4 minute read

Ајде да збориме за Sámi народот

Ако се замислиме за терминот “домородни луѓе”, обично првото нешто што ни доаѓа на ум е Северна или Латинска Америка. Но дали знаеш дека можеш да ги најдеш и во Европа исто така? Sámi, кои се единствените домородни луѓе во зоната на Европската Унија, живеат во Северна Европа со нивната интересна култура.

од луѓето Sámi живеат во четири држави, половина од површините на Норвешка и Шведска, северниот дел на Финска и дел од полуостровот Кола во Русија. Заедно таа област се нарекува Sampi и тие ја населуваат оваа област илјадници години. Во зависност од методот на пресметка, Sámi популацијата е помеѓу 60,000 и 100,000 луѓе.

Advertisement

Во историјата, егзистенцијата на народот Sámi беше риболов, сточарство на ирваси и ракотворби. Овие се важни работи за нив исто така и во денешно време, особено сточарство на ирваси, но овие денови Sámi луѓето живеат во градови и исто така вршат различни типови на работа. Како на пример во Финска, повеќето луѓе Sámi живеат во главниот град, а не во Lapland. Се вели дека народот Sámi се интегрира се повеќе и повеќе во Скандинавскиот начин на живот, но тоа не значи дека тие нема да бидат повеќе Sámi. Генерално, не може да биде кажано каков начин на живот или карактер една Sámi личност има бидејќи тие се поединци исто како и секој друг.

Традиционалните носии на народот Sámi се исто така важен дел од нивниот идентитет. Секоја костим е уникатен и секој Sámi може да одбере што сака да облече. Се разбира некои сличности се појавуваат на костимот во зависност од тоа дали сте на пример Skolt Sámi или Inari Sámi. Покрај тоа боите на костимите исто така имаат значења. Зелената значи природа, плавата вода, црвената оган и жолтата сонце. Во денешно време народот Sámi ги користат нивните традиционални костими обично само на прослави. Во овој месец, шести февруари е национален Sámi ден. На тој ден Sámi луѓето ја слават нивната историја и заедница. Во 1917-та година, на шести февруари беше првото Sámi Национално Собрание, така што 6ти февруари е исто така посветено на сеќавањето на првиот состанок.

Целта на Националното Собрание е да ги развива и одржува културата и јазиците. Многу луѓе можеби мислат дека Sámi народот има само еден заеднички јазик, но всушност имаат девет. Ова се јазици на малцинствата и опасноста е дека некои од овие јазици можат да исчезнат. Во денешно време, исто така, владите се обидуваат да ги зачуваат јазиците, а како пример владата на Шведска обезбедува финансиски средства за да им помогне за зачувување на малцинските јазици.

Меѓутоа, во историјата тоа беше сосема спротивно. На пример во Финска, околу 1940-та до 1970та година Sámi народот оделе во училиште каде што биле принудени да зборуваат само Фински, но не и нивните јазици, бидејќи во тоа време Финската влада сакала да ја обедини малцинската култура со главната култура. Истото тоа се случувало и во други земји. Затоа во денешно време многу млади Sámi не знаат да ги зборуваат своите јазици бидејќи нивните родители никогаш не биле едуцирани за тоа. За среќа овие денови многу луѓе се повеќе свесни за позициите и правата на Sámi народот, и како за пример има многу инфлуенцери кои укажуваат зошто е важно да се спасат културата и јазиците на Sámi народот.

Ако барате информации за Sámi народот, многу пребарувања на Google прикажуваат реклами за туристички тури. Луѓето Sámi се сепак многу повеќе од само туристички атракции, иако туризмот е извор за егзистенција за некои од нив. Тие се многу уникатни домородни луѓе и сите ние треба да покажеме одредена почит за нив.

Katariina Weijo

Преведувач: Димитар Дренкоски

Visit Inari - Saamelaiset ja poronhoito Sweden.se - Sami in Sweden

Studeo.fi - Asuvatko saamelaiset Lapissa

Photo: Anssi Kömi, EATNAMEAMET - Our Silent Struggle

This article is from: