Приказна за мама

Page 1

ПРИКАЗНА ЗА МАМА Текст и илустрации:

Џоел Асогба

A Think Equal Book Think Equal, 2017 All Rights Reserved Printed in Sri Lanka

THINK EQUAL EMPOWERING CHANGE THROUGH EDUCATION



„Мама ме сака толку многу“, рече гордо синот кога се сети на сите мали нешта што мајка му ги направи за тој да порасне во среќно и успешно дете.


Оваа мајка многу го сака својот син. Најскапоцените моменти од животот ѝ се годините што ги мина грижејќи се за него откако беше бебе.


Со мајка си крај себе, тој секогаш се чувствуваше среќен и сигурен. Кога беше тажен и плачеше, мајка му го држеше цврсто в прегратка, го нишкаше и му велеше: „Плачи, мило, исплачи се. Добро е да се плаче“. И го нишкаше во рацете, напред-назад, напред-назад.


Таа играше и уживаше да биде со него. Секој ден по училиште си играа криенка.


Кога одеа на прошетка, мајка му му раскажуваше возбудливи приказни за нивните предци, Индијанците Чироки, и за тоа дека веруваат оти животот е борба меѓу два волка – еден добар и еден лош, еден мил и еден суров, и дека волкот кој победува е оној што го храниш. Момчето ѝ вети на мајка си дека ќе биде услужливо и љубезно за да победи добриот волк.


Таа играше и уживаше да биде со него. Секој ден по училиште си играа криенка.


Овој син секогаш ѝ помагаше на мајка си со работите низ дома; така се чувствуваа многу блиски.


Таа никогаш не ги пропушташе важните моменти: родендените и успесите на својот син. Секогаш кога синот настапува, знае каде седи мајка му, зашто ја слуша нејзината смеа.


Пред легнување, мама му читаше книга на синот, додека лежеа гушнати. Кога ќе завршеа со книгата, мајка му му шепотеше дека е прекрасен и дека се надева оти ќе стане прекрасен и добар човек. Потоа го бакнуваше за добра ноќ.


Не жалеше време да му раскаже сè што знае за светот на својот син. Го учеше да сади цвеќе и да го полева.


Со целосна доверба, оваа чудесна мајка му даде на синот сила да се соочи со светот. Од година во година, таа му покажуваше добрина, храброст, решителност, но најмногу од сè, бескрајна љубов.


„Мамо, како тебе нема друга − ме сакаш и ме чуваш и секогаш си тука кога барам помош или кога сакам да те видам. Ти благодарам!“ рече синот.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.