2 minute read

Македонски шлагери заборавено музичко богатство

Next Article
More than a game

More than a game

Музиката е секаде околу нас, таа е комбинација на вокални и инструментални звуци и форма на емоционално изразување. Доживеала многу промени со развојот на светот и токму затоа некои видови на музика и музичари остануваат заборавени во времето во кое се создале. Во нашите краишта типичен пример за тоа се т.н. македонски шлагери од 60тите и 70тите години. Перфектниот спој на народните и љубовните мотиви во овие песни е токму она што ги прави толку посебни. Се појавиле околу 60тите години и генерациите кои пораснале со нив лесно може да се сетат на овие песни, но тоа не е случај меѓу младите. Многу е важно да се спомнува овој вид на музика со цел да не ја изгуби својата вредност која е несомнена. Меѓу најпознатите легендарни уметници кои го имаат создадено ова богатство од музика се Катица Ѓаконовска, Диме Поповски, Даниела Панчетовиќ, Нина Спирова, Драган ЃаконовскиШпато, Славе Димитров и многу други. Кога ќе го прочитате текстот на овие песни може да се почувствува искрената емоција со која се создадени. Слушајќи ги се буди духот на љубовта, духот на градот Скопје и духот на тоа одминато време. Многу од овие уметници престанале да прават музика бидејќи биле разочарани од нејзиниот негативен развој. Во едно интервју, Диме Поповски вели “Престанав да пеам бидејќи сакам да останам чесен”,

“Музиката ја сметајќи дека нема веќе измива прашината музика во која на секојдневието би сакал да учествува. Сите од душата” овие музичари во споредба со - Берголд Авербах денешните имале многу помалку привилегии за творење, и токму тоа ја прави нивната уметност чиста и бесценета. Кога следно ќе посакате да слушнете нешто поинакво, или кога сте во потрага по нова музика, пуштете си ги “Мојот дом” - Диме Поповски, “Скопје сонува” - Даниела Панчетовиќ, “Молчи и ти” - Нина Спирова и сите останати вакви бисери на македонската музика.

Advertisement

Мартина Даниловска

This article is from: