Илустриран приказ на исламот

Page 1

P

Во името на Алах, Милостивиот и Сомилосен!

КРАТОК ИЛУСТРИРАН ПРИКАЗ НА ИСЛАМОТ И. А. Ибрахим Превод од англиски: Мерсиха Смајловиќ и Јасмин Реџепи Наслов на оригиналот: А BRIEF ILLUSTRATED GUIDE TO UNDERSTАNDING ISLAM

© Студентски Клуб

Скопје, 2007

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Главен уредник: Јасмин Реџепи Технички уредник: Бесник Хамити Шеријатска рецензија: Талха Куртиши

Стручни консултанти: Медицина: Географија: Социологија: Хемија: Историја:

Сабина Смајловиќ Елена Тренчевска Дарко Трајковски Катерина Јакимовска Оливер Андоновски

Испечатено под покровителство на: Хасан Атулах Не се дозволува умножување, копирање, реиздавање, препечатување и пренесување во целост, без дозвола од Студентски Клуб, освен делумно, за лична и непрофитабилна употреба, а со цел за користење и промовирање на истата.

CIP Katalogizacija vo publikacija Narodna i univerzitetska biblioteka "Sv.Kliment Ohridski", Skopje 297.131 namazot vo islamot: su{tina, forma, vidovi / grupa avtori; prevod od albanski Besnik Hamiti; prevod od bosanski Jasmin Rexepi i Mersiha Smailovi}; prevod od angliski Sabina Samilovi}. - Skopje Studentski klub, 2006. - 222 str; 22 cm Fusnoti kon tekstot. - Bibliografija: str. 222 ISBN 9989-2485-1-6 1. Hamiti, Besnik 2. Rexepi, Jasmin 3. Smailovi}, Mersiha 4. Smailovi}, Sabina a) Molitvi - Islam COBISS.MK-ID 63128586

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Содржина

1

СОДРЖИНА ВОВЕД ...........................................................................................3 I Поглавје НЕКОИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНИТОСТА НА ИСЛАМОТ ...5 1. Научните чуда во Племенитиот Куран ..............................5 А. Развојот на човечкиот ебрион во Куранот .................6 Б. Куранот за планините ................................................11 В. Куранот за настанокот на универзумот.....................14 Г. Куранот за мозокот (церебрум) .................................16 Д. Куранот за морињата и реките ..................................17 Ѓ. Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови.... 20

Е. Куранот за облаците ..................................................22 Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот.....................................................................27 2. Големиот предизвик да се напише едно слично поглавје како поглавјето во Племенитиот Куран ...........................32 3. Библиските претскажувања за доаѓањето на Пратеникот Мухамед, Веровесникот на исламот ................................33 4. Стихови од Куранот кои спомнуваат идни настани кои подоцна се оствариле .......................................................35 5. Чудата кои биле изведени од Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него........................................................36 6. Скромниот живот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него ........................................................36 Феноменалното ширење на исламот....................................40 II Поглавјe НЕКОИ ПРИДОБИВКИ ОД ИСЛАМОТ..............................41 1. Вратата кон вечниот рај ....................................................41 2. Спас од пеколот .................................................................42 3. Вистинска среќа и внатрешен мир ...................................43 4. Простување за сите поранешни гревови .........................44 Краток Илустриран Приказ На Исламот


2

Содржина

III Поглавје ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСЛАМОТ ......................45 Што е исламот? .....................................................................45 Темелите на исламското верување ......................................45 1. Верувањето во Бог ......................................................45 2. Верувањето во ангелите .............................................47 3. Верувањето во Божјите Книги ...................................47 4. Верувањето во Божјите пратеници и веровесници ..48 5. Верувањето во Судниот Ден ......................................48 6. Верувањето во Кадерот ..............................................48 Дали постојат и други Свети извори освен Куранот? .........49 Некои изреки од Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него .................................................................................49 Што вели исламот за Судниот Ден? .....................................50 Како се станува муслиман?...................................................52 Што содржи Куранот? ..........................................................54 Кој бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него? .................54 Како влијаело ширењето на исламот врз развојот на науката?.................................................................................56 Што велат Муслиманите за Исус? .......................................57 Ставот на исламот за тероризмот .........................................59 Човековите права и правдата во исламот ............................61 Каков е статусот на жената во исламот? ..............................63 Семејството во исламот .......................................................64 Како муслиманите се однесуваат кон постарите?...............64 Кои се петте столбови во исламот? ......................................65 1. Сведочењето на верувањето ......................................65 2. Молитвата ..................................................................66 3. Давањето на зеќат (поддршка за сиромашните).......66 4. Постењето на месецот Рамазан .................................67 5. Аџилакот во Мека ......................................................67 Исламот во Република Македонија .....................................68 Библиографија (Користена литература) .............................70 Препорачана исламска литература на македонски јазик ...74

Краток Илустриран Приказ На Исламот


3

Оваа книга е краток водич за исламот. Се состои од три поглавја. Првото поглавје „Некои докази за вистинитоста на исламот“, кое дава одговор на некои важни прашања кои луѓето често пати ги поставуваат: • Дали Куранот е Вистинската Божја Реч, објавена од Него? • Дали Мухамед, нека е Божјиот мир над него, навистина е пратеник од Бога? • Дали исламот навистина е религија од Бога? Во ова поглавје, ќе бидат наведени шест вида на докази: 1. Научните чуда во Светиот Куран: Овој дел илустрирано дискутира за некои најново докажани научни факти, спомнaти во Племенитиот Куран, кој што бил објавен пред четиринаесет векови. 2. Големиот предизвик да се напише едно поглавје слично на поглавјата од Куранот: Во Куранот, Бог го предизвикува човештвото да напишат барем едно поглавје, како поглавјата во Куранот. Уште откако бил објавен Куранот, пред четиринаесет векови, сè до денешен ден, никој не го прифатил овој предизвик, па дури и за најмалото поглавје од Куранот (поглавјето 108) кое што се состои од само десет зборови.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

Вовед

ВОВЕД


Вовед

4 3. Библиските пророштва за доаѓањето на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, Веровесникот на исламот: Во овој дел, содржани се и објаснети некои од библиските пророштва за доаѓањето на Веровесникот Мухамед. 4. Некои стихови од Куранот, во кои се спомнaти идни настани и предвидувања, кои подоцна се оствариле: Куранот спомнува некои настани кои подоцна се оствариле, на пример, победата на Византијците врз Персијците. 5. Чуда манифестирани од страна на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него: Многу чуда биле изведени од Пратеникот Мухамед. На овие чуда биле сведоци многу луѓе. 6. Едноставниот живот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него: Овде е јасно објаснето дека Мухамед не бил лажен пратеник, кој прокламирал пратеништво со цел за да заработи материјални добра, углед и моќ. Од овие шест видови на докази, заклучуваме дека: •Куранот е навистина вистинската Божја Реч, објавена од Него. •Мухамед, нека е Божјиот мир над него, е вистинскиот Божји пратеник. •Исламот е вистинската религија од Бога. Ако сакаме да дознаеме дали религијата е вистинита или лажна, не смееме да се потпреме врз нашите емоции, чувствата или традицијата. Напротив, треба да се потпреме врз нашиот разум и интелигенција. Кога Бог ги испраќал пратениците, Тој ги поддржувал со чуда и докази со кои што тие докажувале дека се навистина пратеници испратени од Бога со што докажувале дека религијата која што ја проповедале навистина е исправна. Второто поглавје „Користа од исламот“, спомнува некои од придобивките за поединецот, кои ги нуди исламот, како што се: 1. Вратата кон Вечното уживање Рајот 2. Спасение од Пеколот. 3. Вистинска среќа и внатрешен мир. 4. Простување за сите предходни гревови. Третото поглавје, „Основни информации за исламот“, ни обезбедува основни информации за исламот, разработува некои недоразбирања во врска со него, и ни одговара на некои секојдневно поставувани прашања, како што се: •Ставот на исламот за тероризмот! •Статусот на жената во исламот!

Краток Илустриран Приказ На Исламот


1. Научните чуда во Племенитиот Куран

5

I Поглавје

Некои докази за вистинитоста на исламот

1. Научните чуда во Племенитиот Куран Куранот е Вистинската Божја Реч, кој што му бил објавен на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, преку ангелот Габриел. Бил запомнет од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, кој што потоа им го пренесувал на своите придружници. Тие го запомниле, го запишувале, и потоа го проверувале заедно со Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Истотака, Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, секоја година го повторувал Куранот со ангелот Габриел, и два пати во последната година од својот живот. Од времето кога Куранот бил објавен, па сè до ден денес, има голем број на муслимани кои што го помнат целиот Куран, од збор до збор. Некои пак се толку способни, што успеале да го запомнат целиот Куран на десет годишна возраст. Ниту една буква од Куранот не била сменета во текот на овие векови. Куранот, кој што бил објавен пред четиринаесет векови, спомнува факти кои во скоро време биле откриени и докажани од научниците. Ова несомнено ни докажува дека Куранот навистина е Вистинската Божја Реч, објавен од Него до Пратеникот Мухамед, Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Бог го поддржал Својот последен веровесник Мухамед, нека е Божјиот мир над него, со многу чуда и со многу докази кои докажувале дека тој е вистинскиот пратеник испратен од Бога. Исто така Бог го поткрепил Куранот со многу чуда кои ни докажуваат дека Куранот е директна Божја Реч, објавен од Него, и дека не е под авторство на ниедно човечко суштество. Ова поглавје ни дава објаснување за некои од доказите.


6

А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот

нека е Божјиот мир над него, и дека Куранот не бил напишан од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, или пак од друго човечко суштество. Ова исто така ни докажува дека Мухамед е навистина Божји пратеник. Сосема е несфатливо дека некој пред четиринаесет векови би ги знел овие факти кои сега биле откриени и докажани со соодветната опрема и софистицирани научни методи. Следат некои примери.

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот Во Племенитиот Куран, Бог ни говори за фазите на развојот на ембрионот: „Ние1навистина го создадовме човекот од глина одбрана, потоа како капка семе го ставивме на место сигурно. Потоа капката семе Ние ја создадовме во нешто што се закачува, од нешто што се закачува создадовме парче месо, од парчето месо создадовме коски, а потоа коските со месо ги обвиткавме.“

(Куран, 23: 12-14) Буквално, арапскиот збор алак има три значења: 1. пијавица, 2. нешто прикачено, и 3. грутка крв. Споредувајќи ја пијавицата со ембрионот во фазата алак, можеме да најдеме сличности помеѓу двете, како што можеме да видиме на првата слика. Исто така, во оваа фаза ембрионот се храни од крвта на мајката, слично како кај пијавицата, која се храни со крвта на другите. Второто значење на зборот алак е „нешто што се закачува.“ Тоа можеме да го видиме на сликите 2 и 3, прикачувањето на ембрионот, за време на фазата алак , во матката на мајката.

(1) Ние, Нас, Нам или сл., се однесува на Бог. Тоа е вообичаена особеност на арапскиот говор, користен за истакнување на важноста на говорникот (заб. на прев.).

Краток Илустриран Приказ На Исламот


А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот

7

Краеви од амнионот

А. Човечки ембрион Кранијална испакнатина Срце

Б. Пијавица

Цитотрофобластна покривка

Слика 2: На оваа слика можеме да го видиме прикачувањето на ембрионот за време на фазата алак во матката на мајката. („Развојот на човекот“, Мур и останатите, 5-то издание стр. 66).

Хорионска ресичка Интервилозен простор Крвен сад на матката Синусоид на матката

Слика 3: На оваа микрографија, можеме да го видиме прикачувањето на ембрионот (обележано е со Б) за време на фазата алак (15 дена старо), во матката на мајката. Вистинската големина на ембрионот е околу 0,6 мм. („Развојот на човекот“, Мур и Персауд, 3-то издание стр. 66, од „Хистологија“ Лисон и Лисон)

А Б

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Слика 1: Илустриран приказ за сличностите во изгледот на пијавицата и човечкиот ембрион во фазата алак. (Пијавицата е превземена од книгата „Развојот на човекот опишан во Куранот и Сунетот“, Мур и останатие, стр. 37, модифицирана од книгата „Интегрирани принципи од Зоологијата“, Хикман и останатите. Ембрионот е превземен од „Развојот на човекот“, Мур и останатите, 5-то издание, стр. 73).


8

А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот

Третото значење на зборот алак е „грутка крв“. Можеме да видиме дека надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки за време на фазата алак е слична со грутката крв. Ова се должи на присуство на релативно големото количество крв присутно во ембрионот за време на оваа фаза (види слика 4). Исто така за време на оваа фаза, крвта во ембрионот не циркулира сè до третата недела. И поради тоа, ембрионот во оваа фаза е како грутка крв. I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Дорзални интерсегментални артерии

Слика 4: Шема на првобитниот кардиоваскуларен систем во ембрионот за време на фазата алак. Надворешниот изглед на ембрионот и неговите обвивки е слична на грутка крв, што се должи на присуство на релативно голема количина на крв во ембрионот. („Развојот на човекот“, Мур, 5-то издание стр. 65)

Предна кардинална вена Аортни лакови

Дорзална аорта

Вени

Хорионска ресичка

Папочна врпца Умбиликална артерија

Умбиликална вена

Хорион

Артерии Артерии и вени на жолчното ќесе

Трите значења на зборот алак одговараат точно на описот на ембрионот во фазата алак. Следната фаза спомната во стихот е „парче месо“ или фазата мудгах. Арапскиот збор мудгах значи „нешто изџвакано“. Ако земеме мастика и ја изџвакаме и потоа ја споредиме со ембрионот во фазата мудгах, ќе дојдеме до заклучок дека ембрионот во фазата мудгах се здобива со облик на изџвакана супстанца. Ова е поради сомитите2 на грбот на ембрионот кои „наликуваат на отпечатоци на заби на изџвакана супстанца.“ (Види слики 5 и 6). Како можел Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да ги знае сите овие работи пред 1400 години, кога научниците во скоро време ги откриле, а притоа користејќи напредна опрема и моќни микроскопи кои што не постоеле во тоа време?

(2) Сомити - згуснати сегменти сместени околу невралната цевка од која што ќе се развие ’рбетниот мозок, а од нив ’рбетен столб.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот

9

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Слика 5: Слика на ембрионот во фазата мудгах (28 дена старо). Ембрионот во оваа фаза се здобива со облик на изџвакана супстанца, бидејќи сомитите на грбот на ембрионот наликувват на отпечатоци од заби на изџвакана супстанца. Вистинската големина на ембрионот е 4 мм. („Развојот на човекот“, Мур и Персауд, 5-то издание стр. 82, од проф. Хидео Нисхимура, Кјото Универзитет, Кјото, Јапонија.)

А. Ембрион Очна дупка

Трет бранхијален лак

Мандибуларен лак (долна вилица)

Слика 6: Кога ќе го споредиме ембрионот во фазата мудгах со парче од мастика која била изџвакана, наоѓаме сличност помеѓу двете. А. Нацртан ембрион од фазата мудгах. Тука можеме да видиме дека нерамнините од грбот на ембрионот изгледаат како отпечатоци на заби. („Развојот на човекот“, Мур и Персауд, 5-то издание стр. 79.) Б. Фотографија од парче мастика кое било изџвакано.

