ОГЛЕДАЛО НА КУЛТУРИТЕ
Издавач: Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје Лектура: Вафире Мухареми Дизајн: Синиша Давчевски Наслов: Огледало на културите
За издавачот: Волонтерски Центар Скопје е невладина младинска организација формирана во 2005 година, a регистирана во 2006 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им се дадат неформални образовни можности на младите луѓе и тоа во различни области на локално и меѓународно ниво; да ја промовира идејата за волонтерството и да ги поврзе младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори во развивање на мултикултурно граѓанско општество, да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмација на младите луѓе преку нивните индивидуални способности и вештини, како и на поврзување на млади луѓе со цел за поблиска и подобра соработка.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Турски чај
Македонска носија - Лешок
Албанска носија
Спомен костурница Удово
Влав
Ромско знаме
... Пред многу години на планетата Земја народите почнале да се преселуваат и на различно тло да ги создаваат своите семејства, фамилии, и своите народи....
На мала плодна почва, почнале да се населуваат различни народи со посебни култури и начин на живеење... По долините на реките Вардар и Дрим биле вдахнати неколку различни култури, со посебни традиции и обележја но сепак сите имале заеднички особености благодарение на нивниот заеднички живот, дружба и несебична помош. 4
МАКЕДОНСКА КУЛТУРА Македонската култура се прикажува преку добро сочувани обичаи и празници,вековна религија,стара архитектура,народни носии прекрасен оригинален фолклор и народна музика. Македонскиот народ е богат со традиционални и современи карактеристики на културно наследство.
Богатото културно наследство е особено видливо во фолклорите; македонската народна носија која има многу вековна традиција позната по уникатниот македонски вез отсликан во шарените и украсни носии, македонските народни ора препознатливи по нивната грациозност и тешка изведба, македонската народна музика која е присутна се пее и препејува и ден денес. 5
Трагите од долгото и богато културно наследство се видливи на археолошките локалитети низ целата земја како што се Стоби во Велес, Скупи во Скопје, Антички театар во Охрид.
Низ пределите кои обилуваат со природни убавини и реткости со орнаменти од урбана и рурална архитектура распослани се голем број на музеи, цркви и манастири богати со иконостаси, фрески и длаборез.
6
Македонската култура е религиозна,ги почитува и празнува своите празници во духот на христијанството. Божиќ и Велигден како најголеми христијански празници се празнуваат ширум целата земја со масовно присуство на народот по верските храмови.
Секој дом е празнично уреден и богат со храна карактеристична за празникот бидејќи македонската кујна изобилува со познати национални и традиционални јадења како што се: велигденски бојадисани јајца,сарма,јагнешко печење, ајвар, лутеница.
7
Македонските свадби се одвиваат во духот на културата и традицијата со венчавка на младите во црквите. Република Македонија обилува со природни убавини и реткости, богата култура,традиција,сочувани обичаи, поради што многумина ја нарекуваат “Бисер на Балканот”.
8
АЛБАНСКА КУЛТУРА Kултурата на албанскиот народ се вдомила на ова парче земја од дамнина. Културата е синоним која почнува од почитување на другите народи преку комуникацијата и традицицијата. Свадбите, традиционалната облека, песните и обичаите ја закитуваат албанската култура. Зборовите се од големо значење , така зборот „БЕСА“ е ветување, даден збор кој во ниеден случај не смее да биде прекршен. Албанската култура и посветува големо внимание на храната, едни од највкусните јадења кои мајките ги подготвувале за своите семејства биле: питите и леб на црепна.
9
Сакајќи да ги одбележат засекогаш важните денови на својата култура тие секоја година го прославуваат 7-ми март како ден на наставникот, кој бил многу важен за нивните деца, исто така 22 –ри ноември го слават со цел да го одбележат денот на албанската азбука.
10
ТУРСКА КУЛТУРА Турската култура во Македонија комбинира голема мера на богат и разновидeн збир на елементи кои се добиени од традициите на Византија, Отоманската Империја, Европа, Блискиот Исток и Централна азија.
11
Турската култура се одликува и во ликовната уметност како што се слики, скулптури и архитектура, кои го создаваат културниот идентитет, за одржување на традиционалните верски и историски вредности.
Традиционалните примери за турскиот народ се расказите на Караѓоз и Насредин Оџа, како и делата на народните поети. Многу често користен инструмент во турската музука е саз, а во руралните краеви многу често се свири зурла и тапан, особено на свадбите, кои се со многу традиционални обичаи.
