Makedonski jazik i literatura III godina

Page 1

Trajan Bo`inov Текстови од пдф. презентации на содржините по Македонски јазик и литература

III година средно стручно четиригодишно образование


Последни исправки на 22. 05. 2011 1


КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК .......................... 5 ПРЕГЛЕД НА РАЗВИТОКОТ НА ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК................................................................................................ 5 ПРЕГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ ВО ГРАМАТИЧКИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ............................................................................................... 6 СИНТАКСАТА КАКО ДЕЛ ОД ГРАМАТИКАТА............................................................... 7 ПРОСТА РЕЧЕНИЦА – ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА....................................................... 8 ПРИРОК – ГЛАГОЛСКИ И ИМЕНСКИ .............................................................................. 10 ПОДМЕТ – ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИИ.................................................................................. 11 СОГЛАСУВАЊЕ МЕЃУ ПОДМЕТОТ И ПРИРОКОТ....................................................... 12 МОДАЛНА КАРАКТЕРИСТИКА НА РЕЧЕНИЦАТА ...................................................... 13 АКТИВНИ И ПАСИВНИ РЕЧЕНИЦИ ................................................................................ 13 БЕЗЛИЧНИ РЕЧЕНИЦИ........................................................................................................ 14 НЕГАЦИЈА ............................................................................................................................. 15 НЕОПХОДНИ РЕЧЕНИЧКИ ЧЛЕНОВИ ............................................................................ 15 ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ПРЕДМЕТ........................................................................... 16 ПРЕДМЕТ СО ПРЕДЛОГ – ПРЕДЛОШКИ ПРЕДМЕТ ..................................................... 17 ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ................................................................................................... 18 АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА .................................................................................................... 19 РЕЧЕНИЧКИ СООДВЕТНИЦИ (ЕКВИВАЛЕНТИ)........................................................... 20 СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ – СВРЗНИЧКИ И БЕСВРЗНИЧКИ............................................ 21 СОСТАВНИ (КОПУЛАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ....................... 21 СПРОТИВНИ (АДВЕРСАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ................... 22 РАЗДЕЛНИ (ДИСЈУНКТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ....................... 22 ИСКЛУЧНИ (ЕКСКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 23 ЗАКЛУЧНИ (КОНКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 23 ВРЕМЕНСКИ (ТЕМПОРАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ............................. 23 ПРИЧИНСКИ (КАУЗАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ................................... 24 ПОСЛЕДИЧНИ (КОНСЕКУТИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ .................... 25 ЦЕЛНИ (ФИНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ............................................... 25 УСЛОВНИ (КОНДИЦИОНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ........................ 26 ДОПУСНИ (КОНЦЕСИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ................................. 27 НАЧИНСКИ (МОДАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ...................................... 28 ЕСЕЈ ........................................................................................................................................ 28 ОСОБЕНОСТА И ОЧУДЕНОСТА НА ДРАМСКОТО/ТЕАТАРСКОТО ПАМЕТЕЊЕ ............................................................ 29 РЕАЛИЗАМ – ПОЈАВА, ОСОБЕНОСТИ, ПРЕТСТАВНИЦИ ................................... 29 ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК (1799 – 1850) ....................................................................................... 31 ФЈОДОР М. ДОСТОЕВСКИ (1821 – 1881) .......................................................................... 33 ЛЕВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ (1828 – 1910) .................................................................... 35 МОДЕРНАТА ВО СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА........................................................... 37 ЕДГАР АЛАН ПО (1809 – 1849) ........................................................................................... 38 ШАРЛ БОДЛЕР (1821 – 1867)............................................................................................... 40 МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА КОН КРАЈОТ НА 19. И ПОЧЕТОКОТ НА 20. ВЕК ................................................................................. 41 МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829 – 1920) ...................................................................................... 43 ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ (1875 - 1951) ........................................................................... 44 МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ ................... 47 2


ВАСИЛ ИЉОСКИ (1902-1995) ............................................................................................. 48 АНТОН ПАНОВ (1906 - 1968) .............................................................................................. 50 РИСТО КРЛЕ (1900 - 1975) ................................................................................................... 52 КОЧО РАЦИН (1908 - 1943).................................................................................................. 54 ВЕНКО МАРКОВСКИ (1915 - 1988) .................................................................................... 57 КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ (1912 - 1942) .................................................................................. 59 МАКЕДОНСКИ ДВОДОМНИ ПИСАТЕЛИ ....................................................................... 61 НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ (1909 - 1942) ................................................................... 63 МИТЕ БОГОЕВСКИ (1919 - 1942)........................................................................................ 65 АЦО КАРАМАНОВ (1927 - 1944) ........................................................................................ 66 ПОВОЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА .................................................................. 67 СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (1920 - 2000) ..................................................................................... 67 СТАЛЕ ПОПОВ (1902 - 1965) ............................................................................................... 69 ЃОРЃИ АБАЏИЕВ (1910 - 1963) ........................................................................................... 71

3


ДОБРОДОЈДОВТЕ!

На презентациите од содржините по Македонски јазик и литература за трета година на средното стручно образование. Презентациите се работени според програмата за четиригодишно образование изготвена од Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Граматичкиот дел е работен според содржините од учебникот Македонски јазик за средно образование (Стојка Бојковска, Лилјана Минова Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски; Просветно дело). Делот од литература е пишуван според материјали од различни извори најчесто од Википедија на македонски и други јазици. Презентацииве се продолжение на оние од втора година чиј опит ми беше драгоцен при обликувањето на содржините. Слајдовите се групирани од по неколку и сите завршуваат со по некоја поука (најчесто од Светото писмо), или со цитат од некој автор или извадок од литературно дело. При обработката на материјалите е користена програмата за презентации и текстови на Softmaker office, една многу едноставна и симпатична програма. Презентациите и текстовите направени од нив, можат слободно да се користат со печатење без ограничување (освен за комерцијални цели). Повеќе објаснување на мојот блог: trajan-vapcar.blogspot.com. Со среќа! Трајан Божинов

4


КОДИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

Последна етапа од развојот на современиот македонски јазик настанува за време на Втората светска војна и непосредно по неа, кога се зацврстуваат основите на стандардниот јазик и кога тој се кодифицира со донесување на Резолуциите за азбуката и правописот. Во текот на Народноослободителната војна (1941-1945), конечно нашиот јазик можел слободно да се користи и на него да се пишуваат разните прогласи, летоци и други материјали. Иако без усвоени правила и азбука, во сите документи бил видлив стремежот да се пишува на јазик со наддијалектна основа и кој ќе биде разбирлив во сите делови на Македонија. Во тоа особено бил користен опитот на нашите писатели и поети меѓу Двете светски војни. Вековниот сон на македонскиот народ за своја државност била отелотворена со свикување на Првото заседание на АСНОМ (на Илинден 1944, во манастирот Св. Прохор Пчински) и донесените решенија. Едно од тие решенија е прогласување на македонскиот јазик како службен во Федерална Македонија. Непосредно по ослободувањето на земјата, со одлука на Президиумот на АСНОМ била формирана Комисија која требало да изготви азбука и правопис на македонскиот јазик. По повеќемесечна работа (со формирање на нова Комисија) на Владата на Федерална Македонија ѝ била поднесена Предлог резолуција за азбуката на 3 мај 1945 година, која на 5 мај била прифатена од Владата. Правописот бил озаконет на 7 јуни 1945 година. Цитат за овој час: Долгот кон татковината и народот, до неговото исполнување, се вика народен идеал и кон неговото исполнување треба да се стреми секој свесен човек... Мисирков ПРЕГЛЕД НА РАЗВИТОКОТ НА ГЛАСОВНИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Во текот на својот развој гласовниот систем на нашиот јазик минал низ повеќе периоди во кои настанале сериозни промени во неговата структура. Стариот гласовен систем бил посложен, како во поглед на согласките и самогласките, така и во поглед на гласовните промени (повеќе видови палатализации, јотување и сл.). Стариот јазик познавал 11 самогласки (а, е, и, о, у, ѫ, ѧ э, ь, ъ, ы) кои се разликувале според: 1. Местото на образувањето (вокали од преден и вокали од заден ред); 2. Висината на изговорот (со пет степени на изговор, од највисоки до најниски вокали); 3. Должината на изговорот на вокалите: (тие биле долги (а, и, у, ѫ, ѧ э, ы), кратки вокали, (е, о) и редуцирани (еровите ь, ъ). Сите слогови биле отворени – завршувале на вокал: тьмница,сънъ дьнь. (Спореди во современиот јапонски: Јасунари Кавабата, Кавасаки, Хокаидо). 5


Во развојот на вокалниот систем на старословенскиот (старомакедонскиот) јазик одбележуваме три фази: Во првата фаза (10. -11. век) еровите во т.н. слаба позиција се губеле: тьмница, додека во т.н. јака позиција станувале е, односно о: дьнь→ден сънъ→сон).Токму губењето на еровите била причина да се растрои структурата на отворени слогови. Во втората фаза (12. – 13. век) се губи носниот изговор на ѧ и ѫ и поминале во е, односно во а, додека ы поминува во и; пѧт- пет; рѫка - рака, рыба - риба. Во третата фаза (15. – 16. век) се губи широкиот изговор на э и тоа поминува во е: млэко – млеко. По овие и некои други промени (губењето на вокалното л), се востановил современиот изглед на вокалниот систем составен од петте самогласки: а, е, и, о, у. Консонантскиот систем на нашиот стар јазик исто така имал сложена градба. Покрај поделбата по место на образување, по начинот на образување и по звучност, согласките се разликувале (и образувале парови) и според мекоста. Постоеле меки и тврди согласки. Со помош на некои гласовни промени (палатализации) одредени тврди согласки (к, г, х) поминувале во сродни меки (ч, ж, ш, односно ц, ѕ, с). Спореди: јунакк-јунач че-јунац ци; богг-бож же-боѕѕи; духх-душ ша-дусси). Кога системот на меки и тврди согласки почнал да се растројува, започнало затврдувањето на меките согласки која е важна особеност на современиот гласовен систем на нашиот јазик. Како нова фонема се појавила џ, а се изгубила щ (шт). Поука за овој час: Не прави зло, и зло нема да те постигне, бегај од неправдата и неправдата ќе избега од тебе. 7. 1. 2 ПРЕГЛЕД НА ПРОМЕНИТЕ ВО ГРАМАТИЧКИОТ СИСТЕМ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Во развојот на граматичкиот систем на нашиот јазик исто така се одиграле промени кои во основа ја промениле неговата структура. Со губењето на деклинацијата (падежните форми) и појавата на членот (под влијание на балканските несловенски јазици), нашиот јазик од синтетички тип поминал во јазик од аналитички тип. Во стариот јазик односите меѓу деловите на реченицата се искажувале со падежи (постоеле седум на број). Во современиот јазик остатоци од падежите наоѓаме кај формите на личните заменки (јас, мене ме, мене ми и сл. кои ги 6


користиме за означување на директен и индиректен предмет), и во формите за повикување кај именките (Марија, Маријо!). Во системот на именките постоеле повеќе основи (со тврда и мека промена). Кај придавките постоела проста и сложена промена (добра добра и добра добрая я). Системот на заменки исто така бил разгранет со мноштво форми. Од постпозитивната употреба на показната заменка тъ тъ, та та, то то, подоцна ќе настане членот: рабътъ, жената, детето. Особено бил раширен системот на глаголските форми. Постоеле инфинитив (гледати гледати гледати) и супин (идѫ ловитъ рыби). Постоеле пет вида партиципи кои се менувале по падежи, од кои денес останале глаголската придавка на -н, -на, -но, -ни; и -т, -та, -то, -ти; глаголскиот прилог на –јќи, и глаголската л-форма, која се користи за образување на повеќе глаголски форми. Од трите видови аорист (прв и втор сигматски и асигматски), во современиот јазик останал само еден во кој има форми од трите. Се чува и имперфектот. Се појавиле и нови глаголски конструкции образувани со помошните глаголи сум и има (сум дојден, бев дојден; имам носено, сме имале носено). Поука за овој час: Од гревот бегај како од змија ако му се приближиш, тој ќе те касне. 21. 2 СИНТАКСАТА КАКО ДЕЛ ОД ГРАМАТИКАТА

Синтаксата е дел од граматиката што се занимава со можностите на зборовите да се поврзуваат меѓу себе и притоа да создаваат поголеми јазични целости. Зборот синтакса е од туѓо (грчко) потекло и значи составување, редење (на зборовите). Во основа синтаксата тргнува од зборовите и нивните форми и притоа ги утврдува правилата според кои тие се поврзуваат. Основна единица со кои се оперира во синтаксата е реченицата (простата и проширената). Помала единица од реченицата е именската група (синтагмата), а поголема е сложената реченица. Сите тие се обединети во т.н. врзан текст кој, всушност, е текст изговорен или напишан. Во него наоѓаме мноштво од именски групи и разни видови реченици (прости и проширени, и сложени). Српска историја од 19 век: Македонците се најстар народ, Србите и Бугарите дојденци ...На страницата 163, се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски Полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг, престојувале во овие земји. „Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото Море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина... Преземено од Нова Македонија, 18 . 08. 2009 7


Во наведениов текст имаме повеќе реченици преку кои може да се види што сакал да ни каже авторот на статијата. Исто така ги откриваме обележјата на именските групи и речениците. Реченицата (проста и проширена) е основна синтаксичка единица која содржи прирок (глагол во лична форма), како и други делови (најчесто подмет и додатоци на прирокот или подметот). Тие доаѓаат на прашањата: кој го врши дејството?, кој го трпи дејството?, кога се врши дејството?, каде се врши дејството? и т.н. Именската група (синтагмата) може да ја имаат сите делови на реченицата, освен прирокот (Белото Море). Сложената реченица содржи две или повеќе прости или проширени реченици, односно два или повеќе прироци. Врзаниот текст е надреченична целост и содржи повеќе реченици. Сите литературни дела, сите новинарски написи, сите научни трудови и т.н., се форми на општење, но во исто време се и врзани текстови. Поука за овој час: Колецот се забива меѓу два камења. Меѓу продавањето и купувањето гревот се вовлекува. 10. 04 ПРОСТА РЕЧЕНИЦА – ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА

Одделните зборови како лексички единици и покрај своето посебно значење, не се доволни за да го искажеме целосно она што го мислиме. Само во состав со други зборови поврзани меѓу себе, ги искажуваме нашите мисли и остваруваме општење со други луѓе. Зборовите оган!, пожар!, крај!, изговорени со посебна интонација можат да даваат некаква информација, но за целосна комуникација (општење) е потребно да има и личноглаголска форма (прирок). Услов за образување на реченицата е постоењето на глагол во лична форма (прирок). Петре се радува радува. Ние можеме повеќе. На чекор сме до победата. Сепак, за комплетна реченица е потребно да има и други делови како што се подметот и додатоците. Прирокот во реченицата пред себе и зад себе отвора простор за други именски групи. На пр. Најдобрите македонски фудбалери Пандев, Стојков и Попов учеа во нашето училиште. Способноста на прирокот да отвора празни места пред и зад себе, за други делови на реченицата се вика валентност. Од валентноста на глаголот зависи дали реченицата ќе има една, две или повеќе именски групи, односно делови. На пр. глаголот плаче е едновалентен (Стариот плаче), а даде е тривалентен (Новата учителка ни даде книги).

8


Проширената реченица како и простата, има само еден прирок (лична глаголска форма) и затоа не треба да се одделува како посебен вид реченици. За разлика од нив, сложената реченица има два или повеќе прирока. Простата реченица ги има следниве особености: Таа е централна (основна) синтаксичка единица; нејзин основен (главен) дел е глаголот во лична форма (прирокот, предикатот); Со прирокот се искажуваат дејства, состојби, околности, кои се поврзуваат со вршители или трпители на тие дејства, состојби и сл. Прирокот има способност да отвора пред и зад себе празни места и да врзува други делови од реченицата. Таа особеност на прирокот е наречена валентност и во различни јазици може да биде различна. Со реченицата се искажува одредена информација. Тоа значи дека таа има своја содржина. Информацијата може да биде искажана или примена на поинаков начин во зависност од околностите во кои се предава или прима. Важна улога во изговорот на простата реченица има основниот тон со кој се предава, наречен интонација. Таа се јавува во три разновидности: расказна интонација - се става точка (.) на крајот на реченицата; прашална - со прашалник (?) и извична - со извичник (!) на крајот. Во граматичката структура на простата реченица, покрај прирокот, важна улога има и подметот (субјектот). Од подметот зависи, пак, формата на прирокот. Другите членови на простата реченица ги дообјаснуваат прирокот и подметот Од ставот на говорителот зависи како ќе се предаде содржината на информацијата. Таа информација може да се соопшти во вид на констатација:

Ние победивме. Истата информација може да се прикаже како прашање: Ние победивме? Најпосле, со истата реченица може да се искаже чудење: Ние победивме! Тоа значи дека секоја реченица има своја модална карактеристика во која до израз доаѓа, како што е погоре посочено, ставот на говорителот. Реченицата може да се разгледува и како дел од текстот. Во ваков случај таа се прилагодува спрема другите реченици и може некој нејзин дел да отпадне, за да нема повторување и сл. Поврзаноста со другите делови на текстот доведува до појава на елипса – испуштање на оние делови од реченицата кои се подразбираат во дадената ситуација. Поука за овој час: Кој фрла камен на птици – ќе ги избрка, а кој пријател навредува, пријателство расипува. 22. 22

9


ПРИРОК – ГЛАГОЛСКИ И ИМЕНСКИ

Прирокот (предикатот) е основен дел на реченицата. Заедно со подметот тие образуваат реченица и меѓусебно се усогласуваат. Прирокот може да биде глаголски и глаголско-именски. Глаголски се вика затоа е глагол во лична глаголска форма. Глаголскиот прирок може да биде прост и сложен. Простиот глаголски прирок, пак, може да биде:1.проста глаголска форма (Тој редовно игра кошарка.) или 2. сложена глаголска форма (Ние веќе бевме заминале порано; Таа ја имаше позајмено книгата.) Сложениот глаголски прирок содржи два глаголи од кои вториот е дел од да даконструкцијата и поблиску го објаснува прирокот. Во да-конструкцијата влегуваат т.н. фазни, модални и група со глаголот успее. Фазни ги викаме глаголите што означуваат фаза, етапа од текот на глаголското дејство. Тие може да означуваат почеток, продолжение или крај на глаголското дејство. Почнаа да доаѓаат првите гости; Продолжува да игра; Престана да зборува на час. Во модалните глаголи спаѓаат следниве глаголи: може, мора, смее, сака (= има желба). Можеме да излеземе на одмор; Ќе мора да учите повеќе; Не смееме да бегаме од час; Сакаше да каже нешто. Како модален се јавува и глаголот треба, кој е безличен и се јавува само во трето лице еднина и има форми за сите времиња: треба, ќе треба, требаше, ќе требаше и т.н. Треба да читате повеќе. Требало да дојде до сега. Третата група ја сочинуваат глаголите: успее, успева, се труди, настојува, се мачи, се обидува. Успеа да победи; Се мачи да заспие; Се труди да научи. Заедничко за сложениот глаголски прирок е што првиот глагол има лице, број и време; додека вториот глагол има лице и број и се јавува само во сегашно време: Почнав да пишувам; Сакал да помогне; Ќе можете да играте. Глаголот треба бидејќи е безличен, има форми само во трето лице еднина, но покажува и време, додека лицето и бројот го дополнува вториот глагол: треба да внимавате; требаше да одиме на излет; требало да пазаруваат. Меѓу двата прирока (глаголскиот и глаголско-именскиот се јавува т.н. аналитички налитички прирок, кој содржи глагол и именка во функција на директен предмет: прави обид (=се обидува); врши замена (=заменува): прави ограда (=оградува); води разговор (= разговара). Глаголско-именскиот прирок е составен од два дела: глагол-врска и именски дел. Како глагол-врска се јавува глаголот сум (биде, бидува), како и некои други глаголи (стане, станува, остане, останува и сл.). 10


Глаголот сум покрај улогата на глагол-врска (Тој е добар); се јавува и како помошен (Ти си научил) и како полнозначен глагол: (Македонија е (=се наоѓа) во средиштето на Балканот. И глаголско-именскиот прирок може да биде прост (да содржи само глаголврска) и сложен (со фазни, со модални и со глаголи од третата група): Тој стана учител; Ние мораме да станеме прваци; Тој престана да биде здодевен; Сакаше да биде трговец. Почнува да станува немирен; Продолжи да биде редовен на предавањата; Настојуваше да биде немилосрден кон непријателот. Именскиот дел од глаголско-именскиот прирок се однесува на подметот, го дообјаснува и се согласува со него. Во улога на именски дел се јавуваат: 1. придавки (описни, заменски, редни бројни придавки, односни): Таа е прекрасна; Не беше таков порано; Тој е првиот меѓу еднаквите; Тоа се дрвени огради. 2. именки сами или придружени од придавки: Тој е фаворит за наградата; Тие се паметни деца; 3. заменки: Кој е овој? Ти ситој. 4. броеви: Бројот е три. 5. прилози (сосема ретко): Како сте вие? Добро сме! Но и: Добри сме! Поука за овој час: Има ли меѓу сè што е создадено полошо од око лакомо? Затоа тоа солзи рони по сè што ќе види. 31. 15 ПОДМЕТ – ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИИ

Покрај прирокот, како втор главен дел во речениците (освен кај безличните, кај кој отсуствува) се јавува подметот. Честопати тој се изоставува, зашто од контекстот може да се дознае кој го врши, или на друг начин го покажува глаголското дејство или состојбата. Со подметот се означува: 1. вршител на дејство кај преодните глаголи во активните реченици: Возачот го запре автомобилот; 2. поднесувач/трпител на дејство во пасивните реченици: Гостите беа замолчани; 3. причинител (предизвикувач) на дејство: Бучавата им ги кинеше нервите. Со подметот се означуваат и носители на одредени состојби или особини: Тој беше разочаран; Старицата страдаше од реума. Улога на подмет најчесто вршат: 1. именките кои можат да бидат придружени од придавки или броеви: Вардар е најголемата наша река. Убавата девојка се огледува во огледалото. Третото дете беше син. 2. Заменките: Вие очекувате многу. 3. Придавките: Болниот брзо ќе оздрави. 4. Броевите: сами или придружени од заменки или именки: Трите сестри беа близначки и убавици. Тие двајцата задоцнија на часот. 11


