студија за проценка

Page 1

Студија за проценка на постоечката состојба и капацитетите за развој на агротуризмот во Oпштина Ресен


2

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


,,An EU funded project managed by the European Agency for Reconstruction,,

Општина Ресен

Студија за проценка на постоечката состојба и капацитетите за развој на агротуризмот во Oпштина Ресен Со фокус на населените места: Брајчино, Долно Дупени, Претор, Сливница, Љубојно и Стење

,, Публикацијава е направена со финансиска поддршка од Европската унија,, Во рамките на Проектот: ,,Стандарди за локален квалитет на Преспа,,

Ресен, Јули 2008

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

3


Нарачател на Студијата: Општина Ресен Проект ,,Стандарди за локален квалитет на Преспа,, бр. 05MAC02/01/01/003 Изработувач на Студијата: Урбан Рурален Консалтинг – УРЦ, Скопје

w w w. u r c . c o m . m k

Проектен тим кој ја изготви Студијата: Игор Славкоски – тим-лидер Васко Лазарески Соња Манасова Ирена Калајџиеска Чуркоска Анета Лозаноска Сашо Манасов Горан Ангелов Дијана Велјаноска Лектура: Ивана Коцавска Локален партнер: Музичка младина - Ресен Посебна благодарност до: Општинската администрација од Општина Ресен, Членовите на Музичка младина Ресен, Сите кои се вклучија во спроведувањето на пописот, Сите кои се вклучија во обезбедувањето на релевантни информации, Сите учесници на одржаните работилници, Членовите на Друштвото на планинарски спортови на Македонија, Членовите на локалните Здруженија на граѓани, Организаторите и домаќините на локалните работилници. Благодарност до сите кои ја поддржаа изработката на оваа Студија и придонесоа со своето искуство, информации и ентузијазам да ја изработиме. ,,Публикацијава е изготвена со помош на Европската унија. Содржината на истата, е исклучива одговорност на изведувачот и никако не може да се смета дека становиштата изразени во неа се становишта на Европската унија,,

4

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Содржина

ВОВЕД – ПОТРЕБА ОД ЕДНА ВАКВА СТУДИЈА........................................................ 7 ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ - СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ....................................................... 7 1 МЕТОДОЛОГИЈА НА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА.................................................. 9 2 СОСТОЈБА И УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ОДРЖЛИВИОТ ТУРИЗАМ.............................13 3 ИНТЕГРИРАНА SWOT АНАЛИЗА ЗА ШЕСТЕ СЕЛА ПРЕДМЕТ НА ОВАА СТУДИЈА....46 4 ЦЕЛИ НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ..................................................48 5 КОНЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО АНАЛИЗИРАНИТЕ СЕЛА, ВИЗИЈА И

ПЕРСПЕКТИВИ.....................................................................................................49

6 ПРОФИЛ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА СЕЛАТА...............................................62 7 СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ ВО АНАЛИЗИРАНИТЕ СЕЛА....................................79 8 ПРЕДУСЛОВИ И ПОТРЕБИ...................................................................................84 9 ПРИДОБИВКИ ОД СТУДИЈАТА – ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ.............................101 10 ПРИОРИТЕТИ, ГЕНЕРАЛНИ ПРЕПОРАКИ, И ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ ..... СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ ВО ТУРИСТИЧКАТА И УГОСТИТЕЛСКАТА ПОНУДА...103

11 ГРАФИЧКИ ПРИЛОЗИ – КАРТИ........................................................................110 12 ЛИСТА НА КОРИСТЕНИ МАТЕРИЈАЛИ..............................................................116

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

5


CIP-Категоризација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 338.482(497.773)(049.3) Студија за проценка на постоечката состојба на капацитетите за Развој на агротуризмот во општина Ресен : со фокус на населените места Брајчино, Долно Дупени, Претор, Сливница, Љубојно и Стење / [проектен тим кој ја изготви студијата Игор Славкоски-тим лидер... и др. ].-Ресен; Општина Ресен, 2008.-120 стр. : илустр. во боја, граф. прикази : 24 ск Библиографија : стр. 116 ISBN 978-9989-2897-0-5 1. Славкоски, Игор [автор] а) Туристичка понуда-Ресен (општина) – Студии COBISS.МК-40 73413130

6

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


ВОВЕД – ПОТРЕБА ОД ЕДНА ВАКВА СТУДИЈА

Природната компактност и меѓународниот карактер на Преспанскиот Регион како и императивната потреба за ставање во функција и заштита на природните потенцијали и материјалните добра претставува главен мотив за дефинирање и апликација на единствена методологија во дефинирањето на развојните цели и планските концепти, базирани на принципите на одржливиот развој. Концептот на одржлив развој ги обединува социјалните, економските и целите на животната средина кои треба взаемно да се надополнуваат. Имплементацијата на принципите на одржлив развој во Преспанскиот Регион остварлива е во рамки на композицијата од природното богатство надополнета од културно-историското наследство, обогатена со еминетни ендемични поднебја и локалитети а во исто време менаџирана и заштитена од човечкиот фактор. Студијата за проценка на постоечката состојба и капацитетите за развој на агротуризмот во Преспа произлегува од потребата да преку плански решенија, организација и континуирана соработка на општествените актери се овозможи развој на руралните средини како потенцијални стопански центри имајќи го во предвид просторниот предуслов и моменталните промени во вкупната економија. Студијата е насочена кон агротуризмот како селективен облик на туризам кој се развива во руралните средини а претставува специфичен облик на економски развој кој има широко влијание врз социо-економските односи и просторот во кој се реализира. Разноликоста на регионални и национални развојни модели на овој вид туризам широм Европската Унија овозможува развој и примена на модел за стандардизација на локален туристички производ во Преспанскиот Регион дефиниран преку заедничка соработка на Општина Ресен, Република Македонија и Општина Преспа, Република Грција. Моделот за развој на агротуризам во Преспанкиот Регион обезбедува осовременување на традиционалните и воведување на нови функции, валоризација на туристичката понуда на опфатените и афирмираните ресурси, валоризација на новооткриени и потенцијални ресурси, вклучување на природното и културното богатство во туристичката понуда, вклучување и промоција на локалните производи, традиционалната кујна и традицијата. Моделот на агротуризам првично развиен во оваа студија ќе ги унапредува, промовира и пласира на европските пазари компаративните предности на целокупниот Преспански Регион во согласност со светските трендови.

Градоначалник Димитар Бузлевски

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

7



ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ - СВЕТСКИ ТРЕНДОВИ

Процесот на глобализација, динамичниот развој на технологијата и современата масовна комуникација ги бришат границите меѓу државите и овозможуваат непречен проток на стоки, луѓе, идеи и капитал. Овие процеси создаваат услови за позабрзан развој на туризмот, којшто претставува една од просперитетните стопански гранки на новиот милениум, во кој човекот, поединечно и групно, ќе биде во постојано движење и менување на местото на престој, како резултат на деловни, бизнис, истражувачки, здравствени, едукативни или чисто туристички мотиви. Во вакви услови туризмот, со сите можни видови туристички активности, добива значајно место во локалната и националната економија, во којашто, при дејствување на пазарните законитости и актуелните директиви и определби за одржливо користење на природните и создадени ресурси, сите инволвирани субјекти во туристичката дејност се соочуваат со многу предизвици во алокација на капиталот и негово вклучување на домашниот и странскиот туристички пазар. Предуслов за отпочнување и развивање на одредени видови стопански дејности, претставува изработка на синтетизиран стручен пристап кој дава насоки и предлози за можни начини на организација и водење на приватниот бизнис. Во стопанските дејности кои бараат мал почетен капитал, брза едукација и преквалификација на кадарот и за кои постојат традиционални предуслови, се вбројува и туристичката дејност. За таа цел предмет на оваа Студија е токму изнаоѓање и посочување на сите можности за развој на туристичката дејност врз одржливи основи во руралните населби: Брајчино, Љубојно, Претор, Долно Дупени, Сливница и Стење. Развојот на туризмот се базира на основните принципи и сознанија кои произлегуваат од парадигмата на одржливиот развој, кој подразбира меѓусебна усогласеност на екологијата и стопанскиот развој со цел да се сочува природното богатство на планетата Земја и за идните генерации. Одржливиот развој е насочен кон создавање подобар свет во кој ќе постои усогласеност на трите сфери на влијание и дејствување: економската, социјалната и заштитата на животната средина. Концепцијата на одржливиот развој е резултат на сознанијата и согледувањето за опасноста што постои од политиката на стопанскиот развој по човекот и по планетата Земја, поради што сериозно се наметна потребата за преземање итни мерки за регенерација на Земјата. Така е создадена парадигмата на одржливиот развој содржана во Агенда 21, во која се даваат препораки за одржливо управување со ресурсите во 21. век (вода, шума, копно). Самитот во Рио де Жанеиро успеа за прв пат да ги поврзе прашањата на развојот и животната средина. Резултат претставува потпишувањето и усвојувањето на неколку важни документи, меѓу кои е Агенда 21. Тоа е Декларација за намерата и обврзувањето на одржливиот развој во 21. век. Со вкупно 40 Поглавја, почнувајќи со темата за сиромаштијата, заштитата на атмосферата, шумите, водените ресуси, потоа преку здравствената заштита, земјоделството, па сè до собирањето на отпадот. Една од основните постулати на парадигмата на одржливиот развој е пристапот дека екологијата не мора да биде во конфликт со економијата и со сите видови активности кои се дел на стопанскот развој на локалната, националната и светската заедница, во кои меѓу другите значајно место зазема и развојот на туризмот, кој со своите активности за задоволување на

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

9


барањата на туристите влијае и врз состојбите и квалитетот на сите медиуми на животната средина. Искуствата на развиените земји укажуваат дека во овие земји сè повеќе се одвојува капитал наменет за заштита на околината, заштеда на енергијата и другите необновливи ресурси и за развој на технологии со кои се намалуваат штетните влијанија врз човековата околина. Примената на одредбите за одржливиот развој се остварува и со конкретни мерки, согласно законската регулатива во областа на спречување на загадување и користење на националните ресурси. Според тековната состојба, во Република Македонија во доменот на заштитата на животната средина е остварен голем напредок во усогласувањето на нашата регулатива со законите на Европската унија, каде што постојат високи стандарди за заштита. Одржливиот развој е предмет на многу владини документи и стратегии од областа на заштитата на животната средина, развојот на туризмот, развојот на селските населби, земјоделското производство, водостопанството, природното и културното богатство итн. Туризмот со своите активности, во земјите со забрзан раст на економијата, ја презема улогата на лидер во стопанската структура, остварувајќи значајно учество во глобалниот бруто домашен производ и во вкупната вработеност. Туризмот презема, исто така, значајна одговорност во однос на економското, општественото, културното и природното опкружување. Со цел да се спречат негативните влијанија на оваа стопанска дејност и да се воспостават одговорни правила на однесување на сите субјекти во областа на туризмот, Светската туристичка организација и други меѓународни институции утврдиле универзални правила за сите учесници во развојот на туризмот и за сите држави. Основата на овие правила е содржана во насоките во однос на заштитата на животната средина утврдени со Агенда 21, потпишана и усвоена од страна на 182 влади на држави на Конференцијата на ОН за животна средина и развој, односно на Самитот во Рио де Жанеиро во 1992 година. Во 1996 година беше усвоен документот Агенда 21 за туристичкото стопанство. Целта на овој документ е да помогне на владините ресори надлежни за развој на туризмот, на националните туристички организации, деловните здруженија и претпријатија во областа на туризмот, во рамките на своите домени на работење да се насочат кон достигнување одржлив туризам на локално, регионално, национално и меѓународно ниво. Со вклучување на сите инволвирани страни и заинтересирани субјекти, меѓународната заедница активно работи на донесување документи значајни за развој на туризмот врз принципите на одржливост. Тука треба да се спомене и општиот етички кодекс во туризмот, усвоен од страна на Генералното собрание на Светската туристичка организација во 1999 год. и од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во 2001 год. ОН во 1999 год. посветиле посебна седница на Комисијата за одржлив развој на тема: “Туризмот и одржливиот развој”. На оваа седница е прифатена меѓународна програма за работа на одржливиот развој на туризмот и се утврдени задачи и соодветни иницијативи за сите учесници во процесот на одржлив развој на туризмот. Под одговорен и одржлив развој на туризмот, се подразбира развој кој ги задоволува потребите на сегашните туристи и на сите учесници во туризмот, со истовремено сочувување и зголемување на потенцијалот за користење на туристичките ресурси во иднина, без загрозување и намалување на можностите на идните генерации да ги задоволат сопствените потреби. Односно, се подразбира унапредување на квалитетот на животот на луѓето во рамки на можностите на екосистемот кој нè опкружува.

10

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Одговорниот и одржлив туризам подразбира право на туризам и на слобода на туристичките движења, задоволување на економските, општествените и естетските потреби, со одржување на карактеристиките на наследеното природно и културно-историското богатство.

1. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА

1.1 Методолошки пристап Методолошкиот пристап е заснован на потребата за најдиректна вклученост на локалното население во изработка на Студијата, почнувајќи со обезбедување и прибирање на информации и податоци од селата Брајчино, Љубојно, Сливница, Долно Дупени, Претор и Стење, нивна обработка, анализа и презентација. Во Првата фаза, со цел прибирање податоци за локалните услови и за постојните можности за отпочнување, односно унапредување на туристичката дејност во наведените села врз одржливи основи, се организираа интервјуа и беше спроведен Попис на сместувачки капацитети, со задача да се согледаат можностите и потребите на луѓето во селските средини за отпочнување бизнис во областа на туризмот. Методологијата за изработка на Студијата за одржлив развој на туризмот поаѓа од основните цели и задачи кои треба да се постигнат со нејзина реализација. Поставена е врз определбата за примена на сите расположиви методи и техники кои ќе овозможат стручна, систематична и детална анализа на состојбите, можностите, потенцијалите и утврдување на факторите за поттикнување на одржливиот развој во руралните области. Со примена на принципите на сеопфатност, прави согледување како на факторите за развој, исто така и на предностите, слабостите, придобивките и мерките што треба да се предложат за остварување на саканата цел. Врз основа на организиран и стручен пристап се даваат насоки и определби за активно вклучување на локалното население во дефинирањето мерки кои ќе овозможат отпочнување и негово вклучување во туристичкиот бизнис, со создавање претпоставки и услови за сите активности кои треба да се преземат од страна на заинтересираните субјекти. Развојната компонента на Студијата дава визија за перспективите на овој вид туризам врз рационални основи, со примена на насоките утврдени за одржлив развој кои, пред сè, се однесуваат на намалување и целосно елиминирање на сите негативни влијанија врз живиот свет и природната средина, од активностите поврзани со одвивањето на туристичките активности и воопшто развојот на туризмот во селата од овој крај. Методолошкиот пристап ги разработува и начините и мерките со кои е потребно да се поттикнува свеста на локалното население за искористување на можностите за развој на туристичките активности. Тоа неминовно води кон создавање поактивен однос, како на месното население така и на локалната самоуправа, со директно вклучување во процесот на изработка на Студијата и предлагање конкретни идеи и мерки за обезбедување развој на туристичката дејност врз одржливи основи.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

11


Студијата ќе овозможи поттикнување на локалната заедница да преземе конкретни активности околу предлагањето и донесувањето мерки во рамките на нејзините надлежности, со кои може да се вклучи во остварување на зацртаните цели и анимирање на локалното домородно население за негово целосно интегрирање во политиката за заштита на животната средина. Студијата, меѓу другото, е базирана на сите расположиви стратешки документи и планови усвоени на локално и национално ниво, со кои се даваат насоки за развој на оваа перспективна дејност. Во методологијата за изработка на Студијата е вклучена широка база на информации и податоци за природните карактеристики, создадените материјални и духовни културни вредности кои претставуваат мотив за туристичка посета на овие рурални области. Динамиката на изработка е усогласена со утврдениот краен рок за изработка. Вклучува голем број на стручни лица и експерти во соодветни области, кои обединети во работен тим со синтезен пристап во анализата на релевантната база на податоци, го изработија интегралниот текст на Студијата, со основна цел и намена за вклучување на локалното население во искористувањето на атрактивните простори на преспанскиот регион за стопански цели, но врз основа на принципот за одржливост, како на Студијата така и на туристичката дејност во секој конкретен локалитет. Првата фаза претставува прибирање на податоци, снимање и анализа на состојбата на природниот и општествен амбиент на општината и селските населби: Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Сливница, Претор и Стење. Под лидерство на менаџерот на Проектот, во тесна соработка со единицата на локална самоуправа, невладиниот сектор, работните групи и претставници на месното население, во постапката на изработка е вклучена јавноста, преку анкетирање, работилници, презентации, со цел слободно и транспарентно поврзување на сите чинители кои може да дадат удел во изработката на Студијата и нејзина достапност за увид и дополнување. Процесот на изработка на Студијата опфаќа неколку фази: 1. 2. 3. 4. 5.

