученици­ те од второ и од трето одделение при ООУ „Јан Амос Коменски“: Членовите­соколари на Здружението за заштита и одгледување на птици­грабливки – Соколарски клуб „Јарак“ Огнен Поленак, Александар Батиниќ и Зоран Ми­ ладиновски Аероклуб „Скопје“ Иван Николовски – пилот на спортски и патни­ чки воздухоплови Павле Крушарев – наставник по едриличарство и пилот на патнички и спортски воздухоплов Сашо Стојановски – наставник по падобранство Борис Саздов – наставник по параглајдерство Небојша Антиќ – пилот на спортски и ултрале­ сни воздухоплови


КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ Гостувања

ГРАФИЧКАТА МАПА НА КАРПОШ НА ИЗЛОЖБА ВО ЛОНДОН Во организација на Општина Карпош и PRO ART & Co ,Лондон од 11 до 17 Јуни, во Галеријата на старата општинска зграда на Челзи (Chelsea Old Town Hall, First Floor Gallery) се одржа изложба на која беа презентирани делата од Првата графичка мапа на Општина Карпош. Галеријата се наоѓа на една од најпрестижните лондонски улици Кинг Крос, во кварт познат по умет­ носта во кој се сместени повеќе реномирани галерии и музеи. Првата графичка мапа на Општина Карпош е резултат на соработката на општината со асоција­ цијата „Икон“ и со ликовните уметници кои живеат и творат на територијата на Општина Карпош. Станува збор за графичка мапа која ги содржи делата на можеби 12 најголеми живи македонски академски сликари. Овој грандиозен уметнички проект, прв од ваков вид кај нас, ги содржи графи­ ките на Доне Мијановски, Нове Франговски, Илија Кафкалевски, Глигор Чемерски, Симон Шемов, Ро­ дољуб Анастасов, Цане Јанкуловски, Таки Павлов­ ски, Ставре Димитров­ Стадим, Владо Аврамчев, Ду­ шан Перчинков и Васко Ташковски. Ова беше ретка можност за многу познавачи на уметноста да се види таква важна колекција на от­ печатоци од повеќе почитувани и сакани уметници на Македонија на едно место. Оваа збирка е пату­ вање низ идеи и изрази, внатрешниот немир и бунт на уметниците како и нивната опсесија со убавина­

та и формата. Тие развиле нов уметнички јазик кој комуницира многу добро со широката публика. Општина Карпош наликува на перманентна ли­ ковна работилница, посебно поради атељеата кои се наоѓаат долж главната Авенија, кои се изградени по земјотресот во Скопје. Во моментов во општината се работи на две нови графички мапи. Едната на покојните доајени на ма­ кедонското сликарство од Општина Карпош и втора­ та на оние кои не се опфатени во првата мапа, инаку великани на македонското сликарство од целата др­ жава. Горан Михајлов

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


28

И. М - Е. К. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ДЕБАТА Финале на дебатниот турнир по светски терк

НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ДЕБАТЕРИ - НА ТУРНИР ВО РОМАНИЈА На 17 јуни 2012 година, во општина Карпош се одржа финалето на турнирот во светскиот стил на дебатирање на кое дебатираа двата највисоко ран­ гирани тимови на темата „Овој дом верува дека на малолетните лица (не) треба да им се суди како на возрасни за сериозни прекршоци“.

ТРОЈЦАТА ГЛАВНИ „БЕРБЕРИ„ ЗА ТРЕВА ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Оваа дебата беше завршниот настан на тродне­ вниот турнир на кој дебатери од групата на Мла­ динскиот образовен форум (МОФ) и Општина Кар­ пош се натпреваруваа и се бореа за учество на меѓу­ народниот дебатен турнир „Арго“ кој се одржува во Романија. Настанот вклучуваше и церемонија на доделување на сертификати на средношколците кои успешно ја завршија оваа обука. Проектот „Фестивал на јавни дебати“ започна со активности од октомври минатата година, а за­ врши со прогласување на победниците од дебатни­ от турнир. Тој се состоеше од две компоненти, одржу­ вање на дебатни обуки за средношколци од општи­ на Карпош и одржување на јавни дебати на младин­ ски теми, одбрани од страна на младите. Главната цел на проектот е вклучување на младите во пот­ тикнување на решавање на општествени прашања и зголемување на нивните активности на теми кои нив директно ги засегаат. Бранкица Георгиевска Младински образовен форум

