Откријте сè за авторот кој продаде над 200 милиони книги и кој претставува водечка фигура во дигиталниот свет 1
2
© Paul Macleod
ПАУЛО КОЕЛЈО: Човекот кој стои зад книжевните бестселери и феноменот на социјалните медиуми 3
„Верувам дека Пауло Коелјо е повеќе од само уште еден автор кој нè поттикнува на размислување. Над сè, тој е бунтовник, неконформист кој никогаш не се плашел јавно и отворено да проговори и кој, во некои случаи, ги предвидел промените што денес го погаѓаат нашето општество. А сето тоа го има сторено со привидна едноставност и јасен јазик, правејќи тешкото да изгледа лесно: притоа мислам на поврзувањето со милиони читатели низ светот. Сметам дека самото тоа е веќе доволна причина да му го посветиме должното внимание. Дотолку повеќе што ова доаѓа од личност која имала неверојатно интензивен живот и се нашла на работ на многубројни бездни, така што е сосем јасно дека овој автор има многу да каже.“
4
Елена де Аламинос, читателка на Пауло Коелјо
Нови предизвици Кога имав петнаесет години, ѝ кажав на мајка ми дека сакам да станам писател. „Сине“, рече таа со натажен глас, „татко ти е инженер.“ Многу подоцна сфатив дека во тоа време веќе сум знаел што е мојата животна цел – што значително се разликува од тоа да се знае смислата на животот. Верувале или не, едно од најчестите прашања што ми ги поставуваат за време на интервјуата гласи: „И сега, дали сте среќен?“ Тоа во мене поттикнува моментна реакција: Па зар некогаш сум рекол дека сум среќен? Се разбира, не. Не сум среќен и потрагата по среќата како главна цел не е дел од мојот свет. Очигледно, како и секое друго човечко суштество, се обидувам да го правам она што ми се допаѓа да го правам. Меѓутоа, за да стигнам дотука, морав да водам многу битки, тешки битки, со победи и порази. Тоа значи дека носам многу лузни. Се бунтував против своите родители. Трипати бев задржуван во душевна болница. Го живеев сонот на хипиците, во своите искуства ги надминував границите кои животот ми ги поставуваше, експериментирав со разни видови прекумерности. Патував по светот со дваесет долари во џебот. Ме привлекоа црната магија и сатанизмот.
Се нурнав во светот на рокенролот со Раул Сеиксас, остварувајќи големи хитови, додека едновремено славата и дрогите ме доведоа до работ на бездната. Воената диктатура ме сметаше за субверзивен елемент, па така бев уапсен и измачуван. Сепак, секогаш постоеше нешто што ме туркаше напред, а тоа сосем сигурно не беше мојата потрага по среќа. Она што и ден-денес ме интересира во врска со животот се љубопитството, предизвиците и неконформизмот. Сите што ме познаваат се свесни дека отсекогаш сум бил неконформист. Себеси се сметам за немирна личност и провокативен автор. Отсекогаш сум верувал дека провокацијата, позитивно сфатена, ни помага да се видиме себеси какви што сме и да се движиме напред со увереност дека и навистина ќе напредуваме. Верувам дека провокацијата, барем понекогаш, може да укаже на оние нешта кои не ни се допаѓаат, а со цел да предизвика реакција која ќе нè придвижи. Кога читам за судирите низ светот – политички, финансиски или културолошки – сакам да се потсетувам дека во нас лежи
моќта да градиме мостови на разбирање. Дури и доколку мојот сосед не ги дели моите религиски или политички гледишта, можноста да се изградат таквите мостови останува секогаш во нашите раце. Секогаш ни е дадена можноста за помирување, можноста да седнеме заедно на маса и да ја доведеме историјата на судири до нејзиниот крај. Трагајте по најинтересните нешта, истражувајте ги непознатите води, необичните луѓе, провокативните мисли и смелите искуства. Тоа е единствениот начин на кој ќе придонесеме кон еволуцијата на светот. Сето тоа си има своја цена, но се исплаќа.
Првиот автор што ја надрасна хартијата и постигна успех во дигиталниот свет и социјалните медиуми Како што знаете, Франкфуртскиот саем на книгата е резултат на едно ново откритие: печатење со рачно слагање на текст. Сите знаеме дека Гутенберговиот пронајдок беше крупен – можеби и најзначаен – чекор кон создавањето на движењето наречено ренесанса, за чие постоење беше овозможено идеите да се разменуваат со помалку ограничувања. Благодарение на новата постапка на печатење, се создадоа услови идеите слободно да се разменуваат, а со тоа и светот одново да се обликува во согласност со тие идеи. Значи, суштината е токму во споделувањето идеи. Меѓутоа, во текот на последниве десет години го сведочиме настапувањето на Мрежата, таа неверојатна машина што воведува нов начин на споделување идеи и им пркоси на старите економски модели. Се разбира, јас за живот заработувам од своите авторски права, но во овој момент не сакам да зборувам за тоа. Морам да се приспособам. Не само така што понепосредно ќе се поврзам со своите читатели – нешто што беше незамисливо пред само неколку години – туку и со тоа што ќе развијам нов јазик, заснован врз Интернет, и кој ќе биде јазик на иднината: непосреден, едноставен, но не и површен. Јас, всушност, инвестирам во она што баш секој автор на планетава го цени и посакува: неговите дела да ги чита најголемиот можен број луѓе. Интернет ми ја даде оваа ука: не плаши се да ги споделуваш своите идеи. Не плаши се да им овозможиш на другите да ги изразат своите идеи. Ви благодарам.
