JAS SUM MAL NAUCNIK GEOLOG

Page 1

Детска илустрирана енциклопедија

Да истражуваме! Да се забавуваме!

ЈАС СУМ МАЛ

НАУЧНИК

ГЕОЛОГ Откриј ја важноста на геологијата во животот и развојот на цивилизацијата!

КНИГА ЗА ЉУБОПИТНИ МАЛИ АВАНТУРИСТИ ШТО СЕ ТРОГЛОБИТИ? Која е најголемата пештера во светот? Колку е тешка Земјата? Која е разликата меѓу карпите и минералите? ОТКРИЈ ПОВЕЌЕ ЗА ГЕОЛОГИЈАТА! - ФАКТИ, ЗАНИМЛИВОСТИ Лимитирана едиција 15 години АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Скопје


Природната разновидност на Земјата е импресивна и фасцинантна. Нашата планета помина низ бурен период на геолошки трансформации, од кои некои сѐ уште се случуваат.

2

Белата пустина (Египет)

Феноменални геолошки формации на Земјата Можеш ли да замислиш какви места има на Земјата

Планините Виножито (Кина)

Вулканска планина (Конго Африка)

Солено поле (Боливија)

Планини-постојано менуваат боја (Исланд)

Камењата од Mоераки (Нов Зеланд)

Reed Flute Пештера (Кина)

Националниот парк Јелоустоун „Голема призматичка пролет“

Сулфурна Долина (Етиопија

Дванаесет Апостоли (Австралија)

Љубопитноста да се разбере Земјата и да се даде одговор на многу прашања,постепено се манифестирала. За тоа има докази уште од антички времиња. Сепак, во 15 век имало обид за систематизирање на знаењето за Земјата, со што всушност се поставуваат основите на новата геологија.


ГЕОЛОГИЈА ЗА МАЛИ НАУЧНИЦИ Оваа енциклопедија е за љубопитни, паметни авантуристички умови, кои почнуваат да го забележуваат светот околу себе, основните материјали од кои е направена нашата планета Земја, а љубопитноста покренува мноштво прашања, како на пример: • Што се карпи и минерали? • Зошто има толку многу различни видови? • Како се создаваат карпи, од што се изградени, а како ги разликуваме камењата од дијамантите? • Оваа енциклопедија ги дава одговорите за младиот геолог, користејќи јасен, концизен текст заедно со целосни илустрации во боја и фотографии.

Ако си и ти еден од нив, тогаш продолжи да ја разгледуваш! Како се формирани високите стрмни планински врвови кои нѐ опкружуваат, ридовите во нивните подножја, рамните котлини, бистрите езера? Зошто карпите се со различни бои? Дали планините што ги гледаме отсекогаш биле тука и дали вечно ќе останат на своето место? Ова е Ване. Ване е трудољубиво и љубопитно дете. Тој ја сака природата, животинскиот свет (фауната) и растителниот свет (флората). Ване сака да истражува, тој ја сака Земјата, се воодушевува на разновидноста на материјалите кои постојат на Земјата, но исто така знае дека Земјата крие огромно богатство, кое може да му служи на човештвото. Ване е цврсто одлучен да биде Геолог, затоа што геолозите се истражувачи на природата

Дали знаеш како се вика науката која ја проучува Земјата

?

Одговорот на ова прашање, како и на многу други прашања, ќе ги дознаеш само ако го следиш Ване. Биди и ти љубопитно дете, истражувај и забавувај се!

ЗОШТО Е ЗНАЧАЈНА ГЕОЛОГИЈАТА? Постојат многу причини зошто геологијата е важна во животот и за цивилизацијата. Помислете само на земјотреси, лизгање на земјиште, поплави, суши, вулканска активност, океанска струја (Ел Нињо), видови почва, фосилни горива, минерали, злато, сребро, ураниум и така натаму. Геолозите ги проучуваат сите овие форми и појави. Така, изучувањето на геологијата игра важна улога во модерниот живот на цивилизацијата. Геологијата е значајна за развојот на човештвото, затоа што со постојаните истражувања, ги лоцира карпите кои содржат важни метали. На сличен начин наоѓа минерални и други извори, кои секојдневно ги употребуваме, како што се: нафта од бунари, природен гас, подземни води, метали од рудници. Геологијата проучувајќи ја историјата на Земјата, ги проучува сите процеси кои влијаат врз неа. На тој начин ќе може да се избегнат разни штети и опасности. ВАЖНО! Ако геолозите можат да подготват мапи на области кои биле поплавени во минатото, тие можат да подготвуват мапи на области кои би можеле да бидат поплавени во иднина. Денес сме загрижени за климатските промени. Многу геолози ја проучуваат климата од минатото и како таа се менувала низ времето. Овие историски геолошки информации се важни за да разбереме како се менува нашата сегашна клима и каква би можела да биде.

3


ШТО ТРЕБА ДА СЕ УЧИ ДА СЕ БИДЕ ГЕОЛОГ ?

4

Геологијата е многу интересна професија и може да има перспективна кариера. Со четиригодишно студирање на Геодетски факултет се доаѓа до диплома по геологија. Децата кои сакаат да станат геолози може да го збогатат своето знаење со подготвителни курсеви по математика, географија, пишување, цртање, компјутери и комуникација. По завршувањето на студиите, може да се специјализираат во одредена област. Посети ги веб-страниците на училиштата кои нудат степен на геологија! Немој да се двоумиш. Добрите училишта и професори сакаат да бидат контактирани од заинтересирани ученици. Перспектива за вработување: Дипломираните студенти по геологија со силна академска основа и добри оценки немаат проблеми да најдат вработување на одговорни позиции, истражувачки задачи или наставни позиции на универзитетско ниво. ВАЖНО! Геолозите и нивното знаење се потребни во компании кои се бават со природни ресурси и советници за грижа на животната средина. Особено интересни се геолошките дисциплини: палеонтологијата, минералогијата, хидрологијата или вулканологијата.

ВОВЕД ШТО Е ГЕОЛОГИЈА? Зборот геологијата доаѓа од грчките зборови Gea = земја и logos = наука. Геологијата е наука за Земјата, го проучува составот на карпите кои ја формираат Земјината кора, нивниот настанок, облик и сите појави кои ја менуваат. Научниците кои се занимаваат со геологија се геолози. ВАЖНО! Геологијата опфаќа повеќе геолошки дисциплини, како што се: петрологија, геохемија, минералогија, економска геологија, тектоника, стратиграфија, седиментологија, хидрогеологија, инженерска геологија, геофизика, палеоботаника, палинологија, палеозоологија и др.