Оформување на истражувачко-аналитичка основа за сите релевантни области. Изработка на Работна верзија. Организирање работилници со широката јавност. Финална верзија - техничка подготовка и печатење. Презентација и промоција на Студијата.

Учеството на јавноста и едукацијата на населението за можните начини и форми за негово туристичко активирање и ставање на природните и културните вредности во функција на развој на туризмот и нивно одржливо користење, е основната задача со која треба да се постигне ефикасна имплементација и реализација на основната цел на Студијата.

1.2 Учесници и работни групи Процесот на изработка на Студијата се базираше на целосно партиципативни техники со кои се овозможи учество на сите заинтересирани правни и физички лица, во сите фази од развојот на студијата. Целиот процес на прибирање информации и податоци од регионот кои ја отсликуваат реалната состојба и реалните потреби на крајните корисници, беше спроведен

12

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


од страна на консултантскиот тим, со поддршка од локалните Здруженија на граѓани, како и со поддршка од група локални експерти. Во процесот на изработка на Студијата беа опфатени претставници на следните заинтересирани страни и крајни корисници: - раководител – тим-лидер, - стручни експерти, - здруженија на граѓани, - работни групи, - технички персонал, - претставници на локалната самоуправа, - претставници на месните заедници, - туристички работници, - претставници на други надлежни државни институции, - претставници на бизнис-секторот, - претприемачи, - заинтересирани граѓани – поединци. Процесот овозможи вклучување на широка група чинители, со свои идеи, знаења, предлози, сугестии, информации и искуство. Во овој контекст важно е да се спомене ентузијазмот на локалното население и нивната посветеност и подготвеност за поддршка на процесот на изработка на Студијата во сите нејзини фази.

1.3 ГИС - обработка и презентација Паралелниот прогрес во технологијата на компјутерските системи значеше и развој на апликации од областа на географските информациски системи (Geographic Information System). Висококвалитетна картографија која се користи за планирање на земјиштето, управување со изворите на природни богатства, просторно и урбанистичко планирање и оданочување во дадено опкружување, изработка на дигитални топографски карти, геодетски планови и катастарски операти за даночните обврзници, еколошки и демографски истражувања, контрола и регулирање на сообраќајот, интегрирано управување со урбани средини, давање квалитетни и навремени услуги на граѓаните, бизнис-апликации и други, на ГИС му обезбедуваат да биде една од најголемите компјутерски апликации што досега се појавиле. Во Студијата: “Проценка на капацитетите за развој на агротуризмот во Преспа”, е реализиран ГИС проект во три нивоа и тоа: I. • • • • •

ГИС на преспанскиот регион, во кој глобално е прикажан целиот регион со следните дигитализирани тематски содржини: Населени места. Патна инфраструктура (магистрални, регионални, локални и други патишта). Хидрографска мрежа (природни и вештачки езера, реки). Културно – историски споменици. Верски објекти.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

13


• Висинска претстава (тридимензионално прикажување на просторот). На сл.1 е прикажан тридимензионален модел на релјефот на преспанскиот регион.

Сл.1: Tридимензионален модел на релјефот на преспанскиот регион

• Дигитален модел на пешачки патеки: Со помош на ГПС уред се дигитализирани пешачки патеки во 6 населени места (Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Претор, Стење и Сливница), и патеки по езерото од населените места (Стење, Претор, Долно Дупени) до островот Голем Град. II. • • • • • • • •

14

|

Детален ГИС на сите шест населени места (Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Претор, Стење и Сливница), во кои се дигитализирани повеќе тематски нивоа и тоа: Улици и сообраќајници. Згради (куќи). Верски објекти (цркви, манастири …). Хотели. Ресторани. Сместувачки капацитети (индивидуални куќи, хотели, конаци...). Јавни објекти. Продавници, услужни дејности, воденици и други објекти од интерес за туристите.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


За сите објекти во овие тематски нивоа се внесени голем број на атрибутни (описни) податоци, со што е формирана просторно-атрибутна база на податоци со што се овозможува реализирање на голем број просторни и логички анализи и пребарувања, печатење различни графички прикази во различни размери. III. Детален дигитален модел на островот Голем Град со повеќе дигитализирани тематски содржини: • Пристаништа. • Обележани пешачки патеки. • Верски објекти: цркви, ранохристијански базилики, хелинистичка куќа, римска куќа, римска цистерна.

2. СОСТОЈБА И УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ОДРЖЛИВИОТ ТУРИЗАМ Профилирањето на руралните населби Претор, Стење, Љубојно, Долно Дупени, Сливница и Брајчино како туристичка дестинација со одредени туристички вредности, е невозможно без евалуација на ресурсната основа и на сите релевантни фактори кои ја определуваат нивната туристичка вредност. Од руралните населби, кои се предмет на опсервација во оваа Студија, свој туристички производ препознатлив во преспанскиот крај имаат населбата Претор и селата Брајчино и Стење. Останатите населби сè уште го немаат промовирано својот идентитет во понудата на туристичкиот пазар. Карактеристично за преспанскиот регион е што целиот тој крај, со сите свои разновидни природни и од човекот создадени богатства, претставува туристички ресурс кој своите вредности допрва ќе ги ефектуира во економската и социјалната сфера, како во локалната заедница, така и на национално ниво. Придобивките од развојот на оваа специфична стопанска дејност претставуваат појдовна основа за понатамошен мултипликативен одржлив развој на селските населби, кој ќе овозможи создавање на нов постулат во обезбедување просперитет на населението и негово задржување во родниот крај. Економските придобивки од руралниот развој ќе овозможат и враќање на населението, кое во изминатите децении масовно мигрираше во потрага по подобри услови за живот и ги напушташе родните огништа.

Економските придобивки прогресивно ќе влијаат за зголемување на интересот и на другите жители за вклучување во туристичкиот семеен бизнис, овозможувајќи им подобар стандард и можности за враќање на самодовербата на локалното население за вистинските вредности што ги поседува и несебично им ги дава родната земја. Во оваа Студија ќе бидат посочени можни форми и облици за работно ангажирање и искористување на потенцијалите со употребна вредност во функција на туристичкиот развој. На тој начин секој жител кој ќе ја согледа својата перспектива со вклучувањето на туристичкиот пазар, ќе има можност да ги реализира своите очекувања и да ги користи плодовите на својот труд. Анализата на целосната ресурсна основа ги вклучува покрај природните вредности така и создадените, со посебен осврт на обележјата на овие селски населби кои се специфични и кои им даваат одредени препознатливи карактеристики, со што се разликуваат и издвојуваат едни од други.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

15


Во анализата на ресурсна основа спаѓаат сите дејности кои се комплементарни на туристичката дејност и со кои се обезбедува комплетна понуда за задоволување на сите потреби на потенцијалните туристи, пред сè, навремена и целосна информираност за сè што е од интерес за активно и содржинско исполнување на времето во текот на неколкудневниот престој на туристот, потоа обезбедување на потребата од евентуални здравствени услуги коишто го прават престојот побезбеден и безгрижен, пристојна трговска мрежа со основните продукти, понуда на сувенири и украси кои ги носат обележјата на овој крај и кои ќе останат во спомен, но и како можност за понатамошна реклама на селата како дестинации кои нудат можности за релаксиран и благопријатен одмор поминат без грижи и оптоварувања на туристите, можност за брза комуникација (телефонија, мобилна и фиксна, интернет), банкарски услуги, забава, спортски и културни објекти итн. Во Студијата се посочени и можностите за отворање на нови и атрактивни содржини на нови локации, како што е можноста за изградба на голф-игралишта, репрезентативни туристички зони, селективен облик на туризам кој е наменет за одредена туристичка фела која, сепак, бара посебен третман и посебни услови за престој, но со која се создаваат можности за поголем приход и девизен прилив неопходен во услови кога домашната акумулација е ограничена за нови поголеми вложувања во туристичката сфера. Во ресурсната основа посебно место и значење има близината на природните богатства, природни простори во кои со официјалните документи се применува посебен режим на управување. Тоа се дестинации кои може да влезат во туристичката понуда на активности кои може да ги обезбедат туристичките домаќини во сите шест анализирани селски населби.

2.1 Местоположба и просторни карактеристики на селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење

2.1.1 Местоположба и просторни карактеристики Селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење припаѓаат на Општина Ресен, која се наоѓа во преспанската котлина, во југозападниот дел на Република Македонија. Општината опфаќа површина од 739 km², од кои копнениот дел се протега на површина од 562 km², и водена површина од 177 km². Претставува посебна просторна целина која географски се простира на околу 41° северна географска ширина и 21° источна географска должина.

16

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Сл. 2 Приказа на поширокиот регион со повеќе тематски нивоа

Во Општина Ресен има вкупно 44 населени места од кои само едно е урбана населба, тоа е градот Ресен, додека останатите се селски населби во рамки на кои спаѓаат и селата: Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Сливница, Претор и Стење, кои се предмет на студиската анализа за одржливиот развој на туризмот. Општината Ресен се граничи со општините Охрид, Битола и Демир Хисар. Селото Брајчино е планинско, се наоѓа на надморска височина од 1000 метри, со атар кој зафаќа простор од околу 60 хектари. Се протега на крајниот југоисточен дел на територијата на општина Ресен, издигнувајќи се со атарот на југозападниот срт на планината Баба. Се граничи со општина Битола и со државната гранична линија со Република Грција. Низ селото тече Брајчинска Река. Површината под пасишта зафаќа околу 2420 хектари, шумите 2790 хектари, а обработливото земјиште околу 500 хектари. Од градот Ресен селото е оддалечено 32 km. Селото Долно Дупени се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на општина Ресен. Атарот допира до граничната линија со Р. Грција и до источниот брег на Преспанското Езеро. Селото е рамничарско, се наоѓа на надморска височина од 890 метри. Од градот Ресен е оддалечено 34 km. Атарот зафаќа површина од околу 14 km², со следната структура на земјиштето: обработливото земјиште зазема површина од 469 хектари, на шумите отпаѓаат 627 хектари, а на пасиштата околу 230 хектари.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

17


Селото Љубојно се наоѓа на јужниот дел на општина Ресен и се граничи со Република Грција. Љубојно е рамничарско село, на надморска височина од 920 метри. Од градот Ресен е оддалечено 28 km. Атарот зафаќа површина од 13,6 km². Обработливото земјиште има површина од околу 480 хектари, пасиштата 396 хектари, а шумите 356 хектари. Населбата Претор се наоѓа во преспанската котлина, во југоисточниот дел од општина Ресен и излегува на брегот на Преспанското Езеро. Се наоѓа на надморска височина од 900 метри и е рамничарска населба. Атарот зафаќа површина од 39 km² . Обработливото земјиште има површина од 178 хектари, шумите 148 хектари, а пасиштата зафаќаат површина од 49 хектари. Селото Сливница се наоѓа во југоисточниот дел од преспанската котлина, недалеку од патот Ресен-Љубојно. Селото има ридски карактеристики, на надморска височина од 940 метри, со атар кој се издига до сртот на планината Баба. Атарот има површина од околу 10 km², од кои на пасишта отпаѓаат 283 хектари, на шуми 490 хектари, и на обработливо земјиште 219 хектари. Стење е населба која се наоѓа на крајниот југозападен дел од територијата на општина Ресен. Атарот допира до граничната линија со Р. Албанија. Од градот Ресен селото е оддалечено 21 km. Површината на атарот изнесува 17,4 km². Доминантни се шумите на површина од 1410 хектари, обработливо земјиште на 250 хектари, а на пасишта отпаѓаат само 17 хектари. 2.1.2 Климатски карактеристики Климата во селата и целиот преспански регион е умерено-континентална, со медитеранско влијание преку клисурата Грло на југозапад од Малото Преспанско Езеро и преку планинскиот превој Превтис на југозападниот дел од Мала Преспа. Се карактеризира со топли лета, во кои ноќите се свежи, и со благи зими. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 64%. Водата на Преспанското Езеро во одредена мера се јавува како климатски модификатор на својата околина. Езерото кое се наоѓа на надморска височина од 850 метри претставува терморегулатор за околниот воздух, посебно на температурата на воздухот во зимските месеци, особено во декември и јануари. Преодот од зимата кон летото е нешто побрз заради што пролетта е послабо изразена годишна сезона во однос на есента, што секако претставува важна карактеристика од интерес за престојот на туристите во текот на есенските месеци, во кои во општината Ресен се организираат значајни манифестации, како што е Јаболкоберот кој се одржува на крајот од септември. Просечната годишна температура изнесува 10,2°С, најтопол месец е јули со просечна месечна температура од 21°С, минимална вредност од 0,3°С во месец јануари. Преспанската котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење со просечно годишно траење од 1 400 до 2 600 часови. Во однос на ветровите и струењето на воздухот, присутни се локалните ветрови со режим условен од езерото поради нееднаквото загревање на воздухот над копното и над езерската шир, поради што се зголемува општата зачестеност на ветровите во ова подрачје.

18

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Маглата во преспанското подрачје е ретка појава, главно поради честото проветрување и присуството на големите езерски водени површини.

2.2 Демографски обележја на селата Според Пописот од 2002 година, во Општина Ресен живеат околу 16.825 жители. Во селата кои се предмет на анализа, се забележува постојано намалување на бројот на жители како резултат на намалениот природен прираст, лошата старосна структура и особено присуството на емиграционите движења кои биле карактеристични во минатото во овој печалбарски крај. Во селото Брајчино бројот на жителите перманентно се намалува. Во 1961 година во селото живееле 795 жители, во 1994 година 212 жители и во 2002 година овој број се намалил на само 134 жители. Според старосната структура, на возраст од 20 до 64 години се регистрирани 58 жители, потоа од 0 до 14-годишна возраст има 11 деца и останатите 65 жители се на возраст над 65 години. Долно Дупени е рурална населба која во 1961 година имала 634 жители, во 1994 година 260 жители македонско население и според последниот Попис од 2002 година бројот на жителите во ова село е намален и изнесува 235 лица. Според старосната структура, на возраст од 15 до 64 години се регистрирани 115 жители, потоа од 0 до 14-годишна возраст има 28 деца и останатите 92 жители се на возраст над 65 години. Селото Љубојно некогаш било голема населба, но поради внатрешни и надворешни миграции бројот на населението се намалил. Во 1961 година во селото живееле 880 жители, во 1994 година 238 жители, а со Пописот од 2002 година евидентирани се 186 жители, од кои 95 мажи и 91 жена. Според старосната структура, до 5 години има само 8 деца, од 5 до 14 години вкупно 21, додека на возраст од 15 до 24 години има само 15 младинци. Од 25 до 64 години евидентирани се 77 лица. Останатите 65 жители се на возраст од 65 години и постари. Селото е препознатливо по печалбарството, кога голем дел од населението одело на печалба во соседните и прекуокеански земји. Бројот на жители во населбата Претор во 1961 година изнесувал 220 лица, додека во 1994 година бројот се намалил на 153, за во 2002 година нивниот број да изнесува само 142 жители. Според старосната структура, на возраст од 20 до 64 години се регистрирани 76 жители, потоа од 0 до 14-годишна возраст има 9 деца, од 15 до 19-годишна возраст има 12 младинци. Останатите 33 жители се на возраст над 65 години. Селото Сливница во 1961 година броело 310 жители, во 1994 година 166 жители и со последниот Попис од 2002 година населението брои 188 жители. Според старосната структура, на возраст од 20 до 64 години се регистрирани 242 жители, потоа од 0 до 14-годишна возраст има 99 деца, од 15 до 19-годишна возраст има 30 младинци. Останатите 67 жители се на возраст над 65 години. Населбата Стење е со средна големина, во 1961 година имала 477 жители, во 1994 година 324 жители и во 2002 година 438 жители. Според старосната структура, на возраст од 20 до 64 години се регистрирани 103 жители, потоа од 0 до 14-годишна возраст има 39 деца, од 15 до 19-годишна возраст има 12 младинци. Останатите 38 жители се на возраст над 65 години.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

19


Населено место

Вкупно

Мажи

Жени

1

Брајчино

134

73

61

2

Долно Дупени

235

112

123

3

Љубојно

186

95

91

4

Претор

142

70

72

5

Сливница

188

105

83

6

Стење

438

229

209

7

Општина Ресен

16825

8413

8412

Табела бр. 1: Број на жители по пол - Попис 2002 година

Според демографските карактеристики може да се заклучи дека само населбата Стење има поголем број жители во однос на останатите. Најмалку жители се регистрирани во селото Брајчино. Според старосните контингенти доминира населението на возраст од 20 до 65 години, што претставува основа за ангажирање на работоспособно насление кое може да се вклучи во туристичката дејност. 2.2.1 Домаќинства и станбени единици Според податоците на Државниот завод за статистика, на последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија од 2002 год, Општина Ресен брои вкупно 16 825 жители населени во градот Ресен и околните 43 села кои влегуваат во рамките на општината. Општина

Вкупно население

Домаќинства

Станови

Арвати

137

35

88

Асамати

175

45

123

Болно

237

74

113

Брајчино

134

61

213

Волкодери

114

30

53

Горна Бела Црква

187

44

120

Горно Дупени

59

25

58

Горно Крушје

107

35

70

Грнчари

417

107

252

Долна Бела Црква

237

59

73

Долно Дупени

235

89

255

Долно Перово

175

61

100

Дрмени

416

130

206

Евла

106

33

76

Езерани

203

55

70

Златари

118

39

71

20

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Општина

Вкупно население

Домаќинства

Станови

Избиште

176

48

65

/

/

3

Јанковец

1169

352

474

Козјак

117

26

76

Коњско

3

2

51

Крани

416

112

220

Кривени

27

11

46

Курбиново

137

33

55

Лавци

134

30

62

Лева Река

60

20

45

Лескоец

12

4

21

Љубојно

186

86

324

Наколец

262

79

139

Отешево

/

/

10

Петрино

/

/

5

Подмочани

306

90

151

Покрвеник

65

22

37

Прељубје

16

9

16

Претор

142

39

128

Рајца

66

18

32

Ресен - град

8748

2451

3252

Сливница

188

48

156

Сопотско

222

73

134

Стење

438

129

258

/

/

4

Царев Двор

605

161

258

Штрбово

184

63

193

Шурленци

89В

21

77

16 825

4 849

8 233

Илино

Стипона

Ресен

Табела бр.2: Население, домаќинства и станови во Општина Ресен, 2002 год.

Горенаведениот табеларен приказ на населението на ниво на Општина Ресен прикажан поединечно по населени места, укажува дека Општина Ресен има двојно повеќе население од градот Ресен, што значи дека ½ од вкупното население во општината е населено во градот, а другата половина живее на село. Неколку села – Илино, Отешево, Петрино и Стипона се иселени.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

21


Графикон бр.1 - Компаративен приказ на населението за секое село предмет на анализа, во однос на вкупното население на ниво на Општина Ресен

Селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење, кои се предмет на анализа во оваа Студија, заедно бројат 1 323 жители, што претставува 8% од вкупното население на ниво на општи

Графикон бр.2 - Компаративен приказ на домаќинствата за секое село предмет на анализа, во однос на вкупниот број домаќинства на ниво на Општина Ресен

22

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Од вкупно 4 849 домаќинства на ниво на Општина Ресен согласно податоците од Државниот завод за статистика, на селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење отпаѓаат 9,3 % или вкупно 452 домаќинства.

Графикон бр.3 - Компаративен приказ на станбени единици за секое село предмет на анализа, во однос на вкупниот број станбени единици на ниво на Општина Ресен

Согласно резултатите од последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија од 2002 год, на ниво на Општина Ресен има вкупно 8 233 станбени единици, од кои 16,3 % или 1334 се во селата кои се предмет на оваа Студија. Соодносот помеѓу домаќинствата и становите покажува дека на ниво на општината има 1,69 станови на едно домаќинство. На секој расположив стан на ниво на општината доаѓаат 2,04 жители. Секое домаќинство на ниво на Општина Ресен во просек брои 3,46 членови. 2.2.1.1 Брајчино Соодносот помеѓу домаќинствата и становите покажува дека на ниво на село Брајчино има 3,49 станови на едно домаќинство. На секој расположив стан на ниво на селото доаѓаат 0,62 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 2,19 членови. 2.2.1.2 Долно Дупени Во селото Долно Дупени соодносот помеѓу домаќинствата и становите изнесува 2,86, што покажува дека на едно домаќинство има 2,38 станови. На секој расположив стан на ниво на селото доаѓаат 0,92 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 2,64 членови.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

23


2.2.1.3 Љубојно Во селото Љубојно соодносот помеѓу домаќинствата и становите покажува дека на едно домаќинство има 3,76 станови. На секој расположив стан има 0,57 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 2,16 членови. 2.2.1.4 Претор Соодносот помеѓу домаќинствата и становите покажува дека на ниво на село Претор има 3,28 станови на едно домаќинство. На секој расположив стан на ниво на селото доаѓаат 1,10 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3,64 членови. 2.2.1.5 Сливница Во село Сливница соодносот помеѓу домаќинствата и становите изнесува 3,25, што покажува дека на едно домаќинство има 3,25 станови. На секој расположив стан на ниво на селото доаѓаат 1,20 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3,91 членови. 2.2.1.6 Стење Во село Стење соодносот помеѓу домаќинствата и становите покажува дека на едно домаќинство има 2 стана. На секој расположив стан има 1,69 жители. Просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3,39 членови.

Графикон бр.4 – Население, домаќинства и станбени единици во 6-те целни села

Според податоците добиени од последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија од 2002 год, прикажани во горедадениот графикон, најголем број жители и најмногу домаќинства (од селата кои се предмет на оваа Студија) има селото Стење, а најмногу станбени единици има во село Љубојно.

24

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Селото Претор има најмалку домаќинства и станбени единици, а најмалку население има во село Брајчино. 2.3 Природни ресурси Земјоделското земјиште претставува ресурс не само за егзистенција на населението од преспанскиот регион кое во најголем дел се занимава со овоштарство и тоа одгледување на јаболка, туку и основа за започнување на специфични видови туризам, како што е агробизнисот. Современиот динамичен начин на живеење во градските средини, влијае врз градскиот човек својот одмор и релаксација да ги бара во селските средини каде што постојат можности за одмор и рекреација преку вклучување на туристичкиот посетител, во текот на престојот на село, во редовните вообичаени работни активности што ги извршува домаќинот. Постојат повеќе форми на активен одмор на туристот, преку учество во обработка на зеленчуковите, овошните или цветните градини, учество во работите околу добитокот, подготовка на просториите за престој итн. Според статистичките податоци, во селото Брајчино обработливото земјиште зафаќа површина од околу 500 хектари, во Долно Дупени има 469 хектари обработливо земјиште, во Љубојно 480 хектари, Претор 178 хектари, во Сливница 219 хектари и во селото Стење 250 хектари. Шумите на просторот на општината Ресен претставуваат природен ресурс кој се одликува со забележително присуство, како во планинските предели така и на ридските подрачја. Во последните години во преспанскиот регион се забележува зголемување на површините под шуми и шикари, како резултат на намалениот интензитет на експлоатација на шумските површини што произлегува од деценискиот процес на емиграција на населението и, секако, поради организираниот систем на пошумување и природна ревегетација на шумите. Најквалитетните насади под шума се концентрирани во планинскиот појас, а најнеквалитетните во ридските подрачја на општината. Нискостеблестите шуми и шикари имат ниска производна способност, но се со мошне значајна заштитна функција. Присуството на шумите во преспанскиот регион претставува значајна претпоставка за развој на одредени видови туристички активности поврзани со рекреативната функција, пешачење, прошетки во природа, берење лековити растенија и шумски плодови итн. Хидрографските карактеристики на преспанскиот регион имаат посебно значење за населението од овој крај како извор на егзистенција и вработување во повеќе стопански дејности поврзани со овој природен ресурс: туризмот, рибарството, угостителството и др. Тука, пред сè, се издвојува Преспанското Езеро кое е едно од поголемите езера на просторот на Европа. Ова езеро го сочинуваат Малото и Големо Преспанско Езеро. Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓето на македонската, албанската и грчката граница. Големото Преспанското Езеро зафаќа површина од 284 km², со 54 метри најголема длабочина и надморска височина од 853 метри и спаѓа меѓу најчистите езера во светот. Од вкупната површина на езерото, 65% припаѓа на Македонија, 18% на Албанија и 17% на Грција. Малото Преспанско Езеро зафаќа површина од 45,59 km² и е за три метри повисоко од Големото, се наоѓа на територијата на Грција и мал дел во Албанија.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

25


На македонскиот дел од Големото Преспанско Езеро, главни притоки со кои се храни со вода се реките Источка, Преторска, Брајчинска и Голема Река, која поминува низ градот Ресен. Водите на Преспанското Езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро.

Сл. 3: Хидрографска мрежа во Преспа

Провидноста на Преспанското Езеро се движи од 5 до околу 10 метри. Ова природно богатство е значајно за развојот на туризмот во преспанскиот регион. Заради тоа, локалните власти и месното население за да обезбедат одржлив развој на целиот крај, потребно е да преземат максимална грижа за заштита на водите на ова наше национално богатство, чиишто вредности во иднина сè повеќе ќе бидат атрактивни, како за домашните така и за странските туристи. Реките се значаен хидрографски потенцијал за селата во општина Ресен во која протекуваат голем број реки од кои поголеми се: Брајчинска, Кранска, Манастирска, Курбинска, Грнчарска и Мелничка, кои извираат од планината Баба, потоа од падините на планината Бигла дотекуваат реките Крива Река (Голема Река) и Сопотска. Други поголеми реки се: Болнска, Источка и Стипонска. Брајчинска Река минува низ атарот на селата Брајчино и Љубојно, реките Манастирска и Сучка течат низ атарот на селото Сливница.

26

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


2.4 Инфраструктура Сообраќајна инфраструктура Ресурсната основа ја опфаќа и валоризацијата на инфраструктурата во која примарно места зазема патниот сообраќај. Патната поврзаност овозможува комуникација не само помеѓу населбите со блиското опкружување, туку, пред сè, создавање поволни можности за брза комуникација во меѓународниот простор во кој сообраќајот е клучен фактор за привлекување странски туристи и обезбедување девизни приливи од туризмот. S #

S #

S #

S #

Ohrid

Ez

S # S #

S #

S # S #

S #

S #

S #

S #

S #

S # S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S # S #

S #

S # S #

S #

S #

S #

S #

S #

Bit tola Bitola

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S # S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S #

S # S # S #

S #

S #

S #

S #

Resen

S #

S #

S #

S # S #

idsko Ohr ero

S #

S #

S #

S #

S #

S #

˛# S #

# S

Ó S # S Ote{evo #

S #

S # S Ó# Ó

Stewe ˛#

Prespansko Ezero

˛# S # S Pretor # ˛#

# S

Ó

S Slivnica #

S #

Ó S #

Ó ˛#

S # ˛#

Naseleni mesta Pristani{ta na Golem Grad Ostrovo Golem Grad # S ˛# Pozna~ajni objekti na patekite Verski objekti Pe{a~ki pateki - GPS Pogolemi gradovi vo RM S Op{tinski centri # Dr`avna geodetskaS #granica Prirodni ezera Ve{ta~ki ezera Regionalni pati{ta Patna mre`a Magistralni pati{ta S #

Ó

Ó

Ó

Ó S #

S Braj~ino # ˛# Qubojno S # Ó

S #

Dolno Dupeni

Ó

S #

Ó ˛#

Reki

# S

˛#

Ó

N

Ó

Golem Grad

W

E S

Сл.4: Патна инфраструктура во преспанскиот регион

Комуникациите во сообраќајот се остваруваат преку магистралните и регионалните патни правци со кои се овозможува достапност и можност за пристап на туристите до секој туристички локалитет и простор кој е од интерес на посетителите. Според постојната состојба, селата Љубојно, Брајчино, Долно Дупени, Сливница и Претор се поврзани со регионален патен правец кој завршува до границата со Р. Грција, каде што се предвидува отворање нов граничен премин со кој се создаваат услови за развој на граничниот туризам. Со тоа би се отвориле можности за меѓугранична соработка и посета на туристи од соседна Грција. Населбата Стење, која се наоѓа на западниот брег од Преспанското Езеро, е

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

27


поврзана со регионален патен правец кој продолжува до границата со Република Албанија и кој овозможува посета на туристи и од оваа држава. Селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење се поврзани со асфалтирани патишта со градот Ресен. Само локалниот патен правец од селото Стење до селото Коњско е земјен. На територијата на општина Ресен патната инфраструктура не е на ниво кое би обезбедувало лесна и брза достапност до саканите туристички дестинации, поради што се наметнува потреба за подобрување на сообраќајната инфраструктура, со цел да се создадат предуслови за поттикнување на развојот на туризмот во населените места кои се предмет на анализа, како и севкупно подобрување на патните сообраќајни услуги на територијата на целата општина Ресен. Низ Општината поминуваат: 1. Магистралниот патен правец М-5: Битола- Ресен-Охрид и 2. Регионалните: Р-505: Макази-Претор-Сливница-Љубојно- граница со Р. Грција, во должина од 25 km Р-503: Макази-Царев Двор-Отешево- Царина - Стење граница со Р. Албанија, во должина од 24 km и ширина на патот од 6 метри. Р-506: Битола-Ниже Поле-Пелистер-БрајчиноЉубојно (врска со Р-505), во должина 29 km. Фреквенцијата е најголема на магистралниот пат М5 со просек од 3 000 возила дневно, додека, пак, во летниот период изнесува околу 5 000 возила дневно. Општината Ресен е во близина на два активни гранични премини и еден кој е во иницијална фаза на отворање. Овие премини претставуваат значаен услов за развој на туризам и зголемена посетеност на странските туристи, особено од соседните земји, Република Албанија и Република Грција, со кои граничи општината Ресен. Гранични премини се: 1. Меџитлија со Р. Грција, на оддалеченост од 45 km од градот Ресен и 2. Стење со Р. Албанија, на оддалеченост од 23 km. 3. Постои и граничен премин Маркова Нога со Р.Грција, кој е од исклучително значење за потенцијалниот промет на туристи и стоки помеѓу нашата земја и Р. Грција. Но, овој премин сè уште не е активен, иако од наша страна до границата патот е во добра состојба. Потребни се дополнителни дипломатски активности на билатерално ниво за активирање на овој граничен премин кој ќе овозможи зголемување на меѓуграничната соработка помеѓу соседните општини од двете држави и поголем проток на туристи. Железничка патна линија не постои во општината, иако со планските развојни документи на Р. Македонија се предвидува и на овој простор проширување на железничкиот сообраќај. Најблиска железничка станица е Битола, оддалечена околу 50 km од градот Ресен. Воздушниот сообраќај во општината е достапен преку Аеродромот во Охрид, на оддалеченост од околу 55 km од Ресен. Водениот сообраќај воопшто не е развиен. Пловењето по езерските води со рекреативни цели

28

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


се сведува на приватна иницијатива организирана со пловни чамци, сопственост на многу мал број приватни превозници. Постојат можности за пловно поврзување на преспанскиот крај со крајбрежјето на Албанија и Грција, со кои ги делиме водите на Преспанското Езеро. Воспоставување на воден сообраќај ќе овозможи и нови форми и нови туристички услуги поврзани со туристички излети и посети на соседните туристички локалитети како нова содржина во туристичката понуда. Водостопанска инфраструктура Водоснабдувањето на населените места кои се предмет на Студијата, не се врши организирано преку регионалниот водоснабдителен систем во Општина Ресен. Секое село има локална, самостојна водоснабдителна мрежа со која се зафаќаат водите од локални извори или бунари. Водоводната мрежа и редовното и квалитетно снабдување со вода е неминовен услов за развој на туризмот и пораст на туристичката понуда. Во некои села капацитетот на водите не задоволува, поради што се потребни нови инвестиции во областа на водоснабдувањето со цел да се избегнат постојните проблеми во селата каде што се јавува недостиг на вода или, пак, каде што одржувањето на изворникот или бунарите не е на соодветно ниво. Недоволно или неадекватно задоволување на потребите за вода претставува лимитирачки фактор за развој на туризмот во селските населби. Канализационата инфраструктура во селата, кои се предмет на Студијата за одржлив развој на руралниот туризам, воопшто не задоволува. Во сите села одведувањето на отпадните води се врши со септички јами, што е во спротивност со стандардите за одржлив развој на туризмот и вкупниот општествено-економски развој на овој крај. Со цел да се забрза процесот на економско засилување на селата преку поттикнување на развојот на селскиот туризам, неопходен предуслов претставува изградбата на канализациона мрежа и организирано одведување на отпадните води преку нов канализациски систем во целиот преспански регион. Енергетската инфраструктура е изведена до секое село кое е предмет на студиската анализа. Снабдувањето со електрична енергија во овие села е на задоволително ниво, со што се обезбедува извршување на сите активности поврзани со задоволување на потребата од електрична енергија за сместување, користење купатила, и други потреби на туристичкиот гостин сместен во собите за престој.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

29


Сл.5: Електро-енергетска мрежа во Преспа

Телекомуникациската инфраструктура е значаен фактор на социо-економскиот развој на секоја територијална целина. Телекомуникациите се неразделно поврзани со сите активности на човекот. Без нивно дејствување во современите услови на живот, не може да се замисли развојот на туристичката дејност. Понудата и побарувачката на пазарот на туристички услуги се поставени врз основите на телекомуникациските системи кои овозможуваат брз пренос и во реално време пренесување на слика, глас и секаква информација од секој дел од планетата Земја до најдалечните населени простори. Во Република Македонија со фиксниот телефонски сообраќај управува T-Home, националната компанија, и новиот фикасен оператор “Он-нет”. Селата кои се предмет на анализа се опфатени со фиксната мрежа на националната компанија. Секторот на мобилната телефонија го покриваат три оператори: VIP, T-Mobile и Cosmofon. Покриеноста со сигнал на мрежата во преспанскиот регион е задоволителна. Интернет-конекцијата сè уште не е поставена во сите села. Во најголем дел е присутна телефонската конекција, а постојат можности за кабелска, како и за други безжични поврзувања.

30

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Еден од главните услови за обезбедување туристички престој на современите посетители како од земјата така и од странство, претставува постоењето на телекомуникациските системи во местото на престој со цел овозможување на туристичкиот посетител непречено да ги извршува своите комуникациски потреби. 2.5 Стопaнски дејности и објекти од општествен стандард Локалното население во селските населби се занимава претежно со земјоделско производство и тоа во најголем дел со овоштарство, потоа со одгледување градинарски производи за свои потреби и за потребите на локалниот пазар, со сточарство, пчеларство и со туристичка дејност. Мал дел од населението е вработен во индустријата во градот Ресен. Доминантна земјоделска гранка е овоштарството на што погодуваат климатските услови и надморската височина за одгледување, пред сè, на јаболко. Во минатото било присутно исто така и производството на крушата, сливата, оревот, црешата и вишната, производи кои денес се произведуваат во помали количества. Лозарството е присутно во мал обем претежно на ридестите терени. Сточарството сè повеќе се заменува со одгледување овошни насади. Рибарството е присутно во крајбрежните села и тоа во обем кој е во согласност со риболовните основи. Пчеларството не е застапено соодветно на можноста која ја дава присуството на овошните насади. Сите овие земјоделски активности, со соодветна организација и осмислување на содржините, даваат можност за вклучување на потенцијалните туристи во производните дејности како посебна форма на туристичка понуда позната како агротуризам. Во структурата на стопанските дејности во селата е застапена трговската дејност преку приватни мали трговски продавници со мал асортиман и неопходни артикли за секојдневна потрошувачка. Квалитетот и изграденоста на трговската мрежа ги задоволува основните потреби на домородното население, но за да биде вклучена за задоволување на потребите на туристичките посетители потребно е да се преземат посебни мерки во однос на понудата на специфични производи, со можност за отворање на специјализирани продавници или, пак, отворање пунктови во рамки на угостителските објекти, за да се обезбеди понуда и продажба на сувенирски производи кои ќе ги носат обележјата на селските населби и на преспанскиот крај во целина. Занаетчиските дејности кои во минатото биле присутни во сите населени места, денес се во изумирање. Во селата кои се предмет на анализа, не постои ниедна занаетчиска работилница. Со посебни мерки, во рамки на политиката на рурален развој, неопходно е да се потенцира потребата за реанимација на занаетите и нивно ставање во функција на развој на селскиот туризам. Во оваа смисла се наметнува потребата од наоѓање модалитети за туристичка презентација на занаетите кои по традиција биле присутни во Преспа. Тука се издвојуваат три занаети кои се типични за регионот: стомнарскиот (грнчарски занает), ковачкиот занает и варџиите.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

31


Од општествените дејности, на просторот на селата постојат објекти за основно образование, две здравствени амбуланти, домови на културата и пошта. Во селото Брајчино има едно основно училиште кое го посетуваат ученици до четврто одделение, во селото Љубојно има исто така основно училиште, една амбуланта, полициска станица, пошта и Дом на културата; во Долно Дупени, Сливница и Претор по едно основно училиште до четврто одделение; а во селото Стење постои активно основно училиште до четврто одделение, амбуланта и Дом на културата. 2.6 Природно богатство Преспанската котлина е поделена помеѓу три држави: Република Македонија, Република Албанија и Република Грција. На македонскиот дел е ограничена со планините Баба (со највисокиот врв Пелистер 2600 метри) на исток и Галичица (2235 метри) на запад. На север е планината Плакенска и Бигла (1933 метри), а на југ на албанскиот дел со Горбач (1750 метри) и нешто пониските ограноци од Галичица. Во преспанската котлина се наоѓаат двете езера: Малото и Големото Преспанско Езеро. Езерото е богато со риба, а особено се познати преспанскиот крап и рибите белвицинивички. Преспанското Езеро во 1977 година е прогласено за Споменик на природата, а од 1995 година е ставено во списокот на најзначајни локалитети во Европа. Согласно со постојната законска регулатива (Законот за заштита на природата, Сл. весник на РМ, бр.14/07, бр. 67/06 и бр.84/07) Споменик на природата е дел на природата со една или повеќе природни карактеристики и специфични, загрозени или ретки обележја, својства или форми и има посебна научна, културна, воспитно-образовна, духовна, естетска и/или туристичка вредност и функција. Споменици на природата се: езера, реки, клисури, водопади, извори, пештери, формации на карпи, геолошки профили, минерали и кристали, фосили, ретки или автохтони дрвја и грмушки кои се одликуваат со голема старост и специфични хабитуелни карактеристики, како и ограничени мали подрачја на ендемски и ретки животински или растителни заедници значајни по својата научна вредност. Во спомениците на природата и во нивната непосредна близина не се дозволени активности кои ги загрозуваат нивните обележја и вредности, поради кои се прогласени за споменици на природата. Преспанската котлина се наоѓа помеѓу двата национални паркови Пелистер и Галичица. Национален парк е пространо претежно неизменето подрачје на копно или вода со особени повеќекратни природни вредности, кое опфаќа еден или повеќе сочувани или незначително изменети екосистеми, а првенствено е наменет за зачувување на изворното природно, културно и духовно богатство.

32

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Националниот парк има научно-истажувачка, културна, воспитно-образовна и туристичкорекреативна намена. Националниот парк Галичица беше прогласен за национален парк во 1958 година, со цел заштита на неговата природна убавина и разноврсните флора и фауна. Паркот е сместен на планинскиот масив помеѓу Големото Преспанско Езеро, на исток, и Охридското Езеро, на запад, и опфаќа 22 750 хектари од планината Галичица, со големо богатство од реликтни и ендемични видови флора, класично наоѓалиште на 20 видови виши растенија, од кои 12 се локални ендеми, а се застапени 26 ендемични фаунистички видови. Македонскиот Национален парк Галичица и албанскиот Национален парк Преспа се поделени со меѓународната граница меѓу Македонија и Албанија. Националниот парк Пелистер, сместен на исток од Големото Преспанско Езеро на планината Баба, е прогласен во 1948 година на површина од 12 500 хектари. Тоа е планински реон карактеризиран со бројни врвови повисоки од 2000 метри кои се исецкани со длабоки долини. Највисок планински врв е Пелистер со 2601 метар. Во текот на 2007 година, согласно со Законот за заштита на природата (Сл.весник бр.67/04, бр.14/06, бр.84/07) и Законот за прогласување на дел од планината Пелистер за Национален парк, утврдени се нови граници на Националниот парк Пелистер, така што површината на паркот изнесува 17 150 00 хектари. Во општина Ресен постои заштитено подрачје Строг природен резерват Езерани. Според законската регулатива, Строг природен резерват е подрачје кое поради своите значајни или карактеристични екосистеми, геолошки или физичко-географски карактеристики и/или видови, како и изворно сочувана дивина, стекнува статус на природно наследство, првенствено поради спроведување научни истражувања или мониторинг на заштитата. Пространоста на подрачјето на кое се протега строгиот природен резерват обезбедува интегритет и остварување на целите поради кои го стекнало статусот на природно наследство. Зачувувањето на биолошката разновидност во рамките на строгиот природен резерват се постигнува преку заштита без какво било свесно влијание врз природните процеси во живеалиштето или популациите на видовите. Природниот резерват Езерани го покрива северното крајбрежје на Преспанското Езеро, на 855 метри надморска височина. Заштитената област зафаќа 2080 хектари. Во 1995 година е назначено за рамсарско место, а во 1996 е прогласен за строго заштитен резерват. Скоро сите видови на птици кои живеат во Преспанското Eзеро градат гнезда, се хранат и бараат засолништа тука. Има околу 200 видови птици, од кои 104 видови се водни. 62 видови птици се ставени на листата на заштитени видови, во согласност со Бернската конвенција, додека три од нив се наоѓаат на европската Црвена листа од светски загрозени видови. Како атрактивност и природна реткост претставува островот Голем Град, со површина од 1 km². Обраснат е со бујна шумска вегетација со најголема застапеност на фојата, што е реткост на Балканот. На островот постоеле 7 цркви, од кои е сочувана само една, Св. Петар од XIV век. Островот е археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи од римската епоха и средновековието, богат резерват на ендемични растенија и како природна реткост е

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

33


заштитен со Закон и е изолиран хабитат со минимално влијание од страна на човекот. Влегува во рамките на Националниот парк Галичица. Во однос на заштитата на животната средина и одржливиот развој за општина Ресен и населбите Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Претор, Сливница и Стење, значајна тековна меѓународна активност која ја води Светската унија за заштита на природата (IUCN) е Иницијативата за воспоставување на европски зелен појас со визија за создавање основна структура на еколошка мрежа, почнувајќи од Баренцово Море до Црно Море, како симбол на прекугранична соработка за заштита на природата и одржливиот развој. Македонскиот зелен појас, во кој се вклучени шумски, планински, суви, тревнести и водени екосистеми, претставува дел од Балканскиот зелен појас и се протега по должината на границата на Република Македонија со соседните земји (Албанија, Грција и Бугарија). Најголемата длабочина на Зелениот појас во територијата на Република Македонија изнесува околу 42 km и го зафаќа преспанскиот пограничен регион. Овој статус кој го добива преспанскиот регион со европската Иницијатива за зелениот појас во кој се опфатени и анализираните селски населби, ќе овозможи дополнително вреднување во туристичката понуда и побарувачка на услугите од овој крај, особено во европскиот туристички пазар. Но, тоа значи и зголемување на одговорноста на сите субјекти кои ќе бидат вклучени во обезбедувањето на туристичките услуги во селските населби, особено во однос на заштитата на природното и културното наследство, но исто така и во однос на зачувување на сите вредности за одржлив развој на овој крај и можности за развој и на идните генерации, со потполно право на користење на истите вредности кои ги поседува овој туристички простор.

2.7 Културно – историски објекти и локалитети Преспанскиот регион во целина е бисер на македонската културна и административна историја. Уште од антиката Преспа била значајна крстосница на римската сообраќајница Виа Егнација, а топонимот Претор (lat. Praetor - управител на административна единица) отворено говори за важноста што ја имало местото како седиште на управител на римска провинција. Во средновековието, Преспа била бастион и престолнина на Самоиловото Македонско царство, кое тука ги имало своите најсветли моменти и својот трагичен крај. Византискиот период оставил своја блескава трага овде - еден од најексклузивните примероци на фрескоживопис сработен во комненски маниризам сè уште ги краси ѕидовите на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново. Колку и да е заводлива идејата да се напише преглед на сите споменици во Преспа, овој текст ќе се насочи претежно кон спомениците и локалитетите кои се наоѓаат во селата опфатени со Студијата (Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Сливница, Претор и Стење), како и оние чија историска важност и значење ги прави неодминливи при работата на кој било труд насочен кон истражување на потенцијалите за развој на одржлив туризам во регионот. Културно-историските споменици во регионот можат да се поделат на две основни групи: сакрални и профани. Сакралните се духовните, верски светилишта (во овој случај цркви, манастири, култни места); а профаните се цивилни градби користени за живеење, комерцијални или административни потреби. Археолошките наоѓалишта ќе бидат посебно напоменати.

34

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


2.7.1 Сакрални споменици Пределот опфатен со студијата изобилува со голем број на цркви и манастири. Во атарот на секое село има по неколку објекти со различна големина и важност. Поголемиот број од нив можат да се вклучат во туристичката понуда, бидејќи придонесуваат за оплеменување на амбиентот во околината и даваат слика за менталитетот и културата на населението во овие простори. Препорачливо е просторот околу објектите партерно да се доуреди и пред секој од нив да се постави информативна табла (пано) на која ќе се напишат основните податоци за црквата/ манастирот, режимот на однесување во и околу објектот. Поврзувањето на повеќе вакви објекти со обележани пешачки патеки ќе придонесе за оптимално вклучување на црквите и манастирите во туристичката понуда на пределот. Во продолжение накратко се набројани објектите, со подетален осврт кон оние кои можат да имаат поголемо влијание врз развојот на туризмот. 2.7.1.1 Свети Ѓорѓи во Курбиново Меѓу врвните дострели на фрескосликарството, секако, се вбројува и она во Свети Ѓорѓи во Курбиново, чиј настанок е датиран во крајот на дванаесеттиот век, поточно во 1192 година, за време на владеењето на Комненската династија. Скромната еднокорабна црква со полукружна апсида, изградена од кршен камен е во целосна спротивност со богатството кое се крие внатре на ѕидовите. Фреските се одликуваат со експресивност, динамичност и живост во претставувањето на движењата на ликовите. Драпериите насликани овде, се предвесник на новите текови на светската уметност и даваат барокна раскош на целиот амбиент во црквата. Со значењето на својот фрескоживопис Св. Ѓорѓи надалеку ги надминува границите на Република Македонија и се вбројува меѓу најголемите богатства на човештвото. Претставувањето на Архангел Гаврил е главно обележје на црквата, заедно со фреските на света Ана и нејзината ќерка света Богородица, портретите на словенските просветители Свети Кирил и Методиј... Црквата се наоѓа на еден километар над селото Курбиново, сместена во прекрасен амбиент, кој во минатото бил надополнет со селски воденици кои денес не постојат. До црквата води тесен асфалтен пат кој минува низ селото и по кој е многу тешко, ако не и невозможно да се движат поголеми туристички автобуси. Клучот од црквата се наоѓа во селото. Забележлива е слабата означеност на патот до црквата и куќата каде што е клучот. Црквата нема одреден режим на однесување на посетителите, ниту пак контрола. Потребна е изработка на повеќејазична информативна табла со основните

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

35


податоци за историјата на црквата и режимот на однесување на посетителите. Црквата не генерира приходи од посетителите, средствата кои би се добиле од наплатување на влезници значително можат да придонесат кон тековното одржување на објектот, како и за партерно доуредување на просторот околу црквата. На крај, потребно е да се напушти праксата да се оставаат посетителите сами да ракуваат со клучевите на црквата и да ја посетуваат без придружба на лице одредено за таа цел. 2.7.1.2 Манастир Света Богородица во Сливница На отприлика пет километри над селото Сливница се наоѓа Сливничкиот манастир посветен на Света Богородица. Комплексот на манастирот го сочинуваат црква посветена на Света Богородица, манастирски конаци и двор. Според натписот во црквата, таа била изградена во 1607 година, кога игумен тука бил Никанур. Наведени се и ктиторот на црквата - битолчанецот Михаило Петков. Неговиот починат син Купен е насликан во свечена облека на апсидата. Ѕидањето и живописот на нартексот и работите на фрескоживописот траеле сè до 1645 година. А во деветнаесеттиот век била направена дрвена камбанарија и затворен трем. Фреските и манастирскиот комплекс се во одлична состојба. Забележителна е грижата која на овој манастир му ја посветуваат жителите на селото Сливница, кои имаат длабока почит кон манастирот и веруваат дека „некоја божја сила има таму“ како што велат самите. Овој манастир, освен со својот живопис и важност како споменик на културата, се одликува со уште една карактеристика. Појавувањата и чудата на Света Богородица. За време на теренските истражувања, во разговорите со селаните беа кажани лични сведоштва за настаните кои се случувале во и околу манастирот. Еден од настаните се случил пред осуманаесеттина години кога посетител на манастирот легнал тешко болен во конаците. Двајца од присутните, околу 23 часот, тргнале кон селото низ високиот снег за да донесат лекови. Патот назад кон манастирот им го осветлила некоја светлина, а сите биле зачудени кога се вратиле за само петнаесеттина минути, иако низ висок снег минале околу десет километри. Ова е само една од многуте приказни кои можат да се слушнат во Сливница. Освен ова, во западниот темел на манастирската црква има извор на света - лековита вода, според кажувањата водата помага на луѓе кои долго време немале или не можеле да добијат деца. Она што е многу интересно е дека тука доаѓаат луѓе без разлика на националност или вероисповед, убедени во чудотворноста на местото. Сето претходно наведено говори за постоење услови за развој на посебен вид на туризам - религиозен туризам. Освен традиционалниот манастирски туризам, во кој посетителите (најчесто планинари) ги користат конаците за ноќевање, религиозниот туризам е сосем нов вид на активност од која би можеле да имаат корист сите даватели на дополнителни услуги

36

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


(исхрана, сместување, продажба на сувенири поврзани со манастирот) во пошироката околина на комплексот. Искуствата од другите места во светот кои со текот на годините станале места на аџилак (Меѓугорје во Босна и Херцеговина), говорат дека промоцијата на ваквите места позитивно влијае на економскиот раст на целата заедница, без притоа да се комерцијализира сакралниот објект. Главен недостаток е непостоењето асфалтен пат до манастирот и недостатокот на патокази. Потребна е изработка на повеќејазична информативна табла со основните податоци за историјата на црквата и режимот на однесување на посетителите. Манастирот треба да генерира приходи од посетителите (вистинските туристи кои не се дојдени за вршење на верски обреди), средствата кои би се добиле од наплатување на влезници или ноќевања во манастирот значително можат да придонесат кон тековното одржување на објектот, како и за партерно доуредување на просторот околу црквата. Во однос на безбедносните мерки, конаците треба да располагаат со апарат за гасење пожар и кутија со опрема за прва помош, кои би биле достапни за посетителите. На крај, потребно е да се напушти праксата да се оставаат посетителите сами да ракуваат со клучевите на црквата и да ја посетуваат без придружба на лице одредено за таа цел. 2.7.1.3 Манастир Света Петка (Параскева) во Брајчино Црквата Света Петка е еднокорабна, скромна по димензии и со тространа апсида. Живописот во црквата е правен во две фази и тоа, првата во шеснаесеттиот и втората во осумнаесеттиот век. Манастирскиот комплекс дополнително ги опфаќа и реновираните манастирски конаци и манастирскиот двор. Голем недостаток за манастирот е непостоењето на добар пат. Во моментов постојат земјен пат, по кој можат да се движат теренски возила, и пешачка патека, која води од селото Брајчино и продолжува кон врвот Пелистер. Сепак, овој манастир е пример за тоа како ангажманот на локалната заедница може да влијае врз искористувањето на туристичките ресурси. Имено, во селото постои здружение на граѓани кое се грижи за уреденоста на манастирот, сместувањето на гостите во манастирот (постелнини, кревети...), а постои организирана исхрана за гостите кои ќе изразат желба за тоа. Брајчинскиот манастир треба да биде пример за останатите места кои имаат потенцијал за развој на манастирскиот туризам. Структурата на управувањето со манастирот е едноставна со добро дефинирани улоги на сите вклучени. Со својата поставеност и искористеност манастирот комбинира неколку форми на туризам: манастирски, планинарски, екотуризам, итн. Пешачката патека е добро обележана и лесна за совладување. Во однос на безбедносните мерки, конаците треба да располагаат со апарат за гасење пожар и кутија со опрема за прва помош кои би биле достапни за посетителите. На крај, мора да се спомене дека е потребно да се посвети повеќе внимание на отпадот и градежниот шут кој може да се види зад манастирот. 2.7.1.4 Цркви во село Сливница: • Свети Атанас - западно од селото, еднокорабна црква со скромни димензии и непознато време на градење; • Свети Никола - се наоѓа над селото, новоизградена црква на старо култно место, присутна е и некропола; • Свети Димитрија - се наоѓа северно од селото и претставува гробјанска црква, има иконостас од поново време; • Света Петка - се наоѓа на три километри северно од селото, мала еднокорабна

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

37


црква изградена на култно место. Видливи се остатоци од некогашна некропола. 2.7.1.5 Цркви во село Претор: • Свети Архангел - се наоѓа западно од селото и е гробјанска црква. Изградена е во 1923 година, нема живопис, а иконите се од поново време; • Свети Атанас – се наоѓа во селото, тоа е мала градба изградена на култно место; • Св. Сава (Калуѓери) - се наоѓа на пола километар јужно од селото, изградена во четиринаесеттиот век , била метох на Сливничкиот манастир. Црквата е на темели на постара црква посветена на Свети Никола. Овде се наоѓала познатата икона на Свети Јован Крстител која денес се чува во Ресен. Црквата е во многу лоша состојба. 2.7.1.6 Цркви во село Љубојно: • Манастирската црква Свети Петар и Павле - се наоѓа на 1,5 километри источно од селото. Изградена е во 1923 година. Има убава камбанарија и е прекрасен видиковец. До црквата води земјен пат; • Свети Јован - селска црква изградена во 1861 година, по опожарувањето во 1903 година обновена е во 1921 година. Црквата е трокорабна со полигонална апсида (седумстрана). Во олтарниот простор има ѕидно сликарство кое датира од 1928 година; • Свети Атанасие - се наоѓа на околу 1 километар источно од селото. Подигната е во 1623 година, а обновена во 1968. Во олтарот има сочуван фрескоживопис; • Света Богородица - западно од селото, мала по димензии и со скромна архитектура; • Света Марена - се наоѓа на западниот крај на селото, претставува мала и неугледна градба во маалото на Шерденковци. Култот на Света Марена е многу раширен во делот на Преспа кој денес се наоѓа во границите на Албанија. Во Љубојно го почитува фамилијата Шерденковци; • Света Богородица (Пречиста) - мала еднокорабна градба со полукружна апсида изградена врз постар објект од кој е зачуван олтарен фрескоживопис од седумнаесеттиот век; • Свети Никола - мала градба со полукружна апсида; • Свети Димитрија - се наоѓа на околу 1 километар западно од селото, има мала градба; • Свети Илија - се наоѓа источно од селото на патот кој води кон с. Брајчино, се претпоставува дека е изградена во деветнаесеттиот век, а подоцна е обновена. Нема живопис,а фреските се од понов датум. 2.7.1.7 Цркви во село Брајчино: • Свети Никола - се наоѓа во селото. Подигната е во 1871-72 година, по архитектура е трокорабна со зачуван живопис во апсидалната конха. Иконостасот датира од 1875 година; • Свети Архангел - се наоѓа на оддалеченост од еден и пол километар од селото. Датира од поново време; • Свети Илија - се наоѓа на два километра источно од селото. Подигната е во 1919

38

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


година; • Свети Атанас - се наоѓа југозападно од селото, подигната е врз постар сакрален објект. Живопис има во олтарниот простор и на северниот ѕид; • Света Богородица – се наоѓа северно од селото, по димензии е мала и со неугледна архитектура. Времето на подигање не е определено. 2.7.1.8 Цркви во село Долно Дупени: • Свети Атанасие - е лоцирана на 2 километра источно од селото. Врз постар објект од седумнаесеттиот век изградена е во 1864 година. Има живопис и иконостас чии икони се регистрирани како споменици на културата; • Манастирска црква Света Богородица - се наоѓа на два километра североисточно од селото. Од живописот е сочувана само една сликана претстава. Има голем иконостас и проповедилница и владички стол во резба. Објектот е изграден во почетокот на дваесеттиот век; • Свети Архангел Михаил - се наоѓа во селото. Живописот е сочуван само во апсидата. Присутни се икони кои се регистрирани како споменици на културата; • Свети Илија - се наоѓа југоисточно од селото, веројатно е градена на постар објект со индиции на некропола околу неа; • Свети Врачи - се наоѓа на 3-4 километри источно од селото, со скромни димензии и архитектура; • Свети Никола - се наоѓа на 1 километар источно од селото, со скромни димензии и архитектура; • Свети Димитрија - се наоѓа на 1 километар јужно од селото, со скромни димензии и архитектура; • Света Петка - се наоѓа на 1 километар источно од селото, со скромни димензии и архитектура; • Свети Филип - се наоѓа југоисточно од селото, со скромни димензии и архитектура. 2.7.1.9 Цркви во село Стење: • Свети Кирил и Методиј - е селска црква со трикорабна градба и полукружна апсида. Изградена е во 1911 година, нема живопис, а иконостасот е од поново време; • Свети Атанас - се наоѓа на еден километар јужно од селото. Потекнува од поствизантискиот период, сочуван е дел од живописот. 2.7.2 Профани градби Развојот на традиционалната архитектура во истражуваниот предел е одреден од географските и социо-економските услови кои владееле тука. Овие услови влијаеле врз формирање на планински села, развиено сточарство, земјоделие и овоштарство. Селата, по правило се поставени во близина или покрај река или поток, со цел да се обезбеди стабилен извор на вода за домаќинствата и стопанството. Основната структура на селата ја градат маалата кои биле формирани од најстарите семејства што ги населиле. Затоа, најчесто

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

39


имињата на маалата го носат името на семејството кое таму живее, иако не е реткост маалата да имаат име според локацијата или конфигурацијата на теренот. Дворните места на куќите најчесто се оградени со ѕид од камен и во нив се влегува низ голема двокрилна порта. Дворното место е секогаш добро организирано и во него се наоѓаат: готварници, фурни, кошари, плевни, пондила и други објекти. Куќите во најголем дел се изградени од камен, како и од мешовит материјал достапен во околината. Внатрешните ѕидови се со бондрук конструкција, исполнети со плитар, кал итн. Карактеристика на ентериерите се вградените огништа и долапите. Во стилските карактеристики се забележува влијанието на повеќе историски периоди, почнувајќи од византискиот, преку отоманскиот, па сè до централноевропските градски стилови забележливи во селото Љубојно. Следните типови на куќи се најзастапени: - беговски кули (во најголем број во фаза на распаѓање), - масивно градени камени куќи со приземје и кат, често со два или три влеза (т.н. братски куќи), - куќи со приземје и кат со трем и чардак по целата должина на куќата, - куќи со приземје и кат со трем и чардак на агол од куќата, - куќи со централен распоред, градени според градските куќи. Насекаде низ Преспа можат да се забележат добро сочувани примероци на традиционалната архитектура кои сè уште се во функција. Тука, пред сè, се мисли на селата Брајчино, Љубојно и Долно Дупени во кои сè уште главнината на застапената архитектура е традиционална. Особено е интересна архитектурата во Љубојно, каде што се забележува премин кон градска архитектура од постотоманскиот период. Освен што се атракција сами по себе и го градат амбиентот кој на овој предел му дава посебност и естетски печат, примероците на традиционална архитектура во анализираните шест села, постепено преминуваат од објекти за живеење во сместувачки капацитети. Затоа е битно да се започне процес на подигнување на свеста кај сопствениците на куќи во традиционален стил, за нивното значење за културата на Македонците, како и можностите да ги стават во функција на туристичкиот развој, без притоа да се наруши нивниот изглед и традиционална структура. Традиционалните стопански објекти исто така можат да се стават во функција на развој на туризмот. Многубројните (во моментов можеби и запуштени) воденици, фурни и плевни со мала адаптација можат да станат објекти во кои ќе се нудат угостителски или сместувачки услуги. Еден од пионерските чекори во овој правец е реновирањето и адаптацијата на воденицата на Павле Нивички во село Љубојно. Сарај – Ресен Иако не се наоѓа во пределот кој се истражува, неизоставно мора да се спомене и ресенскиот Сарај. Изграден е од турскиот мајор Ахмед Нијази - Бег во почетокот на дваесеттиот век, по урнек на француските архитектонски современи дострели, Сарајот го отсликува напливот на модерни идеи кое во тоа време ја зафаќаат Отоманската империја и Ресен како дел од неа. Сонот на Младотурците да се создаде модерна држава започнува токму во Македонија, а Сарајот е споменик на тоа движење. Сарајот е прекрасна палата изградена со користење на скапи градежни материјали, со разиграна фасада и големи прозорци кои ја полнат внатрешноста

40

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


со светлина. Партерно, дворот на Сарајот е добро уреден и ја најавува префинетоста на ентериерот на зградата. Во зградата на Сарајот е сместен Домот на културата „Драги Тозија“ и Керамичката колонија, што е одличен избор. Во функција на туристичката понуда на регионот, Сарајот со институциите кои егзистираат во него може многу да придонесе. Организирањето на постојани археолошки, историски и етнолошки поставки, насочени кон општата јавност и особено туристите даваат целосна слика за историјата, културата и традициите на поднебјето. Ударни експонати секако би биле оние кои се најтипични за Преспа: чуновите, иконите, грнчарските предмети и археолошките артефакти со кои изобилува Преспа. Комеморативната поставка на сликарката Кераца Висулчева, исто така, е сместена во просториите на Сарајот и ја збогатува културната и естетска слика на објектот. Керамичката колонија е вистински репрезент на она како вековните традиции можат да добијат современ тек и меѓународно признание. Како што е веќе познато, Ресен бил центар на грнчарството од памтивек. Археолошките истражувања покажуваат дека корените на керамиката се некаде во предисторијата, присутни низ сите подоцнежни периоди: антиката, византискиот, поствизантискиот период. Денес, иако занаетот се ближи кон својот крај, Керамичката колонија го воведува во 21.век како форма на уметнички израз. Така, од почетокот во 1973 година до денес, со напорен труд и голема поддршка на локалните власти, Колонијата прерасна во меѓународно призната институција, членка на Академијата за керамика при УНЕСКО. Во ателјето на колонијата досега твореле над 200 керамичари од целиот свет, создаден е фонд од над 800 експонати, од кои 300 се изложени во Сарајот. Ателјето во Отешево, освен за време на колонијата може да угости светски реномирани уметници во останатиот дел од годината, што само по себе би било дополнителен потстрек за туристите да ја посетат Преспа. Како потреба се налага создавање на реконструкција на традиционална грнчарска работилница, во која посетителите на лице место би виделе каква била технологијата на производство и би можеле да купат сувенири изработени од керамика. Во рамките на Сарајот, а со цел што поголемо заживување на просторот во и околу градбата, пожелно е отворање на кафетерија или бистро, опремено во традиционален ресенски градски стил, кое би било собиралиште на културната елита на градот, како и посетителите-намерници. Средствата генерирани од овој угостителски објект можат да придонесат за збогатување на колекциите на музејот, тековно одржување и изработка на пропаганден материјал. Приватна етнолошка колекција на Јоне Ефтимоски Еден од примерите за успешна презентација на материјалната култура на Преспа (и пошироко) секако е приватната етнолошка колекција на Јоне Ефтимоски во селото Подмочани, која по квалитетот и квантитетот на експонатите може слободно да се споредува со соодветните музејски институции во земјата. Личната пасија за собирање народни носии, накит, покуќнина и алати, постепено го преобразува домот на Јоне Ефтимоски во своевиден етнолошки музеј. Колекцијата е обемна и разнолика, во неа има сто и педесет комплети на народни носии, составени од 1600 поединечни парчињa, како и голем број на парчиња на традиционален накит, покуќнина и алатки кои сè уште не се попишани во приватниот регистар којшто постои за колекцијата. Колекцијата е изложена во за тоа специјално уредена зграда, каде има амбиентална презентација на предметите. Секако, главен апсект на поставката се народните носии, но соодветно место е издвоено и за останатите предмети.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

41


Освен презентацијата на автентичните предмети, посетителите на овој „музеј“ можат да купат и сувенири (кукли облечени во народна носија) изработени од семејството Ефтимоски, како и да ги пробаат специјалитетите на традиционалната преспанска кујна. Приватната колекција е презентирана на високо ниво, а на чувањето на предметите се посветува големо внимание. Сепак, потребна е активност со која би се подобрило нивото на квалитет на евидентирање и документирање на предметите од колекцијата, како и поддршка и помош за нивно соодветно конзервирање и чување. 2.7.3 Археолошки наоѓалишта Како ретко каде во државата, Преспа е посеана со археолошки наоѓалишта. Буквално секое село од шесте истражени има одреден број на локации кои се идентификувани како археолошки наоѓалишта. Од бронзеното доба, антиката, римскиот период, византискиот и поствизантискиот период, сè до доаѓањето на Османлиите во овие предели, Преспа вриела од живот. Забележливи се две погусти групации на наоѓалишта, првата е на островот Голем Град, каде што на простор од еден квадратен километар има голем број на објекти и втората е во околината на селата Претор, Асамати и Курбиново. За жал, освен на островот Голем Град, каде што остатоците се видливи и делумно реставрирани, нема уредени и заштитени локации кои би биле ставени во функција на туристичката понуда. Ова е навистина трагично, имајќи ја предвид бројноста и важноста на локациите. За посетителите тоа лице на Преспа е сосема невидливо. Во продолжение накратко се наброени археолошките локалитети кои се наоѓаат во шесте анализирани села. • Локалитети во село Брајчино - Кула - средновековна тврдина - Свети Атанас - средновековна некропола • Локалитети во село Љубојно - Граишта - римска некропола - Кула - утврдена населба со некропола од доцна антика - Куќишта - средновековна населба - Присој - римска населба - Рудина - римска населба - Свети Димитрија - средновековна црква и некропола • Локалитети во село Долно Дупени - Герамидница - населба од доцна антика - гробишта - Свети Никола - средновековна црква со некропола - Долно Дупени - населба од доцна антика - Маркова нога - населба од хеленистички и доцноантички период - Рот - некропола од доцна антика • Локалитети во села Претор, Асамати и Курбиново� • Претор - Копачките - некропола од доцна антика - Кулине - населба од бронзено доба, хеленизам и среден век - Летувалиште - населба од доцна антика - Ливаѓе - населба од доцна антика

42

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


- Ливатчиња - римска вила - Петрино - населба од доцна антика - Свети Арангел - наод од римски период - Света Богородица - средновековна црква со некропола - Света Петка - средновековна црква со некропола • Асамати - Асамати - наод од римски период - Мисурица - римска населба и некропола - Прекоп - хеленистичка населба - Ружин гроб - тумулус од железно доба - Свети Архангел - објект од доцна антика - Света Недела - населба од бронзено доба • Курбиново - Каштино - населба и топилница од доцна антика - Кула - средновековна тврдина - Кули - населба од хеленизам - Курбиново - населба од римски период и доцна антика - Рајчинец - средновековна населба - Рекиње - топилница од доцна антика - Свети Крстовден - ранохристијанска базилика - Свети Ѓорѓи - средновековна некропола.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

43


2.7.4 Остров Голем Град

Единствениот остров на територијата на Република Македонија, островот Голем Град, се наоѓа во Преспанското Езеро, северно од тромеѓето на државните граници на Македонија, Албанија и Грција. Иако мал по своите димензии (1км²), островот е голем според живиот свет кој го населува и верските и археолошките споменици кои се наоѓаат на него. Островот претставува комплексна целина, која гледана низ призмата на туристичката понуда, е можеби главното обележје на туристичката дестинација Преспа. Островот е ставен во рамките на националниот парк Галичица и е ставен во зона за строга заштита. Човековите интервенции од каков било вид, на островот се максимално ограничени, со цел заштита на природните процеси и биолошката разновидност. Благодарејќи на изолираноста на островот, тука се развиваат и опстојуваат уникатни форми на жив свет. Растенијата кои се обележјe на островот се: дива фоја (lat. Biaro tenuifoliaeJuniperetum excelsae), мазна копривка (lat. Celtetum glabrae), вебиев бадем (lat. Pruno webbii) и многу други. Сл. 6: Остров Голем Град

44

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Островот е уште наречен и Змиски остров. Ова се должи на големото присуство на змии, најчесто водената белоушка (lat. Natrix tesselata), но и поскокот. Клифовите на островот се густо населени со птици од кои поинтересни се секако пеликаните, галебите и кормораните. Последните се понова појава на островот и со своето гнездење на фоините гранки придонесуваат за нивно сушење и загрозување. На островот постојат голем број на археолошки наоѓалишта кои датираат од првиот милениум пред Христа, сè до средниот век. Најстарите наоди се поврзани со древните рибари кои го посетувале островот за време на ловењето риба. Подоцна следува период на македонската населба на островот, која започнува да постои во четвртиот век пред Христа, подоцна се нижат римските градби, вили, цистерни, ранохристијански базилики, доцноантичка и средновековна некропола, забележливо е постоењето на систем за собирање дождовница, што говори за високиот степен на цивилизиран живот на островот. Целосно зачувана е црквата посветена на Свети Петар која датира од четиринаесеттиот век, со зачуван фрескоживопис. Островот со сите свои знаменитости е едно од најголемите природни и културни богатства на Република Македонија. Оттаму и неговиот статус на строго заштитена зона. Во таа насока, секое понатамошно вклучување на островот во одржливиот туристички развој мора да биде во согласност со законските норми и во блиска соработка со Националниот парк Галичица.

2.8 Урбанизација и планирање Процесот на планирање на просторот, согласно Законот за просторно планирање, ги вклучува изработката и усвојувањето на просторните и урбанистичките планови. Преспанскиот регион, во системот на просторно планирање, претставува дел од “Просторниот план на охридскопреспанскиот регион“ во кој интегрално се даваат насоки за организација, уредување, користење и заштита на целиот охридско-преспански регион до 2020 година. Регионалниот просторен план, на почетокот на 2008 година, е усвоен во Нацрт-фаза од страна на Собранието на Република Македонија. Во однос на урбанистичкото планирање во преспанскиот регион, во локалната самоуправа, согласно законската регулатива, постои само еден Генерален урбанистички план за Градот Ресен и урбанистичка документација за сите населени места кои се предмет на Студијата: Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Сливница, Претор и Стење. Процесот на изработка на урбанистичките планови го спроведува службата за урбанизам во единицата на локалната самоуправа во која како општински центар е градот Ресен. Усвојувањето на урбанистичките планови го врши Советот на општината, а нивното конечно одобрување е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Процесот на урбанизација е поврзан со изработка на урбанистичка документација. Според сегашната законска регулативa, за населба од селски тип е потребно да се изработи и да се усвои Урбанистички план за село од страна на Советот на Општина Ресен. Со урбанистичките планови се дефинира просторниот урбан опфат на секое населено место,

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

45


намената од аспект на домување, инфраструктура, стопански дејности, јавни функции, и, секако, простори со туристичка намена. Дефинирањето на намените овозможува планско насочување на идниот развој, со резервирање простори за непречен развој на сите функции во урбаниот опфат на населбите каде што е присутно население. Со урбанистичкиот план се надминуваат можните конфликти и колизии од меѓусебното дејствување на одредени функции и се овозможува развој на руралните и урбаните населби врз одржливи основи. 2.9 Емитивни сфери Емитивната сфера е значајна компонента во концепцијата за развој на туризмот воопшто, а особено во развојот на туризмот на одредени дефинирани туристички подрачја, како што се руралните населби во преспанскиот регион: Љубојно, Стење, Брајчино, Сливница, Претор и Долно Дупени. Таа ги претставува просторите од каде доаѓа туристичкиот посетител и кон која треба да биде насочена туристичката понуда. Емитивната сфера е разграничена според оддалеченоста на потенцијалниот посетител. Просторната диференцијација ги вклучува емитивните сфери на локално, национално и меѓународно ниво. Разработката на туристичките вредности во Студијата е насочена кон туристичката понуда, како на домашниот така и на меѓународниот туристички пазар. Во однос на домашната емитивна сфера, вниманието е фокусирано, пред сè, на населението од градските средини во регионот и пошироко на национално ниво. Додека во понудата на надворешниот туристички пазар се потенцира привлекувањето на туристичкиот посетител од соседните земји и афирмацијата на нашите туристички вредности во поширокиот европски пазар, каде што е присутна исклучително богата емитивна сфера, со широк опсег на интересирања за разни видови туризам, особено руралниот и туризмот поврзан со природните предели. Според статистичката евиденција, во преспанскиот регион карактеристична е посетеност, пред сè, од земјите кои граничат со Р. Македонија во кои спаѓаат: Р. Грција, Р. Бугарија, Србија, Црна Гора, потоа следат во мал процент гости од бившите југословенски простори: Хрватска, БиХ. Забележително е присуството на туристи од Р. Турција и индивидуални посетители од Швајцарија и Холандија. Како таргетни емитивни сфери остануваат овие земји со истовремена насоченост кон освојување на нови пазари и емитивни сфери во земјите на Европската унија. Европскиот туристички пазар претставува голема емитивна сфера на којашто треба да се фокусира владината политика за афирмација на нашиот туристички потенцијал, во однос на понудата на руралниот туризам за кој постои интерес во сите земји на Европската унија. За реализација на определбите за пораст на потенцијалните сфери од каде се очекува поголема туристичка понуда во иднина, значаен фактор претставува патната инфраструктура, сместувачките капацитети, маркетингот, менаџментот и квалитетот на понудените содржини во местата на престој на странскиот турист.

2.10 Заштита на животната средина Чистата и здрава животна средина, како и доброто управување со животната средина се едни од основните предуслови за развој на одржливиот туризам. Во таа насока Општина Ресен во декември 2003 година донесе Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) за Општината, и

46

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


започна со негова имплементација, што покажува дека постои заинтересираност и иницијатива за зачувување на генерално добрата состојба на ова поле. ЛЕАП на Општина Ресен детално ги отсликува состојбите со животната средина и предвидува конкретни акции кои треба да се преземат за подобрување на состојбите. Во овој случај треба да се напомене дека во периодот од изработката на ЛЕАП до моментот на пишување на оваа студија, голем дел од предвидените акции се започнати да се спроведуваат или се целосно имплементирани, меѓутоа имајќи го предвид фактот дека во последниот период забрзано се инвестира во регионот на општината, како и порастот на популарноста на Преспа во последните години како туристичка дестинација, се појавува потреба од ревизија на ЛЕАП, заради задржување на континуитетот во успешно управување со животната средина.

2.10.1 Квалитет на водух Во регионот на целните населени места не постојат податоци за измерени дневни концентрации во воздух на емисии на енергетски емитер од: сулфур-диоксид, азотни-оксиди, јаглен-диоксид, јаглен-моноксид и прашина. Исто така, нема податоци за измерени дневни концентрации во воздух на емисии од: сулфур-диоксид, азотни-оксиди, јаглен-диоксид, јаглен-моноксид и прашина. Во врска со ова прашање потребно е поставување на мониторинг станици за следење на воздухот, со достапност на податоците за сите заинтересирани посетители на регионот. Достапноста на овој вид податоци треба да биде практична и едноставна, а во системот на информирање би требало да се вклучи и туристичкото биро, како и да се овозможи достапност на податоците во електронска форма на туристичките портали на општината Ресен. 2.10.2 Отпадни води Управувањето со отпадните води во таргетираните населени места не е решено според стандардите за одржлив развој. Најголем дел од домаќинствата во овој регион проблемот го решаваат со користење на септички јами. Во последниот период се започна со изградба на мали пречистителни станици кои би требало да ги прифаќаат отпадните води, меѓутоа системот сè уште не е затворен и целосно функционален. Позитивната страна е тоа што во овој регион не постојат големи индустриски загадувачи, со што реалната состојба со квалитетот на водата во водотеците и езерото е генерално добра без скоро никакво хемиско загадување. Во оваа насока препорачлива е целосна изградба на колекторски систем и овозможување приклучување на домаќинствата, а посебно на големите сместувачки капацитети. Во овој правец се препорачува и воспоставување систем за меѓугранично управување со отпадните води заради зачувување и долгорочна заштита на квалитетот на водата во водотеците и езерото. 2.10.3 Цврст отпад Шесте населени места кои се предмет на оваа Студија немаат сопствен систем за управување со цврст отпад. Управувањето со цврстиот отпад е решено на ниво на целата општина Ресен. Во општината не постои систем за селекција и преработка на цврстиот отпад, туку овој

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

47


проблем е решен со депонирање. Во општина Ресен, нема современа санитарна депонија според потребните стандарди. Во општината постои една градска санитарна депонија која иако целосно не ги задоволува прописите, сепак, одговара на потребите. Освен градската депонија, има и една времена на потегот Сливница-Крани, каде што отпадот се депонира од туристичката населба Претор, автокампот Крани, месната заедница Сливница, Крани и Арвати и хотелот на МВР во Крани. И оваа депонија не е според прописите, но со почести интервенции ги задоволува потребите. Друга карактеристика на регионот е континуираната појава на диви депонии. Во селските населби отпадниот материјал најчесто се фрла околу населбите, покрај патиштата, покрај и во реките, вклучувајќи ги и националните паркови Пелистер и Галичица. 2.10.4 Загадување на почвата Како основна причина за загадувањето на почвата во целиот преспански регион се издвојува употребата на минерални ѓубрива како агротехничка мерка и интензивната употреба на пестициди во третирањето на овоштарниците – особено јаболката како карактеристична култура за регионот. Интензивната употреба на хемиски средства во овоштарството во преспанскиот регион претставува и ограничувачки фактор на иницијативите за конверзија во органско производство. Имено, во последниот период постои иницијатива за конверзија на одредени парцели од конвенционално во органско земјоделско производство, меѓутоа основен проблем во ова поле претставува горенаведената состојба, како и распарченоста на поседите, со што конверзијата во органско производство се прави потешка и подолготрајна. Имајќи ја предвид економската придобивка од конвенционалното земјоделско производство, и фактот дека производството на јаболка е една од основните дејности и главен извор на приход за голем број домаќинства во регионот, потребно е внимателно балансирање во регулирањето на користењето на хемиски средства. Од една страна, мора да се има предвид економскиот ефект од конвенционалното производство, а од друга страна, органското производсто е сè побарано на светскиот пазар, и претставува катализатор во развојот на алтернативните форми на туризам, и одржливиот туристички развој. Неопходно е воспоставување на систем за следење на состојбата на загаденост на земјиштето. Резултатите од воспоставување ваков систем се економски (намалени трошоци, поради намалена употреба на средства за заштита) и еколошки, кои се огледаат во создавање услови за трајно користење на земјиштето, без последици по неговите производствени потенцијали. Исто така, неопходна е дополнителна едукација на земјоделските производители за правилното користење на хемиските средства. Со ова, исто така, би се рационализирале трошоците за производство, и би се намалило загадувањето на почвата, како и на подземните води и другите водотеци и езерото.

48

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


3. ИНТЕГРИРАНА SWOT АНАЛИЗА ЗА ШЕСТЕ СЕЛА ПРЕДМЕТ НА ОВАА СТУДИЈА

Врз основа на извршениот попис, пополнетите прашалници, како и коментарите и размислувањата на сите заинтересирани страни на шесте одржани работилници, работните средби и останатите истражувања спроведени за оценка на капацитетите и потребите на таргетираниот регион во шесте населени места кои се предмет на оваа Студија, се произлезе со следните карактеристики на регионот: Силни 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

страни кои ја отсликуваат постоечката ситуација во регионот Постои локално искуство во развојот на овој вид туризам. Големи природни богатства кои може да се стават во функција на туризмот. Големи потенцијали во полето на културно-историски споменици. Карактеристична архитектура атрактивна за потенцијалните посетители. Карактеристични и уникатни етнолошки карактеристики. Позитивен однос на локалното население кон развојот на одржливиот туризам. Постојат човечки ресурси на локално ниво кои би го придвижиле развојот на овој вид туризам. 8. Постои заинтересираност и посветеност на локалната самоуправа за развој на овој регион. 9. Отвореност на локалната самоуправа во привлекување инвестиции во насока на развој на туризмот. 10. Одличен сооднос на климатски карактеристики и надморска височина. 11. Одлична комбинација на високи планински масиви и Преспанското Езеро. 12. Два национални паркови. 13. Полова рамнотежа и хармонизирана мултиетничка заедница. 14. Чиста животна средина. 15. Развиено производство на јаболка. 16. Пограничен регион и помеѓу две соседни држави. 17. Изградена инфраструктура.

