studija daniela

Page 1

Близината на планините Баба и Галичица, е одличен предуслов за нивно ставање во функција на спортско-рекреативните активности во регионот. Почнувајќи од лесните рекреативни прошетки на патеките околу селата, преку поинтензивните планинарски потфати со освојување на врвовите на планините, сè до алпинистички качувања на карпа се насоките кои постојат во околината на Стење. За време на овие активности посетителите можат да го фотографираат живиот свет кој таму го има, со што прошетките се подигнуваат на ниво на фотосафари. Градењето на помошна информативна инфраструктура по должината на самите патеки во многу ќе ја зголеми ексклузивноста на понудата, овозможувајќи им на гостите директна и непосредна информација за пределот низ кој минуваат и неговите природни и културни знаменитости. Со други зборови, секој објект и природна знаменитост по должината на патеките треба да биде соодветно обележана со информативна табла на која се наведени основните информации за нив. Вреди да се спомне дека теренот на споменатите планини дава одлични можности за развој на патеки за планински велосипедизам. Во принцип, тоа се истите патеки кои се користат и за планинарење, освен најстрмните и каменливи делови. Патеките за планински велосипедизам по правило се подолги и покриваат поголемо пространство, поради тоа е потребно на почетокот на секоја патека да има информации за нејзината должина (временска и географска), физичката кондиција потребна за да се совлада и достапноста на свежа вода за пиење. Преспанското Езеро дава одлични услови за развој на езерскиот сообраќај во делот на туристичката понуда. Островот Голем Град е атракција достапна само по воден пат, а секако дека се интересни и панорамските превози покрај брегот на езерото, како и превозот од едно до друго место по бреговата линија. Езерскиот сообраќај на Преспанското Езеро не постои во организирана форма. Освен, службените пловила на државните органи, на езерото сообраќаат и поголем број на кајчиња (чунки), кои локалното население ги користи за риболов и повремен превоз на туристи. За посериозен пристап кон развојот на оваа активност неопходно е потребно да се изврши регистрација на кајчињата, лицата кои вршат превоз на патници да добијат соодветна дозвола за превоз на патници, да се воведе задолжително користење појаси за спасување на секое кајче со кое се врши превоз на патници, а давателите на услуги на превоз со кајче задолжително да завршат курс за спасување во вода во овластена институција (како, на пример, Црвен крст на Република Македонија). 5.1.4 Останати видови туризам Како туристичка понуда што може да ја организира локалното население се активностите поврзани со запознавање на гостите-посетители со лековитите билки, нивните својства, дејството врз организмот и неговата корисност и лековитост. Може да се организира зависно од временскиот период во кој гостува туристиот, запознавање со овие билки, нивно берење во природа, но со упатства, преку брошури или усно за начинот на берење и заштита на овие билки од уништување. Запознавање со традиционалната исхрана-кујна, подготовка на традиционални јадења, нивна понуда во соодветно уредените дворови или организирање пикници во природа, претставуваат посебни активности кои може да ја зголемат туристичката понуда во селата. Можности за ваков вид туристичка атрактивност постојат во сите села: Брајчино, Долно Дупени, Љубојно, Претор, Сливница и Стење.

Standardi za lokalen kvalitet na Prespa

|

61


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.