Понекогаш функција на подмет може да вршат и цели односни реченици, како и да-конструкцијата: Кој лаже, и краде (лажгото лажгото и краде; Да се бега од часови не е добро (бегањето од часови не е добро). Поука за овој час: Кога си со големци, не прави се голем како нив, Кога зборува друг, не зборувај ти. 32. 11 СОГЛАСУВАЊЕ МЕЃУ ПОДМЕТОТ И ПРИРОКОТ

Согласувањето (конгруенцијата) означува можност зборовите во реченицата меѓу себе да се приспособуваат. Во нашиот јазик согласување по род, број и лице има меѓу подметот и прирокот. 1. Во поглед на согласувањето по лице, прирокот е во она лице кое е еднакво на лицето од подметот: Ти многу ми знаеш! Не е добро да се каже: Неколку луѓе бевме на прошетка; туку: Ние Ние, неколку луѓе, бевме на прошетка. Кога во една реченица имаме повеќе лица, тогаш првото лице има предност над второто и третото: Ние и вие отидовме на театар. 2. Согласување по род имаме кога прирокот е глаголската л-форма или кога во именскиот прирок имаме придавка: Александар дошол; Марија дошла; Детето е радосно. Колебање во согласувањето по род може да настане кога лицето е од женски пол, а функцијата или професијата е од машки род. Во вакви случаи пожелно е да се употреби именката од женски род. Неправилно е да се каже: Директорот закажала состанок; туку Директорката закажала состанок. 3. Согласувањето по број не остава можности за колебања. Ако подметот е во еднина и прирокот ќе биде во еднина и сл. Тој излезе предвреме. Во т.н. авторска множина се допушта лицето кое зборува за себе во множина и прирокот да биде во множина. Ние станавме рано. Кога се користи второ лице множина при обраќање од почит ги имаме следните случаи: Вие сте прекрасен (прирокот е глаголско-именски); Вие стигнавте порано (глаголски прирок). Ако подметот има форма на збирна множина и прирокот треба да биде во множина: Лисјето паѓаат пожолтени. Ако подметот е именка која покажува множество и прирокот треба да биде во множина: Група луѓе дојдоа кај нас. Ако една именка употребена како подмет е придружена од две придавки, ги имаме следниве случаи: Мојот и твој лаптоп се расипа (користиме еден лаптоп); Мојот и твојот лаптоп се расипаа (користиме два лаптопа). Ако две именки како подмет се придружени од една придавка, прирокот се јавува во множина: Нашето езеро и крајбрежје се најубавите пејзажи. Поука за овој час: Грижата за богатство телото го урива, Тагата по него сонот го одзема 31. 1 12


МОДАЛНА КАРАКТЕРИСТИКА НА РЕЧЕНИЦАТА

Модалноста ја разбираме како начин на изразување на говорителот, како негов личен став меѓу она што го соопштува и стварноста. Тој може да каже дека она што го тврди е реално да се изврши или не; дека е можно, неопходно или пожелно; да ги искажува своите чувства, да одречува и т.н. Форми преку кои говорителот го искажува својот став се заповедниот и можниот начин; глаголските форми за прекажување (на пр. идното прекажано време); одделните модални глаголи (може, треба, мора, смее и сл.); модалните зборови и изрази (сигурно, бездруго, во краен случај и сл.). Во општењето говорителот може да соопштува нешто, да прашува, да искажува желба или потреба, да потврдува или да одречува нешто и т.н. Така и речениците ги делиме на: 1. Расказни – во кои се соопштува за нешто, а дејството може да се одвива додека зборуваме или ќе случи во иднина, или веќе да завршило (Тој слуша внимателно. Се случило многу одамна. Ќе биде поубаво некогаш). 2. Желбени - во кои говорителот ги искажува своите душевни расположби (желби, радост, страв, чудење и сл.) и кои се изговараат со посебна интонација која ја бележиме со извичник (!) на крајот (Колку убаво изгледаш! Леле, што сторивте!). 3. Заповедни – во кои се искажува односот на говорителот да се изврши или не, дејството на глаголот (Не зборувајте гласно! Станете на постар човек). Заповедта може да се искаже и во поблага форма, преку некои глаголски времиња или со прашање (Ќе се откажеш од пушењето!; Ќе почнете ли да учите?). 3. Прашални – преку кои се бара одговор за нешто што ни е непознато. Се изговараат со посебна интонација и со прашалник (?) на крајот на реченицата (Што правите вие?; Зар повторно се разболе?). Во однос на тоа како ги поставуваме прашањата постојат три групи прашања: а. Прашања на кои одговорот е да или не, и при што се користат некои прашални честички (дали, зар, ли: Дали беше ти?); б. Прашања со користење на прашални заменки, заменски придавки прилози: Кој го кажа тоа?; Каков човек се ти? Каде одите?; в. Прашања со користење на или, при што се искажува и втора можност (Ќе гледаме фудбал или кошарка?). Постојат и т.н. реторски прашања со познат одговор. Поука за овој час: Кој зло прави – со зло му се враќа, иако не знае од каде ќе дојде. 27. 30 АКТИВНИ И ПАСИВНИ РЕЧЕНИЦИ

Кога ги разгледуваме речениците од аспект на подметот, речениците ги разликуваме по тоа дали подметот е вршител на глаголското дејство или негов трпител. 13


Кога во реченицата имаме преоден глагол, со подмет кој го врши дејството и со директен предмет кој го трпи дејството – станува збор за активна реченица (Класниот ги повика родителите). Ако тргнуваме не од вршителот на дејството, туку од трпителот и тој да биде ставен на прво место – тогаш станува збор за пасивна реченица (Родителите се повикани од класниот). Трпителот на дејството кој во активните реченици е директен предмет, во пасивните станува подмет – но сепак е трпител (поднесувач) на дејството. Вршителот на дејството во активните реченици кој е подмет, во пасивните станува предмет и се воведува со помош на предлогот од или изразот од страна на. На тој начин подметот станува предлошки објект. Прирокот во пасивните реченици се прави: 1. со помош на сум и глаголска придавка од глаголот во активната реченица (активна реченица: Класниот ги повика родителите; пасивна реченица: Родителите се повикани од класниот). 2. Со употреба на лична глаголска форма заедно кратката форма од повратната заменка се, наспроти активната реченица (активна реченица: Училиштето ја издава спортската сала; пасивна реченица: се издава спортската сала од (страна на) училиштето). Поука за овој час: Размислувањето е почеток на секоја работа, пред секоја работа потребен е совет. 37. 20 БЕЗЛИЧНИ РЕЧЕНИЦИ

Безличните реченици во споредба со другите немаат вршител на дејството, односно подмет. Прирокот во овие реченици се врзува со други делови, но не и со подмет. Кај овие реченици разликуваме две групи: 1. Безлични реченици со глаголски прирок; 2. безлични реченици со глаголско-именски прирок. И кај двете групи прирокот се јавува во трето лице еднина. 1. Во првата група безлични реченици среќаваме: а. Реченици со безлични глаголи: врне, студи, се смрачува... Се раздени со облаци. Некои од овие реченици се поврзуваат со лица и тогаш се јавува кратката заменска форма за индиректен предмет: Ми студи. б. Реченици со безлични форми од глаголи кои обично може да имаат форми за сите лица: гледа, оди, игра. Не се оди без пари. Тука влегуваат и глаголи кои ја опишува психофизиолошката состојба. Не ми се гледа веќе. в. Безлични реченици со глаголи кои ја одразуваат психофизиолошката состојба, но без повратната заменка се: Ми иде да плачам. Ме боли главата. г. Безлични реченици со глаголи употребени без повратната заменка се: Во селото гореше старата колиба. 14


д. Безлични реченици со глаголот има – се наречени и егзистенцијални: се тврди или се негира постоење на нешто или некого; Имало да биде! Нема аир од украдени пари. Има правда, ама бавно доаѓа. 2. Во групата реченици со глаголско-именски прирок, именскиот дел може да биде заменка (Ништо не е!); именка (Беше пладне); глаголска придавка (Ни е кажано кажано); прилог (Како Како е? Засега е добро!). Поука за овој час: Кој удира око, предизвикува солзи, а кој го удира срцето, чувство на болка предизвикува. 22. 21 НЕГАЦИЈА

Многу често во рамките на врзаниот текст, покрај потврдните реченици, се среќаваат и одречни. Потврдувањето и одрекувањето (негирањето) како појави заемно се надополнуваат. Негирањето го има во сите типови реченици (расказни, желбени, заповедни, прашални): Таа не беше на предавањето. Негацијата ја остваруваме со помош на: 1. Честичките не, ни, ниту: Ни јаде, ни на куче дава! 2. Одречни заменки (никој, ништо, ничиј); заменски придавки (никаков, никакви) и прилози (никаде, никогаш, никако): Никој не му можеше ништо. 3. Со некои претставки (префикси): не-, без-, де-, а- и сл. (немоќен, бездрвен, деблокада, аморален). 4. Со глаголи со вградена негација: Нема, забрани, стопира: Тој денес нема да дојде на работа. Во однос на бројот на одречните зборови во реченицата се разликуваат еднократна и повеќекратна негација. Татко му не знаеше за него. Никој ништо не рече. Кога имаме двојна негација, таа може да го засили одрекувањето, но во некои случаи може и да го поништи. Не смеете да не јадете (= можете, смеете да јадете). Во зависност од тоа дали негацијата се однесува на прирокот или друг член од реченицата, разликуваме реченичка и членска негација: Не знаеше да каже не! Сакаме пари за житото, а не брашно! Насилство, не! Во нашиот јазик постојат и зборови со вградена негација: заборави (= не се сети), одрече (= тврди дека не), стопира (не дозволи), одвај (= скоро не). Поука за овој час: Колку и да се кратки зборовите да и не тие бараат сериозна размисла. Питагора НЕОПХОДНИ РЕЧЕНИЧКИ ЧЛЕНОВИ

Иако прирокот и подметот се главни делови на реченицата, (а прирокот е дури и основен), сепак за оформување на целосна реченица се потребни и други членови (делови) кои поблиску ќе го определат прирокот. Така, многу често прирокот (глагол во лична форма) бара дополнување за тоа што прави 15


подметот, каде и кога се врши дејството и сл. Тие се наречени неопходни членови на реченицата. Тоа се предметите и прилошките определби. Во зависност од односот меѓу прирокот и именските делови на реченицата, предметите ги делиме на: директен, индиректен и предлошки предмет (предмет со предлог). ДИРЕКТЕН И ИНДИРЕКТЕН ПРЕДМЕТ

Директниот предмет (објект) е именски член во реченицата врз кој директно поминува глаголското дејство. Доаѓа на прашањата кого? и што? Јас видов луѓе. Вие читате весник. Анастасија напиша песни. Од примерите, кои се активни реченици, се гледа дека во нив нема предлог и дека глаголското дејство директно (непосредно) поминува врз предметот. Во утврдувањето што е подмет, а што предмет во реченицата, тргнуваме од прирокот. Во реченициве тој се согласува со зборовите јас, вие и Анастасија по лице, род и број - тие се подмет, додека со зборовите луѓе, весник и песни, не се согласува - тие се директен предмет. Во пасивните реченици директниот предмет станува подмет, иако и понатаму е трпител на дејството. Песните се напишани од Анастасија. Со индиректниот предмет (објект) се означува оној кому му е насочено дејството или пак ја именува целта на дејството. Им даде на учениците домашна задача. Ѝ се пофали на баба му за петката. Ни дадоа на знаење. Овој предмет се вика и на-предмет, зашто речиси редовно оди со предлогот на, освен кога се користат формите за индиректен предмет од личните и личнопредметните заменки: нему, нејзе, ним, вам, некому и сл. (Му Му рече нему нему; Вам ви велам), иако во последно време и тие се придружени од предлогот на: на неа, на него, на кого.(На него му рече!? На вас ви велам!?). Во блиска сродност со овој предмет стои употребата на т.н. етички датив со кој се искажува понепосреден однос кон некого или нешто. Кажи си ја маката. Одвај оди со тие ми ти високи потпетици. Во наведениве примери речениците би можеле да стојат и без дативните форми, но би се изгубила нијансата на блискост, на интимност. Многу често во нашиот јазик имаме удвојување на директниот и индиректниот предмет и тоа е една од неговите особености. Удвојувањето се врши со помош на кратките заменски форми за директен предмет (ме, те, го, ја, нѐ, ве, ги, се) и за индиректен предмет (ми, ти, му, ѝ, ни, ви, им, си), и друг предмет од именка (или именска група), односно долга заменска форма: Го видов човекот / го видов него него; Им даде на децата / им даде ним. Доколку кратките заменски форми самостојно се употребат, тогаш немаме удвојување на предметот: Го видов; Им даде.

Удвојувањето на директниот предмет се врши: 1. Кога се користат истовремено долгите и кратките форми од личните заменки, односно повратната заменка (И 16


вас ве повикаа на свадба). 2. Со употреба на членувани именки или именски групи (Ги отвори насолзените очи). 3. Со употреба на показни заменки, сами или следени од именки (Го знам овој човек). 4. Со лични или географски имиња (Го сонуваше Белото Море). 5. Со односни заменки (Еве пријатна вест што ја очекуваме сите).

Нема удвојување на директниот предмет 1. Ако тој е нечленувана именка или именска група (Судијата повикал сведок сведок; Врати нови учебници). 2. Со прашалните заменки што, кој, каков и сл. речиси и да нема удвојување (Што барате?). Но во случаите како Кого сакате? и Кого го сакате? се прави извесна разлика во значењето. 3. Со одречните заменски форми (никој, ништо, никаков) почесто нема удвојување на директниот предмет (Никого не гледам). 4. Нема удвојување на директниот предмет со именска група во која е еден или пак неопределена заменка (некој, нешто и сл.): Најдовме еден стан; Ќе има некое зголемување на струјата. Индиректниот предмет се удвојува во следните случаи: 1. Кога се користат истовремено долгите и кратките форми од личните заменки, односно повратната заменка (Нему му рече). 2. Со употреба на членувани именки или именски групи (Му даде на непознатиот човек). 3. Со употреба на показни заменки, сами или придружени од именки (Секогаш им помагаше на овие деца). 4. Со лични или географски имиња (Му подвикна на Петрета). За разлика од кај директниот предмет, каде што се ретки или воопшто ги нема, кај индиректниот предмет се вообичаени удвојувањата со прашални и односни заменки (Кому му веруваш); со именски групи што го содржат еден (Им помогна на едни луѓе); како и со именски групи во кои има неопределени, општи или одречни заменски зборови: Некому му одговара хаосот; Секому му даваше вересија; Никому не му должи ништо. Удвојување имаме и со нечленувани именки: Како на туѓинец да му зборуваш! ПРЕДМЕТ СО ПРЕДЛОГ – ПРЕДЛОШКИ ПРЕДМЕТ

Предлошкиот предмет се вика така, затоа што за прирокот се врзува со предлог. Во таква улога можат да се јават сите предлози, па дури и предлогот на, ако не е дел од индиректниот предмет. Но и некои прилошки определби можат да се врзат за прирокот со предлог, така што понекогаш е нејасно дали станува за предлошки предмет или за прилошка определба во која има именка и предлог. Предлошкиот предмет во реченицата го откриваме на прашањата (во, на, по, без...) кого? (за лица) и што? (за предмети): Дојде со своите родители (со кого дојде?); Се сеќава на мене (на кого се сеќава?); Се бори за правда (за што се бори?); Работи без ракавици (без што работи?). Предлошкиот предмет составен од предлог и именка (или именска група) можеме да го замениме со тој предлог и долгата заменска форма: Пристигна со своите родители. - Пристигна со нив. Работеше без ракавици . - Работеше без нив нив. 17


Предлозите во предлошкиот предмет го губат своето основно значење и добиваат улога на сврзувач меѓу прирокот и именката. Некои предлози, како освен, против и сл. единствено се употребуваат во улога со предлошки предлог: Не видов друг освен тебе! Поука за овој час: Секогаш ќе се најдат очи и уши – отворени за туѓите тајни. Леонардо да Винчи ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ

Прилошките определби служат како дополненија на прирокот во реченицата. Со нив се објаснуваат околностите за одвивањето на глаголското дејство. Како прилошки определби се јавуваат: прилозите; именки (или именски групи со предлози); глаголски прилог. Доаѓаат на прашањата кога? каде? како? зошто? и сл. Овие се прилошките определби: 1. за место. Го определуваат местото каде што се врши глаголското дејство. Доаѓаат на прашањата каде? до каде? на каде? и сл. Се искажуваат со прилози за место, или со именки, односно именски групи и предлози: Тој влезе внатре внатре. Се врати од школо школо. Отиде во густата шума. 2. за време. Го определуваат времето кога се врши глаголското дејство. Доаѓаат на прашањата кога? од кога? до кога? и сл. Се искажуваат со прилози за време или ... со именки, односно именски групи и предлози: Ќе ти се јавам вечерва вечерва. Роден сум на Петровден Петровден. Има напредок на демократијата во минатата година. Понекогаш предлогот може да се изостави: Секој ден доаѓаше прв на училиште. 3. за начин. Го искажуваат начинот на кој се врши глаголското дејство. Доаѓаат на прашањата како?, на кој начин? Се искажуваат со прилози за начин (Се бореше храбро); со именки, односно именски групи и предлози (Учи со музика); со глаголски прилози (Раскажуваше смеејќи се); со фразеолошки изрази (Го фати на спиење); и преку споредба со како (Пее како славеј). 4. за количество и степен. Се искажуваат со прилози, или со именки, односно со именски групи и предлози, односно со фразеологизми. Доаѓаат на прашањата колку?, за колку и сл. Се залага многу многу. За една петка ќе беше одличен. Го нервираше до крајни граници. 5. за причина. Доаѓаат на прашањата зошто? од која причина?. Се користат именки со предлози: Не дојде поради болест. 6. за цел. Доаѓаат на прашањето со која цел? Се користат именки, односно именски групи и предлози: Не троши пари по кафеани кафеани. Работи за постигнување траен мир. 18


7. за услов. Доаѓаат на прашањето под кој услов? Се користат именки, односно именски групи и предлози: Без работа нема напредок. 8. за допуштање. Искажуваат (не)допуштање за извршување или неизвршување на глаголското дејство. И покрај заморот заморот, победивме на гостувањето. При сета своја желба желба, не успеа да стане писател. Цитат за овој час: Дипломатот е човек кој двапати ќе помисли, пред да не каже ништо. Винстон Черчил АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА

Покрај основните и неопходните членови на реченицата, постојат и такви кои не ја менуваат структурата на реченицата, туку служат за збогатување на нејзината содржина. Тие се наречени второстепени реченични членови. Тука спаѓаат атрибутот и апозицијата. Атрибутот е второстепен реченички член кој се поврзува со именките во реченицата и кој самостојно не може да постои. Врската меѓу атрибутот и именката може да биде согласувачка (нов дом) и управувачка (дом со нов мебел). Атрибутот определува некоја особина на именката. Како атрибут може да се јават придавки и именки (со предлози). Придавскиот атрибут може да биде: обичен (ако придавката е во своето основно значење: златен накит, сребрен прстен; или метафоричен (преносен) наречен епитет: златно дете, сребрени снегулки. По правило, атрибутот доаѓа пред именката: црно вино, бели заби, искршени прозорци. Кога редоследот е обратен, зборуваме за стилска обоеност (вино црно, заби бели) или за развиен атрибут (прозорци со искршени стакла). Во некои случаи атрибутот може да стои на различни места во реченицата, независно од именката на која се однесува. Тогаш тој се одделува со запирка и се нарекува изделен придавски атрибут (Замислен Замислен, стариот учител го гледаше пожолтениот албум / Стариот учител, замислен замислен, го гледаше пожолтениот албум). Во функција на атрибути може да се јават и броевите и некои заменки: Секое чудо за три дена! Именскиот атрибут се добива кога на една именка и додаваме друга именка со предлог, која, пак, може да се замени со придавка: платно од памук / памучно платно. Кога општи именки вршат атрибутска служба на лични имиња, тие може да бидат членувани или нечленувани: Вујко Вања, Плавуш Планина ; Градот Мелник, Село Сушица,, Селото Раборци. Кога се две општи именки една до друга, првата се јавува како атрибут: змија осојница, чаша вино. 19


Кога се две именки поврзани со цртичка, онаа што игра улога на атрибут не се членува: предлог-закон (предлог-законот), нацрт-устав (нацрт-уставот); поет-страдалник (поетот-страдалник). И именскиот атрибут може да биде изделен од именката на која се однесува: Ја прочитав За македонцките работи, мојата омилена книга. Апозицијата е второстепен член на реченицата. Таа може да се однесува на секој друг член во реченицата освен на прирокот; значи, на подметот, предметот, прилошката определба и секогаш се одделува со запирка. Има исто значење и вредност со тие реченички членови и може да си ги заменуваат местата. Антон Панов, авторот на Печалбари, е роден во Дојран. Авторот на Печалбари, Антон Панов, е роден во Дојран. Во примериве одбележаните зборови се апозиција и се однесуваат на подметот. Го учевме Антон Панов, авторот на Печалбари, (апозиција со директен предмет). Дојранските ракувања се посветени на Антон Панов, авторот на Печалбари (апозиција со индиректен предмет). Пишувавме за Антон Панов, авторот на Печалбари, (апозиција со предлошки предмет). Ристо Крле пишува меѓу двете светски војни кога и Антон Панов, авторот на Печалбари (апозиција со прилошка определба). Цитат за овој час: Знаењето што го имаме е само трошка од она што го немаме. Платон РЕЧЕНИЧКИ СООДВЕТНИЦИ (ЕКВИВАЛЕНТИ)

Личната глаголска форма (прирокот) е основен дел на реченицата, без која таа не може да постои. Сепак, во текстовите можат да се најдат делови без глагол во лична форма кои се користат самостојно. Тоа се реченички соодветници (еквиваленти). Тоа се именки, именски групи, прилози, извици и сл. Се изговараат со посебна интонација. Се користат при обраќање (Драги мои пријатели! Дами и господа!); При извици (Добро!, Здраво!, Ех, леле! Напред!). Се користат уште во натписи, реклами, предупредувања: (Опасно по живот!, Или Цезар или ништо, Центар за странски јазици). Цитат за овој час: Само вистината, но не целата вистина. Бизмарк

20


СЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ – СВРЗНИЧКИ И БЕСВРЗНИЧКИ