6
(Извадок од говорот на Франкфуртскиот саем на книгата, 2008)
+28 милиони следбеници на Фејсбук
+700K прегледи на страница*
+180 милиони луѓе анимирани преку ФБ *
+16
милиони прочитани објави*
+3.5 милиони видеопрегледи на ФБ*
11
милиони следбеници на Твитер
+200K лајкови
1.3
милиони следбеници на Инстаграм
*Просечна месечна статистика 7
Понекогаш ме прашуваат зошто сум толку успешен. И единствениот одговор што можам да го смислам е дека едноставно ја имав таа голема среќа да успеам да се поврзамSometimes со своите читатели. I’m asked why I’m so successful. And the only answer I can come Не сум во да предвидам луѓе низ сиот with свет,my припадници upсостојба with is that I’ve had theшто greatмилиони fortune of connecting readers. на различни култури, ќе мислат за она што го читаат, па така пишувам за I can’t predict what millions of people worldwide, from different cultures, will единствената личност со која делам извесна блискост: за себе. Писателот мора think about what they’re reading, so I write for the only person with whom да ризикува, а не да стане роб на извесни теми, со цел да им угоди на своите I share some intimacy: myself. An author must take chances and not be a читатели. Мора да биде искрен кон она што го пишува и чесен кон себеси, slave to themes in hopes of pleasing his readers. He needs to be honest with бидејќи во спротивно читателите ќе забележат дека во рацете држат роман what he writes and transparent with himself, because the readers will notice напишан единствено со целта да ги задоволи „побарувачките на пазарот“, и ќе се when they are faced with a novel written solely to satisfy the “market trends,” чувствуваат изневерени. Јас ја исползував таа слобода и способност да преземам and they will feel betrayed. I’ve used that freedom and ability to take risks to ризици кога се фатив во костец со својот последен роман, „Шпионка“, во кој ја tackle my latest novel, The Spy, bringing Mata Hari’s story to life and putting оживувам приказната за Мата Хари, а себеси се ставам во улога на жена која myself in the shoes of a woman who decided to live her life unconstrained by одлучила својот живот да го живее ослободена од стегите на обичаите и чие conventions and whose only crime was to be a free and independent woman. единствено злосторство било што живеела како слободна и независна жена.
Paulo Coelho Пауло Коелјо
SylviaFeudor Feudor ©©Sylvia
More than twentyНад дваесет и пет five years on theна години на подиумот bestseller’s podium најпродаван автор
88
Нејзиното единствено злосторство беше што живееше како независна жена „Мата Хари беше една од нашите први феминистки“, рече Коелјо, „која ги предизвикуваше машките очекувања од нејзиното време и наместо нив одбра независен, неконвенционален начин на постоење. Од нејзиниот живот можеме да извлечеме значајни поуки и денес, кога обвинувањата на моќниците сè уште предизвикуваат загуби на невини животи.“
2016 Шпионка Кога пристигнала во Париз, Мата Хари немала ни скршена пара. Сепак, наскоро почнале да ја величаат како најелегантната дама во градот. Била танчарка која ја шокирала и восхитувала публиката; љубовница и куртизана која ги маѓепсувала најбогатите и најмоќните мажи на тоа време. Но како што земјата заплеткана во војна ја обземала параноја, животниот стил на Мата Хари почнал да буди сомнежи. И така, во 1917 година таа била уапсена во својата хотелска соба на Шанзелизе и била обвинета за шпионажа. Раскажана преку последното писмо на Мата Хари, „Шпионка“ ја разоткрива незаборавната приказна за една жена која се осмелила да ги прекрши правилата на однесување на своето време и која за тоа ја платила највисоката цена. 9
2014 Со триесет и една година, Линда го има сето она за што многумина сонуваат, а малкумина се во состојба да го добијат: совршен живот во Женева, Швајцарија. Одненадеж, таа го среќава Јакоб, старата љубов од средношколските денови, кој ненадејно упаѓа во нејзиниот живот само за да ја разбуди од летаргијата во која западнала и да ѝ овозможи повторно да ја почувствува неочекуваната страст за која мислела дека ја има заборавено. Прељуба ја истакнува вечната дилема: дали треба да се бориме со искушението, или пак да му се предадеме? Таа е една искрена и непосредна книга која ги крши табуата и нè наведува да ја доведеме во прашање потребата да живееме анемичен живот, соочени со апатија, помиреност со судбината и страв дека никогаш ништо нема да се промени.
10
2012 Ракописот од Акра нè враќа на 14 јули 1099 година. Ерусалим се подготвува за инвазијата на крстоносците. Додека народот го исчекува нападот на непријателот, еден човек со грчко потекло, познат како Коптот, ја повикува градската младина, но и старешините, на состанок. Кои вредности ќе преостанат откако сè ќе биде уништено? Секој одделно го прашува за своите вистински непријатели, за поразот, осаменоста; за борбата, промената, убавината, патот што треба да се следи. За љубовта, верноста, судбата, сексот, стравот, тескобноста, мудроста, како и за она што иднината го носи. Мудрите одговори на Коптот остануваат релевантни до денешен ден, по цели илјада години.
2010 Алеф е чудесен роман во кој авторот открива како една сериозна криза на идентитетот го натерала да се впушти во потрага по обнова и внатрешен развој. Решил да започне од почеток: да патува, да експериментира, повторно да се поврзе со светот и луѓето, повторно да допушти да биде воден од знаците на патот. Во текот на деновите поминати на транссибирската железница, доаѓа до средба меѓу Пауло и Хилал, од која се израѓа патување низ времето и просторот, од минатото до сегашноста, а сето тоа во потрага по љубов и простување. „Кога незадоволството не сака да исчезне, сфаќаме дека тоа е присутно само поради една причина: мораме да направиме темелна промениме и да продолжиме да се движиме напред“, вели Пауло Коелјо.
