teerism “Volun c ti authen fe .” li way of
that doubt r e v e N of “ l group a smal ul , f t an though d citizens c tte i m ; m d l o r c the wo change it ’s the only , indeed at ever has.” h t g n i th
“With this kind of events we move forward , small people big changes!”
Volunteers Centre Skopje
www.vcs.org.mk
in 2013
Волонтерски Центар Скопје во 2013
“Volunteers Centre Skopje� (VCS) is a non-governmental youth organization created in 2005 by former EVS volunteers. WHY? to give non-formal educational possibilities to the young people, in different fields, in local and international level; to empower young people and encourage them to make a change in their local communities; to promote the idea of volunteerism and voluntary work; to connect young people without reference to their nationality, religion, political, economical or social status.
ABOUT US
1
WHAT? Volunteers Centre Skopje is active at local and at international level. We organize short - term (workshops, training courses, awareness raising campaigns) as long term project targeting especially young people in age from 16 - 30. Our target group are high school and university students and young people with fewer opportunities coming from marginalized backgrounds.
„Волонтерски Центар Скопје“ (ВЦС) е невладина младинска организација формирана во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. ЗОШТО? За да им обезбеди на младите луѓе можности за неформално образование во различни полиња на локално и меѓународно ниво; За да ги поттикнеме и охрабриме младите да направат промена во нивната локална заедница; За да ја промовираме идејата за волонтерството и волонтерската работа; За да ги поврземе младите без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или општествен статус. ШТО? Волонтерски Центар Скопје е активен на локално и меѓународно ниво. Организираме краткорочни настани (работилници, обуки, кампањи за покревање на свеста) и долгорочни проекти наменети за млади луѓе на возраст од 16-30 години. Наша целна група се средношколците и студентите и млади луѓе со помалку можности кои доаѓаат од маргинализирани заедници.
ЗА НАС
2
European Voluntary Service: In the year 2013 we have sent 21 EVS volunteers in various European countries (Spain, Estonia, Bulgaria, Slovenia, Romania, Turkey and etc.) and we hosted 8 EVS volunteers from France, the Netherlands, Czech Republic, Latvia and Poland.
YOUTH IN ACTION PROGRAMME
3
The main activity for our EVS volunteers is the VOICES magazine (http://issuu. com/vcsvoices). Entire VCS staff, all EVS volunteers and plenty of local volunteers, even former EVS volunteers are involved in the magazine in which we are divided into several teams for: design, 2 for translation (1 for Albanian language, 1 for Macedonian), writing articles and proofreading. VOICES is called our EVS project as well. The magazine is issued in 3 languages – Macedonian, Albanian and English. Among VOICES magazine the EVS volunteers can choose in what other activities they want to be involved in. Do you wanna know more about EVS? Check out the video made by EVS volunteers in VCS: http://www.youtube.com/ watch?v=Uv1dCUWxbB.
Европски Волонтерски Сервис: Во 2013 година испративме 21 ЕВС волонтер во различни европски земји (Шпанија, Естонија, Бугарија, Словенија, Романија, Турција и др) и бевме домаќини на 8 ЕВС волонтери од Франција, Холандија, Република Чешка, Латвија и Полска. Основна дејност на нашите ЕВС волонтери е списанието ВОИСЕС (http://issuu.com/vcsvoices). Целиот тим на ВЦС, сите ЕВС волонтери и многу локални волонтери, дури и поранешни ЕВС волонтери се вклучени во подготовката на списанието во кое сме поделени во неколку под-тимови за: дизајн, 2 за превод (1 за албански јазик, 1 за македонски), пишување статии и лекторирање. ВОИСЕС се нарекува и самиот ЕВС проект. Списанието се издава на 3 јазици - македонски, албански и англиски јазик. Освен овој проект, ЕВС волонтерите можат да изберат во кои други активности сакаат да се вклучат. Сакате да дознаете повеќе за ЕВС? Погледнете го видеото направено од страна на ЕВС волонтери во ВЦС: http://www.youtube.com/ watch?v=Uv1dCUWxbBA
ЕВС во ВЦС: Паулина од Полска и Јанис од Летонија
ПРОГРАМА МЛАДИ ВО АКЦИЈА
4
EVS stories Maybe you are asking what these who went as EVS abroad are doing. How EVS life looks like? For Gordana, EVS volunteer in Malaga, Spain, EVS is about volunteering in the Museum of Science Principia where she is explaining experiments and the science modules in Spanish or if necessary in English. Through her work she is improving knowledge in science as biology, chemistry or physics as well as improving knowledge of Spanish. And what she is saying about her EVS town? “Malaga is a beautiful place and people are very nice. If you like to live by the sea and learn more about Spanish culture, I recommend to choose Malaga.� Working at school Sf. Maria with children with mental or psychical disability, working in daily centre with Roma, Curcubeua or organizing charity event for children without parents there are activities of Darko who is EVS volunteer in Arad, Romania. Among these social activities he was also included in organizing international tennis tournament in Arad or he took part in two marathons organized by local NGOs and municipality in his EVS city. Moreover, last but not least he is promoting volunteerism at high schools. And if you are interested to see how EVS in Turkey can look like check out following video (https://www.youtube.com/ watch?v=z_hwDbXA5CQ ) prepared by the EVS volunteers, including Jasmina from Macedonia.
5
ЕВС приказни Можеби се прашувате, што ли прават оние кои отидоа на ЕВС во странство. Како ли изгледа ЕВС животот? За Гордана, ЕВС волонтер во Малага, Шпанија, ЕВСот е волонтирање во Музејот за наука Principia каде што објаснува експерименти и научни модули на шпански или ако е потребно на англиски јазик. Преку нејзината работа таа го подобрува своето знаење за науки како што се биологија, хемија, физика, а исто си го усовршува и шпанскиот. А што кажува за нејзиниот ЕВС град? “Малага е прекрасно место и луѓето се многу фини. Ако ви се сакате да живеете покрај море и да научите повеќе за шпанската култура, ви препорачувам да изберете Малага.” Работа во училиштето Св. Марија со деца со ментална или психичка попреченост, работа во дневен центар Curcubeua со Роми или организирање добротворни настани за деца без родители се активностите на Дарко кој е ЕВС волонтер во Арад, Романија. Меѓу овие социјални активности тој исто така беше вклучен во организирање на меѓународни тениски турнир во Арад и учествуваше на два маратона во организација на локалните невладини организации и општината во неговиот ЕВС град. Згора на тоа, последно, но не и најмалку важно, тој го промовира волонтеризмот во средните училишта. А ако сте заинтересирани да дознаете како е да се биде на ЕВС во Турција може да го погледнете следното видео (https://www. youtube.com/watch?v=z_hwDbXA5CQ) подготвено од страна на ЕВС волонтери, вклучувајќи ја Јасмина од Македонија.
6
Change laboratory: Second Floor In March 2013 we implemented with close cooperation with Latvian organization “Room of Fulfilled Dreams“ training course that connected youth workers and leaders from Caucasus, Balkan and EU countries with goal to tackle the issue of social entrepreneurship and provide the participants an opportunity to strenght their knowledge about creating businness plans and implementing new business ideas in practice. To gain better insight into this project check out the project video. (link: http://www.youtube.com/watch?v=zIVb_hgLSuM). Also we would like to add that Change laboratory: Second Floor was continuation of training course Change laboratory that was included in the publication about European good practice projects.
7
And if you wonder how to become successful entrepreneur check out the tips that participants put together and we used them for creating the project postcards. If you wish to have one contact us: vcs_contact@yahoo.com.
Лабораторија за промена: втор кат Во март 2013 година преку блиска соработка со Латвиската организација “Room of Fulfilled Dreams” се спроведе обука која спои младински работници и лидери од Кавказ, Балкан и ЕУ со цел справување со прашањето за социјално претприемништво и да им обезбеди на учесниците можност да го зајакнат своето знаење за создавање на бизнис планови и спроведување на нови бизнис идеи во пракса. За да имате подобар увид во овој проект погледнете го видеото од проектот. (линк: http://www. youtube.com/watch?v=zIVb_hgLSuM). Исто така, би сакале да додадеме дека „Лабораторија за промена: втор кат“ е продолжение на обуката „Лабораторија за промена“, која е вклучена во публикацијата за добри примери на европски проекти. И ако се прашувате како да станете успешен претприемач проверете ги советите кои учесниците ги составија заедно и ги користивме за креирање на разгледници. Ако сакате да ви доставиме примерок ве молиме контактирајте не на: vcs_contact@yahoo.com.
8
International projects (youth exchanges, training courses...) In 2013, we sent more than 100 young people on more than 10 international training courses, youth exchanges, study visits, in Serbia, Bulgaria, Romania, Sweeden, Poland, Ukraine, Malta, Slovenia and etc. For impressions of the participants check out our website (www.vcs.org.mk) or VOICES magazine... If you would like to gain international experience follow our website (www.vcs.org.mk) and Facebook (Волонтерски Центар Скопје)...
