ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ-СКОПЈЕ
DIRECTORATE OF CULTURE AND ARTS-SKOPJE
ноември
Grad Skopje
2017 november
ОТВОРАЊЕ НА „ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2017“ - 70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА и 45 ГОДИНИ МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
03.11.2017 (петок)
20:00
Прв дел: ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ, диригент: Бисера Чадловска, концерт мајстор: Јане Бакевски, солисти: Славица Галиќ Петровска, Игор Дурловски, Павлина Новакова Георгиев, Нада Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Марјан Јованоски, Катерина Стојановска, Дарко Нешовски. Втор дел: КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА - Пјетро Маскањи, диригент: Иван Еминовиќ, режисер: Џандоменико Вакари (Италија), сценограф: Зоран Николовски, костимограф: Елена Дончева, настапуваат: Сантуца: Сандра Митровска, Туриду: Зоран Сотиров, Алфио: Ристе Велков, Лола: Катерина Стојановска, Мајка Лучија: Елена Тасевска, - Салон на Македонска Опера и Балет
06.11.2017 (понеделник)
08.11.2017 (среда) 10.11.2017 (петок)
11.11.2017 (сабота)
15.11.2017 (среда)
20:00
- Концерт на РИХАРД РИКKОН – пијано (Словачка) - во соработка со Амбасадата на Република Словачка - работилница со студентите на ФМУ на 07.11.2017 - Концертна сала на Факултетот за музичка уметност
20:00
- Концерт на АНА ГАЦЕВА и ТАТЈАНА ЏОРЛЕВА – пијано четирирачно - Концертна сала на Факултетот за музичка уметност
20:00
- Концерт на женскиот младински хор „ЈУБИЛАТЕ“ од Унгарската хорска школа „Золтан Кодај“ по повод 50 години од смртта на Золтан Кодај (1882-1967) - во соработка со Амбасада на Унгарија - Католичка црква „Пресвето срце Исусово“
20:00
- Концерт на „ТриО“ (Словенија) - Ловорка Немеш Дулар - пијано, Николина Ковач - флејта и Роберт Петрич - хорна - во сорабокта со Амбасада на Република Словенија - Концертна сала на Музеј на град Скопје
20:00
- ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ - 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на проф. д-р Драгослав Ортаков (1928 – 2007), музиколог и композитор -Концерт на професори и студенти на ФМУ – Скопје - во соработка со Факултетот за музичка ументост - Скопје - Концертна сала на Факултетот за музичка уметност
16.11.2017 (четврток)
18.11.2017 (сабота)
20.11.2017 (понеделник) 22.11.2017 (среда)
27.11.2017 (понеделник)
28.11.2017 (вторник)
30.11.2017 (четврток)
20:00
- Kонцерт на „EЛИФ ЧАГЛАР ЏЕЗ КВАРТЕТ“ (Турција) Елиф Чаглар (Elif Çağlar) – вокал, Чагри Сетел (Çağri Sertel) – пијано, Волкан Хурсевер (Volkan Hürsever) – контрабас, Едиз Хафизоглу (Ediz Hafizoğlu) - тапани - во соработка со Институт „Јунус Емре“ Турски културен центар - Скопје - Дом на АРМ
20:00
- Вечер на Шведска музика - Музика на Кралското семејство Бернадот од Шведска - Билјана Стафансон – сопран, Лилјана Јовановиќ – сопран и Елена Атанасовска – Ивановска - пијано - во соработка со Амбасадата на Кралството Шведска - Фоаје на Македонска Опера и Балет
20:00
- Концерт на ШКЕЉЗЕН БАФТИЈАРИ - пијано - Концертна сала на Факултетот за музичка уметност
20:00
- Концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“ - Дом на АРМ
20:00
- „ДИНАМИКА НА ДВИЖЕЊАТА“ – концерт на трио „Покрет“ (Србија) - Мадлен Стокиќ Васиљевиќ – виолина, Милош Николиќ – кларинет, Маја Михиќ – пијано - Фоаје на Македонска Опера и Балет
20:00
- Концертна промоција на најновото ЦД на МАРЈАН ЈАНКОСКИ и музичкиот состав „ПОРТАЛ“ - Марјан Јанкоски – автор, кавал, гајда, вокал, Сашко Петрев – тамбура, Ангеле Михајловски – пијано, Елена Ѓоргиевска – виолина, вокал, Иле Колев – кларинет, Златко Панов – виола, Стојанче Наумовски – виолончело, Ратко Даутовски – ударни инструменти – Музеј на Македонската борба за државност и самостојност
20:00
- Концерт на Македонска Филхармонија „ПОЕМА ЕКСТАЗА“, диригент: Конрад ван Алфен (Холандија), солист: Никита Борисо – Глебски – виолина (Русија) - Македонска Филхармонија
* Организаторот го задржува правото за измени и дополнувања на програмата * Влезот за концертите во Салонот на МОБ, Дом на АРМ и Македонската Филхармонија е регулиран со билети
3 НОЕМВРИ (ПЕТОК) САЛОН НА МОБ 20:00 ЧАСОТ
ОТВОРАЊЕ НА ЕСЕНСКИ МУЗИЧКИ СВЕЧЕНОСТИ 2017
45 ГОДИНИ МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Прв дел:
ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ Диригент: Бисера Чадловска Концерт мајстор: Јане Бакевски Програма:
П. Маскањи - Интермецо од операта „Пријателот Фриц“ Џ. Пучини - арија на Тоска од операта „Tоска“ Исполнува: Павлина Новакова Георгиев Џ. Росини - арија на Дон Базилио од операта „Севилскиот бербер“ Исполнува: Игор Дурловски Џ. Пучини - арија на Музета од операта „Боеми“ Исполнува: Нада Талевска Спасовска Џ. Пучини - дует на Родолфо и Марчело од операта „Боеми “ Исполнуваат: Марјан Јованоски и Дарко Нешовски Џ. Пучини - арија на Лауре од операта „Џани Скики“ Исполнува: Катерина Стојановска Џ. Пучини - арија на Каварадоси од операта „Тоска“ Исполнува: Дарко Нешовски Џ. Пучини - арија на Магда од операта „Ластовица“ Исполнува: Славица Галиќ Петровска У. Џордано - арија на Жерар од операта „Андреа Шение“ Исполнува: Марјан Јованоски Ж. Масне - арија на Шарлота од операта „Вертер“ Исполнува: Ирена Кавкалевска Џ. Пучини - квартет на Мими, Музета, Родолфо и Марчело од операта „Боеми“ Исполнуваат: Славица Галиќ Петровска, Нада Талевска Спасовска, Марјан Јованоски и Дарко Нешовски -ПАУЗА-
Втор дел:
Пјетро Маскањи
КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА Диригент: Иван Еминовиќ Режисер: Џандоменико Вакари (Италија)
Сценограф: Зоран Николовски Костимограф: Елена Дончева Светло дизајн: Васил Лисичов Концерт мајстор: Јане Бакевски Хор мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска Асс. режисер: Алесандро Идонеа (Италија), Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски Корепетитори: Елена Сиљановска, Јасмина Невчева, Андреја Наунов Инспициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ Суфлери: Светлана Георгиева, Павлинa Здравкова
НАСТАПУВААТ:
Сантуца: Сандра Митровска Туриду: Зоран Сотиров Алфио: Ристе Велков Лола: Катерина Стојановска Мајка Лучија: Елена Тасевска Кавалерија Рустикана од Пјетро Маскањи
Опера во еден чин Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија Содржина: Вечер пред Велигден во сицилијанско село.
Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него.Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат. Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца. Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син. Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа. Зборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв. Доаѓа Туриду, Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна. Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат. По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој. Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати. Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите. Се слуша само:,,Туриду е мртов“
6 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) концертна сала на ФМУ 20:00 ЧАСОТ
РИХАРД
Концерт на РИККОН – пијано (Словачка)
работилница со студентите на ФМУ на 07.11.2017
ПРОГРАМА: Ф. Шопен: Nocturno - cis mol А.И.Вебер/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Memory“ од мјузиклот „Cats“ Ф.Лист/Р.Риккон: La Campanella Ф.Шуберт/Р.Риккон: Ave Maria Ф. Лист: Sonet de Petrarca 104 Ф. Лист/В. Хоровиц: Rakoczi March З.Фибих/Р.Риккон: Поема A. Дуранд/Р.Риккон: Концертна парафраза на тема „Erste Walzer“
Рихард РиКкон е светски пијанист кој живее и работи во Братислава – Словачка. Роден е во семејство со долгогодишна музичка традиција. Започнува да свири на пијано на четиригодишна возраст, а првата награда ја добива само на пет години, а на шест години е победник на „Барток“ натпреварот. Во 2000 година тој дипломирал на Универзитетот за изведувачки уметности во Братислава. За време на своите студии тој го збогатува своето знаење со две годишни студии и на „Супериор“ конзерваториумот во Париз. Втората диплома од колеџ ја стекнува во Париз во класата на водечкиот Еуген А. Рубинштајн. Посетувал мастер класови кај Лазар Бернард и Халина Черни Стефанска. Настапувал со бројни реномирани музички ансамбли и музичари од Словачка но и со странски музичари. Активно музицира како концертен пијанист и на дела од пијанистичката литература но и на импровизации и аранжмани на веќе добро познати дела, создавајќи нетрадиционални изведби со транскрипции на познати песни. Риккон е организатор на бројни хуманитерани концерти. Правел концертни турнеи низ Мексико, Тоскана, Африка, Грција, Русија, Канада, САД, Шведска, Норвешка, Финска, Франција и други држави. Има издадено неколку носачи на звук за кои има добиено „Аурел“ наградата. Член е на повеќе жири комисии на натпревари во Индија и Саудиска Арабија.
8 НОЕМВРИ (среда) концертна сала на ФМУ 20:00 ЧАСОТ
Концерт на
АНА ГАЦЕВА и ТАТЈАНА ЏОРЛЕВА – пијано четирирачно ПРОГРАМА: Морис Равел – Ma mere l’oye - Pavane de la Belle au bois dormant - Laideronnette, imperatrice des pagodes - Les entretiens de la belle et de la bete - Le jardin feerique Џорџ Лигети – Five pieces for piano 4 hands I. Indulo II. Polifon etud III. Harmon lakodalmi tanc - A kapuban a szeker - Hopp ide tisztan - Csango forgos IV. Sonatina (1, 2, 3) V. Allegro Ерик Сати – Trois Morceaux en Forme de Poire - In Order to Begin - Prolongation on the Same (I, II, III) - Once again - A Gratuitous Repetition Морис Равел – La Valse Пијанистката Ана Гацева работи како редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирала пијано на ФМУ во Скопје како најдобар студент на генерацијата и магистрирала со признанието cum laude во класата на проф. С. Слејанска. Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot во класите на проф. Р.Јаса и Ш. Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертант. Во текот на својот престој во Париз, Гацева е ангажирана како соработник на Академијата и е стипендист на Академијата и на француската влада. Докторската дисертација по пијано интерпретација ја одбранила под менторство на проф. Емеритус С. Јанг од Тринити Колеџот од Лондон и проф. Д. Бужаровски од ФМУ Скопје. Истата година, Гацева ја издава кни гата„Пијанистички техники во концерти на композитори-изведувачи од светската музичка сцена“. Патот на усовршувањето ја води и на светски познатата „Моцартеум Академија“ која ја завршила во класата на проф. Дел Вињ, како нејзин најмлад учесник и стипендист. Во 2005 година, како добитник на Темпус Грант (во рамки на образовната ТЕМПУС програма на ЕУ) престојувала на Тринити Колеџот во Лондон.
Ана Гацева се издвојува како една од најактивните и најуспешните солисти во својата земја. Соработувала со врвни пијанисти и педагози, како Моник Дешосе, Жан Клод Пентје, Милена Молова, Александар Штаркман, Жени Захариева итн. Таа е добитник на повеќе високи државни и меѓународни награди и реализирала бројни концертни настапи. По покана на угледни сали и институции Гацева концертирала во Франција, Германија, Австрија, Украина, Соединетите Американски Држави, Холандија, Словенија, Бугарија, Белорусија, Романија Хрватска, Црна Гора, Србија итн. Ана Гацева е чест солист со Македонската Филхармонија, Младинскиот Интернационален Камерен Оркестар, Оркестарот за современа музика „Света Софија“, Рускиот Академски Камерен Оркестар, Битолскиот камерен оркестар. Гостувала на реномираните меѓународни фестивали: Охридско лето, Минска пролет, Les concerts de Midi&Demi, Киевски музички фестивал, Meridian Festival Bucharest, Загребски летен фестивал, Пирански музички вечери, Фестивал Барски љетопис, Фестивал Еспресиво- Цетиње, Денови на македонска музика, Штипско лето, Макарски летен фестивал, Летен фестивал во Омиш, Љубљански композиторски форум, Хварски летни приредби итн. Реализирала бројни снимки за Македонска Телевизија, како и снимки за Радио Скопје, Радио и Телевизија Загреб, Радио Љубљана. По покана, одржала бројни семинари и била член на жирија на натпревари по пијано интерпретација во својата земја и надвор од неа. Репертоарот на Гацева вклучува дела на автори од сите музички епохи, како и дела на македонски композитори, кои таа активно ги промовира во земјата и надвор од неа. Во 2012 година таа е добитник на високата награда „Георги Божиков“ за најдобар музички изведувач, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.
Татјана Џорлева е пијанистка од Македонија. Дипломира пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Стела Слејанска - Стојаноска. Магистерските студии по пијано ги завршува со највисок просек на истиот факултетот. По магистрирањето, Татјана Џорлева го продолжува своето усовршување на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што ја завршува Докторската Дисертација по пијано интер претација, исто така под менторство на проф. Стела Слејанска - Стојаноска, a научно истражувачката дејност на докторатот ја работи кај проф. Димитрије Бужаровски. Во текот на своето образование работи со врвни педагози од кои се издвојуваат проф. Акилес Дел Вињ (Салзбург), Mарчела Крудели (Италија), Рита Кинка (Србија), Andrej Diev (Русија), Наташа Вељковиќ итн. Добитник е на бројни награди и признанија меѓу кои се издвојуваат неколку први награди на републичко ниво и втора награда на Интернационалниот музички натпревар “Интерфест” во Битола. Татјана Џорлева како солист реализира бројни концертни настапи, како во својата земја така и на европската сцена. Како солист одржува концерти во: Црква Св. „Северин”- Париз (Франција), „TeatroGurcci” Барлета- Италија, Рим-Италија, „Вила Медичи” – Милано, Салцбург (Австрија), Лондон (Англија), Софија, Загреб, Белград, концерти низ повеќе градови во Македонија и концерти во рамките на фестивалите „Штипско лето”, „Скопско лето”, „Охридско лето”, „Музика Вива”, „Балкански класичен музички фестивал”, фестивал за современа музика „Модоарс”, „Денови на Македонска музика”, „Шопенова вечер”. Татјана Џорлева како солист учествува и на бројни концертни настани во организација на Францускиот културен центар, Британскиот совет, Културно информативниот центар итн. Остварува голем број соработки со македонски композитори (Бужаровски, Коларовски, Зогравски, Гајдов, Темков), промовирајќи ја современата музика во Македонија и надвор од неа. Татјана Џорлева реализирала снимки за потребите на интернет радиото на ФМУ-Скопје и за Македонската Радио Телевизија – Скопје. Соработува и со камерни состави со кои настапува во својата земја и пошироко. Член е на квартетот „Фонетико” – две пијана и двајца перкусионисти, со кој постигнуваат голем успех на концертната сцена. Од 2015 година формираат дуо со својата колешка Марија Илиева- виолина, со која активно настапуваат во Македонија. Татјана Џорлева е активен член во клавирското дуо Гацева–Џорлева. Првата турнеа е остварена 2004 година во Македонија, со концерти на „Скопско лето“, „Штипско културно лето“ и други градови низ Македонија. Последната турнеа е реализирана во 2017 година. Џорлева е дел и од клавирското дуо Џорлева–Потевска. Покрај бројните настапи се издвојува освоената прва награда и златен медал во категорија за возрасни, на интернационалниот Музички фестивал „Култура и музика” Барлета-Италија. Како заеднички успех се издвојува и Балканската турнеа во 2010 година за промоција на македонската современа музика и македонската култура, со високо оценетите целовечерни концерти во Софија (Бугарија), Нови Сад, Белград, Шабац (Србија), Скопје, Штип, Охрид и Битола – „Бит Фест” (Македонија). Во 2013 година го издаваат и своето заедничко ЦД за пијано за четири раце. Татјана Џорлева работи како професор по пијано, камерна музика и методика на наставата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Штип. Има изготвено повеќе рецензирани скрипти по методика на наставата по пијано за потребите на студентите, а во тек е изданието на нејзината книга “Пијанизмот во делото Дваесет погледи кон детето Исус” од Оливие Месиан.