ШТО ПРАВАТ ГЕОЛОЗИТЕ ? Геолозите ја проучуваат почвата, карпите, планините, реките, океаните и други делови на Земјата. Ги проучуваат материјалите од кои се направени, нивната структура и кои процеси делуваат врз нив. Тоа вклучува проучување и на организмите кои ја населуваат нашата планета. Геолозите истражуваат за да ја разберат историјата на нашата планета. Колку подобро можат да ја разберат историјата на Земјата, толку подобро може да се предвиди кои настани и процеси од минатото може да влијаат на иднината. ВАЖНО: Процесите кои делуваат на Земјата се: лизгање на земјиште, земјотреси, поплави и вулкански ерупции кои можат да бидат опасни за луѓето


ОПИС НА ГЕОЛОГ: Геолозите првенствено се истражувачи на природата. Тие се интересираат за природата и сакаат да ја истражуваат. Геолозите поминуваат дел од работното време во лаборатории или канцеларии, прават пресметки и користат компјутери, но поголем дел од времето работат на терен. Понекогаш работата може да се одвива и во недостапни области надвор од населбите, со тежок пристап до саканата локација (ридови, карпи, пештери или подземни тунели), непредвидливи околности (ненадејни промени во временските услови како што е екстремен студ или топлина, силен ветер или дожд, бучава, вибрации, прашина). Поради тоа, пожелно е геолозите да бидат физички издржливи, емоционално стабилни и информирани. Тие треба да бидат подготвени за физички напор, како што се долги пешачење или пешачење под оптоварување (опрема, собрани примероци). Исто така, важно е да се има ориентација во просторот и познавање на географија, што ќе им помогне при дизајнирање на геолошки мапи и презентирање на крајните корисници. АЛАТКИ И ПРИБОР ЗА РАБОТА НА ГЕОЛОГОТ? Геолозите внимателно ја планираат теренската работа, собираат примероци од вода, карпи, минерали или фосили и ја запишуваат нивната географска положба на мапата. Примероците се испраќаат во лаборатории, за да се одредат нивните својства (на пример, староста, тврдоста, хемискиот состав). При работењето геолозите користат различни инструменти: чекани, дупчалки, микроскопи, камери за снимање на Х – зраци и се разбира компјутери.

1

2

3

4 5

Поради теренската работа за лична заштита треба на себе да носат и заштитна опрема: шлем, теренски чевли, заштитна облека, мантил, ракавици или гумени чизми. Опремата е важен дел за успешна работа на терен. Геолошки чекан (1) – специјален чекан со кожна рачка за прстите. Палеонтолошки и јамски чекан (2), Длето (3) служи за отцепување на примероци. Теренска торба (4), Геолошкиот компас (5), Тетратка за водење дневник (6), –со развојот на технологијата се заменуваат со електронски уреди на кои се бележат говорни записи, на тој начин поуспешно се опишува набљудуваната точка од теренот. Ќеса за примероци (7) од хартија или пластика, во неа се ставаат примероци со ливче на кое се напишани карактеристики и реден број. Лупа (8) – неопходна за испитување на зрнести карпи и микрофауна,најчесто зголемува 5, 8 или 10 пати.

6

7

8

ЗНАЧАЈНИ ОТКРИТИЈА: Кои се најважните геолошки научни откритија на сите времиња? Во одговорот секако ќе си најде свое место идејата и признанието на Леонардо да Винчи дека фосилите ја раскажуваат вистинската приказна за Земјата; Дарвиновата теорија на еволуцијата; теоријата на Ричард Олдам (1906) дека Земјата мора да има цврсто јадро; Постојат бројни големи научни откритија кои значително влијаат на начинот на кој размислуваме и живееме, останати важни откритија: 1. Внатрешно јадро на Земјата (1930)

6. Глобално затоплување (доцна

2. Континентален праг (1911)

7. Космичко зрачење (1911)

20 век)

3. Ширење на морското дно (1950 - 1960)

8. Пренасочување на магнетното

4. Тектонски плочи (1960)

9. Геолошки промени (1830)

5. Тропосфера и Стратосфера (1890)

10. Периодични ледени векови

поле(1906)

(1930)

5


ПОЗНАТИ ГЕОЛОЗИ И НИВНИ ОТКРИТИЈА 6

Леонардо да Винчи (1452 - 1519) освен што бил генијален уметник, оставил вредни иновативни решенија, исто така и љубопитно ги истражувал планинските пештери, карпи и чудни форми скриени во нив (масивни фосилни коски). Тој бил свесен за долгото траење на геолошка историја, и влијанието на водата врз почвата. Георг Агрикола (1494 – 1555), ги проучувал и класифицирал минералите и карпите, ја основал минералогијата во 16-ти век. Герхард Меркатор (1512 – 1594), резбар и изработувач на инструменти, многу патувал. Изработувал и географски карти на земјите, а пронашол попрецизен начин за изработување на географски карти по т.н. Меркаторова проекција (1569), која им овозможувала на морепловците полесни пловидби. А во 1585г. го направил и првиот дел од атласот на светот (остатокот го довршил неговиот син).

Чарлс Лаел (1797 – 1875) ги истражувал карпите и нивните облици и слоеви. Тој велел дека светот е многу стар обликуван од бавниот процес на ерозија и натрупување на седименти. Во 19-ти век ја изнел идеајата за бавната геолошка промена што ја обликува површината на Земјата.

Мери Енинг (1799 – 1847), таа била упорен трагач по фосили. Нејзини големи достигнувања се: пронаоѓање на фосилните скелети на морскиот диносаурус – ихтиосаурус (1811), плезиосаурусот (1821) и птеродактил (1828)

Едвин Дрејк (1819 – 1880) е пионер во добивање нафта со дупчење во земјата. До средината на 19-ти век, нафтата се собирала на места каде што самата се појавувала на површина. Тој дошел на идеја, да ја вади нафтата со цевка од леано железо. Во 1859г. го направил првиот комерцијален бунар за нафта, успевал да извади и по 4000 литри дневно, а до крај на живот останал сиромашен, затоа што не го заштитил својот изум.

Вилхелм Бјеркнес (1862 - 1951), како добар математичар ја применил математиката за опишување на движењата во атмосферата. Големо достигнување: Ја основал временската прогноза или метереологијата во 20-ти век. Метју Маури (1806 – 1873) се посветил на хидрографијата, на географски карти ги обележувал деловите од Земјата кои се покриени со вода, тоа било од голема помош за морепловците. Тој го нацртал дното на Атлантски океан.


Луј Агаси (1807 – 1873), како голем љубител на природата, постигнал голем напредок при проучување на разни видови риби. Тој како геолог ја застапувал тезата за ледениот период и ги проучувал глечерите и нивното движење. Чарлс Рихтер (1900- 1985) Негово големо достигнување е создавањето на Рихтеровата скала (од десет точки) со која се мери енергијата што се ослоободува при земјотресите или скала за мерење на јачината на земјотресите.

Тузо Вилсон (1908 – 1993), во 1960 ја развил теоријата за пловењето на континентите, т.е. дал објаснување за поместувањето на континенталните плочи. Покажал дека земјината кора се состои од цврсти плочи кои пловат врз стопена внатрешност. Тоа пловење е бавно (неколку сантиметри годишно), а зоните на земјотреси и вулкани се местата каде што тие плочи се судираат. Сан Андреас Фолт (San Andreas Fault), Калифорнија е една огромна фрактура на земјината кора, долга околу 1300 км. Започнала да се формира пред повеќе од 30 милиони години, кога две големи тектонски плочи – Пацификот и Северна Америка – се судриле.

Џон Едмонд (1944-2001), како експерт во областа на хемиската океанографија, со својот тим откриле хидротермални отвори на морското дно, кои испуштаат минерали, а при тоа откриле и нови морски облици на живот што е негово големо откритие.

Семејството Лики има значаен придонес, односно ги откриле најстарите фосилни остатоци на човечките предци во источна Африка, во периодот од 1959 до 1978. Тие откритија докажуваат дека човековите предци живееле во Африка пред повеќе од 3 милиони години.

Единствениот геолог кој земал примероци надвор од нашата планета е д-р Харисон Шмит (роден 1935). Тој исто така бил астронаут, сенатор и до сега, последниот човек кој ја прошетал Месечината. Алфред Вегенер (1880-1930) — германски научник, метереолог и пионер во поларните истражување. Се занимавал и со геологија. Вегенер ќе биде запомнет по оригиналната теорија за движењето на континентите, со што го објаснува постоењето на исти карпи на спротивните брегови на Атланскиот океан и фосилни остатоци од тропски растенија, пронајдени на Арктичкиот круг. Неговата теорија не била прифатена се до 1950г. кога со бројни истражувања било откриено дека океанското дно се шири, што е механизам на неговата постапка. Мари Тарп (1920 - 2006) американски геолог и океанографски картограф. Таа ја создаде првата научна карта на дното на Атлантскиот Океан. Таа го открива присуството на Средниот Атлантскиот гребен, што довело до прифаќање на теориите за движењето на тектонските плочи. Артур Холмс (1890- 1965) британски геолог, има голем допринос во геологијата. Го проучувал феноменот – радиокативност. Ја увидел можноста за одредување на староста на карпите со помош на радиокативноста.1913 го објавил делото „Старост на Земјата“, го истражувал радиоактивното распаѓање и открил дека Земјата е стара 4 милијарди години. Карл Фридрих Кристијан Мохс (1773 - 1839) бил германски геолог и минералог. Тој е творец на Мох скалата за тврдост на минерали (1812г.)Мох скалата е квалитативен редослед според отпорноста при гребење на различни минерали, преку способноста на поцврстиот материјал да изгребе помек материјал. Оваа скала во голема мера ја олеснува идентификацијата на минералите на терен.

7


ЗЕМЈОТРЕС 8

Земјината кора е составена од повеќе независни плочи кои бавно се лизгаат над жешката јадрена обвивка. Тектонските земјотреси кои опфаќаат од 90% од сите земјотреси, настануваат кога рабовите на плочите длабоко под површината на Земјата се судираат една од друга. Тоа предизвикува кршење на земјината кора која на површината се пренесува како тресење на земјата или како што велиме настанал земјотрес. Земјотресите се ненадејни и краткотрајни вибрации. Сеизмологијата (гранка на геофизиката), ги проучува земјотресите и нивните несакани ефекти, вклучува регистрирање на земјотреси и нивно лоцирање. ВАЖНО! Местото каде што настанува земјотресот во длабочините на Земјата се нарекува хипоцентар на земјотресот. Може да биде на различни длабочини под површината, од неколку километри до максимални 750 километри (досега не е регистриран подлабок земјотрес) Земјотресот е најсилен во епицентарот (место на површината на Земјата кое е директно над хипоцентарот).

ВУЛКАН

ВУЛКАНСКИТЕ ЕРУПЦИИ СЕ НАЈДРАМАТИЧНИТЕ ГЛЕТКИ НА ЗЕМЈАТА.

Вулканот како геолошка форма е отвор на површината на Земјата кој е во директна врска со растопената маса (магмата) во земјината внатрешност. Вулканите имаат големо влијание врз формирањето на релјефот на Земјата. На Земјата, тие обично се распоредени на рабовите на тектонските плочи, каде што Земјината кора е најтенка. Вулканот има форма на планина т.н. вулканската купола, а отворот кратер. Кратерот преку вулкански канал е поврзан со вулканското огниште од каде што доаѓа лавата. Вулканологијата е геолошка дисциплина која се занимава со проучување на вулканите, механизмите на вулканските ерупции и нивното потенцијално предвидување. Магмата е слој од течни карпи. Главни причини за ерупцијата на вулканот се: тектонските влијанија, зголемувањето на притисоците во длабочините, како и високата температури во земјината внатрешност (600 до 1500 ° C). Овие причинители доведуваат до потиснување на магмата од внатрешноста кон површината на земјата. Магмата излезена на површината на Земјата се нарекува лава. Најголемиот вулкан Мауна Лоа се наоѓа на Хавајските Острови, поголемиот дел е во Тихиот Океан. Денес постојат околу 700 активни вулкани. ВАЖНО! Постојат вулкани и на морското дно. Кога тие се доволно високи, се појавуваат на површина на морето и се создаваат вулкански острови. Вулканот може да биде активен, повремен и изгаснат (неактивен). Изгаснатите вулкани се оние кои не биле активни повеќе од 100 000 години. Цели градови се изградени врз нив.


ГЛЕЧЕРИ Што е глечер? Глечер е густа маса на мраз која покрива голема површина на земјиште. Поголемиот дел од глечерите се наоѓаат во близина на Северен или Јужен Пол, но глечерите исто така постојат и во планинските области како што се Хималаите, Алпите, Андите и др. Како се формираат глечерите? Глечерите се формираат од снег што не се топи дури и во текот на летото. Поради постојано натрупување нов снег, долните слоеви преминуваат во зрнца од мраз наречен фирн. Таквиот зрнест мраз под тежината на снегот се компресира и се претвора во цврст компактен глечерски мраз. Иако глечерите мислиме дека мируваат, под дејство на сопствената тежина и земјината тежа тие се движат многу бавно по стрмнините како мразен тек или ледени реки. ВАЖНО! Ледените реки по високите планини, се лизгаат бавно надолу. Пример ледниците на Алпите се движат по 150 метри годишно. Кога делови од ледникот се спуштат под таканаречената снежна грница, ледникот почнува да се топи и да го ослободува моренскиот материјал (искршени парчиња од карпи) кој понатаму е пренесуван со водата формирајќи т.н. флувио - глацијален материјал. Крајот на глечерот се нарекува рилка, а водата од стопените глечери создава поточиња. Кога глечерите се движат многу побрзо од нормално, тоа се нарекува глацијален „бран”.

ГЕЈЗЕРИ Гејзерот е многу редок природен феномен, за него е потребно на исто место да има комбинација од вода, топлина и подземни празни простори. ХИДРОЛОГИЈАТА ги проучува гејзерите, тие се термички извори на површината на земјата, кои во повеќе редовни интервали пумпаат топла вода и пареа како фонтана во воздухот. Топлите карпи, длабоко под површината, ја затоплуваат водата и го зголемуваат испарувањето. Ослободените гасови сакаат да излезат на земјината површина и притискаат на жешката вода,со што водата како млаз излегува на земјината површина. Откако складиштето со топла вода ќе се испразни, гејзерот мирува и постапката периодично се повторува.). Гејзерите се наоѓаат главно во вулкански активни области (Исланд, Нов Зеланд, Чиле, Националниот парк „Јелоустон“ во САД). Познати гејзери: Сепак најпознатите гејзери се во најстариот национален парк во светот - Јелоустон Парк (САД). Тука има од 200 до 250 активни гејзери и околу 10.000 други геотермални појави. Тука е најпознатиот гејзер наречен Олд Феитфул (Old Faithful), името го добил по беспрекорно прецизните ерупции на секои 91 минута.

