Избор! бр.3 - весник на Матка

Page 1

уводник Синоличка Трпкова Љубов и посветеност наместо закани и забрани!

анализа

колумна Реактор

Зошто нема причини за рестриктивен закон за прекинување на бременоста?

Влатко Деков

1

Заборавениот феминист

број 3 маj 2014

Весник на Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус

фото: Иван Илиев


2

УВОДНИК

Љубов и посветеност наместо закони и забрани Синоличка Трпкова разболат, наспроти денешниве безброј трогателни апели за помош и донации за болни деца без надеж!?

ЕДНА СТАРА ИЗРЕКА ВЕЛИ „КОГА ЌЕ СЕ РОДИ ЖЕНСКО ДЕТЕ, И СТРЕИТЕ ПЛАЧАТ“. УШТЕ ОДАМНА НАРОДОТ РАЗМИСЛУВАЛ ЗА ТОА ШТО ЗНАЧИ РАЃАЊЕТО НА ЕДНО ДЕТЕ, ОСОБЕНО АКО Е ЖЕНСКО. Нашите предци плачеле кога се раѓало женското дете, а се веселеле на машкото. Ќерките биле бележани судбински да бидат грижата на семејството и мажот, во секоја смисла на зборот. Ќе речете денес е поинаку, денес се модерни времиња, во кои животот на жената е „олеснет“. Но тоа е заблуда. Машината за перење, правосмукалката и современиот маж не се никакво олеснување за една жена која бара повеќе смисла во животот, во 21 век, одошто да раѓа, готви и пере. Има нешто што е непроменето од дамнина и ќе остане секогаш исто. Нешто што и денес исто тлее длабоко во душата на жената – болката. Има неколку видови болка, кои се природни, но и болки кои

не можат ниту да се опишат и ниту се природни. Една од нив е абортусот. Во една стара автобиографска приказна, од пред Втората светска војна, за маките на еднo семејство, наидов на една потресна исповед на една жена, која имала многу тежок живот. Имала пијан маж, четири деца, три мртвородени, и била принудена сама да ја прекинува бременоста, за да не носи на свет, како што таа вели - несреќи. Не можела ни да се заштити, зашто да имаш пијан маж и да бидеш на работ на егзистенција добро знаеме што значело тогаш, а и денес. На крајот од приказната таа со последниот здив ѝ објаснува на најстарата ќерка како да се штити во својот живот. Потем умира со болка за нероденото дете.

Но и денес по толку години, запознав една млада девојка, која останала бремена и била неприфатена од дома и оставена од момчето. Низ солзи ми објаснуваше за својата болка, низ која минувала и решила да не ја пренесува на своето дете - прекинувајќи ја бременоста. Ги продолжила студиите и дипломирала. Сега веќе пред породување, омажена и вработена, но со длабока неизбришлива тага во себе. Помислив, каква неправда таа би нанела на тоа дете, кое ќе растело само со неа, во мизерни услови и во општество како нашево, каде сѐ уште со прст се покажува на таквите, а државата не ги есапи за живи? Децата не се само да се донесат на свет, тие имаат право на достоинствен живот, љубов, поддршка и поттик да растат, да осознаваат и да ги истражуваат и применуваат своите можности без граници, наместо да бидат нечии робови. И најважно од сѐ - да бидат лекувани од државата, доколку се

Во 21-от век, сиромаштија нѐ пара по сите шавови, околу нас сѐ е загадено, децата лесно и често се разболуваат, а за потешко болните немаме ни лекови!? Раѓаме деца кои мислат како да заминат од ова несреќно парче земја, наместо како да придонесат за него? Безмилосно се уништува средината во која живееме, вистинските вредности се заменија со лажни аршини на вреднување, се бара послушност и извршителност од младите, наместо креативност и напредок. Која мајка толку лесно би решила да раѓа, без да насети сигурна иднина за своето чедо!? Во ова модерно време има ли детска и топла средина, за да се поттикне жената да го прави она за кое е и создадена? Долгорочните и умни стратегии носат промени, а не куп закони преку ноќ изгласани. Кога гледам дечиња околу себе, ме фаќа страв, но и тага за нивната иднина, која е осакатена токму од оние кои пропагираат многудетни семејства и закони против абортуси. Не ме чуди учеството на мажи во приготвување на вакви вештачки наметнати политики, но ме трогнува фактот дека зад нив стојат и жени, мајки. Дали тоа значи дека жената сѐ повеќе го губи во себе исконското чувство за создавање здрава иднина за своите деца? Дали таа наседна на „преродбата“ која ѝ го одзеде и последното право да одлучува сама за своето тело?

