Календарски, веќе ни пристигна, а летните вибрации може да се почувствуваат во секој дел од нашиот SKOPJE CITY MALL центар. На Ваше задоволство, подготвивме летен шопинг водич, стилизирано "fashion" патување, презентирајќи дел од трендовските модни парчиња кои совршено ќе ве инспирираат за Вашиот "summer look". Надополнете го својот несесер за нега со најквалитетни "beauty" производи за претстојните патувања, а советите за здрав начин на живот нека бидат верен чувар на Вашата фигура. Како незаобиколен и уникатен тренд за ова лето, нашиот едиторијал ја наслика симбиозата на уметноста и модата низ објективот на нашиот тим. За најмладите и нивниот безгрижен летен распуст, се вративме во минатото и се потсетивме на маалските игри од спомените на нивните мајки, татковци, баби и дедовци. Ги одбравме вкусовите на летото и ви подготвивме вистински рецепт за комплетно уживање. Овој магазин е лепеза од предлози со филмски наслови, патувања, декорирање на домот и најнова технологија. Би рекле, буквално, за секого по нешто, летен шопинг водич за целото семејство. Задолжителна летна лектира. Уживајте!
СОДРЖИНА
Woman fashion 5 | Enjoy summer 8 | Pool party 10 | By the sea Men fashion 18 | Beach style 19 | Feel better 21 | Pastel colors City celebrity 22 | Даниел Кајмакоски Зад облаците, небото е сино Art&Fashion 26 | Моден едиторијал City Beauty 32 | Fresh note 35 | Hello sunshine Работно време Понеделник - Недела Продавници, детски центар и брза храна 10:00 – 22:00 Кино, боулинг и ресторани 10:00 – 00:00/01:00
City kids club 36 | School's out 44 | City events City home 46 | Трендови во внатрешниот ентериер за 2016. година City travel 48 | Cuba City food 50 | Вкусот на летото 52 | City nutri 54 | City hi - tech 56 | City movie time
Хипермаркет 08:00 – 22:00 Кафулиња 08:00 – 00:00/01:00 Инфо пулт на Skopje City Mall info: info@skopjecitymall.mk
City Mall магaзин | шопинг водич | Издавач: Мацрем ДOO Скопје www.skopjecitymall.mk | Продукција: СТ продукција | Главен и одговорен уредник: Ана Митевска | Фотографија: Кристијан Теодоров | Маркетинг: Валентина Николовска valentina.n@skopjecitymall.mk м: +389 70227906 | Издание: април 2016. | Тираж: 10.000 примероци | Печатница: Европа 92 - Кочани Сите Ваши коментари и забелешки во врска со содржините во City Mall магазинот или Вашите предлози за тоа што сакате да читате во следните изданија во City Mall магазинот, испратете ги на: marketing@skopjecitymall.mk. City Mall магазинот е бесплатен. Информациите во магазинот имаат забавен и информативен карактер. Скопје Сити Мол однапред Ви се извинува за можни печатни грешки. Количините на производите понудени во магазинот се ограничени, локалите во Скопје Сити Мол го задржуваат правото за промена на цените.
|4
CITY FASHION
Маица | Beosport Несесер (бел) | Carpisa Костим за капење | Koton Папучи | Koton Шешир | Koton Панталони | Mango Чанта | Koton Очила за сонце | Parfois Сет за патување | Carpisa Несесер | Carpisa Еспадрили | LC Waikiki
|5
CITY FASHION
Timberland
Parfois
Parfois Beosport
Beosport
Timberland
Beosport
Beosport
|6
CITY FASHION
Куфер | Office plus Панталони | Mango Чадор | Office plus Чевли | Bata Фустан | Beosport Фустан (долг) | Mango Сандали | Geox Сандали (рамни) | Geox
|7
CITY FASHION
Наметка (зелена) | Lisca Наметка (бела) | Koton Фустан (жолт) | Motivi Фустан (црн) | Lisca Шешир | Parfois Костим за капење (зелен) | Lisca Костим за капење (шарен) | Lisca Костим за капење (жолт) | Penti Костим за капење (розе) | Penti Крпа | JYSK Зембил | Bata Сандали (рамни) | Suite Blanco Сандали | Bata
|8
CITY FASHION
Маица | Mango Маица | Mango Костим за капење | Women‘secret Торба | Parfois Кутија | JYSK Шорц | Mango Капа | Accessorize Алки | Suite Blanco Часовник | Oxette Закачалка за облека | JYSK Столица | JYSK Еспадрили | Parfois
|9
CITY FASHION
Шешир | Doca Шорц | Koton Паричник | Doca Фустан | Terranova Ремен (1+1) | Terranova Шорц | Terranova Комбинизон | Beosport Часовник (бел) | Swarovski Куфер | Office plus Декоративен елемент | JYSK Часовник кафен | Oxette Ранец | Doca Маица | Terranova Еспадрили | Aldo Сандали | Aldo Кошула | Casa Gracian
| 10
CITY FASHION
Наметка | Accessorize Костим за капење | Accessorize Ранец | Accessorize Апостолки | Accessorize Чанта | Timberland Сандали (високи) | Aldo Пижами | LC Waikiki Сандали | Suite Blanco Фармерки | Suite Blanco Ланче (на фармерки) | Accessorize Куфер | Parfois Марама | Suite Blanco Ѓердан | Aldo Елек | LC Waikiki Ланче | Swarovski Маица | Mango
| 11
CITY FASHION
Сандали (кафени) | Timberland Апостолки | Ipanema Шешир | Motivi Зембил | Bata Фустан | Motivi Костим за капење | Lisca Шешир (кафен) | Parfois Чанта | Timberland Куфер | Carpisa Сандали | Nine West
| 12
CITY FASHION
Шешир | LC Waikiki Очила | Motivi Сандали | LC Waikiki Куфер | Carpisa Градник | Extremе Intimo Шорцеви | Extremе Intimo Футрола за таблет | Office plus Крпа | Extremе Intimo Фустан | Extremе Intimo
| 13
CITY FASHION
Очила | Parfois Костим за капење | Beosport Апостолки | Women‘secret Несесер | Koton Очила | Parfois Маица | Beosport Шорц | Motivi Сандали | Parfois Зембил | Women‘secret
| 14
| 15
CITY FASHION
Панталони | Zara Сандали | Stradivarius Папучи | Massimo Dutti Блуза(сина) | Zara Шорц | Bershka Кошула | Pull&Bear Чанта | Massimo Dutti Топ | Bershka Фармерки | Bershka Фустан | Stradivarius
| 16
Горен дел (градник) | Sport Vision Хеланки | Sport Vision Патики | Sport Vision Футрола I iStyle Маица | Sport Vision Маица (сина) | Sport Vision Патики (тиркиз) | Skechers Ранец | Sport Vision
| 17
CITY FASHION
Капа | Buzz Маица | Bitsiani Звучник | iStyle Костим за капење | Tom Tailor Папучи | Nike shop Маица (зелена) | US Polo Assn Маица (портокалова) | Fashion & Friends Електронска цигара | Umbrella Куфер | Stylos Паричник | US Polo Assn Бермуди | Fashion & Friends Обувки | Fashion & Friends
| 18
Маица (црна) | Fashion & Friends Футрола | iStyle Маица (жолта) Calliope | Маица (линии) | Bitsiani Маица (бела) | Calliope Шешир | Calliope Луле | Umbrella Кошула | Tudors Пенкала | Stylos Трегери | Tudors Панталони | Bitsiani Бермуди | Calliope Обувки | Skechers
| 19
CITY FASHION
Капа | US Polo Assn Кошула | US Polo Assn Кошула | Casa Gracian Бермуди | Trend Fashion Марама | Casa Gracian Маска за мобилен | iStyle Маица (линии) | Bitsiani Футрола (кафена) | iStyle Маица | Tom Tailor Кошула | Trend Fashion Часовник | iStyle Бермуди џинс | Tom Tailor Патики | US Polo Assn Обувки | Fashion & Friends
| 20
Капа | Zara Кошула | Zara Сако | Ramsey Очила | Zara Кошула (сина) | Massimo Dutti Панталони (сини) | Pull&Bear Маица | Pull&Bear Панталони (крем) | Massimo Dutti Панталони (долги) | Ramsey Сандали | Zara Нараквици | Altinbas Еспадрили | Massimo Dutti Паричник | Pull&Bear
| 21
Маицa | Adidas store Шорц | Adidas store Патики | Adidas store
| 22
даниел кајмакоски
Зад облаците, небото е сино "ЖИВОТОТ Е КНИГА ВО КОЈА СЕКОЈ ДЕН ПИШУВАМЕ НОВА СТРАНИЦА. КАКО ЕДНА ПРИКАЗНА... ВО КОЈА МОРА ДА ПОСТОИ И ЗАПЛЕТ" Ако со временска машина се вратиме назад во детството, како изгледаше еден летен распуст на малиот Даниел? Кои беа игрите на твојата генерација каде што порасна? Кога се потсетувам на убавите спомени од детството, тогаш мислам на нестрпливоста да започне летниот распуст и да отпатувам со семејството во мојата родна земја. Секое лето го поминував во Македонија, по цел ден бевме со другарите на плажа, пливавме, нуркавме или игравме фудбал. Мислам дека фудбалот е прва љубов на секое момче кога е во прашање спортот. Интересно беше кога игравме брканица, можевме секаде да се скриеме, во куќите, на дрвја, во планината. Немаше мобилни телефони, ниту интернет, но имавме преубаво детство, поминато во природа. Жал ми е што новите генерации го немаат тоа. Би им препорачал да ги остават телефоните и интернетот и да одат надвор во природа, да се занимаваат со спорт, фудбал, пливање. Како дете многу сакав да возам велосипед и сега се смеам кога ќе се сетам како сум го возел огромниот велосипед на дедо ми, за кој бев премал. Која е твоја омилена детска книга која си ја читал за време на летниот распуст? Сите детски книги ми биле убави и интересни. Се сеќавам дека ги сакав бајките од браќата Грим. Но, најубави за мене беа приказните на мојата баба која знаеше често да ме заспие со некоја убава приказна. Паметам како покриен под ќебе ги слушав нејзините приказни и уживав. Таа никогаш не повтори иста приказна, секоја вечер имаше нова. Баба ми беше најдобрата личност која сум ја познавал во животот и жал ми е што не доживеа да види дека мојот музички сон се остварува. Секогаш ми беше поддршка и знам дека ме чува некаде од горе. Кога сме кај книгите за деца, мислам дека е важно на децата да им предочиме книги од кои ќе научат за вистинските вредности, добрите дела и карактер. Најважно од сѐ, e од мали да ја имаат љубовта кон книгата. Летото како сезона, а и твоите постојани појавувања во јавноста и настапите бараат од тебе да внимаваш на својот изглед и фигура. Кој е твојот личен рецепт за здрав живот и исхрана? Би рекол дека не се ограничувам строго во изборот на храна што ја внесувам. Но, преферирам салати, супи, морска храна... Најважна е кондицијата, па секој момент од слободното време го користам да пешачам, планинарам, пливам. За да си добар во мојата професија, важно е да си исполнет со љубов и среќен, задоволен од животот. Само така можам верно да ги пренесам емоциите во музиката и да дадам максимум од себе.
| 23
ЈАС БИ РЕКОЛ НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН. НО, НАЈВАЖНО Е ПРЕД СЕ ДА СИ ЧОВЕК. КАКО И СИТЕ, ТАКА И ЈАС ИМАМ МААНИ. Важиш за гурман кој ужива во специфични специјалитети. Да замислиме романтична сцена во која Даниел треба да облече готвачка престилка. Каква вечера би и подготвил на твојата сакана? Обожувам да експериментирам. Често знам да подготвам некоја вечера која во моментот ќе ја осмислам. А ако се работи за романтична вечера, тогаш исто ќе одлучи инспирацијата што ќе ја добијам од другата страна. Можеби би се решил за крцкав лосос во слатко кисел сос, азиска салата со ореви и бело вино, наше, македонско, бидејќи сум сигурен дека имаме најубаво вино во светот. А ако не јаде риба, ќе и нарачам пица :) Голем фан си на фудбалот, а несомнено ова лето главна машка опсесија претставува европското фудбалско првенство во Франција. Како и за кого навива Даниел пред телевизискиот екран? За фудбалот дефинитивно имам голема љубов. Го следам европското првенство обично во домашна атмосфера, заедно со добро друштво. Круг на пријатели, пивце, чипс и фудбал, супер! Сакам да гледам натпревар и со девојка, не мора да знае многу за фудбал, доста е да сака да гледа, да пие пиво и да навива со мене. Фаворит ми е Германија, за која почнав да навивам уште пред неколку години и пред да станат светски шампиони, поради тоа што ми се допаѓа нивниот стил на игра и колку се дисциплинирани и организирани. Тие се доказ дека фудбалот е првенствено тимска игра, сите се како еден. Се надевам дека ќе ја освојат и титулата на европски прваци. Омилен кај помладите, одлично прифатен од возрасните, со имиџ на „фино момче од соседството”. Во оваа совршена слика во јавноста, дали постојат и некои маани кои посакуваш да ги отстраниш? Јас би рекол никој не е совршен. Но, најважно е пред се да си човек. Како и сите, така и јас имам маани. Цел живот на прво место ми е музиката, сакам секогаш да сум во тек со сите музички новости, следам кој кога издал нов сингл, албум, кога прави концерт. Па така понекогаш пријателите ми забележуваат дека постојано сум со слушалки, слушам музика или вежбам. А вистина е дека не избирам момент кога е музиката во прашање, но тоа е посилно од мене. Ме потсетуваат да ги тргнам слушалките и знам на крајот да ги послушам :) Дали можеби шопингот е еден од твоите пороци? Кои се твоите омилени парчиња од гардероберот без кои не можеш? Обожавам шопинг, но сепак не сум зависен од тоа... хехехе... Убаво ми е чувството кога ќе облечам нова маица или кошула. Како мои омилени парчиња во гардероберот би издвоил: удобни тренерки, добри фармерки, капчиња , а многу сакам и шарени чорапи.
| 24
Освен како одличен интерпретатор, Балканот те запозна и како врвен имитатор на светски познатите ѕвезди во шоуто „Твоето лице звучи познато”. Кога го откри овој скриен талент и кого Даниел имитираше кога беше малечок? Јас обожавам глума, како мал сум ги имитирал моите музички идоли. Кога имав 13-14 години почнав да имитирам и оперски пеачи, и машки и женски. Сите се чудеа како ми успева. Најчесто го имитирав Павароти. Потоа имитирав изведувачи од најразлични музички стилови и така полека дојдов до сопствениот израз и стил. Се сеќавам дека најзабавно ми беше кога со другарите шетавме низ Виена, и јас ќе запеев во метро или во трговски центар, а луѓето остануваа вчудоневидени. Тогаш посакував еден ден да имам свое шоу. Шоуто "ТЛЗП" беше голем предизвик, во кој мислам дека добро се снајдов, барем во повеќето имитации. Кога би имал магична гумичка со која можеш да го избришеш минатото, кој момент од својата кариера би сакал да го напишеш одново? Животот е книга во која секој ден пишуваме нова страница. Како една приказна... во која мора да постои и заплет... Не е важно ако сме згрешиле, туку да не го повториме истото. И секогаш велам, зад облаците - небото е сино. Кога сме кај спортот и летото, пливањето е нешто што ти причинува задоволство. Несомнено, овој спорт се препорачува за вистински развој на телото од најмалите години. Кој те научи да пливаш и кој е твојот омилен стил на пливање? Да, би се согласил, пливањето е важен дел од развојот на децата. Јас од мал уживам да пливам, мојот учител беше татко ми. Ме учеше со голема љубов и трпеливо, па така многу брзо на 4-5 години научив да пливам. Во Струга сите сме пливачи и нуркачи, до продавница одиме преку вода :) Во последно време, со твојата актуелност и популарност се случува луѓето да посакаат да бидеш дел од нивната свадбена церемонија и како специјален гостин да ја отпееш баладата за нивниот прв танц. Кога големиот емотивец Даниел ќе запее на сопствената свадба? Секако дека ми е голема чест кога луѓето сакаат да бидам дел од најважниот ден во нивниот живот. И да уживаат во првиот танц со кој влегуваат во нивниот заеднички живот, со некоја балада која ќе им ја отпеам јас. А кога би зборувал за своја свадба би рекол... тоа најверојатно ќе си дојде спонтано. Некогаш важните работи доаѓаат неочекувано.
Дали Даниел има време за класичен летен одмор? Ти пречи ли опкружувањето со љубопитни погледи додека се сончаш на плажа? Секое лето си земам малку време за одмор за да ги наполнам батериите. Што се однесува до погледите додека се сончам, тогаш се релаксирам со затворени очи и не гледам кој посматра. Во последниве неколку години знам често да си земам кајче и поминувам некое време сред Охридското езеро. Поголем мир и убавина - нема. Си растел со филмскиот хит “Grease” („Брилијантин“) во кој една од музичките лектири на сите времиња е носталгичната “Summer nights” која ја пеат Џон Траволта и Оливија Њутн Џон. Дали летните љубови кратко траат и брзо се забораваат? Летните љубовни романси се кратки, освен ако не прераснат во вистинска љубов. Кога зборуваме за вистинска љубов, мислам дека таа нема годишно време. Таа се случува и не трае само едно годишно време.
| 25
ART &
FASHION ПРИКАЗНА КОЈА ЗБОРУВА ЗА СИМБИОЗАТА НА МОДАТА И УМЕТНОСТА ИНСПИРИРАНА ОД ДЕЛАТА НА УМЕТНИКОТ РУБЕНС КОРУБИН
Фотографија: Ани Дими Модел: Ивана Гелева I Mодна агенција: Подиум Модел: Андреј Клинчаров I Mодна агенција: Моделс ин Фризура и шминка: Салон за убавина Silhouette Локација: Уметничко ателје Корубин | 26
Кошула | Kigili Сако | Kigili Панталони | Kigili Чевли | Office shoes
Комбинизон | Bella Сандали | Office shoes Нараквица | Majorica
| 27
Панталони | Celio Кошула | Celio Шешир | Celio
| 28
Обетки | Oxette Шешир | Accessorize Фустан | Mango Сандали | Urban X store
| 29
Шорц | LTB Наметка | Springfield Чизми | Springfield Гердан | Mango Нараквица | Mango Чанта | Accessorize
| 30
Ланче | Mango Маица | Tally Weijl Панталони | Fashion & Friends Сандали | Urban X store
| 31
CITY BEAUTY
FRESH NOTE за жени Versace Eros | Anabella Trussardi My Scent | Anabella Valentino Donna | Cosmo Dsquared Want | Anabella Un matin au jardin | Yves Rocher за мажи Versace Eau Fraiche | Anabella Valentino Uomo | Cosmo Cuir Vétiver | Yves Rocher
| 32
SUN SCREEN VELVET FREZYDERM | Zegin Лосион за тело
MIEL DE MANUKA | Zegin Природен антибиотик
DEAR BODY SWEET DESIRE | Cosmo Парфимиран спреј
BOOM | Lush FLEURANCE NATURE | Zegin Мицеларна вода за чистење лице
Активен јаглен во прав и зелен чај за свеж здив и блескава насмевка. Грицнете една со забите за експлозија од морска сол, анасон и црн пипер помешани со вкус на зачинета кола.
EMUTRACKS SUN, SURF&SKI | Cosmo Kрема за обновување на кожата
DECISIVE И BELIVE | Lush
Основата на течните кармини е од органско масло од јојоба, канделила восок и восок од ружи, покрај тоа што ќе испорачаат силна боја одлично ќе ги омекнат и изнегуваат усните.
| 33
CITY BEAUTY
Cushion проsирна пудра (достапна во четири нијанси ) | Yves Rocher Маскара Volume Elixir 9 мл (достапна во три бои; црна, кафена, сина) | Yves Rocher Кармин за усни во стик 2,5 г (повеќе нијанси) | Yves Rocher Couleur végétale лак за нокти 5 мл (разни бои) | Yves Rocher Botanical color моливче за очи 1,2 г (повеќе нијанси) | Yves Rocher Билен кармин за усни Црна вишна, 3,5 г | Yves Rocher
the look of SUMMER
ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА И ПРИРОДЕН СЈАЈ Estee Lauder New dimension tighen+tone neck and chest treatment | Anabella Clinique Liquid liner 01 black | Anabella Estee Lauder Night Wear plus crème | Anabella Clinique just browsing light brown | Anabella Clinique chubby stick contouring | Anabella Estee Lauder Re-Nutriv ultimate diamond eye | Anabella
| 34
CITY BEAUTY
HELLO SUNSHINE Невидлива заштита во спреј SPF 30 150 мл | Yves Rocher SUN PEAU PARFAITE Anti age нега на лице SPF 50 40 мл, | Yves Rocher PEAU PARFAITE 6 во 1 BB Крема за беспрекорен тен – медиум 50 мл | Yves Rocher SUNDANCE млеко за сончање SPF 30 200 ml | DM SUNDANCEMED Ultra Sensitive балзам за сончање за проблематична кожа SPF 50 | DM SUNDANCE спреј за сончање SPF 30 150ml | DM
CITY KIDS CLUB
Маица | Sport Vision Kids Шорц | Sport Vision Kids Патики | Sport Vision Kids Очила | Wenice Маица | Original Marines Шорц | Original Marines Очила | Wenice
Шешир | Okaidi Очила | Wenice Комбинезон | Okaidi Јаже за скокање | Крш
| 36
CITY KIDS CLUB
Капа | Okaidi Кошула | Okaidi Бермуди | Okaidi
Маица | Wenice Шорц | Wenice Очила | Wenice
Маица | Sport Vision Kids Шорц | Sport Vision Kids Патики | Sport Vision Kids Очила | Wenice Фудбалска топка | Крш Маица | Wenice Шорц | Wenice Очила | Wenice
Маица | Original Marines Шорц | Original Marines Очила | Wenice Хулахоп | Крш
Драги деца, летото е пред нас, а училиштето зад нас. Ајде играта, смеата и другарувањето да ги искористиме до максимум и да ги израдуваме нашите родители со тоа што ќе растеме безгрижно и среќно како тие што растеле некогаш! | 37
CITY KIDS CLUB
Мама и тато постојано ни раскажуваат за детските игри од минатото. Зборуваат за детскиот џагор во нивно време, за малите слатки караници кој да започнел прв, кој бил на ред да го држи ластикот, се натпреварувале во вртење на хулахоп, играле криенка, итн. Од утро до вечер се пееле е-ма-е-са-са и останатите песни неуморно, по сто пати, сѐ додека не се стемнело.
| 38
CITY KIDS CLUB
Транспортер | Пет Шоп Тина Вет Гребалка | Пет Шоп Тина Вет
| 39
CITY KIDS CLUB
Количка, транспортер и ранец | Baby Blu Количка (бела) | Bebe home Столче за јадење | Bebe home Столче за седење | Bebe centar Коцки | Bebe centar Мини маус | Крш Мики маус | Крш Сад за храна и течност (Frozen) | Крш Сад за течност (Minion) | Крш Кадифена играчка (топка) | Bebe centar Кадифена играчка (за количка) | Теа колорс Кадифена играчка (октопод) | Теа колорс Мече | Теа колорс Играчка | Крш Велосипед | Bebe home Маица | Chicco Бермуди | Chicco Обувки | Chicco
| 40
| 41
CITY KIDS CLUB
Фустан | Wenice Кошула | Wenice Хеланки | Wenice Шорц | Original Marines Апостолки | Wenice Постелнина | TAC Маица Original Marines Фотелја | Крш Играчка (сина) | JYSK Играчка (црвена) | JYSK Комода | JYSK Патики | Original Marines Количка | Крш Елемент (телефонска говорница) | JYSK
| 42
CITY KIDS CLUB
Капа | Original Marines Маица | Original Marines Панталони | Original Marines Боди | Tritex Кошула | Carter’s Панталони | Carter’s Постелнина | TAC Блуза | Original Marines Капа | Original Marines Здолниште | Original Marines Комплет (фустан + маица) | Original Marines Комплет (маица +шорц) | Carter’s Фустан | Carter’s Комплет (кошула+панталони) | Carter’s Сандали | Original Marines Мече | Теа Колорс Параван | JYSK
| 43
CITY EVENTS
CITY EVENTS Светскиот ден против пушењето По повод Светскиот ден против пушењето, Скопје Сити Мол во соработка со ''ЈЗУ Институтот за белодробнизаболувања и туберкулоза'' на 31.05.2016 организираше бесплатни тестови за здравјето на своите посетители. За време на настанот беше спроведена акција во партнерство со Просветно Дело, на која посетителите можеа да добијат бесплатна книга доколку ја остават својата кутија со цигари.
Преtставување на новиот автомобил на Игор Стефановски - Иџе Двократниот европски шампион на ридско брзинските трки Игор Стефановски – Иџе, кој оваа сезона дебитираше на европското првенство во кружни патеки (ETCC) го презентираше својот автомобил Seat Leon за прв пат единственo во Скопје Сити Мол. По претставувањето на автомобилот се одржа средба со новинарите, потоа и дружење со големиот број на љубители на автомобилизмот кои можеа да земат автограм и лично да се запознаат со Иџе и неговиот тим.
Саем за деца и родители Скопје Сити Мол го одржа седмиот саем за деца и родители. На овој настан посетителите имаа можност да се забавуваат, играат и научат по некоја вештина. Бројните работилници во кои дечињата учеа да цртаат на камен и глина со Атеље Бојаров, и во работилниците одржани од Занаетчиската комора на Скопје научија да плетат и креираат уникатен накит. Во соработка со продавниците Sony Галерија и КРШ се организираа турнири и натпревари со видео игри и LEGO коцки. Исто така, во соработка со Колор Медиа се организираше “ползијада”, симпатична трка на која учествуваа околу 180 учесници со своите бебиња. Секако најдобрите учесници беа соодветно наградени.
Денови на филигранство Скопје Сити Мол заедно со Занаетчиската комора Скопје ги одбележаа деновите на филигранството. Настанот се оддржа од 6-ти до 8-ми мај и на истиот можеше да се види како се изработува накитот од вредните раце на македонските занаетчии во живо. Претставен беше и традиционалниот и современо изработен накит кој се прави рачно. Посетителите беа видно воодушевени од македонската традиција и култура и од вештите раце на македонските занаетчии.
| 44
Mask`n`Mall
ВЕЛИГДЕНСКИ СВЕТ
Традиционално, 1-ви Април го прославуваме со најголемиот маскембал во градот. Овој ден, Скопје Сити Мол го искористи за да ги повика сите маскирани лица на одлична забава заедно со учесниците на музичкото шоу Пинкови Ѕвездички и учесничката на European Song Festival, Ања Ветерова. Продефилираа многу маскоти, музика и забава во текот на целиот ден, а најдобро маскираните посетители ги наградивме со вредни подароци.
Во пресрет на Велигденските празници ја организиравме кампањата” Велигденски Свет ". Едни од највпечатливите работи на овој настан беа домашната фарма и езерце во кои имаше патки, кокошки и зајци. На посетителите им беше овозможено да ги хранат и галат, но и да се сликаат со своите омилени животни. За време на овој настан се организираа многубројни креативни работилници каде што децата имаа можност да украсуваат уникатни велигденски јајца. Во склоп на настанот "Велигденски Свет" поставивме и џиновско јајце покрај кое посетителите можеа да се сликаат заедно со маскотата Џиновски Зајко.
Прес конференција на Кире Лазаров Скопје Сити Мол во соработка со најдобриот ракометар на Македонија, Кире Лазаров, го презентираше вториот летен Ракометен камп "Кирил Лазаров 7". На прес конференцијата беа присутни голем број на медиуми и заинтересирани млади и талентирани ракометари.
Magic World
рамстор ОТВОРАЊЕ На 21 април во Скопје Сити Мол беше отворен најголемиот маркет „Рамстор“ кој се простира на површина од 3.500 квадратни метри.Новиот маркет содржи широка палета од 30.000 производи од различни трговски групи. Сега потрошувачите можат да се снабдат со свежо овошје и зеленчук, има оддел за свежо месо и риба, пекарница и оддел за готвена храна. Содржините на маркетот се збогатени и со продажба на бела техника од реномирана трговска марка и место каде што посетителите ќе можат да седнат и да одморат во кафе-барот „Рам-кафе“.
Во периодот од 20.05 до 11.06 во Скопје Сити Мол се одржа првата изложба на магија и илузии “Magic World” предводена од "европскиот Дејвид Коперфилд", полјакот Једржеј Буковски. Во склоп на настанот “Magic World” се одржуваше и магионичарско училиште каде младите момчиња и девојчиња имаа можност да научат по некој магионичарски трик. Најдобрите ученици на “Magic School” имаа можност да настапат на финалното шоу заедно со главната ѕвезда. Магионичарското шоу во живо се одржа на 11 јуни и беше подржано од македонските магионичари Мистер Магнус и Кристијан Шопов, а како ѕвезда на вечерта беше главниот гостин, магионичар и илузионист Једржеј Буковски. За време на “Magic World” организиравме и магионичарски тури во кои децата имаа можност да пропатуваат низ историјата на магиите и најпознатите илузионистички точки во светот. Попустите секако не изостанаа и овој пат. “Magic Sale” кампањата која траеше од 1ви до 11ти јуни беше поддржана од повеќето закупци со атрактивни mid-season понуди и попусти.
| 45
CITY HOME
ОД КРАЛСКИ СИНО ОБОЕНИ ЅИДОВИ ДО ЕКОЛОШКИ МЕБЕЛ ВО ЕНТЕРИЕРОТ. ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТРЕНДОВИТЕ НА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ КОИ ГИ ДЕФИНИРАА ВРВНИТЕ ДИЗАЈНЕРИ НА МЕБЕЛ.
СИНА БОЈА Секоја година има своја боја. Интензивните нијанси на сина, како кобалт, морска или кралската сина се вистинскиот избор за оваа година. Сината се комбинира лесно во ентериерот, но се зависи од тоа до кој степен треба да биде впечатлива. За оние кои сакаат да создадат релаксирана атмосфера во просторот, вистинското решение би биле да се бојадисаат ѕидовите во сина боја. Инаку, сините нијанси може да се користат и на подискретен начин со помош на некои украсен предмет или парче на мебел, како на пример една фотелја или столче.
| 46
ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ
ПРЕДМЕТИ ОД МЕТАЛ
Доколку сте во потрага по креативни решенија за внатрешен декор, најлесниот начин за да се направи впечатливост е да се користи геометриска форма. Интересот за овој дизајн е, всушност, продолжување на трендот инспириран од 70-тите години на минатиот век. Одличен декор за остварување на оваа идеја се како на пример подните плочки, ламби, килими, декоративни предмети итн.
Металните предмети имаат способност да предизвикаат чувство на гламур и софистицираност во било кој простор. Комбинирајќи ја белата боја со златна и бакарна, или пак сребрената боја со хром се постигнува дополнителна топлина во собата. Главната разлика во однос на претходните трендови во користењето на металите е флексибилноста во нивното комбинирање.
ДЕКОР СО ТУЛИ Еколошкиот дизајн на ентериерот се фокусира на подобрување на квалитетот на воздухот во просторот, како и на влијанието на мебелот на животната средина. Користење на природни материјали во внатрешноста, како дрво или камен е најлесниот начин за да се постигне оваа цел.
Тулите се сретнуваат во многу форми и дизајни. Поради можностите што ги нудат тулите, тие се се популарни. Во просторот даваат малку груб изглед, но кога би биле имплементирани во различни бои и дизајн, со нив може да се постигне одличен ефект .
| 47
CITY TRAVEL
CUBA СИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА СЕ ВКУСИ СЕНТИМЕНТОТ НА КУБА, МАГИЈАТА НА САЛСАТА И ЛЕЖЕРНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО. МОЖЕБИ ТАМУ НЕМА РАСКОШНИ ВИЛИ И ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ, НО РИТАМОТ НА КУБА, ТИРКИЗНОТО МОРЕ И БЕЛИТЕ ПЛАЖИ НЕМА ДА ВЕ ОСТАВАТ РАМНОДУШНИ.
| 48
Оние кои биле таму, не можат да ги заборават благите кубански квечерини кога ноќта тивко се спушта, а од бучното соседство се слушаат звуците на салсата и слаткиот мирис на рум. Има повеќе причини што го натерале легендарниот Че Гевара токму на Куба да го пронајде својот дом. Една од главните атракции која успешно одолева на забот на времето е стариот град Хавана кој е натопен со романтика. И ден денес изгледа како некој кадар изваден од стар филм од 60-тите години, прошаран со насмеани лица на локалните жители кои пулсираат во ритамот на музиката. Буквално таму времето застанало и никој не брза никаде, а таа леснотија на живеењето се чувствува во секоја пора. Можеби таа атмосфера го намамила и инспирирала писателот Ернест Хемингвеј да остане во ова волшебно место и да биде ентериер на локалните барови, да се закотви во својата трошна хациенда и да ужива во мохитото и кубанските пури. Неговата куќа е една од културните знаменитости, како и познатото летувалиште од соништата - Варадеро, живописен мозаик од долги плажи, бели песоци, палми и хотели. Во тие сместувалишта традиционално би добиле овошје во изобилие за појадок, јастози за ручек, а вечерата секогаш се зачинува со коктел Куба Либре. Чинија "Ароз Моро" е нешто што ќе го добиете на секој чекор, како главна национална закуска. Ова познато кубанско јадење, мешавина на ориз и грав е одомаќено секаде на Карибите, јужните американски држави и Бразил. Од Варадеро можете да отидете на излет на кој ќе нуркате покрај коралниот гребен, можете да пливате со делфини и да го посетите островот Кајо Бланко. Доколку имате можност треба да ја посетите и долината Виналес која е средиште на индустријата за производство на цигари во Куба, нивниот најпознат производ во светот. Во долината Виналес на плантажите на тутун и денес се користат традиционални земјоделски техники поради кои ова планинско подрачје се наоѓа под заштита на Унеско, како впрочем и многу други знаменитости на Куба. Има многу што да се каже и раскаже за Куба, но најдобро ќе биде сето тоа да го ѕирнете со сопствени очи во овој поинаков свет и во целост да го доживеете дијамантот на северните Кариби.
| 49
CITY FOOD
Oвошјето и зеленчукот се најздрави, највкусни, и се речиси најевтини намирници кои се во хармонија со природата – здрава и хранлива! Со нив во текот на летото може да се направат најразлични видови на овошни и зелени салати, но и вкусни природни сокови и десерти.
Салата „Де ла каса" во Венето
Микс салата со овошје, прелив од јогурт и семки, морков, целер, пченка, шери домат
| 50
Eat.Drink.Enjoy
CITY FOOD
Салатите се одлична храна за оние кои сакаат да намалат тежина, бидејќи тие имаат хранливи состојки за зголемување на метаболизмот, намалување на апетитот и можат да помогнат во регулирањето на на шеќерот во крвта. Топ летните и свежи салати кои со сигурност изобилуваат со неизмерна свежина и беспрекорен вкус се исто така и лесно сварливи.
Додека одморате на некоја плажа, во домашна атмосфера или додека кампирате, без разлика каде и да сте, дозволете си да уживате во летните вкусови. Понудата на неколкуте кафулиња и ресторани во трговскиот центар Скопје Сити Мол овој пат е одлична. Со салатите освежете се, со природните коктели разладете се, а со десертите засладете се!
Овошна салата во Ch2pter Lounge Bar
Освежителни безалкохолни пијалоци во Alo Alo Caffe
Американска палачинка во Play Caffe
Салата „La Satan" Brooklyn Lounge Bar
Микс од сезонско овошје со шлаг и прелив
марула, домат, кашкавал, крцкава сланина, пршут, сусам, дресинг
| 51
CITY NUTRI
Се поставува прашањето: Дали вегетаријанската храна е исклучително здрава? Дали сето тоа што не е храна од животинско потекло е здраво како на пример слатките, кондиторските производи, белите печива, лиснатите теста, грицките како што се чипсови, смоки, грисини, газирани сокови, ладни чаеви, енергетски пијалоци, кафе итн. Од оваа гледна точка се доаѓа до заклучок дека вегетаријанците кои ги практикуваат гореспоменатите артикли се исхрануваат целосно нездраво. Тие со конзумирање на овие производи во секојдневието придонесуваат кон сопствено самоуништување. Зошто? Шеќерот, белото брашно, препржените масла, трансмастите(маргаринот), млекото, многу сол, се доминантни состојки во овие продукти, а сепак се вегетаријанска храна. Токму овие состојки во храната се најголемите причинители за зголемен број на болни од дијабет, зголемени маснотии во крвта, замастен црн дроб, висок притисок, инфаркти, мозочен удар, дегенеративни заболувања како Паркинсонова болест, Алцхајмер, зголемен број на автоимуни болести како мултиплекс склероза, ревматоиден артрит, лупус. Да, тие се хранат вегетаријански, но каде е тука здравата храна? Јадат процесуирана храна, таканаречена мртва храна. Каде се тука ензимите, каде се тука витамините, минералите, каде е тука добрата PH рамнотежа, добрите маснотии, аминокиселини и дефицитарните растителни влакна? Доаѓаме до заклучок дека и покрај отстранување на храната од животинско потекло, и со преоѓање на горенаведениот начин на исхрана, за жал ништо не сме постигнале во однос на сопственото здравје. Можеби само е постигнат етичкиот момент, а тоа е да не се убиваат животните. Вистинското вегетаријанство е тесно поврзано со она што ни го дава Мајката Природа, она што ни го дал Бог : вода, свежо овошје и зеленчук, сирови јатки и семки, целозрнести житарки, мешунки(легуменози), понекогаш јајца и риба. Значителен развој на вегетаријанството започнува во Англија во 18век. Од тогаш масовно се шири вегетаријанството по целиот свет. Процентот на вегетаријанците од ден на ден се повеќе се зголемува. Се смета дека во
| 52
светот има повеќе од 5% вегетаријанци, односно повеќе од 15 милиони жители на САД. Постојат различни видови на вегетаријанство, но јас ќе се задржам на оние најосновните. Вегани се вистинските вегетаријанци кои ја исклучуваат комплетно храната од животинско потекло : месо, месни преработки, млеко, млечни преработки, јајца, риба, морски плодови. Тие не носат ниту облека, чевли и модни додатоци од животинско потекло. Лакто - вегетаријанци се оние кои покрај храната од растително потекло конзумирааат и млеко и млечни производи : сирење, кашкавал, павлака, хопла, слатки на база на млеко. Ово - лактовегетаријанците покрај храната од растително потекло конзумираат јајца, млеко и млечни производи. Песко - вегетаријанците покрај растителни продукти јадат и риба. Ова е засега мојот избор за најприлагодлив и најздрав начин на исхрана во услови и начин на кој живееме. Квази - вегетаријанците се тип на вегетаријанци кои покрај рибата и млечните производи во своето мени додаваат и пилешко месо, покрај растителната храна. Сакам да ги споменам и другите кои се малку порадикални во вегетаријанството како: Сурови вегани - Тоа се вегани кои јадат исклучиво сирова храна-термички необработена. Фрутаријанци - Ова се вегетаријанци кои јадат само овошни плодови, семки и јатки.Овој начин на исхрана за мене е екстремно радикален и не би го прифатила, а не ја гледам и целта на сето ова. Радикални фрутаријанци - Ова ми е комплетно неприемлив начин на исхрана –да се јаде само овошје и јатки, односно семки кои паднале на земјата. Сакам да напоменам дека покрај гореспоменатите видови вегетаријанство постојат секако и други, но јас би сакала накусо да споменам за: Макробиотиката - Овој тип на вегетаријанство има стари корени од далечниот исток, тоа е цела филозофија на живеење. Во историјата и сега има многу значајни личности кои во одредена возраст од својот живот се одлучиле да станат вегетаријанци. Би сакала да набројам некои од нив:
Старогрчките филозофи: Питагора, Аристотел, Платон, Сократ, Ајнштајн, Да Винчи, Никола Тесла, Чарлс Дарвин, Њутн, Ганди, Кафка, Толстој итн. Од глумците и пејачите - вегетаријанци за кои малкумина знаат се: Бред Пит, Ричард Гир, Дастин Хофман, Ким Бесингер, Пенелопе Круз, Мадона, Пол Макартни, Бој Џорџ и други. Најпознати светски имиња во спортот кои биле вегетаријанци се: Денис Родман, Карл Луис, Џони Вајсмилер, Мартина Навратилова, Мајк Тајсон и други. Многу интересен е фактот дека гладијаторите кои се бореле во арените и со лавови (2.и3.век пред Христос) биле типични вегетаријанци. Научници од Медицински Универзитет во Виена во соработка со Институтот за форензичка медицина во Берн откриваат дека гладијаторите се хранеле со намирници од растително потекло овошје, зеленчук, житарки. Овие факти секако одат во прилог на оние кои го практикуваат вегетаријанството. Леонардо Да Винчи - (1452-1519) - гениј, уметник, научник: „ Ќе дојде време кога луѓето на убивање на животните ќе гледаат како на убивање на луѓето.” Томас Едисон-изумител на сијалицата, грамофонот, микрофонот: „ Јас сум вегетаријанец бидејки така можам максимално да го користам својот мозок.” Бернард Шо (1856-1950) - добитник на Нобелова награда: „ Животните се мои пријатели, а јас своите пријатели не ги јадам ” Јас им верувам, и ете како што кажав полека но сигурно го трасирам патот кон вегетаријанството без месо, и вегетаријанство во кое изобилно се присутни водата, овошјето и зеленчукот. Подготвил: Серт.Нутри.Консултант Цвета Динева
CITY NUTRI
СЛАДОЛЕД СО БАНАНА И КОКОС Количина за четворица
ПОИНАКВА ШОПСКА САЛАТА Потребни состојки за двајца
Три до четири зрели банани (излупени да се замрзнат повеке од три часа-најдобро е да ги оставите да се замрзнат преку ноќ), 200гр кокос, 10 - тина урми, една кафена шолја оризово млеко.
10 - тина шери доматчиња –исечкани на половинки Една зелена пиперка –исечкана на тенки кругови 3-4 стапчиња млад кромид исечкан на тенки кругчиња 1-2 стапчиња младо лукче исечкано на тенки кругчиња Еден морков –да се изренда Една краставица-исечкана на коцки Една супена лажица кикирики Две супени лажици урда Прелив, ладно цедено маслиново масло, ситно сечкан магдонос
ПОДГОТОВКА Бананите да се исечат на поситни парчиња и да се стават во добар блендер, да се стават и другите состојки, па да се почне со блендирањето. За неколку минути се добива смеса со структура на сладолед. Може веднаш да се конзумира но може и да се стави во замрзнувач и да се конзумира кога ќе се има желба. Како декорација може да се пороси со рендано чоколадо. Еве вкусен и природен сладолед без да содржи прости шеќери кои секојдневно ни го нарушуваат нашето здравје.
