Karpos Urban 10

Page 1

Информатор на Општина Карпош, јули-август 2011 година / број 10 / година 2

О.у. „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ” ВО НОВО РУВО ИНТЕРВЈУ: проф. д-р Атанаско Тунески

планинарски подвиг: двајца карпошовци на врвот на европа

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

1


Реконструкции

Реконструкции

Предадено во употреба реконструираното училиште „Димо Хаџи Димов“ Со пригодна програма, детски џагор и песни, во населбата Влае, пред повеќе од петстотини гости, свечено беше предадено во употреба основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Локалната власт во Карпош, во изминатите две години многу вложуваше во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот на своите граѓани. Илјадници метри и километри асфалтирани патишта, изградба на фекални и на

нета е севкупната инсталација, фасадата и хортикултурното уредување на дворот. В година, во ова училиште ќе биде изградена и нова зграда за дневен престој и ќе се реконструира фискултурната сала. Локалната власт во Карпош опстојува на своето ветување, до завршувањето на овој манадат да нема ниту една септичка јама, ниту една неасфалтирана улица, а децата да ни учат во училишта по европски терк, истакна во своето обраќање градоначалникот Јакимовски. Со посебен пиетет Јакимовски им се заблагодари на сите работници и мајстори, како и на наставничкиот кадар на ова училиште кои несебично се вложија во изминатите 40 дена и по исклучително жешко време работеа сè со цел реконструкцијата да стаса навреме за почетокот на учебната година. „Симболично, рече притоа тој, ова училиште е градено солидарно од работници од Словенија во 1964 година со средства од солидарните фондови на СФРЈ, а денес, солидарно, Македонци, Албанци, Роми, Срби и Македонци муслимани, повторно вложија огромен труд за да го изградат одново овој втор дом на учениците од населбата Влае“. Благодарност до градоначалникот за новото училиште искажаа директорката Зорка Ристова и ученичката Јована Ацевска. Во таа пригода директорката на „Димо Хаџи Димов“ му ги врачи и првите оценки на градоначалникот Јакимовски кој исто така пред 44 години бил ученик на ова училиште. Свеченоста беше збогатена со пригодна приредба подготвена од учениците од сите десет основни училишта од Карпош. На крајот од програмата присутните направија прошетка низ новото училиште, а најмладите ги забавуваа македонските идоли Јана и Мики.

атмосферски канализации, паркиралишта, тротоари. Но, инвестираше и во својата иднина, а нашата иднина се нашите деца. ‚„Димо Хаџи Димов‘ е училиште кое датира од далечната 1964 година и првпат по речиси пет децении решивме од корен да го реконструираме“, рече градоначалникот Стевчо Јакимовски, отворајќи ја ова пригодна свеченост. Во целосната реконструкција на училиштето се инвестирани 600.000 евра и притоа се сменети сите прозорци, врати, подови, плафони, сменет е и покривот на училиштето, изградени се нови и реконструирани се старите тоалети, сме-

2

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

Благодарам за иднината, благодарам за спомените

„да напишеш учебник е исто како да си Внаквоелат изградил црква, а да изградиш училиште е една изградбата на манастир“. Ние, дузина поранешни ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ и татковци на веќе завршени ученици од ова училиште, присуствувавме на пуштањето во употреба на реконструираната училишна зграда на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае во Општина Карпош. Беше задоволство да се присуствува на овој свечен чин. Но, ова чувство на задоволство беше посебно, несекојдневно. Чувство, за кое тешко се наоѓаат зборови со кои може да се опише. Среќа, радост, гордост... веројатно се зборовите со кои најблиску може да се опише она што поминуваше во нашите мисли во тие моменти додека градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, се обраќаше на големиот број присутни граѓани. Тој зборуваше за изминатите, повеќе од 45 години во кои основното училиште, прво како „Јосип Броз Тито“, а сега како „Димо Хаџи Димов“, ја реализираше и ја реализира својата просветителска мисија за потребите на граѓаните на населбата Влае. Во еден дел од својот говор градоначалникот сосема искрено, со голема љубов, почит и задоволство проговори за своето лично искуство како ученик во ова училиште, за искуството како родител на ученици кои учеле во него и за она што претставува и што се очекува од ОУ „Димо Хаџи Димов“ денес. Да, градоначалникот всушност ги имаше истите родителски чувства кои и ние присутните граѓани, некогашни ученици, а сега родители на ученици кои учат во ОУ „Димо Хаџи Димов“, ги чувствувавме во овие радосни моменти. Влегувањето во новата училишна зграда значеше средба со новоопремени училишни кабинети полни со природна светлина. Но, влегувањето во училиштето значеше и силно навирање на спомените на поминатите осум години во ова училиште. Иако училниците се нови, вратите нови, подовите нови, осветлувањето ново, прозорците нови, санитарните јазли нови, иако сè е

КАРПОШ

УУ РР ББ АА Н Н ББРРООЈЈ 190

ново, сепак, чувството дека најубавите години од детството се тука и дека сè уште живеат во овие ходници и кабинети и училници. Тие извираа од секоја училница во која денес влеговме. Како сето тоа да се случуваше вчера, а не пред повеќе од 40 години. Повторно ја почувствувавме „старата“ топлина на оваа училишна зграда, иако сега во сосема ново и современо издание. Токму за ова зачувување на духот на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, за она што не ни ги урна спомените на прекрасните години од нашето детство поминати во оваа училишна зграда, а сепак создаде модерни, квалитетни и безбедни услови за школување на нашите деца, му изразу-

ваме огромна благодарност на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој своето вродено чувство за носење на вистински одлуки го покажа и на овој пример. Исправен пред можноста да ја урне и од темел да изгради нова училишна зграда се одлучи да изгради ново училиште во кое духот на изминатите генерации на ученици ќе остане да живее во ова училиште. Господине градоначалник Стевчо Јакимовски Ви благодариме! Ефтим Пејовски Од името на група поранешни ученици, а сега родители на ученици кои учат во основното училиште „Димо Хаџи Димов“

јуМлАиЈ -- АЈ ВУ ГН УИС Т2 02101 1 1

О ОП ПШ Ш ТТ И ИН Н АА

КАРПОШ

3


Во овој број Почитувани сограѓани, Информатор на Општина Карпош, јули-август 2011 година / број 10 / година 2

дИМО ХАЏИ ДИМОВ ВО НОВО РУВО

О.У. „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ” ВО НОВО РУВО ИНТЕРВЈУ: проф. д-р АТАНАСКО ТУНЕСКИ

ПЛАНИНАРСКИ ПОДВИГ: ДВАЈЦА КАРПОШОВЦИ НА ВРВОТ НА ЕВРОПА

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ЈУЛИ

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

1-3

РЕКОНСТРУКЦИИ ВО периодОТ ЈУЛИАВГУСТ 2011 година

1

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. Демир Трајко бб 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/3061-353 факс 02/3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

6-9

ОПШТИНА КАРПОШ НАЈДОБРА ВО ЛЕГАЛИЗАЦИЈАTA

11

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: ЈАСМИНКА АРСОВА ЧАШУЛЕ ЛЕКТУРА: АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ, САША РАМАНОВ, ЗЛАТКО ЧЕГАР И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ Редакција: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ 4

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

интервју: мИЛЕ СИРМА, ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ РЕЗБАРИ 26 -27

МЛАДИТЕ КАРПОШОВЦИ НА „ВРВОТ” НА ЕВРОППА 32-33 ју л и

-

АВГУСТ

2011

Зад нас оставаме уште едно топло и работно лето. И покрај високите температури кои не следеа речиси цело лето, се обидовме да не запреме со работното темпо во Општината и да ги завршиме најкрупните инфраструктурни и градежни зафати.Големиот план кој го најавивме уште напролет речиси во целост и го реализиравме. Реконструкциите на основните училишта кои си ги поставивме како приоритет во Програмата за работа, речиси целосно се завршени. Во училиштата досега вложивме околу два милиони евра средства од Буџетот на Општината. Целосно се готови училиштата „Петар Поп Арсов“и „Димо Хаџи Димов“,а во тек е реконструкцијата и на ОУ „Лазо Трповски“.Тука, со гордост можеме да изјавиме дека направивме вистински подвиг со обновата од корен на ОУ „Димо Хаџи Димов“. За точно 40 дена, од темел го реконструиравме и го предадовме во употреба ова основно училиште кое, по точно 47 години за прв пат е целосно обновено, од покрив, до фасада, до последна училница, тоалет севкупната внатрешност и дворот на училиштето кое доби ново хортикултурно заживување. Ова централно училиште во Влае е образовен дом на 1.267 деца и сторивме се тие оваа учебна година да добијат училиште по европски терк. Тоа им го должевме! Паралелно со нив, влеговме во реализација на „редовни„ инфраструктурни проекти, така што во летниот период го изградивме водоводот за Средно Нерези со што го подобри водоснабдувањето на жителите од овој дел на Карпош кои на лето остануваа без вода со месеци. Реконструирани се и улиците Софиска,Бањалучка,Јуриј Гагарин,Џумајска, тротоарите на Будимпештанска . За жителите на Карпош од егзистенционален интерес летово беше стапувањето во сила на Законот за легализација на бесправно изградените објетки. До 3 септември, до кога траеше пријавувањето, примивме околу 9.000 барања за легализација,од наши сограѓани кои имаат за легализација стaнебeни или други објекти, гаражи, шупи, тераси, помошни простории кои ќе треба во наредниот период да се решаваат. Тоа побуди голем интерес кај граѓаните, но и зголемена мобилност на општинската администрација. И како што наликува за најурбаната општина во градот ние подготвени го пречекавме законот со обучен тим на стручњаци во администрацијата со зголемен кадар и обем на работа за прифаќање на барањата на нашите сограѓани. Традиционално, во овој период од годината ги распишавме и конкурсите за стипендирање на талентирани ученици, спортисти и спортски клубови, така што локалната власт и на овој начин со парите на граѓаните на Карпош инвестира во младите и надарени поколенија и ги поттикнува нивните креативни способности. Не ја заборавивме и социјалната грижа на децата, за најмладата популација. Во Урбаната заедница Влае 1 отворивме градинка за децата од Влае, Злокуќани и Бардовци да се подготват за на училиште, а немаат услови да плаќаат дневен престој. За прв пат во општина Карпош е отворена и градинка Монтесори која работи со децата со посебни потреби и со децата воопшто со специјални педагошки и психолошки методи. Карпош чекори напред со времето и науката. Секое лето неодминливо го одбележуваат културните настани. Ова лето ги имавме неколку на број Распишавме конкурси, организиравме изложба на слики во акварел. На истата тема се одржа и меѓународен симпозиум на кој имавме гости од сите страни на светот дури од Индија, Виетнам Романија Шпанија... Сепак „врвот“ на културните настани во овој период на годината е манифестацијата Културно лето „Карпош 2011“. Оваа година четврта по ред оваа манифестација, која веќе стана бренд на Општина Карпош донесе врвни уметнички имиња и врвни културни настани од театарската, ликовната и музичката ументост.Карпош деновиве е културна Мека на главниот град. Со крајот на летото почнаа и есенските подготовки за Општината, а ние се подготвуваме и за достоинствено одбележување на еден за нас значаен јубилеј-35 години од основањето на Општина Карпош. Овој значаен датум ќе го одбележиме со низа активности и манифестации кои ќе го привлечат вниманието на нашите сограѓани.

