Волонтерски Центар Скопје Годишен Извештај 2018

Page 1

Волонтерски Центар Скопје Годишен извештај 2018


Содржина 3 4-5 6 - 11 12 13 14 15 16 - 23 24 -27 28 - 29 30 31 32 33 34 - 35 36 - 37 38 - 39

За нас Факти - Бројки - Статистики Нашиот тим EРАЗМУС+ Европски Волонтерски Сервис ВОИСЕС Меѓународни проекти Проекти Локални активности НВО Cаем ММУН ЛОКАЛНА СОРАБОТКА

ПРОЕКТ: УЧИЛИШТАТА СЕ СРЕЌАВААТ

СО КОМПАНИИТЕ

ТраинВол МОБИЛНОСТ ВО РАМКИТЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА Поддршка за другите 365 Работнички права за Младите Партнери

2

ВЦС Годишен извештај 2018


За нас В

олонтерски Центар Скопје е невладина младинска организација формирана во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им овозможи неформално образование на младите луѓе во различни области, на локално и интернационално ниво, да се промовира идејата за волонтерството и да се поврзат младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори за развој на мултикултурно граѓанско општество, да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмацијата кај младите преку нивните индивидуални способности и вештини и да се поврзат младите се со цел нивна поголема соработка.

Визија

Волонтерски Центар Скопје како активен, признаен и влијателен фактор и партнер во општеството кое нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот стандард на младите луѓе.

Мисија

ВЦС Скопје работи како активен понудувач на информации и можности за волонтерство и неформална едукација, како на локално така и на меѓународно ниво, приближувајќи ги Европските фондови и програми до младите и нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки и младинското информирање.

Вебстраница: www.vcs.org.mk ВОИСЕС: https://voiceskopje.org/ Issuu: https://issuu.com/vcsvoices Адреса: Емил Зола 3/3-1, 1000 Скопје е-пошта: vcs_contact@yahoo.com тел./факс: +(389) 2 2772-09 Facebook: https://www.facebook.com/vcs.skopje Twitter: @contact_vcs Instagram: @vcsskopje Youtube: https://www.youtube.com/user/VolunteersCentreSk

ВЦС Годишен извештај 2018

3


Факти Бројки Статистики 17 волонтери и 2 стажанти од 10 земји: Шпанија Франција Белгија Турција Германија Финска Естонија Полска Литванија Јужна Африка

4

ВЦС Годишен извештај 2018


>150 млади луѓе испратени од Македонија во 20 земји: Босна и Херцеговина Естонија Германија Црна Гора Португалија Хрватска Чешка Унгарија Кипар Литванија Турција Италија Грција Полска Шпанија Бугарија Романија Шведска Словенија Србија

ВЦС Годишен извештај 2018

5


Нашиот тим Никола Станкоски Директор

Ивана Анѓеловска координатор на проекти

Ѓоко Вукановски Проектен Менаџер

Кристина Митровска координатор на проекти

Горан Адамовски Yредник во Воисес

6

ВЦС Годишен извештај 2018


Вафире Мухареми Yредник во Воисес / координатор на проекти

Андреј Наумовски координатор на проекти

Горан Галабов Надворешен соработник

Кристофер Маикен Стажант од Јужна Африка 2017/18

Лаура Бабаитите Стажант од Литванија 2018/19

ВЦС Годишен извештај 2018

7


Нашиот тим Оги Анчевски ИТ поддршка

Волонтери во ВЦС Александра Грзип Волонтер од Полска EВС 2017/18

Ан Аро Волонтер од Естонија EВС 2017/18

Антоан Ломба Волонтер од Франција EВС 2017/18

Клои Думесоа Волонтер од Франција EВС2017/18

8

ВЦС Годишен извештај 2018


Паулина Голебиовска Волонтер од Полска EВС 2017/18

Атахан Гокче Волонтер од Турција EВС 2018

Робин Фаес Волонтер од Белгија EВС 2018

Јоринде Џосен Волонтер од Белгија EВС 2018

Јана Вилемс Волонтер од Белгиjа EВС 2018

ВЦС Годишен извештај 2018

9


Нашиот тим Фариксио Либан Фарах Волонтер од Белгија EВС 2018

Селина Ниеми Волонтер од Финска EВС 2018/19

Матис Гилсбах Волонтер од Германија EВС 2018/19

Волонтери од организации кои соработуваат со ВЦС Дуња Каоуас Волонтер од Франција во дневниот центар за деца-Шуто Оризари Француска државна служба 2017-2018

Аида Атмани Волонтер од Франција во дневниот центар за деца-Шуто Оризари Француска државна служба 2017-2018

10

ВЦС Годишен извештај 2018


Трине Висма Волонтер од Естонија во дневниот центар за деца-Шуто Оризари EВС 2018/19

Ана Фернандез Хернандез Волонтер од Шпанија во YMCA EВС 2018/19

Мадис Сим Кул Волонтер од Естонија во Во мојот свет ЕВС 2018/19

Локални волонтери Исто така би сакале да им се заблагодариме на нашите локални волонтери, преведувачи, лектори и многу други кои ни помогнаа во нашитете проекти и активности: Ана Михајловска, Анѓела Милевска, Александра Крстевска, Јована Насева, Ангела Рајчевска, Дамјан Николовски, Стефан Младеновски, Димитар Чуковски, Фросина Стојановска, Ева Наумовска, Давид Стоилковски, Дарко Трајкоски, Шезо Ибраим, Кристина Лукановска, Маја Николиќ, Нина Мирчевска, Маја Краљевска, Маријана Гаврилова, Јетон Винка, Дамјан Георѓиевски, Анастас Китановски.

ВЦС Годишен извештај 2018

11


EРАЗМУС+ Еразмус+ мобилности

И

сто како и во годините претходно, така и во 2018-та, ВЦС продолжи со имплементација на активности во рамките на Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија. Ние ја користиме компонентата за млади на програмата (KA1 сегментот) и во текот на годината испративме во странство/примивме голем број на млади луѓе на ЕВС и други видови на проекти (младински размени, обуки, семинари и слично), користејќи ги понудените можности. Оваа година ВЦС исто така, продолжи со имплементација на проекти во рамките на КА2 сегментот наречен Градење Капацитети во полето на млади, со партнери од Грција, Кипар и Босна и Херцеговина. Повеќе инфо за програмата Еразмус Плус можете да најдете на следниов линк: http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/

Европски Волонтерски Сервис

В

олонтерски Центар Скопје е акредитирана организација за координација, испраќање и прием на ЕВС волонтери, со референтен број на акредитацијата: 2014-1-MK01KA110-000293. Главна активност на нашите волонтерите претставува магазинот ВОИСЕС, а исто така волонтерите можат да изберат и други активности во наша координација. Во 2017-та, испративме 25 волонтери од Македонија во Шпанија, Латвија, Турција, Бугарија, Данска, Естонија, Словенија, Хрватска, Естонија и Романија

12

ВЦС Годишен извештај 2018


Европски Волонтерски Сервис Е

вропскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) е дел од Еразмус + програмата за млади, под покровителство на Европската Комисија. ЕВС е партнерство помеѓу две или повеќе невладини организации (организации кои испраќаат, координираат и да биде домаќин на волонтери). ЕВС програмата е финансирана од Европската Комисија, и се стреми да ги подобри способностите на младите луѓе. Волонтерите учествуваат во ЕВС преку организацијата која ги праќа од нивната матична држава, и организацијата-домаќин која ги прифаќа и ги „вдомува“ волонтерите за времетраењето на нивниот проект. Волонтерите добиваат бесплатно сместување, осигурување, храна, и џепарлак, а исто така и јазични курсеви. Волонтерите може да работат во широк спектар на активности, како на пример: култура, младинска работа, спорт, работа со деца, културно наследство, уметност, животна средина, и кооперација за развој. На крајот на нивниот проект, секој волонтер добива сертификат кој го потврдува нивното учевство, односно Youthpass сертификат. Околностите за сместување, работни обврски, работни часови и денови варираат од еден ЕВС проект до друг, затоа изборот на ЕВС проект е многу важна фаза во процесот на аплицирање. Постои можност да се биде дел од краткорочен ЕВС проект (од 2 недели до 2 месеци), или долгорочен ЕВС проект (од 2 месеци до 12 месеци). Ако волонтерот се одлучи да има еден краткорочен и еден долгорочен проект, тој/таа не смее да го надмине рокот од 12 месеци, и прво мора да учевствува на краткорочен ЕВС. Почнувајќи од 2019 Европскиот Волонтерски Сервис ќе биде преименуван во Европски Слидарен Корпус (ЕСК).

ВЦС Годишен извештај 2018

13


ВОИСЕС В

ОИСЕС магазинот претставува главна активност на нашата организација, која со задоволство ја остварувавме и изминатата година. Целиот тим на ВЦС Скопје, заедно со локалните и ЕВС волонтерите, вклучувајќи ги и поранешните ЕВС волонтери се инволвирани во работата на магазинот, поделени на неколку тимови за: дизајн, два тима за превод (еден тим за превод на македонски и еден тим за превод на албански јазик) и тим за пишување на статии и проверка на текстовите. „ВОИСЕС“ е насловот и на нашиот ЕВС проект. Магазинот во електронска верзија го објавуваме секој месец и во него се публикуваат текстови на три јазици: македонски,англиски и албански јазик, односно оние што најмногу и најчесто се говорат на територијата на Република Македонија. Печатеното издание, пак, го издаваме секој трет месец, односно четири пати годишно. Во нашиот медиум обработуваме различни теми и аспекти од секојдневното живеење што ги засега младите. Објавуваме интервјуа, репортажи, мислења, критички гледаме на општествените случувања. Покрај тоа, организираме редовни неделни работилници на кои што учиме за основните правила и техники на новинарството, како да се препознае веста, а како да се напише. Како да се направи интересна репортажа, како да се постави новинарот при подготовка на интервју, како да напише својот став и мислење. Учиме како дизајнот да биде графички успешен, како правилно да се изразуваме со крајната цел да бидеме медиумски писмени. Организираме и посети на националните професионални медиуми, каде искусни новинари и медиумски работници ни ги пренесуваат своите знаења и искуства.

14

ВЦС Годишен извештај 2018


Меѓународни проекти В

о 2018 година, Волонтерски Центар Скопје зема учество на 40 различни проекти низ Европа. Пративме учесници на тренинг курсеви, младински размени и семинари во Босна и Херцеовина, Германија, Португалија, Чешка, Кипар, Турција, Грција, Шпанија, Романија, Словенија, Естонија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Литванија, Италија, Полска, Бугарија, Шведска и Србија. Во сите од овие држави соработуваме со одлични организации, за да ги охрабриме и поттикнеме младите од Македонија и Европа.

ВЦС Годишен извештај 2018

15


Проекти

Студиска посета „TrainVol”, 21 – 27.1, Скопје, Македонија

В

олонтерски Центар Скопје беше домаќин на студиска посета во Скопје, која беше втората од четирите планирани мобилности, на која избраните младински активисти ќе имаат можност да научат повеќе за реалноста на волонтерската дејност. Партнери на овој долгорочен проект се: Република Македонија, Грција, Босна и Херцеговина и Кипар. Осумте младински активисти од наведените држави посетија разни институции и организации кои се доста активни и важни во полето на волонтирањето и младинската работа во Република Македонија, меѓу кои: Национална агенција за млади и спорт, Национална асоцијација за младинска работа, Асоцијација за промоција на волонтерство КОНЕКТ, Коалиција на младински организации СЕГА, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност и Националниот младински совет на Македонија. Проектот беше финансиран од Европската Комисија и траеше до август 2018.

16

ВЦС Годишен извештај 2018


Младинска размена “Social Media Literate = SAFE + EMPOWER + ENGAGE”, 15 – 23.6, Struga Macedonia

З

а време од 7 работни дена и 2 дена за патување, се поврзаа 37 учесници од Данска, Република Македонија, Унгарија, Финска, Турција и Грција. Проектот одговори на потребите и интересите на младите луѓе од заедниците од кои доаѓаа учесниците за зголемување на писменоста на социјалните мрежи. На размената се користеа неформални методи и техники на развивање компетенции кај учесниците за ефективно, критичко и безбедно користење на социјалните мрежи. Разбирајќи ја улогата на социјалните мрежи во дваесет и првиот век, учесниците се здобија со практични вештини. Домаќин на проектот беше Волонтерскиот Центар Скопје и секој ден се споделуваа содржини од искуствата на социјалните медиуми. Младинците правеа објави, слики, видеа, статии со цел да се допре до што повеќе луѓе, учејќи за тоа што се медиумите. Учесниците станаа повеќе писмени и поспособни да ги користат ефективно социјалните мрежи во иднина. Партнери на овој проект беа: European Community Media Center Aarhus, Volunteers Centre Skopje, Hang-Kép Kulturális Egyesület, Maahanmuuttajien Perhe ja Nuorten yhdistys ry, Lykia Izcilik Ve Doga Sporlari Kulubu Dernegi Kerdoskopiki Etairia и Media Terra Nea Astiki Mi.

