3 minute read
Парасомнија - кога вашите кошмари го живеат вашиот живот
Ти си дете, невино, животот си тера. Еден ден имаш страшно искуство, толку лошо што совеста те потсетува на тоа од ден на ден. Мислиш дека се ќе биде во ред, но има нешто што те потсетува дека нема. Кошмари. Ништо нема да оди добро.
Сакаш да плачеш, секоја вечер се будиш со напад на анксиозност. Врескаш за време на спиењето, а дење лесно се иритираш. Одиш на лекар. Ти препишуваат лекови додека не станеш зомби. Збогум, нема повеќе кошмари. Овие апчиња создаваат ужасни несакани ефекти, но еј, нема повеќе кошмари. Сепак, времето минува. Престануваш да земаш лекови, бидејќи гледаш дека не напредуваш во животот. Се чувствуваш заглавено, а лошите соништа автоматски се враќаат. Замисли како е да поминуваш целиот живот со еден или повеќе кошмари секој ден, дури и со апчиња.
Advertisement
Само затвори ги очите и замисли го тоа. Животот ќе продолжи. Старееш и ќе запознаеш луѓе кои ќе те променат. Но, таа изменета верзија повеќе нема да бидеш ТИ; ќе создаве каење и прави да се чувствуваш лошо. Твојата ментална состојба повторно ќе влијае на рутината за спиење. Сега кошмарите се множат, а вознемиреноста и стравот те обземаат. Се плашиш да излезеш од дома, да бидеш дома. Каде е твоето удобно место? Каде можеш да бидеш добар? Не можеш да го најдеш својот безбеден и здрав простор затоа што мислиш дека не го заслужуваш тоа.
И покрај тоа, сретнуваш луѓе кои се обидуваат да те придружуваат во текот на ова патување. Ќе се исплашат кога ќе се разбудиш врескајќи. Ќе станат нервозни кога ќе заспиеш, но ќе сфатат дека тоа е твоето „секојдневие“, па по одредено време ќе почнат да те поддржуваат. Со задоволство ги имам тие луѓе покрај себе.
Кошмарите се вообичаени за сите, главно кога имате лош ден или стресна недела. Според научниците, луѓето кои имаат најмногу кошмари се обично деца од 3 до 6 години, млади и возрасни жени. Нормално е да имате кошмари од време на време, но кај некои луѓе често се повторуваат кошмарите, па тоа влијае на нивниот секојдневен живот - тоа се нарекува парасомнија. Кошмарното нарушување е произведено од... реалноста. Сè може да влијае на вашите соништа - трауми, стрес и анксиозност, депресија, лекови. Дури и личните проблеми со кои не знаеме да управуваме може да бидат импулс да имаме кошмар.
Не знам дали сте забележале, но кошмарите не се само во сон. Тие живеат во нас и влијаат на нашите емоции и физички реакции. Постојат многу алтернативи за да се обидете да ги ослободите кошмарите. На пример, медитација, хипноза и разговор за ова со вашите пријатели. Ако оваа тема ви одекнува, макар и малку, ве молам разговарајте со некого, одете кај професионалец и направете терапија. Но, најважно е да се трудиме да имаме стручна поддршка. Тој совет значително влијаеше на мене и го подобри мојот квалитет на живот. И запомнете - сè ќе биде во ред.
Лаура Кампс Превод: Горан Адамовски
Sources: Sleep Foundation: Nightmares