ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ
Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
Љубовни приказни
Збирка песни од членовите на Литературната секција
Година 19
Свеска 19
Април 2012 Струмица
Низа Бојата на векот е најжива во аголот, таа го надмина и самото мастилно небо, во низа се редат зборови од камења, опседнати се со блискоста на својата повлеченост. Слободната смрт е најтесна во влезот, не се помирува со својата колебливост, оној што влегува во низата без билет, тој вели опседнат сум со својата прогонетост. Не се исти сите тешки допири, во една низа со голема опсесија, не се исти сите човечки спомени, во една опсесија со зголемена низа. Веројатно низата разговара со срамот, живее во костумот на својата кожа, ретко кој животот често го споредува, со долга низа на својата опсесија. Марина Ристова IV2
3
Животна срамежливост Засрами се ти уништено парче живот, ме гледаш во очи, а зад грб ме повредуваш, со што да го споредам засегнатиот поток, личите двајцата на животна срамежливост. Речникот е преполн со вашето срамување, земете го стихот на чудното сомневање, јас ќе го прочитам вашето смело минато, ќе ја зацрнам мојата животна срамежливост. Моето лице од вас не се срами, јас често чекорам кон уништена фраза, навикната сум на удари од исушена роза, розата е болна од животна срамежливост. Од вашето време мојот ум не бега, молчам пред вас, а имам голем успех, ти, животе и твојот смрзнат поток, изгубете се далеку во животна срамежливост. Марина Ристова IV2
4
Дар од Бога Те запознав, те засакав, во средината на срцето те запишав! Колку те сакам, уште колку ли ќе те сакам? Молејќи се на Бога, Бога ми те подари тебе. Тебе да те сакам и утеха во очите твои да најдам. Утехата ја најдов тагата ја преболев во душата тебе те носам мојот дар од Бога! Коље Ѓоргиев III5
5
Љубовна приказна Животот те води по темнина, помини и најди ведрина. Разведри го животот свој нека се разигра со раскошен бој. Најди светлина која гори, и за неа храбро се бори. Јас тебе те сретнав и... Патот на светлината кон тебе ме води, љубовта моја вечно кон тебе се роди. Светлина си моја сјајна моја си љубов трајна. Твојот лик во мене стои, љубовта моја за тебе се крои. Тебе те сакам и никој друг ти си мојот животен круг. Денот без тебе е темен знај, мигот со тебе вистински рај. Мигот да остане сакам, и вечно цврсто да те држам за рака. И тогаш кога... Солзи се полнат очиве мои, посветени да бидат твои. Не паѓаат туку така, присутни се бидејќи вечно се сака. Не e грев пролеана солза, во неа има искрена љубовна полза. Срцето мое за тебе е родено, од љубов твоја за секој пат водено. Габи Кирова II8 6
Сакана Како блесок сјаат очите твои; Радоста моја од мене блика И кога те нема - надеж за солза радосница Секогаш ме прати. Те засакав како гулапче мало, И те засакав како да си душа моја На господ слуга ќе му бидам Ама тебе да те имам! Коље Ѓоргиев III5
7
Надеж Оловен дожд паѓа, мисли ми бранува тмурен ден поцрнет хоризонт покрива порој од капки сребрени паѓаат врз моето чело блесок од молња молсна, сѐ стана бело а јас размислувам, за што ли размислувам мисли празни сѐ околу мене ме збунува се крши синџирот на животот барам спас никој околу мене каде сум јас, наеднаш соблазно некој ми подаде рака девојка во бело ја запрашав што сака ми рече појди со мене каде што сонце блика ја запрашав а ти како се викаш ми рече јас сум надеж, јас тебе ти требам кога ти е тешко повикај ме ќе дојдам. Васко Василев IV9
8
Над морски бездни Го градиш мојот спокој и поминуваш без глас светулки во ноќта во ни те барам јас сам над морски бездни на работ веќе сум милион мисли празни само ти си ми во ум ги имаш моите соништа само подај рака ти тивко влези сокриј се во моите прегратки. Васко Василев IV9
