ЗНАЕЊЕТО ГИ ПОБЕДУВА ТАБУАТА КРАТОК ВОДИЧ ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ НА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ
2
СЕКСУАЛНОСТ
Дефиниција: Сексуалноста се однесува на самата природа на човекот која ги опфаќа полот, родот, половиот и родовиот идентитет, сексуалната определба, еротизмот, емоционалната приврзаност, љубовта и репродукцијата. (СЗО, 2001) Елементи за подобро разбирање на сексуалноста • Да се биде сексуален не значи само да се биде сексуално активен (однесување), туку исто така подразбира и размислување, имање ставови и чувства. Некои луѓе се сексуални, а некои не се. • Секое општество го регулира сексуалното однесување на неговите членови, и во тоа своја улога имаат семејството, црквата, образованието, здравствениот и правниот систем. Низ историјата, најголемите системи на владеење секогаш се труделе да ја контролираат сексуалноста, бидејќи со тоа се добива контрола врз комплетното однесување на луѓето и општеството. Тоа е причината зошто има толку многу забрани, правила, предрасуди... • Дали некоја форма на сексуално однесување е соодветна или несоодветна одредува општеството и културата во која тоа однесување се појавува. •Сексуалноста се изразува преку гледишта и однесување. Тие може да бидат позитивни и негативни, а тоа зависи од воспитувањето, начинот на размислување и искуството. Исто така, за формирањето правилни и позитивни гледишта за ова прашање, влијание може да има и адекватното образование. Низ еволуцијата на човековото општество, сексуалноста се има издвоено од репродукцијата, што значи дека луѓето не започнуваат интимни врски само заради создавање потомство, туку првенствено заради задоволување на емоционални, психолошки и социјални потреби, како што е потребата за блискост, љубов и припадност во заедница.
Пол и род Кога зборуваме за пол, мислиме на биолошки и физички карактеристики: хромозоми, надворешни и внатрешни полови органи, хормонален статус, секундарни полови карактеристики. Кога зборуваме за род, во предвид го имаме тоа како општеството гледа на карактеристиките и улогите на мажите и жените. Полот е биолошка категорија, додека родот е креација на општеството. Родот се разликува од култура до култура, а се менувал и низ времето. Со секоја родова улога се поврзуваат конкретни очекувања, склоности и видови на однесување. Родот се учи низ процесот на социјализација. (На пример, кога родителот му вели на синот: ,,Не плачи, само девојчињата плачат’’. Преку оваа порака, момчето се учи дека 3
не смее да плаче или да покажува емоции бидејќи е машко.) Ова значи дека полот може да се менува. Благодарение на модерната медицина, полот може да се промени и на тој начин да се изедначи со родовиот идентитет. Ако, на пример, некој се родил како машко и се чувствува како женско, медицината денес овозможува таа да си го промени полот, со што нејзиниот пол и род ќе се совпаднат. Сексуалната револуција во шеесеттите години од минатиот век не донесе доволно слобода за жените. Денес, жените сî уште се дефинираат првенствено преку нивната способност за репродукција и улогата во семејството. Женското тело сî повеќе се користи како реклама за некаков производ. Речиси и да не постојат производи: фрижидери, детергенти, автомобили, козметика, храна... кои не се рекламирани со покажување на нагласени и еротизирани ,,женски’’ атрибути, при што самиот производ и начинот на кој е рекламиран најчесто немаат никаква врска со тоа. Сексуалните услуги, сексуалните помагала и порнографијата се продаваат како продукти насочени кон тоа да ја зголемат сексуалната привлечност на жените и задоволството на мажите. Сî почесто се прават интервенции на телото за да се добијат ,,идеални’’ пропорции. А совршените пропорции се оние кои ја зголемуваат возбудата кај мажот. Сексуалноста станува важна за жените и мажите на повеќе начини. Жените бараат задоволство (оргазам) поради самото уживање, но и поради верувањето дека ваквото задоволување ќе им донесе подлабоко чувство на блискост, како и развивање на нивните потенцијали и спиритуалност. Мажите, за чијшто оргазам секогаш може да се каже дали се случил или не, и чиешто задоволување никогаш не е спорно, бидејќи секогаш е видливо (ејакулација), во денешно време наидуваат на сî повеќе потешкотии. На сексуалноста се гледа како на некој вид на принуда, бидејќи од нив сî повеќе се очекува секогаш да бидат спремни и да бидат совршени љубовници. Бидејќи ова не е така лесно да се постигне, мажите, за да си го задржат капацитетот, бараат нови форми на возбуда. Оттука, еротизирањето на насилството во литературата, филмовите, и посебно во продуктите на средствата за масовно информирање станува сî поприсутно. Сексуалноста дехуманизира сî повеќе. Како показател и потврда за ваквиот процес ја имаме трговијата со жени и деца за сексуално искористување и принуда, како една од најтешките форми на злосторство. Родова еднаквост значи еднакви права, одговорности и можности за жените и мажите. Заложбата за родова еднаквост подразбира прифаќање на искуствата, интересите, потребите и приоритетите и на жените и на мажите, признавање на разноликоста во различните групи на жените и мажите. Родовата еднаквост значи еднакво присуство, зајакнување и учество на двата полови во сите сфери на јавниот и семејниот живот. Таа не е ,,жена’’, таа е општествено прашање. Мажите и жените не се исти бидејќи е јасно дека имаат различна анатомија. Но треба да бидат еднакви, без разлика на половите разлики. Сите треба да ги имаат истите почетни можности, без разлика на пол или род. Сексуалноста е ... 4
• Суштината на интимата, бидејќи претставува лично и посебно искуство, и во секојдневниот живот се крие од јавноста и од другите во семејството. Сексуалноста е ,,ексклузивен’’ дел од врската со партнерот, и се смета за интима. медицина, психологија, сексологија, социологија, филозофија, политика, комуникација, уметност. За жал, бројот на земји кои имаат сексуално образование во нивните образовни системи е мошне мал. • Прашање со кое се занимава државата, бидејќи сексуалноста се регулира преку закони (брак, насилство) или норми (препораки за методи, бројки, процедури во сексуалните односи).
Сексуалната определба или склоност е дел од идентитетот на личноста и се однесува на тоа кој нî привлекува сексуално, емоционално, физички и романтично. Не можеме да избереме каква сексуалната определба ќе имаме, можеме само да го избереме начинот на однесување кој може, но и не мора да одговара на нашата сексуална определба. Луѓето, од било кој род, во одреден момент од животот може да почувствуваат поинаква привлечност и да одлучат да се однесуваат како бисекусалци, хомосексуалци или хетеросексуалци, без разлика на тоа каква сексуална определба или сексуален живот имале претходно. Постојат и луѓе кои може да почувствуваат дека ги привлекуваат луѓе од истиот и/или двата полови, но не преземаат ништо. Во секој случај, сексуалната определба постои без разлика дали претходно сме имале сексуални искуства или не. Хетеросексуалноста е сексуална определба при која едно лице сексуално го привлекуваат лица од спротивниот пол. Сексуалната врска помеѓу маж и жена е хетеросексуална врска, и се смета за најраширен облик на сексуален нагон. Хетеросексуалноста ја поддржуваат сите центри на моќ: црквата, политиката, медиумите. Институцијата брак е во тесна врска со хетеросексуалноста, која во патријархатот е цврсто поврзана со репродукцијата. Патријархалните системи ја дефинираат и како (единствената) ,,нормална’’ сексуалност, и истите не им дозволуваат на лицата со поинаква сексуална определба да стапуваат во брак или да одгледуваат деца. Хомосексуалноста е сексуална привлечност кон лица од истиот пол, што може да вклучува сексуален однос со лице од истиот пол. Геј е маж кој сексуално и емоционално го привлекуваат мажи и кој има сексуални односи со мажи, а лезбијка е жена која сексуално и емоционално ја привлекуваат жени и која има сексуални односи со жени. Може да биде изразена како хомосексуален идентитет, но и како повремени сексуални искуства или начин на сексуален живот. Сексуалната определба е вродена. Невозможно е да се промени нечија сексуална определба. Има докази за хомосексуално однесување кај околу 450 видови на птици и цицачи. Дури 90% од хомосексуалците претрпуваат навреди, а 50% се напаѓаат физички поради нивната сексуална определба за истиот пол (истражување во САД, 1996 год.). Но и 5
покрај тоа, во светот се зголемува свеста за дискриминацијата врз овие лица, а во законодавството се прават напори да се обезбеди нивна заштита и еднаквост. Бисексуалноста е сексуална привлечност кон лица од двата полови; сексуални односи со лица и од двата полови. Според истражувањето на Кинли, сексуалните чувства и однесување на речиси половината од мажите и четвртина од жените не се само хетеросексуални или хомосексуални. Заклучок: околу 50% од мажите и околу 25% од жените спаѓаат во категоријата бисексуалци. Асексуалноста најчесто претставува отсуство на сите параметри на сексуалност. Постојат две когнитивни рамки за дефинирање на асексуалноста. Во првата, асексуалноста се толкува како хипосексуалност (слаб сексуален нагон, потпросечен интензитет или редовност на сексуалните односи, немање оргазам, слаба потенција, недоволна сексуална надразливост, слаба реакција на сексуални стимули). Всушност, оваа сексуалност е нормална доколку е резултат на некое нарушување на органите. Меѓутоа, во ,,просечното’’ општество, асексуалците се под притисок бидејќи се сметаат за ,,абнормални’’ поради тоа што не се вклопуваат во стандардите на средината. Општеството ја прифаќа асексуалноста единствено кога служи за фокусирање на целокупната енергија на лицето кон постигнување големи успеси, како на пример, во некој спорт или наука; или како заштита од сексуално преносливи болести. Второто гледиште потекнува од религиското и филозофско убедување дека аскетизмот е ,,победа на духовното над материјалното’’, па така, асексуалноста се сфаќа како карактеристика која го подобрува духовниот развој. Старата слика за асексуалната репродукција е создадена преку бројни митови и догми, и се поврзува со партеногенезата – ,,зачнувањето без грев’’. Денешната форма на асексуална репродукција – надворешно оплодување – е сîпочеста и подостапна. Добро е да се споменат и поимите сатиријаза и нимфоманија, кои се однесуваат на мажи и жени со многу голем и неконтролиран сексуален нагон. Меѓутоа, сатиријазата и нимфоманијата не се ништо повеќе од начин да се стандардизира сексуалноста и да се одземе човечката природа од неа. Затоа што, кој може да знае и кој има право да каже колку сексуални односи дневно, седмично или месечно се малку, премногу или доволно за секој од нас?! Настран – овој термин се однесува на мажи кои се геј, на лезбијки, бисексуалци, трансвестити, како и лица кои се трансродови, интерполови, или кои сметаат дека не припаѓаат на ниту еден од двата полови. Човековиот сексуален живот секогаш ќе биде предмет на конвенции и општествена контрола. Меѓутоа, развојот на културата ни дава можност да ја преземеме контролата врз личниот сексуален живот и репродукција. Ние сме тие кои треба да го ослободиме човековиот живот од застарени врски кои му натежнуваат, и да се посветиме на исполнувањето на сите форми на самопретставување и сексуална определба која не ги загрозува другите. Мастурбација 6
Првите сексуални задоволувања ги откривме уште во раното детство, со допирање на нашите гениталии. Многу е важно да се знае дека мастурбирањето е нормална и вообичаена форма на сексуалност во текот на животот на жените и мажите. Мастурбирањето се врши со физичко стимулирање на гениталиите или други ерогени зони на нашето тело, допирање, триење, притискање или на било кој друг начин кој му одговара на лицето, со цел да се доживее сексуално задоволување. Чинот е проследен со најразлични фантазии, кои помагаат во тоа оргазмот да биде побрз и посилен. Некои велат дека оргазмот што се доживува при мастурбирање дури е и подобар и посилен од оној кој го доживуваат со партнер. Веројатно, причината за тоа е што при мастурбирање сме ,,сами со себеси’’ и сме толку ослободени од многу стравови, пречки и срам поврзани со тоа како изгледаме, како се однесуваме при секс, и слично. Истражувањата покажуваат дека забраната од родителите за мастурбирање кај децата само создава длабоко чувство на вина, но не влијае врз тоа колку често мастурбираат. (Ландис, 1940). Мастурбирањето е одличен начин да си го запознаете сопственото тело, да си ги откриете ерогените зони, и да дознаете што е она што го сакате. Петинг - ,,сув’’ секс Некои парови кои, од било какви причини, сî уште не се подготвени да се впуштат во сексуален однос, понесени од љубов и возбуда кога се интимни со партнерот, се одлучуваат за петинг. Петингот претставува симулирање – имитирање на сексуален однос, при што партнерите се тријат еден од друг, облечени, или барем делумно облечени, задоволувајќи се еден со друг. Понекогаш се доживува и оргазам. Може да се случи партнерите да се соблечени, но нема пенетрирање. Некои парови практикуваат петинг бидејќи сметаат дека на тој начин нема да забременување или пренесување на некоја сексуално пренослива инфекција. Меѓутоа, ова е само делумно точно. Бакнеж Усните изобилуваат со нервни завршетоци – премногу осетливи на допир. Понекогаш бакнувањето причинува поголема возбуденост отколку допирањето на гениталиите. Се разбира, позади ваквото чувство има и психолошки фактори: прво и основно, фактот дека усните, устата и образите се првиот извор на задоволство кај бебињата, што доаѓа при цицањето и потпирањето врз топлите гради на мајката. Преку ваквата ,,приврзаност’’ ги добиваме првите големи задоволства, и со секој страствен бакнеж со саканата личност, нив повторно ги оживуваме и доживуваме. За многумина, бакнувањето е нешто многу интимно – се бакнуваме само со особата која ја сакаме. На пример, ако нема бакнежи меѓу партнерите, обично значи дека во врската нешто не е како што треба. Полуција Полуцијата е она што ни е попознато како ,,влажни соништа’’. Тоа се оргазми кои се случуваат при спиење или дремење, при што се исфрла сперма. Се случуваат без свесна намера. Може да бидат поттикнати од некаков сон со еротска содржина. 7
Најчесто се јавуваат во пубертетот и прекинуваат со почнувањето на редовни знак на преголем број хормони и преголема желба и потреба за секс, но може да се јави и кога немало ејакулација подолго време, како и при присилна апстиненција. Сексуален однос Сексуалниот однос претставува сексуално поврзување помеѓу две или повеќе лица. Не мора да подразбира/вклучува пенетрирање; може да биде само петинг. За да се каже дека има сексуален однос, потребни се најмалку две лица кои имаат сексуални желби и така се однесуваат: се бакнуваат, се галат, се допираат, си ги гледаат телата, се возбудуваат еден со друг на различни начини, заедно мастурбираат... Освен тоа, пентрирањето може да биде со пенисот, прстите, јазикот или со некој предмет во устата, вагината или анусот. Многу е важно дека при односот има јасна согласност од сите кои учествуваат. Колку често едно лице или пар ќе има сексуален однос е посебно за тој пар и нивните потреби. Таа честота се менува во текот на животот, а при промена на партнерот, може да има драстична разлика во бројот на сексуални односи седмично или месечно. Во секој случај, како и за мастурбацијата, не постои мерка која определува колку сексуални односи се малку или многу. Важно е да имате онолку сексуални односи колку што ви се потребни за да функционирате нормално во другите сфери од живеењето, но да внимавате да не ја занемарите потребата на партнерот. И времетраењето на сексуалниот однос е индивидуално. Во принцип, тој завршува кога се доживува оргазмот, но може да продолжи на некој друг начин. Ако едно од лицата во сексуалниот однос е маж, за ново пенетрирање потребна е повторна ерекција, а за ова треба малку време. Со стареењето, ова време станува подолго. Меѓутоа, (привременото) немање ерекција или ејакулација не мора да значи и крај на сексуалниот однос.
РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ
Репродуктивни органи Ова се органите кои се разликуваат кај мажите и жените; сите други органи на човекот се слични на прв поглед. Во зависност од тоа дали се гледаат и каде се наоѓаат, машките и женските полови органи се поделени на надворешни и внатрешни органи. Внатрешни женски полови органи се матката, јајцеводите и вагината. Надворешните органи се познати и како гениталии. Надворешните полови органи кај жените се викаат вулва (pudendum femininum) и ги вклучуваат усните, клиторисот и вагиналниот отвор. Тие се помали и понежни од надворешните полови органи кај мажите, подзатскриени, а со тоа и помалку видливи. Многу жени во истражувањето велат дека не им се познати нивните полови органи, што, освен поради нивната специфична позиција, претежно се должи на срам и/или предрасуди дека гениталиите се нешто за што е неморално и забрането да се зборува. 8
Внатрешни машки полови органи се: тестиси, надсеменик, мочен канал, семеници, булбоуретална жлезда и простата. Надворешни машки полови органи се пенисот и скротумот. Во сексуалниот чин, пенисот е органот за врска помеѓу телата, при што семената течност (спермата) се исфрла преку мочниот канал (ејакулација). На врвот на пенисот има глава, прекриена со кожичка наречена препуциум. Големината, должината и ширината на пенисот не зависат од висината на телото, скелетот и мускулите. Големината на пенисот не влијае ниту врз способноста за репродукција, ниту врз функционалноста при сексуален чин.
Полови хормони Во машкото тело, XY хромозомите се неопходни за развивањето на тестисите, а XX хромозомите кај жените за развивањето на јајниците. Јајниците и тестисите се местата каде што се развиваат половите клетки – јајце-клетки и сперматозоиди, но тие се исто така ендокрини жлезди – жлезди со внатрешно лачење. Стероидните хормони, кои се поделени на три групи: естрогени, гестагени и андрогени, се синтетизираат и излачуваат во јајниците. Естрогените го регулираат развојот на примарните и одржуваат бременоста (најпознатиот од нив е прогестеронот). Андрогените хормони кај жените се лачат во количина која е 20 пати помала од таа кај мажите, и немаат посебно значење за физиолошката состојба. Примарната функција на јајникот е двојна: синтеза на половите стероидни хормони и создавањето на јајце-клетки. Овие функции се стимулираат со хормонално излачување на хипофизата (гонадотропин) и хипоталамусот. Функцијата на тестисот е двојна: синтеза и ослободување на андрогените хормони (тие во помал степен се создаваат и во надбубрежните жлезди) и создаваат сперматозоиди. Овие функции се контролираат од хипофизата и хипоталамусот. Андрогените го регулираат формирањето на машки полови карактеристики. Најважниот андроген хормон кај мажите е тестостеронот. Мали количини на женски полови хормони се создаваат во тестисите, и обратно – мали количини тестостерон се создаваат во јајниците. Пубертет Пубертетот кај девојките обично почнува кога имаат единаесет години и завршува кога имаат петнаесет. Промените во пубертетот се случуваат многу постепено. Највидливи се надворешните промени, но има и промени во менталниот живот на девојките. Ако пубертетот се појави кај девојките пред нивната деветта година, станува збор за предвремен пубертет, а ако не се појави и по седумнаесеттата година, тогаш е одложен пубертет.
Менструален циклус и менструација
9
Менструацијата не е болест, туку нормална појава. Тоа е физиолошка функција кај жената која почнува со пубертетот со појавата на менарха (првиот менструален период – обично се случува помеѓу единаесеттата и тринаесеттата година). Најразлични фактори, како општото здравје и здравата исхрана, местото на раѓање, секојдневната исхрана и условите на живеење можат да влијаат врз изгледот на менархата (девојки кои се премногу слаби или премногу дебели менархата ја добиваат подоцна). Во предменструалните периоди честопати се јавува хиперсензитивност и промена на синдром – ПМС. Се јавува од 7 до 10 дена пред менструацијата, и е во облик на напнатост, избувливост, агресија, зголемување на тежината, главоболка, мали отоци, чувство на воспаленост... Појавата е понагласена кај жени со подолготрајно и обилно менструално крварење. Дијагнозата се базира на анамнестички податоци (опишано од жената). Што го причинува ПМС не е целосно разјаснето, иако повеќето теории се однесуваат на хормоните. Постојат три типа на терапија: 1. Психотерапија - без лекарства; 2. Нехормонални лекарства; 3. Хормонални лекарства. По неколку месеци – доколку нема резултат – терапијата се менува. Нормалниот менструален циклус трае 28 дена, и отстапувања од неколку дена (од 24 до 32 дена) се сметаат за психолошки и нормални. Менструалниот циклус зависи од хормоните кои ги лачат ендокрините жлезди (хипоталамусот, хипофизата и јајниците). Јајниците ги лачат естрогените хормони и прогестеронот. На почетокот, како и на крајот на репродуктивниот живот, менструалните циклуси обично се нередовни поради честото отсуство на овулација. Доколку нема фертилизација во јајниците, се менува мукозната мембрана на матката, и тоа на четвртиот или петтиот ден пред почетокот на менструацијата. Потоа следува отфрлање на јајце-клетката во форма на крварење – менструација. Менструацијата трае за време на првите четири дена од циклусот (крварењето трае и до седум дена). Количината на крв изгубена за време на менструацијата е помеѓу 30 до 180 мл. Многу е важно девојката да се подготви – да биде запознаена со почетокот на првата менструација, да биде спремна за првото крварење, кое може да се случи при спиење, туширање, и сл. Кај некои девојки, менструациите во првите години по менархата не се редовни, но и покрај тоа, постои можност за оплодување (исто како и пред целосното исчезнување на менструацијата, во периодот пред менопаузата). Не е забрането да се имаат сексуални односи за време на менструалното крварење. Поради можноста од пренесување на инфекции преносливи преку крвта (некои сексуално преносливи болести), како и поради можноста од забременување (ако овулацијата се случила во тој период), задолжително треба да се користи кондом. Менструацијата се случува до четириесет и петтата-педесет и петтата година, кога исчезнува (започнува менопаузата). Последната менструација после која една година немало крварење го означува почетокот на менопаузата. Најчестите симптоми кај жените во овој период се напливи од жештина и ноќно потење, проследено со несоница, намален сексуален нагон и главоболка. Хигиена на гениталните органи 10
И за време на менструацијата, хигиената треба да се одржува секојдневно, со миење со сапун и млака вода при менување на влошките. Во текот на менструацијата, се препорачува туширање, но да не се седи во кадата. При менструалното крварење, хигиенските влошки се користат за впивање на течноста. Треба да се избираат влошки направени од природни материјали, бидејќи најлонот или синтетиката ја кондензираат влагата и ја зголемуваат температурата во тој дел, што се идеални услови за развивање на штетни микроорганизми. Тампоните не се препорачуваат бидејќи може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми секојдневно, неколку пати на ден, со миење од напред кон назад (поради бактериите од цревата, миењето и бришењето во спротивната насока може да предизвика инфекциија на вагината). Важно е да се измијат и надворешните генитални органи, особено големите и малите срамни усни, бидејќи таму се собирира секретот. Хигиената е особено важна пред и по сексуалниот однос (и за жените, и за мажите), со туширање или бањање со сапун или во када. Не се препорачува дезинфицирање на гениталиите. Треба да се избегнува миење во внатрешноста на вагината бидејќи така се уништува вагиналната флора. Исто така, млаз вода насочен директно во вагината може да го пробие мукозниот чеп што се наоѓа во грлото на матката и служи како природна бариера против бактерии. Претераната, исто како и недоволната хигиена, не е добра бидејќи ја надразнува мукозната мембрана и ја спречува природната одбрана на организмот. Истото важи и за употребата на силни хемикалии. Не се препорачува користење на бебешка пудра за хигиена на гениталните органи затоа што може да навлезе во внатрешните органи и да ја измени бактериската флора. Дезодоранси може да се користат, но умерено. Нема медицинска оправданост влошки да се ставаат во деновите кога нема менструално крварење, и можат да бидат штетни бидејќи го спречуваат нормалното излачување и го потпомагаат развивањето на инфекции. Се препорачува носење на долна облека изработена од природни материјали, и нејзино секојдневно менување, како би се спречила појавата на инфекции. Не се препорачува носење на тесни пантолони, како и такви изработени од цврсти материјали – ниту за жените, ниту за мажите; кај жените тие предизвикуваат зголемено лачење, а кај мажите механички притискаат и ја зголемуваат топлината, што негативно влијае врз тестисите и придонесува за намалување на бројот на активни сперматозоиди. При дневното миење, мажите треба да внимаваат на хигиената на делот од пенисот под кожичката, бидејќи таму има остатоци од излачувањето – кожен лој (освен после обрежување).
Бременост Луѓето одлучуваат и планираат да имаат потомство со умисла. Паровите на кои им претстои бременост, породување и одгледување деца мора психички да бидат подготвени за тоа. Бременоста и породувањето се ризични кај жени помлади од 11
дваесет и постари од триесет и пет години. Не се забранува имањето сексуални односи во текот на бременоста, но тоа треба да се прави претпазливо и со избор на соодветна позиција (да не се притиска стомакот на бремената жена). Спојувањето на сперматозоидите и зрелите јајце-клетки се вика оплодување (оплодување и забременување). По оплодувањето, јајце-клетката се движи низ каналот кон материцата, и тука се сместува. Бременоста започнува со оплодувањето на Знаци на бременост се немање менструација и промени на градите, а симптомите се гадење, со или без повраќање, често мокрење и замор. Ваквите симптоми обично се јавуваат шест седмици по последната менструација и спонтано исчезнуваат по шест-дванаесет седмици. При бременост, првата наредна менструација можеби нема да биде пропуштена. Раната бременост може да предизвика помало крварење од матката, обично во периодот кога жената би ја имала менструацијата (кога не би била бремена). Ако крварењето е невообичаено, и ако има сомнеж или можност за бременост, треба да се направи тест за бременост или гинеколошки преглед. Може да се случи менструацијата да прескокне еден месец поради нешто друго, а не поради бременост. Меѓутоа, ако менструацијата ја нема и во следниот месец, мора да се направи гинеколошко испитување за да се открие причината (бидејќи, во случај на несакана бременост, таа може да биде одложена, а абортусот е дозволен до десеттата седмица од бременоста). Дијагнозата за (рана) бременост се утврдува преку уринарен тест. Има некоку видови на такви тестови, лесно може да се најдат во аптека, и се лесни за употреба. На пример, ,,Гравити’’, ,,Бејбирапид’’, ,,Грам плус’’, ,,Бејби тест’’, ,,ББ тест’’, тест за бременост ,,Ромед’’..., утврдување на βHCG од крвта (лабораториски) и ултразвук и гинеколошки преглед (на болница). Просечната бременост трае 280 дена или четириесет седмици, или десет лунарни месеци (еден лунарен месец трае дваесет и осум дена), броејќи од првиот ден од последната менструација (или околу девет календарски месеци + седум дена). Првите движења на фетусот жената може да ги почувствува од 18-20 седмица. Испитувања на чукањето на срцето на фетусот со ултразвук може да се прават од 7-8 седмица од бременоста. Породување Нормалното породување (partus) е физиолошки чин кој завршува со раѓањето на фетусот и отстранувањето на плацентата и мембраните. Тоа е последица од контракциите и напорот во матката, што обично се случуваат на крајот од бременоста. Според тоа како завршува, пораѓањето може да биде вагинално (спонтано, поттикнато, стимулирано) и абдоминално (со царски рез). За намалување на болките при породувањето се користи епидурална анестезија. Епидуралната анестезија треба да и’ биде достапна и објаснета на секоја бремена жена за која нема медицински пречки да ја користи истата. Може да се смири или ублажи стравот и болката кај жената: во текот на бременоста, може да се смирува со изведување психофизички вежби како подготовка за породувањето, а за време на породувањето, се користат лекови. Породувањето започнува со контракции: со пукање на мембраните на плацентата по што следат контракции на матката, или вагинално крварење (како резултат на ширењето на грлото на матката), по што исто така може да има контракции на матката. 12
Раѓањето на бебето има четири фази: 1. Фаза на ширење (отворање на грлото на матката), што трае помеѓу осум и дванаесет, или дури и четиринаесет часа; 2. Фаза на исфрлање – излегување на бебето, што трае половина до еден или два часа; 3. Фаза на часа. Фазата помеѓу раѓањето на бебето и повлекувањето на матката во нејзината нормална големина (леунство) почнува по четвртата породилна фаза и трае околу шест до осум седмици. Присуството на некој близок (партнер, татко на детето, лица кои ќе се грижат за детето...) при породувањето може да помогне, како и присуството на гинекологот кој го следел текот на бременоста, и во кој родилката има доверба. Породувањето и сè што се случува околу тој чин се важни моменти во животот на жената, но и на мажот. За подобра врска помеѓу партнерите, а особено за подобро емоционално поврзување со бебето по раѓањето, важно е партнерот – таткото, партнерот на мајката, или тој кој ќе се грижи за бебето – да биде покрај родилката при редовните контроли на бременоста и фетусот. Гинеколошки испитувања При подготвувањето за гинеколошки преглед, пред одењето на прегледот треба да се одржува хигиената на телото, особено на гениталните органи, а при прегледот мочниот меур треба да е испразнет. Прегледот има два дела: прв дел, разгледување, што се врши со инструмент – гинеколошки спекулум; другиот дел е палпирање, што се врши со прстите. Испитувањето со ултразвук може да биде абдоминално, и за тоа е потребно мочниот меур да биде полн. Палпирањето не е болно жената е опуштена и има доверба во гинекологот. Одењето на гинеколог не мора да биде само за преглед, туку жените може да одат и за советување, разговор и информирање за прашања поврзани со репродуктивното здравје и сексуалниот живот (совети за контрацепција, планирање и следење на бременоста, информации за причините за неплодност, сексуално преносливи болести, итн.). Пред и за време на гинеколошкиот преглед може да се чувствува срам, но треба да се знае дека ваквиот преглед го врши професионалец кој девојката/жената ја гледа како пациент, а не како сексуален субјект. Делотворноста на гинеколошките терапии и интервенции во голема мера зависат од развивањето доверба (или недоверба) помеѓу гинекологот и пациентот.
Контрацепција – обратна концепција Една од негативните последици од сексуалниот однос може да биде несаканата бременост. Да се избегне тоа, може да помогне применувањето на контрацептивни мерки, односно контрацептиви (мерки кои го спречуваат оплодувањето).
