ПРОФИЛ НА ОПШТИНА КАРПОШ
О
пштината Карпош е формирана на 8 ноември 1976 година со Законот за формирање на општини на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја (“Службен весник на СРМ” бр.8/76). Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носело името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на македонскиот народ:
Карпош - војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумановскиот крај и се борел против турските
феудалци - паши (Карпошево востание). Востанието било задушено, а Карпош бил заробен, набиен на колец, избоден со копја, по што од Камениот мост во Скопје Турците го фрлиле во реката Вардар,
За да не се заборави името на Карпош тоа име го земал Христијан Тодоровски - народен херој на Македонија од НОБ и легендарен партизански командант во североисточна Македонија. Тој храбро загинал на 7 февруари 1944 година, во борба против фашистичката полиција во селото Билјача. По кажување на еминентни македонски историчари името на Општината Карпош не може да се поврзе само со една од овие две значајни историски личности, со оглед на тоа дека самото име Карпош асоцира на монолитност и истрајност на македонскиот народ за сопствена држава и сопствен национален идентитет.
О
пштината Карпош претставува составен дел од Градот Скопје, т.е. е една од десетте скопски општини. Општина Карпош е поделена на 14 единици т.н. месни заедници, од кои 12 се урбани единици, а само две (Бардовци и Горно Нерези) се рурални единици.
Површина: 35 km2 Надморска височина: 362 m Население: мешовито, од кои 88,52% се Mакедонци Местоположба: северозападен дел од Македонија, централнозападен дел на Град Скопје Вкупна површина под шума: 235,12 ha Клима: средна годишна температура 13,8 оC Просечни годишни врнежи: 441,2 l/m2 Денови со појава на дожд: 102 Денови со појава на снег: 9 Денови со магла: 14
ПРИРОДНИ РЕСУРСИ
Реки:Низ територијата на Општина Карпош тече реката Вардар која е најголема река на територија на Република Македонија (вкупна должина 388 км.). Низ Карпош исто така тече и реката Лепенец.
ОБРАЗОВАНИЕ
КУЛТУРА
Планини: Планината Водно е сместена во јужниот дел на Скопската котлина. Водно има СПОРТ поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпосетуваната локација во Македонија - градот Скопје. Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, 1066 m ЗДРАВСТВО
Број на население: 59.666 жители Полова структура Мажи: 28.460 Жени: 31.206
Старосна структура 0 – 19 години – 13.289 20 – 44 години – 21.327 45 – 64 години – 16.004 Над 65 години – 8.952
Број на домаќинства: 19.680 Број на станови: 22.849 Национална структура Националност Македонци Срби Албанци Роми Власи Турци Бошњаци Останати Вкупно
Жители 52.810 2.184 1.952 615 407 334 98 1.266 59.666
Процент 88,50% 3,66% 3,27% 1,03% 0,68% 0,55% 0,16% 2,12% 100%
Структура по образование Степен на образование
%
ВСС
19.96%
ВШС
6.11%
ССС
50.25%
Основно
15.26%
Непотполно образование
6.57%
Без школска подготовка
1.56%
Непознати
0.29%
Вкупно
100%
Економски активно население: 64% Стапка на невработеност: 16% Процент на наталитет и морталитет: Родени: 555 Починати: 583 Природен прираст (-28) * Податокот се однесува за 2008 год.
Патишта: Дел од општината со Градот и со соседните општини ја поврзуваат два булевара. Во останатиот дел на општината има локални и собирни улици.
Мостови и надвозници: Мост «Обединети Нации», Железнички мост, Мост «Газела», Mост на бул. «8-ми sептември”, Mост на река Лепенец, надвозник Влајко.
Состојба на улици Состојба на улици Асфалтирани улици Бекатон коцки Тампонирани улици Земјени улици
Должина (m)
Површина (m2)
37.630
190.220
/
36.000
1.200
4.800
600
1.800
Водоснабдување и канализација Вода за пиење: Општината Карпош е целосно покриена со изворска вода од градски водовод од изворот Рашче. На територија на општината постојат и пет бунари од кои 3 се наоѓаат кај р.Лепенец и 2 во Нерези. Овие бунари во летниот период го снабдуваат градот Скопје со приближно 30% вода за пиење.