Кранијален завој

Ждрелни лаци

Хиоиден (подјазичен) лак

Каудален завој Моментална големина

Б. Гума за џвакање

26 ± 1 ден

Краток Илустриран Приказ На Исламот


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

10

А. Развојот на човечкиот ембрион во Куранот

Хамм и Левенхук биле првите научници кои ја набљудувале клетката на спермата (сперматозоидот) употребувајќи понапреден микроскоп во 1677 (повеќе од 1000 години после Мухамед). Тие имале погрешно мислење, дека клетката на спермата содржи минијатурно оформено човечко суштество кое почнува да расте кога ќе биде доставено во женските генитални органи. Проф. Емеритус Кејт Л. Мур е еден од светски најистакнатите научници во полето на анатомијата и ембриологијата, и автор е на книгата насловена како „Развојот на човекот“, која е преведена на девет јазици. Оваа книга содржи научно истражувачка работа и избрана е од специјален комитет во Соединетите Американски Држави, како најдобро напишана книга од една личност. Д-р Кит Мур е пензиониран професор по Анатомија и Клеточна биологија на Универзитетот во Торонто. Таму, тој бил продекан на Основните Науки на Медицинскиот факултет и осум години бил директор на одделот за анатомија. Во 1984 тој ја добил најпрестижната награда доделена во полето на анатомијата во Канада. Ј.Ц.Б. Најдобра награда од Канадската Асоцијација на Анатомичари. Тој водел многу интернационални асоцијации, како што се Канадската и Американската Асоцијација на Анатомија и Советот на Унијата на Биолошките науки. Во 1981, за време на Седмата Медицинска Конфернција во Дамам, Саудиска Арабија, проф. Мур го рекол следново: „За мене претставува вистинско задоволство за тоа што помагав во разјаснувањето на Куранските факти во врска со развојот на човекот. И јасно ми е дека тие изјави доаѓале до Мухамед директно од Бог, бидејќи голем број од тоа знаење не било откриено дури до неодамна. Ова ми докажува дека Мухамед е Божји пратеник.“ Поради ова, проф. Мур бил запрашан: „Дали ова значи дека верувате дека Куранот е Божја Реч?“ Тој одговорил: „Не ми представува никаква тешкотија да поверувам во тоа.“ За време на конференцијата, проф. Мур изјавил, „... Бидејќи фазите на човечкиот ембрион се комплексни, поради континуираниот процес на менувањето во текот на развојот, би предложил новиот систем на класификација да се развива употребувајќи ги термините кои што се спомнати во Куранот и Сунетот.3

(3) Се однесува на традицијата на Мухамед, она што тој го рекол, сторил или молчејќи го одобрил (заб. на прев.).

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Б. Куранот за планините

11

Б. Куранот за планините Книгата насловена како „Земја“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот претседател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец (види на сликите 7, 8 и 9).

Слика 7: Планините имаат длабоки корени под површината на Земјата. („Земјата“, Прес и Сивер, стр. 413).

Талог

Океан

Океан

Kонтинентална кора Мохо Прекривка

Km 0 -10 -20 -30 -40 -50

Хоризонталана а не скалеста разлика

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Предложениот систем е едноставен, разбирлив и потврден од сегашната ембриолошка наука. Интенезивното студирање на Куранот и Сунетот во последните четири години открива систем за класификација на човечките ембриони, и она што восхитува е тоа што тој постоел уште од 7 век. Иако Аристотел, основачот на ембриологијата, сфатил дека ембрионот од пилето се развива во фази, што го заклучил со студирањето на кокошкини јајца во 4 век п.н.е., не дал никакви детали за овие фази. Како што ни е познато од историјата на ембриологијата, сè до дваесеттиот век многу малку се знаело за поставувањето на класификацијата за човечката ембриологија. Од оваа причина, описот на човечкиот ембрион во Куранот не можел да биде базиран на научнот знаење кое што постоело во 7 век. Единствениот прифатлив заклучок е дека овој опис му бил објавен на Мухамед од Господ. Тој не можел да ги знае овие детали бидејќи тој не знаел да чита и немал никаква научна подлога.“


12

Б. Куранот за планините

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Британски остров

С. Германија

Алпи

Европа

Руска платформа

Кавказ

Слика 8: Шематска секција. Планините како клинци, имаат длабоки корени вградени во Земјата. („Анатомија на Земјата“, Каилеукс, стр. 220).

Планински венец

Ерозија

Таложење

Морско ниво

Континентална кора Мантл зона Коренот на планината

Слика 9: Другата илустрација ни покажува дека планините имаат форма слична на колци, поради длабоките корени. („Наука за земјата“, Тарбук и Лутгенс, стр.158).

Еве како во Куранот се опишани планините. Бог вели во Куранот: „Нели Ние одредивме Земјата да биде постела, а планините столбови?“ (Куран, 78: 6 - 7) Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата (види слика 9) и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на Земјата за неколку пати. Краток Илустриран Приказ На Исламот


Б. Куранот за планините

13

И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на Земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век. Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во Куранот:

Исто така, модерната теорија за тектонската обвивка држи до тоа дека планините функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата штотуку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век. Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, која што ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој што се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на Куранските стихови.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

„И по Земјата Ние постеливме планини (столбови) за таа да не ве стресе...“ (Куран, 16:15)


14

В. Куранот за настанокот на Универзумот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

В. Куранот за настанокот на Универзумот Науката за модерната астрономија, обсервациона и теоретската, јасно укажуваат на фактот, дека во еден момент, целиот универзум бил само еден облак на непроѕирен и многу густ чад, топол и во гасовита состојба. Ова е еден од неспорните принципи на денешната модерна астрономија. Научниците сега можат да набљудуваат како се формираат нови ѕвезди кои што настануваат од остатоците на тој чад (види слика 10 и 11). Ѕвезди кои навечер светат, предходно биле како и целиот универзум, во гасовита состојба. Бог ни вели во Куранот: „Потоа се упати кон небесата, а тие беа како маглина...“ (Куран, 41: 11) Поради тоа што Земјата и небото над нас (Сонцето, Месечината. ѕвездите, планетите, галаксиите итн.) настанале од истиот „чад“, можеме да заклучиме дека Земјата и небото биле една поврзана целина. И тогаш од тој хомоген „чад“ се формирале и одделиле едно од друго. Бог ни вели во Куранот: „Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една поврзана целина, па Ние ги разделивме (раздвоивме)...?“ (Куран, 21: 30) Д-р Алфред Кронер е еден од светски реномираните геолози. Тој е професор по геологија и шеф е на катедрата на одделот за геологија на Институтот по геолошки науки на универзитетот Јоханес Гутенберг во Маинз, Германија. Тој рекол: „Размислувајќи, од каде дошол Мухамед... мислам дека е скоро невозможно тој да знаел за овие работи, како што е необичното настанување на универзумот, бидејќи научниците ги откриле овие работи дури во изминатите неколку години, со многу комплицирани и напредни методи на технологијата, како и во овој случај.“ 4 (4) Принципите на океанографијата, Дејвис, стр. 93.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


В. Куранот за настанокот на Универзумот

15

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Слика 10: Нова ѕвезда се формира од облакот на чад и прав (небула, маглина), кој е остатокот од чадот од кој настанал целиот универзум. („Вселенскиот атлас“, Хедер и Хенбест, стр. 50)

Слика 11: Небулата Лагуна е облак од гас и прашина, во дијаметар од 60 светлосни години. И се активира од ултра виолетовата радијација на топлите ѕвезди кои штотуку се имаат формирано во својот облик. („Хоризонти, набљудувачи на универзумот“, табела 9, од Асоцијацијата на универзитети за истражување на астрономија.)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


16

Г. Куранот за мозокот (церебрум)

Исто така рекол: „За некој кој што пред илјада и четиристотини години не знаел ништо за нуклеарната физика, мислам дека не можел да биде во состојба само така, од свој памет, да ги знае тие работи, како на пример, дека Земјата и небото имаат исто 5 потекло.

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Г. Куранот за мозокот (церебрум) Бог во Куранот за еден од лошите неверници кои му забранувале на Веровесникот Мухамед да се моли во Ќаба, рекол: „Но, не! Ако не престане со тоа, Ние навистина ќе го фатиме за чело, за челото лажно и грешно!“ (Куран, 96: 15 - 16) Зошто Куранот ни опишува дека од предниот дел на главата, доаѓаат лажењето и грешењето? Зошто Куранот едноставно не вели дека таа личност е лажго и грешник? Која е врската меѓу предниот дел од главата и лажењето и грешењето? Ако погледнеме во черепот на предниот дел од главата, ќе ја видиме префронталната област на мозокот (види слика 12). Што ни вели психологијата за функционирањето на оваа област? Книгата насловена како „Основите на анатомијата и психологијата“, за оваа област ни вели: „Мотивацијата и намерата, за планирање и започнување на движења се случуваат во предниот дел на черепот, префронталната област. Ова е е регионот на асоцијативниот кортекс...“ Исто така во книгата е напишано: „Во врска со нејзинат вмешаност во мотивацијата, за префронталната област се смета дека е центарот за агресија.“ Значи, оваа област на мозокот е одговорна за планирање, мотивирање и започнување на добро или грешно однесување и исто така е одговорна за зборувањето на лаги или зборување на вистината. Според ова, погодно е да се опише предниот дел од главата како лажлив и грешен, како што стои во Куранот за оној кој што лаже и прави гревови: „... за челото лажно и грешно!“

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Г. Куранот за мозокот (церебрум)

Премоторна област

Примарен моторен кортекс

Централен сулкус

Примарен соматосензорен кортекс Област за вкус

17

Соматосензорна асоцијативна област Виден асоцијативен кортекс

Префронтална област

Центар за говор (Broca регион) Област за разбирање на говорот (Wernicke-Ово подрачје)

Слушна асоцијациона област

Примарен слушен кортекс

Слика 12: Функционалните региони на левата хемисфера на мозочната кора. Префронталната област е лоцирана во предниот дел на мозочната кора. („Основите на анатомијата и психологијата“ , стр. 210)

Научниците, во последните шест години ја имаат откриено функцијата на префронталната област, според проф. Кит Л. Мур.6 Д. Куранот за морињата и реките Модерната наука има откриено дека на местото каде што две различни мориња се допираат, всушност постои граница помеѓу нив. Оваа граница ги одвојува двете мориња, со што секое море си има своја температура, соленост и густина.7 Како пример би го навеле Средоземното Море чија вода е топла, солена и помалку густа, за разлика од водата на Атланскиот Океан. Кога водата на Средоземното Море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, навлегува неколку стотици километри во Атлантикот во длабочина од околу 1000 метри со својата топлина, соленост и помалата густина.8 (6) „Научните чуда во предниот дел на главата“, Мур и останатите, стр. 41. (7) „Принципите на океанографијата“, Дејвис, стр. 92 93. (8) „Принципите на океанографијата“, Дејвис, стр. 93.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Виден кортекс


18

Д. Куранот за морињата и реките

Водатa на Средоземното море се стабилизира во оваа длабочина. (види слика 13)

Средоземно море

Атланскиот океан Длабочина во метри

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

0 200 400 600

Водата на Атланскиот океан Соленост под 36,0‰

Гибралтар

Водата на Средоземното море

800 1000

Соленост над 36,5‰

1200 1400

Слика 13: Водата на Средоземното Море навлегува во Атлантикот преку Гибралтарот, со својата температура, соленост и помалата густина, поради границата која ги дели. Температурата е во целзуисови степени. („Поморската геологија“, Кјуенен, стр. 43, со мало зголемување)

Иако има големи бранови, силни струји и плими во тие мориња, тие не се мешаат ниту ја преминуваат оваа граница. Племенитиот Куран спомнува дека има граница помеѓу морињата и дека тие не ја преминуваат. Бог вели: „Ги оддели двете мориња кои само се допираат; меѓу нив има препрека, и тие не се мешаат.“ (Куран 55: 19 - 20) Но кога Куранот ни говори за разликата помеѓу слатката и солената вода, се спомнува постоењето на „забранетата поделба“ со граница. Бог во Куранот вели: „И Тој е Оној Кој ги одвои едно од друго двете мориња: едното питко и студено, а другото солено и горчливо. И меѓу нив одреди меѓупростор и испречи препрека.“ (Куран, 25: 53)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Д. Куранот за морињата и реките

19

Преграда (Зоната на сепарација)

Слатка вода (река)

≈ 0‰

10‰

Солена вода (море)

20‰ 30‰ 33‰

Вертикално измешани

Слика 14: Должинската регија ни ја покажува соленоста (деловите се по илјада ‰) во устието. Овде можеме да ја видиме преградата (зоната на сепарација) помеѓу слатката и солената вода. („Вовед во океанографијата“, Турман, стр. 301, со краток додаток.)

Оваа информација била откриена од неодамна, користејќи напредна технологија за мерењето на температурата, соленоста, густината, растворливоста на кислородот итн. Човечкото око не може да ја види разликата помеѓу овие мориња кои се мешаат, дури и ни изгледаат како едно хомогено море. Исто така човечкото око не може да ја види поделбата на водата во устијата на три вида: слатка вода, солена вода, и преградата.

(9) „Океанографија“, Грос, стр. 242. Исто така види во „Вовед во океанографијата“, Турман, стр. 300 301. (10)„Океанографија“, Грос, стр. 242. и „Вовед во океанографијата“, Турман, стр. 300 301.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Некој може да се запраша зошто во Куранот е спомната преградата кога се говори за слатката и солената вода, но не ја спомнува преградата кога зборува за разликата на двете мориња? Модерната наука открила дека во устието, каде што слатката и солената вода се сретнуваат, ситуацијата е некако поинаква од онаа што може да се види на местото каде што двете мориња се сретнуваат. Откриено е дека она што ги разликува слатката вода 9 од солената во устието е зоната на сепарација која има различна 10 соленост од слатката вода но и од солената вода. (Види слика 14).


20

Ѓ. Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови

Ѓ. Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Бог вели во Куранот: „Или пак, како темнини во море кое го прекриваат бранови едни над други, а над нив облаци: темнини едни над други натрупани, така што, кога (човек) би ја извадил раката, истата не би ја видел.“ (Куран, 24: 40) Овој стих говори за темнините кои што се наоѓаат во длабочините на морињата и океаните, каде што, ако човекот ја погледне својата рака не би можел да ја види. Темнината која се наоѓа во длабочината на морињата и океаните започнува на длабочина од околу 200 метри па надолу. На оваа длабочина, скоро и да нема светлина (види слика 15).

