Во последниве 6 месеци, најмалку 10 сексуални работници беа убиени. Џесика била транс
сексуална работничка од Перу, која дошла да работи во Франција минатата година. Таа била
дел од здружението Acceptess-T кое и пружало социјална, правна, здравствена и
административна поддршка, како и емоционална и психолошка поддршка. Како и повеќето
од заедницата сексуални работници, Џесика се стремела кон подобар живот во оваа земја и
се борела против криминализацијата на сексуалната работа, како и дискриминацијата со
кои се соочуваат овие маргинализирани лица, особено оние кои се најпогодени, како што се
мигрантите, трансродовите лица и лицата кои живеат со ХИВ.