ОПШТИНА

КАРПОШ

КАРПОШ

Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

5


Реконструкции

Реконструкции

ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИИТЕ СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО И во најтоплите месеци од годината јули и август не престанавме со градба. Напротив, летото е вистинската градежна сезона и во тој период Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи изгради или се во фаза на изградба околу 30-тина помали или поголеми инфраструктурни објекти. Ако се изземат реконструкциите на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо трповски“ како покрупни

инвестиции секако се изградбата на ротондата на улиците Прашка и Варшавска, потоа водоводот за Средно нерези, целосната изградба на улицата Софиска, Миле Поп Јорданов, но и друзина други.Во најава ни се уште десеттина нови објекти, како реконструкциите на улиците Леринска, Багдадска, Никола Парапунов и други. Имаме уште два-три месеци градежна офанзива и тој период максимално ќе го искористиме.

Изградба на улица - крак од улица Нерешка Изведувач: Транс Мет

Реконструкција на тротоари на ул. Стокхолмска и ул. Копенхагенска , УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: Анизор УРБАН

БРОЈ

10

Изведувач: Анизор

Изградба на атмосферска канализација по ул. Стрезово и ул. Илија Плавев, УЗ Кузман Јосифовски Питу Изведувач: Енергомонт

Изградба на топловод на ул. Прашка Изведувач: Аполон Инженеринг

КАРПОШ

Изградба на кружен тек на ул. Варшавска и Париска

Реконструкција на тротоари на ул. Миле Поп Јорданов, УЗ Kузман Јосифовски Питу Изведувач: Анизор

Водоводна мрежа по ул. Козле 1, втора фаза до хидрантска мрежа, УЗ Нерези Изведувач: Транс Мет

6

Изведени објекти во периодот јули - август 2011 година

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

Изработка на фасада на училишна зграда во О.У. „Лазо Трповски Изведувач: СМ Компани КАРПОШ

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

Изградба на заштитна ограда околу објект на ОУ Димо Хаџи Димов Изведувач: Мастеф

Занатски работи во ОУ „Лазо Трповски“ Изведувач: Југотехника

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

7


Реконструкции

Објекти кои ќе се изведуваат во наредниот период

Реконструкција на тротоари на ул. Будимпештанска Изведувач: Сандра Инженеринг

1. Реконструкција - асфалтирање на ул. Његошева Изведувач: Сандра Инженеринг 2. Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов, Карпош 4 Изведувач: Анизор 3. Реконструкција на тротоари на ул. Леринска пред Германска Амбасада Изведувач: ИГМ Вратница 4. Изградба на атмосферска канлизација по ул. Багдадска Изведувач: Метал Електрик 5. Реконструкција асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин Изведувач: Транс Мет 6. Реконструкција асфалтирање на ул. Копенхагенска Изведувач: Транс Мет 7. Реконструкција асфалтирање на ул. Џумајска Изведувач: Транс Мет 8. Реконструкција асфалтирање на Миле Поп Јорданов Изведувач: Кодинг 9. Реконструкција асфалтирање на ул. Стогово Изведувач: Кодинг

Реконструкција - асфалтирање на коловозна конструкција на ул. Бањалучка Изведувач: Сандра инженеринг

Реконструкција на тротоарот на ул. Леринска пред Германска амбасада Изведувач: И.Г.М Вратница

Изградба на фекална канлизација по ул. Стогово и Џумајска Изведувач: Трансмет Реконструкција на тротоари на ул. Јоаким Осоговски, УЗ Тафталиџе 2 Изведувач: Сандра Инженеринг

КОМПЛЕТНО НОВ „ЖДАНЕЦ”

Изградба на фекална канлизација по ул. Стогово Изведувач: Агро селца

Изградба на атмосферска канлизација по ул. Братфордска Изведувач: Енергомонт 8

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

Ова лето Општина Карпош работеше на целосно менување на инфраструктурата во населба Жданец. Комплетно се асфалтирани улиците Нерешка, Теодосиј Синаитски, Жданец, Девол, Просек и Радобил. Кај сите нив се сменети рабниците, целосно реконструирани тротоарите, обновено е уличното осветлување и реконструирани се коловозите. Освен овие основни потфати, на улиците Девол и Радобил изградена е и нова атмосферска канализација. Инаку, асфалтирањата ги вршеше фирмата „Пелагонија инжинеринг„, тротоарите ги изведуваше „Анизор», осветлувањето беше на „Свем инжинеринг» а реконструкцијата на атмосферската канализација ја правеше фирмата „Трансмет». Со овие градежни работи населбата Жданец доби комплетно нова инфраструктура, и сосема нов лик. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

Реконструкција - асфалтирање на ул. Софиска Изведувач: Сандра Инженеринг

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

9


Урбанизам

Урбанизам Ново осветлување на улиците во Карпош

Идејното решение на нашите архитекти Игор Василевски и Ванѓел Караиванов

Општина Карпош ќе реновира уште една зграда

Нова фасада и за втората кула

Во склоп на започнатата ре­ кон­струкција на улиците на те­ риторијата на општина Карпош е планирано и ета­пно се реализира целосно осве­ тлување на истите. До­ сега е реконструирано ули­чнoто осветлување на улиците Софиска и Џумајска, ул. Јуриј Гагарин до ул. Миле Поп Јорданов, потоа улиците Његошева, Јоаким Осоговски, Копенхагенска и во Карпош 4 меѓу зградите. За таа намена, на изведувачите на работата, „Свем инженеринг“ им е платена сумата од 1.393.443 дена­ри и на „Магнус“ 1.616.362 денари. Според утврдената динамика, во септември ново осветлување ќе биде поставено на улиците: Јуриј Гагарин меѓу кулите, Струшка, Стокхолмска, во дворот на ОУ „Лазо Трповски“, Хашка, Стогово, Бриселска и Миле Поп Јорданов. Изведувачи на работата се „Електра“ и „Свем инженеринг“, а за истата ќе бидат издвоени парични средства во износ од 1.794.992 денари.

Сивата кула на булеварот Партизански одреди кај поштата во Карпош 1 ќе добие нова фасада. Општина Карпош наредниот месец ќе почне со градежните работи кои, покрај освежување на надворешниот изглед, предвидуваат и замена на старите прозорци и реконструкција на оградите на балконите. „Оваа зграда ќе добие комплетно нов изглед. Најверојатно ќе се определиме за други тонови на боја, а за првпат откако ја почнавме акцијата за обнова на фасадите, ќе ги реновираме и оградите на балконите. Во моментов се при крај преговорите со станарите, од кои бараме писмена гаранција дека секој од нив ќе ги замени старите прозорци. Оваа мерка ја преземаме оти дел од станарите на зградата спроти ,Симпо‘, која летово ја реновиравме, не сакаа да ги заменат старите прозорци. И сега оваа зграда не го има комплетниот изглед кој се предвидуваше со проектот“, вели Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош. Реновирањето на фасадите ќе го финансира Општината, додека за прозорците секое семејство треба да плати околу 900 евра. Преку невладината организација за заштеда на електрична енергија „Хабитат“, станарите ќе можат да подигнат кредит за оваа намена, без камата и со рок на исплата од три години. Оваа е четврта фасада која Општина Карпош ја реновира. Прво се почна со сината кула во Карпош 2, потоа следеше зградата на Партизанска, кај автобуската станица кај Педагошкиот факултет, а трета беше фасадата на зградата спроти „Симпо“. 10

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

Карпош засилено се урбанизира И во текот на летните месеци јули и август, со несмалено темпо продолжи урбанизацијата на Општина Карпош. Во овој период, на две седници на Советот на Општината беа донесени пет нацртдетални урбанистички планови. За дел од нив поминаа и јавните анкети на кои граѓаните ги истакнаа своите забелешки кои ќе бидат вградени натаму во предлог-деталните урбанистички планови. Така, во текот на јули беше донесен нацрт ДУП-ан за урбан блок Карпош 3, трговско-спортски центар, дел Б. Со него (го опфаќа делот на булеварот Илинден, меѓу булеварот 8 Септември и скејтпаркот) е утврдена намената, согласно со Генералниот урбанистички план на Градот Скопје, во најголем дел да биде изградба на објекти и терени за спорт и рекреација. Во овој период, стручните служби на Општината изработија уште три предлог ДУП-ови, за кои ги добија и позитивните мислења од Министерството за животна средина, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за култура и од Градот Скопје. Трите

Карпош предничи во легализацијата во Скопје Заклучно со последниот рок за пријавување на нелегални градби, согласно Законот за легализација до општина Карпош, односно до Секторот за урбанизам при нашата општина беа поднесени над 9.000 предмети за легализација. Како што се очекуваше, Законот за легализација на бесправно изградените објекти предизвика интересирање и кај граѓаните на Општина Карпоп, и најголем дел од оние кои имаа некоја бесправна градба, било да станува збор за цел објект за индивудаулно домување, односно куќа, дуќан, еркери, балкони, гаражи поднесоа барања до администрацијата за нивна можна легализација. Општина Карпош подготвена го дочека стартот на легализацијата со обучени тимови и веднаш пристапи кон решавање на барањата. Во овој период од распределените над 1.000 предмети. Во целост решени или во процедура за решавање се поивеќе од 400 предмети, што не прави најефикасна општина, од сите градски општини во Скопје. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

плана, заедно со добиените мислења, веќе се испратени на согласност во Министерството за транспорт и врски, по што ќе уследи и нивното усвојување од страна на советниците на Општина Карпош. Станува збор за плановите: населба Козле, УЗ Кузман ЈосифовскиПиту, дел Б, дел од локалитетот Козле, УЗ Кузман ЈосифовскиПиту, блоковите 11, 33, 34 и 35, како и ДУП за населбата Тафталиџе 30, УБ 2, 3 и 4. На крајот на август, на последната седница на Советот се донесени нацрт ДУП-ови за Г.П.9.6, ДУП Тафталиџе 2, северен дел 1, основно училиште „Братство“, потоа ДУП за ГП 1.14, од ДУП за дел од УЗ Тафталиџе 1, Тафталиџе 30 УБ 1, кај гимназијата „Георги Димитров“, како и ДУП-ан за локалитетот Момин Поток. (Б.Б.)

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

11


Културно лето

Културно лето Со маке д чест на онско оро во не з авис но с т а

МАГИЈАТА НА УМЕТНОСТА ВО ТОПЛИТЕ НОЌИ

Хип хоп „најлуд и паркур се а за млад та“ комбинаци ја и т е к ар п ошовц и

Годинешното едномесечно кул­т урно дружење во општина Кар­пош, кое традиционaлно се одржува во втората половина на август и првата половина на септември мина во песни,ора и смеа и во духот на најдобриот светски џез.Врвни домашни и светски уметнички имиња, брендови и „мајстори на својот занает“ секоја летна вечер ја претвораа во магија. – За една ваква богата манифестација Општината го­ди­нава одвои 2,4 милиони денари, бидејќи интенцијата ни е, како што изјави во поздравниот го­вор по повод на годинешното културно дружење градоначалникот Стевчо Ја­ки­мовски, оваа манифестација секоја година сè повеќе да добива во квалитет, А дека успеваме во тоа потврда ни се позитивните критики од културните критичари, но пред сè огромната посетеност на досегашните културни лета која во минатите години се движеше од 10 до 15 илјади посетители. Годинава бевме најјаки.