Профил Ф mm 250 300 350 400 450 500 600 700 800 900 1000 1200 1400 1700/700 1800/1200 1900/1187 2000 2400/1500 Вкупно
Должина m 1600 9000 1000 7400 220 7000 3000 2500 4800 2200 2300 800 600 400 750 650 1200 620 46040
Фекална канализацијa Примарна и секундарна мрежа
Атмосферски води Примарна и секундарна мрежа
Профил Ф mm 150 200 250 300 350 400 450 500 600 600/1100 700 880/1400 900 1000 1075 Вкупно
Должина m 4580 30000 17000 25500 1350 3600 360 6800 1500 2210 720 2280 1220 2160 320 99600
Одвоен колекторски систем: во тек е изградбата на ваков систем од левата страна на реката Вардар.
Пречистителни станици за отпадни води: постои една станица во населено место Нерези.
Електроенергетска мрежа мрежа, покриеност и квалитет на мрежа: Општина Карпош е целосно покриена со електрична мрежа која одговара на потребите на населението, на само мал дел од нејзината територија мрежата е застарена и има потреба од нејзино обновивање како и поставување на трафостаници.Исто така во тек е обновата на уличното осветлување кое е предвидено во програмата за енергетска ефикасност на Општина Карпош.
Телекомуникации покриеност со мрежа: за реализација на телефонски приклучоци и обезбедување на останатите телекомуникациски услуги на територијата на Општина Карпош постои современа телекомуникациска мрежа. мобилна мрежа: целосна покриена од сите мобилни оператори. интернет: на целата територија постои достапност до интернет конекција (кабелски, ISDN, wireless)
кабелска: низ цела општина има поставено кабелски приклучоци. Железнички сообраќај: низ општината поминува пругата Скопје – Кичево, а најблиска железничка станица е во Општина Ѓорче Петров.
Автобуски сообраќај: Градски линии – 2, 4, 5, 7, 8, 12, 15, 19, 21, 22, 24, 57. Приградски линии – 11, 18, 22, 56, 60, 64. Такси сообраќај: постојат 4 такси здруженија кои се регистрирани на територија на Општина Карпош. Аеродром: единствениот аеродром во Скопје – “Александар Велики” се наога на 25 km од општината.
Степен на образование ГРАДИНКИ
6
Општински ЈУОДГ ”Мајски Цвет” ЈУОДГ “Орце Николов” ЈУОДГ “Пролет” ЈУОДГ“Распеана Младост” Приватни “Бисери” “ American school”
4
2
ОСНОВНИ УЧИЛИШТА Општински ОУ “Христијан Тодоровски – Карпош” ОУ “Вера Циривири Трена” ОУ “Лазо Трповски” ОУ “Петар Поп Арсов” ОУ “Војдан Чернодрински” ОУ “Владо Тасевски” ОУ “Братство” ОУ “Димо Хаџи Димов” ОУ “Јан Амос Коменски” ОУ “Аврам Писевски” Приватни “Нова” “Јахја Кемал” “American school”
10
3
СРЕДНИ УЧИЛИШТА Средни училишта на Град Скопје СУГС “Никола Карев” СУГС “Зеф Љуш Марку” СУГС “Орце Николов” СУГС “Георги Димитров” СУГС “Лазар Танев” СУГС “Здравко Цветковски” Приватни “Нова” “American school”
8 6
2
ФАКУЛТЕТИ
8
Државни Педагошки факултет Електро – Технички Машински факултет Технолошко–металуршки факултет Факултет за ликовна уметност Факултет за драмски уметности Приватни Факултет за Туризам New York College
6
2
Услови за сместување на ученици, студенти, постипломци: Ученички дом “Здравко Цветковски” Студенски дом “Гоце Делчев” Дом за постдипломци
О
бјекти од областа на културата во Општина Карпош во кои се одржуваат редовни и повремени претстави, фолклорни фестивали, концерти, ликовни колонии, манифестации и слични дејствија, се:
Драмски Театар Кинотека на РМ сместена во Библиотеката “Другарче» Амфитеатар – на кејот на реката Вардар Античкиот локалитет Скупи Манастирот Св. Пантелејмон Општината Карпош се вклучува во негувањето и развојот на културата преку организација и покровителство на повеќе културни манифестации кои се предвидени во програмата која ја подготвува опшината.
