Where children grow, Macedonian

Page 1

ШВЕДСКА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА

Кај што децата растат


© Ingrid Vang Nyman / Saltkråkan


Кај што децата растат „Добрата литература му дава на детето место во светот, а на светот место во детето“, вели Астрид Линдгрен. Со изложбата со наслов „Кај што децата растат“, Шведскиот институт во соработка со Шведскиот институт за книги за деца има за цел да отвори дијалог за улогата и меѓународната дистрибуција на детска литература. Меѓународната размена, активностите за преведување книги и водење грижа тие да стигнат до читатели во различни делови од светот е со цел да се прошири нашата свесност за другите и меѓусебното разбирање. Детската литература е важна во Шведска. Меморијалната награда на Астрид Линдгрен за литература за деца и млади ја доделува Советот за уметности на Шведска. Исто така, литературата за млади читатели во голема мера се истражува во Шведска. Шведскиот институт за книги за деца, што претставува државен центар за литература за деца и млади, нуди поддршка и помош за истражувачите и за заинтересираната јавност. Дополнително, постои Центар за проучување на детската култура на Стокхолмскиот Универзитет, кој организира курсеви, симпозиуми и денови на истражување и објавува низа на научни есеи кои се фокусираат на детската култура. Еден од предизвиците е да се развие пристап до литература во која сите деца може да се сметаат како учесници. Исто така е важно децата и младите да се чувствуваат мотивирани за читање. Како што наведува Конвенцијата за детските права, децата имаат право на информации и право да учествуваат во јавниот и во културниот живот. Сакаме да ја нагласиме важноста на читањето и креативноста и да укажеме на задоволството и придобивките од книжевноста. Писателите, илустраторите, преведувачите, издавачите, просветните работници, библиотеките и истражувачката заедница, сите овие играат важна улога во ова поврзување. На следните страници ќе ги претставиме авторите и илустраторите вклучени во изложбата „Kај што децата растат“ и да обезбедиме контакт детали за издавачите како и дополнителни информации за Шведскиот институт за книги за деца и за „АЛМА“ (ALMA).

3


АдБоге, Ема Родена во 1982 година. Илустратор и автор. Обучувана на школата „Хофорс“ за стрипуметници. Ема АдБоге го направи своето деби на 19 годишна возраст, и оттогаш има произведено преку 20 книги и има илустрирано дела од други автори. Нејзините илустрирани книги се полни со детали од секојдневието и силни емоции од детството. Лени е мало девојче со длабока потреба да покаже дека таа не зависи од светот, особено не од својот татко. Lenis Olle (Ленис Оле) ја освои плакетата „Елса Бесков“, награда за илустрации, во 2013 година. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren) (Лени)

Бергстром, Гунила Родена во 1942 година. Автор и илустратор, обучен новинар. Книгите за Алфи Аткинс постојано се препечатуваат и стигнуваат до нови читатели. Од издавањето на првата книга, God natt, Alfons Åberg (Добра ноќ Алфи Аткинс), во 1972 година, пет милиони книги за Алфи се отпечатени во Шведска. Тука се и сите преводи, на околу 30 јазици. Алфи е предмет на теза за историја на уметноста, неговото име стои и на награда за детска култура и е главен лик во цртани филмови и неколку претстави. Гунила Бергстром освои повеќе награди, меѓу кои и Наградата Астрид Линдгрен и Златен медал од шведската влада. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren) (Алфи Аткинс)

4


Видмарк, Мартин Роден во 1961 година. Автор. Дипломиран наставник за одделенска настава. Повеќе од 20-те книги на Мартин Видмарк за детективската агенција „Којекрив“ се први на листата на изнајмени книги на Шведската библиотека, година за година. Тие се преведени на повеќе од 30 јазици. Серијалот книги за агентот за чудовишта Нели Рап исто така се многу популарни. Мартин Видмарк секогаш сака да ја зголеми љубовта кон книгата кај децата и тој ја усовршил уметноста на пишување приказни што се во исто време лесни за читање и возбудливи. Заедно со Јунибакен, музеј за детска книжевност и фантастика во Стокхолм, започнале проект во 2012 година со наслов „Час по читање“. Во 2014 година тој го освоил Златниот медал од Шведската влада за неговото „одлично писателство и инспиративен труд за промовирање на читањето кај децата и младите“. Издавачи: „Бониер Карлсен“ (Bonnier Carlsen) (ЏериМаја)

