ФУДБАЛ
Издание броj 2
19 Декември 2008
Кристијано Роналдо Мега интервју со најдобриот фудбалер за 2008
Издание бр. 2 1
Фудбал
Мега интервју со Кристијано Роналдо Оваа година Кристијано Роналдо ги освои речиси сите признанија што еден фудбалер може да ги освои. Ја освои тутулата во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, а неговите голови го доведоа до Златната копачка за најдобар гол-стрелец во Европа. Беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата и за најдобар фудбалер според Федерацијата на професионални фудбалери, а ја доби и Златната топка на „Франс фудбал“. Влезе и во потесниот избор за наградата Фудбалер на годината според ФИФА која ќе се додели на гала-вечерта во Цирих на 12 јануари. Следи интервјуто што Роналдо го даде пред добивањето на наградата на „Франс фудбал“.
М
ожеби ќе станете прв фудбалер на кого ќе му успее да ги добие наградите Златна копачка, Златна топка и Фудбалер на годината според ФИФА. Како се чуствувате? Прекрасно. Особено заради мојата позиција на теренот како играч од средниот ред. Редовно напаѓачи ја добиваат Златната копачка, па се чувствувам прекрасно што сум во друштво на една плејада фанстастични фудбалери. Што се однесува до наградата на ФИФА, не се грижам премногу за неа. Ако треба да бирате, кого би го избрале за најдобар светски фудбалер во моментов? Кристијано Роналдо! Се шегувам. Не знам. Минатата сезона јас бев еден од најпостојаните играчи во Европа и поради тоа се чувствувам прекрасно. Ја освоив и Златната копачка, а УЕФА ме избра за најдобар играч во Лигата на шампионите. Одлична сезона. Има голем број одлични фудбалери во светот, но повторувам дека јас бев најконстантен. Има ли некое друго признание што би сакале да го добиете во својата кариера? Сакам да станам еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Имам само 23 години и уште многу време пред себе. Во добра форма сум и сакам да победувам, не само во оваа сезона. Дали клубот ви е во преден план пред репрезентацијата? Не! Важни ми се двете работи. Со Манчестер Јунајтед сакам повторно да ги освојам Лигата на шампионите и Премиер лигата, а со Португалија некој голем трофеј како на пример Европското првенство. Тоа не е само мој сон. Тоа го сака секој Португалец. Имаме добар тимски дух и добри фудбалери, но мора да се користат шансите. Мора да го направите тоа за да освоите голем трофеј. Тешко е, но не и невозможно. Сакавте Златната копачка да ја примите во Мадеира. Зошто Мадеира ви е толку посебна? Таму сум роден и целата фамилија ми е таму. Сакам да ги видам моите најблиски и пријателите. Имав можност да бирам каде ќе ја примам наградата и се разбира дека ја избрав Мадеира на која сум многу горд. Колку ви значи Златната топка што ви ја додели „Франс фудбал“? Зар треба да одговорам? Премногу! Многу фудбалери немаат можност во кариерата да ја освојат Златната топка, но јас не застанувам тука. Планирам да ја освојам уште
2 Sport Life MIX
најмалку два пати. Им недостигавте на португалската репрезентација и на Манчестер Јунајтед додека бевте повреден. Дали е тоа вистина? Не верувам дека е така. Некои велат дека Манчестер Јунајтед и Португалија губат кога Кристијано не игра, но не е така. Минатата сезона почнавме лошо во Премиер лигата, а јас бев во почетниот состав. Кога не играм се чувствувам многу лошо. Фудбалот е таков. Некогаш победувате, а некогаш губите. Сметам дека можеме повторно да ја освоиме Лигата на шампионите затоа што екипата е одлична. Репрезентацијата, исто така. Квалификациите се играат долг период и сметам дека ќе бидеме успешни. Португалија имаше големи фудбалери по Еузебио, како Фернандо Гомеш или Луиш Фиго, но никој не успеа да ги повтори неговите успеси. Дали сте подготвен да станете најдобар португалски фудбалер на сите времиња? Потребно е да ја претставувам мојата држава на најдобар начин, но не сакам да ме споредуваат со други фудбалери. Се разбира дека ми годи да бидам споредуван со играчите што ги спомнавте, но јас веќе сум дел од португалскиот фудбал. Би сакал да бидам дел од светската фудбалска историја кога ќе се пензионирам. Ви беше ли тешко да ја напуштите Мадеира толку млад? Го напуштив семејството на 11-12 години. Тоа беше тешко време за мене, но сега веќе ништо не е проблем. Кога на 18 години дојдов во Манчестер не знаев англиски јазик, но тоа не ми беше проблем бидејќи зад себе имав искуство од Лисабон. Кога сте млад имате толку многу работи да научите, а јас сакам да учам. Колку време ви требаше за да се прилагодите во Манчестер? Дали сега се чувствувате пријатно таму? Предизвик ми е секогаш да бидам подобар од минатата сезона. Ми се допаѓа и лигата и клубот, но некогаш човек сака промена во животот. Не велам дека сакам преселба во нов клуб, туку нова мотивација за освојување различни трофеи, а тоа го имам во моментов. Вашиот живот значајно се промени во последните десет години. Како се справивте со тоа? Па, тоа е промена на подобро, но промената на мојата материјална состојба не го смени мојот карактер. Сè уште сум истиот, без разлика на големината на мојата банкарска сметка. Сакам да играм фудбал и да уживам во животот.
ИнтервjУ: КРИСТИJАНО РОНАЛДО Што би бил Роналдо ако не станеше фудбалер? Тоа е тешко прашање. Секогаш бев насочен кон фудбалот. Кога имав пет-шест години секогаш од мајка ми барав фудбалска топка како подарок, но никогаш велосипед, видео игри или компјутер. Не знам што би работел во иднина затоа што сè уште сум фокусиран само на фудбалот. Дали фудбалската топка сè уште е играчка или премина во „алат за работа“? Не, сè уште е играчка! Дали е полесно кога се игра за клуб како Манчестер Јунајтед? Секогаш е добро да се игра со добри фудбалери, а во Манчестер ги има многу. Напредувам секоја година и мислам дека сум во вистинскиот клуб. Дали ја следевте трката за Златна копачка минатата сезона? На почетокот од сезоната, не. Сакав само да победуваме, а головите дојдоа сами по себе. Мојот добар голгетерски ефект на средината од сезоната придонесе да се заинтересирам за наградата, а во тоа ми помогнаа и моите соиграчи. Но, дали ги следевте останатите фудбалери кои останаа во трка до самиот крај? Се разбира! Но, сепак при крајот бев опуштен зашто имав предност од неколку гола. Сега сте многу популарен. Ви пречи ли славата? Никогаш не размислувам за тоа. Животот ми се промени изминтатите три години. Сите ме препознаваат. Од една страна е убаво, но има работи кои не се така добри. Луѓето следат сè што правам. Секогаш сум одбранбено поставен што воопшто не е лесно. Тоа го правам поради кариерата која ми е најважна и не размислувам за коментарите надвор од фудбалот. Тоа не е важно. Сепак, не е тешко да си славен. Се гледате ли во иднина како филмска ѕвезда? Можеби некогаш во иднина. (Ха, ха, ха) Талентиран сум и за други работи освен играње фудбал. Луѓето не знаат за нив, но јас знам. Скоро бевте серозно повредени. Лани белгискиот голман Стијнен изјави дека „ќе ви ги искрши нозете“. Тој се обиде да ме заплаши, но на крај му дадов два гола. Сте се исплашиле ли од некој противнички фудбалер? Да бидам искрен, од фудбалот и противничките фудбалери, не, но од други работи, да. Дали ви беше важно да имате Португалци во тимот како на пр. Карлуш Кеирош? Кога дојдов во Манчестер никој не зборуваше португалски, а сега, десетмина зборуваат. Секогаш е добро да се чуе мајчиниот јазик, а можеме и да се пошегуваме со останатите на португалски. Понекогаш одбранбените играчи се изнервирани од вашите потези на теренот. Дали намерно ги исмејувате за да покажете дека сте топ играч? Отсекогаш играм на тој начин. Тоа го знаат оние што ме познаваат од мал. Сакам да дриблам и знам дека некому тоа му смета. Тоа е нормално во фудбалот. Некои велат дека италијанскиот фудбал станал „дом за старци“, како што се Шевченко и Роналдињо, додека
Англија е подобра за млади играчи. Возраста не е најважна во фудбалот. Тоа го покажа Милан, освојувајќи ја Лигата на шампионите. Италијаните имаат друг менталитет. Годините не се важни ако играте добро. Дали бевте загрижени дека навивачите на Манчестер погрешно ќе ги сфатат шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид? Секогаш има шпекулации. Сите ве сакаат во својот тим ако сте еден од најдобрите играчи. Исто важи и за Роналдињо, Кака, Меси, Лампард... Искрен сум кога велам дека сум среќен во Манчестер. Сезонава во Јунајтед дојде Димитар Бербатов. Сметате ли дека повеќе ќе играте на крилната позиција? Се надевам дека нема, а да бидам искрен и не сакам. Минатата сезона додека игравме со Руни и Тевес често ги менувавме местата. Исто ќе биде и сезонава. Што мислите за преземањето на Манчестер Сити од страна на Арапите? Сега Јунајтед не е најбогат тим во Манчестер. Лудило! Овие луѓе имаат пари, но понекогаш парите не можат да ги купат вистинските играчи. Не можете да бидете сигурен што ќе се случи во иднина. Сте збореле ли со соиграчите за ова? Се разбира, големи пари се во прашање. Видете што направи Абрамович со Челзи. Клубот немаше освоено ништо 50 години, а тој со Мурињо дојде до две титули во првенството. Зошто не би се случило истото со Манчестер Сити? Добро е тоа за фудбалот. Велите дека не е сè во парите. Затоа ли не заминавте во Реал? Многу врева се крена околу Мадрид. Не, парите не беа одлучувачки фактор. Колку загуби Манчестер кога Кеирош замина, а колку доби португалската репрезентација? Работев четири години со него. Тој е тренер кој употребува многу добри методи за тренинг. Ни недостасува во Манчестер, но добро е што го имаме на чело на репрезентацијата. Тој е одличен човек и навистина добар тренер. Мислите ли дека Жозе Мурињо ќе биде успешен и во Италија? Зошто да не? Тој што е добар, секаде е добар, не само во Англија или Португалија. Некогаш треба време, но тој ќе направи добра работа затоа што е одличен стручњак и има добри играчи околу себе. А штo со Рикардо Кварежма кој му се придружи на Мурињо во Интер? Исто и со него. Му треба време зашто се работи за друга лига и друг менталитет. Му посакувам сè најдобро во иднина. Португалскиот интернационалец Дани исто така израсна во Мадеира. Дали го познавате? Го знам веќе неколку години. Одлично момче и одличен фудбалер. Игра добро во Зенит и сигурно ќе добие шанса во репрезентацијата. За крај, постои ли некоја тајна во твоето изведување на слободни удари? Моите нокти. (Ха, ха, ха) Не знам, едноставно вежбам цело време. Како и што, не можам да кажам, тоа е тајна!
Издание бр. 2 3
SPORT LIFE ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА
Летиција Филипи и Нерида Галјарди, поранешните девојки на Кристијано Роналдо, се согласуваат во една работа: „Челзи нема да победи на гостувањето на „Гудисон парк“ против Евертон“
44 Sport Sport Life Life MIX MIX