Меѓународна детска ликовна колонија Манастир Св. Пантелејмон – с. Горно Нерези Културно лето - Карпош Детски театар
Поддршка на установи и НВО од областа на културата каде општината традиционално се вклучува како покровител: 1. Поддршка на Програмата на АКУД “Цветан Димов” - Меѓународен детски фолклорен фестивал, “Од цвет на цвет со оро и песна” кој традиционално се одржува на територија на Општина Карпош. Учесници на фестивалот се фолклорни ансамбли од земјата и странство. 2. Поддршка на програмата на АКУД “Мирче Ацев” Меѓународен студентски фолклорен фестивал
3. Поддршка на здружението за негување на древните традиции “Касантика” “Денови на Александар Македонски“ – на локалитетот Скупи традиционално се одржува концерт или театарска претстава. 4. Поддршка на други институции и здруженија од областа на културата и творештвото кои дејствуваат на територијата на Општина Карпош: Македонска етно група Монистра, АКУД Етнос, АКУД Каршијака, Детски ликовен центар и др.
По повод празникот на Општина Карпош секоја година се одржува прослава со богата културноуметничка програма на која земаат учество голем дел од академските уметници кои живеат и творат во Општина Карпош. По тој повод општината прогласува заслужни граѓани на Општина Карпош истакнати во својата област/ професија.
КУЛТУРА
СПОРТ
ЗДРАВСТВО
ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО Спортски сали – 3: сала “Борис Трајковски”, сала “Партизан”, сала “Форца” ЗЕМЈОДЕЛСТВО Базени – 1: затворен базен “Младост” Спортски игралишта – 19 Детски игралишта – 34
ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
МЕДИУМИ
Мрежа: Развиена здравствена мрежа Видови на услуги: можност за давање на квалитетна и разновидна здравствена услуга, почнувајки од примарна, специјалистичка, хируршка и секако голем дел на приватни здравствени услуги. Број на здравствени установи
Дејност
Општа пракса Брза помош Специјалистички установи Школски и предшколски диспанзер Психијатриски диспанзер Стоматолошки ординации Очна ординација Уво, нос и грло Педијатрија Кардиохирургија Гинеколошка-акушерска клиника Болница за ТБЦ Воено здравствена установа (болница) Поликлиники Аптеки
Јавни
3
Приватни
41 1 10
1 53 2 2 1 1 5 1 1 1 2
4 16
ЗДРАВСТВО КУЛТУРА
ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО СПОРТ Вкупен број на деловни субјекти - на територија на Општина Карпош се наогаат над 2000 стопански субјекти од најразновидни области мегу ЗЕМЈОДЕЛСТВО кои најзастапени се: супермаркети, ресторани, ЗДРАВСТВО кафетерии, салони и сервиси за автомобили, проектантски бироа, производство на текстил, бели печива, школи за странски јазици, компјутерски услуги и сл. Трговски центри – 7 Банки – 22 ЕКОНОМИЈА И СТОПАНСТВО Штедилници – 1 Менувачници – 11 Осигурителни куќи – 1 Пошти – 6
ГРАЃАНСКИ СЕКТОР ЗЕМЈОДЕЛСТВО Вкупно користено земјоделско земјиште
486
Сопствено користено земјоделско земјиште
354
МЕДИУМИ Број на индивидуални земјоделски стопанства Број на стопанства со индустриски растенија
555 4
Број на стопанства кои произведуваат жита
279
Број на стопанства кои произведуваат фуражни растенија
62
Број на стопанства кои произведуваат зеленчук
257
ЕКОЛОГИЈА Број на стопанства кои произведуваат лозови насади ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
138
Број на стопанства кои произведуваат цвеќе и украсни растенија
70
Број на стопанства кои произведуваат овошни насади
251
Пчелни семејства
198
Вкупна расположлива површина на земјиште
542
МЕДИУМИ
О
пштината Карпош е урбана општина која се наоѓа во зоната на градот Скопје и претставува негов составен дел. На територијата на која се протега општината наследени се локалитети од културно значение кои се негуваат и воедно претставуваат туристички локалитети кои отсликуваат делови од минатото.
