Карпош Урбан бр.14

Page 1

Весник на локалната самоуправа март 2012 • бр. 14 • година 4

К А Р П О Ш СО Д В А Н О В И П Л О Ш ТА Д А: В Л А Е И М Л ЕЧ Е Н Р Е С ТО РА Н

ПРЕКУ АЉАСКА МОРАЛНИТЕ ДО МОНТ ЕВЕРЕСТ ПРИНЦИПИ ПРЕД СÈ



окус Мене ми е битно што мислат граѓаните на Карпош за работењето, а што мислат советниците на ВМРО-ДПМНЕ одамна ми е јасно

Стевчо Јакимовски

ОД МОЈ АГОЛ

Одиме како „Јапонски воз“ Оваа 2012 година ќе биде година на капитални објекти? Да, до крајот на оваа година ќе се посветиме на партерното уредување на неколку локации во Карпош.Ќе ги реконструираме и преостанатите училишта во општината, но сепак најмногу ќе работиме на изградба на инфраструктурата на територијата на Козле. Имаме намера да го доуредиме булеварот Партизански одреди со цветните аранжмани, со нашите, веќе прочуени, жардињери со темјанушки. За оваа година во план ни е, доколку имаме доволно финансиски сред­ства да почнеме и со изградбата на новата општинска зграда. Очекувате ли поголеми инвестиции од страна? Се разбира, сé што е до нас ние го сработуваме во таа насока. Во континуитет носиме детални урбанистички планови, а токму тоа е создавање услови за влез на нови инвестиции во Карпош. Мислам дека сите сериозни инвеститори тоа веќе го препознаваат и дека Карпош наскоро ќе добие многу модерни и атрактивни објекти со различни намени. Карпош е, според мислењето на најголемиот дел од граѓаните на Скопје, најпо­ саку­ вано место за живеење.Ве прави ли тоа задоволен? Секако. За тоа сме се потрудиле и тоа го заслужуваме. Ништо не е дојдено случајно.Се е стекнато со работа,со труд и со домаќински однос кон доверените средства од граѓаните. Напредокот на Карпош е евидентен во последните 10 години.Следните четири години, до 2017 година, мислам дека Карпош ќе ги „прешиша“ другите општини во развојот како „јапонски воз“. Дали токму тој подем е причина за контроверзните изјави на советниците на ВМРО-ДПМНЕ против актуелното раководство на Карпош? Тие се безидејни. Три години се занимаваат само со опструкции во работењето на Советот. Најголемиот дел од нив работат во државни институции, би рекол ,бадијалџии и имаат отповеќе време за лаги и притисоци.Но, јас имам доволно енергија и знаење да се справам и со нив, со проблемите на граѓаните на Карпош, и во истовреме општината да биде водечка во државата.Впрочем, лесно е кога ветерот ти дува в грб, успех е да се направат резултати кога дува во градите. Владата и Градот цело време стојат зад градоначалниците на Ѓорче Петров,Кисела Вода, Бутел и Аеродром. Но, сепак. Дали се поубави од Карпош? Не се! За волја на вистинста таму ниту советниците на СДСМ не им прават опструкции во работата, па сепак нивните резултати се далеку зад нашите. Мене ми е битно што мислат граѓаните на Карпош за работењето, а што мислат советниците на ВМРОДПМНЕ одамна ми е јасно. Виолета Цветковска КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа март 2012 • бр. 14 • година 4

К А Р П О Ш СО Д В А Н О В И П Л О Ш ТА Д А: В Л А Е И М Л ЕЧ Е Н Р Е С ТО РА Н

СОРАБОТКА ПРЕКУ АЉАСКА МОРАЛНИТЕ ДО МОНТ ЕВЕРЕСТ ПРИНЦИПИ ПРЕД СÈ

КАРПОШ НА ГОСТИ ВО ТРАВНИК

9

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бб 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

ИНТЕРВЈУ МОРАЛНИТЕ ПРИНЦИПИ ПРЕД СÈ

14-15

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски Живко Трајановски

НАЈ ВО КАРПОШ

Главен и одговорен уредник

ВАФЛИ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН

20-21

Виолета Цветковска Уредување и редизајн:Миле Раденковиќ Редакција Елена Кузмановска Ива Манова

НА КАФЕ КАЈ…

Технички уредник:

АГАТА КРИСТИ ОД ТАФТАЛИЏЕ 1

22-23

Јасмина А.Чашуле Лектура Ангелина Николовска Живко Трајановски Фотографија М. Раденковиќ Ива Манова

4

СПОРТ СВ ЕТСКА ШАХОВСКА ЕЛИТА ВО КАРПОШ

28


Интервју

ПОДНОВУВАЊЕ НА ВЛАДО ТАСЕВСКИ, ВЛАЕ 1 И ЗЛОКУЌАНИ Сè уште има делови од Карпош каде што има заостанати проблеми со водоводната мрежа, како на пример во УЗ „Владо Тасевски“. По изведување на проектната документација од страна на Јавното претпријатие за водовод и канализација ќе биде извршена реконструкција на водоводната мрежа со Ф (фи) 100, лиена железна цевка, истата ќе оди по улицата Каирска, дел од улицата Багдадска, Алжирска и Римска. Со тоа ќе се затвори тој кружен прстен и граѓаните од тој дел на урбаната заедница „Владо Тасевски“. Во наредниот период од 20 до 30 години ќе имаат солиден притисок и вода за пиење. По улицата Багдадска исто така се изгради атмосферската канализација, а наскоро ќе се асфалтира улицата Алжирска. Оваа година остана уште мал дел да ја довршиме. УЗ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ Во урбаната заедница „Владо Тасевски“ оваа година, исто така, ни остана и пробивањето на улицата Борка Талевски. Проектот за тоа е готов од лани, но поради имотно-правни односи сè уште не можеме да пристапиме кон реализација на овој проект. Сметам дека оваа година тоа ќе биде завршено и на таа улица ќе биде извршено пробивање и поврзување со улицата Анкарска, на истата ќе бидат изведени атмосферска, фекална, водоводна мрежа, реконструкција на тротоарите, улично осветлување и на крајот ќе биде извршено асфалтирање. Во оваа урбана заедница се планира и реконструкција на улицата Њуделхиска, таму е извршена изведба на атмосферска канализација, ќе се доврши реконструкцијата на тротоарите коишто се оштетени и беа реконструирани пред четири години, но дел од нив поради разни прекопи и ископи се оштетиле од кабелските оператори. Потребно е да се интервенира на дел од тие тротоари и потоа да извршиме асфалтирање на улицата Њуделхиска. Во „Владо Тасевски“ се планира асфалтирање на улицата Рампо Лефката. Исто така во оваа урбана заедница, годинава се планира и реконструкција на платото кај „Млечниот ресторан“. Но тоа не е сè, бидејќи прогамата е отворена, па доколку се јават потреби од граѓаните за дополнителни патеки, реконстру­к­ ција на детски игралишта, стоиме на располагање и сметаме дека тоа ќе биде реализирано. Кој од сите споменати е капитален објект во „Владо Тасевски“? Платото кај „Млечниот ресторан“ е поголем потфат, значаен за граѓаните. Станува збор за едно

катче за дружење кое ќе го користат голем број жители кои живеат во тој дел, да се направи за одмор и релаксација. Тоа ќе биде нешто ново и еден од првите проекти на Општината Карпош, за оваа година се планираат и во другите урбани заедници. УЗ „ВЛАЕ 1“ Кои градежни потфати ќе ги имате во урбаната заедница „Влае1“? За оваа година планирани се доста активности, ќе започне реконструкцијата на улицата Франц Прешерн, реконструкција на тротоарите и нејзино асфалтирање. Претходно ќе се изврши одвојување на атмосферската од фекална канализација, бидејќи досега имаше мешање на двете канализации.

За оваа урбана заедница, исто така, се предвидува пробивање на улицата која ќе оди преку спортскиот терен до улица Влае, тоа е улицата која оди покрај кејот на реката Вардар. Се планира реконструкција и асфалтирање на улицата Влае. Таа започнува од улица Франц Прешерн и оди преку населбата, стара улица во најстариот дел од населбата и излегува на сервисната улица која е паралелна со Партизанска, со што тој дел ќе биде опфатен со асфалтирање, со поставување на улично осветлување, со нови тротоари и ќе се добие целосно нова улица која ќе ги задоволи потребите на граѓаните. Се предвидува и изградба на патека од улицата Ацо Шопов до Петар Чаулев од 300 метри. Мавровската населба „одамна“ чека подно­ вување на инфраструктурата?

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


Ќе има пробивање на новопроектираната улица која оди покрај поранешната т.н. Мавровска населба. Тоа ќе биде новопроектирана улица од големо значење за населбата, за истата се направени проектите, но во тек е постапка за експропријација. Инаку, сакам да нагласам дека оваа година во урбана заедница „Влае 1“ ќе се инвестираат 20 милиони денари. УЗ „ЗЛОКУЌАНИ“ И граѓаните на Криви Дол и Злокуќани чекаат нови улици годинава. За населбата Криви Дол, која е дел од урбаната заедница „Злокуќани“ предвидено е изградба на фекална канализација во должина од 150 м. Реконструкција ќе се изврши и на самата урбана заедница на Злокуќани, односно просториите и канцеларите во непосредна близина на улица Скупи 4. На таа улица ќе се изврши реконструкција и асфалтирање на 200 метри и се планира да се изврши реконструкција и изведба на дел од водоводната мрежа, бидејќи е многу стара, и во неколку наврати имаше проблеми околу затворање на кружен прстен. Општината се обиде да стори нешто уште пред 2-3 години , но поради приватните имоти проектот не беше реализиран. За руинираните улици од овој дел се планираат средства во износ од 15 милиони денари. В.Ц.

Интервенција на патека кај ОУ „Јан Амос Коменски“

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Изградба на паркинг-простор на ул. Вич со површина од 500 м2 и нови 40 паркинг-места Изведувач: „Урбан инвест“

Интервенција на патеки на ул. Јуриј Гагарин


ОБЈЕКТИ ПЛАНИРАНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО АПРИЛ 2012 ГОДИНА 1. Реконструкција на тротоари на ул. Његошева, крак 2 и крак 3 2. Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец 3. Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ 4. Реконструкција на тротоари на ул. Пијанец 5. Реконструкција на тротоари на ул. Милан Марковиќ 6. Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска 7. Реконструкција на тротоари на ул. Стрезово 8. Реконструкција на тротоари на ул. Воденска

Поплочување на крак од ул. Козле 1 во должина од 55 м и вкупна површина од 195 м2 Изведувач: „Еуродрво“

Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Леринска во должина од 140 м Изведувач:„Еуродрво“

Интервенција на оштетени жардиниери и тротоари на бул. Партизански одреди

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


КОЛУМНА

А ПРОЕКТИТЕ - КАДЕ СЕ ТИЕ?

