Карпош Урбан бр.19

Page 1

Весник на локалната самоуправа август 2012 • бр. 19 • година 4

ЖЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


окус Ние сакаме да им помогнеме на семејствата со низок стандард и едновремено, сиромашните ученици да ги ослободиме од можните објективни понижувања

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

Бесплатни ужинки и екскурзии за сите ученици  Школската година е на прагот. Дали на време ќе бидат завршени реконструциите на училиштата? Да, нема да има никакви проблеми, но она што сакам повторно да го истакнам, дека ние немаме никаква законска обврска за нивното одржување. Но како што е познато сите училиштата на територијата на Општина Карпош се градени пред или по земјотресот, дотраени се и не ги исполнуваат потребните стандарди, неопходни за изведување квалитетна настава. Токму од тие причини, локалната самоуправа приоритет даде на реконструкцијата на училиштата. За таа цел, од буџетот издвоивме два милиони евра и се надеваме дека наскоро сите училишта ќе бидат стокмени според европски стандарди. Впрочем, во нашата општина веќе постојат три приватни странски училишта, а има интерес и за отворање нови.  Лично сте посебно фокусирани во подигањето на стандардите во сферата на образованието. Ако реконструкциите се приоритет, што е следното? Да, лично сум заинтересиран во училиштата во нашата општина да се создадат, час поскоро, сите услови според европските стандарди, пред се да имаме паралелки со 25 ученици, да имаме опрема и учебни помагала за реализирање на новиот концепт на образованието што го воведуваме.  Освен со подновени училишта, со какви други новини ќе ги пречекате учениците во новата учебна година? Со посебно задоволство сакам да истакнам дека од оваа учебна година Општина Карпош целосно ќе ги финансира ужинките и екскурзиите за сите ученици од сите училишта на територијата на нашата Општина. Средства за таа намена ќе бидат издвоени од буџетот и на тој начин, така да се изразам, ќе го санираме буџетот на родителите на нашите ученици.  Што Ве поттикна на ваков убав, би рекол благороден гест? Знаејќи во какви времиња живееме, а живееме во длабока сиромаштија, повеќето од родителите не се во состојба да се справат со издатоците за школување на своите деца. Замислете родители кои имаат ниски примања или немаат редовни примања, а школуваат ученици. Токму заради тоа, ние сакаме да им помогнеме на семејствата со низок стандард и едновремено, сиромашните ученици да ги ослободиме од можните објективни понижувања. Таквите повеќе нема да бидат понижувани, кога се во прашање ужинките и екскурзиите. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа август 2012 • бр. 19 • година 4

ЖЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО

Издава Општина Карпош

ВЕТЕНО СТОРЕНО НОВ ВОДОВОД ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ВЛАЕ

...................................................... 9

ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет

СОРАБОТКА ОПШТИНА КАРПОШ И ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА - ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПОЕФИКАСНИ ДОМОВИ

..................................................... 17

Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски

ИНТЕРВЈУ

Главен и одговорен уредник

Владимир Богоевски, спортски директор на МОК

Виолета Цветковска Уредник Миле Раденковиќ Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова Технички уредник Зоран М. Гулевски

КРИК НА „НЕБЕСКИОТ СМЕЧЕР„

..................................................... 18

НАЈ ВО КАРПОШ... Средба со Тамара Ѓурчиновска, сопственичка на Студиото „Арт Балет„ ДА ТАНЦУВАМЕ И ДА СЕ РАДУВАМЕ

......................................................2 0

Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска

КОНКУРСИ

Фотографија

СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ

Ива Манова М. Раденковиќ

4

...................................................... 33


ВЕТЕНО СТОРЕНО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА - ВО НОВИ РЕНОВИРАНИ УЧИЛИШТА Учениците од шест основни училишта од Општина Карпош „Братство„, „Владо Тасевски„, „Христијан Тодоровски Карпош“,„Вера ЦиривириТрена“, „Аврам Писевски“и „Војдан Чернодрински“ новата учебна година ќе ја почнат во комплетно реновирани објекти. Општина Карпош, со парите од продажбата на општинската зграда, ги привршува темелните реконструкции на училишните згради, така што, децата од Карпош ќе влезат во нови, современи простории, чисти тоалети, еколошки и термички изолирани фасади и покриви, во училишта според европски терк. -Во „Братство“, како што вели Живко Груевски, советник во Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи, од темел се изврши уривање на стариот објект, се изѕида нов и се пристапи кон изградба на нови внатрешни и надворешни ѕи-

OУ „Братство“

OУ „Аврам Писевски“ дови, подови и поставување нова покривна конструкција. За покривот и фасадата се поставени сите потребни термички изолации, согласно Правилникот за енергетска ефикасност. Изведувач на работите на ова училиште е „Аполо-инженеринг“. -Во ООУ „Вера Циривири Трена“ се работи на изградба на фасадата со употреба на термоизолациски материјали, се врши замена на покривот со пластифицирана ламарина, а внатрешната реконструкција се однесува на промена на вратите, електричната и компјутерската изолација, обнова на подовите и ѕидовите. Изведувач на работите се фирмите „Југотехника“, фасадата е на „Конструктор“, а внатрешноста ја прави „АЛКОН проект“.

OУ „Христијан Тодоровски Карпош“

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


OУ „Вера Циривири Трена“

-Во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ се врши целосна реконструкција на ентериерот и на фасадата со термоизолациски материјали. И таму се менува електричната и компјутерската изолација, се врши замена на подовите, вратите, се постави видео надзор и хидрантска мрежа за противпожарна заштита. Изведувач на работите е „АЛКОН Проект“. -Во ООУ „Владо Тасевски“ се работи на замена на покривната конструкција и реконструкција на фасадата со вградување на термоизолациски материјали. Во внатрешната санација се опфатени замена на вентилите на грејните тела-радијаторите, се поставуваат преградни ѕидови и се чистат инсталациите.

OУ „Владо Тасевски“ Изведувач на работите е „Форма“ од Струмица. -Покривот и фасадата се менуваат и во ООУ „Војдан Чернодрински“ со термоизолација, се градат преградни ѕидови, а се изведува и нова електрична и компјутерска инсталација. Изведувач на работите е „Изградбакомерц“. -Во ООУ „Аврам Писевски„ од Бардовци се менува покривот со нов од ПВЦ ламарина, како и фасадата со вградување на термоизолациски материјали. Покривот го изведуваше фирмата „Југотехника„ а фасадата –„Конструктор“. В. Ц. OУ „Војдан Чернодрински“

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


НОВИ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, РАБНИЦИ, ТРОТОАРИ... Во изминатиот месец на територијата на Општина Карпош се работеше на триесеттина инфраструктурни објекти, при што, се асфалтираа улици, се градеа нови паркиралишта, нови тротоари, се поставуваа рабници...

Реконструкција на тротоари на ул. „Кленоец“ со краци Изведувач: Форма Струмица

Реконструкција на тротоари на ул. „Бранислав Нушиќ“ Изведувач: Еуроинвест инженеринг

Реконструкција на тротоари на ул. „Његошева“ крак 2 и крак 3 - Изведувач: ИГМ Вратница

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


Реконструкција на тротоари на ул. „Осло“ - Изведувач: ИГМ Вратница

Асфалтирање на ул. „Пелистерска“ - Изведувач: Да - бо

Изградба на паркинг со 40 паркинг места на ул. „Разловечко востание“ - Изведувач: Еуроинвест инженеринг

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Асфалтирање на ул. „Разловечко востание“ - Изведувач: Пелагонија инженеринг