Сложената реченица е поголема синтаксичка единица од простата реченица и содржи најмалку две прости (или проширени) реченици, односно најмалку два прирока. Во зависност од меѓусебниот однос на простите реченици во сложените реченици, тие можат да бидат независносложени реченици (двете прости реченици се независни и можат да стојат независно една од друга) и зависносложени реченици (едната реченица да биде зависна од другата). Речениците што влегуваат во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици. Независносложените реченици се делат на: составни, спротивни, разделни, (кај кои врската меѓу дел-речениците е потесна) и на исклучни и заклучни независносложени реченици (со полабава врска меѓу дел-речениците). Во групата на зависносложените реченици спаѓаат: временските, причинските, последичните, целните, условните, допусните, начинските, односните и исказните. Кај сите овие реченици (освен кај односните и исказните) зависните дел-реченици се јавуваат како прилошки определби на прирокот во главните дел-реченици. Сложените реченици ги делиме на 1. сврзнички (синдетонски) ако содржат сврзници или сврзувачки зборови и 2. бесврзнички (асиндетонски) реченици кои не се поврзани со сврзници. Поради отсуство на сврзници кај бесврзничките реченици, доаѓа до колебање на кој тип сложени реченици им припаѓаат: Се фати сиромавиот на оро, се скина тапанот. Ако се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот (зависноусловна). Кога ќе се фати сиромавиот на оро, ќе се скине тапанот(зависновременска реченица). СОСТАВНИ (КОПУЛАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Кај составните независносложени реченици содржините се поврзани меѓу себе по различна основа. Сврзници се: и, ни, ниту, па, та, не само што - туку и. Најчесто се користи сврзникот и. Со него се поврзуваат 1. истовремени дејства: Тој јадеше и потпивнуваше. 2. Дејства кои се редат едно по друго: Го прочита писмото и се расплака. 3. Дејства од кои второто може да биде резултат на првото (може да се вметне затоа): Го беше потрошил кредитот и (затоа затоа затоа) не можеше да телефонира. 4. Спротивставени дејства (по и се јавува пак или сепак): Ја повтори годината и пак не сфати дека треба да учи. Во одречните реченици се користат сврзниците ни и ниту. Не јаде ни пие. Не знам ниту сакам да знам за него. Сврзниците па и та поврзуваат дејства што следуваат едно по друго: Зборуваше тивко, па наеднаш се развика. Сите викаа по него, та не 21


знаеше што да прави. И овие сврзници може да поврзуваат дејства кај кои второто произлегува од првото. Сврзничкиот состав не само што - туку и/ами и/но и/ама и може да се јави во одречна форма: Не само што не знаеше - туку и не сакаше да знае. Според Правописот, составните независносложени реченици со сврзниците и, ни, ниту, не само што - туку и не се одделуваат со запирка, додека оние со сврзниците па, та, се одделуваат. Цитат за овој час: Не имитирајте го Мајаковски, имитирајте се самите. Владимир Мајаковски СПРОТИВНИ (АДВЕРСАТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Во овие реченици се искажуваат содржини со спротивставени дејства со помош на сврзниците: а, но, ама, туку, ами, меѓутоа. Сврзникот а поврзува 1. Реченици со спротивставени дејства: Тие сакаа многу, а не знаеја како. 2. Реченици со слични дејства, но со различни вршители: Кога се разделивме, таа плачеше, а јас не можев да ги задржам солзите. 3. Реченици во кои дејствата се надоврзуваат: Доби единица, а тоа не беше добро. Сврзниците но и ама поврзуваат 1. спротивни дејства со потврдна форма: Доби укор од класниот, но и го заслужи. 2. Реченици во кои втората е негација на првата: Зборуваше добро, ама никој не го слушаше. Употребата на али наместо но и ама, е неправилна и непожелна. Со спротивно значење може да се јави и временскиот сврзник додека: Јас мислам така, додека ти мислиш поинаку. Сврзниците туку и ами се користат во спротивни реченици во чиј прв дел се одречува нешто: Не слушај гаталец, туку слушај паталец. Не се свртуваше назад, ами гледаше само пред себе. Употребата на него во вакви случаи е неправилна и непожелна. Сврзникот меѓутоа обично се употребува на почетокот на нов пасус. Но тој може да се јави и во средината на спротивни независносложени реченици: Сакаше да се спротивстави, меѓутоа не знаеше на кој начин. Според Правописот, пред сите спротивни сврзници во сложените реченици се пишува запирка. Поука за овој час: Вотката е бела, но го зацрвенува носот и ја оцрнува репутацијата. Антон Чехов РАЗДЕЛНИ (ДИСЈУНКТИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Постојат два типа разделни реченици 1. Реченици во кои се употребува сврзникот или само еднаш меѓу дел-речениците. 2. реченици во кои сврзниците се повторуваат. 22


1. Кај овие реченици а. Во двете дел-реченици дејствата не се исклучуваат: Се радувам кога победуваме, или играме нерешено. б. Во двете дел-реченици дејствата се исклучуваат: Остани овде, или оди си. в. Дејството во втората дел-реченица може да се јави како последица на дејството во првата реченица: Бидете внимателни, или ве запишувам. г. Дејството во втората делреченица е поверојатно од она во првата реченица: Не слушаше, или се правеше дека не слуша. д. Или се користи во алтернативни прашања: Ќе речат: си бил или не си бил? Според Правописот овие разделни реченици не се одделуваат со запирка?! 2. Реченици со повторени сврзници: а. Со сврзниците: или - или; било - било; ја - ја. Нека дојде или татко ти или мајка ти. б. За означување на најизменично вршење на дејствата: де - де; ту - ту; час - час. Час е мирен, час не знае што прави. в. Посебна група чинат и - и; ем - ем. Ем е шуто, ем боде. г. Сврзници со одречно значење: ни - ни; ниту - ниту. Ни јаде, ни на куче дава. Во Правописот ваквите реченици не се одделуваат со запирка, но кога се истакнува втората реченица, или кога се долги речениците, или кога има повеќе од две дел-реченици, се пишува запирка. Цитат за овој час: Несреќата е заразна болест. Несреќните и бедните треба да се одбегнуваат едни со други, за да не се заразат уште повеќе. Фјодор М. Достоевски ИСКЛУЧНИ (ЕКСКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Кај овие реченици врските меѓу дел-речениците се полабави; дејството на едната се надоврзува на дејството од другата реченица. Сврзувачки средства: само, само што, единствено, единствено што,освен што...Сите дојдоа, само Лилјана не дојде. Кај дел-речениците се пишува запирка. ЗАКЛУЧНИ (КОНКЛУЗИВНИ) НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Со овие реченици се искажува некаков заклучок. Како сврзници се јавуваат следните модални зборови: значи, веројатно, секако, сигурно. Се радува, сигурно добил пријатни вести. Дел-речениците се одделуваат со запирка. Цитат за овој час: Бензинот ваш - идеите наши. Иљф и Петров ВРЕМЕНСКИ (ТЕМПОРАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Во временските зависносложени реченици дејствата на дел-речениците се рзгледуваат од аспект на времето кога се извршуваат. Во реченицата Излеговме надвор, кога заврши часот; главна дел-реченица е Излеговме надвор, а кога заврши часот е прилошка определба за време. Во овие реченици, едно од дејствата може да му претходи на другото, или двете да се одвиваат истовремено. Најчест сврзник кај овие реченици е кога. Со него се поврзуваат дејства кои следуваат едно по друго, дејства кои се одвиваа истовремено или дејства кои се 23


повторуваат: Кога стана, ги протри очите. Кога читаше, ги бришеше насолзените очи. Кога зборуваше, секогаш беше во право. Други временски сврзници се: штом, само што, штотуку, тукушто,откако, откога, пред да, дури, додека и тн. Со сврзниците штом, само што, штотуку, тукушто се поврзуваат дејства кои траат многу кратко и/или се повторуваат. Само што почна натпреварот, домашните постигнаа гол. Штом ќе влезеше професорот, царуваше тишината. Кога дејството во главната реченица следува по она во споредната, се користат сврзниците откако, откога: Откако се одмори, седна да учи. Ако дејството во главната реченица, се случува пред она во зависната (споредната) реченица, се користи пред да. Пред да дојде дома, помина кај баба му. Дури и додека сврзуваат истовремени дејства, а со да и за ограничување на дејството. Додека јаде, тој не разговара: Дур(и) да дојде дедото//изгорело селото,//дур(и) дур(и) да дојде бабата изгорела тавата! Според Правописот, ако споредната реченица е пред главната - се одделува со запирка. ПРИЧИНСКИ (КАУЗАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Зависнопричинските реченици поврзуваат дејства од кои едното (во зависната реченица) се јавува како причина за другото дејство. Всушност, зависната реченица се јавува како проширена прилошка определба за причина на главната реченица. Во реченицава: Го истераа од часот поради невнимание; подвлеченото се јавува како прилошка определба за причина. Кога ќе ја прошириме, добиваме зависна дел-реченица во состав на зависнопричинска реченица. Го истераа од час бидејќи не внимаваше. Овие реченици се поврзуваат со следниве сврзници: бидејќи, затоа што, зашто, поради тоа што, заради тоа што; како и дека и оти (пообични во разговорниот јазик).

Се радуваше на пролетта зашто ги сакаше прошетките. Поради тоа што не ја најде лектирата, реши да прочита друга книга. Треба да се прави разлика меѓу прашалниот прилог зошто и сврзникот зашто: Си отиде зошто/ зошто/зашто зашто не можеше да чека повеќе. Неправилна е употребата на пошто како сврзник: Не се врати назад пошто пошто/бидејќи /бидејќи му беше незгодно. Според Правописот, кога зависната реченица е пред главната, се одделува со запирка. Кога зависната е зад главната, се користи запирка ако врската меѓу нив е полабава. Цитат за овој час: Да ги оставиме убавите жени на луѓето без фантазија. Марсел Пруст 24


ПОСЛЕДИЧНИ (КОНСЕКУТИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Кај последичните зависносложени реченици се искажува дејство кое е последица од дејството во главната реченица. Толку беше уморен што одвај стоеше на нозе. Во првата (главната) дел-реченица Толку беше уморен се дава причината, а во втората (зависната) што одвај стоеше на нозе, се дава последицата од првата реченица. Постојат два типа последични реченици: 1. Во главната дел-реченица се јавува показниот прилог толку или друг показен збор (така, толкав, таков, дотолку...), а во зависната дел реченица се јавува што: Така силно викаше што ги разбуди соседите. Толкави му беа силите што не можеше да му се спротивстави. 2. Во главната нема показни заменки, во зависната се јавува така што:

Книгата беше интересна, така што ја препрочитав повторно. Кај последичните реченици не е правилно да се употребува толку заедно со така што: Толку многу учеше, така што сите оценки му беа одлични. Правилно: Толку многу учеше што сите оценки му беа одлични; или Многу учеше, така што сите оценки му беа одлични. Неправилна е употребата на така да наместо така што. Според Правописот на македонскиот литературен јазик запирка се пишува пред зависните реченици со сврзникот така што, додека кај речениците од првиот тип, запирка може да се пишува или не. Цитат за овој час: Пред сите други слободи, дајте ми ја слободата да знам, да говорам и да спорам слободно според мојата совест. Џон Милтон ЦЕЛНИ (ФИНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Кај целните (намерните) реченици зависната реченица се сврзува со главната со помош на сврзниците да и за да. Во реченицата Тој дојде за да побара помош; главна реченица е Тој дојде, додека за да побара помош е зависна дел-реченица и со неа се искажува целта (намерата) во главната дел-реченица. Кај овие реченици во зависната реченица редовно се употребува да-конструкцијата. Меѓу да и личноглаголската форма може да стои само негацијата, кратките форми на личните заменки, како и кратките форми на повратната заменка (се, си): За да не пречам на другите, се повлеков предвреме. Меѓу за и да може да се вметнат и други зборови: За првпат кога ќе дојде да му оставиме подобар впечаток. Не е правилна употребата на да-конструкцијата за искажување на можен начин: Учев многу за да би положил. Правилно е: Учев многу за да положам. Неправилно е да се рече: Дојдов како би ги помирил скараните. Треба: Дојдов за да ги помирам скараните. 25


По своето значење целните реченици стојат во блиска врска со зависните причински реченици: Ги држеше строго за да научат повеќе. (целна реченица); Ги држеше строго затоа што сакаше да научат повеќе (причинска реченица). Некои од целните реченици можат лесно да се претворат во условни. Внимавај на час за да научиш (целна реченица); Внимавај на час ако сакаш да научиш (условна реченица). Глаголот во главната реченица може да се употреби во било кое глаголско време или начин, додека во зависната е секогаш во сегашно време. Се обидува (се обиде, се обидел, ќе се обиде, би се обидел) за да му помогне. Понекогаш некои од зависноцелните реченици по своето значење стојат близу до други видови реченици: Одеше пеш за да ослаби/ Одеше пеш и слабееше. Не му дава повод за да се раправа со него/ Не му дава повод, така што не се расправа со него. Според Правописот на македонскиот литературен јазик, кога зависната делреченица е пред главната, меѓу нив се пишува запирка. а кога зависната е по главната, меѓу нив не се пишува запирка. Поука за овој час: По дваесет години повеќе ќе жалите за нешта што не сте ги направиле, отколку за нештата што сте ги направиле. Марк Твен УСЛОВНИ (КОНДИЦИОНАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Кај условните зависни реченици дејството во главната реченица се засновува на (не)исполнување на условот во зависната реченица. При разгледување на условот во зависната реченица наидуваме на следниве специфичности: 1. Кога условот е поставен; се јавува и неговата последица, но не се знае дали ќе се исполни условот, а со тоа и причината. Ако редовно тренираш, ќе играш во првиот тим. Во оваа сложена реченица, главна дел-реченица е ќе играш во првиот тим, зависна во кој се содржи условот е Ако редовно тренираш. 2. Кога условот е поставен, како и неговата последица, но условот не е исполнет, ниту неговата последица: Ако тренираше редовно, ќе играше во првиот тим. 3. Кога условот е исполнет, а со тоа и последицата: Штом сака подобра оценка, нека научи повеќе. Постојат три типа услов: реален, можен и нереален. 1. Кај реалниот услов се дава и последицата и нема пречки тој да не се исполни: Ако победиме, ќе одиме на државното првенство. Со овој услов се опфаќаат и реченици во кои има заемно поврзани дејства што се повторувале во минатото. Ако најдеше парички меѓу тезгите на пазарот, одеше кај продавачот и си купуваше лубеничка. 26


2. Кај можниот услов, иако не постојат пречки за исполнување на условот, а со тоа и на последицата, сепак, има колебање дали тоа ќе се случи: Ако можам, ќе те посетам. 3. Кај нереалниот услов се дава спротивното од она што би се очекувало како услов и последица.

Ако знаев, ќе ти помогнев... (Не сум знаел и не можев да помогнам). Кај условните зависносложени реченици ги среќаваме следниве сврници: Сврзникот ако е најчест кај сите типови услов, а особено кај реалниот услов. Сврзникот да среќава повеќе во реченици со нереален, отколку во оние со реален услов: Да имав пари, ќе купев нова кола (нереален услов); Да ми го кажеш виновникот, ќе го казнам (реален услов). Сврзникот да понекогаш може да стои заедно со без: Без да прашаме, немаме пристап до кабинетот. Честичката ли може да се јави во функција на сврзник во реченици со кои се искажува реален услов: Падна ли слана, ништо ќе нема од овошките! Сврзникот кога во условните реченици, со кои се искажува можен или нереален услов, се јавува заедно со би: Кога би сакале богатите, не би имало гладни луѓе. Во улога на сврзник се јавува и доколку наместо ако: Доколку имаш потреба од помош, јави ми навреме. Покрај сврзувачката служба, ако може да се јави и во друга функција (афирмативна: Ако Ако, така и му требаше, да знае!). Според Правописот на македонскиот литературен јазик, ако зависната делреченица е пред главната, меѓу двете се пишува запирка. Доколку пак, главната дел-реченица е напред, може и не мора да се пишува запирка. Цитат за овој час: Ако го фатиш пријател камилџијата, брго прај ја повисока портата. Народна пословица ДОПУСНИ (КОНЦЕСИВНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Допусните реченици по своето значење се доближуваат до зависноусловните и до независноспротивните реченици. Како и кај условните, и во зависната делреченица на допусните реченици, се искажува услов кој може да биде испонет, или пак, да не се знае дали ќе се исполни или не. Како кај спротивните реченици, и во главната дел-реченица на допусните реченици, се дава последицата, спротивна на условот во зависната дел-реченица: Иако се јавија, гостите не допатуваа. Во зависната дел реченица Иако се јавија имаме исполнет услов, а во главната дел-реченица гостите не допатуваа, последицата е спротивна на условот од првата реченица. Постојат два типа допусни реченици: 1. иако-допусни; 2. и да допусни реченици. Кај првиот тип иако-допусни реченици, покрај иако се користат и други сврзнички состави: макар што, и покрај тоа што, без оглед на тоа што, при 27


сѐ што... Макар што сакаше многу, не успеа да се запише во листата на голгетери; И покрај тоа што се измори, се радуваше како мало дете. По своето значење, многу често сврзничките состави иако не и без да можат да се заменат: Го навреди иако не знаеше. Во народниот јазик наместо иако, пообично е ако. Непожелна е и неправилна употребата на мада. Попуштив, мада не требаше. Правилно: Попуштив, макар што не требаше. Вториот тип со и да се викаат уште условно-допусни бидејќи во зависната дел- реченица се дава услов, а во главната последицата спротивна на логичната последица. И да не знаеш, нема да добиеш единица. Многу често со и да доаѓаат честичката дури, како и заменските зборови кој, што, колку и т.н.(Дури и да сакам, не можам да ти поткажувам; Кој и да биде избран, треба да се почитува. Кај двата типа реченици, многу често се јавува честичката сепак, со која се нагласува спротивставениот однос меѓу дел-речениците. Што и да направиш, сепак сепак, ти простувам. Иако зборуваше полека, сепак сепак, никој не го слушаше. На овој начин, речениците од првиот тип се доближуваат до спротивните независносложени реченици. Зборуваше полека,но но но, сепак сепак, никој не го слушаше. Според Правописот на македонскиот литературен јазик, ако зависната делреченица е пред главната, меѓу двете се пишува запирка. Кога, пак, главната дел-реченица е напред, може и не мора да се пишува запирка. Цитат за овој час: Ако ми паднале обетките, ушите ми стојат. Народна НАЧИНСКИ (МОДАЛНИ) ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ

Во зависната дел-реченица на овие реченици се искажува начинот на кој (ќе) се одвива(ло) дејството во главната реченица. Ги разликуваме следниве типови: 1. Реченици во кои се среќава заменскиот прилог како што: Се однесува така како што не треба. 2. Реченици кои се поврзуваат со како, како да, како божем, божем, небаре... Јадеше лакомо како да не видел никогаш лубеници; Се чудеше небаре прв пат да слуша за тоа. 3. Реченици со сврзувачкиот состав без да: Купи стан без да земе кредит. Реченицава може да се смета и за допусна. Според Правописот овие реченици не се одделуваат со запирка, освен кога зависната дел-реченица е дополнително објаснение. Цитат за овој час: Како коњ се роди, како магаре умре. Народна ЕСЕЈ

Литературен жанр во прозна форма, не голем по обем и со слободна композиција. Доаѓа од француското essai (лат. exagium) и значи оглед, проба, обид, скица. 28


Со есејот се изразуваат личните впечатоци и ставови на авторот по определен повод или предмет и со него не се претендира на сеопфатност и исцрпност. Во однос на обемот и функцијата граничи, од една страна, со научната статија и литературниот расказ, (со кои неретко се меша), а од друга, со филозофскиот трактат. На есеистичкиот стил му се својствени сликовитост, подвижност на асоцијациите, афористичност, не ретко спротивставеност на мислења, востановување на интимна искреност и разговорна интонација. Некои теоретичари го разгледуваат есејот како четврти литературен род, покрај епот, лириката и драмата. Од Википедија

ОСОБЕНОСТА И ОЧУДЕНОСТА НА ДРАМСКОТО/ТЕАТАРСКОТО ПАМЕТЕЊЕ

Редица прашања, за почеток Што му е на театарот минатото, за да мора толку интензивно да се занимава со него? Умее ли театарот минатото соодветно да го памети, креативно да го рециклира и, воопшто, ефикасно да се справува со него? Дали, во текот на изминативе 25 века од својата бурна историја, театарот успеал да развие соодветни техники и методи со помош на кои научил минатото успешно да го ресемантизира, за да може перманентно да го трансформира во фамозната „вечна сегашност“, каква што се обврзал постојано да ја покажува на своите сцени? Му пречи ли на театарот минатото, во тој опасен процес на сценското претставување на неговиот „вечен презент“, кој – како што вели Аристотел – стварноста треба да ја подражава преку дејствувањето, „сега и овде“?... ...Се обидува ли, можеби, театарот да смисли некои трикчиња со помош на кои ќе им се измолкне и на историјата и на историцизмот? Може ли, воопшто, театарот да излезе од опасна „сенка“ на овие „баучи на минатото“, за да промовира и да развива некои сосема специфични – сосема нови, сосема свои! форми на паметење: визуелно, емоционално, когнитивно? Која му е, на пример, differentia specifica на фамозното емоционално паметење – една од темелните категории во прочуената театарска система на Константин Сергеевич Станиславски – та, благодарение токму на неа, овој тип/вид меморија суштествено се разликува од сите останати типови/видови на истата?... Јелена Лужина, Блесок бр. 65, март-април, 2009 Поука за овој час: Човекот гледа онолку, колку што знае. Гете РЕАЛИЗАМ – ПОЈАВА, ОСОБЕНОСТИ, ПРЕТСТАВНИЦИ

Средината на 19. век е време на бурни историски настани, време на револуционерни превирања во Франција, Австро-Унгарија, Германија и почеток на национално-ослободителни борби на угнетените народи. По Револуцијата од 1848 година, феудализмот конечно бил срушен и заменет со 29


капитализам, било укинато крепосништвото (во Русија дури во 1861), но положбата и на селаните и на работниците многу не се променила. Тие и понатаму останале експлоатирани класи во општеството. Тоа е време и на големи научни достигнувања и пронајдоци (телеграфот, фотографијата, механизирано производство, појава и модернизирање на железницата), откритија во физиката, биологијата, хемијата, кои ќе бидат искористени за унапредување на производството. Напредокот на производството ќе го поттикне и напредокот на општествената мисла и филозофијата. Се јавуваат економисти и филозофи кои ќе се обидат да ги објаснат противречностите на економските и општествените законитости (Сен Симон, Овен, Фурие, Маркс и Енгелс). Во областа на науката преовладувале проучувања засновани на методите на набљудување, анализа и експерименти. Само научните факти добиени врз основа на овие методи, се сметале за релевантни за понатамошни испитувања. Буржоазијата како владејачка класа ги прифаќала научните достигнувања и материјално ги потпомагала, но со единствена цел – да ја зголемува својата економска и материјална моќ. Но затоа пак, секогаш се спротивставувала на поголема слобода и права на непосредните производители – на работниците и селаните. Ваквите состојби во општеството наоѓале одраз и во литературата. Таа морала да го напушти романтичарскиот занес на утопистите и да се сврти кон секојдневната стварност, која колку и да била разочарувачка, сепак била животна реалност. Така, полека се создава еден нов правец во литературата наречен реализам (од лат. збор realismus – реалност, стварност). Иако е тешко временски да се разграничат романтизмот и реализмот, сепак новиот правец своите почетоци ги има во триесеттите години на 19. век, додека пак, романтизмот уште долго нема да биде напуштен. И што е поинтересно, тие два правци ќе се испреплетуваат кај еден ист автор. И во поглед на особеностите, нема единствени мислења за реализмот. Според некои теоретичари на литературата тие би биле следниве: 1. Објективно сликање на животната стварност, на човечките односи и општествените настани. Тоа се прави со уметнички средства преку обопштување. За да се наслика еден лик, се земаат особини од мноштво луѓе и се создава еден типичен претставник. 2. Писателите реалисти во своите постапки ги користат методите на набљудување и анализа за односите меѓу луѓето и преку изложување на критика, се залагаат за нивно разрешување. 3. Реалистите создаваат типични карактери во типични средини. Таков е ликот на стариот скржавец Гранде, за кого се вели дека е типичен претставник на оној 30


слој скржавци во Франција, кои го трупале своето богатство уништувајќи ја среќата на своите најблиски (ќерката Евгенија). 4. Некои од литературните прозни форми (романот, расказот) особено биле попогодни за творечко изразување, иако не биле запоставени ниту поетските. Реализмот се смета за општ литературен правец и се јавува во неколку видови, во зависност од периодот и земјите во кои настанува. Така, зборуваме за класичен реализам кој од Франција бил прифатен и во други земји (Англија, Русија и т.н.) со Балзак, Дикенс, Толстој и т.н. како претставници. Нешто подоцна се јавува натурализмот со дела во кои се слика мрачната страна на животот ( Зола, Мопасан, Ибзен). Во теоријата на литературата уште се познати психолошкиот реализам (Достоевски), критичкиот (Гогољ Гогољ Гогољ), социјалистичкиот (Горки). Во историјата на литературата свое место си обезбедиле и Стендал (предвесник на реализмот), Флобер, Тургенев, Чехов... Поука за овој час: Кога целта не е јасна, патот е погрешен. Балзак ОНОРЕ ДЕ БАЛЗАК (1799 – 1850)

Со своето творештво Оноре де Балзак ги испишува најзначајните страници во историјата на францускиот реализам. Како сведок на бурни историски настани во своите дела тој ги слика противречностите на француското општество и преку набљудување и анализа верно ги одразува односите меѓу луѓето. Балзак е роден е во гратчето Тур, во малограѓанско семејство. Школувањето го почнал во еден духовен колеџ не по своја желба. Во колеџот тешко се разболел. По преселбата на родителите во Париз, го завршил правниот факултет, но се откажал од кариерата на правник. По неуспешните обиди да пишува под псевдоним, романи со бурна и авантуристичка содржина, се занимава со издавачка дејност. И повторно доживува неуспех. Конечно, во 1829 година под своето име го објавува романот Шуани и го свртел вниманието на читателите и критичарите врз себе. Во следните години објавува и по неколку романи, за да во 1834 година дојде на идеја, целокупното свое творештво да го публикува под еден заеднички наслов – Човечка комедија комедија. За таа цел некои од порано издадените романи ги преработува. Според замислата Човечката комедија требало да содржи 137 дела поделени во три студии (делови): Студии на карактери, Аналитички студии и Филозофски студии. Балзак успеал првиот дел поцелосно да го обработи. Во него влегуваат шест слики: Слики од приватниот живот (Чичко Чичко Горио Горио), од парискиот живот (трилогијата Историја на тринаесеттата тринаесеттата), од селскиот живот, од војничкиот живот, од провинцискиот живот (Евгенија Евгенија Гранде, Изгубени илузии илузии) и Слики од политичкиот живот. 31


Од неговите речиси стотина романи би ги издвоиле уште: Шагринска кожа, Селани, Жената на триесет години, Роднината Понс, Роднината Бети...како и расказите Свештеникот од Тур, Полковникот Шабер,Гопсек... И покрај напорната работа (пишувал и по 15-16 часа дневно), Балзак одвај успевал да ги надмине материјалните проблеми. Во тоа му помогнала грофицата Евелина Ханска, со која се познавал од 1832 година и со која ќе стапи во брак во 1850 година. Непосредно по свадбената церемонија, писателот ќе ѝ рече: „Ура! Јас го направив тоа што не го можел Бонапарта!.. Преку тебе ја покорив Русија“. Но само на неколку месеци по свадбата, откако се преселиле во Париз, Балзак умира (на 18 август). Евелина станала, иако можела да се откаже, единствена наследничка на наследство обременето со долгови. Балзак во литературата се јавува во време кога во мода се историскиот роман (Ајванхо) и романот на личноста (Робинзон Крузо, Страдањето на младиот Вертер). За разлика од нивните автори (Скот, Дефо, Гете), Балзак во своите дела дава слика на целото општество, на сиот народ. Не пишува легенди за минатото, туку дава уметничка слика на тогашното буржоаското општество преку типизирани ликови. Едно од таквите дела е романот Чичко Горио. Типолошки романот можеме да го одредиме како општествен, но и како љубовен (односите меѓу Делфина и Ежен) и дури како криминален (постапките на Вотрен).

Тема на романот е слепата и безгранична љубов на таткото Горио кон своите ќерки, како и желбата на младиот студент од провинцијата (Де Растињак) да успее во големиот град (Париз). Романот има драмска структура и многу потсетува на трагедијата Кралот Лир од Шекспир. Дејството се случува во 1819/1820 година. Делото содржи шест поглавја во кои авторот паралелно ја опишува судбината на стариот Горио по смртта на својата жена, кога од страв да не ги изгуби и ќерките Анастазија и Делфина, ќе им дозволи буквално да го ограбат; како и стремежот на младиот Ежен де Растињак, потомок на пропаднато благородничко семејство, да се добере до високото париско општество. На патот до славата и богатството ќе го води мислата дека со чесност ништо не се постигнува и дека чесноста не се исплатува. На таа мисла ќе го наведува и бившиот затвореник Вотрен, кој се бори против општеството, но како крадец и убиец. Сепак, на крајот на романот Растињак ќе ја сфати својата заблуда, ќе ја покаже својата хуманост и ќе го испрати старецот до неговото вечно почивалиште. Не помалку интересни се ликовите на двете ќерки на старецот, на виконтесата де Босеан, на сопственичката на пансионот г-ѓа Вокер. 32


Ќерките Анастазија и Делфина израснати без никакви материјални ограничувања, до крајни граници ја злоупотребуваат родителската љубов, за на крајот да одбијат да го погребат својот татко. Виконтесата де Босеан, далечна роднина на де Растињак ќе го воведе во аристократските кругови, но и самата ќе страда за невозвратената љубов на еден португалски благородник. Г-ѓа Вокер многу брзо ќе увиде дека желбата да стане г-ѓа Горио нема да ѝ се исполни. Цитат за овој час: Во Париз младите луѓе прават кариера со помош на жените, а жените - со помош на старци. Балзак ФЈОДОР М. ДОСТОЕВСКИ (1821 – 1881)

Едно од најголемите имиња на рускиот реализам. Роден е во семејството на Михаил и Марија Достоевски. Фјодор е второ од осумте деца во семејството. Кога имал 15 години умрела мајка му. Неговиот татко, по занимање лекар, малку подоцна умрел, најверојатно од насилна смрт. Тие настани во психата на идниот писател оставиле длабоки траги. Образованието го завршил на Воено-инженериската академија во Санкт Петерсбург, но само по една година ја напуштил воената служба и се оддава на писателска дејност (романот Бедни луѓе). Во 1849 година бил уапсен под обвинение дека со една група подготвувале заговор против царот Николај I. Бил осуден на смрт, но по неколкучасовно исчекување, егзекуцијата била заменета со присилна работа во Сибир. Тогаш повторно ги добил епилептични напади на кои бил склон уште од детството. Престојот во Сибир ќе го инспирира да ја напише повеста Записи од мртвиот дом. По враќањето се оженува со Марија Димитриевна Исаева. По некое време се откажува од нихилизмот и го прифаќа христијанството. Следуваат години на творечка активност кога настанал романот Понижени и навредени, и го започнува Злосторство и казна казна. Патува во повеќе европски држави. Три години по смртта на првата жена, се оженува со Ана Сниткина, која како стенографка му помага побрзо да ги пишува неговите дела, бидејќи бил притиснат од долгови направени со коцкање. Од коцкањето конечно се откажува во 1871 година, кога надзорот над финансиите го презема жена му. Од бракот со втората жена ќе се родат две ќерки и два сина. Во тој период ќе настанат следниве дела: Идиот, Демони, Младич, Записи од подземјето, Двојник (повест), Коцкар, Браќа Карамазови и повеќе раскази и повести. Како признат автор, Достоевски станува член на низа руски и меѓународни асоцијации на писатели. Бил поканет да го посети императорскиот двор, а добива и други почести (да зборува пред споменикот на А. С. Пушкин). Смртта го затекнала во Санкт Петерсбург. Погребан е во присуство на многуброен народ. 33


Злосторство и казна е најзначајното дело на Достоевски. Првпат е објавено во продолженија во текот на 1866 год. Тема на романот е двојното убиство што го извршил Раскољников и казната што го стигнува. Таа казна е повеќе душевно страдање, отколку физичко малтретирање. Идејата е дека ниедно злосторство не може да биде оправдано и неказнето. Во поширока смисла, тема на романот е универзалната положба на човекот како единка и неговата судбина. Романот има осмислена и разгранета структура. На почетокот се запознаваме со главниот јунак, осамениот студент Родион Раскољников, кој разочаран од положбата во која западнал (ги напуштил студиите поради материјална беда), смислува убиство над старата лихварка. Над ваквата социјална структура, Достоевски ја додава психолошката компонента – размислувања на главниот јунак за да го оправда тоа убиство. Кога, без да сака, ја убива сестрата на старицата, психолошкиот товар се зголемува, за да на крајот преку самопризнанието и покајувањето – Раскољников ќе сфати дека теоријата за силна личност на која и е сѐ дозволено, е голема заблуда. -Јас себе се убив, а не бабата! Ќе признае главниот јунак во романот пред Соња Мармеладова, девојка со искрена и чиста душа. Со нејзина придружба во полициската станица ќе го признае убиството. На судскиот процес ќе биде докажана вината на Раскољников, но како олеснителна околност ќе биде земено предвид неговата добрина, како и желбата да им помага на сиромашните. Осумте години прогонство во Сибир на кои ќе биде осуден, ќе ги помине заедно со Соња, која секогаш ќе биде подготвена да им помага на другите, дури и да се жртвува за нив. Главниот јунак Родион Романович Раскољников е сложена личност со повеќе позитивни и негативни особини. Една од нив е гордоста. Тој исто така парите од убиената старица не ги зема за себе, а ги раздава на посиромашните. Свесно го извршува убиството над старицата, мислејќи дека тоа го прави за повисоки цели. Се обидува да го оправда второто убиство над Лизавета Ивановна, сестрата на старицата - како грешка. Грижата на совеста ќе го притиска како товар што не може да го отфрли од себе. Станува рамнодушен кон сите. Отуѓеноста се вселува во неговата душа. Затоа оди кај Соња за да се исповеда. Нејзината желба да му помогне, со силната верба во Бога, ќе направат по некое време, тој да ја откупи својата заблуда со вистинско покајување. Соња Мармеладова, тивка, бедна и девојка од улицата, не по своја желба - е со спротивен карактер. Добрината во нејзините постапки и спремноста да им помага на другите, ќе го скрши отпорот кај горделивиот Родион и тој ќе падне пред нејзините нозе и ќе бара прошка. Цитат за овој час: Ако Исус нема ништо општо со вистината, и вистината нема ништо општо со Исус, но јас претпочитам да бидам со Исус, отколку со вистината. Достоевски 34


ЛЕВ НИКОЛАЕВИЧ ТОЛСТОЈ (1828 – 1910)

На Лев Николаевич Толстој му припаѓа едно од челните места во руската и светската литература. Тој е познат и како мислител и реформатор. Се залага за отпор без насилство – идеја што подоцна ќе биде прифатена од Махатма Ганди и Мартин Лутер Кинг. Руската православна црква ќе се спротивстави на неговите религиозно-морални погледи публикувани во повеќе дела и Толстој ќе биде исклучен од неа. Роден е во с. Јасна Полјана, во близина на градот Тул. Потекнува од старо благородничко семејство. Мајка му умрела кога имал само две години, а нешто подоцна останал и без татко. Детството го поминува во родното место и во Москва, а потоа живее во Казањ, каде што студира источни јазици, а подоцна и правни науки. По краткиот престој во родниот крај, стапува во воена служба најпрвин на Кавказ, а потоа заминува на Крим и учествува во одбраната на Севастопол од Турците. Во меѓувреме ја објавува повеста Детство, а работи и на Момчештво, кои заедно со повеста Младост составуваат трилогија. Веќе со првото дело, Толстој се наредил меѓу најзначајните руски писатели. Во трите раскази: Севастопол во декември, Севастопол во мај и Севастопол во август 1855 година, Толстој го разобличува односот на аристократијата за време на војната и го истакнува хероизмот на рускиот човек. Авторот бил со воодушевување пречекан во Петроград, каде што биле објавени расказите. Тогаш се запознал со некои од најголемите руски творци (Тургенев, Некрасов, Чернишевски, Гончаров). Во животот на Толстој особено се значајни неговите посети на Италија, Франција, Германија, Швајцарија, со цел да се запознае со напредната педагошка мисла во тие земји и да работи на просветување на руските селани. Покрај практичната педагошка работа, Толстој е активен и како автор на низа педагошки статии објавувани во списанието Јасна Полјана. Се залага за ослободување на селаните од крепосништвото и доаѓа во судир со благородништвото на кое му припаѓа. На полето на литературата го објавува романот Семејна среќа, повеста Козаци и многу раскази. Важен настан од животот на Толстој е женидбата со Софија Андреевна Бернс, која ќе му стане не само верна сопруга, но и вредна помошничка околу средувањето и редактирањето на литературните и публицистичките дела. Во бракот ќе им се родат 13 деца, од кои некои доживеале длабока старост. Во годините по женидбата (1862), настапува расцут во творештвото на Толстој кога неговиот талент пораснал до размери на генијалност. Прв во светската литература ја воочува разликата меѓу несреденоста на културниот човек и непосредноста на обичните луѓе блиски до природата. Тогаш настанале неговите најзначајни дела Војна и мир, и Ана Каренина, како и некои помали дела (повеста Козаци, расказот Кавкаскиот заробеник). 35


Во основата на Војна и мир е поставено руското општество во првата половина на 19. век, време кога се одиграле значајни настани - војната со Наполеон Бонапарта (1805-1812), Декабристичкото востание (1825). Навлегувајќи подлабоко во епохата, првобитната замисла – романот да биде со семејна тематика, Толстој постепено ја надополнува, и со епска широчина дава приказ на историските настани што се одиграле. Иако во делото е претставена галерија од речиси 500 ликови, сепак во преден план авторот ја дава моралната сила на обичниот руски човек, особено за време на војната. Кога се зборува за ова дело, неодминливи се ликовите на Андреј Болконски, на Пјер Безухов, и секако, на Наташа Ростова, која кога ќе порасне - ќе стане идеална мајка и сопруга. Според силината на уметничкиот израз, романот Ана Каренина ( со тема за љубовта и бракот), не заостанува по ништо зад Војна и мир. Првичната замисла на Толстој да ја прикаже судбината на жена од високото руско општество, која силно сака и бара да биде сакана, и која се упропастила себеси, подоцна се претворила во роман со широки општествени рамки. Психолошки уверливо авторот ја прикажува младата Ана која по средбата со Вронски ќе лета од среќа, исполнета со искреност и длабока човечност, за да најпосле биде отфрлена од најблиските. Лажниот општествен морал кај младата жена ќе предизвика длабоки внатрешни судири и таа ќе го заврши својот живот на начин, како што го направил тоа чуварот на железничката станица. Во подоцнежниот период Толстој го објавил романот Воскресение, како и повеќе други дела (повестите: Хаџи Мурат, Крајцеровата соната, Смртта на Иван Илич...) Во Смртта на Иван Илич (1886), Толстој раскажува за мачната умирачка на еден судски обвинител. Делото се смета за едно од најдобрите кратки форми во светската литература. На почетокот се дава веста за смртта на судскиот чиновник и размислувањата на неговите соработници кој ќе го добие неговото место. Потоа авторот го опишува животот на главниот лик, унапредувањата во службата, женидбата, односите во семејството, и како во еден момент несреќно ќе падне и ќе се повреди. За само неколку месеци боледување, телото на Иван Илич Головин почнува да се распаѓа, тој полека умира. Сите во семејството (жената, ќерката, синот), си имаат поважни работи. Единствено слугата Герасим е тука да му помогне. Со умирање на телото, се пробудува душата. Испуштајќи го духот, Иван Илич гледа пред себе светлина и почувствува вистинска среќа. За делото Владимир В. Набоков ќе напише дека овој расказ е најсветлото, најсовршеното и најсложеното дело на Толстој. Повеста е екранизирана, како впрочем и многу од делата на Толстој (само Војна и мир и Ана Каренина се филмувани по десетина пати од различни режисери и со различни актери во главните улоги). 36


Самиот Толстој како основач на толстоизмот, е предмет на многу спротивставени мислења. Толстоизмот како филозофија го поставува моралното самоусовршување како смисла и цел на животот, и како единствен пат до Бога. Поради тоа дошол во судир со Руската православна црква која го одлачила од своите редови (1901). Поука за овој час: Една од најштетните и најопасни мисли е: „сите така прават“ – Л. Н. Толстој МОДЕРНАТА ВО СВЕТСКАТА ЛИТЕРАТУРА

Крајот на 19. и почетокот на 20. век е исполнет со противречности, како на економски, така и на општествен план. Преку нови форми на здружување во т.н. трустови, крупните капиталисти освојуваат нови пазари и ги присвојуваат богатствата на колониите. Работната сила станува поевтина, нивниот живот безвреден. Набљудувајќи ја стварноста, писателите и уметниците се дезориентирани и се повлекуваат во својот интимен свет. Кризата на општеството изразена преку кризата на личноста, станува основа на нивното творештво. Се прави обид преку ирационалност и мистицизам да се одгатне судбината на обичните луѓе. Индивидуализмот се пренагласува како решение за бегање од стварноста. Во тој поглед авторите се надоврзуваат на епохата на романтизмот. Дури некои од струењата на модерната ги определуваме како неоромантизам. Во делата на модернистите во преден план се ставаат формалните особености на делото, како што се јазикот, стилот и формата воопшто, додека се запоставува содржината и уметничката вистина. Модернизмот како литературен правец во својата основа не е единствен и се разгранува во повеќе струења како што се симболизмот, импресионизмот, експресионизмот, футуризмот, надреализмот и т.н. Според симболистите предметите и појавите околу нас се само симболи на мислите, чувствата и идеите што живеат во човекот. Нивна е девизата уметност заради уметност (l`art pour l`art). Имаат заслуги во збогатувањето на формите на поетското дело. Зачетник на овој правец е С. Маларме; претставници се Ш. Бодлер, П. Верлен, А. Блок.