13
Се користат два методи за спречување на несакана бременост: 1. контрацепција – спречување на оплодувањето; 2. абортирање – прекинување на бременоста (легално и и/или смрт кај жените). При изборот на контрацептив треба да се внимава на здравствената состојба на жената, возраста на партнерот, општите и здравствените навики, честотата на сексуалните односи и условите во кои тие се вршат (треба да се консултира гинеколог). Контрацептивите и контрацептивните методи може да се поделат: • според тоа како функционираат – на биолошки, механички и хемиски; • според примената – на локални и општи; • според времетраењето на нивната примена – на привремени и трајни (стерилизација); • според тоа кој ги применува – на машки (кондоми, стерилизација) и женски. Контрацептивни средства и методи • Природни методи: ритмички (Огино-Кнаус), температурни, овулаторни (Билингс), доење. Исто така, во аптеките може да се најдат тестови кои можат да помогнат во одредувањето на времето на овулација, како што е ,,Овугност’’. Во процесот на оплодување, спосбноста на сперматозоидите да ја оплодат јајце-клетката трае околу 48 часа, а способноста на јајце-клетката да биде оплодена трае околу 24 часа. Ова е природен метод кој се базира на времето на овулација и избегнување на ± 5 дена околу овулацијата. Методата не е сигурна, особена за жени кои имаат неправилен менструален циклус. При доењето, можноста за оплодување е намалена, но жените кои не се заштитуваат често забременуваат во овој период. Овулацијата може да се случи во било кој период од менструацијата, така што оплодувањето е можно дури и надвор од средината на циклусот (кога овулацијата најчесто се врши), дури и при менструалното крварење. • Традиционални методи: прекинување на сексуалниот однос (coitus interruptus) – сексуалниот однос се прекинува пред ејакулацијата, која се врши надвор од вагината; и продолжен сексуален однос (coitus reservatus), кога мажот не ејакулира. Овој метод не е безбеден, затоа што сперма може да се излачи дури и пред ејакулацијата, а со тоа и да дојде до забременување. Продолжениот сексуален однос може да предизвика психолошка напнатост кај мажот, како и привремена неспособност да се постигне оргазам. • Механички методи: кондом (презерватив), заштитува од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Се смета за најдобар метод за партнери кои имаат повремени сексуални односи и е најчесто применуван во светот. Постојат кондоми за мажи и за жени (фемидон), дијафрагма, капачиња за грлото на матката, вагинални тампони, плакнење после сексуалниот однос. Со правилна употреба, кондомот обезбедува висок процент на заштита од бременост и инфекции. Иако ниту еден контрацептив не обезбедува 100% заштита од бременост и инфекции, дури ни кондомот, сепак, моментално тој е единственото средство за двете потреби. Кондомот е за еднократна употреба. Ако партнерите практикуваат неколку видови на сексуален 14
однос во краток период (вагинален, орален, анален), поради опасноста од пренесување на инфекции, неопходно е кондомот да се промени. • Хемиски средства за локализирана употреба: пасти, пени, гелови, креми и апчиња. • Хемиски средства за заштита за орална употреба (пилули): -> апчиња со комбинација со естро-прогестаген; - > прогестаген (инјекции, поткожни импланти, апчиња со прогестаген, вагинални прстени, трансдермални системи, ставање на прогестаген во интраутерински тубички; -> полови антихормони: антипрогестагени и анти естрогени; > не-стероидна хормонска контрацепција. Хемиските средства за орална употреба, како метода, им се препорачуваат на млади, здрави жени кои сакаат да се заштитат од бременост краткорочно. Најопасната компликација која може да настане при употребата на средствата за орална употреба е тромбозата. Затоа, при првата појава на отоци и болки во нозете, болки во градите, силна главоболка или слабеење на видот, треба да се прекине употребата на овие средства. • Интраутерински направи - спирали: постојат повеќе од 70 видови, изработени од различен материјал и во различни форми. Во зависност од материјалот, се делат на немедицински (инертни) и медицински (биоактивни). Спиралата се става кога ќе заврши менстралното крварење, а интервенции може да се прават дури и по прекинувањето на бременоста или породувањето. По ставањето на спиралата, задолжително треба да се врши редовна контрола на вагиналното излачување. Спиралата може да се користи од 3 до 5 години, а потоa мора да се извади. По одредена пауза (1-2 месеци), може да се замени со нова. • Контрацепција после сексуалниот однос, или контрацепција за денот потоа (итна, краткорочна), е форма на контрацепција што се користи во период од 72 часа по сексуалниот однос без заштита. Може да се изврши со: - употреба на хормонални пилули (првата доза се зема во рок од 72 часа по сексуaлниот однос, а втората 12 часа по првата). Во аптеките може да се најдат и апчињата ,,Постинор’’ – се пие едно апче по сексуалниот однос (и не повеќе од четири апчиња во еден месец); - со ставање на интраутеринска направа – спирала во рок од пет дена по сексуалниот однос. • Стерилизација: контрацептивна метода со хируршка интервенција, и може да се изврши и на жени и на мажи. На адолесцентите им се препорачува да користат: • кондоми (механички контрацептивни средства), како единствено средство за заштита од сексуално преносливи болести (или во комбинација со апчиња или спирали); • апчиња со мали дози на хормони (хемиски средства за заштита); • интраутерински направи – спирала со соодветна големина. Пред да изберете контрацептив, треба да се консултирате со гинеколог.