НОВ ВОДОВОД ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ВЛАЕ Општина Карпош стартува со уште еден капиталeн проект на својата територија- изградба на водовод за поквалитетно снабдување на вода на над 4.000 жителите од индивидуални и колективни згради во населбите Влае 2 и Порта Влае. Kако што изјави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, станува збор за изградба на нова водоводна траса во должина од 1.500 метри со пречник на водоводните цевки од фи-250мм, кои ќе бидат поставени на потегот од мостот Обединети нации, по Кејот на Вардар, преку Влае 2 до улицата Адолф Циборовски, и во продолжение, со цевки фи-200 мм каде што трасата ќе оди паралелно со улицата Адолф Циборовски, до станбено деловниот комплекс Порта Влае. Во овој дел, рече Јакимовски пред 35 години беа изградени мали бараки со по 35 квадратни метри, а денес се големи семејни објекти со над 300 квадрати површина. Згора на тоа има изградени и згради за колективно домување, така што на жителите од овој дел на Карпош, значително им е отежнато водоснабдувањето, посебно во летните месеци. Со овој крупен инфраструктурен зафат, кој вреди околу 17 милиони денари, конечно ќе им се реши проблемот на граѓаните од Влае 2 и Порта Влае, изјави градоначалникот на Карпош. Претходно, Општина Карпош им го подобри водоснабдувањето и на дел од жителите во Нерези. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ПЛАТОТО ПРЕД ПЕДАГОШКА-СО НОВ, ОСВЕЖЕН ЛИК Во рамки на проектот за реконструкција и изградба на нови плоштади, Општина Карпош почна со реконструкција и на постојното плато кај Педагошки факултет. Поради добрата состојба на постојната бетонска подлога, при реконструкцијата на овој плоштад пристапот во неговото уредување е поинаков. Се предвидува освежување на една запоставена урбана целина и ново архитектонско решение кое ќе претставува нов креативен визуелен концепт. Се предвидува нова колоритна подлога во декоративна боја за бетон отпорна на атмосферски влијанија во три нијанси на површина од 1300 м2, санација на оштетените скалила на четирите пристапи на платото со гранитни плочки и изградба на четири пристапни рампи. Освен тоа, ќе се изврши и санација и моле-

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

рисување на парапетните ѕидови со еколошка боја и декоративен мермерен акрилен малтер, исто така отпорни на атмосферски влијанија. Околу 155 м2 зелена тревна површина, ќе биде „покриена“ со системи за наводнување капка по капка, ќе има и 2.000 цветни садници и обновени жардиниери, а ќе се постави и 200м2 покривна тенда која ќе создаде пријатна сенка во летните денови. Ќе се изврши и реконструкција на детско игралиште на површина од 200м2, и ќе бидат поставени 35 клупи од кои две т.н релаксирачки клупи, 20 кошници за отпадоци и 20 локери за велосипеди како дел од урбаната опрема. Креативен тим на Општина Карпош


ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТ НА ПЛАТОТО ВО КАРПОШ 3 Општината Карпош, по барање на граѓаните започна со реконструкција и на веќе постојниот парк – плоштад во УЗ Карпош 3, со цел да се збогатат урбаните простори во градот и да се вратат вредностите на урбаното живеење.,Платото се простира помеѓу две фрекфентни улици и тоа помеѓу ул. “Никола Русински” и ул. “Карпошево Востание”, спроти маркетот “Тинекс” и претставува мало интимно катче кое е во функција на граѓаните од околните згради и како такво треба да ја зачува својата интимност. Просторот со својот хортикултурен капацитет има свои квалитети кој константно се користи и дење и ноќе. Реконструкцијата се однесува на реоформување, со проширување и уредување на сегашното оштетено поплочување од павер елементи. Партерот кој е формиран во различни годишни периоди и е во руинирана состојба, ќе добие нов едноставен современ минималистички дизајн со вградување на нови павер елементи во комбинација на две пастелни нијанси. Главната пристапна патека која поминува низ плоштадот и ги обединува двете улици е со неправилна форма и по нејзината должина од двете страни е облагородена со бела декоративна ризла. Постојната урбана опрема ја менуваме со нови и побогати содржини, ќе се постават повеќе клупи, кошници за отпадоци како и локери за велосипеди. Според нашите анализи, на плоштадот треба да се постави и ново детско игралиште со модерни реквизити кое ќе биде покриено со покривна хиперболична платнена тенда што ќе овозможи пријатна сенка на површината на која ќе се анимираат најмладите. Поставуваме и комплетно нова електрична мрежа во која ќе бидат инсталирани нови елекетрични столбови со префинет дизајн и одличен квалитет кои, покрај партерот, ќе ги осветлуваат и тревните површини кои комплетно ќе бидат обновени и на кои ќе бидат вградени системи за автоматско полевање. Во паркот има фонтана која со години наназад не е во функција и е неупотреблива, поради што е потребно нејзино заживување. За таа цел ќе се изврши нејзино проширување за 3.5м што значи дека нејзината новопроектирана димензија ќе биде 10.60/8м (85м2). Коритото е со длабочина од 80см и истото ќе се затвори со партерна армирано бетонска плоча поплочена со гранитни плочки, со што, новопроектираната фонтана ќе биде на ниво на теренот збогатена со партерни распрскувачи - дизни. Фонтаната, покрај длабоките сенки од дрвјата, ќе овозможи разладување во летните денови и ќе го освежува просторот.

Дизните се специјално наменети за бетонски фонтани и се едноставни за одржување, се состојат од статична прскалка и еден пар на светла на пригоден модул, комплетот обезбедува различни опции на распрскување. На партерната плоча ќе има 16 слотови со украсни решетки кои овозможуваат дренажа и безбедност, a истo така обезбедуваат вертикален млаз на вода. Млазниците ќе бидат проследени со игра на светло во 2-3 нијасни. Архитектонското решение во кое имплементираме 30-тина нови клупи, нов безжичен интернет и ново детско игралиште ќе овозможи пријатен простор за социјализација и релаксација на грaѓаните од сите старосни структури. Креативен тим на Општина Карпош

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ГРАДЕА ВО ТЕКОТ НА АВГУСТ Р. број

12

Назив

Фирма

1

Реконструкција на тротоари на дел од ул. Бранислав Нушиќ

2

Реконструкција на тротоари на ул. Осло

3

Реконструкција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3

4

Изградба на пешачка патека од Германска амбасада до ул. 4

ДА БО

5

Реконструкција на крак од ул. Козле десно од црквата

Планум

6

Реконструкција на крак од ул. Козле (после мостот лево пред црквата)

Планум

7

Реконструкција - изградба на пешачка патека во УЗ Пецо Божиновски Кочо

Планум

8

Реконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 13

Пелагонија инженеринг

9

Реконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 15

Пелагонија инженеринг

10

Реконструкција - асфалтирање на крак од ул. Ловќенска 9

Пелагонија инженеринг

11

Реконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 11

Пелагонија инженеринг

12

Реконструкција - асфалтирање на ул. Крчин

Гранит

13

Реконструкција - асфалтирање на ул. Пијанец

Гранит

14

Реконструкција - асфалтирање на ул. Стрезово

Гранит

15

Реконструкција - асфалтирање на ул. Милан Марковиќ

Бетон АД Скопје

16

Реконструкција на тротоари на ул. Кленоец со краци

Форма Струмица

17

Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци

Форма Струмица

18

Изградба на дел од ул. Ловќенска 9

Бауер БГ

19

Реконструкција на плато Карпош 3

Сандра инженеринг

20

Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски

Енергомонт

21

Реконструкција на улица Разловечко востание-Карпош 4

Пелагонија инжинеринг

22

Реконструкција на улица Невеска-Карпош 4

Пелагонија инжинеринг

23

Реконструкција на улица Воденска-Карпош 4

Пелагонија инжинеринг

24

Реконструкција на тротоари на улица Воденска

Анизор

25

Изградба на паркинг простор на улица Воденска

Чингар Инжинеринг

26

Изградба на две паркиралишта на улица Козле 2 (кај Амбулантата)

Да-бо

27

Асфалтирање на улица Пелистерска

Да-бо

28

Асфалтирање на улица Огражден

Да-бо

29

Асфалтирање на улиза Kозле 2 (изградба на потпорни ѕуидови, тротоари и осветлување)

Да-бо

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Еуроинвест инг ф. Карпош ИГМ Вратница


НОВА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ По извршените анализи и истражувања, Kреативниот тим на Општина Карпош донесе одлука за промена и збогатување на количеството на урбаната опрема со која треба да се задоволат потребите на граѓаните од оваа општина. Дизајнирани се клупи, локери за велосипеди, пепелници за надворешна употреба и жардиниери за цветни насади. Покрај примарната цел која се однесува на потребите и функционалноста, особено внимание е посветено на естетскиот аспект, кој покрај рафини-

Пепелник за надворешна употреба

раноста, содржи и современ архитектонски израз во формата и обликувањето на овие елемнти од урбаната опрема. Дел од нив се веќе реализирани, а дел се во изработка и ќе бидат поставени оваа сезона на плоштадите кои годинава се реконструираат и се градат кај Млечен ресторан, платото кај Педагошка, Карпош 3 и Влае. Автори на овие проекти се архитектите Игор Василевски и Вангел Караиванов.