50m 100m 150m 200m

Слика 15: Помеѓу 3 и 30 проценти од сончевата светлина се рефлектира на морската површина. И скоро сите седум бои на светлиот спектрум се апсобираат една по друга, во длабочината од првите 200 метри, освен сината боја. („Океаните“, Елдер и Пернета, стр. 27)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Ѓ. Куранот за длабоките мориња и внатрешните бранови

21

Површински бранови

Густа вода Внатрешни бранови

Помалку густа вода Перспектива

Слика 16: Внатрешните бранови помеѓу два слоја на вода со различна густина. Едниот е густ (понискиот), другиот е помалку густ (повисокиот). (”Океанографија“, Грос, стр. 204)

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Под длабочина од 1000 метри не постои светлина воопшто. Човечките суштества не се во можност да нуркаат повеќе од четириесет метри, без потребната помош на подморската специјална опрема. Човечките суштества, без помош, не можат да преживеат во длабоките темни делови на океанот, како што е длабочината од 200 метри. Научниците од неодамна ја имаат откриено оваа темнина со помош на средствата на специјалната опрема и подморница, со што им беше овозможено да нуркаат во длабочините на океанот. Исто така предходниот пример можеме да го разбереме од стихот, „... темнини во море кое го прекриваат бранови едни над други, а над нив облаци...“, дека длабоките води на морињата и океаните се покриени со бранови, и дека над тие бранови се наоѓаат други бранови. Сигурно е дека следната група на бранови, се брановите на површината кои можеме да ги видиме, затоа што во стихот е наведено дека под следниот бран се наоѓаат облаци. Но што е со првиот бран? Научниците неодамна откриле дека постојат внатрешни бранови кои „влијаат на густината помеѓу слоевите со различната густина“ (види слика 16).


22

Е. Куранот за облаците

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Внатрешните бранови ги покриваат длабоките води на морињата и океаните, затоа што длабоките води имаат повисока густина од водата над нив. Внатрешните бранови функционираат исто како и површинските бранови. Тие исто така можат да се прекршуваат, како и површинските бранови. Внатрешните бранови не можат да бидат видени со човечко око, но можат да бидат лоцирани со проучувањето на температурата или пак на промените на соленоста на дадена локација. Е. Куранот за облаците Научниците ги проучувале видовите облаци и сфатиле дека дождовните облаци се формираат и обликуваат според одреден систем и сигурни чекори, поврзани со одреден вид на ветер и облаци. Еден вид дождовен облак е кумулонимбусот. Метеоролозите проучувале како кумулонимбусните облаци се формираат и како го создаваат дождот, градот и громот. Тие откриле дека кумулонимбусните облаци поминуваат низ следните чекори за да го продуцираат дождот: 1. Облаците биваат носени од ветрот: Кумулонимбусите почнуваат да се формираат кога ветерот почнува да турка мали парчиња на облаци (кумулус облаците) до областа каде што овие облаци се конвергираат (види слика 17 и 18). Слика 17: Сателитската слика ни покажува дека облаците се движат кон конвергентните области Б, Ц и Д. Стрелките нè упатуваат кон движењето на ветрот.(„Употребата на сателитските слики во временската прогноза“, Андерсон и останатите, стр. 188)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Е. Куранот за облаците

23

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Слика 18: Малите парчиња на облаци (кумулуси) се движат кон конвергентната зона, блиску до хоризонтот, каде што можеме да видиме голем кумулонимбус. („Облаци и Громови“, Лудлам, фотографска табла 7, 4)

2. Спојување: Потоа помалите облаци се собираат заедно, формирајќи голем облак (види слика 18 и 19). Изолирана фаза

(Б)

Растечка фаза

Висина (км)

(А)

Слика 19: (А) Изолиран посебен мал дел на облак (кумулус). (Б) Кога малите облаци се здружуваат, и струењето одвнатре кај облакот започнува да се зголемува, со што облакот бива формиран. Водените капки се најавуваат. („Атмосферата“, Антер и останатите, стр. 269)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

24

Е. Куранот за облаците

3. Натрупување: Кога малите облаци се здружуваат, струењето од внатрешната страна на големиот облак се зголемува. Струењето кое што е поблиску до центарот на облакот е појако отколку она кое што е поблиску до краевите. Ова струење му овозможува на телото на облакот да расте вертикално, со што облакот е исправен (види слика 19 (Б), 20 и 21). Ова вертикално растење на облакот му овозможува да се движи и да се издигне до постудените области на атмосферата, каде што капките на водата паѓаат и се формулираат и почнуваат да растат во сè поголеми и поголеми. Кога овие капки на вода и град стануваат премногу тешки за да може струењето да ги издржи, тие почнуваат да паѓаат од облакот во форма на дожд, град, и сл. Ледени кристали

Слика 20: Кумулонимбус. Откако облакот се групира, дождот почнува да паѓа од него. („Времето и Климата“, Бодин, стр.123)

Капки вода

Бог вели во Куранот: „Не гледаш ли дека Алах, навистина, ги турка облаците? Потоа Тој ги спојува и ги натрупува едни над други. И гледаш како од нив излегува дожд.“ (Куран, 24: 43) Метеоролозите дури неодамна дојдоа до овие детали за формирањето на облаците, за нивната структура и функција, со користење на софистицирана опрема како што се авионите, сателитите, компјутерите, балоните и друга опрема за проучувањето на ветрот и неговата насока, за да се измери влажноста во нејзината варијација, и да се одреди нивото на варијација на атмосферскиот притисок. Краток Илустриран Приказ На Исламот


Е. Куранот за облаците

25

Предходниот стих, откако ги спомнува облаците и дождот, зборува и за градот и молњата: „И како Тој од облаците на небото, како ридови големи, спушта град. Со него удира кого сака, а поштедува кого сака. Молњата Негова, ете, само што не ги ослепува очите!“ (Куран, 24: 43) Меторолозите, откриле дека кумулонимбусите, кои што испуштаат град, достигнуваат висина од 25 000 до 30 000 стапки (4,7 до 5,7 милји), како планините, како што стои во Куранот „како Тој од облаците на небото, како ридови големи, спушта град.“ (види слика 21) Овој стих може да нè натера да прашаме, „Зошто во стихот стои молњата Негова во делот кога говори за градот? Дали тоа значи дека градот е главниот фактор за произведување на молњата?“ Да видиме што вели книгата за ова, насловена како „Метеорологијата денес.“ Вели дека облакот се наелектризирува додека градот паѓа низ делот во облакот на суперладните капки и ледени кристали. Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Слика 21: Кумулонимбус. („Водич во боја за облаци“, Скорер и Векслер, стр. 23).


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

26

Е. Куранот за облаците

Течните капки се судираат со зрната од градот, тие се замрзнуваат со допирањето и ослободуваат латентна топлина. Ова ја задржува површината на зрната потопла од градот, отколку на опкружувачките ледени кристали. Кога зрната доаѓаат во контакт со кристал, се случува интересен феномен: електроните пловат од поладниот објект кон потоплиот објект. Оттука, зрната биваат негативно напоени. Истиот ефект се случува кога суперладните капки доаѓаат во контакт со зрната град и тенките парчиња на позитивно напоениот мраз, пукаат. Овие светло позитивно налектризирани честички тогаш се носат кон повисоките делови од облакот со помош на струењето. Градот, останува со негативен напој, и паѓа на дното на облакот, со што понискиот дел од облакот бива негативно наелектризиран. И тогаш овој негативен напој бива испуштен како молња. Од овој дел можеме да заклучиме дека градот е главниот фактор во продуцирањето на молњата. Ова информација за молњата е откриена неодамна. Пред 1600 год, Аристотеловите идеи за меторологијата биле доминантни. Како на пример, тој вели дека атмосферата содржи два вида на исфрлање, влажно и суво. Тој исто така рекол дека громот е звук на судирот помеѓу сувото исфрлање со облаците во близина, и молњата е горењето на сувото исфрлање со мал и слаб оган. Постојат и некои идеи за метеорологијата кои што биле доминантни во времето на објавувањето на Куранот, пред четиринаесет векови.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот

27

Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот Следуваат коментарите на некои научници во врска со научните чуда во Куранот. Сите коментари се земени од видео касетата „Ова е вистината“. На оваа видео касета можете да ги видите и чуете научниците како ги даваат овие коментари.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

1. Д-р Т.В.Н. Персауд е професор по анатомија, професор по педијатрија и детско здравје и професор по акушерство, гинекологија и репродуктивна наука на универзитетот во Манитоба, Винипег, Канада, каде што исто така бил шеф на катедрата по анатомија, 16 години. Тој е многу познат во своето поле. Тој бил или автор или уредник на 22 учебници и има објавено преку 181 научно дело. Во 1991 год. ја добил најпрестижната награда која се доделува во полето на анатомијата во Канада, Ј.Ц.Б. Гранд награда од Канадската Асоцијација на Анатомичари. Кога бил прашан за научните чуда во Куранот, кои што веќе ги имал истражувано, тој го изјавил следново: „Ми изгледа дека Мухамед бил многу вообичаен човек. Тој не знаел да чита, не знаел да пишува. Всушност, тој бил неписмен. Ние тука говориме за период од пред илјада и четиристотини години. Имате некој кој што е неписмен, да изговара длабоки и мудри изреки и изјави, кои што се зачудувачко исправни со науката. Јас лично не знам како ова би можело да биде чиста случајност. Има премногу случајности и јас како и д-р Мур воопшто немам двоумења во мојот мозок за да признаам дека божествената инспирација или објава го водела до овие изјави.“ Професор Персауд цитирал некои од Куранските стихови и изреки на Пратеникот Мухамед во некои од неговите книги. Тој исто така ги презентирал тие стихови и изреки од Пратеникот Мухамед на неколку конференции.


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

28

Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот

2. Д-р Џо Лејт Симпсон е шеф на катедрата за акушерство и гинекологија, професор по акушерство и гинекологија и професор по молекуларна и човечка генетика на колеџот Бајлор за медицина, во Хјустон, Тексас, САД. Предходно, тој бил професор по акушерство и гинекологија како и шеф на катедрата за акушерство и гинекологија на универзитетот во Тенеси, Мемфис, САД. Тој исто така бил председател на американското здружение за плодност. Тој има добиено многу награди, вклучувајќи ја и наградата за јавно признание во 1992 год. од Асоцијацијата на професори за акушерство и гинекологија. Професорот Симпсон, ги проучувал следните две изреки на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него: „Во секој од вас, сите компоненти на вашето создание се собрани во матката на мајката, во четири11 есеттиот ден...“ „Кога му поминале четриесет и две ноќи на ембрионот, Бог му испраќа ангел, кој го обликува и му дава способност за слушање, гледање, кожа, месо и коски. И тогаш вели: ,О Боже, дали е машко или же12 нско?' и Бог одлучува по Својата волја.“ Тој опширно ги проучувал овие две изреки на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Сè што се случува во тие четириесет дена е воспоставено во ембрионалната фаза. Тој посебно бил импресиониран од апсолутната прецизност и точност на тие изреки на Пратеникот Мухамед. За време на една конференција, тој го кажал следново: „Овие два хадиса кои ни беа спомнати, ни обезбедуваат специфична временска табела за основниот развој на ембрионот во првите четириесет дена. (11) Забележано во Сахих Муслим 2643 и во Сахих Бухари 3208. Ова се збирки каде што се наоѓаат изреките на Пратеникот Мухамед или наречени хадиси. Хадисот е сè она што е пренесено од Мухамед, од страна на неговите придружници, сè што кажал, сторил, или преќутно одобрил (а има врска со аспекти од религијата). (12) Забележано во Сахих Муслим 2645.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот

29

(13)Пратеникот Мухамед не бил писмен. Не знаел да чита и пишува, па затоа го диктирал она што му било објавено од Куранот на неговите придружници за тие да го запишат.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Јас мислам дека целта е постигната, и како што кажаа останатите говорници од утринава: овие хадиси не можеле да се знаат во тоа време, според научното знаење кое постоело во времето на нивното изрекување... И мислам, дека не само дека не постои конфликт помеѓу генетиката и религијата, туку, религијата може да ја насочува науката кон придодавањето на некои традиционални научни пристапи, и дека постојат изјави во Куранот кои постојат со векови, и кои и денеска се докажани како исправни, и се наоѓаат во Куранот кој бил објавен од Бога.“ 3. Д-р Е. Маршал Џонсон е пензиониран професор по анатомија и развојна биологија на универзитетот Томас Џеферсон, во Филаделфија, Пенсилванија, САД, каде што 22 години бил професор по анатомија, шеф на катедрата по анатомија, и директор на институтот Даниел Баут. Тој бил председател на тератологиското здружение. Тој е автор на повеќе од 200 публикации. Во 1981 год., за време на седмата медицинска конференција во Дамам, Саудиска Арабија, проф. Џонсон во презентацијата за својата истражувачка работа рекол: „Резиме: Куранот го опишува не само развојот на надворешната форма, туку ги истакнува и внатрешните фази, фазите внатре во ембрионот, на нивното создавање и развој, истакнувајќи ги основните настани, признати од современата наука.“ Исто така рекол: „Како научник, можам само да се соочам со работи кои јас специјално можам да ги гледам. Јас можам да ја разберам ембриологијата и развојната билогија. Јас можам да ги разберам зборовите кои ми се преведени на мене од Куранот. Како и што го наведов примерот предходно, кога би можел да се трансформирам себе си во таа ера, знаејќи го она што го знам денеска и опишувајќи ги работите, јас не би можел така да ги опишам работите кои што тогаш биле опишани. Јас не гледам доказ со кој би можел да го побијам концептот на оваа личност, Мухамед, морал да ги добие овие информации од некое место. Тука не гледам ништо што е спротивно на концептот на божествената интервенција, која е содржана во тоа што тој го пишувал.“ 13 4. Д-р Вилијам В. Хеј е познат поморски научник. Тој е професор по геологија на универзитетот во Колорадо, Булдер, Колорадо, САД.


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

30

Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот

Тој бил декан на Росентијал школото за подморска и атмосферска наука на универзитетот во Мајами, Флорида, САД. После дискусијата со професорот Хај за најновите откритија за морето кои постоеле во Куранот, тој рекол: „Мене ми е многу интересно тоа што таков вид на информација се наоѓа во Племенитиот Куран, и не можам да изнајдам начин да го откријам патот од каде што доаѓаат. Мислам дека е многу интересно тоа што тие се наоѓаат таму и дека тоа ќе продолжи да се истражува, како и некои други негови делови.“ И кога бил запрашан за изворот на Куранот, тој одговорил: „Па, мислам дека мора да има божествена суштина.“ 5. Д-р Џералд Ц. Горинџер е директор на одделот за клеточна биологија и е заменик професор по медицинска ембриологија на одделот во училиштето за медицина на универзитетот Џорџтаун, во Вашингтон, САД. За време на Осмата медицинска конференција во Ријад, Саудиска Арабија, професор Горинџер од својата истражувачка работа во својата презентација го изјавил следново: „Во пет слични Курански стихови е содржан целокупниот опис на човечкиот развој од времето на настанувањето на гаметите па сè до органогенезите. Никакво дефинирање или целосно опишување на човековиот развој, во смисла на класифицирањето, терминологијата и неговиот опис, не постоеле предходно. Дури и ако не ги земеме во предвид сите наведени примери, овој опис временски опстојувал многу векови, објаснувајќи ги различните фази на човечката ембриологија и развојот на фетусот, и содржан е во традиционалната научна литература.“ 6. Д-р. Јошихиде Козаи е професор во пензија, на токискиот универзитет Хонго, Токио, Јапонија, и бил директор на националната астрономска обсерваторија - Митака, во Токио, Јапонија. Тој рекол: „Јас сум многу импресиониран од фактот дека најдов многу вистински астрономски факти во Куранот, и ние, денешните астрономи, истраживме само мали делови од универзумот. Ние ги усмеривме нашите сили кон дешифрирањето на само мали делови. Бидејќи, со користењето на телескопот, во можност сме да видиме само неколку делови од небото, при тоа не размислувјќи за целиот универзум. И со читањето на Куранот, најдов одговор на прашањата, и мислам дека го најдов начинот на истражување на универзумот за во иднина.“

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Ж. Коментарите на научниците за научните чуда во Куранот

31

- Дали е случајност тоа што сите најнови научни откритија, од различни полиња, се спомнати во Куранот, кој што е објавен пред илјада и четиристотини години? - Дали постои можност, Куранот да бил напишан од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, или од било кое друго човечко суштество? Единствениот можен одговор е тоа дека Куранот, е вистинитата Божја Реч, објавен од Него. Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

7. Професорот Теџатат Теџасен е шеф на катердрата за анатомија на универзитетот Чианг Маи во Тајланд. Предходно, тој бил декан на медицинскиот факултет на истиот универзитет. За време на Осмата Саудиска Медицинската Конференција во Ријад, Саудиска Арабија, проф. Тејасен во своето излагање, го изјавил следново: „Во текот на изминативе три години, го истражував Куранот. ... Од моето истражување, а и од она што го научив во текот на оваа конференција, и верувам дека сето она што е напишано во Куранот пред илјада и четиристотини години, е вистина, која што може да биде докажана од научен аспект. Бидејќи, Пратеникот Мухамед не можел да чита ниту да пишува, Мухамед е навистина Веровесникот кој што ја пренел оваа вистина, која што е испратена како упатство од Оној Кој што нè создал. Тој Создател мора да е Бог. И поради тоа, мислам дека е време да кажам, Ла илахе иллаллах, не постои друго божество достојно за обожување освен Алах, Мухаммедун ресулуллах, и Мухамед е Алахов пратеник. На крајот, морам да честитам за беспрекорната и високо успешната организација на оваа конференција... Јас не сум одушевен само од научниот аспект или од религискиот аспект на оваа конференција, туку и од можноста за запознавање на многу познати научници, и стекнување на многу пријатели од учесниците. Нај драгоцената работа што ја добив тука е верувањето дека не постои друго божество достојно за обожување освен Алах, и дека станав муслиман.“ Откако ги прочитавме сите тие примери за научните чуда во Племенитиот Куран, и сите научни коментари за нив, ајде да се запрашаме:


32

2. Големиот предизвик да се напише едно слично поглавје

2. Големиот предизвик да се напише едно слично поглавје како поглавјето во Племенитиот Куран

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Бог ни вели во Куранот: „Ако се сомневате во она што е објавено до робот Наш, тогаш, донесете една сура што ќе биде слична на нему објавените, и повикајте ги за сведоци оние на кои, освен Алах, се повикувате доколку вистината ја говорите. Па, ако тоа не го направите, а нема да го направите, тогаш навистина чувајте се од огнот кој што за неверниците е подготвен, чие што гориво се луѓето и камењата. И израдувај ги оние кои што веруваат и кои добри дела чинат: за нив има бавчи низ кои што реки течат, навистина!“ (Куран, 2: 23 - 25) Уште откако Куранот бил објавен, пред четиринаесет векови, никој не бил во можност да напише ниту едно поглавје како поглавјата во Куранот, со сета нивна убавина, разговетност, поетичност, сјај, мудри правила, вистинити информации, вистинити случувања, и други совршени атрибути. Иако, најмалото поглавје во Куранот (поглавје 108) содржи само десет зборови, досега никој не го прифатил овој предизвик.

Најмалото поглавје во Куранот содржи само 10 зборови. Сеуште никој не го прифатил предизвикот да состави слично.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


3. Библиските претскажувања за доаѓањето на Пратеникот

33

Некои од неисламските Арапи, кои му биле непријатели на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, го прифатиле овој предизвик, за да докажат дека Мухамед не бил вистински пратеник, но не успеале во тоа. Тие не успеале и покрај фактот што Куранот е објавен на нивен јазик и дијалект, и тоа дека Арапите од времето на Пратеникот Мухамед, биле многу поетични луѓе, кои што компонирале прекрасна поезија, која што и денес се чита и цени.

Библиските предскажувања за доаѓањето на Пратеникот Мухамед, им служат како доказ за вистинитоста на исламот, на луѓето кои веруваат во Библијата. Во Петтата Книга Мојсеева, стои дека Бог му рекол на Мојсеј: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сè што Јас ќе му заповедам; а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.“ (Петта Книга Мојсеева, 18: 18 - 19) Од овие библиски стихови можеме да заклучиме дека пратеникот кој треба да биде испратен од Бога е: 1. Од „браќата“ на Израел, што упатува на роднинска врска со Исмаил. Исмаил, првородениот син на Авраам, е предок на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над сите нив. „Пратеник како Мојсеј.“ Не постојат двајца пратеници кои толку многу си наликуваат еден на друг, освен Мојсеј и Мухамед.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

3. Библиските претскажувања за доаѓањето на Пратеникот Мухамед, Веровесникот на исламот


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

34

3. Библиските претскажувања за доаѓањето на Пратеникот

На двајцата им бил даден сеопфатен закон и кодекс на живеење. Двајцата се соочиле со своите непријатели и извојувале победа на многу чудесен начин. Двајцата биле прифатени како пратеници и државници. Двајцата мигрирале поради заверата која им се спремала (за да ги убијат). Споредувајќи ги Мојсеј и Исус, можеме да заклучиме дека и во најситните детали не си наликуваат, па дури и во најпресудните. Тука можеме да го вклучиме природното раѓање, семејниот живот, и смртта на Мојсеј и Мухамед, кои се разликуваат од Исусовото. Дури и фактот што Исус, од своите следбеници се смета за Син Божји, а не за одбран Божји пратеник, како што биле Мојсеј и Мухамед, и како што муслиманите веруваат дека и Исус бил. Значи, ова библиско предскажување, нè упатува кон Пратеникот Мухамед, а не кон Исус, затоа што увидовме дека Мухамед повеќе наликува на Мојсеј, а не Исус, нека е Божјиот мир над сите нив. Исто така, во пасусот од евангелието по Јован, стои дека Евреите го чекале доаѓањето на три различни пратеници. Првиот е Исус Христос. Следниот е Илија. И третиот е Пратеникот. Ова е сосема очигледно судејќи според прашањата кои му биле поставени на Јован Крстителот: „И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ Тој призна и не одрече, а објави: „Не сум јас Христос.“ И го прашаа: „А што пак? Илија ли си ти?“ Одговори: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ Им одговори: „Не.“ (Евангелие според Јована, 1: 19 - 21) Ако погледнеме во Библијата која што содржи вкрстено поврзување, ќе увидиме дека во маргиналните ноти е ставен зборот „Пророк“ кој се појавува во Евангелието по Јован, и тие исти зборови се појавуваат и во Петтата Книга Мојсеева 18: 15 и во 18: 18. Oд сето ова можеме да заклучиме дека стиховите од Петтата Книга Мојсеева (18: 18) не се однесуваат на Исус туку на Пратеникот Мухамед. Следниот стих од Бога во истото пророштво е: „А кој не ќе ги послуша зборовите што ќе говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам.“ (Петта Книга Мојсеева, 18: 19)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


4. Стихови од Куранот кои што спомнуваат идни настани

35

Ова значи, дека секој оној кој што верува во Билијата и верува во она што го кажале пратениците, верува тека тој пратеник е Мухамед, нека е Божјиот мир над него.14

4. Стихови од Куранот кои што спомнуваат идни настани кои подоцна се оствариле

„Римјаните се победени, во земјата соседна: по поразот нивни ќе победат, за неколку години.“ (Куран, 30: 2 - 4) Ајде сега да видиме што ни вели историјата, во врска со овој стих. Книгата насловена како „Историја на византиската држава“ ни вели дека римската војска била поразена во Антиохија во 613 година, и како резултат на тоа Персијците брзо напредувале кон другите фронтови.15Во тоа време, било тешко да се сфати дека Римјаните би ги поразиле Персијците, но Куранот предскажал дека Римјаните ќе бидат победници во период од три до девет години. Во 622, девет години откако Римјаните биле поразени, двете сили се соочиле на Ерменското тло, и конечниот резултат била пресудната победата на Римјаните врз Персијците, по прв пат откако Римјаните биле поразени во 613 год.16Предскажувањето било точно исполнето како што Бог рекол во Куранот. Постојат исто така многу други стихови во Куранот и изреки од Пратеникот Мухамед, каде што се спомнуваат настани за иднината кои што подоцна се оствариле.

(14) За подетални информации од оваа тема погледнете ја книгата „Што вели Библијата за Мухамед“, од Ахмед Дидат. (15) „Историја на византиската држава“, Острогорски, стр. 95. (16) „Историја на византиската држава“, Острогорски, стр. 100-101. „Историја на Персија“, Сајкс, том 1, стр. 483-484. „Енциклопедија Британика“, „Микропедија“, том 4, стр. 1036.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Еден пример, за настан кој што бил спомнат во Куранот, е победата на Римјаните врз Персијците, и тоа во период од три до девет години откако Римјаните биле поразени од Персијците. Бог вели во Куранот:


36

5. Чудата кои биле изведени од Пратенико Мухамед

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

5. Чудата кои биле изведени од Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него Многу чуда, со Божја дозвола, биле изведени од страна на Пратеникот Мухамед. Многу луѓе биле сведоци на тие настани. Како на пример: • Кога неверниците во Мека побарале од Мухамед да им покаже некое чудо, тој им го покажал раздвојувањето на Месечината.17 • Друго чудо е, течењето на водата низ прстите на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, кога неговите пријатели останале жедни, а немале вода, освен сосема малку во садовите. Тие дошле кај него и му кажале дека немаат доволно вода за да го извршат ритуалното миење пред молитвата (абдест), ниту пак имале доволно вода за пиење, освен она малку што останало во садовите. Тогаш, Мухамед ги ставил своите раце во садот, и водата почнала да извира од помеѓу неговите прсти. Така, тие пиеле и се абдестиле. Тогаш имало илјада и петстотини верници.18 Исто така има уште многу други чуда кои што биле изведени од негова страна, или пак му се случиле на него.

6. Скромниот живот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него Ако го споредиме животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, пред неговата мисија како пратеник и неговиот живот откако започнал да ја исполнува својата мисија како Божји пратеник, можеме да заклучиме дека е сосема бесмислено обвинението дека Мухамед бил лажен пратеник кој што тврдел дека е Божји пратеник, со цел да се здобие со што повеќе материјално богатство, големина, слава или моќ. (17) Забележано во Сахих Бухари 3637 и во Сахих Муслим 2802. (18) Забележано во Сахих Бухари 3576 и во Сахих Муслим 1856.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


6. Скромниот живот на Пратеникот Мухамед

37

(19) Енсарии биле нарекувани жителите на Медина коишто ги примиле мухаџирите, т.е. оние кои што се отселиле од Мека, заедно со Пратеникот (заб. на прев.). (20) Забележано во Сахих Бухари 2567 и во Сахих Муслим 2972. (21) Забележано во Сахих Бухари 5413 и во Тирмизи 2364. (22) Забележано во Сахих Бухари 6456 и во Сахих Муслим 2082. (23) Забележано во Сахих Бухари 2739 и во Муснед Ахмед 17990.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

Пред почетокот на својата мисија како пратеник, Мухамед немал проблеми со финансиите. Како успешен и угледен трговец, Мухамед имал задоволителен и удобен приход. Откако почнал да го проповеда исламот, неговата материјална страна станала многу лоша. За да го разјасниме ова, ќе наведеме некои изреки врска со неговиот живот: • Аиша, жената на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекла: „О внучко мој, сме седеле два или три месеци без да запалиме оган (за да зготвиме јадење), во куќата на Пратеникот. Внукот прашал: „Па од што преживувавте?“ Таа одговорила: „Живеевме од урми и од вода, но Пратеникот имаше некои соседи eнсарии19 кои што му праќаа млеко од камилите кои што 20 ги имаа.“ • Сахл ибн Саад, еден од пријателите на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Божјиот пратеник, Мухамед, не се најаде со свеж леб од убаво брашно, од времето кога стaна пра21 теник, па сè до неговата смрт.“ • Аиша, жената на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекла: „Душекот на кој што спиеше Веровесникот Мухамед, беше направен од кожа и наполнет со влакна од урмино дрво (па22 лма).“ • Амр ибн Ел-Харис, еден од пријателите на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол, дека кога Пратеникот починал, не оставил ниту пари ниту пак нешто друго, освен својата бела мазга, оружје и парче земја која што ја оставил да се даде како 23 милостиња.“ Мухамед, нека е Божјиот мир над него, сè додека не умрел живеел тежок живот, и покрај тоа што богатството на муслиманите му било на располагање, пред тој да умре поголемиот дел од Арапскиот полуостров бил муслимански, и муслиманите извојувале победи во последните единаесет години од неговиот живот. Дали е можно Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да тврдел дека е Божји пратеник со цел да се здобие со статус, слава и моќ? Желбата да се ужива во добриот статус и моќ, секогаш е проследена со добрата храна, скапа облека, монументални палати, моќна гарда


I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

38

6. Скромниот живот на Пратеникот Мухамед

и неоспорлив авторитет. Дали некој од овие индикатори му е својствен на Мухамед, нека е Божјиот мир над него? Неколку погледи кон неговиот живот, ќе ни помогнат да одговориме на ова прашање. И покрај големите обврски кои ги имал како Божји пратеник, учител, државник и судија, Мухамед сам си ја молзел својата ко25 24 за, ја крпел својата облека, ги поправал своите обувки, помагал 26 во домашните работи и ги посетувал сиромашните луѓе кога би27 ле болни. Тој исто така им помагал на своите придружници во копањето на рововите.28 Неговиот живот представува во-одушевувачки модел на едноставност и скромност. Пријателите на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, многу го сакале, почитувале и му верувале, во најширока смисла на зборот. И покрај тоа тој постојано истакнувал дека обожувањето му припаѓа само на Бога, а не нему лично. Еден од пријателите на Мухамед рекол дека не постоел човек кој повеќе го сакале од него, но сепак кога и да влегувал во некоја просторија, не дозволувал никој да му станува, како што тоа се прави кога влегуваат големи луѓе. Во почетокот на ширењето на исламот, кога првите муслимани трпеле тортура, измачувања, малтретирања, неправди, протерувањa, Мухамед добил интересна понуда. Делегација од паганските лидери, водена од Утба, дошла да го посети, со следниот предлог: „... ако сакаш пари, ние ќе ти собереме доволно пари, како би бил најбогатиот меѓу нас. Ако сакаш власт, ние ќе те прогласиме за лидер, и никогаш нема да одлучуваме за некоја работа, а да не те консултираме. Ако сакаш кралство, ние ќе изградиме кралство за тебе и ќе те прогласиме за крал...“ Само една работа се барала од Мухамед, нека е Божјиот мир над него, во замена за сето тоа, барале да се откаже од повикувањето на луѓето во ислам и обожувањето на само еден Бог. Зарем ова не би била добра понуда за некој кој што копнее за материјална корист? (24) Забележано во Муснед Ахмед 25662. (25) Забележано во Сахих Бухари 676 и во Муснед Ахмед 25517. (26) Забележано во Сахих Бухари 676 и во Муснед Ахмед 23706. (27) Забележано во Мувета Малик 531. (28) Забележано во Сахих Бухари 3034, во Сахих Муслим 1803 и Муснед Ахмед 18017.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


6. Скромниот живот на Пратеникот Мухамед

39

Дали Мухамед се колебал кога ја чул оваа понуда? Дали ги одбил, но со „оставањето на отворена врата“ како што се прави тоа со цел да се добие подобра понуда? Неговиот одговор што им го дал било 41. поглавје од Куранот, а од кое ќе наведеме два стиха:

Во друга прилика, кога бил замолен од страна на чичко му, да престане да ги повикува луѓето во ислам, одговорот на Мухамед бил одлучен и искрен: „Се колнам во Бога, чичко мој! И да ми го дадат Сонцето во мојата десна рака и Месечината во мојата лева рака, во замена за да се откажам од повикувањето на луѓето во ислам, не би престанал сè додека не успеам во тоа или ако не умрам.“ 31 Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и неговите пријатели не биле само измачувани во периодот на првите тринаесет години, туку, неверниците дури и се обиделе да го убијат Мухамед неколку пати. Во една прилика, тие се обиделе да го убијат, со фрлање на огромен камен, кој што едвај успеале да го кренат на неговата глава. Во друга прилика, се обиделе да го убијат, со труење храната. Што би можело да го оправда, животот полн со страдања и жртви, дури и во периодот кога успеал да ги победи своите непријатели? Со што би можела да се објасни неговата скромност и чесност, која ја демонстрирал во своите најславни моменти, кога велел дека успехот се должи само на помошта од Бога, а не на неговата способност? Дали се ова карактеристики на некој кој што е гладен за моќ или на некој себичен човек?

