Карпош Урбан бр.15

Page 1

Весник на локалната самоуправа април 2012 • бр. 15 • година 4

НОВ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ ГЕОРГИЕВ ПОБЕДНИК НА КАРПОШ ОПЕН



ОД МОЈ АГОЛ

окус Стевчо Јакимовски

Подобро Аква парк отколку жални врби

Во фокусот на медиумите деновиве беше изградбата на aквапарк, за која добивте јавни прозивки од власта. Дали е тоа виталниот интерес на Карпош? – Како граѓанин сметам дека во време кога Ма­ кедонија се соочува со економско­социјална мизе­ рија, кога Владата ги задолжува граѓаните со нови 350 милиони евра, трошењето на 3 милиони евра на aквапарк во овој момент не е приоритет. Ќе беше подобро Владата, овие три милиони евра да ги по­ троши за да се заврши Илинденска до крај, а не ка­ ко досега реконструкцијата да завршува до Карпош, само поради инаетењето на ВМРО­ДПМНЕ. Дали Општината го кочи ДУП-от со кој е се реализира оваа инвестиција? – ДУП­от во кој што влегува аквапаркот е изра­ ботен и финансиран од Општина Карпош. Во ниту еден момент ниту сум кажал, ниту сум имал намера да кочам урбанистички план на мојата општина. ДУП­от за аквапаркот ќе биде донесен на посебна седница, која ќе се одржи на 11 мај. Јас како градона­ чалник на Карпош, ја поздравувам секоја инвести­ ција во мојата општина. Во рамките на законските прописи за урбанистичко планирање, ќе го усвоиме планот и ќе сториме сè aквапаркот да се изгради што е можно побрзо. Подобро е парите да одат на aквапарк отколку на жални врби од кои граѓаните немаат никаков аир. Сепак, се чини дека кај вас постои анимозитет спрема oвој проект? – Не, напротив! Ја поздравувам секоја иниција­ тива за инвестиција во нашата општина, но кај мене, како градoначалник постојат одредени дилеми. Впрочем за тоа сум платен. Како вели Његош: „Који највише седи, најдуље мора да гледа!“. Тогаш кои се вашите забелешки? Како прво, најчесто аквапарковите се градат надвор од градот поради големата површина во хектари што им треба. Како второ, тој ќе се наоѓа веднаш до „Алексан­ дар палас“, нашиот најсовремен хотел со „5 ѕвездич­ ки“. Замислете го емирот од Катар, во неговиот кралски апартман, а до него аквапаркот на Никола Груевски и врева до 2.00 часот по полноќ, зашто таму ќе има и кафулиња, ресторани и барови... Има ли урбанистички дилеми? – Да, и досега со картингот заземаа голем дел од паркингот кај салата „Борис Трајковски“, исто тоа

го прават и со ли­ згалиштето, а сега, со овој аквапарк сакаат да зазе­ мат уште еден дел од паркинг­просторот. Што ќе остане од него, кога во „Борис Трајковски“ ќе има настан со 8.000 гледачи, во исто време три свадби во „Александар палас“ и отворени кафулиња во аквапаркот до 2.00 ч. по полноќ? Најголемиот дел од возилата ќе треба да бидат паркирани на буле­ варот Октомвриска револуција и по уличките во Карпош 3, со што ќе бидат загрозени овие граѓани. Како ја толкувате целисходноста на вложувањата? Со три милиони евра колку што ќе потрошат за овој проект ние би ги реновирале сите основни училишта, а со оглед на тоа дека досега реконстру­ иравме три, сите би биле „тип­топ“ и на европско ниво. Или пак, со тие пари булеварот Теодосиј Гологанов може да биде завршен до Порта Влае, и да се разреди сообраќајот. Особено што сега, на­ утро, има колони возила од Порта Влае се до фабри­ ката „Треска“, а тие предвидуваат овој булевар да го направат само до „Алумина“. Се сомневам дека тука ќе се потрошат државни пари, а всушнст ќе се „тера“ приватен бизнис. Ние сме паталци, а не гаталци. Еве на пример, Етносе­ лото беше најавувано како владин проект, за тоа ќе се потрошат 4,5 милиони евра народни пари. Дури сега владата вели дека тие објекти ќе бидат издадени на приватни, правни и физички лица и тие да стопанисуваат со нив. Нели беше подобро да се направи јавен конкурс, да се додели земјиштето на концесија на 25 години и ова „етносело“ да го из­ градат приватни инвеститори под надзор на Вла­ дата. Потоа тие можат да го стопанисуваат во след­ ните 25 години, со тоа што по тоа да остане во соп­ ственост на државата. Така ќе заштедевме 4,5 ми­ лиони евра и ќе ги потрошевме на попаметни ра­ боти. Со овие пари во Карпош немаше да остане ниту една уличка нереконструирана, ќе бевме со целосно решена инфраструктура. Ете затоа не веру­ вам во искреноста на Владата. Зошто повторно ќе се потрошат 3,5 милиони евра, а бизнисите ќе завршат во приватни раце, за а нам ќе ни бројат де­ ка инвестирале во Карпош. Прашање е што е прио­ ритетно за граѓаните во Карпош?! (Разговорот го водеше В. Цветковска)

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

3


ВО ОВОЈ БРОЈ Весник на локалната самоуправа април 2012 • бр. 15 • година 4

НОВ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ ГЕОРГИЕВ ПОБЕДНИК НА КАРПОШ ОПЕН

ВЕТЕНО СТОРЕНО НОВ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ

9

Издава Општина Карпош ул. „Демир Трајко“ бб 1000 Скопје, Р. Македонија тел.: 02 / 30-61-353 факс: 02 / 30-71-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

СОРАБОТКА ВОЛЕРС КАЈ ЈАКИМОВСКИ

12

Издавачки совет Стевчо Јакимовски Даница Мартиновска Димче Мешковски

НА ТИ СО...

Главен и одговорен уредник

БАБА ФЕВРОНИЈА И ОСВЕТУВАЊЕ НА ТРАНСФОРМАТОРОТ

Виолета Цветковска

14-15

Редакција Миле Раденковиќ Живко Трајановски Елена Кузмановска Ива Манова

ИНТЕРВЈУ

Технички уредник

АРХИТЕКТУРАТА Е ОГЛЕДАЛО И НА КУЛТУРАТА

Јасмина А. Чашуле

22-23 Лектура Ангелина Николовска Живко Трајановски

СПОРТ

Фотографија

МЛАДИТЕ ЏУДИСТИ ГО „СОБОРИЈА“ КАРПОШ

М. Раденковиќ Ива Манова

4

31


ВЕТЕНО СТОРЕНО

ИЗВЕДЕНИ ОБЈЕКТИ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ 2012 ГОДИНА

1. Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец во должина од 140м Изведувач: Еуроинвест ИНГ

Изведба на скали со пристапна рампа на ул. Милан Марковиќ во должина од 15м Изведувач: ДА-БО Компани

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

5


Реконструкција на тротоари на ул. Стрезово во должина од 660м Изведувач: Еуроинвест ИНГ

ОБЈЕКТИ ПЛАНИРАНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО МАЈ 2012 ГОДИНА 1. Реконструкција на тротоари на ул. Пијанец 2. Реконструкција на тротоари на ул. Милан Марковиќ 3. Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска 4. Реконструкција на тротоари на ул. Воденска 5. Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ во должина од 140м

Реконструкција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3 во должина од 690м Изведувач: Еуродрво

6

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ПРОДОЛЖУВА ЗАМЕНАТА НА СТАРАТА СО НОВА ПОКВАЛИТЕТНА УРБАНА ОПРЕМА НА БУЛЕВАР ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ Општината Карпош продолжува со планира­ ното осовременување на урбаната опрема на сво­ ја територија. Во континуитет се врши замена на клупите за седење на булевар “Партизански од­ реди” и се поставуваат нови компатибилни ко­ шници за отпадоци. Најновата ваква активност

беше изведена на потегот пред и зад Универзите­ тот за туризам во Тафталиџе 1, каде беа поставени нови 7 клупи и 4 кошници за отпадоци, а 2 клупи и една кошница беа дополнително поставени на пе­ шачката патека на улица “Јуриј Гагарин” (спроти студентскиот дом “Гоце Делчев”).

ОСВЕТЛЕНИ НОВИ ДЕЛОВИ ОД КАРПОШ Општината Карпош изминативе 30­40 дена беше исклучително активна во поставувањето на нови електрични инсталации во разни делови на територијата на Карпош. Осветлувањето беше изведено во краток временски рок и квалитетно, а изведбата беше извршена на следните локации: Комплетна реконструкција на осветлувањето на улица “Крчин”, УЗ Кузман Јосифовски – Питу Изведувач: Магнус Инженеринг

Пристапна улица на зграда на булевар “Партизански одреди” 113, УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: Магнус Инженеринг

Паркинг простор на улица “Варшавска” 17, УЗ Тафталиџе 1 Изведувач: Елтра

Новопроектирана улица помеѓу улиците “Ацо Шопов” и “Петар Чаулев”, УЗ Влае 1 Изведувач: Елтра

Паркинг простор зад зградите на булевар “Теодосиј Гологанов” бр.90 и 92 Изведувач: Магнус Инженеринг

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

7


ЗАМЕНЕТИ СТАРИТЕ ДОТРАЕНИ АРМАТУРИ ЗАЕДНО СО СВЕТИЛКИТЕ Минатиот месец активно се работеше и на од­ ржувањето на јавното осветлување на територи­ јата на Општина Карпош, па така, освен секојдневна­ та замена на прегорените светилки и отстрану­ вањето на дефектите на електричните инстала­ ции, беа заменети старите дотраени арматури комплетно со светилките, на кои одамна им за­ вршил минато векот на искористеност. Фирмата „Свем Инженеринг”, која се грижи за одржувањето на јавното осветлување, на овој на­ чин интервенираше на следните локации:

Улица “Дамаска”, УЗ Тафталиџе 1 Заменети 14 арматури со светилки

Улица “Римска”, УЗ Владо Тасевски Заменети 12 арматури со светилки

Патека на улица “Јуриј Гагарин” бр. 48 – 54, УЗ Пецо Божиновски - Кочо Заменети 19 светилки и електрични кабли во столбовите

Улица “Атинска”, УЗ Владо Тасевски Заменети 4 арматури со светилки

Паркинг простор на улица “Вич” (помеѓу трите ‘убавици’), УЗ Карпош 4 Заменети 12 арматури со светилки