Попуст 10%

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


СПОРТОРАМА Спортски таленти

СО ТЕНИСКИОТ РЕКЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ТРОН Со победи на четириесет домашни и седумнаесет меѓународни турнири, Давид Мицевски, гимназијалецот од „Никола Карев„ со брзи чекори граби кон дострелите на својот спортски идол Федерер Ако се гледа според бројот на млади талентирани тенисери во Македонија, не е далеку денот кога и нашето знаме ќе се завиори на Вимблдон или Ролан Гарос. А кога ќе се случи тоа, нашите спортски вла­ сти ќе треба да му подигнат споменик на Швајца­ рецот Федерер, бидејќи тој е целосно „виновен„ за тоа што се повеќе млади момчиња другаруваат со тенискиот рекет, сонувајќи ја славата на големиот Роџер. Впрочем, како и сите наши досегашни соговор­ ници од тенискиот подмладок, и Давид Мицевски, ученик во гимназијата „Никола Карев„ признава дека, гледајќи го Федерер, одлучил со тенисот да се занимава сериозно како што тоа го прави од својата седма година. ­ Навистина е така. Уште кога бев сосема мал, татко ми и другите не ги пропуштаа телевизиските преноси на големите тениски турнири и сите тогаш зборуваа само за Федерер. Гледајќи го како игра и јас посакав да тренирам тенис, а во тоа имав цело­ сна поддршка од татко ми Антонио и посебно од дедо ми Симо, раскажува Давид. Поводот за разговор со овој супер талентиран тенисер – гимназијалец, е неговата неодамнешна, двојна победа на Европскиот турнир за тенисери до шеснаесетгодишна возраст. ­ Турнирот се одржа во Зеница, во првата поло­ вина на мај и на него настапија 48 млади тенисери од речиси сите земји од Југоисточна Европа. Во на­ вистина силна конкуренција јас победив во сингл, а со мојот партнер Теодор Делјановски бевме најдо­ бри во дубл. Значи, добив потврда дека се исплатува напорното тренирање и целосното посветување на тенисот. Раскажува Давид и се обидува да ги наброи сите домашни и меѓународни турнири на кои бил по­ бедник. А првите места во конкуренцијата со свои­ те врсници ги освојувал на 40 домашни и на 13 ме­ ѓународни натпревари. Признава дека за неговите успеси имаат заслуга неговите тренери Дејан Ма­ ринковиќ и Зоран Шевченко, како и професорите

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Вељо Георгиевски и Бранко Десовски, кои се грижат за неговата физичка подготовка но, дека, без цело­ сната поддршка на семејството не би стасал таму каде што е сега. ­ Како што знаете, тенисот е скап и напорен спорт и нема одење напред доколку немате средства за опремата, тренинзите и патувањата на меѓународни турнири. За среќа, јас ја имам поддршката од дома­ шните и се надевам дека еден ден сето тоа ќе им го вратам. Првопласиран е на националната ранг листа за јуниори до 16 и до 18 години, а во рамките на Евро­ па, според официјалното рангирање на Европската тениска федерација (Tennis Europe) е на 65­то место. Според утврдениот календар, до крајот на годи­ нава, Давид Мицевски ќе учествува на сите поголе­ ми турнири што се одржуваат во Бугарија, Албани­ ја, Грција, Русија, Италија, Хрватска и Црна Гора. ­ Ќе учествувам и се надевам дека на уште некој од нив ќе бидам победник во поединечна но и во конкуренција на парови, заклучува Давид и ни за­ кажува нова средба, кога ќе стане професионален тенисер, што инаку му е животна спортска цел. Живко Трајановски


ЗАВРШИ „STREET BALL 2012„ Во вториот јунски викенд, на спортските терени на хотелот „Александар палас“, под покровителство на Општина Карпош, а во организација на К. К. „Карпош Соколи – 2000“се одржа голем стритбол турнир. На истиот учествуваа 56 екипи со 220 нат­ преварувачи од повеќе кошаркарски клубови од Скопје. Натпреварите се одиграа во три старосни групи, и тоа: прва група – натпреварувачи родени 1995/1996/1997 година, втора група – натпреварува­ чи родени 1998/1999 година и третата група – натпре­ варувачи родени 2000/2001/2002 година и помлади. Турнирот се одигра во два дела и тоа од 9 до 12 часот, и од 19 до 23.30 часот. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, по завршува­ њето на стритбол­турнирот ги врачи наградите, пе­ харите и пофалниците на најдобрите и тоа: Во првата група – натпреварувачи родени 1995/1996/1997 Прво место – Плеј мејкери Второ место – Ко Хорс (Карпош Соколи) Трето место – Најк („Карпош Соколи“)