10 НОЕМВРИ (ПЕТОК) Католичка црква „Пресвето срце Исусово“ 20:00 ЧАСОТ
Концерт на женскиот младински хор
„ЈУБИЛАТЕ“
од Унгарската хорска школа „Золтан Кодај“ по повод 50 години од смртта на Золтан Кодај (1882-1967) ПРОГРАМА: Да пееме! (Tricinia/1) Поздрав од Наѓ Салонта Тоа е самиот Исус Божикна песна (Да се радува целиот свет, BH, I.1) Божикен овчарски танц Солист: Шаролта Олах - флејта Две песни од Колекцијата на унгарска народна музика (1924-1932): - Јас сум сирак (том X.) - Младите како сокол птици (том V.) Изведуваат: Дорка Фазекаш – вокал, Левенте Хорват Мартон – пијано Изведба на народни песни од Збирката на Кодаj „Наѓ Салонта“ Изведува: Ханга Вадаш – соло Епиграми со текст на Мелинда Киштетењи Патриотизам Пред лето Тага Пролет Облак Adagio (1905) Изведува: Маргит Каса - виолончело, Левенте Хорват Мартон – пијано Молитва Аве Марија (1898) Аве Марија (1935) Вечерна песна Кодај: Рубато Седум пиеси за пијано Op. 11 / VII. (1910-1918) Изведува: Жофиа Сакал - пијано Штрк- песна - Egyetem Begyetem - Урда јаде циганот - Мед, мед, мед Ite missa est од Missa brevis Изведува: Левенте Хорват Мартон – оргуљи
Женскиот младински хор „Јубилате“ првично бил оформен како детски хор, но подоцна прераснал во женски младински и во моментов е единствениот црковен училишен хор при училиштето „ Zoltán Kodály Hungarian Choir School“ во Унгарија од 1988 година. Хорот на своите почетоци бил добро познат во Унгарија, но подоцна и низ цела Европа. Една од најзначајните карактеристики за овој хор е дека редовно настапува на литургиските служби. Репертоарот на „Јубилате“ ги брои ремек делата за хорската литература од Грегоријанската музика па се до современи дела. Хорот учествувал на бројни национални и интернационални хорски натпревари, фестивали и турнеи и добитник на голем бој награди и признанија. Хорот редовно настапува на најголемите интернационални фестивали за Грегоријанска музика во Белгија и во Унгарија. Во редовните активности на хорот се вбројува и традиционалниот настап во „ Salzburg Dom“. Првиот носач на звук на овој хор е насловен „Cantate Domino“ и е издаден во 1994 година. Од 2002 година хорот има издадено сет од три носачи на звук насловени „ Cum Maria I-II-III“ на кои изведуваат Богородични композиции заедно со мешаниот хор „Кантате“. Диригент на женскиот младински хор „Јубилате“ е еминентниот и многу наградуван маестро Ференц Шапзон кој е добитник на „Франц Лист“ наградата, „Hungarian Heritage“ наградата и „Kossuth“ наградата.
11 НОЕМВРИ (сабота) Концертна сала на музеј на град скопје 20:00 ЧАСОТ
Концерт на „ТriО“ - Словенија Ловорка Немеш Дулар - пијано, Николина Ковач - флејта, Роберт Петрич - хорна
ПРОГРАМА : Чарлс Коехлин: Deux Nocturnes, op. 32 (1897-1907) Venise Dans la forêt Мел Бонис: Scènes de la fôret, op. 123 (1927/28) Nocturne A l‘aube Invocation Pour Artémis Игор Кривокапиќ: Есенски приказни (2001/2017) Rapsodico Adagio e doloroso Allegro festoso ***** Андреј Макор: Histria et amor – свита на фолклорни мотиви од Истра (2016) Adagio, soave Allegro e spiritoso Largo, da lontano Ерик Евазен: Ballade, Pastorale and Dance (1992/93)
TriO Тројца музичари – секој со својот инструмент, со својата душа и љубов кон музичкото изразување и создавање, се здружиле заедно да музицираат со другите да ја споделат убавината на таа уметност. Флејта, хорна и пијано е нави дум необичен состав кој може да изрази и долови најразлични расположенија и емоции – од суптилни, нежни и мелодични, до силни вулкански емоции, или пак да изрази чиста детска радост наспроти длабока тага. Николина Ковач Јуван (флејта), Роберт Петрич (хорна) и Ловорка Немеш Дулар (пијано) се академски образувани музичари кои се запознале во музич кото училиште во Гросупље, каде во моментов се и професори. Триото со едно ставено име – „TriO“ изведува дела од класичната музика со елементи на џез, но и други стилови, па го привлекува вниманието на публиката со својата посветена и темпераментна изведба.
15 НОЕМВРИ (СРЕДА) Концертна сала на ФМУ 20:00 ЧАСОТ
ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на Проф. д-р Драгослав Ортаков (1928 – 2007) музиколог и композитор Концерт на професори и студенти на ФМУ – Скопје (во соработка со ФМУ – Скопје)
ПРОГРАМА:
“Богородичен тропар“, за мешан хор “Херувимска песна“, за машки хор Исполнува: Хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ – Скопје Диригент: Проф. м-р Сашо Татарчевски “Квинтана 2“, за виола и пијано Исполнува: Проф. м-р Фросина Балова, виола Пијано соработка: Едита Хаџи – Хамза “Соната за пијано“, прв став Исполнува: Проф. д-р Ана Гацева “Триангл“, за кларинет, виола и пијано Исполнува: Проф. м-р Стојан Димов, кларинет Проф. м-р Фросина Богдановска, виола Едита Хаџи – Џамза, пијано “Таурус“, три круга за удиралки и пијано (праизведба) Исполнува: Антоние Весковски, удиралки Весна Ангелова, пијано “Музика“, за пијано и камерен оркестар Исполнува: Камерен оркестар „ Солисти на ФМУ “ – Скопје Солист: Проф. Јован Каровски, пијано Диригент: Проф. м-р Борјан Цанев
Проф. д-р Драгослав Ортаков (Гевгелија, 22. 04. 1928 – Скопје, 9. 12. 2007) е несомнено еден од најзна чајните ликови во развојот на македонската музика од втората половина на 20-тиот и преминот во 21-виот век, чиј два посочени јубилеи ги одбележуваме со вечерашната концертна презентација на неколку дела од неговиот композиторски опус, како и со промоција на неговото последно музиколошко дело, „De Musicis“, критики и осврти, 1956 – 1963, (2007 год.). Сестраниот ангажман и инкорпорираност на Ортаков се одразува во повеќе сегменти на македонската музика и културно живеење воопшто, преку еден плоден животен и работен век, кој сведочи за неговиот оригинален уметнички и научен лик во македонскиот духовен простор од споменатиот период. Своите музичките студии, Драгослав Ортаков ги оформува на Музичките академии во Загреб и во Белград, кај еминентни професори како Јосип Андреис, Фран Лотка, Мило Ципра, Фрањо Лучиќ, Крсто Одак, Никола Хер цигоња, Марко Тајчевиќ и други, а дипломира во Белград 1955 г. во класата на Проф. д-р Стана Ѓуриќ – Клајн, како еден од првите дипломци на Историско-фолклорниот оддел (подоцна оддел по Музикологија), од неговото основање во 1949 година. По враќањето од студии, Ортаков е професор во Средното музичко училиште во Скопје и постојан музички рецензент на Радио Скопје и во дневниот печат. Специјализација завршува во Париз, Франција во 1961-62 г. кај Проф. Пјер Висмер, композитор и Проф. Жак Шаје, музиколог. Ортаков е директор на Институтот за фолклор, потоа директор на Операта при МНТ, а потоа, од 1966 г. тој е еден од основачите и професор на првата музичка високошколска установа во Македонија - Факултетот за музичка уметност во Скопје (Декан во периодот 1973-75 г.).
Основач е на Музиколошкиот оддел на ФМУ во 1977 г. и со тоа, но и со целата претходна активност во таа сфера, со своите теренски истражувања и од нив произлезени бројни музиколошки трудови, тој е втемелувач на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Ортаков е првиот магистер и првиот доктор по музикологија во Македонија, со претходен магистерски труд од таа област. Докторира на Филозофскиот факул тет во Скопје во 1986 год., со тема која истата година ќе биде дополнета и печатена како „Ars Nova Macedonica“, дело кое од страна на стручните кругови (награда „13-ти Ноември“ на град Скопје за 1987 год.) е оценето како едно од најкохерентните и најсублимни дела, кои даваат неодминлив придонес во расветлувањето на македонскиот 19-ти век, т.е. епохата на македонската национална Преродба. Во неразделна врска со теренските истражувања на Драгослав Ортаков од седумдесеттите години на минатиот век, на еден поширок македонски простор, се наоѓа и сложената наука на дешифрирањето од старите византиски невматски нотации, која тој ја изучува во Софија, кај Проф. Петар Динев, еден од најголемите светски авторитети во таа област, како и бројните дешифрации и хармонизации на Ортаков на црковни песнопенија од македонски црковно-музички дејци од 19 - тиот век. Синтезата на Ортаков на полето на византиско - словенската музика во Македонија, се остварува во неговото врвно музиколошко дело на тој план – „Огледи за византиско – словенската музика во Македонија“ (2001 год.), збирка есеи кои се вистински компендиум на сознанија околу генезата и развитокот на македонската духовна музика низ вековите. Од големиот број на негови трудови се истакнуваат и делата: „Музичката уметност во Македонија“ (Скопје, 1982), „Jugoslovanska glasbena dela (делот за македонската музика, Ljubljana, 1980), „Works of Music for the Stage by Macedonian Composers“ (Skopje, 1985), „Волшебниот Орфеј“, 55 години Македонска Опера (коавтор Проф. Фимчо Муратовски, Скопје, 2003), „20 години Факултет за музичка уметност“ (1986) и други. Ортаков е автор на преку 90 статии и огледи, печатени во земјава и надвор од неа. Тој е долгогодишен уредник од Македонија на најзначајното југословенско музичко списание – „Звук“. Посебно се истакнува и него вата лексикографска дејност, чиј врв е обележен со членство во уредништвото на Музичката енциклопедија и Музичкиот лексикон, во издание на ЈЛЗ „Мирослав Крлежа“ од Загреб, Хрватска. Учесник е на меѓународни и домашни музиколошки симпозиуми меѓу кои се истакнуваат оние во Софија, Бугарија, 1971 год. и Кифисја, Грција, 1981 год. Никулците на неговата видна педагошка дејност датираат уште во 1944 - 45 год., кога тој, на 16 – годишна возраст, во тукушто ослободената Македонија, станува еден од првите народни учители во нашата земја, а се заокружуваат со долгогодишната професорска активност на ФМУ – Скопје, предавајќи им ги своите знаења на бројни генерации музичари од сите области на музичката уметност. Ортаков е добитник на врвната награда во Републикава во тој домен – наградата „Св. Климент Охридски“ за 1988 год. Добитник е и на наградата „Трајко Прокопиев“ (1999 г.), за животно дело, што ја доделува СОКОМ. Неговиот композиторски опус, брои преку 120 дела од вокалниот и од инструменталниот род, а од вокално – инструменталните дела се истакнува неговата кантата „Слово за Кирил и Методиј“ (1969 год.), која се уште чека на својата праизведба. Ортаков е автор на првиот гудачки квартет во македонската музика со современа ориентација и на првата македонска електронска композиција - „Елеорп ’76“. Особено се истакнуваат неговите камерни и камерно – оркестарски творби, изведувани кај нас и во странство, како циклусот „Ептамерони“ (Седумдневник) за камерен оркестар, „Поема“ и „Реминисценција“, двете за гудачки оркестар и други. Од вокалните дела се из двојуваат оние настанати врз текстови од повеќе македонски поети (Кочо Рацин, Анте Поповски, Ацо Шопов, Васил Куноски, Стојан Тарапуза), а од вокалните дела со духовна содржина се истакнуваат творбите поврзани со византиско-словенската музика во Македонија. На јубилејниот концерт во рамките на „Есенските музички свечености 2017“ се прави пресек на некои од најрепрезентативните дела на Драгослав Ортаков, настанати во широк временски период, како „Богородичен тропар“ за мешан хор (1968 год., изведуван ширум Европа и САД) и „Музика за пијано и оркестар“ (1975 год.), до делата настанати во своевидната „композиторска ренесанса“ на авторот, почнувајќи од 1990 год. до крајот на неговиот живот: „Херувимска песна“, за машки хор (првпат изведен од рускиот ансамбл „Знамени распев“ на фестивалот „Охридско лето“, 1995 г.), Соната за пијано, „Квинтана 2“, за виола и пијано, „Триангл“, за кларинет, виола и пијано и „Таурус“, три круга за удиралки и пијано од 2004 година, дело кое вечерва ја има својата праизведба. Од индивидуалното кон општочовечкото. Од субјективното кон објективното. Од локалното кон универзал ното. Со овие куси сентенци би можеле да ги опишеме идеалите во уметноста и во науката, во животот воопшто на Проф. д-р Драгослав Ортаков, идеали преку кои авторот ја пронаоѓа смислата на постоењето, на крајот од своето битисување, во некои тивки и смирени предели на нови почетоци, како во една од своите „Полински сказни“ од стихозбирката „Гласници“: „Рибару белокос изгасни го лулето стапни во калта со венец од диво билје и тргни низ мочуриштата до местото на твојата Тишина!...“
16 НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) Дом на АРМ 20:00 ЧАСОТ
Kонцерт на
„EЛИФ ЧАГЛАР ЏЕЗ КВАРТЕТ“ (Турција) Елиф Чаглар (Elif Çağlar) – вокал Чагри Сетел (Çağri Sertel) – пијано Волкан Хурсевер (Volkan Hürsever) – контрабас Едиз Хафизоглу (Ediz Hafizoğlu) - тапани
Елиф Чаглар студирала џез композиција на „Билги“ Универзитетот во Истанбул. Својот прв албум „1-10“ го издава со својот бенд „Bagdat Avenue“. Во 2006 година Елиф оди во Њујорк каде магистрира на „Арон Копланд“ академијата со почести, под менторство на легендарната џез вокалистка Шеила Јордан. Чаглар настапувала на голем број интернационални фестивали. Нејзиниот прв носач на звук „M-U-SI-C“ издаден од „Nu-Dc Records“ е прв во Турската музика историја со оригинални авторски композиции на англиски јазик и аранжмани напишани од жена вокалист. Во 2013 година Чаглар се вклучува во „ With Blues to Life“ албумот заедно со блуз мајсторите од Чикаго: Џими Брнс и Кетрин Дејвис. Додека работела на својот втор албум, Чаглар издала сингл со две оригинални турски композиции наречени „Hafif Batı Müziği“. Титулата најдобар џез музичар која ја доделува „Radyo Boğaziçi Music Awards“ ја добива два пати. Последниот свој албум „Misfit“ го издава во 2015 година.
18 НОЕМВРИ (сабота) Фоаје на моб 20:00 ЧАСОТ
Вечер на Шведска музика Музика на Кралското семејство Бернадот од Шведска Лилјана Јовановиќ – сопран Билјана Стафансон – сопран Елена Атанасовска-Ивановска - пијано ПРОГРАМА: Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889) “La Prière” – „Молитва“ Соло пијано: Елена Атанасовска - Ивановска Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889), текст на Принцеза Евгенија Дует „Till vågen”- дует „Кон брановите“ Принц Густаф, Војвода на Упланд (1827-1852), текст на Принц Густаф “Vigselkransen” – „Свадба“ Лилјана Јовановиќ Принцеза Тереза од Саксе – Алтенбург, Војвотка од Далекарлија (18361914), текст на Е. Геибел “Gondoliera” – „Гондолиера“ Лилјана Јовановиќ Престолонаследникот Оскар од Шведска (1799-1859) (Владеел како Крал Оскар I од Шведска и Норвешка 1844-1859) “Beacoup d’ amour”- „Многу љубов“ Лилјана Јовановиќ Престолонаследникот Оскар од Шведска (1799-1859) (Владеел како Крал Оскар I од Шведска и Норвешка 1844-1859) “Bergers et Troubadours”- „Пастири и трубадури“ Билјана Стафансон Кралица Џозефина од Шведска и Норвешка (1807-1876) (сопруга на Крал Оскар I од Шведска и Норвешка) , текст на Ксавиер де Маистре “Romance islandaise” – „Островска романса“ Билјана Стафансон Принц Густав, Војвода на Упланд (1827-1852) , текст на Херман Сатенберг “I rosens doft” – „Мирисот на розата“ Билјана Стафансон Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889), текст на принцеза Евгенија дует “ En sommardag” – „Сончев ден“ дует “Fåglarnes morgonlof” – „Утринска песна на птиците“
Принцеза Тереза од Саксе – Алтенбург, Војвотка од Далекарлија (1836-1914) “Jugend Mazurka”- „Младинска мазурка“ Елена Атанасовска - Ивановска Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889) “Drottning Josephinas Polonaise“– „Полонеза на Кралицата Џозефина“ Елена Атанасовска - Ивановска Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889) Дует “ Wänskapen”- „Другарство“ , текст на принцеза Евгенија Дует “Hjertats hem”- „Срцевиот дом“ текст на Принцот Карл Принц Густав, Војвода на Упланд (1827-1852), текст на Принц Густав “Julklockorna” – „Божиќни ѕвона“ Лилјана Јовановиќ Принцеза Тереза од Саксе – Алтенбург, Војвотка од Далекарлија (1836-1914) “Säg, vet du väl?”- „Кажи ми, знаеш ли?“ Лилјана Јовановиќ Принц Густав, Војвода на Упланд (1827-1852), текст на Јохан Лудвиг Рунеберг “Svanens sång” – „Песна на лебедот“ Билјана Стафансон Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830-1889), текст на Карл Вилхелм Ботигер “Novemberkvällen”- „Ноемвриска квечерина“ Билјана Стафансон Принцеза Евгенија на Шведска и Норвешка (1830- 1889), текст на принцеза Евгенија Дует “Hemkomsten”- „Враќање дома“ Билјана Стафансон и Лилјана Јовановиќ
Билјана Стафансон и Лилјана Јовановиќ, сестри близначки, се колоратурни сопрани. Публи ката ги памети како чудо од деца, кои го имале својот прв телевизиски настап на деветгодишна возраст со дует од операта „Волшебната флејта“ од Моцарт. Своите студии ги завршиле на Факултетот за Музичка уметност во Белград и на музичката академија „ Luigi Cherubini“ во Фиренца. Честопати концертираат заедно на сцените низ Европа на повеќе јазици. Нивниот репертоар се содржи од опери и концерт со дела од Белини, Шопен, Доницети, Моцарт, Верди и бројни композитори од Нордиските држави. Нивните изведби се бележат по брилијантните интерпретации и музикалност, како и супер високиот горен регистар карактеристичен за “voci Belliniane”. Билјана Стафансон и Лилјана Јовановиќ пееле на сцените од Белград и Варшава до Брисел, Фиренца, Рим и Стокхолм. Тие настапувале и во присуство на Кралот Карл XVI Густаф од Шведска и Кралицата Силвиа. Елена Атанасовска – Ивановска, основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена CUM LAUDE на Факултетот за музичк¬а уметност во Скопје во класата на еминентниот проф. Борис Романов. Во 2005 година зав ршува постдипломски студии во класата на истиот професор. Во текот на музичкото образование се здобива со највисоки награди на државни и меѓународни натпревари. Учествувала на пијано семинари кај еминентни професори: проф. Љ. Рошчина, проф. С. Доренски, проф. А. Бондурјански, проф. А. Валдма, проф. Ј. Михајловиќ, проф. М. Молова, проф. Н. Макарова, но најплодна и најуспешна е соработката со рускиот проф. Борис Романов, во чија класа ги продолжува студиите по пијано. Бројни се концертите во рамките на домашните реномирани фестивали „Охридско лето“, „Скопско Лето“, „Есен ски музички свечености“, „Интерфест Битола“, „Денови на Македонска музика“, „Битолско лето“, „Гевгелиска есен“, но и фестивали надвор од земјава: „Сараевска Зима“ – Босна и Херцеговина, „Festival de Musica do palacio da Bolsa“ - Португалија, „Festival de Musica de Sant Pere de Rodes“ – Шпанија, „Guarnerius, Centar lepih umetnosti Jovana Kolundzije“- Р.Србија, „Carniarmonie“, „Нимус“- Р. Србија, „ДАМ фестивал“- Приштина, Косово и др. Со рецитали, полурецитали и како пијано соработник настапувала низ цела Македонија и надвор од неа: Русија, Америка, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Грција, Република Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово. Во моментов работи како доцент по корепетиција и практика на Факултетот за музичка уметност- Скопје.
20 ноември (ПОНЕДЕЛНИК) Концертна сала на фму 20:00
Концерт на
Шкељзен Бафтиари - пијано
ПРОГРАМА: Фредерик Шопен - Sonata no. 2 op. 35 - Grave. Doppio movimento - Scherzo. (Vivo) - Marche funèbre. Lento - Finale. Presto Гоце Симоноски – Три концертни пиеси (посветени на Шкељзен Бафтијари) ************** Фатос Љумани - After darkness Клод Дебиси - Images (book 1) - Reflets dans l’eau - Hommage à Rameau - Mouvement Клод Дебиси - L’Isle Joyeuse
Шкељзен Бафтиари - дипломирал со „Cum Laude“ на ФМУ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, во класата на проф. Борис Романов, а постдипломските студии ги завршил во класата на проф. Симон Трпчески. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ - Скопје во класата на проф. Људмила Романова. Пијано почнува да учи од 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ „Тодор Скаловски - Тетоец» – Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград, Белград. Одржувал солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид (Охридско лето). Настапувал како солист со Лондонската градска филхармонија, Македонската Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовската Филхармонија, Симфонискиот оркестар на Албанската РТВ. Покрај поголемиот број на снимки за радио и ТВ редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид (Фестивалот „Охридско лето“).
22 НОЕМВРИ (среда) ДОМ НА АРМ 20:00 ЧАСОТ
Концерт на
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“
Танец - Душата на Македонија Симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении! Амбасадор на македонскиот фолклор! Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска тради ција во земјата и во светот. Веќе шест децении „Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец. Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на „Интернационалниот фестивал” во Велс. Членовите на „Танец“ со изведбата на „Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат нај високата награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија. За успехот на „Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: „11-ти Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември” како и орденот на заслуги доделен лич но од претседателот на Република Македонија. „Танец” има учествувано на над 5500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, „Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво. Во својата културна мисија ансамблот „Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција. На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: „Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и нат пеан и надигран.” Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето. Со еден збор ансамблот „Танец” претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ.
27 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) Фоаје на МОБ 20:00 ЧАСОТ ОРГАНИЗАЦИЈА МУЗИЧКИХ АУТОРА СРБИЈЕ
Културно-информативни центар Срба у Републици Македонији
Динамика на движењата Концерт на
трио „Покрет“ – Србија Мадлен Стокиќ Васиљевиќ – виолина Милош Николиќ – кларинет Маја Михиќ – пијано Програма: Југослав Бошњак: Лета – Река заборава Александар Вујиќ: Метаморфозе Татјана Милошевиќ: Шетња са Рином Светлана Савиќ: Il tempo sensibile Ивана Стефановиќ: Узани пролаз светлости (2017) – премиерна изведба Милана Стојадиновиќ-Милиќ: Tango mobile (2017) – премиерна изведба
Триото „Покрет“ е формирано во 2010 година, од потребата на тројца изведувачи да се посветат во целост на современата музика. Во фокусот на интересот на овој состав се делата на современите српски композитори. Благодарејќи на соработката со најеминентните српски композитори, за седумте години од своето постоење овој ансамбл направил мал пресврт во пристапот кон камерната музика и во нејзиното делување на пошироката публика. Од своето основање ова трио премиерно извело многу бројни композиции од српски автори, како и премиерни изведби на композиции кои се посветени токму на овој ансамбл. Откако во 2011 година триото ги извело сите композиции напишани за овој сос тав од српски композитори, „Покрет“ ги поттикнале и другите композитори да создадат нови дела за овој состав. До сега, на иницијатива на триото „Покрет“ создадени се и аранжирани дела од повеќе од триесет композиции од различни автори. Сите композиции триото ги изведува сукцесивно, набрзо после нивното создавање. Со изведбата на актуелните композиции триото придонесува за живоста и динамичноста на музичката сцена во Србија и за збогатувањето на литературата за овој состав. „Покрет“ за својот концерт во „Коларчевиот народен универзитет“ со премиерна изведба на осум нови композиции ја добива наградата за концерт на годината. „Покрет“ иако во основа трио, има идеја да прерасне во ансамбл кој е двигател и ќе обе динува и други музичари и уметници со заедничка цел секоја нова изведба да биде неповторливо му зичко доживување. Триото „Покрет“ има одржано голем број концерти низ Србија, во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Нови Кнежевац итн. Во ноември 2016 година триото имало многу успешен концерт во Рим, во салата Балдини. Овогодинешниот проект на триото се вика „Динамика на движењата“ и е серија од концерти во регионот и тоа во Белград, Љубљана, Скопје, Заграб и Сараево, со избор на дела од современи српски автори, со цел пошироко претставување на современиот композиторски опус на пошироката музичка и културна јавност. Членови на триото „Покрет“ се: Мадлен Стокиќ Васиљевиќ – виолина, Милош Николиќ - кларинет и кавал и Маја Михиќ – пијано. Мадлен Стокиќ Васиљевиќ дипломирала, магистрирала и докторирала на ФМУ во Белград во кла сата на проф. Дејан Михајловиќ, како најдобар студент. Добитничка е на бројни први награди на сојузните натпревари во поранешна Југославија, трета награда на меѓународниот натпревар во Стрези – Италија. Како солист има настапувано со Симфонискиот оркестар на РТС, Воениот оркестар на Србија, со Камерниот оркестар на Музичката Младина, со „Мајстори гудачи“, со Белградскиот оркестар на Душан Сковран и со „Кралските гудачи на Св. Ѓорѓи“. Настапувала како солист на сите најголеми фестивали во Србија и во странство. Мадлен е доцент на ФМУ во Белград на катедрата за гудачки инструменти. Маја Михиќ дипломирала, магистрирала и докторирала на ФМУ во Белград во класата на проф. Нинослав Живковиќ. Добитничка е на бројни награди на натпреварите за пијанисти, меѓу кои се нај значајни првите награди на натпреварот „Петар Коњовиќ“, „Citta di Ostuni„ и „Roma 1996“. Одржала голем број солистички концерти и настапувала како солист со бројни оркестри, но активно свири и камерна музика. Доцент е на ФМУ во Белград на одделот за клавир. Милош Николиќ ја започнува својата кариера како класичен кларинетист. Освоил две први сојузни награди во поранешна Југославија. Повеќе од четврт век се занимава со проучување и изведба на ви зантиска црковна музика. Изведува српска и балканска изворна музика на кавал и гајда. Милош е прв професор по кавал на одделот за српско традиционално пеење и свирење во музичкото училиште „Мокрањац“ во Белград. Соработува со музичари и уметници од најразлични профили. Пеел и свирел со истакнатиот српски уметник, поет и сликар Павле Аксентијевиќ, како член на групата „Запис“. Активно истражува на полето на источната ориентална музичка традиција. Снимал музика за филмови и радио драми. Докторирал во 2014 година на ФМУ во Белград на тема: „Кларинетот во клезмер музиката, стилско – жанровски особености и изведувачка техника“.
28 НОЕМВРИ (вторник) Музеј на Македонската борба за државност и самостојност 20:00 ЧАСОТ
Концертна промоција на најновото ЦД на МАРЈАН ЈАНКОСКИ и музичкиот состав „ПОРТАЛ“ ПРОГРАМА:
„Крилјата на гулабицата“ (автор на муз.: Марјан Јанкоски) „Митровденска љубов“ (автор на муз., т., ар.: Марјан Јанкоски) „Танцот на изворите“ (автор на муз.: Марјан Јанкоски) „Спасовденско утро“ (автор на муз., т., ар.: Марјан Јанкоски) „Вдахновение“ (автор на муз.: Марјан Јанкоски) „Мило чедо“ (автор на муз., т., ар.: Марјан Јанкоски) „Манастирски копнеж“ (автор на муз.: Марјан Јанкоски) „Свадбарско во Кана“ (народна; муз. разработка: Марјан Јанкоски) „Фанче ојде“ (народна; ар.: Марјан Јанкоски) „На пат за дома“ (автор на муз.: Марјан Јанкоски) „Ода за млад јунак“ (народна; муз. разработка: Марјан Јанкоски)
Марjан Jанкоски и ПОРТАЛ
The Offspring
РОЖБА
Marjan Jankoski & PORTAL
Учесници: Музички состав „Портал“: Марјан Јанкоски – кавал, гајда, вокал Сашко Петрев – тамбура Ангеле Михајловски – пијано Иле Колев – кларинет Елена Ѓоргиевска – виолина, вокал Златко Панов – виола Стојанче Наумовски – виолончело Специјален гостин: Ратко Даутовски – ударни инструменти
Марjaн ЈJанкоски / Marjan Jankoski – Kaval, vocals and Bаgpipe Aнгеле Михаjловски / Angele Mihajlovski – Piano Сашко Петрев / Sasko Petrev – Tambura Иле Колев / Ile Kolev – Clarinet Елена Горгиевска / Elena Djorgievska – Violin and Vokals Златко Панов / Zlatko Panov – Viola Стоjанче Наумовски / Stojance Naumovski – Violoncelo
РОЖБА The Offspring
Guest: Ратко Даутовски / Ratko Dautovski – Percussion (1-9) Катерина Станчева и Марина ЈJаневска Katerina Stanceva and Marina Janevska – Vokals (except 2) Marjan Jankoski Menagement & Booking DDQ Production, Skopje ul. Dobromir Hrs. 26 a, Skopje, Macedonia Mob.: +389 70 747 379 Email: marjanjankoski@yahoo.com
Angele Mihajlovski
Sasko Petrev
Ile Kolev
Stojance Naumovski
Ratko Dautovski
Марjан Jанкоски и ПОРТАЛ Marjan Jankoski & PORTAL Elena Djorgievska
Zlatko Panov
Марјан Јанкоски потекнува од Вевчани. Дипломирал и магистрирал на ФМУ во Скопје. Него вата музичката кариера е богата и разновидна. Во своето музичко делување се појавува како изведувач на народни инструменти, автор на музика, истражувач и музички педагог. Како инструменталист – изведувач на народни инструменти, Јанкоски настапувал на најреномира ните музички фестивали кои се одржуваат во нашата држава, како што се: „Охридско Лето“, „Деновите на македонската музика“, „Скопско лето“, „Есенските музички свечености“, „Струшките вечери на поeзи јата“ и многу др. Настапувал со истакнати оркестри како Македонска филхармонија, оркестарот на МОБ, разни камерни ансамбли, хорови и др. Покрај тоа соработувал и со многу наши истакнати композитори (како Властимир Николовски, Гоце Коларовски, Стојан Стојков, Запро Запров и др.), пеачи, како од кла сичната, така и од популарната музика (Борис Трајанов, Тоше Проески), поети итн. Надвор од нашата земја настапувал во: Грција, Србија, БиХ, Словенија, Италија, Германија, Австрија, Русија. Како инструменталист гостувал во следните ДВД и музички изданија: ДВД изданието „Тоше Проески – Градски стадион“ (2006), ДВД изданието „Тоше Проески – Београдска арена“ (2007), албумот „Божилак“ (на Тоше Проески), во проектот “Original Macedonian Folk music” (2007), во продукција на studio Fontana од Чешка) „Разбој“ (2008, со „Драган Даутовски квартет“) итн. Како автор на музика, Јанкоски пишува за разни музички состави. Неговите дела постојано се изведуваат како на домашната сцена, така и во странство (Италија, Србија, Хрватска, Унгарија). Сепак, својата најголема креативна кулминација ја истакнува преку својот музички состав „Портал“ (оформен во 2002 година) чиј идеен творец е самиот тој, во кој членуваат професионални музичари од разни профили. Со својот музички состав „Портал“ автор е на два големи заокружени музички проекти,: ЦД – то „Песни на Вевчанската душа“ (разработки на народни песни, издадено во 2015 година во издание на DDQ Production) и „Радост моја, Христос Воскресе!“ (65 минутно вокално – инструментално дело кое во 2016 година е снимено и изведено во живо во продукција на МРТВ). Најновото музичко остварување на Марјан Јанкоски и музичкиот состав „Портал“ е ЦД насловено „Рожба“ (во издание на DDQ Producion) Во моментов Марјан Јанкоски работи на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип како редовен професор по народни инструменти. Музичкиот состав „Портал“ е оформен во 2002 година од страна на неговиот основач и идеен творец - Марјан Јанкоски. Во музичкиот состав „Портал“ активно учествуваат седум професионални музичари од различни профили, кои, придонесуваат за побогатиот и поразновиден музички развој кој овој состав го прави да биде посебен. Имињата на членовите кои го сочинуваат овој состав се: Марјан Јанкоски – автор, кавал, гајда, вокал, Сашко Петрев – тамбура, Ангеле Михајловски – пијано, Елена Ѓоргиевска – виолина, вокал, Иле Колев – кларинет, Златко Панов – виола, Стојанче Наумовски – виолончело. Покрај активните членови, за потребите на поголемите музички дела во музичкиот состав „Портал“ активно се вклучени да учествуваат и други музичари. Еден од нив е познатиот изведувач на ударни инструменти Ратко Даутовски (член на „Драган Даутовски квартет“) Карактеристично за музичкиот состав „Портал“ е и тоа што тој изведува исклучиво авторска музика на Марјан Јанкоски. Програмата која ја изведува овој музички состав претставува врска помеѓу уметничкото и тради ционалното, односно, симбиоза помеѓу различните и навидум неспоиви стилови и правци кои се карак теристични од една страна за традиционалната инструментална музичка традиција, православната (византиска) музика и класичната музика. Во својата досегашна концертна активност, овој музички состав се претставил скоро на сите значајни музички фестивали и културни манифестации кои се одржуваат во нашата земја.
30 НОЕМВРИ (четврток) Македонска ФИЛХАРМОНИЈА 20:00 ЧАСОТ
Концерт на Македонска Филхармонија
„ПОЕМА ЕКСТАЗА“
диригент: Конрад ван Алфен (Холандија), солист: Никита Борисо – Глебски – виолина (Русија)
Програма: I. Sibelius: Концерт за виолина и оркестар d-moll оп. 47 A. Scriabin: Поема Екстаза А. Dvorak: Свита „Попладневна вештерка“
Конрaд ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат! Добро етаблираниот Холандски/ Јужно Африкански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата попу ларност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на начинот на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години тој го измоделирал својот оркестар во интернационално признат оркестар кој е домаќин на концертни серии во „ Doelen “ – Ротердам во „Nieuwe Kerk“ во Хак и во „ Royal Concertgebouw“ во Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф диригент на државниот „Сафонов“ Симфо ниски оркестар во Русија, каде се здобил со наградата за својот придонес во културата во јужна Русија. Во моментов Конрад е уметник на „Московското филхармониско здрушение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата „Чајковски“ сала. Исто така тој е добредојден гостин диригент низ Русија, во кои се вбројуваат и оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петерсбург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитира со Филхармонискиот Оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Безброј солисти ја уживале придружбата на Конрад ван Алфен. Да споменеме само дел од