sto znaeme za peperutkite

Page 1

Пресек на истражувачка активност во прво одделение со примена на Microsoft технологија: -Mimio -Digital Blue -Codu Game lab -Мouse Mishief Истражувачки активности во прво одделение ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци, во соработка со поголеми ученици и нивната наставничка по биологија при ОУ” Кирил и Методиј “ Велес. Часот е реалзизиран со- размена на материјали преку Sky Drive ,посета на училитето во Велес и обука за користење на Mimio I Digital Blue.

ТЕМА Пеперутките се живи суштества на кои им треба наша помош за да опстануваат

Цели-Унапредување на еко свеста за грижа за живиот свет кај малите ученици, едуцирање за примена на технологија ,согледување на важноста и придобивките од учење преку истражување и соработка со други ученици, унапредување на тимска работа за постигнување на заеднички цели.


Тек на активностите -Игра-Погоди по допир, пронајди ја пеперутката.

Децата со замижани очи допираат предмети поставени на маса за пронајдат пеперутка.Откако сме ја нашле ја опишуваат каква е по боја, кои форми ги содржи,од каков материјал е направена.Имитираат лет на пеперутка.

-Разговор-Што знаеме а што сакаме да дознаеме за пеперутките.

На крилата од левата страна на пеперутка изработена со пренамена на пластично шише и хартија, запишуваме се што знаме а на десните крилца што сакаме да дознаеме

-Следење на видео запис во кој учениците од другото училиште раскажуваат за пеперутката . -Разгледување на Мимио презентација и цртање пеперутки на Мимио табла -Набљудување преку миkроскоп- Digital Blue

-Работа во Codu Game-Креираме здрава животна средина со користење на основни можности за додавање елементи на сликата.Децата се малечки за програмирање но успешно користат дел од можностите.

-Евалвација со помош на Мouse Mischief


Работна презентација за евалвација (примена на Mouse Miscief)

За да работите на неа , потребна е е Microsoft Mouse Michcief инсталирана апликација на вашиот компјутер.Потоа притиснете Multiple Mouse и постојано насочувајте ги малите ученици кои се нивните задачи бидејки не умеат да читаат.


Доцртајте ги овие пеперутка да бидат убави и шарени.Договорете се со другарчињата од групата кој што да нацрта за да биде успешна вашата група.


Ајде да зборуваме за сликата. Што гледаме на неа. Чие однесување не ни се допаѓа и зошто. Земете боичка и прешкратјте ги ликовите кои погрешно постапуваат. Сега договорете се со другарчињата што друго би сакале да доцртате на сликата за да биде убава и договорете се кој што ќе црта во исто време.


Ајде да ги разгледаме сликичките. Сега секој нека одбере по една боја за себе и нека ги заокружи сликите кои му се допаѓаат.Оние што не ви се допаѓаат прешкртајте ги. Потоа ќе зборуваме кој што направил и зошто така одлучил.


Ајде сите заедно да нацртаме еден волшебен свет каде пеперутките би се радувале да живеат.Јас ќе започнам со цртање многу зелена трева а вие сите слободно придружете ми се да биде убава оваа слика. Само едно е важно да внимаваме-Следете внимателно кој што црта додека цртате и вие за да не се повторуваме и да испаднеме смешни со две сонца на небото)


Јас многу сакам да истражувам

Yes

No


Истражувањето е многу интерсно и сакам повторно да истражуваме и следниот час

Yes

No


Се радувам кога користиме комјутери, микроскоп и табла на која се пишува со стило кое никаде на друго место не може да пишува.

Yes

No


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.