2 minute read
Воздејството на анонимноста и уметноста
“Уметноста треба да ги смири вознемирените и да ги вознемири смирените”Бенкси
Секој од нас често е привлечен од непознатото. Човечката љубопитност и желба да се погледне во мистеријата се нескротливи особини. Потсвесно се јавува порив да бидеме понесени од магијата на неизвесноста. Токму таа неизвесност како состојба совршено се вклопува во еден од најинтересните начини на изразување – уметноста. Експресијата на чувства, креативност и талент низ различни форми умее комплетно да нѐ задлабочи. Уметноста единствената форма на постоење без ограничувања. Луѓето кои живеат со неа имаат моќ да влијаат и создаваат без говор а сепак да кажат толку многу.
Advertisement
Голем број уметници се познати по тоа што творат анонимно. Криејќи го својот идентитет зад нивните големи дела придонесува на нивната автентичност и контроверзност. Совршен пример за тоа е уличната уметност на Бенкси. Неговите обележја на сатира, црн хумор и политички коментар ги обојуваат улиците на многу градови низ светот. Идентитетот на овој уметник останува мистерија поради опасноста од соочувањето со законот.
Делата на Бенкси претставуваат субкултура сами по себе и целата неизвесност и револт околу истите предизвикала алтернативни перспективи и револуција во уметничкиот свет. Може да се каже дека овој уметник преку матриците за цртање и своите инсталации направил револуцуонерен подвиг без воопшто да го употреби своето име. Неговиот псевдоним останува запаметен како одраз на храброст и суровата реалност во која живееме. Еден од најпрепознатливите мурали е „Девојчето со балонот” (2002) во кое е прикажано како девојче го губи својот балон во форма на срце што оддава почит на младоста и невиноста. Повеќе за неговиот живот и и творештво може да се види во неговиот документарец „Exit Through the Gift Shop”. Јас како иден уметник се восхитувам на на Бенкси поради неговата суптилност која испраќа толку силна порака. Тоа е доказ како едноставноста во изразувањето може да направи промена.
Мартина Даниловска