Театарска претстава „Со љубов шегување нема“
Понеделник - 13 јули - 20:00ч. Интимен театар, Хотел Театар
Софија Ристевска, дипломирала театарска режија на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов“, во Софија Бугарија. Досега режирала над триесет претстави во државни и независни театарски куќи во Македонија, Бугарија и Србија. Во 2010та, Ристевска го оформи својот Интимен Театар, во којшто досега продуцирала и режирала шест претстави по современи драмски автори. Од 2013та, Интимен Театар има свој простор, на ул. Стив Наумов, бр, 35, во Битола, Македонија, кадешто може да прими до шеесет души публика и кадешто игра редовен репертоар. Основната цел на Интимен Театар, е да промовира и поставува нови драмски автори и да се занимава со теми коишто го анализираат генералниот судир на индивидуата со неолибералниот свет, во којшто сите ние секојдневно живееме.