3 minute read

Душата на старите предмети

Како ќе ја опишете вашата работа? Кој е најтешкиот дел, се исплати ли работата во антикварница?

Мојата работа е исклучително благородна затоа што со нејзина помош можам да помогнам на многу луѓе што се социјално загрозени и едноставно имаат проблеми со финансиите. Од друга страна, најтешко ми е кога не можам да им помогнам. Што се однесува до финансиите – плата немам, ситуацијата е тешка. Кризата со вирусот ’Ковид 19’ влијаеше врз бизнисот, луѓето немаат пари, немаме муштерии, туристи не доаѓаат.

Advertisement

Дали купувате антиквитети, односно предмети со уметничка вредност и од каде?

Антиквитети не купуваме. Купуваме работи што се секојдневни во домаќинството, останати од време на Југославија, што луѓето сакаат да си ги оттуѓат од домот. На пример при преселба во нов дом - старите работи не им требаат и така ни ги нудат па ние ги купуваме.

Зошто луѓето купуваат вакви предмети?

Затоа што се поврзани за минатото. Или некој што отвара етно ресторан, некој што едноставно копнее по минатото и сака дел од минатото да си сочува во ново-отворениот модерен стил во нивниот стан, салон за мебел. Обично во салоните за мебел се сретнува некој стар предмет како грамофон, старо радио од Југославија, Италија, старо пред војната, после војната... стар мебел, стари пегли како украс за излози. Обично луѓето и заради тоа ги купуваат старите работи, да ги користат како кристални чаши од фабриката ’Титов Велес’, чаши за кафе, вазни, оние работи што не се наоѓаат во обична продавница и што не се произведуваат – ги имаме тука, а некој и има желба да пие кафе во такви чаши.

Дали е потребно некое образование за вашата работа?

Да. Јас ја работам оваа работа веќе триесетина години, и тоа благодарение на мојот татко. Ние имавме семеен бизнис што се проширува сега благодарение на него и на неговиот занает што го наследивме. Сепак, има доста мои ’колеги’ што се занимаваат со бизнисот, а немаат образование. Него го стекнуваат на улиците. Јас имам завршено ликовна академија каде што научив многу работи. 24 - VOICES Благодарение од учењето од татко ми и од мојот факултет, се стекнав со големо работно искуство и искуство за правење на предметите. Некои предмети ми се донесени во многу стар изглед. Јас со моето учење и занает ги реставрирам, ги поправам, ги цртам и ги донесувам до совршенство. Стар предмет може да се нацрта, да се наслика и така доаѓа до нова техника. Пример, имаме чаши за млеко кои ги цртаме со бои и тие од стари стануваат нови сувенири. Имаме многу слики кои ги реставрираме, мои сопствени слики, имам мои графики, сопствени скулптури. И така модерното со старото се преплетуваат и стануваат едно.

Кој е најдобриот дел од вашата работа?

Го работам тоа што го сакам. На мртов предмет му даваш живот и тоа ме исполнува. Сопственик на продавница како што е мојата може секој да стане, меѓутоа не секој ја има љубовта и мотивот за работата. Тука доаѓаат секакви луѓе кои мораш психички и физички да ги издржиш. Не секој е добро расположен, не секој е позитивен.

Дали ја препорачувате оваа работа?

Мојата работа не ја препорачувам на секого затоа што секој и не може да ја работи. Татко ми викаше своевремено: „Од ѓубре направи злато. Злато може секој да има, но од ѓубре злато - не може“. За многу луѓе, старите работи се само ѓубре, меѓутоа еден предмет кога ќе го фатите во рака ја сфаќате неговата тежина, неговата историја. Почнувате да читате по порталите од каде потекнува, зошто и како се служел, почнувате да го изработувате, да го средувате. Почнувате да го чистите, од најмалото штрафче го одвртувате до совршенство. После тоа кога ќе го изложите се чувствувате многу убаво. Меѓутоа секој човек тоа не го прави, па затоа оваа работа не ја препорачувам на секого.

Благодариме за репортажата на „Кај баба Мира“ продавница за традиционални занаетчиски производи. Продавницата се наоѓа во Старата Скопска Чаршија. Во неа можете да најдете разни старински предмети. Исто така и сопственичката изработува рачно разни предмети. Би било добро да поминете и погледнете. Подолу можете да ги најдете контакт информациите од продавницата, а ние и благодариме за одвоеното време.

This article is from: