Карпош Урбан бр.22

Page 1

Весник на локалната самоуправа ноември 2012 • бр. 22 • година 4

ОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ ПИТУ

НАШАТА МИСИЈА ПРОДОЛЖУВА


2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


окус Наш приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

Нашата мисија продолжува Почитувани сограѓани, Полека се приближуваме кон крајот на градежната сезона, и воопшто, кон крајот на годината. Зад нас оставаме четири работни години во кои успеавме да ги решиме најголемиот дел од инфраструктурните проблеми во Општина Карпош. Она, кон што треба да се насочиме во нашите идни активности, е подобрување на животниот стандард на нашите граѓани, преку создавање на услови за креирање на нови работни места,натамошна урбанизација и разубавување на општината. Сепак, еден од приоритетите е гасификацијата на Општината. Сведоци сме дека цената на електрична енергија и на нафтата се во постојан пораст. Со нивниот раст поскапува и цената на парното греење и заедно со зголемените секојдневни потреби за користење електрична енергија тие станаа огромен товар врз семејниот буџет на секое семејство. За таа цел и го формиравме претпријатието КАРГАС, се определивме севкупните трошоци за гасификација на Општина Карпош да бидат на товар на општинскиот буџет. Но, ни остануваат уште неколку сегменти од секојденвниот живот на кои треба да се посветиме со посебен пиетет. Посебно внимание ќе се посвети на подобрување на условите за престој и работа во предучилишните установи и основното образование каде се воспитува и образува најмладата популација од Општината. Преку поддршката на мали и средни претпријатија, преку создавање на нови индустриски зони на наша територија, ќе се обидеме да го подобриме микроекономскиот амбиент, каде ќе се отвораат нови работни места, бидејќи невработеноста, сиромаштијата и урнисаниот стандард се најголемиот проблем на сите граѓани во државата. Како што во неколку наврати најавувавме, во следниот период ни претстои разубавување на фасадите на старите згради на руските и романските кули, како што тоа веќе го сторивме со неколку згради долж булеварот Партизански одреди. На тој начин ќе им возоможиме на граѓаните заштеда на средства за затоплување на домовите, а воедно ќе им донесеме нов, европски лик на старите згради. Кога сме кај булеварите, и на останатите два, Илинденска и Теодосиј Гологанов ќе изградиме цветни жардиниери, со кои ќе го зачвуваме зеленилото, ќе го запреме непрописното паркирање на зелениот простор и фрлањето шут на него. И натаму ни останува да ги поддржуваме успешните ученици и спортисти во секоја пригода и посебно кога не презентираат на натпревари на домашен и меѓународен план. Планираме изградба на нови градинки во Бардовци, Злокуќани и Нерези, а ветивме изградба и на Културен дом, спортска сала, неколку верски објекти но и на рекреативен аква парк за разонода и рекреација. И натаму ќе ги поддржуваме пензионерите, социјално загрозените семејства, како и лицата со посебни потреби за кои и досега направивме многу. Имаме многу планови, многу желби и ни претстои многу работа, всушност, за тоа и ја добиваме вашата поддршка, и тоа нам, како на локална власт, ни стои како обврска од која не сакаме да отстапиме.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа ноември 2012 • бр. 22 • година 4

ОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ ПИТУ

НАШАТА МИСИЈА ПРОДОЛЖУВА

ВЕТЕНО СТОРЕНО ВО КАРПОШ СЕ ГРАДИ

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бр.43 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски

..................................................... 6

НАШ ГОСТИН Ричард Ховит, известувач за Македонија во ЕП ВО ЕУ ИМА МЕСТО И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

....................................................... 10

НА КАФЕ КАЈ...

Виолета Цветковска

Проф. д-р Методи Чепреганов

Уредник

ЖИВЕЕМЕ ВО СТРЕСНИ ВРЕМИЊА

Главен и одговорен уредник

Миле Раденковиќ

..................................................... 20

Редакција Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова

МЛАДИТЕ НА ДЕЛО

Игор Ѓуровски Технички уредник Зоран М. Гулевски Лектура Живко Трајановски Ангелина Николовска Фотографија Ива Манова М. Раденковиќ

4

СЛОБОДАРСКИОТ ДУХ НА КАРПОШ

..................................................... 27

СПОРТОРАМА Спортски ентузијасти: Атанас Филиповски ФИТ ФАН ВОЛЕЈ ОДБОЈКАРСКА АКАДЕМИЈА ЗА ДАМИ

...................................................... 32


КОЛУМНА ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ГАЛИМАТИЈАС (Реч на промоцијата на книгата „Стресот и ние“) Kako doa|a poleka i nezadr`livo nekoe treto doba, kako bi go rekle toa poetite, nekako sum prepoln so prikazni, se}avawa, mudrosti, zapisi koi oddedna{ izviraat kako nekoj skrien kladenec. Retko koj vo ovaa sala se se}ava na golemiot jugoslovenski {ahist Svetozar Gligori} koj vo edno svoe damne{no intervju vo kultniot vesnik na mojata generacija belgradski NIN }e izjavi deka negoviot `ivot ne e ni{to drugo od potraga po ramnote`ata na duhot, emocijata i teloto. Mnogu ~esto vo svojot profesionalen i li~en `ivot se navra}av na ovaa mudrost sfa}aj}i deka e mo`ebi toa i su{tina na na{eto bitisuvawe. I navistina, kako toa da ja najdeme taa ramnote`a na ovie fundamentalni komponenti koi se sostaven del na nas samite i pokraj toa {to ne sme nekoga{ svesni za toa. Kolku od Пишува: Проф. Д-р nas toa uspeale da go postignat, kolku od nas ovde prisutni vo ovaa sala? Нинослав Ивановски Sekomu od nas ne{to mu nedostasuva. Nekade ima premnogu duh, nekade fali teloto a mnogu ~esto, za `al, ni falat emociite. Nekade pak moНавистина е тешко и `ebi gi ima premnogu, no retko koga se tie vo ramnote`a. Ete tokmu na ovaa sentenca na mojot {ahovski idol me vrati претешко да се издржи и knigata „Stresot i nie“ na avtorite Metodi ^epreganov i Teodora да се остане цврст меѓу Kostovska, koja odgovorno tvrdi deka za naru{uvawe na ovaa delikatna ramnote`a e vinoven tokmu stresot, ili civilizaciskata ludnica регулаторите, na na{eto sovremeno `iveewe. Otvaraj}i go poglavjeto na stresot антикорупционерите, i negovite razorni efekti vrz komponentite na ramnote`ata koja ja barame i koja ni e neophodna, avtorite se precizni i pred nas se лустраторите и сите други otvara celiot ubistven arsenal {to stresot i stresogenite faktori кои ни дишат во вратот и go imaat vrz nas, vrz na{ata navidum cvrsta, no vo su{tina, mnogu fragilna vnatre{na struktura. Taka razbravme,vsu{nost, kolku sme не следат како сенки nemo}ni da se sprotivstavime, kolku sme skloni brzo da se predademe, da ja izgubime bitkata begaj}i dlaboko vo nas samite kade {to se ~uvstvuvame sigurni i sre}ni zatoa {to tamu se izgleda idealno i nema borba. Navistina }e ni pomogne ponekoga{ i nekoj heleks, leksilium ili diazepam i }e se za~udime kako toa kutiv~iwata so ovie lekovi taka brzo se praznat, a do v~era nikoj ne pomislil na niv! Ne e te{ko da priznaeme deka `iveeme vo konfliktno op{testvo koe treba da bide sovremeno i demokratsko, no za `al toa ne mu uspeva sekoga{. Se razbira deka cenata ja pla}ame nie. Navistina e te{ko i prete{ko da se izdr`i i ostane cvrst me|u regulatorite, antikorupcionerite, lustratorite i site drugi koi ni di{at vo vratot i ne sledat kako senki. Stanuva te{ko i prete{ko pred Sobranieto, pred Skopje 2014, pred siroma{tijata i pred silexistvoto, pred provinciskata agresija od nevideni razmeri, pred kolektivnite lagi i populizmot, pred bezmilosniot iskrivokol~en i nehuman kapitalizam koj taka drasti~no i o~igledno sekojdnevno ne deli i bukvalno ne rastura pa se vle~kame po ulicite kako zombi ne prepoznavaj}i se sebe si, nitu pak na{ite sogra|ani, sosedi i prijateli koi, za voqa na vistinata, ve}e oddamna gi nema. Kako vo ovoj civilizaciski galimatijas da go so~uvame svojot integritet, da se naoru`ame so antitela koi ke ne za{titat ili pak da se vakcinirame pa da ostaneme trajno so~uvani! Se razbira deka e toa daleku od umot i deka nema drugo mesto za nas od ona tokmu vo ciklonot i toa vo negovata sredina, tamu kade {to e naj`estoko. No, knigata {to e pred vas ima seriozna namera da ni pomogne, da se nafati na re~isi nevozmo`na misija da ne napravi pocvrsti, poborbeni, porazumni i posvesni, da ni poso~i nekoi od mo`nite pravci na na{ata kolektivna i li~na odbrana, da ne zapre vo na{eto begstvo, da ne vrazumi, da ne oslobodi, da ne relaksira, da ni poka`e deka na{ata borba mora da prodol`i i deka samo taka }e uspeeme da gi amortizirame sekojdnevnite udari koi doa|aat odvantre i odnadvor. ]e bide li toa u{te edna „ Mission Impossible” nalik na onaa na Tom Kruz ostanuva vremeto da potvrdi. Dragi prijateli, navistina seu{te mo`eme da si ka`eme „pa dobro, neka bide” onaka kako majkata Meri toa mu go veli na Pol Mek Kartni vo ona ~udesna pesna „Let it be” od mojata mladost, no dali e toa vistinskiot odgovor i li~i li toa na nas! Neka ovaa ~udesna kniga sepak ni pomogne da go izbereme vistinskiot pat. Sega sme site nie na poteg.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


ВЕТЕНО СТОРЕНО ВО КАРПОШ СЕ ГРАДИ Реконструкцијата на улиците продолжува и во ноемвриските денови. Ги трошиме последните месеци од градежната сезона. Се граби секој ден за да се обезбедат современи коловози какви што станаа улиците „Осло“, „Ванчо Мицков“, „Гаврил Лесновски“, „Каирска“ и улицата „Јуриј Гагарин“ (на потегот од ул. „Козле“ до бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“). Ги реконструиравме паркинг-простори-

те на улицата „Разловечко востание 2а“, како и на улицата „Огражден“. Не забораваме ниту на пешаците и на пријатните есенски прошетки. За нив ги изградивме тротоарите во Влае 2 долж улиците „Пресека“, „Бабуна“ и „Извор“. Пешачка патека е изградена меѓу улицата „Разловечко востание 2а“ и булеварот „Илинден“.

ул. „Јуриј Гагарин“

ул. „2“ Бардовци

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ул. „Миле Поп Јорданов“


ул. „Бабуна“

ул. „Каирска“

ул. „Извор“

ул. „Кленоец“

ул. „Пресека“

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ул. „Миле Поп Јорданов“ до кула бр. 40

ул . „Каваев“

Клупи и патеки во Карпош 4

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Патека кај ул. „18“ во Козле


Тротоари на ул . „Сливовска“

Тротоари на ул . „Ботун“

Тротоари на ул . „Јуриј Гагарин“

Тротоари на ул . „Ловќенска“

Пешачка патека помеѓу ул. „Иван Цанкар“ и ул. „Новопроектирана“

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


НАШИ ГОСТИ Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент

ВО ЕУ ИМА МЕСТО И ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Она што е посебно и различно, а што се применува во ОУ „Димо Хаџи Димов“ би сакал да го имплементираме и во другите општини во земјата“, истакна на работната средба Ричард Ховит Ведри лица и очи полни надеж, со нетрпение ги пречекаа своите „гости“. Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се покажа како достоен домаќин на г. Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент, кој со посредство на Канцеларијата на УНИЦЕФ во нашата земја дојде да го види напредокот на социјалната инклузија на децата со посебни потреби во рамките на ова училиште и на Општина Карпош. На посетата, освен инклузивниот тим и наставен кадар кој работи со овие деца, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Шелтон Јет, шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија. Не случајно токму ова училиште стана цел на оваа посета. Имено, токму во него во редовна настава се вклучени 28 ученици со различни посебни потреби, што наедно го прави едно од најинклузивните училишта на територијата на нашата држава. „Са-

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

кам да се запознаам со она што го прави ова училиште за децата со посебни потреби, и зошто токму ова училиште е посебно, кога станува збор за инклузијата на овие деца. Моја работа е оваа држава да влезе во Европската Унија, затоа што тоа е подобро за сите граѓани, а особено за лицата со посебни потреби. Токму затоа инклузијата на лицата со посебни потреби е дел од критериумите во процесот на евроинтеграции“, истакнува европарламентарецот Ховит. „Разговарав со УНИЦЕФ каде би можел да одам за да видам како се работи на овој план и тие ми рекоа дека најдобро училиште и најдобра општина која работи со лицата со посебни потреби е оваа и затоа дојдов да ви искажам почит. Она што е посебно и различно, а што се применува во ОУ „Димо Хаџи Димов“ би сакал да го имплементираме и во другите општини во земјата“, истакна на работната средба Ричард Ховит.


Директорката на О. У. „Димо Хаџи Димов“, Зорка Ристова, говореше за тридецениската традиција на вклучување на децата со посебни потреби во редовната настава во ова училиште, што е една традиција која трае до денес. За таа цел е формиран посебен Инклузивен тим кој работи со посебни образовни програми и адаптирање на редовната наставна програма за овие ученици. Според Милка Ивановска, училишниот педагог и координатор на Инклузивниот тим во ова училиште, социјалната инклузија на овие деца прво почнала самоиницијативно, но сега веќе има поширока поддршка п тим за дефинирање на категоријата на децата со посебни потреби, како и тим за промоција на сите активности на инклузивираните ученици. „Благодарение на градоначалникот на Општина Карпош значително ни се подобрија условите за работа и воопшто атмосферата за работа на овие дечиња. Ние мислиме дека сите можат да учат“, вели Ивановска. Пред евро парламентарецот Ховит и шефот на УНИЦЕФ во Македонија говореа и родителите на децата со посебни потреби, за искуствата што ги имаат со образованието и третманот кон нивното дете во ООУ „Димо Хаџи Димов“. Според родителката на дете со Даунов синдром, токму поради ексклузивноста и квалитетот во работата со децата со посебни потреби таа од Ѓорче Петров седум години го носела своето дете на школување тука. Сега тој е студент на трета година на Педагошкиот факултет и има постигнато извонреден напредок во своето образование. „Отпрвин се разбира постоеше страв како ќе биде прифатен, но со помош на тимот од училиштето набрзо се надмина. Тој тим ме научи и мене како родител многу повеќе да верувам во своето дете. Мислам дека ова училиште е единствен ваков пример во државата, а не знам дали има во светот и ги повикувам и другите општини да го следат овој пример“, апелира родителката Снежана Матевска. Нејзиниот син на високите гости им врачи сопствена книга со поезија, која сам ја напишал. За шефот на мисијата на УНИЦЕФ, Шелтон Јет, родителите се најдобрите амбасадори и тие треба да лобираат за прифаќање на своите деца од страна на институциите, а за сè што треба да се помогне, УНИЦЕФ им стои на располагање. Напоменувајќи што сè Општина Карпош како локална власт направила за социјалната инклузија на децата со посебни потреби, градоначалникот Јакимовски потенцираше дека не е целта само ова училиште да биде најдоброто на тој план. Она што недостасува, истакна тој, е систем за нивно прифаќање. „Ние како општина иако немаме обврска, вработивме дополнително дефектолози и психолози токму за оваа намена, на сметка на општинскиот буџет, констатира Јакимовски. В. Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


СОРАБОТКА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА КАРПОШ ВО ТИВАТ На покана на градоначалникот на Општина Тиват, Миодраг Канкараш, петчлена делегација од Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовси, беше во дводневна, официјална посета на оваа збратимена општина. Поводот за посетата беше „21 Ноември“, Денот на Општина Тиват, каде делегацијата од Општина Карпош наиде на исклучително пријателски прием. Делегацијата од Карпош присуствуваше на неколку манифестации, на традиционалната церемонија на предавање на знамето на општината, еден исклучително впечатлив настан. Во текот на традиционалното одбележување на Денот на Тиват, низ улиците на градот продефилираа Градската музика, одредот на Бокељската морнарица, и мажоретките кои предизвика возбуда кај случајните или намерните минувачи и набљудувачи на оваа живописна парада. На свечената поворка, и претходеше примопредавањето на знамето на Општината, кое командантот на Бокељската морнарица Љубинко Бискуповиќ му го врачи на Миодраг Канкараш, градоначалникот на Тиват. По предавањето рапорт на плоштадот „Магнолија“, се одигра орото на Бокељската морнарица, а при последните тактови на музиката на играорците им се придру-

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

жија и д-р Иво Белан и атлетичарите на „Арсенал“, откако ја истрчаа „Трката на мирот-поздрав на родното огниште“, од Дебел Брег до центарот на Тиват. Централната манифестација на која присуствувавме беше свечената академија по повод роденденот на оваа најперспективна општина во Црна Гора. Покрај културните манифестации, делегацијата на Општина Карпош присуствуваше и на презентацијата на најновиот инвестициски проект „Луштица“ (на местото на старата касарна на ЈНА во Тиват), со површина од 600 хектари, на кој, египетската фима ОРАСКОМ, планира да изгради две марини (пристаништа), девет современи хотели, СПА центар, голф терени, луксузни апартмани како и приватна викенд населба. Првите луѓе на Општина Карпош и Општина Тиват, Стевчо Јакимовски и Миодраг Канкараш, на свечената вечера во чест на роденденот на Тиват, освен што разменија подароци, се обратија со пригодни говори. Со претставниците на Тиват нашата делегација разговараше и за натамошното продлабочување на меѓусебната соработка и зацврстување на односите меѓу администрациите на двете локални власти. Елена Кузмановска


ПРОЕКТИ Во градинките во Карпош

МОНТЕСОРИ ПЕДАГОГИЈА Деновиве, во предучилишната установа „Распеана младост“ – Карпош 1 (ул. Руѓер Бошковиќ бр. 8) македонското здружение Монтесори, за 30 групи од четирите предучилишни установи од Општина Карпош, обезбеди специфични Монтесори-материјали за работа на децата. Оваа активност е втората фаза од проектот „Монтесори-обуки за деца и родители“ кој се одвива во директна соработка со Општина Карпош. Овој проект ги опфаќа сите возрасни групи од градинките и ќе биде спроведен во сите десет предучилишни установи, распоредени на територијата на општина Карпош. Во таа пригода директорката на градинката „Распеана младост“, Ели Грибовска, ги запозна присутните со состојбата и активностите во нивната градинка, притоа заблагодарувајќи и се на Монтесори здружението и на Општина Карпош. Претседателката на Македонската Монтесори заедница, Билјана Стерјадовска, говореше за ефикасноста на овој метод на едукација на децата но и на нивните родители. Според неа, Монтесори-педагогијата изобилува со дидактички материјал со кои се стимулираат децата од мали нозе да бидат активни, да се вклопат полесно во средината, но и да веруваат самите во себе. На овој настан учествуваше и градоначалникот на Општина Карпош кој истакна дека нему лично му претставува особена чест и задоволство да сора-

ботува со Македонската Монтесори заедница и дека покрај тоа што општината нема законска обврска, презема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образование при што особено води грижа за нашите најмали членови. Градоначалникот Јакимовски потенцираше дека соработката со Монтесори заедницата ќе продолжи понатаму и на крај тој лично го подели Монтесори-материјалот. Во следната фаза на соработка меѓу Општина Карпош и ММЗ се предвидува преку родителските вечери, самите родители да имаат можност и директно да се запознаат со активностите на своите деца во градинките на тема „Монтесори-педагогијата – поддршка на индивидуалниот детски развој“. И. Ѓуровски

СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО Деновиве, во хотелот „Александар палас“ беше промовиран проектот - „Развивање на комуникациски вештини во прилог спречување на насилс-

твото меѓу ученици, возрасни – деца и возрасни – возрасни“ кој е директно поддржан од Општина Карпош. На овој настан присуствуваа 160 родители, 50 ученици, директорите на основните училишта во Карпош и членови на Советот на Општина Карпош. Проектот за развој на комуникациски вештини е реализиран преку еднодневни обуки во сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на Карпош. Презентацијата ја отвори директорката на О. У. „Владо Тасевски“, Елка Даскалова, која даде образложение за важноста на овој проект и какви позитивни импликации би имал истиот во насока на подобрување на образованието. Меѓу активните учесници во оваа промоција беше и раководителот на секторот за образование на Општина Карпош, Мирјана Поповска, која истакна дека овој проект почна и се темели на Стратегијата за развој на основното образование во општина Карпош од 2011 до 2016 година. И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ИНТЕРВЈУ Разговор со Јован Гиновски, претседател на Собранието на З. П. “Карпош” и со Димитар Димовски, претседател на Собранието и на Извршниот одбор З. П. “Тафталиџе ДДД”

ПЕНЗИОНЕРИТЕ И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА На територијатa на Општина Карпош, меѓу нејзините 63 илјади жители, живеат и над 10.000 пензионери организирани во две здруженија – “Карпош”, кое, во почетокот на 2013 година ќе одбележи 35 години од постоењето и “Тафталиџе”, кое е основано на 13.02.2008 година. За развојниот пат на овие две здруженија, за нивната организациска поставеност, начинот на функционирањето и решавањето на актуелните потреби и проблеми, разговаравме со нивните претседатели, Јован Гиновски и Димитар Димовски

 Какви се меѓусебните релации на двете здруженија во Општина Карпош? Гиновски: Во нашето здружение, како едно од најстарите во Р. Македонија во минатото членувале над 18 илјади пензионери од Општина Карпош, но и од Ѓорче Петров, Сарај и Кондово. Со донесувањето на Законот за територијална поделба, ЗП Карпош функционира самостојно во рамките на Општината Карпош и во Централниот регистар во 1978 година е регистрирано како посебно здружение. Со но-

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

воформираното здружение Тафталиџе во 2008 година, не можеме да говориме за некаква посебна соработка.  Како се остварува транспарентноста во работата на Здружението? Гиновски: Здружението е непартиска, непрофитна и самостојна асоцијација во која се почитува принципот на транспарентност во неговото работење. Во контекст на ова, а согласно со територијалната поставеност на урбаните и на месните заедници во Општината, во Здружението функционираат седум ограноци. За сите позначајни прашања кои се однесуваат на членството, донесувањето на одлуки и измени и дополнувања на нормативните акти, иницијативите и предлозите доаѓаат од ограноците.  Каква е соработката на Здружението со локалната самоуправа – со градоначалникот и со Советот на општината? Гиновски: Со локалната самоуправа, односно со градоначалникот, г-динот Стевчо Јакимовски и со Советот на општината имаме воспоставено добри релации. Соработката е успешна и може да послужи како позитивен пример и за другите единици на локалната самоуправа. Инаку, ваквата соработка пред сè се темели на посебната Спогодба што ја имаме потпишано. Плод на таквата соработка е и донацијата на Општината во износ од 500 илјади денари, од кои еден дел се употребени за реновирање на просториите на клубот на пензионерите. Градоначалникот Јакимовски е секогаш присутен на позначајните активности на Здружението и навистина ни дава целосна поддршка во решавањето на потребите на пензионерите. Сакам да го нагласам неговото ангажирање за отворањето на четири нови клубови на пензионерите на територијата на Општинта и нивното целосно опремување.  Колку доследно се применува законската регулатива за реално усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци? Гиновски: Неможеме да бидеме целосно задоволни од примената на Законот за усогласување на пен-


зиите со порастот на животните трошоци. Последното зголемување од 0,31% кое се однесуваше на второто шестомесечје од изминатата година, во перцепцијата на пензионерите не се доживува како реално усогласување.  Колку е присутна солидарноста и хуманоста помеѓу пензионерите во Здружението? Гиновски: Солидарноста и хуманоста е една од позначајните активности на Здружението. Преку посебна комисија постојано се следи состојбата во која се наоѓаат пензионеритте со најниски пензии и постарите изнемоштени и со нарушено здравје на кои им се помага во секојдневните потреби. Врз основа на нивните предлози, Извршниот одбор на Собранието, еднаш годишно им доделува финансиска помош во износ од 3000 денари. Покрај ова, во пензионерското одморалиште во Катланово ги испраќаме на седумдневен рекреативен одмор нашите членови, чии вкупни приходи во семејството не го надминуваат износот од 15 илјади денари. Во вкупните трошоци за нивниот престој Здружението партиципира со свои средства.  Колку клубови на пензионери има Вашето здружение, како се опремени и колку ги задоволуваат барањата и потребите на пензионерите? Гиновски: Во нашето Здружение има вкупно пет клубови, меѓу кои, за четири се обезбедени простории и неопходна опрема (шах, домино, пикадо, табла, тв приемник, примероци од весниците Пензионер- Плус и Карпош Урбан) од страна на Општината благодарение на посебното ангажирање на градоначалникот Јакимовски. Клубовите функционираат пет дена неделно и претставуваат убави места за престој, дружење и релаксација на нашите членови.  На територијата на Општина Карпош не постои пензионерски дом. Какви се вашите согледувања за потребата од изградба на ваков објект? Гиновски: Проблемот со пензионерските домови е мошне актуелен во Р.Македонија, особено во нашата општина, со оглед на големиот број на пензионери. Всушност, изградбата на дом на пензионери е наша насушна потреба. Во тој контекст, проблемот веќе е инициран кај градоначалникот на Општината кој безрезервно ја поддржа иницијативата и оцени дека ваков дом е неопходно потребен. Кај раководството на Здружението ова прашање е постојано присутно и се размислува за можни варијанти за негова изградба. Јас, лично, сум оптимист дека во скоро време ќе изнајдеме решение со учество на повеќе субјекти да го решиме и овој проблем за дел од нашето членство.  Кои приритени задачи ве очекуваат во наредниот период? Гиновски: Планираните активности со Програмата за работа во 2012 година се реализираат кон-

тинуирано и според предвидената динамика од што можеме да бидеме задоволни. Во четвртото тримесечје од 2012 година, акцентот е врз подготовките за одбележување на 35 годишнината од постоењето на Здружението, за што ќе биде усвоена посебна програма. Се разбира, оваа програма ќе се димензионира во согласност со финанскиските можности на Здружението.

Димитар Димовски, претседател на Собранието и на Извршниот одбор З. П. “Тафталиџе ДДД”

ЌЕ ГИ НАДМИНЕМЕ НЕДОРАЗБИРАЊАТА  Кои беа мотивите, покрај постојното здружение на пензионери “Карпош”, да се формира новото здружение “Тафталиџе ДДД”? Димовски: Пред пет години се создаде непријатна атмосфера меѓу голем број пензионери како по-

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


следица на нелегалниот упад во работата на Собранието на З. П. “Карпош”. Тогаш, (на 3-ти и на 17-ти 09. 2007 год.), беше изготвен неточен записник од одржаната седница на Собранието, во што беа инволвирани тогашниот претседател на Собранието и тогашниот и актуелен претседател на Извршниот одбор. Поголем број незадоволни пензионери од ваквото раководење со пензионерската асоцијација, покренаа иницијатива за формирање ново здружение.  Дали во него членуваат само пензионерите кои живеат во УЗ Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2 и како новите пензионери се определуваат за членување во едно од овие две здруженија? Димовски: Во здружението членуваат пензионери кои живеат не само на територијата на спомнатите УЗ, туку и на целата територија на Општина Карпош – од ул. Рузвелтова до Порта Влае. Корисниците на пензија, по стекнувањето на статусот пензионер, слободно се определуваат за членување во едно од двете здруженија. Тие, врз основа на слободно изразената волја, со чинот на потпишувањето на пристапница, стануваат членови на З. П. “Карпош” или З. П. “Тафталиџе ДДД”.  Какви се меѓусебните релации на двете здруженија? Димовски: Меѓусебните релации на здруженијата не се на завидно ниво. За жал, се уште се водат судски постапки за делбениот биланс, бидејќи сите наши членови порано биле членови на З. П. “Карпош”. Постојат идеи, односно размислувања кај дел од членството и раководствата на З. П. “ТафталиџеДДД” за интегрирање на двете здруженија во едно, што би претставувало рационално и функционално решение. На овој начин би се намалиле трошоците, а истовремено би се одбегнала досегашната поделеност на пензионерите кои живеат на територијата на Општина Карпош.  Каква е соработката на здружението со локалната самоуправа – со Советот на Општината и со градоначалникот? Димовски: Соработката со Советот на Општината е на завидно ниво, а со потпишувањето на Спогодбата за соработка со Општина Карпош (23.05.2012 год), таа има нагорна линија. Посебно е за истакнување соработката со градоначалникот Стевчо Јакимовски кој се грижи за потребите на пензионерите. Тој, исто така, и материјално не помага и има целосно разбирање за проблемите на здружението. Значајно е неговото ангажирање за наше вклучување во активностите од културно-забавниот живот како и во спортските и другите рекреативни активности. Потврда на добрата соработка е и учеството на наши членови во голем број содржини и активности што ги организира општината. (Карпошовото културно лето; изложбата на домашни ракотворби и носии; учеството на спортските игри меѓу пензио-

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

нерите; одбележувањето на Денот на формирањето на Скопскиот партизански одред; Денот на општината итн).  Колку е јавна работата на здружението, како комуницирате со Вашите членови? Димовски: Работата на здружението е јавна. Со нашите членови, кои се над 6.000, комуницираме преку нашите шест ограноци кои постојат во УЗ во: Козле, Влае, Тафталиџе и Владо Тасевски. Во УЗ имаат простории каде што се собираат и се дружат. Дружењето е посебно значајно во клубот на пензионерите кој постои во ДСУ “Никола Карев”. Таму, времето го поминуваат во играње шах, домино и следење ТВ програма, а секој вторник и петок присутните ги забавува жива музика. На работните состаноци и собирите ма пензионерите на ниво на ограноците согласно со Статутот, се поканува членството, а се одлучува доколку присуствуваат најмалку 10% од членовите. Овие собири се организираат двапати годишно, а Собранието како највисок орган се свикува најмалку еднаш годишно.  Што е приоритет во вашите идни активности во нашата општина? Димовски: Меѓу приоритетните активности спаѓа омасовувањето – прием на нови членови бидејќи постоиме од пред неполни пет години. Целосна поддршка заслужуваат иницијативите за изградба на пензионерки дом во нашата општина кој е повеќе од неопходен. Ценам дека и натаму треба да бидеме упорни во настојувањата да се обезбедат конкретни бенефиции во смисла на намалување или ослободување од сегашните давачки во врска лекарските прегледи кај специјалистите, лекарствата и болничките трошоци.  Што мислите за бесплатниот превоз на пензионерите трипати неделно и дали сте задоволни од досегашната регулатива за бесплатно бањско лекување? Димовски: Дадовме конкретен предлог преку Градскиот одбор, бесплатниот превоз да биде секојдневен. Тоа ни е неопходно заради потребата од често користење на здравствените услуги како и посета на роднини и пријатели. Во однос на бесплатното бањско лекување, нема доволна координација помеѓу општинските здруженија С. З. П. М. Меѓу нашите членови во 2012 година не постоеше интерес за овој вид бањско-рекреативен одмор. Практикуваме на нашите членови со ниски пензии да им доделуваме неповратни средства во износ од 3.500 денари годишно. Во текот на 2012 година ваква помош им беше дадена на 40 пензионери. Живко Трајановски


IN MEMORIAM Владимир Ангеловски –Дади

ПОЛОВИНА ВЕК ДРУЖБА Збунет сум, изненаден неспремен, а искрен да бидам и уплашен. Не знам што да кажам, од каде да почнам, не знам што чувствувам тага, болка, празнина. Дали да поверувам дека го нема повеќе Дади. Тој со кого другарував, живеев, работев, тој со кого ги поминав гимназиските денови студирањето, работењето, односно актерството, заедничките снимања, патувања, турнеи, аплаузи, награди. Да поверувам дека го нема неговиот неверојатен дух, неговата способност и во најсериозните моменти да насмее, да запее и да освои со својот незаменлив шарм. Дади со кого ги одигравме најубавите детски претстави (Башчелик, Чук-Чук Стојанче, Шекспир во приказни и многу други) со кој повеќе од 15 години учествувавме на меѓународниот детски фестивал во Шибеник на кој Дади за своите посебни квалитети и придонес стана почесен граѓанин на Шибеник. Претстави со кои ја претставувавме Македонија и на многу светски фестивали (Русија, Бугарија, Шведска). Што да кажам за детските играни серии “Да видам што да бидам“, “Чавката Славка “, ”Училиште за кловнови” и други со кои Дади беше најсаканиот актер меѓу децата во Македонија и во бившите Ју - простори. Тогаш заедно честопати настапувавме на хуманитарни концерти. Посебно актуелни беа хуманитарните настапи за децата од Виетнам, за кои виетнамскиот амбасадор не награди со специјални сертификати за почесни граѓани на Виетнам. Дали да зборувам за другите претстави на Драмскиот театар меѓу кои најзначајно место заземаат комедиите (Солунски патрдии, Рибарски караници, Викенд на мртовци, Маратонците и други) кои беа најгледаните претстави во Македонија. Со Дади пресметавме дека само во Драмски театар ние двајцата имаме одиграно меѓу 5000 и 6000 претстави. Не можам, а да не ги спомнам снимените филмови и серии, радио драми (Солунски патрдии, Итар Пејо, Театарче лево ќоше, Женски оркестар, Викенд на мртовци и други) и она што сега можеби е за Гинис, најслушаната – Хихирику. Толку работа, толку другарување, толку заеднички патувања и турнеи (Дади имаше обичај да каже зна- еш дека повеќе сум спиел со тебе отколку со жена ми) речиси низ цела Европа, Австралија, Америка, Венецуела. Не знам што посебно да одвојам од ова наше долгогодишно другарување. Дали Гимназијата: двајцата бевме слаби по математика, Дади за тројка мораше да испее Црвенкапичка, качен на катедра, а јас пак имав сре-

ќа професорката по математика да е одговорна за драмската секција. Дали студентските денови кога испитите ги спремавме два дена кај него дома, кај познатиот Поп Боро, со молитва пред ручек, а следните два дена кај моите родители кои двајцата беа комунисти и првоборци. (Да спомнам, тоа беше прекрасно дружење и искуство). Дали работењето во театар кога многу често имавме по две детски претстави претпладне, а по 13 часот одевме на снимање на радио драма, во 19 часот вечерна претстава и по претставата, снимање на некоја серија. Сето тоа работење беше исполнето со радост, дух и ентузијазам. Знаевме и по претстава, евентуално кога немаше снимање, да седнеме во нашето театарско бифе, малку да се напиеме, да се пошегуваме на наша сметка и да запееме. Дади другару, има мно- гу да се напише за тебе, но јас во моментов не знам и не сум во состојба, веројатно сум затекнат, но по 50 години заедно, едно знам, дека се сакаме, почитуваме, дека твојата чесност и искреност почитта и љубовта што ја имаш кон твоето семејство, ќерките и сопругата твојата посветеност кон работата сценската дисциплина, креативност, е реткост и вредност која морам да ја споменам. Твојот оптимизам со природната духовитост што ја носиш се единствени. Покрај тоа ти си еден од најдобрите домаќини и кулинари во нашава бранша, пазарењето ти беше како хоби исто како и спортот ги следиш сите спортски настани. Секогаш ги следиш сите нови проекти во театрите и филмот. Го сакаш животот и го живееш со полна душа. Сигурно многу се прашуваат зошто пишувам и зборувам во сегашно време. Затоа што ти Дади, живееш во мене и со мене и јас можам само да те поздравам до следното наше видување во Хихириху или на турнеа. Здраво. Твојот другар, Димче Мешковски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ХУМАНОСТ НА ДЕЛО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „МАЈКА ТЕРЕЗА“ Дека постарите луѓе се дел од нашиот живот и не треба да бидат запоставени, практично демонстрираше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со неговата посета на Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани. Во таа пригода, во рамките на „Денови на општина Карпош“ по повод роденденот на општината – 3 ноември и светската Недела на грижа за стари лица, градоначалникот додели пакети со прехранбени производи за 85 згрижени лица. Обраќајќи им се на станарите градоначалникот Јакимовски, помеѓу останатото рече дека повозрасните лица заслужуваат и имаат посебно внимание во нашата општина, и локалната власт прави сè што е во нејзина моќ и надлежност да им го олесни и подобри живеењето во овој нивен заеднички дом. Првиот човек на Карпош, исто така, нагласи дека има потреба да се изгради целосно нов дом за стари лица во Карпош и дека со заеднички напори со Град Скопје и со централната власт тоа би можело да се реализира. Раководителот на „Мајка Тереза“, Никола Матевски, на градоначалникот Јакимовски, во името на Герентолошкиот завод, болницата „Сју Рајдер“ и

Домот „Мајка Тереза“, му врачи благодарница, нагласувајќи притоа дека личниот ангажман на градоначалникот и континуираната грижа и посветеност на Општината, за старите и изнемоштени лица, заслужуваат секоја почест и благодарност. За доброто расположение за време на посетата се погрижија МКУД „Цветан Димов“ од Карпош, збогатувајќи ја со програма на македонски традиционални ора и танци. И. Ѓ.

СТО ПАКЕТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Водејќи се според мотивот за хуманост, кој е и основна карактеристика на нашата општина, деновиве, во просториите на Општината, градоначалникот Стевчо Јакимовски на 100 социјално загрозените семејства и поединци им подели пакети Во нив беа ставени прехранбени производи и средства за хигиена кои граѓаните на Карпош, коишто пазареа во 14 маркети на територијата на општината, ги до-

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

нираа за своите сограѓани. Станува збор за традиционалната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, која се одржа на 20 и 21 октомври и беше спроведена по повод „Денови на општина Карпош“. Покрај пунктот во Нерези, градоначалникот подели и 20 пакети на социјално загрозените семејства во УЗ „Влае 1“, а 40 пакети беа доставени од страна на службите на општината, до старите и изнемоштени лица. „И покрај тоа што тоа не е наша должност, сепак постои морална обврска за нас, да се учествува и да се помогне во оваа хуманитарна акција, за нашите социјално загрозени сограѓани“, изјави градоначалникот Јакимовски, притоа апелирајќи до државните институции да заземат поактивна улога, кога станува збор за социјалната сфера. Инаку, оваа хуманитарна акција се спроведува три пати во годината, за Денот на општина Карпош – 3 ноември, за божиќните и за време на велигденските празници. И. Ѓ.


ОБРАЗОВАНИЕ ДОДЕЛЕНИ СТИПЕНДИИТЕ ЗА НАЈТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СПОРТИСТИ Веќе четврта година по ред, на иницијатива на градоначалникот Стевчо Јакимовски и Советот на Општина Карпош, талентираните ученици и спортисти добиваат стипендии. Годинава, церемонијално беа доделени 106 стипендии за талентирани ученици и спортисти. На доделувањето на стипендиите, во ООУ „Петар Поп Арсов“, на кое присуствуваа годинешните лауреати, наставниот кадар и родителите, се обрати претседателот на Комисијата за образование, Душан Велкоски, член на Советот од ВМРО-НП. Тој истакна дека од пристигнатите 183 апликации за стипендии од надарени ученици, до-

делени се 52, и тоа 15 од прва категорија кои се со месечен износ од 3.500 денари, 23 од втора категорија, со износ од 2.500 денари и 14 од трета категорија, со износ од 1.500 денари. Според претседателот на Комисијата за спорт при Советот на Општина Карпош, Давор Грче, член на Советот од ДПСМ, од 108 апликанти избрани се 54 најталентирани спортисти. Спортистите-стипендисти се распределени во четири категории, а стипендиите се движат од 2.000 до 4.000 денари. Наградите на годинешните стипендисти на Општина Карпош им ги врачи градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој во таа пригода истакна дека станува збор за одлука на Општината да се застане со повеќестрана поддршка за талентираните ученици (од VII и VIII одделение) и на најдобрите спортисти во општина Карпош, кои главно се носители на први и втори награди на државни и меѓународи натпревари. – Интенцијата е, рече општинскиот татко, овие млади талентирани ученици и спортисти да знаат дека постојано зад нив стои општината која ги поттикнува да продолжат по патот на науката и спортот. И. Ѓ.

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА АКЦИЈА

се изврши пресадување на саксиските цвеќиња во холот. Градината во училиштето беше украсено со екопароли, а учениците од второ одделение снимија и ТВ-прилог кој ќе се емитува во образовната емисија „Ѕвон“. Треба да се истакне дека училиштето стана член во кампањата за заштита на климата „Зелени стапалчиња“ во којашто учениците, секое движење пеш или со велосипед го бележеа со зелено стапалче. И. М.

Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ по повод светскиот Ден на акција, во соработка со Општината Карпош и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ), организираа низа еколошки активности. Учениците од ова училиште дадоа голем придонес кон заштитата на животната средина и подигање на еколошката свест. Целта на активностите е училиштето на меѓународно ниво да преземе еколошки акции со цел да се создаде поодржлив свет. Не сосема случајно, во дворот на ова училиште има екоградина која е донација од амбасадата на Кралството Норвешка и Општина Карпош. Токму затоа, учениците од ОУ ,,Јан Амос Коменски“ реализираа неколку креативни работилници за рециклирање и селектирање на отпад, научија како се врши производство на природно ѓубриво од есенските лисја, се засадија зимски темјанушки и

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


НА КАФЕ КАЈ... Проф. д-р Методи Чепреганов

ЖИВЕЕМЕ ВО СТРЕСНИ ВРЕМИЊА Ние живееме во деструктивен амбиент, кој во отсуство на едукација, социјалната загрозеност, сеопштата партизација, генерира таканаречена „продолжена стресност“, вели нашиот соговорник, коавтор на книгата „Стресот и ние“ Ситниот дожд што мириса на снег, не ни пречи да го завршиме разговорот неколку пати прекинуван поради дневните обврски на професорот Методи Чепреганов. Драг пријателе, ми вели професорот; нашиот проблем (на Македонците), е последица на тоталната дезориентираност по ослободувањето од шапката наречена Белград. Условно, ослободени од таа „шапка„ ние и по дваесет и две години продолживме за нашите нешта да го прашуваме некој друг, поточно, американскиот амбасадор. Таа дезориентираност раѓа нетолерантност каде дијалогот е надвикување кое прераснува во насилство. Блискоста во однесувањето со пациентите, што тој ден влегуваа во ординацијата на невропсихијатарот, професорот Чепреганов, одблиску ја гледав и кога доцна таа вечер ми ја предочи пишаната биографија, сфатив дека ние за нашите научни бардови, а соседи, не знаеме ништо или малку. Во Франција, каде е и пишувана спомнатата биогра-

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22• НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

фија на професорот Чепреганов, него и написмено го сметаат за свој. А повод за нашата средба и разговорот што следи, е неодамнешната промоција на трудот „Стресот и ние„ што професорот го напиша заедно со госпоѓата Теодора Костовска. Го прашувам професорот како дошло до тоа, тој стручњак за мозокот и мозочните заболувања, да се појави како коавтор на публикација за стресот. Тој ми објаснува дека долги години имал на ум да напише нешто за стресот, но тоа го одложувал се додека еден ден во неговата ординација не дошла госпоѓата Костовска, која му предложила заеднички да ја напишат книгата. - Веднаш да ти предочам дека во првите дваесет години од својата професионална кариера, јас се занимавав со психијатријата, но по две три непријатни случки со тогашните пациенти, себе си се запрашав, што правам јас. Лечиш некого, а не знаеш од што боледува. Тогаш одлучив да се фатам во костец со


тајните на мозокот, оти во него лежат сите одговори за нашата ваква или онаква душевна состојба. Имав среќа да заминам во Франција, каде се здобив со нови знаења и добив можност, во најдобри можни услови да ги побарам одговорите на прашањата кои ме мачеа во врска со мозокот и мозочните заболувања.  На промоцијата на книгата, Вие обрнавте внимание на четирите глобални проблеми, посочувајќи ги како причини за сите болештини во современиот свет, па и за стресот. - Да, во основата на сите заболувања лежат четири главни проблеми: загадувањето на воздухот, на водата и на почвата, и како уште поглавен е екологијата на духот, односно стресогените состојби. За ова последново, денес многу се зборува и се пишува но практично малку се работи на елиминирањето на причините за стресот. Стресот, всушност, е одбрана на нашиот организам од тоа што го примаме однадвор, од она што атакува на нашата личност и ја нару- шува нашата рамнотежа предизвикувајќи промени на вегетативниот систем. Она што се случува во нашата земја во последните дваесетина години има огромни реперкусии врз психолошкиот статус на нашиот човек, нарушена ни е рамнотежата, немаме духовен мир, немаме сон, се трошиме многу брзо. Опасноста е во тоа што од тоа влијание однадвор, ние не чувствуваме болка, но тоа не јаде одвнатре или стручно кажано предизвикува промени во невромодулаторите.  Во вашата и книгата на госпоѓата Костовска, еден добар дел е посветен на негативното

влијание на медиумите врз нашата психичка состојба. - Влијанието на таканаречената „четврта сила“ во општеството, значи на медиумите и новинарите, е еден од клучните стресогени фактори, во секое општество, а посебно кај нас во Македонија. Новинарите, од најразлични причини: заради принуда, самоволие или личен профит, секојдневно креираат (дез)информации, а тоа само по себе генерира стресогена реакција. Кога таквата реакција ќе стане колективен феномен тој момент може да биде катастрофално опасен и непредвидлив.  Има ли одбрана од ваквите и слични предизвикувачи на стресна состојба? - Има, доколку целосно се изолирате од надворешно влијание, што, се разбира не е возможно. Или, можно е ако има систем со кој се е предвидено, организирано, востановено. За жал, кај нас не е така. Ние сме дезорганизирани, нереални импровизатори и во сите работи трошиме огромна енергија на емоции. Политиката е дел од нашето секојдневие, а бидејќи таа е продукт на оној кој ја има власта, тој најтежок и неизлечив порок, амбиентот е онаков каков што го креира тој. А како што гледаме, таа индивидуална креација е составена од скаран народ, скарани семејства и роднини. Ние живееме во деструктивен амбиент, кој во отсуство на едукација, социјална загрозеност, сеопштата партизација раѓа нетолерантност, а сето тоа заедно, нас не онеспокојува така што живееме во таканаречената „продолжена стресност“. Миле Раденковиќ

Доктор Методи Чепреганов има завидна биографија. Има објавено над 130 научни труда, автор е на 22 монографии посветени на главоболките, мигрената, епилептологијата и неуроимеџинг дијагностиката, беше редовен професор на Медицинскиот факултет по неврологија и психијатрија со медицинска психологија, своите искуства и едукација ги стекнувал на високоспецијализираните епилептолошки клиники во Европа, а за една од монографиите, од Министерството за наука на Франција е награден со престижното признание „Академска палма“, кое се доделува за стручно дело на странец на подрачјето на оваа земја.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22• НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


ВОСПИТУВАЊЕ СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО - УСЛОВ ЗА ВОСПИТАНИ ДЕЦА Во воспитувањето на децата учествуваат различни фактори, но како најзначајни се сметаат: семејството и училиштето, односно наставникот. Силно влијание имаат и: врсниците, општествената средина, мас-медиумите, (посебно ТВ), невладините организации, политички партии, различните социјални мрежи, односно интернетот. Семејството претставува првата најзначајна социјална средина за развој на една личност. Во семејството, детето ги стекнува првите правила на однесување, запознава што смее, а што не смее, што е добро, а што лошо, ги усвојува моралните норми, се учи на вредности во општеството и уште многу други работи. Тука се удираат темелите на интелектуалното, моралното, социјалното, естетското, физичкото, емоционалното и работното воспитание, но и темелите на заедништвото, почитувањето , како и усвојувањето на вредностите и погледот на свет. Низ семејната призма се прекршуваат традиционалното и современото, авторитетот и слободата, индивидуалното и колективното, чувствата и разумот, или едноставно речено-семејството е „матрица” на сите човечки вредности. Затоа, семејното воспитување е од извонредна важност. Некогашното традиционално семејство веќе подолго време доживува трансформација, а тоа, пак, најмногу се рефлектира во извршувањето на воспитната функција. Промените се однесуваат на односите во семејството, статусот на неговите членови, организацијата на животот во семејството, како и видот на промените на воспитниот стил и на воспитните мерки. Во услови на традиционално семејство, кога заеднички живееле и по неколку генерации, воспитната функција многу полесно се остварувала, поради големото меѓусебно почитување на сите членови во семејството, а посебно кон постарите членови. За него е карактеристична хиерархиската поставеност и доследното практикување на моралните вредности, што придонесувало семејството да функционира врз цврста основа и успешно да ја извршува воспитната функција. Во современото семејство се случуваат големи турбуленции во тој поглед. Заедничкото живеење само на родителите и децата, вработеноста на двајцата родители, зголемениот број на разводи, урбаните промени, економската криза и сл. имаат силно влијание врз остварувањето на воспитната функција. Евидентно е дека родителите многу потешко

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

се справуваат со однесувањето на своите деца, отколку што тоа беше случај со нивните родители. Всушност, воспитната функција станува сè покомплексна и потешка за остварување, пред сè поради вредносната и моралната криза која го зафаќа општеството во целина. Генерациските разлики и сфаќања ги прават суштинските дијаметрално спротивставени погледи на светот помеѓу младите и постарите генерации, односно помеѓу родителите и децата. Во такви услови, за да го намалат сопственото влијание, како и сопствениот неуспех, родителите сметаат дека грижата околу воспитувањето на сопствените деца треба да ја преземе училиштето. Од тие причини, доаѓа до воспитен вакум кој мошне негативно се одразува врз младите генерации кои се сè поинтензивно препуштени на другите фактори кои вршат силно влијание врз нив. За да се намалат негативните влијанија од неуспешното функционирање на семејството и училиштето, неопходно е и училиштето и семејството цврсто да се поврзат, односно воспитно да се проткајуваат. Училиштето е вториот фактор за воспитно влијание, а тоа се остварува преку наставникот, кој е стожерот на воспитно-образовниот процес. Затоа и не случајно дека Дистервег, еден од најзначајните педагози во историјата на човештвото заклучил дека: „Училиштето вреди толку колку што вреди наставникот”. Едно наше истражување на тема: „Улогата на наставникот во реализирањето на воспитната функ-


ција‘‘, покажа дека над 50 % од наставниците од одделенска и предметна настава (од две скопски училишта) сметаат дека улогата на наставниците во остварувањето на воспитната функција е голема. Меѓутоа, подолго време наставниците се насочени претежно кон образовната функција, а воспитната е во голема мера маргинализирана. Сето тоа повлекува и опаѓање на авторитетот на наставниците, занемарување на воннаставните активности, формални годишни програми за воспитно делување, зголемени администартивни задолженија. Од многу одамна е познато дека наставникот не може и не смее да биде само предавач, односно пренесувач на знаењата и единствен извор на информаци кои учениците ги користат. Не занемарувајќи ја оваа функција на наставникот, напоменуваме дека наставникот е пред сè воспитувач на младата ге-

нерација и дека знаењето што го поседува треба да биде само средство со чија помош тој ќе ги воспитува учениците, односно ќе делува воспитно врз нив, градејќи систем на вредности и ставови, меѓусебно почитување, толеранција, како и развивање на механизмите на заеднички живот и работа. Значи, колку успешно ќе се остварува воспитната работа низ наставата и надвор од неа, во голема мера зависи од наставникот. Доколку наставникот влијае со позитивни примери и постапки преку своето однесување, преку начинот на комуникација, облекувањето, говорот и сл. тогаш многу човечки вредности ќе се откриваат и ќе се прифаќаат од страна на учениците толку успешно, колку што истите се на најдобар начин откриени, протолкувани и поврзани со детското искуство. Проф .д-р Розалина Попова-Коскарова