ВЦС Годишен извештај 2018

17


Проекти Студиска посета “EVS as one more step toward INCLUSION” 01 – 9.9, Macedonia

Д

еветдневната посета вклучуваше посетување на повеќе асоцијации и невладини организации низ Македонија, за учесниците да добијат можност да остварат контакти за идни потфати. Групата беше многу разновидна, со учесници од 9 држави: Македонија, Романија, Бугарија, Словачка, Естонија, Италија, Хрватска, Турција и Полска. Групата се запозна со асоцијации и невладини организации околу Скопје, како што се: Македонската Национална Агенција, Агенцијата за млади и спорт, Организацијата „Сумнал“- Шутка, ВЦС, Во мојот свет, Центар за младински активизам КРИК, ЛЕГИС и македонската „Монтесори“ асоцијација. Образовната посета исто така вклучуваше посета на многу организации во различни градови во Македонија, како Куманово, Прилеп, Струга и Охрид. Во Струга, учесниците отидоа чекор понапред со тоа што почнаа да размислуваат да аплицираат за ЕВС или тренинг проект, што подоцна беше презентирано. Презентациите најмногу вклучуваа ЕВС проекти, тренинг курсеви или младински размени. Главната идеја на проектот беше да се најдат партнери и да се разработи проект со невладините организации.

18

ВЦС Годишен извештај 2018


Состанок за евалуација: “Boosting Transversal Skills“, 16 – 22.9, Струга, Македонија

П

роект организиран од Волонтерски Центар Скопје, со 28 учесници од Германија, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Целта беше да се промовира учење преку мобилност кај младите луѓе, како и волонтери и професионалци во полето на младинските активности. Учесниците работеа на една богата програма составена од сесии, дебати, работилници и презентирање на своите локални невладини организации. Ова беше последниот дел од проектот после семинарот за младинска работа во Кент, Обединето Кралство и младинската средба во Илиџа. Проектниот конзорциум беше составен од страна на невладината организација „Мемос“ со седиште во Берлин. Главниот партнер на апликантот е Институтот за младински развој KULT, од Сараево. Заедно со KULT, следниве организации го задолжија Memos да биде апликант и координатор: International BURCH University and the e-learning provider IDEGO, Volunteers Centre Skopje, Mladinski Center Velenje, Ligo Lex Legis, Udruga Mladih Roma “Romska Budućnost, и Medway Youth Trust from Kent. Проектот беше финансиран од Еразмус Плус Програмата преку германската Национална Агенција.

ВЦС Годишен извештај 2018

19


Проекти

20

ВЦС Годишен извештај 2018


Тренинг курс: “Empower Vulnerable Youth: Theater, Creative Writing and Emotions in Focus”, 15 – 23.10, Струга, Македонија

В

олонтерски Центар Скопје заедно со белгискиот партнер Art of the Box беа домаќини на овој проект кој одговори на потребите на организациите кои работат со ранлива младина. 24 учесници од Шпанија, Македонија, Хрватска, Латвија, Грција и Белгија беа дел од проектот кој целеше кон подобрување на квалитетот на услугите на партнерорганизациите; создавање идеи за нови локални, национални и интеркултурни проекти, како и кревање на свесноста кај јавноста за ситуациите на ранливата младина. Методите и техниките користени на овој тренинг курс беа базирани на креативно пишување и театар, кои помогнаа фокусирање на разни аспекти како што се управување со силни емоции или кревање на самодовербата кај младината. Проектот вклучуваше две главни активности: тренинг курс за младински работници кои работат со ранлива младина и младинска размена за млади луѓе кои припаѓаат на ранливата младина. Партнери на овој проект беа Association Mundus од Шпанија, Media Terra nea од Грција, Talsu novada fonds од Латвија и Mladi za Marof од Хрватска. Овој проект е финансиран од Еразмус Плус Програмата преку белгиската национална агенција.

Семинар “Volunteering as a step forward to entrepreneurship and employablilty” 20 – 28.11, Струга, Македонја

З

аедно со младински работници од 12 европски држави, семинарот беше продолжение на тренинг курсот кој се одржа во Милич, Полска. Со истите партнери од Полска, Финска, Германија, Латвија, Естонија, Словенија, Романија, Унгарија, Италија, Шпанија и Турција, темата беше како волонтерството може да и помогне на личноста да стане претприемач и да добие работа. Во фокусот на семинарот е работата на младинските работници и нивните организации со локалните и странските волонтери, како што се ЕВС волонтерите, а гостуваа и добро познати претприемачи и основачи на невладини организации од Македонија. Овој семинар имаше за цел да се подобри работата на младинските работници со волонтерите за време на нивното волонтирање и по тоа. Овој проект беше организиран со нашиот партнер од Полска– Fundacja Mobilni Polacy и со поддршка од Ерасмус Плус Програмата преку полската национална агенција.

