Гимнастиката во Кочани 1910-2016 - Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Page 1

Ѓорги Тодосиев

Илинка Атанасова

ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ 1910 − 2016


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ 1910 − 2016

Ѓорги Тодосиев Илинка Атанасова

Кочани, 2017


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ 1910 − 2016

Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Издавач: Општина Кочани За издавачот: Ратко Димитровски

Автори: Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова Рецензент: Миодраг Мицковиќ Лектор: Љубинка Ајтовска

Превод на англиски јазик: T-Dynamics DOOEL Skopje Графички дизајн: Сашо Зашов

Печати: Уни конзум - Кочани Тираж: 550 примероци

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 796.41(497.733)"1910/2016" ТОДОСИЕВ, Ѓорги Гимнастиката во Кочани : 1910-2016 / Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова ; [предговор Ратко Димитровски]. - Кочани : Општина Кочани, 2017. - 168 стр. : илустр. ; 24 см Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 157-161. - Summary ISBN 978-608-65727-9-2 1. Атанасова, Илинка [автор] а) Гимнастика - Кочани - 1910-2016 COBISS.MK-ID 102487306


СОДРЖИНА Предговор......................................................................................................... 5 Вовед................................................................................................................. 7 Соколски друштва.................................................................................. 8 Соколско движење во Македонија....................................................... 9 Друштвото за гимнастика од Кочани од 1910 до 2016 година........ 10 ПРВ ДЕЛ Друштвото за гимнастика од Кочани од 1910 до 1945 година........... 11 Од основањето до крајот на Првата светска војна, од 1910 до 1918 година...........................................................................11 Периодот по Првата светска војна до 1930 година........................... 15 Иницијатива и изградба на Друштвен дом - Соколана........... 18 Друштвото во Соколскиот дом од 1930 до 1945 година.................. 20 Реализација на програмата.......................................................... 22 Учество на спортски манифестации и на натпревари............. 24 Постигнати резултати.................................................................. 28 Културно-забавната дејност на Друштвото...................................... 29 Прилог-фотографии.............................................................................. 32 ВТОР ДЕЛ Друштвата за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ во периодот од 1945 до 1965 година................................... 37 Влијанието на општествено-политичката состојба во работата на гимнастичките друштва............................................ 37 Друштвото за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ – Кочани во периодот од 1945 до 1965 година............. 40 Просторно-финансиски услови и кадровска екипираност за функционирање на Друштвото...................... 45 Подготовки на Друштвото за натпревари................................. 47 Логорувања на Друштвото.......................................................... 48 Техничка подготовка................................................................... 51 Учество на манифестации, натпревари и постигнати резултати...... 53 Оркестарот на Друштвото за гимнастика „Партизан“– Кочани и културно-забавната дејност.............................................................. 58 Прилог-фотографии.............................................................................. 60 ТРЕТ ДЕЛ Работата на Друштвото за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ од Кочани од 1966 до 1992 година................ 72 Работа на Друштвото........................................................................... 73 3


Друштвото „Партизан“ од Кочани од 1966 година, натпревари и достигнувања..................................................................................... 76 Прилог-фотографии.............................................................................101 ЧЕТВРТИ ДЕЛ Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“ – Кочани во периодот од 1992 до 2016 година......................................... 109 Период на транзиција......................................................................... 109 Работа на Друштвото и учество на натпревари.............................. 109 Прилог-фотографии.............................................................................121 ПОСЕБЕН ДЕЛ Личности кои со својот ангажман оставиле белег во спортското живеење на градот од 1910 до 2016 година................ 137 Патрон на клубот и гимнастичар..................................................... 137 Ване Грдовјански........................................................................ 137 Основачи на гимнастичкото друштво за мажи и жени................. 138 Петар Иванов Панчев-Петраки................................................ 138 Франц и Виргинија Телбан....................................................... 139 Предњаци, волонтери и тренери кои со својот ангажман оставиле белег во спортското живеење на градот од 1910 до 2016 година........................................................................ 140 Тодор Минов-Шатето................................................................. 140 Методи Ефтимов-Пајако........................................................... 140 Костадинка Крушарска-Гиздавиќ........................................... 140 Драган Илиев-Гано......................................................................141 Јордан Манов-Јоцо.......................................................................141 Ѓорги Тодосиев-Гоше...................................................................143 Перса Диневска............................................................................143 Ратко Јосифовски.........................................................................145 Благој Досев.................................................................................145 Милан Ангелов-Г'лма.................................................................145 Станчо Митев............................................................................. 146 Јорданчо Стоименов................................................................... 146 Соња Матеничарска Јовиќ........................................................ 146 Благој Каров................................................................................ 148 Николче Колев............................................................................ 148 Награди и признанија..........................................................................149 Користена литература и извори.................................................................157 Рецензија........................................................................................................162 Резиме........................................................................................................... 164 Summary....................................................................................................... 166 За авторите................................................................................................... 168 4


ПРЕДГОВОР Реномето што го има гимнастиката во Кочани, чиешто организирано живеење е влезено во второто столетие, беше мотив да ја реализираме идејата за издавање книга што ќе говори за животот на овој спорт, на ова движење во Кочани.

Ратко Димитровски – градоначалник на Општина Кочани

Значаен момент за излегувањето од печат на ова дело е иницијативата на нашиот сограѓанин Ѓорги Тодосиев, поранешен гимнастичар, да учествува во подготовката со својата лична архива од податоци, белешки и фотографии од гимнастичката историја на Кочани, за што искрено му благодариме.

Книгата го опфаќа периодот на гимнастичкото и соколското движење во Кочани во периодот од 1910 до 2016. Содржината се темели на податоци од архивата на Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“, сега Клуб за гимнастички спортови „Кочани“, на уредно документирани податоци и на истражувања од записи и од информатори. Цениме дека значењето на делото е големо, затоа што е основа за натамошни истражувања во гимнастиката во Македонија, за кои сме сигурни дека недостигаат. Ова дело е значајно бидејќи е прво на оваа тема во Република Македонија. Гимнастичарите од Кочани, со своите тренери и поддржувачи беа водечки и останаа успешни не само во Македонија, туку и на пошироките простори. Ова дело, обединува голем дел од гимнастичкиот живот и затоа претставува сериозен документ за дел од спортското живеење и од спортската историја на Кочани и на Македонија. Невозможно е на стотина-двесте страници да се соберат податоци, имиња и достигнувања на спорт што живее повеќе од еден век. И не само тоа. Во почетоците на соколското движење е вграден и културно-забавниот живот на Кочани, а подоцна од гимнастичкото друштво произлегува и организирањето на другите спортови и спортски активности. Затоа е огромен бројот на луѓето вклучени во соколството и во гимнастиката. Во оваа книга секој граѓанин на Кочани може да пронајде дел од својот живот, од животот на своите предци, потомците, најблиските... Воедно ова дело нека биде предизвик за сите љубители 5


на гимнастиката да дадат дополнувања од своите сознанија и архиви за да придонесат за уште повеќе сознанија за овој спорт. Оваа книга нека биде потсетување – колку вреди уредно да се чува секој податок, фотографија, признание; онака како што тоа го направил Ѓорги Тодосиев. Книгава нека биде почеток на истражувањата за гимнастиката во Кочани – зашто за неа има уште многу да се пишува. Така ќе ја чуваме богатата историја на овој спорт и историјата на овој град.

6


ВОВЕД Историјата на гимнастичките спортски друштва, пред сè на локално ниво, е сè уште недоволно позната, и покрај големиот број текстови во периодиката уште од времето на основањето на соколскиот сојуз. Ваквиот факт и покрај навидум големите пречки, претставува истовремено и предизвик да се истражат сè уште непознати или пак недокументирани податоци за тоа, на локално ниво. Во многу мали населени места, како што впрочем во тој период било и Кочани, дејствувањето на соколските друштва имало силно влијание и врз нивната културна преобразба. Местата во кои постоеле соколски организации имале организирани академии, паради, слетови, концерти и јавни приредби со разновидни содржини. Спортистите имале униформи, гардероба за вежбање, знаме, а во приватните албуми се наоѓаат и бројни фотографии од разни настани кои во животот на тогашните генерации внесувале голем број емотивни сеќавања. Планската пропаганда на соколските организации била втемелена во воспитувањето на младината во сесловенски и либерален дух, преку втопување на поединецот во колективот. Затоа соколите биле прифатени како национална, патриотска па дури и милитаристичка организација, тесно поврзана со војската. Тие биле етикетирани дури и како фашистичка организација, па затоа по Втората светска војна биле забранети и во тој период не се вршени историографски истражувања за неа. По завршувањето на Втората светска војна комунистичкиот режим не дозволувал обновување на соколите, а нивниот имот го презело ново­ формираното Друштво за телесно воспитување „Партизан“1. За полесно да се разберат случувањата на локално ниво, неопходен е еден историски приказ на целата организација, врз основа на постојната расположива литература. Политичката состојба во 19 век, како и можноста за масовност во спортувањето им овозможувале на поединци или на групи луѓе да пропагираат одредени идеи. Тоа, на почетокот, биле идеи за здружување и пропагирање на словенството кои доведуваат до забрзано формирање разновидни друштва за негување на гимнастичките спортови под различни називи. Кон крајот на 19 век и на почетокот на 20 век, настанал тренд на основање на спортски друштва, особено изразен по обновувањето на Олимписките игри во 1896 година. Во градовите по европските држави Соколство од 1862. Године до данас; Саша Недељковић, Соколски домови... стр. 4.

1

7


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

позасилено се основале спортски друштва за гимнастика. Нивното основање зависело од повеќе фактори. За тогашната политичка состојба многу значајна и основна била можноста за масовност. Гимнастиката со своите содржини, форми, методи и средства обезбедувала услови за масовно вежбање и спортување. Начинот на организација и реализација овозможувал истовремено и отворен простор – во природа, а и затворен простор – во спортски сали, во зависност од потребата и можностите. Справите за вежбање се монтирале и транспортирале лесно. Постоела можност за натпревари како во екипна така и во поединечна конкуренција, во гимнастички повеќебој и во поединечни дисцип­лини. Објектите за гимнастика, особено новоизградените домови, во почетокот биле повеќенаменски. Се користеле истовремено и за развој на спортови и спортски дисциплини, исто така и за културно-забавен живот на граѓаните. Во нив биле организирани изложби, настапи на фолклорни ансамбли, предавања и разговори со граѓани. Се организирале музички концерти и сл. Ваквиот став за гимнастиката брзо се ширел и се прифаќал во светот, особено во Европа поради што и настанал трендот на основање спортски друштва за гимнастика, кој не ги одминал ни балканските држави, па ни Македонија, а и нашиот град Кочани.

Соколски друштва Кон крајот на 19 век и на почетокот на 20 век гимнастиката сè уште се наоѓала на периферијата на човековиот интерес, покрај веќе пројавениот поголем интерес меѓу граѓаните за физичката култура и спортот вооп­што2. Во поблиското и подалечното окружување, во посочениот временски период, се издвоила една специфична форма на физичка култура, која оставила забележливи траги во општественото живеење. Паралелно со гимнастичките, се пропагирале и развивале и соколските движења. Од една страна се развивала гимнастичката дисциплина посветена на зајакнување на телото и подобрување на општото здравје на личноста, додека од друга страна соколството како идеја тежнеело истовремено и кон јакнење на духот и пропагирање на единство, сила но во прв ред кон зајакнување на словенскиот идентитет. Дејан Зец, Српска историографија о соколству, во: Историографија и савремено друштво, тематски зборник радова, Ниш 2014, 82-83. 2

8


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Соколството оставило значаен белег во политичката, спортската и културната историја, кај речиси сите словенски народи, во втората половина на 19 век и на почетокот на 20 век. Борбата за национално ослободување, поврзана со идеологијата за словенството и идеалите за телесниот и духовниот развој на човекот, условиле една дејност што се развивала на повеќе полиња. Тие организирале јавни настапи од големи размери. Иако соколите првенствено биле спортска организација, од друга страна, заради својата идеологија биле тесно поврзани и со политичките збиднувања, а посебно со војската и со нејзините начела. Соколско дижење во Европа најпрво е забележано во Прага, во 1860 година. За идеолог и основач на првото соколско друштво се смета доктор Мирослав Тирш. По Чешка, соколството се проширило набргу и во останатите словенски земји. Во Љубљана е основан „Јужен Сокол“ во 1863. Соколското друштво во Загреб било основано 1874 година3. Првото српско соколско друштво официјално започнало да постои од март 1904 година. Во Сремски Карловци од 1906 година започнал да се печати и весникот „Српски Сокол“4. Во 1905 година кога е формиран Словенечкиот соколски сојуз, броел 115 друштва. На одржаното собрание во Нови Сад, 1919 година бил формиран Соколскиот сојуз на Србите, Хрватите и Словенците, за подоцна во 1929 година, тој да се преименува во Југословенски соколски сојуз кога веќе броел 22 жупи со 400 соколски друштва5.

Соколско движење во Македонија Лошата политичка состојба иницирала и во Македонија, најпрвин во Скопје, а потоа и во останатите македонски градови да се започне со здружување во спортски друштва за гимнастика. Носители на ваквата идеја, што ја зафатила Европа, биле креативни луѓе со големи организаторски способности, ентузијасти, особено од учителскиот сталеж, школувани во поголемите центри во окружувањето, а инспирирани од мирољубивата идеја на олимпизмот. Во Македонија се чувствувал притисокот од турската власт кој сè повеќе ги терал да се здружуваат. Голем дел од младината што се школувала во Белград веќе била запознаена со работата на гимнастичките друштва, па така една група младинци, ученици, занаетчии и трговски Enciklopedija fizičke kulture 2, 1977 Zagreb: Jugoslavenski leksikografski zavod, 278. Тимотијевић Милош, Соколи Чачка 1910-1941, Чачак 2006, 16. 5 Соколство од 1862 године до данас 3

4

9


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Основачот на гимнастичкото друштво во Кочани, Петар Иванов Панчев-Петраки

помошници започнале во 1908 година во Скопје да вежбаат гимнастика.6 Тие почнале да се организираат најпрво во просториите на митрополијата и училишните згради. Во Македонија соколството официјално се бележи во Скопје од 1908 година, кога било основано Друштвото „Душан Силни“7. Еден од плејадата на тие ентузијасти бил и основачот на спортското друштво за гимнастика „Кочани“ во Кочани, илинденецот Петар Иванов Панчев, меѓу граѓаните на Кочани попознат како учителот Петраки.

Друштво за гимнастика од Кочани од 1910 до 2016 година Во своето постоење Друштвото имало подеми и падови, во зависност од моментната политичка и економска состојба. Сепак успеало да опстои повеќе од сто години во континуитет и покрај сè. Голем е бројот на вистински вљубеници во гимнастиката, кои на многупати волонтерски приоѓале на помош за да се зачува и да не прекине оваа спортска традиција во градот. Затоа основната поделба е направена најпрво од аспект на големите политички промени кои го одбележуваат целокупното живеење и тоа на четири основни дела, кои понатаму дополнително се доработувани. 1. Првиот дел го опфаќа периодот од основањето до крајот на Втората светска војна, од 1910 до 1945 година; 2. Периодот на социјалистичката изградба од 1945 до 1965 е вториот дел; 3. Периодот на општественото самоуправување од 1965 до 1991 е третиот дел; и 4. Четвртиот дел е периодот на транзиција од 1991 до 2016 г. 6 Саша Недељковић, Соколи у Старој Србији, Соколски гласник, год. X, бр.26, 30 јуна 1939 г., стр. 3.; Д-р Т.С.Б. 7 Душан Цветковић, Соколи и соколски слетови, Београд 1998, 34. (Дипломски рад М. Стојић, Соколи)

10


ПРВ ДЕЛ

ДРУШТВОТО ЗА ГИМНАСТИКА ОД КОЧАНИ ОД 1910 ДО 1945 ГОДИНА Првиот дел опфаќа три карактеристични периоди и тоа: од основањето 1910 до 1918; од 1918 до 1930 и од 1930 до 1945. Започнува со здружување на група младинци и работење според методите на основачот на гимнастичкото друштво, Петраки. Во следната фаза следува воведувањето на соколските идеи во начинот на работење во Друштвото, а на крај е повлекувањето на Петраки и назначувањето на Франц Телбан за раководител.

Од основањето до крајот на Првата светска војна, од 1910 до 1918 година На почетокот Друштвото не располагало ниту со просторни, ниту пак со теренски услови за работа. Програмата била организирана и реализирана на отворен простор во дворот на класното училиште во Стришани (меѓу повозрасното население попознато како Метово) и во природа, во неговото непосредно окружување. Во Друштвото за почеток членувале само мажи – младинци: земјоделски, занаетчиски и трговски работници, а подоцна почнале да членуваат и ученици од горните одделенија на класното училиште, постари од 12 години. Со зголемување на нивниот број, Петраки ги поделил во две категории: мажи над 18-годишна возраст и мажи од 15 до 18-годишна возраст. Друштвото било прилагодено на нивното слободно време, затоа за почеток функционирало само во неделите и во деновите на верските празници. Со проширувањето, Друштвото почнало да работи и во работните денови од седмицата. Секоја категорија одржувала по два тренинга седмично. Во неделите се одржувале културно-забавни активности за 11


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Метово – една од постарите образовни установи во Кочани, фотографија од четириесеттите години на минатиот век

членовите, се пееле и играле македонски песни и ора придружувани од изведувачи на музички инструменти. Петраки им обрнувал големо внимание на вежбите за јакнење на мускулатурата. Работеле вежби за раздвижување на телото и на делови од телото, а исто така и за развој на основните движења: одење, трчање, скокање, фрлање, качување, борење, и др. Дури потоа ги реализирал тренинзите на предвидените содржини во училишниот двор, на импровизирани справи што ги прилагодил самиот. За реализација на вежбите на справи купил јажиња, железна шипка и кругови-алки. За скокови во далечина и во височина ископал јама и ја наполнил со песок. Јажињата за качување ги врзувал на дебела гранка од дрво, а дебелото јаже го користел и за надвлекување со јаже. Железните кругови исто така ги врзувал на дебела гранка од дрво со што добил справа за вежбање на кругови. Импровизирано вратило направил со поставување на железна шипка на два дрвени столба, а при изведување на прескоци бил прескокнуван еден од членовите на Друштвото, кој стоел поднаведнат. На негов предлог Управата ја донела првата Програма за работа на Друштвото. Таа содржела вежби за: раздвижување на телото, развој на природните движења, качување по јаже, надвлекување на јаже, прескокнување- прескоци, вежби на вратило, вежби на кругови, активности за одбележување на денот на Друштвото – Тодорова сабота, учество на 12


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Една од натпреварувачките дисцплини при организирањето на Тодорови трки била суножно скокање со вреќа

натпревари и културно-забавни активности. Програмата била дополнувана на двапати со нови гимнастички содржини. Најпрво со вежби на справи: разбој, коњ со рачки и вежби на партер, како и со едноставни вежби за учество на масовни спортски манифестации, јавни настапи или слетови. А потоа била дополнета и со вежби за развој на лесно атлетски дисциплини во брзо трчање, издржливо трчање, скок во далечина, скок во височина, фрлање кугла и фрлање копје. Со овие дополнувања Програмата била прилагодена на соколскиот систем на вежбање и соколскиот систем на гимнастички натпревари. Како што низ годините еволуирал гимнастичкиот спорт, програмата претрпувала соодветни промени, а во тие услови во Друштвото постоеле можности за развој и на други спортови и спортски дисциплини. Балканските и Првата светска војна биле причината поради која не можеле да се организираат позначителни спортски натпревари во пошироки рамки. Но значајно е тоа, што и во години на војни на Балканот, Друштвото не престанувало да работи. Членовите ја реализирале својата програма за работа, а сопствените достигнувања ги претставувале на организирани јавни настапи пред кочанската публика. Друштвото нема забележано некои позначајни резултати во работата во периодот од основањето до крајот на Првата светска војна. Еден од позначајните јавни настапи со специјално прилагодена програма на активности бил 13


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

настапот за одбележување на празникот Свети Тодор, преку организирање трки. Тој бил прифатен како патрон на Друштвото на кочанските гимнастичари. Тодоровите трки се симбол на пролетта и на младоста. Тодоровите трки најпрво се одржувале на патот во Стришанското Маало, а целта била поставена во дворот на класното училиште. Учесници биле само членовите на Друштвото. Подоцна Управата на Друштвото донела одлука на Тодоровите трки, покрај членовите, заради пројавениот интерес, да учествуваат и други граѓани од Кочани и кочанската општина. Тие од година во година станувале сè помасовни и привлекувале сè поголем број гледачи. Заинтересираните учесници претходно се пријавувале во Друштвото, наведувајќи ја притоа и дисциплината во која сакаат да се натпреваруваат. На прво, второ и третопласираниот учесник во секоја дисциплина му била доделувана награда. Наградите ги обезбедувале занаетчиите и трговците од кочанската чаршија и биле во производи. Поради зголемениот интерес на граѓаните, Управата ја променила и локацијата на одржување. Трките се одржувале наизменично на патот Штип – Кочани или на патот Царево Село (денес Делчево) – Кочани. Членовите на Друштвото, освен локацијата, трипати ја променувале и дополнувале и Програмата со нови дисциплини, за да биде поинтересна за гледачите. Кога за првпат се пријавиле за учество деца од 12 до 15-годишна возраст, таа е дополнета со дисциплини за деца. Вторпат била дополнета со хумористични дисциплини. А третиот пат, на предлог на граѓаните имало дополнување со: трка на магариња, трки на коњи и трка на велосипеди. По споменатите дополнувања Програмата за манифестацијата „Тодорови трки“ содржела: -- Брзо трчање, женски деца, на 50 метри, воведена во 1930 година; -- Брзо трчање, машки деца на 80 метри; -- Брзо трчање, помлади младинци од 15 до 18 години на 100 метри; -- Брзо трчање, постари младинци над 18-годишна возраст на 100 метри; -- Трка на 400 метри помлади младинци; -- Трка на 400 метри постари младинци; -- Трка во клинкање на една нога на 30 метри, помлади младинци; -- Трка во клинкање на една нога на 30 метри, постари младинци; -- Трка во клинкање на една нога на 20 метри, машки деца над 12 години; 14


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

-- Трка, суножно скокање во вреќи, помлади младинци на 20 метри; -- Трка, суножно скокање во вреќи машки деца 10 метри; -- Трка, одење со дрвена лажица во уста, а во лажицата – јајце, младинци 20 метри; -- Трка, одење со дрвена лажица во уста, а во лажицата – јајце, деца, 10 метри; -- Трка на магариња, 300 метри; -- Трка на коњи, 400 метри и -- Трка на велосипеди на 5000 метри.

Периодот по Првата светска војна до 1930 година По завршувањето на Првата светска војна, а на барање на актуелната власт, Друштвото за гимнастика „Кочани“, било преименувано во Друштво за гимнастика „Сокол“ – Кочани. Во истиот период денот Петровден и официјално почнал да се одбележува како патронен празник на градот. Програмата за работа на „Сокол“, а и посебните програми за одбележување на патронот биле прилагодени на новонастанатите услови. Друштвото се приклучило во одбележувањето на новопрогласениот празник и во таа чест почнало да организира и одржува уште еден јавен настап. Гимнастичкото друштво изготвило посебна програма со содржини за одбележување и на овој празник со јавни настапи, паралелно со одбележувањето на патрониот празник на Друштвото, Свети Тодор. Одбележување со јавни настапи на двата празника станало традиционално. Тие биле организирани се до 1952 година, кога од идеолошки причини престанале да се одржуваат. Гимнастичкото друштво, извесен период по 1918 година се преселило и работело во просториите на старата општинска зграда која се наоѓала во Влашкото Маало, позната уште и како Влашка црква. Зградата била јужно од средновековната Саат кула, во подножјето на ридот. Дворната површина на зградата се протегала, од сегашното училиште „Раде Кратовче“, па сè до подножјето на ридот на исток, над сегашната Соколана. Зградата била слободна, напуштена и руинирана, но големата просторија располагала со доволна височина за поставување на справите за вежбање, така што таа со своето дворно место и блиската природна околина нудела далеку подобри услови за работа, отколку училиштниот двор и околината на класното училиште во Стришани. 15


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Друштвото работело во таканаречената Влашка црква сè до 1930 година, до преселбата во новоизградениот друштвен дом, односно во Соколаната. Активностите по повод празникот Петровден содржеле: брзо трчање на 100 метри, издржливо трчање на 1000 метри, скок во височина „макази“, скок во далечина „згрчно“, фрлање кугла од рамо и фрлање копје. На одбележувањето на патрониот празник на градот Кочани учествувале помлади и постари младинци, членови на Друштвото, коишто се натпреварувале во повеќе дисциплини. Во 1928 година биле набавени две нови справи разбои – со железни шипки и коњ со рачки, кои се ваделе, па програмата била збогатена и со вежби на разбој, вежби на коњ со рачки, а коњот без рачки во ширина и во должина бил користел за прескоци, како и со содржини за вежби на партер. Есента 1928 година, откако Петраки се пожалил на нагло губење на видот, членовите на Управата на Друштвото почнале да размислуваат за негова замена со соодветно стручно лице, кое ќе ја подигне гимнастиката во Кочани на повисоко ниво. Тоа лице требало да го организира и културно-забавниот живот, и тоа не само за членовите на Друштвото, туку и за граѓаните на Кочани, за што новоизградениот дом би нудел солидни просторни услови. Во 1929 година Управата на Друштвото поднела официјално барање до актуелната општинска власт за доделување финансиски средства за вработување стручно лице во Спортското друштво за гимнастика „Сокол“ – Кочани. Тогашната власт, веќе го гледала учителот Македонец Петраки со неодобрување, па во барањето на Управата веднаш ја препознала можноста за проширување на сопствената пропаганда во Кочани и преку Соколското друштво, која до тогаш засилено била водена преку црквата и училиштата. Барањето за вработување соодветно стручно лице било прифатено и била добиена потребната согласност. Семејството на Франц Телбан било доведено во Кочани кон крајот на летото 1929 година, со посредство на капетан Дељан, командант на воениот гарнизон во Кочани, а многу влијателен како во општинската власт, така и во Управата на Друштвото. За афирмација на работата на Друштвото и за популаризација на гимнастиката во Кочани, Друштвото го користело и традиционалниот целодневен излет што го практикувале граѓаните на Кочани на празникот Ѓурѓовден. На тој ден граѓаните излегувале во природа по течението 16


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Вежба на импровизирано вратило на излет во Бавчалукот, ја изведува Тодор Минов, 1932 година

на Кочанска Река, а најмногу во месноста Бавчалук. Граѓаните врзувале јажиња на дрвјата правеле лулки и се „залулувале“. Обичај што се задржал и се практикувал речиси до денес во Кочани. На тој ден и членовите на Друштвото оделе на излет во Бавчалукот и пред насобраните граѓани демонстрирале качување на јаже, надвлекување јаже, прескокнување преку вежбач, стој на раце, движење во стој на раце и др. Ова предизвикувало интерес кај насобраните граѓани и тие самоволно и стихијно се приклучувале и учествувале во тие спортски активности и во забавниот живот со музичарите од Друштвото. По завршувањето на Првата светска војна, Друштвото учествувало на сите Покраински натпревари во гимнастика на ниво на Македонија, тогашна Вардарска Бановина. За постигнатите резултати на Друштвото на гимнастичките натпревари до неговото вселување во новоизградениот друштвен дом – Соколаната не постои сочуван пишан материјал. Но, според кажувањата на постарите членови Соколското гимнастичко друштво од Кочани било едно од поактивните гимнастички друштва во Вардарска Бановина. Соколското друштво од Кочани соработувало со останатите соколски друштва во Вардарска Бановина. Најголема била соработката со друштво од Скопје. Биле организирани и наизменични меѓудруштвени натпревари во гимнастика. 17


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Иницијатива и изградба на Друштвен дом - СОКОЛАНА Главен услов за работа на гимнастичките друштва бил просторот и можноста за изградба на наменски објект.8 Управата на Друштвото, есента 1924 година, на иницијатива на Петраки, донела одлука и доставила барање, до општинската власт, за доделување плац за изградба на Друштвен дом, кој ќе обезбедува подобри просторни услови, не само за развој на гимнастиката, туку и воопшто за културно-забавниот живот на граѓаните во Кочани. Плацот им бил доделен веќе во наредната, 1925 година. Локацијата му била на ридот, источно од плоштадот во Кочани. Управата на Друштвото формирала Комисија за изградба на Друштвениот дом, чии членови од 1925 до 1927 година ги собирале доброволните прилози од граѓаните на Кочани. Објектот бил изграден на приватна иницијатива, а по разни основи биле обезбедени средства во вкупен износ од 250 000 динари9.

