ГЛАСНИК 61 1 2017
ISSN 0583-4961
СТАТИИ
УДК 94꞉323.1(=163.3:497.7)”1903”
ДЕНОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО 1903 ГОДИНА Редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје Apstract In the year 1903, Macedonia and its people were denominated by the terms: “The Three Vilayets” and “The Christians of the Three Vilayets”. This denomination, suggested by Russia, was supported by both France and AustroHungary. This act of the three European powers in February 1903 was followed by and act by the Sultan, who in april of the same year forbade the use of the name “Macedonia”. The article looks at the reasons behind- and the consequences of the denomination, concluding that it aided the division of Macedonia, which benefitted the neighboring Balkan countries; this was done through the decompounding of Macedonia as a distinct country and the deconstruction and elimination of Macedonians as a political subject. This was the way how Macedonia and Macedonians were delegitimized in regard to article 23 of the Berlin agreement (in regard to seeking autonomy). In other words, they were bound to the fate of the Ottoman Empire–in the case of its collapse or its withdrawal from the Balkans caused by military force. Keywords: Denomination, Macedonia, Macedonians, Russia, Russian politics, Vilayets, Christians, division, neighboring Balkan countries.
1. Преименувањето на Македонија со името „трите вилаети“ и на Македонците со името „христијаните на трите вилаети“ станало на почетокот на 1903 година. Носител (субјект) на тој настан била Царска Русија, кон чиј став се приклониле Австро-Унгарија и Франција. Имено, тогаш министерот за надворешни работи на Царска Русија, грофот Владимир Ламсдорф, на 7 февруари 1903 годин испратил тајна телеграма до кнезот Урусов, руски амбасадор во Париз, со која му наложил да го запознае министерот за надворешни работи на Франција, Т. Делкасе, дека тој (В. Ламсдорф) се спогодил со министерот за надворешни работи на Австро-Унгарија, А. Голуховски, да не се употребуваат термините Македонија и Македонци, туку термините „трите вилаети“ и „христијаните на трите вилаети“1, затоа што според Ламсдорф, не било во план од Македонија да се прави посебна политичка единица и затоа што македонското христијанско население не било посебна 1
Архив внешней политики Российской империи (АВПРИ). Ф. 151. Оп. 482. Д. 1008. Л. 84–85.
149
ГЛАСНИК 61 1 2017
Владо Поповски
нација2. По усогласувањето на ставовите меѓу тројцата министри за надворешни работи, руската страна извршила притисок врз султанот тој, од своја страна, да ја забрани употребата на името Македонија и на името Македонци и на нивно место да ги октроира имињата „трите вилаети“ и „христијаните (христијанското население) на трите вилаети“. Султанот, наоѓајќи свој (империјален) интерес во тој предлог, на 7 април 1903 година издал заповед до вилаетските власти во Македонија со која била забранета употребата на името Македонија. Заповедта гласела: „(...) со Високата наредба на Неговото величество Султанот се известува, одсега натаму во представките и соопштенијата поврзани со работите на царските вилаети во Румелија, категорички се забранува терминот (називот) Македонија, којшто се споменува како локално име.“3 Со таа наредба на султанот се инсистирало вилаетските власти да го употребуваат само името на вилаетот или на вилаетите, строго внимавајќи да биде одбегнувана употребата на имиња со македонски предзнак. Тие акти на министрите за надворешни работи на споменатите европски сили и на султанот имале за цел да го поништат меѓународнополитичкиот карактер на македонското прашање кое се врзува со членот 23 од Берлинскиот договор и да го стават во категоријата внатрешна работа на Османлиската Империја, поврзувајќи го со нејзината судбина и со политиката на европските сили кон блискоисточното (балканско) прашање. А таа политика кон Балканот, eо ipso и кон Македонија, кон крајот на деведесеттите години од XIX век и во првата декада на ХХ век е политика на поделба на турските балкански поседи (и на Македонија) меѓу балканските државички (Србија, Бугарија и Грција) со исклучок на Албанија4. Поради тоа, вклучувањето на Македонија и на македонското население во пакетот за поделба можело, реално или фиктивно, да се оправда со деноминација и декомпозиција на Македонија како име на посебна земја и провинција и со деноминација и деконструкција на македонското население како (македонски) субјект кој се бори за политичка автономија на Македонија. Споменатата деноминација на Македонија била почитувана од трите наведени европски сили и од самата турска држава, за што зборуваат познатите руски и австроунгарски документи од периодот по 1903 година. Таков однос покажале и турските официјални власти и институции. На пример, во Младотурскиот парламент се инсистирало на употребата на терминот „трите вилаети“ и редовно било реагирано од страна на претседателот на Парламентот кога ќе се споменело името Македонија во врска со прашања што се однесувале на состојби во неа. Меѓутоа, употребата на тоа име било често практикувано, а интервенциите на претседателот на Парламенот парламентарците ги користеле како игра извинувајќи се што ја изумиле забраната, за веднаш потоа одново да го употребат името Македонија5. 2
Истото. Види: Стојановски Александар, Македонија под турска власт. Скопје 2006, 317–318. 4 Види: Македонија во меѓународните договори. Скопје 1994, 137–143; Козьменко И. В., Сборник договоров России с другими государствами, 1856–1917. Москва 1952, 303–308. 5 Види: Македонското прашање во Османлискиот парламент 1909, Скопје 2009, 26–27, 44, 57. 3
150
ДЕНОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Интересен е и оној факт дека и во Српско-бугарскиот таен договор склучен на 30 март 1904 година6 двете страни ја деноминирале Македонија, според инструкцијата на Русија и одлуката на султанот, употребувајќи го називот „трите вилаети“ со нивно поединечно споменување, при што се договориле да го помогнат спроведувањето на Мирцштешките реформи донесени од страна на Русија и на Австро-Унгарија. Истиот однос кон ословувањето на Македонија, Бугарија го прифатила и во договорот со Турција склучен истата година, со кој таа се обврзала да ги спречи комитетите [македонски − заб. В. П.] да работат против Турција и да оневозможи каква било субверзивна активност во „трите вилаети“.7 По 1903 година новото име на Македонија и на Македонците („трите вилаети“ и „христијаните на трите вилаети“) може да се сретне во повеќе документи8. 2. Деноминацијата на Македонија и идејата таа да се подели меѓу трите балкански државички (Србија, Бугарија и Грција), а не да се даде цела на која и да е од нив, била и останала идеја и политика на Царска Русија. Царска Русија, идејата и политиката за поделба на Македонија меѓу трите балкански држави ја формира по Берлинскиот конгрес во 1886 година9 и не отстапува од неа сè до нејзиното реализирање со Балканските војни и со Букурешката мировна конференција во 1912 – 1913 година. Без оглед на тоа што поделбата на Македонија не се случила по оние линии по коишто била замислена и предвидена10, сепак Царска Русија одиграла решавачка улога и во нејзиното подготвување11 и во конечното прифаќање на онаа поделба што била наложена од настаните и од резултатите на Втората балканска 6
Македонија во меѓународните договори. Скопје 1994, 137–138. Види: Од Сан-Стефано до Париж 1878 – 1947. Найважните договори за България. София 2009. Док. № 6, 63–64. 8 Види: Реформы в Македонии, 1902 – 1903. С.-Петербург 1906. Док. № 11, 13, 16, 26; Реформы в Македонии, 1903 – 1905. С.-Петербург 1906. Док. № 14, 17, 78; Политичките и културните врски меѓу Македонците и Албанците, 1903 – 1913. Документи, Скопје 2003. Док. № 46, 158–161. 9 Види: Киняпина Н. С., Балканы и проливы во внешней политики Росии в конце XIX века (1878 – 1898). Москва 1994, 78–80. 10 Предвидената линија на поделба на Македонија меѓу Бугарија и Србија, опфатена во тајниот анекс кон Договорот за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија потпишан на 29 февруари/13 март 1912 година, одела од Голем врв (северно од Крива Паланка) до западната точка на Охридското Езеро (до манастирот Габавци), при што во српската зона влегувале Куманово, Скопје, Македонски Брод, Струга и, се разбира, Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар од градовите во Западна Македонија. Види: Александар Христов, Јован Донев, Македонија во меѓународните договори 1875 – 1919. Скопје 1994. Док. бр. 28 I и II, 162–166. По Втората балканска војна и Букурешката мировна конференција линијата на поделба меѓу Бугарија и Србија се поклопува со денешната источна граница меѓу Р Бугарија и Р Македонија, со исклучок на Струмичката околија и градот Струмица, кои биле во делот на Бугарија. Тој дел бил припоен кон Србија, т.е. кон Кралството СХС, со Париската мировна конференција од 1919 година. 11 Види: История на дипломацията под редакция на академик В.М. Потьомкин. София 1949, Том II, 200–219; Rossos Andrew, Međubalkanska rivalstva i ruska vanjska politika 1908 – 1914. Zagreb 1992, 17–78. 7
151
ГЛАСНИК 61 1 2017
Владо Поповски
војна, но и од интервенциите што ги направила на маргините на Букурешката конференција12. Респективната руска политика кон Македонија ја наоѓа својата причина во руските државни интереси на Балканот. Царска Русија (подоцна и Советска Русија) гледала на Балканот како на важен безбедносен појас во однос на Босфорот и на Дарданелите кои го контролирале влезот во Црното Море, што, пак, се сметало за предворје на руската државна безбедност. И, второ, тие мореузи и тој правец на излез на Русија на отворените морски патишта претставувале главен стопански и политички приоритет за Русија, бидејќи преку таа траса Царска Русија извезувала над 60% од вкупниот извоз што го вршела преку сите правци13. Дополнително, преку таа траса Царска Русија останувала во кругот на големите европски и средоземноморски сили со значајно влијание и контрола врз интересите на западноевропските големи сили поврзани со средноисточните и источните азиски земји. Поради тие причини, Царска Русија сè до 1878 година настојувала на Балканот да создаде голема балканска држава – сателит на руската политика. Во тој вид настојувања влегуваат руските планови за создавање на Голема Грција (проект на Екатерина II)14, на Голема Србија од Дунав до Места (проект на Александар II)15 и, на крајот, на Голема (Санстефанска) Бугарија (проект и политика на Александар II и на неговиот канцелар Горчаков)16. Сите три руски проекти и настојувањата на Балканот да се создаде таква проруска држава биле дезавуирани од страна на западноевропските сили дури и со закана од нивна здружена војна против Царска Русија. Во сите тие проекти Македонија била вклучувана како нивен територијален дел без каков било посебен статус. Откако на Берлинскиот конгрес Царска Русија за последен пат се уверила дека таквите нејзини настојувања (и жртвувања) се залудни, во 1886 година, на предлог на високопоставениот руски дипломат Нелидов, новиот император на Русија, Александар III, прифатил и се ориентирал кон урамнотежена поделба на турското балканско наследство, во тие рамки и на Македонија17, меѓу трите 12
Имено, министерот за надворешни работи, Сазонов, спротивно на резултaтите од Втората балканска војна, за време на Букурешката конференција, на противењето на грчкиот премиер Венизелос да отстапи од Источна Тракија со нејзиниот морски брег во полза на Бугарија, реагирал со закана дека инаку ќе имаат проблеми со Русија, која знаела да ги штити грчките интереси во целиот претходен период. По таа интервенција, Парламентот и Владата на Грција се согласиле да ѝ ја препуштат споменатата територија на Бугарија и покрај фактот што била окупирана од страна на грчката армија. Види: Балканската война или руската оранжева книга. София 1914. 13 Лунева Ю. В., Босфор и Дарданеллы. Тайние провокации накануне Первой мировой войни (1908 – 1914). Москва 2010. 14 Век Екатерина II. Россия и Балканы. Москва 1998. 15 Види: Гргур Јакшић и Војислав Ј. Вучковић, Спољна политика Србије за владе Кнеза Михаила Обреновића: први балкански савез. Београд 1962, 120 и натаму. 16 Качунов К. Сан-Стефанският мир, София 1932; Дедијер Владимир. Интересне сфере, Београд 1980. 17 На маргините на телеграмата испратена од Нелидов, императорот Александар III запишал: „Совершенно одобряю“. Н.С. Киняпина, Балканы и проливы..., 78–80.
152
ДЕНОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
балкански државички (Србија, Бугарија и Грција) приклонувајќи ги кон соработка и сојуз и ориентирајќи ги кон пријателство и блискост со Царска Русија. Македонија како земја со средишна (централна) положба во турските балкански поседи, нужно, била предвидена за поделба. Покрај тој факт, во случајот на Македонија, улога игра и фактот што таа била нагласено мултиетничко и мултирелигиско општество, во кое мнозинското словенско и христијанско македонско население било фракционирано на повеќе спротивставени делови врз основа на конфесионалната (црковната) и пропагандната припадност на околните држави, во согласност со со милетскиот систем18. Проникнувајќи со туѓи образовни, религиски, пропагандни и други институции, соседните балкански државички сееле раздор меѓу македонското население. И турската власт, заради свои интереси, потрошила многу средства и испратила голем број емисари да го поттикнат и да го помогнат расцепот и раздорот секаде и врз секоја можна основа во македонското општество19. Така Македонија станала типична земја на раздорот, во која секој со секого се држи за гуша, речиси во врска со секое прашање. Во неа припадници на исто население, на секој град, на соседни или на исти села, дури и на исти семејства, многу често се сметале за членови на различни милети (на различни нации), „гонејќи“ различни и противречни цели и имајќи спротивни ориентации20. Тие состојби биле дополнителен фактор и причина Русија да инсистира на деконструкција и деноминација на Македонија, подготвувајќи ја за поделба. Поради изнесените причини, и покрај поинаквите интереси, кон крајот на XIX век и Австро-Унгарија почнала да смета дека политичката автономија на Македонија е нереална21 и затоа се согласила со Русија за поделба на Македонија. Австро-Унгарија, во таа смисла, ја потпишала Тајната спогодба со Русија во 1897 година, според која, на Балканот како држава може да се формира само уште Албанија, додека сите други турски поседи ќе бидат поделени рамномерно меѓу балканските државички22. Оттогаш натаму Австро-Унгарија сметала дека своите интереси ќе може доволно добро да ги заштитува преку поддршка на албанските интереси и аспирации, откажувајќи се од својата дотогашна политика кон Македонија. 3. Пречка за политиката на Русија и на Австро-Унгарија за поделба на Македонија меѓу соседните балкански државички претставува Македонската револуционерна организација, која ја истакнува паролата за целосна поли18
Види: Kemal H. Karpat, Milets and Nationality: The Roots of the Incongruity of Nation and State in the Posst-Ottoman Era, in Christians and Jews in the Ottoman Empire: The Functioning of a plural Society, 141–167. Benjamin Brande Bernard Jewis eds. 1982. 19 BOA Rumeli Müfettişliği Jandarma, Müşiriget ve Kumandanlık Evrakı 34.3340.3.8. 20 Види, на пример: Амфитеатров А. Страна раздора, Санкт-Петербург 1903; Брејлсворд Хенри Ноел. Македонија, Скопје 2002, 134–172. 21 Австроунгарскиот амбасадор во Цариград, Каличе, во телеграмата до Голуховски од 28 мај 1902 година, покрај другите причини, против автономијата го наведува и тоа дека „Србите“, „Бугарите“ „Грците“ и Албанците во Македонија нема да постигнат согласност по тоа прашање. Види: Донев Јован, Македонија во британско-руските односи, Скопје 1994, 79. 22 Козьменко, цитирано дело.
153
ГЛАСНИК 61 1 2017
Владо Поповски
тичка автономија на Македонија23. Имено, тогашната Внатрешна македонска револуционерна организација, со својата програма и насоченост, се јавува како контрапункт на руската политика кон Македонија и како контрафактор на нејзините дипломати на теренот. Поради тоа, таа македонска револуционерна организација, кон крајот на деведесеттите години од XIX век и првите две-три години на ХХ век станува главен противник кој требало да биде уништен за да може да биде реализирана руската балканска (и македонска) политика. Во таа смисла, карактеритични се изјавите на високите руски дипломати на Балканот − Бахметиев, Зиновјев и Капнист, односно на руските министри за надворешни работи – Муравјов и Ламсдорф. Така, на пример, рускиот министер за надворешни работи, грофот Муравјов, по т.н. Виничка афера (1897) и по Критското востание, во тајно писмо до рускиот дипломатски претставник во Софија, Бахметиев, порачал: „(...) да им се соошти на Македонците да не се дрзнат да кренат востание (...) а доколку, сепак на македонските водачи им успее да кренат востание – тогаш од страна на Русија, тоа движење нека не се надева на сочуство ниту на помош. Напротив (...) императорското правителство (...) ќе им предостави полна слобода на репресивните дејства на турските власти за да им ги поништи револуционерните замисли на Македонците во самиот зародиш.“24 Рускиот дипломатски претставник во Софија, Ј. Бахметиев, во 1901 година, откако разбрал дека Македонската револуционерна организација почнала да набавува позначајно количество на оружје и дека Сарафовиот Врховен македонски комитет формира т.н. стрелачки дружини од Македонците во Бугарија, директно му наложил на Б. Сарафов да го напушти Комитетот и да престанат активностите со наметнувањето на т.н. револуционерен заем и со борбената обука на дружините, предочувајќи му оти клучот за решавање на македонското прашање не се наоѓа во Македонија, туку во Петроград25. По одбивањето на Сарафов да постапи според барањето на рускиот претставник, тој му предочил: „Штом е така, и оваа Организација тука (Емигрантската македонска организација) и онаа Организација таму (Внатрешната македонска револуционерна организација) ќе отидат во прав и пепел.“26 Рускиот дипломатски претставник во Цариград, Зиновјев, пред султанот и пред турските власти во 1902 година инсистирал на поупорна и пожестока акција против македонските комитети и револуционери, укажувајќи дека од страна на Русија, властите имаат одврзани раце безмилосно да се справат со комитетите27. 23
Види: Татарчев д-р Христо, Вътрешната македоно-одринска революционна организация като митологична и реална същност. София 1995; Владо Поповски, Христо Татарчев, Скопје 2016. 24 Види: Дракул С. Македонија меѓу автономијата и дележот, документи од руските архиви, Куманово 1995, т. I. 259–260. 25 Види: Спомени на Борис Сарафов, Освободителното движение Македония и Одринско, Спомени и материяли. София 1983, т. I, 58. 26 Истото. 27 Види: Le movement Macedonie 1902 – 1903 (Македонското движење 1902 – 1903), Скопје 2002, 215 („Ставовите на амбасадорот на Русија во Цариград и реформите во Македонија“, год. I, бр. 16 од 5 декември 1902 г.)
154
ДЕНОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Поради притисоците и непријателските акти од руска страна, не биле непознати заканите и прекорите од типот: „турски шпиони“, „полоши сте од Турците“, „за нас не се опасни ни Србите, ни Турците, ни Арнаутите, наши најлоши непријатели се руските конзули, кои треба да ги тргнеме од патот или, во крајна мера, добро да ги потплашиме“, што ги искажувале македонските комитети 28. По т.н. Горноџумајско востание од есента 1902 година и по извесноста дека се подготвува ново востание во 1903 година, високиот руски дипломат грофот П. Капнист, руски амбасадор во Виена, во 1903 година, кусо време пред кревањето на Илинденското востание, на својот претпоставен министер, грофот В. Ламсдорф, му напишал: „Излезот од маѓепсаниот круг се состои во конечното растројство и во унишувањето, во трите вилаети, на Револуционерната организација (...) таков разгорм е правен и досега и се надевам дека во следните два до три месеци целта ќе биде постигната (...).“29 По тој повод Капнист забележал оти упорноста и силата на Револуционерната организација ги надминале сите очекувања30. Во текот на самото Илинденско востание, во екот на турските безобѕирни рушења и уништувања на македонските села и на неборбеното население во нив, министерот за надворешни работи, грофот Ламсдорф, ги повикал руските конзули на теренот да се обратат до постраданото и загрозено македонско население и да му ветат руска заштита доколку се откаже од комитетите и од водачите на востанието и доколку ги предаде на турските власти, инсистирајќи на тоа тие бргу, решително и ефикасно да го задушат востанието31. 4. По востанието, соработката на руските дипломати со турските власти продолжила на планот на искоренувањето на Македонската револуционерна организација. Русија, исто така, ја притиснала и Бугарија за да го оневозможи дејствувањето на македонските комитети на нејзината територија, како и да ги обезоружува и да ги санкционира македонските четници кои ја преминуваат границата со Турција32. Во тој ред спаѓа и запленувањето на оружјето од пограничните магацини на Македонската револуционерна организација, кое го спроведувале бугарските полициски и воени органи под притисок на руските дипломатски претставници33. Од друга страна, Русија го помогнала етаблирањето и на српската пропаганда во Македонија успевајќи, преку Султанот и Портата, да го легализира „срб-милетот“ во Македонија со поставувањето на Фирмилијан за српски
28
Ямбаев М. Л., Македония и Россия (1897 – 1902). Автореферат. Москва 2004, 19. АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 1013. Л. 485–487. 30 АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 2629. Л. 34–36 и 189–190; АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 1008. Л. 33; АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 564. Л. 30; АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 1475. Л. 324; АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 2633. Л. 1. 31 АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 1011. Лл. 144, 150. 32 Ямбаев М. Л., Македония и Россия (1897 – 1902), 19; ВМОРО (1893–1919). Документи. София 2007, док. 110; Владо Поповски, Христо Матов, 106–107; Архив Христо Матов, документален зборник, София 2004, док. бр. 168, 169, 170, 175, 177, 178, 179. 33 Истото. 29
155
ГЛАСНИК 61 1 2017
Владо Поповски
патријаршиски митрополит на Скопската епархија34. Дополнително, Русија го одобрувала толерантниот однос на турските власти кон српската и кон грчката четничка акција во Македонија по Илинденското востание, давајќи до знаење дека во Македонија ќе бидат вклучени и запазени интересите на трите балкански држави. Врз тие основи, бугарската страна, која станувала сè пофрустрирана поради сознанието дека се предвидува поделба на Македонија, а не нејзино целосно добивање, поттикнала расцеп во Македонската револуционерна организација и отворила фронт против српската и грчката пропаганда во Македонија35. Настојувајќи да ги ликвидира српските и грчките чети и нивните бази во Македонија, бугарската страна, со помош на придобиените комитетски и четнички сили на Внатрешната македонска револуционерна организација, отворила фронт во Македонија, и тоа не само против српските и грчките чети туку и против македонските припадници на грчката и на српската пропаганда кои, од бугарска гледна точка, биле сметани за предавници зашто станале србомани и гркомани. Имајќи намера таквите (србомански и гркомански села и групи) да ги префрли во Егзархијата и со тоа да ги легитимира како македонски Бугари, бугарската страна, преку четите и приврзаниците на т.н. десна структура на ВМРО, започнала продолжителна, неизвесна и конфузна борба насекаде низ Македонија36. На тој и таков удар соодветно одговориле и српските и грчките политички и четнички центри и сили. Така, почнувајќи од 1906 година, па сè до јули 1908 година (до Младторуската револуција), во таа, еден вид граѓанска воена пресметка, пред сè со атентати и со терористички акти, биле убиени 4 687 и ранети 2 232 Македонци, припадници и угледни кадри на трите пропагандни центри во Македонија37. Со таа анархична и братоубиствена конфронтација на „трите милети“ во Македонија конечно биле создадени основите и условите за нејзино распарчување и делење. 5. Врз таа основа, главно генерирана од манипулацијата со милетскиот систем и со политиката на Русија и на Отоманската Империја (секоја заради свои интереси), деноминацијата на Македонија со поимот „трите вилаети“ добива значење и функција на декомпонирање на Македонија од посебна провинција и земја во посебни географски делови и места, кои можат, според некаква или според секаква логика, да ѝ припаднат на која и да е соседна државна целина. На таков начин Македонија, деноминирана и декомпонирана, го изгубила статусот на провинција, со што Русија и другите европски сили, како и Отоманската Империја, не биле повеќе обврзани со членот 23 од Берлинскиот договор–од 34
АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 2629. Лл. 262–263. Српскиот министер за надворешни работи, Каљевиќ, во септември 1903 година ѝ изразил благодарност на Русија за тоа дело. Истото, д. 1011, лл. 187–188. 35 Види: Архив Христо Матов, 351, точка 1; ВМОРО (1893 – 1919), т. I, ч. 2, док. бр. 267, особено стр. 788–793 и 798–809 (протоколите бр. 2 и бр. 4 од Ќустендилскиот конгрес). 36 Види: Австриски документи за историјата на македонскиот народ, т. I, Скопје 1977, док. бр. 89, 114, 123, 128; Истото, т. II, док. бр. 14, 16, 18, 26, 30, 31, 37, 38, 87, 118, 118, 127; Владо Поповски, Христо Матов, 146–149. 37 Истото.