ВЦС Годишен извештај 2018

21


Проекти проект: “Без расправање” 01 – 30.11, Скопје, Струга, Гостивар, Македонија

В

олонтерски Центар Скопје во периодот од 1 јули до 30 ноември реализира проектот „Без расправање“ во три мултиетнички општини во Македонија, Скопје, Струга и Гостивар. Главна цел на проектот е да ја зголеми свесноста на младите за важноста на интеркултурната комуникација и интеракција. Имено, проектот овозможи интензивна и блиска интеркултурна комуникација и интеракција помеѓу младите средношколци, спознавање на различните културни вредности и традиции и нивно прифаќање. Спознавањето на културните вредности и традиции е круцијално за создавање и надоградување на интеркултурната комуникација. Следна фаза е интеракцијата, односно прифаќањето на културните различности и подготвеноста да се создаде кохезија преку културните различности. Во рамките на проектот реализирани беа различни активности и задачи кои ќе ја зголемат младинската интеркултурна комуникација и интеракција. Покрај останатите активности организиран беше петдневен камп во Струга со млади на возраст од 16-18 години од различни етнички заедници од Скопје, Гостивар и Струга, врснички работилници, форум театар и изработка на сликовница за интеркултурна комуникација. Целта на проектот беше да ја зголеми културната комуникација меѓу младите и во исто време да им овозможи да ги спознаат вистинските заеднички потреби како што е маргинализацијата на младите и други предизвици во општеството кои не се во можност да ги увидат поради ниската интеркултурна комуникација и интеракција. Зголемена свесност за културните разлики помеѓу младите од различни етнички заедници; прифаќање на културните разлики од страна на младите со различна етничка припадност; зголемена интеркултурна комуникација помеѓу младите од различни етнички заедници се дел од резултатите кои ќе бидат постигнати. Целна група на овој проект беа младите од 16 до 18 години од различни етнички заедници од Скопје, Гостивар и Струга. Проектот е финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија во рамки на програмата за локални иницијативи.

22

ВЦС Годишен извештај 2018


https://issuu.com/vcsvoices/docs/slikovnica_final

ВЦС Годишен извештај 2018

23


Локални активности О

ваа година повторно, ВЦС организира низа од активности, со цел да се промовира интеркултурното учење, градење капацитети на младински работници, волонтерство и можности за младите луѓе од градот Скопје и надвор од него. Нашите локални и ЕВС волонтери последнава година имплементираа низа од активности од креативен, социјален и образовен карактер. Целта на активностите беше да се охрабрат младите луѓе да бидат поактивни, надградувајќи го нивното знаење и вештини и секако создавајќи нови локални и интернационали пријателства. ВЦС организираше низа од работилници во локалните училишта со цел да ги тренира младите и да ја подигне свеста за големиот број на проблеми како што се еднаквите права или не-дискриминација. Работилниците исто така целеа кон тоа да ги потикнат младите луѓе, учејќи ги на нови вештини како лично претставување, тимска работа и личен развој. 2018 започна со час по зборување француски и естонска кино вечер, само првиот од многуте часови по различни јазици и кино вечери. Имаше полска, француска, германска и уште една естонска кино вечер. Повеќе активности се однесуваа на јазикот. Покрај часовите по француски јазик, луѓето можеа да пеат и да уживаат за време на јазичното караоке или класичното јазично кафе каде секој јазик имаше своја маса и луѓето можеа да дојдат и научат некои зборови или да ги вежбаат нивните комуникациски вештини или едноставно да прашаат за различните култури презентирани од нашите волонтери. Додека денес се се случува онлајн, ВЦС ги врати старите времиња на сполотеност и заедничко играње на друштвени игри во текот на различни типови вечери со друштвени игри во ВЦС. Часовите за цртање ги научија учесниците да се поврзат со внатрешната креативност и да се изразат себеси преку лист и пенкало. Спортските фанатици од друга страна можеа да излезат на фудбалскиот натпревар Скопје во средното училиште Васил Антевски Дрен. Низ цела година ВЦС учествуваше на Д-фестивал за време на летото, помогна да се собере храна за луѓето на која им е потребна, се приклучи на Виз Ер маратонот како и во многу други локални настани.

24

ВЦС Годишен извештај 2018


ВЦС Годишен извештај 2018

25


Слободно време

Визаир маратон

Собирање електронски отпад

26

ВЦС Годишен извештај 2018


Работилници со уценици

Работилници со уценици

Интеркултурни активниости

ВЦС Годишен извештај 2018

27


НВО Cаем Н

ВО САЕМ „Заедно до подобро општество“ Заедно до подобро општество! Саем на невладини организации на град Скопје, организиран 4-ти пат по ред од страна на Волонтерски Центар Скопје со финансиска поддршка од град Скопје. На 5-ти декември 2018 година, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје, успешно го имплементиравме НВО саемот “Заедно до подобро општество”на Град Скопје. На саемот присуствуваа повеќе од 55 здруженија на граѓани/НВО-а кои се активни на територија на Град Скопје. Ова е четврти настан од ваков вид по ред, НВО саем, кој се организира во Скопје после минатите три и се надеваме дека овој настан после четири успешни приказни ќе стане годишна активност на градот, во годините што престојат. На крајот на НВО саемот прогласени беа 4-те најдобри штандови кои беа избрани согласно гласањето на публиката и поените добиени од страна на Комисијата составена од: Саранда Бекири, Александра Крстевска, Горан Галабоф, Ана Михајловска и Андреј Наумовски. Најдобри штандови имаа организациите: Борка, СмартАп, Младите можат и Културно Ехо. Во рамки на проектот беше изработен и Регистар на НВО-а на Град Скопје кој може да се најде на следниот линк: https://issuu.com/vcsvoices/docs/ngo_register_final_version_1 . Организацијата на НВО Саемот беше реализирана заедно со тим од домашни странски волонтери.

28

ВЦС Годишен извештај 2018


ВЦС Годишен извештај 2018

29


ММУН Н

а 28-ми Април, во просториите на Универзитетот ФОН во Скопје, се оддржа 7-та Национална Конференција на Македонскиот Модел на Обедните Нации, организирана од Коалиција на Младински Организации СЕГА. Програмата на Македонскиот Модел на Обедниети Нации се стреми да ја претстави работата на Обединетите Нации и можноста за младите луѓе да ги зајакнат своите капацитети за говорење, лобирање, преговарање, дипломатија, решавање на конфликти, јавно говорење, и пишување. Програмата оваа година вклучи учесници на возраст од 16 до 25 години кои имаат амбиција да бидат дел од демократскиот процес, меѓународната соработка, решавање на глобални проблеми и користење на техниките за лобирање и преговарање за да решат проблеми и ситуации од светски размери. Во улогата на делегати, млади луѓе од неколку градови од Македонија, ги претставија темите на 15 држави- членки на Обедниетите Нации во 6 различни тела/ комитети на Обединетите Нации. Тие дебатираа за многу проблеми кои моментално го засегаат Светот. На крајот од оваа годишна конференција најдобрите делегати, за комитетите/ советите кои ги претставуваа, беа наградени. Од тимот на ВЦС, беа наградени Марко Мојсов (Генерално Собрание), Исаја Карадаковска (Младинско Собрание), Дарко Милошевски (Советот за Безбедност), Валерија Илиевска (УНХЦР) и Јана Неделковска (ЕЦОСОЦ). Волонтерски Центар Скопје оваа година беше прогласен за најдобар клуб во имплементацијата на активностите на ММОН 2018. Досега до 7-мата по ред конференција на ММОН имаат учевствувано 1200 млади од Македонија и регионот.

30

ВЦС Годишен извештај 2018


ЛОКАЛНА СОРАБОТКА ПРОЕКТ: УЧИЛИШТАТА СЕ СРЕЌАВААТ СО КОМПАНИИТЕ

В

о 2018 година продолжи соработката на Волонтерскиот Центар Скопје со австриските КултурКонтакт со почеток на нов проект насловен како „Училиштата се среќаваат со економијата“, финансиран од австриското федерално министерство за образование, наука и истражувања, а во соработка со Министерството за образование и наука на Македонија и Центарот за стручно образование. Овој регионален проект во кој се вклучени и Албанија и Косово има за цел да ги зајакне капацитетите и компетенциите на средните стручните училишта за подобра професионална соработка со економската заедница преку спроведување на Учењето преку работа и промоција на т.н. училишни координатори кои ќе бидат врската на училиштата со компаниите. Главната цел на проектот е промовирање на квалитетот и важноста на стручното образование на пазарот на трудот преку зајакнување на практичната работа како реформски приоритет во трите наведени држави. Улогата на Волонтерскиот Центар Скопје е координација, организација и логистичка подршка на инволвираните субјекти во настаните и работилниците кои се одржуваат во Македонија.