и“, и ени жен смеа до солз ш р в о С и „ “ л о на к „Од кол

Оскар Салас го донесе најдобриот џез во Македонија 12

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

13


Ликовна уметност

Изложба на фотографии

ИЗЛОЖБА НА ПОБЕДНИЧКИТЕ

ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА МЕЃУНАРОДНИОТ

ФОТОГРАФИИ НА КАРПОШ

АКВАРЕЛЕН СИМПОЗИУМ „КАРПОШ 2011“

Со изложба на околу 30-ина уметнички творби во акварел, на 18 август, на платото во ТЦ „Карпош 3“ официјално заврши годинешниот Меѓународен аква­ релен симпозиум „Карпош 2011“ во организација на Општина Карпош. Овој десетдневен симпозиум, втор по ред, кој минатата година за првпат го востанови Општината Карпош имаше цел да го афирмира акварелот како сликарска техника во Република Македонија и да ги поттикне македонските автори кои не работеа или на кои досега не им беше блиска оваа сликарска техника да почнат да ја практикуваат. На годинешниот симпозиум учествуваа 13 автори и четири гости, реномирани сликари од Македонија и од странство. Од македонските учесници во работата на симпозиумот учествуваа: Трајче Јанчевски, Таки Павловски, Владимир Георгиевски, Илија Кавкалески, Доне Милјановски, Мирослав Масин, Соња Димовска, Бранко Кончалиев и Денис Тенев. Од странските, пак, уметници годинешното присуство го истакна Утпал Баруа, доктор на науки од Индија и професор за

визуелни комуникации во Одделот за дизајн во Гуњахати, добитник на неколку награди од кои најзначајна е златниот медал на Олимписките игри во Пекинг за најуспешно литературно дело. Она што нему му остави посебен впечаток, како што самиот изјави во свеченото обраќање на изложбата, е како една Општина како што е Карпош толку интензивно вложува во културата и уметноста. –Тоа рече, во таа пригода Баруа, на посебна прес конференција во Индија ќе го соопштам и на тамошната јавност. Од странските уметници уче­ ствува и Марија Балеа од Романија, која има дипломирано арт и дизајн, како и двајца шпански уметници, Мануел Боканегра и Камило Хесар, како и ликовната уметничка од Србија, Ана Миленковиќ. Гости на симпозиумот „Карпош 2011“ беа Ангел Коруновски, Никола ИвановБалтон, Илчо Симовски и Нгисен Кан Тоан од Виетнам. Изложбата заврши со доделување дипломи за учество на овој, втор по ред, Меѓународен акварелен симпозиум, а нив, на уметниците, сертификатите им ги врачи гра­ доначалникот на Општина Кар­пош, Стевчо Јакимовски. Инаку, оваа изложбена поставка ќе биде повторно поставена во рамките на одбележувањето на јубилејот 35 години од основањето на Општина Карпош.

В.Ц.

„СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН“ ПО ПЕТ ТИ ПАТ Во септември, „Општина Кар­ пош, по петти пат по ред ќе биде домаќин на меѓународнатa ликов­ на ко­ лонија „Свети Пантелеј­мон-2011“ во Горно Нерези. Станува збор за детска ликовна колонија на која ќе учествуваат уче­ н­ ици од Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Хе­р­це­­ говина и домаќинот-Р­е­пу­ блика Македонија. На неа ќе настапат деца од 11 до 15 години, а годинава се поканети и деца од збра­ тимените градови на општи­ на Карпош, Триадица од Б­угарија, Тиват од Црна Гора, Нови београд од Србија и Стари Град- сараевио и Трав­ ник од БиХкако и ученици од сите десет основни училишта од Карпош.

Со добар џез, со уште подобар блуз и со најдобрите фотографии на тема „2/Два“, на 6 јули летово, беше отворена втората по ред изложба на уметнички фотографии на победниците на конкурсот за фотографија на Општина Карпош. Пред исполнетите холови на новата општинска зграда на Карпош, на избраните бројни посетители со истенчен вкус за добра фотографија, во името на организаторите на конкурсот Општина Карпош и „Архитект.мк“, како и во име на градоначалникот Стевчо Јакимовски, со пригодна реч се обрати секретарот на Општината, Владо Поповски. Тој се заблагодари на големиот одѕив и на интересирањето што го пројавија за годинешниот конкурс „мајсторите“ на уметничката фотографија, што, како што изјави, само ја потвдува нашата определба да опстоиме на патот на развивањето на креативноста кај младите, но и кај постарите уметници од нашата општина и од државата воопшто. Од пристигнатите 30 трудови, стручното жири одбра 30 најдобри, а дипломи и награди за првите три места добија Ана Андоновска за ос-

воено трето место, Мартин Димитриевски беше второ награден, а годинешниот носител на најпрестижното признание – победник на конкурсот за фотографија „2/Два“ и првата награда ја доби Томислав Георгиев од Скопје. Во името на тричленото стручно жири, во состав Роберт Јанкуловски, претседател и Жанета Вангели и Антонио Димитровски, членови, се обрати ликовниот критичар Валентино Димитровски кој го изрази своето задоволство од организирањето на една ваква изложба каде што младите уметници го поттикнуваат развојот на својата визуелна култура. – Направивме селекција на 30 трудови каде што според моето и мислењето на другите членови од стручното жири владее исказна матрица и доловување на идејата во црно-белата диоптрија. Се надевам дека овој конкурс ќе прерасне во убава традиција – рече во таа пригода Димитровски. Изложбата на победничките и откупените фотографии продолжи со убавата музика на бендот на Игор Атанасоски, Симон Киселички и Јасмина Беличанска, а поставката траеше во текот на цел јули.

В.Ц.

www.karpos.gov.mk

14

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

15


Интервју: проф. д-р Атанаско Тунески

Вардар сè уште е жива река

НАТО-програмата „Наука за мир“ во целиот свет целосно финансира повеќе проекти, па и овој за заштита на водите во сливот на реката Вардар, односно самиот Вардар. За наша среќа, во 2006 година успеавме да се вклучиме во тој проект, а покрај квалитетната апликација од наша страна, сигурно дека влијание на сè околу проектот имаа и тогаш затегнатите односи меѓу нашите две земји. НАТО тоа го имал предвид и сакаше преку заеднички проект да влијае на подобрување на вкупните односи и мониторингот и заштита на водите на реката Вардар беше како порачан, бидејќи реката поминува низ двете земји и грижата за неа е заедничка.

Урбан: Може ли сега да се заклучи дека тој проект на НАТО ги исполнил почетните очекувања? Тунески: Апсолутно да, бидејќи по шест години заедничка работа, целосно се потврди дека без оглед на вкупните односи меѓу двете земји, на проекти од заемен интерес научно може успешно да се работи и да се соработува. Исто така, мошне е важно дека со овој проект Република Македонија е вклучена во долгорочни проекти на меѓународната заедница, а заштитата на водните ресурси е секако еден од приоритетите на политиката на глобален план.

Урбан: Од каде и зошто токму НАТО е заинтересиран за чистотата на водите во реката Вардар?

Република Македонија и Република Грција пет години со средствата од НАТО-програмата „Наука за мир“ работат на заеднички проект „Мирвакс“, чија крајна цел е целосна заштита на реката Вардар од секакво загадување

Носители на тој проект се Машинскиот факултет од Скопје и Универзитетот „Аристотел“ од Солун, застапувани од професорите Атанаско Тунески и Јоргос Балфоутос. Фактот што реката Вардар поминува и низ општината Карпош, што ќе рече дека е трајно присутен во егзистенцијата на нејзиното население, е еден од поводите за разговор со професорот Тунески, за проектот и позитивните одгласи од него.

Урбан: Професоре Тунески, кажете ни нешто повеќе за проектот „Мирвакс“, особено што од неговиот назив може да а нашата поширока јавност малку и е се види дека грижата за водите во нашите познато дека во рамките на проектот реки, вклучително и Вардар, станува дел од „Мирвакс“ (мониторинг и подобрување меѓународни проекти

Н

на квалитетот на водите во сливното подрачје на реката Вардар), финансиран од НАТО-програмата „Наука за мир“, трае набљудување на водата во нашата најголема река. Станува збор за проект од далекусежно значење за самиот Вардар, а со тоа и за населението долж неговото течение, се до Солун.

16

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

Тунески: Станува збор за значаен меѓународен проект зад кој стои НАТО, кој трае од 2006 до 2011 година и кој финансиски „тежи“ нешто повеќе од 320 илјади евра и има меѓународен карактер, бидејќи во него се вклучени Република Македонија и Република Грција. -

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

Тунески: Кога аплициравме за проектот, токму тоа прашање ни беше поставено и на нас. Се разбира, ние лесно ги посочивме сите причини, пред сè дека чистотата на водата во реките, па и на Вардар, е значајна за безбедноста на населението во двете балкански држави. Со оглед на тоа дека водните ресурси се во фокусот на целата меѓународна заедница, нашата апликација беше поддржана, а проектот финансиран без никакви условувања.

Урбан: Кажете ни нешто подетаљно за средствата и начинот на кој се одвива мониторингот на водите во реката Вардар Тунески: Тој мониторинг, надгледување и анализа на податоците за состојбата со водите во Вардар ,се одвива преку специјални станици, статични и мобилни, а тие се набавени со средствата одобрени со проектот. Статичната станица е лоцирана во Демир Капија и електронски е поврзана со централа во Скопје, која се наоѓа во просториите на Машинскиот факултет. Сите мерења кои таа ги регистрира, почнувајќи од моментниот хемиски состав и другите промени на квалитетот на водата во Вардар, на нас, но и на заинтересираните, истиот момент ни се достапни, преку споменетата центра-

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

ла и интернет-врската во која е вклучена централата. Имавме статична станица и во Таор, но, за жал, таа веќе не постои. Велам за жал, бидејќи веднаш по нејзиното инсталирање, таа едноставно беше ограбена, односно ремонтирана и целосно уништена. Инаку, имаме и неколку мобилни мерни станици со чија помош во секој момент и на која било локација долж Вардар можеме да го набљудуваме квалитетот на водата.

Урбан: Врз основа на досегашните мерења и анализи на податоци како може наједноставно да се претстави водата во Вардар? Тунески: Па, би рекол дека реката Вардар не е загубена, водата во неа е загадена, но таа сè уште е жива река. Ако се знае дека на изворот во Вруток водата е питка, треба да се знае дека четириесетина километри подолу водата не е за употреба за ниту една цел. Ние цели три години имаме онлајнподатоци за состојбата со водата во Вардар и, се разбира, можеме да правиме анализа и добиените податоци да ги компарираме. Како што веќе реков, тие податоци се достапни на секој што е заинтересиран, толку што може со помош на Интернет да ја набљудува мерната станица во Демир Капија и податоците што таа ги прибира, а станува збор за дваесетина сегменти на набљудување.

Урбан: Кога, во кој период од годината е најзагадена водата во Вардар? Тунески: Загадувањето на водите во реката е континуирано, така што во текот на годината нема некои драстични отстапувања од тој тренд, но треба да се потенцира дека концентрацијата на штетни материи е најголема кога нивото на водата е најниско, особено во летните месеци. Состојбата се менува кога нивото расте, а тоа се случува при испуштање поголемо количество вода од акумулациите, каква што е акумулациската хидроцентрала „Козјак“.

Урбан: Што понатаму, каков е епилогот од базата на прибраните податоци и сознанието за состојбата на водата во Вардар? Тунески: Е, тоа е клучно прашање пред кое сме исправени и ние што сме вклучени во целиот проект. Со оглед дека имаме квалитетни и меродавни податоци и се разбира од нив изведени заклучоци, во можност сме да се појавиме пред адекватните меѓународни институции и да побараме помош за следната фаза, а тоа е заштита на водите, односно спречување на нивно загадување. Значи, имаме основа за барање финансиска и секаква друга помош за целосно подобрување на квалитетот на водите во реката Вардар.

