
2 minute read
Фотографите како чувари на спомени, но и најчеста мета на кражби
Joren Aranas
Advertisement
Дестин Спаркс
Фотоапаратите се едни од најдрагоцените предмети на светот. Од дрвени кутии прекриени со црн чаршаф, сè до аналогни и дигитални со долги објективи, апаратите со векови документираат безброј моменти.

Но сепак фотоапаратите би биле безначајни доколку нема кој да ја создаде магијата зад нив. Првата перманентна фотографија го носи името „Поглед од прозорот во Ле Грас“.

Неа ја има направено фотографот Жозеф Нисепор Ниепс во 1825 година користејќи дрвена кутија на лизгање направена од Чарлс и Винсент Чевалиер во Париз. Од тогаш па натаму непрестанато се појавуваат нови фотографи кои со различните стилови ни го доближуваат светот низ нивните очи. А и вие би можеле да се согласите дека да не би постоеле, љубопитното око на човекот никогаш нема да е задоволено.
Многу од фотографите низ светот имаат направено неверојатни фотографски дела кои го задржуваат вниманието и токму поради тоа често се случува истите да бидат искористени без да се даде заслуга на авторот. Во ерата каде што имаме широк пристап до секакви содржини стана доста вообичаено да се „крадат“ фотографии не размислувајќи за последиците од тоа. Покрај тоа што се занемарува нивната вредност и се обезвреднува креативниот ум на фотографот, постојат и случаи каде истите се препродавани од страна на онои што ги презел.
На денешницата големо влијание врз таквиот вид на кражби имаат социјалните мрежи. Секој од нас барем еднаш бил сведок на статии или постови со прекрасни фотографии чии автори не се никаде споменати.
Најчест изговор за ваквите случувања е тоа дека „се најдени онлајн“, но тоа воопшто не го оправдува направеното. Голем број на млади луѓе денес влегуваат во сферите на фотографијата, а јас познавајќи такви млади инспиративни луѓе често сум сведок на тоа дека тие се вообичаена мета.
Затоа сите ние кои сакаме да објавиме на Инстаграм фотографија која не импресионирала. Најмалку што може да направиме е да дадеме признание на авторите за да го спречиме ваквиот „потценет“ вид на криминал. Сепак во ова време на милост и немилост, уметноста како професија е храбар чекор на младите.
Мартина Даниловска