Дали воопшто институциите прашале и отвориле дебата, за тоа што значи за жената абортусот како чин? Или таа се смета за граѓанин од втор ред, за друг во нејзино име да може да одлучува? Дали некој знае дека ако една жена реши да ја прекине бременоста, таа мора за тоа да има огромни лични причини. Дали некој знае низ какви премрежија, стравови, кошмари и тага минува жената кога прави такво нешто, па наместо да ѝ се помогне, таа се заглавува во лавиринт од процедури и казни?! Па која е таа жена што би вадела плод од својот стомак од бес, а не од мака?! Неинформираноста и простотилакот кој фаќа скрама во нашето патријархално општество и неконтролираното раѓање како „дар“ од Бога, нема никаква допирна точка со ова

време во кое живее и твори жената и за ваквата состојба се навистина потребни закони. Зарем не е за осуда жената што раѓа дете без да размисли за неговата иднина? Ниедно дете не заслужува да живее под границата на достоинство. И конечно, ние не сме животни, туку луѓе, кои живеат во 21 век и имаат право сами за себе да одлучуваат. Ако порано стреите плачеле само за женските деца, денес тие капат и за машките, со оглед на состојбите што ги живееме. И колку повеќе се ограничува слободата на жената, толку повеќе се сосекува заедничката иднина. Никој во ничие име не може да носи одлуки за нечие тело.Тоа е нехумано и неетично. Ставањето забрани за абортус, под превезот на грижливост - е грев, а не одлуката за нешто што е лично и интимно. А ако една жена се реши да абортира (ретки се тие случаи, за да се забрануваат!), таа тоа секако ќе го направи и нелегално и ќе има многу подалекосежни последици и од вештачки искреираните владини политики. Ако Бог ѝ дал на жената матка, ѝ дал и ум и срце - да знае и насети кога е таа, сама, подготвена да се соочи со принова. Најдобро за власта е да престане да го потценува интелектот на жената, да излезе од спалните соби, и да работи на создавање услови во кои секој родител од срце би посакал наследник. Тоа е долг процес, кој нема врска со закони и забрани, туку со труд, љубов и посветеност.


koлумна

3

Заборавениот феминист Влатко Деков или родно малцинство, затоа што се чувствуваше отуѓен од културните норми на маскулинизмот“. Токму за маскулинизмот Курт ќе изјави: „Отсекогаш сум имал проблем со мачомен-типовите – постојано биле моја закана“. Затоа тој честопати се појавуваше облечен како жена – проверете го видеото за In bloom како и фотографиите во прилог.

Овој април се навршија 20 години од смртта на Курт Кобејн, човекот кој ја промени музиката, а музичката индустрија го искористи до максимум. Сè уште го памeтам денот кога на излегување од музичката продавница ја сретнав сестра ми, која како од пушка изусти „бато, бато, на Пулсирање (тогаш популарна емисија за млади која се емитуваше секоја сабота на МТВ) јавија дека Курт Кобејн умрел“. Во рацете го држев штотуку купениот Pablo Honey на Radiohead. Остана неслушнат цели 6 месеци. Нирвана и Курт Кобејн (заедно со Sonic Youth) имаа огромно влијание врз мојот развој. Сè до нивната појава јас не знаев дека сум феминист. Имено, во еден хрватски фанзин беше пренесена следната изјава на Курт Кобејн, пејачот на некој нов бенд Нирвана: „Доколку некој од вас на кој било начин ги мрази хомосексуалците, обоените луѓе или жените, ве молам направете ни услуга, не купувајте ги нашите албуми и не доаѓајте на нашите концерти“. Понатаму, во текстот следуваше заклучокот дека Курт е феминист. Аха, значи луѓето кои се борат против омразата на жените се нарекуваат феминисти. Тогаш така си го дефинирав терминот феминист. Па и јас не ги мразам жените, напротив, мислам дека ние како мажи честопати лошо се однесуваме кон нив, а и државата исто така. Зошто нема жениполитичари? Зошто во Швајцарија жените немале право на глас до 1971? Зошто во некои држави сè уште постои отсекување на клиторисот? Зошто жените ги силуваат? Зошто помалку се вреднува женското новороденче? Зошто на повеќето реклами жените се претставени како сексуален објект? Зошто??? Слушајќи ги Нирвана се појавуваа илјадници зошто.

Курт Кобејн не беше само музичар. Тој беше и

BEEN Песната Been a son е критика на патријархалните вредности кои повеќе ги вреднуваат машките новороденчиња.

SAPPY

Во песната Sappy Курт пее за девојка која се наоѓа во строго контролирана врска, и која сè уште смета дека е среќна. Таа е среќна само затоа што овозможува нејзиниот партнер да биде среќен: „He'll keep you in a jar, Then you'll make him happy, You're in a laundry room…“. Курт заклучува дека таа не е таму каде што треба да биде, критикувајќи го општеството кое им укажува на жените дека патот до нивната среќа е да му служат и да го задоволуваат мажот.

TERRITORIAL PISSINGS Во Territorial Pissings која се наоѓа на Nevermind, пее: “Never met a wise man, if so he’s a woman.”

FLOYD THE BARBER Друга тема која Курт ја обработува е силувањето. Дури три песни се осуда на тој чин – Floyd The Barber, Polly и една од најпознатите песни на Нирвана, Rape me. Во Floyd the Barber, Курт пее за насилничкото однесување и силување од страна на еден лик од популарното ТВ-шоу на Енди Грифит. Песната е критика на традиционалното претставување на расите, класите и родот на американските телевизии кои креираат насилство.

активист. Преку своите текстови, интервјуа или едноставно преку појавување на концертите облечен во женски фустан тој ги критикуваше маскулинизмот, сексизмот, насилството врз жените, хомофобијата, расизмот

POLLY Песната Polly е посветена на истоимената 14-годишна девојка која била силувана во 1987. Курт детално ја раскажува приказната за овој грозоморен чин, воспевајќи ја храброста на Polly за нејзиното успешно бегство од силувачот.

итн.

RAPE ME

Блогот Gender Across Borders напиша „Кобејн често се идентификуваше себеси како жена, припадник на расно

За Rape me Курт мораше да се дообјаснува дека ова е „Анти, дозволете да повторам, антисилување песна... против силувањето, која го прикажува

силувањето како криминален чин на насилство и сила, а не сексуална желба. Како таа да кажува, силувај ме, ок, тепај ме. Но никогаш нема да ме убиеш. Ќе го преживеам“. Ова објаснување на Курт се должеше на неправилното интерпретирање дека песната е просилување, пред сè затоа што во САД при еден случај на силување се сметало дека песната била музичка подлога на чинот. Тоа го врати Курт на неговите текстови од омотот на Incestiside, па често ги повторуваше во врска со овој случај – „Тие момци се потрошена сперма и јајца“ или во слободен превод, подобро нивните татковци да ги издркале на камен отколку да учествувале во нивното создавање. „Тешко ми е да прифатам дека такви планктони се дел од нашата публика“.

ВО ЕДНО ИНТЕРВЈУ ЌЕ ИЗЈАВИ: „ПРОБЛЕМ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ КОИ РАБОТАТ НА ТЕМАТА СИЛУВАЊЕ Е ТОА ШТО ТИЕ ПРЕД СЕ` СЕ ОБИДУВААТ ДАГИ НАУЧАТ ЖЕНИТЕ КАКО ДА СЕ ОДБРАНАТ. НО ТОА ШТО Е ВИСТИНСКИ ПОТРЕБНО Е ТИЕ ДА ГИ ЕДУЦИРААТ МАЖИТЕ ДА НЕ СИЛУВААТ. ОДЕТЕ КАЈ ПРИЧИНАТА И ПОЧНЕТЕ ОД ТАМУ“.