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

17


Екологија

Екологија

ЕКОЛОШКИ ПРИОРИТЕТИ НА КАРПОШ

Чекориме на патот кон зелено знаме Основното училиште „Хри­ стијан То­до­ров­ски - Карпош“ е дел од европската мре­жа на екоучили­ шта, во согласност со Програмата и стан­дардите на Мини­стер­ството за обра­зо­ вание и наука. Цел­та на оваа мрежа е да се подигне свеста за заштита на животната средина и да се направат промени во однесувањето на човекот преку едукација. Преку оваа цел ќе се подиг­не свеста пред сè на учениците, а исто така и на наставниците, како и на сите оние што директно или индиректно се вклучени во училишната заедница. Во нашето училиште, во прилог на остварување на оваа цел, во соработка со Општина Карпош, беа обезбедени клупи и канти за селектирање отпад. Преку оваа цел ќе се одвиваат активности според четири параметри: заштеда на вода, заштеда на енергија, среден и еколошки двор, како и одржување на зграда (како објект).

18

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

Екоодборот во нашето училиште е формиран на 19.5.2011 година, а членови се: Билјана Гичевски, координатор, Елеонора Ѓеоргиева, администратор, Ленче Алаџајкова, задолжена за медиуми, Љупчо Димов од Општина Карпош, родителите Весна Јанкуловска, Борче Стевчевски и Вања Мирковски, Борис Начков од ЈП „Водовод и канализација“, Мирче Блажевски од Урбаната заедница Карпош 1, Спасе Стефановски, технички персонал и учениците Христина Христовска, Ангела Миладинова, Борис Какуринов и Ивана Крстиќ. На овој состанок членовите беа информирани за начинот на имплементација на проектот во согласност со Прирачникот на Министерството за образование и наука и со Програмата за енергетска ефикасност на Општина Карпош, кои се однесуваат на училиштата и на градинките. На состанокот на екоодборот на 8.6.2011 годи-

ју л и

-

АВГУСТ

2011

на беа дефинирани проектите кои ќе бидат реализирани во наредниот период: хортикултурно уредување на дворот, наводнување на дворот со техничка вода, реконструкција на внатрешното осветлување на училиштето, топлински губитоци на училиштето, замена на системот на топлификација со геотермални пумпи и замена на електричните бојлери со вакуум инјекторски колекторски систем за соларна топла вода. Овој проект содржи седум чекори преку кои ќе ја развиеме тимската работа и преку кои ќе ја подобриме животната средина. Ќе дадеме свој придонес кон светските напори за зачувување на планетата Земја. Проектот содржи три нивоа: бронзено, сребрено и највисокиот статус - екоучилиште со ниво на зелено знаме. Нашата цел е зеленото знаме, патот по кој заеднички и упорно чекориме. проф. Ленче Алаџајкова

ОПШТИНА

КАРПОШ

Локалниот управен комитет за подготовка на Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Карпош, во јули го одржа вториот состанок на кој беше разгледана нацртверзијата на поглавјата „Опис на територијата, природно-географски и социоекономски карактеристики на oпштина Карпош“, „Идентификација на сегашната состојба и клучните проблеми и препораки за нивно решавање“ и „Анализа на одговори добиени од граѓани во Општина Карпош“ што ќе бидат интегрален дел од конечниот Локален акционен план за животна средина за oпштина Карпош. Состојбата со почвата, воздухот, водата, природата и менаџирањето со отпадот, се главните упоришта на кои ќе се потпира ЛЕАП-от на Општина Карпош. Преглед на постојаните ресурси и состојбата во која се наоѓаат (водоснабдување, загаденоста на водите и воздухот,

бучавата, состојбата со дивите депонии, менаџирање на отпадни води, како и на цврстиот отпад и сл.), како и активностите кои се преземаат за нивно подобрување се дел од овој значаен документ. ЛЕАП-от, заедно со Стратегијата за развој на Општина Карпош 2009-2013 и Профилот на општината, се клучни при натамошната комуникација со ИПАфондовите на ЕУ, домашни и странски донатори, јавно приватно партнерство, амбасади и приватни инвеститори. Дел од овој стратегиски документ е и перцепцијата на граѓаните за степенот на зага-

деност во сите компоненти, која, споредена со реалните показатели и мерења на експертските тимови, треба да ја покаже објективната слика за состојбата со животната средина во Општина Карпош. Според анкетата спроведена меѓу граѓаните, како што информираше Гордана Максимовска, координатор за изработка на ЛЕАП, 34 % од анкетираните жители на Карпош воздухот го сметаат како најзагаден медиум, а 11% од испитаниците сметаат дека тоа е водата за пиење. „Ова е реален податок имајќи предвид дека најголем дел од испитаниците живеат во урбаниот дел на Карпош, каде што водоснабдувањето е соодветно решено. Инаку, спроведувањето на ваква анкета во ЛЕАП-от е со цел да се зголеми активното учество на јавноста во донесувањето одлуки од областа на животната средина“, изјави Максимовска, бидејќи над 43 отсто од нив искажале подготвеност да учествуваат во еколошки акции и изработка на еколошки проекти.

ВО КАРПОШ ЌЕ СЕ МЕРИ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Во рамките на проектот „Набавка на опрема за квалитетот на воздухот“, од програмата ИПА 2008 програмата и финансиран од Европската Унија, на Министерството за животна средина и просторно планирање му се доделени две мониторинг-станици од кои едната ќе биде поставена во Општина Карпош. Општината веќе започна со активностите за поставување на автоматската мониторинг-станица за квалитет на амбиенталниот

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

воздух на локацијата во ОУ „Петар Поп Арсов“. Целта за поставување на ваква мониторинг-станица е поради големата густина на населението на мала површина и можната појава на повисоки концетрации на загадувачки супстанции кои произлегуваат од високата фрекфенција на сообраќајот. Мониторинг-станицата треба да пристигне до крајот на август 2011 година.

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

19


РЕПОРТАЖА

Активното граѓанство

ги спои Брадфорд и Карпош

еден од најпосетуваните туристички дестинации, наречен и чоколаден град. Бевме воодушевени од убавината и големината на катедралата Минстер, изградена во 1472 г. во која се слеваше река туристи од целиот свет. Агендата беше преполна од утро до вечерните часови, а поради временската разлика во северот на Англија се стемнуваше околу 23.00 часот, така што денот навистина ни траеше 24 часа. Посетивме неколку културни центри за лица со посебни потреби, дневен центар за аутистични деца, катедрали, музеи исполнети со прекрасни уметнички дела, но и со детски цртежи и скулптури, Националниот музеј на медиуми, музеј на железницата во Јорк, основно и средно училиште, универзитет, хуманитарни организации, кујни за социјални групи граѓани, ресторан во којшто работат лица со посебни потреби, но најголема чест ни беше укажана со поканата во домот на новиот гостопримлив и пријателски бискуп Ник Бејнс. Во понатамошниот тек на овој проект е предвидено да продолжи соработката и да се подготват интересни и корисни активности кои ќе траат до март следната година, а во кои ќе се вклопи нашето знаење и сето она што го видовме и научивме во Брадфорд. „Активното граѓанство“ подразбира активно вклучување на сите групи граѓани од заедницата или општината во која живеат, а посебно оние дисперзираните, ранливите, децата и возрасните со посебни потреби.

Во рамките на проектот „Активно граѓанство“ во организација и финансиран од Британскиот совет во кој беа вклучени пет скопски општини, неколку основни училишта и невладини организации кои работат со ранливи групи граѓани, нашата општина беше одбрана да го посети англискиот град Брадфорд, како општина која имаше изготвено солиден проект со јасни цели и приоритети. Секако, нашиот тим благодарение на единството и соработката беше единствен од целата делегација која го посети Брадфорд, град на солидарноста и мултикултурата. Во тимот на Општина Карпош беа членот на Советот Билјана Костова (претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Советот на Општина Карпош), невладините хуманитарни организации „Порака„ претставувана од Маја Гацоска – Отворени прозорци од Магдалена Димкова, коишто работат со деца и возрасни со посебни потреби и разни видови хендикеп. Целта на Активното граѓанство е да се доближи Законот за заштита од дискриминација и еднакви можности до граѓаните на секоја општина, а со тоа и да им се овозможи на 20

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

сите подобар, полесен и поубав заеднички живот. Брадфорд и Скопје имаат воспоставено контакти уште во далечната 1961 година, а Меморандумот за збратимување е потпишан по скопскиот земјотрес во 1963 г., кога многу британски доброволци токму од Брадфорд дошле да му помогнат на разурнатото Скопје. Тогаш се воспоставува и соработка со македонскиот Црвен крст која продолжува со хумани проекти и активности до денес. Првиот ден од посетата целата делегација беше во просториите на Градското собрание и на прием кај градоначалничката на Брадфорд, Наведа Икрам, која со радост го прими подарокот од нашата општина. Градскиот совет е составен од 90 советници од различни политички партии, од кои, секоја година се избира еден Градоначалник. Бевме изненадени од енергичноста и гостопримството на градоначалничката која со едноставна скромност и знаење одговараше на нашите прашања. Во шестдневната посета на Брадфорд, посетивме многу интересни места, а еден ден прошетавме и низ Јорк, главниот град на северна Англија, -

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

Брадфорд не залудно е наречен град на надежта, од него и неговата мултикултура и мултиетничност учи цела Англија, светот, а сега и Македонија. Брадфорт и Карпош се општини со љубов кон своите граѓани. Затоа се и ценети секаде. (Б.К.)

Регионална меѓуопштинска соработка На 19 август годинава секре­та­рот на Општина Карпош Вла­до Поповски ја прими де­легацијата од Општина Гњи­лане, Косово, во состав: Арбен Дубова, директор на администрација во Општина Гњилане, Нухи Нухиу, директор за финансии и буџет, Џемајл Салиху, директор за здравство и Исмет Хајдини, директор за инспекции. Средбата беше иницирана од страна на Општина Гњилане, во посредство на партнерот консултант од проектот на УСАИД – ДЕМИ (Democratic Effective Municipalities Initiative). Целта на посетата беше да се пренесат искуствата на Општина Карпош од процесот на

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

СЛОВАЧКИ СТИПЕНДИИ ЗА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ По иницијатива на амбасадорот на Република Словачка, г. д-р Роберт Кирнаг, од оваа година Република Словачка доделува повеќе стипендии на студенти од Република Македонија, кои сакаат да студираат на универзитетите во оваа пријателска земја. По реализираниот конкурс, наспроти илинденските празници, во Амбасадата на Република Словачка, на избраните кандидати им беа врачени решенија за одобрените стипендии. Десетмесечна стипендија добија Кристина Костова и Кате Ивановска (Архитектура), Гоце Николовски (Летачка навигација) и Петар Босилковски (Машинство). Стипенди за целосни мастерски инженерски студии во Република Словачка им беа доделени на Моника Андонова, Екатарина Панова и Дарко Паневски. Врачувајќи им ги решенијата за доделените стипендии, словачкиот амбасадор д-р Кирнаг истакна дека тоа е само почеток на соработката во областа на високото образование и најдобар начин за ширење и зајакнување пријателство меѓу нашите две земји. На доделувањето на стипендиите присуствуваше и доскорешниот министер за образование на Република Македонија, г. Тодоров, кој нагласи дека воспоставената соработка меѓу Амбасадата на Република Словачка и Министерството за образование на Република Македонија треба да продолжи и да биде двонасочна. М.Р.

имплементирање на ИСО 9001:2008 стандардот за квалитет. Секретарот на општината и менаџер за квалитет Владо Поповски ги запозна гостите со сите фази од подготвителните активности за воведување на стандардот, основните предуслови кои претходно треба да бидат исполнети, времетраењето на процесот, предизвиците со кои се соочуваше општинската администрација, научените лекции и искуства, како и ефектите од воведениот стандард. На средбата се разгледуваа и можностите за соработка меѓу двете општини во делот на спортот и културата, со очекување дека воспоставената соработка ќе се продлабочи за благосостојбата на граѓаните на двете општини.