2008 Дејството на овој роман се одвива на Канскиот филмски фестивал, во период од дваесет и четири часа. Читателот ги следи настаните што се испреплетуваат околку Игор, рускиот комуникациски могул. Неговите патишта ќе се вкрстат со Габриела, млада и амбициозна актерка; Јасмина, модел оф Руанда која била протерана во Европа; Јавиц, влијателен и корумпиран продуцент; и конечно со Хамид, стилист на врвот на кариерата. Средбата со Игор засекогаш ќе ги промени нивните животи. Нашата незгаслива жед за признание, слава и среќа навидум нè води кон успехот, но вистината е дека, всушност, нè води само до осаменост и нè оддалечува од нашите искрени чувства и вредности. Победникот е сам е длабоко промислување на најповршната страна на нашите личности, онаа што нè прави да изгледаме незаинтересирани за светот во кој живееме.
2006 Вештицата од Портобело ги велича различностите и го критикува општеството и неговата нетрпеливост, кои ја поробуваат слободата на поединецот. „Најголемиот проблем на Атена е тоа што е жена од дваесет и вториот век заробена во дваесет и првиот, и која згора на сè дозволува сите тоа да го согледаат. Дали ќе ја плати цената? Несомнено. Но цената што би ја платила за потиснувањето на својата жизнерадосност би била неспоредливо повисока.“ Пауло Коелјо нè охрабрува да ги браниме своите корени и своите убедувања пред волјата на другите, без да се чувствуваме посрамени од она што нè прави поинакви и единствени.
2006 „Кога имав петнаесет години сакав да бидам писател, да носам очила, да имам бушава коса и половина од времето да го поминувам во лутина, а другата половина во депресија; да бидам неразбран од својата генерација. Сè додека еден ден извесен рокер не побара од мене да напишам текстови за неговите песни, ме одвлече од мојата потрага по бесмртноста и ме постави повторно на патеките на обичните луѓе. Тоа ми овозможи да патувам низ многубројни предели, да сретнам многу луѓе, да посетам разни земји, да спијам на многу места... Страниците на Како река течејќи се приказни за моментите што ги доживеав, бајките кои ги слушав, за промислите содржани во малите апчиња наменети за луди луѓе.“
11
2005 Захир е приказна за внатрешното патување на кое авторот се рашава да тргне откако ќе сфати дека неговата опсесија не е ништо повеќе од ќор-сокак кој го спречува да ја согледа вистината, односно да прифати дека неговиот живот не е толку совршен како што верува. „Се чинеше дека во нивниот однос сè е токму како што треба, додека Естер еден ден не исчезна без трага. Полицијата ги разгледуваше хипотезите таа да е киднпирана или дури убиена... сопругот пак, од друга страна, присилен од истите сомнежи, појде на неочекувано патување во потрага по својата жена.“ Овој роман ни советува да се бориме против она што нè опседнува, што го попречува нашиот пат, што не ни дозволува да се движиме напред. Зашто опсесијата е знак дека во нас постои нешто што не функционира како што треба. 12
2003 „Си беше еднаш една проститутка по име Марија...“ Така започнува романот кој предизвика бурни реакции во целиот свет.
2000 Госпоѓицата Прим е растргната помеѓу ангелот и ѓаволот кои, како и сите ние, ги носи во себеси.
Целта на Единаесет минути не е да служи како прирачник за мажи и жени кои се соочуваат со непознатиот свет на сексуалните односи, туку е попрво дело на социјалниот и критички реализам кое се занимава со идеите на еротизмот и сексот.
Демонот и гопоѓицата Прим ја доведува трилогијата „И на седмиот ден...“, која започна со Крај реката Педра седнав и плачев и продложи со Вероника реши да умре, до нејзиниот крај. Овие три книги прераскажуваат една седмица од животот на обичните луѓе кои одненадеж се наоѓаат соочени со љубов, смрт и моќ.
Тоа уште еднаш ја потврдува важноста на одбивањето да се негираат инстинктите кои произлегуваат од темната страна на желбата. Претставува одбрана на женската сексуалност и го истражува стравот од целосното предавање и одрекувањето на сопствените бариери.
Настапуваат во нашите животи оние моменти кога внатрешните демони се будат; во тие моменти сосема е бесполезно да се преправаме дека ништо не се случува. Предизвикот нема да чека. Една седмица е сосема доволно да узнаеме дали ќе ја прифатиме својата судбина или не.
Бидејќи светот се врти околу нешто што трае само единаесет минути.
1998 1998 Се чини дека Вероника имаitсèall: што може да to се посака: Veronika seems to have she goes trendy places, has излегува на монденски места, се гледа млади, привлечни dates with young attractive men . . со . but she’s not happy. момчиња... ноisсепак не е in среќна. Во нејзиниот живот Something missing her life. That’s why, one нешто morning, недостига. Токму she decides to затоа, die. едно утро, таа решава да умре. Вероника да умре делisодpart трилогијата „И наon the Veronikaреши Decides to еDie of the “And седмиот со „Крај рекатаwith Педра и Piedra seventhден... day“, .заедно . .” trilogy, together Byседнав the River плачев“ и „Демонот и госпоѓицата Прим“. Овие три The книги I Sat and Wept and The Devil and Miss Prym. three прераскажуваат седмица од животот на обичните books narrate една one week in the life of normal peopleлуѓе who are кои одненадеж се наоѓаат соочени љубов, смрт и моќ. suddenly faced with love, death,соand power. Понекогаш оние што пливаат наспроти струјата, коиwho се are Sometimes, those who swim upstream, those поинакви, играат според правилата, коиfearlessly бестрашноface се different,кои whoнеdon’t play by the rules, who спротивставуваат рутината не плашејќи се дека ќе бидат routines withoutна fearing rejection, are considered crazy; отфрлени ги сметаат за the луди. Но што ако тие се, but what–ifдругите they were actually sane ones? всушност, нормалните?