(30) Цитати или стихови од Куранот (заб. на прев.) (31) „Ел-Сира ен-Небеви“, Ибн Хишам, том 1, стр. 265-266.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

„Објава од Милостивиот Сомилосен! Книга чии 30 што ајети се јасно наведени Куран на арапски за луѓето кои што знаат! Како радосник и опоменувач. Па, сепак повеќето од нив главите ги вртат, не сакаат ни да слушнат.“ (Куран, 41: 2 - 4)


40

Феноменалното ширење на исламот

Феноменалното ширење на исламот

I Поглавје Некои докази за вистинитоста на исламот

На крајот на ова поглавје, соодветно би било да се спомнат јасните знаци за вистинитоста на исламот. Веќе е сосема познато дека во Америка, исламот е религијата која што најбрзо се шири. Следат неколку изјави во врска со оваа појава: • „Исламот е религија која што најбрзо се шири во Америка, и представува водич и столб за стабилноста за многу на32 ши луѓе...“ (Хилари Родман Клинтон; Los Angeles Times). • „Муслиманите во светот се група која што најбрзо ра33 сте...“ (Биро за евиденција на популацијата; USA Today). • „... Исламот е религијата која што најбрзо се шири во нашата земја.“ (Гералдин Баум, писател за религијата во 34 Newsday; Newsday). • „...Исламот е религија која најбрзо расте во Америка.“ (Ари Л. Голдман; New York Times).35 Овој феномен индицира дека исламот навистина е Божја вера. Несфатливо е да се мисли дека многумина Американци преминуваат во ислам без внимателно истражување и длабоко размислување пред да заклучат дека исламот е вистина. Овие Американци се од различни класи, раси и животни патишта. Дел од нив се научници, професори, филозофи и новинари.36 Точките спомнати во ова поглавје содржат само неколку од доказите кои го поддржуваат верувањето дека Куранот е директна Божја Реч, дека Мухамед навистина е веровесник пратен од Бога и дека исламот е вистинската Божја вера. (32) Larry B. Stammer, Times Religion Writer, “First Lady Breaks Ground With Muslims,” Los Angeles Times, Home Edition, Metro Section, Part B, May 31, 1996, p. 3.

(33) Timothy Kenny, “Elsewhere in the World,” USA Today, Final Edition, News Section, February 17, 1989, p. 4A.

(34) Geraldine Baum, “For Love of Allah,” Newsday, Nassau and Suffolk Edition, Part II, March 7, 1989, p. 4.

(35) Ari L. Goldman, “Mainstream Islam Rapidly Embraced By Black Americans,” New York Times, Late City Final Edition, February 21, 1989, p. 1.

(36) Благодарејќи Му на Алах за Неговото упатство, истото ова можеме да го кажеме за сите земји во Европа, па и за Македонија, каде што во минативе неколку години се бележи позитивен тренд на преоѓање на Македонците христијани во ислам (заб. на прев.)

Краток Илустриран Приказ На Исламот


1. Вратата кон вечниот рај

41

II Поглавје

НЕКОИ ПРИДОБИВКИ ОД ИСЛАМОТ Исламот овозможува многу придобивки како за поединецот така и за општеството. Во оваа поглавје ќе спомнеме само некои од корисните работи за поединецот, кои што ги овозможува исламот.

1. Вратата кон вечниот рај Бог вели во Куранот: „И израдувај ги оние кои што веруваат и кои добри дела чинат: за нив има градини низ кои реки течат, навистина!“ (Куран, 2: 25)

Веровесникот Мухамед, ни рекол дека човекот во најниското 38 место во рајот, ќе има десет пати повеќе од целиот свет, и ќе има 39 сè што ќе посака, и десет пати повеќе. Исто така Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Местото во рајот со големина на едно стапало, е подобро од целиот свет и сè она што е на 40 него.“ Исто така рекол: „Во рајот има работи кои што ниедно

(37) Рајот (заб. на прев.). (38) Забележано во Сахих Бухари 6571 и во Сахих Муслим 186. (39) Забележано во Сахих Муслим 188 и во Муснед Ахмед 10832. (40) Забележано во Сахих Бухари 6568 и во Муснед Ахмед 13368. (41) Забележано во Сахих Муслим 2825 и во Муснед Ахмед 8609.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

II Поглавје Некои придобивки од исламот

„Натпреварувајте се едни со други во барање прошка од Господарот ваш, и во барање на Џенетот 37 чие што пространство е колку што се простираат небесата и Земјата. Подготвен е за оние кои што веруваат во Алах и во Веровесникот Негов.“ (Куран, 57: 21)


42

2. Спас од пеколот

човечко око не ги видело, ниту едно уво не ги чуло, ниту еден човечки ум не ги замислил.“ Исто така рекол: „Најсиромашниот човек на светот, кој што ќе влезе во рајот, ќе биде запрашан откако само ќе стапне во него: „О сине Адамов, дали некогаш си доживеал некаква болка? Дали некогаш ти било тешко?“ Тогаш тој ќе каже: „Не, Господару мој. Никогаш не сум почувствувал болка и никогаш не ми било тешко.“ Ако влеземе во рајот, ќе живееме многу среќен живот, без болести, тага, болка или смрт; Бог ќе биде задоволен со нас и ќе живееме таму вечно. Бог вели во Куранот: „А оние кои што веруваат и кои што добри дела чинат Ние ќе ги внесеме во градините џенетски низ кои реки течат; во нив за навек ќе останат.“ (Куран, 4: 57)

II Поглавје Некои придобивки од исламот

2. Спас од пеколот Бог вели во Куранот: „Ниту од еден неверник кој што ќе умре како неверник навистина нема да му биде примено како откуп дури ни сето богатство на овој свет. Нив казна болна ги чека и никој нема да им помогне!“ (Куран, 3: 91) Овој живот е наша единствена шанса да го заработиме рајот, и да се спасиме од пеколот, затоа оној човек кој што ќе умре како неверник, тој нема да има друга шанса да се врати на овој свет и да биде верник. Тоа ни го потврдува и Бог во Куранот, каде што ни објаснува што ќе се случи со неверниците на Судниот Ден: „Е, кога би ги видел исправени пред огнот како ќе зборуваат: ,Тешко нам. Е, кога би биле вратени, не би ги сметале за лажни ајетите од Господарот наш, и би биле меѓу верниците, секако!'“ (Куран, 6: 27) Но никој нема да има втора шанса. Краток Илустриран Приказ На Исламот


3. Вистинска среќа и внатрешен мир

43

Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Човекот кој што на овој свет живеел многу среќен живот, кога на Судниот Ден, ќе му се пресуди да стапне во пеколот, па потоа ќе биде запрашан: „О сине Адамов, дали некогаш ти било добро? Дали некогаш си доживеал среќни моменти?“ Тој ќе 42 одговори: „Не Господару мој.“

3. Вистинска среќа и внатрешен мир Вистинската среќа и мир, можат да се пронајдат само во покорноста на наредбите на Создателот и Одржувачот на овој свет. Бог вели во Куранот: „А срцата навистина се смируваат со спомнувањето на Алах!“ (Куран, 13: 28) Од друга страна, оној кој што ќе го напушти Куранот, ќе живее живот исполнет со болка. Бог вели во Куранот:

(42) Забележано во Сахих Муслим 2807 и во Муснед Ахмед 12699. (43) Овде се мисли на оној кој нема да верува во Куранот или нема да работи според него.

(44) Сегашната поштенска адреса на Кет Стивенс (Јусуф Ислам), во случај да сакате да го прашате за неговите чувства по преоѓањето во ислам, е: 2 Digswell Street, London N7 8JX, United Kingdom.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

II Поглавје Некои придобивки од исламот

„А кој што ќе ја сврти главата од Книгата Моја,43 тој со тежок живот ќе живее, а на Судниот Ден слеп ќе го проживееме.“ (Куран, 20: 124) Од ова можеме да разбереме зошто некои луѓе извршуваат самоубиства, а ги уживаат сите материјални убавини. Како пример, ќе го наведеме животот на Кет Стивенс (сега Јусуф Ислам), поранешна поп ѕвезда, кој што заработувал по 150 000 долари за ноќ. Според него, откако го примил исламот ја доживеал вистинската среќа и мир, а која што не можел да ја најде во материјалниот успех.44


44

4. Простување на сите поранешни гревови

II Поглавје Некои придобивки од исламот

4. Простување на сите поранешни гревови Кога некој ќе го прими исламот, Бог му ги простува сите предходни гревови и лоши дела. „Човек кој што се викал Амр дошол кај Веровесникот Мухамед, и рекол: ,Дај ми ја твојата рака како би можел да ти се заколнам на лојалност.' Мухамед ја испружил својата десна рака. Тогаш Амр ја повлекол својата рака. Пратеникот рекол: ,Што ти се случува Амр?' Тој одговорил: ,Сакам да ти поставам еден услов.' Пратеникот му рекол: ,Кој услов сакаш да ми го поставиш?' Амр рекол: ,Бог да ми ги прости сите гревови.' Пратеникот му одговирил: ,Зарем не си знаел дека со примањето на исламот, Бог ги бри45 ше сите предходни гревови?'“ По преоѓањето во исламот, личноста ќе биде наградувана или казнувана за своите дела, според следниот хадис од Пратеникот: „Твојот Бог, Кој што е Блажен и Возвишен, е Семилосен. Ако некој има намера да направи добро дело, а не го направи, сепак ќе му биде запишано едно добро дело. А ако го направи, неговата награда ќе биде од десет до седумстотини пати поголема, па дури и повеќе. А ако направи некое лошо дело ќе му се запише само како едно лошо дело, а ако има намера да стори а не го направи, ќе му биде запишано едно добро де46 ло.“

(45) Забележано во Сахих Муслим 121 и во Муснед Ахмед 17357. (46) Забележано во Сахих Муслим 131 и во Муснед Ахмед 2515.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Што е исламот? • Темелите на исламското верување

45

III Поглавје

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСЛАМОТ Што е исламот? Исламот представува комплетно покорување и прифаќање на учењето на Бог, кое му го објавил на Својот пратеник Мухамед, нека е Божјиот мир над него.

Темелите на исламското верување 1. Верувањето во Бог: Муслиманите веруваат во еден, единствен, неспоредлив Бог, Кој нема син, ниту здруженик, и никој нема право да биде обожуван освен Него. Тој е Вистинитиот Бог, и секое друго божество е лажно. Тој ги поседува најубавите и највеличествените имиња, и совршените и возвишени својства. Никој не ја поседува Неговата божественост, ниту пак Неговите својства. Во Куранот, Бог се опишува Себе си во следниве стихови: „Кажи: ,Тој е Алах, Еден е! Алах е заштитник секому. Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!'“ (Куран, 112: 1 - 4)

112. поглавје од Куранот, напишано со Арапска калиграфија.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Никој нема право да се призива, да се моли, да му се моли, или да му се искажуваат дела на обожување, освен на Бог.


46

Темелите на исламското верување

Бог е Семоќен, Создател, не зависи од никого, Одржувач на целиот универзум. Тој управува со сите работи. Тој не зависи од Неговите созданија, а сите Негови созданија зависат од Него. Тој сè слуша, сè гледа и сè знае. На совршен начин, Неговото знаење ги опфаќа сите работи, и она што е јавно и она што е тајно. Тој знае што се случува, што ќе се случува и како ќе се случува. Ништо во светот не се случува без Неговата одредба. Она што Тој ќе одреди да се случи, се случува или да не се случи, нема да се случи, ако Тој така одлучил. Неговата волја е над волјата на луѓето. Тој има моќ над сите работи, и Тој е моќен да направи сè. Тој е Милостивиот, Сомилосниот, и Најдоброчинителот. Во едно од кажувањата на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, стои дека Бог е помилостив кон Своите созданија, отколку 47 мајката кон своето дете. Бог не е неправеден ниту насилен. Тој е Најмудар, во сите свои постапки и одлуки. Ако некој бара нешто од Бога, тој тоа може да го бара директно од Него, без да бара некој посредник. Бог не е Исус, и Исус не е Бог. Дури и самиот Исус, го негирал тоа. Бог ни вели во Куранот:

III Поглавје основни информации за исламот

„Сосема не веруваат оние кои што велат: ,Алах е Месих, синот Мерјемин.' А Месих говореше: ,О синови Израилови, обожувајте Го Алах Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој што ќе му припише здруженик, Алах ќе му го забрани Џенетот и престојувалиштето негово ќе биде огнот! На неверниците никој нема да им помогне!'“ (Куран, 5: 72) Бог не е тројство. Бог рекол во Куранот: „Сосема не веруваат оние кои велат: ,Алах е еден од тројцата.' Нема друго божество достојно за обожување освен еден Бог. А ако не престанат со она што го зборуваат, болна казна, навистина, ќе го стигне секој од нив кој што неверник ќе остане.

(47) Забележано во Сахих Бухари 5999 и во Сахих Муслим 2754.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Темелите на исламското верување

47

Зошто не Му се покајат и не побараат прошка од Него? А Алах е Простувачот и Сoмилосниот! Месих, синот Мерјемин, е само пратеник.“ (Куран, 5: 73 - 75) Исламот негира дека Бог „се одмoрил“ седмиот ден откако го создал светот, и дека Тој се борел со еден од Неговите ангели, и дека Тој ковал завера против човештвото, или пак дека Тој се инкарнирал во човечко суштество. Исламот исто така негира припишување на било какво човечко својство на Господ. Сето ова се смета за богохулие. Бог е Возвишен. Тој е далеку од било каков недостаток. Тој никогаш не се заморува. Тој никогаш не спие. Арапскиот збор Алах се однесува на Бог (Еден и Единствен, Вистинитиот Бог, Кој е Создателот на целиот универзум). Зборот Алах е едно од имињата на Бог, кој се користи од страна на оние кои што зборуваат арапски, од страна на Арапските муслимани и од страна на Арапските христијани. Овој збор не може да се употреби за било кого освен зе Единиот и Вистинскиот Бог. Зборот Алах, се појавува во Куранот 2150 пати. На Арамејскиот јазик, јазик кој е многу сличен со Арапскиот, а е и јазикот кој што 48 Исус вообичаено го зборувал, за Бог исто така се користи зборот Алах.