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

21


Образование

Образование

Од ОУ „Јан Амос Коменски“, за 20 училишта од државата

Стартуваше обуката за асистивна технологија На 24 август, во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Општина Карпош, проектот на УСАИД „Еднаков пристап за еднакви можности“ јавно ја отвори првата обука за користење асистивна (пристапна) технологија во основното образование. Во оваа обука ќе бидат опфатени 20-ина наставници од ова основно училиште во Карпош, кои во текот на три се обучуваа како да им помогнат на 30-ина деца со посебни потреби од „Јан Амос Коменски“ да ја користат информатичката технологија во совладување на наставната програма. Инаку, овој проект на американската агенција кој УСАИД го реализира заедно со невладината

организација „Отворете ги прозорците“ која исто така егзистира и дејствува на територијата на оваа општина, ќе го применат и во основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Овие две училишта од нашата општина се дел од поголемиот проект на УСАИД, кои од 340 централни основни училишта во државата

беа избрани меѓу 20-те за кои ќе се обезбедат асистивни уреди и софтвер, како и обуки за 200 наставници и 100-тина педагози и психолози за примена на ИТ-технологијата кај децата со хендикеп и со посебни образовни потреби. Како што изјави директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Роберт Вулц, целта на проектот е да ги охрабриме училиштата за да ја користат оваа технологија во нивната секојдневна работа. „Инаку, УСАИД во Македонија досега (од 1993 година наваму) вложила преку 500 милиони долари, од кои 86 милиони долари во образованието, а таа помош во иднина десеткратно ќе се зголеми“, рече Вурц. Поздравувајќи го почетокот на обуката во ова училиште, градоначалникот на Општина Карпош,

ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Прв центар за деца „Монтесори” Неколку месеци на територија на Општина Карпош работи центарот „Монтесори”, наменет за деца од предучилишна и рана училишна возраст. Работата во центарот „Монтесори” е базирана на филозофијата на д-р Марија Монтесори, која преку внимателно набљудување и проучување на детето, разви метод на воспитување и образование што го следи индивидуалниот ритам на развојот на секое дете. Тргнувајќи од фактот дека децата најдобро учат преку нивните сетила и преку активниот однос со околината, монтесори-училницата е активно место. На децата им се дава слобода да работат по сопствен ритам 22

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

и да изберат активности кои се во согласност со нивните индивидуални интереси, потреби и способности. Центарот „Монтесори” е креиран во 2006 година од страна на Германската владина агенција ГТЗ и македонското здружение „Монтесори”, а во соработју л и

-

АВГУСТ

2011

ка со Министерството за труд и социјална политика. Центарот работи врз основа на монтесористандардите за квалитет, а првите две години неговата работа беше набљудувана од страна на германските монтесори-експерти. Во 2009 година македонското здружение „Монтесори” и центарот „Монтесори” ја добија наградата „Феникс” за достигнувања на полето на воспитанието и образованието на деца со и без посебни потреби. Позитивна оценка за работата на македонското здружение „Монтесори” и центарот „Монтесори” даде и нашата највисока наставно-научна институција – Филозофскиот фаОПШТИНА

КАРПОШ

Стевчо Јакимовски, изрази лично задволство што овој проект стартува токму од нашата општина, која како локална власт и сервис на граѓаните исклучително многу полага и инвестира во подобрување на образовните услови на сите наши деца. За таа цел годинава, општината од својот буџет одвои дури 2,4 милиони евра. Освен тоа, Карпош е општина која се рангира во врвот на општини во социјалната инклузија. Минатата година таа, од страна на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро Балкан“ беше вброена меѓу „топ“ три општини од целата држава (од вкупно 84) за успешна социјална инклузија на локално ниво со индекс на социјална инклузија од 6,81. На крајот, градоначалникот Јакимовски им се заблагодари на УСАИД и на НВО „Отворете ги прозорците“ што го овозможи спроведувањето на овој проект и не поттикнаа да раз-

мислуваме за современи и иновативни начини за поддршка на инклузивноста на хендикепираните и децата со посебни образовни потреби во основните училишта. Проектот го поздрави и министерот за информатичка тех­­но­логија, Иво Ивановски, кој рече дека тој ќе го подобри владиниот проект „компјутер за секое дете“ и Националаната стратегија за е-инклузија 2011-2015. Во рамките на овој настан, на покана на градоначалникот Стевчо Јакимовски, директорот на Мисијата на УСАИД, Роберт Вурц, направи обиколка на две основни училишта во Карпош, „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“. Тој се интересираше за тоа до која фаза е реконструкцијата на „Димо Хаџи Димов“ и дали владата финансиски помага во овој голем зафат на општина Карпош, како и за тоа какви се плановите за реконструкција на училиштето „Братство“.

култет (Институт за педагогија, Институт за психологија и Институт за дефектологија). Центарот „Монтесори” е единствен од ваков тип во Република Македонија и во досегашното работење има опфатено 247 деца одпредучилишна и училишна возраст со и без посебни потреби. На децата, во попладневните часови, им се нудат два часа слободни активности според монтесори-принципите. Работата се одвива во групи од максимум 12 деца. Децата со посебни потреби во согласност со своите способности, се вклучуваат во групите или преку процесот на индивидуална работа се подготвуваат за вклучување во нив. Во текот на ова лето за првпат беа организирани монтесори летни работилници кои имаа цел на децата да им дадат можност квалитетно да го поминат

слободното време. Базирани на монтесори-принципите, работилниците го негуваа и го охрабруваа учењето, истовремено давајќи им можност за забава и другарување. За време на работилниците, монтесори-училницата беше проширена кон надвор, кон светот околу нас. Децата имаа посети на музеи, на ансамблот „Танец”, ресторани со различни кујни, Зоолошката градина, како и Ботаничката градина. Македонското здружение „Монтесори” перманентно работи на промоција и спроведување на монтесори-педагогијата и одржување и развивање на центарот „Монтесори”. Билјана Стерјадовска - Стојчевска Претседател на македонското

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

Најдобар хор ОУ „Вера Циривири- Трена“ Основното училиште „Вера Циривири - Трена“ од терито­ ријата на Општина Карпош освои прво место на државно ниво на Хорските смотри. Наставничката Јасмина Беличанска, заедно со своите 30 хористи, беше најдобра на државниот фестивал во Кавадарци.

Весел почеток за првачињата

По повод 1-ви Септември, почетокот на учебната година, Општина Карпош им приреди на првачињата една мал прием – Прва училишна забава за одбележување на овој ден како еден битен чекор во нивните животи. Настанот се одржа на 31 август на игралиштето во ОУ „Христијан То­доровски Карпош“. Општина Карпош подготви пригодна програма за забава на првооделенците. На­ стапија глумци од театарот за деца и младинци, детското фестивалче „Поточиња“, балетско студио „Прима Данса“, кучето Петко. За сите првооделенчиња општината подготви подароци,училишен прибор и друг материјал потребен за на училиште.

ОПШТИНА

КАРПОШ

23


Образование

Фолклор и традиција

Започнaa уписите во Центарот за ран детски развој Општина Карпош, во соработка со невладиниот сектор и со поддршка од амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија отвора Центар за ран детски развој во просториите на Урбаната заедница Влае 1. Во Центарот ќе бидат опфатени деца од урбаните заедници Влае 1, Злокуќани и Бардовци на возраст од 4 до 5 години чии родители не се во можност да плаќаат целодневен престој во градинка, а имаат желба да им помогнат на своите деца да се подготват за на училиште. Центарот за ран детски развој ќе почне со работа на 10 септември и ќе работи секој ден во две групи. Уписот на децата може да се врши секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот во Урбаната заедница Влае 1, ул. Фјодор Достоевски бр. 2, во Одделението за образование при Општина Карпош, бул. Партизански одреди бр. 68, тел. 3069-664 и во Центарот за ран детски развој.

Драги родители, За една година, Вашето дете ќе тргне на училиште. Тоа е почеток на еден нов период од животот на Вашето дете. Децата тргнуваат на училиште со природна љубопитност за учење и истражување на светот кој ги опкружува. Децата кои посетуваат градинка имаат можност да ја задоволат својата љубопитност за учење многу порано и нивното приспособување во училиштето е полесно. Во градинките децата стекнуваат многу искуства преку раскажување приказни, пеење песни, танцување, цртање. Сите овие игровни активности ги зајакнуваат нивните креативни способности и вештини. Детската игра зазема важна улога во градинката. Играта во градинката е продолжение на играта од дома, но тука играта се одвива со поголема група деца и со воспитувач кој знае како низ игра да ги подучува децата. Разните игровни активности со група деца надгледувани од стручно лице ќе му помог нат на Вашето дете подобро да се подготви за на училиште. Многу родители се прашуваат кои вештини и знаења треба да ги поседуваат децата кога тргнуваат на училиште. Во текот на престојот во Центарот за ран детски развој Вашето дете ќе ги стекне следните вештини: - да се снаоѓа со други деца и возрасни; - да црта, бои, пее и игра; - да открива и да решава проблеми; - да разговара; - да ги изразува своите потреби; - да го контролира своето однесување; - како да стекне доверба во себе; - да споделува играчки кои им припаѓаат на сите деца.

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

АКУД „Мирче Ацев“ најдобар на фестивалот во Еволен, Швајцарија Фолклорниот ансамбл при АКУД „Мирче Ацев“ од Општина Карпош, годинешнава сезона триумфално ја заврши со настап на фестивалот во Еволен, Швајцарија, каде што заедно со ансамблот од Перу беше прогласен за најдобар. Инаку, пред тоа уметниците од нашата општина имаa успешни настапи на фолклорните фестивали во Турција (Јалова и Бодрум), Италија (Тревизо), Босна и Херцеговина (Купрес), Хрватска (Карловац) и Србија (Ниш). Како што веќе рековме, најуспешен беше настапот во Еволен, Швајцарија, не само заради триумфот на завршната манифестација туку и поради 27-те одржани и мошне добро посетени концерти

во повеќе мали места во регионот на Еволен. Со настапот во Швајцарија, АКУД „Мирче Ацев“ уште еднаш потврди дека е ненадминат репрезент на нашиот фолклор, но и на нашата општина во која успешно работи 63 години. Да потсетиме дека минатата година, на фестивалот во Гориција, Италија, АКУД „Мирче Ацев“ го освои Оскарот, кој, инаку, на фестивалот се доделува секоја петта година. Успешните настапи на ансамблот се должат и на преданоста во работата на уметничкиот директор на АКУД „Мирче Ацев“, професорот Благоја Јовановски, кој од 17 до 20 септември, пред присутните познавачи и вљубеници во фолклорот од Швајцарија, како и пред нашите иселеници, во Монтре ќе одржи предавање на тема „Македонскиот фолклор и обичаите“.

Со нас, Вашето дете ќе научи повеќе за: - себе; - за другите луѓе; - за светот.

24

Карпош слави 35-годишен јубилеј

КАРПОШ

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

Во периодот од октомври-ноември Општина Карпош при­годно ќе го одбележи јубилејот-35 години од формирањето на Општината. По тој повод ќе биде отпечатена монографија за општината, ќе бидат промовирани химната и филмот за општината, а ќе бидат организирани и низа спортски и културни настани, проследени со низа изненадувања за граѓаните. Традиционално, Советот на општината ќе додели при­ зна­ нија на истакнати личности и заслужни граѓани. Да потсетиме, досегашни добитници на овие признанија се Трифун Трифуновски, Влат­ко Стефановски, Д-р. Јован Ју­ руковски, Д-р Методи Чепре­ ганов, М-р Борис Трајанов, Владимир Богоевски, Коле Јордановски, Емил Илиќ, Томи Стефановски, Глигор Чемерски, Таки Павловски, Стефан Тодо­ ровски-Цефи, Нико Нестор, Вен­ко Андоновски, и сега веќе починатите Атина Бојаџи и Теофил Тофе Шулајковски. Гости на општината ќе бидат и претставници од збратимените општини Тиват, Нов Белград, Триадица, од Софија, Стари град од Сараево, како и пријателските општини Трав­ник и Врњачка бања. (С.М.)