9
Што си ако не си љубов Зошто дојде, за да ми го скршиш срцето? За да ме натераш да тагувам? За повторно солзите да заиграат бесен танц на моето лице? За да ме турнеш на дното? За да потонам долу, така длабоко за да ме снема... За да не остане ништо од мене, само една сосема друга фигура? За да почувствувам болка?! Или пак дојде за да направиш од мене нешто ново, нешто што не сум јас? Постоиш за да уништуваш нечија среќа? За да огорчуваш нечиј живот? За да си играш со нечии чувства? За да додаваш сол врз нечии рани? За да нишаниш на нечии слаби точки? За да пустошиш се што ќе најдеш пред себе? Или пак постоиш за да го пронајдеш совршеното и да го доживееш невозможното? Даниела Алексова III9
10
Светлосен облик Погледни како обликот наш свети, молитва раскажува за вечерен прием, се познава крвта што во вените тече, се излева од чувствата и повторно се цеди. Зошто убавината занемува лесно, па, животе, и ние ли сме патници, свети обликот наш на сенката од песок, трага остава за еден вреден потег. Земи ги куферите од моите чувства, премногу тежат за јас да ги носам, штом патници сме ние и уметност од среќа, држи го и мантилот на мојот сив раскош. Вети ми само дека пак ќе ме повикаш, ако случајно некогаш без чувство се разделиме, ние и така, животе, живеевме во едно, живеевме среќно во светлосниот облик. Марина Ристова IV2
11
Зар и ти си дел од нив Лицемерие, маски, завист. Можеби грешам што мислам, но имам длабока причина да мислам. Еве мислам, и ќе мислам. Единствената капка човечност се сли. Се изгуби во просторот. Допре до дното. Некои не забележаа. Но до мене допре звукот на предаденост. Се предаде. Така лесно се предаде. Допре до нечистотијата. Се извалка. Никогаш повеќе нема да биде чиста. Се распарчи. Веќе никогаш нема да биде целосна. Се спушти удолу. Не, нема повеќе да биде високo над сите. Сега припаѓа на еден нов свет. Недоличен за неа. Припаѓа и ќе припаѓа. Нема срам. Нема почит. Нема верба. Нема љубов. А зошто би имало човечност?! Даниела Алексова III9
12
Победа Одиш понатаму... Насмевнат, среќен, исполнет, свој... Тотално свој. Во некој свој свет. Мртов свет. Правот ти го забавува дишењето. Маглата ти го заматува видот. Студот ти го одзема гласот. Патуваш... Се наближуваш кон целта. Кон пропаста. Страдаш во себе. Но не се предаваш. А знам... добро знам кој си и што си. Знам зошто не спијам со ноќи. Знам кој не ти дава мир, спокој. Спокој?! Зарем ти заслужи спокој... Не! Тоа сум што сум. Таа сум која што треба да сум. А ти... Дави се. Гуши се. Пропаѓај. Уште само една препрека и победата е моја. Само моја! Даниела Алексова III9
13
Променлива кукавица Што леташ високо кога пак ќе паднеш ниско, што ги шириш крилјата кога пак ќе ти ги сокршат, не играј си со маглата на мојот сив живот, зошто и ти ќе престанеш воздишка да бараш. Не ли беше доволно што празно ме познаваше, не ли беше проблемот за што и да преземеше, еднаш зборуваш едно, а друг пат шепотиш друго, колку си променлива ти тешка судбино. Те мразам и презирам внатре во розовото, испукај како куршум на ластовичен глас, и така ти често со поглед ме убиваше, ти свртувам грб тебе, променлива кукавицо. Судбино моја, оди си далеко од мене, ведни глава пред човек кој заслужува лага, јас и така се научив како се чува скап бисер, научив да го чувам образот од променлива кукавица. Марина Ристова IV2
14
