3 minute read
Дали кога ќе пораснеме срцето ни умира
Сметам дека, сите ние, младите, на некаков начин сме осакатени од нашите искуства досега, најмногу од нашите родители поради било каков недостаток во нашето детсво. Познато е дека, најчесто раните создадени во раната возраст траат доживотно, а кој е со нас во нашата најрана возраст? Нашите родители или оние блиски до нив, кои се грижат за нас. Некои родители ги игнорираат своите деца, некои ги тепаат и ги навредуваат, други пак едноставно не им даваат доволно љубов и сигурност за децата да можат со самодоверба да осптојуват во светот, а потоа доколку тие деца се пожалат, овие не можат, ниту сакаат, а ниту пак се обидуваат да ги разберат. Некои родители си го изживуваат она што не го доживеале самите, преку своите деца, им го контролираат животот и имаат огромни очекувања за свето дете, а детето, се разбира, ќе си помисли дека доколку не прави како што му е кажано- не вреди да биде сакано. Дали овие родители и многу други, со најразлични негативни однесувања и приказни, се сеќаваат дека имало време кога тие имале 4, 7, 10, 13, 16, 18... години? Зашто секој еден од возрасните луѓе во овој свет, еднаш бил дете и тинејџер. Сите овие родители еднаш, ги презирале своите родители и се прашувале зошто се такви и можеби се заколнале дека никогаш нема да бидат како нив. Сите овие родители еднаш, биле многу збунети и единствена желба им била некој безусловно да ги сака и гласно и јасно да им го каже тоа. Па, што се случило? М ожеби со текот на годините, се здобиле со поинаков поглед на светот, толку се фокусирале на решавање на проблемите кои ги носи животот што ги заборавиле чувствата што ги носат првите 20 години од животот. Заборавиле како е да не поднесуваш авторитет, кој е авторитет само за да им пркоси на младите, како е да сакаш и да веруваш дека ќе го смениш светот на подобро, како е да не бидеш сериозно сфатен за ништо, само поради тоа што ,,си мал и зборуваш од памет”и ,,со текот на времето ќе видиш дека не си во право”. Дали и на нас, младите, ова ќе ни се случи? Дали и јас, иако сега го пишувам овој есеј и стравувам, по 10 години ќе гледам наназад и ќе се смеам на сегашниве проблеми и нема да си ги подржувам сегашниве емоции? Сум приметила, дека со луѓето помлади од мене, во одредени моменти, се однесувам како што моите родители се однесуваат со мене. Сум приметила дека кога гледам наназад, кога се присетувам како беше да се има 8 години- си ги осудувам тогашните желби, знаења, емоции, однесувања... О ва е многу разбирливо, да се однесуваме со децата, слично на нашите родители. И ма смисла тоа однесување да ни е потсвесно врежано, но како да се бориме против тоа за да не ги повторуваме истите грешки наново и да не ги сакатиме идните генерации? М ожеби е природно, но ние, како луѓе, сме способни да им пркосиме на негативните однесувања кои ни се наметнати од страна на природата. Како да имаме симпатија и емпатија на начин на кој нашите родители немале и да ги прифатиме само нивните добри особини и однесувања? Веројатно, секоја генерација, се обидува да биде подобра во воспитување на младите од претходната, но зошто толку бавно се одвива таа транзиција кон подоброто? Како да не ни умре срцето?
Advertisement
Верувам дека е возможно во срцето да се остане дете засекогаш, зашто Џон Хјус и самиот е како Петар Пан, никогаш сосем не пораснал, односно , не заборавил како е да си дете, тинејџер,а доказ за тоа се неговите филмови, кои различните генерации ги наведуваат на вакви размислувања од важност. Веројатно единственото нешто што може да направиме е да не заборавиме, ништо, никогаш и да не дозволиме предизвиците од секојдневниот живот со кои ќе се соочуваме како возрасни да ни го зацрнат срцето.