ВЦС Годишен извештај 2018

31


ТраинВол В

о изминатата година Волонтерски Центар Скопје беше дел од КА2 проект финансиран од страна на Европската унија преку Еразмус Плус Програмата за градење на капацитетите на луѓето, ТраинВол. Во овој проект фокусот беше ставен баш на она што е поле на делување на Волонтерски Центар Скопје, младинската работа и волонтерството. Во ТраинВол учествуваа четири партнер организации од Босна и Херцеговина, Грција, Кипар и секако Македонија односно Волонтерски Центар Скопје кој во исто време беше и водечки партнер. Како резултат на овој проект се и двајцата координатори, новиот тим во Волонтерски Центар Скопје. Она што исто така произлезе од овој проект е и интернет платформа, бесплатен интернет курс на кој сте во можност да се стекнете со сертификат. Платформата е достапна на четири јазици, македонски, англиски, босански и грчки. На платформата ќе најдете два курса, едниот за младински работници и другиот за волонтери. Двата се состојат од по четири модули и на крај имате прашалник со 24 прашања каде може да бирате од понудените одговори, со 70% точно одговорени прашања го добивате сертификатот. Во секој модул има посебни и поделени единици во кои се подредени информациите и кои содржат видеа, приказни од волонтери и многу корисни линкови. Доколку сакате да дознаете повеќе и да добиете сертификат потребно е само да се регистрирате со вашиот имејл и да го започенете курсот или двата. Платформата може да ја најдете тука :https://ecourse.trainvol.eu/login/index.php

32

ВЦС Годишен извештај 2018


МОБИЛНОСТ ВО РАМКИТЕ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА В

олонтерскиот Центар Скопје во соработка со своите странски партнери повторно се вклучи во мобилности од областа на стручното образование и наука (ВЕТ) како дел од Еразмус Плус Програмата што овозможува мобилност и практичен ангажман на млади студенти во странски компании во полето на нивната професија. Со работа во интернационална средина, со споредба и размена на најдобрите практики програмата ВЕТ има за цел да ги зајакне практичните знаења и вештини на студентите преку практичен ангажман во компаниите, институции или приватни бизниси кои се заинтересирани за развивање на идната кариера на младите луѓе. Волонтерски Центар Скопје досега има пружено можности на младите луѓе од странство во индустрии како администрација, автомобилската, домови за грижа и нега на стари лица, обновливи извори на енергија, туризам, професионална шминка и разубавување како и други, обезбедувајќи ја неопходната логистичка подршка притоа. Со завршување на нивната практична работа практикантите се здобија со кредибилитет и сертификати за успешно завршена практична работа во друга држава во доменот на нивното образование.

ВЦС Годишен извештај 2018

33


Поддршка за другите В

о 2018 ја продолживме соработката со Асоцијацијата за одбрана на детските права, и Дневниот центар за деца од улица. Им помогнавме со нивната ЕВС акредитација, и со нашите ЕВС волонтери, каде што тие имаа креативни работилници, како и физички активности со децата од дневниот центар. Во дневниот центар ја поддржуваме и асистираме работата на наставниците, и нивното организирање на работилници, за да може децата да го искористат целиот потенцијал од нивните наставници. Во дневниот центар децата имаат можност да јадат и да ја оддржуваат својата хигиена. Овој дневен центар не само што нуди помош на семејства преку различни тренинзи, туку и ги спојува донаторите со луѓето кои што имаат потреба од нив. Во 2018 година, Волонтерскиот Центар Скопје беше домаќин на два ЕВС волонтери од Франција кои работеа во државната служба, Аида Атхмани, и Дуња Каоуас, кои работеа со децата ос дневниот центар. Од Октомври 2018, Волонтерски Центар Скопје го координира ЕВС проектот на волонтерката од Естонија, Трине Висма, која што исто така работи во дневниот центар. Таа е директно вклучена во работата на дневниот центар и ќе продолжи да биде сѐ до Септември 2019.