156
ДЕНОМИНАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Македонија да создадат автономна единица во Империјата, која во перспектива би можела да прерасне и во посебна политичка единица на Балканот38. Деноминацијата, пак, на Македонците со поимот „христијаните на трите вилаети“, во суштина, означувала деконструкција и елиминација на Македонците како политички субјект кој има право да ги претставува интересите на македонското општество и на Македонија и да се бори за нејзина самоуправа и автономија, односно за нејзино прераснување во посебна политичка единица (во посебна држава) на Балканот. Всушност, со деноминацијата и деконструкцијата на Македонците им бил спречен и оневозможен процесот (и патот) да се стекнат со национален атрибут, односно да се издигнат и да станат нација39. Поради тоа бил дозволен и отворен патот за уништување на Македонската револуционерна организација како субјект на Македонците кој упорно настојувал да го постигне тоа што не било предвидено со политиката на Русија и на другите европски сили, како и со политиката на Отоманската Империја, сè додека можел да го брани и да го одбрани својот интегритет и суверенитет.40 6. Земајќи ги предвид сите причини и фактори кои биле присутни во Македонија во именуваниот период, може да се констатира дека сè до распарчувањето и поделбата на Македонија меѓу соседните држави, во сите меѓународни договори, билатерални или мултилатерални, Македонија и Македонците како поими и категории биле заборавени, поништени и трансформирани во технички, 38
Обиди и одлуки Македонија да се изземе од членот 23 од Берлинскиот договор и на тој начин да не се применат решенијата од Критскиот статут од 1868 година, приспособени на месните услови од страна на мешовитата комисија составена од претставници на властите и на населението од Македонија, имало и во 1880 година (кога од страна на Комисијата на европските сили бил донесен Законот за вилаетите во Турција). Тогаш како изговор бил земен мешаниот (мултирелигиски) состав на македонското население. Види: Д-р Н. Маринен, Реформитэ въ Европейска Турция, София 1903, 20–25. Исто така, види го и Протестот на Македонската лига од 1880 година и на нејзината Привремена управа на Македонија упатен до министрите на европските сили – учесници на Берлинскиот конгрес и до Комисијата на тие сили за реформи во европска Турција, која заседавала во Цариград. Македонската лига и Уставот за државно уредување на Македонија – 1880. Скопје 1985, 320–325. 39 Види: тајната телеграма на грофот Капнист, руски амбасадор во Виена, до рускиот претставник Чариков во Белград (АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 2629. Лл. 21–23) и тајната телеграма на В. Ламсдорф, министер за надворешни работи на Русија, до кнезот Урусов, руски амбасадор во Париз, од 7 февруари 1903 година (АВПРИ. Ф. 151. Оп. 482. Д. 1008. Лл. 84–85). Владо Поповски, Руската и советската политика и македонското прашање. Скопје 2013, 87–98 (посебно стр. 93–94). 40 Кога Империјата крахирала во Првата балканска војна и била истисната од Балканот, турскиот делегат на Лондонската амбасадорска конференција, на предлогот целокупната балканска територија на турската држава, со исклучок на Албанија, да биде поделена меѓу балканските сојузници (Бугарија, Србија и Грција) дал контрапредлог– Македонија да добие автономија. Тој турски предлог бил игнориран со оглед на постојната окупација на Македонија од армиите на трите балкански сојузнички и на согласноста на европските сили Македонија да се подели. Види: Балканската война или руската оранжева книга. София 1914.
157
ГЛАСНИК 61 1 2017
Владо Поповски
било топографски било квантитативни, поими и категории. Таков бил случајот и со мирцштешкиот акт, и со реформските акти од 1903 до 1905 година, такви се договорите меѓу Србија и Бугарија почнувајќи од 1897 до 1912 година, такви се решенијата и на Амбасадорската конференција во Лондон 1912 – 1913 година и на Договорот за мир меѓу Турција и балканските сојузници, таков е случајот и со мировните договори донесени и потпишани со балканските држави на Париската мировна конференција по Првата светска војна. Сè до Втората светска војна поимите Македонија и Македонци не постојат. Може да се сретне само атрибутот „македонски“/ „македонска“, на пример, кога станува збор за т.н. „македонска салата“, која можела да се најде и да се порача во некој од европските ресторани41.
41
158
Види: Ла Рус, Свезнадар. Београд 1936.