Лекови Само тоа што можам да го доживеам, само тоа вие го нарекувате процес, а онаа што се уште не сум го видела, а ме боли тоа нели е за лекување одговорете ми денови. Штом ме боли душата барам најскап лек, го пијам се додека не престане болката, а кога некој ќе се осмели да ме праша зошто, се однесувам како изгубен куршум од галебов клун. Лекови сте вие или некој чуден отров, за да си олеснам себе, читам ваше упатство, подобро спречи откако да продолжиш на лечиш, така ми вели времето кој е мојот непријател. Кому Боже сега јас можам да се обратам, сите се свртени со грбот и се смеат длабоко, никој не ја забележува мојата впечатлива душа, лековите постојат но не се за мојата болка. Марина Ристова IV2
15
Темнина Самрак! Тишина! Доаѓа глува темнина... А ти, каде си? Пак глува темнина! Те нема... ги подавам рацете, но не можам да те дофатам. Каде си? Те нема! Пак тишина... Веќе е темнина длабока глува темнина, А јас пак сум сама со неа. Силвана Ѓузелова IV1
16
Те сакам само тебе Темно е! Есенска ноќ... Седам во собата сама, а тебе те нема и чувствувам... како да ми велиш: ах, зошто си сама? мила моја... Срцето ми плаче, а утеха немам ме носи тага од љубовта твоја. Те сакам! единствено само тебе биди ми верен единствено мене... Ивана Стојанова I9
17
Остани Биди овде уште момент, два. Биди со мене. Дозволи ми да се збогувам со тебе. Дозволи да се фрлам во твојата прегратка, за последен пат. Да се опијам од слаткиот мирис. Да се наситам од твоите бакнежи. Да се предадам на твоите погледи. Дозволи ми. Нежно допри ме. Милувај ме. Поведи ме со страст кон небесата. Заиграј со месечината. Измами насмевка на моето лице уште еднаш. Имај ме. Наскоро ни тоа ќе го нема. Ниту мене ниту тебе. Ниту нас. Сѐ ќе стивне. Ќе се заледи. Сивилото ќе го обои светот во ново. А ти?! Ти ќе си далеку некаде. Среќен или тажен? Сам или со некого? Вљубен или изгубен? Сеедно. Нема да си со мене. Даниела Алексова III9
18
Животот е краток Немој да бидеш за себе строг подари си важност и живеј ко Бог. Сѐ минува, сѐ се менува и розата која цути овенува. Ако сам не знаеш да се цениш, верувај вечно ќе венеш. Не барај поддршка од секого, вистински пријател ти е само некого. Живеј онака како ти најдобро знаеш, животот е краток и нема време да се каеш, изгубеното време не се враќа, но тоа секој покасно го сфаќа. Еден оган кој гори за светлината негова треба да се бори. Огнот не гаси го со сила наспроти тоа подари му крила крилјата негови со златен сјај, кога ќе погледнеш во него вистински рај. Немој да ја изгубиш животната светлина која свети, никој таква не може да ти вети. Рајот на вистината не уништувај го, кога ти е најтешко посакувај го. Не откажувај се... Застани и поддржувај се! 19
Човек е една солза која паѓа умира и пак се раѓа. Топла е човечката солза, а уште потопла кога е во вистинска полза. Знаеш ли во светот колку народи страдаат, колку народ и семејства се распаѓаат: Затоа наместо солза, подари насмевка своја, сигурно некому од корист ќе му биде тоа! Габи Кирова II8
20
Книга Повторно ги вртам страниците на мојата животна книга, исполнети токму со нашата љубов. Спомени, болка, солзи, замор, неверување... Повторно се предавам на сеќавањето. Не добивам ништо, но губам се... Повторно, повторно и повторно ги листам страниците на нашата љубов. Пробувам да ги скинам, но не се кинат. Пробувам да ги избришам, но не се бришат. Ги навлажнувам со врелите солзи и студената пот. Попусто, сѐ е попусто. Поглед кон креветот... Овде спиеше ти... Поглед кон прозорецот... Овде пушеше ти... Поглед кон подот... Овде ме милуваше ти... Поглед кон постелата... Овде ме бакнуваше ти... Поглед кон вратата... Овде се смееше ти... Поглед кон перницата... Ми ја подари ти... Сѐ е твое... Се ти припаѓа тебе и само тебе. Доволно беше само еден збор... крај за да се распарчам... Како да заминав од овој свет. Зошто секогаш кога ја затворам книгата, корицата сама се отвора и ме тера повторно да читам, читам и читам?! Даниела Алексова III9