34

ВЦС Годишен извештај 2018


В

ЦС Скопје во насока на промоција на волонтерството го поддржа Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ – Скопје во подготовка на акредитација за добивање на ЕВС волонтери и во текот на 2018та ги добија своите први волонтери од Естонија и Франција. ВО МОЈОТ СВЕТ се залага за подобрување и промовирање на подобри стандарди на живот на оваа категорија на граѓани, подобрување на социјалните права и слободи, едукација, пренесување на искуствата и „најдобрата пракса“ од развиените земји, животната средина и екологија, поттикнување и подржување на научно истражувачка дејност и друго.

ВЦС Годишен извештај 2018

35


365 Работнички права за Младите 3

65 Работнички права за млади е Национална кампања која ја спроведува Коалиција на младински организации- СЕГА заедно со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија и локалните партнер организации. Како регионална канцеларија на Коалиција СЕГА и партнер на кампањата „365 Работнички права за млади“ Волонтерски Центар Скопје учествуваше од самиот почеток на спроведување на кампањата со секојденвно објавување на работнички права за млади и вработени лица кои имаа за цел да информираат за нивните права и обврски. Како локален партнер во текот на кампањата спроведовме состаноци со млади за нивните права и обврски на работното место,се организираа инфо денови во Градскиот парк во Скопје и во Скопските кафулиња , каде што ги информиравме младите за кампањата и нивните права на работното место и што треба да преземат доколку е прекршено некое од нивните права. Волонтерски Центар Скопје, истотака учествуваше на националните медиуми телевизиските куќи Телма и МРТВ и Радио Скопје, со цел да се допре до поголем процент на младите за целта и активностите на кампањата „365 Работнички права за млади“, како и што ќе донесе целата пваа кампања на крајот.

36

ВЦС Годишен извештај 2018


ВЦС Годишен извештај 2018

37


Партнери В

олонтерски Центар Скопје соработува со бројни партнери за да реализира заеднички проекти и за меѓусебна поддршка. Регионалната канцеларија на коалицијата СЕГА се наоѓа во ВЦС. СЕГА е коалиција на невладини организации во Македонија која ја промовира соработката и поддршката меѓу нејзините членови. Неодамна ВЦС се приклучи на Мрежата на Младински Банки во Македонија, која е механизам за доделување на грантови, што ги охрабрува младите луѓе и ги задолжува за финансирање на проекти кои се релевантни за подобрување на нивната егзистенција. Волонтерски Центар Скопје е дел од Сојузот за младинска работа. Сојузот за младинска работа е мрежа на младински организации и организации кои работат со и за млади, чија задача е да ја регулираат и стандардизираат младинската работа, да ги поддржат младите работници и да ја зголемат јавната свест за важноста на младинската работа. Визијата на СМР е да ја препознае младинската работа како професија и да има систем на поддршка за млади луѓе и младински работници. ВЦС е исто така дел од Европската мрежа за обука на врсници која ги поврзува организациите за да ги промовираат можностите за обуки на младите луѓе низ цела Европа. И на крај, ВЦС е член на здружението Youth4Media. Членовите на Youth4Media работат заедно на теми како медиумско образование и интеркултурен дијалог во областа на медиумите. Тоа има за цел да ги поддржи младите луѓе да учат за и активно да учествуваат во областа на медиумите. Исто така, ВЦС е поддржан од Градот Скопје, општина Кисела Вода, Фондацијата на Отворено Општество Македонија и соработува со туристичката агенција Арбо.

38

ВЦС Годишен извештај 2018


2

018 беше година на големи промени и нови искуства за Волонтерски Центар Скопје, а исто така продолживме и со многу долгогодишни проекти. Ѝ се радуваме на новата година и сигурни сме дека ќе биде успешна како и претходната 2018. Приклучи се на нашите активности, научи нешто ново, истражувај, склопи нови пријателства, прошири ги своите знаења, развиј го својот потенцијал, развиј ги своите вештини и уживај. Се гледаме ...

Вебстраница: www.vcs.org.mk ВОИСЕС: https://voiceskopje.org/ Issuu: https://issuu.com/vcsvoices Адреса: Емил Зола 3/3-1, 1000 Скопје е-пошта: vcs_contact@yahoo.com тел./факс: +(389) 2 2772-09 Facebook: https://www.facebook.com/vcs.skopje Twitter: @contact_vcs Instagram: @vcsskopje Youtube: https://www.youtube.com/user/VolunteersCentreSk ВЦС Годишен извештај 2018

39



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.