Годишен извештај 2021

Page 1

20 годишен 21извештај Волонтерски Центар Скопје


содржина 3. За нас 4. Нашиот тим 6. Воисес списание, подкаст 8. Нашите проекти 17. „Еразмус+“ проекти 22. Нашите активности 24. Локални активности и настани 26. Меѓународен ден на Волонтерството и 15-ти роденден на ВЦС 27. Партнери


За нас Ние сме една од водечките организации за млади во Македонија кога станува збор за младинска размена, волонтерство, активизам, препознатлив бренд и доверлив партнер низ кој поминале над 8000 македонски и странски волонтери, како и младински активисти. Нашата главна цел како организација е да им дадеме неформални образовни можности на младите луѓе, во различни области, како на локално - така и на меѓународно ниво. Ние учествуваме активно во општеството, нудејќи им еднакви можности на младите и работејќи на подобрување на нивниот животен стандард. Волонтерството е голема и важна идеја што ја промовираме преку поврзување на младите без разлика на нивната националност, религија, пол, политички, економски или социјален статус.

Можности. За сите. годишен извештај - 3


Нашиот тим

Никола Станкоски директор

Горан Адамовски КООРДИНАТОР НА АКТИВНОСТИ

Андреј Наумовски проектен координатор

Селина Ниеми МУЛТИМЕДИЈА КООРДИНАТОР

Горан Галабов вет & еск координатор

Евелина Хањска КООРДИНАТОР ЗА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Јосип Гегај ПРОЕКТЕН СОРАБОТНИК

Бевме домаќини на:

11 10 14 1

ЕСК-волонтери од Германија, Полска, Франција и Турција краткорочни волонтери:

2 волонтери од Финска 8 волонтери од Белгија

ВЕТ студенти од Шпанија

практикант од Португалија

4 - годишен извештај


пе

Чи

инска, П оп ч ол

с

Ба

12 м есеци E

K

и EC K

Кац

нт а

ст о р

м

ец

А ња

1

, ка

М

K EC

л, Полска, 9

ес

EC ци се

о Кр

Ива н

, 12 месе ци

есеци EC K , Полска, 9 м е

ранција ,1

еци E CK ес

ек р а

о, Ф б р

м

рм

Кри

е

ија ан

ф

ахолд, Г е рМ

Јола

, Герма ни ја

Кл а

а

јте Ло

,1

ри с

ЕСК-волонтери:

Ф

Ани к

Ант он иј

ер на

Дн е

ул и

ца

E CK в о

ен

ентар за дец нЦ а ве

н Ср е м ац

Це

нД

ата Зл Муа м

еци

Бел е

ес

CK во Днев

ца ли

м

E ци се

рт, Турција зку ,1 о 2 Б

сеци ECK в о

Сремац

л

д, Германи ја , ме

Лус и

ол ас

8

есеци ECK в

еци ECK

Турција, 12 м е

ес , ер г о

,1

м

а

рт, Германи Ба ја

о

12

ан ат Зл

р за деца н а нта

у

Г

K , Франција,

C

eн ег

годишен извештај - 5


Воисес „Воисес“ е нашето списание, креирано од меѓународен тим на волонтери и млади луѓе заинтересирани за новинарство. Обезбедува широк спектар на теми, интересни гледишта и актуелни прашања од целиот свет. Нашиот месечен магазин има многу едноставна, но сепак моќна мисија - да биде гласот на младите.

„Воисес“ во бројки:

3 12 41 9 15 132

јазици изданија писатели

преведувачи дизајнери статии

www.voiceskopje.org 6 - годишен извештај


“VOICES to Hear / Гласови да се слушнат“ е месечниот подкаст на магазинот „Воисес“. Нашиот подкаст им нуди интересна содржина на слушателите ширум светот. Сите епизоди се на англиски јазик и достапни на Spotify и Google Podcast.

„Voices to Hear“ во бројки:

9 205 12

подкасти минути

гости

VOICES to Hear VOICES to Hear годишен извештај - 7


Нашите проекти KA3 проект | Европската младина на фронтот на активното граѓанство: Патоказ кон колективен ЈуженСеверен-ИсточенЗападен моментум

5 5 25 25

земји-партнери: Македонија, Романија, Кипар, Шпанија, Данска организации млади креатори на иднината локални проекти

Проектот обезбеди платформа за обучување млади луѓе со помалку можности да истражат нови, иновативни патишта за активно граѓанско учество во демократските процеси во нашите европски општества. Беше обучена мрежа од избрани мултипликатори, менторирани и грантирани со финансиска поддршка за информативни иницијативи предводени од младите, со цел директна поддршка на друштвените аспирации за постигнување социјален и економски напредок. Во 2021 година, ВЦС беше домаќин на завршната конференција од проектот.