1997 1997
1996 1996
Прирачник за воинот светлината говори за внатрешните The Manual of the на Warrior of Light talks about the битки секојwe одeach нас секојдневно води. Тоаare се битки innerшто battle fight every ги day. They battles против грижите, сомнежите, загубите. against worry, противречностите, contradictions, doubts, and losses. However, Меѓутоа, во секого нас живее воин наof светлината. Воинотof within each of usодthere lives aи warrior light. A warrior наlight светлината уште носиinискри во очите. still hasсèthe spark his eyes.
Во пред Христа, жителите на веруваат In870 theгодина year 870 BC the inhabitants ofФеникија Phoenicia believe дека Илија е одговорен за нивните неволи и го thatпророкот the prophet Elijah is responsible for their misfortunes осудуваат на смрт. Тојto знае дека He неговата во lies and condemn him death. knowsбитка that лежи the battle изборот дали да препушти на the неизбежното да сеagainst бори in choosing to се move on with inevitableили or fight против fate. судбината.
ТојHe неisn’t е секогаш храбар и не постапува секогаш исправно. always courageous and doesn’t always act right. Понекогаш поради безначајни нешта, понекогаш He suffersстрада over useless things, sometimes he believes he’s верува дека веќе не е способен за понатамошен развој, и не incapable of growing, and he’s not always secure. е секогаш сигурен во себе. Но токму тие нешта ги сочинуваат That’s why they are warriors of light. Because they make воините на светлината. Затоа што тие прават грешки. Затоа mistakes. Because they accept defeat. Because they што прифаќаат пораз. Затоа што се преиспитуваат. Затоа што question themselves. Because they keep their hope alive ги одржуваат своите надежи во живот среде исцрпеноста и amid exhaustion and discouragement. Because they search обесхрабреноста. Затоа што трагаат по смислата, и нема да for a reason, and they do not stop until they find it. запрат додека не ја откријат.
Петтата гораMountain нè учи декаteaches сите ниеus понекогаш стануваме The Fifth that we can all sometimes жртви на апатијата и пренебрегнувањето, дозволуваме fall prey to apathy and neglect, letting дека fate take over our судбината ги преземе нашиот живот. Но life. Only да when we faceуздите what на seems inevitable and leave the единствено ќе сеbehind соочимеusсоwill онаwe што burden of кога the past beизгледа able toнеизбежно evolve. и ќе го оставиме товарот на минатото зад себе, ќе бидеме во состојба и понатаму да се развиваме.
1313
1994 Крај реката Педра седнав и плачев е првата книга од трилогијата „И на седмиот ден...“, по која следуваат „Вероника реши да умре“ и „Демонот и госпоѓицата Прим“. Овие три книги прераскажуваат една седмица од животот на обичните луѓе кои одненадеж се наоѓаат соочени со љубов, смрт и моќ. „Крај реката Педра седнав и плачев“ говори за важноста на бунтувањето против конвенциите и на следењето на нашите инстинкти да живееме интензивен живот. Доаѓањето во допир со нашата женска страна е заднината на љубовната приказна која ја раскажува Пилар, жена која се плаши да ги искуси сопствените чувства. Сепак, седумдневното патување, благодарение на неговата дрскост и на предизвиците што ѝ ги носи, засекогаш ќе го промени нејзиниот живот.
14
1994 Мактуб е збирка колумни кои Пауло Коелјо ги објавил во текот на дванаесетте месеци кога работел за весникот „Folha de São Paulo“. Се работи, всушност, за една серија приказни и параболи инспирирани од различни извори и од фолклорот на повеќе земји. А сите тие се потпираат врз мудроста и искуството кои потекнуваат од различни култури. Кажано со зборовите на самиот Пауло Коелјо, „’Мактуб‘ не е книга за самопомош, туку попрво една размена на искуства“. Впрочем, прекрасна можност за да погледнеме малку подлабоко во својата душа и да се пронајдеме себеси.
1992 Човек и жена, мотивирани од духовната потрага, патуваат до јаловата и навидум празна пустина Мохаве. Во текот на четириесетте дена кои таму ги поминуваат, тие ќе се соочат со своите најинтимни внатрешни судири. Ангелот чувар нè исправа лице в лице со битката против нашата ранливост и стравот од промените, со внатрешната војна меѓу прифаќањето на самите себе или нашето самоуништување.
1990 Брида сфаќа дека мора да го контролира својот страв и успешно да мине низ Темната Ноќ... Ова е приказната на Брида О’Ферн, љубопитна, храбра и смела млада жена која се соочува со својата најтемна страна, онаа што е потоната и управувана од стравот. Брида нè нурнува во магијата на себеспознавањето преку носењето одлуки – без страв дека би можеле да погрешиме.
1988 Сантјаго, млад пастир, еден ден решава да го напушти своето стадо и да се посвети на потрагата по своето најскапоцено богатство. Тој нема ниту претстава какви сè авантури го очекуваат кога ќе се осмели да ѕирне зад превезот на вселената. „Во времето кога го пишував Алхемичарот се обидував да го сфатам сопствениот raison d’être. Наместо да составам философски трактат, одлучив да разговарам со момчето кое постоеше во мојата душа. На мое големо изненадување, открив дека истото тоа момче живее и во милиони други луѓе низ целиот свет. Преку оваа книга со своите читатели сакам да ги поделам прашањата кои, токму поради тоа што на нив не може да се одговори, го прават животот една голема авантура“. Пауло Коелјо
1987 Дневникот на еден волшебник е дневник за патувањето на главниот лик по стапките на свети Јаков и за неговата средба и битка на светлината и сенката внатре во неговото сепство. Тоа е битка која сите ние мораме да ја водиме против сопствената ароганција, a која можеме да ја извојуваме единствено со помош на понизноста и прифаќањето на сопствените слабости. „Сантјаго де Компостела е шпански град, познат како меѓународна престолнина на поклоненијата. Ниту мојот учител Петар ниту пак јас знаевме дека ова попладне ќе чекорам кон својата судбина, за која сонував и која толку многу пати ја одреков. Чекорам кон приказната на моето повторно раѓање.“ Сопственици на своите чекори и на сопствениот пат, творци на своите соништа можеме да станеме само откако ќе ја поразиме ароганцијата.