8

Текст и фотографии: П. Теов и Д. Јонузоски КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


НОВ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ

Општината Карпош започна со уредување на жардиниерите на булеварот Партизански одреди при што паралелно се одвиваат две крупни актив­ ности – хортикултурното уредување и поставува­ њето на автоматскиот систем за полевање на жарди­ниерите. Хортикултурното уредување на жардини­ ерите се состои од садење на пролетни цветни сад­ ници, односно замена на старите садници со нови, како и садење на цвеќе и други видови на садници (зимзелени и листопадни грмушки, дрвца и др.) на жар­диниери кои досега не биле третирани. Новите жар­диниери, кои беа изградени минатата година, на потегот од крстосницата со улиците Бледски до­ говор и Париска, до крстосницата со улица Рузвел­ това, најпрво ќе се дополнат со квалитетна земја, а потоа ќе се засадат трева и цветни садници. На тој начин, за 30-ина дена булеварот Парти­ зански одреди, од улицата Рузвелтова па сè до мо­ стот Обединети нации, ќе биде хортикултурно уре­ ден и ќе претставува вистински празник за очите на сите граѓани кои ќе минуваат по него. Паралелно

со активностите околу хортикултурата, се поста­ вува и современ систем за полевање на зелените по­ вршини во жардиниерите. Системот претставува комбинација на два система, и тоа систем „капка по капка“ – кој ќе се употребува на површините кои се со цвеќиња, украсни грмушки и дрвца, и систем со автоматски прскалки – со кој ќе се полеваат тревните површини во жардиниерите. Системот ќе би­де целосно автоматизиран, а зелените површини ќе се полеваат со вода од бунари, а не со технолошката вода од хидрантите. Хортикултурното уредување на жардиниерите го изведува фирмата „Екораст“, а чи­ни 3.000.000 денари, додека новиот систем за по­ левање го поставува фирмата „Линк медија плус“, за што се одвоени 2.500.000 денари. Како трета активност на тој потег, која е започната минатата година, треба да се спомене и довршувањето на изградбата на бунарите за вода за полевање (вкупно 16 бунари), за кои Општината Карпош издвои 2.200.000 денари, а работите на терен ги врши фирмата „Геоинг“. П. Теов

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

9


ЕКОЛОГИЈА општините, граѓанските организации и училишта­ та во Скопје, за изработка на проекти и пренесува­ ње на позитивни искуства од кампањата „Собери ПЕТ за да добиеш 5“. На презентацијата присуствуваа претставници на екоодборите од основните училишта во општи­ на Карпош, наставници и директори, како и прет­ ставници на организацијата „ОРТ“ и Одделението за заштита на животна средина и природа при Општина Карпош.

ПРВОТО ЕКО СПИСАНИЕ ЕКО СВЕТ ВО ООУ “ПЕТАР ПОП АРСОВ”

ПРОЕКТ: „СОБЕРИ ПЕТ ЗА ДА ДОБИЕШ 5“ На почетокот на април, во старата општина, ор­ ганизацијата „ОРТ“ – Обука за одржлив развој имаше своја презентација на проектот „Собери ПЕТ за да добиеш 5“ за собирање и рециклирање на ПЕТ­пластика и други видови пластична амбалажа. Проектните активности ги спроведува граѓан­ ската организација „ОРТ“, во соработка со Општи­ на Карпош и истите ќе се спроведуваат во сите де­ сет основни училишта на територијата на општи­ ната. Конкретната цел на проектот е тројна: Едукација на младите луѓе за штетноста на пла­ стичниот отпад, како и зголемување на хигиената со примарна се­ лекција и соби­ рање на ПЕТ­ амбалажа во до­ маќинствата и училиштата; Претворање на отпадната ПЕТ­пластична амбалажа во се­ кундарна суро­ вина, за економ­ ска поддршка на непрофитните установи; Развој на ка­ пацитетите на

10

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Учениците од VI одделение деветолетка од Природонаучниот клуб при ООУ “Петар Поп Ар­ сов”, заедно со наставничката Емилија Василева – Чоловиќ, во пресрет на денот на планетата Земја – 22 Април, го промовираа првото Еко списание ЕКО СВЕТ. Целта на промовирање на ова списание е да се стекнат вистински навики за здрав живот и да се подигне еколошката свест кај помалите и поголеми­ те жители на нашата прекрасна Земја. Списанието изобилува со содржини за настанувањето на все­

лената, кружењето на водата во природата, важно­ ста на правилната исхрана, опасноста од отпадот, постапката на рециклирање како начин на штедење. Секако во списанието се застапени корисни совети за штедење енергија и еко пораки за зачувување на почиста околина. Последните страници од списа­ нието ги красат еко творбите на учениците од ова училиште. Учениците од Природонаучниот клуб: Сандра Павлеска, Јана Јоноска, Андреј Чоловиќ, Михаел Брезовски, Мила Ристановска, Костантина Лукровска, Бруно Данчев, Викторија Фидановска, Блаже Менкиноски, Ива Кузманоска со радост и со ентузијазам, со поддршка на наставничката Еми­ лија Василева – Чоловиќ продолжуваат со поната­ мошна работа и веќе подготвуваат содржини за вториот број на ЕКО СВЕТ.


ПРВА НАГРАДА ЗА ВИКТОРИЈА ЛАЗОВА ОД КАРПОШ

Викторија Лазова од основното училиште „Ди­ мо Хаџи Димов“ од Општина Карпош ја освои пр­ вата награда во рачна изработка на креативно дело

од хартија­(колаж) во рамки­ те на проектот „Хартијата­ креативен медиум“. Инаку, оваа работилница за рачно изработена хартија, како дел од овој Проект, се реализира во просториите на НУБ „Све­ ти Климент Охридски“ во рамките на „Младиот Св. Климентов универзитет“. Бла­ годарница доби и Општина Карпош како општина која во целост даде поддршка на овој проект. По повод завршувањето на овој проект, во про­ сториите на Национална галерија на Македонија­ Чифте Амам, во Старата скопска чаршија, беа доделени и останатите награди и благодарници за сите учесници во успешно реализираниот проект „Хартијата­ креативен медиум“. Овој проект беше организиран од Национална галерија на Македонија како носител на проектот, од Националната уни­ верзитетска библиотека “Свети Климент Охрид­ ски”, Скопје, Кинотека на Македонија, Скопје, а бе­ ше потпомогнат од Општина Карпош. Освен првата награда која и беше доделена на Викторија Лазова VIII­в одделение од ОУ „Димо Хаџи Димов“, пофалница доби и ученичката Марија Трајчевска од VII­д одделение. Сите останати учени­ ци­учесници во работилницата, добија сертификати за својот придонес во проектот.

КОМЕНСКИ ЌЕ ДОБИЕ „ЕКОГРАДИНА“ Одобрена е содржината на проектот под наслов „Екоградина“ кој ќе почне да се реализира во мај 2012 година. Носител на проектот е Здружението „Креатива – МП“ – Скопје финансирано од Амбаса­ дата на Кралството Норвешка во Република Маке­ донија, а Општината Карпош е партнер на проектот. Екогради­ ната ќе се гради во училиштниот двор на ООУ „Јан Амос Коменски“ со зафатнина од 300м2.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

11


ВЕСТИ

ВОЛЕРС КАЈ ЈАКИМОВСКИ Амбасадорот на САД во Република Македони­ ја, Пол Волерс, оствари официјална работна посе­ та на Општина Карпош. Во едночасовниот разго­ вор што го водеше со градоначалникот на Општи­ на Карпош, Стевчо Јакимовски, стана збор за не­ колку суштински прашања од функционирањето на локалната самоуправа. По средбата Јакимовски и Волерс дадоа изјави за медиумите. – На оваа средба со амбасадорот Волерс разго­ варавме за проектите што ги подготвува Општина Карпош, за претстојните активности во текот на оваа пролет и ова лето. Разговарaвме и за функ­ ционирањето на нашата локална самоуправа и подготвеноста на нејзината администрација да од­ говори на барањата на граѓаните на Карпош. Тема на разговорот беше и тоа како функционира Сове­ тот на Општина Карпош, и во врска со него, како

да ги носиме одлуките. Според мене, изјави градо­ началникот Јакимовски, во текот на овој час имав­ ме навистина конструктивен разговор. – Многу му благодарам на градоначалникот Ја­ кимовски за одвоеното време. Како што претпо­ ставувам дека знаете, имав повеќе средби со гра­ доначалниците во земјава. Бев во Битола, потоа во Ѓорче Петров, и ваквите посети ги правам измина­ тиве неколку месеци – рече во своето обраќање амбасадорот Волерс. Причината за тоа е моето мислење дека градоначалниците ја претставуваат најважната функција на владата во една земја, функцијата која е најблиска до граѓаните. Тие ги знаат потребите и желбите на луѓето, тие се оние што се справуваат со секојдневните проблеми на граѓаните на многу земји вклучувајќи ја и Македо­ нија. Исто така, се интересирав за случувањата овде во Карпош и за можната соработка во идни­ на меѓу градоначалниците во Македонија. Повтор­ но благодарам за издвоеното време на градоначал­ никот во кое научив нешто повеќе за Карпош, би­ дејќи ова е место во кое порано живеев, и тоа само неколку блокови од овде, и многу ми е мило што сум повторно дома. Одговарајќи на новинарско прашање дали се разговарало за мултиетничките односи, американскиот амбасадор Пол Волерс од­ говори: „Зборувавме и за трагичниот настан кој го истражува полицијата и очекуваме истрагата да продолжи се до разрешување на случајот“. В. Цветковска

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО АПСОЛВЕНТИ ОД ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, одржа едночасовно предавање на апсолвентите од Правниот фа­ култет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Ме­ тодиј“ во Скопје. Пред околу 20 студенти Јакимовски говореше за локалната са­ моуправа, децентрализацијата и нејзиното функционирање во практика и проблемите со кои, притоа, се соочува Општина Карпош. „Локалната власт е онаа што е најблиска до граѓаните и до нивните секојдневни проблеми, и нормално е таа да е тој авторитет кому прво ќе му се обратат и кој треба нив да им ги реши. Меѓутоа, сè уште не постои јасна дистинкција и има непознавање кај луѓето што е надлежност на општинската, а што на градската или на централната власт“. На локално ниво, централната власт најмногу ингеренции има префрлено во областа на урбанизмот, донесувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови. Но, затоа, пак, има потреба од поголе­ ма фискална децентрализација, односно јакнење на финансиската моќ на општините. Притоа, во тој по­ глед треба да има поголема „разиграност“ во тоа кои даноци и такси одат кај локалните власти како најголеми алиментатори на општинските буџети, но и слобода во одлучување на стапката на оданочување, кај локалните давачки со што ќе се внесе конкуренција во привлекување на инвестиции и инвеститори во различни општини. Надлежности кои исто така може да се децентрализираат се и комуналната хигиена, средување на зеленилото, вработувањето во предучилишните установи и основните училишта и сл. В. Ц.