Импресионистите ги создаваат своите дела под влијание на впечатоците. Кај нив доминира сликата. Претставници се А. Рембо, Р. М. Рилке, А. Франс, М. Пруст, А. Чехов. Како спротивставување на импресионизмот, нешто подоцна (пред Првата светска војна) се јавува експресионизмот. Неговата татковина е Германија, од каде се проширува во Австрија, Италија, Франција... Експресионистите ги прикажуваат сликите не како што ги гледаат, туку како што ги доживуваат со душата и срцето. Негови претставници се Е. Толер, Б. Брехт, Ф. Кафка... Со Манифестот на надреализмот, (втората деценија на 20. век се промовира истоимениот правец, со А. Бретон, П. Елијар и Л. Арагон како негови 37


основачи. Самиот збор надреализам ја објаснува неговата суштина: се напушта реалното за да се навлезе во потсвесното, во она што е меѓу сонот и јавето.Бегањето од реалното е типично и за футуризмот, дадаизмот и другите модерни струења. Поука за овој час: Треба да имаме мерка во сè, дури и во скромноста. Анатол Франс ЕДГАР АЛАН ПО (1809 – 1849)

Едгар Алан По живее и твори во првата половина на 19. век кога романтизмот е во полн расцут. Неговиот исклучителен талент разоткрива нови врвици, воведува нови тематски и изразни форми и ја премостува епохата во која твори, станувајќи предвесник на симболизмот. Едгар Алан По имал несреќно и несредено детство. Во неразбирање од средината и во несреденост му поминал и остатокот од животот. Роден во Бостон, во семејство на Елизабет и Дејвид По, патувачки актери. Рано останал без родителите. Бил прифатен од некој трговец по име Џон Алан, но никогаш не бил легално посвоен. Основното образование го стекнал во Шкотска и Англија. Во 1820 фодина се враќа во Америка. Образованието го продолжува во Ричмонд, но не го оформува целосно. Кратко време учи во воената академија во Вест Поинт, но не е заинтересиран да ја заврши. Во 1827 година ја издава својата прва збирка Тамерлан и други поеми. Две години подоцна ја издава својата втора книга поезија Ал Араф, Тамелан и други стихови. Во 1831 година во Њујорк ја издава третата стихозбирка Поеми во која се поместени претходните поеми Тамерлан, Ал Араф и уште шест нови. Во меѓувреме тој работи како новинар и уредник во еден балтиморски весник, а подоцна уредува едно литературно списание. По безуспешно се обидува професионално да се занимава како писател и од тоа да живее. Објавува повеќе раскази (Истории за гротеската и арабеската – во два тома), рецензии и статии во разни весници. Во 1835 година тајно (а следната година и јавно), се венчава со својата братучетка Вирџинија Елиза Клем, која имала 13 години, а тој двојно повеќе. Кон неа се однесувал како нежен сопруг и дури како брат. Премрежјата кои го следеле поетот уште од детството ќе се таложат во неговата душа и ќе го поттикнат на пијанство. Од склоноста кон алкохолот По не се откажал никогаш, таа ќе се засили особено кога неговата сопруга Вирџинија ќе се разболе од туберкулоза, а во 1847 година и ќе почине. Вирџинија ќе биде поттик да ги напише некои од неговите најпознати песни (Анабел Ли, Ленор, Гавранот). Во животот на Едгар Алан По постоеле и други жени, на кои тој им посветува и внимание и песни. Со една од нив (Елмира Ројстер-Шелтон) тој ќе стапи во брак на само неколку месеци пред смртта. А причината за смртта е пијанството, или нешто друго. Уште не е разјаснето. 38


Во последните десетина години По достигнува творечка зрелост. Го објавува романот Авантурите на Артур Гордон Пим; поемите На Елена, Јулалум, Гавранот; расказите Црната мачка, Маската на црвената смрт, Мистеријата на Мари Роже, Убиство во улицата Морг. Во расказите на По има неверојатни приказни и настани, исполнети со страв и ужас и морничави мисли. Во многу од нив е присутно сатанското и окултното. Го негува детективскиот расказ (Украденото Украденото писмо). Како критичар ги формулира правилата врз кои треба да се гради краткиот расказ. Во поезијата се стреми кон совршенство на формата. За него убавината (особено женската) е највисок идеал за кој мечтае и кој го прославува. Мотивот на смртта Едгар Алан често го користи во своите песни. Тoj лежи во основата на едно од неговите најубави дела – поемата Гавранот. Според авторот смртта на саканата жена е најпоетичната тема на светот. Тоа поопширно го објаснува во есејот Филозофија на композицијата, во кој пишува дека поемата ќе им се допадне и на критичките и на модерните вкусови. Лирскиот херој во поемата доцна во ноќта задреман над книгите слуша тропање на портите.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат, зачув некој како чука пак со удар тап и спор. Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам, треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! ...Панѕурите штом ги турнав, преку мене нешто јурна, низ прозорецот се втурна Гавран горд до темен взор... Херојот скршен од болка по саканата Ленора, низ бунило поведува разговор со злокобната птица, која одвреме навреме, како да го испушта зборот nevermore! (никогаш повеќе). Всушност, херојот растргнат од тешки мисли, води разговор самиот со себе, а гавранот како симбол на морничава таинственост, е само тука да ја потврди безнадежноста, да го засили очајот. Многу години подоцна француските симболисти С. Маларме и Ш. Бодлер го сметаат за свој учител и се најзаслужни за неговата афирмација во светски рамки. Неговото влијание е присутно и кај О. Валјд, Ф. М. Достоевски, А. К. Дојл, Ж. Верн, А. Хичкок и др. Цитат за овој час: Секој човек, слично на месечината, има своја неосветлена страна, што не ја покажува никому. Марк Твен ..."Крадецот", рече Г., "е министерот Д., кој се дрзнува на сй и сешто, и на она што му прилега и на она што не му прилега на еден човек. Методите на кражбата колку се остроумни, толку се и безочни. Документот за кој станува збор - да бидеме отворени, станува збор за писмо - стигнал до ограбената личност кога таа била сама во кралскиот будоар. Додека внимателно го читала, била ненадејно прекината со влегување на една висока личност од која особено 39


имала намера да го сокрие. По избрзаниот и напразен обид да го втурне во некоја од фиоките, била принудена да го остави писмото на масата, отворено. Сепак, адресата била одозгора и бидејќи на тој начин содржината не била изложена на погледи, писмото останало незабележано. Во тој час влегува министерот Д. Неговото остро око веднаш го здогледува документот, го препознава ракописот од адресата, забележува збунетост кај личноста до која е адресирано, и ја наѕира нејзината тајна. На нему својствен начин набрзина изложува неколку деловни работи, па вади писмо слично на она за кое станува збор, го отвора, се преправа дека го чита, а потоа го остава во непосредна близина на другото писмо. Пак поведува разговор, околу петнаесетина минути, за државни работи. Најпосле, на заминување од масата го зема писмото кое не е негово... Вистинската сопственичка сето тоа го видела, но секако дека не се осмелила да го сврти вниманието кон таквиот чин во присуство на третото лице кое стоело веднаш до неа. Министерот си заминал, оставајќи го своето писмо на масата некое писмо без особена важност." "Е, па тогаш", се сврте Дипен кон мене, "имате сѐ што е потребно за моќта да биде целосна - на крадецот му е познато дека ограбениот знае кој е крадец." "Да", рече префектот; "и така стекнатата моќ во опасни размери, последните неколку месеци се користи за политички цели. Ограбената личност секој ден е сѐ повеќе убедена во нужноста да си го поврати писмото. Но тоа, секако, не може отворено да се изведе. Најпосле, доведена до очај, таа работа ми ја довери мене." "Кому друг", рече Дипен обвиен во вистински облак од чад, "поумен агент, претпоставувам, не би можела ниту да посака, ниту да си замисли." "Ми ласкате", одговори префектот; "но можно е да постои такво мислење." "Јасно е", реков, "како што велите, дека писмото е сй уште во рацете на министерот; и целата моќ произлегува од тоа, а не од неговата употреба. Со употребата исчезнува и неговата моќ..." Извадок од Украденото писмо превела Македонка (Божиновска) Маџирова ШАРЛ БОДЛЕР (1821 – 1867)

Иако живее и создава значително пред да се појави модерната, Шарл Бодлер се смета како зачетник на сите модерни струења во литературата, а особено на симболизмот. Судбината на Шарл Бодлер и како човек и како поет во многу нешто потсетува на онаа на Едгар Алан По. Рано останал без татко, па неговата мајка се премажила за висок француски офицер. Образованието го стекнува во Лион и Париз. Како студент води нередовен живот исполнет со скандали. За да го оттргнат од настраностите, родителите го испраќаат за Индија. По кусиот престој таму, се враќа во Париз и продолжува со непримерното однесување. Во револуционерната 1848 година учествува понесен од толпата, но не и со некои јасни политички определби. 40


Во 1857 година излегува стихозбирката Цвеќето на злото, дело што ќе ја разбранува француската јавност. По негативните критики дека со него се шири неморал, тиражот е запленет, а Бодлер и издавачот се парично се казнети, додека шест песни како крајно неморални се целосно отстранети од збирката. Во следните години Бодлер го објавува стихозбирката Сплинот на Париз (со песни во проза) и Вештачки рај (есеи/статии за искуството од користењето на халуцинантни средства), како и преводот на Авантурите на Артур Гордон Пим (и на раскази и песни) од Е. А. По. Тој исто така е автор на повеќе рецензии и критики од ликовни изложби и сл. Во животот на Бодлер значајно место им припаѓа на жените. Со една од нив, Жана Дивал, ќе одржува, со извесни прекини, врска до крајот на животот. Нејзе, и на уште две жени, им се посветени повеќе од песните во Цвеќето на злото. Првото издание на збирката содржи шест циклуси песни. Во следните изданија се отстранети некои песни (од цензурата) и додавани нови. Во поезијата на Бодлер доминира меланхолијата, предизвикана од здодевноста на парискиот живот. Во некои песни ја искажува горчината вгнездена во неговото рането срце. Препуштајќи им се на ефектите на разните пороци, тој длабоко нурнува во најтемните длабочини на човековата душа, барајќи го идеалот на убавото. Бодлер често запаѓал во безволност и апатија. Таквата состојба ја правеле искушенијата на кои наидувал во ноќниот живот на Париз. Не бил разбран ниту од најблиските, ниту пак од критичарите, кои сметале дека го велича развратот и неморалот, дека е разуздан и циничен сладострасник. Како одговор на нивните обвинување ја пишува песната Албатрос, за птицата чија судбина потсетува на гордоста на поетите.

Луѓето од бродот често за забава ги ловат албатросите, птици што в морска шир се сами, и што со големи крила рамнодушно пловат над лаѓата што се лизга над горчливи јами. Слично на албатросот, и поетот како принцот на облаците, високо се крева, но кога е на земјата, меѓу џган и врева, меѓу луѓе што не го разбираат, им служи за потсмев. Но тој е горд и со презир гледа кон нив. Земајќи ги симболите како основна техника за своето изразување, Бодлер ги поставува основите на симболистичката поезија. Цитат за овој час: Жената е покана за среќа. Бодлер МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА КОН КРАЈОТ НА 19. И ПОЧЕТОКОТ НА 20. ВЕК

Во последните децении на 19. век Турската империја на Балканот ја потресувале силни општествено-политички настани. Централната власт слабее. 41


Како резултат на национално-ослободителните движења, Бугарија се осамостоила (1878), Босна и Херцеговина била окупирана од Австро-Унгарија, Србија ја проширила својата територија на југ, заземајќи го Врање. Македонија, и покрај двете востанија во Разловци (1876) и во Кресна (1878), останала единствена словенска земја на Балканот, под османлискиот јарем. Како резултат на диктатот на земјите победнички во војните што ги водела, Турција била принудена да ги отвори своите пазари за производите од европските земји. Империјата (во нејзините рамки и Македонија) била под наплив на индустриска стока со подобар квалитет и пониски цени. Занаетчиството полека пропаѓало, заедно со другите стопански гранки. Населението неможејќи да се справи со сиромаштијата и со наметнатите даноци од власта, ја напуштало Македонија и во потрага по подобар живот мигрирало во соседните држави (Бугарија, Србија, Романија), а подоцна и во прекуокеанските земји. Така се јавило печалбарството како нов општествен феномен. Разнишаните турски позиции во Македонија создале погодна почва за дејствување на туѓите пропаганди на околните балкански државички со цел да го подготват теренот за нејзина идна поделба. Отпорот на македонскиот народ против османлиското ропство, отпрвин повеќе стихиен и индивидуален, дури при крајот на 19.век добил своја организирана форма преку создавањето на ТМОРО, подоцна ВМРО (1893). На Организацијата ѝ пристапувале елементи од сите слоеви на населението (селани, учители, работници...) Организацијата, на чие чело ќе застане корифејот на ослободителната борба, Гоце Делчев, покрај стремежот за национално ослободување, се борела и против туѓите влијанија, како меѓу народот, така и во сопствените редови. Круна на вековниот идеал за слобода на македонскиот народ и на сите што живееле во Македонија биле Илинденското востание (1903) и Крушевската република. Иако недоволно подготвено и со трагични последици по населението, Востанието се врежaло длабоко во свеста на народот дека треба да се подготвува за еден нов Илинден кој ќе дојде неколку децении подоцна (1944). Крушевската република, со траење од десетина дена, на начинот како била прокламирана и уредена, покажала како требало да се гради сожителството меѓу сите кои се борат за слобода и социјална правда. Теророт на кој бил подложено невиното население, предизвикал внимание кај европската јавност, но не и доволно, за да се натерат турските власти за спроведување на реформите на кои се обврзале. Напоредно со револуционерната борба, во периодот за кој станува збор, дејствуваат и творат литературни и културни дејци (Ѓ. Пулевски, К. П. Мисирков, Д. Чуповски, М. Цепенков, В. Чернодрински...). 42


Некои од нив работеле на будење на националната свест преку разграничување на македонскиот од бугарскиот јазик (Лозарите, Мисирков), други со своите дела ја поттикнувале револуционерната борба (Чернодрински, Н. К. - Мајски), трети, со собирачката дејност ја дополниле ризницата на македонското културно наследство (Цепенков, Шапкарев). Цитат за овој час: Мнозина философи има гоедари и мнозина гоедари станале философи. Марко Цепенков МАРКО ЦЕПЕНКОВ (1829 – 1920)

Марко Цепенков е, по многу нешта, исклучителна појава во нашата културна историја. Требало да поминат години за да се сфати големината и вредноста на наследството што ни го оставил. Тој восхитува, како со сестраноста во собирачката дејност (забележал повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни,150 песни,100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења, 2900 соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, многу страници со јазичен и етнолошки материјал и т.н.), така и со начинот и љубовта со која ги собирал истите. А во поново време го откриваме и како автор на песни, дури и како драмски писател. Се разбира, не сите творби се со издржани уметнички вредности. Но сите се со искрени мотиви и со пораки на страдалник, далеку од родната земја – Македонија. Многу од податоците за него, но и за настаните во тоа време дознаваме од неговата Автобиографија (1896), напишана на родниот прилепски говор. Роден е во Крушево, во многудетно семејство, каде што неговиот татко Коста се преселил од прилепското село Ореовец. Завршил ќелијно училиште во Варош (Прилеп), а потоа го учел терзискиот занает. Љубовта кон книгата била голема и Цепенков читал сѐ што ќе му дошло при рака. Научил повеќе јазици (турски, грчки, влашки, бугарски). Под влијание на Д. Миладинов, кој дошол за учител во Прилеп (1856/57), М. Цепенков почнал да собира народни умотворби. Толку ја засакал народната мудрост, и откако видел свои текстови во Зборникот на Кузман Шапкарев, веќе никој, и за ништо на светот, не можел да го разубеди да се откаже од желбата да го запишува непроценливото народно богатство. Како резултат на неговата неуморна собирачка дејност, на страниците на периодични списанија во Бугарија, биле објавувани фолклорните материјали. Едно од тие списанија (Сборникъ за народни умотворенија, наука и книжнина) речиси целото било исполнувано со записи од Цепенков. И покрај семејните и здравствените проблеми (видот полека го губел), Цепенков на поодмината возраст почнал да создава дела кои носат личен печат: Автобиографијата (1896), драмата Црне војвода (1903), повеќе песни (Мојата песна, Редењето на дедо Марко Цепенко, Македонцко тажејње, 43


Позив од мајка Македонија...), Белешки за македонцките војводи (1894). Интересно е да се каже дека во повеќе свои творби Цепенков употребувал упростен правопис со примена на ѕ и џ, букви кои не се користеле во бугарската ортографија! Она што го разликува Цепенкова од другите собирачи на народни умотворби е постапката со која ги бележи приказните внесувајќи понекогаш лични интервенции во нивната содржина и придодавајќи нови елементи. За некои негови критичари тоа било недопустливо. Но Цепенков бил длабоко сраснат со духот на нашиот јазик и таквите интервенции воопшто и не ги забележуваме. Напротив тие со сочниот стил, на приказните им даваат полнокрвност и со својата реалистичност ги доближуваат до читателите. Меѓу многуте негови приказни, за кои попрво би рекле дека се раскази на Цепенков, и кои восхитуваат со мајсторски водената нарација, секогаш најпрвин би ја истакнале онаа за Силјан Штркот. Во неа се прикажува за страдањата што ги доживеал разгалениот син кој не сакал да ги прифати советите на своите родители. Цепенков е уверлив не само во изнесувањето на деталите околу авантурите на Силјан Штркот и во описот на селскиот живот; уште повеќе, се зафаќа со психолошко портретирање на главниот лик. Притоа е одмерен, исто како што со мерка ги изнесува мотивите поради кои Силјан се оддава на безделничење. Може слободно да се каже дека тој не е обичен запишувач на народни умотворби.Тој е прозаист кој на најубав начин народната мудрост ја доближува до светот на уметничката литература. Вреди да се спомне е тоа дека Цепенковите приказни се непресушен извор и подлога за многу дела од современи автори и режисери. Цитат за овој час: Најпосле да ви речам нешто, умирачката ќе ми отми перото од раката... Марко Цепенков ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ (1875 - 1951)

Иако почетоците на театарската уметност воМакедонија се поврзани со драмските изведби на Ј. Х. К. - Џинот, сепак на Војдан Чернодрински му припаѓа челното место во оваа литературна област. Животниот пат на Чернодрински се совпаѓа со судбината на илјадници Македонци кои поради несигурноста на личниот живот биле принудени да ги напуштаат родните огништа и да се населуваат во места (најчесто градови), каде што биле заштитени колку толку од турските власти. Така и семејството на Војдан Поп Георгиев-Чернодрински по една немила случка, го напуштило родното Селци (Дебарско) и се населило во Охрид. Тука Војдан го започнал основното образование, го продолжил средното во солунската гимназија, а го завршил во Софија, каде што татко му порано се преселил. 44


Во Софија активно се вклучува во активностите на Младата македонска книжовна дружина (претседател - Коста Шахов). Во нејзините рамки ќе се формира театарскиот кружок Македонски зговор кој ќе ги изведе првите драмски обиди на Чернодрински (Дрварите, Во меаната, Македонска емиграција). Кружокот дејствува до есента 1897 година кога речиси сите негови членови се префрлиле во Македонија, за поблиску да работат на ослободителното дело. Чернодрински, пак, една година бил учител во битолското село Могила. Студиите по право ги започнал во Грац, Австрија, ги продолжил во Берн, Швајцарија, но не ги завршил, бидејќи понесен од повикот за ослободување на поробената татковина, активно се вклучил во организирањето на повеќе тамошни македонски студентски друштва. Нивна цел била да ја помагаат револуционерната борба во Македонија преку нејзина афирмација во Европа Во летото 1900 година се вратил во Софија и целосно се посветил на литературно-театарската дејност. Ја формирал театарската група Скрб и утеха. Тогаш Чернодрински ја напишал Македонска крвава свадба прикажана со голем успех кон крајот на годината. Со театарската група Чернодрински посетил многу места во Бугарија и секаде Драмата доживувала овации, а особено во градовите каде што живеела македонска емиграција. Поттикнат од успехот на Македонска крвава свадба, Чернодрински ќе ја продолжи дејноста преку формирање на Столичниот македонски театар во Софија, кој работел на професионални основи. За неговиот репертоар Чернодрински ги напишал драмите: Од глаата си патиме, Робот и агата, Зло за зло (преработка на едночинката Дрварите). Со желба за афирмација на македонската национална мисла надвор од Бугарија, Чернодрински ќе ја прикаже Македонска крвава свадба во Белград (во присуство на членови на кралското семејство), во Крагуевац и во неколку други градови во Србија. Секаде бил со интерес пречекан од публиката. На таа турнеја се приклучил и Крсте Петков Мисирков, кој, пак, на научните предавањата ќе се заложи за создавање на посебна македонска држава. Чернодрински се обидел и како автор на либрето за првата македонска оперетка Срешта, посветена на Гоце Делчев, негов соборец и истомисленик. Со своето дело извршил влијание и на други македонски писатели да создаваат драмски творби (на Димитар Хаџи Динев - Револуционер, на Димитар Г. Молеров - Змеова невеста, на Марко Цепенков Цепенков, на Н. К. - Мајски Илинден) или да се формираат театарски групи (Слобода и др.). Самиот Чернодрински во периодот по Хуриетот (1908) во Солун, Битола, Скопје, Кукуш, формирал театарски групи со кои се прикажувале и драми со посовремени содржини. По трагичната поделба на Македонија (1913), Чернодрински ќе биде сведок на ново, тројно ропство на својот народ. Тој исто така ќе биде сведок на меѓусебни пресметки на членовите на Внатрешната македонска револуционерна 45


организација. Драмите што ги пишува тогаш се од македонскиот битов живот (На нова година, На реката) или од подалечното и поблиското минато (Духот на слободата слободата,, Цвета војвотката; Цар Пир, Бурите крај Вардар, Слав Драгота; последните три драми се напишани на бугарски јазик). Последните години од својот живот ќе ги помине пишувајќи стихови и средувајќи ги своите спомени во писмена форма. Драмата Македонска крвава свадба не само што е најпознато дело на Војдан Чернодрински, туку тоа е едно од најзначајните во македонската литература. Нејзината вредност е уште поголема, ако се знае улогата што ја одиграла за јакнење на националната свест кај нашиот народ. Во драмата која има пет чина, се испреплетени повеќе мотиви: социјалниот, битовиот и родољубивиот. Во првиот чин авторот нѐ запознава со тешкиот аргатски живот на поголемото семејство на дедо Кузман кое жнее на имотот на Осман-бег. Им се приклучува овчарот Спасе, вљубен во младата и убава жетварка Цвета. Доаѓа чивликсајбијата Осман-бег со својата придружба и ја граба Цвета.