15
© Philip Volsem
„Другите“ книги на Пауло Коелјо
16
Дневник
Преведени на шеснаесет јазика и секоја година дополнувани со нова тема (Храброст во 2016 и Пријателство во 2017 година), овие дневници содржат повеќе наводи, идеи и мисли од книгите на авторот. Едицијата, збогатена со прекрасните илустрации на колумбиската уметничка Каталина Естрада, се објавува од 2005 година.
Твитбук
Објавена во шест изданија – јапонско, кинеско, корејско, тајванско и индонезиско – Магичниот момент е збирка од најдобрите твитови на Пауло Коелјо, суптилно илустрирана од корејскиот уметник Јонг Хван Хванг.
17
Раскази
Патот на лакот Оваа повест ја раскажува приказната за Тетсуја, најдобриот голман во земјата, кои своите поуки ги пренесува на едно момче, жител на неговото село. Секојдневната работа и трудот што го вложува, надминувањето на тешкотиите, истрајноста и храброста да се носат ризични одлуки се само некои од аспектите кои се пројавуваат низ оваа приказна. Пауло Коелјо успеал, на само неколку страници, да претстави многу од вредностите кои нè вдахновуваат од ден за ден: иновација, приспособливост, прифаќање на промени, ревност, тимска работа... 18
Збирка прирачници Авторовата страст за прирачници (од оние кои објаснуваат како да се поправи брод, па сè до упатства за користење компјутер), го наведе да развие сопствени прирачници за секојдневниот живот, во кои ги собрал своите гледишта и мисли во врска со различни клучни теми. Збирка прирачници е зборник на сите прирачници кои авторот ги напишал во текот на последните години. Мошне корисен прирачник за животот.
Приказни за родители, деца и внуци (Со илустрации на Кристина Оитикика) Збирка на внимателно избрани радосни, изненадувачки и драматични приказни, засновани врз легенди и народни приказни од разни култури. Едноставни и инспиративни приказни за читатели од сите старосни групи, собрани во единствено издание, илустрирано со голем усет од сопругата на авторот, уметницата Кристина Оитикика.
Адаптации
Божикни приказни Помеѓу 1998 и 2008 година, секој декември, Пауло Коелјо пишувал по една божикна приказна, со цел да се збогува со годината што изминува. Преку нив, авторот ги споделува своите искуства и мисли со милиони читатели од повеќе од шеесет и четири земји низ целиот свет, кои уживаат во овие приказни независно од културите и религиите на кои им припаѓаат. Ова посебно електронско издание на Божикните приказни ги содржи сите десет божикни приказни кои авторот ги напишал во текот на таа деценија.
Љубовните писма на Пророкот (од Калил Џибран) Големите предизвици лежат во откривањето на нашето единствено сепство, во поставувањето прашања на себе самите и обидите да се трага по одговори. Калил Џибран со своето дело им помогна на оние што трагаат по одговори и уживаат во авантурата на себеоткривањето. Меѓутоа, местото каде што добрината на душата на Калил Џибран во потполност се открива се, всушност, писмата до Марија Хаскел, вистинската љубов на неговиот живот. Со цел да го открие човекот скриен зад Пророкот, Пауло Коелјо собрал, превел и адаптрирал дел од таа интимна дописка.
Најдрагоцениот дар (од Хенри Друмонд) При крајот на деветнаесеттиот век, младиот мисионер Хенри Друмонд морал да замени еден прочуен свештеник. Иако отпрвин не бил во состојба да ги убеди своите парохјани, кусо време по своето пристигнување сепак успеал да го привлече и да го задржи нивното внимание со анализите на словата на апостолот Павле. Неговата проповед Највредното нешто на светот стана класика и, несомнено, еден од најубавите текстови за љубовта што се некогаш напишани. Најдрагоцениот дар е Коелјов превод и слободна адаптација на изворното дело на Хенри Друмонд. 19
Илустрирани изданија
Алхемичарот (Со илустрации на Мишел Галвин) Ова прекрасно издание за млади на Коелјовото стожерно дело е објавено во 2016 година, во Франција. Илустрациите на францускиот уметник Мишел Галвин, насликани во црн и син дуохром, хармонично го придружуваат вдахновениот текст на романот, создавајќи притоа елегантно и висококвалитетно издание.
20
Книга на цитати Секогаш сосредоточена на одредена тема или конкретен концепт, Љубов и Живот се некои од книгите кои редовно се објавуваат, а ги содржат најинспиративните цитати кои Пауло Коелјо ги напишал или ги споделил. Изданието Љубов го илустрирала уметницата од Колумбија, Каталина Естрада, додека илустрациите во издането Живот се дело на Норвежанката Ане Кристин Хагесатер. Прекрасните илустрации на овие наслови им даваат единствен изглед и уникатна вредност.
Мактуб (Со илустрации на Јонг Хван Хванг) Мактуб (збор кој на арапски значи „напишано е“) не е книга за самопомош, туку попрво една размена на искуства меѓу авторот и неговите читатели. Оваа книга претставува избор (во облик на раскази, мисли и статии) од најчистата суштина на Пауло Коелјо. Материјалот, изворно објавен меѓу 1993 и 1994 година во бразилскиот весник Фолха де Сао Паоло, конечно е достапен во облик на едно внимателно изработено издание, крајно суптилно илустрирано од страна на корејскиот уметник Јонг Хван Хванг.
Алхемичарот (Со илустрации на Моебиј) „Моебиј го открив во раните седумдесетти години. Неговите птици, неговите хоризонти, неговите лавиринти ја збогатија мојата имагинација и ми овозможија да развијам појасна и подлабока визија на самиот себеси. Како што минуваше времето, си ја поставив целта да им помогнам на моите читатели да ја откријат магијата скриена во секојдневниот живот. Во извесна смисла, моето дело го отсликува она што сум го узнал од големите учители, кои ги отвораат вратите на имагинацијата. Моебиј меѓу нив зазема повластено место.“ Пауло Коелјо 21
+200
милиони продадени примероци
+407 недели
на листата на печатени бестселери со мек повез на Њујорк тајмс1
Преведен на
81
© Sylvia Feudor
јазик
65
Пауло Коелјо Преведен во бројки
драмски адаптации 1+407
недели со Алхемичарот
28
објавени книги: 19 романи 6 збирки 3 адаптации
930
верзии на неговите дела
+300 статии на Википедија за авторот и неговите дела
филм за неговиот живот
+170 Дела објавени во
земји
авторизирани биографии
+115 награди и признанија
роман адаптиран за филм
Уте Лемпер
во Коелјовите зборови во делото Ракописот од Акра најде инспирација за песните содржани во нејзиниот албум Деветте тајни
Шпионка
1
за пат роман на Пауло Коелјо преведен на фризиски јазик Гласник на мирот на Обединетите нации од
2007
Член на Бразилската книжевна академија од
2002 Гинисов светски рекорд за најпреведуван автор Гинисов светски рекорд за најголем број преведени примероци на одреден наслов кои авторот ги потпишал во еден ден
Витез на Француската легија на честа
2
ра
највлијателна личност по Папата, според Идејни водачи 2015, публикација на Институтот Готлиб Дутвајлер (GDI) и The WorldPost, во соработка со Институтот за технологија во Масечусетс (MIT)
23
Брендот Пауло Коелјо во светот
© Sylvia Feudor
Фактот што во публикацијата Глобални идејни водачи Пауло Коелјо е назначен за втор највлијателен глас во светот, по папата Франсис, навистина претставува големо признание, но носи и огромна одговорност. Тоа е доказ дека брендот Пауло Коелјо се протега над самата личност, и тоа поради неговата способност да го обликува начинот на кој размислуваме и моќта да споделува и распространува идеи кои несомнено влијаат врз човечките животи. Големите идеи се факторот кој може да ни помогне да го промениме светот.
24
Монтеграпа Во 2006 година италијанскиот производител на наливни пера го назначи Пауло Коелјо за амбасадор на својот бренд и го пласираше новиот модел Espressione со Коелјовото име на него. Истовремено претстави и луксузно издание на Алхемичарот со три вида корици, вклучувајќи и една изработена со чисто сребро и осумнаесеткаратно злато.
Мерцедес Хјулид Пакард Во март 2007 година, ХП ја промовираше кампањата „Компјутерот е повторно персонален“ во Латинска Америка, и тоа со помош на реклама во која се појавува Пауло Коелјо. Авторовиот хонорар беше дониран на Институтот Пауло Коелјо, фондација која им помага на децата што живеат во сиромашните квартови на Рио де Жанеиро.
Фолксваген Во текот на јуни 2009 година, во Прага, Чешката Република, Пауло Коелјо сними ТВ-реклама за Фолксваген Бразил, во која беше застапен моделот Војаж.
Манго Обединувајќи ги модата и добродетелството, модниот бренд Манго во 2009 година пласираше мини-колекција од шест маици со најлегендарните фрази на Пауло Коелјо. Дел од профитот од овие маици беше дониран на Институтот Пауло Коелјо.
Старбакс Во 2007 година, овој синџир на кафетерии подели пет милиони чаши со цитати од Пауло Коелјо испечатени на нив. Освен тоа, во своите продажни места во Германија, тие поделија 250 илјади памфлети кои го содржеа првото поглавје на Вештицата од Портобело.
Во 2008 година, во текот на одржувањето на Франкфуртскиот саем на книгата, Пауло Коелјо беше поканет да ја отвори изложбата „Алхемија на буквите“, која престижниот автомобилски бренд ја постави во Музејот Мерцедес-Бенц, во чест на авторовата книга Алхемичарот. Посетителите добија можност да навлезат во биографијата на авторот и во неговиот свет.
Јана
Чипотле
Во ноември 2014 година овој бренд на минералнa вода произведе 49 милиони шишиња на чии етикети беа испечатени над осумдесет различни извадоци од делата на Пауло Коелјо. Тие беа дистрибуирани во разни земји, вклучувајќи ги Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Македонија, Косово, Унгарија, Словачка, Чешка Република и Соединетите Држави.
Во 2015 година Пауло Коелјо зеде учество во иницијативата која ја покрена и спроведе Чипотле, синџир на ресторани со мексиканска храна, базиран во Соединетите Американски Држави. Целта на иницијативата беше демократизација на книжевноста. Неколку од авторовите изреки и мисли беа испечатени на хартиените ќесиња за пакување храна, посебно дизајнирани за таа намена, а со цел секојдневно да се допре до повеќе од 800 илјади луѓе.
25
Веројатно целата идеја за тоа што за мене значи да се биде посветен на заедницата, да му се врати на светот дел од она што имав среќа да го примам, е резимирано во следниов краток извадок од говорот кој го прочитав за време на свеченоста по повод отворањето на Светскиот економски форум, кој се одржа во близина на Мртвото Море, на 21 јуни 2003 година: „Воинот на светлината не седи удобно во својот шатор, опуштено набљудувајќи ги настаните што се одигруваат во светот; тој секој предизвик го прифаќа како можност да се промени себеси на подобро, но да помогне и самиот свет да се промени на подобро. А кога воинот на светлината ќе остари, ќе има можност на своите деца да им каже дека во овој свет бил пратен за да им помогне на своите ближни, а не за да го осуди својот сосед.“
© Reto Albertalli/phovea/Penguin Random House
Останатите активности на општествено ангажираниот автор
26
Институтот Пауло Коелјо Институтот Пауло Коелјо е непрофитна организација која се финансира главно од надоместоците за авторските права на Пауло Коелјо. Целта на овој Инстиут е на сиромашните деца, на возраст од три месеци до осумнаесет години, да им понуди можности за подобар живот, не преку милостина туку преку образование. Оваа цел Институтот настојува да ја оствари обезбедувајќи финансиска
поддршка за школата „Солар Ескола Менинос да Луз“ во фавелата ПаваоПаваозињо на Рио де Жанеиро. Оваа работа Институто Пауло Коелјо ја започна во 1996 година, кога им помогна на осумдесет деца, а оттогаш обезбедува образование кое на повеќе од 480 деца годишно им овозможува да дојдат до работно место или да се запишат на факултет.
Фондацијата Пауло Коелјо и Кристина Оитикика Оваа Фондација, која наскоро треба да се отвори во Женева, Швајцарија – местото кое авторот и неговата сопруга го нарекуваат дом во текот на последните неколку години – ќе има архива со 80 илјади разновидни документи и фотографии, како и музеј кој ќе го содржи целокупното дело на Пауло Коелјо во дигитален формат, но и многу други предмети поврзани со животот и делото на авторот.
Фондацијата, сместена на две илјади квадратни метри во приземјето на една станбена зграда во Женава, ќе организира и тематски изложби, а ќе служи и како референтна точка за сите следбеници на идеите на Коелјо и на неговата животна филозофија. Се предвидува во просторот да има и постојана изложба на делата на неговата сопруга, Кристина Оитикика.
27
Преглед на најзначајните моменти во животот на еден неконвенционален автор и визионер „Утрото на 24 август 1947 година, на денот на св. Бартоломеј, во Рио де Жанеиро, Бразил, се родило бебе. Мртво, неподвижно во матката на мајка си, тоа не покажувало никаква намера да излезе во светот, па лекарите биле принудени да го извадат со медицински клешти. Додека го извлекувал, лекарот слушнал слаб звук, сличен на оној при кршење на молив: тоа, всушност, била кревката клучна коска која не го издржала притисокот на клештите. Но немало смисла да се жали поради незгодата: новороденото дете било мртво, задушено од течноста која го штитела во текот на деветте месеци што ги поминал во телото на мајка си. Неговите натажени радители, кои биле католици, замолиле да дојде некој кој ќе ги изврши посмртните обреди на детето. Немајќи свештеник, надлежните замолиле една калуѓерка која се наоѓала во болницата да го даде последниот благослов. Во тој момент, на лелекот на родителите се придружил звук на јачење, сличен на мјаукање: момчето било живо! Во длабока кома, но живо. Така, раѓањето беше првиот предизвик што судбината го постави пред Пауло Коелјо, и тој успеа да го преживее“.
© Niels Akermann
Извадок од Животот на воинот од Фернандо Мораис
28
1947 Раѓање Пауло Коелјо е роден на 24 август 1947 година, во Рио де Жанеиро. Покажува прерана зрелост почнувајќи да зборува и да оди поскоро отколку што се очекува.
50-ти Првите години Во текот на детство тој почнува да раскажува и измислува приказни на училиште, и ги добива своите први награди за пишување и состав. И покрај ова, во тој период тој по ништо особено не се истакнува кога е во прашање неговото школување.
Непосредно пред да се запише на едно престижно училиште, летниот распуст го минува во воена касарна, со цел да ги зацврсти своето тело и дисциплината.
Како голем почитувач на прочуениот бразилски автор Хорхе Амадо, на четиринаесетгодишна возраст, Пауло цврсто решава да стане влијателен и славен писател.
На дванаесетгодишна возраст почнува да пишува дневник, во кој ги пренесува своите искуства и чувства.
29
60-ти
70-ти
Немирните младешки години Поттикнати од неговиот нестабилен и бунтовен карактер, на седумнаесетгодишна возраст родителите го предале во душевна болница. Таму бидува подложен на терапија со електрошокови. Настојувајќи да изнајде медиум преку кој ќе го изрази својот писателски повик, почнува редовно да пишува статии на разни теми: 30
Бунтовник во потрага по сопствениот пат дроги, халуцинации, езотерични идеи, паранормални појави. Дозволувајќи си да биде понесен од својата уметничка природа и чувствувајќи силна привлечност кон сцената, започнува да работи во светот на театарот – пишувајќи, глумејќи и режирајќи ги сопствените претстави.
Во текот на оваа деценија, Пауло води интензивен живот, целосно нурнат во филозофијата и културата на хипи движењето, кое го вовело во светот на дрогите и искуствата поради кои живее на работ, препуштајќи им се на разни видови прекумерности.
Како и многу други млади луѓе на почетокот на оваа деценија, со само дваесет долари во џебот и ранец на грбот, тој решава да патува низ светот. Тргнува на долго патување кое го води низ Мексико, Перу, Боливија, Чиле, а подоцна, и на пат со автобус низ целите Соединети Американски Држави.
Полека се оддалечува од христијанската религија и почнува да развива интерес и да проучува други духовни патишта. Присобирајќи ги своите главни животни искуства, ги прави првите чекори како писател и успева да објави неколку книги.
Неговата средба со Раул Сеиксас, во тоа време нов рок-идол во Бразил, со кого ќе ја основа групата Сосиедад алтернатива, му донесува пари и успех во светот на музиката, преку улогата на текстописец, продуцент, а подоцна и директор на дискографска куќа. Славата и дрогата го доведуваат Пауло до работ на бездната.
Воената диктатура, поради неговите текстови, почнува да го смета за субверзивна и опасна личност, па така тој е неколкупати апсен (еднаш бил грабнат од среде улица) и веројатно измачуван во полициските станици.