Види, види... Во Карпош наместо нови проекти имало скандалозно трошење на парите. Наместо во цигли и малтер, милионите завршувале во партиски џебови. Бре, бре, бре... Тоа морало да се спречи, ами како. Загрижените, до душа во мал број, побрзаа тоа да го направат преку „граѓанска иницијатива“ и тргнаа, онака демократски, да ги посетуваат и да ги убедуваат граѓаните на Карпош во тоа што го замислиле и во тоа што на едно ливче хартија го напишале. Во меѓувреме, како што доликува за овие прилики, ваквата манџа креаторите ја збогатија уште и со комбинирани пресови, организирани одозгора и од малку подолу и со по некое маалско собирче. Демек, иницијативата да добиела поширока медиумска поддршка. Замислено, направено. Се менуваа луѓето пред камерите и микрофоните и со напишани десетина редови, наврат-нанос, некаде таму подалеку, со погрешни бројки и од петни жили се обидуваа да кажат нешто во што и самите не веруваат. Пишува: Владо Поповски Тие, загрижените карпошовци, меѓу кои во првите редови беа и нашите драги советници од ВМРО-ДПМНЕ а добар дел и „увозни“, донесени со по некое возилце од ваму-од таму, на цел глас ни држеа лекции и ги убедуваа граѓаните дека во Општина Карпош нешто чудно се случува. Види мајката! Се друго си било во ред. Од сите страни Тие, загрижените течело мед и млеко, ама овие наши граѓани незнаат дека им е добро. Па, еве, и Карпош дошол на ред. Општината Карпош и оној Стевчо што таму се осилил толку многу, треба да карпошовци, меѓу се стават под контрола. И тоа веднаш. кои во првите редови Чудно, не слушнавме ништо за проектите и за визиите на тие луѓе за Општина Карпош. А ќе беше добро. Нив, и требаше и мораше, и ред беше да ги чуеме барем од беа и нашите драги веќе споменатите наши советници. Но, тоа не го направила. Зошто? Едноставно, така советници од ВМРОодлучиле режисерите. Само плукањето и тресењето на зелени ветки требаше да биде составен дел на филмот за Карпош. Ашколсун! ДПМНЕ а добар дел и Се засрамија ли да ги споменат резултатите на својата општина? Што ќе им се случеше „увозни“, донесени да изустат дел од она што сите го забележуваат. Му смета ли некому тоа што Општина Карпош, без фалење, без застој постојано чекори напред и е меѓу најдобрите општини во со по некое возилце Република Македонија. Не треба ли да се каже тоа што според анкетите Карпош е од ваму-од таму, на најпосакуваната дестинација за живеење од сите десет скопски општини закитена со цвеќе и многу зеленило, општина со нови улици, тротоари, пешачки патеки, што е прогласена за цел глас ни држеа најтранспарентна општина, што е лидер во социјалната инклузија, што Карпош е лекции и ги убедуваа најспортската општина, што во неа секојдневно се реализираат бројни проекти во сите сфери, што тука е се подредено на граѓаните,на нивните потреби и нивните интереси... граѓаните дека во Зад сето тоа, сакале Вие или не, стои неуморниот и секогаш полн со идеи Стевчо Јакимовски. Тогаш, чуму беше идејата да се собираат потписи од граѓаните. Тоа ли беше Општина Карпош Вашиот главен проект?. Ако е така, видовте како тој заврши. А што друго очекувавте? Со нешто чудно се потписи да го срушите Стевчо. Каква илузија. Пак ја оплекавте работата, како и многу пати досега. Граѓаните, ви кажаа што мислат за Вас, за Вашите идеи и за Вашите резултати, за случува. Види мајката! сето она што така жолчно се трудите пред микрофоните на старите простории на Општина Карпош да им го соопштите. Изберете друга тактика. Оваа, не Ви пали. Уште стопати да врвите во и околу зградите на Карпош, ќе завршите исто како и последниот пат. Не го докажувајте она за што немате аргументи, а богами и документи. Што мислите луѓето се толку наивни. Сте се излажале. Знаат тие добро да одберат што е што и да го разликуваат убавото од шупливото. До резултатите сега, на коишто често милувате да се повикувате, се доаѓа со засукани ракави, со целосна посветеност и ангажирање, со идеи и визии, со многу труд. Ете тој Стевчо, како што го дал Господ, од Подржикоњ, прекрасното кривопаланечко село, што Вие на подбишега честопати го изговарате, како што тоа беше случај со Емил Угриновски на последната седница на Советот на Општина Карпош, го поседува сето тоа. Тврд како челик, што би рекол генералот Тодор Атанасовски, вреден, чесен и исполнителен, исто како и сите луѓе од неговото Подржикоњ, а по некогаш и импулсивен. Стевчо ги знае и проблемите и решенијата на своите граѓани. Затоа и граѓаните на Карпош го сакаат и максимално го почитуваат. Затоа и досега и сега му ја даваат својата поддршка. Борете се со него со идеи, со проекти и со визии што ќе значат натамошен развој и просперитет на Карпош. Се друго е лук и матна вода. И Општината Карпош, и тој самиот Стевчо, предолго ги чекаат Вашите проекти. Таа можност е секогаш отворена. Така беше и на последната седница на Советот на Општина Карпош кога Ви беше дадена можност да понудите Ваши проекти. Не беше искористена. Потрудете се да го направите тоа веднаш. Не грижете се, парите се тука. Се трошат домаќински и наменски, според утврдените програми и така како што налагаат законските прописи. Затоа, не се давете во капките од сопствената пот и оставете ги инаетот и суетите. Ако пак Стевчо не можете да го победите со Вашите визии и проекти, придружитему се. Верувајте тоа ќе биде тоа добро и за вас и за сите нас. Се во името на Карпош, на неговите граѓани и на неговиот развој.

8

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


СОРАБОТКА КАРПОШ НА ГОСТИ ВО ТРАВНИК На покана од збратимената општина Травник од Босна и Херцеговина, делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, ја посети општината по повод одбележувањето на 21 март, Денот на Општина Травник. Со свечена седница на Советот, усвојување на новиот грб на општината, богата културноуметничка програма, прошетка низ градот проследувајќи ги низата манифестации кои Травничани ги организираа во чест на својот град, за првпат, поствоено, беше прославен новиот Ден на Општина Травник. Во рамки на посетата, градоначалникот на Општина Травник Адмир Хаџиемриќ и градоначалникот Стевчо Јакимовски договорија меѓуопштинска соработка во областа на спортот, која ќе се реализира во мај во Травник, како и во областа на културата, со учество на уметници од Травник на Карпошовото културно лето. Исто така, беа разгледани можностите за заедничко аплицирање за проекти финансирани од европските фондови. Збратимувањето меѓу двете општини беше иницирано на Меѓународниот саем на општини од Југоисточна Европа, во март 2011 година, во Сараево, а делегација на Општина Травник, предводена од началникот Хаџиемриќ престојуваше во Скопје по повод одбележувањто на 35-годишнината од формирањето на Општина Карпош. Инаку, Травник е град кој се наоѓа во срцето на Босна, светски познат по нобеловецот Иво Андриќ,

Мал подарок од Карпош за Денот на Травник како и по средновековната тврдина, двете чаршии, горна и долна, и двете саат кули. Покрај негувањето на старите занаети, во Травник најразвиени се текстилната, дрвната и прехрамбената индустрија, производството на обувки, но и сточарството и земјоделието. С. М.

Градоначалникот на Травник Адмир Хаџиемриќ, почесниот граѓанин д-р Дамир Зориќ, претседателот на Совет Нико Гргановиќ и Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакомовски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ЕКОЛОГИЈА

МАРШ НА ЖАБИТЕ БИДИ КЛИМАТСКИ ПАМЕТЕН

Оваа година во општина Карпош пролетта ја донесоа жабите. Не само затоа што се зелени и најгласни кога доаѓа пролетта, туку затоа што беа заштитен знак на кампањата наречена „Марш на жабите – биди климатски паметен“ која се одржа во основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Маршот го предводеше жабата Франк (заштитна маскота на маршот) која ги носи во себе сите ветувања за чиста климатска средина. Жабата Франк ја хра­ ни­ ме со нашите ис­пол­нети ветувања би­дејќи таа е гладна. Неа ја на­ хра­ нија сите пријатели на природата, како и екоактивистите од други два проекта: „Отворете ги прозорците – општина без дискриминација“ и „Хартијата – креативен медиум“. Нашето училиште „Димо Хаџи Димов“ е едно од училиштата кои се вклу­че­ни во кампањата „Марш на жабите“ како дел од интер­на­ци­оналната ENOPROGRAMS каде што сме регистрирани како екоучи­ли­ште. Во овој проект учествуваат и се ре­ги­ стрирани училишта од 150 земји од целиот свет. Инаку, еколошки поздрав на пролетта годинава испратија сите училишта од Карпош, но и самата Општина преку акцијата во сите основни училишта за собирање на неискористена и стара хартија која потоа ќе биде употребена за спроведување на проектот, т.е уметничко изразување на учениците на тема „Природа“.

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Оваа година садевме цвеќиња, при што предничеа дечињата од градинката „Орце Николов“ кои со своите родители и наставници садеа темјанушки и други цвеќиња во дворот на нивната градинка, токму на 21 март. Потоа имавме ден на велосипедизмот, кога сите кои знаеја да возат велоипед, тој ден им беше главното превозно средство до работа и за на училиште. Локална конференција одржаа и екоодборите од основните училишта во општина Карпош со презентација на проектите од нивните програми за оваа година. Учениците од прво до четврто одделение од општинското ОУ „Јан Амос Коменски“ спроведоа пролетно чистење, варосување на дрвјата, фарбање на клупите во училиштниот двор и декорирање на кантите за отпадоци. Тие ги активираа и своите екопатроли составени од три ученици од секое одделение кои извршија проверка на хигиената и екологијата во и надвор од училиштето и кои соста­ ви­ја извештаи за еко­сос­тојбата. Како дел од пред­ мет­ната настава децата од „Јан Амос Коменски“ исто така изработија и многубројни еколо­шки па­ ноа поставени во внатрешноста на училиштето, како и уметнички креации и декорации од отпад­ ни­те гранки во училиштниот двор. Општина Карпош се приклучи кон поголемиот проект на Едукативното одделение при На­ци­она­л­ на­та галерија на Македонија, „Хартијата – кре­ати­ вен медиум“, во чии рамки, ликовните педагози во училиштата формираа работни групи од ученици, кои во просториите на Националната галерија на Ма­кедонија, во објектите Даут-пашин амам и Чиф­ те амам присуствуваа на предавања кај академскиот сли­ кар, професорот Симон Шемов поврзани за хартијата и нејзината примена во ликовната уметност. Е.К. - И.М.


ПОСТИГНУВАЊА

ПРВАТА ПРОВЕРКА ЗА ISO 9001:2008-УСПЕШНА

СО ИГРИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ЈОУДГ „ПРОЛЕТ“ Под мотото „Движи се да не заборавиш да одиш“, дечињата од градинката „Пролет“ од Влае 1 го одбележаа роденденот на својата установа. Со многу песни и спортски игри, тие го искористија убавиот пролетен ден и кај Амфитеатарот на Кејот на Вардар играа, се дружеа и заедно со своите родители и воспитувачи го славеа патронатот на градинката.

НОВИ КЛУПИ НА ЈУРИЈ ГАГАРИН

Општината Карпош во текот на месец март пристапи кон комплетна реконструкција на пешачката патека на ул. Јуриј Гагарин (спроти студентскиот дом Гоце Делчев). За таа цел интервенирано е во неколку домени, и тоа: - Се изврши санација на бекатонската патека и се градат два нови краци кои ја поврзуваат патеката со зградите. - Поставени се нови 28 клупи за седење и 14 корпи за отпадоци (комбинација метал-дрво, во графитна боја). - Реконструирано е осветлувањето на патеката, односно заменети се светилките, внатрешната инсталација во столбовите и, по претходна заштита, офарбани се металните столбови. По барање на граѓаните, поставени се и два нови столба со светилки. Со завршувањето на овие зафати, граѓаните кои живеат во овој дел на Карпош практично ќе добијат нова, освежена пешачка патека, на која ќе можат да се релаксираат во идниот период.П.Т

Општина Карпош успешно го помина првиот надзор над спроведувањето на Системот за управување со квалитет. Надзорот го спроведе оценувачкиот тим од белградската канцеларија на британската компанија „DAS Certification Ltd.“. Со ова, со гордост можеме да кажеме дека Карпош го оправда стекнувањето на меѓународниот сертификат за имплементација на Системот за управување со квалитет во делот на развој и давање на услуги во надлежност на локалната самоуправа ИСО 9001:2008, со кои се стекна во март минатата година. Со извештајот од надзорот се потврди дека системот функционира и успешно се применува, а посветеноста на раководството и вработените придонесуваат за континуирано унапредување на управувањето со услугите кои општината им ги дава на граѓаните. Во таа смисла, како што е утврдено и во Политиката за квалитет, наша најважна цел останува - граѓанинот, кој треба да биде секогаш задоволен од опслужувањето од страна на администрацијата, при што ќе му биде обезбедена квалитетна, навремена и ефикасна услуга, а сето тоа во согласност со позитивните законски прописи. Одејќи чекор понапред, почнавме и постапка за воведување на уште еден систем - за управување со информациска сигурност во согласност со стандардот ИСО – 27001. Според него, администрацијата на Општина Карпош во иднина уште поинтензивно ќе работи на континуираното подобрување на квалитетот на услугите што им ги дава на своите граѓани и на сите заинтересирани субјекти, а гаранција за тоа се нејзината компетентност, стручност и посветеност. В.П.

ИПЕРИУС АРТ Ул. Никола Русински бр. 1/14 Тел. 02/ 6140 700 и 075 324 234 Попуст 10%

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ВЕСТИ СО КАДАИФ И ЈАЈЦА НА ПРОЧКА

ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ На 25 февруари, пред спомен-белегот спроти ТЦ „Алумина“, Сојузот на борци на Општина Карпош и Општината Кар­­ пош ја одбележаа 68-годишнината од загину­ ва­ њето на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу. На местото каде што бил убиен големиот рево­ лу­ ци­ онер и херој, негови соборци, потомци и след­бени­ци положија свежо цвеќе. „Сакам да ве уверам вас постарите, особено членовите на НОВ и нивните поддржувачи дека во Општина Карпош имате вистински поддржувачи и дека имате вистинско раководство коешто во ниту еден момент не го заборава она што вие го дадовте за нас и она што вие го направивте во текот на 1941-1945 година, а и потоа во обновата и развојот на нашата Република Македонија“, истакна градона­ чал­никот Стевчо Јакимовски. На борбените денови и улогата на овој наш првоборец во таа борба, не потсети Ѓоргија Попо­ски, потпретседател на СБМ на Општина Карпош. Учениците од основните училишта од Карпош, со пригодна програма, песни и сти­ хо­ви, го одбележаа овој значаен датум од македонската револуционерна историја.

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

По повод големиот христијански празник Про­ чка, во центарот на општината Карпош и низ нејзините улици се создаде една вистинска пра­з­ни­ ч­ната атмосфера. На неа учествуваа нашите мали, а големи пријатели, деца, ученици и возрасни, вер­ни­ те чувари и негувачи на фолклорот и обичаите. Со својот музички настап, низ песните и игрите на на­ шите предци, младите фолклористи членовите на МКУД „Цветан Димов“ и турското КУД „Јени јол“ („Нов пат“) се демонстрираше обичајот на амкање јајце. Девојчето кое успеа да го гризне јајцето беше скромно наградено и од страна на организаторот на ова чествување Локалниот клуб на жени на Карпош (ЛКЖ), - посака среќата да ја следи цела година и цел живот. На крајот, сите присутни граѓани на настанот беа послужени со кадаиф, приготвен од координаторките на Координативното тело на ЛКЖ на Карпош.

– Со оваа манифестација, како што изјави координаторката Мирјана Попоска, сакаме да порачаме дека ја знаеме и ја почитуваме традицијата и дека подеднакво ја негуваме во своите семејства. Jа почитуваме традицијата, но сме свртени кон иднината, кон напредокот, кон светот во кој мажите и жените одлучуваат заедно, рамноправно, се почитуваат и се надополнуваат. Во општеството се бориме против стереотипите и конзерватизмот, изјави Попоска.


ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦИТЕ Пред еден месец, во просториите на Општина Карпош се одржа информативен состанок за запознавање со програмата „Форуми на заедниците“ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. На состанокот освен претставници од Швајцарската агенција, Кристина Хаџи-Василева, менаџер на одделот за координација со форумите, господинот Ибраим Мехмети, наци­ она­лен координатор на проектот во Амба­са­дата на Швајцарија, присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, Секторот за равој при Општината, претставници од невлади­ни­ от сектор кој соработува со Општината, бизниссекторот од подрачјето на Карпош и вработени од општинската администрација. Општина Карпош и оваа година поднесе пријава за учество во програмата „Проектен форум на заедниците“, а состанокот беше со цел сите за­ин­те­ ресирани да се запознаат со програмата, текот на одвивање на активностите на програмата, како и да се покаже соработката помеѓу Општината Карпош, НВО и бизнис-секторот и граѓаните во одлучу­ва­ њето на Општината и имплементирањето на активностите кои дополнително ќе се преземат. Се очекува програмата да почне во март и да трае до ноември 2013 (во период од 18 месеци). Инаку, Општина Карпош предложи две глобални теми на одобрување во рамките на програмата и тоа едната која се однесува на социјалното вклучување (социјална инклузија), а втората на енергетската ефикасност. Во рамките на избраната тема ќе се прибираат и изберат најквалитетните проекти кои натаму ќе бидат кофинансирани од Швајцарската агенција и од Општината, во сооднос 50:50 од определениот буџет за таа намена. Главна цел на програмата е да се поддржи партиципативното учество на заедниците на локално ниво. Форумот претставува платформа за развој којашто цели кон тоа граѓаните да го подобрат сопствениот живот, со сопствени идеи и учество, и администрацијата да развие партиципативно и одговорно локално владеење на кое ќе му се верува.

ефикасност“, кои треба да ги исполнат проектите за изградба и реконструкција на градежни објекти за добивање на градежна дозвола во нашата општина. Тоа практично значи дека сите оние што сакаат да инвестираат во општината, треба да ги импле­ менти­раат мерките пропишани во „Правилникот за енергетска ефикасност“ во поглед на потрошува­ чката на енергија, заштедата на греењето, ладењето, техничката изолација на ѕидовите и прозорците и на вградување на обновливи извори на енергија. Доколку инвеститорите инсталираат „штедливи потрошувачи на енергија“ ќе добијат 20 % поврат на комуналиите. Со ваквиот Правилник имплементиран во практи­ка, Општина Карпош го исполнува дого­во­ рот потпишан минатата година во Сараево меѓу земјите од Југоисточна Европа и од ЕУ, со која се обврзавме на формулата „-20-20+20“ што практи­ чно значи намалување на емисијата на CO2 за 20%, намалување на потрошувачка на енергија за 20% и зголемување на учеството на обновливи извори на енергија, повторно за 20%.

ПРОМОЦИЈА НА ПРАВИЛНИК Во салата во старата општина Карпош во средината на изминатиот месец, д-р Петар Николовски и стручниот тим на Општина Карпош, пред околу 80 изведувачи-проектанти, потенц­и­јал­ ни инвеститори и експерти го презентираа „Правилникот за мерките за енергетска ефикас­ ност“. Со ова Карпош е првата општина во државата која донесе „Правилник за мерките за енергетска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


ИНТЕРВЈУ Роберт Живадинoвиќ, член во Советот на Општина Карпош Eдна од причините зошто јас си заминав од владејачката коалиција е, секако, и оркестрираната хајка против градоначалникот на Општина Карпош. Таа е наложена од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, и не можам да сфатам дека неа практично ја спроведуваат советниците кои во себе знаат дека г. Јакимовски, навистина, работи во интерес на граѓаните.

МОРАЛНИТЕ ПРИНЦИПИ ПРЕД СÈ Во релативно младата македонска демократија, појавата на преминување на политичари од една во друга партија не е ретка, но забележаните примери во заднина, главно, имаат личен интерес. Прем­и­ну­ва­ њето на угледниот член на ДОМ, Роберт Живадиновиќ, во СДСМ е куриозитет, бидејќи станува збор за „трансфер“ од владејачка во опозициска партија. Тоа е и повод за разговор со овој млад политичар, советник во локалната самоуправа на Општина Карпош, гра­де­жен инженер и татко на две деца. Урбан: Господине Живадиновиќ, Вашето преминување од надежна партија во владејачката коалиција, во опозицискиот СДСМ, е ретка појава на нашата политичка сцена. Тој ваш чин предизвика контроверзни полемики. Еве можност, изворно, да ги образложите причините кои ве наведоа на гест без преседан? Живадиновиќ: Генезата на тој, како велат „не­ра­ зу­мен гест“, е подолга, а станува збор за лично по­ имање на занимавањето со политика. Имено, до 2006 година, јас политичките активности ги следев од позиција на граѓанин и, главно, преку медиумите. Во тоа време, кај нас на работа еден од колегите дојде со предлог со политика повеќе да не се занимаваме од страна, односно да се зачлениме во ДОМ, партија чие основање беше најавено. Неговите аргументи дека станува збор за партија која програмски драстично се разликува од двете најголеми политички партии, дека

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

нејзин лидер ќе биде госпоѓа Лилјана Поповска, и дека е како порачана за оние што поинаку мислат, беа пресудни за моето партиско врзување за ДОМ. Нашите политички почетоци беа помалку еуфорични, но за кусо време создадовме пристојна партиска база и лично бев убеден дека мојот избор бил на место. Урбан: Каква е генезата на приказната за Вашето соочување со политиката на ДОМ, која ќе влијае на Вашето дистанцирање од неа и од матичната партија? Живадиновиќ: Првото разочарување дојде пред парламентарните избори кога, речиси, без сериозна внатрепартиска дебата, беше решено да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед на тоа што добар дел од членството, па и јас лично, не беше за таа опција, ние влеговме во таа коалиција. Оние што беа со поинакво мислење, па и нашиот лидер, успеаја да ме убедат дека само во владејачката коалиција може да се реализира сопствената програма. Но, за жал, како што одми­ну­ ва­ше времето, јас сфатив дека само личните интереси на поединци ја креираат политиката на ДОМ. Новото разочарување дојде пред предвремените парла­ мен­ тарни избори. Имено, нашиот лидер, повторно, без консултации, објави дека ќе коалицираме со ВМРОДПМНЕ, а лицемерието да биде потполно, ние бевме свикани на консултации потоа. Урбан: Но, без оглед на таквите околности, Вие, сепак, станавте дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош?


Живадиновиќ: Да, и бев убеден дека на тој начин добивам можност да влијаам на политичките и се­как­ ви други настани во општината, во која живеам. На мое лично изненадување, градоначалникот Јакимовски, на средба со советниците од ВМРОДПМНЕ и нивните коалициски партнери, не повика да бидеме конструктивни и вети дека нема да има никакви пречки ние да ги реализираме сите наши идеи, преку проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните на нашата општина. За жал, наместо идеи и проекти, од централата на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш, ни беше сугерирано, по секоја цена да ја опструираме работата на Советот на Општината. Признавам дека и јас, иако не мислев така, бев учесник на тие опструкции.

15-ти мај, а го паметам датумот, бидејќи тогаш беше мојот роденден. Урбан: Како тој „удар“ го поднесоа твоите колеги, советници и лидерот на твојата дотогашна партија? Живадиновиќ: Седницата три пати беше пре­ки­ ну­вана, и тогаш, и моите дотогашни колеги и госпоѓа Лиле Поповска, се обидуваа да ме убедат да го променам мислењето, но јас останав при својата одлука. Искрено, во тој момент, како на човек и интелектуалец ми олесни, бидејќи добив можност да се ослободам од „гревот“ што го направив кога гласав да не им се помогне на соборците на мојот дедо, носител на Партизанска споменица.

Урбан: Кога се случи пресвртот, кој ќе биде директен повод за Вашето збогување со ДОМ и Урбан: Вашето преминување во СДСМ Вашите советничката група на ВМРО-ДПМНЕ? довчерашни колеги од ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ го Живадиновиќ: Суштински, тоа се случи кога ние, толкуваат како добро профитирање? советниците од владејачката коалиција, гласавме Живадиновиќ: Разбирливо, тие ме осудуваа, ме против тоа на борците од Општина Карпош да им се нарекоа „велепредавник“, но, за среќа, јас сосема додели парична помош. свесно се одлучив на тој Имено, кога се заврши тој чекор, бидејќи поинаку не срамен чин, јас се соочив со По моето преминување во СДСМ би се занимавал со самиот себе, и верувајте ми, барем не на имало прекорувања и неосновани политиката, никако не можев да си локално ниво. Среќен сум и навреди, но закани и притисоци простам што гласав против. заради фактот што секој, и Во тие мигови, по седницата, секогаш, може да провери и не. На вмровците им е јасно дека ми текна на дедо ми, да се увери дека, во вистината може да боли, но и дека материјална смисла, немам партизан и првоборец кој загинал три месеци пред да е убава за секој, на кој му е до неа, ништо по­ве­ќе од она што го заврши Втората светска имав пред да влезам во без оглед за што и да се работи. војна. Тогаш, во себе решив политиката. Среќен сум и дека повеќе нема да гласам заради тоа што сум дел од против предлог на градо­нача­ власта на локалната лникот на Опш­ти­ната, кој е во интерес на гра­ѓа­ни­те. самоуправа, која во преден план го има интересот на Првата следна можност да ја поправам грешката граѓаните. што ја направив, гласајќи против помошта на борците, не ја пропуштив. Тоа беше околу гласањето за Про­гра­ Урбан: Како од сегашнава позиција, како член мата за правилата на донесување на урбанистички на СДСМ и член на Советот во Општина Карпош, планови. Во тоа време, попрецизно, пред таа седница гледате на одне­ сувањето и работењето на на Советот, од централата на ВМРО-ДПМНЕ дојде општинското раково­ дство и на градоначалникот директива, по секоја цена да се преземе управувањето Јакимовски? со Советот на Општината. Живадиновиќ: Како гледам? Задоволен сум како претставник на граѓаните во локалната самоуправа, Урбан: Значи Вие тогаш откажавте партиска бидејќи гледам дека сè што се прави, се прави во послушност? интерес на граѓаните. Значи, се реализира она што им Живадиновиќ: Па, може и така да се рече. Јас, е ветено на граѓаните во текот на предизборната тогаш веќе во себе бев донесол одлука својата со­ве­т­ кампања, и што може да се види на секој чекор. ничка улога да ја искористам во полза на граѓаните и Сметам дека само на тој начин, достоинствено, може по никоја цена да не бидам дел од групата што по да се излезе на претстојните избори. Со градона­ секоја цена сакаше да ги попречи полезните ини­ци­ чалникот Јакимовски имаме одлична комуникација, и јативи и активности на раководството на Општина до сега не се случило, барањето на граѓаните кои ги Кар­ пош. Се разбира, својот став јавно и јасно го застапувам, да не биде сослушано и реализирано, на изложив при спомнатото гласање. Се сеќавам, беше наше заедничко задоволство. М. Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ИСХРАНА

ГМО - СЛОБОДНИ ЗОНИ

Низ Европа денес има 174 региони и 4500 општини и независни земјоделци декларирани како ГМО-слободни зони. И во нашата земја има неколку општини кои се прогласиле за ГМОслободни зони Со оглед дека кај нас не се работи на создавање ГМО организми, ова се однесува само на манипулацијата со истите и нивните преработки, како и на трговијата, пазарот со ГМО и ГМХ (храна). Тоа се однесува и на семиња од ГМО и од други видови растенија. За создавање на ГМО се применува т.н. генетски инженеринг- радикално нова технологија, што ја принудува генетската информација да ја премине заштитната бариера на видот на еден неприроден начин.При тоа во лабораториски услови во растенијата од еден вид се внесуваат гени од друг вид растение или друг организам- животно, бактерија, габа или вирус. . Добиени се ГМО-сорти соја, пчен­ ка, памук, ма­сло­дајна репка и други, што имаат сосема нови својства - поголема отпорност на штето­ чини и болести, подобар квалитет. Овие нови трендови во методологијата за измена на наследноста кај растенијата и формирање нови растителни форми, нови сорти по пат на генетски инженеринг доведоа до проширување на би­ оди­ верзитетот на планетата Земја, но уште повеќе сомнежи и досега неодговорени прашања во врска со влијанието на новосоздадените растителни организми.Треба да се истакне дека енормното проширување на површините засејани со ГМ растенија и застапеноста на нивни производи на пазарите и во индустријата за храна ((ГМХ) потекнало од земјите што се најголеми производители на ГМО и ГМХ (водечка е САД)) и тоа под мотото: „ГМОс се клуч за запирање на гладот во земјите во развој...“ Меѓутоа не е оставен временски простор за детални испитувања на наследувањето на новите генетски својства кај ГМОс, за ризиците што се назираат (дури и веке делумно се согледуваат) по здравјето на домашните животни,лугето, особено на децата во чија специјализирана храна веке се најдени делови (инградиенти) од ГМХ.

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Се смета дека до 2010 година бројот на населението бил околу 10 милиарди..Од нив 800 милиони луге немаат доволно храна. Секојдневно умираат од недоисхранетост 40 000 луге, а половина од нив се деца.Се цени дека за 7 години производството на храна треба да се зголеми најмалку за 1,5 пати .. Најголем недостиг на храна има во Кина, Индија, Пакистан, Малезија и покрај ограничување на новородените (во Кина). ЗНАЧАЈНО е што некои од овие лабораториски креирани мутации (ГМОс), се неозначени (обележени),не подложени на независна долготрајна (во тек на долг временски период) експертиза, не тестирани на безбедност по однос на здравјето на живите суштества луге, животни,инсекти, на стриктна законска регулација,на потполно здружена одговорност за штетите што резултираат од несовесна, неодговорна интродукција се наоѓаат насекаде, дури и на полиците за малопродажба на храна, па и храна за деца. Многу може да се постигне со внимателно проучување на здравствените ризици,макар и извесни појави на алергии, но алармот веќе ѕвони за поголеми опасности од ГМХ ( со генетски модифицираната храна)(50% зголемена смртност после 3-неделна исхрана со ГМ-соја на опитни глувци (според една неодамнешна руска студија) . Ми доага една страшна мисла; Што ако после создавањето на ГМО од растенијата, продолжи со создавање на ГМО од животни, риби, птици, инсекти и евентуално! Луге?! Тоа сега изгледа сулудо, но... Дали со тоа , последователно , нема да дегенерира целиот жив свет на планетата Земја?!. Колку и да се ублажат последиците од дури и само делумно вклучување на ГМХ во исхраната, единствена можност да се спречи контаминацијата на живите организми и животната средина е да се стопира одгледувањето на ГМО, дури и ``да се држат под клуч``или уништат остатоците од растителни делови - семиња, кртоли, садници-кои можат да послужат како расплодни органи на ГМОс Цветанка М. Најчевска


НА НАШ НАЧИН ЗА ПРЕГЛАСНИОТ ПЕТЕЛ

ТЕМЈАНУШКИ ЗА ПРОЛЕТТА По повод 21 март – Светскиот ден на пролетта и деновите на пролетта организирани од Општината Карпош, вработените и дечињата од ЈУОДГ „Орце Николов“, Карпош 3, направија своја екоагенда со која го разубавија дворот на градинката. Дечиња на возраст од две до шест години садеа цвеќиња и борчиња заедно со своите родители и со тоа го одбележија овој значаен ден. – Веќе 11 години по ред, поточно од 2001 година ЈУОДГ „Орце Николов“ во март, поточно на 21 во месецот, со започнувањето на пролетта, организира акции за садење на цвеќиња и нови дрвца во дворовите на градинките. Оваа година, освен во детските градинки во Карпош 3, акција за садење се одвива и во градинките во Карпош 2 и Карпош 4 – изјави директорката Родна Кондоска. (С.Р.)

На Е-пријави проблем, најчесто се пријавуваат проблеми во врска со ули­ ч­ но осветлување, реконструкции на улици, поставување на клупи и сл., почести се пријавите кои се во над­ле­ жност на јавните претпријатија, од­но­ сно на Градот Скопје, а се однесуваат на сечење/кастрење на гранки од дрвја, проблеми со кучињата-скитници, чистење на контеј­ нери итн. Целта на оваа апликација е максимално зголемување на комуникацијата и поголема интера­ кција меѓу граѓаните и локалната самоуправа во текот на целиот ден, преку интернет-порталот на нашата општина. Граѓаните имаат можност да пријават про­ блем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок. Времето на решавање на при­ јавите зависи од сложеноста на пријавениот проблем. Што се однесува до тоа колку сме ние агилни во нивното решавање, можеме да кажеме дека досега се решени околу 76% од пристигнатите пријави. Некогаш проблемите се мошне сериозни, неко­ гаш се едноставни, а понекогаш хумористични. Еве една интересна и несекојдневна пријава, која прејде во легенда: Веќе подолг временски период (најмалку една година) се чува ПЕТЕЛ кој од 4.30 часот секое утро запо­чнува со кукурикање кое завршува околу 9.00 часот. На тој начин никој од станарите на соседните згради не може да спие бидејки кукурикањето е повеќе од дозволените децибели. Досега нонстоп со сопствениците е разговарано да го отстранат пете­ лот или да го затворат, но од нивна страна се одбива да се постапи по истото. Затоа Ве молам да пре­зе­ме­ те нешто за да се реши овој проблем.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


ПЛОШТАДИ

ПЛОШТАД ВЛАЕ На зелената површина која досега беше „празен простор“ со новиот плоштад ќе се обезбеди едно катче за зближување. Одамна граѓаните на Влае бараа место на кое ќе се собираат од сите краишта на населбата и ќе може да се дружат и релаксираат со своите соседи. Нов социјален момент каде што ќе се собираат граѓаните од Влае 1, Влае 2 и Порта Влае, од најмала до најстара возраст, ќе биде целосно новиот плоштад како транспарентно место токму меѓу трите „краци“ на Влае. Архи­тек­тонското решение тука предвидува две партерни кружници

18

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

со површина од 6.500 м2, сплотени една во друга,во кои се имплементирани гранитни платоа при­дру­ жени со хортикултурно решение и збогатено со содржини од урбана опрема како што се најсовремени светилки, клупи, кошници за отпад, пепелници и сл. Платото ќе овозможува и одржување на културно забавни манифестации, му­ зички кон­ церти, театарски претстави и сл.


ПЛОШТАД МЛЕЧЕН РЕСТОРАН За разлика од Влае, овој плоштад е постоен, но многу оштетен, прокиснува и не им е во функција на граѓаните. Со новото архитектонско решение предвидено е комплетно реновирање на постоечкото бетонско плато со површина од 5.000 м2 на кое ќе се постави нова хидроизлолација. Врз неа ќе бидат поставени гранитни плочки од врвен квалитет. Лошото постоечко осветлување ќе биде заменето со комплетно ново осветлување од германско производство и со двојно поголема

светлечка моќ.Постојните запотавени игралишта, детското и за кошарка, ќе бидат заменети со нови, оградени со заштитна ограда, и осветлени со рефлектори.Урбаната опрема(клупите) ќе бидат со елегантен италијански дизајн, кој што само ќе го надополни новиот современ изглед на платото на Млечниот ресторан. Автори на проектите за двата нови плоштади се архитектите од Креативниот тим на Општина Карпош: Игор Василевски и Вангел Караиванов.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


НАЈ ВО КАРПОШ „Мартини“ – кафетерија по европски терк

ВАФЛИ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН За дваесет години постоење, кафетеријата „Мартини“ во ТЦ „Лептокарија“ израсна во култно собиралиште на сите генерации љубители на кафеански амбиент во кој на мир ќе поседат со пријателите и ќе уживаат во кулинарските специјалитети често зачинети со промоција на музички албум или добра книга

Станбено-трговскиот центар „Лептокарија“ во Карпош 3, години наназад е незаобиколна локација за пријатни прошетки и починка во некое од дваесетината кафулиња и кафеани, место каде што можете да се почестите со убава гардероба, кулинарски специјалитети и преубави глетки. Во тој амбиент кој е задолжителна дестинација за оние што доаѓаат од внатрешноста или од Европа, епитетот култно собиралиште го има кафетеријата „Мартини“. Старата вистина дека секој угостителски локалитет треба да ги исполни најмалку трите услови – локација, амбиент и услуга – во случајот „Мартини“ се подразбира, но она што оваа кафетерија ја чини посебна е тоа што споменатите три елементи се закитени со епитетот нај. – „Мартини“ во септември полни 20 години и колку и да е нескромно, ќе ви кажам дека во растењето на ова кафетерија има приказна двапати постара од неа, вели Љупчо Мартиновски, сопственикот на „Мартини“. Уште како мал, додека татко ми и роднините и соседите играа шах, мајка ми велеше, да не го губат времето туку да отворат меана. Јас ја прашав што е тоа меана и мечтаев дека кога ќе пораснам, ќе си направам кафеана. Она што

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

тогаш го замислував, сега изгледа вака, вели Мартиновски, посочувајќи го амбиентот во кој разговараме. Мартиновски е поранешен, сестран успешен спортист, ракометар и скијач, електроничар по струка и со страст раскажуваа за некогашните времиња, за спортскиот и кафеанскиот живот, кога, како што вели, низ светот собирал идеи кои ги вградил и сè уште ги вградува во својот детски сон. Додека муабетиме, со забележливо нетрпение го чека својот другар и мајстор Шкора, со чија помош го доуредува амбиентот на „Мартини“. – Мора да ми верувате дека јас за своите гости и посетители на кафетеријава не размислувам како класичен меанџија, туку најпрвин за амбиентот, јадењата, пијалaците и послугата мене да ми се по ќеф. А бидејќи знам што е убаво, сигурен сум дека сето тоа ќе им се допадне и на оние што доаѓаат тука. Да кажам и тоа дека се зборува за „Мартини“ дека е геријатриски локал, божем негови посетители се повеќе повозрасни луѓе. Еве, и самите можете да се уверите дека не е така, овде доаѓаат и стари и млади, или поточно кажано сите оние што сакаат да поседат во убав амбиент, да се почестат со убав специјалитет или пијалак.


Менито во „Мартини“ само „малце“ се разликува од оние во другите локали, и не само во „Лептокарија“ туку и во Македонија. Тоа „малце“ се вика вафли – благи и солени, специјалитет, измислен во Белгија, но облагороден со македонски кулинарски мирудии. Додека активно се занимавав со ракомет, со екипата на „Вардар“ го обиколив светот и така, во Белгија видов и пробав вафла и си реков дека ова ќе го правам и ќе го служам во својата кафеана. И навистина, кога го отворив „Мартини“, ми текна за вафли и решив за нив да научам сè што може да се научи. Неколкупати одев во Германија и таму, во Диселдорф, го печев занаетот... Додека домаќинот ми раскажува за тајните на вафлите, на масата стигнува една порција солен специјалитет и најуверливо ја потврдува приказната на мојот соговорник дека навистина станува збор за пикантна салата, јадење или секаков вид слатки, кој како милува. Се разбира, „Мартини“ не е тоа што е, само поради споменатиот специјалитет, туку и поради амбиентот во кој ви се сервира од љубезната послуга. Кафетеријата е необично пространа (127 столчиња и фотелји), во кои има простор за непушачи но и за оние што седењето во меана не можат да го замислат без тутун, без оглед на надворешните ситуации. – Јас по природа сум дружељубив човек, сакам убаво друштво, убаво пеам и лудо играм и тоа често го правам во овој амбиент и навистина сум среќен кога гледам дека и нашите посетители го прават тоа. Ви велам, ова е правено за убаво поминување и не е само кафетерија туку е и место каде што се случуваат убави културно-музички настани, промоции на музички албуми и убави книги. Можам да ви се пофалам дека своите ЦД-а овде ги промовираа Александар Митевски и Миле Кузмановски на чиј концерт во Универзалната сала бев еден од главните гости. Заедно со него пеев пред двеилјадната публика и навистина уживав... Мартиновски раскажува дека е горд што во „Мартини“ доаѓаат јавни личности: писатели, ликовни уметници, политичари, дипломати и што често, лично му заблагодаруваат за убавиот помин.О– Во „Мартини“ има десетмина постојано

Љупчо Мартиновски, соптвеник на кафетеријата Мартини

Љупчо Мартиновски во општина Карпош е познат како еден од неодминливите спонзори на спортски и на културни манифестации. Мартиновски вели: „Сум помагал и ќе помагам, но малце сум разочаран од оние на кои им помагам, бидејќи знаат и да ме подлажнат. Општина Карпош не ја одбивам никогаш, но решив во иднина да им помагам на лица болни од леукемија и од сите други неизлечиви болештини. Знаете, вистина е што вели народот дека Господ им помага на сите што помагаат...“ вработени, а од голема помош ми се синот Мартин и ќерката Анѓа, кои веќе се навлезени во работата и во сите угостителски тајни, потенцира Мартиновски и признава дека негова единствена грижа останува секогаш убаво да ги пречека своите гости и особено другарите од детство. Јас навистина можам да се пофалам дека имам вистински другари, а тоа е нешто со што денешниве млади не можат да се пофалат. Ние пет-шестмина сме со години заедно, фамилијарно се дружиме и си помагаме еден на друг, за што и да се работи. Овде ни е главно собиралиште и верувајте ми, среќен сум бидејќи она што го замислував и го посакував, успеав да го реализирам... Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


НА КАФЕ КАЈ… Вера Бужаровска, писателка

АГАТА КРИСТИ ОД ТАФТАЛИЏЕ 1 Неколку пати ме приведуваа во полиција, ме бркаа и полицајци и криминалци, често се служев со ситни измами, дури и подмитував, се со цел да дојдам до елементи кои, она за што ќе пишувам, ќе го направат понапнато и поинтересно Во „тајно сопче“, во поткровјето на една убава семејна куќа во населбата Тафталиџе 1, завиткана во голема волнена шамија, македонската Агата Кристи, на компјутер од пред „Дедо Ное“, го привршува последното поглавје од својот нов роман. Иако, веќе навлезена во осмата деценија од животот, ниту оддалеку не наликува на нејзините врснички. Ме пречекува како и секогаш порано, без куртоазија, велејќи ми да причекам да го заврши пасусот. Долго се познаваме и знам дека кај неа нема пардон, ниту извинување кога ќе влезе во ликот на кој што, во тој миг, му го вдахнува карактерот. Но, и кога ќе го заврши пишувањето, долго останува во „филмот“, сосема поистов­ етувајќи се со некој од хероите од своето писание. При секоја средба ме кара заради прекарот „македонската Агата Кристи“ со кој, пред некоја година, ја претставив на читателите на „Политикин забавник“, велејќи дека повеќе никој не ја вика Вера Бужаровска, туку Агата Кристи. А таа е, навистина, наша Агата Кристи, бидејќи, освен што со ликот потсетува на славната британска писателка на криминалистички романи, таа со право го заслужува тој епитет, бидејќи е автор на првиот македонски криминалистички роман. Во одајчето, претрпано со книги и документи, во кое пристап имаат само ретки смртници, оној што е упатен во книжевниот опус на г-ѓа Бужаровска, може да ја почувствува миризбата на стотина интересни ликови, овековечени во нејзините педесетина романи. Тие тука стасуваат по долгите патешествија низ Македонија, и за секој роман постои историјат, сместен во големи папки, на магнетофонски или филмски ленти. Во „кабинетот“ на нашата Агата Кристи има педесетина такви фасцикли, но нивната содржина може да ја разбере само таа, бидејќи само таа насобраниот материјал може да го преточи во интересно, возбудливо четиво. – Од првиот до последниот роман, еве и во овој што го привршувам, не отстапувам од својата

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

„тактика“, вели мојата соговорничка. Најважно ми е да налетам на тема, а потоа, со месеци, па и со години, собирам материјал. А како го собирам, тоа е можеби највозбудливиот дел од моето книжевно творештво. Имено, како млад новинар, често патував низ Македонија и притоа, секогаш, во автобусот или возот ќе запознаев некоја интересна жена или маж со кои се впуштав во муабет. Ама, секогаш, навистина секогаш, тие ќе ме заинтригираа со некоја своја лична приказна и тогаш, доколку почувствував дека тука ќе има „штоф“, тргнував по трагите на истата... Подоцна, кога пишувањето книги ми стана пасија, самата трагав по нови теми. Ќе отидев на автобуска или железничка станица, ќе се качев во автобус или воз, ќе седнев до некоја женичка, ќе започневме муабет кој јас го насочував кон она што ме интересира... И така, додека стасаме до Дебар или Битола, јас веќе имав тема. Користејќи ги податоците од приказната на мојот непознат сопатник, ќе започнев сопствена истрага, која на крај резултира со книга... Страста со која г-ѓа Бужаровска раскажува за своите истраги, тешко може да се опише, но може да се разбере, само доколку се прочита кој било од нејзините популарни романи. А, раскажува дека во своите истражувања, неброено пати, доживувала авантури, често поинтересни од случувањата на ју­ на­ците за кои истражувала. – Неколку пати ме приведуваа во полиција, ме бркаа и полицајци и криминалци, често се служев со ситни измами, дури и подмитував, се со цел да дојдам до елементи кои, она за што ќе пишувам, ќе го направат напнато и интересно. Нашиот разговор го прекинува телефонски повик, а г-ѓа Бужаровска ме предупредува да имам трпение доколку се јавува некој од нејзините верни читатели. И бев трпелив, бидејќи додека го „прислушував“ нејзиниот разговор, сфатив дека не се шегуваше кога ми кажа дека можеби и се јавува читател.


– За ова што го слушна, можеби не треба објаснување, ми вели откако се изнамуабети со читателка од Пробиштип, но, верувам ќе биде интересно за вашите читатели. Колку и да е чудно, но вистина е, дека јас повеќето од своите читатели лично ги познавам. Еве, сега договорив на женичкава, пензионерка, по пошта да и го пратам романот „Женски затвор“. На неа, на овој начин, сум и ги пратила речиси сите свои книги. Јас ќе и пратам книга, а таа на сметката на мојот телефон ќе ја уплати сумата пари по која ги продавам романите. И, верувајте ми, досега не сум имала проблем со ниедна телефонска порачка, а такви се неколку стотини. Да потсетиме, нашата сограѓанка, писателката Вера Бужаровска се прослави со романите: „Го открив атентаторот“, „Катастрофалниот лет на авиончето“, „Тајна“, „Братот на министерот“, „Авторот е обвинет за убиство“... Од самите наслови може да се насетат сижеата на романите, што ќе рече дека таа ги опишува настаните чии сме современици, а кои се сè уште мистерија. – Јас внимателно ги читам весниците и ги следам настаните околу некои загадочни настани, и потоа, со свои методи, доаѓам до пикантерии кои се доволни за интересна крими-приказна. За среќа, моите писанија не ги земаат за сериозни, освен моите читатели, кои знаат дека зад писателската фикција стои нешто повеќе, а тоа, пак, има директна врска со нашата комуникација. Јас не познавам автор кој читателите го прашуваат кога ќе излезе нова книга. Мене ме прашуваат, дури и ми сугерираат конкретна тема за нов роман. Тоа „нешто повеќе“, лесно се насетува од насловите на романите на госпоѓа Бужаровска. Тие, освен што даваат конкретна асоцијација, веднаш ве наведуваат да се втурнете во четивото, барајќи

потврда на асоцијацијата што ви ја сугерира насловот. Впрочем, еве неколку наслови на романите, заради кои нашата соговорничка е еден од најчитаните македонски прозни автори: „Жените крај брегот“, „Креветот на проститутката“, „Хероите умираат простум“, „Две жени едно срце“, „Охриѓаните лежат на злато“, „Господе, чувај ме од Интерпол“, „Тајна“, „Огнена вода“, „Трите жени на Хусеин“... Освен оригинален метод на пишување и дистрибуција на своите романи, нашата Агата Кристи може да се пофали дека е единствен писател што својот роман „Женски затвор“ го промовира токму во женскиот оддел во затворот „Идризово“. – Тоа ми е најубава промоција, бидејќи се случи на место на кое, цели дваесет години престојуваше главната хероина на романот „Женски затвор“. Во затворот стекнав нови читателки, но и добив инспирација за нова книга, која, инаку, нема врска со затвор, ами со љубов, која е присутна во секој од моите романи. Нашата соговорничка не е само автор на барани и читани криминалистички романи со содржини од македонското поднебје, туку и плоден пишувач на творби за деца: песни, раскази, приказни и загонетки. Таа е и автор на сценарија за десетина документарни филмови и на македонско-влашки речник. Заминувајќи од „криминалистичката работи­л­ ница“ на македонската Агата Кристи, забележав дека горе, во поткровјето, повторно светна све­ти­ лката. Мојата соговорничка, изгледа, едвај чекаше да се втурне во нова авантура, решена да го исполни ветувањето дека за дваесетина дена ќе ми го испрати првиот примерок од новата книга. Миле Раденковиќ

Прва промоција на книга во затворот Идризово

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


УЧИМЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА ДЕБАТИ ПО СВЕТСКИ ТЕРК Од втората половина на февруари кон мрежата на средношколски дебатни клубови при Младински образовен форум (МОФ) се приклучи и дебатниот клуб од Општина Карпош. Во рамките на проектот „Фестивал на јавни дебати“ поддржан од општината, 40тина средношколци добија можност да практикуваат организирана дискусија, изучуваат дебата и се натпреваруваат во аргументиран дијалог. Дебатната програма на МОФ се состои од 20тина клубови во Македонија во кои членуваат над 200 средношколци, но она што го прави овој клуб уникатен е што е првиот клуб во земјата во кој се учи World Schools дебатниот формат. Според форматот World Schools (светски училишта) практикуван на бројни турнири во Европа и Азија, во една дебата учествуваат 2 тима од тројца дебатери кои дискутираат на една теза. Секој од тимовите застапува една од двете страни на тезата, односно едниот тим ја поддржува, а другиот ја оспорува преку аргументи и докази. Низ аргументиран дијалог и тимска работа, дебатерите се стекнуваат со вештини за критичко размислување и се едуцираат за различни теми. Во Македонија МОФ успешно ги практикува де­ ба­ тните формати Карл Попер и Британска Пар­ ла­ ментарна дебата, а дебатерите кои ги изучуваат се пласираат високото на турнирите во регионот. Со пилотирањето на форматот World Schools македон­ ските дебатери добиваат уште едно поле за натпревар. Во клубот членуваат средношколци од училиштата „Орце Николов”, „Никола Карев” и „Георги Димитров”, жители на Општина Карпош. Предавањата се организираат секоја сабота од 12 до 14 часот во просториите на Општина Карпош. Истите се водени од двајца предавачи, поранешни дебатери, кои форматот го познаваат повеќе од 2 години и имаат зад себе интернационално искуство како тренери и судии на дебатни турнири. Овој клуб им нуди на своите членови можност за практикување на дебатните вештини преку јавна дискусија на теми кои се од нивен и општествен интерес. Во склоп на проектот средношколците ќе организираат 6 јавни дебати на младински и општествени теми кои ќе бидат отворени за сите заинтересирани посетители. Во духот на отворен дијалог, дебатите нудат можност за вклучување на публиката каде присутните ќе можат да ја збогатат дискусијата со свои прашања и размислувања. Срдечно ги покануваме сите читатели да се приклучат на јавните дебати и да допринесат кон развивање на квалитетна дискусија со младите од општината. Александра Теова

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВО СТРУГА

ПРЕВЕНЦИЈА НА ПОПРЕЧЕНОСТА

Општина Карпош уште еднаш ја покажа својата висока општествена одговорност со исклучително забележаниот и успешен настап на Саемот за попреченост кој пред два дена се одржа во Струга. Во рамките на проектот „ПОПРЕЧЕНОСТ И ПРЕВЕНЦИЈА “, на 15 март 2012 година, во Струга беше одржан саем за превенција на попреченост, организиран од невладината организација „ПОРАКА НОВА“ (Центар за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост). На саемот, Општина Карпош, преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита се претстави со своите програмски активности во сферата на социјална инклузија на лицата со посебни потреби. На саемот свое учество земаа претставници од Општина Вевчани, невладини организации од Р. Македонија и од Р. Албанија, како и граѓани од Струга и Вевчани. За време на настанот беше организирана работилница, на која беше дискутирано за проблемите на лицата со попреченост и начинот на нивно решавање. Целта беше да се информираат и младите, младите брачни двојки да водат сметка за превенцијата. Родителите, пак, и семејствата кои имаат член со попреченост, беа обучувани како да ги вклучат своите членови на семејсвото со хендикеп во редовните образовни, но и севкупни општествени текови, а на граѓаните како да ја прифатат поефикасно оваа категорија граѓани. Беше остварена меѓусебна соработка со невладините организации и локалната самоуправа на локално и на национално ниво. (А.К.-И.М.)


ИНТЕРНЕТ

@a_georgievski Еве што вика мојот градоначалник @OpstinaKarpos, а јас се согласувам: ... само во ваква држава дечурлана може да си играат министри... @arangel #mkwin на денот е твитот на @OpstinaKarpos со линкот од http://stopacta.spodeli.org @Natalija Карпош Урбан на @OpstinaKarpos е #mkwin. Информативен, едукативен, таман. Ме бендиса. Башка имаат и Твитер секција. @DimitarKaratase @OpstinaKarpos Додека другите општини тонат во смет,КАРПОШ е секојдневно поуреден и почист.Карпош рециклира хартија,води сметка за иднината! @zarkovski @OpstinaKarpos работите и денес!? значи 24/7/365/итн. @zarkovski #ff @OpstinaKarpos затоа што е најдобра оштина :) @edencoek пример за сите! +1 rt “@OpstinaKarpos: Следете ја Општина Карпош на социјалните мрежи http:// twitpic.com/91i3or” @arangel повеќе општини треба да се угледаат на @OpstinaKarpos околу тоа како треба да се слушаат и да се комуницира со граѓаните.#mkwin @Ta5_SK RT браво :) “@OpstinaKarpos: #љубов е кога жителите го сакаат Карпош и Стевчо”

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Изработила Ива Малнова

Карпош Комуницира

25


СПОРТОРАМА

Денови на МОК

КОШАРКАРИТЕ НА КАРПОШ ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ НА МОК

Во крајно возбудлива атмосфера, како што доликува на светските НБА натпревари, во салата на КК „Работнички“ - Градски парк, се одржаа финалните натпревари од кошаркарскиот турнир организиран по повод јубилејот - „20 години од постењето на Македонскиот олимписки комитет“, чиј домаќин беше Општина Карпош. Круната на Деновите на МОК ја понесоа младите кошаркари на Карпош-прва екипа, кои, во финалето станаа победници на турнирот на МОК со резултат 59:56, против екипата на Кисела Вода. Во првиот натпревар за трето место, кој се одигра помеѓу екипите на Карпош - втора екипа и екипата на Ѓорче Петров, со победа од 26:14, втората екипа на Општина Карпош ги совлада ѓорчепетровци, и заслужено го освои третото место.По забавниот дел од големото финале во кое настапија, „Трај то флај“, студиото за модерни танци „Брејк а лег“ и Александра Пилева во салата во Градски парк, покрај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,претседателот на Македонскиот олимписки комитет , г-дин Васил Тупурковски и останатите претставници од МОК, пристигнаа и специјалните гости на МОК,претседателот на Европскиот олимписки комитет - г-дин Патрик Хичко, легендарниот Владе Дивац, Стефка Костадинова од Бугарија, како и претставници од олимписките комитети на: Словенија, Хрватска, Турција, Романија, Црна Гора, Украина, Германија, Албанија и Србија.Меѓу нив пристигна и легендарниот Владе Дивац, кој потрфлајќи ја топката го означи почетокот на финалниот натпревар помеѓу екипите на Карпош-прва екипа и екипата на Општина Кисела Вода. Финалниот натпревар беше вистински празник за очи,професионален кошаркарски натпревар помеѓу две силни екипи. Натпревар неизвесен до самиот кра исполнет со многу адреналин, навивачки страсти и пред се, со спортски дух. Сепак, во крајот на натпреварот, среќата и се насмеа на екипата на Општина Карпош при што со резултат 59:56, Карпош славеше победа над екипата на Општина Кисела Вода. На крајот Дане Стојковски од одделението за спорт на Општина Карпош на капитените на трите победнички екипи им додели пехари, а на секој од учесниците дипломи. Е.К.

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Парите издвоени за спорт даваат резултати.Учениците од Карпош секаде победуваат: Прво место во кошарка, одбојка, шах и Карпош ја победи селекцијата на Кисела Вода на турнирот на МОК

МЛАДИ ШАХИСТИ ПОБЕДНИЦИ

на Карпош и Кисела Вода, кои се сретнаа во рамки на „Деновите на МОК“. Натпреварот заврши со победа на нашите одбојкарки со 2:1 во сетови. За освоеното прво место им беше врачен пехар и дипломи од страна на Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет г-динот Васил Тупурковски.

ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО КОШАРКА Максимовски, Јовчев, Манчевски, Чеш­ме­џи­евски, Ефтовски, Чешмеџиевска со наставникот Митков Шаховската репрезентација на Општина Карпош победи на турнирот што се одржува по повод 20-годишнината на Македонскиот олимписки комитет (МОК). Најпрво нашите мајстори ја совладаа Кисела Вода со 3:1 во партии, а потоа ги „потопија“ и ѓорчепетровци со резултат 3,5:0,5. Репрезентацијата во состав: Никола Максимовски, Ристе Јовчев, Бојан Манчевски, Иван Чеш­ ме­ џи­ евски, Матео Ефтовски, Емилија Чешмеџиевска на највисоко ниво го одигра овој турнир во најинтелигентниот спорт –шахот и достоинствено ја престави Општина Карпош. Одделението за спорт и Градоначалникот Стевчо Јакимовски им упатија најискрени честитки за освоеното прво место на младите шахисти.