8 - годишен извештај

roadmap4youthactivism. info/ skopje.org


KA3 проект | PeerAct - Унапредување на непристрасно врсничко образование за промоција на заеднички вредности

8 7

партнери: EPTO, Ofensiva Tinerilor, Youth On The Move, Par, Humanitas, VCS, Pomoc Deci, European Institute of Education and Social Policy земји: Белгија, Романија, Португалија, Словенија, Македонија, Србија, Франција „PeerAct“ е меѓународен напор на 8 партнери од 7 европски земји да придонесат суштински за градење на мирољубиви општества и да се справат со сите форми на дискриминација, нетолерантност и нееднаквост со вклучување на младите и заедниците од различна припадност и земјите од AWOD-„Свет на различности“ тренинг-програм и со креирање заеднички насоки помеѓу формалниот и неформалниот образовен систем. Главната цел на проектот е да подготви 1300 млади луѓе од различни заедници со неопходните социјални и граѓански вештини за да ги прифатат вредностите на недискриминација, толеранција, солидарност и еднаквост. Покрај ова, целта е и да се обучат 70 млади луѓе со вештини и сертифицираат за да го олеснат процесот кој води до овие придобивки и да развијат рамка за соработка. годишен извештај - 9


KA2 проект | TWOST Tренинг без стереотипи

7 5

партнери: CSCS, Asteri, Associacao Animam Viventem, Xeracion, Club Basquet Granollers, CGFS, VCS земји: Италија, Грција, Португалија, Шпанија, Македонија

Проектот има за цел спречување на родово-базираната дискриминација на младите. Проектот е наменет, пред сè, за воспоставување соработка меѓу различните сектори при што овозможува поголема синергија меѓу сите области на дејствување што ги засегаат младите, со посебен фокус кон уживање на права, самостојност, учество, вклучувајќи го е-учеството како и активното граѓанско учество на младите, одбегнувајќи го феноменот на родовата самосегрегација и промовирајќи заеднички вредности на меѓусебна почит меѓу родовите без предрасуди за нивната сексуалност. Основниот исход од TWOST проектот е онлајн алатка за самооценување со цел развивање на персонализиран водич за родова свест, со посебен фокус на анализа на стратешките области во рамките на организација како што се управување со човечки ресурси, лидерство, менторство, младинска анимација, стереотипи во комуникациските активности, родово насилство и учество, а исто така, и онлајн база на податоци. www.twost.eu

10 - годишен извештај


КA2 проект | SALT | “Shake a leg, together!”

5 5

партнери: Saltes, Zavod Voluntariat, Pi Youth Association, Jovobarat Egyesulet, VCS земји: Македонија, Литванија, Унгарија, Словенија, Турција

“Shake a leg, together!” е проект за здрав и активен животен стил. Со овој проект сакавме да допреме до што е можно повеќе луѓе во земјите учесници и да ги охрабриме да започнат било каков тип на физичка активност, да ги информираме за придобивките и да им помогнеме да ја претворат физичката активност во атрактивно хоби.

КA2 проект | Reinventing Community Radio in the Smartphone Era

5 5

партнери: Stamp Media, Carpe Diem, Abrashevic, Aarhus Global Media, VCS земји: Белгија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Данска, Македонија

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младинските граѓански организации преку употреба на дигиталното радио како алатка за активно граѓанско учество и демократија. Во октомври 2021 година, присуствувавме на Транснационалниот проектен состанок што се случи во Антверпен, Белгија, да дискутираме за понатамошниот развој на проектот. годишен извештај - 11


KA2 проект | Young GEEKS | Get Empowered with Entrepreneurial minds, Knowledge and Strategies

5 5

партнери: Bashkia Korce, Koinonia Ison Eukairion, Sistem ve Jenerasyon Dernegi, Associazione Culturale, Ambientale e del tempo libero Usamborgia, VCS земји: Албанија, Грција, Турција, Италија, Македонија „Young GEEKS“ беше проект со иновативна концепција да ги зајакне младите претприемачи на полето на агротуризмот, агробизнисот, туризмот и информатичката и комуникациска технологија до одржлив развој. Се залагаше за холистички пристап кој ќе ги обедини градењето капацитети, менторството и техничка обука, технолошки алатки како неформално е-учење преку заедничка „Платформа за соработка“ и прекугранична соработка/размена на искуства. Се одржаа 5 активности и тоа во Албанија, Македонија, Грција, Италија и во Турција, а ВЦС го претставуваа учениците и професорите од Техничкото средно училиште „Гостивар“ од Гостивар.