Вториот чин се одвива во куќата на дедо Кузман каде што пијан Турчин ги малтретира жените барајќи да му зготват вкусни јадења и ги плаши децата. Третиот чин се одвива во харемот на Осман-бег каде што тој на разни начини се обидува да ја потурчи Цвета. Таа храбро се спротивставува на секоја негова закана. Не помагаат ниту советите на двете потурчени Македонки кои треба да ја разубедат Цвета да се помири со судбината. Спасе и братот на Цвета, Дуко, безуспешно ја бараат низ собите во присуство на заптии. Осман-бег напомош го повикува Селим-оџа. Четвртиот чин се одигрува во уќуматот, каде што во присуство на архиерејски намесник и конзули се одвива распитот дали Цвета доброволно се потурчила или насила. Отпрвин под дејство на опојни треви Цвета одговара онака како што посакува Осман-бег. Но кога мајка ѝ бара да ѝ го види лицето, таа се присвестува, го кине фереџето и вели умирам, ама Турчинка не станувам. Истите зборови умрев, ама Турчинка не станав, Цвета ќе ги изговори на крајот на петтиот чин кој се одигрува на денот на свадбата. Доаѓа Осман-бег за да се одмазди и да ја направи свадбата крвава. Идејата во Драмата е да се поттикне и зајакне свеста кај народот за ослободување од Турците. Или како што вели авторот: да се раздвижат спокојните, лабави струни на македонскиот роб. Заради тоа и конфликтот во драмата го заострува да крајни граници. Од тие причини и ликовите се антагонистички поставени: Турците се насилници и злосторници, Македонците чесни и достојни, кои држат до верата и обичаите. Меѓу сите највпечатлив е ликот на Цвета. Млада, убава, копнее по саканиот Спасе. Непомирлива е по однос на верата и својата слобода. Ја одбива понудата 46


да живее раскошно во харемот. Умира убивајќи го оној што посегнал по нејзината чест. Осман-бег е типичен насилник, суров и одмаздолубив. Смета дека има право над сѐ во неговиот имот. Дури и врз животите на своите аргати. Дуко и Спасе се храбри и бунтовни. Спремни се да посегнат по оружје за да ѝ стават крај на неправдата од поробувачите. Задоени се со духот на слободата од новите комитски песни. Вредностите на едно уметничко дело најобјективно се оценуваат преку временската дистанца. Ако тоа е интерсно за читање и гледање и по повеќе од едно столетие, тоа значи дека ништо не изгубило од својата актуелност. Со такви вредности е токму драмата Македонска крвава свадба. Цитат за овој час: ...А Војдан и последниот грош го раздаваше и од сè најмногу ја сакаше Македонија. Душата постојано таму му беше... Марија Чернодринска МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

По Балканските војни и Првата светска војна настанало ново раздобје во историјата на нашиот народ. Со Букурешкиот договор од 1913 година живото ткиво на македонскиот народ било поделено меѓу соседните балкански земји: Грција, Србија и Бугарија. Залудни останале напорите на напредните македонски дејци да се спречи поделбата на Македонија. Неколку години подоцна, на Париската мировна конференција, само се потврдила неправдата нанесена кон нашиот народ. Во новонастанатите услови економската ситуација се влошила како резултат на прекинатите сообраќајни врски кон Европа и Ориентот, а кои минувале низ Македонија. Занаетчиството и трговијата стагнирале исто како и земјоделството и сточарството. Во новоосвоените територии српските власти доведувале колонизатори на кои им била доделена најдобрата земја за обработување. Грчките власти, пак, со цел да го изменат етничкиот состав на Егејскиот дел на Македонија, извршиле размена на населението со Турција и Бугарија. На место на Македонците, од Мала Азија било донесено население од кое ќе се регрутира ударната сила на грчкиот национализам со децении подоцна. Ниту во Бугарија положбата не била подобра. Бугарскиот двор инфилтрирал свои офицери во раководството на ВМРО со цел да се пресмета со Македонците кои се бореле за автономна држава во рамките на една идна балканска федерација. Како резултат на меѓусебни пресметки, ќе загинат многу македонски синови за идеи и идеали, за кои ни по речиси едно столетие, на нивните потомци нема да им донесе национално помирување и обединување! Во услови кога македонскиот јазик бил забранет за употреба во училиштата и бил забранет да се говори дури и во домовите (во Грција), секако не можеме да зборуваме за нормален развој на нашата литература. Иако некои од нашите 47


писатели пишувале на туѓи јазици, предмет на нивните дела се Македонците и нивните судбини (А. Крстиќ, Н. Ј. Вапцаров, С. Христов, Д. Талев...). Други, пак, најпрвин пишувале на туѓи јазици, за подоцна целосно да се посветат на мајчиниот јазик (К. Рацин, В. Иљоски, Ѓ. Абаџиев...). Се разбира, има и една група писатели кои речиси целото свое творештво го создале на македонски јазик (А. Панов, Р. Крле, К. Неделковски...). Најпосле не може да се одречува придонесот на творци, чии дела на времето биле високо вреднувани, а поради разни околности, подоцна да биде оспорувани (В. Марковски). Цитат за овој час: Во 1938 година се замисли формирањето на Македонскиот литературен кружок. Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) ВАСИЛ ИЉОСКИ (1902-1995)

Васил Иљоски е првиот од македонските драмски писатели чии дела се прикажани на сцената на Скопскиот народен театар меѓу Двете светски војни и кој повеќе од шест децении активно ја негувал драмската литература. Роден во Крушево, но со родителите се преселил во Куманово, каде што го оформил основното и гимназиското образование. Филозофскиот факултет го завршил во Скопје, потоа како професор работел во Куманово и во други градови. По ослободувањето вршел повеќе функции (член на Комисијата за Кодификација на македонскиот литературен јазик и сл.), но најдолго работел како професор на Педагошката академија во Скопје. Васил Иљоски беше меѓу првите 14 избрани академици на МАНУ по нејзиното формирање (1967). Покрај драмите Иљоски е автор на бројни научни и есеистички трудови од областа на литературата и јазикот и добитник на повеќе литературни награди и признанија. Од првото драмско дело По матурата (1921), па до последните, Васил Иљоски создава творби низ кои провејуваат различни идејни пораки врз различни тематски основи, но сите нив ги обединува авторовиот стремеж за хуманистички односи, најчесто врз комични ситуации. Интересно е тоа што Иљоски некои од своите драми напишани, особено пред Втората светска војна, подоцна ги преработувал под други наслови (Бежанка, Ленче Кумановче - Бегалка; Нагазил човекот - Чорбаџи Теодос; Татко и син - Млади синови и сл.). Негови се и следниве драми: Биро за безработни, Ученичка авантура, Пиши Панче, Чест, Кузман Капидан, Окрвавен камен, Два спрема еден, Допирни точки, Свадба, Смрт за живот и т.н. Меѓу многуте драми на Иљоски прва прикажана на македонски јазик (1928), и секако најпопуларна, е Бегалка. Сижето на драмата раскажува за љубовта на двајца млади од две социјални средини. Комедијата е исполнета со богат народен колорит од песни и игри, што ни дава за право да заклучиме дека тоа е битово-сценско дело. Но исто така 48


можеме да речеме дека таа е драма со изразен социјален конфликт. Преку комика и со лежерност авторот ги разрешува ситуациите кога доаѓа до судир меѓу патријархалните сфаќања на скржавиот деспот Аџи Трајко и силната и света љубов меѓу Бошко и Ленче. Драмата избилува со емоционалнаекспресивна лексика и фолклор кои Иљоски мајсторски ги внесува преку карактерите на главните личности. Комичното не не е цел само за себе, тоа поучува и облагородува, тоа тера да се размислува и дејствува. Второ дело по популарност на Иљоски е комедијата Чорбаџи Теодос. Според вредносните критериуми таа стои на повисоко рамниште од Бегалка, како во поглед на композицијата, така и во поглед на динамиката на драмското дејство. Тоа се одигрува во три чина. Како основа (тема) на драмата е обработена анегдотата за наметнато кумство на новороденче, кое според обичаите мора да го прифати чорбаџи Теодос. Кон тоа Иљоски го придодава и мотивот на „забранетата“ љубов меѓу Томче, синот на чорбаџи Теодос, и сиромашната девојка Стојанка. За да биде ситуацијата покомична се јавува Арсо, кој го наседнува чорбаџијата да биде цигански кум и преку повеќе смешни досетки, успева да си го спаси лозјето и да го пренесе кумството врз синот на Теодос. Во првиот чин кој се одвива во куќата на чорбаџијата Теодос, авторот нѐ запознава со повеќето личности и особено со карактерот на главниот лик чорбаџијата Теодос, кој додека спие никој не се решава да го разбуди. Кога ќе стане, ги омаловажува сите околу себе. Не сака да чуе за молбата на синот Томче да ја побара за снаа Стојанка, затоа што била црна како Циганка, татко ѝ бил самарџија и имала кал под ноктите. За него жена му Кева ќе рече: Душовадник, живојадник! Во вториот чин се појавува бакалинот Арсо и семејството на Поцко, христијански Цигани со новороденче, на кое му бараат кум. Знаејќи дека наскоро треба да помине Теодос, Арсо ги советува Циганите да го остават новороденчето на патот за да го најде Теодос и да му стане кум. Гордиот и до крајни граници смешно-педантен, кој држи до обичаите, со тешко срце ќе ја прифати улогата на цигански кум. Во третиот чин по многу комични ситуации, таа улога со помош на Арсо ќе му ја препушти на синот Томче, а Арсо ќе си го поврати заложеното лозје. Чорбаџи Теодос е надмен, болен чистотник, ситничар, се однесува како деспот, но тој е уште и лихвар и скржавец. Околу него се поставени сите други личности. Нивните судбини зависат од неговите постапки. Чорбаџи Теодос смета дека само тој е тој, сите други се безвредни. Во постапките што му се наметнати ќе се види колку Теодос е немоќен да се извлече и ќе биде предмет на исмејување од сите. Идејата да се изложи на 49


потсмев надуеноста на богатите, Иљоски на најсликовит начин ќе ја осмисли токму во оваа типична комедија. Цитат за овој час: Татко ѝ самарџија. Со него да се засватам? Поарно самар на грбот да си ставам. Чорбаџи Теодос АНТОН ПАНОВ (1906 - 1968)

Антон Панов е еден од авторите кои ја афирмирале македонската драма во времето меѓу Двете Двете светски војни, кога нашиот јазик бил забранет за употреба, а писателите „по потреба на службата“ биле преместувани во места надвор од Македонија. Роден во семејство на сиромашни родители, Панов основното училиште го започнал во Дојран, а го продолжил во Струмица, каде што се преселил, по разурнувањето на родното место за време на Првата светска војна. Виша гимназија и средно музичко училиште учел во Белград. Истовремено настапувал како хорист во Белградската опера. Тогаш ги направил првите литературни обиди (песната Врни се во дом и повеќе други песни, некои под влијание на Р. Тагоре, кој во тоа време престојувал во Белград). Од тој период се и повеќе раскази (Роденденот на Серјожа Јегоркин, Орденот Свети Сава од петти степен, Тинка, Беда во колибата). Тука треба да се спомене обидот да напише роман со тематика од белградскиот живот (работен наслов Живи гробови). Сите тие творби, како и драмите напишани подоцна, сепак, се во сенка на успехот што го постигнал со Печалбари. Идејата да ја напише Печалбари кај Панов зрее повеќе години и конечно ја реализира 1936 година. Премиерата во Народниот театар во Скопје, од публиката била прифатена со восхит и трогателност. Потоа била прикажана низ повеќе градови на Македонија и Јужна Србија (Во Битола - 23 претстави, во Лесковац 22.) Драмата подоцна била поставена на сцените на повеќе театри низ тогашна Југославија (во Ниш, Белград, Бања Лука...). Оттогаш и нема театар во Македонија каде што не е поставена. (Најново Кумановскиот театар - 2010). Успехот со Печалбари ќе го поттикне авторот да продолжи да пишува драмски дела. Тогаш настанала драмата Стега со социјална тематика, по Војната преработена под наслов Вероника Самарак. Драмата Пиликатник со тема од рибарскиот живот доживеа своја изведба на сцената на Струмичкиот театар (кој го носи името на славниот писател). Овде ги спомнуваме и драмите Преродени и Градинар (комедија), како и збирката есеи Мисли и размислувања. Животната патека по враќањето од Белград, Антон Панов ја изодува на релацијата Дојран-Скопје-Петроварадин-Нови Сад, за да ја заврши во Струмица, која ја сметал за втор роден град. Печалбари во основа е социјална драма во која како главна тема е предаден тешкиот печалбарски живот и последиците што ги предизвикува. 50


Идејната порака ја откриваме преку отпорот на еден од главните ликови Костадин, да се спротивстави на бездушноста на богаташите кои заради парите ги уништуваат животните радости на најлиските. Драмата се состои од четири чина, со стегната композиција и живи дијалози. Првиот чин се одигрува во домот на селскиот лихвар Јордан кај кого доаѓа Божана, мајката на Костадин, за да ја побара Симка за снаа. Таткото Јордан е согласен под услов, според обичајот, да му се платат 30 златници. По ова доаѓа еден селанец за да бара пари на заем од Јордан, се разбира со одредена лихва. Првиот чин завршува со сцената во која Симка и против својата волја е свршена за Јован, затоа што стојникот Стрико Кољо веднаш се согласува да плати според редот и обичајот.

Вториот чин започнува со разговорот меѓу Костадин и неговата мајка, во кој Костадин кажува дека нема 30 златници и дека не сака да купи невеста за пари. Тој заедно со своите другари се решава да ја грабне Симка. Во моментот кога тоа сака да го направи, се појавува Јордан и Симка за да го избегне срамот, го моли Костадина да се согласи на условите што ги поставува татко ѝ (да му позајми пари и кои ќе треба да му ги врати). На почетокот на третиот чин Костадин и Симка се среќни, но тоа ќе трае до моментот кога кај нив ќе дојде Јордан за да си ги бара позајмените 50 златници. Костадин ги нема тие пари и не сака да оди на печалба, барем не додека не му се роди синот, за да не ја доживее судбината на својот татко кој умрел на печалба без да го виде сина си.Сепак победува бездушноста на Јордан и Костадин заминува на печалба.

Четвртиот чин се одигрува во Белград, неколку години подоцна, кога Костадин, и покрај грижата од другарите, тешко болен умира од туберкулоза. Во последната сцена од тој чин по враќањето од печалба, другарите на Костадин ѝ го подаваат ќесето со спечалените пари на Симка, а таа ги дава на синот Коле за да му ги однесе на дедо му Јордан за задуша. Во драмата централни ликови се Костадин и Јордан. Костадин е свесен за последиците што ги носи печалбарството и не сака да ја продолжи таа традиција. Жестоко се спротивставува: Зошто татко ми ги остави коските на печалба? Зошто јас не сум чул ни збор од неговата уста?...По природа бунтовен, Костадин, сепак, притиснат од противречните односи кои го опкружуваат, со тешко срце ќе замине, за да не се врати никогаш и да не ја виде рожбата од силната љубов кон Симка - синот Никола. За таткото на Симка, Јордан, најважни се парите. Се пазари како џамбаз кога треба да ја омажи својата ќерка. Подоцна ја жртвува среќата на својата ќерка и својот внук за грст златници. Врз маката на сиромашните го трупа своето богатство. Нему сличен во постапките му е Аранѓел, сопственикот на фурната во Белград, каде што Костадин се разболува. 51


Симка е воспитана да се покорува на татковата волја, силно го сака Костадина и нејќе да биде (про)дадена на друг. Судбината на свекрвата Божана да гледа сираче, ќе се повтори и врз плеќите на Симка.

Експозицијата во драмата започнува со љубовта меѓу Костадин и Симка, заплетот се случува кога Јордан одбива туку-така да ја даде Симка. Кулминација на драмското дејство настанува кога Костадин заминува на печалба, неговата умирачка е како расплет. Не само што композицијата на Печалбари е цврсто градена и збиена, туку и дијалозите се кратки и исполнети со живост. За тоа придонесуваат поговорките и пословиците што авторот умешно ги користи. Посебен белег на драмата ѝ даваат музичките делови со елементи од македонскиот фолклор, специјално подготвени за неа, иако на првата изведба по барање на режисерот дошло до измена на композиторот. и на некои од песните. Јазикот во драмата во основа е говор од западното македонско наречје иако се среќаваат и јазични конструкции од југоисточното наречје. Тоа оди во прилог на заложбата на писателите од периодот меѓу Двете светски војни да се застапуваат за јазична норма која ќе биде разбирлива за поголемиот дел Македонци. Во тој поглед придонесот на Антон Панов е исклучителен. Цитат за овој час: Среќен што сум роден Македонец и што ѝ припаѓам на првата генерација македонски писатели кои се осмелија под тешки услови и уште во потешки времиња први да почнат да пишуваат на македонски јазик. А тоа не беше лесно да се направи при немање на македонска граматика и правопис. Тогаш ние истапивме како прогресивни македонски родољуби на чело со Рацин, кој ни служеше како инспиратор, иако ние бевме само драматурзи и не се занимававме со поезија... На денот на јубилејот, 23 април 1967 година, Антон Панов, с.р. РИСТО КРЛЕ (1900 - 1975)

Ристо Крле е интересна појава во развитокот на македонската драма. Автор кој не само што го потврди нагорниот од на театарската уметност кај нас, туку го внесе мотивот на непрепознавање познат уште од античката литература и толку суров по своите последици. Роден во Струга во 1900 година во семејство на чевларски занаетчија, Ристо Крле имал нередовно школување. По основното образование завршил први клас нижа гимназија, а по неколку години уште еден клас. По смртта на татко му немал можност да го продолжи образованието и го прифатил чевларскиот занает. Извесно време работи како општински писар. Во 1925 година работи како калфа во Поградец, Албанија, а по враќањето по низа препреки ќе успее да отвори самостоен чевларски дуќан. Нешто подоцна пред налетот на поефтини и помодрени фабрички производи, ќе биде принуден како и многумина, да го затвори дуќанот, а егзистенција за себе и семејството да побара како работник во Скопскиот монопол и како службеник 52


во Хипотекарната банка во Белград. По ослободуваето Крле работи како службеник во Министерството за просвета и како администратор во Друштвото на писателите на Македонија. Првите чекори на полето на културата и уметноста Ристо Крле ги прави како аматер во Културно-уметничкото друштво Црни Дрим во родниот град. Тогаш ќе биде опфатен од творечко неспокојство да ја преточи во драма потресната сторија што ја слушнал во 1925 година, додека бил во Поградец, за убиството на печалбарот од страна на родителите поради непрепознавање. Така ќе настанат Парите се отепувачка, премиерно изведена1938 година. Успехот од премиерното прикажување бил неочекуван и сензационален, меѓу другото и затоа што како автор се јавила личност со непотполно средно образование. Тоа ќе го потикне Крле да се зафати со пишување и на други драми: Антица (изведена на сцената на Скопскиот народен театар - 1940), Милион маченици (која морал да ја преправа поради острата критика кон тогашниот општествен систем -1940); по војната: Велик ден (1950), Грофот Миливој (1958). Тој е автор и на други прозни текстови, ( првиот дел на Автобиографијата - 1990 и сл.).

Парите се отепувачка е драма во пет чина. Првиот чин се одвива во куќата на селанецот Митре каде што се собрани роднини и пријателите за да го испратат синот Ангеле на печалба во Америка. Во вториот чин најблиските се во исчекување на вестите дали Ангеле им се приклучил на другите печалбари на пат кон Битола, а оттаму за Солун. Третиот чин се случува дваесетина години подоцна. Ангеле се враќа од печалба и првин пристигнува во домот на својата сестра Ката во соседното село, каде што го пречекува внуката Ана, која од раскажувањата знае дека вујко ѝ е во Америка на печалба. Ангеле се мисли дали да преноќува кај сестра си или да се врати кај родителите. Во четвртиот чин Ангеле е дома. Татко му и мајка му не го препознаваат. Ангеле го отвора куферот полн со златници. Кај таткото Митре се јавува грозоморна мисла: да го убие непознатиот кој сигурно ограбил некој друг печалбар, а можеби и го убил. Во петтиот чин доаѓа сестрата Ката со семејството и наместо радост, сведок е на трагичниот крај на братот Ангеле и на родителите. Во поглед на композицијата, драмското дејство минува низ следниве етапи: експозиција, која се надоврзува во првиот и вториот чин преку разговорите на личностите, описот на обичаите, и испраќањето на Ангеле. Заплетот започнува кога Ангеле се враќа од печалба и доаѓа во куќата на сестра му, а потоа и дома, со помисла да не се кажува кој е. Кулминацијата настанува кога родителите не го препознаваат синот и кога таткото Митре заслепен од златото, го убива и покрај противењето на мајката Мара. Расплетот се случува кога од ќерката Ката ја дознаваат вистината. Мајката скршена од голема тага и бол умира; таткото си го одзема животот со нож. 53


Во драмата се прикажани повеќе ликови, но највпечатливи се таткото Митре, мајката Мара, сестрата Ката и синот Ангеле. Некои критичари му забележуваат на авторот дека во обликувањето на нивните карактери не одел до крај; дека мотивот за убиството не го осветлил и искористил целосно , дека недостасувале елементи на сценската разработка и т.н. Алчноста за пари од некогашниот сиромашен селанец Митре ќе направи неговата психа да се исполни со мисли на злосторник, или поточно речено,кај него ќе појави отсуство, отуѓеност на човечност. Мајката Мара иако побожна и свесна за гревот што се надвиснал над нив, не смогнува сили да му ја оттргне секирата на мажот. Претходно, таа за да го одвлече од најлошото, дури му предлага на Митрета, да му земе некој златник од куферот на туѓинецот, кога веќе му останале очите во нив и да си легнат. Но под дејство на душевно и морално растројство на Митре, шегата што ја смислиле децата Ката и Ангеле за да биде радоста поголема, ќе се претвори во трагедија која опоменува и поучува. Цитат за овој час: Парите се причина за сите зла. Густав Флобер КОЧО РАЦИН (1908 - 1943)

Кочо Рацин е, без сомнение, средишна личност во македонската литература меѓу Двете светски војни и еден од основоположниците на современата наша поезија. Неговиот придонес како поет е неспорен, но не е без значење ниту неговото ангажирање како прозаист, како публицист, дури и како историчар и литературен критичар. Севкупниот негов ангажман бил плод на неуморната работа да ги осознава противречностите на општеството во кое живеал, засновано на експлоатација на наемните работници, на кои тој им припаѓал од своето раѓање. Роден е Велес, во повеќедетното семејство на Апостол и Марија Солеви. Поради сиромаштија го напуштил школувањето во првиот клас на гимназијата, за да му биде од припомош на татко му во грнчарскиот занает. Напорната работа не можела да го оттргне од желбата да чита и да се наобразува. Во слободното време, и особено ноќе, читал сѐ што ќе му дојде прирака. Дури читал и дела од автори кои биле тешко разбирливи за неговата возраст (Хегел и др.). Веќе на 20 години поетскиот изблик ќе го преточи во песната Синови на гладот, како и во прозниот состав Резултат, напишани на српски јазик. Покрај револуционерната борба на која ѝ останал верен до крајот на својот живот, и поради која често бил затворан и интерниран, Рацин наоѓал време да ѝ се посвети и на литературната дејност. Покрај пишувањето на поезија и прозни состави, Рацин се јавува и како уредник на весникот Искра во кој соработувале повеќемина напредни писатели од Македонија. Уште позначајно е што тој организирал литературни читања на кои се демонстрирал отпор против тогашниот режим. Од тие причини постојано бил под присмотра на полицијата. 54