Фрлање по крстот во Кочанска Река, на Водици 1930 година Соколски домови // http://www.jadovno.com/arhiva/intervjui-reportaze/articles/otvaranjesokolskih-domova.html // Саша Недељковић. 9 Ѓорги Малковски, Кочани и Кочанско во априлската војна 1941 година до воспоставувањето на бугрската окупаторска власт, Кочани и Кочанско во НОВ 1941 – 1945, Кочани 1985, 99–104. (101 од архивски необјавени документи.); Споменица двадесетпетогодишњице ослобођења Јужне Србије 1912 – 1937, Скопље 1937, 810–811, има соколско вежбалиште од 0,6 ха. 8

18


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Членовите на Друштвото во зимата 1925/26 и во 1926/27 година со доброволна работа ја ископале земјата и каменот од ридот, го подготвиле плацот за изградба, а во зимата 1927/28 година ги ископале и темелите, така што изградбата на Друштвениот дом започнала веќе во 1928 година. Во расчистувањето на плацот со доброволна работа помогнале и земјоделците од Кочани. Тие со запрежни коли го исфрлале ископот надвор од градот. Не постоел занаетчија или трговец од кочанската чаршија што не дал доброволен прилог, а и некои од побогатите земјоделци донирале финансиски средства. Од општинската каса истотака била издвоена одредена сума за побрза изградба и опремување на Друштвениот дом. Во обезбедување на потребните финансиски средства активно се вклучиле и повозрасните соколи, постари од 18 години, на верскиот празник Водици (во Кочани познат уште и како Војордан10). Во периодот од 1925 до 1929 година тие скокале во водите на Кочанска Река по чесниот крст, а потоа група соколи го носеле од куќа до куќа, од дуќан до дуќан и собирале пари. Собраните средства биле наменети за изградба и опремување на Соколскиот дом. Изградбата на Соколаната започнала официјално во почетокот на 1928 година, а целосно била изградена и опремена до почетокот на зима-

Соколскиот дом веднаш по изградбата, 1930 година Првото о во Војордан во кочанскиот говор се изговара долго, звучи како две о - Воојордан, а некои родени говорители од Кочанско го употребуваат и терминот Војордание. (Заб. на лекторот)

10

19


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

та 1929. Друштвото се вселило и почнало да работи во новоизградениот дом веднаш по новогодишните и божикните празници во 1930 година. За тогашни услови Соколскиот дом бил модерен, универзален и функционален. Се користел за вежби на справи и за културно-забавен живот на граѓаните на Кочани11. Во Домот постои спортска сала опремена со справи за вежбање и со дрвени клупи, а подоцна биле обезбедени и столови за седење на гледачите. Бината опремена со завеса е во продолжение на спортската сала, на источната страна. На западната страна над салата постои балкон, а јужно и северно две канцеларии. Салата и канцелариите се со посебни влезови. На источната страна, постојат две простории наменети за соблекувални за членовите на Друштвото, користени и како шминкерница при гостување на театарски групи или фолклорен ансамбл во Кочани итн. Овие две простории биле поврзани со два влеза од дворот и од бината. Домот има и два споредни влеза од дворот во спортската сала, едниот е од јужната страна, а другиот од северната страна. Во дворот, на јужната страна постоеле и санитарии со бетонска септичка јама. Со оваа инвестиција Друштвото добива објект со површина од 432 м2 и дворна површина од 762 м2. Покрај големите претрпени штети за време на Втората светска војна во градот Кочани, Соколаната го дочека крајот на војната без оштетувања. Домот е приклучен на електричната мрежа во 1948 година, а на водоводна и канализациска мрежа 20-ина години подоцна. Во 2002 година е реновиран и реконструиран со финансиски средства од УСАИД-ИОМ. Со неговото реновирање и реконструкцијата се подобрени и условите за работа на Друштвото и се прилагодени на посовремениот живот. Денес Соколаната, со своите димензии, не ги исполнува условите за организирање и одржување првенствени натпревари ниту за еден натпреварувачки спорт според стандардите и правилата, а може да се користи само за подготовка на гимнастичари и други спортисти.

Друштвото во Соколскиот дом од 1930 до 1945 година Новоизградениот и солидно опремен друштвен дом ги обезбедувал потребните просторни услови за развој на гимнастичките спортови во вежби на справи за мажи и за жени, како и потребните прос Во весникот „Вардар“ бр.72 од 6.4.1933 на стр. 6 во текстот: Читаоница „Брегалница“ у Кочану, е запишано: „Решено е Управата на читалиштето ’Брегалница‘ од Кочани да стапи во контакт со Управата на овдешното Соколско друштво за заедничка соработка...“

11

20


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Панорама на Кочани, дел од плоштадот со општинската зграда и зградата на Соколаната, непосредно пред Втората светска војна

торни услови за развој на културно-забавен живот на граѓаните на Кочани. Кон крајот на есента 1929 година, на предлог на Петраки и Франц Телбан, Управата на Друштвото ја донела Програмата за работа на Друштвото во 1930 година. Таа била елементарно збогатена со поатрактивни и поквалитетни вежби на справи за машка спортска гимнастика. Во спортскиот дел била проширена со вежби на справи и за женска спортска гимнастика, а во делот за културно-забавната дејност со формирање женска балетска група, машка пејачка група и оркестар од блех-музика. Донесена е и Одлука за организирање на првиот слет во Кочани во 1932 година, на кој ќе учествуваат и останатите соколски друштва од Македонија со свои вежби. Со последното проширување и збогатување на Програмата, Друштвото било целосно прилагодено на системот на соколското вежбање и на системот на натпревари на соколските друштва, според методологијата на Мирослав Тирш. Основна цел и задача на Тиршовиот систем на вежбање бил развивање на сестрана спортска личност со хармонично физички развиено тело, личност оспособена да учествува на спортски натпревари по гимнастика и на натпревари и во друг спорт или спортска дисциплина и на нив да постигнува добри резултати. 21


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Кочанските гимнастичари-соколи предводени од Франц Телбан, 1930 г.

Друштвото учествувало на спортски натпревари во екипна и во поединечна конкуренција. Во гимнастички повеќебој на справи и во повеќебој во комбинација на гимнастички и лесноатлетски дисциплини и во машка и во женска гимнастика, во задолжителен и во слободен состав на вежби. По 1930 година организираниот повеќебој за празникот Петровден Друштвото почнало да го одржува и во спортската сала во Соколаната во шест натпреварувачки дисциплини во вежби на справи – шестобој и за двете категории младинци. Целокупната организација и реализација на работите во домот веќе била задача на новоназначениот раководител, Франц Телбан.

Реализација на програмата До 1930 година Друштвото броело голем број членови за вежби на справи во машка спортска гимнастика, а со вселувањето во новоизградениот дом, Петраки и новите тренери Франц и Виргинија Телбан, преку контакти со родители, успеале уште повеќе да го омасоват Друштвото со нови членови и да создадат расположение за зачленување и на жени во Гимнастичкото друштво. Зачленувањето на жени во почетокот одело тешко, заради патријархалните сфаќања, родителите не се убедувале лесно да ги пуштаат своите ќерки да вежбаат во Гимнастичкото друштво. 22


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Членовите на кочанското Соколско друштво предводени од Франц Телбан. Од лево на десно: Франц Телбан, Слоботка Иванова, Вера Попова (сестра на Благој Попов), Луиза Мировска, Слоботка Манчева, Костадинка Крушарска, Блашка Тодорова, Марика Техова и Цвета Ѓоргиева

Први членови на Друштвото од женската популација биле Евгенија – ќерката на Франц, Марија – ќерка на Петраки и Коцка – ќерка

Млади членови на Балетското соколско друштво во Кочани во 40-тите години

23


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

на Ефтим Крушарски, а потоа за кратко време членството почнало да се зголемува. Се зачленувале сестрите на машките членови, но и други. Така постепено создавајќи расположение за 2 до 3 години во Друштвото вежбале на справи и жени, а настапувале и во Балетската група „Сокол“. Тренинзите се одржувале по седмичен распоред поодделно за секоја категорија членови, во организација и реализација на професионално обучените тренери Телбан. Спортистите изведувале вежби за јакнење на телото и стекнување кондиција. Потоа елементарно ги обработувале вежбите на справи и ги поврзувале во целини. Вежбите биле за максимално оспособување за учество на натпревари, гимнастички академии и јавни настапи.

Учество на спортски манифестации и на натпревари Друштвото ги презентирало своите постигнувања на организирани спортски манифестации и на спортски натпревари пред граѓаните на Кочани и пошироко во Вардарска Бановина и во Кралството Југославија. За афирмација на Друштвото и за популаризација на гимнастиката, биле организирани и одржувани поголем број гимнастички академии не само во Кочани, туку и во други градови Виница, Царево Село/ Делчево, Пехчево, Берово и др. како и во некои поголеми селски населби: Оризари, Зрновци, Злетово и др. Гимнастичките академии секогаш на крајот завршувале со игранка на членовите на Друштвото и граѓаните кои биле посетители на гимнастичката академија.

Гимнастички настап на плоштадот во Кочани

24


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Слетска вежба на плоштадот пред зградата на Општината, 1932 г.

Веќе традиционално биле организирани активности за одбележување на Тодорова сабота, а гимнастички академии за Петровден. Во организација на Друштвото, во 1932 година на плоштадот во Кочани е одржан гимнастичкиот слет. Тоа бил прв слет одржан во по-

Учесници на соколски слет во Кочани со начелник Франц Телбан, во свечени униформи

25


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Слетска вежба на плоштадот пред општинската зграда и Соколаната – мажи

Слетска вежба на плоштадот пред општинската зграда и Соколаната – жени

26


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

краината Вардарска Бановина на кој учествувале соколските друштва од Македонија. На него учествувале гимнастичките друштва од Кочани, Штип, Велес и Скопје, со слетски вежби, а свои претставници како посматрачи испратиле и други гимнастички друштва. Во овој период членовите на Друштвото учествувале и на повеќе места на масовни спортски манифестации/ слетови во: Скопје, Суботица, Љубљана, Загреб, Белград и други. Друштвото учествувало речиси на сите гимнастички натпревари во покраината Вардарска Бановина, а има учествувано и на Настап на балетската група гимнастички натпревари во Кралството „Сокол“ при осветувањето Југославија. Гимнастичкото друштво на училиштето во селото Блатец, 14 мај 1933 г. „Сокол“ од Кочани имало свој настап и при осветувањето на училиштето во селото Блатец на 14 мај 1933 година12. Истата, 1933 година во периодот од 22 јули до 10 август Соколското друштво од Кочани, заминува на екскурзија по Шумадија со свои програмски точки во кои има гимнастички вежби, балетски и ритмички вежби; на пропагандниот плакат се споменати имињата на Илија Илиев и на Коцка Крушарска13.

Дел од репертоарот на Соколското друштво од Кочани, со кој се претставувале на екскурзијата низ Шумадија (Србија, 1933) Податок сочуван во семејниот албум, запишан од Коцка Крушарска Гиздавиќ. Од пропагандниот плакат, користен за време на споменатата екскурзија.

12 13

27


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Постигнати резултати Според постигнатите резултати на гимнастичките натпревари Друштвото за гимнастика од Кочани во времето на Петраки било едно од поактивните друштва, додека во времето на Телбан тоа станало и водечко друштво во ПВБ. На гимнастичките натпревари на ниво на Покраина, повеќепати освојувало второ место, а има освојувано и прво место во поединечна и во екипна конкуренција. Друштвото учествувало на гимнастички натпревари во вежби на справи и во повеќебој и на ниво на Кралство Југославија на кои забележало добри резултати14. Не успеавме да обезбедиме запишани податоци за постигнатите резултати на Друштвото од овој период, иако со резерва ги наведуваме резултатите на Илија Илиев-Чоко, кој го освоил 9. место во десетобој на ниво на Југославија на гимнастичкиот натпревар одржан во Загреб во 1934 година, податоци сочувани во меморијата на неговите современици и пренесувана на помладите генерации гимнастичари. Поголем број имиња се зачувани во меморијата на нашите сограѓани и со восхит се пренесувани нивните резултати на покраинско ниво

Дел од кочанските соколи на скалите пред влезот на Соколскиот дом во Кочани, предводени од Франц Телбан, втор од лево е Тихомир Ефтимов, до него во вториот ред Димитар Цеков, прв од десно е Марко Шивачо, втор од десно е Ефтим Чупичо Според кажувањата на тогашните гимнастичари, забележани од авторот на текстот.

14

28


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

на следните генерации. Во машка спортска гимнастика се истакнуваат имињата на: Киро Ефтимов-Рико, Тишо Ефтимов, Крум Апостолов-Кљуко, Тодор Минов-Шатето, Јордан Ампов, Киро Андонов Ананиев, Илија Илиев-Чоко, Митко Тодоров, Димитар Цеков, Борис Христов, Благој Наков, Јордан Димитров, Методи Ефтимов и др., додека во женска спортска гимнастика останале забележани: Коцка Крушарска, Марија Јованова, Евгенија Телбан, Луиза Коцева, Вера Попова, Благородна Тодорова и др. Интересно е дека гимнастиката во тој период побудила голем интерес, станала атракција за граѓаните на Кочани. Ова го потврдувало и присуството на сè поголемиот број гледачи на гимнастичките академии. Во наредниот период дури честопати, со намера да го зголемат бројот на посетители за филмовите со послаба посетеност, најавувале настап на гимнастичарите за време на паузите или пред почетокот на филмот, за да ја зголемат посетеноста. Пред почетокот на филмот публиката била замолувана за максимална тишина при изведување на вежбите. По тоа група гимнастичари изведувале вежби на партер, разбој или вратило. Особено се барала апсолутна тишина при изведување на таканаречениот „велеобрт“ на вратило или салто назад од Илија Илиев-Чоко и од Методи Ефтимов. Завршувањето на вежбата гледачите ја поздравувале со голем аплауз. Не го занемаруваме и податокот дека најсоколско семејство во Кочани било семејството на Тодор Ефтимов-Грдовјански. Неговите четири сина и ќерката биле членови на Соколското друштво.

Културно-забавната дејност на Друштвото Една од задачите на Друштвото во периодот на Петраки била организација на културно-забавниот живот и разонода на членовите. Најпрво тоа се состоело од слушање македонска музика, песни и ора кои се негувале во Кочани и кочанскиот крај. Членовите на Друштвото кои знаеле да свират на музички инструменти формирале и група инструменталисти. Забавниот живот во почетокот бил предвиден само за членовите на Друштвото. Со изградбата на Друштвениот дом биле остварени просторни услови за проширување на културно-забавната дејност и за останатите граѓани на Кочани. Оркестарот започнал со работа есента 1930 година. Се пееле македонски и српски песни. Блех-оркестарот почнал да работи во почетокот на 1931 година. Неговиот состав броел 18 членови, дувачи на блех-инструменти. Биле свирени претежно српски маршеви. 29


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Монополскиот оркестар во Соколаната

Во саботите, неделите и во претпладневните часови на празниците Друштвото организирало матине за забава и разонода на граѓаните на Кочани. Во попладневните часови биле организирани игранки. Биле воведувани и помодерните салонски игри како: тангото, валцерот...

Соколски оркестар од четириесеттите години на 20 век

30


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Детска театарско-балетска претстава во Соколскиот дом кога со него раководел Франц Телбан, 1939 година

Со изградбата на Соколаната, српската музика сè повеќе доминирала на репертоарот на тамбурашкиот оркестар, а македонската музика била истиснувна. Тамбурашкиот оркестар настапувал со свои музички точки повремено и на гимнастичките академии, а биле организирани и концерти, изложби, театарски претстави. Во спортската сала настапувале и музички и патувачки театарски групи. Оркестарот од блех-музика настапувал за време на спортските манифестации при прославите на Тодорова сабота и на Петровден, како и на други значајни денови – државни празници на кои оркестарот и членовите – соколите на Друштвото парадирале низ кочанските улици, предводени од Франц Телбан. Во 1934 година финансиските средства на Друштвото биле намалени, поради што најпрво престанале со работа музичките оркестри. Една бројка од пејачите и тамбурашите се вработиле во монополот и станале членови на Монополското музичко друштво. Во Гимнастичкото друштво останал мал број членови, тамбураши. Тие продолжиле понатаму во Друштвото со својата активност и настапувале на организирани матинеа, игранки и гимнастички академии.

31


ПРИЛОГ-ФОТОГРАФИИ ШТО ГО НАДОПОЛНУВААТ ПЕРИОДОТ ОД ОСНОВАЊЕТО ПА СÈ ДО КРАЈОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА; 1910 – 1945 ГОДИНА

Од лево на десно соколите: Крум Цеков, Тодор Минов-Шатето, четвртиот е Франц Телбан, Благој Џидров, Крум Арсов, Киро Андонов и Киро (презимето е непознато за авторите)

Кочански соколи, во четириесеттите, во средината е тренерот Телбан, десно од него: Ефтимов, Чупичо Продавачо, Крум Цеков, Марко Шивачо и Спасов

32


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Кочанските гимнастичари и гимнастичарки во четириесеттите години на минатиот век

Крум Цеков-Ѕекарски, еден од првите генерации спортисти кои вежбале во новоизградениот Соколски дом

33


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Во делот на културно-забавниот живот бил организиран и избор за убавица. На фотографијата пред Соколаната е овековечен еден таков настан. Титулата ја добила Голубинка Андонова, четврта од десно кон лево во вториот ред.

Во 1935 година кочанските гимнастичари учествувале на меѓужупскиот натпревар ор­ га­низиран во Софија. Фотографирани се пред споменикот на рускиот цар Александар II

34


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Тодор Минов-Шатето демонстрира стој на раце на разбој во дворот на Соколскиот дом, 1933 г.

Кочанските гимнастичари во почетокот на четириесеттите години

35


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Кочанските соколи пред настап на слет во Куманово. Од лево на десно (стојат): Ефрем, Дафина Арсова, Славка Ласкова, Костадинка Крушарска, Лефтерка Ангелова, Вера Попова, Блашка Тодорова, Нада Спирова, Захарија Тодорова и Коце Манев. Зад нив стојат: Митко Тодоров, Тодор Минов и Крум Апостолов. Во долниот ред се: Јордан Арсов, Деница Иванова и Крум Цеков. 6.11.1939 година

Учество на парада

36


ВТОР ДЕЛ

ДРУШТВАТА ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ И СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА „ПАРТИЗАН“ ВО ПЕРИОДОТ ОД 1945 ДО 1965 ГОДИНА Влијанието на општествено-политичката состојба во работата на гимнастичките друштва Македонија во повоениот период сè уште ги чувствувала последиците од војната. По ослободувањето претстоела обнова на земјата, а потоа изградба и развој на стопанството. Во таканаречениот административен период во поглед на развојот на спортот, поконкретно на гимнастичкиот спорт, новоформираната власт ги сметала соколските организации за профашистички ориентирани и не дозволувала нивно обновување. Имотот им бил конфискуван во целост во корист на новоформираниот Сојуз за телесно воспитување Партизан, како на сојузно така и на републичко ниво. Новоформираната гимнастичка организација, раководејќи се според добиените насоки започнала да спроведува масовни фискултурни приредби и манифестации од типот на пролетен и есенски крос, Титовата штафета, градско-околиски слетови, народен повеќебој и други активности со масовен карактер и тоа веднаш по ослободувањето. Основната тенденција била што поголема масовност во спортските манифестации. Тие претставувале своевиден испит за друштвата за телесно воспитување Партизан и нивната подготвеност на полето на физичката култура15. Сојузот за телесно воспитување Партизан на ниво на Југославија се трансформирал во два посебни сојуза со свои програми и системи за натпревари и тоа: НМ бр. 3288, од 18 јуни 1955, стр. 8; Републичкото првенство во народен вишебој ќе се одржи во Титов Велес. 15

37


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

-- Гимнастички сојуз на Југославија и -- Сојуз за физичко воспитување и спортска рекреација Партизан на Југославија. А на републичко ниво на Македонија останува единствен сојуз – Сојуз за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ на Македонија. Слетовите биле првите помасовни спортски активности. Првиот републички фискултурен слет се одржал веќе во 1945 година. На него се појавиле 4 500 учесници, тој број веќе во 1948, на третиот по ред слет, се зголемил на 9 950, додека за четвртиот се очекувало значително зголемување од околу 40 000 учесника16. Од 1948 година започнале да се организираат натпревари во народен повеќебој, почнувајќи од селата и градовите, па сè до републички и сојузни натпревари. Гимнастичките друштва биле повикувани да работат на издигнување и развивање и на останатите спортови и спортски содржини. Насоките добиени на сојузно ниво оделе во правец друштвата за гимнастика да прераснат во спортски друштва, во кои освен водечкиот гимнастички спорт ќе се формираат и ќе бидат негувани и други натпреварувачки спортови и спортски дисциплини. Како резултат на таквите насоки на 28 септември 1949 година во Македонија било организирано првото гимнастичко првенство во одбојка, во неколку различни категории. Гимнастичкото друштво од Кочани, како едно од поактивните друштва во Македонија се пријавило за учество во категоријата младинци во конкуренција на девет екипи17. Гимнастичките друштва, освен воведување на нови спортски содржини, имале задача преку својата програма поактивно да ја вклучат и селската младина во фискултурните активности, и тоа преку формирање на спортски друштва во СРЗ, како и организирање натпревари за значка на фискултурникот на повеќе нивоа. Гимнастичките одбори ја имале главната задача во организирање натпревари за значката на фискултурникот. Споменатата активност била успешно реализирана во Кочани18. Гимнастичкото друштво од Кочани било едно од првите и во организирање на едномесечен курс за оспособување на предњачки гимнастички раководители за СРЗ, курсот НМ бр. 1690 од 11 јуни 1950 година, стр. 4 ; Денеска се одржува четвртиот републички фискултурен слет. 17 НМ, бр. 1473 од 30.9.1949, стр. 4.; Во Скопје е одржано првенство на гимнастичките друштва на Македонија. 18 НМ бр. 1491 од 21.10.1949, стр. 4; Во нашата Република досега се пријавени 7 349 натпреварувачи и 9 572 пионери. 16

38


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

бил реализиран во периодот од 20 декември 1949 година19. Нивната работа, во согласност со духот на новиот систем требало да биде на волонтерска основа. Фискултурниот сојуз на Македонија, на седмиот пленум, ги истакнал исклучителните достигнувања на Гимнастичкиот сојуз во реализацијата на доделените задачи: Пролетниот крос, Титовата штафета, околиските и градските слетови, народниот повеќебој и сл.20 Новонастанатите промени во организацијата Партизан, доведуваат до промени и во Програмата за работа на Друштвото веќе од натпреварувачката 1951/52 година. Тие се одвиваат паралелно и на републичко ниво, а понатаму и на локално по клубови, Програмата за работа на Гимнастичкото друштво од Кочани за натпреварувачката 1951/52 година била конципирана според Програмата на Сојузот за физичко воспитување и спортска рекреација Партизан на Македонија. Во неа веќе од 1951 година активностите за одбележување на Денот на Друштвото и Денот на градот се повлекуваат од идеолошки причини. За празник на друштвата за гимнастика на државно ниво бил земен 25 мај, роденденот на Тито, кога се одржувале најпрво околиски слетови, а подоцна и сојузниот слет. Извршниот одбор на Партизан – Сојуз за телесно воспитување во Македонија на почетокот на тековната година излегувал со разработен календар за спроведување на предвидена програма на сојузот, до која се придржувале сите друштва. Како пример приложуваме дел од календар за 1952 година кој опфаќал неколку основни содржини кои се повторувале во основа и во останатите години со делумни отстапувања: Најголемата и најмасовната доверена задача на Партизан била организацијата на Титовата штафета, што вклучувало еден цел процес на планирање и работа. Освен штафетата, календарот на Партизан бил разновиден и богат со јавни настапи и натпреварувања на друштвата и на спортските чети21: -- 15 март до 15 април пролетни кросови, -- 4 мај – Републичко првенство во вежби на справи, НМ бр. 1551 од 31 12.1949. стр. 4, Во неколку околиски центри во НРМ се одржуваат курсови за гимнастички раководители при СРЗ. 20 НМ бр. 1476 од 4.10.1949, стр. 4.; Одржан е седми пленум на фискултурниот сојуз на Македонија. 21 НМ бр. 2212 од 18 јануари 1952, стр. 4; Богат програм на организацијата „Партизан“ со јавни настапи и натпреварувања. 19

39


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

-- 18 до 22 мај – Титова штафета, -- 25 мај – околиски слетови, -- 8 јуни – републичкио првенство во народен повеќебој во Скопје, -- 22 јуни – учество на државно првенство во вежби на справи во Љубљана, -- 1 јули до 31 август – две логорувања на 400 членови на Партизан, кои ќе бидат оспособени за предњаци по партизанските друштва и чети, -- 21 септември – учество на народен повеќебој во Белград, -- 11 октомври – окружни слетови, -- 1 до 30 октомври – есенски кросови, -- 29 ноември – друштвени академии, -- 31 декември – организиран дочек на Нова година. Речиси сите друштва и чети се придржувале до ваквиот концепт на програма.

Друштвото за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ – Кочани во периодот од 1945 до 1965 година Друштвото за гимнастика во Кочани по ослободувањето без тешкотии ја продолжува работата со преименување во согласност со наведените промени кои ги бара новиот систем на управување. Најпрво е преименувано во Друштво за телесно воспитување Партизан – Кочани, а од 1951 година во Друштво за физичко воспитување и спортска рекреација Партизан – Кочани. Соколаната е именувана во Друштвен дом „Ване Грдовјански“ – Кочани. Целокупниот спортски и културно-забавен живот на граѓаните во Кочани сè уште е концетриран во Друштвениот дом. Во Домот работи градско кино, аматерска театарска група, се организираат матинеа и игранки, а повремено во спортската сала во Домот се организираат и концерти, настапи на фолклорни ансамбли, изложби на ликовни уметници и др. Ваквите отежнати просторни услови се бележат сè до 1951 година, кога градското кино и аматерската театарска група се преселуваат во наменски изграден објект за култура. Во поглед на гимнастичкиот спорт Друштвото во Кочани до натпреварувачката 1950/51 година работи и се подготвува според Програмата на Сојузот за телесно воспитување „Партизан“ на Македонија. 40


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари во Македонија, фотографирано во Скопје веднаш по ослободувањето, на семинар за тренери, Кочанчани: втор од лево кон десно e Ило Чоко, деветти е Методи Ефтимов Пајако, единаесетти е Крум Кљуко.

Во Програмата за развој на гимнастичките спортови во вежби на справи, за мажи и понатаму се застапени 6 дисциплини: вежби на вратило, разбој, кругови, коњ со рачки, партер и прескоци, додека за жени се застапени 4 дисциплини: вежби на двовисински разбој, греда, партер и прескоци. Во Програмата за развој на рекреативниот спорт пак, застапени се содржини и активности за масовно вежбање и натпреварување по програма партизански повеќебој. Во Програмата беа застапени и активности за развој на други спортови. Секоја година, почнувајќи од 1948 се организирани натпревари во народен повеќебој, од градски и околиски па сè до републички и сојузни нивоа на кои „Партизан“ од Кочани активно се вклучувал22. Со Програмата за масовно вежбање се предвидуваа и беа застапени вежби за настап на масовни манифестации, јавни настапи и слетови. Рекреативното вежбање беше корисно за запознавање на пионерските и јуниорските категории со основите на повеќе разновидни спортови и за мажи и за жени, за полесна селекција на таленти за понатамошен развој на спортовите и на спортските дисциплини. НМ. Бр.3288 од 18 јуни 1955, стр. 8; Републичкото првенство во народен вишебој ќе се одржи во Титов Велес. 22

41


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Квалитетот и развојот на гимнастиката во Кочани извесен период беше успорен, заради насоките кои пристигнуваа на сојузно ниво со идеја за спортско друштво во кое ќе егзистираат нови содржини и активности за развој и на други спортови: одбојка, ракомет, кошарка, пинг-понг, карате, борење и сл. Негативниот ефект беше видлив најмногу во недостаток на слободни термини за тренинг на гимнастичарите, а и финансиски го исцрпуваше Друштвото. Сепак, ваквата состојба имаше и позитивна страна, бидејќи Друштвото за гимнастика Партизан – Кочани има големо значење и придонес за развојот и на другите спортови во градот Кочани. Вака конципирана Програмата за работа на Друштвото за гимнастички спортови во Кочани беше организирана и се реализираше по спортски секции: Секција за спортска гимнастика; за рекреативен спорт; за ракомет; за борење слободен стил; за карате; за пинг-понг и др. Многу често истите лица се натпреваруваа и во неколку различни спортски дисциплини. Стручната работа во Друштвото е реализирана плански и систематски, според утврден седмичен распоред на тренинзи. Гимнастичарите, борачите, каратистите и пингпонгарите работеа во сала, а ракометарите и кошаркарите работеа на отворени терени-игралишта во игралиштето на Друштвото, во училиштните дворови и на градскиот стадион. Добрата работа во секциите придонесе спортистите брзо да напредуваат, па ентузијазмот и желбата да се натпреваруват го направија свое-

Гимнастичари на ДТВ Партизан, 1955 година

42


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Парада 1956 г., со учесници гимнастичари

то. Се формираа квалитетни екипи во борење-слободен стил, кошарка, ракомет, карате и пинг-понг и се вклучија под името Партизан – Кочани во републичките системи на натпревари за првенства на Македонија. Постигнатите солидни резултати на републичките натпревари за првенства на Македонија придонесоа спортските секции во Друштвото да прераснат во спортски клубови, кои квалитетно и брзо напредуваа и за кратко време ги надминаа просторните, теренските, финансиските и кадровските можности на Друштвото па пројавија желба за нивно издвојување и организирање во самостојни клубови. Со тоа беше надживеана идејата Друштвото за гимнастика да прерасне во спортско друштво со поголем број спортски клубови. Тогашниот претседател на Сојузот за телесно воспитување во Македонија, Ристо Бајалски, во својот реферат за работата на гимнастичките друштва во Македонија во 1952 година, наведува неколку гимнастички друштва во Македонија кои се издвојуваат со својата редовна работа во текот на цела година. Меѓу нив ја истакнува и работата на Друштвото од Кочани23. Истиот во својот реферат на пленумот на СТВ Партизан во Скопје, одржан на 14 јуни, наведува дека во Кочани е формиран Околиски одбор на Партизан24. НМ бр. 2256, од 9 март 1952 стр. 4 продолжение од 1; Организирањето на нови друштва „Партизан“. 24 НМ бр. 2338 од 15 јуни 1952 стр. 7; Пораст и напредок на организацијата „Партизан“. 23

43


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Друштвото организираше гимнастички академии со однапред подготвена програма од академски состави – вежби, за поголема популаризација и афирмација на гимнастиката. Програмата секогаш на крајот завршуваше со правење пирамида – симбол на организацијата „Партизан“ (симбол на победата и на слободата). Гимнастички академии беа организирани и во околните населени месата: Виница, Делчево, Пехчево, Берово, Пробиштип, Кратово и на други места, а не само во Кочани. На нив речиси секогаш учествуваше и оркестарот, како и соло-пејачите. По изведувањето на програмата се продолжуваше со игранка, на која членовите на Друштвото се дружеа со граѓаните од околните градови. Друштвото учествуваше на сите првенствени натпревари во партизански повеќебој за Републичко првенство на Македонија, како и на натпрварите во машка и во женска спортска гимнастика. Екипите, кои обезбедуваа први места на републичкото, учествуваа и на државните првенства. Учествуваа на турнири по разни поводи, како на турнирот во Струмица, кој имаше повеќе егзибициски карактер, со цел да се популаризира гимнастиката меѓу граѓаните на Струмица и др. Учествуваше на Првомајските паради, на кои се прикажуваше целокупниот развиток на општина Кочани. Учествуваше во носење штафета на младоста.

Штафетата на младоста била една од активностите на друштвата за гимнастика

44


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Просторно-финансиски услови и кадровската екипираност за функционирање на Друштвото Во поглед на кадровското прашање за непречено функционирање, непосредно по ослободувањето Друштвото е исправено пред сериозен проблем. Пред крајот на окупацијата, Франц Телбан заминува од Кочани, па Гимнастичкото друштво остана без тренер. Овој проблем е надминат благодарение на ентузијазмот на веќе повозрасните членови на Друштвото, поранешни гимнастичари. Тодор Минов-Шатето ја прифаќа стручната работа, а повремено се вклучуваа и му помагаа и Методи Ефтимов-Пајакот, Крум Апостолов-Кљуко и Костадинка Крушарска – за женската екипа. Сите тие беа тренери-волонтери, какви што во тој период беа и насоките на сојузно ниво. Гимнастиката во Кочани на самиот почеток на административниот период стагнираше. Постарите членови-соколи одминуваа, а приливот на нови членови беше сè уште мал, иако за многу кратко време се преструктуира и започна да забележува позитивни резултати. Тренерите беа на висина на својата задача, и покрај ретките слободни термини за работа во сала. Тековното работење делумно беше финансирано од сопствени средства, обезбедени од членарина и од продадени влезници при организираните матинеа и игранки, како и од донации од работните организации.

Гимнастичари во Македонија, на семинар за тренери, фотографирано во Скопје во дворот на Соколскиот дом, веднаш по ослободувањето. Од ДТВ Партизан од Кочани присутни: 2. Илија Илиев-Чоко, 10. Методи Ефтимов-Пајако и 14. Крум Апостолов-Кљуко

45


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Веќе во 1951 година Друштвото добива средства за постојано вработување на две лица и тоа: еден тренер по спортска гимнастика и еден домаќин-хигиеничар. Како тренер по спортска гимнастика во периодот од 1952 до 1955 г. беше вработен Драган Илиев познат како Гано Цијако, гимнастичар, шивач по занимање. Со женската екипа волонтерски работи Костадинка Крушарска. Иако постигнатите резултати покажуваат успех, веќе се појавува критика на адреса на Управниот одбор кој целата работа ја остава на платеното лице само да ја извршува25. На работното место домаќин-хигиеничар беше вработен: Тоде Кртичо, па Томе Ѓуришо, а по него во подоцнежниот период продолжува Иван Алексов-Плавио. Во 1952 године се организирани едномесечни курсеви за оспособување стручен кадар за работа со спортисти – предњаци. Сочувани се писмени податоци за три пријави за женски предњачки курс кој се состоел од вкупно 224 часа од кои 176 практични и 48 теоретски часови, реализиран во Скопје26. За машкиот курс не успеавме да обезбедиме податоци за бројот на посетителите од Кочани. Од почетокот на 1955 година, Сојузот за телесно воспитување излегува со податоци за осетно намалување на бројот на членството, а особено за слабата вклученост на селската младина. Причината ја гледаат во недоволниот стручен кадар и недостаток на спортски објекти27. Началникот Ило Салтиров на Годишното собрание за работата на Друштвото покрај различни успеси и неуспеси исто така го споменува и проблемот со раководен кадар28. По напуштањето на Гано Илиев од тренерската позиција во 1956 година, на распишаниот оглас за вработување нема пријавени кандидати, па стручната работа во Друштвото продолжува на волонтерска основа од Јордан Манов и Ѓорги Тодосиев. Повремено тренинзи со спортистите реализираат и други вљубеници во спортската гимнастика: Методи Ефтимов-Пајако, Нико Заов, Лазар Стојков, Босилка Димитрова-Бопчето, а подоцна и Валентин Бобришев, Илија Кушевски и др., исто така како волонтери. Во овој период веќе се забележува промена во структурата на членството. Од претежно работничка младина, сега повеќе од 90 % на членовите во Друштвото се ученици од основните и средните училишта и студентска младина. Од 1961 година Ѓорги Тодосиев-Гоше заминува на студии во Скопје, НМ бр. 2223 од 31 јануари 1952 г; Еден член ги врши сите работи на Управата на ТВД „Партизан“ (Кочани). 26 НМ бр. 2268 од 23 март 1952, стр. 3; Се оспособуваат нови предњачки кадрови. 27 НМ бр. 3221 од 30 март 1955, стр. 8; Недостиг на стручен кадар. 28 НМ бр. 3449 од 24 декември 1955, стр. 8; Годишно собрание на ДТВ „Партизан“ од Кочани. 25

46


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

а Јордан Манов сам продолжил да ја координира стручната работа во Друштвото. Јордан Манов нема физички можности да ја покрива стручната работа сам, затоа Друштвото е принудено да ги ангажира наставниците по физичко воспитување, вработени во училиштата во Кочани. Тие бараат да им бидат хонорирани тренинзите како што се хонорирани часовите во училиштата. Со тоа волонтерската работа во Друштвото е веќе надмината. Проблемот со стручниот кадар не е само во Друштвото во Кочани, ами тоа се појавува како главен проблем во цела Македонија. Според одредени статистики бројот на предњаци од 375 во 1962 година на државно ниво, се намалил на 191 во 1965 29. Како резултат на недоволната кадровска екипираност започнало осипување на членството, па и до згаснување на одредени друштва30, за среќа Друштвото во Кочани и покрај тешкотиите со големиот ентузијазам на поединци успеа да се избори и со овој проблем. Кај гимнастичари поединци, квалитетот на изведувањето на вежбите на справи одеше по нагорна линија и постигнуваа добри резултати и покрај проблемите со кои се соочуваше раководството. Опстанокот на Друштвото за гимнастика во Кочани во последните години на овој период бил исклучително тежок. Честопати неговите членови биле принудени сами да собираат средства за патувањата на републичките првенства. Да бараат помош за купување реквизити, за реновирање на салата, за најосновните потреби за опстојување на Друштвото, постојано чукајќи од врата на врата. Се наоѓале на работ на опстојувањето. Ама како што забележал и новинарот Миодраг Мицковиќ во својот новинарски запис: „... Не потклекнаа. Се натпреваруваа, се бореа за секој поен на својата екипа, постигнуваа успеси и покрај тоа што работеа и тренираа само под раководството на еден човек, гимнастички ентузијаст, Јордан Манов, кој дури не е ни наставник по физичко воспитување, туку геометар...“31.

Подготовки на Друштвото за натпревари Подготовките на Друштвото се одвиваа во две фази, по однапред утврдена програма, за летни и за зимски подготовки. Стручната работа во Друштвото се организираше и реализираше плански и систематски, во текот на целата година, по утврден седмичен распоред на часови за тренинзи за сите пионерски, јуниорски и сениорски категории. Од крајот на јули до почетокот на август се правеше НМ бр. 6859 од 18 ноември 1965, стр. 10; Немање пари или незаинтересираност. НМ бр. 6858 од 17 ноември 1965, стр. 10; Наместо напред – назад. 31 НМ бр. 7018 од 30 април, 1 и 2 мај 1966, стр. 32; Кочанчани се гордеат. 29

30

47


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

пауза во работата. А се паузираше и од крајот на декември до средината на јануари. Според Програмата, во текот на летните подготовки поголем акцент се ставаше на физичката подготвеност – на кондицијата на членовите, а во зимските подготовки акцентот се ставаше на техничката подготвеност на членовите за јавни настапи и натпревари. Целта на подготовките беше членовите од сите категории што побрзо и подобро да бидат оспособени и подготвени за настапи и натпревари во вежби на справи и да одржуваат добра форма и кондиција во текот на целата натпреварувачка година. Во почетокот и летните и зимските подготовки Друштвото ги организираше и реализираше во гимнастичката сала. Од 1955 година летните подготовки почнаа да се организираат и да се реализираат и на отворен простор, во природа, во планински амбиент на организирани логорувања.

Логорувања на Друштвото Првите логорувања почнувајќи од 1955 година беа организирани во местото Брбушница на планината Плачковица, сè до предавањето на воениот полигон на месноста Пониква, на планината Осогово, во владение на Општина Кочани, кога логорувањата започнаа да се организираат таму. Престојот на чист воздух во планина, брзата аклиматизација и прилагодување на членовите на колективен живот во природна средина на планина, како и работните задачи, должностите и одговорностите на членовите во логорот беа од големо значење за јакнење на здравјето и за воспитување на членовите, особено на младите членови од пионерските и од јуниорските категории. За успешно организирање и реализирање на Програмата за логорување во планина најпрво се правеше темелна подготовка. Се одредуваше место во планина за подигање на логорот. Се обезбедуваше превоз за спортистите, гимнастичките справи и дотур на огревно дрво за кујната и на прехранбени производи и др. Членовите на Друштвото се обучуваа како да се подготват за логорување во планина. Се обезбедуваше простор и шатори за спиење, кујна, магацин. Се ангажираше готвач и се обезбедуваше прибор за кујната. Се набавуваа прехранбени и земјоделски производи за логорување во траење од три седмици. Се ангажираа стручни работници, кои ќе ги водат тренинзите. Се обезбедуваше и рачна аптека со лекови и медицинско лице за контрола на здравјето и на хигиената во логорот и кујната. Потоа се обезбедуваше екипа за подготовка на логорот, поставување на шаторите, подготвување на спортски 48


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Логорување на месноста Брбушница на планината Плачковица, 1955 г.

полигон, санитарен простор и сл., како и подготвување на полигонот и поставување на справите за вежбање. Првото логорување на Друштвото на планината Плачковица во м.в. Брбушница, беше организирано и реализирано со помош на работните организации од општина Кочани. За спиење на членовите од пионерските категории се користеше слободната шумска куќа, сопственост на ШИК „Борис Кидрич“ – Кочани. Во шумската куќа, просторот на катот се користеше за спиење на пионерите, а приземјето за кујна, магацин и фурна. Сите останати членови спиеја во шатори. Со камионите, за превоз на огревно дрво и трупци за индустриската преработка во комбинатот „Борис Кидрич“ се реализираше транспортот. ДНЗ Кочани обезбедуваше медицинско лице. Основни прехранбени и земјоделски производи донираа Земјоделскиот комбинат „Кочанско Поле“ – Кочани, „Жито ориз“ – Кочани, земјоделските задруги од Зрновци, Горни Подлог и Тркање, како и „Нова трговија“ и Црвениот крст – Кочани. Учесниците уплатуваа минимални средства за логорувањето кои беа наменети за купување месо и млечни производи од мандрата, подигната на планината Плачковица, а и за обезбедување готвач за логорот. 49


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Логорување на месноста Брбушница на планината Плачковица, 1955 г.

Животот во логорот беше добро организиран. Денот започнуваше со пеење на химната и кревање на знамето на јарболот, а се завршуваше со читање на дневната заповед, со која се одредуваше дежурен и заменик-дежурен во логорот, се одредуваше одделение за помош и работа во кујната и фурната, дежурни ноќе во шумската куќа, по што се спушташе знамето од јарболот. Во текот на денот се извршуваа повеќе работни задолженија. Членовите сами ја одржуваа хигиената во логорот, го подготвуваа спортскиот полигон, ги поставуваа справите за вежбање, ја одржуваа личната хигиена и др. Членовите од јуниорските и сениорските категории од 22 до 8 часот, на секои два часа се менуваа на дежурство во зградата каде што спиеја членовите од пионерските категории. Спортско-рекреативните активности беа реализирани по однапред утврден распоред во претпладневните часови. Тоа беа тренинзи за стекнување брзина, издржливост, сила, кондиција и др. За таа цел се применуваа вежби за развој и усовршување на природните движења: одење и трчање по нерамен терен, качување по јаже, наизменично одење и трчање во должина од 5 км, фрлање ѓуле, фрлање дрвена бомба во цел, скокање во должина и во височина, ориентационо одење во шума и др. 50


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Основната цел на летните подготовки беше физичка подготвеност за стекнување кондиција, а природната средина во планина нудеше идеални услови за тоа, преку формата на логорување и преку разработка и усовршување на спортско-рекреативните активности. Техничката подготовка не се занемаруваше во ниеден случај, иако се одвиваше со послаб интензитет и само во попладневните часови. На тие тренинзи беа составувани и увежбувани вежби на справи, за натпревари во слободен состав за претстојните републички првенства, како и за организирани турнири, јавни настапи и гимнастички академии. Вежбите беа составувани од претходно обработени атрактивни елементи во слободен избор на секој член со помош на тренерот. Во третата седмица на логорувањето следуваше проверка на физичката подготвеност на членовите преку тестирање од најниската до највисоката категорија. Тестирањето се состоеше во исполнување на нормите според официјалната таблица за натпревари. Резултатите од тестирањето најчесто покажуваа солидна физичка и кондициона подготвеност кај членовите. Во просек, според бодовите предвидени со таблицата, речиси сите членови остваруваа над 80 % подготвеност, додека некои од членовите релизираа речиси стопроцентна форма. На логорувањето во Брбушница беше организиран и културно-забавен живот. Секоја вечер, по вечерата се организираше слушање музика, пеење и играње. Сите членови со нетрпение го очекуваа претпоследниот ден од логорувањето, кога се палеше партизанскиот оган. По завршувањето на летните подготовки и логорувањето веднаш започнуваа зимските подготовки. Тоа подразбираше техничка подготовка организирана и реализирана во спортската сала до крајот на натпреварувачката година.

Техничка подготовка Техничката подготовка подразбираше реализирање на вториот дел од Програмата за подготовки во спортската сала. На тренинзите елементарно беа обработувани задолжителните вежби на справи, за сите категории, пропишани од Сојузот за гимнастички спортови на Македонија, според Правилникот за натпревари за машка и за женска спортска гимнастика. Техничката подготовка подразбираше и обработка на елементи со одредена тежина според Правилникот, за надоградување на вежбите во слободни состави. По елементарната обработка и нивното поврзување 51


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Jавен настап на стадионот во Кочани

во целини се приоѓаше кон увежбување. Особено се внимаваше на постојаната физичка и техничка подготвеност на спортистите, преку систематска работа во текот на целата година. Освен тоа се внимаваше и на утврдување на спортско-рекреативните активности за натпреварите во партизански повеќебој.

Jавен настап на стадионот во Кочани

52


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Пред секое учество на натпревар, Друштвото организира изборен натпревар за составување екипи, за сите натпреварувачки категории, при што се настојува, секогаш на натпреварите да учествуваат спортистите, со најдобра физичка и техничка подготовка. Членовите од нашето Друштво учествуваа на подготовки и на повик од Републичкиот сојуз.

Учество на манифестации, натпревари и постигнати резултати Гимнастичарите од Кочани учествувале на Републичкото првенство на Македонија во народен повеќебој, одржано на 13 октомври 1949 г. на стадионот „Вардар“ во Скопје, пред околу 1 000 посетители. Во првенството учествувале вкупно 15 екипи (машки и женски) со 117 натпреварувачи од градски, селски и од друштва на СРЗ. Екипата од Кочани го освоила првото место во категоријата членки со вкупен пласман од 261, 80 бода. Во поединечен пласман првото и второто место го освоиле Ева Костова со 47 бода и Ружа Спирова со 46,90 бода, двете од екипата на Кочани. Првопласираните екипи и поединци ја претставувале Републиката во Белград на Сојузното првенство на гимнастичките друштва32. Претставници од неколку гимнастички друштва од Македонија, меѓу нив и од Кочани биле поканети да присуствуваат на меѓуградскиот тромеч во гимнастика помеѓу Скопје, Белград и Сараево на 20 ноември 1949 година во Скопје33. Во почетокот на 1950 г. Гимнастичкото друштво Скопје I организира гостување во Кочани со две спортско-гимнастички приредби пред кочанската публика34. На четвртиот по ред републички слет, одржан 1950 година во Скопје, фискултурниците од неколку македонски градови, вклучувајќи го и Кочани, ја извеле вежбата „Памукот“. Додека траеле последните подготовки учесниците за оваа вежба биле сместени во просториите на училиштето „Лирија“35. На истиот слет учествувале и членови и членки на селските гимнастички друштва од кочанската околија симболично прикажувајќи ја вежбата „Задругарство“, заедно со 32 НМ бр. 1486 од 15 октомври 1949, стр. 4 ; На републичкото првенство учествуваа петнаесет екипи и 117 натпреварувачи. 33 НМ бр. 1518 од 22, 11. 1949, стр. 4; На меѓународниот тромеч по спортска гимнастика првото место го зазеде Сараево, а второто Скопје. 34 НМ бр. 1581 од 4. 2. 1950, стр. 4; Гимнастичкото друштво Скопје I ги исполнува земените обврски. 35 НМ бр. 1688 од 9 јуни 1950, стр. 4; Припреми за Републичкиот слет.

53


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

членовите од други гимнастички здруженија од повеќе околии36. На петтото по ред Републичко првенство во гимнастика одржано во јуни 1952 година во салата на ДТВ „Партизан“ Скопје I се натпреварувале вкупно 150 натпреварувачи во различни категории од 22 одделенија. Одделението на „Партизан“ од Кочани го освоило првото место во конкуренцијата на членови од трети разред, со вкупен резултат од 428,6 бода. За разлика од нив младинките од трети разред го освоиле третото место со вкупен пласман од 359 бода. Во поединечните конкуренции најдобро Вежба на разбој, Драган Илиев пласиран од кочанските гимнастичари бил Драган-Гано Илиев со освоено вто37 ро место . Најдобро пласираните екипи и поединци ја претставиле Македонија на Државното првенство во Љубљана на 21 и 22 јуни38. На Сојузното првенство во Љубљана 1952 г. членовите на „Партизан“ од Кочани се пласирале на осмото место39. Екипата била во состав: Глигор Накашев-Накашо, Благој Тодосиев-Боето, Тодор Гаврилов-Зердето, Драган Илиев-Гано, Г. Христов и Љупчо Василев-Клисарски. Екипата во истиот состав и во наредните години го освојувала првото место на републичкиот натпревар, ама не располагаме со податоци за нивно учество на сојузните првенства. Во кочанската околија во 1952 година, постојат три друштва за телесно воспитување Партизан од кои најдобро, освен во Кочани, работело тоа во селото Облешево. Партизан од Кочани си поставило за задача да формира уште едно друштво и тоа во населеното место во кое во тековната година ќе го реализира пролетниот излет на 15 мај. Со својата работа и постигнати резултати посебно се издвојувала началничката на женската екипа, Костадинка Крушарска40. ДТВ Партизан од Кочани учествувало со свои претставници и на 38 39 40 36 37

54

НМ бр. 1692 од 13 јуни 1950, стр. 2; Масовноста на македонските фискултурници. НМ бр. 2341 од 18 јуни 1952, стр. 5; „Партизан“ Скопје I зазеде три први места. НМ бр. 2339 од 16 јуни 1952, стр. 4; Сто и шеесет вежбачи на Републичкото првенство. НМ бр. 2548 од 4 февруари 1953, стр. 6; Плодна работа на „Партизан“ од Кочани. НМ бр. 2310 од 13 мај 1952, стр. 6; Платен началник во ДТВ „Партизан“ – Кочани.


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Кочански гимнастичарки заедно со ученички од домаќинска школа на натпревар во Скопје одржан на 12.7.1953

околискиот слет што се одржал на 11 октомври 1952 г. во Штип41. На Републичкото првенство учесничките од Кочани Славка Петрова и Фанка Катмерова го освоиле првото место и влегле во составот на репрезентацијата на Македонија42. На Републичкото првенство во народен повеќебој одржано на 25 и 26 јуни 1955 г. претставниците од Кочани го освоиле првото место во категоријата младинки I разред со освоени 470 бода, со тоа се стекнале со правото за учество на Сојузниот натпревар на 2 и 3 јули во Ниш43. Во состав на екипата биле: Славка Петрова-Жабата (Коцева), Фанка Катмерова (Саржовска), Љубинка Захариева (Салтирова), Лепа (СерафимоСлавка Петрова на Сојузен натпревар ва), Лујза, Боса, Нине, Катица44. во Ниш, 1955 НМ бр. 2441 од 13 октомври 1952, стр. 5; Слетовите ја покажаа силата на нашето младо поколение. 42 Податокот е земен од смејниот албум на Костадинка Крушарска, запишан со нејзин ракопис. 43 НМ бр. 3297 од 28 јуни 1955, стр. 8; Успех на штипската екипа. 44 Информација од Славка Петрова и Љубинка Салтирова; не можеа да се сетат за презимињата на некои од нив. 41

55


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Спортисти од Кочани на турнир во спортски повеќебој и вежбање на гимнастички справи во Ниш. Од лево: Драган Илиев-Гано (тренер), Јоне Новков, Методи Апостолов-Тоце, Ѓорѓи Демирџиев, Глигор Серафимов-Гиле, Славе Новков, Јаким Вукански, Душко Петров и Ацо Андонов-Ракатката; 1955 година

Настап на слет во Белград 1959 година со вежба „Стари браќа“. Од лево на десно: Илија Илиев, Петар Парлапано, Киро Цеков, Аџиванов, Благој Георгиев, Драган Илиев-Гано, а член на екипата бил и Јордан Манов којшто го нема на фотографијата

56

Машката екипа предводена од Драган Илиев-Гано (тренер), на натпреварот во Ниш се претставила со осумчлена екипа: Јоне Новков, Методи Апостолов-Тоце, Ѓорѓи Демирџиев, Глигор Серафимов-Гиле, Славе Стеванов-Новков, Јаким Вукански, Душко Петров и Ацо Андонов. На републичките првенства во партизански повеќебој и во вежби на справи во 1957 и неколку наредни години добри резултати забележуваа пионерските екипи во состав – пионерки: Красимира Ефтимова, Пандора Иванова, Добринка Минова,


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Македонската репрезентација во вежби на справи, на дуел со репрезентацијата на Србија. Прв од десно кон лево Љубомир Пендов. Исечок од весник.

Мирјана Иванова, Николина Дојчинова, Невенка Горгиева, Стојна Думбата, Нада Габро и др. во составот на пионери: Симеон Христов, Симеон Јанев, Ванчо Арсов, Костадин Веселинов, Јордан Минов, Стојчо Миладинов, Диванис Диванисов, Методи Тодоров и др. На Вториот сојузен слет на СТВ Партизан на Југославија одржан во Белград од 26 јуни до 5 јули 1959 година, учествувале и членови од „Партизан“ од Кочани45. Вкупниот број учесници на овој слет изнесувал 25 00046. Друштвото учествуваше со екипата на пионери во погоре наведениот состав со вежба на ниска клупа. На овој сојузен слет учествуваше и пионерската екипа од село Облешево со вежба на ниска клупа. Додека слетската вежба „Стари браќа“ ја изведуваше екипата во состав: Илија Илиев, Петар Парлапано, Киро Цеков, Аџиванов, Благој Георгиев, Драган Илиев-Гано, Блаже Ѕенѕата и Јордан Манов. При крајот на овој период се појавија нови надежи на кочанската гимнастика, екипите на пионери и пионерки кои во 1964/65 се истакнаа со добри резултати. Во поединечен пласман меѓу пионерките отскокнуваа Голубинка Илиева и Виолета Батакова, а кај пионерите Ванчо Лазаров и Павле Павлов. Наша забелешка е дека овој период посебно внимание заслужуваат неколку натпреварувачи кои беа членови на репрезентацијата на Ма НМ бр. 4624 од 18 јуни 1959, стр. 8; Од Штипско ќе учествуваат 100 вежбачи. НМ бр. 4631 од 26 јуни, стр. 10; Денеска во Белград почнува Сојузниот слет на „Партизан“, на слетот ќе учествуваат 25 иљади вежбачи. 45

46

57


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Љубомир Пендов, стој на разбој и прескок

кедонија во вежби на справи. Тоа се Славка Петрова-Жабата и Фанка Катмерова кај натпреварувачките, а Љубомир Пендов меѓу натпреварувачите, кој е и првиот репрезентативец на Македонија од Кочани47.

Оркестарот на Друштвото за гимнастика „Партизан“ – Кочани и културно-забавната дејност Музичката секција во Друштвото работи стихијно, бидејќи целта секогаш беше разонода и забава на членовите и на граѓаните на Кочани. Сепак во рамките на музичката секција се оформија квалитетни еминентни музичари на народни инструменти и пејачи на народни песни, со свои настапи на гимнастичките академии организирани од Друштвото. За таа цел се организираа и матинеа и игранки. Музичката секција под диригентство на Филип Прокопенко подготви квалитетна програма и одржа неколку самостојни концерти во Кочани и во други градови во Македонија, а направи турнеја и во Србија со успешно реализирани концерти во Суботица, Врбас и Параќин. Со својот квалитет музичката секција – оркестарот и пејачите се афирмираа не само во Кочани, туку и пошироко, така што по престанокот на работата на музичката секција, тие се организираа во музички состави со настапи во ресторани. Дел од соло-пејачите продолжија со настапи во „Бели мугри“, а дел имаа и настапи на Радио и телевизија Скопје. Исечок од весник со фотографија од учесниците на македонската репрезентација.

47

58


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

КУД ДТВ Партизан

Заради намалениот интерес од граѓаните престанаа организираните забави во Соколаната. Матинеата и игранките за младите продолжија да се организираат во Гимназијата, а за возрасните граѓани во ресторан. Со тоа се заврши и тој дел од активностите на ДТВ „Партизан“.

Игранка во Партизан

59


ПРИЛОГ-ФОТОГРАФИИ ШТО ГО НАДОПОЛНУВААТ ПЕРИОДОТ ОД 1945 ДО 1965 ГОДИНА

Трка на најмладите на 100 метри на традиционалните Тодорови трки во Кочани во средината на минатиот век

Една од последните Тодорови трки, патот Штип- Кочани, 1953 г.

60


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари и гимнастичарки од Кочани 1952/53

Машката екипа на гимнастичари 1952/53 г.

61


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Годишно собрание на ДТВ Партизан на Македонија во Скопје 1952, претставник од Кочани е Костадинка Крушарска

Спортисти на ДТВ Партизан во 50-тите години на минатиот век, во дворот на Соколаната

62


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Јавен настап на стадионот во Кочани: Илија Илиев-Чоко, Тодор Минов-Шатето, Јордан Манов-Ѓаволо, Крум Апостолов-Кљуко, гимнастичар од Виница и Андон од Виница

Една од постарите генерации кочански гимнастичари

63


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Републички натпревар во Скопје 1954 г. Од лево кон десно: Глигор Накаш, Благој Тодосијев, Гоше Зерде, Драган Илиев (Гано), Глигор Христов Гочо, Љупчо Клисарски. Екипата во истиот состав била и на сојузен натпревар во Љубљана 1952 г., а неколку години по ред овие гимнастичари биле републички прваци

Славе и Јоне Новкови во салата на ДТВ Партизан во Кочани,1955 г.

64


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Дел од гимнастичарите, 1953 г. на подготовки во Охрид, на плажата „Св. Стефан“: (Славка Петрова, Љубинка Салтирова, Фанка Катмерова, Драган Илиев-Гано, Методи Апостолов-Тоце,...)

Екипата на кочанските гимнастичарки на Сојузниот натпревар во Ниш, 1955 г.

65


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Драган Илиев-Гано, стој на разбој

Славка Петрова, двовисински разбој

66


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Вежба на разбој во салата

Вежба на партер, Драган Илиев-Гано

67


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Екипата од с. Облешево на Сојузен слет во Белград, 1959 г., со вежба на ниска клупа. Од Облешево се: Спиро Нисев, Миле Ангелов, Трпко Таков (Николов), Драги, а останатите четворица учесници се од селата Тркање и Бања.

Гимнастичарите со вежба на разбој, на Првомајска парада, 1962 г.

68


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Пионерскиот состав на кочанските гимнастичари заедно со членови на Управата, пионерски првак на Македонија е Павле Павлов

Членови на Управата заедно со гимнастичарите на ДТВ „Партизан“ – фотографирани на 25 мај 1958 во Кочани. Од Управата се: Илија Илиев-Чоко, Јордан Манов-Ѓаволо, Методи Ефтимов-Пајако и др.

69


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Спортистите – дел од Првомајска парада, 1962 г.

Парада

70


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Оркестар на ДТВ Партизан: Филип Прокопенко (хармоника), Никола Џидров (контрабас)

Оркестар на ДТВ Партизан

71


ТРЕТ ДЕЛ

РАБОТАТА НА ДРУШТВОТО ЗА ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ И СПОРТСКА РЕКРЕАЦИЈА „ПАРТИЗАН“ ОД КОЧАНИ ОД 1966 ДО 1992 ГОДИНА Во периодот на т.н. самоуправувачки социјализам СФВСР „Партизан“ на Македонија сè уште претставува најмасовна спортска организација. Во Републиката, според доставените годишни извештаи работеле вкупно 46 друштва со 23 586 активни членови48. „Партизан“ на Македонија вложувал големи усилби за зацврстување на организацијата, како и за спроведување на програмата, омасовување и сл., особено во првите две години кои го одбележуваат овој период. Дел од друштвата кои успеале да ја надминат кризата во која се наоѓале и да продолжат понатаму, биле наведувани за пример на успешно работење, меѓу нив било и Друштвото од Кочани49. Финансирањето на физичката култура и спортот во општина Кочани во периодот на Самоуправувачкиот социјализам се реализирал преку фондот на Општинската самоуправна интересна заедница за физичка култура – Кочани. Масовното вежбање и масовните манифестации – слетовите веќе ја губат својата првобитна форма. Гимнастичките друштва по 1960 година ја немаат улогата на главни организатори во овие спортски манифестации. Нивната организација добива сосема различна концепција, на сојузно ниво секоја година сè до 1980 година се одржувал само уште големиот слет во чест на Штафетата на младоста, но на локално не е повеќе во надлежност на гимнастичките друштва. На почетокот програмата, освен вежбите на справи, содржела и активности во рекреативиот спорт во партизанскиот повеќебој. Кон крајот на овој период натпреварите во партизански повеќебој се укинуваат, како на сојузно така и на републичко ниво. Задржан е само пионерски НМ бр. 7785 од 15 јуни 1968 година, стр. 12; Проблеми и успеси. Исто (7785)

48 49

72


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

от повеќебој и тоа на републичко ниво. Со тоа програмата сè повеќе ја добива својата тесна определба, се ограничува на вежби на справи и партер – спортска гимнастика за мажи и за жени.

Работа на Друштвото Друштвото во Кочани е добро организирано и работи успешно од неговото формирање. Со него управуваат и раководат друштвените органи: Собрание, Управен одбор со свои комисии и претседател на Управен одбор, кој е истовремено и претседател на Управниот одбор и на Собранието. Раководен орган е претседателот, а стручната работа ја раководи Стручна комисија. Целата работа на Друштвото е планирана и програмирана однапред, а се реализира систематски според планираниот календар за тековната година. Тренинзите и за вежбите на справи, како и за програмата за партизанскиот повеќебој се реализираат со секоја натпреварувачка категорија посебно според седмичен распоред на часови во спортската сала или во летниот период на отворен простор и на логорување во планина. Тренинзите ги реализираат професионално вработени тренери. Тренер за машките категории беше Јордан Манов-Јоцо, во зависност од моменталниот ангажман, како професионално вработено лице, волонтер или хонорарец во периодот од 1966 па сè до неговата смрт во 1974 година. Професионално вработен тренер за женските категории од 1968 година беше Перса Батакова. Во овој период на моменти, кога Друштвото немаше професионално ангажирани тренери во стручната работа повремено се вклучуваа и тренери волонтери или хонорарци од претходните генерации гимнастичари. Дел од нив беа Ангелов Милан-Г’лмата, Благој

Партизан Кочани 1967 година

73


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Досев, Филимон Попмихајлов, Методи Стефанов-Левио, Ратко Јосифовски, Станчо Митев, Јорданчо Стоименов и др. Дел од нив продолжија и професионално да работат во Друштвото. Тие одржуваа тренинзи со одредени екипи или категории. Некои од нив останаа забележани и со тренерските достигнувања на своите екипи. Професионално вработените тренери беа искусни поранешни гимнастичари, солидни практичари. Како тренери ги посетуваа курсевите и семинарите организирани од Гимнастичкиот сојуз на Југославија и Сојузот за физичко воспитување и спортска рекреација Партизан на Македонија, при што се оформија во исклучително квалитетни тренери за спортска гимнастика во Македонија. Со својата квалитетна работа тие успеаја да го подигнат квалитетот на кочанската гимнастика на повисоко рамниште и да го наредат Друштвото меѓу трите најквалитетни друштва во спортска гимнастика во Македонија. Друштвото од година во година постигнуваше сè подобри резултати на републичките натпревари и првенствата во гимнастички спортови. Тоа беше период на позитивна афирмација не само на Гимнастичкото друштво „Партизан“ од Кочани и на останатите спортски клубови од Кочани, туку и на самиот град. Тоа на градот Кочани му го донесе епитетот Кочани – град на гимнастика и Кочани – град на спортовите во Македонија. Не смее да се занемари ни заслугата на Управата, чии членови во поголем дел, дури и до 80 % беа поранешни гимнастичари. Со нивното солидно управување и раководење се создаваше пријатен амбиент за работа, а добрите меѓучовечки односи влијаеа членовите на Друштвото да ја засакаат гимнастиката и спортот воопшто. Квалитетната работа и добрите меѓучовечки односи поттикнаа голем дел од активните гимнастичари да ја засакаат гимнастиката и спортот воопшто, така што еден дел од нив својата професионална определба ја побараа во дејноста на физичката култура. Дел од нив се афирмираа и како исклучителни спортски тренери. Тие подоцна водејќи разни спортски екипи на републички, сојузни и меѓународни натпревари со постигнатите резултати ги афирмираа своите клубови, но го афирмираа и градот Кочани во пошироки рамки. Иако оваа книга првенствено е посветена на гимнастиката ќе наведеме некои од поуспешните тренерски имиња од градот, кои своите почетоци ги имаа токму во „Партизан“. Благој Јанков како тренер се издвојува со постигнатите значајни резултати во ракомет за жени во Македонија, со екипата „Кочанчанка“ – Кочани; 74


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Филимон Попмихајлов, постигнува тренерски резултати во пингпонг за мажи во Македонија со екипата „Партизан“ – Кочани, во екипна и во поединечна конкуренција; Перса Диневска, Ратко Јосифовски и Јорданчо Стоименов како професионални тренери кои го одбележаа токму овој трет дел од гимнастиката во Кочани имаат голема важност за постигнатите резултати во Македонија и во Југославија за натпреварите во гимнастика за друштвена, екипна и поединечна конкуренција. Ангел Наумовски, како гимнастичар на Друштвото од Кочани, ја продолжи својата професионална кариера во Друштвото „Партизан“ Орце Николов во Скопје и со своето гимнастичко искуство придонесе за постигнување значајни резултати во друштвена, екипна и поединечна конкуренција на гимнастички натпревари во државата и на меѓународни натпревари. Најуспешен и најтрофеен како спортист и тренер е Насе Насев, со постигањата на Борачкиот клуб „Спартак“ – Кочани. Неговиот придонес и квалитет како спортски тренер беше забележан не само во Македонија, туку и во Југославија и стана селектор и тренер на репрезентацијата во борење слободен стил на Македонија и репрезентацијата на Југославија. Ги водеше репрезентативците на европски, светски првенства и на олимпијади, на кои освојуваа бронзени, сребрени и златни медали со борачи во поединечна конкуренција. Овде уште еднаш ќе го споменеме големиот придонес и значењето на делото на спортскиот тренер Јордан Манов-Јоцо, за развојот на гимнастиката, но и за развојот на останатите спортови во Кочани. Тој беше

Гимнастичарите на подготовки на Пониква, 1969 г.

75


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

пример за погоре споменатите спортски тренери како треба да се работи за да се постигнуваат добри спортски резултати. Тој беше инспирација за работа на помладите тренери во спортските клубови во Кочани.

Друштвото Партизан од Кочани од 1966 година, натпревари и достигнувања Друштвото, веќе од 1966 година функционира порелаксирано. Неговото работење е предвидено во буџетот на општинското Собрание. Во споменатата година му биле одобрени 1 милион стари динари. Од Градскиот сојуз за физичка култура му доделуваат уште 200 000 стари динари, додека разни општествени организации му подаруваат вкупно 700 000 стари динари. Речиси сите стопански организации во градот купуваат по една до две нови гимнастички справи за Друштвото, со што салата веќе била модерно опремена.50 Во ваква состојба опстанокот на Друштвото за гимнастика во Кочани се променила на подобро. Продолжува со работа според плански и систематски распоред на вежби во текот на целата календарска година. Подготовката за учество на натпревари и во овој период е организирана како и досега во две фази по специјална програма, во согласност со добиените насоки и со Годишниот календар за натпревари добивани од Сојузот. Логорувањето предвидено за физичка и техничка подготовка на членовите сега се реализира на планината Осогово, на Пониква. Простор со надморска височина до 1 600 м, со отворени прекрасни терени на кои е подигнат и добро уреден полигон со справи за вежбање. Се користеа две згради за ноќевање (поранешни воени бараки), за мажи и за жени, магацински простор, просторија за медицинска сестра и простор за кујна, а беше прилагодена и импровизирана трпезарија и санитарен простор. Во третата

Подготовки на гимнастичарите на Пониква, 1973 г. НМ (бр. 7018) од 30 април, 1 и 2 мај 1966, стр. 32; „Кочанчани се гордеат“.

50

76


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичарки од ДТВ Партизан од Кочани и од Партизан III од Скопје, на подготовки на Пониква, јули 1973 г. Од лево кон десно се: Антонија Николовска (Ск.), Цеце (Ск.), Душанка Јакимова (Коч.), (гимнастичарка од Скопје), Биби (Ск.), Иванка Андонова (Коч.), Тодорка Мишева (Коч.), Нада Заова (Коч.), (три гимнастичарки од Скопје), Висла Раичковиќ (Ск.), (гимнастичарка од Скопје)

Гимнастичарите на подготовки на Пониква од 16 до 31 јули 1973 год. Од лево кон десно: Трајче Ефремов, Ванчо Манов, Блаже Јовановски, Илчо Мановски, Јордан Стојменов, Мијалче Апостолов, Пенчо Јаневски, Ангел Наумовски, Станчо Митев

77


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

седмица од логорувањето следуваше тестирање на комплетната физичка подготвеност на гимнастичарите. Дел од гимнастичарите учествуваа и на организирани подготовки од Сојузот за физичко воспитување и спортска рекреација „Партизан“ на Македонија во Дојран, Преспа, Охрид и сл. Најдлабоките траги во кочанската гимнастика, кои да напоменеме, бележат повеќе од еден век од основањето па сè до денес, и квантитативно и квалитативно го потцртуваат токму периодот од 1966 до 1992 година. Периодот во кој се бележи континуирана посветеност на квалитетот пред квантитетот, иако сè уште се внимава и на масовноста во спортот. За разлика од претходните два, во овој период веќе може да се зборува за развојот на гимнастиката, во вистинската смисла на зборот. Слободно можеме да го наречеме и „Златен период на кочанската гимнастика“. Во споменатиот период југословенската гимнастика се издигнала на светско ниво. Дел од гимнастичарите од Кочани, учесници на сојузните натпревари ја имале честа да учествуваат на истите турнири заедно со најдобрите, што претставувало поттик за многу тогашни млади спортисти од градот. Целиот тој златен период го одбележуваат неколку последователни генерации спортисти како во екипна, така и во поединечна конкуренција. Во тој, би рекле, прв период на порелаксирана атмосфера за работа, избиваат на површина и имињата на гимнастичари поединци, за разлика од претходните два периода, каде позначајните остварувања се забележуваат во екипни конкуренции и тоа во категоријата партизански повеќебој. Во текот на речиси две и пол децении продефилирале неколку позабележителни генерации гимнастичари, кои го оставиле својот неизбришлив белег во спортското живеење на овој град. Дел од нив поминуваат низ сите натпреварувачки категории од пионери до сениори, па честопати на првенствата се преклопуваат натпреварувачи од неколку различни генерации. Дел блеснуваат во одредена категорија па потоа исчезнуваат, сепак нивниот број е многу голем. Тие претставуваа врвни гимнастичари не само за кочански, ами и за македонски, па и сојузни рамки. За жал голем дел од нив не сочувале никакви докази за нивното спортско живеење. Од средината на седумдесеттите години на гимнастичката сцена Друштвото од Кочани го става својот знак под овој спорт. Кочанските гимнастичари не поминуваат незабележано. Со оглед на тоа дека се работи за период во кој кочанските гимнастичари во континуитет ги освојуваат најдобрите места на натпреварите во Македонија и најчесто се пласираат и за сојузните првенства, согласно важечките прописи, во нашиот избор, се определивме да ги забележиме само најдобрите, иако 78


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари на ДТВ „Партизан“ на подготовки на Пониква, 1967 г. од лево кон десно: Методи Стефанов-Леви, Благој Досев, Ванчо Лазаров, Перо Ангелов и Павле Павлов

не се за занемарување и многу поголем број гимнастичари, со забележливи резултати на републичко или пак на локално ниво. Не може да остане незабележан трендот на активно вежбање и нижење успеси. Во седмата деценија се издвојуваат имињата на: Благој Досев, Павле Павлов, Ратко Јосифов, Ванчо Лазаров, Методи Стефанов, Бранко Заов, Филимон Попмихајлов и др. во машката гимнастика. Во женската гимнастика во истиот период се издвојуваат: Голубинка Илиева, Виолета Батакова, Перса Батакова, Олгица Диневска, Ружа Шапкова, кон крајот на седмата деценија се појавуваат и Темјанушка Лазарова, Зорица Максимова, Иванка Андоновска и други. Нивната напорна работа и посветеноста на спортот ги дава и очекуваните резултати. Гимнастиката станува спорт број еден во Кочани. Републичкото првенство во спортска гимнастика за 1965 г. е одржано на 11 и 12 април во Кочани. На овој натпревар одржан во Кочани 1965 година, салата со капацитет од 600 гледачи била претесна да ги прими сите заинтересирани љубители на овој спорт51. На Републичкото првенство одржано во Скопје, на 23 и 24 април 1966 година, младинките од II разред го освојуваат првото место со освоени 189,45 бода. Екипата ја сочинуваат: Голубинка Илиева, Виолета Батакова, Блашка Лазарова, Перса Батакова и Елица Тодорова. Во по НМ бр. 7018 од 30 април, 1 и 2 мај 1966, стр. 32; „Кочанчани се гордеат“.

51

79


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Гимнастичарки во салата, 1966 г.: Виолета Батакова, Перса Батакова, Голубинка Илиева, Блашка Лазарова, Елица Тодорова

единечен пласман се истакнуваат имињата на Илиева со освоено прво место52, Виолета Батакова со второ, Блашка Лазарова со трето место53. Младинците од II разред се на второто место во екипна конкуренција со освоени 266,45 бода. Екипата ја сочинуваат: Ванчо Лазаров (3. место), Ратко Јосифовски (4. место), Павле Павлов (12-13 место), Бранко Заов (14. мес­то) Благој Досев (20. место) и Филимон Поп Михајлов (27-28 место). Во составот на оваа натпреварувачка екипа од наредната година се приклучуваат и Методи Стефанов и Петар Ангелов. Друштвото за гимнастика од Кочани сè повеќе се истакнува со својот квалитет, па и спортскиот новинар Миодраг Мицковиќ во својот запис забележал: „... Кочанчани се гордеат. Имаат и зошто бидејќи нивните гимнастичари млади и талентирани моментно немаат конкуренција во Македонија...“54. Истата година, на 14 и 15 мај 1966, Ванчо Лазаров учествува во состав на петчлената екипа на репрезентацијата на Македонија во категоријата јуниори II разред на натпреварот во Славонски Брод, каде се пласираат на четврто место со 57,30 поени55. По освоеното прво место на Републичкиот натпревар, екипата јуниори I разред од Кочани, во мај 1967 година, ја претставува Републи 54 55 52 53

80

НМ бр. 7013 од 25 април, стр. 9; „Кондовски без конкуренција“. Извор: официјален Извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани. НМ бр. 7018 од 30 април, 1 и 2 мај 1966, стр. 32; „Кочанчани се гордеат“. Извор: оригинална натпреварувачка книшка на гимнастичарот Ванчо Лазаров.


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Репрезентација на Македонија во категорија младинци II разред, во Славонски Брод 1966 г., член на репрезентацијата од Кочани е Ванчо Лазаров, првиот од десно

ката на Сојузниот натпревар во гимнастика во Лесковац. Во состав на екипата влегуваат: Благој Досев, Методи Стефанов-Леви, Павле Павлов, Ванчо Лазаров, Ратко Јосифовски, Филимон Попмихајлов. Го освојуваат третото место на натпреварот во категорија јуниори I разред. Таквиот пласман на југословенско ниво претставува големо достигнување, но и голема одговорност за гимнастичкиот спорт во Кочани56. Поединечниот пласман на В. Лазаров е 28. место. На Југословенските спортски игри во Скопје на 17 декември 1967 година, Лазаров се пласирал на второто место со 55,4 освоени поени57, во категоријата јуниори од повисок степен. Овој период го одбележува и една меѓудржавна гимнастичка средба во Кочани на која своите сили ги одмеруваат тогаш најзвучните имиња на гимнастиката, машките репрезентации на Југославија и на СССР. Советската репрезентација во тој момент е светски првак и олимписки победник во спортска гимнастика за мажи. Кочанската публика имала исклучителна можност во живо да ги види и да се дружи со најдобрите гимнастичари во светот, кои се претставија пред кочанската публика58. Гимнастичкото друштво од Кочани ја понесува и титулата најдобро НМ бр. 7650, од 30 јануари 1968, стр. 12; Тренинг во четири наутро. Извор: оригинална натпреварувачка книшка на Ванчо Лазаров. 58 Извор: оставен запис од К. Крушарска во нејзиниот семеен албум. 56 57

81


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Извадок од весникот „Нова Македонија“ бр. 7649 од 20 јануари 1968 година

82


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

спортско друштво за 1967 год. Додека гимнастичарката Перса Батакова е прогласена за најдобар спортист за истата година. Зимскиот турнир на градови од Македонија одржан на 27 и 28 јануари 1968 година во Скопје, повторно е во знакот на кочанските гимнастичари, кои ги освојуваат најголемиот број од првите места и во екипна и во поединечна конкуренција во категоријата младинци и младинки I разред. Мицковиќ во својот новинарски текст овојпат запишал: „... Младите гимнастичари од ДТВ „Партизан“ од Кочани уште еднаш докажаа дека се најдобри во Републиката....“59. На првата позиција во поединечна конкуренција со 98,63 поени е В. Лазаров60. Квалитетните резултати и постојаниот успех барале и исклучителна посветеност и цврста волја, како од страна на тренерот така и од самите гимнастичари. Токму тоа бил и поводот спортскиот новинар да ги посети и да поразговара со нив. Притоа тој запишал дека гимнастичарите тренираат двапати дневно од кои првиот тренинг им бил од 4 до 7 наутро, а вториот од 19 до 21 часот навечер. Тренинзите биле организирани така за да можат слободно да ја посетуваат задолжителната настава во текот на денот. Во продолжение на истиот текст, тој го споменува и постоењето на Нижо гимнастичко училиште, единствено од таков вид во Републиката61. Истите екипи на Сојузното првенство ги освоија 4. место јуниорки I разред конкуренција, а 3. место во конкуренција на јуниори I разред. На двомечот во гимнастика, одржан на 21 и 22 април 1968 година во Скопје, екипите на Скопје и на Кочани си ги одмеруваат силите. Машката екипа од Кочани со вкупно освоени 209,20 бодови, била подобра од домаќините со 209,10 бода. Во поединечниот пласман, жесток дуел се водел помеѓу Кондевски и кочанчанецот Јосиф Вукански, кој го поразил тогашниот републички првак62. Во женска конкуренција подобри биле скопјанките, а добар поединечен пласман за жени забележала Перса Батакова, која на сите четири справи била второ или третопласирана, со вкупен број бодови од 35,4063. Постигнатите успеси на републичко ниво во претходната година му овозможиле на Друштвото да го понесе епитетот најдобро спортско друштво во Кочани за 1968 година64. На споменатото доделување награди Перса Батакова се наоѓа на третата позиција веднаш зад Насе Насев и Душан Цимбаљевиќ. 61 62 63 64 59

60

НМ бр.7649 од 29 јануари 1968, стр. 10; Кочанчани пак најдобри. Извор: оригинална натпреварувачка книшка на В. Лазаров. НМ бр. 7650, од 30 јануари 1968, стр. 12; Тренинг во четири наутро. НМ бр. 7734 од 23 април 1968; Кондевски поразен. НМ бр. 7734 од 23 април 1968; Кондевски поразен. НМ бр. 7985 од 3 јануари 1969, стр. 12; Насе Насев спортист на годината во Кочани.

83


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Извадок од весникот „Нова Македонија“ бр.7734, од 23 април 1968 година

Споменатата генерација гимнастичари ја продолжува традицијата на победи на Републички натпревар во Струмица, одржан на 10 и 11 мај 1969 година. Во конкуренција на друштва од 12 градови, првото место во екипна конкуренција за младинки го освоила екипата на ДТВ „Партизан“ од Кочани со 156,10 бода и тоа со голема бод разлика пред вто84


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

На Државното првенство на Југославија во 1973 година ДТВ Партизан од Кочани го освои второто место. Во име на Општинската организација на ССРНЈ, Јовица Николиќ му доделува признание на Јордан Манов

ропласираната екипа со само 84,40 бода. Екипата од Кочани покажала најдобар резултат и во категориите за младинци од III ред, со вкупно освоени 253,80 бода; и екипата за младинци од I ред со вкупно освоени 345,73 бода65. Лазаров го освоил четвртото место во категоријата јуниори I разред со освоени 52,4 поени во поединечен пласман66. Во овој период веќе започнува вклучување на досегашните гимнастичари освен како натпреварувачи и во улога на тренери со почетници. Перса Батакова од септемрви 1968 г. почнува да работи со женската екипа. Гимнастичкото друштво од Кочани продолжува со трендот на нижење успеси и во 1969 година. Затоа веројатно и со право, спортскиот новинар на весникот „Нова Македонија“ повторно забележал дека гимнастиката има посебно место за кочанските граѓани. Тој меѓу останатото напишал: „Гимнастиката – најпопуларен спорт во Кочани. Секој младинец – гимнастичар. На сите републички првенства, гимнастичарите од Кочани водат главен збор за првите места“. Меѓу повеќето имиња од Друштвото од Кочани, кои ја одбележале оваа година, секој во својата категорија, тој ги набројува: Павлов, Манев, Батакова, Лазарова, Диневска, Шапкова, Максимова, Данилова67, а имало уште многу дру НМ. Бр. 8112 од 12 мај 1969, стр. 8; Масовно учество. Лазаров продолжува со активна работа како гимнастички судија сè до денес по завршената натпреварувачка кариера. 67 НМ бр. 8121 од 21 мај 1969, стр. 16,; Секој младинец – гимнастичар. 65

66

85


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

ги. Видливо е дека покрај постојните веќе се појавуваат и нови имиња, кои се од помладата генерација гимнастичари во тој период кои полека се вбројуваат во редот на најдобрите. Првата екипа гимнастичарки со кои како тренер работи Перса Батакова, биле: Станка Данилова, Зорица Максимова, Нада Заова, Иванка Андонова, Цвета Георгиева, Темјанушка Лазарова, Душанка Јакимова и други. Една од нив е и Станка Данилова која го освојува второто место на Гимнастичкиот турнир одржан во Скопје 1969 година, со вкупен број бодови 31,84, во категоријата јуниорки; на истиот турнир В. Манев го освоил второто место со 49,55 бода во пионерска категорија за мажи68. ДТВ Партизан од Кочани го прославува својот шеесетгодишен јубилеј во салата на Друштвото во февруари 1970 година, врачувајќи им награди и признанија на истакнати спортски работници69. Титулата за најдобро спортско друштво за 1970 година во Кочани, повторно ја понесува ДТВ Партизан од Кочани70. Гимнастичарот Павле Павлов е на второто место во изборот на спортист за 1970 година71. Во овој период во пионерска категорија се појавува и името на Ангел Наумовски. Првиот успех го забележал на првенството одржано на 8 ноември 1970 година во Кочани, каде го зазема третото место во категоријата пионер II разред72. Постигнатиот резултат го повторува 1972 г. на Малите олимписки игри, во организација на Општинскиот сојуз на организациите за физичка култура од Кочани73. На самиот почеток на осмата деценија, од различни причини, дел од поистакнатите гимнастичари, веќе изградени спортисти ја продолжуваат својата спортска кариера во Друштвото „Партизан“ III во Скопје, но продолжуваат да нижат успеси. На Републичкиот натпревар одржан на 13 и 14 март 1971 година во Скопје, Лазаров го зазема второто место со 50,15 бода74. Истата година НМ бр. 8073, 1 април 1969, стр. 14; Масовност да, квалитет не. Весник „Вечер“ бр. 2093 од 20 февруари, стр. 23; 60 години ДТВ „Партизан“. 70 НМ бр. 8621 од 22 јануари 1971, стр. 13; Борачот Стоилов најдобар. 71 НМ бр. 8621 од 22 јануари 1971, стр. 13; Борачот Стоилов најдобар. Во животописот на Павлов е запишано: апсолутен првак на Македонија во гимнастика, петти на ранг-листата на југословенско ниво. На изборниот натпревар за состав на Југословенската репрезентација одржан во Љубљана го освоил деветтото место. Член е на младинската репрезентација на Југославија во гимнастика. Кандидат за Олимпијадата во Минхен. Во областа на гимнастиката продолжува како судија. Од 1986 г. се стекнува со правото да работи и како меѓународен судија. Во тоа својство се појавува на Балканијадата во Солун, на меѓународниот турнир во Загреб, на младинските олимписки денови во Варна и др. 72 Податокот е од добиената Диплома, сочувана во приватната архива на Ангел Наумовски. 73 Истиот извор, од добиено признание за освоено III место во гимнастика. 74 Извор: освоена диплома на гимнастичарот. 68 69

86


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

на Републичкиот поединечен натпревар одржан на 16 мај, во категоријата членови сојузен разред, двете први места ги заземаа поранешните гимнастичари од Кочани, Павлов на првата позиција со 51,80 поени и Лазаров на втората со 44,60 поени, како членови на „Партизан“ III од Скопје75. На Сојузниот натпревар во 1971 година екипата од Кочани го освои 4. место во категоријата јуниорки II разред. Најголемото поединечно достигнување за гимнастичарките од оваа генерација секако е освоеното трето место на Сојузниот натпревар во Белград за Темјанушка Лазарова. На почетокот на осмата деценија сè позачестено гимнастичарите од претходната генерација на машката екипа се вклучуваат во работата со почетните категории гимнастичари и преку волонтерско ангажирање се обидуваат да им ги пренесат сопствените искуства: Благој Досев, Филимон Попмихајов, Методи Стефанов. Милан Ангелов, Ратко Јосифовски се само дел од лицата кои се вклучуваат волонтерски во овој период. На почеток на осмата деценија, на Државното првенство во гимнастика одржано во Прилеп, гимнастичарките од Кочани во категоријата јуниорки освојуваат трето место, а женската екипа во конкуренција на младинки од II разред го освојува третото место на Сојузното првенство одржано во Славонски Брод 1972 година, во состав на екипата влегуваат: Темјанушка Лазарова, Станка Данилова, Иванка Андонова, Нада Заова, Душанка Јакимова, Цвета Горгиева, Фредерика Накова и Јасминка Тркаљанова76. Осмата деценија слободно можеме да кажеме дека е во знакот на кочанската гимнастика во сојузни рамки, во екипна конкуренција. Веќе го споменавме сојузниот пласман на женската екипа, под раководство на тренерот Перса Батакова. Веќе во 1972 година поранешниот гимнастичар Благој Досев формира една машка екипа составена од надежни млади гимнастичари кои дотогаш тренирале во различни групи и под раководство на различни тренери, заради нивната генерациска разлика. Тие се родени 1956/59. Во состав на оваа екипа влегуваат: Илчо Маневски, Станчо Митев, Ванчо Манов, Ангел Наумовски, Мијалче Апостолов и Јорданчо Стоименов. Оваа екипа гимнастичари остава неизбришлива трага, како во кочанската така и во македонската гимнастика во наредните неколку години. Тие се неприкосновени прваци во републички рамки во сите категории во кои се натпреваруваат. Затоа нема да се задржуваме во набројување на сите турнири и првенства во Републи НМ бр.8734 од 17 мај, стр. 9; „Најмногу титули за скопјаните“. Извор: Станчо Митев.

75

76

87


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

ката каде тие ги носат апсолутно првите места. Ќе ги забележиме само нивните достигнувања значајни за југословенски рамки, каде исто така оставаат забележливи траги. Јуниорките и јуниорите II разред од Кочани на Републичкото првенство во Скопје 1973 г. ги освоија првите места. На Сојузниот натпревар во гимнастика одржан во Скопје во јуни 1973 година, екипата од Кочани, го освојува второто место во категорија младинци II разред предводени од тренерот Досев. Пласман на екипи, 1973 г. Јуниори II разред Пласман Град 1. место Нови Сад 2. место Кочани 3. место Задар 4. место Сараево 5. место Марибор 6. место Пинки/Београд /

Јуниорки II разред Пласман Град 1. место Суботица 2. место Нови Сад 3. место Кочани 4. место Зелена Јама 5. место Ниш 6. место Загреб 7. место Сараево

Нивниот поединечен сојузен пласман е следниот: Ангел Наумовски (7. место), Ванчо Манов (10. место), Јорданчо Стојменов (11. место), Станчо Митев (15. место), Илчо Мановски (23. место) и Мијалче Апостолов (30. место). Во своите сеќавања77 тие како причина наведуваат дека веќе започнуваат да се чувствуваат различните услови во кои тренираат, кои ги надминуваат само со својот голем ентузијазам и желба да успеат да се докажат. На истото Сојузно првенство во Скопје 1973 година, женската екипа во конкуренција на младинки од II разред го освојува третото место. Нивниот поединечен пласман на сојузниот натпревар: Душанка Јакимова (6. место), Нада Заова (14. место), Зорица Максимова (19. мес­то), Тодорка Мишева, Иванка Андонова (21. место), Цвета Ѓоргиева (30. место)78. На Републичкиот натпревар во 1974 година јуниорите I разред повторно го освоија првото место, јуниорките I разред, второто, а пионерите и пионерките – третото место, а во поединечен пласман нивните резултати се прикажани во табелата79. Документирано од новинарот Илија Стефановски во спортско-документарната емисија „Спортски времеплов“, во продукција на РТВ Кочани, 2000 година 78 Извор: официјален извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани. 79 Извор: официјален извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани. 77

88


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Екипата пионерки од Кочани во состав: Соња Матеничарска, Соња Стојчева, Јованка Петрова-Диди, Мирјана Тодосиева, Сандица Иванова, Горица Попова-Жеглата, Катица Минова и Анка

Републичко првенство на 16.3.1974 во Скопје Јуниори I разред Име и презиме Пласман Ангел Наумовски 3 Ванчо Манов 4 Илчо Маневски 6 Јорданчо Стоименов 7 Станчо Митев 10 Мијалче Апостолов 11 Пионери постари Благој Зафиров Миле Стојов Владо Чурев Благој Каров Благој Андонов Миле Стоимировски

3 10 13 14 24 27

Јуниорки I разред Име и презиме Пласман Мишева Тодорка 4 Цвета Ѓоргиева 6 Душанка Јакимова 7 Зорица Максимова 9 Иванка Андонова 10 Јасминка Тркаљанова 14 Пионерки постари Лилјана Димитрова Ката Тодосиева Васка Јованова Елена Варелова Весна Тодосиева /

7 11 12 13 18 /

На Сојузниот натпревар во гимнастика одржан во Загреб 1974 г., екипата од Кочани, во конкуренција на младинци од I разред го освои третото место. И овде, во сеќавањата на членовите на групата евоцирани за емисијата „Спортски времеплов“ во 2000 година, гимнастичарите се навраќаат на сè поголемата разлика во условите кои ги имаат 89


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Републичкото првенство на Македонија 1977 г. во Скопје, ДФВСР „Партизан“ од Кочани на дефилето пред отворањето

македонските гимнастичари и гимнастичарите од останатите југословенски гимнастички центри кои се во нивната конкуренција како што се: Љубљана, Суботица, Нови Сад, Београд, Загреб и други. Екипата е предводена од тренерот Досев, а нивниот поединечен пласман на југословенско ниво е: Наумовски (16. место), Стоименов (18. место), Манов В. (19. место), Маневски И. (21. место), Митев (24. место).80 На Републичкото првенство одржано на 14 и 15 јуни 1975 г. во Скопје екипата младинци I разред од Кочани го освои првото место. На првенството одржано во Земун 1975 година екипата младинци I разред, го освојува третото место во Југославија. Екипата во состав Мановски, Стојменов, Наумовски, Манов и Митев од Кочани ја води тренерот Милан Ангелов-Г’лма од Кочани. На Државното првенство во Земун 1975 година во женска конкуренција од Кочани се натпреварува Катица Тодосиева во категоријата млади јуниорки. Паралелно со споменатата екипа која остварува забележливи резултати, од 1972 година, најпрво како тренер волонтер, а од 1975 година и како професионално вработен тренер во Друштвото за екипите од машките категории почнува со свој работен ангажман и Ратко Јосифовски. Тој почнува да работи со почетни категории во пионерска конкуренција, со кои работи по сопствена програма подготвувајќи ги за натпревари, според неговите сопствени сеќавања изнесени во документарната емисија на РТВ Кочани, „Спортски времеплов“ од 2000 година. Извор: официјален извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани.

80

90


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Во периодот од 18 до 20 октомври 1975 година се одржува Првиот меморијален турнир во гимнастика „Јордан Манов-Јоцо“. Отворено гимнастичко првенство на кое со свое учество се претставуваат и гимнастичари од повеќе југословенски центри: Суботица, Нови Сад, Ниш... Овој меморијален натпревар добива републички рамки, а на него се претставуваат и неколку репрезентативци, меѓу кои од Кочани е Ангел Наумовски81. На овој натпревар се на повидок гимнастичари од Кочани кои се натпреваруваат во пионерска категорија, а веќе укажуваат на продолжување на традицијата. И кај пионерите и кај пионерките првите места беа резервирани за кочанските гимнастичари: Каров и Соколов во машка и Теодосиева, Тасева и Јованова во женска конкуренција82. На прогласувањето за најдобропласираните гимнастичари во Македонија за 1975 година, Ангел Наумовски од Гимнастичкото друштво од Кочани се наоѓа на деветтата позиција на најуспешни83. Наредната 1976 г. на Републичкото првенство во гимнастика во Скопје на 10 и 11 април се наоѓа на втората позиција во сениорска конкуренција со 41,90 бода. На екипното Републичко првенство во Македонија во Скопје на 29 мај 1976 г., сениорската екипа од Кочани го освои првото место, јуниорите се втори, а јуниорките први. Екипата на пионерки во состав: Соња Матеничарска, Соња Стојчева, Јованка Петрова-Диди, Мирјана Тодосиева, Сандица Иванова, Горица Попова-Жеглата, Катица Минова и Анка (презимето не им е познато на авторите). се пласираа на второто место84. М. Тодосиева во поединечен пласман е на деветтата позиција со освоени 30,70 бода. Во 1977 година во Скопје се одржа 31. Републичко првенство во спортска гимнастика на кое учествуваат 80 гимнастичари и гимнастичарки во сите категории. На ова првенство пионерките од Кочани се пласираат на второто место екипно, а поединечно најдобропласирана од кочанската екипа е Матеничарска, на третата позиција85, М. Тодосиева е на седмата позиција со освоени 30,15 бода. Во категоријата јуниорки екипно го освојуваат првото место, а во поединечен пласман Теодосиева е на третата позиција. Екипата на пионерите се наоѓа на второ место, а во поединечен пласман Петров е на третото место. Јуниорската екипа од Исечок од дневен весник: Гимнастички турнир во Кочани (новинар С.(лободан)А.(рсов)) Истиот извор. 83 Исечок од дневен весник: Антонија Николовска заслужено прва (новинар В. П.) 84 Истата екипа во категоријата пионерки, а потоа младинки во 1976, 1977,1978 г. има постигнато добри резултати во категоријата партизански повеќебој. 85 Исечок од дневен весник: 31. Републичко првенство во спортска гимнастика – Николовска и Наумовски најдобри (новинар В. Ј.) 81

82

91


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Кочани е на првата позиција, а поединечно најдобро пласиран јуниор од Кочани е Наков на третото место. Во сениорска конкуренција најдобар е Наумовски од Кочани86. Во втората половина на осмата деценија паралелно се појавуваат и млади гимнастичари во пионерскиот и јуниорскиот состав кои продолжуваат да нижат победи за екипата на Кочани некои од нивните имиња се: Благој Зафиров, Душко Митев, Благој Каров потоа Гоше Петров и др. На отвореното првенство на град Кочани во 1977 г. во поединечна конкуренција се издвојуваат: Б. Каров (4. место), В. Чурев (6. место), Г. Петров (7. место), а кај женските натпреварувачки: К. Тодосиева (3. мес­ то), С. Матеничарска (4. место), М. Тодосиева (7. место). На Републичкото пионерско првенство во Скопје 1977 г. пионерите го освоија третото место. Позабележителни поединечни резултати имаат Петров и Чурев. Пионерките го освоиле второто место, а во поединечен пласман се издвојуваат Матеничарска и Ефтимова87. Во категориите на натпреварувачките веќе почнуваат да се издвојуваат имињата на Соња Матеничарска, Верица Ефтимова, Христова, Снежана Постолова, Марија Митевска, кои ќе бидат забележани во наредниот период, и кои според сеќавањата на тренерот Перса Диневска се вбројуваат меѓу најдобрата екипа на натпреварувачки од Друштвото, кои стануваат водечка женска гимнастичка екипа во Републиката и учествуваат на голем број сојузни натпревари во гимнастичките центри на тогашна Југославија: Нови Сад, Суботица, Београд, Сремска Митровица, Загреб и други места, каде како македонски репрезентативки ја претставуваат македонската гимнастика. На Отвореното првенство на град Скопје 1977 г. (натпревар од сојузен ранг), во поединечен пласман се издвојуваат Петров (4. место) и Каров (7. место). Истата 1977 г. белградскиот весник „Спорт“ објавува текст под наслов: „Наумовски најбољи“88. На Сојузното првенство одржано во Приштина 1978 г., во категоријата млади јуниори од Кочани учествува Гоше Петров како натпреварувач од ДТВ „Партизан“ од Кочани, на кое го освојува второто место во вежби на разбој, а 11. место, во вкупен пласман во категоријата млади јуниори. Матеничарска е на 24. место. Исто. Исечок од дневен весник 31 Републичко првенство во спортска гимнастика- Николовска и Наумовски најдобри (новинар В. Ј.) 87 Извор: официјален извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани. 88 „Спорт“ од 30 мај 1977 г.; Првенство Македоније у гимнастици – Наумовски најбољи. 86

92


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Од лево кон десно: Перса Диневска, Соња Матеничарска, Снежана Постолова и Зоре Филипова

На 3 февруари 1978 година во Кочани се одржува избор на спортист за 1977 година, на кое Ангел Наумовски се наоѓа на петтата позиција89. На Републичкото поединечно првенство во Кочани на 15.04.1978 г., во категоријата пионерки Соња Матеничарска е првопласирана, Јованка Петрова е на третата позиција, а М. Тодосиева го освои седмото место. Во категоријата јуниорки Верица Ефтимова освои 5 место, а Благој Каров е на третата позиција во категоријата сениори. На Републичкото екипно првенство во Прилеп на 3 јуни 1978 г. Друштвото учествува во категориите младите јуниори, млади јуниорки и јуниори и јуниорки. Екипите на млади јуниори и на јуниори освоија први места, додека екипите на млади јуниорки и јуниорки ги освоија вторите места, екипата младинки во истиот состав го освои третото место. Во поединечен пласман трето место освои Соња Матеничарска, предводник на една нова генерација гимнастичарки, кои во наредните 10 години ја прославија кочанската гимнастика, како на републичко, така и на сојузно ниво; Верица Ефтимова освои трето место во категоријата јуниорки, а М. Тодосиева е на осмата позиција. Во категоријата млади јуниори првото место го освои Гоше Петров, а третото Златко Ангелов, за кое тој самиот при евоцирање спомени за професионалните почетоци го наведува како големо изненадување заради, како што самиот вели, јаката конкуренција. Додека Благој Ка Извор А Наумовски, добиено признание.

89

93


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

ров на истото првенство е втор во категоријата јуниори. Ова првенство претставува и првиот официјален натпревар на кој се преставува Златко Ангелов, кој ќе остави забележливи траги во кочанската гимнастика во наредните десетина години. На Државното првенство на Југославија одржано во Скоје 1978 година екипата од Кочани го освојува второто место90. На сојузниот турнир во Суботица 1978 г., екипата на млади јуниори го освои третото место, а младите јуниорки се на петтата позиција. Во поединечен пласман се истакнуваат Г. Петров (4. место), З. Ангелов (10. место), С. Матеничарска (6. место), Ј. Петрова (9. место). Иако во последните десетина години сè повеќе доаѓа до израз разликата во условите за работа во поголемите гимнастички центри во Југославија, поаѓајќи од големината на салата, па сè до квалитетот на справите за вежбање, сепак кочанските гимнастичари сè уште претставуваат достојни противници на сојузните натпревари. Во Билтенот на Гимнастичкиот сојуз на Југославија, кој се однесува на 1978/79 г., меѓу останатите информации според наведениот извор стои и забелешката: „Во Југославија се појавува нов гимнастички центар, кој десетина години во континуитет постигнува завидни резултати. Тоа е ДТВ „Партизан“ од Кочани.“91 Кон крајот на осумдесеттите и на почетокот од деведесеттите години во делот на женската натпреварувачка гимнастика се повеќе се слушаат имињата на Верица Ефтимова, Снежана Постолова и Соња Матеничарска кои се и македонски репрезентативки. Сите тие биле и републички првенки во одредени категории во поединечните пласмани. Верица Ефтимова е една од првите гимнастичарки од Кочани на која й успеа републичката титула од Скопје да ја пресели во Кочани и тоа три години по ред од 1980 г. до 1982 г. кога беше најуспешна во Македонија, како што забележал и спортскиот тренер во новинарскиот текст: Средба со гимнастичарките на ДТВ „Партизан“ од Кочани - Аноним Извор А. Наумовски, добиено признание. По завршување на натпреварувачката кариера останал во гимнастиката како тренер во гимнастичкиот клуб Орце Николов во Скопје. Од 1978 до 1982 г. работи како тренер волонтер. Тренерската кариера професионално ја продолжува во истиот клуб од 1987 г. па сè до денес. Со членовите на овој клуб има остварено значајни резултати како тренер: Учество на Младински олимписки игри во Лисабон 1997, Освоено трето место на Балканските игри во Софија 1997 г., на младински олимписки игри во Ејсберг – Данска 1999, учество на Европско првенство во Париз 2000 г., на повеќе гимнастички првенства во Љубљана, Загреб, Костолац и др. Од големиот број награди и признанија ќе споменеме само неколку: Од Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија добива награда за најдобар тренер во 2004 г., од Гимнастичкиот клуб Кочани добива признание по повод 105-годишнината од неговото постоење, од Сојузот на спортови на Скопје е награден со 13-ноемвриска награда за 2015 г. за успешна работа со млади гимнастичари. 91 Извор: Станчо Митев. 90

94


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари од Кочани, од лево кон десно стојат: Јорданчо Стоименов-Дани, Зоран Дејанов, Валентин, Валентин, Зоран Миленков, Гоше Данилов, Владо, Виктор Мишев, Перса Диневска; пред нив: Соња Матеничарска, Снежана Постолова, Зоре Филипова, Јованка Митева, Валентина Арсова, Весна Мишева, Оливера Стоилкова, Ирена, Емилија Миланова, Светлана Костова и Весна

ни шампионки. Нивните чекори успешно продолжуваат да ги следат: Весна Мишева, Оливера Стоилкова и Валентина Арсова, според истиот текст. На турнирот на градови одржан во Нови Сад го освојуваат четвртото место во сениорска конкуренција. На Државното првенство на Југославија во Параќин 1979 г. го освоија 3. место во екипна конкуренција во категоријата јуниорки. На Државното првенство на Југославија одржано во Суботица наредната 1980 г., во истата категорија јуниорки во екипен пласман се на второто место. Во машка конкуренција традицијата на успешни натпреварувачи ја продолжуваат Златко Ангелов-Циско и Никола Ефтимов-Коко. Интензивната вежба, големиот личен ангажман и вложениот ентузијазам уште еднаш резултираат со исклучителни резултати забележани во кочанската гимнастика. Од средината на осмата деценија тренерот Ратко Јосифов покрај своите редовни тренинзи со категориите натпреварувачи, препознавајќи го нивниот спортски потенцијал ги издвојува Никола Ефтимов и Златко Ангелов, со кои работи со посебна програма и со вложување посебен ангажман. Дополнителниот труд вродува со плод. Резултатите не изостануваат, иако Никола Ефтимов од лични причини преминува во Скопје. Двоецот Јосифов–Ангелов продолжува со вредниот тренинг и нижењето на спортски успеси сè до 1981 г. Последните години од осумдесеттите и првите од деведесеттите години се во знакот на гимнастичките 95


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

достигнувања на Златко Ангелов. Активно се натпреварува во периодот од 1977 до 1984 година, од кое до 1981 година под раководство на тренерот Ратко Јосифовски. Во овој период освојува награди на сите државни првенства во Македонија во својата натпреварувачка категорија. Надвор од Републиката учествува и освојува значајни резултати во речиси сите гимнастички центри на натпреварите и позначајните турнири во Југославија: Загреб, Суботица, Нови Сад, Сремска Митровица, Белград и др. На одржаниот турнир во Скопје 1979 година е прв во категоријата пионери. Со освоеното прво место во категоријата млади јуниори на Државното првенство, одржано во Кочани на 29 март ја започнува оваа за него успешна година. На Првенството на Југославија во Суботица во јуни 1980 г. е втор во вежба на прескок, во категоријата млади јуниори. На крајот на истата 1980 на одржаниот Турнир на републиките и покраините во Загреб, Златко е прв во категоријата млади јуниори. Наредната 1981 на 35. Првенство на Југославија, одржано во Прилеп го освојува првото место во истата категорија. Од „Партизан“ на Македонија за 1982 година добива Признание за постигнатите резултати во 1982. Веќе во јуни 1984 г. на одржаното Првенство на Југославија во Белград се наоѓа на втората позиција во категоријата јуниори. На турнирот во Кочани одржан во септември 1984 година е на првата позиција. На неколкупати во споменатиот период ја носи титулата спортист на годината. Сепак, според сеќавањата на Златко и на неговиот тренер Ратко за нив најзначајни остварувања се двете учества како репрезентативец на Македонија и на Југославија на двете балканијади. Првата, во 1981 г. во салата „Пинки“ во Белград, каде во вкупен пласман го освојува 13. место, додека по справи е на четвртото место во прескок, а на петто место во вежба на алки. Втората Балканијада на која учествува е во Хасково, Р Бугарија во 1984 година. Првенството одржано во Прилеп 1981 година во конкуренција на младинки I разред го освојуваат третото место. На Републичките првенства одржани 1981 г. и 1982 г. одржани во Кочани првите места во екипна конкуренција се резервирани за кочанските екипи. 1983 г. на Републичкото првенство во Скопје екипата јуниори го освојува првото место, а на сојузниот натпревар истата екипа се пласира на третото место во Југославија92. На Републичките натпревари во периодот од 1983 до 1990 година една или повеќе екипи од Друштвото „Партизан“ од Кочани, во различна категорија го освојуваат првото место, а сите се во редот на првите три места. Извор: официјален извештај од ДТВ „Партизан“ Кочани.

92

96


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Текст од весникот Вечер Спорт од 22.12.1986

Подготовки на гимнастичарите во Дојран, 1987 г. (од горе и од лево кон десно): Златко Ангелов, Гоше Данилов, Виктор Мишев, Зоран Миленков, Оливера Стоилкова, Весна Мишева

97


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Екипен пласман на гимнастичарите од „Партизан“ – Кочани во периодот од 1983 до 1990 година

Републичко првенство во 1983 година во Скопје Јуниори 1. место / / Сојузно првенство во 1983 година Јуниори 3. место Регионално првенство во Штип на 5.11.1984 година Пионери 1. место Пионерки 1. место Помлади пионери 1. место Помлади пионерки 1. место Републичко првенство на 27.5.1984 година во Куманово Постари пионери 1. место Постари пионерки 3. место Помлади пионери 2. место Помлади пионерки 2. место Републичко првенство на 10.5.1986 година во Скопје Млади јуниори 1. место Сениорки 1. место Пионери 2. место Републичко првенство на 30.5.1987 година во Скопје Пионери 2. место Пионерки 2. место Републичко првенство на 20.5.1989 година во Скопје Сениори 1. место Сениорки 1. место Јуниори 1. место Јуниорки 1. место Пионери 1. место Пионерки 1. место Републичко првенство 1989 година во Кочани Сениори 1. место Сениорки 1. место Јуниори 1. место Јуниорки 1. место Пионери 1. место Пионерки 1. место Пионерско Републичко првенство 1989 година во Кочани Постари пионери 2. место Постари пионерки 1. место Помлади пионери 1. место Помлади пионерки 1. место Републичко првенство на 25.10.1990 година во Скопје / / Јуниорки 1. место Републичко првенство за пионерски категории на 1.6.1990 година во Струмица, 12.10.1991 во Прилеп, 26.10.1991 во Кочани и на 23.11.1991 во Скопје Пионери до 8 год. 1. место Пионерки 1. место Пионери до 10 год. 1. место Пионерки 1. место Пионери до 15 год. 2. место Пионерки 1. место

Пред самиот крај на овој исклучителен период во поглед на кочанската гимнастика се појавува една сосема нова генерација гимнастичари со кои завршува овој и започнува следниот период во развојот на гимнастиката во Кочани: Ангелчо Атанасов, Петар Стојанов, Благој Наков, Даниел Јанев, Николчо Колев, Зоран Лазаров и др. се дел од нив во машката гимнастика, додека во женска конкуренција настапуваат: Јулија 98


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Од лево горе: Валентина Арсова, Соња Матеничарска, Весна Мишева, Зоре Филипова, Татјана Станкова, Јованка Митева, Оливера Стоилкова

Арсова, Татјана Раца, Соња Атанасова, Елена Лазарова, Ленче Василевска, Марија Баток, Весна Бумбаровска, Елена Костадинова и други. На Четвртиот финален турнир во гимнастика за пионери и пионерки одржан на 26.11.1991 година во Скопје, најуспешни се младите гимнастичари и гимнастичарки од Кочани. Екипно во сите категории (пионери и пионерки) го освоија првото место. Награди во поединечен пласман освоија пионерите до 8 години: Јанев, Колев и Лазаров (првите три места); пионерите до 10 години: Стојанов и Наков (првите две места); до 15 години Атанасов освои второ место. Во категоријата жени пионерки до 8 години: Бумбаровска, Баток и Василевска, првите три места; до 10 години: Атанасова и Лазарова, првите две места; до 15 години: Арсова и Раца ги освоија првите две места.93 Во периодот од 10 до 28 јуни во Дојран се одржа и натпреварот во гимнастички повеќебој. Друштвото од Кочани учествуваше со 36 натпреварувачи и го освои третото место во Македонија. Истата година на 26 октомври Друштвото од Кочани ги освои и преодните пехари кои се доделуваат на Меморијалниот натпревар „Јордан Манов-Јоцо“. Во поединечна конкуренција во категоријата млади јуниорки сите три први места ги освоија гимнастичарките од Кочани и Дневен весник од 26.11.1991 година; „Иднината е во младите“ (новинар В. Павлов).

93

99


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

тоа: Јулија Арсова како првопласирана, а Соња Атанасова второ и Елена Лазарева трето место. Во категоријата јуниорки првото место го понесе Елена Костадинова, Татјана Раца второто, а третото место го освои Александра Тодорова, и во категоријата сениорки: Данче Величкова, Лилјана Накова и Емилија Милованова. Првото место во категоријата млади јуниори го освои Александар Стиолков, во јуниорската конкуренција првото место му припадна на Ангелчо Атанасов, доека во сениорска на Гоше Данилов. Тоа се воедно и најдобрите претставници на најмладата генерација гимнастичари со кои го затвораме овој најзабележителен период на кочанската гимнастика. Во 1991 година според официјалниот Извештај за работата на ДТВ „Партизан“ од Кочани94 сумирајќи ги резултатите од сите одржани натпревари во тековната година, на последниот натпревар одржан во Скопје официјално е прогласен победникот за најдобро друштво во женска гимнастика, најдобро друштво во машка гимнастика и најдобро спортско гимнастичко друштво во Македонија, со што се стекнуваат со титулата носители на преоден пехар. Носител на сите три преодни пехари за 1991 година беше ДТВ „Партизан“ од Кочани. Преодниот пехар во женска конкуренција го освои Данче Величкова, а во машка Ангелчо Атанасов. Гимнастичкото друштво од Кочани го заокружува овој период од своето опстојување со по двајца тренери во машката и женската спортска гимнастика, од кои тројцата се во редовен работен однос, а еден е сè уште на волонтерска основа. Последната година, 1991 ја завршува со вкупна бројка од преку 400 членови, претежно деца до 14-годишна возраст, а помал број членови до 19-годишна возраст95. Од оваа година се воведува и турнирскиот систем на натпревари според кој се работи до 1997 година.

Годишен извештај за работа за 1991 година, заведен со бр. 01-3 од 11.1.1992 година. Годишен извештај за работа за 1991 година, заведен со бр. 01-3 од 11.1.1992 година.

94 95

100


ПРИЛОГ-ФОТОГРАФИИ ШТО ГО НАДОПОЛНУВААТ ПЕРИОДОТ ОД 1966 ДО 1992 ГОДИНА

Тренерот Јордан Манов-Јоцо со гимнастичарките: Виолета Батакова, Перса Батакова, Голубинка Илиева, Блашка Лазарова, Елица Тодорова, Нада Заова, 1966 г.

Перса Батакова, прескок

Гимнастичар на разбој

101


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Блашка Лазарова, скок на греда

Гимнастичар на кругови

Кочанските гимнастичари на Повеќебој на Македонија одржан во Дојран 1966 г.

102


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари на подготовки на Пониква 1969 г. од десно кон лево: Ванчо Лазаров, Павле Павлов

Гимнастичари пред зградата на Партизан, 1969 година: Благој Досев, Ванчо Лазаров, Павле Павлов и др.

103


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Гимнастичари на ДТВ „Партизан“ – Кочани со тренерот Јордан Манов-Јоцо

Југословенски спортски игри во Скопје на 17.7.1972 година

104


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичарки и гимнастичари на подготовки на Пониква, јули 1973 г.

Копија од натпреварувачката книшка на Ванчо Лазаров со постигнати резултати

Копија од натпреварувачката книшка на Ангел Наумовски

105


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Бранко Заов, вежба на коњ со дршки

На првенството во Србобран, од десно Ванчо Лазаров

Слет на стадионот во Кочани, 1970 г.

106


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастичари и членови од Управата на Друштвото, 1973 година

Екипи од пионерските категории на ДФВСР „Партизан“ – Кочани кои учествувале на Републичко првенство на Македонија и во вежби на справи и во партизански повеќебој, по 1975 г.

107


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Подготовки на Осогово, 1976 г. Од лево кон десно се: Соња Стојчева, Јованка Петрова-Диди, Звезда, Раде Јосифов (тренер), Лена, Бина, Мирјана Тодосиева

Амблемот на Гимнастичкиот клуб, 1970 година

108


ЧЕТВРТИ ДЕЛ

ДРУШТВОТО ЗА ГИМНАСТИЧКИ СПОРТОВИ „ПАРТИЗАН“ – КОЧАНИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 1992 ДО 2016 ГОДИНА Период на транзиција По распаѓањето на СФРЈ, од неа се формираа повеќе самостојни независни држави, меѓу кои и нашата, Република Македонија. Глобалната економска криза, како и влошената економска состојба во Македонија, влијаеше лошо во Кочани и во целата кочанска општина. Фирмите ги загубија пазарите и почнаа да бележат големи загуби. Ја изгубија економската моќ и одеа во ликвидација. Сè помалку стредства се слеваа во буџетите. Државата немаше повеќе капацитет да ги финансира општествените дејности во доволна мера. Физичката култура и спортот беа на работ на егзистенција. Престана финансирањето на спортските друштва и спортските клубови, а со тоа и на Друштвото за гимнастички спортови Партизан – Кочани. Развојот на аматерскиот спорт во Македонија и во градот ги загуби своите позиции.

Работа на Друштвото и учество на натпревари Во првиот период, додека беше финасирано од ОСИЗ за физичка култура, ДГС „Партизан“ – Кочани сè уште доминираше на републичките натпревари во спортска гимнастика во Македонија. Беше најдобро гимнастичко друштво и во машка и во женска конкуренција, постигнуваше значајни резултати. Беше прогласувано за најдобро спортско друштво во спортска гимнастика во Македонија и во женска и во машка конкуренција. Тренери во постојан работен однос беа Перса Диневска, Соња Матеничарска и Јорданчо Стоименов. Друштвото постепено почна да назадува, за влошувањето на состојбата влијаеа повеќе фактори. Еден од 109


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

главните фактори беше финансиската состојба, што резултираше со нередовно подмладување на екипите. Економската криза директно влијаеше на финансирањето во физичката култура и спортот. Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“ – Кочани остана без постојан прилив на средства. Најпрво се укинаа редовните работни места за тренерите, со што тоа се најде пред затворање на салата за вежбање. Перса и Јорданчо продолжија да работат како волонтери, а им се придружија Благој Каров и Николче Колев. Со трпелива и упорна работа на тренерите ентузијасти Друштвото полека успеа да се врати на старите позиции. Повторно стана најдобро спортско друштво во спортска гимнастика во Македонија. Опстанокот на Друштвото повторно зависеше од волонтерската активност. Друштвото беше во рацете на тренерите волонтери. По делумното соземање од првиот удар Друштвото започна да се стабилизира и да се адаптира на новите услови за работа. Беше избран нов ИО со тренери волонтери, Благој Каров ја прифати понудата да биде претседател на Собранието и на Извршниот Одбор и тренер волонтер по спортска гимнастика во Друштвото. Подмладувањето на натпреварувачките екипи со нови членови продолжи поинтензивно. Друштвото од година во година го зголемува бројот на членови во рекреативните активности од кои се врши селекција на деца, таленти за гимнастика, со што на време се подмладуваат пионерските натпреварувачки екипи, што претставува гаранција за бележење добри резултати во наредните натпреварувачки години. По 2 – 3 години работа младите членови од пионерските категории почнаа да постигнуваат квалитетни резултати на натпреварите, а за 4 – 5 години квалитетни резултати постигнаа и членовите на јуниорските и сениорските категории. Тие се изборија Друштвото повторно да биде прогласено за најдобро во Македонија во спортска гимнастика. Ја доби Петровденската награда за значајни остварувања во градот Кочани за 2012 година. Покрај тешкотиите Друштвото успева успешно да ја продолжи традицијата на гимнастиката во Кочани. На натпреварите за Државно првенство на Македонија, доминираше како во машка, така и во женска конкуренција. Во втората половина од периодов повторно започна да оди по нагорна линија. Од пред 4 – 5 години Друштвото постепено веќе се искачува на челната позиција во Македонија. Поради тоа е прогласено за најдобро спортско друштво во Кочани за 2011 и 2012 година, а тренерот Николчо Колев е прогласен за најдобар спортски тренер во Кочани во истите години. 110


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Пионерската селекција на Македонија на подготовки во Дојран, 1993 г. Селектор Благој Досев, гимнастичари од Кочани: Николчо Колев втор од десно (стои), Сашо Антовски, втор од десно (долу) до него Даниел Јанев

Значајно е и тоа што Друштвото постигнува добри резултати и на републичките натпревари во рекреативниот спорт, а работи и со голем број мали деца. Исто така успешно врши селекција на талентирани деца за гимнастика и на време врши подмладување на натпреварувачките екипи. Од одржаните натпревари во 1992 година, „Партизан“ од Кочани учествува на два државни натпревара во Струмица и во Битола, на кои според постигнатите резултати како во екипна, така и во поединечна конкуренција гимнастичарите од Кочани се пласираат во врвот, но со оглед на реномето кое овој клуб го имал во претходниот период на исфрлање на најголем број репрезентативци веќе е видлива надолна линија. Поединците кои сè уште даваат надеж за кочанската гимнастика се пионерки и пионери од 8 до 15 години: Весна Митева, Ивана Манева, Соња Атанасова, Марија Баток, Елена Костадиновска, Сашо Антовски, Даниел Јанев, Николчо Колев и Александар Стоилков96. Речиси истите имиња се повторуваат и во натпреварувачката 1993 година, присутни се на државните турнири, а летните подготовки ги реализираат во одморалиштето во Стар Дојран97. Во натпреварувачката 1994 година гимнастичарите од Кочани се присутни и во двата државни натпреварувачки циклуса: пролетен и Извештај за работа на ДГС „Партизан“ Кочани за 1992 година. Извештај за работа на ДГС „Партизан“ Кочани за 1993 година.

96

97

111


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Извадок од дневен весник

112


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Исечок од дневен весник од февруари 1994 г.

есенски турнири во Струмица, Битола, Кочани, Велес, Скопје и Прилеп и на Државниот меморијален турнир „Јордан Манов-Јоцо“ во Кочани. Натпреварувачките екипи ги води Јорданчо Стоименов-Дани98. По сумираните резултати од Гимнастичкиот турнирски систем, „Партизан“ од Кочани се најде на второто место во екипна конкуренција. Во поединечен пласман Даниел Јанев и Александар Стоилков ги освоија вторите места, секој во својата категорија. Во женската натпреварувачка гимнастика екипата од Кочани го освои првото место, а во поединечен пласман подобро рангирани гимнастичарки се: Елена Костадиновска, Марија Баток, Ивана Манова, Јулка Китанова и Теодора Серафимова, сите во своите натпреварувачки категории99. На ранг-листата на десетте најдобри гимнастичари за 1994 година во Македонија на петтата позиција се најде Даниел Јанев, на осмата Ивана Манова, а на деветтата позиција беше Марија Баток, сите од ДГС „Партизан“ од Кочани100. Извештај за работа на ДГС „Партизан“ Кочани за 1994 година. Исечок од дневен весник, наслов на текст: Титов Велес и Кочани – најуспешни (новинар Б. Б.) 100 Исечок од дневен весник: Објавена ранг-листата на најдобрите спортисти гимнастичари на Македонија за 1994 година (новинар Б. Б.). 98 99

113


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Најдобрите гимнастичари и гимнастичарки од Македонија во периодот од 2 до 5 јули 1997 година се наоѓаат во Софија на Првите балкански младински олимписки игри. Во состав на екипата влегуваат и Даниел Јанев и Катерина Христова од Кочани101. Во 1999 година кочанските гимнастичари настапуваат на четири регионални и на два државни натпревара во Скопје и во Тетово. На натпреварот во Скопје екипите млади јуниори и млади јуниорки го освојуваат третото место, а екипата јуниорки првото место. Во поединечен пласман подобро пласирани се Јулка Китанова, Зоран Стојков, Катерина Христова, Ивана Манова и Сашко Антовски, кои во своите категории ги освојуваат вторите или третите места102. До 2003 година учествуваат на сите државни првенства во Македонија на кои постигнуваат добри пласмани, како најдобри поединци се издвојуваат Јулка Китанова во женска и Кире Ѓоргиев во машка конкуренција. На Државното првенство на Македонија за 2001 година, одржано во Скопје, најголем успех од кочанските гимнастичари покажа Јулка Китанова во категоријата јуниорки со освоеното прво место со резултат од 20,10 бода103. Во листата на десетте најдобри спортисти во Кочани, кои ја одбележаа 2002 година се најдоа и имињата на гимнастичарите Кире Ѓоргиев и Јулка Китанова104. На завршниот турнир на Државното првенство во гимнастика за 2003 г. одржано во Скопје, Јулка Китанова го освои второто место во конкуренција на сениорки, додека Кире Ѓоргиев го освои првото место во категоријата на помлади јуниори105. Истите се најдоа повторно на листата на најдобрите спортисти и за 2003 година106, а Станчо Митев, добива награда за спортист кој оставил траен белег во кочанскиот спорт. На Годишното собрание одржано во февруари 2004 година се бира нова раководна структура во Гимнастичкото друштво во Кочани. За претседател е избран Благојчо Каров, поранешен гимнастичар, додека за Исечок од дневен весник: На калење во Софија; и текст со наслов: Македонија со 96 спортисти, од 12 јуни 1997 г. (новинар Горан Антевски). 102 Официјален извештај за постигнати резултати во периодот 1999 – 2003 година. 103 Весник „Скок“, стр. 15, Фаворитите убедливи, (новинар Ва. Ј.) (исечок) 104 Весник „Актуелности“, год. X, бр.35 од 24.1.2003, стр. 15: Највисоките признанија за Тркаљанов, Колев и ЖШК „Кочани-Универзалпромет“. 105 Весник „Актуелности“, год. X, бр.76 од 4.12.2003, стр. 17; Ѓоргиев-шампион, Китанова – вицешампион. 106 Весник „Актуелности“, год. X, бр.83 од 5.2.2004, стр. 17; Ѓоргиев најуспешен спортист за 2003 година. 101

114


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

секретар е избран Станчо Митев, исто така поранешен гимнастичар107. На истото Собрание е разгледуван и Извештајот за периодот од изминатите пет години, од 1998 до 2003 година. Овој период е оценет како еден од финансиски потешките, кога се добивани средства само за работата на тренерите. Од 2003 година се укинуваат и средствата за плати за тренерите. Во Извршниот одбор на Друштвото, освен претседателот влегуваат уште и Соња Јовиќ-Матеничарска, Станчо Митев, Николчо Ефремов, Наташа Глувчевска, Методи Стефанов и Гоше Китанов. Во втората половина од овој период во гимастичките натпревари се воведуваат промени во натпреварувачкиот систем. Се воведуваат две лиги во натпреварите. Лига „А“ и лига „Б“. Со новиот натпреварувачки систем се предвидуваат по три турнира. Во А-лигата се поединечни првенства на Македонија, додека во Б-лигата има три турнира за екипно првенство на Македонија. „Партизан“ од Кочани учествуваше со свои претставници на сите одржани републички натпревари во А и Б-лигата и со машки и со женски натпреварувачи во периодот од 2004 до 2005 година, со освојување значајни пласмани. Во 2004 година освен Јулка Китанова и Кире Ѓоргиев, кои ги освоија првите места во своите конкуренции сениорки и јуниори, на Првенството на Македонија, одржано во Велес на 12 и 13 јуни, најдобро пласирана беше и јуниорската екипа на ДГС од Кочани со најголем број освоени бодови, а во поединечен пласман Емилија Манова го освои првото место во категоријата јуниорки, додека Стојкица Андонова беше третопласирана во истата категорија108. Оваа натпреварувачка година Ѓоргиев ја понесе и шампионската титула во конкуренција на јуниори, додека Китанова го освои второто место во сениорска конкуренција на Завршното натпреварувачко првенство одржано во Битола. Емилија Манева и Стојкица Андонова во јуниорска конкуренција ги освоија второто и третото место109. И при прогласувањето на најуспешните спортисти од Кочани за 2005 година не изостанаа гимнастичарите, оваа година во редот на најуспешните се појавија Ненад Атанасовски и повторно Јулка Китанова110. Весник „Актуелности“, год. XI, бр. 86 од 26.2.2004, стр. 17; Каров нов претседател на гимнастичарите. 108 Весник „Актуелности“, год. XI, бр.102 од 17.6.2004, стр. 17; Успех на членовите на ДГС „Кочани“. 109 Весник „Актуелности“, год. XI, бр.125 од 1.12.2004, стр. 17; Титулата за Ѓоргиев, Китанова второпласирана. 110 Весник „Актуелности“, год. XI, бр. 183 од 8.2.2006, стр. 20; Ден на десетте најуспешни. 107

115


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Стојкица Андонова е член на составот на македонската репрезентација на Младинската олимпијада одржана во Лијано – Италија, во 2005 година. Имињата на неколку гимнастичари во периодот од 2004 до 2006 година се издвојуваат во кочанскиот гимнастички клуб со своите резултати во различни категории: Емилија Манева е државен првак помеѓу јуниорките во 2004 г., а Јулка Китанова во сениорската категорија во 2004 и 2006 г. Помеѓу гимнастичарите се издвојуваат Ненад Атанасовски кој е државен првак во категоријата пионери за 2005 г., а Кире Ѓоргиев е државен првак во категоријата јуниори од 2004 до 2006 година. Друштвото континуирано постигнува значајни резултати од 2009 до 2012 година, во двете лиги на натпревари. Во тој период во А-лигата се издвојуваат имињата на: Димитри Глувчевски, Петар Каров, Стојан Анастасов, Ненад Атанасовски, Ристе Симеонов и Даниел Димитров помеѓу машките натпреварувачи кои во различни натпреварувачки категории имаат освоено едно од првите три места, додека од гимнастичарките е Рената Стојановска, која во 2009 и 2010 година се појавува како третопласирана во категориите помлади и постари пионерки. Во Б-лигата екипите од Кочани во состав помлади пионерки и состав постари пионерки во 2009 година се на првото место во Македонија. Во поединечен пласман првото место во Македонија, во категоријата помлади пионерки й припадна на Драгана Симеонова. Во категоријата постари пионерки второто и третото место им припадна на Александра Јованова и Христина Анастасова. Во 2010 година во екипен пласман првите места ги освоија екипите на: помлади пионери во состав, постари пионерки и екипата на јуниорки. Во поединечен пласман Ана Николова го освои второто место во категоријата јуниорки, а Емилија Стојановска третото место во истата категорија. Во 2011 г., повторно три екипи од Кочани освоија први места во Македонија, екипите составени од: постари пионери, јуниорки и сениорки. Позабележителни остварувања во поединечен пласман забележаа: Радмила Станчева прво место во категоријата сениорки, Христина Анастасова второ место помеѓу јуниорките, Ана Николова трето место во истата категорија од женските, а од машките натпреварувачи Ристе Симеонов го освои второто место во категоријата помлади пионери, додека Стојан Анастасов прво место во јуниорска конкуренција. Во 2012 г. две екипи освоија први места во Македонија – јуниорките и сениорките, додека екипата составена од постари пионери го освои второто место во Македонија. Во поединечниот пласман Јана Николова го освои третото место во категоријата помлади пионерки, а Василија Христиќ е третопласирана во категоријата постари пионерки. Во категоријата јуниорки 116


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Ана Николова го освои второто место, а Христина Анастасова третото. Радмила Станчева и Изабела Стаменкова се второ и третопласирани во категоријата сениорки. Од гимнастичарите позабележителни резултати постигнаа Филип Постолов трето место во категоријата помлади пионери, а Стефан Зафиров прво место во категоријата јуниори. Од 2013 до 2015 година три години по ред е прогласуван за најдобар машки клуб за гимнастика во Македонија од страна на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија. Во 2014 година претставници од Гимнастичкиот клуб од Кочани учествуваат на турнирот „Љупчо Солачки“ во Благоевград, Р Бугарија, каде позабележителен резултат им е освоеното трето место на прескок од Антонио Јаношевиќ. Во истата година на меѓународен план учествуваат и на турнирот „Лазар Крстиќ и Марица Џелатовиќ“ во Нови Сад, каде Ненад Атанасовски го освоил четвртото место во вежба на кругови. Во 2015 г. Клубот од Кочани има пет државни прваци во своите категории, прогласен е за најдобар машки спортски клуб. Има добиено награда за најдобар тренер на машки клуб во Македонија. Го освојува Гимнастичкиот куп на Македонија како екипа, а Јана Николова е индивидуален освојувач на Купот.

Соколаната по изведената реконструкција од 2002 година

117


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Екипен и поединечен пласман на гимнастичарите од „Партизан“ – Кочани во периодот од 2012 до 2016 година РЕЗУЛТАТИ ЗА 2012 ГОДИНА Државни натпревари Б-лига, 2012 г. Екипни резултати Мажи Жени Екипи Пласман Екипи Пласман Постари пионери / Постари пионерки 2. место Јуниори / Јуниорки 2. место Поединечни резултати за Б-лига Учесник Категорија Вкупен пласман Стојан Анастасов Јуниори 1. место Филип Постолов Помлади пионери 3. место Василија Христиќ Постари пионерки 3. место Ана Николова Јуниорки 2. место Радмила Станчева Сениорки 2. место Изабела Стаменкова Сениорки 3. место Државни натпревари А-лига, 2012 г. Учесник Категорија Вкупен пласман Ристе Симеонов Постари пионери 1. место Даниел Димитров Постари пионери 2. место Ненад Атанасовски Јуниори 1. место Петар Каров Јуниори 2. место

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2013 ГОДИНА Наградени од ФГС на Македонија за најдобро рангираните по одделни категории во 2013 Првонаграден Категорија Ненад Атанасовски Најдобар јуниор за 2013 во А-лига Стефан Зафиров Најдобар јуниор за 2013 во Б-лига Јана Николова Најдобра постара пионерка за 2013 во Б-лига Изабела Стаменкова Најдобра јуниорка за 2013 во Б-лига Христина Анастасова Најдобра сениорка за 2013 во Б-лига Николче Колев Најдобар машки тренер за 2013 Подобро пласирани во 2013 година на втората позиција Нина Тасева Второпласирана помлада пионерка во Б-лига Димитриј Спасов Второпласиран помлад пионер во Б-лига Во екипна конкуренција Екипа јуниори Прво место во Б-лига

118


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2014 ГОДИНА Меѓународен натпревар во Нови Сад (со учество на 21 држава) Поединечен пласман Учесник Категорија Справа Освоено место Ненад Атанасоваски Јуниори Кругови 4. место Ненад Атанасоваски Јуниори Разбој 5. место Турнир „Љупчо Солачки“, Благоевград, Р Бугарија Антонио Јаношевиќ Помлади пионери Прескок 3. место Антонио Јаношевиќ Помлади пионери Коњ со рачки 6. место Антонио Јаношевиќ Помлади пионери Кругови 7. место Државни натпревари А-лига, 2014 г. Учесник Категорија Вкупен пласман Ристе Симеонов Постари пионери 2. место Димитриј Спасов Постари пионери 3. место Петар Каров Јуниори 1. место Ненад Атанасовски Јуниори 2. место Стојан Анастасов Јуниори 3. место Јана Николова Постари пионерки 3. место Државни натпревари Б-лига, 2014 г. Екипен пласман Мажи Жени Екипи Пласман Екипи Пласман Помлади пионери 1. место / / Јуниори 1. место / / / / Сениорки 1. место Поединечен пласман Учесник Категорија Вкупен пласман Антонио Јаношевиќ Помлади пионери 1. место Давид Арсов Јуниори 1. место Филип Стоименов Јуниори 3. место Емилија Стојановска Сениорки 2. место Христина Анастасова Сениорки 3. место Александра Карова Јуниорка 2. место Наградени од ФГС на Македонија за најдобро рангираните по одделни категории во 2014 Машки клуб Најдобар за 2014 година КГС – Кочани Николче Колев Најдобар машки тренер за 2014

119


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2015 ГОДИНА КУП на Македонија за 2015 година се одржа во Кочани Најдобро рангирани Категорија КГС Кочани КУП на Македонија Машки клуб Најдобар клуб за 2015 КГС - Кочани Јана Николова Индивидуален освојувач на КУП на Македонија Првонаграден Категорија Петар Каров Најдобар јуниор за 2015 во А-лига Ристе Симеонов Најдобар постар пионер за 2015 во А-лига Николче Колев Најдобар машки тренер за 2015 Емилија Стојановска Најдобра сениорка за 2015 во Б-лига Јана Николова Најдобра постара пионерка за 2015 во А-лига Антонио Јаношевиќ Најдобар помлад пионер за 2015 во А-лига

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2016 ГОДИНА Меѓународен турнир Љупчо Солачки во Благоевград, Р Бугарија Учесник Категорија Справа Резултат Двовисински разбој 5. место Јана Николова Прескок 6. место Повеќебој 7. место Антонио Јаношевиќ Разбој 8. место Меѓународен натпревар „Лаза Крстиќ и Марица Џелатовиќ“ во Нови Сад (во конкуренција од 14 држави) Учесник Категорија Справа Резултат Јана Николова Без пласман во финале Повеќебој 2. место Коњ со рачки 4. место Антонио Јаношевиќ Разбој 5. место Вратило 7. место Наградени од ФГС на Македонија за најдобро рангираните на државно ниво по одделни категории во 2016 Најдоброрангиран Категорија Антонио Јаношевиќ Најдобар постар пионер за 2016 во А-лига Филип Ангелов Најдобар помлад пионер за 2016 во А-лига Ристе Симеонов Најдобар млад јуниор за 2016 во А-лига Стојан Анастасов Најдобар јуниор за 2016 во А-лига Николче Колев Најдобар машки тренер за 2016 Машки клуб КГС Најдобар за 2016 Подобро пласирани во 2016 година на втората позиција Јана Николова Второпласирана јуниорка во А-лига Димитриј Спасов Второпласиран млад јуниор во А-лига Дамјан Георгиев Второпласиран постар пионер во Б-лига

120


ПРИЛОГ-ФОТОГРАФИИ ШТО ГО НАДОПОЛНУВААТ ПЕРИОДОТ ОД 1992 ДО 2016 ГОДИНА

Тренерот Јорданчо Стоименов со дел од гимнастичарите

Дел од гимнастичарите и Управата на ДТВ Партизан

121


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Александар Стоилков, добитник на преоден пехар

Александар Стоилков, вежба на коњ

122


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Екипа на гимнастичарките со тренерот Перса Диневска

Јулка Китанова, прво место на Првенството одржано во Кочани, 1996 г.

123


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Државно првенство во Битола, претставник од Кочани е Јулка Китанова

Државно првенство во Битола, претставник од Кочани е Јулка Китанова, 2001 или 2002 г.

124


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Стојкица Лазарова, учесник на Младинската олимпијада во Лијано, Италија, 2005 г.

Турнир на градови – Кочани, 2006 г.

125


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Државно првенство во Битола, Јулка Китанова во вториот ред од десно

На Гимнастичкиот турнир во Кочани одржан на 28 октомври 2007 година учествуваат и гимнастичари од Партизан „Орце Николов“ од Скопје

126


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Стојкица Андонова на Државниот натпревар одржан во Кочани, 2009 г.

Балканско првенство во гимнастика одржано во Охрид, 2009 г.

127


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Балканско првенство, Охрид 2009 год. Во судискиот тим од Кочани се: прв од лево Ванчо Лазаров, петти Николчо Колев, шести Сашо Антовски

Турнир, Прилеп 2010 год. тренерите Николчо Колев и Перса Диневска

128


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Александра Јованова – 1. место, Христина Анастасова – 2. место, во категорија Б-лига, 2012 г.

Прво место за екипен пласман во категоријата јуниорки Б-лига, 2012 г., од лево кон десно: Ана Николова, Александра Јованова, Христина Анастасова, а истите и во поединечен пласман ги имаат првите три места.

129


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Прво место во екипна конкуренција за сениорките од Кочани на Државниот натпревар одржан во Скопје, 2012 г. Од лево кон десно: Изабела Стаменкова, Радмила Станчева, Елена Георгиева.

Екипата што го претставуваше Друштвото на Сојузниот натпревар во 1973 година, фотографирана по 40 години. Од лево кон десно: Илчо Маневски, Мијалче Апостолов, Благој Досев (тренер), Ванчо Манов, Ангел Наумовски, Јорданчо Стоименов, Станчо Митев

130


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Гимнастички турнир во Нови Сад, Србија 2014 г., Ненад Атанасовски со освоено 4. место на кругови

Машката екипа од Кочани на турнир во Нови Сад, Србија 2014 г. со освоените признанија, од лево кон десно: Ристе Симеонов, Петар Каров, Николчо Колев, Ненад Атанасов и Димитриј Спасов.

131


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Турнир „Љупчо Солачки“ во Благоевград, Р Бугарија, 2014 г.

Државно првенство во Битола

132


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Екипите на Турнирот „Љупчо Солачки“ во Р Бугарија, 2014 г.

Петар Каров, вежба на разбој

Благоевград, Р Бугарија, 2014 год. Антонио Јаношевиќ го освои третото место на прескок

133


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Куп на Македонија во Кочани 2015 г., машка екипа

Првенство во Битола 2015 г., екипа помлади пионери во Б-лига

134


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Турнир „Љупчо Солачки“, Благоевград, 2015 г. Претставници од Кочани, од лево кон десно: Николчо Колев (тренер), Петар Каров и напред Антонио Јаношевиќ

Екипата од Кочани, победници на Купот на Македонија за 2015 г. на Државниот натпревар одржан во Кочани, со претседателот на Федерацијата за гимнастички спортови, Љупчо Арнаудов

135


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Државен натпревар во Битола, 2016 г.

На одбележувањето на 105-годишнината од постоењето на Гимнастички клуб во Кочани

136


ПОСЕБЕН ДЕЛ

Гимнастиката има посебно место во меморијата на кочанчани, како спорт и како начин на живот. Најголем дел од населението има директен контакт преку соколството, гимнастиката или културно-забавниот живот кој се одвивал во Соколаната. Невозможно е на толку мал простор да бидат наброени сите кои продефилирале низ Гимнастичкиот клуб во овие 105 години постоење.

ЛИЧНОСТИ КОИ СО СВОЈОТ АНГАЖМАН ОСТАВИЛЕ БЕЛЕГ ВО СПОРТСКОТО ЖИВЕЕЊЕ НА ГРАДОТ ОД 1910 ДО 2016 ГОДИНА Патрон на Клубот и гимнастичар Ване Грдовјански, гимнастичар, неговото име по Втората светска војна го носел Друштвениот дом, израснал и се оформил во голем борец за работнички права. Гимнастичар, еден од четирите сина на Тодор Ефтимов. Тој бил шивачки работник, се борел за работнички права. За да не биде уапсен заминал во Скопје да работи на занаетот, но ја продолжил активноста за работнички права. Учествувал во демонстрациите на тутунските работници. За да го одбегне апсењето заминал во Белград. Бил учесник на 27-мартовските демонстрации. Се борел за ослободување на Македонија и македонскиот народ. Еден од првоборците на Кочани. Бил член на Комунистичката партија и член на првата партиска ќелија во Кочани.

137


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Основачи на Гимнастичкото друштво за мажи и жени Петар Иванов Панчев-Петраки, основач и тренер, роден е во Кратово 1880 г. во семејството на Иванови. Завршил Педагошко училиште 1901 г. во Скопје. Бил учител во Кратово, Куманово, а од 1905 година во Кочани. Умрел во Кочани, 1953 г. Учесник е во Илинденското востание и носител на Илинденска споменица 1903, доделена од Президиумот на Народното собрание на НРМ. Квалитетен работник, со богато искуство во наставната работа и со солидни педагошки знаења. Преку остварени контакти со колегите, на патувањата во Солун стекнал основни знаења за програмата на обновените олимписки игри одржани во Атина, 1896 г. Понесен од олимпискиот дух во 1912 г. во Солун завршил и гимнастички курс. Подоцна при патувањата во Белград стекнал знаења за соколскиот систем на вежбање и натпревари. Со вакво знаење и работно искуство тој ја составил првата Програма за работа на Друштвото. Ги прави пионерските чекори во физичката култура и спортот во Кочани. Основач е на Друштвото за гимнастика во Кочани, 1910 г. Член е на Управата и раководител на Друштвото од основањето до 1932 г., кога по одржаниот слет во Кочани се повлекува целосно од Друштвото поради болест. Тој е првиот спортски тренер во Кочани, кој во Друштвото за гимнастика работи волонтерски сè до своето повлекување. Основач е на Клубот за машка спортска гимнастика во вежби на справи во Кочани. Првите неуспешни обиди за формирање на друштво ги започнал уште во 1908 г. во училиштниот двор, кога биле спречени од турската власт. По Младотурската револуција, во есента 1909 г. го прави следниот обид. Пред крајот на зимата 1910 г. го основа Спортското друштво за гимнастика „Кочани“ во Кочани. Основањето на Друштвото било пред празникот Свети Тодор, затоа Управата на Друштвото донела одлука патронен празник на Друштвото да биде Тодорова сабота. Друштвениот дом – Соколаната, која и денес го краси градот, е изграден на негова иницијатива. Го обезбедил првиот простор за вежбање, а ги направил и првите гимнастички справи. Подоцна го вовел соколскиот систем на вежбање, ја подготвил основната програма, која неколкупати подоцна ја надополнувал. Го организирал првиот слет во 1932 г., заедно со Франц Телбан, со присуство на друштва од Македонија. 138


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Франц и Виргинија Телбан, тренери и основачи на женската гимнастика, Франц е роден 1892 г., а Виргинија 1893 г. во Брезница, во близина на Љубљана. По завршувањето на гимназиското образование во Љубљана Телбанови одат во Прага – Чехословачка каде и завршиле виша школа за физичко воспитување. Во гимназиските денови Телбанови биле членови на гимнастичкото друштво во Љубљана, а Франц бил еден од подобрите вежбачи на справи. Со завршувањето на вишата школа се остручиле за физичко воспитување и станале тренери по гимнастика. Тие имале желба да работат во некое соколско друштво во Југославија, па така доаѓаат во Кочани да работат во Соколското друштво. Телбанови биле назначени за раководители на Домот и тренери по гимнастика во Друштвото за гимнастика „Сокол“ – Кочани, а и двајцата биле на платен список на Општина Кочани. Летото 1929 г. српската власт ја доведува фамилијата на Франц и Виргинија Телбан во Кочани. Привремено ги вселуваат во просториите на Друштвениот дом наменети за соблекувални, а при крајот на есента по реновирањето се преселиле во куќата кај џамијата, во сопственост на Неат Берберино. Од аспект на развојот на физичката култура и спортот во Кочани, значајно е и делото на Франц и Виргинија Телбан. Тие се основачи на спортот за жени во Кочани. За првпат ја воведуваат женската гимнастика во градот, со што ја прошириле дејноста на Друштвото за гимнастика „Сокол“ – Кочани. Франц Телбан елементарно ја збогатил машката спортска гимнастика и вежбањето на справи за мажи го подигнал на повисоко ниво. Во почетокот на окупацијата Франц Телбан го префрлил своето семејство од Кочани во Љубљана. А подоцна непосредно пред ослободувањето на Македонија и тој заминал. За него ништо не се знаело сè до почетокот на 60-тите години, кога нашето Друштво учествувало на Државното првенство на Југославија во вежби на справи, кое се одржа во Љубљана. Тогаш Франц Телбан бил забележан меѓу гледачите од наши членови на Друштвото и бил поканет да го посети Кочани. Тоа е реализирано дури во 1970 г. на 60-годишниот јубилеј на Друштвото. При неговата посета беше срдечно пречекан во Друштвото, а беше примен и од општинските раководители. Според раскажувањата на повозрасните гимнастичари, интересен бил и методот на подмладување на постарата група, со помлади соколи, применуван од Телбан. Кандидатот првин имал дуел во слободно бо139


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

рење со тренерот, доколку победел, тренерот во чест на новиот член ги честел со локум останатите соколи.

Предњаци, волонтери и тренери кои со својот ангажман оставиле белег во спортското живеење на градот од 1910 до 2016 година Тодор Минов-Шатето, роден и школуван во Кочани, гимнастичар и еден од првите гимнастички тренери во повоениот период. Методи Ефтимов-Пајако, роден и школуван во Кочани, гимнастичар и еден од првите гимнастички тренери во повоениот период. Костадинка Крушарска (Гиздавиќ)111 - гимнастичар, тренер, спортски судија, член на управувачките органи на Друштвото, родена е 1917 г. во Кочани во семејството на Ефтим и Јана Крушарски. Била член на првата женска соколска екипа во Кочани на десетгодишна возраст, заедно со Марија Панчева, Евгенија Телбан и др. На најраните сочувани фотографии се гледа како претставник на балетската група „Сокол“. Учествува на академијата по Шумадија 1933 г. Интересно е нејзиното присуство како посматрач на сесоколскиот слет во Прага, Чешка, во 1938 г., во составот на групата членови на гимнастички друштва од Скопска Жупа (на сопствен трошок). По ослободувањето работи како тренер волонтер на женската екипа во Кочани. Била член на Управниот одбор на ДТВ „Партизан“ на Македонија во 1952 г., а во истиот период била и судијка на гимнастичките натпревари во Македонија. Во 1967 година како началник на ДТВ „Партизан“ на Кочани, ја има честа да ја отвори Свечената академија во Кочани по повод доаѓањето на Советската репрезентација, која се претставува пред кочанската публика, кога нашите сограѓани имаат чест да го видат советскиот гимнастичар Титов во нашиот град. За волонтерската работа во развојот на гимнастиката одликувана е со златен медал од ДТВ „Партизан“ од Кочани, и со златен медал од ДТВ „Партизан“ на Сојузот на Македонија во 1977 г. Не престанала да се дружи со нив и да ги посетува помладите генерации на гимнастичарки сè до својот осумдесетти роденден во 1997 г. Податоците се добиени од нејзината ќерка Соња Гиздавиќ, а се базирани врз оригинални забелешки, проследени со фотографии од семејниот албум на мајка й Коцка. 111

140


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Драган Илиев-Гано112 – гимнастичар, тренер, роден е на 6 мај 1927 г. во маалото Стришани во Кочани, целиот свој живот го поминал овде. На единаесет­ годишна возраст започнал со изучување на шивачкиот занает, по желба на родителите. Работел како чирак во работилницата на Гоше Христов и Гоше Поп Тодоров. Неговите мајстори биле со напредни сфаќања и членувале во кочанското Монополско друштво и во останатите секции кои постоеле во тоа време, па и нивниот чирак почнал да ги посетува тренинзите на гимнастичарите во Соколаната. Негов прв тренер бил Франц Телбан. Пробите во Соколаната најчесто биле изведувани во вечерните часови по завршената работа во занаетчиските дуќани или на полето. Првиот јавен настап што го забележал на дванаесетгодишна возраст пред кочанската публика бил во Соколаната во пролетта 1939 г. Вежбал на вратило, разбој, алки, коњ, јаже, душек, отскочна штица. Со вежбањето прекинал во 1941 година. Во периодот од 1952 до 1955 г. работел како тренер во Гимнастичкото друштво во Кочани како предњак. Во 1955 г. ја предводел машката екипа од Кочани составена од осум члена на VIII Сојузно натпреварување во народен повеќебој и вежбање на справи во Ниш, кога го освојуваат четвртото место во Југославија.113 Во 1957 г. по налог на НОО на Кочани бил испратен за наставник по физичко воспитување во училиштето „Климент Охридски“ во село Облешево, каде работи до 1960 г. Учествувал речиси на сите гимнастички натпревари што се одржувале во Македонија, а и на државните натпревари на Југославија во повеќе разреди. 1954 г. го освоил првото место во категоријата младинец трети разред на Републичкото првенство, а на Сојузното првенство во Љубљана го освоил десеттото место. Носител е на голем број дипломи, медали и одликувања од гимнастичките сојузи на Македонија и на Југославија. Во 1959 г. добил бронзен медал за сестрана работа и залагање во развојот на физичкото воспитување од Гимнастичкиот сојуз на Југославија. Јордан Манов – Јоцо Ѓаволо – гимнастичар, тренер, раководител, член на управувачките органи, вљубеник во гимнастиката и во спортот воопшто. Како тренер со своето знаење и трпеливост во работата Користен е материјал од весникот Актуелности бр. 168 од 19.10.2005 година, стр. 8-9; Киро Герасимов, Шивачкиот занает заменет со гимнастичкиот спорт. 113 Весник Актуелности, бр. 227, год. XII, од 27 декември 2006, стр. 9-10; „Морници ни идеа кога не претставуваа од Кочани“. 112

141


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

беше позитивен пример за младите за постигнување резултати. Знаеше да ги насочи младите да ја засакаат гимнастиката и спортовите воопшто. Тој ја издигнува спортската гимнастика во Кочани на повисоко ниво, а посебно машката спортска гимнастика, со што остава значаен придонес за нејзиниот развој во Кочани. Неговото позитивно влијание врз младите членови како тренер како и неговото солидно управување и раководење со Друштвото позитивно влијаеа младите гимнастичари да го засакаат Друштвото, гимнастиката и спортот воопшто. Со неговото ангажирање во 1952 г. ја донел и модерната гимнастика во „Партизан“. Само за четири години, од 25. место на Државно првенство во тогашната Југославија, во 1956 г. кочанските гимнастичари се искачиле на петтото место, што претставува одличен резултат за кочанската гимнастика, а Кочани го афирмира како нов гимнастички центар во тогашна Југославија114. Има особени заслуги и за основањето екипи од други спортови во рамките на ДТВ Партизан – Кочани, за подготовка и водење екипи на натпревари во повеќе спортови. Неговиот придонес за развојот на спортовите во градот Кочани воопшто, а не само за развојот на гимнастиката има големо значење. Тој ги поставил темелите и на кошарката, одбојката, а неговите ученици подоцна направиле добри резултати во многу спортови. Со ова Јоцо заслужува да го носи епитетот спортски тренер волонтер не само во ДТВ Партизан – Кочани, туку и во градот Кочани. Тој ги водеше и ги подготвуваше за натпревари екипите за ракомет, кошарка, борење, пинг-понг, карате, кога во републичките системи за натпревари се вклучија под името „Партизан“ – Кочани, како тренер и тоа тренер волонтер од 1950 до 1965, и од 1965 до 1974 г. Освен во спортот, не може да се заобиколи и неговиот придонес во културно-забавниот живот, во истата таа гиманстичка сала каде што се одржувале најголемите забави и игранки во тоа време. На една година пред смртта, 1973 г. - гимнастичарите од Кочани го постигнуваат најголемиот успех од основањето на Клубот - второто место на Државниот натпревар во тогашна Југославија. Од 1968 па до 1975 година, тие постојано се на врвот на гимнастика на поранешните ју-простори. Смртта го затекнува на функцијата потпретседател на македонскиот Сојуз за физичко воспитување „Партизан“. Постхумно е одликуван со признание за животно дело од Општина Кочани во 2013 г. Општински весник „Инфо-Кочани“ бр. 90, јули/август 2013 г. стр. 11

114

142


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Ѓорги Тодосиев-Гоше – гимнастичар, член на управувачките тела на Друштвото, роден е во Кочани во 1933 г. Завршил средно фискултурно училиште во Скопје во првата генерација од 1949 до 1953 година. Дипломирал на Филозофски факултет во Скопје на групата Педагогија. Работел прво како наставник, а подоцна и како педагошки советник по физичко воспитување од учебната 1954/55 г. сè до пензионирањето во 1990 г. Член е на Друштвото за гимнастички спортови „Партизан“ – Кочани од 1946 г. до денес. Учествувал на гимнастички натпревари на републички и сојузен ранг во екипна конкуренција. Во поединечниот пласман нема постигнато позначителни резултати. Од 1954 до 1961 година работел како тренер волонтер. Бил координатор на слетските вежби. Раководел со екипите на учесници на два републички слета во Скопје и на еден сојузен слет во Белград. Ги подготвувал членовите на Друштвото од пионерските и јуниорските категории за учество на натпревари во партизански повеќебој и во вежби на справи. Во истиот период бил и член на Управниот одбор и на Собранието на Друштвото. Добил голем број признанија на општинско, републичко и сојузно ниво за активна волонтерска работа во органите на Друштвото, плакети на: ДГС „Партизан“ – Кочани, Сојузот на „Партизан“ на Македонија, Гимнастичкиот сојуз на Југославија и на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија, за даден придонес во развојот афирмацијата и популаризацијата на гимнастиката. На натпреварот на пионерските репрезентации на републиките и покраините во вежби на справи одржан во Љубљана, заедно со тренерот по спортска гимнастика во ДГС Партизан од Кочани, Ратко Јосифовски ја водел машката пионерска репрезентација на Македонија, составена од шест натпреварувачи, четворица од Кочани и двајца од Скопје. Перса Диневска – гимнастичар, тренер, спортски судија, родена 1950 година во Кочани. Член е на ДТВ „Партизан“ во Кочани од 1962 г. па сè до денес. Како натпреварувачка ги поминала сите категории од пионерска до сениорска. Натпреварувачката кариера ја завршува 1969 г. Позначајни постигнати резултати како натпреварувачка хронолошки подредени й се: трето место на Републичко првенство во Тетово во 143


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

1964 г. Наредната 1965 на Сојузно првенство во Славонски Брод е на 25. место во Југославија. На Сојузниот турнир на градови во Скопје 1968 г. е на првото место во јуниорска категорија. Истата 1968 на Републичкото првенство во Битола е на трето место во сениорска категорија. На Сојузното првенство во Белград во 1968 г. е на 24. место во сениорска категорија. Истиот пласман трето место во сениорска категорија го освојува и на поединечното Републичко првенство во Скопје 1969115. Додека на Републичкото првенство во Струмица 1969 г. се наоѓа на втората позиција во сениорска конкуренција. Како резултат на анкета по повод избор на најдобар спортист за 1968 година за Кочани се наоѓа на третото место на ранг-листата зад Насе Насев и Душко Цимбалевиќ116. По завршувањето на активната натпреварувачка кариера, продолжува со гимнастичкиот спорт како тренер за женска спортска гимнастика од 1.9.1968 до 30.4.2001 година. По пензионирањето продолжува со тренерската работа како тренер волонтер. Нејзиниот придонес е голем во развојот на женска спортска гимнастика во Кочани и пошироко. Освоените резултати имаат голем придонес за рангирањето на ДТВ Кочани во целиот период од седумдесеттите до деведесеттите години на една од првите три позиции, а најчесто првото место и да биде прогласувано на повеќепати за најдобро гимнастичко друштво во Македонија. Диневска беше и тренер и селектор на Републичката репрезентација за женска спортска гимнастика. Како тренер со женските екипи на Турнирите на градови во Нови Сад, Суботница, Сремска Митровица, Скопје, Кочани и други, има постигнато значајни резултати, како во екипна така и во поединечна конкуренција. Во текот на своето професионално работење одиграла голема улога при спортското усовршување на повеќе генерации гимнастичарки. Се појавува како републички и сојузен гимнастички судија. За своето спортско ангажирање добива награди и признанија. Перса Диневска е прогласувана за најдобар спортист на град Кочани, најдобар тренер на град Кочани, најдобар тренер за женска спортска гиманстика во Република Македонија и најдобар републички судија. За нејзиниот ентузијазам со кој пристапуваше кон работата и за постигнатите резултати сведочат многубројните признанија и награди што ги добила, а од кои најдраги се: Сребрена плакета на Општина Кочани, НМ бр. 8073 од 1 април, стр. 14.; Масовност да, квалитет не. НМ бр.7985 од 3 јануари 1969 година, стр. 12; Насе Насев спортист на годината во Кочани.

115 116

144


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Плакета од ФГСМ за најдобар судија, Признание од Сојуз на спортови – Кочани за најдобар тренер и други признанија за нејзиниот придонес за развој на женската гимнастика во Кочани и Републиката. По завршувањето на професионалната тренерска кариера, Перса Диневска продолжи во Друштвото со волонтерска работа и до денес дава голем придонес и резултати во развојот на гимнастичкиот спорт во Кочани. Ратко Јосифовски – гимнастичар, тренер, роден е 1949 година во Кочани. Како гимнастичар се појавува во седмата деценија од минатиот век. Член е на првопласираната екипа на Републичкото првенство одржано во Скопје 1966 година, 1967 година со истата екипа го претставуваат Друштвото на Сојузниот натпревар во Лесковац, каде го освојуваат третото место на југословенско ниво. Како тренер почнал со работа 1975 година. Има постигнато значајни резултати со учесниците во повеќе категории и учествувал како тренер на поголем број првенствени натпревари од републички и сојузен карактер. За еден од поголемите тренерски успеси, барем според личната изјава за емисијата „Спортски времеплов“ од 2000 година ги наведува успесите кои ги има постигнато со гимнастичарот Златко Ангелов, со кој се појавува и како еден од четворицата тренери на Југословенската репрезентација на учеството на Балканијадата во Белград 1981 година каде Ангелов е на 13. позиција со вкупен пласман. Благој Досев – гимнастичар, тренер, гимнастички судија, како гимнастичар се појавува во седмата деценија од минатиот век. Член е на првопласираната екипа на Републичкото првенство одржано во Скопје 1966 година, а 1967 година со истата екипа го претставуваат Друштвото на Сојузниот натпревар во Лесковац, каде го освојуваат третото место на југословенско ниво. Како тренер има постигнато успех на сојузните првенства одржани 1973 во Скопје, 1974 во Загреб. Милан Ангелов-Г'лма – роден во Кочани, гимнастичар и подоцна тренер на генерациите кои оставиле значителен белег во развојот на гимнастичкиот спорт во Кочани.

145


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Станчо Митев117 – гимнастичар, тренер волонтер, гимнастички судија, роден 1956 г. во Кочани. Како активен гимнастичар го среќаваме од 1968 до 1979 г., кога има освоено повеќе награди и признанија во екипна и поединечна конкуренција. Позначајни му се натпреварите на сојузните првенства во екипна конкуренција како член на Македонската репрезентација. По натпреварувачката кариера останува во гимнастиката една година како тренер волонтер, а од 1980 г. добива лиценца за гимнастички судија на првенства од републички карактер. Од 1987 г. се стекнува со правото за судење на сојузните првенства, а од 1997 г. добива сертификат и за меѓународен судија. Во Управата на ДТВ „Партизан“ од Кочани е 20 години, а во гимнастичкиот одбор 15 години. Во периодот од 1987 до 1997 г. е комесар за судиски прашања. Ги изготвува првите меѓународни судиски правилници во 1995 и 1996 г. Јорданчо Стоименов, гимнастичар, тренер, гимнастички судија, активен гимнастичар во осмата деценија од минатиот век. Во тој период има освоено повеќе награди и признанија за освоени први места на првенствата во Македонија. Член е на репрезентацијата на Македонија. Останува и понатаму со гимнастиката во Кочани, како тренер на машката екипа, со која континуирано настапува на првенствени натпревари во Републиката сè до септември 2000 г. Од 2004 г. се здобива со сертификат за гимнастички судија. Соња Матеничарска Јовиќ – гимнастичарка, тренер, натпреварувачката кариера ја забележува од 1976 до 1985 г., поминувајќи низ сите натпреварувачки категории од помлада пионерка до сениорка. Започнува со Републичкото првенство во Скопје 1976 г., со освоено прво место во категоријата помлади пионерки, а продолжува со голем број натпревари на општинско и републичко ниво каде освојува забележителни резултати. Доколку ги набројуваме сите нејзини освоени награди и признанија ќе биде потребен многу простор, ќе се обидеме да направиме само избор на дел од повисоко рангираните првенства и натпреварите на сојузно ниво. Особено богата натпреварувачка година й е 1978, кога Информациите ги дал Станчо Митев

117

146


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

учествува на поголем број натпревари од сојузен или меѓурепублички карактер. Учествува на Меѓурепубличка средба Црна Гора – Македонија одржана во Бар, освојува 3-4 место во категоријата јуниорки. А на возвратната средба во Скопје е на петтата позиција во категоријата млади јуниорки. Член е на Македонската репрезентација во женска спортска гимнастика од 1978 год. На Државното првенство во Приштина истата година е на 24. место. На Меморијалот („Беле и Марица Ивандичек“) во Суботица е на седмата позиција. Наредната, 1979 година ги освојува првите места на првенствата во Македонија, а на Државното првенство во Параќин е на 24. место, истата година повторно се натпреварува на Меморијалот во Суботица. На Државното првенство во Прилеп 1981 година екипно се третопласирани, а поединечно е петта на прескок, а шеста на разбој. 1983 во сениорска конкуренција е првопласирана на републичките првенства во Македонија одржани во Кочани и Скопје, а заминува и на Државното првенство во Загреб во истата категорија. Учествува три години континуирано на Меморијалниот натпревар во Нови Сад (од 1982 до 1984) и на еден државен натпревар во Белград. Во периодот од 1978 до 1985 е рангирана во десетте најдобри спортисти како на републичко ниво, така и на општинско ниво. Носител е на Зимскиот олимписки оган во 1984 год. (ЗОИ – Сараево 84). На Штафетата на младоста 1985 год. е учесник на Парадата на мирот (Воена парада на ЈНА) во ешалонот на најдобрите спортисти на Југославија, на 9.5.1985 год. во Белград. Дипломира на ФФК – Скопје, јануари 1991. Од септемри 1994 е вработена во СОФКА – Кочани, за часови по кошарка и по гимнастика во ДТВ „Партизан“ – Кочани. Од септември 2000 год. до февруари 2003 година работи во ДТВ „Партизан“ подоцна ДГС „Кочани“. Последната година од професионалниот ангажман во Друштвото работи и со женските и со машките категории. Позабележителни резултати постигнува со гимнастичарките Катерина Христова, Јулка Китанова и др. Наградена е со голем број награди и признанија. Општински признанија: Сребрена плакета за особени заслуги и придонес во развојот на општината Кочани (22.10.1981 год. со Решение на Собранието на Општина Кочани); Спомен-диплома со сребрена значка – за активно учество и особено залагањеза развојот на организацијата „Партизан“ физичкото воспитување и спортска рекреација на населението во општината – Кочани по повод 30 години од основањето на истата, (1982 год.): Плакета-признание – 105 години од постоење на гимнастиката во Кочани (14.12.2015 г., Кочани). 147


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Благој Каров – гимнастичар, тренер, спортски судија, спортски работник118со гимнастика почнал да се занимава од 1974 г. кога пионерската категорија ја тренира наставникот Илија Кушевски. Од наредната 1975 доаѓа Ратко Јосифовски за тренер, благодарение на неговата упорност успева да постигне значителен напредок. Наредната 1976 на 30. Републичко првенство го бележи првиот забележителен резултат, второ место во категоријата јуниори. На 31. Републичко првенство во 1977 година е третопласиран во истата категорија. Наредната 1978 е повторно втор во Републиката. Во 1979 година се натпреварува во категоријата сениори кога е на третата позиција. Учествува и на повеќе турнири на сојузно ниво. Некои од нив се: Државно првенство во Приштина, 1978 година во категоријата јуниори, кога се наоѓа на 16. позиција. Во Сремска Митровица 1979 година е на 4. место. Истиот пласман го има и на Отвореното првенство на Скопје, 1979 година. Во 1980 и 1981 година се натпреварува како член на Гимнастички клуб од Ниш, каде има освоено 4. место на републичките првенства на Србија. На Отвореното првенство на Скопје во 1980 го освојува петтото место во категоријата сениори. По завршената натпреварувачка кариера продолжува да придонесува во развојот на гимнастичкиот спорт како спортски работник, прво како гимнастички судија, а подоцна и како член на Стручниот одбор и Управниот одбор на КГС „Кочани“. Од 2004 година е претседател на КГС „Кочани“, а од 2005 г. потпретседател на ФГСМ. Николче Колев – гимнастичар, тренер, гимнастички судија, роден 1983 г. во Кочани. Со гимнастика почнал да се занимава од 1989 г. кај тренерот Јорданчо Стоименов. Во неговата натпреварувачка кариера три години континуирано бил вицешампион на Македонија, а 2 години е трет во Македонија. Член е на Репрезентацијата на Македонија три години по ред. Од 2007 е дипломиран тренер по спортска гимнастика, а од истата започнува волонтерски да работи како тренер во „Партизан“ – Кочани. Како тренер има повеќе значајни резултати на државните првенства во Македонија. На локално ниво добива признанија за најдобар спортски тренер во Општината во 2009, 2013 и 2015 година. Од 2014 година е селектор на Репрезентацијата на Македонија. Во 2013, Извор: Благој Каров, врз основа на сочувани дипломи и признанија.