Јубилеен детски фолклорен фестивал Од 22 до 26 септември ќе се одржи јубилејниот 15-ти по ред Меѓународен детски фолклорен фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“. И оваа јубилејна година фестивалот ќе има меѓународен карактер, а својата етнокултура низ песни и ора ќе ја претстават младите фолклористи од Унгарија, Полска, Србија и од Хрватска, како и десетина ансамбли од Република Македонија. Се очекува повеќе од 400 деца игроорци да продефилираат на сцената пред граѓаните-љубители на народните ора од нашата општина и од градот, на фестивалот, на кој, по традиција, Општина Карпош се јавува како покровител. Организатор на фестивалот е МКУД „Цветан Димов“ од Скопје. (В.Ц.)

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

25


Миле Сирма

Филигранство во ореовина Имав чест татко ми да го придружувам кога беше на гости кај Маршалот Тито и импресиите од таа средба ќе ги паметам до крајот на мојот живот, вели нашиот соговорник Миле Сирма, еден од петте најдобри копаничари во Македонија Секаде во светот таа куќа би Ја слушам приказната била туристичка дестинација, за селанче, кое од Осој бидејќи во неа половина век стасало до Солун, Софија, од својот живот го поминал Белград, Париз и Лиеж, Нестор Алексиев-Мирчевски, со децении оставајќи зад виртуозниот копаничар од себе ненадминати резМакедонија. Во неа сега жибарски дела, иконостаси, вее неговиот син и најпознат владички тронови, стилученик, со своето семејство, ски мебел, кутии за накит, прочуениот Миле Сирма. За оружје и тутун, рамки за жал, кај нас на големите луѓе слики и огледала... Од прии на нивните живеалишта казната на наследникот се потсетуваме по некој нана генијалниот копаничар менски повод. Нашата посеНестор, дознавам дека та на домот на потомците на неговиот татко, по нагенијалниот резбар не е од рачка резбарел за бугартаа природа, бидејќи „Карпош скиот цар Фердинанд, за урбан“ веќе подолго време српскиот крал Александар своите читатели ги потсетува Караѓорѓевиќ, за претсена значајните дејци од нашата дателот Тито и за многуте општина. македонски политичари. На нашиот домаќин, Миле – Имав чест татко ми да Сирма, сосема му прилега го придружувам кога беше епитетот господин, бидејќи тој на гости кај Маршалот е тоа во секоја смисла на збоТито, и импресиите од таа рот. Во пространиот двор, кој средба ќе ги паметам до Миле Сирма со ученичка личи на вистински мал парк, не крајот на животот. Татко ми за од Копаничарската школ а во Карпош пречека со сопругата Славица. Тито изработи рамка за порОткако се согласивме дека трет и беше лично поканет кај скопските горештини ги зголемуваат непланските и него. Во Белиот двор останавме два дена, а Тито и татмегаломанските градби, господин Миле вели дека ко ми разговараа за сè и сешто. Освен што го воодупред секој муабет за него и неговиот татко сака да шеви со резбата, татко ми пред претседателот го декаже нешто што му ги разубавило, условно кажано, монстрираше своето знаење на седум светски јазици, мирните пензионерски денови. а приказната за гарнитурата што татко ми ја изработи – Навистина сакам да искажам голема благодар- за работната соба на Тито е дел од славната историја ност до господинот Ранко Бубамара по чија идеја на нашето семејство. и иницијатива ја добив сонуваната можност своето знаење од копаничарскиот занает, резбарската Инаку, по желба на татко ми, јас помеѓу трите браќа уметност да им ја пренесам на младите луѓе. Имено, бев избран да бидам негов наследник, поточно негов во основното училиште „Вера Циривири-Трена“ веќе ученик, а колку во тоа успеав, ќе кажат другите. За подолго време подучувам група ученици и таа рабо- разлика од многуте негови ученици, оние што беа дел та ме исполнува како ниту една друга. На тоа што не од неговата и од тајфата на брат му Лазар, јас имав се сетија оние од Министерството за образование и можност занаетот да го научам целосно, односно да наука и од Министерството за култура, се сети госпо- правам скици, да ги копирам на дрво, да ги подготвудинот Ранко. Затоа, нему и на локалната самоупра- вам ореовите штици, и, се разбира, да резбам со фива на Општина Карпош навистина сум им бескрајно лигранска прецизност. благодарен. Моите резби можат да се видат во многуте инСвојата скромност, која извира од секој негов гест ституции во земјава и во странство и тие се секогаш и збор, господинот Сирма ја потврдува со ностал- препознатливи бидејќи се продолжение на стилот гична приказна за неговиот татко Нестор, еден од на мајстор Нестор. Од едно од тие дела своевремено најпрочуените резбари од легендарниот Осој во Мала биле воодушевени во Виена, но јас ја одбив поканата Река. да одам да работам таму, сметајќи дека овде можам 26

КАРПОШ

УУ РР ББ АА Н Н ББРРООЈЈ 190

јуМлАиЈ -- АЈ ВУ ГН УИС Т2 02101 1 1

О ОП ПШ Ш ТТ И ИН Н АА

КАРПОШ

РЕЗБА – КОПАНИЧАРСТВО ВО ОУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ-ТРЕНА“ Од неодамна во основното училиште „Вера Циривири-Трена“ почна со работа Школата за резба – копаничарство, проект финансиран и поддржан од Општина Карпош. Мајсторот за копаничарство, Миле Алексиевски - Сирма, обучуваше група ученици и возрасни откривајќи им ги тај­ните на резбарството, т.е. на стариот занает копаничарство. Учениците и возрасните создадоа свои де­ ла со кои се горди. Всушност, тоа се гледа и по изразот на нивниот лик, колкаво задоволство им претставува самата работа. Школата заврши одбележувајќи го крајот со изложба на изработките и со мала свеченост на 8 јули. Школата ќе продолжи со работа во септември со нови идеи и со нова креативност. (Е.Д.) да творам без проблеми. Сега признавам дека згрешив, бидејќи по толку сработено, сè уште не добив простор за адекватна работилница. Решение имам, но тоа никако да се реализира... Уметникот Сирма, потоа, евоцираше спомени од својата богата резбарска кариера и се изнасмеавме околу неговото полагање за диплома која му ја барале. – Од комисијата ме прашуваат што сум по струка и јас им велам дека сум резбар, е па тогаш еве направи ни една коклица... Коклица прават столари, а јас не сум столар, им велам, и ми дадоа да направам винкла. Тогаш дојде претседателот на комисијата и ги прашува што прават, а кога му кажаа, тој им свика велејќи, „па занаетлии, знаете ли дека е тој син и наследник на мајсторот Нестор, баталете со тие глупости, потпишете му ја дипломата...“ Инаку, се сеќавам на времето кога ме повикаа итно да направам ковчеже за одликување што му беше наменето на претседателот Тито. Според нашите стари

навики сè се работи во пет до 12, па така беше и со тоа ковчеже, но јас експресно ја завршив работата и за тоа бев добро награден. И за нашиот покоен претседател, Борис Трајковски, имам работено по нарачка. Имено, тој сакал по повод роденденот на украинскиот претседател Кучма, да му подари нешто убаво и му предложиле тоа да биде резбана масичка со шаховска табла – бидејќи Кучма бил вљубен во шаховската игра. Ме повика Зоран Јолевски, тогашен советник во Кабинетот на претседателот и лесно се договоривме, но и тогаш рокот беше краток, само 15 дена, но, сепак, јас масичката ја изработив три дена порано. Во знак на благодарност, претседателот Трајковски ме покани на еден прием и ми остави голем впечаток... Нашата стара болка, уметниците да ги третираме несоодветно на нивното дело и реноме, не е исклучок и кога е во прашање нашиот соговорник, Миле Сирма. На него се сеќаваат само кога некаде треба да се покажат тие самите, и тој ни раскажа за повеќе случки кога бил ангажиран да изработи нешто „убаво и итно“. – Знаете, мојот занает е таков што тешко се одбиваат таквите нарачки, но има безброј случаи кога договореното не е испочитувано од другата страна. За тоа не би зборувал во детали, само ќе го спомнам лошото искуство со Божин Павловски и Ристо Гуштеров со кои договоривме работа, јас направив цртежи и кога требаше да се почне со конкретна изведба, тие се откажаа.

Сирма - наследник на големиот Нестор резбарот КАРПОШ

УУ РР ББ АА Н Н ББРРООЈЈ 190

јуМлАиЈ -- АЈ ВУ ГН УИС Т2 02101 1 1

М. Раденковиќ О ОП ПШ Ш ТТ И ИН Н АА

КАРПОШ

27


Туристичка мапа влезови. Главниот бил тој што водел во машкиот двор спроти селамлукот, покриен со мал покрив. Тој бил најубаво обработен. Другите делови во конакот биле поврзани со помали вратници, исто така обработени. Сочуваните три мали влеза на надворешниот ѕид биле подоцна отворени. Диспозицијата на основата, надворешното обликување, внатрешната обработка и големина, практично биле идентични и на селамлукот и на харемлукот со минимална разлика во деталите, како една карактеристична мала кула изработена во стакло која служела за теферич на жените од харемлукот. Основната композиција на зградата била наполно симетрична: се состоела од приземје и кат без визба, со ист распоред на просториите. Катот се одликувал од приземјето по внатрешната обработка, внатрешното уредување и декорација. Во центарот на катот се наоѓал голем хол кој кон фасадата се ширел во трем галерија, а на спротивната страна во широк простор во кој биле сместени скалилата што се завршувале со доксат на северната страна. Оската што се формирала од овие пространства ја делела зградата на два подеднакви дела. Покрај него се поставени четири главни соби, две споредни и две оџаклии. На катот покрај фасадните соби се наоѓале и две остави. Во приземјето сите соби биле наменети за живеење. Сејкоја од нив имала: печка, амалук, долапи, одвоен пристап во собата ниши за палење на свеќи и ламби. Во катот просториите биле наменети за дневен престој и прием. Во четирите главни соби биле поставени богато украсени големи камини. Ѕидовите на приземјето се градени од кршен камен и варов малтер со дебелина од 65 до 70 см. Ѕидовите на катовите биле во дрвен бондрук исполнет со печена тула. Ѕидовите на приземјето не биле малтерисани, туку само дерсовани ѕидовите на катовите биле наполно малтерисани. Таваните и покривната конструкција биле од дрвен материјал, а покривот од плитка керамида. Еркерското проширување на основата од првиот кат било изведено на бочните фасади за остава и за собите оџаклии кои се потпирале на по два дрвени столба. За разлика од постојните конаци (конакот на кнегината Љубица во Белград, на кнез Милош во Топчидер), конакот во Бардовци се одликува со вешто вкомпониран хол на првиот кат, кој во исто време се користел за свечености. Просториите во конакот - ѕидовите на главните соби - биле изработени со гипс, поделени на панои, таваниците биле украсени со богата профилација. Камините во собите и чешмата во холот биле од мермер и гипс. За мајсторите и градителите на конакот за сега нема никакви податоци.

