erasmus+
ШТО СЕГА? Совети при
кариерно определуване о
Бирањето животна патека не е никогаш лесно, иако секој од нас мора да донесе таква одлука и тоа повеќе од еднаш. Без разлика дали станува збор за одлучување на кој факултет да се запишеме, дали да продолжиме на постдипломски студии, или пак во кои компании да аплицираме за пракса или работно место, ние како млади луѓе може да се почувствуваме изгубени во морето од опции. Целта на овој текст е да понуди неколку алатки од помош при носењето одлука во вакви и слични ситуации.
К
ога сме соочени со тешка одлука за тоа што да правиме следно и која животна насока да ја одбереме, најбитно е добро да се информираме и да направиме внатрешна анализа. Поточно, треба да истражиме што нѐ прави среќни, дали имаме афинитет кон некое конкретно поле и да оцените дали нѐ бива или не за одредени работи. Корисно средство кое може да ни помогне при себе-истражувањето е варијанта на SWOT анализата, каде што секоја буква претставува поле за понатамошно истражување. Па така, треба подлабоко да размислиме кои се нашите силни страни (Strengths), односно
20 - VOICES
нашите способности, таленти и умешности. Потоа, потребно е да размислиме за своите слаби страни (Weaknesses), што значи дека треба да ги процениме сопствените маани како и оние полиња каде ни недостига знаење или умеење. Следно, анализата се фокусира на надворешните влијанија, коишто се повторно поделени на позитивни и негативни. Всушност, ги разгледуваме можностите (Opportunities) кои може да бидат кои било трендови и екстерни фактори кои би ни помогнале да ги достигнеме нашиот