15
Треба да се напомене дека по употребата на спирали и апчиња (привремени контрацептивни средства), потребна е пауза од три до шест месеци, по што може да се планира забременување. Плакнење на вагината по ејакулацијата во телото на девојката или жената нема ефект и не треба да се применува како начин за контрацепција. Доколку при сексуалниот однос не се користи заштита, негативните последици може да бидат несакана бременост (што може да заврши на два начини: со намерно прекинување на бременоста или со раѓање на дете кое не било посакувано) и сексуално преносливи болести (при што, и во двата случаи, треба да се консултира гинеколог). Во случај на прекин на бременоста, компликации може да забележат за брзо време (инфекција, крварење...) и подоцна (стерилитет). Законот дозволува абортус до 10-та седмица, а за девојките под 18 години потребна е писмена согласност од родителот или старателот. Многу е важно да се избегне несакана бременост. Ако тоа не е можно, неопходно е рано откривање на бременоста – поради шансата таа рана бременост да биде прекината. Со согласност од комисија, бременоста може да се прекине до 20-та седмица, ако за тоа постојат медицински (на пример, силување, аномалии на плодот, ризик по животот на жената...), социјални или психолошки причини. Абортусот може да се изврши со локална или општа анестезија. Правото на абортус е основно право на жената да одлучува за своето тело. Ова е познато како став ЗА ИЗБОР. Одгледување деца: Огромен број луѓе, и мажи и жени, чувствуваат потреба да си одгледаат нивни деца, да бидат родители, што, всушност, подразбира грижа за потомството, а не само обичен стремеж да се роди дете. Меѓутоа, кај многумина ваквиот стремеж е многу силен, и за нив тој е најважната задача, целта на нивниот живот. Во голем дел, овој стремеж е под влијание на очекувањата во општествата. Што и да претставува тоа, очигледно е дека на одгледувањето деца општеството гледа како на правило за нешто нормално, и за жал, таквото правило ги притиска луѓето да станат родители по секоја цена. Неретко се случува нечии интелектуални/уметнички квалитети и достигнувања да бидат доведени во прашање или намалени само поради тоа што лицето не е во брак или нема деца. Овој притисок дури оди до таму што лицата кои не сакаат да имаат деца целосно се отфрлаат или се обележуваат како ментално нестабилни. Притисокот е особено голем кон жените, па така, често може да се слушнaт оценки од типот ,,таа не успеа да стане мајка’’. Општеството има очекувања дури и за луѓето кои одлучиле да имаат деца: кога е добро време да се имаат деца, кој е добар/не е добар за деца... на Балканот, особено, доминантна е желбата да се има машко дете, а во Црна Гора има голем број на селективни абортуси со намера да се спречи раѓање на женско дете. Слично на ова, во
16
некои култури, ако имате едно дете, општеството сè уште не е задоволно и притиска да имате барем уште едно. Потребата за одгледување деца е поттикната од општеството, а не од биолошката природа на луѓето. За ова има многу докази. На пример, ако инстинктот да се стане родител е вроден, луѓето би имале секс само поради забременување и раѓање потомство; сите би имале сексуални односи и не би имало разлика во интензитетот на сексуалниот нагон; не би имало пауза помеѓу две бремености; не би се користело контрацепција; не би имало планирање на семејството или ограничување на бројот на деца; не би постоеле ограничувања во однос на годините кога почнува и завршува периодот на репродукција; не би се вршеле абортуси; не би имало избор за тоа дали повеќе се посакува машко или женско дете; никој не би ги напуштал своите деца, ниту би ги злоупотребувал, не би ги запоставувал, не би ги тепал, силувал, убивал; дури не би ги праќал во градинка... Значи, може само да се каже дека кај голем број луѓе постои желба да се биде родител која е одредена од општеството. Одгледувањето деца е многу сериозна, одговорна и сложена улога, и треба да биде резултат на избор, а не на принуда. Сексуално преносливи болести Сексуалните односи се природен дел од животот, а целта е доживување на задоволство и, на крајот, репродукција. Меѓутоа, не треба да се заборават и негативните последици, како што е јавувањето и пренесувањето на најразлични зарази. Најопасни се сексуално преносливите болести кои, ако не се откријат навреме и не можат да се излечат, можат да доведат до неплодност на мажот и жената. Исто така, може да влијаат и врз здравјето на бебето, дури и да му го загрозат животот. Ваквите болести се и фактор на ризик за појава на рак на грлото на матката. Фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на грлото на матката (причините за болеста не се познати) се: • Ран почеток на сексуалниот живот; • Често менување на сексуални партнери – инфицирање со папилома вирус (ХПВ) од поединци – онкогенски видови – Се препорачува: • Намалување на факторите на ризик; • Редовни гинеколошки прегледи, еден преглед годишно и ПАП-тест за сите жени кои се сексуално активни, постари од 18 години; • ХПВ-тест и стандардизација. Сексуално преносливите болести најчесто се пренесуваат преку сексуален однос без употреба на заштита. Опасноста подеднакво ги засега сексуалните односи на лица и од различен и од ист пол, без разлика дали се работи за вагинален, анален или орален секс. Ваквите болести понекогаш се јавуваат на различни начини, а во текот на бременоста може дополнително да се комплицираат. Ризикот е најголем кај оние млади луѓе кои почнуваат да имаат сексуални односи на рана возраст, или не се доволно информирани и често ги менуваат партнерите, како и кај лицата кои не користат кондоми за заштита. Ризикот се зголемува со употребата на алкохол или дрога, непланиран сексуален однос со речиси непознато лице и, се разбира, при сексуално насилство.
17
Знаци – симптомите на сексуално преносливите болести не се типични, и некогаш тие може и да не се забележат, а треба да се има во предвид периодот на инкубација (периодот од заразувањето до појавата на болеста, кога сè уште нема симптоми), чиешто траење зависи од видот на болеста. Симптомите кај мажите се помалку забележливи отколку кај жените. Локализираните симптоми кај мажите и жените може да бидат: болка, чешање, промени на кожата во делот кај гениталиите, излачување од вагината или пенисот, потешкотии при мокрењето, болка или крварење при сексуален однос. За да се откријат и лекуваат сексуално преносливите болести, мора да се оди на преглед – мажите кај уролог, жените кај гинеколог. Лекувањето на бактериските сексуално преносливи инфекции се врши со антибиотици. Против хепатитис Б и папилома вирус (ХПВ) постои вакцина, бидејќи против вирусните болести нема ефикасни лекови. Инфекцијата со ХИВ предизвикува СИДА, која сè уште е познати од поодамна, како сифилис и гонореа, денес се помалку застапени, а почести се болестите за кои причините се откриени во поново време: хламидија, уреоплазма, ХПВ, ХИВ, херпес (генитален), хепатитис Б и Ц... Инфекцијата со хламидија е најраспространетата бактериска сексуално пренослива болест во светот. Ја предизвикува бактеријата Chlamydia trachomatis, и најчесто се јавува кај младите луѓе, особено кај мажите. Нема многу симптоми за оваа инфекција; Кај мажите, може да се појави локализирано црвенило, жештина и зголемено испуштање од уринарниот тракт. Кај жените се манифестира во облик на зголемено вагинално излачување и чувство на вагинална иритација. Дијагнозата се утврдува со микробиолошко испитување на брис од жената и мажот. По утврдувањето на дијагнозата, лекувањето се врши со антибиотици (се лекуваат двата или повеќе партнери). Ако болеста не се лекува, следува неплодност. Инфекцијата со ХПВ е мошне распространета и премногу лесна за пренесување. Ја предизвикува вирус познат како папилома вирус. Постојат над 70 видови од овие вируси, од кои околу 30 предизвикуваат генитални инфекции. Инкубацијата, или периодот до појавата на болеста трае од неколку седмици до осум месеци. Некои видови на ХПВ кај жените и мажите може да предизвикаат создавање на брадавици – кондилом (condyloma). Дијагнозата се утврдува со хистолошки преглед на промените. Болеста почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, и претставува фактор на ризик за појава на рак на грлото на матката. Освен појавата на кондилом, нема други знаци за болеста. При утврдувањето на дијагнозата, се испитува брисот, и врз основа на тоа, се врши понатамошно лекување (,,интерферон’’, локално: криотерапија, хируршко отстранување, отстранување со горење, итн.). Гениталниот херпес е болест која ја предизвикува вирусот херпес симплекс. На почетокот болеста може и да не покажува видливи знаци, а ако ги има, тие се со форма на меурчиња на и околу надворешните генитални органи. Промените на кожата се проследени со болка и осетливост, болка при мокрење, зголемено излачување од вагината на жената и од мочниот канал на мажот, како и општите симптоми на инфекциите: треска, главоболка, болка во мускулите и зглобовите. Откако ќе поминат овие симптоми, болеста повторно се појавува подоцна, со истите промени. 18
Дијагнозата се утврдува со земање брис. За херпесот нема соодветен лек, но има лекови кои го намалуваат бројот на повторени напади и нивното времетраење. Гонорејата (трипер, капавец) некогаш била најраспространета генитална болест. Ја предизвикува бактеријата гонокока. Неколку дена по инфекцијата се појавуваат симптомите: често мокрење со болка и печење, а потоа густ гноен исцедок од белите дробови. Дијагнозата се утврдува со земање брис. Лекувањето се врши со антибиотици, и се лекуваат и двата партнери. Доколку не се лекува, може да доведе до неплодност. Сифилисот (Луес) е сериозна болест која некогаш била неизлечлива, денес поретко се јавува. Ја предизвикува бактеријата трепонема палидум која, при сексуален однос, влегува во крвта низ едвај забележливи оштетувања на кожата или мукозните мембрани на гениталните органи. Настапува во три фази. Прва фаза: неколку седмици по навлегувањето на причинителот на болеста во телото, се појавува рана или чир и безболна лимфна жлезда во тој предел. Втора фаза: осип на кожата и мукозните причинителот на болеста го оштетува и разорува срцето, крвните садови, мозокот... Дијагнозата се утврдува со проверка на крвта. Се лекува со антибиотици. ХИВ или СИДА е болест која ја предизвикува вирус (вирус на имунодифициенција на човекот), и претставува развиен синдром на имунодифициенција – ова е последната фаза од инфекцијата која ја причинува овој вирус. Причинителот е од групата на ретровируси. Еден од начините на кои се пренесува е преку сексуален контакт. На почетокот, кај лицето не мора да се забележуваат знаци за болеста. Симптомите зависат од стадиумот на болеста. Прво се јавува зголемување на лимфните жлезди, покачена температура, слаб замор, и ваквата состојба може да трае неколку месеци. Дијагнозата се утврдува со проверка на крвта. Моментално нема конкретен лек. Сè уште не се пронајдени вакцина и лек против ХИВ. Со ХИВ може да се зарази секој човек. Хепатитис Б и Ц е заразна болест предизвикана од вирус. Еден од начините на кои се пренесува е преку сексуален контакт. Симптомите за болеста се поврзани со воспаленија и оштетувања на црниот дроб. Карактеристичен знак е пожолтување на кожата и видливите мукозни мембрани, повраќање, темна боја на урината и светла боја на изметот. Може да се јави и покачување на температурата. Лекувањето е симптоматично (,,интерферон’’). За хепатитис Б постои вакцина. Доколку се сомневате дека можеби вие или партнерот се имате заразено, без разлика на тоа дека нема симптоми кои укажуваат на тоа, и двајцата треба да направите проверка – за болеста да се открие и лекува навреме. Една од карактеристиките на сексуално разумна особа е покажувањето одговорно сексуално однесување. Во контекст на темата за сексуално преносливите болести, одговорно сексуално однесување е однесувањето на особа која, ако се сомнева дека има некоја генитална инфекција, за тоа го информира сексуалниот партнер, но и тие со кои имала сексуални односи во претходниот период, од моментот на можно заразување наваму. На тој
19
начин, луѓето се заштитуваат себе си и другите од болести и последици од нив, како и од нивно ширење.