НАМАЗИ ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО 1)Намаз од маслинки (зелени и црни) и авокадо, неколку капки цеден лимон, малку маслиново масло 2)Намаз од подварена брокула и маслинки зелени, капки лимон 3)Намаз од печен модар патлиџан со малку сенф, макало од лук 4)Намаз од сенф и таан, цеден лимон (на една суп. лажица сенф-еднасуп. лажица таан) 5)Намаз од варен компир и маслинки, лимонче 6)Намаз од печурки со варен комир, лукче, лимонче 7)Намаз од пиперки црвени (печени, па блендирани со лукче и маслиново масло)-замена за ајвар 8) Пинџурче од печени пиперки, модар патлиџан, домати, со лад.цед.маслиново масло 9) Хумус
ЛЕТЕН ТАРАТОР СО ТИКВИЦИ Потребни состојки за двајца Половина литар кисело млеко или јогурт со пробиотици Една тиквичка средна големина-исечена на долги ленти Еден морков-да се изренда Една краставичка-да се исечка на коцки 2-3 црвени ротквици да се исечкаат на тенки полукругови Една супена лажица семки сончоглед или од тиква ПОДГОТОВКА Во полудлабока чинија да се стават состојките, па да се стави малку сол, мала лажичка ладно цедено маслиново масло, и да се прелие со киселото млеко. Нежно да се измеша, па на крај да се пороси копар или друга ароматична билка. Ако некој сака може да си додаде малку исечкано младо лукче, малку бибер,.. Околу пладне кога правите пауза од работните обврски овој таратор ќе ви биде вистинско уживање во друштво со пријателите и колегите.
ПОДГОТОВКА Во полудлабока чинија да се стават нежно состојките со раце, па со рака да се распредели урдата над сите состојки. На крај да се пороси со магдоносот и прелие со маслото. Се надевам дека оваа салата ќе ви биде и замена за еден лесен ручек во кој ќе ви се задоволат сите сетила.
(по желба може да си подготвите вакви топчиња и од други видови суво овошје и јатки) Количината е за повеќе време бидејки топчињата може да се замрзнат и по потреба да се вадат и да се ужива во нивниот вкус. Состојки - Половина кг меки урми, околу 300гр смокви, 200гр суво грозје, 300-400гр мелени ореви, 200-300гр кокос, неколку портокали да се исцедат, цимет, мускантно оревче, малку рум, ваниличка, 75%-85% органско чоколадо, две супени лажици мед, 50тина гр лешници, 50тина гр суви вишни или брусници. ПОДГОТОВКА Сувото овошје да се измие и избрише или исуши. Потоа да се сомеле или изблендира за да се добие тестеста маса. Во длабок сад да се стави оваа смеса и да се додава од мелените ореви, кокосот , цедениот портокал па убаво да се меси тестото и полека да се додаваат циметот, румот, мускантното оревче, ванилата и медот. Кога ќе биде смесата оформена да се почне со формирање на топчиња со оптимална големина(како ореви). Во секое топче да се става лешник или вишна (брусница). Во растопеното чоколадо со вода (на сосема тивок оган)да се потопи секое топче, а потоа може да се валка во мелените ореви или во кокосот. Овој десерт пријатно ќе ве изненади со својот вкус, па се надевам дека барем еднаш во месецот ќе си го приготвите и ќе ги одбегнете нездравите десерти кои обилуваат со прости шеќери, емулгатори,..и што ли не?!
| 53
CITY FOOD
city
| 54
Пренослив звучник PHILIPS BT 50 | Neptun
Дрон Parrot AR.Drone 2.0 Elite edition | iStyle
Слушалки PANASONIC RP-TCM 50Е | Neptun
Водоотпорен дигитален фотоапарат CANON Powershot D-20 Silver | Neptun Телевизор Thomson A8 Range SmartTV Curved LCD | Галерија
B&O BeoPlay A2 Green | iStyle PS4 500GB + 2 контролери + игра PES 2016 | Галерија
| 56
Смартфон Blackview А8 | Anhoch
Лаптоп Asus Gamer ASUS G752VY-GC100D | AMC
Таблет HP Pro 10 | Anhoch
Телевизор Philips Ambilight, Smart | AMC
CITY MOVIE
ЛЕДЕНА ДОБА: ГОЛЕМИОТ УДАР V / ICE AGE: COLLISION COURSE премиера: 17ти јули Омилената филмска тројка, Мени, Сид и Диего во петтиот дел од остварувањето „Ледена доба“ мораат да ги напуштат домовите и да тргнат во нова потрага. Оваа урнебесна комедија го прикажува патувањето низ егзотични нови земји и средбата со еден куп нови ликови.
ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ: ОД ДРУГАТА СТРАНА / STAR TREK: BEYOND Премиера: 21ви јули На првиот натпревар од пет годишната мисија на УСС Организацијата, ќе ги однесе во непозната територија. Таму организацијата е скоро уништена и Кирк со неговата екипа на оддалечената планета се без никаква комуникација. Кирк мора да работи со елементи за да ја обедини неговата екипа и да се вратат на Земјата.
ЛОШИ МАЈКИ / BAD MOMS Премиера: 18ти август Мајка со навидум совршен живот – одличен брак, амбициозни деца, убав дом, совршен изглед и кариера. Но, сепак е уморна од многу работа, посветеност и исцрпена до точка да дигне раце од сѐ. Ги здружува силите со две други мајки како неа и сите заедно одат на мисија да се ослободат од секојдневните обврски за голема слобода и забава.
БЕН ХУР / BEN HUR Премиера: 18ти август Благородникот Јуда Бен Хур (Џек Хјустон) е лажно обвинет за обид за атентат од страна на неговиот пријател од детството Месала (ТобиКебел). Тој преживува години во ропство под римјаните и се обидува да се одмазди. Филмот е во режија на Тимур Бекмамбетов, а во главни улоги се: Морган Фримен, Џек Хјустон, Родриго Санторо, Назанин Бониади, Тоби Кебел
| 58
| 59
TASTE THE FEELING™
©2016 The Coca-Cola Company. “Coca-Cola” , “Coke”, “the Contour Bottle”, “the Dynamic Ribbon Device” и “Taste the Feeling” се трговски марки на The Coca-Cola Company.