Вилис, Хелена Родена во 1964 година. Илустратор и автор. Студирала во „Никелвикссколан“ Стокхолм и на Колеџот за дизајн „Бекманс“. Хелена Вилис ги илустрирала книгите на Мартин Видмарк за Детективската агенција ЏериМаја. Нејзините цртежи се на секоја страница и придонесуваат кон посебниот карактер на книгата. Хелена Вилис исто така напишала свои илустрирани книги во окружување што наликува на Дивиот запад, со една љубопитна каубојка со име Олга и нејзиниот коњ што зборува. Olga kastar lasso (Олга фрла ласо) освои втора награда на натпревар во 2007 година организиран од Здружението на шведски илустратори и дизајнери. Илустрациите во комичен, непрецизен стил содржат многу мали детали поврзани со фантазија. Издавачи: „Бониер Карлсен“ (Bonnier Carlsen) (ЏериМаја)

– Men hur gick det till? frågar Lasse. Vi har väl inte tänt några tändstickor? 20

I_Brandkårsmysteriet.indd 20

2014-11-21 14:05

5


ka en kram. med armbindeln säger att de måste gå, a sig bort ett ögonblick. Så ger näsduk. Den är fuktig. över snyta dej, säger hon. Kom näll och prata deras språk. efter hennes röda rosett.

Вирсен, Стина Родена во 1968 година. Илустратор и автор. Студирала на „Никелвикссколан“ и „Констфак“ во Стокхолм.

2014-11-11 16:23

Стина Вирсен работела како уреднички цртачки уметник пред целосно да се префрли на илустрирање и пишување книги. Таа издала неколку серијали на книги за мали деца, како книгите „Кој“ и книгите за Брокига, а истовремено и илустрирала текстови на други писатели. Заедно со Улф Старк ја создале En stjärna vid namn Ajax (Ѕвездата со име Ајакс) и Systern från havet (Сестрата од морето), две емотивно моќни книги со различен карактер за тага и пријателство. Нејзините цртежи во мастило и водени боици на „Сестрата од морето“ ѝ даваат конкретно чувство, додека „Ѕвездата со име Ајакс“ е илустрирана на попоетичен начин. Стина Вирсен е добитник на плакетата „Елса Бесков“ за илустратори и книжевната награда „Хефаклумп“. Издавачи: „Бониер Карлсен“ (Bonnier Carlsen) (Јохан и Ајакс, Сирка и Маргарита)

Густавсон, Пер Роден во 1962 година. Илустратор и автор. Студирал на школата за дизајн и занаетчиство во Гетеборг. Пер Густавсон за прв пат се појавил како автор во 1995 година со илустрираната книга Stoppa bollen (Запри ја топката). Првата книга од низата книги за Принцезата, Så gör prinsessor (Така прават принцезите), е објавена во 2003 година. Со создавање на таква енергична и своеволна принцеза, Пер Густавсон сакал да ги оспори традиционалните улоги на родовите на игрив начин. Досега се објавени девет книги за принцези, а неколку книги добија и принцовите, со наслови како När prinsar stannar hemma (Кога принцовите остануваат дома). Пер Густавсон ја добил Плакетата „Елса Бесков“ за илустратори во 2014 година. Издавачи: „Натур и култур“ (Natur & Kultur) (Принцови и принцези)

6


Дигман, Кристина

mellan buskarna, och det var verkligen inga vanliga små smultron. Det var de största, de rödaste, de läckraste smultron som Zackarina någonsin hade sett. De var så blanka och glänsande att det lyste om dem. Och hon kände doften, kunde nästan känna smaken. Åh, vilka smultron!