АНТИЧКИ ГРАД СКУПИ - Во подножјето на Зајчев Рид, од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на населбата Злокуќани, се наоѓа античкиот град Скупи, древниот поредок на Скопје. Пред доаѓањето на Римјаните на овие простори, градот бил населен од познатото племе Дарданци, а со населувањето на Римјаните овој град прераснал во колонија со што започнал опшиот развиток процвет. Скупи се наоѓал на една важна сообраќајница која ги поврзувала Егеј и Средна Европа, а во помала мера и Тракија со Јадранското Море. Пронајдените историски
податоци зборуваат дека во 313 година Скупи станал епископско седиште, а нешто повеќе од еден век подоцна и архиепископско. Овој град својот голем економски и културен подем го забележал во два различни временски периоди, првиот во I и II век, а вториот во раниот IV век по Христа. Пронајдените материјали и предмети го покажуваат различниот социјален статус на граѓаните на Скупи, неговите културни и економски белези кои говорат за еден град како значајна станица на патот Via Egnatia.
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН – мана-стир со црква, задру*жбина на Алексеј Комнин. Се наоѓа во с. Горно Нерези. Подигнат е во 1164 година. Црквата претставува петокуполна градба врз крстообразна основа, со три апсиди и правоаголен нартекс. Градена е од кршен камен и тули. Посебна уметничка вредност има фрескоживописот, реализиран од сликар повикан од Цариград. Сликите што ги украсуваат ѕи-довите претставуваат ремек–дело на уметничките текови од XII век и се предвесник на италјанската сликарска ренесанса. Од тој корпус, нај позната е композицијата “Оплакувањето на Христос”.
Во 1555 година, како последица од земјотрес, се урнала централната купола на црквата и највисоките сводни површини околу неа. Денешниот живопис на овој простор е од втората половина на XIV век. ХАВЗИ – ПАШИНИ КОНАЦИ - Во непосредна близина на Скопје,на периферијата на с.Бардовци се наоѓаат конаците на Хавзи – паша. Конаците, кои биле харем во кој живееле 4 жени и 30 слугинки (конкубини), Хавзи – паша ги изградил во период помеѓу 1830 и 1845 година. Тие по својата намена биле изградени како летниковец за одмор на пашата. При повлекувањето на Германците во 1944 година, конаците биле запалени и уништени, со што е дојдено до денешната состојба во која има само голи ѕидови.
МИЛЕНИУМСКИ КРСТ Милениумскиот крст симболично го означува јубилејот 2000 години од христијанството. Крстот е бетонска основа од мали столбови (12 апостоли) и големи (4 евангелисти) со 66 метри конструкција поделена на 33 делови (години на Христос). Милениумскиот крст се наоѓа на врвот на планината Водно (1.066 метри надморска височина), непосредно над градот Скопје. Пуштен е во 2002 година и претставува највисок објект во Македонија. СОНЧЕВ ЧАСОВНИК – Универзалниот вертикален сончев часовник, единствен од ваков тип во светот, е поставен на зградата на Природонаучниот музеј. Карактеристично за овој универзален мерач на времето е тоа што тој може да биде поставен на која и да е географска ширина и должина, а сепак да покажува точно време. На него може да се отчитува реалното физичко време со точност од плус или минус 15 минути. На часовникот се прикажани и основните точки, линии, насоки и рамнини од небесната сфера како и сферните координатни системи за потребите на астрономските набљудувања и мерења.
Авторот на пронајдокот, Коља Асенов, инаку прв професор по асторномија во земјава, е добитник на бројни домашни и меѓународни награди. САРКОФАЗИТЕ ОД КАРПОШ – Збирката од литографски споменици пред Музејот на Град Скопје е составена од триесетина камени споменици од античкиот град Скупи, откриени во локалитетот во подножјето на Зајчев рид, на само 5 km од денешниот центар на градот. Гратскиот музеј
поседува околу 23.000 предмети од локалитетот Скупи. Преку овие камени споменици може да се направи хронолошки пресек низ материјалната и духовната култура во римскиот период од I до III век, а одбрани се ексклузивни, раритетни предмети со голема естетика, материјална, историска и археолошка вредност, споменици кои се разликуваат според намената и поводот поради кој биле подигнати, според материјалот и според статусот на личностите на кои им биле посветени. Интересен е податокот дека четирите гробни ковчези веднаш пред влезот во Музејот биле откриени во една од најурбаните населби на денешно Скопје, во Карпош 3, во околината на денешниот трговски центар во таа населба.