21
Талкам во место Талкам во место со поглед насочен кон земјата. Црна е и сува... Испиена... Проклето неподнослива. Нѐ дели. Претставува граница помеѓу нас. Ја милувам со стапалата, а бесот во мене расне. Гори. Ме јадосува. Ги рашири своите раце и те грабна. Те повлече во бедата, подарувајќи ти само мрак и тишина. Ме остави сама. Потполно сама. Не знаејќи што сум, каде сум... Одвратен миг, соочување со реалноста. Боли. Неизмерно многу боли. Немам иднина. Немам ниту пак сегашност. Сѐ се сврте кон минатото. Ништо нема да е како порано... Даниела Алексова III9
22
Повторно И повторно солзата го шара белиот лист, повторно солзата дава влажност на моето лице, ги прочистува моите тажни очи, но не и моето осамено срце... Каде отидов среќната јас? Каде замина онаа насмевка кој ретко ја немаше?.. Зошто одеднаш се сменив? зошто одеднаш тоа порано што го ценев сега не го ценам? Како минува времето се менувам и јас… Но што добивам од сето тоа? Повеќе болки, страдања? Чудно чувство! Знаеш едно од тие проклети чувства што не можеш да ги опишеш... а те убиваат... Колку знае да те надвладее оваа осаменост и тага... ти стануваа како навика, зависност! И како да не можеш да се спасиш... а не бараш спас, зошто знаеш дека го нема... И полека прифаќаш како што е. Оваа моја бедна ситуација воопшто не ми се допаѓа... Како бездна е... која има почеток, а нема крај, Пропаст, која нема површина, а има преболно дно. Мизерија која ја чувствуваш насекаде и секогаш, Која прави празнина, една огромна озонска дупка во градите. Бегаш од среќата, а иташ кон замката со депресија... Се прашуваш што треба да се направи, за да се решат проблемите што режат? Немаш излез, се наоѓаш пред железни порти 23
заклучени со клуч на старото „јас” и безброј синџири... Се наоѓаш на средина од холокаустот, На почетокот од хаотичните мисли, Кои те излудуваат сѐ повеќе и повеќе... Бараш личност, што ќе ти подаде рака, Или клоца но само да те дигне... Јас знам дека ќе помине... но до тогаш? Само ќе гледам да вратам еден мал дел од загубената среќа... или барем да направам само така да изгледа! Милена Косиќ III9
24
Минато Каква приказна си ти реалност без верување, каков сон си ти поддршка без олеснување, кога чекореше да ме достигнеш мене, мислеше ли ти минато на изгубеното време. Јас ги листев страниците на изгубениот чин, внатре во суштината ти беше голем џин, никој никогаш не би те поднел кукавички, вие со судбината се однесувате нечовечки. Сега боли тој чад што тешко го вдишуваш, те допира до градите па твојот траг го лишуваш, а како беше со мене толку ладен и збунувачки, кога јас те сметав за минато, а толку заплашувачки. Минато да те напишам редови ќе немам, оди си додека мастилото го земам, ќе тагуваш ако со израз не те заклучам, само така верувај засекогаш ќе те замолчам. Марина Ристова IV2
25
Љубов Повторно се смешкам онака од срце, повторно можам да го почувствувам мирисот на љубовта и вкусот на страста. Сега можам да вдишам без да се плашам дали тоа ќе ми биде последниот здив. Ја чувствувам повторно природата, нејзините допири, нејзините опојни магии, ѕвездите никогаш не биле толку сјајни и толку близу, дрвјата никогаш порано не играле толку занесно од музиката на ветерот, сонцето никогаш порано не беше толку весело, бојата на љубовта никогаш не била толку црвена. Моите очи одамна не беа исполнети со среќа, мојата насмевка веќе не е лажна, моите зборови не се само зборови, всушност се многу чувства, малку зборови... ете размислувам како да го опишам сега тоа: кога здивот ќе ти застане, а погледот ќе се вкочани, кога телото ќе трепери и ќе не може да се смири, кога гласот ќе замре и ќе нема потреба од зборови, кога ќе бидеш сигурна дека празнината меѓу прстите била создадена за токму тој да биде вистинскиот што ќе ја исполни, кога ќе бидеш тажна и разочарана тој да биде причината да продолжиш.... кога нема да е до тебе, а сѐ уште ќе ја чувствуваш неговата заштитничка прегратка и врелиот бакнеж. И кога секогаш ќе ги затвориш очите ги гледаш неговите очиња во боја на лешник... Како би го опишал ти сето тоа? Јас ќе пробам да бидам кратка и ќе речам: љубов! Милена Косиќ III9 26