12

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА

РОДЕНДЕН НА УШТЕ ЕДНА ЗБРАТИМЕНА ОПШТИНА

Две одделенија од четврто одделение од ОУ „Ди­ мо Хаџи Димов“ деновиве ја посетија Општина Карпош со што продолжи практиката, основците да се среќаваат со раководството на локалната са­ моуправа на нашата општина. Како и порано, уче­ ниците и нивните наставнички ги прими Градона­ чалникот, Стевчо Јакимовски, кој притоа одговара­ ше на прашањата кои ги поставуваа учениците. На практичниот час од работата на локалната само­ управа, младите гости од ОУ „Димо Хаџи Димов“ пра­шуваа за активностите и работењето на градо­ началникот, на Советот и на службите кои функци­ онираат во состав на Општината Карпош. Во едно интерактивно дружење и учење, децата се интересираа и добија одговор на прашањата за идн­ите ангажирања на Општината и градоначални­

По повод роденденот на Општина Нов Белград од Белград, Република Србија, делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот Трифун Трифуновски ја посети оваа збратимена оп­штина. Со свечена академија, на која пригоден говор има­ше претседателот на општината Ненад Милен­ ковиќ, како и низа културни манифестации, Оп­ штината Нов Белград го одбележа 11 април и својот 64-ти роденден. Денот на општината е воспоставен

во знак на сеќавање на почетокот на изградбата на први­те згради во оваа општина, во април 1948 го­ дина. Во чест на празникот, општината за своите гра­ ѓани организираше „Априлски денови на Нов Бел­ град“, целомесечни активности меѓу кои саем на книги, промоција на документарен филм за Нов Белград, промоција на книгата „Тајната на Нов Бел­ град“ – втор дел, неколку изложби на слики и фо­ тографии и др. Инаку, Општина Карпош и Општина Нов Бел­ град се збратимени од 2003 година, кога тогашен прет­седател на општината беше Жељко Ожеговиќ, по­доцна прогласен за почесен граѓанин на Општи­ на Карпош.

кот, за проблеми од областа на урбанизмот, кому­ нал­ното уредување, како и во областа на подобру­ вање на квалитетот на живеењето на граѓаните. Уче­ниците поставија безброј прашања и за историското минато на Општината Карпош, и нејзиниот развој во изминатите 35 години.

ИПЕРИУС АРТ Ул. Никола Русински бр. 1/14 Тел. 02/ 6140 700 и 075 324 234 Попуст 10%

Е. К. КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

13


НА ТИ СО... Владимир Ангеловски-Дади

БАБА ФЕВРОНИЈА И ОСВЕТУВАЊЕ НА ТРАНСФОРМАТОРОТ Во нашата држава, на прстите од една рака мoжат да се набројат јавни личности чиј идентитет е со­ држан во нивниот прекар, изведен од личното име, спечален во маалото или во професијата. Еден од таквите е и Владимир Ангеловски, актер и естраден уметник, жива легенда на македонското глумиште. Под крстеното име го знаат неговите најблиски и можеби колегите со кои со децении битисува на јавната сцена. Но, кога ќе речете Дади, тогаш евен­ туалното прашање, кој е тој, станува излишно. Тоа „Дади“, пред вас бликнува во неброени ва­ ри­јанти, без оглед на тоа дали станува збор за детски театар, урнебесните комедии, „Хихирику“, драмски­ те бравури или легендарната манифестација „Глум­ ците пеат“. Сто лика во едно, како што би рекол исто така легендарниот Мешко, „мало големо човече“. Во дворот на Драмскиот театар, култното соби­ ралиште на големите македонски актери, на назабеното пролетно сонце, муабетиме со Дади, јас изненаден од неговата сериозност, тој затекнат од некоја проодна настинка; „Ме стегна, но ќе помине“, вели големиот шоумен, а потоа, без ронка надменост, својствена на луѓе од негов ранг, реди приказна од својот богат животопис. Го слушам и го прекинувам само кога сакам да го насочам во нова епизода. – Во овие години, детството ни се јавува силно и

14

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

јасно, и за среќа, моето детство беше сплет од убави нешта во кои како доминантен, искрснува ликот на баба ми Февронија, една неповторлива жена. Таа служеше во црквата „Свети Јован“ во Капиштец, а тоа е амбиент во кој израснавме со брат ми Коле. Тука, под црквата, поминуваше воз, имаше многу зеленило и ние беснеевме до истоштеност. Посебно се сеќавам на едно сопче со разни пијалаци, а јас бев спобудален по оцет. Но, кога и да и побарав на баба едно шише, таа велеше дека е срамота дење од црква да се изнесува нешто. Кога ќе и го побарав истото навечер, таа ќе почнеше, „пу, пу, кај се чуло, кај се видело, од црква ноќе нешто да се изнесува“. Се сеќавам и на тефтерите на баба ми која запишуваше се што ќе се внесеше во црквата, и кога умре, зад неа останаа еден куп такви списоци и пари од свеќи завиткани во шамивчиња... Нашето детство беше специфично и по тоа што растевме во семејството на легендарниот поп Бо­ ра, со мајка учителка, од уметничкото семејство на Кондовски. Во тој амбиент, од мали, имавме мо­ жност да одиме во театар и сите убави работи да ги учиме од учени луѓе. Јас, на пример, уште во третото одделение глумев во претставата на мајка ми, играв тврдоглаво маче... и тоа ми ја определи животната професија. Додека Коле студираше во Белград, јас актер­ скиот занает го печев тука, и од тој период има една вистинита анегдота. Имено, кога Коле се врати од Белград, јас го примив на работа и околу тоа и денес знам да се пошегувам со него. Тие години беа златни години за мене и за мојата генерација актери, бидејќи игравме во многу култни претстави, патувавме и се дружевме без ронка завист. Еве овде, во Драмскиот театар, ние поминувавме денови и ноќи, тука рабо­ тевме, се вљубувавме, тука се женевме... А кога сме кај мојата женачка, има една интересна епизода. Јас, син на поп Боро, за жена ја земав ќерката на полковникот Солевски, претседател на Воениот суд. И, се разбира, полковникот рече дека свадбата ќе се прави во Домот на армијата. Арно, ама, два­три дена пред свадбата мојот иден тест рече дека сите свештени лица од моја страна, на свадбата треба да дојдат во цивилна облека. Се разбира, тоа не доаѓаше предвид – каде се видело владика и игуманија во ци­ вилна облека – и свадбата ја направивме во хотелот „Гранит“, и тоа беше настан за кој потоа со години се раскажуваше... На својата кариера не можам да се пожалам, бидејќи од почетокот до денес, таа беше блескава, исполнета со голема работа, но и среќа и задовол­ ство. За својата работа добив многу награди, по­ крај останатото и државната награда „Климент Ох­ ридски“, Тринаесетноемвриската награда, награди на фестивалите во Сараево, Дубровник, Шибеник и во Струмица, и тоа, главно, за легендарните детски


претстави, пред сè за детската трилогија: „Чук, чук Стојанче“, „Баш челик“ и „Шекспир во приказни“. Тоа беа преубави времиња, времиња кога во тан­дем со Мешко правевме чуда; игравме на две ни­воа, на скалила, под мостови, во паркови, на ули­ ци, плажи. Се забавувавме и ние, и другите ги за­ба­ вувавме. Во периодот по тие детски претстави, дој­­ доа сериозни проекти, оние во кои добивме мо­жност да покажеме дека не сме само естрадни уметници. Јас, инаку, од ништо не се срамев. Играв се и сешто и да бидам нескромен, бев вистински шампион на естрадата. Кога ме прашуваш за релациите со брат ми Коле, доволно е да се рече Диди и Дади, и се е јасно. Шега настрана, можам само да речам дека имам малку по­ голема пензија од него и често го задевам, бидејќи, не­ ли, тој беше еден од најголемите југословенски филмски актери, а има помала пензија од мене. Кога сме кај брат ми, да ти кажам и за една интересна случка околу доделувањето на наградата „Седумте секретара на СКОЈ“. Јас ја добив и кога ме повикаа во

Белград да ми ја врачат, ме помешале со Коле и дури по реакција на некои негови другари, дозна дека јас не сум Коле, туку Владимир-Дади, братот на Коле... Да, требаше да се случи таа убава манифестација „Глумците пеат“, па и пошироката јавност да дознае дека и ние, актерите, знаеме убаво да пееме. Јас, на пример, настапив на сите петнаесет и секогаш се трудев, тоа да биде нешто повеќе од пеење, да на­ста­ пиме во посебни костими, да имаме придружба од