Родена во 1959 година. Илустратор и автор. Студирала на Кралската данска академија на ликовни уметности во Копенхаген. Кристина Дигман прво се појавила како уметник во книгата за деца Vår hemliga trädgård (Нашата тајна градина) напишана од Сана Торинге. Таа исто така ја илустрирала приказната Peter och Petra (Петар и Петра) на Астрид Линдгрен во форма на илустрирана книга. Првата нејзина книга, Floras kulle (Ридот на Флора), е наградена со наградата од Шведскиот синдикат на писатели за најдобро деби на книга за деца за 2008 година. Во книгите за Закарина и Песочниот Волк од Оса Линд, нејзините лични мали цртежи од мастило им даваат на овие филозофски приказни дополнителна димензија. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren) (Закарина)

Ериксон, Ева Родена во 1949 година. Илустратор и автор. Студирала на „Констфак“ во Стокхолм, дипломиран наставник по уметност Ева Ериксон илустрирала низа на современи класични ликови како што се Макс, Дивото Бебе и Малата Сестра Зајак. Таа исто така произвела и свои илустрирани книги. Таа црта во емотивен, хумористичен стил со кој прецизно се одразуваат текстовите на авторите со кои соработува. Таа добила неколку награди, меѓу кои и Плакетата „Елса Бесков“ и книжевната награда „Хефаклумп“, и има три номинации за престижната награда Август. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren) (Макс)

7


Ландстром, Лена Родена во 1943 година. Илустратор и автор. Студирала на Колеџот за дизајн „Бекманс“

Vilken otur. Nu är ballongen trasig.

I_Pom_och_Pim.indd 24

Лена Ландстром произвела многу книги во соработка со нејзиниот сопруг, Олоф Ландстром. Заедно тие создале добро познати ликови од илустрирани книги како што се Вил и Бу и Баа. Нивните книги за Пом и Пим се наменети за најмладите. Со помош од малку зборови, Лена Ландстром внимателно ги разгледува мислите и чувствата на малите деца. Брачниот пар Ландстром заеднички ја добиле наградата „Астрид Линдгрен“ и книжевната награда „Хефаклумп“. Лена Ландстром илустрирала свои текстови за книги како и дела од други автори. Издавачи: „Лила пиратфорлагет“ (Lilla piratförlaget) (Пом и Пим) 2012-05-22 08:44

Ландстром, Олоф Роден во 1943 година. Автор и илустратор, Студирал рекламирање и графика на „Констфак“. Олоф Ландстром соработувал со повеќе автори, особено со неговата сопруга, Лена Ландстром. Неговото долго искуство со филмска анимација е видливо во многу од неговите книги. Книгите за Пим и Пом за мали деца прикажуваат сцени со структура што наликува на филм. На сликите нема многу детали, клучните елементи се говорот на телото на Пом како и неговите изрази на лицето, во кои се јасно прикажани различните емоции на ликот. Брачниот пар Ландстром заеднички ја добиле наградата „Астрид Линдгрен“ и книжевната награда „Хефаклумп“. Издавачи: „Лила пиратфорлагет“ (Lilla piratforlaget) (Пом и Пим)

8


Линд, Оса Родена во 1958 година. Автор. Образованието го стекнала на „Никелвикссколан“ и Стокхолмската школа за новинарство Оса Линд има напишано повеќе од 200 приказни за деца за радио пред да го објави своето прво авторско дело во 1995 година. Таа оттогаш напишала повеќе од 20 книги за млади читатели. Таа е најдобро позната поради нејзините книги за читање на глас кои содржат филозофски и поетски приказни за едно инвентивно девојче со име Закарина и нејзиниот пријател - волкот. Првата книга од серијалот ја добила плакетата „Нилс Холгерсон“ кога била објавена во 2003 година, а продолжението Mera Sandvargen (Нови приказни за Песочниот Волк) била номинирана за престижната награда Август. Нејзините книги се преведени на 15 јазици. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) (Закарина)

Линдгрен, Астрид 1907–2002. Автор и уредник во издавачка куќа. Таа несомнено е најпознатиот и најпреведуваниот шведски автор. Нејзините книги се преведени на вкупно 90 јазици. „Пипи долгиот чорап“ (Pippi Långstrump) е нејзината втора книга која ја означила нејзината препознатливост. Астрид Линдгрен напишала многу бајки, реалистични приказни и романи – фантастика, за читатели на различни возрасти. Таа сиот свој живот се борела за правата на децата и добила безброј награди и неколку почесни докторати. Повеќе награди го носат нејзиното име, најпознатата од нив е Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“, по иницијатива на Шведската влада по нејзината смрт во 2002 година. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) (Пипи долгиот чорап)