Во О.У. “Владо Тасевски”

УЧИЛИШНА АКЦИЈА ЗА СЕЛЕКТИРАЊЕ ОТПАД Во организација на Општина Карпош, компанијата “Пакомак” и радио “Буба Мара”, во О.У. “Владо Тасевски”, се одржа манифестација која го означи почетокот на големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата. Оваа еколошка кампања има за цел да ги поттикне децата да го селектираат отпадот од најмала возраст и да се едуцираат за важноста на рeциклираниот отпад. За собраниот амбалажен отпад од пластика, „Пакомак“ ќе возврати со хигиенски средства, кои досега беа на трошок на училиштата и родителите. Училиштето што ќе собере најмногу отпад, ќе добие и дополнителни награди. “Целта на овој проект е тој да прерасне во активност” – изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на “Пакомак”. За големиот интерес и ефикасноста на оваа акција посведочи и директорката на основното училиште Владо Тасевски, според која, за неполни 2 месеци се

собрани над 600 килограми пластичен отпад. “Драго ни е што нашето училиште е дел од оваа еколошка кампања и што нашите ученици заедно со своите најблиски ќе размислуваат и разговараат за екологијата и за тоа како паметно да се селектира отпадот”, истакна директорката. На оваа акција присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски, според кој, поддршката што ја дава локалната власт, е потврда на заложбата на Општина Карпош за создавање на еколошки чиста животна средина и обезбедување на поубава иднина за младите генерации. “Сакаме нашите деца да учат и да растат во еколошко опкружување, да градат навики за примерно однесување кон животната средина. Се надеваме дека оваа акција ќе придонесе за будење на еколошката свест на општинско и на национално ниво, и дека ќе поттикнеме други општини и институции да реализираат вакви и слични еко-проекти во иднина” – изјави Јакимовски. В. Ц.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


НАЈ ВО КАРПОШ Нове Ристевски - воен пензионер и сопственик на најголемата колекција на столни ламби во Мекедонија

СВЕТИЛКИ ЗА РИПЛИ И ГИНИС - Би ги продал, ако има заинтересиран купувач, ако нема, сакам да ги подарам на Општина Карпош, да се искористат во хуманитарни цели, вели чичко Нове, одново враќајќи се на својата омилена тема преубавите војнички денови во Карловац Глетката е збунувачка и за пасиониран собирач на старини и други дрангулии, бидејќи, во сучајов, станува збор за стан пренатрпан со стотици столни ламби од сите страни на светот. Собирачот Нове Ристевски, заставник во пензија, ужива во затеченоста на новодојденецот, бидејќи од искуство знае дека истиот, кога ќе се привикне на глетката, ќе добие желба да ракоплеска. Толку столни ламби нема ниту во еден музеј, доколку таков , за ламби, постои некаде во светот. Некогашниот фурнаџија во Титовата гарда, поради слабите, попуштени нозе, сега сè повеќе врзан за постела, едно време ве остава да се воодушевувате на неговото несекојдневно хоби, а потоа, со војничка речитост ја наметнува приказната за славното служење во некогашната Титова армија. Иако роден демирхисарец (Жван, 1927 година), спомените ги евоцира на српскохрватски јазик и со носталгија, позната само на неговите некогашни соборци од ЈНА.

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

- Нове беше војничина пред чие знаење замолчуваа и високите воени старешини, ги прераскажува инсертите од својата животна биографија, како да зборува за некој друг. Само Нове имаше смелост да стане и да го замолчи соодветниот старешина, велејќи му дека не е точно тоа што тој го зборува. И тогаш, настапуваше Нове и добиваше аплауз на отворена сцена. Така беше во Херцег Нови, така во Загреб и во Карловац. Насобраните соседи, кој на чичко Нове и неговата втора сопруга Елица, им се наоѓаат при рака, предводени од госпоѓата Каја и другарот Добре Младеновски, „кустос“ во музејот за столни ламби, го надополнуваа својот сосед, сакајќи да ја потполнат сликата за легендарниот наставник за месење војнички леб. - Домаќинот ги слуша и, одвреме навреме, ќе се огласи со некоја стара досетка, задолжително потенцирајќи, Нове знаеше, можеше и смееше да им се спротивстави на капетани, мајори и полковници, секогаш кога грешеа...“.


Соседот добро го надополнува, објаснувајќи ми дека токму и заради тоа „чичко Нове бил предвреме пензиониран“, и имал време да им се посвети на своите хобија, односно да прави фотографии, да поправа чевли, да шие, да поправа електрични апарати, да прави рибарски тапи“. Инсистирам муабетот да го свртиме кон купчињата ламби што не опкружуваат. А, ова е само дел, дојдете да ги видите и другите, вели Добре и тогаш ги обиколуваме трите други простории. Дури по таа кратка прошетка низ трособниот стан, сфаќам дека чичко Нове навистина бил воен старешина, пред кој, и оние со двојно повисок чин, морале да стојат мирно. - Ова е само дел од колекцијата на чичко Нове, ми вели „кустосот“Добре, додавајќи дека другиот дел е подолу, во другиот стан на чичко Нове. Тоа сега е стан на син му, кој живее во Лондон, и таму се порепрезентативните примероци на столни ламби. - Ламби почнав да собирам пред десетина години, а почнав најпрвин поправајќи ги и реставрирајќи ги старите примероци што ги купувам на Циганскиот пазар, вели нашиот домаќин и додава дека, сега, додека е при свест, сака својата колекција да ја вдоми. - Би ги продал, ако има заинтересиран купец, ако нема, сакам да ги подарам на Општина Карпош, да се искористат во хуманитарни цели, вели чичко Нове, одново враќајќи се на својата омилена темапреубавите војнички денови во Карловац, каде и ја завршил својата војничка кариера. Раскажува дека има син и ќерка, и од нив три големи внуци. - Да ви раскажам нешто и за мојата сегашна сопруга Елица. Таа останала вдовица во исто време кога умре мојата прва жена. А, за неа ви раскажувам, бидејќи јас сум веројатно единствениот маж на светов, кој по вторпат се оженил само со два збора. Ја гледам Елица и и велам, „Би ли ти пошла за мене одма?“ „Би, зошто не би“, рече таа, и така се оженив. Тетка Елица е навистина симпатична дама, која со насмевка го потврдува раскажувањето на својот Нове, а потоа, кога соседите се разидоа, ни свари убаво кафе и рече дека и таа му помагала во собирањето на овие неброени столни ламби. На заминување, чичко Нове ми подарува неколку од илјадниците тапи поместени во пластични чанчиња, наредени над висечката кујна. - Помогнете да ги вдомиме овие прекрасни ламби на чичко Нове, ми вели неговиот најблизок сосед, Добре Младеновски. Ќе се обидам, му велам, заминувајќи со мисла дека колекцијата на чичко Нове заслужува внимание на Гинисовата фондација. А за енциклопедијата на Рипли, и да не зборуваме. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


НИЕ ЗА НАС АЛО ЕЛМАЗ, КАЈ СЕ НАОЃАШ... - Како си тргнал, му велам на шега на Елмаз, еден ден ќе стасаш до шефовска фотелја. Тоа е природен пат на секој совесен работник, ми возвраќа, шеретски смејеќи се Горниов наслов е лозинка за секој од вработените во локалната самоуправа на Општина Карпош, кога сака на време да стаса на некој состанок или настан, важен за нејзиното успешно работење. Вториот дел од „лозинката“, пак, ја одразува блискоста со Елмаз Амери, еден од службените возачи во Оштината, и без неа, при телефонски повик, тешко дека ќе бидете регистрирани како некој на кој му се брза. Откако ќе ја слушне лозинката, Елмаз муабетот го крати, со: „А“, „Ахаа“, „Каде“, „Подоцна“, „Кој ти рече“... Ако сте во негова близина, или веќе ве вози некаде, ќе добиете објаснување за она, „па не можам да летам“, со кое скратува нечие инсистирање, „веднаш да се нацрташ“. Уредност, точност, и подготвеност за шега, се особини со кои не можат да се пофалат неговите сонародници од Злокуќани, каде се вбројува во угледни домаќини. Вели дека тие работи ги учел од дома и од повозрасните колеги, возачи. Развојниот работен пат на Амери е сообразен со пред малку наброените особини, што ќе рече дека напредувањето во службата, од хигиеничар, шеф на хигиеничарите, па до службен возач, не е ни малку случаен. - Како си тргнал, му велам на шега, еден ден ќе стасаш до шефовска фотелја. Тоа е природен пат на секој совесен работник, ми возвраќа, шеретски смеејќи се.

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

А нашиот Елмаз е навистина домаќин во целосна смисла на зборот. Оженет е со Гордана и на моето прашање, дали и каде таа работи, тој возвраќа. Таа е вработена дома, како и што е ред кога се омажила за способен маж. Кога потоа ќе ви каже дека има две ќерки, Алиса и Рамиза, и двете мажени во Франција, сериозно ќе ви подвлече дека не се шегува. - Од Алиса имам две златни внучиња, од Рамиза едно, исто така златно, а второто е на пат и ако даде Господ, ќе имаме по две од двете ќерки, што е сосема доволно за современа фамилија. Наследникот Мухамед е сеуште млад, но веќе е вработен и не му е на товар. „Останува и него да го „туриме во вера“, и потоа Господ нека ни дава здравје. Се друго ќе си дојде, како што е пишано. - Ако ме прашуваш за слободно време, јас и не го имам многу, но кога ќе ми налетa, го користам да помогнам дома, нели ние „папучарите“ си ги почитуваме своите домаќинки. Прошетките покрај Вардар ми се задолжителни, а играм и фудбал. - Кој ти е најголем пријател во Општината, го прашувам Елмаз. - Градоначалникот Стевчо, одговара како од топ, а потоа, смеејќи се, додава, Јоце се подразбира, во сите варијанти на пријателство, ако сериозно ме прашуваш. М. Раденковиќ


МЛАДИТЕ НА ДЕЛО На Првиот светски форум за демократија во Стразбур

СЛОБОДАРСКИОТ ДУХ НА КАРПОШ Во почетокот на октомври, во Стразбур, една од институционалните престолнини на Европа, се одржа Светскиот форум за демократија на Советот на Европа, традиционалниот чувар на демократијата и човековите права и слободи. Во текот на една недела, околу 1500 учесници од 120 земји од петте континенти дебатираа и споделуваа искуства, за локалните и регионалните проблеми, но и за глобалните предизвици пред кои е исправено човештвото во 21-от век. Говорници беа еминентни предавачи од различни области и со најразлични професии, политичари, активисти, новинари, а на самото отворање се обрати и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун. Чест и привилегија да биде дел од овој настан имаше и нашата сограѓанка, Весна Попоска, магистер од областа на меѓународното право и меѓународните односи и еден од најдобрите студенти на својата генерација, во Школата за политика на Советот на Европа, која во нашата земја е позната под називот Школа за јавни политики „Мајка Тереза“, при Центарот за истражување и креирање политики. Попоска беше една од најмладите и најактивните учесници на форумот и остави свој белег на дискусиите за светската демократија, но и да даде насоки за регионалните политички текови. И покрај фактот што била дел од најразлични обуки и образовни програми во Македонија и странство,

ова искуство го оценува како посебно во својата досегашна кариера. „Чувството дека сте граѓанин на светот е неповторливо. Пред вашите очи се обединуваат сите раси, сите традиционални облеки, во ушите ви одекнуваат зборови на различни јазици. Од друга страна, имате можност директно да им се обратите на најеминентните имиња, да ги прашате за најгорливите работи. И секако, иако атмосфера беше европска, дружењето надвор од официјалните настани беше во балкански дух – непосредно, топло и многу весело“ Позитивното искуство од Школата за политика Весна несебично го сподели со нас и со својот сосед и пријател м-р Иван Стефановски кој е дел од новата генерација студенти на школата „Мајка Тереза“ и од кого исто така очекуваме да ги сподели своите искуства од следниот Светски форум за демократија. Посебно, пријатно бев изненадена од реакцијата од босанските колеги, кои, по една моја дискусија во текот на дебатите, ми придоа со забелешка: „Ти сигурно живееш во Карпош. На прв поглед е очигледно од каде доаѓа оваа бунтовност и енергија. Ние бевме присутни на доделувањето на наградата на вашиот Стевчо за најградоначалник. Тој е најдобар и затоа и вашата општина изгледа така урбано“, ми рекоа, ги заклучи Весна своите импресии од Првиот светски форум за демократија. Ива Манова

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


ЗАПИС ОЖИВУВАЊЕ НА ХЕРОЈОТ ПИТУ Овде не станува збор за етапа од некоја си урбанистичка мисија од типот „Скопје 2014“, а уште помалку за политичко популистички проект на локалната самоуправа на најурбанизираната општина во државата, туку за благородна спрега на идеја на еден уметник и желба на еден градоначaлник

Сашо Поповски и херојот Доколку на еден уметник му ги обезбедите најоптималните услови за работа, од неговото творештво не очекувајте врно уметничко дело, велат дека еднаш рекол генијалниот Леонардо Да Винчи. Сашо Поповски, наш реномиран вајар, не го дели таквото мислење, додека во импровизираната работилница, во глина, го довршува своето најново дело. - Не ми пречи што наместо подвижното скеле ја користам оваа штица потпрена на две столчиња, бидејќи мотивот да го овековечам ликот на славниот херој Кузман Јосифовски Питу е поголем од сите субјективни пречки, вели, додека со дрвено ноже ја

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

извлекува впечатливата аркада над окото на славниот македонски револуционер. Приказната за нашиот уметник со европска наобразба и балканска душа, како и неговото дело, не е никаква етапа од некоја си урбанистичка мисија од типот „Скопје 2014“, а уште помалку политичко популистички проект на локалната самоуправа на најурбанизираната општина во државата. Таа е кус запис за благородната спрега на идејата на еден уметник и желбата на еден градоначалник, ликот и делото на еден знаменит маж на овој народ да се овековечи со споменик, достоен на тој лик и тоа дело. - Да бидам искрен, во креативниот тим при Општината Карпош, каде што бев примен според сите процедури и критериуми, веднаш на почетокот се соочив со дилемата, што навистина ќе работам. Дилемата се зголеми кога сфатив дека во урбаните проекти, како што се сега веќе завршените плоштади и фонтани, не беа предвидени вајарски елементи, односно, моето конкретно ангажирање. Во тоа време, присуствував на чествувањето по повод годишнината од смртта на Кузман Јосифовски Питу, и се запрепастив од сознанието дека на местото на неговото загинување нема никаков белег. И веднаш, тука, пред очи го видов споменикот на херојот, за кој, на тоа чествување говорниците ми ги освежија сеќавањата за Питу. Утредента, рано сабајле отидов кај Градоначалникот, му ја изнесов мојата идеја, и плод на таа средба е ова што го гледате, или поточно, она што за некој месец ќе го видите на местото на кое некогаш загина големиот македонски револуционер, Кузман Јосифовски Питу. Без помпа и таламбаси, уметникот и градоначалникот си ги поделиле обврските, и веќе ова лето, во дотраената барака во Карпош, вајарот Сашо Поповски ја создаваше минијатурата на идниот споменик. По сплет на околности, потписникот на овие редови, имаше ретка прилика, пред сите други да го види идниот споменик. - Ако Вашето воодушевување е искрено, и доколку градоначалникот го сподели со нас, јас работата сум си ја завршил, ми се довери уметникот. Ако тогаш, и со право се сомневаше во лаичкото воодушевување на еден новинар, Сашо Поповски за такво нешто немаше повод по првото соочување на неговото минијатурно дело со судот на градоначалникот Јакимовски.


Шкрт на комплименти, градоначалникот не го криеше своето воодушевување. Го разгледуваше во глина оживеаниот Херој, го потапка по рамото уметникот, и го запраша кога да очекуваме ова да го видиме во вистинска големина? - Од утре почнувам со главната работа, возврати уметникот, a ние победнички си заминавме од импровизираното атеље. Во наредните три месеци бев сведок на балканското проклетство кое му е судено на секој уметник, заколнат индивидуалец. Тендери, комисии, адекватен простор и материјал, и долги разговори, во кои го убедував дека е тоа нормално, дури и во Карпош, во кој за добра идеја секогаш има слух. Едно утро, при крајот на месец август, уметникот ми доаѓа во пресрет со раширени раце. - Бевте во право, но ќе ме разберете зошто бев досадно нетрпелив. Ги завршив сите подготовки и веќе денес започнувам со кревање арматура. Во наредните три месеци, речиси ден за ден, навраќав во „новото“ атеље, и имав привилегија да гледам како се раѓа уметничкото дело, поточно стамената фигура на големиот револуционер Кузман Јосифовски Питу. - Сакам да биде во природна големина, токму онаков каков што бил, ми зборуваше Сашо додека жилавата глина је преточуваше во ренесансна кондура или рака на револуционерот, стисната во тупаница. Првата „инспекција“ се случи кога Питу веќе ја беше зазел позата од еден говор што го држеше пред своите соборци во славната Дебарца. Покрај

градоначалникот, во визита беа повикани и некогашните соборци на Питу, другарите Томе Буклевски-Маќули и Перо Ивановски-Ти- квар. Уметникот ги прашуваше дали тоа што го гледаат е Питу, и што треба да се коригира тој да биде навистина, каков што го паметат. Пак си заминуваме воодушевени, а уметникот останува да ги „внесе“ забелешките од најмеродавните супервизори.- Уште ми преостанува да го викнам мојот драг професор, оти неговите забелешки се закон за сите нас кои вака ги оживуваме нашите славни сонародници, ми се доверува Сашо, додавајќи дека веќе размислува за постаментот и изгледот на просторот во кој Питу треба да векува. - Просторот пред споменикот треба да биде поплочен со вакви коцки, клупите треба да бидат од железо и дрво, како што биле во тоа време. Околу треба да има класични канделабри, какви што ги има околу руските споменици. Околу нив треба да се насадат диви костени и тоа ќе биде амбиент достоен за херојот Питу. Секаков модернизам и компјутерски маниризам не е дозволен... - Ако не можете да го замислите ова што ви го зборувам, бидете трпеливи до февруари идната година. Тогаш ќе го видите оживеаниот Кузман Јосифовски Питу, ми вели уметникот Поповски, подготвувајќи се за средба со луѓето што неговото дело треба да го излеат во бронза. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


СПОРТОРАМА

ЗАВРШИ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ НА УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ Во спортските сали при основните училишта во нашата општина, без медиумска помпа, и оваа учебна година течат натпреварите во училишните лиги во: одбојка, кошарка и фудбал. Во спортска атмосфера, следени од своите спортски учители и верните навивачи, основците, во спомнатите спортови, биеја жестоки битки за престиж на табелата. Знаејќи дека на крај, на пролет, кога превенствата ќе завршат, најдобрите добиват и вредни награди, најмладите спо-

ртисти не се штедеа. А кои ќе бидат најдобри ќе се знае на крајот на првенството, така што оние кој есенва не заседнаа на врвот на првенствената табела, својата шанса ќе ја чекаат напролет, кога лигите завршуваат. Се разбира, благодарејќи им на колегите од Одделението за спорт при локалната самоупрва, во можност сме и со задоволство ги објавуваме табелите и постигнатите резултати од првиот дел на спортските училишни лиги во Карпош.

Фудбал Училиште

одиграни натпревари

победи

порази

нерешено

дадени голови

примени голови

бодови

1

ОУ"Владо Тасевски"

9

5

0

4

15

5

19

2

ОУ "Д. Х. Димов"

8

5

1

2

10

5

17

3

ОУ "Братство"

9

5

3

1

18

8

16

4

ОУ "В. Чернодрински"

9

4

3

2

21

17

14

5

ОУ "Братство"

9

5

3

1

18

8

13

6

ОУ "В. Ц. Трена"

9

4

4

1

18

10

13

7

ОУ "П. Поп Арсов"

9

3

4

2

10

14

11

8

ОУ "Ј. А. Коменски"

9

2

5

2

8

17

8

9

ОУ "Л. Трповски"

8

2

5

1

8

21

7

10

ОУ "А. Писевски“

9

1

6

5

8

18

5

Кошарка Екипа

Коло

Победи

Порази

Сет количник

Бодови

1

Петар Поп Арсов

7

7

0

197:127

14

2

Војдан Чернодрински

7

5

2

204:143

12

3

Димо Хаџи Димов

7

5

2

172:126

12

4

Владо Тасевски

7

4

3

182:137

11

5

Вера Циривири Трена

7

2

5

127:147

9

6

Христијан Тодоровски Карпош

7

2

5

179:204

9

7

Јан Амос Коменски

7

2

5

121:169

9

8

Лазо Трповски

7

1

6

119:161

8

Коло

Победи

Порази

Сет количник

Бодови

Одбојка Екипа 1

Владо Тасевски

7

7

0

14:0

14

2

Петар Поп Арсов

7

5

2

10:5

10

3

Лазо Трповски

7

5

2

11:5

10

4

Димо Хаџи Димов

7

4

3

9:7

8

5

Аврам Писевски

7

3

4

7:8

6

6

Војдан Чернодрински

7

2

5

5:11

4

7

Братство

7

2

4

5:8

4

8

Јан Амос Коменски

7

0

7

0:14

0

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


Спортски ентузијасти: Атанас Филиповски

ФИТ ФАН ВОЛЕЈ - ОДБОЈКАРСКА АКАДЕМИЈА ЗА ДАМИ Со сестрана, пред сè финансиска поодршка на локалната самоуправа, во женскиот одбојкарски клуб„Фит фан волеј“ осумдесет талентирани девојчиња се подготвуваат да го повратат сјајот на македонската женска одбојка Колку и да е апсурдно, вистина е дека Македонија веќе неколку години нема женска одбојкарска реперезентација. Вистина е, исто така, дека во Општина Карпош постојат бивши одбојкари, ентузијасти, кои се решени да и го вратат сјајот на македонската женска одбојка, спорт во кој некогаш нашата земја имаше свое место под европското одбојкарско небо. Еден од оние кој е убеден во таква перспектива на нашата одбојка е и нашиот соговорник, Атанас Филиповски, некогашен успешен одбојкар на „Студент„, „Олимпик“, „Вардар“ и „Лирија“, а сега раководител и тренер во Одбојкарскиот клуб „Фит фан волеј“. - Нашиот проект, под ова метафорично име „Фит фан волеј“, го започнавме пред пет години и на пат сме да создадеме база за сите одбојкарски селекции. Кога решивме да тргнеме од нула, не размислувавме за објективните пречки, со кои и денес се соочуваме. Едноставно, решивме своето искуство да им го пренесеме на младите, заинтересирани и талентирани девојчиња и себе си да се спасиме од губење време во потрага по вработување во струка-

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

та. Мојот колега, Благоја Ставревски, и јас сме дипломирани професори по физичка култура и вистински вљубеници во одбојката, со која долги години професионално се занимаваме. Така зборува нашиот соговорник, објаснувајќи дека голема вина за формирање на нивен клуб има формалниот селектор на женската одбојкарска репрезентација на Македонија, Зоран Чадиев, сопственик на девет шампионски титули со повеќе екипи во земјава. „Од него ги учевме сите тренерски тајни, бидејќи повеќе години бевме негови први соработници. Од него научивме дека само со напорна работа и љубов можат да се постигнат резултати во секоја работа, па и во одбојката“. Во нашиот клуб активно тренираат над осумдесет девојчиња на возраст од 9 до 16 години, и сите три наши екипи, веќе се натпреваруваат во државното првенство, а во нашите редови имаме и една репрезентативка. Станува збор за супер талентираната Моника Црнокрак, на која, се надеваме, наскоро ќе и се придружат уште неколку талентирани девојки. Веднаш да ви кажам дека токму таквиот ин-


терес кај најмладите ни дава поттик на работите во клубот да им приоѓаме одговорно и професионално. За наша среќа, во таквите настојувања имаме поддршка од локалната самоуправа, од Општината Карпош и нејзиниот градоначалник Јакимовски, и искрено се надеваме дека наскоро Карпош ќе стане расадник на врвни одбојкарки. Ова не го кажувам од чиста куртоазија, туку со чувство на гордост, бидејќи таа помош не уверува дека во Општината има луѓе кои знаат дека без вложување во млади и талентирани, без оглед во која сфера, нема одење напред. Ова чувство е уште посилно кога ќе ви кажам дека ние, од Одбојкарската федерација и од Агенцијата за млади и спорт не добиваме ниту еден денар. Јас, лично, не можам да ви ја опишам радоста што ја почуствував кога градоначалникот Јакимовски ни подари шест олимписки топки, онакви со какви што одбојка се тренира и се игра во цела Европа. Добивме нова мрежа и две топки за одбојка на песок, а кога на тоа ќе додадеме дека во салите во ОУ

„Лазо Трповски“ и ОУ „Петар Поп Арсов“ ги имаме сите услови за тренинзи, ќе стане јасно зошто сме оптимисти кога е во прашање проектираната цел. Колегата Баже работи со младите одбојкарки на ОУ„Лазо Трповски“ , каде што е вработен како наставник по фискултура, и тие мошне успешно се натпреваруваат во општинската одбојкарска лига за основци... Со оглед дека досега, според условите за работа, пред нас беа тимовите од Струмица, Велес и Тетово, во иднина ќе им бидеме достојни конкуренти, а сите заеднички ќе создадеме државна лига со повеќе од сегашните четири тима, и автоматски со тоа ќе создадеме играчи за државната репрезентација. Да не заборавам да споменам, дека неколку години наназад, со тимовите од Струмица и Тетово, секое лето, во Претор организираме еднонеделен летен камп „Бич волејбол“, се повеќе популарната одбојка на плажа. М. Раденковиќ

Средношколски кошаркарски турнир

ПОБЕДНИЦИ МОМЧИЊАТА ОД „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ Во френетична атмосфера, пред многубројната публика во СЦ „Борис Трајковски“, се одиграа финалните натпревари од турнирот во кошарка за средните училишта, организиран и финансиран од Општина Карпош. Во првиот натпревар за третото место, победи екипата на гимназијата „Орце Николов“ која со резултат од 65:36 ja совлада екипата на гимназијата „Кочо Рацин“. Во финалниот натпревар кој помина во голема неизвесност до последната минута, првото место го освоија младите кошаркари на „Георги Димитров“ со тесен резултат од 80:78 против екипата на „Никола Карев“. За трите финалисти, Општина Карпош обезбеди парични награди од кои првопласираната екипа до-

би награда од 150.000 денари, втората од 100.000, додека третопласираната освои 50.000 денари. Општина Карпош за сите учесници на овој турнир, исто така, обезбеди кошаркарска опрема (дресови, гаќички и патики). Турнирот беше организиран во рамките на манифестацијата „Денови на Општина Карпош“ по повод роденденот на Општината – 3 ноември. Локалната самоуправа во континуитет ги поддржува сите спортски настани од различен вид, со цел да ги стимулира младите спортисти, таленти и ентузијасти да развиваат здрави животни навики. Турнирот се одржува по вторпат и има цел да прерасне во традиција. И. М. – И. Ѓ.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


ПРОЕКТИ БИЗНИСМЕНИТЕ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ВО МАРКЕТИНГОТ Со цел да му се помогне на бизнис-секторот и да се зајакне локалниот економски развој, Општина Карпош преку консултантска куќа организира бесплатни обуки за вработените во малите и средни претпријатија кои работат на подрачјето на нашата општина. Директни бенефити од овие обуки ќе имаат учесниците коишто ќе учествуваат на истите, како и малите и средните претпријатија од сите дејности во коишто тие се вработени. Целна група за која се наменети овие обуки се вработените лица во малите и средните претпријатија, особено оние од секторите маркетинг, продажба и односи со клиенти. За таа цел се предложени три различни тематски обуки: Обука за вештини во маркетингот Во овој курс учесниците ќе се запознаат со целосниот процес на маркетинг и колкаво е неговото значење за успехот на фирмите. Тие исто така ќе научат како потрошувачите ги донесуваат одлуките за купување, како да се сегментираат пазарите, како да се таргетираат потенцијалните купувачи и како да се определат инструментите на маркетинг-миксот за таргетираните сегменти. Овој курс овозможува учесниците да ги сознаат маркетинг-методите кои се применуваат во нивните компании и заедно со другите учесници во групата и тренерот заедно да ги анализираат. Ако учесници-

те доаѓаат од различни организации тогаш тоа е уникатна можност да се разменат маркетинг-идеи од различните сектори и индустрии коешто историски се покажало како одличен извор на маркетинг-иновации. Обука за продажни вештини Овој курс ги опфаќа традиционалните и модерните техники за продажба и ги подготвува учесниците за упешна продажба во разни сектори: трговија, услужен сектор, производство, како и за Б2Б и Б2Ц сектори. Исто така, по комплетирање на овој курс учесниците ќе бидат оспособени да се справат и со комплицирани продажни сутуации без разлика дали станува збор за мали или големи проекти. Обука за истражување на задоволството на клиентите Задоволството на клиентите е најважен нефинансиски индикатор со кој се мери успешноста на работењето на компаниите, особено во услужниот сектор (ресторани, хотели, кафетерии, и сл.). Задоволните клиенти прават бесплатна промоција на фирмите. Клучната цел на фирмите треба да биде задржување на лојалните клиенти со што директно се зголемува нивниот профит. Во новото време, задржувањето на лојалните клиенти е многу поважно од освојувањето на нови. Обуките ќе се одржат во декември и тоа во следните термини: 12.12.2012 година (среда) – од 9.00 до 17.00 часот 15.12.2012 година (сабота) – од 9.00 до 17.00 часот Со овие обуки и сите претходни реализирани проекти, ние како Општина ќе ја заокружиме успешно годината, зашто знаеме дека придонесовме за раст на локалниот економски развој во Општина Карпош. Индиректно им помогнавме на многу млади невработени лица, млади со голем потенцијал во себе. Помогнавме во формирањето на нови бизниси и секако ги одржуваме постоечките. Александра Теова

34

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 22 • НОЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


АКЦЕЛЕРАТОР УСЛУГА - ПСМ СТАРТАП ПРЕДИЗВИК ПСМ Фондација (www.yes.org.mk) и Општина Карпош ви го најавуваат почетокот на проектот “Акцелератор услуга-ПСМ стартап предизвик”. Проектот вклучува селекција на 20 млади луѓе од Општина Карпош (преку отворен конкурс), кои ќе поминат 3 месеци во ПСМ Акцелераторот каде ќе добијат бесплатен простор за работа, совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални инвеститори и средби со успешни претприемачи кои ќе им помогнат да се соочат со предизвиците во текот на престојот. Понатаму, по изминување на периодот од 3 месеци, врз основа на различни параметри за развој (генерирани приходи, склучени договори, квалитет на понудените услуги итн.), тројцата нај-

успешни учесници ќе бидат наградени со награден фонд во износ од 120 000 денари. Проектот има за цел да овозможи соодветни ресурси на младите кои веќе работат одредена форма на услужен бизнис, но сеуште немаат регистрирано своја компанија. Со ова би се создала нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават на trainings@yes.org.mk со пополнета апликација најдоцна до 20 декември 2012 година. *Апликацијата можете да ја најдете на веб страната на ПСМ Фондација www.yes.org.mk


МОНТЕСОРИ ВО КАРПОШ


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.