118

148


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

2014 и 2015 година е прогласен за најдобар тренер за машка спортска гимнастика од страна на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија. За позабележителна ја издвојува 2015 во која Клубот има 5 државни прваци во сите категории. ФГСРМ го прогласува за спортски работник за 2015 година.

Награди и признанија За илустрација ќе одбележиме некои признанија добиени на ниво на Општина, на ниво на Македонија и на ниво на Југославија. -- Партизан на Македонија, Сојуз за физичко воспитување и спортска рекреација му доделува Плакета на ДТВ „Партизан“ – Кочани во знак на признание за особено залагање и виден придонес за развојот на физичкото воспитување и спортската рекреација во СРМ за 1977 година. -- Собранието на Општина Кочани во знак на признание за вонредно залагање и постигнати резултати од областа на телесното воспитување му доделува Септемвриска награда на ДТВ „Партизан“ – Кочани во 1984 година. -- Партизан на Македонија, Сојуз за физичко воспитување и спортска рекреација му доделува на ДТВ „Партизан“ – Кочани Признание за особен придонес во развојот на физичкото воспитување и спортската рекреација во 1986 година. -- ДТВ „Партизан“ од Кочани е одликувано со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда од Претседателството на СФРЈ во 1990 година, за заслуги и успеси во спортската гимнастика и ширење на спортската култура во своето осумдесетгодишно постоење. -- Советот на Општина Кочани му ја додели највисоката општинска награда за значајни остварувања во 2012 година на КГС „Партизан“ Кочани. -- Федерацијата за гимнастички спортови на Р Македонија му доделува Плакета за најдобар машки клуб на КГС „Партизан“ од Кочани во континуитет од 2013 до 2015 година. -- Федерацијата за гимнастички спортови на Р Македонија му доделува Плакета 105 години Гимнастичко друштво во Кочани.

149


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Постхумно доделена Петровденска награда за животно дело на Јордан Манов-Јоцо во 2013 година. Неговото семејство на приемот на наградата.

Во 2013 година Гимнастичкиот клуб од Кочани добива плакети за најдобар машки клуб и за најдобар машки тренер во Македонија

150

Николче Колев е прогласен за најдобар машки тренер за 2015 год. од Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Од прогласувањето на Државни прваци во Македонија за 2015 година

Петар Иванов Панчев бил носител и на Илинденска споменица 1903 година, доделена со Декрет на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија од 20.7.1951 година

Претседателството на СФРЈ во 1990 година го одликува ДТВ Партизан од Кочани со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда за заслуги и успеси во спортската гимнастика и ширење на спортската култура во своето осумдесетгодишно постоење

151


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

152

Диплома за освоено второ место на републички натпревар во категоријата младинки во 1963 г.

Диплома за освоено прво место на републички натпревар во категоријата младинци, 1965 г.

Дипломи за освоениот пласман на Државниот натпревар во категоријата јуниори и категоријата јуниорки, 1973 г.

Диплома за освоено прво место на Друштвото за гимнастика од Кочани во 1989 г.


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Сертификат на Перса Диневска за курс по гимнастика од Меѓународниот олимписки комитет

Диплома за освоено прво место во категоријата постари пионерки од Завршниот државен натпревар за Блигата одржан во Битола во 2009 г.

Диплома за освоено прво место во категоријата јуниорки, на првиот Државен натпревар за Б-лигата, одржан во Битола во 2011 г.

Диплома за освоено прво место во категоријата млади јуниори, на првиот државен натпревар за А-лигата, одржан во Битола во 2016 г.

153


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

Дел од колекцијата плакети за екипни остварувања на ДТВ Партизан од Кочани

Плакета доделена на екипата на јуниори за освоено второ место на Сојузниот натпревар во гимнастика, 1973 г.

Дел од колекцијата пехари за екипни остварувања на ДТВ Партизан од Кочани

Дел од приватната колекција освоени пехари и медали на Ангел Наумовски, добиени како натпреварувач и како тренер

154


ГИМНАСТИКАТА ВО КОЧАНИ

Општина Кочани во 2012 г. му ја доделува највисоката општинска награда за значајни остварувања на КГС „Партизан“

Одликување со златен медал од ДТВ „Партизан“ на Сојузот на Македонија во 1977 година доделен на Костадинка Крушарска за волонтерска работа во Друштвото во Кочани

Сребрена плакета на Општината, доделена на Соња Матеничарска, 1981 г.

Дел од приватната колекција освоени медали на Соња Матеничарска Јовиќ

Дел од приватната колекција освоени пехари на Соња Матеничарска Јовиќ

155


Ѓорги Тодосиев, Илинка Атанасова

156

Спомен-диплома со сребрена значка доделена на Славка Петрова за активно учество во развојот на организацијата Партизан

Диплома за освоеното прво место на Републички натпревар во гимнастика во 1968 г. на Ванчо Лазаров, категорија младинци I разред

Диплома на Благој Каров, за покажаниот успех на Републичкиот натпревар во 1976 г.

Признание на Соња Матеничарска за постигнатите резултати во 1979 г. од Партизан на Македонија

Признание на Ангел Наумовски за спортист на годината за 1977 г., на петтата позиција на ранг-листата

Диплома на Александар Стоилков во 1991 г. за пионер спортист


КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИЗВОРИ

Литература: -- Споменица двадесетпетогодишњице ослобођења Јужне Србије 1912-1937, Скопље 1937, 810-811. -- Enciklopedija fizičke culture 2, 1977 Zagreb: Jugoslavenski leksikografski zavod, 278. -- Зец Дејан, Српска историографија о соколству, во: Историографија и савремено друштво, Тематски зборник радова, Ниш 2014, 82-83. -- Малковски Ѓорги, Кочани и Кочанско во априлската војна 1941 година до воспоставувањето на бугарската окупаторска власт, Кочани и Кочанско во НОВ 1941 - 1945, Кочани 1985, 99-104. -- Тимотијевић Милош, Соколи Чачка 1910-1941, Чачак 2006, 16. -- Душан Цветковић, Соколи и соколски слетови, Београд 1998, 34. (Дипломски рад М. Стојић, Соколи)

Користени извори: -- Официјални извештаи од ДТВ Партизан Кочани. -- Дневник за упис на редовни членови во ДТВ „Партизан“ - Кочани/ документација во ракопис од архивата на ДТВ „Партизан“. -- Годишен извештај за работа за 1991 година, заведен со бр. 01-3 од 11.1.1992 година. -- Извештај за работа на ДГС Партизан Кочани за 1992 година. -- Извештај за работа на ДГС Партизан Кочани за 1993 година. -- Извештај за работа на ДГС Партизан Кочани за 1994 година. -- Извештај за постигнати резултати во периодот 1999 - 2003 година. -- Спортско-документарна емисија „Спортски времеплов“, новинарски запис од Илија Стефановски, продукција РТВ Кочани, 2000 година.

Авторски текстови преземени од интернет-страници: -- Саша Недељковић, Соколски домови, https://srpskaistorija. wordpress.com/2014/07/25/судбине/соколских/домова/ -- Саша Недељковић, Соколи у Старој Србији, http://sokoudruzenje. blogspot.mk/2014/05/blog-post_9885.html -- Соколство од 1862 године до данас, http://www.soko-teslic.info/ -- Легендите кои не се забораваат 157


Периодични публикации: -- Весник „Вардар“ бр.72 од 6.4.1933 на стр. 6 во текстот: Читаоница „Брегалница“ у Кочану -- Соколски гласник, год. X, бр.26, 30 јуна 1939 г., стр. 3.; (Д-р Т.С.Б.) -- „Инфо-Кочани“ бр. 90, јули/август 2013 година, стр. 11

Весник „Нова Македонија“ -- НМ, бр. 1473 од 30.9.1949, стр. 4.; Во Скопје е одржано првенство на гимнастичките друштва на Македонија. -- НМ бр. 1476 од 4.10.1949, стр. 4.; Одржан е седми пленум на фискултурниот сојуз на Македонија. -- НМ бр. 1486 од 15 октомври 1949, стр. 4 ; На републичкото првенство учествуваа петнаесет екипи и 117 натпреварувачи. -- НМ бр. 1491 од 21.10.1949, стр. 4; Во нашата република досега се пријавени 7349 натпреварувачи и 9572 пионери. -- НМ бр. 1518 од 22, 11. 1949, стр. 4; На меѓународниот тромеч по спортска гимнастика првото место го зазеде Сараево, а второто Скопје. -- НМ бр. 1551 од 31 12.1949. стр. 4, Во неколку околиски центри во НРМ се одржуваат курсови за гимнастички раководители при СРЗ. -- НМ бр. 1581 од 4. 2. 1950, стр. 4; Гимнастичкото друштво Скопје I ги исполнува земените обврски. -- НМ бр. 1688 од 9 јуни 1950, стр. 4; Припреми за Републичкиот слет. -- НМ бр. 1690 од 11 јуни 1950 година, стр. 4 ; Денеска се одржува четвртиот републички фискултурен слет. -- НМ бр. 1692 од 13 јуни 1950, стр. 2; Масовноста на македонските фискултурници. -- НМ бр. 2212 од 18 јануари 1952, стр. 4; Богат програм на организацијата „Партизан“ со јавни настапи и натпреварувања. -- НМ бр. 2223 од 31 јануари 1952; Еден член ги врши сите работи на Управата на ТВД „Партизан“ (Кочани). -- НМ бр. 2256, од 9 март 1952, стр. 4 продолжение од 1; Организирањето на нови друштва „Партизан“. -- НМ бр. 2268 од 23 март 1952, стр. 3; Се оспособуваат нови предњачки кадрови. -- НМ бр. 2310 од 13 мај 1952, стр. 6; Платен началник во ДТВ Партизан – Кочани. -- НМ бр. 2338 од 15 јуни 1952 стр. 7; Пораст и напредок на организацијата „Партизан“. 158


-- НМ бр. 2341 од 18 јуни 1952, стр. 5; Партизан Скопје I зазеде три први места. -- НМ бр. 2339 од 16 јуни 1952, стр. 4; Сто и шеесет вежбачи на Републичкото првенство. -- НМ бр. 2441 од 13 октомври 1952, стр. 5; Слетовите ја покажаа силата на нашето младо поколение. -- НМ бр. 2548 од 4 февруари 1953, стр. 6; Плодна работа на Партизан од Кочани. -- НМ бр. 3221 од 30 март 1955 г., стр. 8; Недостиг на стручен кадар. -- НМ бр. 3288, од 18 јуни 1955, стр. 8; Републичкото првенство во народен вишебој ќе се одржи во Титов Велес. -- НМ бр. 3297 од 28 јуни 1955, стр. 8; Успех на штипската екипа. -- НМ бр. 3449 од 24 декември 1955, стр. 8; Годишно собрание на ДТВ „Партизан“ од Кочани. -- НМ бр. 4624 од 18 јуни 1959, стр. 8; Од Штипско ќе учествуваат 100 вежбачи. -- НМ бр. 4631 од 26 јуни, 1959, стр. 10; Денеска во Белград почнува Сојузниот слет на Партизан, наслетот ќе учествуваат 25 иљади вежбачи -- НМ бр. 6858 од 17 ноември 1965, стр. 10; Наместо напред – назад. -- НМ бр. 6859 од 18 ноември 1965, стр. 10; Немање пари или незаинтересираност -- НМ бр. 7013 од 25 април, 1966, стр. 9; „Кондовски без конкуренција“. -- НМ бр. 7018 од 30 април, 1 и 2 мај 1966, стр. 32; Кочанчани се гордеат. -- НМ бр.7649 од 29 јануари 1968, стр. 10; Кочанчани пак најдобри. -- НМ бр. 7650, од 30 јануари 1968, стр. 12; Тренинг во четири наутро. -- НМ бр. 7734 од 23 април 1968; Кондевски поразен. -- НМ бр. 7785 од 15 јуни 1968, стр. 12; Проблеми и успеси. -- НМ бр. 7985 од 3 јануари 1969, стр. 12; Насе Насев спортист на годината во Кочани. -- НМ бр. 8073, 1 април 1969, стр. 14; Масовност да, квалитет не -- НМ. Бр. 8112 од 12 мај 1969, стр. 8; Масовно учество. -- НМ бр. 8121 од 21 мај 1969, стр. 16; Секој младинец – гимнастичар. -- НМ бр. 8621 од 22 јануари 1971, стр. 13; Борачот Стоилов најдобар. -- НМ бр.8734 од 17 мај, 1971, стр. 9; „Најмногу титули за скопјаните“.

159


Весник „Скок“ -- Весник „Скок“, стр. 15, Фаворитите убедливи, (новинар Ва. Ј.) (исечок)

Весник „Спорт“ -- „Југословенски спорт“ од 30 мај 1977; Првенство Македоније у гимнастици – Наумовски најбољи.

Исечоци од дневни весници: -- Текст со наслов: Гимнастички турнир во Кочани (новинар С.(лободан) А.(рсов)) -- Текст: Антонија Николовска заслужено прва (новинар В. П.) -- Текст: Исечок од дневен весник 31. Републичко првенство во спортска гимнастика – Николовска и Наумовски најдобри (новинар В. Ј.) -- Текст: „Иднината е во младите“ (новинар В. Павлов). Дневен весник од 26.11.1991 година; -- Текст: Титов Велес и Кочани – најуспешни (новинар Б. Б.) -- Текст: Објавена ранг-листата на најдобрите спортисти гимнастичари на Македонија за 1994 година (новинар Б. Б.) -- Текст: На калење во Софија -- Текст: Македонија со 96 спортисти, од 12 јуни 1977 г. (новинар Горан Антевски).

Весник „Актуелности“ -- „Актуелности“, год. X, бр.35 од 24.1.2003, стр. 15: Највисоките признанија за Тркаљанов, Колев и ЖШК „Кочани-Универзалпромет“ -- „Актуелности“, год. X, бр.76 од 4.12.2003, стр. 17; Ѓоргиев-шампион, Китанова –вицешампион -- „Актуелности“, год. X, бр.83 од 5.2.2004, стр. 17; Ѓоргиев најуспешен спортист за 2003 година -- „Актуелности“, год. XI, бр. 86 од 26.2.2004, стр. 17; Каров нов претседател на гимнастичарите -- „Актуелности“, год. XI, бр.102 од 17.6.2004, стр. 17; Успех на членовите на ДГС „Кочани“ -- „Актуелности“, год. XI, бр.125 од 1.12.2004, стр. 17; Титулата за Ѓоргиев, Китанова второпласирана -- „Актуелности“, год. XI, бр. 183 од 8.2.2006, стр. 20; Ден на десетте најуспешни 160


-- „Актуелности“ бр. 168 од 19.10.2005, стр. 8-9; Шивачкиот занает заменет со гимнастичкиот спорт -- Актуелности, бр. 227, год. XII, од 27 декември 2006, стр. 9-10; „Морници ни идеа кога не претставуваа од Кочани“

Информатори и сопственици на користени фотографии: http://oldkocani.do.am/ https://www.facebook.com/StaroKochani/ Славка Петрова, Љубинка Салтирова, Киро Минов, Ефтим Серафимов, Соња Гиздавиќ, Методи Салтиров, Славе Стефанов Цветанка Захариева, Јоне Новков, Сашко Стефановски, Благој Тодосиев, Ванчо Лазаров, Станчо Митев, Ангел Наумовски, Соња Матеничарска, Благој Каров, Николче Колев, Јованка Митева, Димитар Алексов, Љубинка Ајтовска, Душанка Јакимова, семејство Манови, Јулка Китанова, Стојкица Андонова, Оливера Цимбаљевиќ.

161


РЕЦЕНЗИЈА

Книга што треба да се прочита Во својата богата 50-годишна новинарска кариера одамна не сум прочитал со големо внимание и задоволство една спортска книга /меѓу првите како рецензет/, за историја на еден спорт, во еден навистина спортски град како што е Кочани. Многу пати сум пишувал за Фудбалскиот клуб „Осогово“, за кошаркарите на „Деликатес“, кои едно време имаа видна улога во кошарката во Македонија, ракометарите, за шахистите на „22 Октомври“. Да Пишува: не зборувам за врвните мајстори на струњачата, Миодраг Мицковиќ борачите на Спартак, освојувачи на грст трофеи не само во поранешна Југославија туку и на меѓународната сцена. За мојот голем пријател, признат светски стручњак за борење, Насе Насев, но сепак морам да признаaм дека гимнастиката во Кочани некако беше запоставена или „заборавена“ во публицитетот што го заслужуваше за своите успеси и за тие луѓе кои потрошија дел од својот живот на големата љубов кон гимнастиката. Тоа беше време, дури и сега е, кога повеќе внимание се посветуваше на таканаречени поатрактивни спортови кои го привлекуваа вниманието на читателите. И јас некако се чуствувам виновен за тоа со оглед дека бев повеќе од 30 години уредник на спортската рубрика на „Нова Македонија“ и заслужуваа да добијат повеќе простор во информирањето бидејќи долги години беа неприкосновени во Македонија со своите резултати и успеси. Денес по толку години, се сеќавам на една група млади гимнастичари, членови на ДТВ Партизан од Кочани, предводени од Павле Павлов и Јосиф Вукански, прваци на Македонија, втори на првенството на Југославија, постојани учесници на државните првенства, кои постигнуваа забележителни резултати и кои освоија многу признанија. Вукански беше член на Репрезентацијата на Југославија кога вежбаше Мирослав Церар, Павлов кандидат за насап на Олимписките игри во Минхен 1972 година. Имав можност неколку пати да ги гледам, талентирани момчиња, кои доколку имаа врвни тренери и подобри услови за тренинг, верувам дека некој од нив ќе беше и шампион на поранешна Југославија. Во овој момент не сакам да ги навредам тогашните тренери, далеку од тоа, немаа најдобри услови за тренинг, ги немаше многу и секој беше добредојден во Кочани. 162


Читателите, читајќи го овој, да го наречам гимнастички алманах, ќе се уверат во една богата историја не само на соколските друштва и гимнастиката, туку и на историјата на целото Кочани, на првите почетоци пред 100 години. Ќе видат со какви сè проблеми се судрувале тие луѓе, вљубеници во спортот и гимнастиката. Ќе се запознаат со многу веќе заборавени имиња на луѓе кои го трасирале трнливиот пат по кој се пробивал овој спорт во градот на оризот. Тие се вистински спортски херои кои заслужуваат почит за сè што го имаат направено за овој град, а тоа не е само гимнастиката. Како долгогодишен спортски новинар морам да напишам дека авторите на оваа книга имаат вложено многу труд, многу време за да ги соберат и класифицираат сите овие сочувани стари податоци, мноштво исклучително вредни фотографии од тоа време, што заслужуваат посебни чеситки за книгата која ќе остави траен белег на историјата на спортот во Кочани. Не е потребно да ги рецензирам сите настани објавени во книгата, нема да биде интересно за читателите кога ќе ја читаат, но морам да кажам дека гимнастиката остана традиција за Кочани, клубот Партизан, предимно со млади натпреварувачи, под раководство на тренерот Ангел Наумовски е сè уште еминентен гимнастички центар во Македонија кој заслужува сигурно поголемо внимание. Верувам дека градот, со спортскиот човек во лицето на градоначалникот Ратко Димитровски ќе помогне да се вратат златните денови на овој спорт. Кочани тоа го заслужува, како благодарност за сите оние кои придонесоа за развојот на овој спорт.

163


РЕЗИМЕ Гимнастиката има посебно место во меморијата на кочанци, како спорт и како стил на живот. Голем дел од населението имало директен контакт со соколството, гимнастиката или со културно-забавниот живот кој се одвивал во кочанската Соколана. Соколското друштво не престанувало да работи и во години на војни на Балканот, а близу половина век работело исклучиво на волонтерска основа, благодарение на ентузијазмот, големата волја и широките погледи на луѓето во него водени од мотото „Во здраво тело – здрав дух“. Со доброволна работа бил изграден Друштвениот дом – познатата Соколана, Партизан, објектот што постои и денес, непосредно до Градскиот плоштад. Во неговата изградба помагале земјоделците од Кочани, занаетчиите и трговците од кочанската чаршија давале доброволен прилог, а за побрза изградба и опремување се издвоиле пари и од општинската каса. Волонтерството и ден-денес е дел од работата на тренерите и на спортските работници во гимнастиката. Од активностите за одбележување на празниците Свети Тодор и Петровден, преку уривањето на патријархалните сфаќања на родителите – нивните ќерки да вежбаат гимнастика (во триесеттите години на минатиот век), организирањето на кросовите, на масовните слетови и штафети, гимнастиката станала атракција за Кочани. Во меморијата на повозрасните кочанци сè уште се свежи сеќавањата на културно-забавниот живот и разонодата на членовите што ги организирало Друштвото: на матинеата и игранките, на инструменталните состави и оркестри. По ослободувањето во 1945 година, Друштвото за гимнастика во Кочани ја продолжило работата без тешкотии. Соколаната, која од 1951 година е преименувана во Друштвен дом „Ване Грдовјански“, останува јадро на спортскиот и на културно-забавниот живот на граѓаните во Кочани. Покрај гимнастиката, во Друштвото започнале да егзистираат и нови спортски содржини: одбојка, ракомет, кошарка, пинг-понг, карате, борење и сл. Тренерите по гимнастика, главно искусни поранешни гимнастичари – солидни практичари, со својата работа го подигнале квалитетот на кочанската гимнастика. Јордан Манов како тренер, во 1952 г. ја донел и модерната гимнастика во „Партизан“ и кочанските гимнастичари започнале да постигнуваат одлични резултати, а Кочани станал нов гимнастички центар во тогашна Југославија. 164


Постигнатите резултати на натпреварите и на првенствата во гимнастички спортови создадоа од кочанскиот „Партизан“ најдобро гимнастичко друштво и во машка и во женска конкуренција и најдобро спортско друштво во спортска гимнастика во Македонија. Тоа беше период на позитивна афирмација не само на Гимнастичкото друштво „Партизан“ и на останатите спортски клубови од Кочани, туку и на самиот град. Тоа на Кочани му го донесе епитетот град на гимнастиката и град на спортовите во Македонија. Огромен е бројот на луѓето кои вградиле многу љубов, самопрегор, трпение, толеранција и време во кочанската гимнастика. Од неа се изнедриле големи спортски имиња. Всушност, само така гимнастиката во Кочани успева да го живее своето второ столетие. Смените на генерациите донесуваат нови имиња и нови резултати, значајни или славни периоди, падови и растови коишто многу зависат и од пошироките општествени околности. Секој поединец и секоја гимнастичка генерација дала и дава огромен придонес за спортот и за градот. Сите тие се алки од синџирот на кочанската гимнaстика, кој никако не треба да се прекине. м-р Љубинка Ајтовска

165


SUMMARY Gymnastics, as sport and as a lifestyle, holds a special place in the memory of people of Kochani. Most of the population has had direct contact with gymnastics or cultural and entertainment events that have been taking place in Kochani’s Sokolana1. The Sokol association, during the Balkan wars did not stop its activities, and for almost half a century, their activities entailed voluntary work, thanks to the enthusiasm, the great will and the open-mindedness of its members, led by the motto “Sound spirit in sound body”. As a result of the volunteers’ work, the community center - the well-known Sokolana “Partizan” was built, a still existing object, adjacent to Town Square. Agriculturalists from Kochani helped its construction, artisans and traders from Kochani’s Old Bazar voluntary contributed and the Municipality directed funds for swifter construction and equipping. Voluntarism is still part of gymnastics coaches’ and sport workers’ work. Many activities such as cross-country races, mass rally and relays are organized for observing St. Todor’s and St. Peter and Paul’s Day. These activities represent destruction of parents’ traditional understanding - their daughters to do gymnastics (in the 1930s). The older generations of Kochani can still vividly remember the cultural and entertaining events organized by the association members as matinees, dances, instrumental bands and orchestras. After the liberation in 1945, the gymnastics association in Kochani continued its work without any difficulties. Association Sokol, which since 1951 has been renamed in “Vane Grdovjanski” Community Center, became the core of sport and cultural lifestyle for the population of Kochani. In addition to gymnastics, citizens of Kochani started practicing new sports such as volleyball, handball, basketball, table tennis, karate, wrestling etc. Gymnastics coaches, mainly experienced ex-gymnasts, improved the quality of Kocani’s gymnastics. In 1952, coach Jordan Manov, introduced contemporary gymnastics to “Partizan” and gymnasts achieved excellent results and Kochani became new gymnastic center in Yugoslavia. The achieved results in competitions and championships made “Partizan” the best sport association for men and women. This was a period of positive affirmation not only for the gymnastics association “Parizan” and the other sports clubs from Kochani, but also for the town itself. In this manner, Kochani was labeled as gymnastics town and town of sports in Macedonia. huge hall mostly used for sport events

1

166


A plethora of people have invested a great deal of love, self-sacrifice, patience, tolerance and time in Kochani’s gymnastics, which created many famous athletes. In fact, Kochani’s gymnastics manages to live its second century. Each next generation brings new names, new results, meaningful or famous periods, ups and downs, which depend on the social circumstances. Each individual and each gymnastics generation has contributed and will continue to contribute towards the sport and the town. They are all chain links of Kocani gymnatics, which should never be ceased. Ljubinka Ajtovska, MD

167


За авторите... Ѓорѓи Тодосиев речиси целиот свој животен и работен век й го посветил на гимнастиката. Роден е во Кочани, каде завршил основно образование. Средното образование го продолжил во Скопје на Фискултурното училиште, бил ученик на првата генерација ученици. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група Педагогија. Работел како наставник по фискултура, најпрво во полната гимназија „Љупчо Сантов“, а потоа и во неколку други образовни институции во градот. Во педесеттите и шеесеттите години бил надворешен стручен соработник на Окружниот завод за школство – Штип, за физичко воспитание и образование. Од 1974 па сè до пензионирањето во 1992 г. бил работно ангажиран во Меѓуопштинскиот завод за унапредување на предучилишното и основното образование за општините Кочани, Виница, Делчево и Берово, како педагошки советник за физичко воспитание и образование. Од 1946 година па до денес 2017 г. е активен во Друштвото „Партизан“ во Кочани. Прво како гимнастичар, потоа како тренер волонтер, па член на Управниот одбор и на Собранието на Друштвото. На неколку наврати се наоѓал и на позициите претседател и потпретседател на Управниот одбор, кога непосредно влијаел на изготвувањето и реализирањето на Програмата на Друштвото. За исклучителна чест ја смета и укажаната доверба од Партизан на Македонија да биде водач на Машката пионерска репрезентација на Македонија на спортското соочување во Љубљана. Илинка Атанасова е родена во Кочани. Дипломирала на Филозофскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Историја на уметност со археологија. Во својот тридецениски работен стаж работи како кустос во неколку институции во Кочани и Скопје. За цело време се задржува на истражувања поврзани со Кочанско. Сега е на работното место кустос советник одговорен за Музејската збирка во Кочани во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Автор е на поголем број трудови поврзани со најраната историја на Кочанско од областа на археологијата и културниот развој на регионот: разновидни монографски публикации, стручни монографии, водичи, каталози... како и стручни трудови објавени во државни и меѓународни стручни публикации. Коавтор е и на поголем број трудови со полупопуларна содржина, поврзани со историскиот развој и културата на живеење во поблиската историја на Кочани и Кочанско. 168



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.