нив: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо – Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со рускиот нацинален оркестар и солистот Микхаил Плетнев на фестивалите во Монтро и Мерано, резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преториа. По завршувањето на своите музички студии на 26 годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио Сим фонискиот Оркестар и на „Бетовен“ академијата во Антверпен, паралелно студирајќи и диригирање под рако водство на Ери Клас и Роберо Бензи. Издигнувањето на Никите Борисо – Глебски како виолинист доаѓа во 2010 година кога тој победил на интернационалниот виолински натпревар „Јан Сибелиус“ и интернационалниот натпревар за виолина „ Fritz Kreisler“. Добитник е на врвни награди на девет престижни виолински натпревари меѓу кои „Чајковски“, натпреварот на „Кралицата Елизабета“ и „ Monte Carlo Violin Masters “ натрпеварот за виолина. Виолинистот настапувал со многу значајни окестри, меѓу кои се: симфонискиот оркестар „Марински“, Филхар монијата на Хелсинки, Московската Филхармонија, Радио Симфонискиот оркестар на Виена, Варшавскиoт Сим фониски оркестар, Бриселската Филхармонија, Филхармонијата во Кансаи, Пекиншкиот Симфониски Оркестар, Гетебуршкиот Симфониски оркестар, Кралската Филхармонија во Антверпен, Лондонскиот Камерен Оркестар, камерниот оркестар „Musica Viva”, Кралскиот камерен оркестар на Валонија, под диригентската палка на најзна чајните диригентски имиша како: Валери Гергиев, Око Каму, Сакари Орамо, Хану Линту, Ери Клас, Владимир Федо сеев, Дмитри Лис, Конрад ван Алфен, Гилберт Варга, Давид Афхам, Лионел Брингер. Редовно настапува на едни од најеминентните светски фестивали: „Menton“ фестивалот, „Rheingau“ фести валот, „Декемвриските ноќи“во Москва, „Бетовенфест“ во Бон, „Охридско лето“, летниот фестивал во Дубровник, „Stars of the White Nights” и „Arts Square” in Санкт Петербург, „Crescendo” и „Stars on Baikal” фестивалите на Денис Матсуев и многу други. Во однос на соло ангажманите, Никите ги уживал соработките со реномираните музичари, меѓу кои со: Сеиџи Озава , Родион Шчедрин, Наталија Гутман, Гидон Кремер, Јури Башмет, Аугустин Думај, Андрас Шиф, Борис Бере зовски, Жан – Филип Колард, Александер Книазев, Рафаел Валфиш, Мишел Штраус, Жан – Клод Ванден Ејден, Ловро Погорелиќ, Дејвид Герингас и други. Никита Борисо – Глебски е роден во Волгодонск, Јужна Русија. Негови ментори низ изминатите години биле: Едвард Грах и Татиана Беркул во Москва, Аугустин Думај во Брисел и Ана Чумаченко во Кронберг. Во изминатите години тој се стекнал со неколку интернационални награди и титули – „Виолинист на годината“ од интернационалната Маја Плисетскаја и Родион Шчедрин фондација (САД), „Личност на годината “ од значајниот музички магазин во Русија „Musical review“, наградата „Виртуоз“ од италијанскиот гудачки сојуз на фондацијата „Антонио Страдивари“,„Jean Sibelius birthplace medal” од „Јан Сибелиус“ фондацијата во Финска. Виолинистот свири на Матео Гофрилер виолина од 1720 година.
OPENING OF “AUTUMNAL MUSICAL FESTIVITIES 2017” - 70 YEARS MACEDONIAN OPERA and 45 YEARS MAY OPERA EVENINGS
03.11.2017 (Friday)
20:00
Part one: GALA OPERA CONCERT, conductor: Bisera Chadlovska, concertmaster: Jane Bakevski, solоists: Slavica Galikj Petrovska, Igor Durlovski, Pavlina Novakova Georgiev, Nada Talevska Spasovska, Irena Kavkalevska, Marjan Jovanoski, Katerina Stojanovska, Darko Neshovski Part two: CAVALLERIA RUSTICANA - Pietro Mascagni, conductor: Ivan Eminovikj, director: Giandomenico Vaccari (Italy), production designer: Zoran Nikolovski, costume designer: Elena Doncheva, roles: Santuzza: Sandra Mitrovska, Turiddu: Zoran Sotirov, Alfio: Riste Velkov, Lola: Katerina Stojanovska, Madre Lucia: Elena Tasevska - Salon of Macedonian Opera and Ballet
06.11.2017 (Monday)
20:00
- Concert performed by RICHARD RIKKON – piano (Slovakia) - in collaboration with the Embassy of Republic of Slovakia - workshop with the students from the Faculty of Music - 07.11.2017 - Concert Hall at the Faculty of Music
08.11.2017 (Wednesday)
20:00
- Concert performed by ANA GACEVA and TATJANA DZORLEVA – piano four hands - Concert Hall at the Faculty of Music
20:00
- Concert performed by the Female Youth Choir „JUBILATE“ from the Hungarian Choir School “Zoltan Kodaly” on the occasion of 50 years since the death of Zoltan Kodaly (1882-1967) - in collaboration with the Embassy of Hungary - Catholic Church “Cathedral of the Sacred Heart of Jesus”
10.11.2017 (Friday)
11.11.2017 (Saturday)
15.11.2017 (Wednesday)
16.11.2017 (Thursday)
20:00
- Concert performed by “TriO” (Slovenia) - Lovorka Nemeš Dular - piano, Nikolina Kovač – flute and Robert Petrič - horn - in collaboration with the Embassy of the Republic of Slovenia - Concert Hall in the Museum of the City of Skopje
20:00
- JUBILEE CONCERT – 90 years since the birth and 10 years since the death of Prof. Dr Dragoslav Ortakov (1928 – 2007), musicologist and composer -Concert performed by professors and students at the Faculty of Music – Skopje - in collaboration with the Faculty of Music – Skopje -Concert Hall at the Faculty of Music
20:00
- Concert performed by “ELIF ÇAĞLAR JAZZ QUARTET” (Turkey) Elif Çağlar – vocals, Çağri Sertel – piano, Volkan Hürsever – double bass, Ediz Hafizoğlu - drums -in collaboration with the Institute “Yunus Emre” Turkish Cultural Center – Skopje - Army Dome
18.11.2017 (Saturday)
20:00
- Evening of Swedish Music – Music of the Royal Family Bernadotte from Sweden – Biljana Staffanson – soprano, Liljana Jovanovikj – soprano and Elena Atanasovska – Ivanovska - piano - in collaboration with the Embassy of the Kingdom of Sweden - Lobby of Macedonian Opera and Ballet
20.11.2017 (Monday)
20:00
- Concert performed by SHKELZEN BAFTIJARI- piano - Concert Hall at the Faculty of Music
22.11.2017 (Wednesday)
20:00
- Concert performed by the Ensemble of Traditional Folk Dances and Songs “TANEC” - Army Dome
20:00
- “DYNAMIC OF THE MOVEMENTS“ – concert performed by the trio “POKRET” (Serbia) - Madlen Stokic Vasiljevic – violin, Milosh Nikolic – clarinet, Maja Mihic – piano - Lobby of Macedonian Opera and Ballet
28.11.2017 (Tuesday)
20:00
-Concert promotion of the newest CD by MARJAN JANKOSKI and the musical ensemble “PORTAL” – Marjan Jankoski – author, kaval, gaida, vocals, Sashko Petrev – tambura, Angele Mihajlovski – piano, Elena Gjorgievska – violin, vocals, Ile Kolev – clarinet, Zlatko Panov- viola, Stojanche Naumovski – violoncello, Ratko Dautovski - percussion – Museum of the Macedonian Struggle
30.11.2017 (Thursday)
20:00
- Concert performed by Macedonian Philharmonic “POEM EXTAZE”, conductor: Conrad van Alphen (Holland), soloist: Nikita Boriso – Glebsky – violin (Russia) - Macedonian Philharmonic
27.11.2017 (Monday)
ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ
НАЈАВУВАМЕ 2018
Организатор: Дирекција за култура и уметност - Скопје: Никола Глигоров, Мирко Стефаноски, Симона Гајдоска, Стамат Наумовски, Петранка Геогргиевска, Анче Кузмановска, Јасмина Марковска Издавач: Дирекција за култура и уметност - Скопје, За издавачот: Никола Глигоров Дизајн на плакатот: Виолета Коцев, Дизајн на каталогот: Горан Јованов Печат: Дата Понс, Скопје
Дирекција за култура и уметност - Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „Св.Климент Охридски” 58 б пошт. фах 519 тел/факс: ++389 02 3165 064, 3222 341 e-mail: skleto@unet.com.mk, www.dku.org.mk
Дом на арм