1 minute read
Прелудиум во е-мол
(опус 28, број 4) - Фредерик Шопен
Септември. Почеток на новата учебна година. Час по математика. Мене ми доаѓа редот да се претставам.
Advertisement
Која сум јас?
Кога би одговорила...
Кога не би морала да се справувам со судењето на другите и искрено би одговорила, би рекла дека јас сум само девојка која очајно сака да биде сакана, колку што и самата сака. Безусловно и која мора да се задоволи со тоа љубовта да ја пронаоѓа во чоколадни торти со фил од карамела, прелудии од Шопен, прстенчиња со приказни од друго време, романтични романи, парфем со мирис на ванила....
И уште во соба полна со чад од цигари во која милно буди сечии воздишки Били Холидеј, ластовички кои брзаат кон југ, девојчиња со розови панделки во долгите коси, кои се нишаат на нишалки и сонуваат за убавината на животот кој им претстои, преправајќи се дека се Пепелашки, а нивниот принц ги чека во палатата во рајот...
......кога само би одговорила вака..... Ќе застанам тука и нема да се обидам да потенцирам дека она што би го кажала кога не би се плашела го опишува секој жив. Без разлика дали тој некој или таа некоја или тоа нешто љубовта ја чувствува додека става црвен кармин, додека милува мало, бело маченце со сини очиња или пак, додека се грижи и бдее над саканата...
Дафина ,,Даффне” Веселиноска