Истражување 2

Page 1

Истражување Индиректен развој на оплодено јајце во пеперутка

1 фаза-стадиум на оплодено јајце По оплодувањето женката монарх бара соодветно место за да ги положи оплодените јајца.Обично таа ги полага јајцата на сочни растенија од родот asclepius (milkweed, red clover и goldenrod). Ако ги положи јајцата на погрешно растение, нејзините гасеници кога ќе се изведат нема од што да јадат-ќе се исушат и ќе изумрат. Затоа е многу важно на растението што ќе го изберат да се изведат и други генерации пеперутки. Женката монарх полага околу 400 јајца на ден и тоа на опачината на листот. Положувањето на јајца е поединечно и се случува напролет и во лето. Положувањето е на листовите на растението затоа што тоа ќе ќе служи како извор на храна за гасениците кога тие ќе се изведат.


Јајцата се разликуваат по големина и облик, тие се сверични,жолти и осум пати помали од 1 инч. Повеќето од нив се опкружени со тврда и силна лушпа, што ги заштитува. Во себе содржат голема количина на жолток (белковини, масти и други материи) потребни за исхрана на ембрионот.Тие се положуваат на листот и со помош на секретот од лепливите жлезди од телото на женката се лепат на опачината на листот каде се скриени од погледот на птиците и дождот. Овие јајца треба да опстанат 2 недели. На крајот од втората недела, јајцата почнуваат да ја менуваат бојата од жолта до светло сива. Тогаш обвивката на јајцето пука и главата на гасеницата ѕирка низ скршениот оклоп. Развитокот на оплоденото јајце се одвива во две фази:  Ембрионален развиток-е развитокот на зачетокот(ембрионот) кој се одвива во јајцето  Постембрионален развиток- е развитокот на ембрионот после излегувањето од јајцето

Процесот на формирање на ембрионот започнува со делбата на јадрото од зиготот. Така од едноклеточен зигот ќе добиеме повеќеклеточна бластула.Овој процес се вика браздење.Потоа следи период на формирање на гаструла со три слоја на клетки во ембрионот. Ембрионалниот развиток трае различно кај разни животни и тој завршува кога ларвата(гасеница) е спремна да излезе од обвивката на јајцето, а со тоа и започнува втората фаза на постембрионалниот развој на инсектот.


2фаза-стадиум на ларва (гасеница) Постембрионалниот развиток започнува кога од јајцата ќе се изведат ларви наречени гасеници. Прво тие ја јадат сопствената лушпа од јајцето од кое се извеле а потоа стартуваат со листот на млечното растение на кое се наоѓаат. Мора без престанок да се хранат и да собираат енергија за следниот чекор. Временскиот рок за преобразба од јајце во ларва е 2 недели.

Гасениците постојано јадат и брзо растат. Бидејки јаде и дење и ноќе, таа само за првиот ден ќе изеде храна колку што е тешка. Доказ е нивната големина која на почетокот на новоизведената ларва е 2мм а завршува со 5см. Тие битно се разликуваат од адултните форми. Нивното тело издолжено, сегментирано и е без крилја.Имаат специфична обоеност на телото од бели, црни и жолти пруги.


Телото е поделено на три дела како и пеперутката на тораксот се забележуваат 3 пара нозе а на абдоменот 5 пара на лажни ножиња, кои исчезнуваат подоцна. Поседуваат прости очи и два пара на сензорни антени и тоа еден пар на главата а другиот пар на задниот дел на телото.Усниот апарат е од типот за грицкање.Од двете страни на телото се забележуваат отворите за дишење(спиракули). Кај некои гасеници се забележуваат отровни и боцкави влакненца, пајажинести и др.жлезди.

Листовите на млечното растение на кое ги полага јајцата содржи отрови од типот (гликозиди). Гасениците грицкајки ги листовите внесуваат отров. Монархот станува отровен откако неговата гасеница ќе го обработи млечниот сок. Тешко е да се поверува дека оваа добро вооружена гасеница ќе се претвори во вчудовидувачки убава пеперутка. Како што гасениците јадат од омилената храна за неколку пати ќе ја зголемат својата тежина тие растат, и за 3-4 недели ќе ја надраснат својата мека и растеглива кожичка. Оклопот кој ги покрива станува претесен, тогаш тој распукнува и од него излегува гасеница со нов оклоп.Ова се вика преслекување на гасеницата и ова таа го прави 4-5пати во текот на растот. На крајот од втората фаза кога гасеницата ќе заврши со својот развој следи стадиум на преобразба на ларвата во т.н.кукла. Тоа гасеницата го прави на тој начин што прво престанува да јаде а потоа се подготвува и бара соодветно место каде што ќе може да го изведе тоа. Значи кога ларвата ќе достигне големина 5см, таа престанува да јаде и почнува да бара соодветно место каде што ќе може да се преобрази во кукла.


Кога гасеницата за последен пат ќе се преслече престанува да се храни и мирува.Таа преде околу себе појас за прицврстување на стеблото.

Тоа го прави на тој начин што прво бара соодветно место за нејзината трансформација. Откако ќе го направи тоа ги користи специјалните жлезди што ги има во устата (плувачки) со чија помош таа се закачува на опачината на листот. Со движење на главата горе доле ларвата ја испушта свилата во вид на тенок конец кој изложен на воздух се стврднува.


Така со помош на конците од устата се закачува на листот и виси во форма на буквата ј. Времето поминува и прави кожата да се преслекува. Чека од прилика 5 часа за нејзината кожа по пети и последен пат да се обнови.Кога сигурно ќе се прицврсти , полека излегува со нозете пар по пар. За неколку минути ќе ја скине кожичката со неправилни движења извлекувајки се од тесната облека а старата кожа ќе падне на земјата .На тој начин како со магија гасеницата се претвора во светликаво висечко суштество-кукла.

3 фаза-стадиум на кукла Во куклата гасеницата се развива во својот конечен облик-возрасна пеперутка. За тоа и е потребно голема количина на енергија која гасеницата ја собрала. Во суштина мора поново да се развие целото тело на пеперутката, усните опргани на возрасната форма и крилјата.


Пеперутката сега изгледа како голема зелена капка која постепено ги менува боите. На нејзиното тело има декорации од златни кристалчиња што и даваат посебен белег на куклата. За отприлика 10-12 дена треба да заврши трансформацијата на телото во куклата и сега веќе пеперутката е спремна да излезе.

4фаза-стадиум на возрасна пеперутка(имаго) Кога развојот на пеперутката во кукла ќе заврши инсектот ги вклучува течностите од телото во неговата глава и тораксот. Старата обвивка на пеперутката кукла распукнува и од нејзе излегува новосоздадената пеперутка. Крилјата се во почетокот изгмечени, згужвани, влажни но подоцна се рашируваат и пеперутката полетува.

Откако ќе испадне, возрасната пеперутка испушта крв(хемолимфа) во нејзините крилја. Нејзиниот абдомен е многу голем. Откако течностите од стомахот ќе отидат во вените на крилјата тие ќе се отворат, распнат. Таа виси со главата свртена нагоре така што привлечната сила на гравитација исто така и овозможува да ги исправи нејзините изгмечени крилја. Сега стомахот се враќа во нормала и не е подуен затоа што течностите се намалија.


Крилјата постепено се рашируваат до нивната целосна големина потоа се сушат и зацврстуваат пред пеперутката да полета. Пеперутките не се себични, тие меѓусебе си помагаат во смисла на оние што веќе летаат им помагаат на оние што се обидуваат да полетаат. Крилјата на пеперутката се покриени со ситни микро плочки кои се преклопуваат како керамидите на покривот на куќите. Секоја од овие плочки е соларна односно ја привлекува сончевата светлина која го затоплува телото на пеперутката. Монархот ја регулира температурата со промена на аглите на крилјата (се спуштаат наземја за да се стоплат или летаат високо за да се оладат). Миграција на монархот На крајот на летото монархот е зафатен со таложење на маснотии во својот организам кои му помагаат да го прелета долгиот пат на југ. Борејки се со ветерот милион монарси летаат источно од карпестите планини и се качуваат по дрвјата на планините во Мексико.

Западно од карпестите планини 10 милиони пеперутки летаат низ 40 видови различни шуми од еукалиптус и покрај брегот на јужна калифорнија. Овој господар може да лета и со брзина од 20 милји на ден и на височина од 7000 стапки .Според некои оваа нивна преселба се должи на конзумирањето на млечен сок од растението кое постојано е свртено кон јужната страна, други


дека поседуваат внатрешен компас или одговород лежи во нивното генетско наследство.

заклучок

,,Она што ќе го уништи гасеницата пеперутката ќе го надомести со расејување на поленот,, Прекрасни какви што се пеперутките не водат и прекрасен живот. Инсектицидите ја гарантираат нивната смрт и тие најпосле ја губат битката. Изумирањето на видовите секогаш загрижува, а посебно кога загубата е брза и непотребна. Природни непријатели постојат но прва закана за нив се луѓето затоа што тие си имаат одбрана од природните опасности. Главен истребувач на нивните јајца и гасениците е сината птица додека опасност за адултните форми се богомилките и лисните жаби. Лошото време го зема својот данок од пеперутките а посебно бурите кои се опасни за пеперутките. Тешко е да се поверува дека монархот би можел да изумре, но нивните зимски гнезда зафаќаат делови од оние површини кои се населуваат, така што ако оваа урбанизација продолжи наскоро би можеле да ја загубиме најсаканата и најпознатата американска пеперутка. Не можам да си го замислам светот без пеперутки. Освен што се неверојатно убави, тие ја регулираат плодноста на растенијата.Тие се важни суштества и главна алка во синџирот на исхрана. Како и останатите загрозени видови и тие ја заслужуваат нашата заштита, не само што се загрозени видови туку и поради задоволството што ни го дава нивната убавина. ЗАПОМНЕТЕ:  Внимателно прскајте со инсектицидите-тие ги убиваат пеперутките  Лесно е да ги привлечете пеперутките да слетуваат во вашиот двор  Нивните потреби се едноставни-сакаат сонце, малку вода и цветови па затоа ,,НЕГУВАЈТЕ ГИ ЦВЕЌИЊАТА И ОЧЕКУВАЈТЕ ГИ ПЕПЕРУТКИТЕ – ТИЕ ЌЕ ПРИСТИГНАТ И ВО ВАШАТА ГРАДИНА,,


СОДРЖИНА

1. Интернет

www.dk.com

2. Encarta premium D 2010

3. Зоологија на безрбетни животни од проф. Д-р Јонче А. Шапкарев 4. Енциклопедија,,The visual dictionary of animals,,

5. DVD филм ,,The butiffule buterflay’’


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.