Сместувачки капацитети: (хотели, мотели, апартмани) - 10 Услужни дејности: туристички агенции – 2 рент а кар – 2 угостителски објекти: (ресторани, кафе барови, млечни ресторани, сендвичари, слаткарници) – 150 уметнички галерии (продажни) – 3
Граѓански сектор: Сојуз на возачи Општинска организација на Црвен Крст Карпош Организација на жени - Карпош Општинска организација на Сојуз на борци Карпош Друштво за физичко воспитување и спортска рекреација Здруженија и локални НВО На територијата на Општина Карпош егзистираат 22 НВО-и кои се во постојан контакт со општината за взаемна подготовка и реализација на проекти. По области на делување, тие се поделени на следниот начин: Ред. број 1. 2. 3. 4.
Област Демократија и владеење на правото Животна средина Здравство Култура и уметност Вкупно
Број 9 4 3 6 22
Амбасади: 5 Амбасада на Република Словачка, Амбасада на Република Унгарија, Амбасада на Република Австрија, Амбасада на Република Германија, Амбасада на Босна и Херцеговина. Конзулати: 3 Конзуларно претставништво на Австралија, Конзуларно претставништво на Кралството Данска, Конзуларно претставништво на Република Бугарија. Фондации: Чентова фондација Стипендирање на талентирани млади студенти, државјани на Р.М. Стипендирање на странски научници што ја изучуваат македонската историја Женска федерација за светски мир, ЖФСМ Утврдување на улогата на жената на семејството и општеството како фактор за изградба на мирно, добродетелно и високоморално општество.
Телевизии: 4 Телевизија Телма, К-15 Телевизија, Канал 5 Телевизија, Кабловска дигитална телевизија Cabletel Радио станици: 5 Класик ФМ, Роса ФМ, Ват ФМ, Буба Мара ФМ, Фолк Радио Весници: 5 Билтен БС, Капитал, Лајф Магазин, Македониум, Медиа Принт Македонија - МПМ Институт за македонски медиуми
МЕДИУМИ
ЕКОЛОГИЈА
Јавни зелени површини на територија на Општина Карпош Зеленилото на територијата на општината е поделено на: Парк на толеранција 22.044 m2 Булеварско зеленило 111.073 m2 Блоковско зеленило 611.193 m2 Неуредени површини 24.820 m2 Јавното градско зеленило по населби: Ред. Бр. 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9.
Населби Карпош 1 и 2 Карпош 3 Карпош 4 Тафталиџе 1 Тафталиџе 2 Нерези Порта Влае Козле Новоподигната површина кај студентски дом “Гоце Делчев”
Површина m2 142.247 103.775 142.293 28.096 20.062 4.596 10.047 90.783 2.501
Локална самоуправа – Општина Карпош Во рамките на Локалната Самоуправа согласно Законот за Локална самоуправа постојат 2 (два) органи и тоа: Градоначалник на Општина Карпош Совет на општината
1. Градоначалник Стевчо Јакимовски е роден на 27.08. 1960 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, 1987 година. Бил волонтер, новинар во спорската редакција на Радио Скопје, јануаријуни 1988 година, потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуниоктомври 1988 година. Бил стручнополитички работник во претседателството на Младина на Југославија, октомври 1988 година - мај 1990 година. Работи како приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на Катланово-Турс. Во септември 2000 година бил избран за градоначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Владата на Република Македонија. Министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 година. По завршувањето на мандатот е вработен во своја приватна фирма. Активно користи англиски јазик. Поседува одлични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување. Одлични организаторски способности, лидерство и тимска работа. Еден е од најпознатите македон-
ски колумнисти. Поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак. По втор пат функцијата Градоначалник на Општина Карпош ја превзема на 12.04.2009 година. Надлежности на Градоначалникот Согласно член 51 од Статутот на Општината, Градоначалникот на Општината Карпош во рамките на своите овластувања: Mу предлага на Советот на Општината донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност Кога е изрично овластен донесува поединечни акти во согласност со закон, статут, односно одлука на Советот Раководи со управните и административните органи Именува и разрешува раководни лица на управните, односно административните органи на Општината Донесува акт за систематизација на работите и задачите во управните и административните органи на Општината Предлага еден член на Советот за архитектура на Градот Скопје Врши прием во работен однос и дава отказ од работа на лица за извршители во управните и административните органи во Општината по претходно добиено мислење од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут
2. Совет на општината