2. Верувањето во ангелите: Муслиманите веруваат во постоењето на ангелите кои што се чесни суштества. Ангелите Го обожуваат само Господ, Му се покоруваат и делуваат само по Негова наредба. Еден од нив е и ангелот Габриел, кој му го пренел Куранот на Мухамед, нека е Божјиот мир над него.

Муслиманите веруваат дека Бог им објавувал Книги на Своите пратеници, како доказ за човештвото и како упатство за (48) NIV Целосен речник на Библијата, Даглас, стр.42.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

3. Верувањето во Божјите Книги:


48

Темелите на исламското верување

нив. Помеѓу тие книги е и Куранот, кој што Бог му го објавил на Пратеникот Мухамед. Бог ни гарантира дека ќе го штити и чува Куранот од секакво менување. Бог вели во Куранот: „Ние, навистина, го објавивме Куранот и Ние, навистина, ќе го чуваме.“ (Куран, 15: 9)

4. Верувањето во Божјите пратеници и веровесници: Муслиманите веруваат во Божјите пратеници и веровесници, почнувајќи од Адам, па Ное, Авраам, Исмаил, Исак, Јаков, Мојсеј и Исус, нека е Божјиот мир над нив. Но, последната Божја порака кон целото човештво, како потврда за сите претходни пораки, му била објавена на Пратеникот Мухамед. Муслиманите веруваат дека Мухамед е последниот пратеник, испратен од Бога, како што стои и во Куранот: „Мухамед не е татко на никому од вас, туку е само Алахов пратеник и последен веровесник.“ (Куран, 33: 40) Муслиманите веруваат дека пратениците и веровесниците биле најдобрите човечки суштества кои што немале ниту едно од божествените својства на Господ.

5. Верувањето во Судниот Ден: Муслиманите веруваат во Судниот Ден (во Денот кога повторно ќе бидеме проживеани), кога сите луѓе ќе бидат проживеани, кога Бог ќе им суди според нивното верување и дела.

III Поглавје основни информации за исламот

6. Верувањето во Кадерот: Муслиманите веруваат во Кадерот, кој што претставува Божја одредба, но под ова верување не се подразбира дека луѓето немаат своја волја. Напротив, муслиманите веруваат дека Бог на луѓето им дал право на слободна волја. Тоа значи дека тие можат да бираат помеѓу доброто и лошото, со слобода која ги прави одговорни пред Бога. Краток Илустриран Приказ На Исламот


Дали постојат и други Свети извори освен Куранот?

49

Верувањето во Божјата одредба, го вклучува и верувањето во четири работи: 1) Бог знае сè. Тој знае што се случило и што ќе се случи. 2) Бог запишал сè што ќе се случи и што се случило. 3) Што Бог ќе одлучи да се случи, ќе се случи, а што ќе одлучи да не се случи, нема да се случи. 4) Бог е Создател на сè.

Дали постојат и други Свети извори освен Куранот? Постои, а тоа е сунетот (сè она што Пратеникот Мухамед го кажал, направил или го одобрил), кој што претставува втор извор во исламот. Сунетот во себе ги вклучува хадисите, веродостојно пренесените преданија за она што Мухамед, нека е Божјиот мир над него, го рекол, сторил, и преќутно одобрил, од страна на неговите пријатели. Верувањето во сунетот е основно исламско верување.

Некои изреки од Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него

(49) Забележано во Сахих Бухари 6011 и во Сахих Муслим 2586. (50) Забележано во Муснед Ахмед 7354 и Тирмизи 1162. (51) Забележано во Сахих Бухари 13 и во Сахих Муслим 45. (52) Бележи Тирмизи 1162 и Ебу Давуд 4941. (53) Бележи Тирмизи 1956. (54) Забележано во Сахих Бухари 2989 и во Сахих Муслим 1009. (55) Забележано во Сахих Бухари 6019 и во Сахих Муслим 48.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

• „Верниците во својата љубов, милост и добрина помеѓу себе се како едно тело: ако еден дел од него е болен, целото тело трпи преку несоница и треска.“ 49 • „Најдобриот помеѓу верниците во својата вера е најдобар и во својот морал. А најдобар од вас е оној кој што е најдобар со сво50 јата жена.“ • „Никој нема да биде вистински верник, сè додека не му го посакува на својот брат она што си го посакува себе си.“ 51 • „На милостивите им е укажана милоста од Најмилостивиот. Покажи милост на земјата, и Бог ќе ти подари милост и на тебе.“ 52 • „И насмевката кон твојот брат е милостина.“ 53 54 • „И добриот збор е милостина.“ • „Кој верува во Бога и во Судниот Ден, нека биде добар кон својот сосед.“ 55


50

Што вели исламот за Судниот Ден?

• „Бог не суди според твојот изглед или твоето богатство, Тој гледа во твоето срце и гледа во твоите дела.“ 56 • „Плати му на работникот додека потта не му се исуши.“ 57 • „Еден човек додека одел по патот, почувствувал жед. Посегнал во бунарот, влегол во него, се напил и излегол. И тогаш здогледал куче со испружен јазик, обидувајќи се да ја излиже калта како би си ја изгасило жедта. Тогаш човекот си рекол: ,Ова куче ја чувствува истата жед како и јас што ја чувствував.' И потоа повторно се спуштил во бунарот, го наполнил својот чевел со вода, и му дал на кучето да пие. И поради тоа Господ му ги простил сите гревови.“ „Мухамед бил запрашан: ,Божји веровеснику, дали ќе бидеме наградени за добрината кон животните?' Тој рекол: ,Ќе бидете наградени за милосрдието 58 кон секое живо битие.'“

Што вели исламот за Судниот Ден?

III Поглавје основни информации за исламот

Муслиманите, исто како и христијаните, веруваат дека сегашниот живот е само пробен испит, со кој што ќе го заслужиме местото во вечниот живот. Овој живот е тест за секоја единка, како подготовка за животот после смртта. Ќе дојде денот кога целиот универзум ќе биде уништен и мртвите ќе воскреснат, како би им се судело, за сè она што го направиле на овој свет. Тој ден ќе биде почеток за животот кој никогаш нема да заврши. Тој ден е Судниот Ден. Тој ден сите луѓе ќе бидат наградени од Бога, според нивните дела и верувања. Луѓето кои ќе умрат со верувањето дека „постои само еден Бог, и дека Мухамед е Негов пратеник“ а се муслимани, на тој ден ќе бидат наградени и ќе влезат во рајот, засекогаш, како што Бог вели: „А оние кои што веруваат и кои што добри дела чинат жители џенетски ќе станат и во него за навек ќе останат!“ (Куран, 2: 82) (56) Забележано во Сахих Муслим 2564. (57) Бележи Ибн Маџе 2443. Хадисот е даиф (заб. на шер. рец.). (58) Забележано во Сахих Бухари 2466 и во Сахих Муслим 2244.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Што вели исламот за Судниот Ден?

51

Но, оние кои што не веруваат дека „постои само еден Бог, и дека Мухамед е Негов пратеник“ и не се муслимани, ќе го загубат рајот, и ќе влезат во пеколот, засекогаш, како што Бог вели: „На оној кој што сака друга вера освен исламот (послушноста) нема да му се прими. Тој на ахире59 тот ќе биде од губитниците.“ (Куран, 3: 85) „Ниту од еден неверник кој што ќе умре како неверник навистина нема да му биде примено како откуп дури ни сето богатство на овој свет. Нив казна болна ги чека и никој нема да им помогне!“ (Куран, 3: 91) Некој може да се запраша: „Јас мислам дека исламот е добра религија, но ако го прифатам исламот, моето семејство, пријателите, и другите луѓе би ме отфрлиле и би ме исмевале. А од друга страна, ако не го прифатам исламот, дали ќе влезам во рајот и дали ќе бидам спасен од пеколот?“ Одговорот ни го дава Бог во веќе цитираниот Курански стих: „На оној кој што сака друга вера освен исламот (послушноста) нема да му се прими. Тој на ахиретот ќе биде од губитниците.“

(59) Ахирет - оној свет (заб. на прев.)

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Откако Бог го испратил Пратеникот Мухамед со исламот за целото човештво, Тој не прима ниту една друга религија, освен исламот. Бог е нашиот Создател и нашиот Одржувач. Тој за нас создал сè што е на Земјата. Сите добра и благодети што ги имаме се од Него. И после сето ова, кога некој ќе го одбие верувањето во Бога, Неговиот пратеник Мухамед, или Неговата вера исламот, неговото место ќе биде во пеколот. Всушност, основната цел на нашето постоење е да Го обожуваме само Единиот Бог, и да се покоруваме на Неговите наредби, како што Тој ни вели во Племенитиот Куран (51: 56)


52

Како се станува муслиман?

Овој живот кој ние сега го живееме, е многу краток. Неверниците на Судниот Ден, ќе мислат дека животот кој го живееле на Земјата, траел само еден ден или дел од денот, како што Бог ни вели: „И ќе праша: ,Колку години останавте на Земјата?' Ќе речеат: ,Останавме само еден ден или еден дел од денот.'“ (Куран, 23: 112 - 113) „,И мислевте ли, навистина, дека Ние ве создадовме залудно и дека, Нам нема да Ни се вратите?' И нека е возвишен Алах, Вистинскиот Владетел! Нема друго божество достојно за обожување освен Него! Господарот на Аршот благороден!“ (Куран, 23: 115 - 116) Споредувајќи го овој свет и другиот, Пратеникот Мухамед рекол: „Вредноста на овој свет во споредба со другиот, е како она што го имате на прстите кога ќе ги ставите во море и ќе ги извадите.“60 Значењето на оваа изрека е дека вредноста на овој свет со другиот, е како пет капки на вода во споредба со морето.

III Поглавје основни информации за исламот

Како се станува муслиман? Муслиман се станува едноставно, само ако ги изговориме следните зборови и ако сме убедени во нив: „Ла илахе иллаллах, Мухаммедун Ресулуллах“. Што во превод би значело: „Не постои друго божество достојно за обожување освен Алах, а Мухамед е Алахов пратеник.“ Првиот дел „Не постои друго божество достојно за обожување освен Алах“, значи дека никој нема право да биде обожуван освен Бог, и дека Бог нема здруженик, ниту пак мајка или син. За да се стане муслиман исто така треба: (60) Забележано во Сахих Муслим 2858 и во Муснед Ахмед 17560.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Како се станува муслиман?

53

• Да се верува дека Куранот е Божја Реч, објавен од Него. • Да се верува во Судниот Ден (Денот на проживувањето) дека е вистина и дека тој ден ќе дојде, како што Бог ни ветил во Куранот. • Прифаќањето на исламот како своја религија. • Да не се обожува никој друг освен Бог.

Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Бог повеќе се радува кога некој ќе се покае и Му се обраќа за покајание, отколку ако некој јавајќи ја својата камила во пустина, а таа избега од него носејќи ја со себе храната и водата, и тој ја изгубил целата надеж дека таа ќе му се врати. И тој легнува покрај некое дрво, чекајќи ја смртта, бидејќи ја изгубил секоја надеж дека ќе ја пронајде камилата. И во моментот на очај, таа се појавува пред него! И тогаш тој ја зауздува, и плаче од радост изговарајќи: ,О Господару мој, Ти си мој слуга, а јас сум 61 Твој Господар.' Тој греши поради големата возбуда.“

(61) Забележано во Сахих Бухари 6309 и во Сахих Муслим 2747.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Сведочењето: „Не постои другo божество достојно за обожување освен Алах, а Мухамед е Алахов пратеник“, напишано на арапски.


54

Што содржи Куранот? •Кој бил Мухамед?

Што содржи Куранот? Куранот, кој што представува директно објавена Божја Реч, е основниот извор во верувањето и праксата на секој муслиман. Ги содржи сите работи кои се однесуваат на човекот: мудроста, доктрините, обожувањето, економијата, правото итн., но основната тема е врската помеѓу Бог и Неговите созданија. Но, во исто време овозможува директно и детално учење за праведно општество, соодветно човечко однесување, и исправен економски ситем. Куранот му бил објавен на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, на арапски јазик. И секој превод на Куранот на некој друг јазик, не е Куран ниту пак верзија на Куранот, туку представува превод на значењето на Куранот. Куранот постои само на арапски, на јазикот на кој што е објавен.

III Поглавје основни информации за исламот

Кој бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него? Мухамед, бил роден во Мека во 570 година. Бидејќи неговиот татко починал пред тој да се роди, а мајка му бргу после неговото раѓање, за него се грижел неговиот чичко, кој бил од угледното племе Курејш. Тој бил неписмен, не знаел да чита ниту да пишува, и таков останал сè до неговата смрт. Неговиот народ, пред неговата мисија, биле далеку од науката и поголемиот дел од нив биле неписмени. Додека растел, станал познат по својата искреност, чесност, дарежливост, вистинољубивост и поверли62 вост. Толку бил поверлив што бил наречен Поверливиот. Мухамед бил многу религиозен, и ја мразел назадноста и идолопоклонството во своето општество. На четириесет години, Мухамед за прв пат ја примил Објавата од Бог, преку ангелот Габриел. Објавата продолжила и траела дваесет и три години, а позната е под името Куран. (62)Забележано во Муснед Ахмед 15078.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Кој бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него?

55

Убава вечерна глетка кон импозантната џамија на Пратеникот Мухамед во Медина

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Откако почнал да го цитира Куранот и да повикува во вистината која што Бог му ја објавил, тој и неговата мала група на следбеници, претрпеле страдања и прогонства од неверниците. Измачувањата биле толку големи, што во 622 година Бог им наредил да мигрираат. Емиграцијата од Мека во Медина, околу 260 милји северно, го означува почетокот на муслиманскиот календар. После неколку години, Мухамед и неговите следбеници успеале да се вратат во Мека, и им простиле на своите непријатели. Пред смртта на Пратеникот Мухамед, во неговата шеесет и трета година, поголемиот дел од Арапскиот полуостров станале муслимани, и за еден век од неговата смрт, исламот се проширил до Шпанија на Запад, и на Исток до Кина. Една од причините за брзото и мирното ширење на исламот, е вистинитоста и едноставноста на неговото учење. Исламот повикува во верување во само еден Бог, и само Тој е единствено заслужен да се обожува. Мухамед, нека е Божјиот мир над него, е совршен пример за искрен, чесен, милостив, чувствителен, вистинољубив и храбар човек. Додека бил само човек, од него биле отргнати сите лоши особини, и тежнеел само за задоволството на Бог и за Неговата награда во вечниот живот. Дури и во сите свои работи, секогаш бил богобојазен и свесен за Бог.


56

Како влијаело ширењеро на исламот врз развојот на науката

Како влијаело ширењето на исламот врз развојот на науката

III Поглавје основни информации за исламот

Исламот му наредува на човекот да ја употребува својата интелигенција, како и моќта за набљудување. Од само неколку години на ширењето на исламот, се развиле прекрасни цивилизации, а почнале и да цветаат многу универзитети. Поврзувањето на Источните и Западните идеи, на старите идеи со новите, довеле до развој на големи откритија на полето на медици- Астролаб: Еден од ната, математиката, физи- најбитните научни ката, астрономијата, ге- инструменти, развиен ографијата, архитекту- од страна на муслимарата, уметноста, литера- ните кој што многу се турата и историјата. Мно- користел на Запад, сè гу битни системи, како до денешни времиња. што е алгебрата, Арапските бројки и концептот на нулата (битен за напредувањето на математиката) биле донесени во

Муслиманските лекари посветиле големо внимание на операциите и на развојот на многу хирушки инструменти како што се гледа на горниот манускрипт.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Што велат муслиманите за Исус?

57

Европа од исламскиот свет. Софистицираните инструменти, кои ги овозможиле патувањата во откривањето на нови предели, како што бил астролабот, квадрантот, и добрите навигациони мапи, биле исто така развиени од стана на муслиманите.

Што велат муслиманите за Исус? Муслиманите го почитуваат и го уважуваат Исус, нека е Божјиот мир над него. Тие го сметаат за еден од најодбраните Божји пратеници. Куранот го потврдува неговото раѓање од страна на неговата мајка која била девица, и дури едно поглавје во Куранот е именувано по неа - Мерјем (Марија). Куранот на следниот начин го опишува раѓањето на Исус: „И кога мелеците рекоа: ,О Мерјем, Алах, навистина, ти праќа радосна вест, од Него збор: Името ќе му биде Месих, Иса, синот Мерјемин, ќе биде виден и на овој свет и на оној свет, и еден е меѓу блиските на Алах. Ќе им зборува на луѓето додека е во лулката, а и кога ќе порасне, ќе биде меѓу добрите луѓе.' Таа рече: ,Господару мој, како ќе имам дете, кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?' Он рече: ,Ете, така Алах создава што сака: кога нешто ќе реши само ќе рече: ,Биди!' и тоа, токму, ќе биде.'“ (Куран, 3: 45 - 47) Исус бил роден на чудесен начин, со наредба од Бога, Кој што исто така го создал Адам без двајца родители. Бог вели:

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

„Да, кај Алах примерот на Иса е сличен со примерот на Адем: Он од земја го создаде, а потоа рече: ,Биди!' и тој, токму, би.“ (Куран, 3: 59) За време на својата пратеничка мисија, Исус извел неколку чуда. Бог ни вели дека Исус рекол:


58

Што велат муслиманите за Исус?

„Јас ви доаѓам со доказ од Господарот ваш: ќе ви направам од кал нешто слично на птица и ќе дувнам во него, па со волјата Алахова ќе стане вистинска птица; ќе излечам човек кој што е роден слеп, и лепрозен, и ќе оживувам мртви, со волјата Алахова; ќе ви кажувам што јадете и и што збирате во домовите ваши, со волјата Алахова. Тоа навистина ќе биде доказ за вас ако бидете вистински верници.“ (Куран, 3: 49) Муслиманите веруваат дека Исус не бил распнат. Планот на неговите непријатели бил да го распнат, но Бог го сочувал и го подигнал кај Себе. А, ликот на Исус му бил ставен на друг човек. Непријателите на Исус го земале човекот и го распнале, мислејќи дека тоа е Исус. Бог вели:

III Поглавје основни информации за исламот

„И заради изјавата нивна: ,Да, ние навистина го убивме Месихот, Иса, синот Мерјемин, Алаховиот веровесник...' Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини.“ (Куран, 4: 157) Ниту Веровесникот Мухамед, ниту Исус, не биле испратени за да ја сменат основната доктрина на верувањето во само еден Бог, донесена и од предходните пратеници, туку тие само ја потврдиле и дополниле.63

Светата џамија Ал-Акса во Ерусалим

(63)Муслиманите веруваат дека Господ и на Исус му објавил света Книга која се

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Ставот на исламот за тероризмот

59

Ставот на исламот за тероризмот Исламот е вера на милоста, и поради тоа не дозволува тероризам. Во Куранот, Бог вели: „Алах не ви забранува да им правите добро и да бидете праведни, кон оние кои што не се борат против вас и верата ваша, и кои што не ве протеруваат од домовите ваши. Алах навистина ги сака оние кои што се праведни!“ (Куран, 60: 8) Веровесникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, им забранувал на војниците да убиваат жени и деца,64 и ги советувал: „Немој да бидете предавници, немој да бидете прекумерни, и 65 немојте да убивате деца.“ Исто така рекол: „Кој ќе убие невин човек, кој што има договор со муслиманите, нема да го почувствува мирисот на џенетот, а неговиот мирис се чувствува на оддалеченост од четириесет години.“ 66 Исто така Мухамед, забранил да се казнува со оган.67 Во една од неговите мудри изреки, го сместил убиството во

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

нарекува Инџил (Евангелие), некои делови од неа сеуште можат да бидат достапни во учењето на Исус за Бога, во Новиот Завет. Но ова не значи дека муслиманите веруваат во денешната Библија, бидејќи таа не го претставува вистинското издание кое е објавено од Бога. Таа претрпела многу измени, додатоци, а има и многу пропусти. Ова исто така е кажано и од Комитетот кој е задолжен за ревизија на Светото Писмо (Прегледан американски превод на Светото Писмо). Комитетот е составен од триесет и двајца научници кои му служат на Комитетот како негови членови. Тие ја контролираат ревизијата како и Советодавниот совет од педесет представници. Комитетот во предговорот на Светото Писмо (Прегледан американски превод на Светото Писмо) напишал: „Понекогаш е очигледно дека текстот претрпел промени при преводот, но ниту една верзија не овозможува задоволувачка реституција. Ние сега можеме само да го следиме мислењето на најдобрите научници, како подобро би ја разбрале изменетата форма на оригиналниот текст.“ Комитетот исто така во предговорот напишал: „Додатоците исто така ни укажуваат кон додавањето на битни измени, како и отфрлањето на пропустите од предходните (старите) авторитети.“ (64) Забележано во Сахих Бухари 3015 и во Сахих Муслим 1744. (65) Забележано во Сахих Муслим 1731 и во Тирмизи 1408. (66) Забележано во Сахих Бухари 3166 и во Ибн Маџе 2686. (67) Бележи Ебу Давуд 2675.


III Поглавје основни информации за исламот

60

Ставот на исламот за тероризмот

втор голем грев, и дури и за тоа ќе се одговара на Судниот Ден. Веровесникот Мухамед, рекол: „Првиот случај за кој што ќе се 68 расправа на Судниот Ден, ќе биде тој за крвопролевањето.“ На муслиманите им е наредено да бидат нежни и со животните, и забрането им е да ги повредуваат. Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Една жена била казнета поради тоа што ја оставила намерно својата мачка да умре. Поради ова, таа била казнета со пекол. Додека ја држела затворена, не и давала да јаде ниту да пие, ниту пак ја пуштала надвор самата 69 да бара храна.“ Тој исто така зборувал за човек, кој на куче скитник, кое било многу жедно му дал да пие вода, и поради тоа Бог му ги простил сите гревови и лоши дела. Еднаш Пратеникот Мухамед, бил запрашан за тоа дали ќе бидат наградени за доброто однесување спрема животните? Тој рекол: „Ќе бидете наградени за љубе70 зноста кон секое живо суштество.“ Додатно на тоа, кога животните се користат за исхрана, на муслиманите им е наредено нивниот живот да се зема на начин кој е најмалку болен и заплашувачки за животните. Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Кога колете животно, колете на најдобар начин. Најпрвин, добро наострете го ножот, за да го намалите страдањето на животното.“ 71 Од овој, а и од други исламски текстови, можеме да кажеме дека сите терористички дела, врз невини цивили, големите уништувања на згради и имоти, фрлањето бомби и убивање на невини луѓе, жени и деца, се забранети дела, според исламот и муслиманите. Сè почесто употребуваниот збор џихад од страна на странските и домашните медиуми и неговото преведување како „света војна“ е неточно и неосновано. Имено, џихад го означува стремежот, напорот, да се постигне Алаховата волја. Неговата волја е мирот во светот, љубовта, еднаквоста и заедништвото меѓу луѓето, хуманоста, образованието и др., а стремежот кон овие доблести може да се именува така. (68) Забележано во Сахих Бухари 6533 и во Сахих Муслим 1678. (69) Забележано во Сахих Бухари 2365 и во Сахих Муслим 2422. Овој хадис, подетално, е веќе предходно спомнат на страна 50. Забележано во Сахих (70) Бухари 2466 и во Сахих Муслим 2244. (71) Забележано во Сахих Муслим 1955 и во Тирмизи 1409.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Човековите права и правата на исламот

61

Терминот „света војна“ е измислен токму од христијаните, кога папата за прв пат ги повикал христијаните од Европа во војна против муслиманите на Блискиот Исток. Тоа била првата крстоносна војна од која и останатите цивилизации и конфесии претрпеле големи штети, за што подоцна, во 20. век Ватикан се извини. Зарем историјата не се повторува? Затоа, овој термин не им доликува на муслиманите, бидејќи тие не се рушители на цивилизациите, туку создавачи и усовршувачи на истите. Муслиманите ја следат религијата на мирот, милоста и простувањето, и огромното мнозинство нема ништо со насилните настани кои им ги припишуваат на муслманите. Ако еден муслиман, поединец, направи некое терористичко дело, ќе биде обвинет за прекршување на законите на исламот.

Човековите права и правдата во исламот

(72) Забележано во Муснед Ахмед 15078.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Исламот на секој поединец му дава многу човекови права. Следат само некои од човековите права кои исламот ги штити. Животот и имотот на сите граѓани во исламската држава, се сметаат за свети, без оглед дали тој граѓанин е муслиман или не. Исламот исто така ја штити и честа. Во исламот навредувањето и исмевањето се не дозволени. Веровесникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Навистина, твојата крв, имот и чест се неповредливи.“ 72 Расизмот не е дозволен во исламот, затоа што Куранот зборува за еднаквоста на луѓето, во следниот стих: „О луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создаваме, и на народи и племиња ве делиме за да се запознавате. Најблагородниот кај Алах, секако, е најбогобојазниот. Алах, навистина, сè знае и не Му е скриено ништо.“ (Куран, 49: 13) Исламот забранува, одредени поединци или нации да се фаворизираат поради своето богатство, моќ или раса. Бог ги создал сите човечки суштества еднакви, кои помеѓу себе се разликуваат само во погледот на верувањето и побожноста. Мухамед, нека е


62

Човековите права и правата на исламот

Божјиот мир над него, рекол: „О луѓе! Вашиот Бог е Еден, и вашиот прататко е еден (Адам). Арапот не е подобар од неарапот и неарапот не е подобар од Арапот, и белецот не е подобар од црнецот, ниту пак црнецот е подобар од белецот, освен по побожноста.“ 73 Еден од најголемите проблеми денес со кои се соочува човештвото е расизмот (и национализмот). Модерното општеството може и да испрати човек на месечината, но не може да ги спречи луѓето да се мразат и убиваат меѓу себе. Од првите денови, Мухамед, нека е Божјиот мир над него, јасно покажал како исламот може да направи расизмот (национализмот) да не се истакнува. Годишниот аџилак (хаџ) во Мека, покажува едно вистинско исламско братство на сите раси и нации, кога околу два милиони муслимани од целиот свет доаѓаат во Мека да го извршат аџилакот. Исламот е религија на праведноста. Во Куранот, Бог вели:

III Поглавје основни информации за исламот

„Алах, ви заповеда работите што ви се доверени да им ги вратите на нивните сопственици, и кога ќе им судите на луѓето да судите праведно.“ (Куран, 4: 58) „И бидете праведни! Алах, навистина ги сака оние кои судат праведно!“ (Куран, 49: 9) Дури, треба да бидеме праведни и со оние кои ги мразиме, како што ни заповеда Бог: „И омразата што спрема некои луѓе ја имате нека не ве наведе неправедни да бидете. Бидете праведни! Праведноста е поблиску до богобојазноста...“ (Куран, 5: 8) (73)Забележано во Муснед Ахмед 22978.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Каков е статусот на жената во исламот?

63

Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Луѓе, внимавајте да не бидете неправедни, поради неправдата, на Судниот 74 Ден ќе бидете во темница.“ И тие кои што не можеле да си ги добијат своите права (кои тие ги барале), на Судниот Ден ќе ги добијат назад, како што вели Пратеникот Мухамед: „На Судниот Ден ќе им се вратат правата на тие што им биле одземени (за тоа што биле оште75 тени)...“

Каков е статусот на жената во исламот?

(74) Забележано во Сахих Бухари 2447 и во Муснед Ахмед 5798. (75) Забележано во Сахих Муслим 2582 и во Муснед Ахмед 7163. (76) Бележи Ибн Маџе 1978 и Тирмизи 3895.

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Исламот, ја гледа жената, без оглед дали е во брак или не, како поединец со свои права, со право да поседува и да управува со својот имот и да заработува, без некој да ја застапува (без оглед дали е тоа нејзиниот татко, сопруг или некој друг). Таа има право да купува и да продава, да дава милостина, и може да ги троши своите права како таа што ќе посака. Венчаниот подарок на невестата и се дава за нејзина лична употреба, и може да го задржи своето семејно презиме, отколку да го зема презимето на мажот. Исламот го охрабрува мажот да се однесува добро кон својата жена, како што кажал Пратеникот Мухамед: „Најдобри меѓу вас, се оние кои што 76 се најдобри кон своите жени.“ Мајките во исламот се високо почитувани. Исламот наредува да се однесуваме кон нив на најдобар начин: „Некој човек дошол кај Пратеникот Мухамед и рекол: ,О Божји веровеснику! Кој од луѓето е најзаслужен за моето внимание?' Пратеникот му рекол: ,Твојата мајка.' Човекот запрашал: ,А потоа кој?' Пратеникот му рекол: ,Потоа твојата мајка.' Човекот и понатаму запрашал: ,А потоа кој?'Пратеникот му рекол: ,Потоа твојата мајка.' И човекот повторно запрашал: ,А


624 64

Семејството во исламот

потоа кој?' Пратеникот тогаш му одговорил: ,Потоа твојот татко.'“ 77

Семејството во исламот Семејството, кое представува основна клетка во општеството, сега е во распаѓање. Исламскиот семеен систем ги урамнотежуваа правата на сопругот, сопругата, децата и на роднините. Поттикнува кон несебично однесување, кон дарежливост, и сè во рамките на добро организиран семеен систем. Мирот и сигурноста представуваат вредности во едно стабилно семејство, и се смета како битен елемент за духовниот развој на своите членови. Хармоничниот општествен ред се создава со проширувањето на семејната заедница и со многу деца.

III Поглавје основни информации за исламот

Како муслиманите се однесуваат кон постарите? Во муслиманскиот свет е невозможно да се најдат „старски домови“. Можноста да се грижиме за нашите родители во најтешко време од нивниот живот, представува чест и благослов, како и можност за големо духовно напредување. Во исламот, не е доволно тоа што постоајно се молиме за нашите родители, туку потребно е да покажеме и безгранично сочувство, и да се сетиме дека кога ние сме биле мали деца, тие секогаш нè ставале пред сè. Мајката, посебно се почитува. Кога родителите на муслиманите, ќе дојдат во стари години, кон нив треба да се однесуваат со милост, со нежност и несебично. Во исламот, послушноста на родителите е должност која е веднаш после молитвата, и тоа е нивното право кај нас. Се смета за неприфатливо кога некој покажува негодување, кога не по своја вина, постарите стануваат тешки.