Турскиот народ е религиозен и ги почитува и празнува своите празници во духот на исламот, Бајрам и Курбан Бајрам се најголеми муслимански празници кога секој дом е празнично уреден и богат со храна карактеристична за празникот, како што се баклавата и татлијата. На денот на празникот мажите одат на гости да го честитаат празникот заедно со своите машки деца, а жените ги пречекуваат гостите. 12
Турската кујна е богата со разновидни вкусни јадења кои имале влијание на кујните на балканските земји, како што се кебапчињата (kebap şişi), сарма, јогурт (yoğurt) како и неговата солена варијанта ayran, и брзата храна döner kebap, потоа највкусната турска баклава и сутлијашот. Најпознатите пијалоци се турското кафе и чајот (çay) кој се пие повеќе пати на ден во мали стаклени чашички.
Богатото културно наследство е исто така видливо во фолклорот и богатата носија извезена со срма.
13
ВЛАШКА КУЛТУРА Власите се народ од романската група на народи населени ширум Балканскиот Полуостров. Ние, како народ, имаме доста богата култура и историја. Имаме свои обичаи, верувања, традиционална носија, како и традиционални јадења. Влашката култура ја краси богат репертоар на влашки песни. Нашето знаме го красат белата и сината боја, а исто така имаме и своја химна. Специфично е да се спомене влашката носија која што изобилува со богата орнаментика и вез специфичен само за влашкиот народ.
Преовладува црвената и црната боја,но присутни се и зелената боја и жолтиот вез. Носијата се состои од долг елек исткаен од чиста овчја волна, бидејќи Власите се познати како овчари. За време на свадбите, сите Влаинки ги облекуваат традиционалните носии со цел да искажат почит кон традицијата и обичаите. 14
Покрај големиот број традиционални јадења во влашката кујна, во моето семејство се издвојува специјалитетот Елбасан тава кој моето семејство го приготвува за најголемиот христијански празник Велигден.
15
СРПСКА КУЛТУРА Српската култура е уште еден бисер кој го закитува македонското поднебје. Населението најмногу се сместило на Скопска црна гора и во Куманово. Православието е религија која ја практикуваат и соогласно чии правила го живеаат својот живот. Ден кој го прославуваат за да одадат почит кон својата националност и народоност е 27-ми јануари „Свети Сава“.
Секоја култура остава позади себе спомен обелжје од кое ќе учат идните генерации, Спомен – костурницата во Удово во спомен на загинатите војници за време на Првата светска војна. Ристеќевата палата е изградена во 1926 година по проект на архитектот Драгутин Маслаќ. Таа се наоѓа на Плоштадот Македонија во Скопје и е една од ретките згради што во земјотресот во 1963 не била оштетена. 16
РОМСКА КУЛТУРА Ромската култура е претежно препозната како весела култура, иако тие немале најлесен живот тие сепак ја задржале својата позитивност. Ромите како народ немаат своја држава, но тие имаат свое знаме. Зелената боја ја претставува земјата сината небото и тркалото од кочија претставува дека тие се народ кои немаат своја земја и дека тие постојано патуваат.
17
За потеклото на Ромите има повеќе теории но се претпоставува дека се дојдени од Индија Ромите исто така имаат и огромна љубов кон музиката и тие се доста препознатливи по нивните уникатни носии . Официјалната ромска химна е Џелем Џелем. Одавањето на почит кон својата народност е на 8-ми април кој е меѓународен ден на ромите. 18
БОШЊАЧКА КУЛТУРА Бошњачката култура и обичаи се во духот на и почит кон исламската религија препознатливи во сите три главни моменти на животот: раѓање, брак и умирање. Народните обичаи, уредување на ентерирерот и екстериерот, гастрономските специјалитети и носиите се препознатливи и слични со балканските народи со доминантно влијание од ориенталната култура како наследство од периодот на Османското царство и прилагодени на просторите и влијанијата од средината каде живееле. На нашата плодна почва се населиле во 50тите и 60-тите години на минатиот век од Новопазарскиот санџак и Босна и Херцеговина.
19
Сликовницата Огледало на културите е изработена од страна на Волонтерски Центар Скопје во рамки на проектот „Без расправање“ финансиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија. Целта на сликовницата е преку мултимедијален текст културите кои кохабитираат во Македонија да се сознаат подлабоко и да превземаат инцијатива за културна интеракција. Во текот на изработката на сликовницата ни помогнаа учениците: Јована Јованоска, Енес Исмаили, Емил Ибраим, Марина Хиохи, Леонора Сефери, училиштето ОСТУ “Гостивар“ –Гостивар како и здружението Диванхана.
Сликите се превземени од интернет соогласно правилата за употреба на фотографии и нивно модификување.