Во Советот на општината партиципираат 23 советници од различни политички партиии. Со новите Локални избори одржани на 05.04.2009 година, Советот на Општина Карпош го сочинуваат: ВМРО-ДПМНЕ – 10 советници СДСМ – 9 советници Независна листа на Мила Искреновиќ – 2 советници ЛДП – 1 советник ВМРО-НП – 1 советник Надлежности на Советот Надлежностите на Советот и Градоначалникот се уредени со Статутот на Општината (“Службен гласник на Град Скопје” бр. 8/97), а во исто време е донесен и Деловник за работа на Советот. Согласно член 43 од Статутот на Општината,
• • • • •
• • •
• • •
• • • • • •
Советот на Општината ги врши следниве работи: Донесува Статут на Општината Донесува Деловник на Општината Донесува Програма за работа на Советот Донесува Буџет на Општината и Завршна сметка на Буџетот Донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација за населените места во Општината Донесува Програма за уредување на градежното земјиште Донесува Програма за изградба и одржување на локалните патишта Донесува Програма за јавно осветлување и за сервисните и станбените улици и улиците во населените места Донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални водоводи Дава мислење на Програмата на јавната чистота Донесува Програма за уредување, организирање и одржување на јавното зеленило, дрворедите, јавните водени површини и јавните фонтани на сервисните и станбените улици и улиците во населените места Дава мислење на Програмата за одржување на гробиштата Дава мислење на Програмата за одржување и користење на коритата на реките Донесува Одлука за одржување и користење на јавниот пазар – Тафталиџе Донесува Одлука за начинот на чистење на оџаците Дава мислење при основање на основни училишта Делегира претставници во органите на управу-
вање на училиштата од основното образование и во установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование и здравствена заштита, заштитата на животните и билките и унапредување на животната средина
Врши работи од областа на цивилната заштита Врши одделни овластувања во согласност со Законот врз добрата од општа употреба и природните богатства на подрачјето на Општината Основа управни и административни органи Основа инспекциски органи и служби Основа jавни служби, јавни установи и јавни претпријатија Именува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа на предлог на Градоначалникот Врши надзор и контрола над работата на органите и службите, установите и претпријатијата што ги основа Избира и разрешува Претседател на Советот Формира Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
Формира Надзорен одбор за вршење надзор над материјалното и финансиско работење во Општината Формира постојани и повремени работни тела Востановува општински признанија и награди Дава мислење по предлог-законите што се однесуваат на Општината Дава мислење на Градот Скопје по материjалите што тој ќе ги достави до Советот Донесува Одлука за бројот на вработените во управните и административните органи на Општината и Одлука за основање, организација и работа на управните и административните органи на Општината Врши и други избори и именувања од својата надлежност Донесува и други одлуки за работите од своjата надлежност Дава автентично толкување на актите што ги донесува Врши други работи утврдени со Закон, Статут и други акти
Комисии во функциј а на Советотна општината: •
• • • •
• • • •
Комисиј а за прашања на верификациј а, ман датни прашања, избори и именувања на Сове тотна Општина Карпош Комисиј а за прописи на Советот на Општната Карпош Комисиј а за урбанистичко планирање на Сове тотна Општина Карпош Комисиј а за финансирање и локален економ ски развојна Советотна Општната Карпош Комисија за јавни дејности (образование, социална ј и детска заштита) на Советотна Општна та Карпош Комисиј а за комунални работи и сообраќајна Советотна Општната Карпош Комисиј а за заштита на животната средина и природа на Советотна Општната Карпош Комиса иј за спорт на Советот на Општната Кар пош Комисиј а за култура на Советот на Општната Карпош
• Комисија за негување и чување на традициите на Македонскиот народ и Македонската држава и заштита на историските споменици и спомен обележја на Советот на Советот на Општната Карпош 3. Организациска поставеност на локалната администрација Општинската администрација ја сочинуваат: Секретар на Општината Осум сектори поделени во одредени области а) Секретарот на општината има за цел да врши остварување на законско, ефикасно и ефективно работење и раководење со општинската администрација во насока на извршување на надлежностите на Општината кои се од локален итерес за Општината, обезбедување на извршувањето на други надлежности утврдени со закон, како и подршка и спроведување на работата и политиката на Градоначалникот за развој на Општината. б) Сектори во општинската администрација: Сектор за поддршка на работата на Советот обезбедува вршење на работите од областа за кој е формиран, а за кој се поврзани со функциите на Советот на општината согласно со Законот за локална самоуправа, други закони, прописи и општи акти.
• Сектор за поддршка на Градоначалникот на општината - организира и подготвува белешки и записници од протоколарните и работните средби и состаноци на Градоначалникот на Општината; изготвува одлуки, прописи и други општи акти и материјали од областа на работњето на секторот, организирање и спроведување на информирањето на јавноста и медиумите за активностите на органите на Општината и јавните установи од надлежност на општината; - одговорен е за ефикасното, квалитетно и навремено примање и одговарање на претставките и предлозите на граѓаните; - се грижи за организацијата и пласирањето на информации на веб-страната на општината; ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација . • Сектор за финансии го подготвува и извршува Буџетот на општината; - врши утврдување и наплата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината; - водење на сметководството; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи врз основа на Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот
за даноците и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи на Општината, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финасиското работење. • Сектор за локален економски развој - изработува програми и мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото на локално ниво и вршителите на занаетчиска дејност; остварува соработка со невладиниот сектор; - врши промовирање на туристичките вредности на Општината; - ја уредува туристичката и угостителска дејност од мал обем; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација.
• Сектор за урбанизам - врши урбанистичко планирање на просторот, издавање на услови и одобренија; - го уредува градењето на објекти од локално значење утврдени со закон;
- врши следење на состојбата во областите, и предлагање на мерки и активности за подобрување на истите; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи врз основа на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. • Сектор за дејности од јавен интерес - ги врши работите поврзани со: пратење на состојбата во областите на образованието, културата, социјалната заштита и спортот во рамките на надлежностите кои општината задолжително ќе ги извршува; - следење на прописите од овие области и предлагање мерки и активности што треба да ги преземат советот и градоначалникот; - ја координира својата работа со работата на
другите сектори во рамките на општинската администрација. • Сектор инспекторат - обезбедување вршење инспекциски надзор над работите од подрачјата за кој е формиран Секторот, а кои се поврзани со функциите на Општината согласно Законот за локалната самоуправа, други закони, прописи и општи акти, како и ефикасно раководење со Секторот. • Сектор за уредување на градежно земјиште, комунални работи и заштита на животна средина и природа - врши уредување на градежното земјиште; - врши изградба, реконструкција и одржување на
локални патишта, улици и други инфраструктурни објекти од значење и надлежност на Општината; го организира и регулира користењето на јавнопрометни површини; - врши заштита на животната средина и при-
родата и преземање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и почвата; - ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамките на општинската администрација и врши други работи врз основа на Законот за градежно земјиште и Законот за животната средина • Одделение за човечки ресурси - врши следење на секојдневната работа на Одделението и спроведување на надлежностите во врска со развојот на органот, информативниот систем, човечките ресурси, односите меѓу вработените, обука и развој, мотивација, организациски развој и вработување. • Одделение за внатрешна ревизија - го спроведува Законот за внатрешна ревизија во јавниот сектор и ги следи насоките на Министерството за финансии.
4. Месни заедници На територија на Општина Карпош основани се четиринаесет Месни заедници, како облик на Месна самоуправа. Со нив раководат Месни одбори избрани на Собири на граѓани во Месните заедници, кои се составени од по седум до девет члена.
Издавач Стевче Јакимовски - Градоначалник на Општина Карпош Раководител на Сектор за локален економски развој Евантија Стојановска Подготвиле Петар Теов Помошник раководител на Сектор за локален економски развој Александра Тодоровска Раководител на Одделение за локален економски развој Гордана Максимовска Виш соработник во Одделение за локален економски развој Благоја Павловски Соработник во Одделение за локален економски развој Маја Филипчева Референт во Одделение за локален економски развој Фотографија Александар Манчевски – Советник за информатички технологии Техничко уредување Скенпоинт, Скопје Печати Скенпоинт, Скопје