Во втората група – натпреварувачи родени 1998/1999 година Прво место – Трудни врапчи (Карпош Соколи) Второ место – Академија басекет Трето место – ФМП Во третата категорија – натпреварувачи родени 2000/2001/2002 година Прво место – ЕФП Второ место – Шкорпиони (Карпош Соколи) Трето место – ФМП 2 За најперспективен играч на турнирот беше прогласен 12­годишниот Андреј Ивановски од еки­ пата на „Карпош Соколи“, инаку ученик во ООУ „Димо Хаџи Димов“, а за најдобар играч на турни­ рот беше прогласен 12­годишниот Андреј Тафчиов­ ски, од екипата на „Карпош Соколи“, исто така уче­ сник од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Покрај пехарите и медалите за победниците, организаторите за секој од учесниците обезбедија капче, маица и освежи­ телни пијалаци во текот на натпреварите.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


СПОРТОРАМА Писмо од Аљаска

ЛАВИНИ ГО БРАНЕА ДЕНАЛИ Драги наши пријатели од Општина Карпош, Благодарение на вашата поддршка пристигнавме на крајната дестинација Анкориџ на Аљаска, каде за прв пат го почувствувавме шест месечниот ден. Од последното населено место Тал­ китна, со мало авионче слетавме на гле­ черот во подножјето на планината. Сега наша задача е да се качиме на вр­ вот на Северна Америка, Денали 6.145 м. Понесени од возбудата на поларна­ та планина уште во првите пет дена сти­ гнавме на висинскиот камп кој се нао­ ѓа на 4.350 м. Обидите од камп 4 кон врвот завр­ шија на 5.200 м. Свесни поради опасно­ ста да продолжиме заради лошо време и силнен ветер, решивме да го овеко­ вечиме местото фотографирајќи се со општинското знаме. Момент кој ви ја посветуваме токму вам. Прогнозата не ветуваше добро вре­ ме поради што бевме приморани 11 дена во услови на ниски температури и снежни бури, да го чекаме и сонува­ ме прозорецот во невремето кој ќе ни го отвори патот до врвот. Условите стануваа се посериозни, силниот ветер, свежиот снег и непред­ видливите лавини почнаа со себе да но­ сат и човечки жртви. После цели 16 дена на планината од кои 11 над 4.300 м, заедно со многу дру­ ги тимови одлучивме да се повлечеме. Помислата дека нема да го допреме врвот на Аљаска, не растажи но, сепак, среќни заради сопствената безбедност, почнавме да се симнуваме кон Базниот камп на 2.200 м. Занчи, и покрај се, пла­ нираниот тренинг за идниот голем пот­ фат­Монтеверест, го реализиравме и убе­ дени сме дека идната пролет, на патот кон врвот на светот ќе имаме повеќе среќа. На патот кон дома, ја користиме мо­ жност уште еднаш да Ви се заблагодари­ ме на поддршката, без која ова искуство за нас ќе беше недостижно. Со почит, Илина и Илија

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Шах во училиштата

НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО ШАХОВСКИТЕ ЛИГИ Во последниот мајски викенд, во холот на ООУ „Јан Амос Коменски“,се одиграа последните три ко­ ла од шаховските лиги на Општина Карпош. Ста­ нува збор за јуниорската и кадетската шаховска лига по швајцарски модел, меѓу учениците – млади таленти и вљубениците во шахот. Во овие лиги уче­ ствуваа 90 деца од основните училишта во Општина Карпош. Учесниците во шаховските лиги, од секое учи­ лиште претставуваат репрезентација на истото, а секое училиште беше распоредено во две екипи и тоа, една екипа од прво до четврто одделение, и друга екипа, од петто до осмо одделение. Секоја екипа беше составена од четири плус еден натпреварувачи. Со шаховските лиги раководеа нашите интернацио­ нални мајстори Марјан Митков и Орце Данчевски, членови на шаховскиот клуб „Гамбит АСЕКО СЕЕ“.

По завршувањето на натпреварите, градоначал­ никот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски им ги врачи медалите и пехарите на победниците. Во јуниорска категорија: Бронзен медал ­ екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“; Сребрен медал­ екипата на ООУ „Лазо Трповски“; Златен медал­ екипата на ООУ „Владо Тасевски“. Во сениорска категорија: Бронзен медал ­ екипата на ООУ „Христијан Тодоровски­Карпош“; Сребрен медал­ екипата на ООУ „Војдан Чернодрински “. Златен медал ­ екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“. И.М.

Џудистите во Хамбург

ЗЛАТО ЗА БЛЕРИНА СЕФЕРИ Во периодот од 23 до 30 мај, џудистите од џудо клубот „Ипон„ од Општина Карпош, престојуваа во џудо кампот во Хамбург. Освен зеднички тренинзи со своите врсници од повеќе европски земји, нашите млади спортисти учествуваа и на престижниот тур­ нир, на кој 757 џудисти во машка и женска конку­ ренција, од 15 џудо клубови од Германија, Данска, Холандија, Норвешка, Русија, Србија, Шведска и од Република Македонија, ги одмерија силите. Нашите џудисти презентираа одлично џудо, што покажуваат и освоените трофеи. Имено, во катего­ ријата до 32 килограми, пионеркaта Арбреша Реџе­ пи се закити со бронзен медал, во категоријата до 44 килограми, Блерина Сефери го освои златниот медал, и во категорија до 48 килограми, Амра Феј­ зила го освои сребрениот медал. Девојките беа од­ лични, докажаа дека се рамноправни со своите врс­ нички од Европа и дека полека но сигурно чекорат кон целта, кон идните големи светски натпрева­ рувања.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ Тапкањето по грб оддалечено е само неколку сантиметри од шут во задникот. М. Таскин Штом некоја култура се раширува станува се потенка. С.Е. Химан Единствено трите следни работи му се верни на човекот: пари, пес и стара жена. Ј. Пардо

Цртан филм Новинар го запрашал Волт Дизни (1901-1966) дали сам ги прави цртежите за своите филмови. - Не, тоа го работи уметник- одговорил Дизни. - Ги пишувате ли сценаријата? - Не, нив ги пишуваат сценаристи. - А компонирате ли музика? - Не, музиката ја пишува композитор. - Па што тогаш работите Вие? - Јас правам цртани филмови Летово жена ми на одмор ќе ја пратам во нудистички камп. - Зошто, кога знам дека си љубоморен како пес? - Затоа што секое утро вели дека нема што да облече.

Клучни елементи на секој проект се: 1. воодушевување, 2. разочарување, 3. збрка, 4. барање виновник, 5. казнување на невини и 6. оддавање признание на оние кои со проектот немаат никаква врска.

Ако јадењето го зачиниш со љубов, тоа ќе го задоволи сечие непце

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 17 • ЈУНИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Подготвил: М. Раденковиќ

Жените се делат на вдовици и на оние кои работат во таа насока


Делегација од Општина Карпош во работна посета на Општина Куманово

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА НА УСПЕШНИТЕ Со цел да се продлабочи меѓуопштинската сора­ ботка со општините слични по развој, и да се разме­ нат искуства од функционирањето на локалните са­ моуправи, Општина Карпош иницираше средби со не­колку општини во државата. Првата средба беше остварена со Куманово, нај­ големата општина во Македонија. Делегација на Општина Карпош, предводена од Градоначалникот Стевчо Јакимовски, оствари работни состаноци со градоначалникот Зоран Дамјановски и со раководи­ телите на секторите и одделенијата во општинската администрација. Делегациите разменија искуства во областа на урбанизмот, легализација на бесправно изграде­ ните објекти, информатичката технологија, локал­ ниот економски развој, функционирањето на ин­ спек­циските служби и проблемите со кои се соочу­ ваат, уредување на градежно зем­јиште и комунал­ ните работи и енергетска ефи­касност. Карпош од Куманово ќе црпи искуства за гаси­ фика­ција, со оглед на тоа што оваа општина е лидер во државата во оваа област, со веќе гасифи­цирани 12 јавни објекти, а од есен ќе започе гасификацијата и на приватни објекти.

Општина Куманово пак, ќе ги искористи искус­ твата на Карпош во користењето на придобивките од ИТ технологијата во поедноставувањето на по­ стапките во урбанизмот, како и во побрзиот и по­ лесен пристап во поднесување на барања од страна на граѓаните. Во следниот период Општина Карпош ќе ги по­ сети општините Битола, Гостивар и Струмица. С. М.



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.