Слаби страни или ограничувања со кои се соочува регионот во моменталната ситуација 1. Инертност и незаинтересираност на локалното население за инвестирање во развојот на туристичките капацитети. 2. Недоволна организираност на давачите на услуги во сферата на туризмот. 3. Не постои единствена туристичка понуда за целиот регион. 4. Недоволно изградени меѓугранични иницијативи за промоција и заедничка туристичка понуда. 5. Низок стандард на населението. 6. Нееднакво развиена комунална и водоводна инфраструктура во сите населени места. 7. Незаокружен систем на мали пречистителни станици во руралните населби. 8. Недоволна искористеност на алтернативните видови енергија. 9. Неорганизиран езерски сообраќај. 10. Неподготвеност на регионот за прифаќање на поголеми групи посетители. 11. Неискористеност на содржините кои ги нуди регионот за задржување на посетителите. 12. Недоволен број на лиценцирани туристички водичи.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

49


13. Неактивно туристичко биро, или непостоење на друг систем за организирано прифаќање и информирање на посетителите. 14. Преголема употреба на хемиски средства за одгледување јаболка. Можности кои можат да се искористат во функција на одржливиот туристички развој 1. Тренд на светско ниво на зголемување на корисниците на туристички услуги поврзани со алтернативните форми на туризам. 2. Формирање и развој на специјализирани туристички агенции и тур-оператори кои нудат услуги во алтернативните форми на туризам. 3. Расположивост кај меѓународните донатори за финансирање проекти во преспанскиот регион. 4. Интерес на странски инвеститори за инвестирање во развојот на туризмот. 5. Отворање на граничниот премин Маркова нога. 6. Заеднички настап на меѓународниот туристички пазар со заедничка прекугранична понуда. 7. Користење алтернативни извори на енергија. 8. Рестартирање на големите туристички капацитети. 9. Привлекување назад и запирање на процесот на одлив на висококвалитетни кадри. 10. Учество на големи меѓународни туристички саеми. 11. Електронско и интернет-претставување на регионот како туристичка дестинација. 12. Јасно дефинирање на фокусот на туристичката понуда во регионот. Ограничувања или потенцијални пречки во одржливиот туристички развој 1. 2. 3. 4. 5. 6.

Влошување на меѓудржавните односи со Република Грција. Забавување на процесот на зачленување во Нато Алијансата и Европската унија. Административните процедури кои го забавуваат влезот на странските инвеститори. Недоволно подготвено учество на меѓународниот туристички пазар. Неедуциран туристички кадар. Непридржување на туристичките работници кон дефинираните стандарди за квалитет. 7. Неочекуван развој на масовен туризам со негативни последици врз животната средина. Врз основа на оваа анализа може да се заклучи дека регионот располага со многу голем потенцијал за развој на алтернативните форми на туризам, фокусирајќи се на искористување на природните и културните карактеристики, додека, пак, на слабите страни во голема мера може да се дејствува со што би се минимизирале негативните ефекти врз развојот на одржливиот туризам. Како многу важен елемент и огромна можност во оваа насока мора да се спомене светскиот тренд во развојот на алтернативните форми на туризам, и зголемениот интерес кај корисниците на овие услуги, што повлекува и појава на нови специјализирани туристички агенции и тур-оператори, кои претставуваат движечка сила и огромна можност за промоција и развој на одржливи форми на туризам во преспанскиот регион. Од друга страна, мора внимателно да се разгледуваат и навремено да се дејствува на појавата на форсирањето на масовните форми на туризам, кои во голема мера може негативно да влијаат врз животната средина со што се ограничува можноста за развој на одржливите туристички форми. Баланс

50

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


во оваа насока мора да се постигне, имајќи го предвид економскиот интерес кој произлегува од масовниот туризам на краток рок.

4. ЦЕЛИ НА ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ Основната цел на Студијата, покрај економскиот аспект поврзан со обезбедување економски одржлив развој на селото, го вклучува и социјалниот аспект со кој се настојува, пред сè, да се подигне свеста и стандардот на населението во посочените туристички населби. Неговата едукација и зголемување на свеста за вредностите не само на материјалната страна од вклучување и активирање во оваа стопанска дејност ќе овозможи и стекнување поголеми знаења и самодоверба во вредностите на својот роден крај, поврзани со поволните природни карактеристики, со атрактивните разновидни природни богатства и со создаденото материјално и духовно наследство на генерациите кои претходеле, придобивка која треба да се сочува и да се пренесува на следните генерации. Основните цели и задачи кои треба да се реализираат со оваа Студија на одржлив туристички развој на селата Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Сливница, Претор и Стење се: 1. Валоризација на туристичките ресурси и согледување на сите вредности создадени и природни кои имаат одредено влијание врз туристичката понуда. 2. Создавање препознатливи дестинации за селски и екотуризам. 3. Сочувување на идентитетот на селскиот простор (архитектура, традиција, стари занаети, земјоделски вештини и навики). 4. Утврдување на природните и од човекот создадени вредности како потенцијал за развој на туризмот. 5. Утврдување на видовите туризам за развој на селата. 6. Предуслови за развој на руралниот одржлив туризам. 7. Развој на комплементарни дејности поврзани со условите за развој на туризмот во наведените простори на населените места. 8. Збогатување на вкупната туристичка понуда во руралните населби за развој на селскиот туризам. 9. Поставување на туристичката понуда врз парадигмата на одржливиот развој. Остварувањето на целите е поврзано со задачи со кои ќе се овозможи насочување на активностите, нивна организација и спроведување. Основни задачи се: 1. Организирање конкретни активности за стекнување теоретски и практични вештини на туристичките претприемачи за нивно вклучување во туристичкиот бизнис. 2. Изработка на посебно лого со кое ќе бидат препознатливи селските населби како посебна туристичка дестинација во туристичката понуда на домашниот и меѓународен пазар. 3. Предлагање мерки за одржливост на Студијата. 4. Истражување на емитивните сфери. 5. Зголемување на квалитетот на живот на село и сочувување на идентитетот на селскиот простор (архитектура, стари занаети, традиција и обичаи).

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

51


5. КОНЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО АНАЛИЗИРАНИТЕ СЕЛА, ВИЗИЈА И ПЕРСПЕКТИВИ Географски, преспанскиот туристички регион е административно јасно дефиниран со границите на општината Ресен и државната граница кон Албанија и Грција. Квалитативни одлики на регионот се: националните паркови Пелистер и Галичица, Преспанското Езеро со крајбрежниот појас, културно-историските вредности и споменици, био-диверзитетот и климатските карактеристики. Во рамките на овој регион се наоѓаат и шесте анализирани села: Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Претор, Сливница и Стење. Досегашниот развој на туризмот во преспанскиот регион се засноваше на основните параметри на понудата „езеро, сонце, природа (во заднина)“. Тоа придонесе за одреден развој на масовен туризам главно од камперско-синдикален тип, од што се издвојуваше само комплексот на хотелот “Европа“ во кој се нудеа услуги од повисок ранг, но, сепак, далеку од она ниво кое се нарекува елитен туризам. Меѓутоа, концептот „езеро и сонце“ повеќе не е доволен за привлекување туристи. За обезбедување на растот битно е да се приспособи понудата според новите трендови во туризмот, пред сè, одржливиот туризам кој е насочен кон задоволување на сè поголемите барања на пазарот за спортски, културни и авантуристички содржини. При тоа треба да се дефинира регионот според можностите и посакуваното позиционирање на туристичкиот пазар. Туристичкиот пазар во светот станува сè повеќе фрагментиран и поделен на подгрупи, во зависност од стилот на живеење, потребите и желбите. Од ова произлегуваат задачите кои Преспа како туристички регион треба да ги исполни: - туристичките услуги треба да се подобрат, стандардизираат и приспособат според одделни подгрупи на туристичкиот пазар; - регионот мора да се профилира како дестинација за одредени подгрупи и категории на туристи; - треба да се развие долгорочна стратегија за развој на туризмот и да се создаде концепт на интегрирано управување со дестинацијата во целина. Доколку се успее во спроведувањето на овие три задачи, Преспа ќе добие три големи придобивки: зголемено учество на туризмот во приходите од извозот, зголемен број на вработени и поголема заштита на културните и природно-географските атрибути на регионот.

5.1 Одржлив туризам Наједноставната и можеби најиздржана дефиниција за тоа што е одржлив туризам гласи: Одржлив туризам е индустрија која е посветена на вршење на што помало влијаење врз природната околина и локалната култура, а во исто време генерира приходи и вработување за локалното население. Светскиот тренд на зголемување на меѓународниот туризам, предизвикува сè поголемо оптоварување врз туристичките дестинации, ставајќи ја под притисок локалната природа и култура. Исто така, голем дел од туристите се веќе заситени од големите туристички комплекси кои ги нудат сите можни услуги и услoви, но не многу се разликуваат еден од друг. Заради тоа, сè повеќе се зголемува интересот за алтернативни форми на туризам кои имаат помало влијание врз локалниот био-диверзитет, придонесуваат кон запознавање и зачувување на вредностите на локалната култура, го поддржуваат локалното стопанство преку користење на услугите кои ги нуди. Одржливиот туризам вклучува и програми за минимизирање на негативните аспекти

52

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


кои конвенционалниот туризам ги има врз околината и го зголемува културниот интегритет на локалната заедница, кој на овој начин е заштитен од обезличувањето што со себе го носат големите туристички комплекси ориентирани кон масовен туризам. Составен дел од овој вид на туризам е и промоцијата на еколошки проекти за заштита на околината и создавање на можности за економски развој на локалното население. На овој начин, се минимизира можноста од исцрпување на локалните природни и културни ресурси за кратко време и се создава можност за наредните генерации да се користат со нив. Одржливиот туризам има неколку форми кои се применливи (или веќе се применуваат) во анализираните села. Секое од селата има свои карактеристики кои го прават посебно, но сите заедно се дел од една целина која може единствено да функционира како систем со цел оптимално искористување на капацитетите. За развој на туризмот е потребно залагање на сите заинтересирани страни, почнувајќи од локалната самоуправа, локалните бизниси, невладиниот сектор и најмногу од сè - локалното население. Локалната власт е генератор на сите движења во оваа насока. Таа ја креира стратегијата за развој на туризмот, го промовира регионот како туристичка дестинација, инвестира во локалната инфраструктура, го информира и обучува локалното население за начините на давање поквалитетни услуги, ги одредува основните стандарди на работење и се грижи околу заштитата на околината од натамошна деградација. Со сè поголемиот развој на туризмот и локалните претпријатија остваруваат поголеми приходи. Освен оние претпријатија кои директно се инволвирани во туризмот (туристички агенции, сместувачки капацитети и угостителство), придобивки чувствуваат и оние стопански гранки кои не се во директна врска со него, како на пример: прехранбената индустрија, земјоделството, превозниците, градежната индустрија, телекомуникациските фирми, текстилната индустрија, комуналните претпријатија итн. Брендирањето на регионот како туристичка дестинација, само по себе ги брендира и останатите индустрии и ги прави попрепознатливи на светскиот пазар. Невладиниот сектор е еден од учесниците во развојот на одржливиот туризам и еден од најдобрите застапници на визијата и потребите на локалното население во однос на туризмот, промоцијата на регионот како туристичка дестинација, заштитата и унапредувањето на животната околина, негувањето и промовирањето на културните вредности, воведувањето на нови трендови во функционирањето на регионот како дестинација, обучувањето на локалното население, го канализира гласот на граѓанскиот сектор во јавните расправи од интерес за одржливиот туризам и се вклучува во процесите на донесување одлуки од важност за заедницата. Локалното население е директен носител на развојот на одржливиот туризам. Приходите остварени од овозможувањето на туристички услуги и вработувањата кои се отвораат паралелно со тоа, го подигаат стандардот на живеење на локалната заедница, насочувајќи го населението кон нудење на сè поквалитенти услуги, сè поголем интерес за зачувување на природната околина, културно-историските споменици, традициите и културата. Формите на одржлив туризам кои се применливи во регионот и се однесуваат на сите села подеднакво се следните:

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

53


5.1.1 Агротуризам Агротуризам - е една од формите на одржлив туристички развој. Оваа активност се спроведува во руралните области каде што им се овозможува на туристите да се запознаат со земјоделските области и занимања, локалните производи, традиционалната кујна, како и културата и традициите на локалната заедница. Оваа активност ги приближува посетителите со природата и земјоделските активности во кои тие можат да учествуваат. Кај гостите кои најчесто доаѓаат од високоиндустријализирани области, селските активности се работи кои можат да се видат само на телевизија, во зоолошка градина или преку интернет. На овој начин се враќаат назад во времето, гледаат како се произведуваат продуктите кои дотогаш ги наоѓале само на полиците на големите супермаркети и можеби за прв пат во животот имаат прилика да пробаат навистина свеж зеленчук, овошје, јајце, млеко... Што се однесува до домаќините, на кои во најголем процент основниот приход им го овозможува земјоделството, ова претставува дополнителен извор на средства кои ги прават помалку зависни од движењата на цените на пазарот на земјоделски производи, преку комуникацијата со туристите им се отвора прозорец кон случувањата и трендовите во светот и им дава потврда за значењето на локалната култура и нејзиното зачувување во процесите на глобализација. Во Преспа, секако, се наметнува одгледувањето на јаболка како доминантна култура од интерес за агротуризмот. Гостите можат да го следат цветањето на јаболката во април, засадувањето на нови јаболкови „бавчи“ (кога можат да бидат „кумови“ на садниците што самите ќе ги засадат), и, секако, на берењето на јаболката, познатиот „Јаболкобер“ кој се случува на 27. септември (запознавање со традицијата на започнување на бербата на верскиот празник Крстовден, благословувањето на родот, купување на јаболката кои сами ги набрале, за оваа прилика потребно е да се произведат типски пакувања за јаболка на кои ќе биде отпечатена сезоната кога се набрани, сортата која е застапена и знакот за квалитет на регионот). Освен јаболката, малите зеленчукови „градини“ кои ги има речиси секое семејство играат витален дел од понудата. Гостите можат на лице место да видат каде и како се одгледува зеленчукот кој им се сервира при оброците, да земат активно учество во обработувањето и средувањето на „градинчињата“, сами да си наберат плодови за оброкот и да учествуваат во неговото подготвување и готвење, на тој начин запознавајќи се и со традиционалната кујна на домаќините. Селата кои гравитираат кон езерото, секако во својата понуда треба да го имаат и традиционалниот риболов, традиционалното конзервирање риба и приготвувањето на локални специјалитети од рибата која ја има во Преспанското Езеро. Агротуризмот ќе придонесе за сè поголемо присуство и на добитокот и живината во дворовите на домаќините. Побарувачката на туристичкиот пазар ќе услови сè позачестено одгледување

54

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


на животните кои по традиција биле дел од селскиот двор: кокошките, козите, магарињата, свињите и останатите домашни животни. Придобивките од одгледувањето на животните ќе бидат во однос на збогатената понуда за туристите, како и за домаќинството кое ќе ја намали својата зависност од купување јајца, млеко, млечни производи и месо на пазарот. За развојот на оваа форма на туризам, пресудно значење има постоењето на селско-стопански двор. Селскиот двор е основен елемент на руралната структура на селата во Македонија. Во дворот се одвива социјалниот живот на семејството, се вршат стопанските дејности со кои се занимаваат сопствениците и во повеќето случаи се чува (дел од) стоката. Дворот може да има различна големина и облик во зависност од пределот во кој се наоѓа, дејностите со кои се занимава домаќинството и финансиската моќ. Во анализираните села се забележуваат два основни вида на дворови: ридско-планински и рамничарски, кои потоа можат да се поделат на традиционални и современи. Планинските дворови (Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Сливница) се помали и со неправилна форма, додека во рамничарските и крајезерските села (Претор, Стење) се поголеми и со правилна форма. Покрај куќата, која ограничува една страна на дворот, во дворот се среќаваат и други стопански објекти: готварник, фурна, кошара, плевна, бунар, кочина итн. Покрај куќата обично има дел засаден со цвеќе, а ако дозволува големината на дворот и зеленчук. Доколку дворот е мал, зеленчукот се сади во непосредна близина во посебна градина. Оградите на дворовите - авлиите се високи ѕидови направени од камен, на горниот дел покриени со керамиди. Портите се врската на дворот со сокакот и воедно го заштитуваат. Портите се високи и широки за низ нив да може да помине и натоварена запрега или коњска кола. За развој на туристичка дејност во форма на агротуризам, потребно е естетиката на дворот да биде добро изразена, хигиенските услови да бидат на највисоко можно ниво и дворот да биде функционално и амбиентално добро организиран, со посебни делови за одмор и дневен престој, дел за стопански активности поврзани со земјоделие и одвоен дел за земјоделска механизација и превозни средства кои нема да го нарушуваат изгледот на дворот. За продолжување на туристичката сезона и да се намали условеноста од временските пригоди, освен уредениот селски двор, потребно е истото да се стори и со ентериерот на куќата. Освен собите за ноќевање, кујната и просторијата за дневен престој мора да бидат уредени на начин кој на гостите ќе им овозможи да се чувствуваат удобно и комотно, во амбиентален простор, без чувство дека навлегуваат во интимниот простор на домаќините. Гостите треба да се во состојба да видат како се приготвува и чува конзервираната храна преку зимата, тука се мисли на конзервираната риба, колбасите „лукајнци“, киселата зелка и зимницата воопшто. Една од работите која се наметнува како предуслов, а и како последица од развојот на агротуризмот, е трансформацијата на земјоделското производство кон производство на органска храна. Туристите заинтересирани за поминување на одморите во рурална средина, претпочитаат вистински чиста и здрава околина во дестинацијата која ја посетуваат, во таа смисла, постепеното преминување кон производство на органска храна (тука, пред сè, се мисли на јаболковите насади) може да игра голема улога во зголемувањето на атрактивноста на дестинацијата. Придобивките од трансформацијата на земјоделското производство кон органско, не се само во однос на туризмот. Земјоделските производи (во прв ред преспанското јаболко) со оваа трансформација ќе станат многу поконкурентни на пазарите во светот и ќе остваруваат далеку повисока цена, земјиштето ќе се исчисти од хемиските средства користени во заштитата на овошките, со што ќе се заштити и пошироката животна околина, флората и фауната во регионот на копно и во езерото.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

55


За време на престојот, неопходно е да се организира што поразновидна анимација на гостите, со цел нивниот престој да се продолжи. Тука во прв ред се посетите на културноисториските споменици, природните знаменитости, излети во природа и спортско-рекреативни активности. Се разбира дека агротуризмот во себе ги вклучува и активниот туризам (излети, планинарење, логорување, планински и патен велосипедизам, пливање, алпинизам...), како и културниот туризам (посета на сакрални објекти, музеи, занаетчиски работилници, традиционална архитектура, туристички разгледи на пошироката околина, верски настани и обреди).