S1. ДЕФИНИЦИЈА И ЗАСТАПЕНОСТ Сексуалното насилство е чин на сила и контрола која се искажува сексуално, и која не е посакувана, за која не била дадена согласност или не била дадена по слободна волја и свесно. Чинот може да биде видлив, вербален и/или физички, и особата може да го доживее (во моментот или потоа) како закана, понижување, повреда и/или напад. Може, но и не мора да вклучува закана, принуда и/или присила (Мамула и Попадиќ, 2018). Жртва на сексуално насилство може да биде секој, вклучувајќи ги децата, младите, возрасните и старите. Најчести жртви се децата и жените. Извршителите може да бидат членови на семејството, блиски луѓе, пријатели, познаници или непознати лица. Во споредба со други форми на насилство, сексуалното насилство се карактеризира со низа особености. Пред сè, тоа е форма на насилство која претставува нарушување на личните, интимните и психолошките граници на една личност. Сексуалното насилство е злодело кое е поврзано со полот. Несразмерно повеќе е насочено кон девојките и жените. Се стигматизира со бројни митови и стереотипи. За разлика од другите кривични прекршоци, тоа секогаш вклучува и дополнителни конотации, првенствено насочени кон припишување на одговорноста за насилството на особата која била жртва. Се поврзува со многу силно чувство на срам и вина. Не постои злодело во кое одобрувањето на жртвата игра толку важна улога. Честопати се случува жртвите и извршителот да биле во врска, што може да го пренасочи вниманието на надлежните институции од фактите кои го карактеризираат злоделото. Во најголемиот број случаи нема сведоци, и поради честото одложување на пријавувањето на насилството, поголемиот дел од доказите се губат. Поради сите овие причини, ова насилство се пријавува премногу ретко, и се карактеризира со голем процент на неоткриени случаи.
Сексуалното насилство се случува многу почесто од она што повеќето луѓе сакаат да признаат. Според податоците на Советот на Европа, 1 од 5 деца ќе биде жртва на некоја форма на сексуално насилство (Совет на Европа, 2002). Овие податоци се поткрепени со податоци од голем број други истражувања. Во Обединетото Кралство, 18% од девојките и 5% од момчињата биле жртви на сексуално насилство (Редфорд и др., 2010). Низ светот, сексуално насилство имаат претрпено 12,7% од децата и младите, од кои 18% биле девојки и 7,6% момчиња (Столтенборг и др., 2011). 20
Кај возрасните, една од 5 жени и еден од 71 маж ќе бидат жртви на силување во текот на нивниот живот (Блек и др., 2011), а речиси идентични информации доаѓаат и од САД, каде жртви на силување ќе бидат 19,3% од жените и 1,7% од мажите (Брајдинг и др., 2014).
Сексуалното насилство се случува во неколку форми. Некои форми полесно се препознаваат и за нив почесто се зборува или се известува во медиумите, додека некои ,,поминуваат’’ незабележано, како нешто вообичаено и речиси нормално и прифатливо. Има голем број на класификации на сексуалното насилство кои се однесуваат на видот, местото на насилството, извршителите, итн. Тука прикажуваме еден основен преглед на формите на сексуално насилство, кои не мора да се усогласени со законите во различни земји од ЕУ.
Според Кели, сексуалното насилство се случува во континуум, од контакт со взаемна согласност, до сексуален напад или силување (Кели, 1987).
Допирање со взаемна согласност – допирање кое го посакуваат и двајцата, пријатно и по слободна волја. Притисок и непожелно допирање – сексуално искористување на особата, манипулирање, притисок и убедување. Присилување – вклучува заканување кое не мора да причинува физичка повреда или болка. Сексуална агресија – се случува без согласност и вклучува непожелно и недолично допирање, проследено со негативни чувства. Сексуален напад /силување – присилување на некоја форма на сексуален однос. Сексуално малтретирање Подразбира непожелно сексуално однесување кое не мора да вклучува физички контакт. Особата се става во непријатна и понижувачка позиција, предизвикувајќи чувство на срам. Вклучува различни видови на однесување, како вербални предлози (сексуално приоѓање), непожелни сексуални коментари за телото и сексуалноста, непожелни физички допири (бакнување, гушкање, допирање), искажување недолична сексуална заинтересираност, ширење лаги за сексуалноста на особата, и слично.
21
Може да се случи во школо, факултет, на работното место, на улица и на други јавни места. Секогаш се карактеризира со разлика во реалната или согледаната сила на извршителот и силата на особата која се малтретира.
Сексуална злоупотреба Вклучува форми кои се посериозни од сексуалното малтретирање. Покрај физичкиот контакт, се карактеризира и со ограничување на слободата и движењето.
Силување Една од најсериозните форми на сексуално насилство со која се нарушуваат сите лични граници на една особа, и честопати остава долготрајни последици. Се однесува на сексуален однос под присила (вагинален, анален и орален) со пенисот и/или некаков предмет. Други форми •
Инцест (сексуално насилство врз деца и млади лица од членови на семејството)
•
Брак под присила (детски бракови)
•
Абортус под присила и/или бременост под присила
•
Трговија со луѓе за сексуално искористување
•
Осакатување на гениталиите
5. МИТОВИ И ПРЕДРАСУДИ ЗА СЕКСУАЛНОТО НАСИЛСТВО
Сексуалното насилство се поврзува со голем број митови и предрасуди кои влијаат за малиот процент на пријавени случаи од жртвите во надлежните институции, и честопати ги обесхрабруваат луѓето кои биле жртви на некоја форма на сексуално насилство да побараат професионална помош и поддршка.