ФЈОРДОВИ Геоморфологијата ги проучува фјордовите. Фјордови се вистински уметнички дела на природата, контрастот на мразот, зелените води на фјордот и планинските врвови оставаат без здив. Фјордовите се долги морски тесни брегови (ракави), од три страни опкружен со стрмни и високи карпести ѕидови и по 800м. Тесни и длабоки по 1300м. Имаат пристап до море. Фјордовите се формирале во ледениот период, пред околу милион години,кога големи глечери, при нивното топење влечеле големи карпи кон морето. Најдолгите фјордови во светот се: Скоуресби Санд (Scoresby Sund) во Гренланд – најдолг и најдлабок фјорд во светот, се протега на 350 километри и со длабочина од 1500 метри, се наоѓа на источниот брег на Гренланд. Согнефјорд (Норвешка) 203 км. Норвежаните го нарекуваат „крал на фјордовите“ Хардангерфјорд (Hardangerfjord) (Норвешка) 179 км.

9


10

ФОСИЛИ

1

Зборот „фосили” доаѓа од латинскиот збор „фосилис” што значи „добиен со копање”. Фосилите се скаменети остатоци или отпечатоци на растенија, животни или инсекти. Некои фосили се многу стари и по милион години. Со проучување на фосилите, геолозите дознаваат за минатото и историјата на животот на Земјата. Фосилите се откопуваат многу внимателно.

2

Според начинот како се формираат, разликуваме: Килибар - фосили (сл.3), од инсекти, сочувани во стврдната смола од дрво. Овие фосили можат да останат зачувани во килибарот со милиони години. Карбонизација е кога сите елементи на организмот се раствораат, освен јаглеродот, тој останува како отпечаток врз карпата. Фрази и калапи (сл.1) се отпечатоци на живи организми. Тие се формираат кога органскиот дел од него се распаѓа и остава празен калап, кој потоа се полни со минерали. Замрзнување (сл.2) Некои фосили се зачувани во мраз. Додека мразот не се стопи фосилот може да се зачува илјадници години. Големи 3 фосили, како што се влакнестиот мамут, биле откриени во глечерите на Арктикот. Мумификација - Во суви области, фосилот се формира со брзо сушење. Перминерализација е кога на организмот е извршена минерализација (најчесто со опал, калцит и пирит). Фосилите се наоѓаат насекаде низ светот, најчесто во седиментни карпи. Палеонтологијата се формирала во доцниот 18 век. Палеонтолозите преку фосилите претпоставуваат како изгледал распоредот на копното и морињата, кои растенија и животни ја населувале планетата Земја во различни временски периоди од нејзиниот историско геолошки развој. Дали знаеш......Скелетите на диносаурусите се пресоздаваат со фосилизирани коски пронајдени во земјата. Научниците можат да ги користат стапалата на диносаурусите за да ја одредат брзината со која диносаурот трчал, бројот на нозете и дали диносаурот патувал во групи. Пронајдени се Фосили од карпи наречени гастролити, овие карпи биле проголтани од диносаурусите за да им помогнат да ја варат нивната храна во желудникот.

КАРПИ И МИНЕРАЛИ КАРПИТЕ се цврсти и природни супстанции. Може да бидат формирани од еден или повеќе минерали. Карпите според тоа како настануваат, се делат на три главни групи: магматски, седиментни и метаморфни карпи. Магматските карпи се најмногу застапени во Земјината кора и учествуваат со 95% во нејзината градба. Седиментни карпи се формират на самата земјина површина под надворешните влијанија: сонце, вода, ветер, мраз, живи организми и слично, предизвикувајќи: природно дробење, разнесување, таложење на здробениот материјал. Чакал, песок, глина и варовник, главно, настануваат во водени средини (мориња, езера, реки) Со текот на времето, еден вид карпа може да се трансформира во друг, бидејќи хемискиот состав или физички карактеристики постепено се менуваат поради внатрешни или надворешни влијанија. На пример, седиментна или магматска карпа, може да се најде длабоко под површината на Земјата, каде владеат високи температури и притисоци, поради што го менува својот минерален состав и преминува во метаморфна карпа. На ваков начин варовникот кој е седиментна карпа преминува во мермер. Важно! Седиментните наслојки (од песок, кал, остатоци од растенија и животни), потопувани во реките и морињата, се создавале многу бавно, повеќе од милион години за да се спојат во карпа (Големито Кањон во Аризона е создаден од седиментни карпи) Дали знаеш: Големиот Кањон во Аризона е создаден од седиментни карпи (Седиментни наслојки од песок, кал, остатоци од растенија и животни), потопувани во реки и мориња. За да се спојат во карпи потребно им било повеќе од милион години.


Разликата помеѓу карпи и минерали КАРПИ Не се хомогени Немаат дефиниран хемиски состав Може да бидат мешавина од еден или повеќе минерали и да има присуство на органски траги

МИНЕРАЛИ Хомогени се Има дефиниран хемиски состав, може да се изразат со хемиска формула Сите минерали може да се наречат карпи или камења

Одредени карпи (лазури лазули) се користат за накит, затоа се сметаат за скапоцени камења

Минерали

замисли си дека колачето е карпа, а чоколадото, брашното, шеќерот и др. состојки се минерали! црвени итн.

Во составот на земјината кора влегуваат карпи со различни бои: бели, зелени, црни, Ваквата разновидност се должи на тоа што во нивниот состав влегуваат различни единки по боја (зелени, сиви, црни, сини) и форми (зрнести, плочести, влакнести, игличести). Тие единки од кои е изградена земјината кора се викаат минерали. Или, минерал може да се дефинира како цврсто природно неорганско тело настанато со геолошки процеси од неорганска материја со точно одредени физички, хемиски и кристалографски особини. Но,има отстапки, како на пример килибарот според одредени автори се сврстува во минерал иако се знае дека е настанат со стврднување на органски смоли од четинарски дрва. Во природата познати се повеќе од 4000 различни минерали.

Поделба на минералите Во природата постојат: петрогени минерали, рудни (металични) минерали (со преработка се добиваат метали) и минерали од кои со преработка се добиваат благородни метали како што се: злато, сребро и платина. Минерали кои се користат како скапоцени камења (дијамант, берил, смарагд и аквамарин) корунд (рубин и сафир) се карактеризираат со неверојатна тврдина, боја и сјај).

Како да се препознаат минерали во 7 чекори? Минералите може со голо око да ги идентификуваме преку 7 својства (боја, сјај, цврстина, специфична тежина, цепливост, прелом и кристализациона форма). ВАЖНО! Некои минерали поради нивната сличност тешко е да се препознаат. Затоа постојат софистицирани лабораториски опреми. (на пример со масен спектрометар како Марс rovers).