(77)Забележано во Сахих Бухари 5971 и во Сахих Муслим 2548.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Кои се петте столбови на исламот?

65

Бог вели: „Господарот твој заповеда само Нему да Му се клањате и на родителите доброчинителство да им чините. Ако еден од нив или двајцата кај тебе старост доживеат, не кажувај им ни ,уф!‘ и не подвикни им, а обраќај им се зборови полни со почит! Кон нив внимателен и понизен биди, и кажи: ,Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!'“ (Куран, 17: 23 - 24)

Кои се петте столбови на исламот? Постојат пет столбови на исламот кои представуваат основна рамка во муслиманскиот живот. Тука спаѓаат сведоштвото на верата, молитвата, постењето за време на месецот Рамазан, давањето зеќат (поддршка за сиромашните), и аџилакот во Мека барем еднаш во животот, за тие кои што се во можност.

1. Сведочењето на верувањето:

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Сведочењето на верувањето, е кажувањето со убеденост: „Ла илахе иллаллах, Мухамедун ресулуллах.“ Ова значи: „Не постои друго божество достојно за обожување освен Алах, и Мухамед е Алахов пратеник.“ Првиот дел, „Не постои друго божество достојно за обожување освен Алах,“ означува дека никој не заслужува де се обожува освен Бог, и дека Бог нема ниту син, ниту партнер или здруженик. Сведочењето на верувањето се нарекува шехадет, едноставна формула која што мора да се изговори со убедување, и кога се преминува во ислам (објаснето е на страница 52-53). Сведочењето на верувањето е најбитниот столб во исламот.


66

Кои се петте столбови на исламот?

2. Молитвата: Муслиманите извршуваат пет молитви дневно. За секоја од нив да се изврши потребно е да се издвојат само неколку минути. Молитвата во исламот претставува директна врска помеѓу човекот и Бог. Не постои посредник помеѓу Бог и Неговите обожуватели. Во молитвата, човекот чувствува внатрешна среќа, мир и удобност, и фактот дека Бог е задоволен со него или неа. Пратеникот Мухамед, рекол: „Билал, повикај ги луѓето на молитва, да 78 се одмориме со неа.“ Билал бил еден од придружниците на Мухамед, кој што бил задолжен да ги повикува муслиманите на молитва. Молитвите се извршуваат в зори пред излезот на Сонцето, на пладне, помеѓу пладне и зајдисонце, по зајдисонце и час и половина по зајдисонце. Муслиманите, освен во џамија можат да се молат секаде, како што се полињата, парковите, канцелариите, фабриките или универзитетите.

III Поглавје основни информации за исламот

3. Давањето на зеќат (поддршка за сиромашните): Сите добра му припаѓаат на Бог, а богатството на луѓето само им е доверено. Вистинското значење на зборот „зеќат“ е „прочистување“ и „пораст“. Давањето зеќат значи да се даде специфичен процент на одредено богатство, на одредена група на луѓе кои имаат потреба за тоа. За да се достигне обврската за давање процент на златото, среброто, како и на готовите пари, потребно е преку целата година да се има богатство поголемо од вредноста на 85 грама злато, па дури тогаш да се одвојат 2,5% проценти за потребните. Нашиот имот се прочистува со давањето на мал дел од нашето богатство, на оние на кои што им е потребно, како што се прочистуваат и растенијата, со нивното кратење се воспоставува рамнотежа и ново растење. Секој поединец може да даде онолку колку што посакува во добротворни цели како милостиња. (78)Забележано во Ебу Давуд 4985 и во Муснед Ахмед 22578.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Кои се петте столбови на исламот?

67

4. Постењето на месецот Рамазан:79 Секоја година, во месецот Рамазан, сите муслимани постат од зори до зајдисонце, воздржувајќи се од храна, пиење како и од сексуални односи. Иако постот има голема корист за здравјето, наредено е пред сè како метод за духовно самопрочистување. Со отстранување од себе си, на секаков овосветски комфор, дури и за кратко време, оној кој што пости сочувствува со гладните, како што си го подобрува и својот духовен живот.

5. Аџилакот во Мека Годишниот аџилак во Мека (Хаџ) е задолжителен еднаш во животот, за оние кои што се физички и финансиски во можност.

(79) Месецот Рамазан е деветтиот месец од Исламскиот календар (кој што е лунарен, а не соларен).

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Муслиманите се молат во храмот (харемот) во Мека. Во овој храм се наоѓа Ќаба (црната голема коцка на сликата) кон која муслманите се насочуваат во текот на молитвата. Ќаба е местото каде што се обожува Бог, и неа ја обновил Пратеникот Авраам со својот син Исмаил.


68

Исламот во Република Македонија

Секоја година околу два милиони луѓе, од сите страни на светот, одат во Мека. Иако во Мека секогаш е полно со посетители, годишниот аџилак се изведува во дванаесеттиот месец според исламскиот календар. Машките аџии носат специјална едноставна облека, со која се губат сите класни и културни разлики, и сите стојат еднакви пред Бога. Ритуалите поврзани со аџилакот, ги вклучуваат: кружењето седум пати околу Ќаба, одењето помеѓу ридовите Сафа и Мерва, како што правела Хаџера во својата потрага за вода, потоа аџи80 ите стојат сите заедно во одбласта Арефат и Го молат Бога за она што сакаат и бараат прошка од Него. Овој ден нас многу нè потсетува на Судниот Ден. Крајот на аџилакот го означува празникот Еид ел-Адха (Курбан Бајрам), кој за верниците претставува вистински празник. Исто така, Еид ел-Фитр (Рамазанскиот Бајрам) е празник кој што го слават верниците по завршетокот на месецот Рамазан. Ова се двата празника во муслиманскииот календар.

III Поглавје основни информации за исламот

Исламот во Република Македонија Исламот во Македонија се проширил околу 15. век со продорот на Османлиите на Балканот. Како главна државна религија бил сè до почетокот на 20. век, кога Османлиите се повлекуваат од овие простори, а со нив и поголемиот дел на муслиманското население од различни националности. По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, бројот на муслиманите бил околу 35 % од вкупното население. Тие припаѓаат на сунитската група (Ехли суннет вел џемаат) која е мнозинство во светот и се карактеризира со следење на Куранот и традицијата на Пратеникот, а ја следат ханефиската правна школа една од четирите попознати и признати меѓу муслиманите во светот. Организирани се и претставени од Исламската Верска Зае(80) Област која е одалечена 15 милји од Мека.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Исламот во Република Македонија

69

дница, во чиј што надзор е организирањето на верскиот живот на граѓаните, како и грижата за џамиите, вакуфите и останатите верски објекти, наследени од Османлиите. Муслиманите исто така се организирани и во други различни организации, како хуманитарни организации, студентски здруженија, младински форуми и издавачки куќи, а сè со цел подобрување и унапредување на образовната, моралната, културната и духовно-материјалната состојба на верниците. Исламот е највеќе застапен кај Албанците, а потоа кај Турците, Бошњаците, Ромите и кај Македонците муслимани,81 кои што традиционално се муслимани. Но, по падот на социјалистичкиот режим, на почетокот на деведесетите години, и по либерализацијата на верскиот живот и активности, се бележи бројка на преминување на традиционалните христијани Македонци во ислам. Како најбитен фактор за ова е тоа дека луѓето сфаќаат дека нацијата е наследна, а до верата се доаѓа со непристрасно и слободоумно истражување, спознавање и убедување. Муслиманите се со различни професии и дејности, како на пример: од политичари - заменици на владата, министри и пратеници, универзитетски и училишни професори, асистенти, студенти, доктори, доктори на науки од различни области, економисти, филозофи, новинари, службеници, трговци, работници, спортисти итн., и земаат активно учество во верскиот, културниот и општествено-политичкиот живот во земјава, допринесувајќи за нејзината стабилност и развој.

(81) Таканаречени Торбеши (заб. на прев.)

Краток Илустриран Приказ На Исламот

III Поглавје основни информации за исламот

Поглед кон џамијата Султан Мурат II и Саат кулата во Скопје


70

Библиографија

Библиографија Ahrens, C. Donald. 1988. Meteorology Today. 3rd ed. St. Paul: West Publishing Company. Anderson, Ralph K.; and others. 1978. The Use of Satellite Pictures in Weather Analysis and Forecasting. Geneva: Secretarial of the World Meteorological Organization. Anthes, Richard A.; John J. Cahir; Alistair B. Fraser; and Hans A. Panofsky. 1981. The Atmosphere. 3rd ed. Columbus: Charles E. Merrill Publishing Company. Barker, Kenneth; and others. 1985. The NIV Study Bible, New International Version. Grand Rapids, Michigan: Zondervan Publishing House. Bodin, Svante. 1978. Weather and Climate. Poole, Dorest: Blandford Press Ltd. Cailleux, Andre'. 1968. Anatomy of the Earth. London: World University Library. Couper, Heather; and Nigel Henbest. 1995. The Space Atlas. London: Dorling Kindersley Limited. Davis, Richard A., Jr. 1972. Principles of Oceanography. Don Mills, Ontario: Addison-Wesley Publishing Company. Douglas, J. D.; and Merrill C. Tenney. 1989. NIV Compact Dictionary of the Bible. Grand Rapids, Michigan: Zondervan Publishing House. Elder, Danny; and John Pernetta. 1991. Oceans. London: Mitchell Beazley Publishers. Famighetti, Robert. 1996. The World Almanac and Book of Facts 1996. Mahwah, New Jersey: World Almanac Books. Gross, M. Grant. 1993. Oceanography, a View of Earth. 6th ed. Englewood Cliffs: Prentice-Hall, Inc. Hickman, Cleveland P.; and others. 1979. Integrated Principles of Zoology. 6th ed. St. Louis: The C. V. Mosby Company. Краток Илустриран Приказ На Исламот


Библиографија

71

Al-Hilali, Muhammad T.; and Muhammad M. Khan. 1994. Interpretation of the Meanings of The Noble Qur'an in the English Language. 4th revised ed. Riyadh: Maktaba Dar-usSalam. The Holy Bible, Containing the Old and New Testaments (Revised Standard Version). 1971. New York: William Collins Sons & Co., Ltd. Ibn Hesham, Abdul-Malek. Al-Serah Al-Nabaweyyah. Beirut: Dar El-Marefah. The Islamic Affairs Department, The Embassy of Saudi Arabia, Washington, DC. 1989. Understanding Islam and the Muslims, Washington, DC: The Islamic Affairs Department, The Embassy of Saudi Arabia. Kuenen, H. 1960. Marine Geology. New York: John Wiley & Sons, Inc. Leeson, C. R.; and T. S. Leeson. 1981. Histology. 4th ed. Philadelphia: W. B. Saunders Company. Ludlam, F. H. 1980. Clouds and Storms. London: The Pennsylvania State University Press. Makky, Ahmad A.; and others. 1993. Ee'jaz al-Qur'an al-Kareem fee Wasf Anwa' al-Riyah, al-Sohob, al-Matar. Makkah: Commission on Scientific Signs of the Qur'an and Sunnah. Miller, Albert; and Jack C. Thompson. 1975. Elements of Meteorology. 2nd ed. Columbus: Charles E. Merrill Publishing Company. Moore, Keith L.; E. Marshall Johnson; T. V. N. Persaud; Gerald C. Goeringer; Abdul-Majeed A. Zindani; and Mustafa A. Ahmed. 1992. Human Development as Described in the Qur'an and Sunnah. Makkah: Commission on Scientific Signs of the Qur'an and Sunnah. Moore, Keith L.; A. A. Zindani; and others. 1987. Al-E'jaz al-Elmy fee al-Naseyah (The scientific Miracles in the Front of the Head). Makkah: Commission on Scientific Signs of the Qur'an Краток Илустриран Приказ На Исламот


72

Библиографија

and Sunnah. Moore, Keith L. 1983. The Developing Human, Clinically Oriented Embryology, With Islamic Additions. 3rd ed. Jeddah: Dar AlQiblah. Moore, Keith L.; and T. V. N. Persaud. 1993. The Developing Human, Clinically Oriented Embryology. 5th ed. Philadelphia: W. B. Saunders Company. El-Naggar, Z. R. 1991. The Geological Concept of Mountains in the Qur'an. 1st ed. Herndon: International Institute of Islamic Thought. Neufeldt, V. 1994. Webster's New World Dictionary. Third College Edition. New York: Prentice Hall. The New Encyclopaedia Britannica. 1981. 15th ed. Chicago: Encyclopaedia Britannica, Inc. Noback, Charles R.; N. L. Strominger; and R. J. Demarest. 1991. The Human Nervous System, Introduction and Review. 4th ed. Philadelphia: Lea & Febiger. Ostrogorsky, George. 1969. History of the Byzantine State. Translated from the German by Joan Hussey. Revised ed. New Brunswick: Rutgers University Press. Press, Frank; and Raymond Siever. 1982. Earth. 3rd ed. San Francisco: W. H. Freeman and Company. Ross, W. D.; and others. 1963. The Works of Aristotle Translated into English: Meteorologica. vol. 3. London: Oxford University Press. Scorer, Richard; and Harry Wexler. 1963. A Colour Guide to Clouds. Robert Maxwell. Seeds, Michael A. 1981. Horizons, Exploring the Universe. Belmont: Wadsworth Publishing Company. Seeley, Rod R.; Trent D. Stephens; and Philip Tate. 1996. Essentials of Anatomy&Physiology. 2nd ed. St. Louis: Mosby-Year Book, Inc.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Библиографија

73

Sykes, Percy. 1963. History of Persia. 3rd ed. London: Macmillan & CO Ltd. Tarbuck, Edward J.; and Frederick K. Lutgens. 1982. Earth Science. 3rd ed. Columbus: Charles E. Merrill Publishing Company. Thurman, Harold V. 1988. Introductory Oceanography. 5th ed. Columbus: Merrill Publishing Company. Weinberg, Steven. 1984. The First Three Minutes, a Modern View of the Origin of the Universe. 5th printing. New York: Bantam Books. Al-Zarkashy, Badr Al-Deen. 1990. Al-Borhan fee Oloom Al-Qur'an. 1st ed. Beirut: Dar El-Marefah. Zindani, A. A. This is the Truth (videotape). Makkah: Commission on Scientific Signs of the Qur'an and Sunnah.

Краток Илустриран Приказ На Исламот


74 И. А. Ибрахим

КРАТОК ИСЛУСТРИРАН ПРИКАЗ НА ИСЛАМОТ Издава: Здружение на граѓани Студентски Клуб - Скопје Контакт: www.makislam.info e-mail: studentskiklub_sk@yahoo.com За издавачот: Арбен Идризи Јазична редакција: Јасмин Реџепи Корица: Јонуз Мифтари Надгледувач при печатењето: Агим Османи Компјутерска обработка: Бесник Хамити Печати: FOCUS PRINT Tel.: 075 275 939 Тираж: 1600 Прво издание: 01.03.2007 CIP Катаголизација во публикација народна и универзитетска библиотека ISBN 9989-2485-1-6

Studentski Klub

Краток Илустриран Приказ На Исламот


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.