Мокасините на Кичи

Page 1

Мокасините на Кичи Текст: Кеjт Робетсон

Илустрации: Џо Лоринг-Фишер



Мокасините на Кичи Текст: Кеjт Робетсон

Илустрации: Џо Лоринг-Фишер

КНИГА НА „МИСЛИМЕ РАМНОПРАВНО“ Copyright © Think Equal 2018 Сите права се задржани Поддржано од фондацијата „Олд посум“


Ова е приказната за Кичи. Кичи значи „храбар“ на јазикот Кри. Кичи живее во Канада со мајка му и татко му и со неговото куче Нуна. Нуна значи „земја“ на јазикот Кри. 2


Беше првиот ден на училиште по зимскиот распуст и Кичи ОДВАЈ чекаше пак да се види со другарчињата. Пред да тргне, татко му клекна покрај него и му даде прекрасен подарок. Подарокот беше пар мокасини! Мокасините се убави рачно изработени чевли што ги носеле луѓето Кри стотици и стотици години.

3


Кичи пристигна на училиште, возбуден што ќе им ги покаже своите прекрасни чевли на другарчињата. На изненадување на Кичи, сите деца почнаа да се смеат и со прст да покажуваат кон неговите мокасини. „Што се тие?“ праша Тара. „Овие чевли изгледаат толку смешно и старомодно!“ рече Боби. 4


Кичи погледна надолу во своите износени мокасини. Одеднаш, тие веќе не изгледаа толку убаво. Кичи почувствува топлина во образите, а очите му се наполнија со солзи. Беше толку засрамен. Не разбираше зошто на другарчињата не им се допаднаа неговите мокасини.

5


Штом завршија часовите, Кичи скокна од столчето и излета од училницата, трчајќи дома низ високиот снег.

6


Ширум ја отвори вратата, ги шутна мокасините и почна да плаче.

7


Мајка му и татко му ги завија рацете околу него и силно го прегрнаа, бришејќи ги солзите од лицето на Кичи.

„Што се случило, миличок?“ нежно го прашаа. „Сите им се смееја на моите мокасини!“ шмркаше Кичи. „Веќе НИКОГАШ нема да ги носам.“ 8


Мајка му на Кичи се насмевна. „Нашиот народ прави мокасини стотици години. Треба да бидеш горд што ги носиш, Кичи!“ „Кожата е цврста и издржлива, но и мека и убава“, рече татко му. „Секој пар мокасини е рачно направен и е единствен − исто како тебе!“

9


Кичи погледна надолу во нозете на мајка му и на татко му. Ги виде нивните мокасини. На ѕидот ги погледна фотографиите од баба му и дедо му и од прабабите и прадедовците. Мајка му имаше право − тој навистина се гордееше со своите мокасини. 10


11


Следниот ден, Кичи скокна од креветот и ги обу своите верни мокасини. Беше сигурен дека кога ќе објасни колку се посебни, ќе им се допаднат и на неговите другарчиња, исто како и нему!

12


13


Кичи им раскажа на другарчињата сè за мокасините. Им кажа колку се цврсти. Им посочи колку се лесни на нозете и колку се удобни за носење.

Им раскажа како народот Кри прави мокасини на истиот начин веќе стотици години. На крајот им рече дека секој пар е единствен и многу, многу посебен. 14


Другарчињата на Кичи погледнаа во ветвите чевли. Сè уште не беа убедени. Но, овој пат Кичи не заплака. Всушност, не беше ни тажен! Ковеше план... 15


Кичи насмеан отрча дома низ снегот, а нозете му беа завиени и топли во мокасините.

16


Возбудено се втурна во работилницата на својот татко и му раскажа за планот. Знаеше дека татко му ќе му помогне да ги убеди другарчињата.

17


18


Следното утро, Кичи тргна на училиште, влечкајќи огромна вреќа зад себе. Иако беше многу тешка, а времето беше многу студено, Кичи не престануваше да се смее.

19


Кога стигна на училиште, неговите другарчиња веднаш се собраа околу него, љубопитно ѕиркајќи во вреќата. „Леле, Кичи, што имаш во неа?“ праша Мина. Кичи палаво се кикотеше и триумфално ја отвори вреќата. Таа беше полна до врвот со прекрасни мокасини!

20


Кичи му подаде по еден пар на секое дете во одделението. Секој пар беше единствен, исто како и тие!

„Обујте ги и дојдете надвор да си играме!“ викаше Кичи, веќе трчајќи низ вратата. Децата си ги навлекоа новите обувки...

21


и истрчаа надвор на свежиот бел снег. На изненадување на сите (освен на Кичи, се разбира), на децата МНОГУ ИМ СЕ ДОПАДНАА новите мокасини! Им се допадна колку беа меки и топли на нозете! Им се допадна колку беа лесни и еластични на дебелиот снег.

22


Но, најмногу од сè, им се допадна тоа што го почувствуваа во себе поради мокасините.

23


Племето Кри е најголема група од староседелските народи во Канада.

Во лето, тие патуваат со кану!

24

Кри живеат во шатори наречени типи! Нивните куќи имаат форма на триаголник!

Многу сакаат музика, а тапаните им се омилени!

Тие имаат исто име со јазикот што го зборуваат.



A THINK EQUAL BOOK


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.