Интересни факти за минерали: • • • •

Научниците кои ги проучуваат минерали се нарекуваат минералози. Околу 99% од минералите во Земјината кора се составени од осум елементи (кислород, силициум, алуминиум, железо, калциум, натриум, калиум и магнезиум). Нашите тела имаат потреба од одредени минерали, за да можеме да растеме здрави и силни. 5% од телесната тежина е минерална материја.

Што е скапоцен камен? Која е разликата помеѓу скапоцени камења и полу-скапоцени камења? Скапоцен камен е парче редок минерал со голема тврдина и убава боја, како што е: дијамант, рубин, смарагд или сафир кој се сече и полира за да биде сјајен. Тие се многу ретки во природата, затоа се скапоцени и имаат висока цена. Според стари традиции од запад, во традиционалната листа на скапоцени камења се: Дијамант, Рубин, Сафир, Смарагд, аостанатите скапоцени камења се сметаат за полускапоцени камења и тоа: опал, тиркиз, ахат, турмалин и др.Отсекогаш го привлекувале вниманието на човекот.

11


Како се формираат дијаманти?

12

Дијамантите всушност се мали кристали направени од јаглерод. Научниците само нагодуваат како се формираат дијаманти, некои се на мислење дека е тоа поради интензивниот притисок од 4500 атмосфери и високи температури од 2200 степени во Земјата. Материјата за нивно формирање потекнува од јадрената обвивка на длабочина до 150 км. Геолошките процеси на Земјата се одговорни за формирање на дијаманти.. Дијамантот е изграден само од еден вид атом (јаглерод,), затоа неговата хемиската формула е напишана едноставно како С (Це).

СОСТАВ НА ЗЕМЈАТА

Каде најбрзо можам да ја обиколам Земјата? Ако одам пеш, за колку време ќе ја обиколам

Земјата?

Лична карта на земјата: -

Старост: 4,6 милијарди години Тежина: 5,9 трилиони тони Обем (должина на екваторот): 40.091 километри Радиус: 6400 километри Температура во центарот (јадрото): 6000 степени Целзиусови

Можеби изгледа дека Земјата е составена од една голема цврста карпа, но составена е од голем број делови, некои од нив постојано се движат! Замислете си ја Земјата како „кромид“ со многу слоеви. Слоевите се погусти кон центарот на Земјата. На сликата јасно може да се видат четирите главни слоеви на земјата: кора, мантија (јадрена обвивка), надворешно јадро и внатрешно јадро. Кората е тенка во однос на другите слоеви, околу 5 километри (под дното на океанот) до дебелина од околу 70 километри (на земјата каде што живееме наречена континентална кора). Континенталната кора е составена од карпи од силициум и алуминиум “СИАЛ” зона и карпи изградени од силициум и магнезиум „СИМА“ зона. Јадрената обвивка (мантија), се простира до длабочина од околу 2900 километри, погуста е од земјината кора со повеќе магнезиум и железо. Горниот дел од јадрената обвивка е во цврста состојба и заедно со земјината кора ја градат камената обвивка или литосфера. Литосферата е подeлена во повеќе независни плочи. Овие плочи се движат многу бавно, околу неколку сантиметри годишно, меѓусебно се судираат се разидуваат или се подвлекуваат една под друга. На местата на нивните заемни допирања настануваат земјотреси и вулкани. Надворешното јадро на Земјата се состои од железо и никел и е многу жешко (4400 до 5000 степени и повеќе), поради тоа металите од железо и никел се течни. Надворешното јадро е многу важно за Земјата, бидејќи со ротирањето на Земјата се појавуваат електрични струи кои создаваат нешто што се нарекува магнетно поле. Магнетното поле прави заштитна обвивка околу Земјата, нè заштитува од штетниот ветер од јонизирани честици кои доаѓаат од сонцето и космосот. Внатрешното јадро на Земјата е составено исто така од железо и никел, како и надворешното јадро, но сепак се разликува од него по огромниот притисок. Толку голем притисок што, иако е толку жешко, тоа е цврсто во исто време. Внатрешното јадро е најтоплиот дел од Земјата, со над 6000 степени C, се смета дека е топло како површината на Сонцето. КАКО СЕ ЗНАЕ ШТО ИМА ВО ЗЕМЈАТА? Геолозите не можат да бидат апсолутно сигурни, но со испитувањето на карпите исфрлени од вулканите, како и со информациите од сезимичките бранови, создадени од земјотресите и нуклеарните проби, можат да направат тридимензионални слики на планетата. ДАЛИ ЗНАЕШ дека во 60-тите години на минатиот век, научниците се обиделе под дното на океанот да направат дупка во кората, но од идејата се откажале, затоа што бил скап проект.


ПЕШТЕРИ

Џебови во Земјата или подземни соби

Некои пештери се многу длабоки во внатрешноста. Голем дел од овие пештери се формирале под дејство на вода која тече низ варовнички карпи, на тој начин создавајќи пукнатини, кои со текот на времето се проширувале во ходници и прекрасни пештери. Пештерите се полни со необични форми и камени облици: висечки столбови – сталактити, кои со капење на водата (водата ги раствора), создаваат во долниот дел сталагмити. Овие фигури за долг временски период може и да се спојат, формирајќи столбови. Спелеологијата е збир на активности, во насока на истражување пештери и други подземни карстни феномени. Зборот „спелеолошки“ доаѓа од старогрчкиот збор „spelaion“ што значи природно се случуваат подземните пештери. Пештерите се истражуваат врз основа на мерење на пештерските канали, геолошки, хидролошки, морфолошки, физички и други својства. ВАЖНО: Комплексноста на пештерите бара посебни спелеолошки техники, обука на тимови спелеолози, а нивните активности може да се опишат како еден вид подземен алпинизам.

НАЈПОЗНАТИ ПЕШТЕРИ / НАЈГОЛЕМИ ПЕШТЕРИ Сложени, масивни и неверојатни Пештерата на кристалите - Мексико, крие огромни, блескави кристали - најголемите во светот Големата влажност и топлина до 112 степени целзиусови се причината за создавање на кристалите. Пештерата е случајно пронајдени од двајца рудари во 2000 година, под рудници за сребрo. Топлината и влажноста се совршена средина за кристалите, но не и за луѓето (повеќе од десет минути поминати во оваа подземна кристална шума може да биде опасно за сѐ што не е направено од магма и гипс).

Пештерата Ласко – Франција е вистинска подземна галерија Во неа има над 2.000 слики од бизони, мамути и коњи, нацртани пред повеќе од 15.000 години. Пештерата не може да се посетува, затоа што човечкиот здив и топлината на телото ги оштетуваат уметничките дела..

Постојнска Јама - пештера, Словенија е една од најпознатите пештери во Европа Долга е 12,5 километри и има неверојатни геолошки формации и подземни водоземци (човечка рипка). Во неа одлично функционира концертна сала за 10.000 луѓе.

ЖИВ СВЕТ ВО ПЕШТЕРИТЕ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО СЕ ТРОГЛОБИТИ?

Троглобитите се живи единки, најчесто слепи, албинисти, силно врзани за хипогејските живеалишта (нивните живеалишта се во внатрешноста на Земјината кора). Секогаш кога ќе се открие нова пештера, постои потенцијал за наоѓање на нови видови. длабоко под површината, изолирани со илјадници години. Научниците ги нарекуваат „troglobites”. Олм безбоен, бел, мал змеј, откриен во 18 век. Олмот е веројатно првиот откриен троглобит, и до денес тој е исто така најголем, достигнува должина од 30 см. Мексиканска тетра – албино риба живее само во темни подводни пештери. Тексашки слеп саламандер –подземна амфибија, долг околу 15 см.

13


Пештерска Буба – се храни со трупови од различни пештерски животни. Не е нешто што сакате да го сретнете при пештерски авантуристички прошетки.

14

Пештерски полжав - го има само на неколку места во Мисури ( САД).

РУДНИЦИ Рударството е вадење(извлекување) на вредни минерали и други геолошки материјали (необновливи ресурси, како што се нафтата, природниот гас, дури и водата), од земјата.

Кога луѓето почнаа да се бават со рударство? Рударењето на карпи и метал е човечка активност уште од предисториските времиња. Римјаните демонстрирале инженерски способности во рударството. Тие се пионери во хидрауличните рударски активности, со ослободување на огромни количини на вода, рудата (златото). Низ канали ја носеле до потребното место. (Нивните резултати се изложени во Лас Медулас, западна Шпанија, а од УНЕСКО заштитени како Светско наследство). Современите рударски процеси вклучуваат истражување и испитување на рудни тела, анализа на можностите за добивка од предложениот рудник, ископување и преработка на рудата и на крајот враќање на на земјиштето во првобитната состојба откако ќе се ископа рудата.

Зошто рударството е толку важно? Затоа што индустријата и економијата не може да функционира без минерали и производи направени од нив. Рударството е потребно за да се добие материјал кој не може да се одгледува преку земјоделски процеси или вештачки создаден во лабораторија или фабрика.

РУДИ

1

2

Под Руди спаѓаат метали, јаглен, нафтени шкрилци, скапоцени камења, варовник, креда, камена сол, чакал и глина. На јагленот му требаат милиони години за да се формира Јагленот е црна или кафеава запаллива седиментна карпа. Тој е извор на енергија, формиран од растенија кои живееле пред неколку милиони, па дури и стотици милиони години во мочуриштата и езерата. Многу луѓе веруваат дека дијамантите се формирани од јагленот. Всушност, дијамантите се многу постари и од првите растенија на Земјата изворниот материјал на јагленот. Седиментните карпи со јаглен се во хоризонтална положба, а карпите со дијаманти се вертикални цевки. Дијамантите можат да се формираат само во слојот на мантија на Земјата, а не на површината. Јаглеродот што се наоѓа во близина на површината има форма на графит. Бакар - метал кој се користи низ вековите Бакар е еден од ретките метали што се јавува во својот природен елементарен облик. Поради тоа е еден од првите метали извлечен и користени од луѓето, а тоа придонело за одржување и подобрување на општеството од почетокот на цивилизацијата. Бакар за првпат се користел во монети и орнаменти, почнувајќи од околу 8000год. пр. н.е. а околу 5500 год. пр.н.е. бакарните алатки помогнале цивилизацијата да излезе од каменото доба. Откритието дека бакар легиран со калај произведува бронза, го означи почетокот на бронзеното време на околу 3000 год. пр.н.е. Каде се користи бакар денес? Бакарот лесно се обликува и извлекува во тенки жици, отпорен на корозија и ефикасно ја спроведува топлината и електричната енергија. Поради овие негови особини, бакарот продолжува да биде значаен материјал за домашна, индустриска и високотехнолошка примена денес.


ДАЛИ ЗНАЕШ дека: • • •

• • • •

• •

Статуата на слободата (1886 година), претставува структура со најмногу бакар во неа. Обвитката е со околу 80 тони бакарна плоча на дебелина од околу 2,3 милиметри. Просечен автомобил содржи бакарна жица од 1,5 километри, а вкупната количина на бакар се движи од 20 килограми (мали автомобили) до 45 килограми во луксузни и хибридни возила. Во природата се идентификувани најмалку 160 бакарни минерали (познати се: азурит, халкопирит, куприт,). Присуството на бакар во хемискиот состав дава одредена боја на минералите. Аризона произведува повеќе бакар од која било друга држава, од 2000 година; Чиле е водечки производител на бакар. Рудникот за бакар во Јута е видлив од вселената, тој е еден од инженерските чуда на светот. (сл.3) Бакарот е неопходен за здравјето на луѓето; Присутен е во морска храна, месо, цели зрна, ореви, суво грозје, мешунки и чоколада. До 1982 година, американскиот долар беше направен целосно од бакар; а сега е само обложен со бакар. Монетите во многу земји, биле направени од бакар. (Римска монета: римска фолида со слика на Константин I. )(сл.2) Од неодмана со бакар се изработуваат производи кои најчесто ги допираме, затоа што антимикробните својства на бакарот го намалуваат преносот на бактерии и болести. Производителите на полупроводници, исто така, почнаа да користат бакар за кола во силиконски чипови, што им овозможува на микропроцесорите да работат побрзо и да користат помалку енергија. 3 Златото е најценетиот метал во светот, поради убавината и извонредната издржливост и капацитет да се спроведе електрична енергија. (сл.1). Вјеличка Солт мајн, Полска (Wieliczka Salt mine, Poland) Поранешен рудник за сол, изграден во 13 век, рудникот произведувал кујнска сол до 1996 година, а сега е официјално национален историски споменик со атрактивни десетици споменици и четири капели направена од сол.(сл1.стр.13)

Најголеми и најдлабоки рудници

4

Африка ги има најдлабоките рудници во светот, два од првите 10 најголеми рудници се рудници за злато. Од 2008 година, најдлабок рудник за злато во светот е Таутона со длабочина до 3900 метри. Се наоѓа во Јужноафриканската Република во близина на Јоханесбург (со друго име „Еголи” што значи Град на злато) (сл.4) Рударството на такви длабочини е многу проблематично, бидејќи температурата се зголемува за еден степен на секои 33 метри. Најдлабокиот рудник во Европа (за ураниум) е во Чешка на 1.838 метри. Индонезија е дом на најголемиот рудник во светот (Рудникот Грасберг) (сл.5)

5

Генчо Кју (Gahcho Kue)-(Канада) Неверојатна глетка – рудник за дијаманти (сл.6) Најголемиот подземен рудник е рудникот Кирунавара (Kiirunavaara) во Кируна, Шведска (сл.7). Со 450 километри патишта, 40 милиони тони руда произведени годишно, а длабочина од 1270 м тоа е исто така еден од најмодерните подземни рудници.

Најстари рудници

6

Најстарите документирани рудници во светот, доаѓаат од Африка, поточно Египет западните брегови на реката Нил (родното место на човештвото); доказите покажуваат за почетоците од пред 50.000 години; 2. Лавовска пештера – Свазиленд – пред 43000 години (бил богат извор на хематит и спекуларит) 7 3. Мичиген САД, рудници на бакар од пред 5.000 години Дали знаеш....... Нивото на рециклирање на метали обично е ниско. Поради тоа, некои депонии сега содржат повисоки концентрации на метал отколку самите рудници.

