PrespanskiAber_br04

Page 1

РЕСЕН ПОВТОРНО СО ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ПО ФИЗИКА

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА НОВИ НАСАДИ

стр.7

И ПРЕСПАНИ ИМААТ СВОЈ ПАВАРОТИ ЖИВЕ КРЕМШОВСКИ

стр.4

Година I - Број 5, мај - 2011

Преспа – регион кој заедно со езерото, поделен на три држави. Најголем јаболков басен на Балканов, со годишни околу 80 илјади тони производство. Јаболко со препознатлив вкус, кое од година во година освојува се повеќе пазари. Идеални услови за т у р и з а м . Гол е м г р а д , единствен остров во државава, на кој по напорните борби, доаѓал да се одмори Цар Самоил. Прекрасни песочни плажи кои се мерат со километри. Езеро на 853 метри надморска висина. Два национални парка, Пелистер и Галичица. Можност за два гранични премини.Богатство од културно историски споменици, негибната природа, за која еден висок функционер од Русија, при посетата на овој крај ќе рече – Природата не е праведна.Целото свое богатство овде го истурила. Овдека и тишината одмора. Тоа е нашата Преспа

стр. 8

Бесплатен примерок

Матуранти 2011

Почитувани, најпрвин да Ви се извиниме за доцнењето на овој број, некогаш т ехничките проблеми се посилни од желбите. Сепак ние настојуваме да известиме од што поголем број настани што се случиле во изминатиот месец. Како и што ветивме на почетокот, покрај објективноста настојуваме да го зголемиме и бројот на соработници, се со единствена цела да бидеме поразновидни. По цртаниот хумор, со јунаци од нашиот град, сега внесуваме и анегдоти и преданија. Веруваме дека кај поголемиот број читатели сме добро прифатени. Благодариме. Редакција на Преспански Абер.

Матурант / ка , колку гордо звучи. Завршено средно училиште. Желба да се стане академски граѓанин.Исполнувње на почетниотот сон, барем средно да се заврши, да не ги разочарам домашните, да се оправдаат нивните очекувања и вложувања.Да се биде вистински човек на ова општество, на оваа Држава, почитуван и ценет. Е тоа се очекувањата.Всушност, кој колку ова ќе го почитува понатаму и што од тоа ќе се оствари останува да покаже времето.Родителите очекуваат и посакуваат Нивното дете да биде паметно.Вложиле многу, во школувањето,а богами и во матурските дочеци и облеквала.Дел од децата ќе вратат, некои не. А, што е тоа важно, еднаш е матура,животот има многу предизвици, матурантите ќе се сретнат со нив, ќе мора да ги решаваат, само да ги служи здравје. Сега збогум на средното училиште, а можеби и на учењето. Ова е испит на зрелоста.

РЕСЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се дисперзира во Ресен На први и втори јуни 2011 година гости на општина Ресен беа претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје-УТМС. Професорите и студентите од овој универзитет ги презентираа програмите за академската 2011/2012 на шесте факултети пред ресенчани: економски; правен; меѓународен маркетинг менаџмент; менаџмент на човечки ресурси; односи со јавноста и туризам. Жителите на Преспа од оваа есен ќе имаат можност да студираат на некој од шесте факултети во Ресен во областа на додипломски и последипломски студии. Оваа радосна вест ресенчани, особено младите топло ја поздравија, искажувајќи големо задоволство што ќе можат да студираат во својот роден крај. Претставници од УТМС имаа средба со градоначалникот на Ресен – Михаил Волкановски кој даде голема поддршка за овие високообразовни активности. Нека е аирлија студирањето во Ресен и нека не води мислата дека најважен е нашиот однос кон науката-За добар морнар нема лош брод, ниту неповолен ветер. Правилно да ги подигнеме едрата. Сите големи реки и сите паметни луѓе доаѓаат од провинција-Алберт Ајнштајн.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА Мислам дека Преспанскиот регион е еден од најубавите во државава.Мило ми е што сум овде. Посетата ја искористив за поблиску да се запознам со населението, да разговарам со жителите, да ги слушнам нивните потреби – истакна претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, при посетата на нашата општина. Преспа има одлични услови за развој на туризмот и овоштарството. Тоа треба да биде основа за подобар живот на граѓаните.Нашата држава заедно со локалната власт вложувањата ќе ги насочи во овие две економски гранки. Иванов во придружба на градоначалникот на Ресен, Михаил Волкановски, престојот го искористи да го посети Домот на културата, Драги Тозија, Црквата Св. Ѓорги во Курбиново и надалеку познатото место за алтернативен туризам Брајчино и основоположникот тетка Николина. Стр. 3


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.