YOUTH IN ACTION PROGRAMME
9
Меѓународни проекти (младински размени, обуки ...) Во 2013 година, испративме повеќе од 100 млади луѓе на повеќе од 10 меѓународни обуки, младински размени, студиски посети во Србија, Бугарија, Романија, Шведска, Полска, Украина, Малта, Словенија и др. За импресиите од учесниците можете да прочитате на нашата веб-страница (www.vcs.org.mk) или во списанието ВОИСЕС... Ако сакате да се стекнете со меѓународно искуство следете ја нашата веб-страница (www.vcs.org.mk) и Facebook профилот (Волонтерски Центар Скопје)...
ПРОГРАМА МЛАДИ ВО АКЦИЈА
10
Defense for children rights & Day care center for children from street and Center for Social Initiatives “NADEZ” in Shuto Orizari: The colaboration with these two centres is based on workshops with children, helping in humanitarian actions and realization of their projects, providing assistance in the process of EVS accreditation, providing volunteers to help them etc. Career Center at High School ASUC Boro Petrusevski – Skopje:
Local Activities
11
In the School we are implementing workshops with pupils (age 14-18), interactive presentations and trainings with aim to develop their soft skills which will help them for learning, in the communication with other pupils, as well interview simulations, how to write CV and motivation letter, how to present themselves, leadership, volunteering vs working, teamwork, personal branding, learning styles etc.
Здружение за заштита на правата на детето, дневен центар за деца од улица и Центар за социјални Иницијативи “Надеж” во Шуто Оризари: Соработката со овие два центри се базира на работилници со деца, помош со хуманитарни акции и реализација на нивните проекти, асистенција во процесот за добивање ЕВС акредитација, регрутација на волонтери да им помогнат и сл. Центар за кариера во средното училиште АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје: Еднаш неделно во училиштето се одржуваат работилници со ученици (14-18 години), интерактивни презентации и обуки со цел да ги развијат своите меки вештини кои ќе им помогнат при учење, во комуникација со другите ученици, како и симулациja на интервју, како да се напише CV и мотивационо писмо, како да се претстават себе си, лидерство, волонтирање и работа, тимска работа, личнo брендирање, стилови на учење итн.
12
Campaign “VOTE and let your voice be heard” (in cooperation with Coalition of youth organizations SEGA): A campaign as part of the project “Upgrading the youth participation in the political processes”, financed by NED, aimed to increase the number of voters among the youth population, so they can take active part in the decision making processes. Panel discussions on the subject “The influence of the GMO over the health of the people, especially the health of the young people/benefits or negative impacts”(in cooperation with Coalition of youth organizations SEGA):
Local Activities
13
Four panel discussions as part of the project “COHEIRS”, aimed to foster the civil observers for environment and health in 12 different European countries, financed by the “Europe for Citizens” program.
Кампања “Гласај, нека те слушнат!” (во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА) Кампањата беше дел од проектот Поттикнување на учеството на младите во политичките процеси, финансиран од страна на “NED”, насочен кон зголемување на бројот на младите гласачи, кои треба да го заземат своето учество во процесите на донесување на одлуки. Панел дискусии на тема “Влијанието на ГМО врз здравјето на луѓето, посебно врз здравјето на младите/бенефити или штети” (во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА) Организирани се четири панел дискусии како дел од проектот “COHEIRS”, насочен кон поттикнување на цивилните набљудувачи за здравје и животна средина, во 12 Европски држави, во рамките на програмата на ЕУ “Europe for Citizens”.
14
Local Activities
15
Project “Be healthy, workout in nature� A project aiming to promote the healthy lifestyle among the pupils in Macedonia (aged 14-18) and all other categories of citizens. We implemented exercises in the city park in Skopje, in cooperation with the association SALVERE. The project was financed by the City of Skopje.
Проект “Биди здрав, вежбај во природа”! Проект насочен кон промоција на здравите животни навики помеѓу учениците во Македонија (на возраст од 14-18 години) и сите други возрасни категории на граѓани. Имплементиравме вежби на отворено во Градскиот парк во Скопје, во соработка со здружението на граѓани Салвере. Проектот беше финансиски поддржан од Град Скопје.
16
Meet my culture: One day event organized on 6th December as “Volunteer day after party” where former and current EVS volunteers had the chance to share their knowledge, interesting information, photos, music, videos, songs, food, recipes of their EVS country in a non-formal and interactive way like quiz, singing, dancing, cooking.
Local Activities
17
Workshops in our Centre During the year anyone can take part in various activities in Volunteers Centre Skopje. As most frequent topics are: design, video, presentation skills, debating, creative writing, psychological workshops, art-crafts etc. Among others in 2013 you could for example became part of 5K DJ Workshop or develop your communication skills by taking part in workshop about Effective Communication that we organized with cooperation with other partners, and most of them implemented by our volunteers. Do you wish to organize an event? Workshop? And not sure where to start? Let’s meet… In Volunteers Centre Skopje
Запознај ја мојата култура Еднодневен настан организиран на 6ти декември, како „Забава после одбележување на меѓународниот ден на волонтерството“, каде што поранешни и сегашни волонтери имаа можност да го споделат своето знаење, интересни информации, фотографии, музика, видеа, песни, храна, рецепти и други факти, за земјите каде што биле ЕВС волонтери, на непосреден и неформален начин, преку квиз, пеење, играње, готвење и слично. Работилници во нашиот центар Во текот на годината, секој може да се вклучи во разните активности организирани од Волонтерски Центар Скопје. Меѓу најфреквентните теми се: дизајн, видео, презентациски способности, дебатирање, креативно пишување, психолошки работилници, рачни изработки и сл. Покрај овие, во 2013 година, младите имаа уникатна можност да бидат дел од работилница за 5К Ди-џеј, како и да ги подобрат сопствените вештини преку учество на работилница за ефективна комуникација, кои ги организиравме во соработка со разни партнери, а повеќето имплементирани од наши волонтери. Дали сакаш и Ти да организираш некој настан? Работилница? И, не си сигурен од каде да започнеш? Ајде да се сретнеме...Ние во Волонтерски Центар сме секогаш отворени за нови идеи.
18
Book ‘Vegan’: the best book that I have read in my life Read‘Vegan’? Not sure what we are speaking about? Hope soon you will have also an opportunity to become part of Human Library event and borrow a person instead of a book, talk to hear and get to know his or her story. The concept of Human Library is known all around the world. In Skopje we opened the first Human Library on 5th of December, on the International day of volunteerism. During the day around 200 visitors borrow a book and challenge their prejudices and stereotypes by talking with feminist, vegan, animal right fighter, mum of autistic child, gay, entrepreneur, heart emigrant, director of nongovernmental organization, volunteer… Do you want to know more? Check out the December issue of VOICES magazine that you can find on our website: www.vcs.org.mk.
Local Activities
19
In the next year we hope to organize Human Libraries also in other cities in Macedonia.
Книгата “Веган”: најдобрата книга која сум ја прочитала во мојот живот! Прочитавте “Веган”? Не сте баш сигурни за што всушност станува збор? Се надеваме дека наскоро ќе имате прилика и вие да бидете дел од настанот со наслов “Жива Библиотека”, и да позајмите личност наместо книга, да зборувате со таа личност и да ја дознаете нејзината приказна. Концептот на “Жива Библиотека” е познат насекаде низ светот. Ние, овој настан во Скопје го организиравме за првпат на 5ти декември, на меѓународниот ден на волонтерството. Во текот на целиот ден, околу 200 посетители позајмија “книги” и ги предизвикаа своите стереотипи и предрасуди преку непосредни средби со личности, како феминистка, веган, борец за правата на животните, мајка на аутистично дете, хомосексуалец, млад претприемач, емигрант во име на љубовта, основач на здружение на граѓани, волонтер... Дали сакате да дознаете повеќе? Погледнете го декемвриското издание на нашето списание ВОИСЕС, кое можете да го најдете на нашата веб страница: www. vcs.org.mk. А следната година се надеваме дека повторно ќе организираме “Жива Библиотека”, исто така и во други градови низ Македонија.
20
Волонтерски Центар Скопје Volunteers Centre Skopje Address:
Emil Zola 3/2-3 Skopje 1000 Republic of Macedonia E-mail:
vcs_contact@yahoo.com Тел./ Tel.: +389 2 277 20 95 Факс./Fax.: +389 2 277 20 95 Facebook: Волонтерски Центар Скопје Twitter: http://twitter.com/contact_vcs
Адреса:
ул. Емил Зола 3/2-3 Скопје 1000 Република Македонија YouTube: VolunteersCentreSk
www.vcs.org.mk