ОДБОЈКАРКИТЕ ОД КАРПОШ ГО ОСВОИЈА ПРВОТО МЕСТО Во крајно возбудлив меч и инетересна игра , во општинското ОУ„Невена Геогиева-Дуња“ се одржа финалниот натпревар меѓу одбојкарските тимови

Младите кошаркари од ООУ „Владо Тасевски„ од Општина Карпош, предводени од нивниот професор и тренер Амди Муса станаа државни прваци во кошарка за ученици од основните училишта од Македонија. Во финалето на Републичкото првенство во кошарка за основните

училишта, кое од 14 до 17 март се одржуваше во Валандово, учениците од ООУ„Владо Тасевски“ ги победија своите врсници од ОУ „Тоде Хаџитефов“ од Кавадарци и сосема заслужено ја понесоа титулата на шампиони во кошарка за учебната 2011/2012 година. Давид Пецалевски од тимот на ООУ„Владо Тасевски“ беше прогласен за најдобар играч на шампионатот со постигнати 138 коша за својата екипа, или просечно по 34,5 коша по натпревар. Инаку, нашите млади кошаркари од Карпош од државното првенство во Валандово се вратија непоразени, откако претходно ги победија кошаркарите од основните училишта ООУ„Владо Тасевски“-„Лазо Ангеловски“ од Скопје со 60:51, ООУ„Владо Тасевски“-„Кочо Рацин“ од Куманово со 49:26,и ООУ„Владо Тасевски“-„Свети Климент Охридски“ од Битола со 50:33. Третото место на државното првенство го освоија младите коаркари на ООУ„Лазо Ангеловски“ со победата над ОУ „Свети Климент Охридски“ од Битола.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТОРАМА

СВЕТСКА ШАХОВСКА ЕЛИТА ВО КАРПОШ

Најспортска општина во Република Македонија, Карпош и годинава ќе го организира шаховскиот турнир „Опен Карпош“. Станува збор за спортски настан од прва категорија бидејќи Општината и ШК „Гамбит Асеко“ ќе ја пречекаат светската шаховската елита. Без оглед што турнирот своето деби го имаше минатата година, „Опен Карпош“ е веќе впишан во меѓународен шаховски календар. За годинешниов, втор „Опен Карпош“, што од 7 до 14 април ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ се пријавени 150 шахисти од 20 земји од светот, а меѓу нив и 30 велемајстори. – Пријатно сме изненадени од бројот на шахисти кои се пријавија за годинешниов турнир, вели Марјан Митков, шеф на екипата вклучена во организација на турнирот. Поради објективни причини (Европ­ско­то првенство во шах, во Варна – Бугарија и лошите авиоврски), од турнирот ќе отсуствуваат најмалку 20 велемајстори, кои изразиле желба да допатуваат во Скопје, вели Митков. Меѓународната шаховска елита во Скопје ќе ја предводи унгарскиот велемајстор Ференц Беркеш со рејтинг 2682. Ако се мери според рејтингот на учесниците на „Опен Карпош“, битката за првото место и престижната награда од 3.500 евра ќе се води помеѓу осум шахисти чиј рејтинг е над 2.600. Во таа група се велемајсторите: Кирил Георгиев (Бугарија), Иван Иванишевиќ (Србија), Димитриос Мастровасилис (Грција), ми­ на­ тогодишниот победник Роберт Маркус (Србија), Александар Делчев (Бугарија), Зденко Кожул (Хрватска) и Драган Солак (Туција). Наградите за второто и третото место изнесуваат 2.500, односно 2.000 евра, а пристојни парични награди се предвидени и за уште 26 најдобро пласирани шахисти и шахистки. На „Опен Карпош“ ќе настапат и по повеќе рејтинг-мајстори од: Македонија, Словенија, Црна Гора, Русија, Грузија, Украина, Словачка, Полска, Шпа­нија, САД, Англија... -Годинава за медиумска промоција и презентација ја ангажиравме специјализираната агенција „Чес микс“ од Бугарија, со чија помош, за сето време додека трае турнирот, на интернетмрежата, од хотелот „Александар палас“ ќе бидат директно пренесувани случувањата на десет први табли – вели Митков и додава: На тој начин, љубителите на шаховската игра во целиот свет ќе имаат можност да ги следат најинтересните партии од нашиот турнир.М.Р.

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПРЕКУ АЛЈАСКА ДО МОНТ ЕВЕРЕСТ Нашите сограѓани, Илија Ристовски и неговата партнерка, Илина Арсова, наскоро и животна сопатничка, досега нашето знаме успеаја да го качат на: Агунг (Индонезија), монбланските врвови Мастерхон и Брајтхорн, Аконкагва (Аргентина), Килиманџаро (Танзанија) и Ама Даблам на Хималаи (Непал). Им преостанува уште да ги скротат и двата нај­пре­стижни планински врвови: МекКинли на Алјаска и Монт Еверест на Хималаи, па да се пофалат дека се рамни на д-р Сашко Кедев, кој тој сон веќе го оствари. Илина Арсова може да се пофали и дека е прва Македонка, што се искачила на петте највисоки врва, се разбира, носејќи го со себе и знамето на својата татковина. Нејзиниот планинар­ ски партнер, Илија Ристовски, балкански шампион во спортско качување и повеќекратен државен првак во својата дисциплина, е убеден дека до крајот на идната година, знамето ќе го развиорат на највисоката точка од нашата планета, славниот Монт Еверест. За остварување на нивниот спортски сон, Илина и Илија, се подготвуваат и за таа цел. Кон крајот на мај, заминуваат на Алјаска, со намера до го освојат МекКинли, последната дестинација, пред патот за Непал. Ние и сега сме подготвени, и физички и психички, да се соочиме со тие предизвици, но за да се стаса до стартниот камп под Монт Еверест, треба многу пари, вели Илина. Целата таа авантура двајцата би не чинела 80 илјади евра – многу пари за двајца млади, кои не се постојано вработени, академски сликар (Илина), и дипломиран географ и инструктор по спортско планинарење (Илија).За таа цел организираме туристички патувања, работиме во хотели и на бродови, некоја пара заработувам од продажба на моите слики. Илија дава часови по спортско планинарење, алпинизам и параглајдер­ство.. Искрено се надеваме дека кон средината на идната година, ние ќе можеме да се пофалиме дека сме го оствариле својот сон – сме го освоиле Монт Еверест, а Вие, во вашиот весник ќе ја објавите репортажата со наслов: „Илина, прва Македонка на Монт Еверест“. Илија, се подразбира, бидејќи тој ќе биде оној што ќа ја направи фотката на која сум јас, со македонско знаме, развиорено на славната Чомолунгма. М.Р.


НАШИ СТИПЕНДИСТИ ИЛИЈА: СОН МИ Е ДА ГО ИСКАЧАМ ГРАН ЖОРАС Студент на трета година на Правен факултет, Илија Ци­ ри­ вири е млад и успешен алпинист и е пример дека Оп­шти­ на Карпош нема селективен пристап кога е спортот во прашање. - Доволно е ако ви кажам дека Ал­пи­нистичката Федерација на Македонија од државата добива 20.000 денари годишно и ќе ви стане јасно што мене ми значи стипедндијата што ја добивам од Општина Карпош, вели Илија.-Искрен да бидам, кога слушнав за конкурсот и се пријавив со бараните документи, не очекував да ја добијам стипендијата, бидејќи, кај нас, алпинизмот нема третман како другите спортови. Среќен сум што не бев во право и што можам да се пофалам дека пари­чната помош што ја добивам од Општ­ината, ми овозможува да можам да се по­д­го­твувам за нови под­ви­зи. Младиот алпинист ни раскажа за опасната и успешна авантура при освојување на Малта, ледената карпа во близина на Грац (Австрија), што инаку е предизвик и за мнгу повозрасни и поискусни алпинисти. Благодарејќи му на Илија, дознавме дека е тоа и мошне скап спорт, за специфична и исто така скапа опрема и се разбира за познатите алпинистички дестинација кај нас и во светот. Со алпинизам го „заразил“ неговиот чичко Костантин и благодарејќи му на тоа, уште како мал научил да нема страв од високите карпи и опасностите што деменат додека висиш „под гнездото на орелот“. - Со чичко ми и неговите другари, познати македонски алпинисти уште како помал ги совладав сите вештини во искачување на високи карпи, почнувајќи од оне на Матка, во Демир Капија, на Солунска Глава... Освен со алпинизам, се занимавав и со други спортови а сега, помеѓу две патувања на некоја „првенствена насока“- така се вика совладување на високи карпи, возам точак но и тоа го правам по планински патеки. Од него дознавме де­ка дел од паричните сред­ ства, неопходни за бавење со него ги обез­бе­дува работејќи на таканаречени недостапни локации: на чистење фабрички оџаци, бојадисување високи објекти и миење прозорци на повеќе­ка­тници...

Мојот сон, вели Илија Циривири е „скротување“ на Гранд Жерас, карпа на Мон Блан која е лоцирана на 4.400 метри надморска височина и која се смета за круна во кариерата на секој алпинист.

СИМОНА: ОДАМ НА ЕВРОПСКОТО ЗЛАТО Симона е ученичка во трети клас во гимназијата „Георги Димитров“ и е една од најтлентираните кара­ тистки во нашата држава. Од пред две години има при­ вилегија да биде стипендист на Карпош со што доби шан­ са да го надградува својот талент - Навистина е така, би­де­ј­ ќи со стипендијата што ја добивам, можам многу полесно и поквалитетно да се подготвувам за меѓународни натпревари бидејќи имам статус на државен репр­е­зен­тативец. Таа сти­ пен­ дија ме потикнува да бидам уште подобра бидејќи веќе знам дека, покрај матичниот клуб „Макпетрол“, има некој кој води сметка за младите спортисти и им помага во оставрување на нивниот стремеж да бидат шампиони во спортот со кој се зани­маваат. Можам да се по­фа­лам дека бронзениот медал што зимово го освоив на Европскиот шампионат во Баку (Азербејџан),е и плод на под­ршка­та што ни ја дава нашата општина, и не само со парична помош туку и со обезбедениот простор за секојдневни тренинзи. Јас тренирам два пати дневно и се надевам дека и од престојниот Светски куп, што ќе се одржи во Грција, ќе се вратам со медал. На Симона, дознаваме дека тренер и е татко и, дека со карате се занимава од шестгодишна возраст. Од својата четрнаесетата година е репрезентативка на Македонија и вели дека нејзината соба ја красат и седумдесетина медали, златни, сребрени и бронзени, повеќето „спечалени“ на многубројни меѓународни натпревари. -Не можам да се пофалам дека имам отповеќе слободно време, но ни да се пожалам дека бавењето со спорт нешто ми одзема. Напротив, благо­да­реј­ќи му токму на спортот имав мож­ ност да па­ тувам во далечни земји: Ма­ле­зи­ја, Азер­бејџан, Ма­ро­ко, Италија, Бу­ га­ ри­ ја, Турција, Србија, Грција, Кипар, Црна Гора... да запознаам многу врснички со кои редовно се до­пи­шу­вам. Наскоро патувам во Ми­ла­но, на третата Злат­на лига за јуниори, а во почетокот на јуни за Грција каде што ќе се одржи Светски куп за картисти на моја возраст... М. Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


СПОРТОРАМА ЛИГА КОШАРКА 2011/2012 Екипа

Коло

Победи

Порази

Кош количник Бодови

1 2 3 4 5 6 7

Владо Тасевски Петар Поп Арсов Војдан Черднодрински Димо Хаџи Димов Јан Амос Коменски Лазо Трповски Вера Циривири Трена

13 13 13 13 13 13 12

11 10 8 7 6 5 3

0 1 4 5 6 6 8

381:256 399:257 335:237 369:256 224:277 233:244 254:295

22 21 20 19 18 16 14

8 9

Христијан Тодоровски Kарпош Братство

13 13

2 0

10 11

241:351 170:433

14 11

Листа на стрелци

Дадени кошеви

1 Пецалевски (Владо Тасевски) 2 Огњеновиќ (Петар Поп Арсов) 3 Андоновски (Вера Циривири Трена) Перовски( Христијан Тодоровски 4 Карпош)

174 122 67

5 Стојкоски (Петар Поп Арсов)

57

6 7 8 9 10

54 8 7 6 6

63

Митревски ( Војдан Чернодрински) Давор Здравковски (Димо Хаџи Димов) Андреј Тасев (Лазо Трповски) Дарко Чурлинов( Јан Амос Коменски) Бојан Јосифовски ( Владо Тасевски)