Мед и јаболко Една лажица мед споредена со живот, еден гриз од јаболко спореден со судбината, медот лесно се лизга по грлото ба чувствата, а сечилото го сече овенатото јаболко. Медот е сладок додека го бараш, кога ќе го пронајдеш тој веќе е вкусен, штом ќе го вкусиш веќе не е потребен, тој е добар за луѓето што знаат колку вреди. Сечилото го нурнуваш длабоко во јаболкото, сечеш се додека не пушти сладок сок, кога ќе го пресечеш на две еднакви парчиња, гледаш црв го изел и изгасната е желбата. Медот и јаболкото се најсреќни кучиња, се грижат за себе во својата сочност, слатки сè додека не посакаш да пробаш, кога ги вкусуваш, гориш додека постоиш. Марина Ристова IV2
27
Пак скршена Пак скршена... Од неброено кристално чисти лаги, Потопена во најужасното кралско вино, Пишувајќи со најскапото пенкало... но без инспирација! Бришејќи ги траговите од мизерниот живот, но бесмислено! Оставам траги од гумата... Правејќи реална слика во мојата фантазија, Толку реалистични соништа... И толку човечка вистинска прикриена изопаченост... Демнат по секој мој чекор како сенка, како одраз во огледало, како рефлексија во вода... Слатки се како мед. Толку лепливи... И додека се насладуваш... влегуваат под кожа... А срце како лед, како огромна санта мраз. И додека да сфатиш дека си блиско до неа и пробуваш да свртиш... Отишло сѐ... Едно малечко делче се скршило... Доволно за да потонеш... Имаат насмевка секогаш. Обична крива линија. Да. Крива е. Буквално крива, за да се скрие ладнокрвноста и рамнодушноста! Шминка, руж! Да се скрие бледоста на нивното збрчкано лице! Лицемерна прегратка, а би те претепале до смрт, и би те оставиле полека и бавно да тлееш... Колку слатки зборови, ха! Со спротивно значење, секако! 28
Кревка сум, а се чувствував кучка! Осамена сум, а се чувствував безгрижно. Истоштена сум, а бев како извор на енергија! Се чувствувам поспано и желно за сон, а се чувствував како ноќна птица! Бев вистински насмеана, а сега Сѐ... Освен вистински насмеана! СЕ плашам да не станам како нив! Е тогаш сѐ ќе е безвредно...Се прашувам дали тие се чувствуваат така? Или немаат чувства? Барем една добра човечка особина? Милена Косиќ III9
29
Врати ми го животот Стојам сама на облак црн од неволји и се сеќавам на се што некогаш вредеше. Да сакаш е тешко, но да го преболиш саканиот е уште потешко. Дали да те сакам? Или да те заборавам? Ми го скрши срцето, но тоа повеќе не е важно, Бидејќи она најубавото во животот, може да се добие само по цена на голема болка. Моето срце е полно со празнина, како јаглен е црно, и од љубовта веќе не остана ни трошка. Слободно остави ме, но пред да си заминеш врати ми. Врати ми го животот. Сакам да живеам неколку години наназад. Ивана Ѓоргиева I8
30
Безнадежна љубов Моето срце чука за тебе Моето тело трепери за тебе Моите усни зборуваат за тебе Мојот живот ти го подарив тебе Ништо и ништо не оставив за себе. Во ноќта темна ѕвездите шепотеа Само и само да не плачам ме молеа. Но јас плачев како мало дете... А, месечината тогаш прозбори: ,,Вистинската љубов мора да победи’’ Но, постои ли љубовта за да победи? Има ли некој да ме утеши? Затоа ли постои љубовта па затоа сме повредени? Има ли некој да ми одговори? Нема... Остана ноќта долга и мојата безнадежна љубов кон тебе. Ева Маткова IV6