тан­черки и танчери... Овие времиња се многу чудни, но јас не се жа­ лам. Имам две ќерки, постарата Илина е академски сликар, сценограф и костимограф, но сè уште е без постојан работен ангажман. Кога сме кај ќер­ ка ми Илина, има интересна приказна околу анга­ жманот на нејзиниот татко, нели да и помогне околу вработување. Одам кај Бети (министерката за култура), таа ме прима без збор, ме гушка и ме прашува што мака имам. Јас и го покажувам портфолиото на ќерка ми, и кажувам дека работела со Манчевски, дека е магистер, дека англиски зборува како да и е мајчин јазик... И Бети ми вели: „Каде сака и кога сака“, но еве од тогаш помина година и повеќе, а од Бети ни трага, ни глас. Се разбира, ќерка ми работи, во последно време и како диск-џокеј, но не е вработена. За среќа, помалата, Костадинка, заврши англиски јазик, и работи во една маркетинг-агенција, се вика „Публицис“. Навистина, не се многу платени, но имаат многу работа, така што од таа страна немаме грижа. Сопругата е адвокат, и се на се, туркаме не­ како... Јас, иако сум пензионер, подработувам по неш­то и редовно, еднаш неделно, полни три децении ја снимаме популарната радиоемисија „Хихирику“. Екипата што ја прави таа култна емисија е урнебесна и ние, работејќи, се забавуваме. Со Мешко и другите, и надвор од театарот сме правеле многу неверојатни работи, сме осветувале месарница. Прво, тоа ќе го направеа поповите, а потоа ние, со некој интересен скеч и песни. Еднаш осветувавме трафостаница и ко­га ја прскавме со светата вода, се направи спој и „ма­шинеријата“ експлодира... – Ме прашуваш за хоби. Хоби ми е спортување, пинг-понг, пливање, риболов, се разбира, тие нешта по­рано често и многу ги практикував, и ми беше убаво. Со брат ми Коле во Леуново имаме куќи, но тој таму престојува многу често, додека јас, вака сам (сопругата е презафатена со работа), поретко одам горе, но ако одам, тоа го правам со друштво. Инаку, летните месеци ги поминувам во Охрид, поради пливањето. Ние во Карпош живееме цели четириесет годи­ ни. По инсистирање на мајка ми, во 1972 година, во Карпош направивме убава куќа, и мислам де­ка и тогаш и денес, Карпош беше најубава, најурбанизирана општина во државата. И без да ме прашаш, ќе ти речам дека и Општи­ ната, и ние, нејзините граѓани, имаме среќа што за градоначалник го имаме господинот Стевче. Ние, актерите со него имаме одлична соработка. Кога и да не покани нешто да работиме, тоа го правиме со задоволство, а тој ни возвраќал со иста мера. На­ви­ стина, секогаш е коректен и не почитува, како ретко кој. Миле Раденковиќ КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 14 • МАРТ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

15


ХУМАНОСТ

„ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ“ Во рамките на кампањата „Еден свет за сите“ Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синрдом „Мојот свет“, во соработка со Општина Карпош, во општината организираше уметнички хепенинг на кој твореа околу 20 ликовни уметници: Глигор Чемерски, Влатко Симеонов, Симонида Филиповска­Кита­ нова, Шкипе Мехмети, Јулијана Гешовска, Марија Светиева, Тони Шулајковски, Емил Шулајковски, Цветанка Јованова, Касиопеја Наумовска, Денис Те­ нев, Тања Таневска, Андријана Нацевска и др. Делата од настанот беа понудени на аукција на хуманитарниот прием кој се одржа во фоајето на Македонската опера и балет на 23.4.2012 година, а собраните средства ќе бидат донирани за децата со ау тизам. Целиот настан беше збогатен со музичка програма во која настапија златните славејчиња, како и децата од градинките од Општина Карпош „Распеана младост“, „Мајски цвет“ и „Пролет“. На настанот присуствуваа семејствата на деца со аутизам, за кои всушност беше организиран овој хуманитарен настан.

ните семејства од подрачјето на оваа општина им беа доделени сто велигденски пакети. Пакетите ги врачи секретарот на Општината, Владо Поповски, притоа истакнувајќи дека, сега и во иднина, локал­ ната самоуправа на Општина Карпош ќе води гри­ жа за социјално загрозените семејства и поединци, и не само по повод верски и други празници. Хуманитарните пакети се делеа на четири пункта: Општина Карпош (ул. Демир Трајко бб – Нерези), УЗ „Влае 1“, УЗ „Владо Тасевски“ и Општи­ на Карпош (бул. „Партизански одреди“ бр. 68, ба­ рака бр. 5). Станува збор за вреќи со прехранбени произво­ ди кои граѓаните на Карпош ги донираа за своите сограѓани во текот на хуманитарната акција под мотото „Да бидеме хумани за нашите соседи“ која беше спроведена пред 14 маркети на територијата на Општина Карпош.

ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА По повод велигденските празници, на 11­ти април ОУ „Петар Поп Арсов“ организираше хепе­ нинг под мотото „Од децата за децата“. Учениците

ДОДЕЛЕНИ СТО ВЕЛИГДЕНСКИ ПАКЕТИ Наспроти големиот христијански празник Ве­ лигден, во Општина Карпош, на социјално загрозе­

16

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

со своите многубројни рачни велигденски изработ­ ки (слатки, јајца, пити, украси, честитки) ги вооду­ шевија големиот број посетители и ја покажаа ни­ вната креативност. Манифестацијата се одржа во училишниот двор и беше проследена со мала забава. Во хепенингот учествуваа сите ученици и на­ ставници од прво до седмо одделение, како и роди­ телите кои ја дадоа својата целосна поддршка. Цел­ та на овој настан е добиените средства да се иско­ ристат за потребите на учениците и наставата, збо­ гатување со нови нагледни средства.


Две децении Монтесори куќа за деца ``Изворче-Монтесори``

„МОНТЕСОРИ“ Е СТИЛ НА ЖИВЕЕЊЕ НА ДЕЦАТА Првата Монтесори куќа за деца ``Изворче­Мон­ тесори`` во Скопје, цели 11 години се наоѓа на тери­ торија на Општина Карпош. Носител на овој пио­ нерски потфат, е психологот Божана Марковска, коja за своите мотиви вели: Мотив за да го основам ``Изворче­Монтесори`` беа моите две ќерки. Секогаш исплатлива инвестици­ ја е инвестирање во едукацијата на сопствените деца. Постарата ќерка денес е член и консултнат на Ин­ тернационален Монтесори Борд, чие седиште е во САД за предучилишно образование. Таа е мој пар­ тнер во градењето на ``Изворче­Монтесори``. Денес и мојата внука е вистински репрезент на Монтесори едукацијата, која успешно се вклопуваше во секоја предучилишна установа, секаде каде што одевме во Европа и во САД. Сега е лесно да зборуваме за се­ гашноста, но патот беше долг и трнлив.Имав среќа да ми се придружат родители, и сега се вбројуваме во врвните Монтесори установи во светот.За овие 20 години стекнавме пријателства и соработки во Ка­ нада, САД, Мексико, Австралија, Италија, Холандија, Велика Британија, Шведска, Албанија, Србија, Сло­ венија, Русија, Хрватска и други. За тоа кои се основните карактеристики на Мон­ тесори едукацијата според кои се разликувате од си­ те други, Марковска вели: Да го носиш името ``Монтесори`` треба да ги ис­ полниш стандардите кои ги поставила д­р Марија Монтесори, а тоа се: подготвена средина која го пот­ тикнуваат детето на активност и му овозможува да ги развива своите потенцијали според сопствено темпо. Пристапот е индивидуален, тоа значи дека на секое дете му се подготвува курикулум кој одговара на интересите и способностите со цел да се развие на највисоко можно ниво неговата личност. Учителката е водач во детскиот развој, таа треба да знае да ги следи и да ги насочува детските активности, и она најважното, постигнатите резултати на децата. Децата учат спонтано, независно, самостојно, имаат развиено мотив за учење, самоуверени се и имаат развиено чувство на одговорност и се креативни. За сензитивните периоди во едукацијата на деца­ та, според Монтесори методот , Марковска вели: Сензитивните периоди се посебен белег на Мон­ тесори методот. Дете на возраст помеѓу три и шест години е во развоен сензитивен период за јазик, добри манири, ред и усовршување на сетилата. Во

овој период детето учи без напор. Обучен Монтесори учител мора да ги распознава тие периоди за да може да понуди материјал кој ќе предизвика активност за да се развијат одредени особини. Целта на секој сен­ зитивен период, што всушност претставува вна­ трешна чувствителност, е да му помогне на детето да совлада одредена техника која е неопходна за не­ говиот раст. Монтесори едукацијата е стил на живе­ ење и децата заслужуваат најдобра едукација во нај­ добри услови со учители кои знаат да ги водат тие деца. Ние сме само први како Монтесори приватна гра­ динка, туку сме и први кои го внесовме Монтесори семето во 1996 година. Тогаш започнавме соработка со ``Опера Национале`` од Рим и ``АМИ`` од Хо­ ландија, двете асоцијации се основани и денес упра­ вувани од членови на семејството Монтесори. За на­ шата работа добивме многу интернационални при­ знанија, од значајни Монтесори здруженија од ра­ злични континенти. Со нив соработувавме на ра­ злични начини. Вршеа супервизија, правевме разме­ на на учители, летни школи, учествувавме на меѓу­ народни конгреси, но и на значајни научни истражу­ вања за достигнувањата на децата што се едуцираат според Монтесори педагогијата. Токму ова ни ово­ зможи во 2007 година, по повод Векот на Монтесори да бидеме прогласени за Амбасадори на Македонија во Монтесори светот. Ние сме горди на ова при­ знание и се трудиме достојно да ја носиме оваа ти­ тула. Сите овие 20 години искуство, знаења и тради­ ција потврдуваат дека го чекориме вистинскиот пат. Живко Трајановски

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

17


НАЈ ВО КАРПОШ Интервју: Благородна Спировска професор во „Димо Хаџи Димов“

СО ЛИЧНА ПРЕВЕНЦИЈА ПРОТИВ ОПАСНИ БОЛЕШТИНИ

18

Во тековните активности на локалната власт во Општината Карпош кои предизвикаа голем интерес кај граѓаните во општината, секако се трибините посветени на здравствената заштита на население­ то. Иницијатор, креатор и главен организатор на овие трибини е госпоѓата Благородна Спировска, професор по биологија и унапредување на здравјето во ОУ „Димо Хаџи Димов“. Тоа е само еден од пово­ дите за разговор со овој предан воспитувач и акти­ вист, носител на различни општествено полезни проекти во матичното училиште и во локалната са­ моуправа во Општина Карпош.

превенција игра клучна улога во здравјето на на­ селението и дека едукацијата на секој поединец може да спречи или да ублажи многу неизлечиви заболува­ ња. Со таква идеја појдов кај градоначалникот Јаки­ мовски, му ја изложив и навистина добив целосна поддршка, и како што знаете, нашите трибини, по­ светени на разни заболувања, предизвикаа голем интерес кај граѓаните на нашата општина. Сето ова го работам без каков било надомест, бидејќи, сме­ там дека само на тој начин можам да дадам личен придонес во сферата во која сум, делумно, профе­ сионално ангажирана.