Карпош како туристичка дестинација

Хавзи – пашини конаци

Ч

ифлигот на Хавзи паша со конаците во селото Бардовци бил подигнат во првата половина на 19 век најверојатно од 1830 до 1845 година. Oколу 1820 година Хавзи паша станал скопски паша, а во 1845 година го напуштил Скопје и набргу потоа умрел. Во време на Балканската и Првата светска војна некои од зградите биле сериозно оштетени додека главните станбени згради биле сочувани. Ваквата состојба е одржана до пред крајот на Втората светска војна. Во 1944 година целата конструкција од покривите и катовите на конаците била урната до приземјето, кога се повлекувале германските војски. Конаците во Бардовци претставуваат еден од највидните споменици на станбената архитектура на Балканскиот полуостров од времето на феудалното уредување. Тие во Турската империја се одржале до 19 век. Меѓу многубројните конаци со слична намена што биле изградени од разни видни Турци во Македонија, на Косово, во Босна и Србија се смета дека конаците во Бардовци биле најголеми, а се истакнувале над другите по стилската обработка и декоративното богатство. По својата содржина и структура конаците и населбите во Бардовци ги носат карактеристиките на слични комплекси

28

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

- чифлици со населбите што се граделе во рамките на тогашната Турска империја. Населбата во Бардовци се состоела од два дела: селска населба и конаци, за разлика од другите чифлици што се од затворена форма и концентрирани кон станот на господарот. Чифликот во Бардовци се одликува со отворен систем на изградба и урбанистичка диспозиција во поставувањето на целината на чифликот. Хавзи паша спровел плански распоред на куќите во населбата. Одделувајќи ги конаците од населбите, тој овозможил подобри услови на индивидуалниот живот на чифликчиите, отколку што им бил обезбеден на тие што живееле во населбите од затворен тип, каде што во материјалната зависност се огледала потчинетоста на неговите селани-чифликчии. Конаците претставувале населба наполно организирана за животот на господарот со целата негова фамилија, прислужници, чувари и придружба. Целиот комплекс бил наполно ограден со камени ѕидови високи пет метри. По должината на ѕидовите, од надворешната страна биле распоредени осум кули кои служеле за одбрана во случај на евентуални напади. Таму стоеле стражари. Во случај на последна одбрана служела специјална зграда во средината од комплексот во која се повлекувал и господарот. Вкупната површина е

поделена на три дела, одвоени со ѕидови во висина на надворешните. Распоредот на зградата бил типичен за муслиманскиот стан: во средниот дел се наоѓал селамлук - зграда за мажи, а во источниот дел бил харемлук - зграда во која живеат женските членови на семејството и нивните деца. Во западниот дел се наоѓале просториите за коњи - коњушницата. Во секој од овие дворови се наоѓале и помошни згради. Меѓу главните две згради - селамлук и харемлук, на самиот преграден ѕид се наоѓала зграда во форма на кула градена од камен со повеќе соби во приземјето и катот. Таа служела како ризница, магацин за оружје како и за повлекување на господарот и другиот персонал во случај на крајна одбрана од непријателот. Во висина на првиот кат се наоѓале дрвени мостови што ги поврзувале двете главни згради наполно издвоени. Женскиот двор бил поподреден од машкиот, бидејќи тука се одвивал и колскиот промет. Во конакот имало повеќе

АВГУСТ

КАРПОШ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

29


Вести

Вести

Младинци од Карпош на работна акција во Врњачка Бања По цели две децении, од 26 јуни до 6 јули, во Врњачка Ба­ ња се одржа младинска ра­ ботна акција, која поврза над 100 учесници од речиси сите републики на поранешна Ју­го­сла­вија, на возраст од 16 до 27 години. Имајќи ја предвид соработката на Општина Карпош и Општина Врњачка бања, двајца младинци, жители на општината, кои доброволно се пријавија на ог­ ла­сот коj за таа цел го објави

Карпош ќе добие центар за креативно живеење Општина Карпош ќе добие нова културна сцена, креативна ра- ботилница каде што своите способности ќе ги развиваат жители на Карпош од сите возрасти. Овој иновативен проект, закреативноживеење„Парк“доби виза на 38-та седница на Советот на Општина Карпош. Учеството на Општина Карпош ќе биде во обезбедување простор за овој центар (поранешната игротека во дворот на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) и шестмесечна финансиска поддршка , а потоа проектот ќе биде самоодржлив. Инаку, во проектот учествуваат и невладини организации, како и Кралството Холандија, а за значењето на овој проект зборуваше заменик-ам­ба­ са­дорот на Кралството Хо­лан­дија во Македонија, г. Херт Кампман. „Европските искуства збо­ руваат дека таму каде што има жива културна сцена има и економски развој. Центарарот има за цел да ја развие креативната индустрија“, рече Кампман, кој притоа му се заблагодари на градоначалникот на Општина Карпош за учеството во овој проект.

30

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

нашата општина, учествуваа на младинската работна акција „Врњачка Бања 2011“, организирана од страна на Општина Врњачка Бања. Тие се дружеа со своите врсници од регионот, ширејќи го духот на соработката, разбирањето и другарството меѓу нашите две општини. Учесниците на оваа работна акција беа поделени во

три бригади и тоа две од Војводина и една „интернационална“ составена од младинци од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Три недели, во периодот од 8.00 до 13.00 часот, бригадирите беа ангажирани на уредување на коритото на Липовачка река. Покрај работниот ангажман на учесниците им беше организиран и богат културно-забавен живот. Акцијата беше замислена по примерот на младинските акции кои се организирале пред 25 години. (Е.К.)

Ќе се обнови „СТОМАКОТ“ на Карпош

„Стомакот“ на Карпош, односно пазарчето „Тафталиџе“, најголемата хранилница на нашата општина, ќе добие сосема нов лик. Имено, наскоро ќе почне реконструкцијата на ова централно пазарче во Тафталиџе со која е предвидено покриениот пазар каде што сега се наоѓа пазарчето да се урне. Со реконструкцијата се предвидува да се постават нови тезгиња, кои за разлика од сегашните, ќе бидат на отворено, а ќе се гради и деловен објект веднаш до пазарчето. Предвидено е покриениот пазар, каде што сега се наоѓа пазарчето, да се урне и на негово место да се изгради новиот деловен објект. Старите тезгиња ќе се заменат со нови, со модерен изглед. Целиот

ју л и

-

АВГУСТ

2011

простор каде што ќе биде пазарчето ќе биде покриен со натстрешник и секоја тезга ќе има приклучоци за вода, струја и за осветление. Според информациите кои ги пренесоа медиумите, пазарџиите ќе имаат услови да работат и попладне. Деловниот објект ќе се гради на површина од 2.500 квадратни метри. Тој ќе биде на еден кат и во него ќе има супермаркет со површина од 1.500 квадратни метри. Останатата површина од 1.000 квадрати ќе биде адаптирана во дуќани. Предвидена е и изградба на паркинг-простор за 85 возила. Новото пазарче ќе биде готово до крајот на годинава. (В.Ц.)

ОПШТИНА

КАРПОШ

Седум децении од основањето на првиот скопски партизански одред

одважија и зедоа пушки в раце за да кажат „не“ на растечкиот агресивен фашизам и на окупаторот на својата земја. За таков чекор треба да се има не само храброст туку и идеја и свест. Тие млади луѓе тогаш не потклекнаа под никаква сила, под никаква закана, под никаква бројност и надмоќ. Во името на слободата на сопствената земја, националното единство и социјалната правда, ги положија сопствените животи. Дел од нив ја дочекаа слободата и ја изградија татковината онака како што умееја и како што мислеа дека е најдобро. Мирот, како и татковината се градат со соживот, со толеранција, со посветеност. Само за таква изградба ние добиваме мандат од нашите сограѓани, но и историски завет од нашите борци. Карпош е таква општина, носи таква мисла и мислам дека тоа успешно го остваруваме, а жителите на Карпош тоа го препознаваат и го ценат, изјави во својот говор градоначалникот на Општина Карпош. За борбените денови,за деновите околу форми­ ра­њето на Првиот скопскиот партизански одред и за своите сеќавања говореа, Трајко Стаматовски, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците на Макеоднија, како и претставник од Здружението на борците од Прилеп. Во културниот дел од прославата учествуваа младите игроорци од друштвата „Етно“ и Мирче Ацев“, а литературни рецитали имаа и ученици од ОУ „Вера Циривири-Трена“ од Општина Карпош.

Со пригодни сеќавања, со положување на букети свежо цвеќе и со културно-уметничка програма, на 22 август, на споменикот на Првиот скопски партизански одред во Општина Карпош, свечено беше одбележан големиот јубилеј – 70 години од формирањето на Првиот скопски партизански одред. Прославата на овој јубилеј свечено ја отвори секретарот на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија, Наум Буревски, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. – На ова место, пред точно седумдесет години, најхрабрите млади жители на Скопје и на околните села, изјави во својот говор Јакимовски, се

Делегацијата на Сојузот на пензионерите „Тафталиџе ДДД“ од Општина Карпош на работна средба со градоначалникот Јакимовски Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, деновиве, во работна посета ја прими делегацијата на Сојузот на пензионерите „Тафталиџе ДДД“ од Општина Карпош. Поводот за средбата, покрај разговорите за продолжување на соработката, беше и доделувањето на благодарници од Здружението. Од страна на Димитрије Димовски, претседател на Здружението на пензионери „Тафталиџе ДДД“ и Бранко Милев, член на Извршниот одбор на Здружението, на Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, му беа доделени три благодарници: за особен придонес и залагање за поддршка на активностите и работата на здружението, како и за придо-

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

несот за афирмација на целите и програмите на Здружението. Градоначалникот Јакимовски доби и благодарница за покровителство на XVIтите Регионални спортски пензионерски натпревари на II-от Регион 2011 година, како и благодарница за вработените во Општина Карпош за особен придонес и залагање во поддршката на активностите и работата на Здружението, како и за придонесот за афирмација на целите и програмите на Здружението.

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

31


Спорт

Спорт

Карпошовци на врвот на Европа

По освојувањето на Триглав , Гран Парадизо и Мон Блан следната алпинистичка дестинација на Игор и Димитар е врвот на Килиманџаро

И

гор Тодороски и Димитар Кошиновски се двајцата млади карпошовци, кои со финансиска поддршка на Општина Карпош успеаја „да го допрат“ врвот на Европа и таму да го истакнат знамето на Република Македонија и знамето на Општина Карпош. Двајцата млади високогорци, како дел од десетчлената екипа на планинарското друштво „Кораб“ (деветмина планинари од Македонија на кои им се приклучи и една Хрватка) кои од 8 до 19 август се искачија на три планински врвови во Европа, Триглав во Словенија, Гранд Парадизо во Италија и Мон Блан во Франција. Овој редок планинарско-алпинистички подвиг на еден 19 и еден 25-годишен жител на Карпош, беше доволен повод да направиме краток разговор за нивните впечатоци од ова единствено доживување.