31
Твоето заминување Зошто замина баш тогаш кога ми беше сė А ја пиев слатко твојата лага Тебе ти подарив сė, А добив игра и лага. Зошто замина и ме остави со надеж, А за тебе сонував уште од неодамна Зошто замина и не погледна назад А бев клекната на колена цели години три. Ништо не гледав освен тебе. Зошто замина, а знаеше дека тоа доживотно ќе ме пече?! Си продолжи понатаму, а остана меѓу нас многу што да се рече. Ева Маткова IV6
32
Најсветла ѕвездо Облаците алови тајните ги кријат Срцата наши немирно бијат, Сонцето заоѓа, поглед ни краси, Отвора простор, спокој ни носи. А твоите коси блескаат сјајно. За што ли размислуваш моја мила тајно? Очите твои ко морето сино, Усните твои румено вино, Дланките наши споени ко една, Со тебе би поминал длабока бездна. Во мрачниот крстопат патоказ си мој, Најсветла ѕвездо, отсјај сум твој. Васко Василев IV9
33
Содржина Низа............................................................... 3 Животна срамежливост.................................. 4 Дар од Бога ................................................... 5 Љубовна приказна ......................................... 6 Сакана ........................................................... 7 Надеж ............................................................ 8 Над морски бездни ........................................ 9 Што си ако не си љубов................................10 Светлосен облик ...........................................11 Зар и ти си дел од нив ..................................12 Победа..........................................................13 Променлива кукавица ...................................14 Лекови ..........................................................15 Темнина ........................................................16 Те сакам само тебе .......................................17 Остани ..........................................................18 Животот е краток..........................................19 Книга ............................................................21 Талкам во место ...........................................22 Повторно ......................................................23 Минато..........................................................25 Љубов...........................................................26 Мед и јаболко ...............................................27 Пак скршена .................................................28 Врати ми го животот .....................................30 Безнадежна љубов........................................31 Твоето заминување.......................................32 Најсветла ѕвездо...........................................33 Најсветла ѕвездо...........................................33
34
Литературната секција при нашето училиште досега ги има издадено следниве стихозбирки: 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
-
Нива, а во нивата плодови Како нежен ветрец, како росно цвеќе Желби, солзи и спомени По стапките на радоста, во сенката на љубовта - Мирисот на ружите - Од изворот до утоката - Тивки чекори под сонцето - Ноќта ја покрива тишината, ѕвездите ја плетат судбината - Месечината е сведок на нашата љубов - Тајни љубовни - Птица што лета над моето небо - Моите солзи се ронат како бисери - Виножито и љубов - Море направено од солзи - Постела од ѕвезди - Нашите сказни - Лозинка за тајната - Низ лавиринтот на љубовта - Љубовни приказни
Издава: Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица Директор: Слободан Вета Уредници: Софија Давчева Ице Беличев Танка Божинова Магдалена Ѓоргева
Техничко опремување: Трајан Божинов Корици: Ленче Герова
36
СТРУМИЦА, 2012, АПРИЛ