ЛИГА ОДБОЈКА-ДЕВОЈКИ 2011/2012 Екипа

30

Коло

Победи

Порази

Сет количник

Бодови

1 2 3 4 5

Владо Тасевски Петар Поп Арсов Димо Хаџи Димов Лазо Трповски Христијан Тодоровски Kарпош

11 12 12 11 11

10 9 8 8 4

0 2 3 2 6

20:0 18:4 16:7 16:7 9:13

20 18 16 16 8

6 7

Братство Војдан Черднодрински

12 11

3 2

8 8

8:16 4:16

6 4

8 9

Аврам Писевски Јан Амос Коменски

10 11

2 0

6 10

5:14 1:20

4 0

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ЛИГА ФУДБАЛ 2011/2012

Димо Хаџи Димов

Војдан Чернодрински

Листа на стрелци

Лазо Трповски

Екипа 1

Димо Хаџи Димов 2 Војдан Чернодрински 3 Лазо Трповски 4 Братство 5 Аврам Писевски 6 Вера Циривири Трена 7 Јан Амос Коменски 8 Петар Поп Арсов 9 Владо Тасевски 10 Хриситијан Тодоровски Карпош 11 Нова

Дадени голови

1 Томислав Бошевски (Петар Поп Арсов) 2 Андреј Кудијан ( Јан Амос Коменски) 3 Виктор Симоновски(Димо Хаџи Димов) 4 Михаил Аларов(Х. Т. Карпош)

13 12 12 11

5 Никола Стојков (Војдан Чернодрински)

11

6 7 8 9 10

11 8 7 6 6

Милан Ристевски (Војдан Чернодрински) Давор Здравковски (Димо Хаџи Димов) Андреј Тасев (Лазо Трповски) Дарко Чурлинов( Јан Амос Коменски) Бојан Јосифовски ( Владо Тасевски)

одиграни Победи Порази натпревари

нерешено

дадени голови

примени бодови голови

10

9

1

0

30

3

27

10

8

0

2

40

5

26

10 10 10

6 6 6

2 3 3

2 1 1

20 17 19

12 9 12

20 19 19

10

6

4

0

17

10

18

10

4

6

0

32

25

12

10 10

3 2

7 7

0 1

20 13

34 24

9 7

10

1

8

1

15

27

10

0

10

0

3

40

0

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


СПОРТ Владимир Аницинов - Македонец во светска новинарска тениска елита

АМБАСАДОР СО ТЕНИСКИОТ РЕКЕТ Како единствен учесник од Република Македонија, на 17 светски, 5 европски првенства, 3 светски купа, 6 купа „Алпе Адриа“ и 6 Отворени меѓународни првенства, има освоено над триесет трофеи

Зимската белина само фигуративно асоцира на „белиот спорт“, со кој во светот ја прослави Ма­ке­

ФРИЗЕРСКИ САЛОН – ХАНА Ул. Никола Русински бр. 6/1-3 Тел. 070/964-351 10% попуст

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

до­нија нашиот сограѓанин и соговорник, Владимир Ани­цинов. Неговото тениско игралиште зад 14. кат­ницата во Карпош 3, е целосно послано со бела пок­ривка, па тенискиот шампион меѓу новинарите има можност на мир да ги сумира впечатоците од големите светски натпревари кадешто редовно се закитува со медали и пехари. По двочасовниот разговор го оставам овој, по многу што необичен човек, обземен со прашањето, дали е можно таквите ентузијасти и спортисти да остануваат надвор од медиумското и општествено вмнимание. Се разбира, околу одговорот на ова прашање може попусто да се ламентира, но тој да нема посакуван епилог. Приказната за Владимир Аницинов е по­ве­ќе­ слој­на и преку неа како на дланка може да се види историскиот континуитет на едно семејство, це­лос­ но посветено на својата татковина Македонија, за што и да се работи. Името на дедо му Диме Аницин, јунак од четата на Јане Сандански и учесник во На­ род­ноослободителната војна (попатно спомнат), го но­си една скопска улица, и е впрочем поткрепа по­ ве­ќе, правилно да се сфати непрекината патриотска нишка во потомството на Аницин. - Учени сме да бидеме луѓе и патриоти, вели мо­ јот соговорник, правник по вокација и дол­го­го­ди­ шен спортски новинар, нагласувајќи дека во по­че­ то­кот на деведесеттите години од минатиот век, те­ нискиот рекет му бил единственото оружје во за­ поч­натата борба за зачувување на идентитетот на нашата татковина. - Бидејки тенисот е мојот живот, храна и лек, не ми преостануваше ништо друго, туку на тоа поле да дадам свој придонес за својата татковина. Бла­го­ да­ рејќи на настапите на меѓународните тениски нат­превари за новинари, и тоа на 17 светски, 5 ев­ роп­ски првенства, 3 светски купа, 6 купа „Алпе Адрија“ и 6 Отворени меѓународни првенства, имав можност на моите спортски противници и


колеги, врвни пера од „Њујорк Тајмс“, „Пари мач“, „Ел Мун­до“, „Зи Дојче Цајтунг“, „Правда“, „Би Би Си“, „Си Ен Ен“... да им зборувам за мојата земја и за ап­с урд­ното барање таа да го смени своето име. Горд сум и среќен што на сите натпревари настапував како един­ ствен претставник од Република Македонија, и тоа без спомнување на грдата референца ФИРОМ. Своето кажување, колегата Аницинов го пот­ кре­пува со фотографии на кои, пред него, пред по­ че­токот на натпреварите стои табла со име Маке­ дони­ја, а на победничкиот јарбол се виори ма­ке­ донското знаме. За две децении, колку што ре­довно настапува на новинарските тениски нат­ пре­ вари, Аницинов има освоено над триесет трофеи: медали, пехари, дипломи, пофалници... Вели дека не памети натпревар од кој не се вратил со одличје, но најголем успех има постигнато на Светското првен­ство, одржано во Варна 2008 година, кадешто освојува сребрен и бронзен медал. За постигнатите спортски резултати во 2008 и 2009 година, е про­гла­ сен за спортист на годината на град Скопје, а до­бит­ ник е и на признанието „13 Ноември“. По некое непишано правило, зад секој успешен македонски граѓанин, постои и друга страна од уба­ вата приказна. Во случајов на господин Аницинов, таа само во нијанси се разликува од на неа слични. - Убаво е кога човек, вака, може да се пофали де­ ка сторил нешто за својата татковина, но верувајте ми, зад постигнатите резултати и освоени пехари и медали стојам јас како поединец,кој за сето тоа вре­ ме немал никаква поддршка од надлежните инсти­ ту­ции, од државата. Се разбира, со еден единствен ис­клучок. Имено, само за учество на еден светски натпревар добив парична помош (патни трошоци) од градоначалникот на Општина Карпош, по­чи­т у­ ва­ниот господин Јакимовски, за што својата бла­го­ дар­ност му ја изразувам и во оваа пригода. Навистина, продолжува Аницинов, јас по при­ рода не сум од оние што своите успеси ги раз­гла­с у­ ва­ат на сите звона, но и кога сум се обидел да по­ба­ рам помош, повиканите поединци, челници на од­ ре­дени институции, останувале само со ве­т у­ва­ње. Чесно е да нагласам дека јас ова што го правам, го правам како поединец, и навистина сум горд што ги победувам моите колеги новинари тенисери, зад кои стојат големи спонзори и цели тимови. Се разбира, апсурдни анегдоти има колку што сакаш, па и оние кои се однесуваат на обезбедување визи, стигнување на натпреварите и враќање од нив. На светскиот куп во Италија, „јас, старо ма­га­ ре“ одев авто-стоп, и финалниот натпревар го за­гу­ бив само заради тоа што во вториот сет почнав да раз­мислувам како да се вратам назад. По двојната победа во Чешка, во 2007 година, колегите, кои

знае­ја со какви маки се соочувам доаѓајќи, собраа па­ри за билет и други патни трошоци... Со тоа што го покажував на терен и со својата приказна за мојата земја, станав популарен меѓу свет­ските тениски асови, новинари, поранешни де­ вис куп играчи на светските спортски велесили. Ко­ ле­гата од Италија, покојниот Ецио Липот, главен ор­ганизатор на купот „Алпе Адриа“, седум години, едно по друго, ги сносеше сите трошоци за мојот прес­тој на турнирот, а јас сам си ги обезбедував пат­ните трошоци... Аницинов вели дека е посебно горд на приз­на­ ние­то за „фер плеј“, што му е врачено по предлог на ра­ ководството на Светската новинарска тениска асоцијација, и дека му е жал за две работи: „Па, жа­ лам што, изгледа, нема да ми се оствари сонот овде, во Скопје, во Македонија, да се организира еден свет­ски турнир и што државата не води сметка за соз­давање услови и негување на талентирани по­е­ дин­ци и надвор од постоечките клубови. Додека раскажува за своите слатки, и оние други тениски маки, Владимир Аницинов, секој свој исказ го илустрира со медали, пехари, пофалници, но и со специјализирани публикации и списанија, во кои зад неговото име, стои и името на неговата тат­ко­ви­на Македонија. - Се разбира, без оглед на се, јас продолжувам по­натаму, и еве, и деновиве интензивно физички се под­готвувам за претстојните светски тениски нат­ пре­вари на новинари, и тоа ќе го правам се додека можам да се носам со лутата конкуренција. За сре­ ќа, имаме убава патека покрај Вардар, така што во тој дел од мојата мисија, немам никакви проблеми. Миле Раденковиќ

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ Никогаш не ги слу­ шајте оние што лошо зборуваат за другите а добро за вас. Л.Н. Толстој Некој младич при излегување од веце забележал дека по мала нужда Черчил не си ги измил рацете. - На Итон не учеа по користењето на вецето да ги измиеме рацете. Черчил: – Нас на Харо не научија да не мокриме по рацете. Доаѓаат такви вре­ миња, кога умниот ќе замолчи, будалата ќе прозбори, а фукарата ќе се збогати. И. Андриќ Черчил и се обратил на некоја дама од високите лондонски кругови: - Дали би спиеле со мене за пет милиони фунти? - Ох Господи, господин Черчил. Претпоставувам да да, но би морале да се договориме околу условите. - А дали би спиеле со мене за пет фунти? - Боже, за каква жена ме сметате Вие? - Госпоѓо, за тоа каква жена сте утврдивме, се­ га само се нагодуваме.

34

Мајстор – Многу пари барате за една гумичка – му вели домаќинката на мајстор водоводџија и додава: Помалце ми наплатија за операција на слепо црево. Да знам, јас пораном бев доктор

Проверете дали навистина сте добар човек. Помогнете им на оние што не можат да ви возвратат. Душко Радовиќ

Черчил и Шо За премиерата на својата најнова драма Бернард Шо испратил повеќе бесплатни влезници. Помеѓу другите, две влезници му испратил и на својот голем политички противник Винстон Черчил, а со нив и едно „пусулче“ на кое напишал: - Почитуван господин. Ви праќам две влезници: едната е за Вас, а втората за кој било ваш пријател – доколку го имате. - Черчил експресно му одговорил: - Почитуван господин. Ви ги враќам влезниците и срдечно ви се заблагодарувам. За жал, на премиерата не можам да дојдам, но ќе дојдам на репризата – доколку воопшто се случи. Демократија е кога две будали имаат повеќе права од еден паметен.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


www.facebook.com/OpstinaKarpos (Официјална страна на Facebook)

www.youtube.com/OpstinaKarpos (Општина Карпош на Youtube) www.twitter.com/OpstinaKarpos (Twitter на Општина Карпош)

www.linkedin.com/OpstinaKarpos (Општина Карпош на LinkedIn) www.plus.google.com/OpstinaKarpos (Општина Карпош на Google+)

www.scribd.com/OpstinaKarpos (Општина Карпош на Scribd)

www.storify.com/OpstinaKarpos (Општина Карпош на Storify)



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.