32

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

– Овој планинарски поход беше наш начин да го одбележиме 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, и да им покажеме на младите спортисти дека нема пречка која не може да се премине, велат во самиот почеток на разговорот, младите високогорци од Карпош. – Имаше навистина исклучително убави, но и исклучително опасни моменти, со возбуда се сеќаваат Игор и Димитар, но навистина беше предизвик кој не смееше да се испушти. Возбудите, и тоа оние опасните, почнаа уште на врвот Триглав, каде што навистина многу се гине од громови. Тоа е главно гол карпест терен и наместа карпите се поцрнети од громови. Речиси нема година, а таму, да не загине по некој планинар или алпинист, вели Игор. Слична ризична ситуација ни се случи на Мон Блан. Таму се легендарните кулари на смртта, каде што поради глобалното ју л и

-

АВГУСТ

2011

затоплување и топењето на снегот, во еден дел по патеката има постојано одронување на камењата и карпите, може да ви се случи вистинска канонада од камења и да загинете. Само ден пред нас, пред ние да минеме низ кулоарот на смртта загина еден Чех, раскажува Димитар. Но ние бевме решени и опстојавме. Нешто што исто така е невообичаено искуство е како нашите млади високогорци и планинарите воопшто преживуваат на тие височини (Триглав 2864 м, Гранд Парадизо 4061 м и Мон Блан 4810 метри) и како се хранат. – Мене ме спасија „сникерсите“, вели Игор. Мислам дека изедов точно 40 „сникерси“, иако носев и други енергенси, оние на „виталија“ производи. Тие некако ти даваат сила. Носев и суви смокви, суво грозје, дехидрирани кајсии, ананас... – Јас пак не, вели Димитар, ништо од тоа не можев да јадам, мислам ми се гадеше постојано. Јас бев главно на зрнеста храна, на бадеми, лешници, семки од сончоглед. Мислам да каснам месо или храна на таа височина веднаш ќе умрам, вели Игор. Месото го исцрпува организмот, троши енергија за да се свари. На таа височина се ти пречи, се сеќава Димитар. Едноставно мозокот не ти работи како што ти работи во Скопје. Таму се многу вообичаени халуцинациите. Мене не ми се случи баш така, но една пријателка до мене, почна да се губи, да зборува неконтролирано, беше опуштена, ги соблекуваше ракавиците на ладното, не знаеше едноставно што прави. Ја тргнав настрана и дадов малку храна и пијалак и се врати на себе, ни раскажува Игор. Качувањето на крајната дестинација Мон Блан траеше три дена при што нашите ОПШТИНА

КАРПОШ

високогорци имаа среќа да имаат поволно време. Врвот се искачувал во три наврати со две застанувања во планинарските домови, средени хангари каде што можат да вечераат, да преспијат неколку часа и повторно да продолжат. Сепак, велат Игор и Димитар, моравме да пиеме таблетки за концентрација, „билобил“, „гинкобилбоа“, многу магнезиум затоа што имавме страшни грчеви во нозете и не се спиеше од нив. Тоа беше од пренапор, одевме со ранци тешки од 15 килограми и повеќе. По пат ги среќававме и Шерпасите кои зад себе на јажиња влечеа по двајца-тројца американски тајкуни, кои сакаат во нивната биографија да им пишува дека се качиле на Мон Блан. Одиме нагоре и само слушаме „you can, you can“ како ги поттикнува Шерпасот, професионален водич планинар, издишените богатници да издржат по планината. Сепак, ним им беше полесно зашто ранците и целиот товар им ги носеа шерпасите, а ние нашите ранци ги имавме на грб. Тоа дополнително ни го отежнуваше искачувањето. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

Она што можеби е најтешко но и најубаво, што таму на врвот, сонцето заоѓа во 21.30 часот. До 22 часот е сè уште ден и навистина е тешко да заспиеш иако знаеш дека утре те чека последната, најтешка тура до врвот Мон Блан. – Последниот ден, вели Игор, легнав малку порано со мисла да отспијам зашто бев многу уморен. Легнав малку но одеднаш почувствував дека пулсот ми е страшно забрзан и се исплашив. Излегов малку надвор да ги оттргнам мислите и во мене си повторував: „Кога веќе ќе зајде ова сонце?“ и ја видов најубавата глетка на зајдисонце, со восхит зборува Игор. Станавме во два часот по полноќ, беше дождливо, чекавме да се разбистри и продолживме. Она што е најважно е да се оди со исто умерено темпо, никако да не се брза. Сепак, последната глупост, вели Игор, ја направив кога стасавме на врвот. Од возбуда и радост направив „стој на раце“ и целата крв ми отиде во главата. И без тоа за тие височини се својствени главоболките, но тогаш почувствував нешто ужасно. Четири часа додека се спуштавме надолу ме болеше главата. Сепак, чувството на освојувањето на врвот, каде што ги закачија знамињата на Република Македонија и на Општина Карпош е неповторливо доживување. – Овој подвиг, велат Игор и Димитар, сепак, не ќе беше можен ако не нè поддржеше Општина Карпош, за што сме му посебно благодарни на нашиот градоначалник. Следната дестинација, како што најавија нашите високогорци, е освојување на врвот на Килиманџаро, во Африка, повторно со поддршка на нивната Општина Карпош. В. Цветковска ју л и

-

АВГУСТ

2011

Meморијален турнир „Сокол 2011“

На спектакуларен начин, со авионско надлетување на игралиштето во дворот на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ започна 14-тиот фудбалски турнир „Сокол 2011“. Оваа спортска манифестација се одржува во чест на прерано загинатиот основач на Вардаровите „Комити“, Оливер Соколов-Сокол. Годинешниот турнир свечено го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Илјадници летоци и балони го означија почетокот на еден од брендовите на Карпош 1, инаку наjголемата спортска манифестација во Општина Карпош. На отворањето присуствуваа и децата од Фудбалскиот клуб КФЦ кои со своите фудбалски вештини ги воодушевија присутните. Потоа, легендите на ФК Вардар и легендите од победничките екипи на „Сокол“ во претходните години одигра ревијален натпревар. Турнирот се одржува во дворот на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ и судејќи според стартот, ќе биде една од најпосетените спортски манифестации што се одржуваат на

територијата на нашата општина. Целиот настан ќе биде збогатен со многубројни пријатни изненадувања кои организаторот КФЦ ги подготви за сите љубители на фудбалот.

ОПШТИНА

КАРПОШ

33


Интермецо

Граѓански иницијативи

СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ, МАТЕРИЈАЛНА ПОМОШ ЗА МЛАДИ СПОРТИСТИ И СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ Учтивост е уметност на избирање меѓу твоите мисли. Коса - Малиот Јане ја прашува мајка си: - Мамо, зошто тато има малку коса? - Затоа, сине, што многу размислува. - А зошто тогаш тебе косата тие е многу бујна?

Решение: Лудвиг Ван Бетовен

Анегдоти Черчил и Шо

Во време кога Винстон Черчил бил осамен во британскиот парламент, познатиот писател Бернард Шо му пратил две влезници и покана да присуствува на неговата премиера. „Ценет господине, имам чест да Ве поканам на премиера на мојата нова претстава. Ви праќам две влезници, за Вас и за Вашиот пријател, доколку го имате. Со почит, Г.В. Шо“. Черчил веднаш му одговорил: „Ценет господине, жал ми е бидејки сум спречен да дојдам на премиерата на Вашата нова драма. Се разбира, ќе дојдам на првата реприза доколку воопшто се одржи. Со почит, Винстон Черчил“.

Петнаесет минути Кога автобусот на пат од Охрид до Скопје стасал во Тетово, кондуктерот на патниците им соопштува: „Стигнавме на автобуската станица во Тетово, кој сака да купи бурек нека купи, кому му се оди по нужда нека оди, кој сака да заврши факултет нека заврши, за 15 минути тргнуваме“.

Секоја нова програма во момент на употреба веќе е застарена. - Марфи

На пазар: - Еве, изберете си од овие шест кокошки. - Изберете ми вие три постари. - Постари. Добро. Еве овие три. - Во ред. Дајте ми ги сега оние три.

Аjнштајн и келнер

Патувајќи еднаш со воз, Алберт Аjнштајн огладнел и отишол во вагон-ресторан нешто да касне. Келнерот му го донел менито, но бидејќи очилата ги заборавил во купето, Аjнштајн го замолил да му го прочита менито. - Жалам господине, но и јас сум неписмен - му рекол келнерот.

Секој нареден поим се добива со анаграмирање на претходниот и со додавање на една буква. Хоризонтално: 1. Автознак за Италија 2. Иницијали на артистот Иствуд. 3. Тешко индиско дрво за бродоградба. 4. Украсни копчиња на народна носија. 5. Италијански фудбалер Бруно. 6. Област во Северен Виетнам. 7. Состојка во тутунот. 8. Отровен алкалоид, лек против невралгија. 9. Италијански диригент Артуро. 10. Противотров. (Решение: и, ки, тик, токи, конти, тонкин, никотин, аконитин, тосканини, антитоксин)

Виде тон!? Наглув бев!

Анаграмнa пирамидa

Палиндромни реченици: 1. Иле: нели музите зет изумиле, нели? 2. Јад! Ратке, нектар дај! 3. Ами, мани чинам има! 4. О, Ви прави пивар пиво! 5. Не се дилеми. Лев е! Ќе велиме ли десен? 6. Ами и за кодоши Мишо докази има! 7. Е, нема сон! Осамен е!

ВАСИЛ ПЕТРУШЕВСКИ,

НАЈДОБАР ГОЛМАН Гневот и нетрпеливоста се непријатели на правилното разбирање. (ОУ„Петар Поп Арсов“)

34

34

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 10 КАРПОШ УРБАН БРОЈ 8

ју л и - А В Г У С Т МАРТ - АПРИЛ

2011

2011

ОПШТИНА

ОПШТИНА

КАРПОШ

КАРПОШ

Општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски остануваат доследни во намерата во континуитет да им даваат поддршка на талентираните ученици и успешни млади спортисти и спортски колективи кои егзистираат на територијата на нашата општина. Во таа насока, и годинава, како впрочем и лани, парична помош ќе добијат учениците од сите основни училишта од нашата општина, се разбира, оние што постигнуваат одлични резултати во

учењето и во воннаставните активности. Со цел паричната помош да стаса во рацете на најдобрите, градоначалникотна Општината веќе распиша оглас за доделување 50 стипендии за талентирани ученици од сите основни училишта во општина Карпош. Критериумите содржани во огласот (објавени на вебстраницата на Општината) се потврда повеќе дека парична помош ќе добијат само најдобрите, а таа се движи од

1.500 до 3.500 денари за секој што ќе приложи документи пропишани со огласот и ќе се исплатува девет месеци, колку што и трае учебната година. И огласот за помош на талентирани и успешни млади спортисти и спортски колективи од нашата општина е со иста цел, односно да се поддржуваат и да се помагаат талентирани млади спортисти, поединци и спортски колективи што во конкретни спортски дисциплини постигнуваат врвни резултати, во општината,

ЗА КАРПОШ КОЈ ГО (САКАМ)ЦРТАМ Карпош мисли на своите сограѓани. Но, и тие мислат на него. За нив Општината е нешто многу. Нешто како втор дом, како мала татковина, нешто од каде што секое утро сé почнува и навечер сé завршува. Е таа мала татковина, тој мал дом, малку поголем од мојата куќа, од мојот стан, моето маало, постојано се грижи за нас. Да имаме убава улица, широки тротоари, убави и блексави светилки, големи и убави детски игралишта и прекрасни тревници... И сето тоа за нас децата. А ние згора на тоа, ако бидеме добри и умни, и уште надарени, тогаш нашата Општина и ќе не поддржи, ќе не поттикне, ќе не стипендира...понекогаш ќе не слика и ќе не стави во нејзиниот и нашиот весник. Еве како една мала карпошанка, деветгодишната Ана го доживеа своето „будење» во весник. Беше многу среќна и благодарана. А бидејќи Ана поубаво се искажува со цртеж отколку со збор(нејзината скриена дарба која ја наследи од мама и тато), еве како му се заблагодари на чичко Градоначалник, нашиот општински татко:

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

10

ју л и

-

АВГУСТ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

35


Културно лето - Карпош 2011

СТАРТУВАВМЕ СО „КОШТАНА“ Со дајрето в раце, со убавите песни на Коштана и со копнежот на Митке по младоста беше отворено четвртото по ред „Културно лето Карпош 2011“. Меѓу повеќе од 2.000 посетители, кај амфитеатарот на кејот на реката Вардар, се бараше место повеќе за да се ислуша најдобрата Кошатана на Балканот, Силви Плевнеш и доајенот на македонското глумиште Илија Струмениковски во улогата на Митке


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.