Урбан: Професорке Спировска, што Ве поттикна, врз волонтерска основа и воннаставните обврски, да се зафатите со организирање на овие трибини и како дојде до соработка со локалната самоуправа? Спировска: Како професор по биологија и уна­ предување на здравјето сфатив дека здравствената

Урбан: Од што се раководевте при изборот на темите за овие трибини? Спировска: Знаете, кога е здравјето во прашање, секој поединец, без оглед на својата здравствена со­ стојба, заинтересиран е да дознае нешто повеќе за таканаречените неизлечиви заболувања. Бидејќи знаеме кои се тие болести, решивме првите преда­

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


вања да бидат посветени на карцином на дојката, срцевите заболувања, остеопорозата, дијабетесот... Се разбира, а се надевам дека трибините ќе траат додека има интерес за нив, имаме намера да ги третираме сите теми сврзани со општата здрав­ ствена заштита, превенција, упатување кај одреде­ ни здравствени институции, здрава исхрана... Урбан: Со оглед на веќе одомаќената практика пазарно да се работи и во областа на здравствената заштита, како доаѓате до адекватни предавачи за темите кои ги третирате на трибините? Спировска: По некоја случајност, мојот сопруг Зоран е хирург, директор на Клиниката за торакал­ на хирургија, јас сум активист на Црвениот крст и имаме голем круг на пријатели лекари, тоа ми ја олеснува работата при организирање на трибините. Веднаш да ви кажам дека мојата идеја безрезервно ја поддржаа лекарите од здравствените институции лоцирани на територијата на Општина Карпош. Користам можност да им се заблагодарам на: Лидија Мирчева, ортопед и активист на ОО на Црве­ ниот крст Карпош која одржа предавање за остео­ порозата, на примариус д­р Лилјана Јовановска, специјалист по гинекологија и акушерство за пре­ давањето „Редовен гинеколошки преглед – пре­ венција за рано откривање на рак на матката“, на Надежда Прокопиева и Анета Дренковска, за пре­ давањето и тестирање на слухот во соработка со Слух 1... и, се разбира, на сите кои ќе бидат предавачи на следните трибини. Урбан: Со оглед на тоа дека сте професор во ОУ „Димо Хаџи Димов“ и дека покрај биологијата предавате и унапредување на здравјето, каков интерес за темите поврзани со здравјето имаат вашите ученици и воопшто младите? Спировска: Да бидам искрена, пријатно сум из­ ненадена од интересот кој за овие теми го пројаву­ ваат и моите ученици и воопшто младите луѓе. Токму и заради тоа, јас учениците ги поттикнувам самостојно да подготват предавања на одредени те­ ми од областа на здравствената заштита и здравата исхрана и тие го прават тоа сериозно и квалитетно. Во скоро време ќе организираме трибина за здра­ вата исхрана, а предавањето ќе го одржат нашите ученици. Урбан: Имате ли и уште некој интересен проект во насока на превенција и заштита од неубави нешта? Спировска: Секако. Ангажирана сум околу едукација на раководствата и наставниот кадар на основните и средните училишта во Општина Кар­ пош во врска со педофилијата. Во соработка со Ми­

нистерството за труд и социјална политикa, акте­ рите во воспитно­образовниот процес ги запозна­ ваме со превенција против сексуалната злоупотре­ ба. Во тој процес се вклучени директорите и по не­ колку наставници од училиштата, како и претставни­ ци на родителите на учениците. М. Раденковиќ

МКУД „ЦВЕТАН ДИМОВ“ ВО ТУРЦИЈА Младинското културно­уметничко друштво „Цветан Димов“, од Општина Карпош, од 18 до 24 април, учествуваше на голем меѓународен детски фестивал во Истанбул, Р. Турција. На фестивалот настапија детски ансамбли од Индонезија, Мексико, Русија, Латвија, Украина, Грузија, Азербејџан, Бугарија, Полска, Кипар, Тур­ ција и Република Македонија претставувана од детскиот ансамбл „Цветан Димов“. Повеќе од триста деца, игроорци, со своето учество го направија празникот на детето во Р. Турција величествен. Големата посетеност, беспрекорната органи­ зација и празничното расположение, направија овој фестивал да се вброи во поквалитетните во Европа. Нашиот ансамбл „Цветан Димов“ со своите блескави настапи, претставувајќи го из­ ворниот фолклор, ги покажа сите убавини на нашата богата фолклорна ризница. Вистинско откритие за публиката беше нашиот изворен ор­ кестар кој со своето музицирање на кавалите,

тамбурите и тапанот ја воодушевуваше публика­ та. Колку бевме успешни покажуваат поканите за фестивали во Индонезија, Полска и Русија. Многу пријателства, другарувања, радости за убавите средби, се спомени кои нашите игро­ орци долго ќе ги паметат. На крајот да заклучиме дека ја претставивме нашата општина и Република во најубаво светло. – Дојдете ни пак – беше последниот поздрав на домаќините.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

19


СОРАБОТКА

СО НОВИ ИДЕИ – ДО СОПСТВЕН БИЗНИС Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, катадневно и во континуитет вложуваат напори за намалување на невработеноста во Општина Карпош. За таа дел, деновиве, градоначалникот оствари средба со Ви­ ктор Ѓорѓиески, од Центарот за поддршка на биз­ нисите „Вижн консалтинг ДОО“ (Vision consulting) – Скопје и притоа беше потпишан Меморандум за соработка. Станува збор за примена на проектот „Сам свој газда“ преку кој се создаваат основни предуслови за започнување на сопствен бизнис на невработени и за тоа заинтересирани граѓани. Ова е прва фаза во делот на активностите кои Општина Карпош ги презема за развој на претприемништвото во општи­ ната, со посебен акцент на намалување на неврабо­ теноста кај младите лица. Споменатиот проект во прв план става потти­ кнување и стимулирање на секоја активност за самовработување на населението. Клучната актив­ ност со која ќе се реализираат целите на проектот е обуката за претприемништво, бизнис­планирање и менаџмент. За заинтересираните ќе се организира обука преку која тие ќе се стекнат со основни вешти­ ни за започнување, разработка, опис и успешно спро­ ведување на својата бизнис­идеја, со која сакаат да започнат сопствен бизнис. – Во втората фаза (која ќе следи во септември), ќе бидат опфaтени малите и средни претпријатија. Кај нив, исто така, преку обуки во делот на марке­ тингот, продажбата и мерење на задоволството на клиентите, ќе помогнеме директно во насока на ра­ звојот и зацврстување на бизнисите во Општина Карпош, а со тоа и во пораст на локалниот развој – изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стев­ чо Јакимовски. По потпишувањето на меморанду­ мот, започна дводневната обука од проектот „Сам свој газда“. По oбукатa, учесниците ќе имаат можност да ја претстават својата бизнис­идеја, а најдобрите пет кои оваа година ќе се решат да започнат свој бизнис, ќе бидат наградени. Александра Теова

20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


ДРУГИТЕ ЗА НАС „Плоштади во Карпош“

РЕНОВИРАЊЕ НА ПЛОШТАДОТ МЛЕЧЕН РЕСТОРАН Идејата на проектот „Плоштад – Млечен ре­ сторан“ започна на иницијатива на граѓаните на овој дел од Карпош, но и со визијата на Општината да се вратат вредностите на урбаното живеење и на граѓаните кај Млечниот ресторан. Тукашните жители одамна посакуваат да имаат свое место на среќавање и релаксација во слободно време, од најмала до најстара возраст. Со новото архитектонско решение за обнова на плоштадот Млечен ресторан е предвидено ком­ плетно реновирање на постоечкото бетонско плато

со површина од 5.000 м2 на кое ќе се постави нова хидроизолација. Врз неа ќе бидат поставени гра­ нитни плочки од врвен квалитет. Лошото постое­ чко осветлување ќе биде заменето со комплетно но­ во осветлување од германско производство и со двојно поголема светлечка моќ. Постоечките за­ поставени игралишта, детското и за кошарка, ќе бидат заменети со нови, оградени со заштитна огра­ да и осветлени со рефлектори. Урбаната опрема (клупите) ќе бидат со елегантен италијански дизајн, кој само ќе го надополни новиот современ изглед на платото на Млечниот ресторан. Кога во минатиот број на „Карпош урбан“ ги видоа идејните проекти на новиот плоштад во нивно „маало“ буквално се разграбаа за него и ба­ раа весник повеќе. Што е тоа што им се нуди и што очекуваат некои од жителите на Млечен, ги прашавме непосредно нив. А. Дудиќ

Лилјана На мене и на моите комшии ни се допаѓа тоа што ќе се гради на делот кој сега е само покриен со земја. Ќе има повеќе клупи и просторот ќе се користи повеќе. Покрај тоа, игралиштето за кошарка и делот со песок наменет за мали­ те деца исто така ќе биде убаво и практично уреден. Овој проект ќе ни овозмо­ жи повеќе зелен простор и трева што ни се допаѓа од аспект на естетика. Од функционален аспект, сите станари на околните четири згради кои поседуваат гаражи под ова плато имаат проблем со протекување, и ако се направи изола­ ција под новите плочки со тоа ќе се реши проблемот.

Дарко Самата идеја за нешто да се изгради или обнови е стремеж за тоа нешто да се разубави, да се подобри и е концепт кој се заснова на прогрес, кој, пак, остава траги, желба и инспирација која ќе ги движи идните генерации. Се до­ дека естетиката и планското размислу­ вање, односно дејствување не ја преми­ нат границата на она што значи подобрување на животната средина, јас секогаш ќе ги поддржувам ваквите проекти кои нудат придонес за нас и нашите деца.

Славчо Секоја про­ мена која носи нов имиџ и по­ добрување на користењето на објектите како што е овој нов плоштад е по­ зитивна работа и ја поддржувам.