Откако во текот на неколку години живее со разни жени, практикува слободна љубов и ги менува љубовниците една по друга, конечно се вљубува во Кристина Оитикика, неговата сегашна сопруга и жената на неговиот живот.
31
80-ти
1988
Писателовото патување до неговото животно дело Ја напушта својата работа на директор на дискографската куќа Полиграм и патува низ Европа (од Романија до Норвешка) со Кристина. Во Германија го посетува концентрационот логор Дахау, каде што доживува визија на личноста која подоцна ќе стане негов учител во рамките на Редот РАМ. 32
Следејќи го советот на својот учител, на триесет и деветгодишна возраст, тој решава да го помине Патот на св. Јаков, каде што доживува откровение. По престојот во Шпанија, го пишува Дневникот на еден волшебник, роман кој ги прераскажува искуствата стекнати во текот на патешествието по овој мистичен пат на себепознанието.
Успехот на Алхемичарот По неколку почетни неуспеси, конечно успева да го објави Алхемичарот, неговото најзначајно дело, кое му донесува слава и го претвора во светски книжевен феномен и во еден од најчитаните и највлијателните автори на нашето време.
33
Пофалби за делото на Пауло Коелјо
34
(Одговарајќи на прашањето: Која е последната навистина фантастична книга што сте ја прочитале?) „Алхемичарот на Пауло Коелјо. Ми се допаѓа затоа што влева надеж и инспирира. Ја раскажува приказната за едно момче кое поаѓа на патување за да најде богатство, но како што времето изминува, тој добива вредни поуки од секој дел на своето патување и од секоја личност што ја среќава. На крајот, своето богатство го пронаоѓа на мошне интересно место. Неговата приказна ни говори за тоа дека треба да веруваме во себеси и да не се откажуваме од своето патување“. Малала Јусафзаи Добитничка на Нобеловата награда за мир, 2014 година
„Писателската дарба на господин Коелјо и неговата исклучителна способност позитивно да влијае врз животите на многу мажи и жени, која ги надминува границите и културните разлики, прават тој да биде моќен Гласник.“
Бан Ки-Мун Генерален секретар на ОН
„Веруваме во зборовите на Пауло Коелјо, еден од најславните писатели: ’Со силата на нашата љубов и нашата волја можеме да ја промениме сопствената судбина, но и судбините на многу други луѓе‘.“ Барак Обама Претседател на САД
„Иако самиот не се смета себеси за духовен водач, Пауло Коелјо беше и останува еден од моите најзначајни учители. Сè уште ја чувам Алхемичарот крај својот кревет, и сè уште среќавам други луѓе кои го прават истото.“
Опра Винфри ТВ-водителка, актерка, предуцентка и филантроп
35
„Пауло Коелјо, Вие станавте алхемичар за милиони читатели. Вашите книги прават добрини затоа што го поттикнуваат нашиот капацитет за сонување, нашата желба да трагаме и да се пронајдеме себеси преку таа потрага“.
„Пауло Коелјо ја знае тајната на книжевната алхемија.“ Кензабуро Ое Добитник на Нобелова награда за книжевност
„Од таа книга научив секогаш во животот да го следам својот сопствен пат. Се обидувам сопствената приказна да ја направам што е можно поцелосна, да се соочам со предизвиците кои ме очекуваат. И цврсто верувам дека ќе бидам подобар фудбалски тренер доколку целосно ѝ се посветам на таа задача.“
Мануел Пелегрини Фудбалски менаџер и тренер
Филип Дуст-Блази Поранешен министер за култура, Франција
„Кога ќе се најдам на снимање со млади актери, или кога понекогаш во животот среќавам луѓе кои се чувствуваат малку збунети и кои посакуваат повторно да си го најдат фокусот, секогаш препорачувам две книги. Едната од нив е Сидарта... а другата е Алхемичарот. Сум бил во можност да ги ползувам и во други ситуации, кога, на пример, синови или ќерки тинејџери на некои од моите пријатели имаат некои недоумици. Тие се, всушност, мошне темелни, богати филозофски алегории. Секогаш препорачувам човек да си земе слободно попладне и едноставно да ги прочита во еден здив.“ Расел Кроу Актер
36
Умберто Еко Писател
„Во Алхемичарот, мојата омилена книга, Пауло Коелјо говори за сета вселена, а таа пак е содржана во само едно зрнце песок. Со години го тврдам ова, а во последно време таа вистина почна во вистинската смисла на зборот да ми се разоткрива. Моето зрнце песок е приказната. Следните десет години ќе го претставуваат врвот на моето иноваторство при создавањето филмови, но и врвот на моето постоење како човечко суштество.“ Вил Смит Актер
„Ми се допаѓа последниот роман на Коелјо, Вероника реши да умре. Навистина длабоко ме трогна.“
„Јас не сум некој голем читател, но постојат неколку книги кои многу ми значат, како што се книгите на Коелјо – Алхемичарот, која сум ја прочитал и постојано ја препрочитувам, како и Прирачник за воинот на светлината“. Тицијано Феро Кант-автор и пејач
„Алхемичарот од Пауло Коелјо е величествена, магична книга, книга која е во состојба да ви го промени животот, која секогаш одново ме восхитува со своите поуки. Никогаш, ама баш никогаш, не сум наишол на книга која со таква силина ќе ме држи прикован за одреден пасус и толку длабоко ќе ме трогнува и менува така што сè што можам да сторам е да ја спуштам на масата и да размислувам за она кое штотуку сум го научил. Навистина извонредно дело“.
Нил Патрик Харис Актер
37
Откријте ја изненадувачката личност зад авторот кого што сите го знаат
39
И З Д А В АЧ К И Ц Е Н ТА Р Т Р И ул. Његошева 29A, 1000 Скопје, Македонија тел./факс +389 2 3245 622 e-mail: tri@kniga.com.mk www.kniga.mk
40