По окупацијата на Југославија, Рацин бил заробен и интерниран, за потоа да побегне од логорот. Извесно време престојувал во Софија каде што се среќавал со група млади македонски писатели, меѓу кои бил и Коле Неделковски. По неговата трагична смрт, Рацин се вратил во Македонија и одново бил проследуван од полицијата на новата власт - на бугарската, која го уапсила и интернирала. Во пролетта 1943 година се приклучил на партизанските единици на Народноослободителната војска на Македонија, чиј Главен штаб се наоѓал на планината Лопуштник. Бил ангажиран околу издавањето на борбеното гласило Илинденски пат, како и на збирки со македонски народни песни. Животот несреќно го завршил на 13 јуни истата година, во околности кои не се докрај разјаснети. Творечката дејност Рацин ја започнал со стихови посветени на саканата девојка Рахилка - Раца Фирфова. Од тој период е стихозбирката во ракопис Антологијата на болката, со песни напишани на српски и бугарски јазик. На страниците на некои списанија биле објавени повеќе негови песни, а заедно со уште двајца другари ја отпечатиле стихозбирката 1932. Неколку години подоцна (1936) ја објавил и првата песна на македонски јазик До еден работник. Врв на Рациновото творечко созревање е објавата на стихозбирката Бели Мугри (1939, Самобор кај Загреб). Нејзината појава со интерес била проследена од напредната критика и била дистрибуирана на просторите на тогашната држава и пошироко. Таа мала книшка (со сѐ на сѐ 12 песни) ќе поттикне и охрабри и други млади македонски автори да се свртат кон сопствениот јазик. Во нашата литературна историја Кочо Рацин е познат и како автор на повеќе прозни дела, објавени низ периодичните списанија или по неговата смрт (Во каменоломот, Тутуноберачите, Пладне; Татко, Радоста е голема; делови од недовршениот роман Опиум /Афион). Речиси сите ја обработуваат социјалната тематика. Интересот на Рацин за историјата на нашиот народ најдобро можеме да го согледаме преку објавените статии за Богомилството кое како социјално движење од Македонија, преку Босна се раширило низ повеќе европски краишта. Една од трите статии е објавена и на македонски јазик. Рацин како литературен критичар напишал повеќе статии и прилози кои се однесуваат на Развитокот и значењето на една наша нова книжевност (читај македонската). Сепак, заслугите на Рацин за нашата литература се највредни на полето на поезијата.Со песните од стихозбирката Бели мугри ја премостува празнината настаната по Константин Миладинов, да се пишува на народен јазик и по углед на народната поезија.Во речиси сите песни (со исклучок на Копачите и донекаде Утрото над нас , Тутуноберачите и Елегии за тебе ) се користи метриката која е застапена во народната песна. Во поглед на мотивите, песните се главно социјални и во нив се пее за тешкиот аргатски живот (Денови, 55


Селска мака, Печал и Тутуноберачите). Подлогата на Татунчо, Елегии за тебе и Утрото над нас е родољубива, додека за Копачите ќе кажеме дека е таа нагласено револуционерна. Песната Ленка е една од најубавите елегии во нашата уметничка поезија Иако фонот на песната е социјален, восхитува лиризмот кој е проткаен низ целата песна: И ноќе кога месечко гроб ѝ со свила виеше, ветерчок тихо над неа жална ѝ тага рееше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна...“ Воведната песна во збирката Денови на најубав начин ја ја отсликува поврзаноста на Рацин со народната песна. Напишана е во осумсложник (осмерец), со два дактила и еден трохеј во средината, кои се типични и народната поезија. Со употреба на повеќе стилски фигури (споредба на почетокот: Како на вратот ѓердани; контрасти: роди се човек - роб биди, роди се човек - скот умри; метафори, клетви ај пуст да е, пуст да би останал; и симболи: алки ковани, синџир железен) поетот пее за ропската положба на аргатите. скотски цел живот работи за други туѓи имоти. За туѓи бели дворови копај си црни гробови! Во Тутуноберачите поетот ги прикажува бледите и испиени лица, кои со мака секој лист тутун по неколку пати го превртуваат низ прстите, со насолзени очи и поглед во кои има и надеж и јад, го очекуваат денот кога треба да им се вреднува и плати трудот: Денот ли дојде тој да се мери – мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде... Кантарот носи лисјето златно а в гради луто далгите беснат на жолтата мака – на жолтиот тутун на жолтата пот на раците ни! Копачите е песна во која провејува поетовиот оптмизам дека ќе дојдат подобри времиња. Тие светли денови ќе дојдат само со борба која ќе ја поведат тие што се угнетени. Само здружени и од цел свет со работа со труд ќе можат да го направат поубав. Песната почнува и завршува со истите стихови: 56


Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! И петли в село пеат и зората се зори – над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден! Целата песна е исполнета со метафорчност и симболика, низ која е проткаен повикот На работа // на труд! Копачите се песна исполнета со револуционерен патос, но и песна со силна верба за новиот светол ден. Низ сите песни на Рацин се огледува љубовта кон малиот човек, кон оној кој е ограбуван, чиј труд се потценува. Иако Рацин во песните тргнува од непресушните извори на народното творештво, тој во нив внесува нови доживувања, нови мотиви и идеи. На експресивните елементи од народните песни им придодава современа, и би рекле, модерна сензибилност. Затоа неговата поезија колку била блиска до времето кога е создавана, толку е актуелна и денес и ќе биде секогаш, додека постои социјална неправда и нееднаквост. Цитат за овој час: „Тешко ние да можеме да најдеме во нашата културна историја друга толку монолитна личност како Рацин, што по еден творечки начин гради мостови меѓу минатото и иднината, што знае на здрави основи да создава културна традиција... Блаже Конески ВЕНКО МАРКОВСКИ (1915 - 1988)

Венко Марковски (роден како Вениамин Миланов Тошев) е еден од осноположниците на современата македонска поезија, а по Втората светска војна еден од нашите најпродуктивни творци. По судирот со КПЈ поради поддршката на Информбирото, е затворен во Идризово, а подоцна е осуден на петгодишна робија на Голи Оток. По враќањето од робија и неговото покајување (!), сѐ што создал на македонски јазик, речиси преку ноќ е повлечено од рафтовите на библиотеките и книжарниците. Нешто подоцна е испратен на лекување во Бугарија, за таму да се откаже од својата национална припадност и јазикот на кој ги напишал своите најубави дела. Во Бугарија му се дадени најголеми почести (академик, пратеник, печатење на творбите во луксузни изданија, одбележување на неговите јубилеи на државно рамниште и т. н.). Венко Марковски гимназиското образование го завршил во Скопје, потоа во Софија студира словенска филологија. Станува член на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1941). Тогаш ги објавува своите први дела. Поради 57


судир со фашистичкиот режим во Бугарија е интерниран во Гола Вода и Ениќој. По враќањето во Македонија, зема учество во НОБ, а по ослободувањето учествува во Комисиите за Кодификација на македонскиот литературен јазик. Има спротивставени мислења околу некои решенија. Венко Марковски се јавува во литературата со песни објавени во списанието Илустрација Илинден. Подоцна ги објавил следниве дела: Народни бигори (поезија, 1938), Огинот (поезија, 1938), Лулкина песна (елегии, 1939), Луња (поезија, 1940), Гоце (поема, 1940), Илинден (поема, 1940), Чудна е Македонија (поема, 1940), Бие дванајсет (поема, 1941), На исток (сонетен венец, 1944), Спомени (сонетен венец, 1945), Робии (македонски епос, 1944),Партизани (спев во три дела, 1944), На пожарите на Елада (поезија, 1944),Република (поема, 1945), Климе (роман во стихови, 1945), Железницата (поема, 1946), На прагот (роман во стихови, 1946), За родниот кат (пиеса во четири дејствија, 1946), Гоце (драма во пет чина, 1951), Сказна за резбарот (роман во стихови, 1954), Над пламнати бездни (поезија, 1954). Венко Марковски по заминувањето во Бугарија, продолжил да создава на бугарски јазик. Притоа, некои од своите творби ги препева на бугарски јазик. Во развојот на современата македонска поезија од посебно значење се неговите први збирки поезија Народни бигори и Огинот издадени во Софија 1938 год. Во нив е силно влијанието на народната поезија. Се пишувани на родниот велешко-скопски дијалект. Стихозбирките биле пречекани со радост од македонската емиграција во Бугарија, а за талентот на Марковски тогаш пофално и објективно пишувале и некои бугарски критичари. Во нив се поместени песни со различни мотиви: социјални, љубовни, родолубиви и сл. Во песната Жетварите ја искажува сета мака на аргатите жетвари:

...А солнце-огин до рана гори, се топи камен под силен пек. A нигде cенкa; от темни зори caл тие стоат сред вивнат век... Пот врне врела от бледи чела, и пука кожа на ропски грб, сo глад се борат, за корка горат, крај алтан-жито и змиа-срп!... Низ песната поетот користи епитети, метафори за да го наслика амбиентот: алтан-жито; змиа -срп; солнце- пек . И во песната Огинот стилските средства се раскошни: машко племе; народдрен; ропски мрак; бујни чела и сл. Ha борба, машко племе, за радос светнал ден! 58


Пред нас е ново време, зад нас е народ-дрен! Се живо в огин гори се крева ропски мрак; зa слобода се борике светне мајкин праг!... Подоцна Марковски ќе го надогради својот талент со неколку поеми, сонетни венци, романи во стихови. За жал, во поново време Венко Марковски повеќе е предмет на полемики, со неговите постапки по заминувањето во Бугарија, отколку со неговиот вистински придонес во развојот на нашата литература. Поука за овој час: Напишаното останува. Латинска сентенца КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ (1912 - 1942)

Коле Неделковски спаѓа меѓу поетите кои ги поставуваа основите на современата македонска поезија, во време кога нашиот литературен јазик сѐ уште не беше востановен. Тој имал ретка среќа да се запознае со погледите на Крсте П. Мисирков, откривајќи ја книгата За македонцките работи меѓу рафтовите на Софиската народна библиотека и со радост на мало дете ги читал нејзините страници. Роден е во с. Војница како Никола Крстев Неделков, во сиромашно семејство. Материјалните неприлики биле причина да го напушти школувањето во први клас на велешката гимназија и да се зафати за молерскиот занает во Скопје. Покрај занаетот посетувал и трговско училиште. Поради тоа што бил постојано под присмотра на полицијата, го напуштил Скопје и заминал за Софија. Во Софија продолжил да работи како молер-декоратер, но и да се наобразува. Се дружел со македонски емигранти, но бил разочаран од односот на некои од нив кон родната земја. Во списанието Илустрација Илинден ги објавил своите први творби (Стојан војвода, Раткина неволја, Богдан и Гроздана, Мајка, Одродени, Чичко ми).Тие песни подоцна ќе ги помести (под други наслови) во својата прва стихозбирка М’скавици (1940) Во 1938 година пристапил кон Македонскиот литературен кружок, чиј главен организатор бил Никола Ј. Вапцаров, а во кој членувале многу македонски дејци: Ангел Жаров (Михаил Сматракалев),Васил Ивановски, Коста Веселинов, Ангел Динев, Антон Попов, Венко Марковски, Ѓорги Абаџиев... Нешто подоцна станал член на антифашистичка диверзантска група чија цел била отпор на германскиот окупатор и нивните бугарски слуги. Коле Неделковски на само десеттина дена пред смртта ја објавил својата втора збирка Пеш по светот. На 2 септември 1941 година, за да не падне жив во рацете на агентите, откако го уништил летоците за диверзантските акции, се фрлил од мансардата на една софиска шесткатница. Или можеби бил убиен, па фрлен на улица? 59


Неговата саможртва е светол пример за неразделно поврзување на идеалите за слобода и правда, за кои пееше и за кои се бореше. Со право можеме да кажеме дека бил поет-револуционер, со јасна определба за јазикот и националната припадност. И Коле Неделковски, како и други наши поети, своите први литературни обиди во поглед на метриката ги прави врз обрасците на народната поезија. Таква е на пример песната Богдан и Гроздана (во Молскавици под наслов Младост попарена) која е прва поместена во збирката.

Гроздана ја в земја ставија, над гроб ѝ разви трендафил, а Богдан с народ измачен, борба за правда прегрна! Во однос на изразните средства Неделковски се потпира на стилското богатство на народниот гениј, користејќи епитети и словенски антитези, така чести во народните песни (црна чума; првно либе; дали те болест фанала// ели ти ропство дотегна// ели си рани церела// на твои мили другачки?... Во поглед на мотивите, покрај оние од поблиското историско минато, се застапени современи мотиви како што социјалната положба на работниците (Стачка) со повик за револуционерна борба: До кога ли вака//шепот без екот?// Па доста сме браќа// робје на векот. (Работник) или положбата на емигрантите (Скитник). Во втората стихозбирка е објавена кратката поема Пеш по светот како и шест други песни, од кои највпечатлива е песната Глас од Македонија, силен крик до болка, против божемното ослободување на нашата татковина: О, трајте, трајте, тирани недни! Доста се тија лаги и злоба пакосен глас од устите гадни над мојот народ у секоја доба Во следната стрфа пее за волците гости кои доаѓат да ги глодат сувите коски на народот. Во третата строфа ја искажува желбата нашиот народ сам да си ја одредува својата судбина: Па нека сега сам да си реши со своја волја судба и сева, в животот еднаш сам да се теши, д'издигне славно свој род без врева. Песната завршува со идеалот за ослободување на поробената и поделената татковина, за време на балканските војни и за нејзино обединување: Та Шар и Пирин дружно да викнат родната песна в небеса темни и бурниот Егеј - на век да плиска тешкиот глас на новите химни. 60


Животниот пат на Неделковски е прекинат многу рано за да можел целосно да го развие својот творечки талент. Но и со она што останало како негово наследство, тој ни се претставува како светол пример во нашата културна историја. Цитат за овој час: Таму е мојот ајдучки Пирин, од првите детски денови запишан со песни, приказни и легенди во мојата душа, извишен со снежно модри раменици во височините, со забодени очи далеку во просторот ги црта со остер поглед границите на мојата татковина - до Шар, до Егеј, до Родопите и до Рила... Антон Попов МАКЕДОНСКИ ДВОДОМНИ ПИСАТЕЛИ

Во културното наследство на македонскиот народ значајно место му припаѓа на творештвото на повеќе писатели и поети од минатото, кои поради разни околности, делумно, или сите свои творби, ги пишувале на други јазици (најчесто на бугарски или српски јазик). На тој начин тие станале дел од кулурната историја на нашите соседи. Со родната земја ги поврзувало потеклото, или пак, судбината на Македонија, која најдоцна го отфрлила турското ропство, за да ѝ се наметне малку подоцна, ново тројно, со далекусежни последици. Во отсуство на сопствена татковина, која била поделена и подјармена, и на литературен јазик, дури и при забрана да се користи народниот јазик, писателите одбрале да го користат јазикот на државата чии државјани биле. Навистина е голем бројот на писателите кои имале две татковини: една во која живееле и една за која копнееле. Во нашата литературна историја сѐ повеќе се откриваат нивните дела сместени меѓу рафтовите на библиотеките и страниците на литературните списанија. Меѓу тие што дејствувале и пишувале во втората половина на 19 век е Трајко Китанчев со поемата на македонски јазик Марко Крале си ја губи силата (1889). Евтим Спространов е фолклорист и автор на песни и раскази на македонски јазик. И Војдан Чернодрински покрај на македонски, пишува и на бугарски јазик. Никола Киров - Мајски своите драми ги пишува на родниот крушовски говор, мемоарите на бугарски јазик. Зад името на стружанецот Асен Каваев стои немало творештво од песни, раскази, неколку романи и драми на македонски јазик. Димитар Миленски пишува на бугарски јазик и на ресенски дијалект Овде посебно го истакнуваме Милан Војницалија, чичко на Коле Неделковски, општествен деец и автор на стихозбирката Под туѓо небо. Некои од писателите пишувале само на бугарски јазик. Атанас Раздолов, драмски писател, поет и револуционер, роден во Берово. Димитар Г. Молеров писател и фолклорист (драмата Змејова невеста), Лазар Поп Трајков, поет; Петар Манџуков ( с. Мирковци, Скопско), анархист, автор на Предвесници на бурата (во 5 тома). Арсени Јовков (Селци, Дебарско) е еден од нашите поистакнати дејци во Бугарија, поет, публицист, уредник на повеќе весници, автор на романот во стихови Илинден. Меѓу оние кои оставиле свои спомени 61


зад себе, пишувајќи за Македонија се и Сребро Јанакиев, Љубомир Весов, Христо Смирненски, Кирил Манасиев - Вечерин; како и Ангел Динев, Васил Ивановски, Коста Веселинов, и други. Асен Шурдов - Ведров, Антон Великов - Беломорски. заедно со Антон Попов (антифашист,поет, есеист - Бура над родината, Чудна е Македонија), Никола Ј. Вапцаров, Михаил Сматракалев, припаѓаат на групата основоположници на Македонскиот литературен кружок. Меѓу писателите кои оставиле богато творештво зад себе е и Димитар Талев, роден во Прилеп, автор на повеќе романи со историска содржина (Илинден, Железниот светилник, Преспанските камбани, Самуил). Д Талев се крепеше од љубовта кон Македонија. Иако нецелосен, списокот на писатели кои пишувале на бугарски јазик го заокружуваме со Славе Македонски, кој хронолошки припаѓа на современата бугарска литература, но силното национално чувство го врзува за родната земја. Негови познати дела се збирката раскази Штуро племе и романот Тасо Македонецот. Не помала група писатели Македонци дел од своите творби ги напишале на српски или на хрватски јазик. Во таа група го вбројуваме Томо Смиљаниќ Брадина, (Тресонче, Мала Река), доктор на науки, автор на повеќе збирки раскази, поеми и драмата Македонски печалбари. Повеќе песни напишал на родниот македонски говор. Богдан Сираков (Велес), автор на драми, но малку напишал на македонски јазик. И Кочо Рацин првите свои дела и добар дел од своето творештво го создал на српски јазик (Резултат, Синови на гладот, Антологија на болката, Огномет, Во каменоломот, повеќе критичко-есеистички трудови). Кире Димов (Велес) на македонски јазик ја напишал Баладата за заборавените. Јован Сербаковски (Вевчани), неколку свои песни напишал на македонски јазик. Меѓу авторите кои се заслужни за афирмацијата на нашата литература, посебно треба да се истакне Воислав Илиќ (с. Баниште, Дебарско), поет и раскажувач, доктор на филолошки науки, литературен критичар и историчар, со повеќе дела на македонски јазик; со монографија за Војдан Чернодрински и др. При крајот на 19 век со песни исклучиво на српски јазик се јавил Коста Абраш, роден во Охрид. Пишувал револуционерна поезија (песната Црвена). Ангелко Крстиќ (с. Лабуништа, Струшко) првите литературни обиди ги направил на почетокот на 20 век. Неговиот роман Трајан бил високо вреднуван во српската литература. Една помала група македонски писатели создавале на три јазика: Цеко Стефанов - Попиванов (на српски, бугарски и македонски - драмата Земјата); Венко Марковски (на македонски, бугарски и хрватски - Современи парадокси). Меѓу оние што пишувале на српски, бугарски и македонски јазик е и Ацо Караманов, чиј живот бил прекинат кога имал само 17 години. Неговите песни 62


по војната се издадени во стихозбирката Црвена пролет. Се обидел и како раскажувач, дури и како романсиер. Со поезија на француски јазик ќе се јави револуционерот, Ганчо Хаџи Панзов, (Велес) кој загинал во Шпанската граѓанска војна (со повеќе песни и една поема, Ќе се вратам). За неговата херојска смрт Кочо Рацин ќе ја напише песната Испанска балада. Стојан Христов, беше американски писател, сенатор, член на МАНУ, автор на многу фељтони, статии и романите: Херои и убијци, Мара, Ова е мојата татковина, Лавот од Јанина, Мојот американски аџилак, Орелот и штркот. Омилен писател на американскиот претседател Франклин Рузвелт. Списокот на писатели Македонци ќе го завршиме со наши сонародници од Албанија: Стерјо Спасе (1914 - 1989), еден од најплодните албански писатели, автор на десетина романи: Зошто, Тие не беа сами,. Будење, Покрај езерото, Востаници; и неговиот син Илинден Спасе, почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Мислата искажана подолу може да се однесува на сите, кои се родени во Македонија или на кои корените им се во Македонија, без разлика како тие се чувствувале, или како ние ги чувствуваме. Цитати за овој час: “Ние сме Македонци по раѓање, Американци по избор…Ние сме усвоени синови и ќерки на Америка, но Македонија е нашата природна мајка и ние не можеме да ја заборавиме. Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја верноста, ние би биле безвредни синови и ќерки на Америка ако немавме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборувавме како деца и што не го заборавивме…Стојан Христов НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ (1909 - 1942)

Никола Вапцаров е еден од најголемите македонски и бугарски писатели и еден од најпреведуваните автори во светската литература. На македонската литература ѝ припаѓа според љубовта со која ѝ приоѓа на татковината; на бугарската - со јазикот на кој ги создава своите дела. Роден е во Банско, Пиринска Македонија, во семејство посветено на македонското ослободително дело. Гимназија до шести учи во Разлог, а потоа продолжил во Морнарско-машинското училиште во Варна. По завршувањето на училиштето работејќи на бродот го прошетал Медитеранот. Откако се вратил, работел како техничар во фабриката за хартија во Кочериново. Поради својата револуционерна дејност полицијата постојано го следела на секој чекор и често бил отпуштан од работа. И покрај егзистенцијалните проблеми Вапцаров наоѓал време за пишување. Главен уредник е на списанието Литературен критик и еден од основачите на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1942), една од најсветлите пројави на македонската национална свест во Бугарија. Забележан останува 63


неговиот реферат (доклад), подоцна преточен во истоимена песна, во кој ги образлага целите и задачите што стојат пред членовите на кружокот. Никола Вапцаров отворено застанува во борбата против фашизмот во Бугарија со подготвување летоци и организирање диверзантски акции. Фатен е од полицијата, и осуден на смрт со стрелање, заедно со Македонците Атанас Романов и Антон Попов, поет и револуционер. Казната е извршена истиот ден, 23.јули 1942 година. Останува нејасно како се помилувани другите деветмина осуденици од групата, по потекло Бугари. Иако бил посветен и на други цели (револуционерна борба и сл.), Вапцаров преку литературната дејност работи на јакнење на националната свест на Македонците во Бугарија. Плод на неговиот литературен ангажман е стихозбирката Моторни песни (1940) која содржи четири циклуси меѓу кои и Песни за татковината. Посмртно му е издадена збирката песни Антологија. Тој е автор на повеќе песни за деца, на повеќе статии и на една драма Бранот којшто бучи (Деветтиот бран). Покрај песните со социјална и интернационална тематика (Песни за човекот, Песни за една земја) кои посмртно ќе му донесат меѓународни признанија, Вапцаров за нас е значаен со песните со кои ја искажува љубовта кон родната земја. Тоа се песните Земја, Илинденска и другите од циклусот Песни за татковината, како и со рефератот поднесен пред членовите на Кружокот. Во Земја јасно ја определува својата татковина:

Над мојата земја до небото Пирин се крева. Боровите в бура илинденски приказни пеат. Над Охрид модрината во просторот се слева а подолу уште на Егејот далги се леат... Во песната Илинденска со восхит пее за минатото на нашиот народ, но изразува и револт кон оние што сакале да го искористат за свои цели: ...Започнаа со раце гнасни на народот во душа да му џбараат но, гневот беше толку нараснат та не се сфати волчката им нарав... Во последните стихови поетот ја изразува увереноста дека ќе дојде нов Илинден, со нови борци кои ќе го отфрлат ропството. Во нив како да ги препознава хероите: Многумина ги нема, но не липам јас, чу ли? Ќе дојдат други среде дим и жареж. Глеј во овој тука. Знај тој е Питу Гули, а ти? Ти секако си Карев... 64


Да заклучиме: Вапцаров е поет, револуционер, хуманист, секогаш на страната на угнетените. Вредноста на неговото творештво ги надминува регионалните граници и се мери со светските стандарди за естетското во поезијата. Цитат за овој час:Но, ако ние милееме за својата татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала искра од благороден патриотизам, овојпат треба да го впрегнеме, ропски да го впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и жестоко величие на една епоха. ..Никола Јонков Вапцаров МИТЕ БОГОЕВСКИ (1919 - 1942)

Мите Богоевски е поет и револуционер, чија саможртва е вткаена во слободата на нашата татковина. Живееше толку малку за да ја надгради својата поетска дарба, па сепак неговата песна Стојанка млада партизанка, народот од Преспа ја прифати како своја и ја пееше:

...Ако во борба, брате, загина, предвреме ако младост изгуби, лесна да ти е брате, земјата; ти имаш сестра да те замени... Роден е во с. Болно. Основно училиште завршува во родното место, Трговска гимназија во Битола. Поради слабата материјална положба ги прекинува студиите на Економскиот факултет во Белград и се враќа во родниот крај. Се вклучува во напредното движење во Ресен, уапсен е од полицијата и одлежал два месеци затвор. Во септември 1942 година се приклучува на паризанското движење. По само 12 дена, во нерамна борба за да не падне жив во непријателски раце, заедно со Стив Наумов, по примерот на Гемиџиите, со последните куршуми си ги одземаат животите. Богоевски зад себе оставил само неколку песни, меѓу кои и Триесет и девет минаја и Спроти Илинден, како песната Разделвачка, објавена во Наша реч. Особено е интересна првата песна напишана по повод влегувањето на одредот Даме Груев во с. Смилево на Илинден 1942 година.: Минаја триесет и девет, и четириесета навлесе, от ко се дигна на нозе Целата Македонија, Од кога нород поробен, стана да кршит окови. Во продолжение поетот го искажува восхитот на народот кој се радува што дошле нивни борци за да го истераат непријателот и со своите синови да го прослават големиот празник: Се собра цело Смилево, Да слуша думи пламени, 65


за нови светли, славни дни, радост им срце исполни Душа им пламна за борба. Песната Спроти Илинден (1938) го искажува борбениот дух на поетот: ...Време е плодот да се берит, фрлајте ји вилите грабнете ји косите, удрете на тираните. Цитат за овој час: Скромно по обем, скромно по вредности, тоа дело сепак опстојува пред ригорозната селекција на времето...М. Друговац АЦО КАРАМАНОВ (1927 - 1944)

Поет и револуционер, ја сонувал слободата во своите песни. Загинал во борбите за конечното ослободување на татковината. Бил во цутот на својата младост. Во дневникот што го водел, запишал: ...Сакав по цели ноќи да читам, осамен во мојата мала соба и да чувствувам како по снагата ми лази оној оган што луѓето го нарекуваат инспирација. И тогаш го грабнував перото, и пишував брзо, брзо, по цели часови, опијанет од реката на мисли што бучеа во мојата глава и ја потресуваа како пламенен виор целата душа… Песните на Бодлер, Верхарен, на Тјутчев, Лермонтов, баладите на Шилер, Гете, Едгар По, елегиите на Маларме, бучеа во мојата душа со страшна сила и го бараа своето ехо во моето срце… Ацо Караманов е роден во Радовиш. Уште како мал многу читал. Веќе на 9 години почнал да пишува. Во погорните класови на гимназијата восхитувал со неговите размисли за животот, и на кој начин да му служи на својот народ: Ако воопшто станам писател, ќе се грижам со сите сили да му бидам верен служител на својот народ, толкувач на неговите копнежи и со перо да ги бранам неговите идеали од сите непријателски стихии... Неговите песни по војната се издадени во стихозбирка под наслов Црвена пролет. Подоцна се објавени и нови песни и други материјали во збирки под други наслови. Поезијата на Ацо Караманов е разновидна според мотивите. Има песни со борбени и револуционерни мотиви, но исто така и со љубовни чувства.Има песни за децата на борбата и за децата од улицата, за црвената пролет, за новиот човек. Во една од љубовните песни (Тајна) пее: Пак ли сакаш да ти го кажам тоа што ти го го кажав вчера во сината ноќ дека си за мене и смев и солза дека си за мене и слабост и моќ. 66


Револуционерниот дух на поетот можеме да го откриеме во песната Децата на борбата:

Во нашите раце железо се топи во градите срце челично бие од одот земјата се стресува како да сме ветар или бура ние. Цитат за овој час: "Сите што го познаваа, а особено оние од неговата генерација, беа тешко погодени од веста за неговата предвремена смрт, бидејќи Караманов беше најистакната и најталентирана млада личност во кругот на нашата образовна младина во годините на Втората светска војна. Милан Ѓурчинов ПОВОЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

По завршувањето на Втората светска војна (1941 - 1945) и создавањето на македонската држава во рамките на федерална Југославија се создадоа преуслови за непречен развој на македонската култура на сите полиња, а во нејзини рамки и на сите литературни жанрови. НОБ и последиците од војната беа долги години тема речиси на сите автори, како на оние кои своите почетоци ги беа направиле пред војната, така и на помладите генерации поети и писатели. Но со текот на времето, особено кај авторите од т.н. втора и трета генерација поети и писатели дојде до свртување кон теми од современиот живот и што е уште поважно, до напуштање на веќе установени клишеа и обрасци, и внесување на нови и модерни изразни средства. Тоа ќе ја направи нашата литература да биде помодерна и ќе ја доближи до современите текови на светската литература. Ако во првите повоени декади бројот на објавените творби и не беше толку голем, а литературните творци генерациски се разграничуваа како прва, втора и трета генерација македонски поети (во првата: Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески, Гого Ивановски и зошто не - Венко Марковски!) и прва, втора и трета генерација македонски прозаисти (во првата: Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Славко Јаневски, Владо Малески, Коле Чашуле и Јордан Леов), и т.н. По таа аналогија литературните критичари почнаа новите имиња да ги класифицираат во четврта, петта и т.н. генерација. Тоа во случајот на нашата литература веќе станува бесмислено. Можеби е време авторите да се групираат и по некои други, макар и формални обележја. Цитат за овој час: За тоа време во македонската литература во полн ек се големи литературни битки меѓу реалистите и модернистите за еден посовремен литературен израз и за еден модерен литературен концепт... Г. Старделов СЛАВКО ЈАНЕВСКИ (1920 - 2000)

Славко Јаневски е без сомнение еден од најпродуктивните современи наши писатели. Автор кој зад себе остави импозантен опус од сите литературни жанрови. Покрај тоа беше општествено ангажиран. Еден од основачите на 67


Друштвото на писателите на Македонија, и негов претседател; еден од нашите први академици при формирањето на МАНУ (1967); покренувач и уредник на повеќе литературни и други списанија (Нов ден, Современост, Хоризонт, Остен), на повеќе списанија за деца (Пионер, Титов пионер). Свој придонес има на полето на филмската и ликовната уметност. Просто е невозможно на еден ограничен простор да се набележат сите поважни негови активности, без страв дека некои ќе бидат изоставени, или дека ќе им се посвети помалку внимание, отколку што тие заслужуваат. Славко Јаневски е роден во Скопје, каде што завршил основно и среднотехничко училиште. Во пролетта 1944 година се вклучува во НОБ. По ослободувањето се посветува на литературата со која се занимава професионално до крајот на својот живот. Првите литературни дела ги објавува веднаш по војната (Крвава низа, поезија; Пруга на младоста, поезија заедно со Ацо Шопов). Потоа објавува неколку дела за најмладите, за да се сврти потоа кон прозниот израз (повеста Улица). Покрај повеќето збирки раскази и патописи (Кловнови и луѓе, Горчливи легенди, Јаневски го објавува првиот роман на македонски јазик (Село зад седумте јасени, 1952), ако не ги сметаме романите во стихови на Венко Марковски! Подоцна романот го преработува под нов наслов Стебла. Меѓу поважните дела на Славко Јаневски овде ќе ги наброиме: Романите: Две Марии, Месечар, И бол и бес, Тврдоглави, трилогијата Миракули на грозомората во која се поместени романите Легионите на свети Адофонис, Кучешко распетие, и Чекајќи чума; Девет Керубинови векови, Чудотворци Чудотворци,, Рулет со седум бројки, Депонија и т.н. Или сѐ на сѐ 15 романи! Меѓу шесте збирки раскази да ги спомнеме и:Омарнини, Континент Кукулино, Зад тајната врата, Ковчег. Славко Јаневски во фондот на македонска поезија приопштил 11 збирки песни од кои овде би ги спомнале: Лирика, Егејска барутна бајка, Каинавелија, Евангелие по Итар Пејо, Астропеус, Песји шуми, Оковано јаболко. Значаен дел од своето творештво Славко Јаневски им го посветил на децата. Тој опус го сочинуваат осум книги меѓу кои: Распеани букви, Милиони џинои џинои,, Пупи Паф гледа од вселената, Пупи Паф господар на соништата. Наброените дела во никој случај не ја заокружуваат целосната рамка на опусот на Славко Јаневски. Тој е автор или коавтор на сценарија за повеќе играни филмови: Волчја ноќ, Македонскиот дел од пеколот, Јазол; добивајќи награди како сценарист. Славко Јаневски е автор на повеќе препеви, на повеќе книжевни и политички статии и есеи. Целокупното негово дело е зачудувачко по вредност и по обем и сигурно надминува над четириесет томови. 68


Во посебно поглавје може да зборуваме за наградите и признанијата што Јаневски ги има добиено: Наградата АВНОЈ 1968 (своевремено многу престижна награда во Југославија), награда на Струшките вечери на поезијата (Браќа Миладиновци за најдобра збирка од македонски автор), наградата Мирослав Крлежа, наградите 11 Октомври и 13 Ноември, Рациново признание и т.н. Едно од првите прозни остварувања на Сл. Јаневски е повеста Улица во која се навраќа на своето детство преку сеќавања и слики кои допираат до првите сознанија за светот кој почнува и завршува во неговата улица. Колку што одминува времето, авторовата улица станува подолга и поширока. Таа се исполнува со повеќе јунаци, главно млади, некои од нив бездомници или лица на кои главниот јунак не им ги знае вистинските имиња (Баждар, рускиот емигрант-Генералстап). Цела галерија од несреќни луѓе со кои судбината си поиграла, но и некои со многу благородни постапки. Улица е скица за Скопје од триесеттите години на 20. век.

Улица е само предвесник на грандиозниот потфат на Јаневски да трага и истражува во нашето минато. При тоа во делата често го меша митското и реалното. Таквата оригинална постапка ќе ја започне со Тврдоглави и ќе продолжи со другите дела во кои со Кукулино се омеѓува светот. Додека живееше и твореше, Јаневски беше вистински трагач и истражувач.Се навраќаше на историја со многу бол, понекогаш и со силна доза на хумор. Денес, десетина години по смртта неговото творештво станува податливо поле за истражување на литературните критичари и историчари. Во најновиот проект Слушате ли каинавелијци, на академик Георги Старделов, се прави обид да се осветлат сите аспекти на творештвото на Славко Јаневски и да се покаже поврзаноста на Јаневски со нашиот национален и културен идентитет. Цитат за овој час: Логосот на Јаневски ги покренува суштествените прашања на постанокот, потеклото, историјата, опстанокот и битието на македонскиот народ. Катица Ќулавкова СТАЛЕ ПОПОВ (1902 - 1965)

Стале Попов припаѓа на првата генерација повоени македонски писатели. Тој, иако во поодминати години посериозно се зафати со литературата, зад себе остави и бројни и вредни прозни остварувања. Доказ за големината на неговото дело е наградата што го носи неговото име за најдобро прозно дело која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Стале Попов е роден во с. Мелница, Мариово, во свештеничко семејство. По основното училиште во Витолиште, завршил и богословија во Битола, иако поради Балканските и Првата светска војна школувањето се одвивало со прекини. Подоцна Стале Попов ќе заврши и Теолошки факултет во Белград. Во 69


животот работел сѐ што можел. Бил и земјоделец, овчар, трговец, службеник, општински чиновник, шумар, тутунски работник... Почетокот на Втората светска војна ќе го најде како службеник во Собранието на Белград. Откако се вратил во родниот крај е интерниран во с. Долен, Неврокопско, Бугарија. По бегството и враќањето дома, се поврзал со Народноослободителното движење на Македонија. По ослободувањето на земјата станува претседател на Околискиот одбор на Прилеп, па управник на Шумската дирекција, а пред пензионирањето работи како професор по македонски јазик во Скопје. Стале Попов релативно доцна ја почнува писателската дејност. Најпрво со објавување на раскази во списанието Современост, за по година две да го објави романот Крпен живот (1953). Во следните десетина години, ќе напише повеќе други романи, повести, збирки раскази во чиј центар на случувања е Мариово, од крајот на 19 век до првата половина на 20 век. Романсиерскиот опус на Стале Попов го сочинуваат уште: Толе Паша, Калеш Анѓа, Дилбер Стана, Шаќир Војвода. Необично дете, Доктор Орешковски. Тука би ја придодале подолгата проза Опасна печалба. Стале Попов е автор и на две збирки раскази: Итар Пејо и Мариовски раскази и на новелата Мариовскиот панаѓур. Во раскажувачката постапка Стале Попов тргнува од некоја народна песна или анегдота за да ја развие до размери на роман или подолга проза. Така настанале делата Калеш Анѓа, Дилбер Стана. Речиси сите романи имаат историска подлога, освен Доктор Орешковски, во кој се обработува современа тема. Расказите на Стале Попов ја зафаќаат битовата страна на Мариовецот. Дури тие се доближуваат до реалистичните народни приказни. Хуморот е составен елемент како на расказите, така и во повеќето подолги дела. Во основата на романот Крпен живот се содржи битово-социјална тематика. Во него се предава семејниот живот на Сукаловци од мариовско Витолиште. Романот е своевидна сага за тоа семејство. Но, истовремено авторот слика и други луѓе, настани и прилики на еден поширок простор и на една подолга временска дистанца, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Во романот авторот проговара и за моралните вредности, преку жедта да се приграби туѓото; за трагиката на националната поделеност во виорот на Балканските војни, со кои се создава подвоеност и оттуѓеност кај блиските роднини. Со новостите во однесувањето што ги донесува еден од главните ликови - Доста Рожденката, полека се рушат патријархалните норми во зачмаената и примитивна средина. Романот не е само исполнет со идила и фолклор, во него суштествува и омразата и непријателството од кои ќе се јават делбите меѓу ближните. Средишен лик околу кој е поставена фабулата на романот е Доста Рожденката. Останата млада како вдовица и без деца, судбината ќе направи 70


таа и Илко Сукалов, на кого му умрела жената, да започнат нов живот, иако крпен. Авторот со симпатиија и со доза на хумор го опишува нејзиниот физички изглед, и начин на облекување и однесување. Доста не сака да седи дома, подготвена е да се омажи, па дури потајно се надева на рожба. Откако и тоа ќе се случи и ќе се роди ќеркичката Неда (Неша) таа и Илко бескрајно се среќни и благодарни на Господ што не ги заборавил. Доста лесно се прилагодува на новата средина, но исто така го покажува и она што го научила во градот. Таа прва ќе ја прати ќеркичката на училиште со што ќе предизвика ново чудење кај селаните. Подоцна Доста потајно ќе настојува да го придобие деверот Трајко и неговиот имот. Јатрвата Митра отпрвин не е против женидбата на деверот Илко зашто ќе има некаква одмена. Но прави сѐ, дури и магии, за да нема јатрвата потомок и целото имање да се го присвои за нејзините три деца. Таа е примитивна, себична, лековерна, со клетви кон Нешка кои кај читателот предизвикуваат само смеа. Сепак, длабоко во себе, Митра се плаши да преземе поризичен чекор, а ако има некаков грев, тој да падне врз бабата Бисера!.. Стале Попов во обликувањето на ликовите раскошно ги користи фолклорните елементи: поговорки, благослови, клетви. Јазикот е мариовски, од почетокот на минатото столетие. Не е случајно што делата на овој автор се интересни за читање, но и за проучување како од фолклористите, така и од лингвистите. Цитат за овој час: Пак со жена! Пак со домаќинка, пак послано, опрано, закрпено, месено, испечено, пак во редот на луѓето. Е боже, сполај ми ти на милоста твоа оти направи дел и за мене! Илко Сукалов ЃОРЃИ АБАЏИЕВ (1910 - 1963)

Ѓорѓи Абаџиев е автор целосно посветен на расветлување на историската вистина за македонскиот народ. Припаѓа на првата генерација повоени македонски писатели. Во неговите дела се предадени судбини на луѓе и настани кои се дел од колективното паметење на нашиот народ. Ѓорѓи Абаџиев е роден во Дојран, 1910 година. Откако Дојран бил целосно разурнат за време на Првата светска војна, со родителите се преселил во Горна Џумаја (денес Благоевград), каде што завршил средно училиште. Потоа студирал правни науки во Софија и се дружи со луѓе од напредната македонска емиграција во Бугарија. Тогаш ги направил првите публицистички и литературни обиди. Тој е еден од првите кои му пристапиле на Македонскиот литературен кружок, место за афирмација на нашата литературна и национална мисла во Бугарија. Едно време работел како секретар на Македонскиот национален комитет и бил редактор на весникот Македонско знаме. Во Бугарија ја објавил во 71


коавторство првата збирка раскази и уметнички репортажи Труд и луѓе (на бугарски јазик). По враќањето во Македонија (1948) продолжил со писателската активност. Бил соработник, и подоцна директор, на Институтот за национална Историја на Македонија. Почина на денот со кој е поврзана неговата (и нашата) судбина - 2 Август ( Илинден) 1963 година. Ѓорѓи Абаџиев е автор на збирките раскази: Изгрев, Епопејата на ножот, Последна средба; како и на романите Арамиско гнездо (1954) и Пустина (1961). Тој исто така е автор на монографијата Балканските војни во Македонија. Меѓу другите признанија ја добил и наградата 11 Октомври за романот Пустина. Развојниот пат на Ѓорѓи Абаџиев можеме условно да го поделиме во две фази: Во првата кога ги напишал збирките раскази и романот Арамиско гнездо и во кои можат да се најдат лексички и синтаксички недоследности (поради долгото отсуство од Македонија); и во втората со романот Пустина, во која постигнува посуверени естетски и стилски резултати. Пустина е модерен психолошки роман. Темата на романот се совпаѓа со порано објавените дела на Абаџиев. Поточно чинот на солунските атентати. Но начинот на кој ја изложува тоа, го разликува тоа дело од другите. Авторот во романот се свртува не кон надворешните фактори кои ја предизвикале трагедијата на Солунските атентатори, туку кон внатрешноста на тие преживеани херои и страдалници. Нив ги мачи дилемата живот или смрт. И што по смртта? Арсо, главниот лик, го мачи дилемата зарем не е злосторство и предавство да се остане жив, ако другарите загинале.На хероите ликот им е чист кога се мртви, ќе каже. Среќата што останале живи ја смета за најголема казна. Се радува што ќе им се суди. Во бунило ја сонува бесилката и самиот обесен на неа.Тој почнува да ја губи присебноста. Сѐ треба да се минира, да се запали, да се распарчи! Престојот во затворот му е неподнослив и навредлив. Живее во спомените со другарите пред атентатите, понекогаш се навраќа во детството, па повторно на моментите кога ја давале заклетвата пред Организацијата дека заеднички ќе изгинат, дека ќе му стават крај на тоа насилничко царство... Залудно Глигор се обидува да му ги оттргне мислите од минатото. Да го повлече од работ на провалија што се вика смрт и да го сврти да погледне кон реалноста што се вика живот, живот со почеток за нова борба за слобода. На крајот од романот, на Глигор му останува да го види обесеното тело на Арсо и да му ја прочита последна желба напишана со клинец на ѕидот: Тука згасна Арсо во лето илјада деветстотини и трето. Глигор, вториот лик во романот, размислува потрезвено. Смета дека борбата не е завршена и дека ѝ требаат живи луѓе на Организацијата, а не мртовци. Тој е уверен дека само живите можат да ја продолжат борбата. Постојано се обидува 72


да му ги оттргне лошите размисли на Арсо и кова планови за повторно бегство од затворот. На судењето кажува зошто го одбрале чинот на насилство и зошто токму врз француските бродови и банка. Се покажува не како анархист, туку како револуционер, припадник не еден поробен народ за кој Франција и Европа треба да знаат. Со романот Пустина Ѓорѓи Абаџиев расветлува едно важно поглавје од нашата историја, толку трагично, но и светло и си обезбеди значајно место во нашата литература. Цитат за овој час: Во Македонија, на неколку часа од Будимпешта и Виена, турските војници и функционери ги колат селаните, на кои им ги силувале ќерките и жените. Овие злосторства се правени за срам на Европа. Европа мора нив да ги спречи. Човештвото ја задолжува со тоа, а Берлинскиот договор ѝ дава за тоа сигурно право. Говор на Анатол Франс, 1903 Трајан Божинов учебна 2009/2010 http://trajan-vapcar.blogspot.com http://www.slideshare.net/trajce www.issuu.com./trajce

73


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.