15


ФАКТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ 16

Геолозите се истражувачи; • Геолозите прават геолошки мапи кои се потребни при истражување на минерални суровини и резервоари со вода. Ако се прашувате каде е потребна математиката во геологијата, тоа е токму при изработката на геолошката карта. Тоа е долг процес на собирање, истражувања и анализа, со помош на математички алгоритми (дел од графички компјутерски програми). Геолошките мапи се користат и за воени цели. Поголемиот дел од знаењето добиено за структурата на Земјата е постигнато со сеизмологијата Науката за минерали се нарекува минералогија, а за скапоцените камења се нарекува гемологија, како посебна гранка на минералогијата. Околу десет проценти од површината на светот е покриена со глечери. Може да потрае стотици години за да се формира голем глечер. Глациологијата е наука за глечерите или наука за мразот

• • • •

Во 2011, по 4 години гласање од страна на милион луѓе во светот, 1 направен е изборот на „Седум светски чуда на природата”, а тие се: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

Амазонски дождовни шуми и реката (Јужна Америка) Halong Bay (Виетнам) Водопадите Игуасу (Аргентина и Бразил) Jeju Island (Јужна Кореја) Остров Комодо (сл.1 и 2), (Индонезија) Порто Принцеза Подземна река, национален парк (Филипини) Планина Маса (Јужна Африка)

2

ЗА МАКЕДОНИЈА Во Македонија има 346 пештери, од кои стотина се јами. За најдлабокa формација се смета Солунска Глава (450 м.), најголема на Балканот. Има извонредни украси од зелен мраз и сталагмити високи до 2 метра. Пештерата Пешна (Македонски Брод) атрактивна според нејзиниот влез со импозантни димензии, прва на Балканот (16,8 х 52,4 м.), а тоа ја прави привлечна за филмската индустрија.Најпозната и најдлабока пештера во Македонија е Врело.Пештерата Над Врело вооднос на останатите десетина пештери кои се застапени во кањонот Матка, таа е една од најбогатите со украси пештери. Пештерата Орле (Порече), по целата нејзина должина и по страничните канали има пештерски украси: сталактити, сталагмити, драперии, травертински базенчиња исполнети со вода и др. Пештерата Убавица (Гостиварско) крие подземен водопад висок 5-6 м. Пештерата Бела Вода (955м.) во Демиркаписката клисура е до сега најдолга истражена пештера. Пештерата Макаровец (долинска страна на реката Бабуна), има богатото наоѓалиште на фосилна фауна.Од „Пикермиска фауна“ антилопи, фипариони, жирафи и сл. Пештерата Јаорец (котлината Дебарца) во пештерата вршени се палеонтолошки истражувања, пронајдени се остатоци од пештерска мечка. Арамиската пештера (Кавадаречко),има пештерско езеро долго 12 м. и длабоко 5 м. Пештерата Вевчански Извори (Вевчани), низ пештерскиот канал протекува постојан водотек, дел од познатите Вевчански Извори. Оваа пештера има туристички потенцијал.


Пештерата Крштална (над вештачкото езеро Матка) е карактеристична по сталактитните форми изградени во спротивност од Земјината тежа. Пештерата Алена се наоѓа на најголема надморска височина од 2.114 м од досега истражените пештери во Македонија. Лесковечката пештера на Галичица (Преспанско), во неа живеат поголема колонија на лилјаци. ФОСИЛНИ ОСТАТОЦИ од „пикермиска фауна“ која живеела на територијата на Македонија пред 8 до 10 милиони години во плиоценот. Пикермиската фауна содржи фосилни остатоци од слонови, жирафи, носорози, антилопи, хипариони, (видови коњи) мајмуни, сабјест тигар и други животни. Фосилните остатоци можат да се видат во Природнонаучниот музеј во Скопје. Особено импресивни се пронајдените бивни — втори горни секачи, што му припаѓале на Bunolophodont sp вид слон., со должина над 4 метри. Животното тежело веројатно 5 тона.

ВУЛКАНИ На територијата на Р. Македонија во геолошкото минато, вулканската активност била многу изразена и оставила видливи траги. Вулканите биле распоредени во неколки области како: Кратовско-злетовска област, Охридскокоселска, Кожувската област. На овие простори се излеани големи количества на лава и експлозивно било исфрлано пирокластичен материјал (големи облаци од пепел). Како остаток од вулканска активност е сулфатарата Косел, на неколку километри од Охрид. Денес, во овие области има појави на вулкански бомби со пречник и над 1 метар. Истите сведочат за вулканската активност на овие простори во периодот од пред два милиони години.

РУДНИ БОГАТСТВА

1

Гипс, провиден и во убави кристали (Дебарско). Кварц (Беровско и Прилепско) и во рудниците за олово и цинк Саса – Македонска Каменица и Злетово – Пробиштип). Сулфур има во вулканските области. Галенитот е најраспространет и најважен минерал кој гради лежишта на олово (Саса, Тораница и Злетово). За откопување на рудата од овие лежишта се навлегува длабоко во Земјината кора. Кристали со изразито убави бои од црвен корунд (рубин) (сл.2), за кој има голем интерес од колекционерите на минерали, ги има во близина на Прилеп. Прилепскиот рубин се користи за изработка на накит. Титанот е елемент на иднината. 2 Специфично е полесен од останатите метали и е многу тврд метал. Од титан се изработуваат авионите и ракетите, а го има во с.Ореово – Селечка Планина. Редок минерал на олово Македонит (сл,1) (с. Алинци, Прилепско), за првпат е пронајден во Македонија, по што го добил името. Минерали на Арсен и минерали на Талиум има на планината Кожуф во лежиштето „Алшар“. Големата концентрација на минералот Талиум, кој е вистинска реткост во светот (наоѓа голема примена при вселенски истражувања и телекомуникациска технологија), го прави ова лежиште светски познато. Алшар се наоѓа на 40км јужно од Кавадарци (с. Мајдан), се спомнува уште од 1481г.во турските дефтери.

КУКЛИЦА И КАМЕНИТЕ КУКЛИ Куклици е 8 км северозападно од Кратово на н.в. од 430 до 700 метри.Научниците тврдат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, а природата од нив извајала ретки ремек-дела. Карпите се во форма на џиновски кукли, од тука доаѓа и името на Куклици. Ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина.

ДАЛИ ЗНАЕШ .... Овче Поле не така одамна (геолошки гледано),било морско дно. За ова сведочат бројните фосили од школки, полжави, заби од ајкули пронајдени во карпесите маси на овие простори. Во последните милион години, четири пати имало заледување на планетата. Во тоа време ледниците од северниот пол се спуштале се до територијата на Р. Македонија. За ова сведочат „реките од камења“ и ледничките езера на планината Пелистер и Шара.

17


ГЕОЛОГИЈАТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО 18

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ МАЛО ЕКОНОМСКО ЧУДО 15 ГОДИНИ УСПЕШНА МАКЕДОНСКА ГРАДИТЕЛСКА ПРИКАЗНА Успешен геолог умее да биде успешен градител. Ваков пример имаме во нашата држава. Професор Ванчо Чифлиганец, како доктор на науки по геологија, многу добро знае дека златото се вади од земјата, и за да се дојде до злато, мора прво да се копа во јаловината. Во досегашниот негов работен век се соочил и надминал многу предизвици и проблеми, за да на крај, сите негови дела го носат сјајот на златото! За своите залагања и за подигање на стандардите до перфекција, во 2012 година, во палатата Хофбург во Виена, „Адора инженеринг“ беше прогласена за најдобра компанија во Европа, а нејзиниот основач, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, за најдобар европски менаџер. Добитници се на многу награди и признанија, а оваа виенска, европска круна во менаџирањето и градежништвото, на „Адора“ ѝ дојде како логична последица на петнаесетгодишниот ударнички, натчовечки труд и елан. АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ МЕТОД НА МЕНАЏИРАЊЕ – Оваа компанија е градежен полигон на кој, науката се проверува себеси и ги разгледува сите нови можности. Делата на успешниот геолог и неговото маестрално менаџирање со најбрзорастечката компанија, се едно мало економско чудо, кое треба да се изучува во учебник. Големата љубов кон човекот, кон природата, желбата за знаење и усовршување, ги пренесува на луѓето околу себе. Затоа знаењето, волјата и чесноста, се трите нешта, без кои не може да се стане дел од семејството на „Адора инженеринг“. КВАЛИТЕТ НА ГРАДБАТА Градежништвото е многу благородна работа, преку која човек ја прилагодува животната средина кон себе и кон своите потреби. „Адора инженеринг“ гради за идните поколенија, нивните потреби и барања. Секоја нова зграда е сеизмички постабилна, со посовремени стандарди за квалитетно домување. Геологијата навистина има големо значење за градежништвото. Материјалите кои се употребуваат во градежништвото потекнуваат од Земјината кора. Средината каде што се изведуваат градежните работи е Земјинат кора. Изградените градежни објекти се со взаемно влијани со геолошките процеси во Земјината кора . - Тоа се згради кои треба да траат 500 години. Толку се цврсти што и земјата под нив да се сврти наопаку, нивната структура не може да се распадне. „Нашата зграда дури може да се тркала како топка, но да попушти никогаш“- вели проф.др.В.Чифлиганец. *** ТОП 5 КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА КВАЛИТЕТ *** 1. Геомеханички и сеизмички стабилни градби – прва компанија која по пат на вештачки земјотрес, научно и практично ја потврдува стабилноста на своите градбите. (Земјотресите не можат да се предвидат, но затоа може да се изградат безбедни,сеизмички стабилна и цврста градби). 2. Прва компанија со енергетски пасош А класа (енергетски ефикасни градби со шест пати помала потрошувачка за ладење и греење (постигната со керамички блокови и специјално дизајнирана тула, квалитетна фасадна столарија, органска фасада, преградни сендвич – ѕидови. 3. Одлична звучна изолација со повеќеслоен преграден ѕид - лабораториски тестиран, претставува значаен исчекор во осовременувањето на градбите; резултат на долгогодишната и макотрпна работа на стручниот тим на Адора инженеринг. Доволно е да се затвори прозорец на станот од Адора инженеринг и да се добие – совршена тишина во тој 2 микрокосмос, наречен – ДОМ. (сл.1). 4. Фотоволтаици на сончева енергија за заедничко осветлување, без сметки за електрична енергија, Сончевата енергија во Адора инженеринг максимално се користи за производство на електрична енергија за заедничко осветлување на 1 објектите. (сл.2) 5. Најеколошка компанија која внимава на заштита на животната средина, Адора инженеринг воведе свеж воздух и поголема природна светлина во домовите што ги гради. Просторни ходници, атриуми и хорикултурни зелени појаси околу секоја градба. (сл.2).


19

ФАКТИ • Геологијата има големо значење за градежништвото, • Геолог кога ќе одлучи да работи на поле на градежништвото, тогаш тој го применува целото свое знаење и природата ја втиснува во градбите ( светлина, сончева енергија, природни органски материјали, зеленило). • Пионери во воведување иновации во високата градба. Во нивните згради има многу инвентивност и убавина. • Рекордери во брзо и квалитетно градење ( само за 56 дена/13 ката ). Брзата градба е една од најпрепознатливите карактеристики со кои се одликува градежниот бренд Адора инженеринг. Компанијата одамна се натпреврува самата со себе, уривајќи ги досегашните и поставувајќи нови рекорди во брзо градење • За 15 години, на вкупна површина од 250.000 m² со 2700 домови, 40 елитни објекти, 200 луксузни деловни простории, 3.000 модерни паркиралишта, репрезентативни базени и вредни дела од полза на целата заедница, создадоа еден цел современ град во кој според светските трендови живеат околу 12.000 станари - еден МАЛ „АДОРИН“ ГРАД. • „Адора инженеринг може да се смета за еден мал практичен универзитет за градежништво, затоа што во таа компанија на дело се спроведуваат науката и најновите знаења од области поврзани со домувањето. • „Адора инженеринг е прва компанија која во Македонија ги воведе фотоволтаиците на сончеви колектори, за осветлување на заедничките делови на станбените објекти; Први градат еко-фасади („куќи што дишат“), со прозорци зад кои нема бучава, домови во кои термоизолацијата наликува на херметичките услови во авионите. АДОРА FLATIRON раскошен архитектонски објекти, колосална градба со гигантски пропорции. Белег на нашето време и силна потврда за зрелоста на Адора инженеринг како лидер во градежништвото. АДОРА DIAMOND GARDEN Е врвот на зеленото домување во Македонија. Имате чувство како природата да се доселила во градот. Уникатен по своите два атриума, отворени средишни простори со стаклен покрив. Архитектонски раскошна, стилски препознатлива, енергетски штедлива, еколошки предиспонирана и вклопена во средината.


АТРАКТИВНИ МЕСТА

Чоколадни ридови

Окото на Сахара

Кањон Антилопа

Кристална пештера

Голема сина дупка

Пеколна порта - Туркменистан

Пештерата Сон Донг (Son Doong) во Виетнам, случајно откриена во 1991 година, најголемата пештера во светот, со природни чуда, огромни сталагмити и сталактити. Во неа можат да се сместат цели облакодери или населби од градови.

Сон Донг (Son Doong) Виетнам, најголемата пештера во светот

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје (031.053.2)550 ЈАС сум мал научник геолог : книга за љубопитни мали авантуристи / [уредник Весна Божиловиќ ; илустратор Дарко Ристевски]. - Скопје : Продукција Божиловиќ, 2018. - 16 стр. : илустр. ; 25 см ISBN 978-608-66166-0-1 а) Геологија - Детски енциклопедии COBISS.MK-ID 106025226

За издавачот Продукција БОЖИЛОВИЌ дооел Тираж - 1000 Печатница - ЕВРОПА 92 Кочани Лектор - Александра Лазаревска Стручен консултант - проф.Љупчо Поповски Уредник - Весна Божиловиќ Илустратор - Дарко Ристевски виљушка


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook

Articles inside

Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.