9


Линдгрен, Барбро Родена во 1937 година. Автор. Студирала комерцијална уметност во Констфак и се дообразувала на Шведската кралска академија за ликовна уметност. Барбро Линдгрен напишала повеќе од 100 книги, главно за деца. Нејзините први книги самата ги илустрирала, но од 1980-тите години таа соработува со повеќе илустратори. Во книгите за Макс, Ева Ериксон е илустраторот на многу краткиот текст. Таа пишува во хумористичен стил со елементи на апсурд и не се плаши да се зафати со потешки теми како што се смртта и осаменоста. Таа има впечатлива способност да го види светот преку очите на детето. Барбро Линдгрен добила голем број награди и почести. Таа е првиот шведски автор кој ја добил Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“, во 2014 година. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) (Макс)

Линденбаум, Пија Родена во 1955 година. Илустратор и автор. Дипломирала на „Констфак“. Пија Линденбаум неколку години илустрирала книги на други автори, пред да ја објави нејзината книга ElseMarie och småpapporna (Елсе-Мари и нејзините седум мали татковци). Нејзините книги се полни со хуморот што е специфичен за неа и често главните ликови се независни девојчиња. Еден таков лик е Бриџет, која е сигурна во себе, но е и плашлива. Gittan och gråvargarna (Бриџет и сивите волци) ја освоила наградата Август во 2000 година. Нејзините книги за многу млади за Мике и Мане се фокусираат на малите настани од секојдневието. Покрај бројните шведски книжевни награди, Пија Линденбаум ја освоила германската награда Deutscher Jugendliteraturpreis. Нејзините книги се преведени на повеќе јазици.

10

Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) (Бриџет), „Бониер Карлсен“ (Bonnier Carlsen) (Мике и Мане)


Лундберг, Сара Родена во 1971 година. Илустратор. Образованието го стекнала во САД и во Шведска. Откако илустрирала неколку книги од различни автори, Сара Лундберг ја објавила својата прва книга Vita streck (Бели линии). Нејзините емотивно моќни слики со смели комбинации на бои се во јасен контраст со поетскиот наратив. Продолжението, Vita streck och Öjvind (Бели линии и Виндсор), било номинирано за наградата Август и за наградата на Нордискиот совет за книжевност за деца и млади. Со третата книга, Öjvind och världens ände (Виндсор и крајот на светот) ја освоила книжевната награда „Хефаклумп“ во 2013 година. Сара Лундберг исто така ја илустрирала инспиративната книга Skriv om och om igen (Напиши одново и одново), која ја добила наградата Август во 2009 година. Издавачи: „Алфабета бокфорлаг“ (Alfabeta bokförlag) (Вита и Виндсор)

Ниман, Ингрид Ванг 1916–1959. Илустратор. Студирала на Кралската данска академија на ликовни уметности во Копенхаген. Ингрид Ванг Ниман е најдобро позната преку нејзините илустрации на книгите за Пипи долгиот чорап. Таа исто така илустрирала многу други книги на Астрид Линдгрен, како и неколку сопствени дела. Ингрид Ванг Ниман била иновативна уметница од Данска која го претставила модернизмот во светот на детската литература. Многу современи илустратори ја споменуваат како извор на инспирација. Нејзината слика за Пипи цврсто се врежа во умовите на шведските читатели. Многу од преводите се илустрирани од странски колеги. Издавачи: Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) (Пипи долгиот чорап)

© Ingrid Vang Nyman / Saltkråkan

11


Нордквист, Свен Роден во 1946 година. Илустратор и автор. Дипломиран архитект. Свен Нордквист работел како рекламен уметник и илустрирал учебници пред да победи на натпревар на илустрирани книги во 1983 година, со Agaton Öman och alfabetet (Агатон Оман и азбуката), книга која ја претставува азбуката на младите читатели. Тој станал познат во 1984 година со Pannkakstårtan (Палачинки за Финдус), првата книга за старецот Петсон и неговиот мачор Финдус. Илустрациите се полни со забавни детали што воопшто не се споменати во текстот. Малите фигури кои авторот ги нарекува „маклс“ нацртани на краевите на сликите смислуваат секакви шеги. Во 2007 година тој ја добил наградата Август за Var är min syster? (Каде е мојата сестра?). Издавачи: „Опал“ (Opal) (Финдус)