12 - годишен извештај


KA2 проект | Волонтерство кое поврзува заедници (VCC & VCC 2.0)

5 5

партнери: Mladi Volonteri, Beyond Barriers Association, Iuventa, Allons-y Association, VCS земји: Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Романија, Македонија

„VCC“ има за цел: зголемување на потенцијалот на младите за граѓанска едукација, посебно волонтерство, преку активности за градење капацитети на младински работници кои работат со млади луѓе со помалку можности на локално и европско ниво, зголемување на квалитетот на младинската работа преку размена на искуства и градење на одржливи партнерства помеѓу партнерите и другите невладини организациии и институции.

КА2 проект | MUSICLING Социјално претприемништво со рециклирани инструменти

4 4

партнери: Xeracion Valencia, Euro-Net, Κ.Α.ΝΕ., VCS земји: Шпанија, Италија, Грција, Македонија

Целта на овој проект е да ги мотивира младите да развијат клучни вештини за нивната иднина преку креативност и уметност, конкретно музика и занает, бидејќи тие ќе можат да создаваат рециклирани инструменти од отпад, а исто така, ќе научат како да свират на овие инструменти со основните поими на музичката теорија за да можат да се вклучат во проекти поврзани со музиката, уметноста и културата.

годишен извештај - 13


KA2 проект | #YouthToo

10

земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Италија, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Грција

ВЦС е дел од проектот „#YouthToo“, одобрен од EACEA во рамките на програмата „Еразмус+“ - Западен Балкан и официјално е започнат на 7 декември 2019 година, а го спроведува организацијата NVO PRIMA. Главната цел на проектот e на учење за родово базирано и сексуално насилство во љубовните врски на младите и отворањето на оние прашања што се, повеќе или помалку, во сите наши општества поврзани со срам, страв, чувство на вина, кратко кажано – табуа. Зајакнување на капацитетите и компетенциите за работа со млади луѓе на тема род и сексуално насилство во љубовта/односите на младите, преку обуките за волонтери и младински работници. Резултат и продукти од проектот се онлајн и офлајн кампања за родовото базирано насилство со постери, стикери и кратки видеа. Еден од финалните продукти на проектот е Прирачник за превенција од родово базирано насилство кај младите. Прирачникот претставува едукативен материјал наменет за младите и оние кои работат со млади, како во институциите така и во граѓански сектор. 14 - годишен извештај


IPA | Youth Participation for Strong and Sustainable Community Development Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е финансиран од Европската унија и спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА како главен имплементатор заедно со партнерите СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Асоцијација Женски Форум Тетово. Проектот има за цел да гo подобри квалитетот на имплементацијата на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество со што ќе придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики. Периодот на имплементација е јануари 2021 година – април 2024 година.

годишен извештај - 15


TEHV | Towards Effective Humanitarian Volunteering

3 7

партнери во ЕУ: ADICE (Франција), ADRA Czechia (Чешка), ADRA Slovakia (Словачка) организации од држави кои не се членки на ЕУ: IDEA CA (Киргистан), YIC (Ерменија), WHR (Непал), CYA (Камбоџа), ADRA Либан (Либан), ADRA Србија (Србија), VCS (Македонија) Проектот „TEHV“ (Кон ефективно хуманитарно волонтерство) имаше за цел да ги обучи организациите домаќин на волонтери преку повеќекратни онлајн обуки за безбедност и заштита, политики (на пр. Безбедност, Заштита на податоците, Еднакви можности), Комуникација, Волонтерско управување, Менторство и ДРР (намалување на ризикот од катастрофи).

Регионална Проектна Соработка-ОЕАД Австрија | Проект „Училиштето се среќава со компаниите“

80 2

училишни координатори

обуки, неколку обуки на ZOOM, работилница за вмрежување, Завршен Настан

ВЦС ја продолжи координативна и улога на логистичка подршка и во 2021 година, на проектот „Училиштето се среќава со компаниите“ кој ги има како целна група - училишните координатори од Македонија да се обучат како врска помеѓу училиштата и компаниите каде студентите ја извршуваат практичната работа. 16 - годишен извештај


„Еразмус+“ проекти Испративме:

6 10

волонтери за краткорочни ЕСК-проекти Земји: Турција, Шведска

волонтери за долгорочни ЕСКпроекти Земји: Полска, Естонија, Шпанија, Турција, Луксембург, Хрватска, Франција, Бугарија, Чешка

242 32

учесници

проекти: MP, ТК и семинари Земји: Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Италија, Шпанија, Португалија, Чешка, Франција, Германија, Словенија, Македонија

9

проекти во Македонија 1 во Скопје, 8 во Струга

17 - Annual Report

годишен извештај - 17


29.05 - 5.06.21 | Конференција | “European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum” | Скопје

5 50 25

земји партнери: Македонија, Романија, Кипар, Шпанија, Данска учесници

млади креатори на иднината

ВЦС беше домаќин на завршната конференција од проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-EastWest Momentum”, организиран од ВЦС, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“. Претставници на петте земји-партнери учеа како да станат активни граѓани и како да преземат иницијатива со која ќе се спротистават на апатијата и незаинтересираноста што е особено присутна меѓу младите.

12.07 – 16.07.21 | TК | „Young GEEKS“ | ”Get Empowered with Entrepreneurial minds, Knowledge and Strategies” | Струга

45 5

учесници

земји: Албанија, Грција, Италија, Македонија, Турција

Проектот „Young GEEKS“ е иновативен концепт дизајниран за зајакнување на младите преку зајакнување на нивните капацитети во почетни бизниси и зголемување на подготвеноста за прифаќање на одржлива соработка и размена на искуства. 18 - годишен извештај


10.08 - 18.08.21 | MP | “CUTE: Cooperate Understand Tolerate Empower” | Струга

24 4

учесници

4 земји: Македонија, Унгарија, Романија, Полска

Младинската размена имаше за цел да ги подобри личните и професионални вештини на младите по однос на меѓукултурна соработка и самосвесност.

12.08 - 18.08.2021 | Mешана Мобилност | “Shake a leg, together!” | Струга

26 5

учесници

земји: Унгарија, Словенија, Турција, Литванија, Македонија

Проект за здрав и активен животен стил со цел да достигне што е можно повеќе луѓе во земјите-учесници и да ги охрабри учесниците да преземат каква било физичка активност, да ги информира за нејзините придобивки и да помогне физичката активност да стане привлечно хоби.

годишен извештај - 19


23.09 - 29.09.21 | TК | “Get Eco, Stay Friendly!” | Струга

25 6

учесници

земји: Македонија, Литванија, Шпанија, Словенија, Италија, Полска

Проектот имаше за цел меѓу младите луѓе да ја подигне свеста за отпадот, рециклирањето и повторната употреба, да се подигнат организациските вештини на младинските работници на полето на екологијата и зајакнување на нивните дигиталните вештини.

07.10 - 14.10.21 | Меѓународна Mобилност | "PeerAct" | Струга

70 5

учесници

земји: Србија, Македонија, Португалија, Словенија, Романија

Различност и антидискриминација беше главната тема на тренинг-курсот „PeerAct“ во Струга. Секој ден беше наменет за една од единиците за учење на програмата, и тоа: вовед во фасилитирање, планирање работилница, вештини и техники за фасилитирање, оценување на фасилитаторските вештини на учесниците, евалуација и „follow upактивности. Учесниците го добија прирачникот EPTO AWOD за обучувачи на врсници и станаа „сертифицирани за врсници“, што им овозможува да одржуваат подолги работилници кои промовираат недискриминација, толеранција, солидарност и еднаквост во младинската средина дома. 20 - годишен извештај


25.11 - 3.12.21 | TК | „Empathy through creativity" | "Imagine, Improvise, Integrate" | Струга

28 7

учесници

земји: Македонија, Велика Британија, Шведска, Грција, Турција, Финска, Романија

Проектот има за цел да ги поттикне младинските работници и едукатори да ги мотивираат и водат младите со користење неформални и уметнички методи како што се импровизација, театар, кажување приказни и креативно пишување за борба против дискриминацијата и промовирање на интеграцијата.

25.11 - 3.12.21 | ТК | „Preventing radicalization of young people through youth work” | Струга

28 8

учесници

земји: Финска, Македонија, Чешка, Шпанија, Естонија, Италија, Данска, Велика Британија Тема на проектот е радикализацијата на младите и потребата од повеќе знаење, компетенции и активности за спречување на оваа малициозна појава.