Кошници за отпадоци

Нови естетски клупи во Карпош

Држачи за велосипеди

Жардиниери кај Млечен ресторан

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ВЕСТИ Фолклорното студио „Етнос„

НАГРАДА ЗА НОВОСОЗДАДЕНА НАРОДНА НОСИЈА Vo ramkite na festivalot „Ilindenski denovi“ koj se odr`a vo Bitola, настапија и членовите на Folklornoтос сtudio „Etnos“. Тie учествуваа i na seminarot za tradicionalno peeњe i igraњe, на кој predavaa profesori po etnokoreologija i narodno peeње, и добија сертификат, неопходeн за непречено работење на „Етнос“. Информирајќи не за тоа, госпоѓата Тодорка Накова се пофали со добиеното признание.. - Vo ramkite na Festivalot uчestvuvavme и vo veчerta na gradski igri kade se pretstavivme so tetovski igri i pesni, vo nosija «ala turka~, za koja dobivme nagrada za najdobra novosozdadena narodna nosija.

СВЕТСКИ АКВАРЕЛИСТИ ВО КАРПОШ Општина Карпош е организатор на Третиот меѓународен симпозиум на сликари акварелисти и по тој повод, за учесниците, во просториите на Општина Карпош градоначалникот Јакимовски приреди пригоден прием. Симпозиумот ќе трае од 20 до 30 август а на него ќе учествуваат 20-тина светски познати ликовни уметници кои сликаат во акварел техника. Интересно е дека делата што ќе бидат создадени, на крајот од симпозиумот ќе бидат презентирани на посебна изложба во рамките на Карпошовото културно лето 2012. Од нашата земја ќе творат: Глигор Чемерски, Илија Кавкалески, Павле Кузмановски, Данчо Ор-

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

дев, Симонида Филипова Китановска, Решат Ахмети, Атанас Атанасовски, Анета Ивановска Симјановска, Пандора Апостолска Саздовска, Милан Андов, Гоце Илиевски и Таки Павловски, а од странство Клеменс Беунгкун Соу од Кореа, Клавдија Марушиќ од Словенија, Франческо Матера од Италија, Елиза Корсини од Италија, Зоран Круљ од Србија, Андреа Верделаго од Италија. На симпозиумот е предвидено да се слика исклучиво во акварел техника, да се дебатира за акварелот и да се разменат искуства меѓу ликовните уметници од разни краишта на светот. Тие на 28 август ќе бидат учесници и на целодневен ликовен хепенинг на платото во ТЦ Карпош 3 (Лептокарија), каде на 29 август, среда, во рамките на Карпошовото културно лето ќе бидат изложени нивните дела на посебна изложба создадени во рамките на овој Симпозиум. В.Ц.


КУЛТУРНО ЛЕТО ЕТНОСТАРТ НА „КУЛТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 2012 “ Амфитеатарот на кејот на Вардар во населбата Карпош 4, беше претесен за да ја собере двеилјадната публика на концертот на популарната српска пејачка Биља Крстиќ со кој официјално беше отворено јубилејното „Културно лето Карпош 2012“. Со етнозвуците на „Бистрик бенд“ и прекрасната интерпретација на Биља Крстиќ, жителите на Карпош и сите вљубеници во народната музика, имаа можност да ужуваат во нејзиниот богат репертоар и автентична изведба на македонски, бугарски, српски, романски песни, како и песни од другите балкански народи. Двочасовниот концерт помина во неповторлив летен музички амбиент, а на крајот од овој музички настан, градоначалникот Стевчо Јакимовски ги повика сите присутни и почитувачи на културата да се дружат во наредните 20 дена со уметниците, гости на петтото по ред „Културно лето Карпош“.

Биља Крстиќ и „Бистрик бенд„

Група „Памперс„

Бумбарот Брмко и пчеличките

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ПРОЕКТИ ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ДЕПОНИИ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ Со учеството на Општина Карпош во Програмата која ја спроведува Агенцијата за вработување на Република Македонија, општината ангажираше вкупно 28 работници, финансиски поддржани од Агенцијата за вработување и пет работници финансирани од Буџетот на Општина Карпош. Во секоја месна заедница распоредени се по двајца работници, кои заедно со предходните лица кои Општина Карпош веќе ги има ангажирано, ќе бидат одговорни за одржување на хигиената пред станбените улици и паркови. Останатите пет лица се распоредни за наводнување на тревните површини во парковите во сите месни заедници. А.Т.

ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ГРЕАТ НА ГАС Јавното претпријатие КАРГАС во Општина Карпош ја започна анкетата на жителите и стопанските субјекти од територијата на Општината за заинтересираноста за користење на можностите на алтернативни системи за греење кои ќе ги нуди ова јавно претпријатие. Анкетата ќе се спроведува на 22000 испитаници во периодот од 20-ти август до 30-ти септември 2012 год. Од обработените податоци ќе се постави планот и динамиката на работа на јавното претпријатие, ќе се изработат проектите за изведба на секундарна мрежа и редоследот на поставување до целосно покривање на територијата на општината. Анкетата треба да даде одговор и за тоа во која форма на користење на гасот постои поголем интерес. Директно користење на гас со гасна мрежа во објектот, грејни тела и бојлери на гас. Ова е посебно интересно за индустриските капацитети и новите објекти за колективно и индивидуално домување и би била прва реална практика во Република Македонија. Изградба на котелски постројки на гас, кои на излезот би давале топла вода која ќе ги користи ве-

НОВИ ОБУКИ ЗА “САМ СВОЈ ГАЗДА” Во септември, Општина Карпош продолжува со реализација на обуките наменети за млади лица за отпочнување на сопствен бизнис. Овие обуки траат 2 дена (викенди) на кои се обработуваат теми како: - Генерирање, разработка и опис на бизнис идеjа; - Подготовка на детален бизнис план и негово комуницирање со потенцијалните инвеститори; - Успешно спроведување на бизнис планот преку изучување на посебни модули за најважните работи за водење на бизнис, како што се: претприемништво, менаџмент, маркетинг, финансии, човечки ресурси и др. Досега, над 40 лица успешно ги поминаа обуките и се здобија со сертификат за подготовка на бизнис план. За следниот циклус обуки, којшто ќе се одржи во септември и октомври, сите заинтересирани лица можат да пополнат апликација за учество во обуката во Општина Карпош во барака 3, соба 5. А.Т.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ќе инсталираните радијаторски системи во објектите. Јавното претпријатие ќе ја понуди можноста и за испорака на топла вода преку сопствени когенеративни постројки кои исто така произведуваат електрична енергија што би се користела во објектите во надлежност на општината (основни училишта, градинки и сл.) Очекуваме граѓаните најсериозно да ги разгледаат опциите дадени во анкетата и со тоа да ја потврдат заложбата за поекономично, еколошки почисто и економски поисплатливо греење на животниот и работниот простор. Љупчо Димов


СОРАБОТКА ОПШТИНА КАРПОШ И ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА - ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПОЕФИКАСНИ ДОМОВИ Градоначалникот Стевчо Јакимовски и извршниот директор на здружението за хумано домување Хабитат Македонија, потпишаа Меморандум за продлабочување на меѓусебната соработка. Нашата Општина заедно со општините Куманово, Тетово, Велес, Прилеп, Струга и Струмица, влегува во проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот домување во Македонија. Ние, и досега соработувавме со Општина Карпош на зголемување на енергетската ефикасност преку обновата на фасадите на колективните станбени згради и други проекти, но сега ја збогатуваме соработката со нов проект, рече Костов. Тој во Општината ќе трае година и пол, односно до април 2014 година и треба да го подигне капацитетот на

Вклучувањето во овој проект, за нас е еден квалитет повеќе, и наша обврска е освен издавањето на документацијата, да ја поврземе Хабитат Македонија со сите институции, училишта, универзитети, центрите за вработувања во општината, месните заедници, да им безбедиме услови за спроведување обуки како и простор за други активности поврзани за Проектот. Проектот претставува тригодишна иницијатива за подобрување на резиденцијалната енергетска ефикасност во седум општини во Македонија и подигнување на јавната свест за значењето на енергетската ефикасност како и за потенцијалот што го има за создавање на нови работни места и бизнис можности.

станбените заедници, како и да ја подигне јавната свест за енергетска ефикасност, преку имплементација на четири компоненти од заедничкиот проект што го имаме со УСАИД. -Општина Карпош, нагласи градоначалникот Јакимовски, во 2010 беше прогласена за енергетски најефикасна општина во државата, донесе и Правилник за енергетска ефикасност, што значи дека ниту еден објект не може да се изгради доколку не се почитуваат пропишаните мерките, за кои ние даваме одобренија и севкупните потребни документи.

Проектните активности се групирани во четири компоненти преку кои ќе се работи на подобрување на енергетската ефикасност на колективните станбени објекти, зголемување на капацитетите на станарите и заедниците на сопственици за управување и одржување на станбените објекти, поттикнување на инвестиции, претприемништво и создавање на нови работни места и подигнување на јавната свест за резиденцијалната енергетска ефикасност. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ИНТЕРВЈУ Владимир Богоевски, спортски директор на МОК

КРИК НА „НЕБЕСКИОТ СМЕЧЕР„

Нигде не сум ангажиран. Никој не ме вика ниту е заинтересиран за моите услуги во одбојката. Но, да не бидам разбран погрешно. Јас своевремено на спортските институции им понудив детална програма за работа во одбојката но, за тоа немаше никаков интерес Кога ги напуштивме просториите на Македонскиот олимписки комитет, по едночасовниот разго вор со неговиот спортски директор Владимир Богоевски, имав чувство дека се враќам од товарење чакал. На разговорот заминав со намера на нашите помлади читатели одново да им претставам еден Карпошовец кој некогаш беше најдобар светски одбојкар и долгогодишен капитен на југословенската репрезентација, сега втор човек на МОК. Наместо тоа, муабетот со спортската легенда забега во насока во која „небескиот смечер„ редеше аргументи за своето разочарување од спортското сивило во неговата Македонија. Подоцна сфатив дека првите две прашања „носат„ вина за текот и „бојата„ на нашиот разговор. Како и да е, одговорите на г. Богоевски беа искрени и сигурно се опомена и апел до повиканите на спортот да му обрнат должно внимание.

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

 Господин Богоевски, какви се импресиите од Олимпијадата во Лондон, од која туку што се вративте? - Импресивни. Можеби, претходните во Пекинг беа поспектакуларни, заради церемониите на отворањето и затворањето на игрите, но овие во Лондон беа беспрекорни во секој поглед. Впрочем, круната на овој најголем спортски собир во светот се постигнатите олимписки и светски рекорди.  Околу настапот на македонските спортисти, речиси се е познато, но дали вие направивте анализа за тоа, што е, вообичаена практика? - Ние не направивме никаква анализа, за такво нешто и нема потреба бидејќи, како што реков во очи на Олимпијадата, ние анализа можеме да направиме пред заминување на игрите и при тоа ништо да не згрешиме и да не загубиме...


 Не ли е апсурден ваков одговор на спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, ако се има предвид дека токму МОК има одговорност за вакво или такво претставување на нашата држава на најзначајниот светски спортски настан? - Не е апсурден, бидејќи поинаков не може да биде со оглед на нашето учество на Олимпијадите во последниве дваесет години. Освен тоа, само оние кои не се упатени во обврските на МОК можат да кажат дека за катастрофалниот настап на македонските спортисти на ОИ одговорноста е токму на МОК. Значи, треба да ви објаснам како стојат работите. МОК нема никакви ингеренции околу селекцијата и подготовките на спортисти кои ќе учествуваат на ОИ, освен кога Спортските федерации и сојузи тие не ги одредат со име и презиме. Ние избраните поединци спортисти и спортски екипи финансиски ги помагаме, се разбира според програмата која ќе ни ја достават. За ваша информација, пред овие ЛОИ беа избрани десет спортисти и ние парично ги помогнавме, со по 500 и 120 долари, со цел подобро да се подготват. Во момент кога ракометарите, кошаркарите и ватерполистите влегоа во квалификациски натпревари за обезбедување виза за ОИ, ние направивме додатни напори и за нив обезбедивме средства... Но, како што знаете, тие не успеаја и ние на Олимпијадата заминавме со четири спортисти кои не обезбедија олимписка норма туку таму заминаа со покана, односно добија вајлд карта. Двајца од нив беа стипендисти на МОК.  Сепак, не е можно МОК да нема ингеренции и влијание на составот на тимот кој Македонија ја преставува на Олимписките игри? - Можно е и така е. МОК има четири вработени и од државата не добива ниту денар и нема ингеренции да се меша во работата на спортските федерации. За да ви биде појасно за што зборувам ќе ви кажам дека наспроти нас, Олимпискиот комитет на Хрватска има годишен буџет од 27 милиони евра. А да не зборувам за објектите на олимписките комитети на Србија, Франција или Бразил, кои се сместени на ексклузивни локации и во чија работа се ангажирани некогашните врвни спортисти...  Г. Богоевски, колкав удел во таквиот игнорaнтски однос на државата кон МОК има тоа што неговиот претседател е Васил Тупурковски? - Не ми се верува дека игнорирањето на МОК има врска со Тупурковски. Тој е насекаде познат и влијателен, во што лично можев да се уверам како негов придружник. На г. Тупурковски му се отворени сите врати. Тој на пример со еден телефонски повик обезбеди бесплатен престој и тренинзи на нашиот пливач во Париз. На ист начин, ние нашиот кајакар, олимпиец го пративме во Австарлија, потоа во Литванија и во Словенија. Треба ли да ве потсетам дека токму

Тупурковски, преку Самаранч обезбеди, не еден милион евра, колку што бараше, туку два милиони евра за изградба на олимписки центар во Сарај и дека од тоа не се случи ништо, бидејќи државата не го даде земјиштето на кое требаше да се гради тој центар...  Со што, сте преокупирани освен обврските во МОК? - Со спортот. Тој е мојот живот и така ќе биде додека сум жив.  Дали некаде конкретно сте ангажирани во вашиот спорт, во одбојката? - Никаде не сум ангажиран. Никој не ме вика ниту е заинтересиран за моите услуги во одбојката. Но, да не бидам разбран погрешно. Јас, своевремено на спортските институции им понудив детална програма за работа во одбојката но, за тоа немаше никаков интерес. Јас навистина ги следам сите спортови, ако ме повикаат помагам колку што знам и можам, но не можам некому со сила да му се наметнувам.  На позиција сте која подразбира дека сте компетентен да дадете одговор на прашањето; што треба да се стори и чија е обврската за состојбите во спортот да не бидат на вака ниски гранки? - Што и да кажам ќе биде излишно, бидејќи и досега сум кажувал и не само јас туку и другите врвни спортисти и спортски работници но цели дваесет години ние тапкаме во место. Поединци и спортски федерации не можат ништо без државата.  Имате ли хоби, и со што сте зафатени кога не сте „спортски„ ангажирани? - Хоби ми е спортот, а сега сум во дилема што со син ми кој дипломира на престижен Универзитет

Учесници на ЛОИ во Лондон: Христина Ристеска, Кристиан Ефремов, Марко Блажевски и Симона Маринова во Чикаго (финансиски менаџмент), зборува шест јазика и без работа е. Еве, ве прашувам Вас, што да правам јас кој со години вложував во неговото школување, а тој сега треба да седи дома.... Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


НАЈ ВО КАРПОШ...

Средба со Тамара Ѓурчиновска, сопственичка на Студиото „Арт Балет„,

ДА ТАНЦУВАМЕ И ДА СЕ РАДУВАМЕ Среќна сум што работам со девојчиња, ученици од основните училишта во Карпош и што со нив , на нивните врсници им приредуваме убави мигови и ги поттикнуваме да ни се придружат, да играат и да му се радуваат на детството и на животот... … Имав само четири години кога за првпат се сретнав со нешто толку прекрасно и возвишено, волшебен спој на човек, движење и музика. Седната во удобното столче, изненадена од големината на сцената уредена како замок од бајките, потонав во звуците на прекрасната музика … и тогаш се појави ТАА, бев засенета од нејзината убавина, толку наликуваше на принцеза. Токму оваа импресија, поместена во службената биографија на Тамара Ѓурчиновска е потка на која веќе шест години се потпира Студиото „Арт Балет„, културно уметничка и образовна институција за почит. Средбата со Тамара, сега веќе мајка на Калин, за долу потпишаниот беше доживување и изненаду-

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

вање, бидејќи, и покрај се, нејзиното балетско училиште го нема одгласот што го заслужува во Карпош и пошироко. Самата таа вели дека е презадоволна бидејќи за нејзиното студио и малите балерини знаат оние што го следат и уживаат во уметничкото танцување. - По завршувањето на средното балетско училиште во Скопје, животните околности ме одведоа во Заечар (Србија), и јас таму го започнав она што сега, овде во Скопје е мојата животна преокупација. Искуството од Србија ми помогна, токму овде во родниот град, во Карпош да започнам да го остварувам својот сон, вели Тамара на почетокот од нашиот разговор. Нејзиниот сон сега е јаве на стотина девојчиња на возраст од четири до шеснаесет години кои, во Студиото „Арт Балетот„ ги прават првите балетски чекори движејќи се кон балетските сцени, трајно врежани во нивната детска меморија. - Навистина е така, бидејќи ако она што ќе не фасцинира како деца, со време стане и наша животна преокупација, ни гарантира задоволство бидејќи целосно и со љубов му се посветуваме цел живот. Јас ова го зборувам од лично искуство и среќна сум што пет од моите ученички трајно се определија за балет, а убедена сум дека по толку од секоја генерација ќе станат врвни балерини... Тамара е студент на првата генерација, на балетската танц-академија, при универзитетот ЕСРА во Скопје, во класата на професор Рисима Рисимкин и


вели дека е привилегирана бидејќи има можност да го усовршувам танцот, учејќи од најдобрите светски професори од Ротердам... - Навистина сакам комплетно да бидам едуцирана како би можела најмалите и младите во моето училиште да ги учам и научам да бидат врвни танцувачи. Мојата љубов кон децата е неизмерна и секогаш дозволувам и тие мене по нешто да ме научат. Најпрво сакам тие мене да ме прифатат како другар, а потоа како балетски педагог. Се трудам преку игра да ги упатувам во тајните на балетот. Нашето Студио се наоѓа во Карпош 4 на ули­цата „Никола Парапунов„ број 3 и целосно е опремено за учење балетска игра. Моментално во него членуваат 75 девојчиња а се надевам дека, за неколку де­ на, од септември тој број ќе се зголеми, бидејќи по нашата претстава „Лебедово езеро„ во МКЦ, двојно се зголеми интересот за нашето училиште. Зборувајќи за своето училиште, Тамара нагласува дека за неговиот несомнен имиџ се заслужни и нејзините соработнички; Даниела Спасовска, задолжена за шиење костими и асистентките Бојана Богиќевиќ и Кети Матеничарска, наша позната гимнастичарка. - Посебно сум горда на постигнатите резултати бидејќи Студиото егзистира со самофинансирање, што подразбира многу напор и одрекнувања, вели Тамара и додава: Во изминатите пет години имаме реализирано повеќе успешни проекти, балетски претстави за деца и преку нив јавно го демонстрираме она што го учиме и напорно го подготвуваме. Веднаш по првите настапи, најпрвин на приредбите во сите основни училишта во Карпош, на други јавни манифестации и интересот за нашето училиште се зголеми, а и поканите за настапи сега се дел од нашите активности. Танчерките од „Арт Балет„ беа редовни гости во телевизиските емисии. До неодамна имавме по еден настап месечно со сите групи каде што игравме класичен и модерен балет. Најзначајна за мене беше поканата што ја добивме да гостуваме и да наста­пиме на еден од најреномираните балетски кон­ цер­ти во Бугарија во Софија, на концертот “GRISH­ KO”. Нашето балетско студио е единственото од Македонија што досега било покането и настапило на оваа реномирана балетска манифестација. Тој настап беше доволна причина за да бидеме повторно поканети и да земеме учество на истиот концерт, но овојпат во “Музикалниот Театар”, втор по големина во Бугарија. Исто така, минатата година во градот Љасковец близу Велико Трново, бевме учесници на “Меѓународниот ден на танцот”... Во секој исказ на Тамара блика искрена радост, посебно кога зборува за своите „танцувачки„ почетоци во ОУ „Лазо Трповски„ и за поддршката што ја имала од своите наставници.

- Навистина, зборот среќна често го употребу­ вам, но преку него можам најлесно да го изразам сопственото чувство кога е во прашање танцувањето. Среќна сум што работам со девојчиња, ученици на сите основни училишта во Карпош и што со нив, со нивната игра и настапи, на нивните врсници им приредуваме убави мигови и ги поттикнуваме да ни се при­дружат, да играат и да му се радуваат на детство­то и на животот... Без оглед на тешките времиња, на беспарицата во сферата на културата, посебно во приватните проекти, нашата млада соговорничка целосно е свртена кон поубавото утре. - Бидејќи работам како балетски педагог, моја амбиција секогаш ќе биде градењето на една висококвалитетна и призната балетска институција, од која ќе произлезат образовани и талентирани мали балерини. Секогаш ќе се стремам тие еден ден да заста­- нат на големата балетска сцена. Се разбира, се надевам дека еден ден кон нас ќе се свртат и оние кои можат да помогнат таа амбиција да се оствари полесно и поуспешно. М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


НАШИ ГОСТИ Биљана Крстиќ и „Бистрик бенд„ на Карпошeво културно лето

ИЗРАСНАВ СО МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ Бев пријатно изненадена од поканата да гостуваме во Карпош и да настапиме на вашето Културно лето и без двоумење покaната ја прифативме, бидејќи јас ја сакам Македонија и уживам пеејќи ги македонските песни Биља Крстиќ и нејзиниот Бистрик бенд, на триилјадната публика и приредија вечер за паметење. Карпошово културно лето не можеше да има поубаво отворање и организаторот на истото, Општината Карпош, направи полн погодок ангажирајќи ги српските уметници, интерпретатори на етно музиката на балканските народи. Разговорот со нашата гостинка го водевме однога, непосредно пред концертот, кој треба да биде урнек за старт на секое идно културно лето во нашата Општина.  Се чини дека Македонија е незаобиколна дестинација во вашето уметничко творење? - Не само неодминлива туку и дестинација која со искрена радост ја посетуваме секогаш кога за тоа ќе ни се даде можност. Верувам дека ви е познато дека ние на нашиот репертоар имаме голем број македонски песни. Згора на тоа, доколку се искрени, Македонците секогаш не фалат велејќи дека убаво пееме македонски песни, што целосно се поклопува со нашата желба овде да доаѓаме почесто. Јас, инаку сум родена во Ниш, а тој мелос е близок на врањскиот, кој пак наликува на македонскиот, така што многу ми ја олеснува работата при пеењето на македонски песни. Да Ви кажам уште дека мојот вујко живееше во Куманово и тоа е уше еден елемент повеќе за спојот за кој зборуваме. Знаејќи има некоја генетска врска во тоа што јас ја сакам македонската музика и ги пејам македонските песни.  Кога за прв пат се сретнавте со македонската музика, или попрецизно, од кога ја носите во вашата меморија? - Уште од раното детство бидејќи во нашата куќа се пееја македонски песни. Татко ми ги сакаше Александар Сариевски и посебно Васка Илиева и онака, за своја душа, често ги потпевнуваше нивните песни. Во нашиот дом и подоцна се негуваше кул-

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

тот на Кирил Манчевски. Инаку, за време на постоењето на онаа убава Југославија, и во нашиот дом и воопшто, посебно се издвојуваше македонскиот мелос. Не можеше ни да се замисли репертоар на некој сериозен пејач без преубавите македонски песни.  На сите ваши албуми па и на последниот кој се вика Тарпош - а нашата општина се вика Карпош - застапени се песни на речиси сите балкански земји? - Не знам дали знаете дека Тарпош се викала капата што ја носеле девојките и жените од богати те семејства, се до почетокот на 19-от век, дека таа била од двете страни издолжена и украсена со бисери, седефи и златници. Наликувала на пеперутка и девојките, доколку од која било причина брзале, ги придржувале тие крилца за да не им летне капата. Токму под една таква капа ние ги сместивме бисерите на преубавиот балкански мелос, сакајќи на светот да му го покажеме музичкото наследство на балканските народи.  Кој ви помага во изборот на песните од балканските земји кои, се навистина изворни, преубави и би рекол бесмртни? - Знаете, јас студирав на Музичката академија во Белград и фолклор ни предаваше еден исклучи-


телен човек, етномузикологот професор, Драгослав Девиќ и јас тогаш посериозно се задлабочив во изворниот мелос. Со оглед дека и од дома носев ронка познавање не ми беше тешко целосно да му се посветам токму на тој изворен фолклор. Треба да го спомнам и професорот Миодраг Васиљевиќ, „Вук Караџиќ„ на балканската етномузикологија чие дело пресудно влијаеше на мојата определба со ова музика професионално да се занимавам. Имам пријатели и соработници кои ми сугерираат некоја од песните од седумте балкански земји.  Прилика е да ве запрашам за Вашето искуство во соработката со легендарниот Тоше Проевски? - Тоа е едно навистина неповторливо, прекрасно искуство и можам да кажам дека имав среќа да запознам еден исклучителен, млад и чувствителен човек, до Бога надарен и благороден во секој поглед.. Ни пред, ни потоа, немам сретнато почовечно суштество од него и, колку и да е субјективно, сметам дека тој беше неприкосновен во интерпретацијата на секој музички жанр. Јас имав привилегија да бидам блиску до него и да се огреам на неговата топла душа. Се разбира, со радост и често се сеќавам на него но тогаш сум навистина тажна и си го повторувам прашањето, до каде ќе стасаше да беше жив...  Дали и приватно, без „пејачки„ повод доаѓате во Македонија, во Охрид на пример? - За жал, приватно не сум била во Македонија, но овде имам многу пријатели и роднини, па и во Охрид. Со нив се среќавам кога одржуваме концерти, но тоа не е како кога без обврски ќе дојдат во некое убаво место, какви што има во Македонија. Јас, поради презафатеност само протрчувам низ тие убави места. А навистина сум презафатена, живеам 360 на час; работам со „Бистрик„, музички уредник сум во Радио Белград а водам и три работилници за етно музика на Коларчевиот универзитет... што е оптоварување за вака слабичка и нежна жена...  Кажете ми како дојде до соработка со Општината Карпош, ова ваше гостување во нашата општина? - Јас навистина бев пријатно изненадена од поканата да гостуваме во Карпош и да настапиме на

вашето Културно лето и без двоумење поканата ја прифативме, бидејќи, да повторам, јас ја сакам Македонија и уживам пеејќи ги македонските песни. Соработката ја остваривме преку „Баги комуникејшен„ која инаку ги организира нашите концерти во Македонија. Вчера, при средбата со вашиот градоначалник, господинот Јакимовски дознавме дека тоа била и негова желба и навистина се радувам што вечерва ќе настапам пред граѓаните на вашата Општина, пред моите драги Скопјани.

 На крај, и едно излитено прашање. Што ново ни подготвувате на нас љубителите на изворната народна музика? - Да ви кажам дека „Бистрик„ влезе во јубилejна година, дека имаме одржано и закажано многу концерти, дома и во странство и дека во октомври треба да промовираме два нови албуми. Тоа ќе се случи по нашето гостување во Индонезија каде ќе настапиме на светскиот џез фестивал. Ќе свириме во Џакарта и на Бали. По тие убави дестинации, без оглед на беспарицата, ќе направиме голема промоција на два големи албуми; „Акапела„, музички буквар за генерациите што доаѓаат, а на другиот албум ќе биде застапена музика слична на онаа со која ќе се претставиме пред вашата публика. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


ЧЕСТВУВАЊА Слободарски традиции

ВО ОДБРАНА НА СЛОБОДАРСКИОТ ДУХ Горд сум што во овој миг стојам пред првоборците од Народноослободителната војна, другарите Перо Ивановски Тиквар, д-р Трајче Грујовски и генералот Тодор Атанасовски, на место на кое пред 71 година беше формиран Првиот скопски партизански одред, кој беше никулецот во формирањето на другите партизански одреди,рече пртседателот на Општинскиот одбор на СЗБ Карпош, Наум Бурески, на свеченоста што по тој повод се одржа на 22 август. Одкако присутните борци, граѓани и млади на Општина Карпош ги запозна со борбениот пат на Одредот, спомнувајќи ги херојските акции на неговите припадници, другарот Бурески се осврна на актуелните негирања на придобивките од НОВ, потенцирајќи дека слободарскиот Карпош и целиот македонски народ нема да дозволат, да се валкаат вредностите што ги создаоа илјадници борци, во четиригодишната борба. На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој на почетокт рече: Денес славиме уште еден 22 август, голем историски ден за Карпош, за Скопје, за Македонија. Денот кога е формиран Првиот скопски партизански одред. На ова место, пред седумдесет и една година, група одважни млади луѓе, револуционери со напредна мисла и идеја, со пушка во рака го кажаа историското „нé“ на најголемата закана на 20тиот век растечкиот и агресивен фашизам, кој донесе големо зло, несреќа и милиони загубени животи ширум светот. Бескрајно сме им благодарни за тоа, продолжи Јакимовски, и можеме да им порачаме дека и денес во мир, подеднакво предано ги браниме нивните идеа-

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ли. И денес ние сме соочени со многу предизвици кои ја ставаат на проба нашата лојалност, нашиот историски континуитет, нашата чест и совест. Соочени сме со предизвици и искушенија како одвнатре, така и однадвор. некои сакаат да ја минимизираат нивната заслуга и улога во НОВ. Но, затоа сме денес, тука собрани сите ние со јасна мисла и недвосмислена порака: Нема да дозволиме никој да си поигрува со нашето минато, со нашиот слободарски дух, со нашето историско паметење. Чествувањето беше збогатено со културно-уметничка програма, во која со пригоден поетски рецитал и сплет од македонски ора настапија учениците од ОУ „Владо Тасевски„ и членовите на КУД „Етнос„ Живко Трајановски


ПРОЕКТИ ОПШТИНА КАРПОШ ЧЛЕНКА НА EHEDG Општина Kарпош е прва општина од Република Македонија што стана членка на Eвропската групација за хигиенско инженерство и дизајн – EHEDG (European Hygienic and Design Group).

Тоа е најголемата и најмоќната светска групација и мрежа во областа на прехранбената индустрија. Со други зборови, Општината Карпош денес е во друштво и е партнер не само со компаниите членки како: „Унилевер“, „Алфа Лавал“, „Крафт фудс“, „Сторк“, „Нестле“, „Кока Кола“, „Диверсеј“, „Тетрапак“ и други, туку и со претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, како и со владини организации за контрола на безбедноста и квалитетот на храната во ЕУ. Претседателот на Македонската регионална секција на EHEDG проф. д-р Владимир Какуринов оствари средба со градоначалникот Стевчо Јакимовски, на која присуствуваше и м-р Ирена Милевска, одговорно лице за контрола и безбедност на храната во предучилишните и училишните установи на територијата на општината. Во текот на разговорот, професорот Какуринов на градоначалникот Јакимовски му ги пренесе предностите и придобивките од членството во оваа светска организација. На средбата стана збор за активностите и придобивките кои може да ги има Општината, пред се, преку своите претставници да учествува во изработката на разни документи на EHEDG, да има пристап до сите публикации на EHEDG и можност за присуство на сите настани што ги организира EHEDG (конгреси, конференции, саеми, из-

ложби). На овој начин, Општината може да ги промовира своите активности од оваа област. Најважно е тоа што, Општината ќе им овозможи на своите компании директен контакт со многу важни личности од светски познати брендови од прехранбената индустрија со кои ќе можат да воспостават деловна соработка. Исто така Општината ќe има можност да привлече директни странски инвестиции, односно тие компании на својата територија. И на крајот, но не и помалку важно, ќе биде постојано во тек со најновите достигнувања во оваа област и ќе може да ги примени најновите стандарди за хигиенско инженерство и дизајн, како и за безбедност на храната не само во објектите каде што растат и се воспитуваат децата (градинките и училиштата), туку и во сите објекти од прехранбената индустрија. На тој начин ќе им обезбеди на своите граѓани снабдување со најквалитетна и безбедна храна. Ирена Милевска

КАРПОШ ДОМАЌИН НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА EHEDG Општината Карпош ќе биде домаќин на првата конференција за хигиенско инженерство и дизајн во Република Македонија, во организација на Македонската регионална секција на EHEDG. Конференцијата ќе се одржи на 9-ти октомври 2012 година во просториите на Општина Карпош. Специјален гостин и говорник на конференцијата ќе биде г. Хубертус Лелиевелд кој е и еден од основачите на EHEDG, како и основач и претседател на GHI (Global Harmonization Initiative) и поранешен претседател на Европската федерација за храна, наука и технологија – EFFoST (European Federation of Food Science and Technology). Тој лично ќе му ја врачи плакетата за членство на Општината Карпош во EHEDG на г. Стевчо Јакимовски. На средбата ќе присуствуваат многу компании за производство на храна, опрема за прехранбена индустрија, Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекциски органи од Република Македонија и регионот итн.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ТАЛЕНТИ МЕЃУ МАТЕМАТИКАТА И ПИЈАНОТО

Во Карпош има многу приказни за талентирани ученици, музичари, спортисти… Една од нив e за младиот Милан Самарџиски, дванаесетгодишно момче, ученик во седмо одделение во ООУ „Владо Тасевски“. Тој е подеднакво успешен и виртуоз како во математиката така и со пијаното. Ученик по пијано во класата на професор Емил Рибарски при ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј”, по сосема краток период на вежбање почнува, како талентиран музичар да учествува на домашни и меѓународни натпревари. Минатата година, во јуни го освојува првото место на натпреварот во Гевгелија, а по три дена заминува на меѓународен натпревар на млади и талентирани музичари во Приштина, кој вклучува натпревари во девет различни инструменти, каде што се натпреварува со деца од соседните држави и освојува второ место. Оваа го-

дина, пак, на истиот натпревар ги освојува сите можни 100 бодови. Благодарение на професорката по математика Силва Атанасова, но и со вродениот талент, Милан подеднакво успешно настапува и на натпревари во математика. Математиката го носи на регионални и републички натпревари уште од четврто одделение. Годинава на 5 мај го освои високото второ место на републичкиот натпревар за млади математичари, а има и 3 награди од регионалните натпревари. Вели дека вежба најмалку еден час дневно на пијаното, но пред натпревари поинтензивно. За најголем конкурент во пијаното го смета својот постар братучед. И кој вели дека музиката и математиката не одат рака под рака, заедно. Милан од „Владо Tасевски„ ни го потврди тоа. В.Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТОРАМА

Младите шахисти од Карпош

ВО ПРАГА ПО МЕДАЛИ Општина Карпош го финансираше настапот на четири деца, млади шахисти од подрачјето на Општина Карпош на Европско првенство во шах кое се

Специјализирана компанија за поморски транспорт на стока. Работиме на сите пристаништа: Солун, Пиреја, Бар, Дурес, Копер, Риека, Плоче, Вама и други, а исто така сме поврзани и со сите пристаништа во светот.