Старк, Улф Роден во 1944 година. Автор. Улф Старк напишал книги за деца и адолесценти, илустрирани книги и сценарија за филмови. Тој има единствена способност да комбинира комични и сериозни елементи во неговите приказни. Смртта и тагата се теми кои се повторуваат, дури и во неговите книги за мали деца, како и пријателството. Во En stjärna vid namn Alex (Ѕвездата со име Алекс) и Systern från havet (Сестрата од морето), за илустрациите одговорна е Стина Вирсен. Двете книги се за тага и пријателство. Улф Старк ја добил наградата Август во 1996 година за Min syster är en ängel (Мојата сестра е ангел). Меѓу другите книжевни награди што ги освоил се Хефаклумп, Плакетата „Нилс Холгерсон“ и Deutscher Jugendliteraturpreis. Издавачи: „Бониер карлсен“ (Bonnier Carlsen) (Јохан и Ајакс, Сирка и Маргарета)

12


Форслинд, Ан Родена во 1953 година. Илустратор и автор. Виш предавач за илустрации на „Констфак“. Ан Форслинд има илустрирано текстови од илустрирани книги на други автори и има издавано свои илустрирани книги. Во нејзино производство се книги за многу мали деца, илустрирани книги за деца од предучилишна возраст и три специјализирани книги за хроматика и иконографија за деца и адолесценти. Нејзините бебешки книги за многу мали деца се на тема секојдневие - од гледна точка на новороденче. Ан Форслинд постојано ги заснова нејзините едноставни текстови и слики на мислите и чувствата на малото дете. Таа ја добила плакетата „Елса Бесков“ за илустратори во 2001 година. Издавачи: „Алфабета бокфорлаг“ (Alfabeta bokförlag) (Бебе)

13


Нова генерација Нова генерација на креатори почнува да се етаблира во шведската книжевност за деца. Тие се писатели и илустратори – некогаш тоа е истата личност – и се иновативни во изборот на тема, но најважно во нивната уметност.

Snöret, fågeln och jag (Снорет, птицата и јас), Елен Карлсон и Ева Линдстром.

Dom som är kvar (Оние кои останале), Карин Салер и Сири Ахмед Бакстром.

Brevet till månen (Писмо до Месечината), Ема Вирке.

Blixtslukaren (Лакомецот што јаде молњи), Јонатан Бранстром и Јоана Хелгрен.

14

Многу од нив имаат солидно образование за графички дизајн и илустрација. Тие се добро образовани уметници за илустрирани книги кои илустрираат сопствени или туѓи текстови. Обележје на нивната работа е свесен, инвентивен визуелно описен јазик и екстензивна интеграција на зборовите и сликите. Тие стремат кон инклузивност во нивото раскажување приказни и да прикажат културна разновидност што е карактеристика по која се одликува шведското современо општество. И покрај тоа што многу од книгите ги издаваат мали друштва, тие привлекуваат внимание и освојуваат награди. Има голем број интересни писатели и илустратори кои работат денес, а ние одбравме да презентираме дел од нив. Модел и извор на инспирација за многу нови уметници за илустрирани книги е Ева Линдстром, која произвела повеќе неповторливи, неконвенционални дела. Заедно со авторката Елен Карлсон, за која ова е прво дело, добиле една од најважните награди за книжевност во Шведска, наградата Август, во 2013 година за книгата за читање на глас Snöret, fågeln och jag, Hippo Bokförlag (Снорет, птицата и јас). Смрт и тага се темите на илустрираната книга на Сири Ахмед Бакстром и Карин Салер со наслов Dom som är kvar, Urax förlag (Оние кои останале). Илустрираната книга на Ема Вирке Brevet till månen, Alvina förlag & produktion AB (Писмо до Месечината) е за малечкото девојче, Моа, кое е загрижено поради тоа што Месечината изгледа многу осамено. Слободната фантазија исто така е важна во Blixtslukaren, Natur & Kultur (Лакомецот што јаде молњи), напишана од Јонатан Бранстром, со илустрации од Јоана Хелгрен.


