Prilog so recepti maj juni 2018 web

Page 1







повеќе од 4 лица

Полнети пилешки гради Состојки

550 денари

1kg пилешки стек Цекин 150g златна мешавина Фриком 150g кашкавал Осоговски 150g сланина Златиборац Маслиново масло Санса сол, бибер | зачин Вегета 500ml павлака за готвење Халта

Подготовка Стекот се посолува и се засекува од страната, но не се сече до крај, треба да остане како џеб. Во него се става претходно подготвена смеса од рендан кашкавал, сечкана сланина и златна мешавина. Се затвораат парчињата месо со чепкалки и се редат во тава за печење, претходно намачкана со маслиново масло. Врз месото се попрскува малку масло и се става да се пече, покриено со алуминиумска фолија, околу 30 минути. Потоа се вади од рерна, се прелива со неутралната павлака и се враќа да се пече уште 30 минути.








Ролат со праски

повеќе од 4 лица

Состојки

500g кори за пита 1.5kg праски 200g шеќер 300g меленa Плазма 150ml масло за јадење Дијамант 150ml газирана вода Горска

Подготовка Во длабок сад се става шеќерот и мелената плазма и се промешува. Се зема една кора, се попрскува со вода и масло, па се наросува со две лажици од шеќерот со плазма. На овој начин се редат три кори една врз друга, секоја попрскана со вода, масло, шеќер и плазма. Врз третата кора, на едниот крај се става слој од претходно излупени и изрендани праски. Врз нив се става една лажица од шеќерот и плазмата, па се витка во ролат. Потоа ролатот се реди во намрсена тава со масло. Постапката се повторува додека не ги потрошите состојките, потоа засечете ги ролатите и ставете да се печат во загреана рерна околу 30 минути .

200 денари




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.