Сандра Јас сум Сандра и израснав во ова маало. Ми се допаѓа целава оваа идеја за реконструкција на платото кај Млечен, ми се допаѓа идејата дека ќе се обнови нешто и сето тоа е прекрасно. Овде не треба нешто премногу да се менува затоа што на жителите им се допаѓа местото како такво какво што е, но обновата секако добро би му дошла. Особено ми се допаѓа идејата да се сменат клупите, да се засади повеќе зеленило.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

21


УРБАНИСТИЧКИ ВИЗИИ Средба со Пол Норитака Танге, синот на урбанистичкиот визионер за Скопје

„ДОЈДОВ ДОМА“

Дел од урбанистичкиот тим на Општина Карпош со Пол Норитака Танге

Во случајот на цунамито минатата година во Јапонија, ние креиравме решение кое е всушност слично на планот за Скопје, како гратскиот ѕид, републичкиот плоштадот... Мојот татко се обиде да го имплементира сето тоа, не само структуралното за градот , туку да создаде заедничкиот простор каде луѓето ќе бидат заедно. Тоа е многу важно ­Дојдов дома, беше првата реченица со која се обрати светски реномираниот архитект Пол Нори­

така Танге, синот на урбанистичкиот визионер на модерно Скопје. Сто години од раѓањето на идеј­ ниот архитектонски „татко“ на обнове­ ниот град по катастрофалниот земјо­ трес и 50 години по земјотресот, беа повод Американ колеџ да го донесе овој светски реномиран архитект на мулти­ медијалниот настан „Кензо Танге и Скопје“. Општина Карпош, една од најурба­ ните општини, со градот ја врзува заед­ ничка приказна. Земјотресот во 1963 година и заедничката метаморфоза и подемот потоа. Карпош во најголема мера е изграден по овој тргичен настан во кој над 20.000 семејства останаа без домови, а најголемите и материјални штети и човечки губитоци се случија Од конференцијата за печат на Пол Норитака Танге во „Александар Палас“ токму во овој дел од Скопје.

22

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Големиот светски архитект, „метаболист“, Кензо констуриравме после земјотресот на тој дел од Танге успеа да го „спаси“ духот на Скопје, и да му Јапонија. И сега, денеска ние сме вклучени во всади визија и иднина преку еден грандиозен реконструкцијата на еден град кој е најуништен во проект кој делумно е имплементиран, но делумно тој дел од Јапонија. Многу е тешко за еден архитект не е. Реконструкцијатата на настраданото Скопје да има визија за нешто толку страшно и многу е беше првиот меѓународен проект на Кензо Танге, важно да се комуницира со жителите од таа област кој го доби на меѓународен конкурс распишан од што е тоа што им е потребно, неопходно. ­ Сепак, Скопје, вели Норитака Танге, има зна­ Обединетите нации. Претходно негов голем предизвик беше мировниот меморијален парк во чајно место во нашата фамилија. Тако ми имаше Хирошима, градскиот план на Токио... Сепак Скопје визија за него, со која сакаше на градот да му даде е една друга, емотивна приказна и за него, но и за континуитет. Да ја задржи традицијата, но да ги спои потребите на сегашноста, на културата, те­ сите нас. Она што е посебен момент во архитектонското хнологијата, но и на иднината. Ниту еден архитект искуство на Пол Норитака Танге е што како и татко не треба да биде егоцентричен, егоистичен и да ја му, тој учествува во вдахнувањето на живот во мно­ наметнува само својата желба и визија, туку градби­ гу настрадани градови. „Tange Association“ беше те треба да им служат првенствено на граѓаните, на вклучена во многу големи градби, почнувајќи од тие што живеат во градот. Она што се обиде да Хирошима, каде што беше фрлена атомска бомба и направи татко ми, вели помладиот Танге, е да се на­ градот беше уништен, потоа реконструкци­ јата на Скопје, а пред Кензо Танге, не е тука, тој не е околу 15 години, кога со нас, но неговата визија е земјотрес го погоди западниот дел на Јапо­ тука. Вие можете да размислите нија, вели Пол Нори­ како можете да ја заживеете така Танге, ние ја на­ визијата на Кензо Танге повторправивме првата згра­ да која сочинуваше но во овој град, а ние ќе ви биканцеларии на Свет­ деме во секое време на распоската Здравствена Ор­ ганизација. Тоа беше лагање првата зграда која ја Пол Норитака Танге синот на Кензо Танге

Кензо Танге - урбанистичкиот визионер на обновеното Скопје

прави градската порта, од зданија кои ќе бидат ад­ министративни, бизнис центри, но и станбен дел, да се направи новиот Транспортен центар, кој ќе биде значаен комуникациски јазол, на железнички, атомобилски сообраќај. Тој даде и идејно решение за плоштадот. Тоа требаше да биде место каде луѓе­ то ќе се собираат, ќе разменуваат мислења. Дел од неговите планови се повеќе или помалку имплемен­ тирани, но некои не се. Се разбира, истакнува Пол Норитака Танге, оттогаш до денес измина 50 години и многу нешта се сменија, се сменија потребите на граѓаните на Скопје. Во секој случај тие се тие кои одлучуваат и решаваат за својот град, а не архитек­ тите. Тие треба само да ги имплементираат нивните потреби, граѓаните да се среќни што живеат тука. Кензо Танге, не е тука, тој не е со нас, беше по­ следната порака на неговиот син кој за прв пат стапна во “градот на татко му“, но неговата визија е тука. Вие можете да размислите како можете да ја заживеете визијата на Кензо Танге повторно во овој град, а ние ќе ви бидеме во секое време на распола­ гање. В. Цветковска

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

23


КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ „Скопје Ремикс“ - филм на месецот

УРБАНА БАЈКА ЗА ГРАДОТ НА ЉУБОВТА „Скопје Ремикс“музичко-филмски омнибус во продукција на Ново македонско видео Филмот за неуништливиот дух на градот кој го сакаме и со кој се гордееме, за локалните суперхерои е првиот музичко-филмски омнибус во македонската кинематографија од 9 филмови на 10 македонски режисери „Скопје Ремикс“ уметнички мозаик во кои беа вклучени 150 домашни уметници од сите профили – музичари, сликари, скулптори, модни дизајнери ОД ПОЧЕТОК –КОЈА БЕШЕ ИДЕЈАТА Идеен творец на омнибусот „Скопје ремикс“ е продуцентот кој воедно е и режисер на една од при­ казните, Борјан Зафировски, кој успеа да мобилизи­

24

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ра до себе уште деветмина негови колеги и успеаја да снимат 9 кусометражни филмови, посвети на Скопје. „Идејата беше да направиме пакет од современа­ та македонска уметност што би бил одраз на време­ то во кое живееме. Проект кој наместо во минатото, повеќе е насочен во сегашноста и гледа кон иднина­ та. Наместо за морал и етика, омнибус, кој повеќе говори за естетика на она што ние го градиме во нас. Скопјани се свесни дека градот никогаш не бил познат по својата архитектура, туку, по својот уни­ катен и позитивен дух. За нас, не е толку битно што се гради на плоштадот, колку што е битно што се гради во нашите души. Ако во нашите души се гра­


ди малодушност и простотилак, џабе ни е и ке­ опосовата пирамида. Но, доколку во нас има до­ блест и фантазија за нови песни, филмови, слики и свежа уметност тие можат да бидат многу позначај­ ни и повисоки од сите кули на Бабилон заедно, објаснува Зафировски. КОЈ Е МОМЕНТОТ КОЈ ОБЕДИНУВА? За разлика од голем број македонски филмови, сакавме да создадеме омнибус филм во кој секоја од поединечните приказни ќе има среќен крај. Тоа беше главната насока по која режисерите се движеа, сепак оставајќи им ја слободата да го изразат својот став и емоции за градот Скопје. Се работи за една енергетска уедначеност која е пристуна во секој од филмовите. Другиот аспект кој неизбежно ги обе­ динува овие приказни е музиката. Со задоволство можеме да кажеме дека на Скопје Ремикс соработу­ ваше буквално најдоброто од макeдонската неза­ висна музичка сцена. Креиран е современ саундтрак на градот, со намера да се даде поинаква слика за

кој е можеби на маргините, но живее реално и со полн здив. КАРПОШ ВО ПРИКАЗНАТА На крајот од денот не постои едно Скопје, туку овој град е диферентен во очите на секој жител, кој има своја патека во снегот и своја скопска судбина, за некого лоша, за некого добра.

Но кој е мотивот за нас? Па Карпош. И тој е дел од урбаната приказна.Карпошани сами за себе сака­ ат да си кажат дека тоа е најурбаната општина во Скопје. Во „Скопје Ремикс“ Карпош,односно Пар­ тизанска, ја газеа градските моторџии, а пред „ Бо­ рис“ се случи и средбата на „доброто и злото“ . ДАЛИ Е СКОПЈЕ ИСТО ПОСЛЕ СКОПЈЕ РЕМИКС?

културните и музички токови, од оние кои навидум владеат од светлечките реклами и билбордите. Со овој филм се докажува дека постои цел еден свет

Несомнено Скопје не е исто после Скопје Ре­ микс, за оние кои го гледаа филмот. Полнењето на киното Милениум 20 дена, за почеток е доказ за тоа де­ка граѓаните се враќаат во киносалите. Скопје ста­нува едно поубаво место за живеење. Правењето на овој филм е неопходна пресвртни­ ца во македонската и балканската кинематографија, бидејќи самата идеја за омнибусот Скопје Ремикс беше токму излегување од востановените филмски стеги на депресивни, историско-критизерски или тривијални теми.Време е за одење напред! Ова е ме­ сто каде што живеат големи мислители и уметници за кои дојде времето кога ќе изградат пред сè нова мисла и подобра иднина. Скопје Ремикс за нас не е само филм за Скопје. Тоа пред се е почеток на едно движење на помладите генерации, со цел издигну­ вање на естетските, моралните и критериуми. Ние се бориме за создавање на поквалитетна уметност со надеж дека таа во некој момент ќе го надвладее, неутрализира или ќе го превземе внимание­ то со својот квалитет. Александра Дудиќ, Апсолвент на Високата школа за новинарство и за односи со јавност.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

25


Карпош Комуницира

Изработил: Ива Манова

26

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ИНТЕРНЕТ


ДЕБАТА

“ДРЖАВНАТА МАТУРА - МЕРИЛО ЗА УСПЕХОТ?!“ Младите поделени околу значењето на државната матура Дали државната матура со сите свои делови, средношколците ја гледаат како мерило за нивниот четиригодишен успех или како дополнителен стрес и оптоварување? Овие се само дел од ставовите кои беа презентирани на јавната дебата, организирана од Младински образовен форум (МОФ), која се одржа во Кинотека на Македонија. Дебата на тема „Државната матура е соодветно мерило за успехот на средношколците“ е дел од проектот „Фестивал на јавни дебати“ поддржан од Општина Карпош. На дебатата учество земаа повеќе средношколци од МОФ, а своето мислење го искажа и Ана Поп Ризова, психолог при средното училиште „Орце Николов“. „Матурата е наша реалност. Матурски испит прет­ ставува крајна фаза на реформирање на средното образование и е мерка за успехот на учениците и за оценување на професорите и образовниот процес во целост“ – изјави Ана Поп Ризова. „Стресот е пре­ дизвик со кој на крај, себеси како личности, си ја покажувате својата зрелост. Колку повеќе работите на вас, со вашите професори и ментори, толку по­

добри резултати ќе постигнете“ – им порача Ана Поп Ризова на матурантите. Во време од час и половина младите ги пренесоа своите размислувања „за“ и „против“ државната матура како мерило за успехот на средношколците. Тимот кој го бранеше постоењето на државната мату­ ра, го дефинираше испитувањето како единствен целокупен систем за одредување на стекнатото че­ тиригодишно образование на секоја индивидуа, неговата писменост, способности и основни позна­ вања. Другиот тим, пак, ги претстави своите видува­ ња за матурата како недоволно развиен и недоволно опширен концепт за оценување. Тие го претставија и проблемот за недоволна контрола на одредени аспекти од полагањето, факт кој тие сметаат дека го деградира процесот во целост. Дискусија од ваков тип е многу потребна за за­ познавање со ставовите и искуствата на самите средно­ школци како директно засегнати од матурата. Дијалогот треба да се поттикнува на повеќе ни­ воа, како меѓу самите средношколци, така и меѓу нив и образовните институции. Јавната дебата е втора од циклусот на јавни дебати организирани од Младински образовен форум и е дел од проектот „Фестивал на јавни дебати“, кој е поддржан од Секторот за локален економски развој при Општина Карпош.Овој циклус дебати има цел поттикнување на дискусија меѓу младите и ло­ калната самоуправа, како и поголемо вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки. Бранкица Георгиевска, Младински образовен форум

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

27


СПОРТ Блексава организација на „Опен Карпош“

ПОБЕДНИК БУГАРИНОТ ГЕОРГИЕВ

Турнирот преку интернет-страницата на Општина Карпош дневно го следеа по 10.000 љубители на шахот, или според аналогна процена го видоа над 100.000 шахисти низ светот Бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев е годи­ нешен победник на меѓународниот турнир во шах „Опен Карпош 2012“ кој втора година по ред го организираат Општина Карпош и шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“. Во конкуренција од 147 ша­ хисти, велемајстори, интернационални и ФИДЕ­ мајстори, во девет кола, во периодот од 7 до 14 април, тој успеа да освои 7.5 поени и со тоа да ја по­ несе победничката титула и првата награда на овој исклучително квалитетен турнир, еден од десетте најдобри во Европа. Второто место му припадна на Унгарецот Ференц Беркеш со освоени 7.0 поени, а третото на Бугаринот Борис Чаталбашев исто така со освоени 7.0 поени. На свечената церемонија на затворање на тур­ нирот наградите ги врачи градоначалникот на Оп­ штина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во таа при­ года рече: „Мене како градоначалник на Карпош и организатор на овој голем меѓународен шаховски турнир, ми претставуваше особена чест и задовол­ ство, што во изминатите осум дена пречекавме над 140 врвни шахисти од 18 шаховски федерации низ светот. Ние, како најспортска општина, заедно со клубот, Гамбит Асеко СЕЕ навистина се потрудив­

28

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ме да направиме се за афирмацијата на овој турнир и на шахот воопшто. Мислам дека шахистите, кои се многу инвентивни и скромни луѓе, ја немаат вистин­ ската сатисфакција во општеството и ова е еден од начините таа да им се овозможи“. Тој вети дека наредната година турнирот ќе би­ де уште поквалитетен и побогат и со учесници и со награди, и ги повика годинешните учесници повтор­ но да дојдат во Карпош. Благодарност пред публи­ ката, учесниците и пред градоначалникот искажа и победникот на турнирот Кирил Георгиев, кој рече дека ова бил еден од најдобро организираните тур­ нири на кој учествувал, со вистински квалитетни играчи, кој минал во извонредна спортска атмосфе­ ра без каков било инцидент и со фер судење. Инаку на турнирот, од наградниот фонд од 17.500 евра беа доделени 17 официјални и 14 специјални награди. Турнирот според податоците преку интер­ нет­страницата на Општина Карпош го следеа по 10.000 љубители на шахот на ден, или според аналогна процена над 100.000 шахисти низ светот. Е.К. - И.М


ЛИГА ВО ШАХ ЗА ОСНОВЦИ На почетокот на минатиот месец, во ООУ „Јан Амос Коменски“ започнаа шаховските лиги на основните училишта на територијата на Општина Карпош. Во јуниорската и кадетската шаховска ли­ га ќе се одиграат девет кола меѓу талентирани уче­ ници, вљубеници во шахот. Во нив ќе учествуваат вкупно 90 деца од општинските основни училишта. Учесниците на шаховската лига, од секое учи­ лиште, претставуваат репрезентација на истото, а во секое училиште ќе бидат распоредени во две еки­

пи од по пет членови. Едната екипа ќе биде од прво до четврто одделение, и другата од петто до деветто одделение. Лигите во шах ќе траат до крајот на учебната 2012 година, по што ќе бидат прогласени најдобрите млади шахисти во Карпош. Сите натпревари ќе се одвиваат под надзор на интернационални мајстори Марјан Митков и Орце Данчевски,од шаховскиот клуб „Гамбит АСЕКО СЕЕ“. М.Р.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

29


СПОРТ Млади таленти: Христо Плашески

ФЕДЕРЕР ОД ВЛАЕ Со неполни 12 години, Плашески веќе има освоено 22 медали и пехари, актуелен шампион е на Македонија, а тениските стручњаци му предвидуваат блескава кариера Во ниедно време, во спортските балони и на те­ ниските игралишта низ градов, десетици млади момчиња и девојчиња вредно тренираат тенис, со­ нувајќи го сонот дека ќе стасаат таму каде што се сега Ѓоковиќ, Надал или Возњацки и Шарапова. По тој пат, со тој сон, и Христо Плашески, шесто­ одделенец од ОУ „Димо Хаџи Димов“, катадневно, од училиште брза на тренинзи, од сега свесен дека само така може да оди кон остварување на својот сон. Заради начинот на кој игра, веќе го нарекуваат Федерер, кој инаку е негов тениски идол. Минатиот викенд, меѓу два тренинга, од кој едни­ от е задолжителен, во домот на семејството Плашески во населбата Влае, разговаравме со младиот шампион. Со помош на мајка му Тања и дедо му Вецко, заклу­ чуваме дека со „белиот спорт“, оној на снег се сретнал на тригодишна возраст, но дека со тенисот постоја­ но се дружи од својата петта година. – Ние навистина не сме имале никакво влијание на неговиот избор, но откако сфативме дека тени­ сот целосно го окупира, му даваме целосна поддрш­ ка – вели госпоѓа Тања.

JM COLLECTION -10 % на женски чевли

Локација Порта Влае Бул.Партизански Одреди бр, 149 лок.17 Tел:02/2046-156

– Кога на седумгодишна возраст почна да ги по­ бедува не само своите врсници туку и повозрасни­ те од него тенисерчиња, заклучивме дека треба да му овозможиме услови за напредување во овој на­ порен и скап спорт – додава дедо Вецко, инаку по­ знат скопски џентлмен и боем. – Јас, тенисот го засакав, особено, по натпрева­ рот на Предраг Русевски со Доменик Хорвати, овде во Скопје, кога татко ми Петар ме одведе на тој на­ тпревар и од тогаш до денес, секојдневно тренирам. Навистина, би сакал тенисот да го играм како Роџер Федерер, вели Христо Плашески. – Досега имам освоено 22 трофеја, а минатата година, на турнирот во Прилеп, станав шампион на Македонија за тенисери на моја возраст. Сега за се­ га, најголем противник ми е Славче Темелковски. По фотографирање со освоените трофеи, Христо со дедо му брза на тренинг, бидејќи сака добро да се подготви за претстојните меѓународни турнири. Пред првомајските празници патуваат за Плевен (Бугарија), а потоа, како актуелен шампион на Ма­ кедонија за пионери, оди на турнири во Прокупље и Чачак (Србија), а во јуни на престижниот турнир во Софија (Бугарија). М. Раденковиќ

30

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


Карпош домаќин на државното првенство во џудо за пионери

МЛАДИТЕ ЏУДИСТИ ГО „СОБОРИЈА“ КАРПОШ Во прекрасна борбена и натпреварувачка атмо­ сфера, најмладите џудисти во државата во измина­ тиот викенд буквално го „соборија“ Карпош.Пре­ красна глетка уште поубав спортски дух покажаа пионерите од десеттина џудо клубови од цела Ма­ кедонија. Државното првенство го организираше Џудо федерацијата на Македонија, а техничка организа­ ција беше на Џудо клубот „ИПОН“ од Скопје кој работи во рамки во Општина Карпош,во спортска­ та сала на основното училиште „Братство“. На овој значаен спортски настан учествуваа 96 пионери­џудисти од цела Македонија, од кои 26 беа пионерки­џудистики а останатите момчиња.Држа­

Пионери Кат.

I место

31 Кгр.

АНДРЕЈ ПЕТРОВСКИ ­ ЏК МИОКИ

34 Кгр.

ХАМЗА ЈАШАРИ ­ ЏК ИПОН

38 Кгр.

ДАВИД НИК ОЛОСКИ ­ ЏК ПРОЛЕТЕР

42 Кгр.

ЕЛМЕДИН СЕЈФУЛАУ ­ ЏК ИПОН

46 Кгр.

БОРЧЕ АНГЕЛОВ ­ ЏК ПРОЛЕТЕР

50 Кгр.

АЛИ ИСМАИЛИ ­ ЏК ИПОН

55 Кгр.

МАРКО ПАНОСКИ ­ ЏК ПРОЛЕТЕР

60 Кгр.

ДАВИД СИНАДИНОСКИ ­ ЏК СЕИШИН

66 Кгр.

ВИКТОР ТРАЈКОСКИ ­ ЏК ПРОЛЕТЕР

+66 Кгр.

САДИК КАСАМОВСКИ ­ ЏК ИПОН Пионерки

Кат.

I место

32 Кгр.

АРБРЕША РЕЏЕПИ ­ ЏК ИПОН

36 Кгр.

МИХАЕЛА ПЕШТАЛЕСКА ­ ЏК ПРОЛЕТЕР

40 Кгр.

ХРИСТИНА ДЕСКОВА ­ ЏК МИОКИ

44 Кгр.

БЛЕРИНА СЕФЕРИ ­ ЏК ИПОН

48 Кгр.

БЕРНА ШЕРИФОВСКА ­ ЏК МИОКИ

52 Кгр.

НАТАЛИЈА РИЗОВА ­ ЏК КОЖУВЧАНКА

57 Кгр. 63 Кгр. + 63 Кгр.

вното првенство во џудо го отвори градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, која ис­ такна дека оваа општина е сестран поддржувач на спортот, межу кои е ни џудото. Тој пред спортските работници од Џудо Федерацијата и пред младите

АЛЕКСАНДРА НАЈДОСКА ­ ЏК СЕИШИН

џудисти вети дека до година ќе почне со озградба на спортска сала исклучиво наменета за боречки вештини: за џудо, карате, борење и бокс, со базен и теретана. Притоа тој искажа задоволство пто една третина од натпреварувачите во државното првен­ ство во џудо се токму пионери од Карпош, односно од џудо клубот „Ипон“. Градоначалникот на Карпош за идната година вети дека исто така, доколку повторно џудистите догодина дојдат во карпош ќе влезат во целосно ново училиште „Братство“. (В.Ц.)

Вкупен пласман на Државното првенство за пионери/ки 2012 година Бр.

Џудо клуб

I места

II места

III места

Вкупно бодови

X4

X2

X1

1.

ЏК “ИПОН” – СКОПЈЕ

24

14

5

43

2.

ЏК “ПРОЛЕТЕР” – ПРИЛЕП

20

2

3

25

3.

ЏК “СЕИШИН” – ПРИЛЕП

8

2

4

14

4.

ЏК “МИОКИ” – СКОПЈЕ

8

2

1

11

5.

ЏК “СЕНСЕИ” ­ РАДОВИШ

/

4

5

9

6.

ЏК “КОЖУВЧАНКА” КАВАДАРЦИ

4

2

2

8

7.

ЏК “ПЕЛИСТЕР” – БИТОЛА

/

2

1

3

8.

ЏК “ВАРДАР” – СКОПЈЕ

/

/

3

3

9.

ЏК “ПРЕСПА” – РЕСЕН

/

2

/

2

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

31


СПОРТ Разговор со Златко Мицевски освојувач на златниот медал во атлетика на специјалните олимписки игри во Атина

„ЗЛАТНОТО МОМЧЕ“ ОД БАРДОВЦИ Бевме земја со најмалку учесници и најмногу освоени медали во регионот

Златко Мицевски е 25­годишно момче од Бар­ довци, еден од нашите сограѓани од Карпош кој во целосен сјај ни го осветли образот како спортска општина. Освојувач е на три златни медали на Спе­ цијалната олимпијада во Атина, во пинг­понг, пли­ вање и атлетика и докажан борец и спортист. За тоа што значи да се учествува на еден ваков импозантен спортски настан на кој беа присутни над 7.000 спортисти, 2.500 тренери, 25.000 волонтери и 3.000 судии и технички службеници, ни раскажаа тој и неговата мајка и тренер Менка Мицковска, кои беа дел од 19­члената македонска олимписка репрезен­ тација во Атина. – За мене оваа летна олимпијада беше единстве­ но искуство, вели Златко, и прекрасен спортски пре­ дизвик. Се подготвував долго и упорно, и зиме и лете, и навистина ништо не можеше да ме спречи. Најголема поткрепа во упорноста на патот до успехот на Златко е неговата мајка Менка Мицевска, која, пак, ја истакна соработката што ја имале со ин­ ституциите, Специјалната олимпијада Македонија и Фамилијарниот форум во рамките на СОМ чиј акти­ вен член е подолго време. Целата олимписка приказна за Златко и него­ виот тренер Менка почнала со повеќето постигну­ вања на домашната и на регионалната спортска сцена, како што е освојувањето на бронзен медал во екипен натпревар во кошарка, на националните Олимписки игри во Струга во 2004 година. Златко се закити со сребрен медал и на екипното натпре­ варување во кошарка во јуни 2007 година, кој се одржа во Пирот, соседна Србија. Тој е носител и на

32

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Заслужниот медал по повод „Десет дена Крушевска република“, кој му го додели организаторот на оваа манифестација. – Сепак Олимпијадата во Атина беше нешто посебно, вели Златко. Уште на почетокот бевме фасцинирани од големината и значењето на оваа манифестација кога се најдовме на Мермерниот ста­ дион во Атина каде што продефилираа 170 илјади учесници од 180 земји во светот. Основачи на Спе­ цијалната олимпијада, Светски летни игри се про­ должение на едно движење кое го почна семејството Кенеди, односно Јунис Кенеди Шрајвер во 1968 го­ дина година, со цел да се создаде свет во кој не до­ минираат оние што се игнорираат, туку оние што се вклучени, оној свет на „фер­плеј“ односи. – Ние, вели Златко, бевме држава со најмалку учесници, а со најмногу освоени медали во регио­ нот. Јас освоив златен медал во атлетика, што за ме­ не е најголем спортски успех досега. Но, нашата па­ раолимписка екипа се закити и со златен и бронзен медал во пинг­понг, златен и бронзен медал во пли­ вање, 25 метри слободен стил. Ваквиот извонреден успех на Специјалната олимпијада, за Златко е само поттик кон нови успе­ си. Тој веќе тренира за неделата на фудбалот која ќе се одржи во мај на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје. Онаа најсилна ѕвезда­водилка за овој наш „златен“ карпошовец, во моментот се прет­ стојните Зимски олимписки игри кои ќе се одржат по две години во Лос Анџелес. В. Цветковска


ЛИГА ОДБОЈКА-ДЕВОЈКИ 2011/2012

Спортски училишни игри 2011/2012 Екипа

Победи

Порази

Сет количник

Бодови

1 2 3 4 5

Владо Тасевски Петар Поп Арсов Лазо Трповски Димо Хаџи Димов Христијан Тодоровски Kарпош

16 16 16 16 15

14 11 11 8 7

1 3 3 3 6

29:2 22:7 23:9 20:10 15:13

28 22 22 20 14

6 7

Војдан Черднодрински Братство

15 16

5 3

9 11

10:20 8:23

10 6

8 9

Аврам Писевски Јан Амос Коменски

16 16

1 0

13 14

6:26 1:27

2 0

Екипа

ЛИГА КОШАРКА 2011/2012

Коло

Коло

Победи

Порази

Кош количник Бодови

1 2 3 4 5 6 7

Владо Тасевски Петар Поп Арсов Војдан Черднодрински Димо Хаџи Димов Јан Амос Коменски Вера Циривири Трена Лазо Трповски

16 16 17 17 17 17 17

14 13 10 9 7 6 5

0 1 6 6 8 9 10

490:313 508:313 440:348 456:329 286:359 378:372 294:378

28 27 26 24 22 21 20

8 9

Христијан Тодоровски Kарпош Братство

17 17

3 0

12 15

311:441 213:546

18 15

ЛИГА ФУДБАЛ 2011/2012 Училиште 1

Војдан Чернодрински 2 Димо Х. Димов 3 Лазо Трповски 4 Аврам Писевски 5 Братство 6 Вера Ц. Трена 7 Јан А. Коменски 8 Петар Поп Арсов 9 Владо Тасевски 10 Хриситијан Т. Карпош 11 Нова

одиграни Победи Порази натпревари

нерешено

дадени голови

примени бодови голови

15

12

0

3

46

5

39

15 15 16 16 16 16 16 15

12 11 11 9 8 5 4 3

3 2 4 5 6 9 10 10

0 2 1 2 2 1 2 2

43 39 35 25 25 41 27 19

9 14 14 12 19 51 47 34

36 35 34 29 26 16 14 10

15

2

12

1

20

39

7

10

0

10

0

3

40

0

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

33


МЕЃУВРЕМЕ „Нема и не може да има праведно богатство“. Чехов „Ако при секоја пријателска услуга веднаш мислиш на благодарност, тогаш не си подарил туку си продал“. Достоевски „Колкава тишина би настанала кога луѓето би го зборувале само она што го знаат“. Чапек Зад грб Некое 85-годишно старче му се фали на доктор дека неговата млада жена е бремена. - Ти верувам, му возвраќа докторот, но да ти раскажам една приказна: - Одел ловџија низ шума и налетал на мечка и кога се фатил за пушка видел дека по грешка понел чадор. Сепак го вперил чадорот во мечката и на негово големо изненадување чадорот опалил и мечката паднала мртва. - Тоа не е можно. Сигурно некој опалил зад неговиот грб. - Токму така деденце, токму така...

34

Масарик Чехословачкиот политичар, д-р Јарослав Старнски бил на гости кај тогашниот претседател Масарик и кога останале без тема за разговор, гостинот се обидел со нова тема. „Претседателе, колку се убави и стари овие дабови. Кога би знаеле да зборуваат, што се би ни изнаприкажале“. Масарик му возвратил: „Би ни кажале: Ние не сме дабови туку костени, господин доктор“. Аристотел и ќотек Еден познајник на Аристотел му раскажувал како познава многу луѓе што за него зборуваат неубави работи. Аристотел му возвратил велејќи: „Ако ме кодошат кога не сум присутен ич не ме боли. Кога не сум присутен можат и да ме натепаат“.

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 15 • АПРИЛ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ


„ВЛАЈКО КУП“ ВО ЗАВРШНИЦА На 6 мај завршува, вториот по ред, „Влајко куп“, чиј покровител е Општина Кар­ пош. Овој турнир во мал фудбал започна на 19 април во СРЦ „Влае“, и полека станува традиционален и сè популарен меѓу младите. За годинешниот турнир се пријавија 32 екипи, односно 320 фудбалери од цела Македонија, и тоа од: Скопје, Битола, Охрид, Свети Николе и други градови. Играчите се распределени во осум екипи кои се борат за вредни награди. Турнирот го отвори градоначалникот на Карпош, Стевчо Јаки­ мовски, а во недела на 6 мај ќе се изберат победниците; прво, второ и трето место, како и најдобар играч на турнирот, најдобар стрелец и најдобар голман.


Првоаприлски маскенбал на учениците од ООУ„Христијан Тодоровски Карпош”


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.