5.1.2 Културен туризам Културен туризам - е оној сегмент на одржливиот туристички развој преку кој се промовираат и презентираат културните, историско-археолошки и етнолошки вредности и одлики на една туристичка дестинација. Анализираните села и Преспа како целина нудат огромен број на навистина ексклузивни градби, локации, настани и активности кои ја градат општата туристичка понуда. 5.1.2.1 Материјална култура • Профаните и сакралните градби беа опишани погоре во текстот�, за нивно оптимално искористување во функција на туризмот потребни се неколку активности и интервенции: потребно е да се развие локален водички сервис кој ќе може да ги опслужува туристите во посета на регионот. Туристичкиот водич е огледало на пределот и локалното населние, затоа одликите кои се бараат од еден туристички водич се: темелна образованост и запознаеност со историјата, традициите, локалитетите и географијата на просторот; високоразвиени комуникациски способности; одговорност и посветеност на работата и задолжително одлично познавање на странски јазици. Секако дека е задолжително поседување на лиценца за туристички водич, во согласност со законската регулатива на Република Македонија. • Сите идентификувани споменици да се означат со повеќејазични информативни табли (паноа), на кои ќе бидат наведени основните информации за објектот или локацијата и режимот на однесување на посетителите во и околу објектот. • Да се создаде систем на контролирани посети на објектите, т.е. да се напушти праксата на давање клуч од објектот на кој било што ќе го побара со цел зголемена заштита на објектите и нивната околина од негрижлив однос на посетителите. • Наплатување влезен билет. • Изработка на летоци и брошури кои ќе се достапни во објектите и на кои освен информации за објектот ќе има и информации за целата туристичка дестинација (други објекти, сместувачки и угостителски капацитети). • Поставување на систем на патокази до секој објект кој е од значење за регионот, на кои освен оддалеченоста до објектот ќе се стави и назнака за видот на патот и достапноста со некои видови на возила (достапност со патнички возила, минибус или туристички автобус). • Поставување туристички мапи на целиот регион на влезовите во територијата на општина Ресен на патиштата од правец на Битола и Охрид, со димензии доволно големи за да може прегледно да се означат сите објекти, природни и културни знаменитости,

56

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


патишта, служби и претпријатија кои се директно и индиректно поврзани со туризмот. На овие две мапи е потребно да се инсталира и електрично осветлување. • Поставување туристички мапи во секое од шесте анализирани села на кои ќе се одбележат истите параметри, но сега само оние од важност за селото со потенцирани сместувачки и угостителски објекти. Освен градбите како дел од материјалната култура, традиционалните занимања и занаети го наоѓаат своето место во овој вид на туристичка понуда. Особено применлива во селата кои гравитираат кон езерото и имаат традиција на занимавање со риболов (Стење, Долно Дупени...), е реконструкцијата на сите објекти и алати кои се користеле при тоа. Тука, пред сè, се мисли на „ораницата“ и „двојната ораница“ (моноксил и двоен моноксил, чунови користени на Преспанското Езеро), големиот преспански чун, мрежите, влаковите, трскарниците (кочинки) со кои со трски спирално се оградувала водата за да се затвори рибата и подоцна да се вади со црпалки. Пионерски чекор во насока на реконструкцијата на традиционалниот риболов и негова презентација на туристите претставува „Рибарското село“ кое се наоѓа на почетокот на туристичкиот комплекс Отешево. Сепак, овој потфат мора да доживее институционална поддршка од локалната и централната власт за да може да преживее, да се дооформи и одржи. Можности за изградба на вакви комплекси има многу, но, секако, неопходно е да се извршат и публикуваат темелни, квалитативни истражувања на традиционалниот риболов во Преспа и да се создаде рамка за поддршка на реконструирањето на риболовот во функција на туризмот. Една од можностите кои постојат секако е задолжување на концесионерот кој стопанисува со рибниот фонд во езерото, одреден процент од риболовот да врши на традиционален начин, на тој начин одржувајќи ја традицијата жива и во кондиција. 5.1.2.2 Духовна култура Населението во шесте анализирани села има богата духовна култура која се манифестира преку бројните обичаи и традиции кои сè уште се живи и народната музика, песни и ора. • Обичаи, традиции и настани При теренското истражување акцент се стави на оние обичаи, прослави и настани во кои е вклучено целото село, чии ритуали и обреди во најголем дел се случуваат на отворено и се најдостапни и највидливи за посетителите и имаат потенцијал да ја збогатат туристичката понуда, како и да ја продолжат туристичката сезона. Следејќи ги искуствата на Вевчанскиот и Струмичкиот карневал, кои се профилираа и наметнаа како главни туристички атракции во Вевчани и Струмица, може да се заклучи дека и Преспа (особено анализираните села) може да развие сличен вид на активност која би се ставила во функција на одржливиот развој. Поделбата на празниците може да се изврши според периодот во годината во кој се случуваат - зимски и летни; и по нивната природа - верски и цивилни. - Хронолошки прв зимски верски празник (имајќи ги предвид само оние празници кои имаат можност за вклучување во туристичката понуда) е Бадник (6. јануари). Во неколку села како Долно Дупени, Стење и Сливница, празникот, освен со обредите вршени во црквите, се одбележува со палење на бадникарски огнови. Околу огнот се собира целото село, во близина на огнот се принесува посна трпеза (во склад со постите) во која учествуваат сите во

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

57


зависност од можностите, а домаќинствата во селото ги обиколуваат коледарчиња (Сливница) кои пеат пригодни песни и добиваат прилози во вид на слатки, сезонско овошје, ситни пари... По прославувањето на Божик, според народното верување започнуваат таканаречените некрстени денови кои завршуваат на Богојавление - Водици. Според верувањето во овие денови сите хтонски, демонски, подземни суштества излегуваат на овој свет и затоа луѓето палат огнови и вршат ритуали кои имаат за цел да ги избркаат лошите сили, да го прочистат селото и да ја прослават плодноста на луѓето, стоката и земјата. - Од зимските верски празници најспектакуларен и најраспространет е обичајот на палење огнови на празникот Василица - Сурова (13.-14.јануари). Во селото Стење наидовме на одлични познавачи на обредите кои се вршат за време на празникот. Тука се запазени древни пагански карневалски елементи: се собира селска тајфа - Бабари кои од нивните редови бираат зет и невеста (во Бабарската тајфа учествуваат само мажи, така и невестата е маскиран маж), баба и бабарче. Тајфата го поминува селските куќи и во нив пее безобразни песни и дури и изведува ритуали кои имаат експлицитна сексуална конотација (ознаки на прастариот култ кон плодноста, Старословенскиот бог на плодноста и рогатата стока Волос, кој во Христијанството е транскрибиран во Свети Василиј), на овој начин Бабарите ритуално го чистат селото од злото (лошото) и ја осигуруваат плодноста на следната година. За возврат селаните ги даруваат со прилози во храна и пијалаци, со кои Бабарите на крајот прават гозба во една селска куќа кој ќе се нафати да ги угости. Во Стење постои и обичајот на горење со трски, во кој учесниците меѓусебно се опржуваат со запалени трски со цел да се изгори - избрка лошото од луѓето. Во Љубојно, „Суроа“ се одбележува вечерта спроти Василица, во близина на Полената (сред селото). Вечерта се пали голем оган и се принесува трпеза на која главниот дел од јадењето го носи „кумот“, се пие топла ракија и вечерта се развива во народна веселба во која селото функционира како духовна целина. Заедницата ги гони лошите работи од годината која заминува и ја прославува новата година. Рано наутро на самиот ден Василица, мали коледарчиња ги обиколуваат селските куќи и пеат пригодни песни, а домаќините ги даруваат со прилози во слатки, овошје и ситни пари. - Богојавление - Водици (19. јануари) е уште еден од празниците кои можат да се вклопат во културната понуда. Во зависност од поставеноста на селата, осветувањето на водите и фаќањето на крстот се врши на езерскиот брег (Стење), или во локалните реки (Љубојно, Брајчино). - Свети Кузман и Дамјан (14. јули) во Долно Дупени на денот на овој празник се одбележуваат познатите „Иселенички средби“. Иселеничките средби се одлика на Преспанскиот регион во целина, голем дел од населението од овие краишта е на печалба во Северна Америка, Австралија и Шведска, а по традиција, сите иселеници кои имаат можност преку летото се враќаат во родниот крај. Оваа прослава во селото е од понов карактер. Се одвива на средсело - полена, на специјално наместена бина, присутните ги забавуваат ѕвездите на фолкестрадата. За иселениците и оние кои постојано живеат во селото, ова е прилика за повторно среќавање со песна и оро. - Илинден (2. Август) во Љубојно се прославува како верски празник и како современа манифестација од циклусот на „иселенички средби“. Прославата започнува на 1. август со културни манифестации од типот на промоции на книги и монографии за селото и литературни читања. Наутро на 2. август, жителите на селото одат во црквата Свети Илија каде палат свеќи, а подоцна во текот на денот сите куќи во селото се отворени за гости кои доаѓаат на „визита“.

58

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Селото е едно од опожарените места во Преспа за време на Илинденското востание, настан кој се одбележува со полагање на свежо цвеќе на спомен-плочите на загинатите во Илинденското востание и во Втората светска војна. Вечерта на 2. август на селската Полена (средсело) се организира голема народна веселба, на која гостуваат културно уметнички друштва, врвни македонски фолк и поп-ѕвезди. Овој дел од прославата е најмасовен и според Љубанци се собираат помеѓу две и три илјади посетители. Локалната НВО за развој на туризмот организира и продажба на промотивен материјал од Љубојно (престилки, капчиња...) се продаваат и слатки и домашни бели печива на посебно поставени штандови. За Љубанци, Илинден е „најголемиот ден“ во годината и сите масовно се трудат да бидат присутни во селото, без разлика каде живеат во светот. - Света Петка (8. август) во Брајчино започнува да се слави вечерта на 7. август, кога селскиот одбор организира веселба во манастирот Света Петка. Во котли се приготвува грав кој се сервира на чардаците на манастирот. Според Братичани, на овој ден се послужуваат меѓу 1500 и 2000 порции, што говори за посетеноста на овој настан. Во дворот на манастирот се одвива веселба на која се свири на народни инструменти (зурли и тапани), што е големо освежување во однос на современата фолк музика која се свири и пее на останатите средби од овој вид. До манастирот и назад се оди по пешачка патека која е осветлена, сепак, треба да се посвети внимание на канализирање на водата која постојано тече преку патеката и ја прави каллива. Утредента на 8. август, самиот ден Света Петка, е ден за визита во Брајчино и сите куќи се отворени за гостите кои доаѓаат во селото. Вечерта има народна веселба пред училиштето во селото на која настапуваат современи фолк ѕвезди. - Мала Богородица (21.септември) во Сливница се одбележува во прекрасниот манастир Света Богородица. Во манастирот се служи вечера, а задолжен околу организирањето на настанот е претходно одредениот „кум“ на славата. Иако по посетеност овој настан заостанува зад претходно споменатите, тука е подобро зачувана автентичноста и интимноста на обичаите, што го качува високо на скалата на настани со потенцијал за вклучување во одржливиот туристички развој. - Јаболкоберот (27. септември) е најголема стопанско - културна манифестација во општина Ресен, која неизоставно треба да се спомене иако е надвор од шесте анализирани села. Настанот е поврзан со празнувањето на Крстовден и традиционалниот почеток на бербата на јаболката. Вообичаено манифестацијата започнува со благословување на бербата и откинување на првото јаболко од страна на одредено официјално лице. Потоа следат бројни активности од културно-забавен карактер (дефиле, концерти на КУД, гостување на гости од странство) и стручни трибини, работилници и предавања поврзани со состојбите и новите трендови во производството на јаболката. Вообичаено манифестацијата завршува со голем концерт на народни песни и игри. За да се искористи манифестацијата во поголема промоција на регионот, за гостите потребно е да се организираат прошетки, разгледи и излети низ целиот регион, преку што посетителите ќе се запознаат и со чисто туристичките потенцијали и можности на регионот. • Фолклор Во одржливиот туристички развој, негувањето и презентацијата на локалниот фолклор игра голема улога. На статичните споменици и локалитети им дава звук и динамика, а туристите можат да добијат целосна претстава за пределот и населението кои ги посетуваат. Секако дека овде станува збор исклучиво за изворните, автохтони народни песни и танци, а не за новосоздадениот (авторски) фолк, бидејќи одржливиот туризам се заснова на презентација и

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

59


зачувување на изворните културни и природни особености на туристичката дестинација. Народните песни и танци, освен што генерираат приходи за локалната заедница, на овој начин се самоодржуваат и луѓето се мотивирани за нивно негување и зачувување. Кај локалното население се јавува гордост на сопствените културни богатства и вредности, а туристите можат да видат нешто за нив ново и егзотично, а сепак блиско до менталитетот на европските народи. Носители на оваа активност секако се културно уметничките друштва, народните ансамбли, музичките групи, невладините организации и поединците ентузијасти кои во себе ја носат љубовта кон фолклорот. Во функција на туристичката понуда, овие организации и поединци треба да се направат себеси видливи на пазарот. Потребно е нивните одговорни лица да остварат контакти со што повеќе домашни и странски претпријатија, организации и институции кои работат во туристичката индустрија, за да се себепромовираат и да ја достават својата понуда на пазарот. Исто така, и локалната и централната администрација, по својата природа треба да ги поддржува, поттикнува и помага активностите од ова поле. 5.1.3 Активен туризам На просторот на преспанскиот регион постојат извонредни услови за развој на активен туризам во следните типови на простори: - Затворен тип - тука спаѓаат сите активности кои се одвиваат во рамки на лимитиран и со големина стандардизиран простор (тенис, пинг-понг, кошарка, мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, куглање и сл. ) - Полуотворен тип - сите активности кои се одвиваат на отворено, но со активност за лимитиран простор (голф, пливање, веслање, возење со педалини и сандолини, џогинг и сл.) - Отворен тип - сите активности кои не се просторно лимитирани, или временски се дисконтинуирани (велосипедизам, спортски риболов, прошетки, планинарење, спортско летање). Според тековната состојба, во селските населби постојат можности само за примена на рекреативните активности на отворено. Но, во иднина со зголемување на заинтересираноста и мотивираноста за вклучување во туристичката дејност, инвестициите ќе се зголемуваат и атрактивноста на просторот ќе привлече нови туристи, со нови барања за специфични содржини и активности, како што се: тенис, голф, куглање и др. За постигнување максимален ефект во обезбедувањето на забавен и активен престој на туристите потребно е да се воспостави сет на разновидна понуда со различни содржини. Природните ресурси се основа за рекреативните и спортски активности кои се издвојуваат по значењето и атрактивноста како туристичка понуда во селските населби во преспанскиот регион. Присуството на бројни релјефни облици, хидрографски објекти, карактеристичниот растителен и животински свет присутен во атарите на селата Брајчино, Долно Дупени, Сливница, Љубојно, Претор и Стење, го прават овој простор привлечен за туристичките посетители. Пејзажниот амбиент на геоморфолошките облици се надополнува со хидрографското богатство претставено со водената површина на Преспанското Езеро и површинските водотеци на реките кои нудат можности за специфични форми на туристички содржини: кајакарство, едрење, други видови водени спортови.

60

|

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.