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

одржа од 16 до 26 август во Прага. Овие млади шахисти, се членови на шаховската школа на Карпош која се организира заедно со клубот “Гамбит АсекоСЕЕ. Децата кои ја претставуваа Република Македонија на Европското првенство во Прага, се: Ирена Чешмаџиевска (10 год.) од ООУ „Лазо Трповски“, Ивана Манова (12 години) од ООУ „Војадан Чернодрински“, Миле Костовски (10 години) од ООУ „Владо Тасевски“, Калина Трајановска (16 години) поранешен ученик во ООУ „Лазо Трповски“, како и Андреј Вељановски (8 години) и Никола Николовски (10 години) и двајцата од ООУ „Стив Наумов. Овие шахисти, како што изјави нивниот тренер, интернационалниот мајстор Марјан Митков, сите се прваци на Македонија во своите категории и си ги одмерија силите во 12-те категории на елитно првенство во Прага, на кое беа пријавени 1.185 млади шахисти од 6 до 18 годишна возраст од сите земји во Европа. В.Ц.


ЛИГАТА ВО ФУДБАЛ КРУНИСАНА СО ALL STAR МЕЧ На спортското игралиште „Сокол“ (ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) се одржа спортска пресметка на „најдобрите против најдобрите“ во годинашната лига во фудбал меѓу десетте основни училишта од територијата на Општина Карпош. Победа, со резултат од 4:1 остварија „сините“, предводена од наставникот Зоран Петровски. По завршувањето на натпреварите, претседателот на Комисијата за спорт на Општина Карпош, Давор Грче, им додели медали и пехари на најдобрите екипи. Првото место оваа година и припадна на екипата од ООУ „Војдан Чернодрински“, со второ место се закити екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“, а трети беа фудбалерите од ООУ „Аврам Писевски“. Покрај екипните награди, беа доделени и награди на најдобрите фудбалери. За најдобар играч беше прогласен Милан Ристевски – ООУ „Војдан Чернодрински“, најталентиран млад играч е Дарко Чурлинов – ООУ „Јан Амос Коменски“; најдобар стрелец е Никола Стојков – ООУ „Водан Черно-

дрински“; најдобар голман е Петар Папунчевски од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Освен пехарите и медалите, најдобрите поединци од Општина Карпош добиваат и парична награда од по 20.000 денари, како и по десет месечни стипендии по 4000 денари. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, заедно со Одделението за спорт во состав Димитар Бадев, Патрик Поповски, Дане Стојковски им ги честитаа заслужените награди на фудбалерите и им посакаа уште многу други во иднина. Д.Б

ЈУБИЛЕЕН МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР- СОКОЛ На 1 септември стартува петнаесетиот, јубилеен меморијален турнир во мал фудбал „Сокол 2012„. Традиционално, еден од најпопуларните спортски настани во Општината Карпош, ќе се одигра на игралиштето во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, и според најавите на организаторот, се оче-

кува во секој смисол да ги надмине досегашните приредби. Да потсетиме, овој меморијален турнир се организира во чест на Оливер Соколов – Сокол, еден од основачите и првите водачи на навивачката група „Комити“. Годинава, вкупниот награден фонд за најдобрите три екипи, за најфер-плеј екипа, за најдобриот играч, најдобриот голман, најдобриот стрелец и за најталентираниот млад играч на трунирот „Сокол 2010“ е 1.000.000 денари. Како и досега, турнирот ќе се одвива во три категории: сениори и деца до 12 односно 16 години. Секоја екипа, за учество на турнирот плаќа котизација, за сениори 6.600, а за помладите категории надоместот изнесува 1.500 денари. Користиме можност и на овој начин да ги поканиме сите фудбалски ентузијасти, фудбалери, „соколи”, активни учесници и навивачи, љубители на спортот, да го проследат ова едномесечно спортско дружење во Општина Карпош. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


Разговор со Александар Стојковски,тренер и селектор на македонска кик бокс репрезентација

ДИЈАМАНТИТЕ НА БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ

Еден од најпознатите светски борци Штефан Блиц Леко и Александар Стојковски

Карпош го има еден од најсилните спортски клубови во Кик-бокс, КАРИНГ чиј основач е еден млад жител на Карпош, Александар Стојковски-Алек, тренер на македонската кик бокс репрезентација и селектор за борби Карпош не случајно е прогласена за најспортска општина во градот. Освен традиционалните спортови, младите вљубеници во спортот ги следат и светските трендови, во моментот најатрактивните боречки вештини. Пример за тоа е што Карпош го има еден од најсилните спортски клубови во Кикбокс, КАРИНГ чиј основач е еден млад жител на Карпош Александар Стојковски-Алек, тренер на македонската кик бокс репрезентација и селектор за борби. Воедно Алек е момче кој има сосема нор-

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

мален „цивилен“ живот, иако истиот го помина во ринговите ширум светот, притоа поразувајќи многу спортски имиња во овој спорт, со што стана еден од најтрофејните кик боксери во историјата на македонскиот кик бокс.  Што претставува за Вас Кик-боксот: спорт, страст, начин на живот или помодарство? Како мал бев каратист, но традиционалното „седење на линија“ и константно удирање „во празно“ не можеше да се идентификува. Потребата за адреналин целосно ја пронајдов во кик боксот. Во овој спорт, телото ти се претвора во оружје и претставува најсупериорна боречка вештина во светот, така што секако дека претставува страст, во рингот спорт, во секојдневието начин на живот,а помодарство е само за „сезонските“ кик боксери.  Дали сега кај нас е спорт број 1? -Според медалите и бројните успеси на македонската кик бокс репрезентација, апсолутно може да се каже дека сме една од најуспешните федерации. Во Скопје егзистираат пет клуба,а на територијата на цела дражава повеќе од 25. КАРИНГ е првиот официјален клуб создаден во Карпош. Идејата ми беше да оставм некој личен белег на нешто што сум посветен цел живот но и да ја проширам љубовта кон овој спорт кај младите од Карпош.КАРИНГ постои три години и од него се веќе излезени тројца стандардни репрезентативци во сениорска конкуренција, исто така жители на Карпош, Димче Станковски и Дени Таировски, како и Јовица Ивановски во јуниорска.  Ова е рејтингот на домашен план. Како се котираме на меѓународен план? -КАРИНГ е членка на Македонската кик бокс федерација, а таа, пак, е членка на Светската ВАКО федерација која што е дел од големото семејство на кик боксот и има преку 150 земји членки кои се дел од системот на натпреварување и сите придружни турнири кои се одржуваат во текот на годината. На сите нив котираме доста јако, со оглед на тоа колку луѓе на нив настапуваат, колку медали се освојуваат. Освен тоа на секои две години имаме по едно европско и едно светско првенство, во три тешки и во три лесни дисциплини. Во едниот дел на светското првенство се ставени тешките, а во другиот дел лесните дисциплини, за да не се натрупуваат натпреварувачите од сите дисциплини. Така, лани, кај нас беше светското првенство во лоу кик К1 и кик лајт дисциплина, а во Ирска беше во кик лајт, семи контакт и фул контакт.


 Дали кик боксот стана и Олимписка дисциплина? -Не, сеуште не е олимписки спорт., мислам дека опструкциите доаѓаат од Светската боксерска федерација, најверојатно од страв да не го засени боксот. Тврдат дека е пребрутален спорт иако има заштитна опрема, протектори за глава-кацига, ракавици, костобрани, штитници и нема никаков простор за никакви потешки потреси.. На пример, на претходните олимписки игри, во теквондо боречката вештина имаше и смртен случај, што не се случило кај нас.  Кои се соседни спортски сили во кик боксот со кои се споредуваме во регионот? -Нашата школа е под влијание на српската, бугарската школа. Лидери во нашиот спорт се Русија, Белорусија, Украина..., само нивната химна се слуша на пиедестал. Ние не заостануваме многу, но ние со Хрватите, Бугарите Србите, сме тука некаде со освоени медали.  Колку медали имаме освоено досега? -Според последната статистика имаме преку 350 официјални медали од последните турнири на ниво на Федерацијата. Ако ме прашувате за КАРИНГ, последните успеси на двајцата репрезентативци, Димче Станковски сега во сред Италија на Светскиот куп на „бестфајтер римини“ победи Италијанец и Словенец и освои бронзен медал. Дени Таировски беше победник на Светскиот куп во Босна во Тешањ, кога победи еден Турчин, Словенец и Босанец и освои златен медал, а тие двајцата, чинам во секое време се подготвени за големи подвизи.

 Каде тренирате и што му недостасува на Каринг да биде уште подобар? Иако е реалтивно нов клуб во Каринг е инвестирано навистина многу. Тренираме во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 и со знаење, посветеност и желба за успех, навистина постигнуваме многу. Ова е спорт кој не бара премногу и со минимум услови може да се постигнат завидни резултат Но, сепак, ние сме задоволни со условите со кои располага нашиот клуб. Поседуваме се што е потребно да се создаде еден добар рекреативец, но и одличен професионалец. Тоа што нас ни треба, е собирање искуство со учество на што поголем број меѓународни турнири, што е реален финансиски проблем, бидејќи не можеме постојано да бидеме на товар на федерацијата. Оттаму, спонзорствата се навистина добредојдени.  Дали КАРИНГ е местото каде што кик боксерите од Карпош го живеат својот сон? Да се биде кик боксер пред се е голема одговорност. Не можеш да се разбудиш еден ден и да кажеш-повеќе не сум кик боксер. Овој спорт остава неизбришлива трага во начинот на животот, во размислувањето, однесувањето, зборувањето. Секако, повторно зборувам за вистинските кик боксери, како што би рекол мојот прв тренер „ретки како дијаманти“. За таквите, КАРИНГ секако дека е место каде што им се исполнува сонот на младите спортисти и навистина се добредојдени во клубот, во секое време. В. Цветковска

31


АНИЦИНОВ ТРИУМФИРАШЕ ВО ТЕПЛИЦЕ Веќе стана правило, поединците што парично и на секој друг начин ги помага и ги поддржува Оп­ шти­ната Карпош, да постигнуваат врвни резултати во областите кои им се животна преокупација. Тоа го покажува и примерот со тенисерот Владимир Ани­цинов, пензиониран правник, спортски новинар и вљубеник во белиот спорт. Гсподинот Аницинов можевте да го зпознаете преку приказната објавна во еден од претходните броеви на нашиот весник, а сега, овие неколку реда ги посветуваме на неговиот нов меѓународен успех. На турнирот во Теплице, Словачка, пред дваесети­ на дена, учествувајќи на меѓународниот турнир за тенисери ветерани, Аницинов се закити со три при­ знанија. Победи во сингл, во дубл и беше прогла­сен за најдобар сервер на туринирот. Сите три признанија што ги освоив во силна меѓу­народна конкуренција, ги посветувам на Општина­

ПРЕД ПОРТИТЕ НА MATTERHORN Доказ дека на 40-годишна возраст може да се почне со нов правец во животот е нашиот сограѓанин, карпошовецот Васил Трендафилов. Отко го открил планинарот во себе, тој е вљубен во своето ново хоби. Во почетокот ги запознава, ре­ чиси сите македонски планини, а потоа, својата планинарска патека ја насочува кон врвовите на европските планински убавици. Минатата година, заедно со своите пријатели од планинарскиот клуб Бистра се искачи на Монт Блан, највисокиот врв на Алпите, а летово негова дестинација беа највисоките врвови во Австрија. Со пријателот Горан Стрезовски го совладаа Глосглочер, а веднаш потоа и Монте Роса, односно врвот Dufour­ spitze (4634m). На патот до моќниот Матерхорн, пред нашите авантуристи се испречила вистинска луња и по консултацијата со колегите од Словачка, кој биле нај­ упорни, одлучиле да не ризикуваат и се вратиле, ос­ тавајќи го Матерхорн обвиткан во снежна виулица. По враќањето Трендафилов и изјави дека кога тогаш, ќе падне и моќнот Матерхорн, можеби веќе следното лето, кога и започнува алпското ходочастие на Алпите. М.Р.

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

та Карпош и на градоначалникот Јакимовски, без чија помош немаше да стасам до Теплице до трите пахари, ни рече нашиот шампион Аницинов. М.Р.


КОНКУРСИ СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ Градоначалникот на Општина Карпош објавува ОГЛАС за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на општина Карпош за учебната 2012/2013 година Општина Карпош за учебната 2012/2013 година ќе додели 50 (педесет) стипендии за талентираните ученици од VII и VIII одделение од општинските основни училишта. Право на учество на Огласот имаат кандидатите кои учат во општинските основни училишта на подрачјето на општина Карпош, а ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни ученици од V одделение; 2. Во текот на основното образование да учествувале и освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на општински, градски, регионален, државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста; 3. Да оствариле континуиран успех во текот на школувањето од V одделение од најмалку 4,00; 4. Да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми. 1. Потврда дека е редовен ученик од V одделение; 2. Фотокопија од дипломи од учество на натпревари од областа на науката, техниката, културата и уметноста; 3. Фотокопија од свидетелствата, почнувајќи од V одделение; 4. Препорака од класниот раководител или предметниот наставник; 5. Изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма. Документите можат да се достават по пошта или во Архивата на Општина Карпош, ул. Демир Трајко бр. 43 – Скопје, со назнака „За оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни училишта на подрачјето на општина Карпош“.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 10.9.2012 година. Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани. Градоначалникот на Општина Карпош објавува ОГЛАС за материјална поддршка на спортските клубови од подрачјето на општина Карпош за 2012/2013 година Право на учество имаат сите заинтересирани спортски клубови регистрирани со седиште на подрачјето на oпштина Карпош најмалку 3 (три) години, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на масовниот спорт и физичката култура кај децата и младите. Учесниците на Oгласот треба да ги исполнат следните услови: 1. Да поседуваат Решение од матичните национални федерации дека клубот е нивен член, 2. Да имат изработено годишна програма за работа на клубот и 3. Да имаат организирано младинска спортска школа. Со барањето, учесниците на Огласот треба да достават: 1. Решение за регистрација на спортскиот клуб, 2. Решение за членство од матичните национални федерации, 3. Годишна програма за работа на клубот, 4. Доказ за ранг на натпреварување, 5. Доказ за функционирање на младинска спортска школа и 6. Доказ за успеси на клубот во последните 5 (пет) години. Документите можат да се достават по пошта или во Архивата на Општина Карпош, ул. Демир Трајко бр. 43 – Скопје, со назнака „За оглас за материјална поддршка на спортските клубови од подрачјето на општина Карпош“. Рокот за поднесување на документите е заклучно со 10.9.2012 година.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ

Погрижете се да го добиете она што навистина го сакате, бидејќи ќе се најде некој кој ќе ве присили да го сакате тоа што ќе ви се даде. Трпение, со време од трева станува млеко. Џ.Б. Шо

Подготвил: М. Раденковиќ

Калта може да го извалка дијамантот, но не може да го престори во кал Тагоре

34

Доколку ти е умот слаб, мора да имаш силен грб Бугарска поговорка

Што ќе се случи ако по некоја случајност владата се најде во Сахара? - Првиот ден ќе се чудат, вториот ден ќе одржат седница, а третиот ден би поскапел песокот

Слушатели Кога еднаш го запрашале големиот филозоф Кант, кои се најбројните посетители на неговите предавања, тој одговорил: - Моите слушатели се најчесто студенти, млади девојки и офицери. Студентите доаѓаат бидејќи знаат дека сум член на испитна комисија, девојките доаѓаат поради студентите, а офицерите поради девојките.

Кинески мудрости Кога богатиот ќе стане сиромав, тој станува учител. Чиста совест не се плаши од тропање ноќе.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 19 • АВГУСТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.