Шведскиот институт за книги за деца е национален информативен центар за секој што е заинтересиран за литература за деца и адолесценти. Некои од целите на институтот се унапредување на проучувањето и истражувањето на книжевноста за деца на сите нивоа и дополнување на знаењето и разбирањето на книжевноста за деца кај оние што работат со оваа возрасна група. Јавната библиотека за истражувања на Институтот собира и овозможува пристап до сета книжевност за деца и адолесценти објавена во Шведска, како и шведска и меѓународна теоретска литература. Институтот исто така го издава единствениот шведски академски журнал за книжевност за деца, „Барнбокен“ – журнал за истражувања на книжевноста за деца, основан од шведскиот истражување совет. „Барнбокен“ се издава како електронски журнал, отворен за пристап (www.barnboken.net). Во посебна низа на публикации, институтот исто така објавува нови шведски истражувања. Во моментов, институтот е во процес на уредување на проширена историја на шведската книжевност за деца. Шведскиот институт за книги за деца е основан во 1965 година и е финансиран од Министерството за образование и Градот Стокхолм. www.sbi.kb.se

Меморијална награда „Астрид Линдгрен“ (АЛМА / ALMA) е најпрестижната награда за книжевност за деца и адолесценти. Наградата се доделува годишно, на еден или повеќе лауреати. Автори, илустратори, усни раскажувачи на приказни и промотори кои читаат може да се квалификуваат за наградата, која е наменета за зголемување на интересот за книжевност за деца и адолесценти. Конвенцијата на ОН за правата на детето е основата за нашата работа. Експертско жири го/ги избира лауреатот/ите од кандидати кои се номинирани од институции и организации од целиот свет. Меморијалната наградата „Астрид Линдгрен“ е основана од страна на Шведската влада во 2002 година, а ја доделува Шведскиот совет за уметности. Сите земји се поканети да пратат номинација за да ја промовираат нивната литература за млади читатели и да го стимулираат промовирањето на читањето. Номинирачките тела може да бидат меѓународни, национални или регионални организации како што се институти за истражувања, институти за книги за деца, организации на автори и илустратори, оддели за деца и книжевни центри во државни библиотеки. Канцеларијата за награди со задоволство прима нови предлози за квалификувани номинатори www.alma.se/en


Издавачи на книги – листа на контакти

„Алфабета бокфорлаг“ (Alfabeta Bokförlag) | www.alfabeta.se Странски права: АнаКаиса Даниелсон Тел: +46 8 714 36 32 | Е-пошта: annakaisa@alfabeta.se „Алвина форлаг и продуктион“ (Alvina förlag & produktion) www.alvinaforlag.se Тел: +46 70 228 19 03 | Е-пошта: info@alvinaforlag.se „Бониер Карлсен“ (Bonnier Carlsen) | www.bonniercarlsen.se Странски права: Права на Бониер www.bonnierrights.se Тел: +46 8 696 89 10 | Е-пошта: info@bonnierrights.se „Хипо бокфорлаг“ (Hippo Bokförlag) | www.hippobokforlag.se Тел: +46 8 684 395 50 Е-пошта: marianne.lindfors@hippobokforlag.se maria.skymne@hippobokforlag.se „Лила пиратфорлагет“ (Lilla Piratförlaget) | www.lillapiratforlaget.se Тел: +46 8 545 678 54 | Е-пошта: info@lillapiratforlaget.se „Натур и култур“ (Natur & Kultur) | www.nok.se Странски права: Катарина Ланц Тел: +46 8 453 86 94 | Е-пошта: catharina.lantz@nok.se „Опал“ (Opal) | www.opal.se Странски права: Катрин Кристел
 Телефон: +46 8 28 21 53 | Е-пошта: catrine@opal.se Агенција „Рабен и Сјогрен“ (Rabén & Sjögren Agency) www.rabensjogren.se/agency Тел: +46 10 744 23 00 | Е-пошта: lillevi.cederin@rabensjogren.se asa.bergman@rabensjogren.se „Уракс форлаг“ (Urax förlag) | www.uraxforlag.se Странски права: Еба Биленгрен Тел: +46 70 993 49 74 | Е-пошта: ebba.billengren@uraxforlag.se

Шведски институт Slottsbacken 10, SE-103 91 Stockholm, Sweden Телефон +46 (0)8 453 78 00 | www.si.se | www.sweden.ru


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.