годишен извештај - 21


Нашите активности ВЦС, покрај тоа што е испраќач и домаќин, исто така е и организација координатор за волонтери. Ние обезбедуваме логистичка поддршка и за други локални институции и организации за нивните ЕСК-волонтери. Дневен Центар за деца на улица Во 2021 година ја продолживме нашата соработка и поддршка со Здружение за заштита на правата на детето и Дневен центар за деца од улица. За нашиот партнер доведовме и угостивме 2 волонтера од Турција. Белен и Муамер успешно работат на нивниот ЕСК-проект насловен како “Roma children need care, too”. Тие ќе помагаат и даваат поддршка на Дневниот центар во траење од една година. Златан Сремец Во 2021 година ние доведовме и угостивме 2 волонтера за „Др. Златан Сремец“, специјално училиште и ресурсен центар за деца со атипичен развој. Антонија и Аник се 2 млади волонтерки од Германија кои го прифатија предизвикот да се стекнат со практични искуства на проектот: “See the human behind - volunteering as a tool to support inclusion” во ова училиште и да ги развијат своите лични и професионални вештини. Нашиот тим ги поддржа локалните активности, иницијативи и учествуваше во различни настани: 22 - годишен извештај


Заедно кон почиста животна средина Знаеме дека е важно да се подигне свеста за отпадот и рециклирањето. Во 2021 година, ВЦС ги здружи силите со „За Почиста Македонија“ и го организираше еко-проектот „TrashTour“ со цел почиста животна средина, односно да ја разбуди свеста кај граѓаните и да преземат иницијатива. Шест дена траеја организираните акции за расчистување на отпадот во 6 градови во Македонија. ВЦС, исто така, редовно рециклира ѓубре во соработка со „Пакомак“ и со „Елколект“. Виз Ер Скопски маратон Сончево време, духот на пријателското ривалство, мотивирани натпреварувачи и уникатен забавен амбиент – „3 Октомври“ беше ден за маратон по скопските улици. Нашите волонтери од ВЦС подаваа вода и банани за амбициозните учесници. Меѓународен ден на младите По повод „12 Август“ - Меѓународниот ден на младите, ВЦС беше дел од настанот организиран од Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националниот младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа, на кој ги презентиравме можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“, како и нашето списание „Воисес“.

НВО-саем Во септември, ВЦС учествуваше на саем за невладини организации, организиран од „Цивика Мобилитас“. Околу 90 организации ги поставија своите штандови, ги наполнија со информации за нивните активности и достигнувања, и се дружеа со граѓаните. годишен извештај - 23


Локални активности и настани Нашиот тим во 2021 година организираше:

23

„онлајн“ и „офлајн“ јавни настани

Часови за германски јазик Караоке Отворена сцена „Онлајн“ работилници Работилници во училиштата Паб-квиз Брзо запознавање Акции за еко-чистење Волонтерска библиотека Прошетајте и разговарајте низ Водно Панел-дискусија Донации

24 - годишен извештај


годишен извештај - 25


Меѓународен ден на Волонтерството и 15-ти роденден на ВЦС 5-ти Декември е посебен ден за сите поединци и организации кои се занимаваат со доброволна работа – Меѓународен ден на волонтерството. Bо 2021 година, oвој датум годинава беше посебен и за ВЦС, бидејќи нашата организација го прослави својот 15 роденден. На „5 Декември“ – Меѓународниот ден на волонтерите, Волонтерски Центар Скопје организираше целодневен настан во Центарот за култура во Кисела Вода за да ги информира граѓаните за активностите на организацијата и можностите за волонтирање. Ја искористивме оваа прилика да собереме донации од облека и храна за Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, како и во хуманитарната организација „Свети Спас“, а спроведовме и акција за чистење во Расадник. „Волонтерската библиотека“ беше координирана од ВЦС за промовирање на дијалог и размена за волонтерството.

Делегацијата на ЕУ во Македонија беше домаќин на панел-дискусија иницирана од страна на ВЦС. Целта беше да се промовира волонтерскиот дух кај јавноста и виртуелната публика. ЕСК-волонтерите организираа караокезабави каде младите се дружеа и се забавуваа. 26 - годишен извештај


Партнери:

годишен извештај - 27


www.vcs.org.mk vcs.skopje vcs.skopje vcs.skopje contact_vcs +389 75 243 726 +389 75 243 726 vcs_contact@yahoo.com Емил Зола 3/3-1, 1000, Скопје

Mарт 2021 | Волонтерски Центар Скопје Креатори на содржини: Андреј Наумовски Евелина Хањска Горан Адамовски Горан Галабов Јоланта Чиопчинска Јосип Гегај Лусил Гегeн

Леиаут: Селина Ниеми Директор: Никола Станкоски


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.