Мит: Најголемиот број силувања се случуваат во темни и запуштени улици навечер. Факт: Силувањата, како и другите форми на сексуално насилство, подеднакво се случуваат и преку ден и навечер. Над 70% од силувањата се случуваат во домот на жртвата, извршителот, заеднички дом или дом на некоја позната личност. Само 9% од пријавените силувања се случиле надвор од домот. 22
Мит: Силувачите најчесто се непознати мажи. Факт: Најголемиот број извршители на силувања се лица кои се познати на жртвата. Во над 80% од случаите, жените се силувани од маж кој го познаваат и кому веруваат. Од нив, над 50% од извршителите се нивните дечковци, партнери или сопрузи (сегашни или претходни).
Мит: Силувачите се манијаци и монструми! Факт: Силувачите се ,,обични’’ луѓе кои не се препознаваат лесно. Честопати тоа се истакнати луѓе, и всушност, само мал процент од силувачите имаат некакво психијатриско/психолошко нарушување.
Мит: Жените се силувани затоа што се облекуваат провокативно. Факт: Ако лицето сака да силува некоја жена, тоа никако не е поврзано со начинот на облекување. Жените се силувани и кога носеле панталони, работни алишта...
Мит: Жените кои биле под дејство на алкохол и/или дрога носат делумна вина за тоа што биле силувани. Факт: Луѓето кои се под дејство на алкохол и/или дрога не се способни свесно да дадат согласност за сексуален однос, така што на ниту еден начин не се одговорни за Мит: Кога жената вели ,,не’’, таа всушност мисли ,,да’’! Факт: Кога жената вели ,,не’’, таа мисли ,,НЕ’’. Сексуалниот однос без согласност е силување.
Мит: Жените честопати лажно ги обвинуваат мажите за силување. Факт: Жените не лажат за силувањето, и ретко го пријавуваат. Според податоците на ФБИ, бројот на лажни пријави за силување и сексуални напади не е поголем од бројот на лажни пријави за други прекршоци (кражба, провала, обид за убиство) и се сведува на 2% (,,Женска соба’’, 2005). Лажното пријавување за силување е многу ретко, и обично се користи само како изговор да не се реагира и разбере проблемот.
Мит: Силувањето е резултат на сексуалните потреби и некотролиран инстинкт за секс.
23
Факт: Луѓето можат да ги контролираат своите потреби. Силувањето е злодело со насилство, контрола, понижување и заплашување – не е поврзано со сексуалноста, туку со МОЌТА!
Мит: Само помлади луѓе се жртви на силување. Факт: Секој може да биде жртва на силување, без разлика на возраста, полот, бојата на кожата, класата, итн.
Мит: Ако жената нема сериозни физички повреди, мошне веројатно е дека не била силувана. Факт: Речиси 90% од случаите на силување вклучуваат закани по животот на жената или блиски членови на семејството, а кај 50% од случаите постои закана за употреба на оружје. Освен блокадата која произлегува од стравот, дел од жртвите се покоруваат и поради намалување на опасноста од нанесување тешки повреди или смрт (,,Женска соба’’, 2005).
Мит: Во бракот нема силување. Факт: Жената која е во брак не претставува сопственост на мажот со кој е во брачна/вонбрачна заедница. Секој сексуален напад спротивен на волјата на жената е сексуална злоупотреба (,,Женска соба’’, 2005). Во повеќето земји од ЕУ, силувањето во брак е кривично дело казниво со затвор. Исто така, силувањето во бракот е интегрален дел од домашното насилство и се користи како највисок чин на деградирање и демонстрација на сила.
11. ЗДРАВИ ВРСКИ ПОМЕЃУ ПАРТНЕРИТЕ
Секоја врска помеѓу двајца партнери е посебна и различна, а нејзиниот квалитет е резултат на заедничката и секојдневната грижа која се вложува во неа. За една врска да биде здрава, неопходно е таа да се темели на: • взаемна почит • доверба • искреност • поддршка 24
• еднаквост • добра комуникација
Ако имате здрава врска, тоа значи дека вие: •
сте среќни што сте заедно
•
се грижите еден за друг
•
имате реалистични очекувања од вашата врска
•
ги признавате и почитувате разликите кои ги имате со партнерот
• имате слобода да бидете она што сте и слободно да си ги искажувате вашите чувства, мислења и ставови •
одржувате врска со вашето семејство и пријатели
•
во врската се чувствувате сигурно и заштитено
•
се интересирате за заеднички работи и активности
•
учествувате во активности во кои вашиот партнер не е вклучен
•
не стравувате дека можете да претрпите некаква форма на насилство
• си верувате еден на друг (не си ги проверувате мобилните телефони, е-поштата, итн.) •
сте искрени еден спрема друг
• сте искрени за вашата сексуалност, вашите желби и потреби, како и за вашите граници •
меѓусебно си ги почитувате вашите граници
•
не се понижувате еден со друг
•
ги решавате проблемите и конфликтите на конструктивен начин
•
одлучувате заедно
•
меѓусебно се поддржувате
Здравите врски помеѓу партнерите се темелат на еднаквост, а не контрола и надмоќ над другиот. Заслужуваме и имаме право во врската да се чувствуваме сигурно, како и право да ја прекинеме таа врска ако не сме среќни во неа. За разлика од здравите врски помеѓу партнерите, врските кои не се здрави вклучуваат: контрола, оттргнување од семејството, забрани за излегување, непочитување, вербално малтретирање, понижување, подмолно однесување, обвинувања,
25
присилување на сексуален однос, закани, заплашување, уцени, љубомора и други облици на посесивно однесување, како и физичко малтретирање. Врските кои не се здрави кај лицето можат да остават сериозни последици, како проблеми со спиењето, проблеми со апетитот, психосоматски нарушувања, слаб успех на училиште, навлекување на алкохол и дрога, вознемиреност, ниска самодоверба, чувство на вина, повлекување во себе, размислувања за самоубиство, итн. Поради тоа, многу е важно да се препознаат предупредувачките сигнали. Ако не сте среќни во вашата врска, зборувајте со партнерот и со луѓе на кои им верувате. Ако врз вас се врши насилство, обратете се кај било која зрела особа во која имате доверба или лице кое е стручно за таквиот проблем. Секое насилство може да се прекине. Имате право на живот без насилство.
26
Оваа брошура е изработена во текот на проектот ,,Сексуално и репродуктивно здравје – знаењето ги победува табуата’’, поддржан од програмата ,,Еразмус +’’ на Европската унија и Министерството за спорт на Црна Гора. Автори на текстот и материјалите употребени во брошурата се: Аида ПеровиќИвановиќ, Љубомирка Љупка Ковачевиќ, Проф. д-р. Маја Мамула, Проф. д-р. Небојша Јокмановиќ.
За повеќе информации, посетете ја веб-страната www.allaboutsexeducation.com.
За содржината на оваа брошура единствено одговорен е авторот, и не мора да ги одразува гледиштата на Министерството за спорт или Европската комисија.
Партнерски организации во проектот: “Youth for Social Changes” – Албанија, “Crveni križ Novo Sarajevo” – Босна и Херцеговина, „Association Walktogether“ – Бугарија, „People to People“ – Естонија, „Hellenic Youth Participation“ – Грција, „South Europe Youth Forum“ – Италија, „Center for Economic and Social Development“ – Косово, „ARTILT – D“ – Летонија, „Волонтерски Центар Скопје “ – Македонија, „Association of Psychological Professionalists“ – Романија, „Crvena linija“ – Србија, „Sal Fuera ELX“ – Шпанија и „International Sustainable Development Association“ – Турција.
27