ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје Месечно списание за еколошка едукација Општина
КАРПОШ
Бр. 2, година I, декември / 2012 122 година д а
Галичкиот дел на Бистра Темјанушка
Македонска пастрмка
Видови вегетаријанци
Посвојување на осамените Рачиња на првачиња
Креативност
Рачиња на првачиња Првачињата од Димо ги употребија последните златни одблесоци на есента зл а за да ги оживеат своите естетски афинитети.
2
број 2, декември 2012
Уреднички збор
Месару, ај измери ми килограм лицемерност со коска!
Н
едалеку од планината, крај градот, долго време постоеше свињарска фарма од која се снабдуваше со месо целиот велеград. Секоја деценија се зголемуваше бројот на свињи, паралелно со ширењето на наталитетот на градот, а месната индустрија која и припаѓаше на истата фирма, постојано измислуваше разни месни производи за да го задржи љубопитството на муштериите. Една од рекламите ја имаше оваа реченица: - Ајде дечиња, кревко мевце, хм, хм! Ќерката на сопственикот на фармата и на фирмата штотуку направи седум години. Еднаш таа престојуваше таму и тој саботен ден го помина со едно малечко прасенце со кое мошне се зближи. Оттогаш шоферот на семејството секојдневно го донесуваше девојчето на фармата за да си игра со малото прасе. И детенцето и прасенцето сосема се зближија, така што и двете често се шетаа по околните падини на планината. Прасето и кога стана возрасна свиња од двесте килограми, продолжи да се милува со девојчето. Ана ја милуваше свињата, ја галеше, ја бакнуваше, и зборуваше разни ситници од домот и од училиштето. Еднаш дури и свињата набрка едно лошо песиште кое сакаше да го нападне девојченцето. Праска, свињата на Ана, сосем се зближи со својата другарка, та почна дури и да забегува натаму-наваму, барајќи ја и кога таа беше на училиште. Еден ден, кога цела изутрина се случуваше општ колеж на израснатите свињи од фармата, истата судбина ја снајде и Праска. Верната другарка заврши на купиштата крваво месо во некоја од месарниците на градот. Ана тој ден долго време плачеше по својата другарка. Цела недела имаше страшни болки во слепоочниците и не отиде на училиште. Се будеше во ноќта, плачеше, заспиваше, па пак се будеше и пак плачеше. Кој да верува дека во очите на едно мало дете може да се скрие толкаво солено море од болки?! * * * Две жени, сосетки од петтиот кат на зградата во чие приземје беше сместена месарница, се симнуваа по скалите и двете решени да купат троа мевце за компир манџа. Патем ја озборуваа Светлана од третиот кат на соседниот влез за тоа дека се обидува да си го уништи семејството со макробиотичката исхрана. Ја нарекоа помодарка и селанка, а и најдоа и други слабости како основа за уште озборувања. Влегоа во месарницата и почнаа да се распрашуваат за тоа кое месо е најсвежо и најскоро донесено. Малку се пошегуваа со касапот Симе дека време е да се ожени, чунки секоја жена ќе сакала касап за маж оти така семејството ќе се хранело катаден со месо. Потоа, откако ги потрошија сите шегобијни мајтаплаци, почнаа дијалог својствен само за во месарница, а можеби и на други места каде што се спомену-
ва месото, чие и да е: - Леле, Стојанке, гледај го овој свински бут, путер - рече Мирка. - Кревко е месото, сочно, бргу ќе се вари – одговори Стојанка. - Ах, што би направила една крвавица – рече едната. - Има да замириса цела зграда, сите да ни завидуваат. Сосетките Мирка и Стојанка саде месо јадат - се надоврза другата. - Оној мојот сака покрваво месо, поживо. Вели, кога живеел во село, кога колеле свиња, ја мачеле и ја гледале како вришти, а потоа нејзиното месо го јаделе полуживо, како ловци од неолитот. - Ах, мажишта едни, саакаат да нè импресионираат дека се бестрашни и силни, ама како мали мачиња се пред една жена лавица. Се изнасмеаја, платија за месото што некогаш и припаѓаше на Спаска, и без да прекинат со зборување, муабетот го продолжија кој знае уште за што, дури и самите не знаат. Месото поделено во двете торби на сосетките трепереше, како сè уште да се сеќаваше на милувањата на својата малечка другарка. Ана, пак, целиот свој живот стана поборник за заштита на животните. Понекогаш, и на стари години во сон ќе и се појавеше нејзината другарка од детството. По тие сни, кога се будеше, забележуваше дека перницата на која спиеше, сосема е мокра од солзите кои, замислете, можат да течат и од соништата од изворите на невиното детство. * * * Предавањето на една невладина организација која се бореше против злоупотребата на животните, штотуку започна во едно училиште во кое се спроведуваше кампања за здрава исхрана. Предавачот, еден дебел маж на педесетина години, го почна предавањето: - Дали сте знаеле дека свинското месо по својата структура е идентично со месото на човекот? - Затоа еден со друг си се нарекуваме „свињо една“ – му шепна Марко од седмо на Тане од осмо, по што настана воздржано смеење. Предавањето продолжи со разни податоци: - Човековите црева, според должината и поставеноста, најпогодни се за вегетаријанска исхрана. Разложувањето на месната храна трае подолго и помачно, така што се оптоваруваат органите за варење. Секој ден се колат пе-
десет милиони животни за исхрана. Всушност, еве зошто треба да се храниме со вегетеријанска исхрана: за да се набави месо, треба да се убијат животни, а за животните се потребни пасишта. Понатаму, за да се создаде пасиште, се палат шуми, па така Земјата се загрева и останува без кислород, по што тоа земјиште станува пустина. Така, за животните е потребно многу храна, па зар не е поедноставно да се сади зеленчук за исхрана на луѓето, отколку постојано да се убиваат животни? Замислете колку животни цел живот се затворени во боксови, сè додека еден ден не станат обичен куп месо од кој одлетала кревката душичка. Како ли се чувствува кравата кога ќе и го одведат малото теленце? Сметате дека животните немаат чувства? Се лажете! Па, зар не ги чувствувате емоциите на животните кога се галат со вас? Штом заврши предавањето во училиштето, предавачот и неговиот помошник заминаа во една од нив често посетена кафеана за да ручаат. Го повикаа келнерот, нарачувајќи: - Донеси раженчиња, кебапчиња и свински кременадли! Кој знае, нарачателите, а тоа сме сите ние, можеби нарачале месо од емотивната Праска чија душа се лулее некаде над нас, барајќи си ја својата телесна растргнатост. * * * Човештвото уште од своето изгрејсонце почнало во својата преплашена негрижливост да продуцира и постојано да ги проширува границите на гробиштата што постојано ги создава. Купишта нечиста совест се погребани во тие гробишта. Колку животни останале без својата душичка поради исхраната на човекот? Како ли може овој „благороден“ монструм да се храни со месото од своите пријатели - животните? Всушност, домашните животни се создадени за таа намера – за „облагородување“ на софрата со купишта печено месо кое мириса на насилна смрт. Жртвите на човекот, животните, не знаат англиски јазик, македонски, руски или кој било друг јазик за да ја изразат својата болка поради лицемерноста на нивниот пријател - човекот. На овој свет сме да ја облагородиме сопствената поединечна душа, да станеме подобри, посвесни, похумани, да напластуваме разбирање за сè околу н нас, да ги почитуваме делата на Бог ((Deus sive natura). Колењето животни п предизвикува болка и кај животното и к касапот. Светот е една огромна болкај к која ја создава човекот. Таа болка ка п постојано крвари како свежо месо од н некое животно кое човекот го чувал во к кафезот на сопствената душа. Главен и одговорен уредник, Марјан Костовски, наставник по македонски јазик број 2, секември 2012
3
Eколошки потези и акции
Мигови за акција! 1
ООУ „Димо Хаџи Димов” – Скопје доби покана да учествува на еко-конференција во Египет за промените и за активностите во нашата средина од страна на ЕНО-здружението на интернационално ниво на тема Екологија.
Од страна на НВО ОРТ 2 во септември беше спроведена обука за одговорните во
училиштата за проектот Собери пет за да добиеш петка. Присутните беа запознаени со целта на ова НВО-едукација која се однесуваше на учениците вработените во училиштата и родителите и на нивната соработка со локалната средина за собирање на ПЕТ-амбалажа за рециклирање и за чување на средината во која се живее. Работилницата траеше два дена и ги обучуваше наставниците за правење проекти и за доставување на целни идеи до определени донатори.
Наставници од одделенска 3 настава, наставници по англиски јазик, како и наставници што го предаваат предметот Природни науки од ООУ „Димо Хаџи Димов” на 21. ноември беа на семинар под наслов Зелен пакет – Јуниор каде што се запознаа со нова алатка за работа во содржините низ сите предмети од прво до шесто одделение. Наученото од семинарот наскоро ќе им го пренесат на учениците, наставниците и на родителите од училиштево.
Наставата, меѓудругото, 4 води постојана грижа за посочување на природните особености на Македонија.
Акцијата за собирање пластични шишиња трае со 5 несмален интензитет. Сепак сметаме дека можеме да собереме многу повеќе пластичен материјал што, пак, може да ни донесе задоволство чиста околина.
4
број 2, декември 2012
Eколошки потези и акции
денот на дрвото се засадуваа и многу малечки 6дрвца!НаНаставникот Велибор со своите ученици.
7
Низ наставата наставниците ги употребуваат планираните содржини кои се однесуваат на штедењето!
Ред е да се спомене 8 и постојано да се нагласува негата за собното цвеќе кое со голема љубов се чува во сите кабинети на училиштето.
број 2, секември 2012
5
Eколошки потези и акции
Штедење енергија Во врска со трошењето енергија, групата „Штедење на енергија” од ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје, на 15. октомври 2012 спроведе анкета и направи анализа на резултатите од анкетата. Всушност, стана збор за следново:
Анкета за ученици Размислете и одговорете! Наведете примери на нерационално, по ваше мислење, трошење енергија. Пополнете ја табелата * Дали само од економски причини (помалку трошење енергија - помал трошок) треба да се штеди енергија?
Од анализата на спроведената анкета „ТЕСТ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА” на вработените од ООУ „Димо Хаџи Димов” – Скопје беа добиени следниве резултати:
Најголем процент од анкетираните се наоѓаат во групата на Добар пример за сите преостанати. На темата „Како да ја заштедиме енергијата?” работеше и одделенска настава, и тоа еко-тимот за енергија и за вода (одговорен наставник Марица Петроска). По спроведена анкета во трето, четврто и петто одделение, беа добиени следниве резултати:
Може да се заклучи дека посочената група испитаници во голема мера станува свесна за потребата од штедење енергија.
6
број 2, декември 2012
Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет
Повик за дружење
Барање за масовно посвојување на осамените
Децата умеат да го прочитаат говорот на животните. Неодамна едно дете, набљудувајќи ги кучињата што шетаат по улиците, во нивните очи го прочитало овие пораки: Иако немам педигре, имам право на достоинствен живот. Зар заслужуваат да живеат само оние што имаат родовник составен од познати предци? Посвојте ме, така ќе ја сфатите вистинската љубов. Посочените кучиња веќе се третирани во скопскиот стационар, така што сега се подготвени за вдомување. Со нив можете да се запознаете, да си поиграте и да си земете барем едно за по дома. Се движат низ Порта Влае. Доаѓа зимата, ќе им биде студено, затоа побрзајте, активирајте ја вашата хуманост!
Осаменици кои им се познати на жителите на населбата Влае
Чавка – најупорен родител Во македонската народна литература можат да се сретната поговорките: Чавка умот му го испила, По чавки ли зјапаш?, Чавка не и ги вади очите на друга чавка, Му лета умот по чавките..., и слично. Низ овие поговорки станува збор за Corvus monedula која претставува една од најмалите птици од фамилијата врани. Телото и е со црна и со сива боја а живее во Европа, западна Азија и во Северна Африка. Се движи во чифт и така лета заедно со јатото. Се храни со разни остатоци од храната што ја расфрлаат луѓето, со риби исфрлени на бреговите, со сè што ќе најде. Таа е и мршојадец. Се гнезди на дрвја, на згради, под мостови, на бандери. Во гнездото носи 4-5 јајца кои ги квачи околу
1 17-18 дена. Пред летнувањето на м малечкото чавче, ако тоа падне од ггнездото, неговите родители го б бранат и го заштитуваат. Еднаш во пролет, во ООУ Димо Х Хаџи Димов, мислам дека тоа беше в во 2009 година, едно малечко беш ше паднало од гнездото кое се нао оѓаше на една голема елка. Кога н некое од децата случајно ќе се приб ближеше до малечкото, една возр расна чавка го напаѓаше минувач чот, удирајќи го во главата со клун нот. И јас намерно поминав крај м малото пролетарче за да се стекнам с со тоа искуство. Веднаш врз мојат глава атерираше една чавка која та силно ме ѕвекна, така што веднаш го напуштив опасното место. Ситуацијата се среди дури вечерта, кога луѓето од обезбедувањето го качија чавчето на дрвото во гнездото.
број 2, секември 2012
7
Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет
ПЕГАВАТА УБАВИЦА
Македонска пастрмка (Salmo Macedonicus) Прилогот и фотографиите се на Велибор Јованоски, наставник од одделенска настава ООУ „Димо Хаџи Димов” - Скопје
Опис : Главата на македонската пастрмка и е доста долга и зашилена, а устата е длабоко всечена. Горната вилица е тесна и достигнува до под задниот крај на окото. Има двоен ред заби. Бојата на телото е карактеристична. Црвените дамки, присутни кај повеќе салмониди, овде отсуствуваат. Наместо нив, овде има темно црвени дамки, густо расфрлени по телото, освен по грбот, каде што воопшто ги нема. Достигнува маса до 3 кг., но сепак моите искуства, кои се повеќе од меродавни, покажаа дека во нашите реки, иако во помал број, живет вистински убавици и од преку 4 кг.
Место на живеење Македонската пастрмка е распростанета во студените планински потоци и реки со чиста, бистра вода, богата со кислород. За живот македонската пастрмка бара песокливо и каменесто дно. Ги населува: горниот тек на реката Вардар со притоките од горниот тек, потоа горните текови на притоките од средниот тек на Вардар, реките: Треска со притоките, Лепенец, Кадина Река, Пчиња со притоките, Тополка, Бабуна со притоките, Брегалница со притоките. Извесно е и нејзиното присуство и во реките Бошава и Дошница.
8
број 2, декември 2012
Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет
Занимливости:
Навики начин на хранење и Навики, распространетост: Македонската пастрмка е вистинска кралица во водата. Кога се храни, се движи со голема брзина и сето тоа го прави со голема претпазливост, особено големите примероци. Најчест коментар на риболовците и љубителите на природата е тоа дека во водата нема ништо, потценувајќи ја можноста за прикривање и камуфлирање на пастрмката. Небаре секој поголем камен е потенцијално живеалиште на пастрмката. Се храни со риби (особено покрупните примероци пастрмки), меѓу кои преовладуваат видови кои ги населуваат пастрмските води, потоа ларви од водени инсекти, инсекти кои паѓаат во водата и што летаат ниско над неа, икри од други риби, жаби, полноглавци, црви и.т.н. Најмногу се храни во предвечерје, ноќе и во рана зора. (продолжува)
• Делфините од реката Амазон имаат розева боја на телото.
• Срцето на мачката чука од 110 до 140 пати во минута.
• На островот Света Елена живее желка стара 179 години. На островот е пристигната во 1882 година, а стручните лица проценуваат дека тогаш желурокот имал околу 50 години. Засега, во поглед на здравствената состојба, овој примерок не гледа на едното око.
• Камилата може да живее без вода од 20 до 40 дена.
• Првите диносауруси се појавиле пред околу 230 милиони години (тријас), а изумреле пред околу 65 милиони години. Тие биле најголемите копнени животни на планетава и достигнувале височина до 20 метри. Имало два вида: тираносаурус (забестиот) и оној со долг врат и дебелкава снага – диплодокус. Исчезнале од голем дожд од метеорити кои паѓале на земјата неколку илјади години. • Синиот кит е најгласното водно животно. Неговиот глас достигнува до 188 децибели, така што може да се слушне на далечина и од 700 километри. • Највисоки копнени животни се жирафите. Мажјаците пораснуваат и до 5 метри и тежат до 900 кг., а женките се пониски и послаби. • Нојот од Северна Африка, и покрај тежината од 150 кг., може да трча и околу 70 ким на час. • Ако се најдете во контакт со мечка, вклучете музика на вашиот мобилен телефон ако сакате таа да избега. • Полжавите се најголеми спијачи. Можат да хибернираат и до три години. • Шарата на секоја зебра е уникатна. Не постојат две исти зебра со еднаков распоред на црно-белите линии. • Јазикот на камелеонот е двапати поголем од целото негово тело. Сепак, треба да знаеме дека тој му служи за ловење инсекти. • Свињите и кучињата немаат потни жлезди. Своето тело го ладат со плазење на јазикот. • Мачките кои на телото имаат три бои, да знаете, секогаш се од женски пол. • Црвот има пет срца. Е тоа е јуначиште, а не ние! • Слоновите живеат во групи од повеќе женки, бидејќи живеат во матријархат. Мажјаците се појавуваат повремено во крдото.
• Потполошките достигаат зрелост на старост од 8 недели. Се гнездат на пасишта и во шуми, а во гнездото положуваат до 15 јајца. Се испилуваат по 18 дена квачење. Јајцата од потполошка се мошне здрави за пиење. • Срните можат да живеат и до 18 години. • Догата по име Ѕевс, која потекнува од Данија, долга е два метра и 23 см., а во височина израснала до еден метар и десет сантиметри. • Вообичаено е да се видат морски ѕвезди со по пет краци. Но, постојат и морски ѕвезди од 50 краци. • Шуштењето во лето кога ќе се најдете во природа е, всушност, песна на скакулците мажјаци кои ја произведуваат со удирање на нозете една од друга со цел да се доближат до женката. • Змиите отровници, кога би се каснале себеси, не би се отруле. Тие се имуни на сопствениот отров. • Мрзливците (хрчаците – ова е српски назив за ова животно) додека спијат нивниот биолошки часовник сосема запира. Односно, во тие момент им опаѓа ритмот на срцето и на дишењето. • Мажјаците од видот морска мачка ги носат во својата уста јајцата од кои треба да се изведат малечките. За тоа време чуварот на своето потомство не може да се храни. • Птицата албатросс, која на земја одвај се движи а на небо е вистински мајстор во летањето, понекогаш додека лета знае и да си поспие. • Еден вид пијавица има триесет и два мозока. • Кога некој делфин од јатото ќе стане болен, преостанатите го носат на површината на морето за да може да диши. • Слоновите дневно можат да изедат и до 250 кг. растителна храна. • Една третина од храната предвидена за човекот зависи од опрашувањето на пчелите кое го вршат врз цветовите на растенијата. број 2, секември 2012
9
Заштита и согледување на богатството на животинскиот свет
Македонското овчарско куче - Караман на кинолошки изложби
Победници на државната ревијална изложба за македонскиот караман за 2012 г.: Кербер и Видра
Досега македонското о овчарско куче – караман официјално се има претставено на четири кинолошки манифестации. На изложбите се доделува традиционалниот подарок за најубавиот караман и за најубава караманка - Златен околувратник. Почесната награда „Златен околувратник“ претставува метафорична белешка на еден стар македонски обичај: заштитниот околувратник да му се става на најдоброто куче на бачилото со цел да му се продолжи работниот и животниот век.
Извадоци од предлог-стандардот за македонскиот караман Генерален впечаток: Куче со снажна, збиена конституција и со складни пропорции на сите делови на телото. Доста е подвижен, издржлив на физички напори и со изострени сетила. Разликата меѓу половите е видливо изразена. Мажјаците се покрупни, помасивни, робусни и со широка глава. Женките се со помала
конституција и со поелегантна конституција. Тој е неподмитлив чувар на стадото, лицата или на објектите доверени на чување. Недоверлив е спрема непознати, а лаењето му е силно, длабоко и пробивно. Верноста му е карактеристична особеност и се врзува за еден човек. Важни пропорции: Телото е правоаголно. Должината на телото кај мажјаците е за 9-11%, а кај женките за 11-13% поголема од височината на гребенот. Длабочината на градите е 40% од височината на гребенот. Соодносот меѓу муцката и черепниот дел е, кај мажјаците 37:63%, а кај женките е 38:62%. Однесување / Темперамент: Неподмитлив чувар, недоверлив спрема непознати, смирен е и трпелив, водлив, дружељубив со деца, а според темпераментот, тој е храбро и по потреба остро куче. Крзно: Должината на влакната на гребенот е околу 10 см. Во однос на влакната на трупот, влакната на з задниот дел на бутовите, на вратот и н на опашот се подолги, додека на гла-
Трета државна ревијална изложба за македонскиот караман
10
број 2, декември 2012
Двомесечното караманче Ага беше најубаво кученце за 2012 год.
Караманите се многу силни кучиња
вата и на предните делови на нозете се кратки. Има груба текстура, Крзното е средно-дебело, а подвлакното е густо. Боја: Бојата е црна, црна со кафеави нијанси, или црна со палежи. Белини се дозволени на градите, како и до лактите на предните нозе, на шепите на задните нозе и на самиот врв на опашот. На белиот фон дозволени се и црни дамки. Висина и тежина: Мажјаците се високи од 65-75 см., а женките од 5868 см. За мажјаците просечната тежина е 45 кг., а за женките 40 кг. Марјан Костовски (продолжува)
Заштита и согледување на богатството на растителниот свет
Трепет Чаеви против настинките на зимата Фото: Риа Давковска – седмо 2
Човековиот имунолошки систем во зима е доста заслабнат, па затоа мора да користи продукти и напивки кои ќе му помогнат за да се заштити од грип и од настинки. За таа цел во ова пригода ќе се запознаеме со некои чаеви кои ќе ни бидат од голема помош.
Чај од бозел Ако не сте алергични на цветот од бозел, направете чај од него. Овој чај може да ве ослободи од инвазијата на вирусите за доста брзо време. Користете го уште при првите знаци на настинка.
Ѓумбир и мед Направете чај од ѓумбер и засладете го со мед. Овој чај ќе ве затопли, ќе ве испоти, па така ќе ве ослободи од треската. Влијае врз затнатите синуси и ја намалува слузта. Доколку правите чај од свеж корен од ѓумбер, најпрвин излупете ја кората, а потоа издробете го и ставете го во чајникот. Овој чај можете да го закиселите и со малку лимон.
Чај за детоксикација На еден литар зовриена вода се става една кафена лажица жалфија да врие три минути. Потоа се трга течноста од оган и се ставаат една кафена лажица жолт кантарион и една кафена лажица нане. Течноста се поклопува со поклопец да отстои 10 минути. Чајот се пие само топол.
Нане Чајот од нане се користи за спречување на грчевите кај малите дечиња. Овој чај се прави на тој начин што ливчињата од билката нане се ставаат во чајникот, а потоа се прелеваат со зовриена вода.
Потоа се остава да отстои околу 15 минути. Исто така ова билка (неколку ливчиња) можете да ја ставите и во гравот кој го вариме за да ги избегнеме сите тешкоти околу дуењето на стомакот.
Камилица Чајот од ова билка се приготвува така што исушени цветови од камилица се прелеваат со зовриена вода та се остава да отстои некое време. Не дозволувајте чајот да врие зашто така се губат важните состојки (етеричните масла). Дозата е: седум грама цвет со 200 мл. зовриена вода. Чајот од камилица помага во работата на бубрезите, благотворно влијае врз крвотокот и врз срцето. Помага за подуен стомак и за тешкотии кај жолчката.
Билки кои во Македонија се на работ на исчезнување Пред исчезнување денес во Македонија се наоѓаат растенијата: кантарион, жалфија, ајдучка трева, мечкино уво, камилицата и планинскиот чај. Причина за тоа е несовесното берење на овие лековити билки. Всушност, берачите на чаеви, не треба да ја берат целата билка, туку да оставаат барем половина од билката за да може понатаму побезболно да се обновува. Опустошувањето на ова флора ќе доведе до осиромашување на една многу важна растителна реалност која низ ми-
л лениумите го лекувала ч човекот од разни болес сти. Планинскиот чај е е едногодишна билка која р расте на 1500 м. надм морска височина на Балк канот. Расте на карпи и или на карпести пукнаттини, а цвета од јуни до а август. Се бере додека н не расцутел. Денес луѓетто и вештачки го одглед дуваат. Во народната м медицина се користи п против грип, настинки и гго зајакнува имунолошк киот систем. Богат е со а антиоксиданси со кои м може да се бори против р ракот и остеопорозата. број 2, секември 2012
11
Заштита и согледување на богатството на растителниот свет
Даб Македонскиот даб е дрво кое расте од 10 до 20 метри. Има кожести листови, елипсовидни, плитки но остро назабени. Желадот е крупен и созрева во втората година. Во Македонија живее на суви подлоги со карбонатен состав. Дабот е доста цврсто дрво. Во светот постојат повеќе видови, а во Македонија има осум вида. Од нив најпознати се три вида од кои се прават вински дрвени садови
Белиот даб Горун ( ercus petraea Liebl) рас(Qu т на надморска височина те о од 900 до 1.100 метри. У Успева во плитки песоклив и отцедни шумски почви ви и може да достигне старост о од 700 години. Дабот Благун или М Медуњаво дрво (Quercus p pubescens Willd) расте во п пониските делови од Макед донија каде што владее с субмедитеранска клима. У Успева во скромни почви и е издржлив на ниски темп ператури. Доживува стар рост од 500 години. Стежер е вид даб к кој мошне ретко се среќава в во Македонија и се разлик кува од другите дабови. Р Расте во алувијално-колув вијални почви богати со в влага. Успева во рамничар-
Ела
Елова шума на Караџица
Елата е зимзелено дрво кое спаѓа во фамилијата борови. Постои во Европа, Северна и Средна Америка, Азија, Северна Африка. Расте од 10 до повеќе десетици ме-
12
број 2, декември 2012
ттри. Имаат исправени цилиндричн ни шишарки долги до 25 см. кои, к кога се распаѓаат, испуштаат сем миња кога ќе узреат. Постојат пов веќе видови ели, а се разликуваат м меѓу себе по обликот и по големин ната на шишарките. Во југоисточна Е Европа постои и енедемичен вид, т таканаречена македонска ела ( (Abies borisii-regis). Елата не е погодна за дрвен граѓа, но се користи за правење на и иверица. Најмногу се користи како п празничен новогодишен симбол во х христијанскиот свет. Некои видови ели (на пример, сребрената ела) поради својата убавина се користат за украсување на паркови и тревници. За ден на елата е прогласен 18 јуни.
с ски предели близу до р реките. Стагнира со р растот за време на суш Достигнува старост ши. о 2.000 години. од Специфичните екол лошки карактеристики н климата и на почвана т му даваат широка та р распространетост на д дабот, па затоа Макед донија слободно можем да ја наречеме земја ме н дабови. на Дабот е и свето дрв кај Македонците. Во во м минатото крај стеблата н на одредени дабови б биле практикувани п предхристијанските о обичаи. Познат е и дабот во Додона каде што луѓето оставале дарови. Дабот и денес не се сече ако се најде во вакафско место (свето место). Затоа, ако некаде од далеку забележите мала дабова шумичка која во височина доминира во пределот, кога ќе се приближите, ќе забележите дека таму има црква. Се смета, според народните верувања, дека голем грев е да се сече даб од вакви места. Ова дрво поради издржливоста и цврстината, како и поради долготрајниот живот, се смета за симбол на издржливост и на долговечност. Неговите лисја имаат апотропејски својства, така што свешетениците во минатото пророкувале според нивното шумолење. Денес мошне проширена практика е куќите да се китат со дабови гранчиња пред Бадник за да се стимулира плодноста и бериќетот.
Заштита и согледување на богатството на растителниот свет
Фото: Риа Давковска
Темјанушка
Симбол на љубовта во „Димо“ – темјанушка
Темјанушката (Viola) е скриеносеменик е распространет низ светот во 800 вида кои, пак, се распоредени во 21 род. Во Македонија е позната како ендемско растение Алшарската темјанушка која името го добила по локалитетот Алшар. Мошне е позната и тробојната темјанушка (Виола трицолор хортенсис) која, според името, на својот цвет си има аплицирано три бои, од кои најчесто виолетовата, жолтата и белата. Таа е добиена со вкрстување од еден градинар (Лорд Џејмс Гамбер). Овој вид темјанушка цвета од мај до август. Во плодот, кој се распукнува на три дела, се наоѓаат семчиња кои можат да се посеат,
ттака што од нив очекувајте возрасн на билка дури наредната година. А Ако ја одгледувате во собни услов ви, ќе добиете добар придружник з за вашата душа. Според една античка леггенда, божицата Кибела откако с се вљубила во убавото момче А Атис, решила да го стави во целиб бат како свештеник. Момчето, од д друга страна, се вљубило во Сагар ритида, ќерката на богот Сагар риј. Љубоморната Кибела ја убил својата симпатија, по што, од ла п пролеаната крв по земјата, порасн нале убави темјанушки. За темјанушките постојат и в верувања кои се интересни и пред дизвикуваат внимание. Така на пример, ако во сон се китите со темјанушки, сакате да бидете во центарот на вниманието. Понатаму, ако некому му подарите темјанушка, ви претстои голема радост во семејството. Во однос, пак, на боите, темјанушките ги имаат овие значења: бела – хармонија, жолта – материјална добивка, сина – задоволство, црвена – радосен настан. Сите бои на темјанушката имаат позитивна конотација. Ви преостанува, штом ќе го прочитате овој прилог, да отидете на цветен Пазар за да си купите неколку темјанушки во саксии. Потоа, барем една подарете, онака, колку да се потсетите дека љубовта е дарување внимание!
Ајдучка трева Ајдучката трева (Achilea millefolium L.) е повеќегодишна билка со пријатна миризба. Нејзините бели ситни цветови се наоѓаат на врвот на билката и се собрани еден до друг па се добива впечаток дека во прашање е еден цвет. Расте на суви и на умерено влажни клими, и тоа до надморска височина од 1800 метри. Таа е чест жител на ливади шумички, крај патиштата и може да се пронајде низ цела Европа. Уште од многу одамна се користела во народната медицина. Се употребува кај заболувањата на желудникот и на цревата. Се препорачува против дијареа, колит, хемороиди, против воспалена слузница во грлото, а се користи и за прекинување на крварење. Содржи етерично масло кое користи против болки и грчеви во стомакот. Се користи против бубрежни заболувања, а бидејќи е и добар диуретик, го регулира вишокот на течности. За да приготвиме чај од ај-
Занимливости: • Дивото какао расте во амазонската прашума. Станува збор за дрво кое расте до 15 метри, има големи кожести лисја, додека цветовите му изникнуваат од стеблото. Има жолто-зелени плодови слични на краставица и зреат преку цела година. • Постојат и дрвја кои одат. Се движат низ плитките води на прашумите во Амазонија, сè додека не наидат на погодно место со цврста земја за која се закачуваат со своите корени. Тогаш ја завршуваат прошетката. • Грмушката или џбунот се разликува од дрвото бидејќи има повеќе стебла. Ова растение е со низок раст и најмногу може да порасне до пет-шест метри. • Тропскиот ползавец од фамилијата пипери, наречен црн пипер, се употребува како мирудија. Станува збор за џбунесто растение кое има плодови во форма на зрна. Успева во Бразил, Индија и Гвајана. На пазарите среќаваме црн пипер кој се добива од недозреани бобинки, додека може да се најде и бел пипер кој се добива од целосно зрели црвени бобинки. • Листовите на билката киселец содржат оксална киселина, затоа не се препорачува да ја земаат луѓе со проблеми во бубрезите. • Ориганото потекнува од Медитеранот. Претставува род со околу 20 видови на ароматични растенија од фамилијата усноцветни. • Соковите од растението низ него се движат со брзина од 50 см. на час. • Мамутовото дрво живее до 5000 години, костенот 2000 години, а смреката 1200 година. Дабот, елата и липата доживуваат старост од 1000 год., маслинката 700 год., а јаболкниците до 200 години.
дучка трева, треба да го направиме следново: Една супена лажица од самите цветови, а може да употребиме и делови од стеблото, се попарува со 300 мл. жешка вода. Садот се покрива и се остава да отстои 20 мин. Потоа се процедува и се пие пред јадење околу половина час.
• Фиданките на дрвјата вишна и слива за една година можат да израснат и повеќе од еден метар. • Цвеќињата имаат влијание во намалувањето на депресиите кај човекот. • Кафето достигнува височина од 2 до 5 метри. Му одговара тропска клима. број 2, секември 2012
13
Заштита на воздухот, водата и почвата
Спокоен чекор Магнетна терапија Колку што постои планетата Земја, толку време постои и магнетизмот. Магнетната руда доаѓа на површината преку лавата каде што се меша со азотот од атмосферата. Така, оладената лава во себе го чува природниот магнетизам од земјата. Во одамнешното минато старите народи го користеле магнетизмот за лекување, а и за афирмација на виталноста на организмот. Се верувало дека магнето го продолжува човековиот живот. Да наброиме каде се користел магнетизмот како средство за подобрување на човековото здравје: Кралицата Клеопатра носела накит од магнет за да си ја зачува својата убавина; Египетќаните го користеле магнето за да спречат секаков вид крварење на телото; За време на кинеската династија Хан, која владеела од 200 год. пне., се користело магнет за намалување на отоците околу зглобовите; Плиниј (23 – 89 год. н.е.), римски историчар, забележал податок дека магнетот се користел за лекување на очни болести; Парацелзус, швајцарски алхемичар, сметал дека со магнетот можат да се лекуваат разни болести и др. Денес јачината на магнетното поле е значително намалена и изнесува 0,5 Гауси. Заслабеното магнетно поле доведува до на-
малување на имунолошкиот систем кај човекот, како и до проблеми во централниот нервен систем. Затоа денешниот човек има нарушен сон, раздразлив е, има болки во грбот и сл. Употребата на магнет доведува до врзување со слободните канцерогени радикали во организмот, па така во телото на човекот се создава алкална средина која е непопуларна за вирусите и за бактериите. Тие ја намалуваат болката, го подобруваат расположението, крвниот при-
тисок, а истовремено создаваат нормални органски процеси. Денес се користат магнетни алки кои во Македонија ги увезува Сабона од Скопје. Тие помагаат при следниве проблеми: артритис, реума, подобрување на имунитетот, намалување на болките во зглобовите, мигрена, менструални болки,, регулирање на притисокот итн. Прилогот го подготви Илија Ристовски, седмо 4
Зрачење Зрачењето претставува облик на енергија која може да биде создадена од природата, но и од човекот. Тоа се создава од природата во вид на сончево зрачење, од радиоактивни материи од почвата (уран), а човекот ги ствара преку ренгентските апарати. Зрачењето го има во водата што ја пиеме, во воздухот, во храната, во човечките тела. Осумдесет проценти од зрачењето што е врз човекот е од природни извори, а само дваесет од вештачките извори на зрачење (медицинските х-зра-
14
број 2, декември 2012
ци).
Зрачењето може да влијае врз телото на повеќе начини, а негативните последици од тоа
зрачење можат да се з забележат дури по з повеќе п години. Тоа м може да биде сосем н незначително, но мож же да претставува и с смртна закана, претс ставувајќи се преку р разни смртоносни з заболувања. Постојат т три основни начини к како да се заштитите о зрачењата: од Да го скрат тите времето кое го п поминувате покрај и изворот на зрачење. Да го зголемите растојанието од изворот на зрачење. Да ја зголемите заштитата меѓу вас и изворот на зрачење.
Заштита на воздухот, водата и почвата
Штедиме вода во домот
З
атвори ја славината на чешмата во бањата додека миеш заби или лице. Може да се изгубат дури 9 литри вода за 1 минута, само ако ја оставиш водата да тече додека се миеш.
П
одобро туширај се кратко време, одколку да се бањаш во кадата, бидејќи така ќе заштедиш дури 400 литри вода неделно. Доколку мора да се бањаш во када, тогаш барем наполни ја до пола.
П
оправете ја чешмата што е расипана и капе вода од неа, бидејќи така се троши дури 90 литри вода неделно, што за подолг период ќе чини многу повеќе одколку да купите нова чешма.
Н
етреба да ги преполнувате садовите со вода кога готвите или правите кафе или чај. Наполнете и зоврите вода само толку колку што ви е потребно.На тој начин ќе заштедите и електрична енергија.
К
ористете ги машините за перење алишта и садови само кога се целосно полни.Кога работи машината полупразна, се губат и вода и електрична енергија.
Д
околку имате навика да пиете студена вода тогаш подобро изладете шише со вода во фрижидер отколку да ја оставите водата да тече за да добиете ладна вода
В
о бањата поставете казанче со штедлив систем на испирање на веце шољата така што наместо 9 литри на едно пуштање, ќе троши само 6 литри.
ТАБЕЛА:
Пример за штедење вода во бањата
Лука Стојановиќ, 5в број 2, секември 2012
15
Заштита на воздухот, водата и почвата
Десет начини како да се заштеди електрична енергија Ако за еден момент се осврнеме на секојдневните работи во нашите животи ќе забележиме дека речиси сите имаат врска со енергијата. Електричната енергија е една од неопходностите за денешниот модерен живот. Речиси да е невозможно да се замисли денешниот живот без телевизија, радио, топла вода, компјутери, без осветление… Бенефитот од електричната енергија е голем и често не се внимава како се користи електричната енергија. Сепак, со порастот на цената на електричната енергија и нејзиното севкупно влијание врз животната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголемена. Сè со цел порационално користење, има неколку работи кои секој може да ги примени за да има енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку сме готови да се придржуваме до нив. Еден од најголемите потро1 шувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неоп-
ходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата а не рерната. Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија, ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош на некои детергени да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија. Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така, доколку има опција за кратко и економично миење, треба да се одбере таа опција.
2
3
4
Систем за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат, треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до
16
број 2, декември 2012
1 17 целзиусови степен ни со што би се генер рирарала дополнителн заштеда. Така, на на т тој начин наутро за к кратко време системот з греење би постигза н нал 20 степени. Не оставајте ги на 5 „stand by“ или пушттени мониторот или
к компјутерот кога не се в во употреба. Со самотто тоа тие трошат е енергија речиси исто како да работите.
Ладилникот треба да биде 6 поставен на студено место подалеку од каков било топлински
извор. Кога се вели топлински извор, се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
Користете ја рационално 7 топлата вода од бојлерот. Пожелно е кога еднаш ќе се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку повеќе бојлерот би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 KW, тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
Внимавајте на осветлу8 вањето и дали е потребно да биде вклучено во некоја просто-
рија или не. Често децата или тинејџерите не внимаваат и оставаат вклучени светилки без оглед што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укажете им на важноста на тоа.
9
При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк, речиси секој ден би се направила голема заштеда на сметката за електрична енергија.
Не оставајте го премногу 10 време отворен ладилникот. На секој ладилник му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.
Христијан Блажевски 5в Наставник: Благица Тодоровска
Занимливости: • Шумскиот екосистем е природна шумска единица составена од сите растенија, животни и микроорганизми кои фумкционираат заедно со сите фактори на неживата природа во животната средина. За сево ова се грижи шумската екологија. Така, управувањето над шумите е познато како шумарство. • Електронскиот отпад претставува опасност за животната средина и за здравјето на луѓето бидејќи во себе има отровни елементи кои се шират преку почвата, како и преку надземните или подземните води, а преку палењето на тој отпад – и преку воздухот. Во електронски отпад можата да се најдат следниве апарати: ладилници, тостери, лаптопи, дотраени компјутери и компјутерски делови, телевизори, mp3-плеери, електрични бормашини и разни други електрични апарати. • За можни причинители на почестото здебелувањето на луѓето, според едни дански научници, може да се смета зголеменото присуство на јаглен-двооксид во воздухот. Научникот Ларс Херсоуг, дошол до сознание дека јаглен-двооксидот влијае врз закиселувањето на организмот, односно врз pH-вредноста на крвта. Киселоста, пак, влијае врз клетките во мозокот кои го регулираат апетитот во организмот на тој начин што се испушта хормонот орексин. Фактички, големото количество на CO2 ја прави крвта закиселена (а не базна), по што се појавува зголемен апетит. • Ни преостанува само да престојуваме колку што можеме повеќе во средина со чист планински воздух. • Во воздухот постојано се емитираат честички од високофрекфентен електросмог кој е невидлив за сетилата на човекот. Тие честички се произведуваат преку мобилната телефонија, радиото, телевизијата, радарите, воената техника, преку предавателите и сл. На пример, електромагнетните полиња на мобилните телефони при создавањето на една емисија на бранови се од десет до стопати поголеми од оние што ги создава еден радио пренос.
Еколошка етика
Опстанок
Кога одредена единка престанува да контактира со секојдневните услови за живот: храна, вода, клима и сл., почнува да бара начин како да дојде повторно до истите услови кои му нудат физички опстанок. Реакциите се следниве: единката станува подинамична, талка на сите страни за да дојде до решение на проблемот и влегува во опасни ситуации. Тогаш кога луѓето ги набљудуваат ваквите беспомошни животни кои бараат спас, пред себеси имаат две опции: или да ја искористат ваквата состојба и да го фатат животното во стапица, или безусловно да му помогнат. Оваа дилема е важна морална загатка! Секојдневно забележуваме луѓе кои сакаат да ја искористат секоја животна ситуација во своја полза. Тие во секоја ситница, во секоја состојба наоѓаат оправданост за профит. Не знаат дека најчесто материjалната добивка е спротивна на духовното богатство. Тоа искуство е уште како важна придобивка која доведува до духовно себепрепознавање. Од друга страна, има и луѓе кои беспоштедно, безусловно и внимателно му помагаат на општеството а и на поединците од тоа општество. Тие ја запоставуваат личната среќа и алтруистички им се ставаат на располагање на секој има потреба од некаква помош. Себежртвувањето за другите го препознаваме како љубов, така што сосем е извесно дека без тоа денес човештвото не би постоело. Љубовта надвладува, ја покорува дрската омраза, та така денес можеме да зборуваме за бескрајноста на животот. Тој е обновлив, неуништлив, разноврсен. Падна и првиот снег. Целата површина е покриена со бела покрив-
ка. к Белината има естетска вредност, но н има нешто поради што човек пак останува рамнодушен, и покрај убао вината на снегот. Снегулките ја пов крија секоја потенцијална храна за к животните скитници. Исчезна миризж бата на остатоците од храна, та така б се с прекина врската со опстанокот. Врапчињата, В гугутките, гулабите, чавките ч и другите птици останаа гладни. г И кучињата скитници загубија б можност за исхрана. Сте се прашале ш ли како е да се биде гладен, мокар к од „прекрасниот” снег, набркуван од о кој годе, без љубов, осамен и на улица додека студената ноќ ги изѕемнува и најтоплите мисли. Оној што не го почувствувал тоа чувство, не знае за што зборуваме во овие редови. Но, ако внимателно размислувате на ова тема, ќе видите дека не ви преостанува ништо друго, освен да се фатите за работа и да барате начини како да им помогнете на малите и беспомошни животни. Понекогаш ќе слушнете како некое ловечко друштво носи храна (сено, жито) во планините за да спаси од глад одредени животни. Таа помош, сепак е лицемерна бидејќи мотивот за спасување кај овие луѓе има себична намера: ги спасувам за да можам јас да ги ловам, да ги убивам. Всушност, едно животно (човекот) не сака да им ги остави кутрите елени и фазани на други животни (волци, мечки). Ваквото зимско спасување е само еден вид одложување на смртта за кутрите животни, до некоја наредна ситуација, погодна за отстрел. Ме радува тоа што учениците од моето училиште имаат срценца колку цели планини. Ги набљудувам од прозорецот. Се приближуваат до одредена дистанца, фрлаат парчиња леб, ѓеврек и други продукти, а потоа се оддалечуваат. На местата со нафрлана храна долетуваат разни птици кои веќе се одомаќиниле во училиштево. Животните знаат да ја почувствуваат гостопримливоста, умеат да ја почувствуваат љубовта. Преостанатите деца кои некаде брзаат воопшто немаат намера да ги избркаат насобраните птици. И покрај тоа што детските чекори поминуваат крај купчето птици, тие воопшто не се вознемируваат, зашто имаат доверба во детската искреност. Марјан Костовски
10 Декември - меѓународен ден на животните Чаен колбас – добра амбалажа за лицемерноста на човековата душа
Има една вистина која не сакаме да ја видиме. Таа му се провлекува на човештвото повеќе илјадници години. За тоа е виновна човековата суета, која не сака да признае каква било слабост, која на секој поединец му вели дека е безгрешен, која целосно го заслепува окото на вистината. Во прашање е секојдневното убивање на животните кои човекот претходно ги одгледува, однапред знаејќи дека ќе ги искористи за сопствена исхрана. Лицемерноста на луѓето оди до таа мера што го измислија и терминот одгледување во слободни услови. Демек, ако ги искористуваме, ама важно им оставаме поубави услови за живот додека ги одгледуваме… за колење. Оваа планета не ни припаѓа само нам. Не сме сами… со сопствената суета. Сите оние што во своето тело имаат душа, имаат полно право да живеат на свој начин без да бидат искористувани. Во минатото разни категории луѓе (жените, црнците, рабовите во робовладетелството) биле загрозени во поглед на личните човекови права. Тие состојби низ вековите се менувале. Тоа, пак, ни остава простор да се надеваме дека правата на животните ќе си го заземат своето вистинско место. Во овој месец се одбележува денот за правата на животните. Спомнете си за него кога на масата пред вас има парче месо во кое некогаш постоела нечија душа која со свои очи гледала во сопствената смрт.
Симболи од екологијата На страницава се претставени два симбола од екологија кои имаат цел да посочат одредена информација, значајна за сите нас. Ова е интерактивно катче. Користејќи разни извори на информации, определете што значат двата знака. Потоа тоа запишете го под сликите!
број 2, секември 2012
17
Убавите места од Македонија
Галичкиот дел на Бистра
Тргнуваме изутрина во 5 часот, а се враќаме на асфалтот вечерта во 20 часот. Целодневното одење е обид за уништување на цивилизацискиот ѕвер кој секојдневно ги зграпчува човековите души
тите карпи се наоѓа Говедарник. Одењето од бачило до бачило се мери со часови. Нозете не се заморуваат. Убавините на пределот ве оттргнуваат од секојдневните грижи на урбаното живеење. Како пристигнувате на секое од бачилата, така ве пречекува познатата македонска гостопримливост. Таа гостопримливост води потекло од предхристијанскиот период, кога луѓето во Македонија верувале дека душата на секој гостин што доаѓа некогаш во минатото, кога престојувала во некое друго тело, живеела на штотуку посетеното место. Бачот, оној што го прави сирењето, најпрвин ве прашува кој сте, од каде сте, што барате наваму, а потоа, кога ќе се увери во
18
број 2, декември 2012
Бачило
добронамерност, ве нуди вашата добронамерност со сирење и со разговор полн со мудрост завиткана во извесна доза на хумор, колку да се прикаже дека соговорникот го сфаќа животот како нешто убаво. Наутро, штом овчарите ќе ги изведат стадата овци на пасење, бачилото останува само со бачот и со помошникот кои прават сирење и кашкавал. Секој од овчарите со себе води по една предела овци (предела – 1000 овци) и, се разбира, овчарски кучиња меѓу кои и македонскиот караман. Овдешното сирење е посебно по вкус бидејќи земјиштето има особено значајни материи кои навлегуваат во богатата трева на пасиштата. Инаку, планината Бистра се граничи со шест други планини: Шар Планина, Буковиќ, Сто-
Фото: Влатко Костовски
Овие коњи од некое бачило преку цел ден се пуштени на пасење, а навечер сами се прибираат на бачилото
Фото: Влатко Костовски
Овојпат пеш ја изодуваме планината Бистра од страната на село Галичник. На неколку километри пред село Галичник скршнуваме од асвалтот и се движиме лево по еден макадам пат. Кривулестиот пат ги поврзува сите галички бачила и им служи на сточарите да дојдат до бачило и да натоварат канти со преубаво галичко сирење кое потоа се носи по урбаните средини. Движејќи се во правец на Лазарополе, по редослед ги среќаваме следниве бачила: Вардар - Градско, Русин, Смрека (кај жичарницата), Салтаница, Соломуница, Чавкарник, Суво Поле, Кириловец, додека некаде нафд село Галичник, таму кај надвисна-
Фото: Влатко Костовски
Прилогот го подготви: Марјан Костовски
Понекогаш коњите од бачилата се употребуваат за лессен транспорт на суровини кои се неопходни. Овие дрва најверојатно ќе бидат употребувани за палење оган при варење на млекото
Мавровското Езеро Езеро, поголем дел од планината спаѓа во националниот парк Маврово.
И ова ждребе еден ден ќе му биде на услуга на бачилото
Фото: Влатко Костовски
Фото: Влатко Костовски
гово Крчин, гово, Крчин Дешат и Кораб. Кораб На ова планина се наоѓа и скијачки центар, а бидејќи се граничи со
Фото: Влатко Костовски
Фото: Влатко Костовски
Убавите места од Македонија
Овој караман, според овчарот на фотографијата, има избркано многу волци, а на неколку наврати и еден стар мечок
Нема овчар од овие предели кој не слушнал за тажната народна песна за Левенди Ѓуро кој, додека боледувал, барал од Солун да ја доведат неговата сестра за да се поздрави со неа пред да отпатува на вечните пасишта.
РАЗБОЛЕЛ МИ СЕ ЛЕВЕНДИ ЃУРО Разболел ми се левенди Ѓуро, разболел ми се, в Бистра планина на бачиото Соломуница. Ој, ти бре брате, брате Стојане, јавни си коња, коња дорија, слези си долу, Солунско поле. Солунско поле, овча наија, овча наија, село Панонија и да ја викнеш сестра Марија. Послуша Стојан, брата си Ѓуро и ми отиде Солунско поле за да ја викне сестра Марија.
Покрај стадото овци секогаш е македонскиот караман
Не е излишно да посочиме еден вистинит настан што се случил во Галичник, а е поврзан со кучињата: „Постарите и искусните сточари, просто можеле да го ‘читаат’, нивното завивање секојпат нешто им претскажувало. Така се кажува дека пред да му ги украдат овците од бачило на Стамата Бужаровски и Јована Филиповски од планината Никифорица, дома во Галичник се нашло едно такво куче што два дена и две ноќи не можеле да го смират, постојано завивало. Жените од семејството го молеле Стамата да го испрати кучето на бачило, оти како што велеле ’жалит за тамо’. Стамат со брат му Василко, излегле да го надгледуваат и да го ’итаат’ завивањето. Кога виделе дека постојано ја чува главата наведната и завива свртено кон планината, Стамат го испратил постариот син на бачило да види што има таму. Уште пред да тргне син му в планина, дома стигнал овчар и му соопштил на Стамата оти се нападнати од арамии: - Еден овчар е убиен и извесен број овци и коњи се запленети. Покрај веста, Стамат со трогнатост го помилувал кучето и го нахранил. По раскажувањето на бабата Стаматица Бужаровска, тоа се случило во времето помеѓу 1915 и 1917 година.“ (Бужаровски, Ристо, Галичка повест, Сточарство, Наша книга, Скопје, 1976, стр.19,20)
Готви се, сестро, на свадба да одиш, ќе ми се женит братот ми Ѓуро, ќе ми се женит братот ми Ѓуро. Еј, ти бре, брате, брате Стојане, дал’ да облечам руво радосно, ил’ да облечам руво жалосно? Кога втасаје Каленберица, го праша Стојан сестра Марија: -Зашчо пилиња жалосно пеет? Овдека имат секакво пиле, затеа о слушаш жалосни песни, затеа о слушаш жалосни песни. Кога втасаје Бистра планина: -Зашчо мирисат темјановина, Да не е умрел братот ми Ѓуро? Овде ми растет секакво цвеќе, затеа мирисат темјановина, затеа мирисат темјановина. Кога втасаје река Бистрица на Бачилото Соломуница: -Зашчо се збрале купче овчари? Да не го носет братот ми Ѓуро? Не ми го носет левенди Ѓуро, Туку го женет за црна земја број 2, секември 2012
19
Заштита на човековата душа
Уметноста на природата
Засади дрво - Засади ја својата иднина
Засади дрво, за подобра иднина
Минатово лето деновиве беа пеколни жешки. Во попладневните часови ретко некој се движеше по улиците. Еден таков ден, дедо ми и баба ми ме ставија мене и брат ми во автомобилот и заминавме за Пелистер. Моите родители негодуваа, затоа што беше многу топло. Патот нè водеше покрај високите стебла на „Молика“. Стигнавме на една ливада опкружена со многу дрвја, а на крајот од ливадата жубореше студено поточе. Додека игравме и уживавме во сенката на едно големо дрво, дедо ми ја раскажа приказната за тоа дрво. Кога бил на моја возраст, со учениците од неговото училиште саделе дрвја. Тогаш решив јас да засадам дрво. Кога ќе бидам баба, моите внуци ќе уживаат во неговата сенка. Веда Андоновска IVв
Јас кога живеев во стариот стан имав моја елка. Ја добив за мојот втор роденден. Од тој мој роденден досега, кога имам девет години, сигурно не можете да си замислите колку е голема таа. Таа не е висока колку елките во парковите, но е два метра повисока од мене. Уште како мала многу ја сакав. Одвреме-навреме ја полевав. Толку внимателно ја чував што некогаш седев и покрај неа цел ден. Не сакав да се селиме само поради една работа, а тоа беше елката. Но мајка ми и татко ми ми рекоа дека моите соседи ќе се грижат за неа. Тогаш бев сигурна дека ќе ја оставам во добри раце. Иако се преселивме, јас ден-денес ја гледам и ја сакам. Јана Настова IVв
Чувај ја природата
Чуден лав
Не, застани, не фрлај го тоа, не, застани, земи го тоа, не оставај отпадок зад себе за да оставиш пример добар!
Си бил еден лав на животните крал, кога му било ладно си ставал шал.
Размисли за околина чиста, Размисли за полиња плодни, Размисли за воздух без загадување, Размисли за иднината твоја!
Кралот лав голем, силен и многу храбар, но замислете чудо го исплашил еден дабар.
Чувај ја, чувај, природата! за да ни врати со убавина, за да имаме земја со многу цвеќиња, за да не слават нашите идни дечиња! Мија Глигорова седмо 4
Слонот прост
Старата бука Над ридот над село, крај рекичка мала раширила раце една бука стара. Во нејзини гранки птица гнездо свила, а верверичка мала дом си направила.
Еден слон што е многу прост, секој ден јаде и пие по трипати на ден спие.
Едно утро рано пред зима да дојде буката ја снема, некој лош дрвар неа ја зема.
Слонот спие и ич не се мие. Прљав е како прасе, а има и другар Тасе. Александра С. четврто в
Тагуваа сите по буката стара, деца и птици и верверичка мала. Дијана Дурлевиќ седмо 2 (песна од 2008 год.)
20
број 2, декември 2012
Малиот дабар тропна, големиот лав од страв скокна, со наведната глава се сокри под една крава. Александар Смилановски Vв
Галичица Галичица бела, варовита цела, Охрид и Преспа ги разделила. А старата Баба, Пелистер ја краси, во пелистерски очи убавина & точи. Дијана Дурлевиќ седмо 2 (песна од 2008 год.)
Здрава исхрана
Култура на исхрана на учениците во ООУ Димо Хаџи Димов – Скопје Од извршената анкета, во која беа набљудувани 100 ученици, може да се констатира: 15% јадат сендвичи; 20% јадат кифла; 25% јадат геврек; 32% јадат пирошка; 8% јадат бурек. Испитувањето го зема предвид и хранењето со грицки. Наредниов столбест дијаграм се однесува на хранењето на голем одмор. Имено, учениците, освен постојната исхрана, продолжуваат со некаков вид грицки:
Од извршената анкета, во која беа набљудувани 100 ученици, може да се констатира: 37% јадат чипс; .23% јадат смоки; 18% јадат чоколада; 32% јадат грисини; 8% јадат переци во кесичка. На крај, може да се констатира дека учениците не се хранат со вистинска храна во која има
Фото: Риа Давковска – седмо 2
Училиштето е институција во која се образуваат децата од една населба. Со овој проект сакаме да го испитаме квалитетот на исхрана на учениците во нашето училиште, како и манирите во текот на хранењето. Сметаме дека неквалитетната храна во голема мера влијае врз учењето и врз резултатите од него. Исто така начинот на хранење е многу значајно. Навиките при јадење се од голема важност. Јадењето со затворена уста додека се џвака, мљацкањето, фрлањето на отпадоците од храна насекаде, сето тоа ја покажува нашата култура и го покажува нашиот однос спрема околината. На следниов столб е прикажана анкета на која се гледа видот на исхраната на големиот одмор кога учениците пообилно се хранат.
овошје и зеленчук. Освен тоа, јадењето е брзо и „на нога“. Исхраната не нуди уживање, а начинот јадење е некултурен и остава впечаток на нецивилизирано однесување. Истражување е направено на изборниот предмет Вештини на живеење кај наставник Весна Кочовска. Проектот го изработија: Ивана Деловска, Никола Благоевски, Мила Јовановиќ, Јана Спасовска, Димитар Митровски, сите од седмо 1
Видови вегетаријанци
Вегани - Станува збор за ригорозни вегетаријанци кои не јадат ништо што потекнува од животните: јајца, млечни производи, мед. Не користат ни облека која е направена од животинско крзно или од волна. Нивната философија е немешање во личната своина на животните. Сметаат дека животните не ни отстапиле ништо за наша употреба. Фрутаријанци - Овој вид вегетаријанци, како што кажува и самиот назив (фрута – овошје), се
Фото: Димитар Митровски – седмо 1
Вегетаријанството е здрав начин на исхрана во кој воопшто или сосем малку се користи храна од животинско потекло. Овој вид исхрана има хумана димензија и праведен поглед на односот човек – природа. Нивната фолософија има цел на животните да гледа како еднакви на човекот. Поради таквиот став воопшто не се насилни и постојано ги решаваат проблемите на мирољубив начин.
Ово-лакто-вегетаријанц - Овие луѓе, освен што јаци д дат млечни производи, корис и јајца во исхраната. стат Песко-вегетаријанци - Во п прашање се луѓе кои, не само ш што јадат разни растенија и о овошје, користат и разни видов риба на својата посна трпеви з за.
хранат со сите овошја, потоа со јаткасти плодови – ореви, бадеми, лешници, но притоа внимаваат да не го повредат растението.
Полувегетаријанци - Стан нува збор за луѓе кои, освен ш што јадат овошје, зеленчук, м млечни производи и риби, смеат да јадат и кокошкино и мисиркино месо. Тие не користат исклучиво црвени меса: телешко, свинско, јарешко, јагнешко.
Лакто-вегетаријанци - Овој вид вегетаријанци, освен што јадат секаков вид зеленчук и овошје, во исхараната користат и млечни производи – сирење, кашкавал, кајмак итн. Овие вегетаријанци не користат јајца во менито.
Макробиотичари - Се хранат со зрнеста храна од разни жита. Внимаваат таа храна да биде произведена на органски начин, без пестициди и без вештачки ѓубрива. Не јадат рафиниран шеќер, рафинирано масло, бело брашно и сл. број 2, секември 2012
21
Симпатичната природа на природата
Смешната страна на природата Одат по пат татко и син глушец. По некое време крај нив летнал еден лилјак. Глувчето го видело и рекло: - Тато, гледај, ангел!
Влегува еден дечко во бурекчилница и порачува четврт бурек со месо. Потоа, вообичаено, продавачот прашува:
***
Одат во една ораница два црва. Едниот, целиот среќен, му вели на другиот: - Знаеш ли зошто сум толку среќен? - Зошто – прашал другиот? - Бабата отиде на риболов!
***
На една планина слетал еден орел и, за чудо, таму здогледал еден полжав. Го прашал: - Како дојде овде на ова височина? - Со лигавење – одговорил полжавот.
***
Како настанала коњската мува? - Татко и е коњ, а мајка и мува.
Штркчето ја прашува мајка си: - Мамо, како дојдов на овој свет? - Синко, нема да веруваш, ама тебе штркот те донесе – одговорила мајката.
***
Еден охриѓанец фатил златна риба, а таа му рекла дека ќе му исполни една желба. Охриѓанецот рекол: - Сакам Ауди А6
- За носење ли ви е буреков? - Е не, тебе ќе ти го оставам – одговорил дечкото.
***
Берберот му ја бричи брадата на некој човек, а до нив седи берберовото куче и гледа кон муштеријата. - Зошто ме гледа кучево цело време? – прашал муштеријата. - Во последно време многу се храни со човечк уши – рекол берберот.
***
***
- Сакаш на кредит или на лизинг – прашала рибата. - А ти да не сакаш на масло или на свинска маст – одговорил охриѓанецот.
Пронајди ги скриените зборови!
Л
У
К
Н
Ш
Р
Е
Л
Е
Ц
У
Ш
Р
Е
Т
Р
У
П
К
А
Б
М
О
Р
К
О
В
Љ
Е
К
Е
Ш
М
Ш
А
Л
У
К
И
Р
Н
К
И
Р
И
П
М
О
К
Е
И
Г
Д
А
К
Л
Е
З
Љ
П
Ц
В
Е
К
Л
О
Ш
Е
Ш
И
А
Н
А
Н
А
С
З
А
Р
П
Ќе ги пронајдеш следниве зборови: лук, кромид, праз, пиперка, лубеница, ананас, цвекло, рикула, целер, трупка, морков, зеље, кељ, зелка, рен, компир.
22
број 2, декември 2012
Импресум
Директор Зорка Ристова Главен координатор Анета Корун Редовен новинарски тим Главен и одговорен уредник: Марјан Костовски, наставник по македонски јазик Заменик на главниот и одговорен уредник Ангелика Недевска, одделенски наставник Технички уредници: Љупчо Михајловски, родител на ученик од училиштево, Ѓорѓи Огненовски, наставник по информатика Новинарска екипа: VII 1 - Георги Михајловски, Петар Трајчевски, Кристијан Макаровски, Блажо Ковачевски, Димитар Митровски; VII 2 - Дијана Дурлевиќ, Риа Давковска, Марија Танчева; VII 4 - Аника Цветковска, Кристијан Стамески; 8а - Јасна Ѓорѓијоска, Олга Дамовска Надворешен соработник: Влатко Костовски, наставник по ликовно образование Лектура и коректура: Марјан Костовски Седиште: ул. „Ангел Динев“ б.б. Скопје Правен застапник: ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје; Општина „Карпош“ Електронска пошта: okomagazin@gmail.com број 2, секември 2012
23
Рубрика
Снежна идила во 2012 општина Карпош број 2, декември 24 4