Неговите верувања и ставови беа причина за проблемите со Guns and Roses и нивниот вокалист Аксл Роуз кој го нападна Курт нарекувајќи го „пичка“ затоа што не се согласил Нирвана да оди на заедничка турнеја со нив. Кобејн ја оправда својата одлука со изјавата дека не сака да оди на турнеја со човек кој е сексист, расист и хомофоб, реферирајќи на текстовите на повеќе песни меѓу кои и It’s so easy каде Аксл пее: „Turn around bitch, I got a use for you”.

За време на настапот на No On 9 benefit, каде што Нирвана свиреше за поддршка на иницијативата која се бореше против Мерките 9, мерки кои предлагаа анти-хомосексуални закони и кои ја дефинирааа хомосексуалноста како ненормално, погрешно и перверзно однесување кое треба да се спречи, на Курт му пристапило момче кое сугерирало дека неговите односи со Guns and Roses треба да се надминат. На ова Курт рагирал со: „Не, дете , не си во право. Тие луѓе се сексисти и хомофоби, а причината зошто свириме на овој настан е наш мал придонес во борбата против хомофобијата. Аксл е расист, сексист и хомофоб, и едноставно не е воозможно да го почитуваш и него и нас. Жалам што морав да направам ваква поделба, но тоа е нешто што не можеш да го игнорираш.“ Ете таков беше Курт. Сепак, за медиумите поинтересна тема беше кои дроги тој ги употребува отколку неговите ставови. Пишуваа за сѐ, а заборавија на неговиот активизам. Курт Кобејн беше нов архетип на рок -ѕвезда, кој допринесе за феминизмот на повеќе начини. Беше феминист, пеколно лут феминист, секогаш подготвен да се бори за каузата. Тој ја промени музиката засекогаш, а нѐ промени и мене и мојата генерација. Фала ти, Курт.


4

анализа

Анализа на бројот на абортуси во Македонија, спроведена од „Реактор” - истражување во акција.

ЗОШТО НЕМА ПРИЧИНИ ЗА РЕСТРИКТИВЕН ЗАКОН ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТа?

За жал, освен намалување на правата на жените и нарушување на нивната приватност и достоинство, актуелниот закон за прекинување на бременоста ниту се базира на оправдани аргументи за усвоените измени, ниту пак тие промени се насочени кон активности за промоција на одговорно родителство и унапредување на репродуктивното здравје

на мајките.

2008

5387

5324

4000

5078

5000

2009

3000

2010 2011

1897

1701

1720

1980

1736

236

183

146

1000

197

2000 234

Бројот на абортуси континуирано се намалува, како во светот така и во Македонија. Во периодот од 2008 до 2012 бројот на абортуси се намалил за 9.2% (Табела 1). Дополнително, стапката на извршени абортуси во Македонија е мала, споредено со светот и Европа.

6000 5900

Напротив, фактите укажуваат на спротивното:

7000

5601

Со други зборови, измените во законот не се насочени кон превенција на несакан абортус, намалување на стапките на абортус и елиминирање на небезбеден абортус.

2012

0 Број на регистрирани абортуси на сите возрасти

Број на абортуси на возраст помала од 20 години

Број на абортуси на возраст од 35+ години

7000

5324

5078

5601

5000

5387

6000 5900

Број на регистрирани абортуси на сите возрасти

4000 Број на абортуси на возраст помала од 20 години

3000

Број на абортуси на бозраст од 35+ години

183

197

236

1701

1720

1736 234

1000

1897

2000 1980

Така во Македонија стапката на абортус на 1000 жени е 11 во 2012 што е речиси трипати помалку од просекот на светско ниво (28), двапати помалку од просекот на Европа (24), а дури е и значајно пониско од просекот на најразвиените земји (17)

146

Република Македонија во 2013 година донесе нов, порестриктивен закон за прекинување на бременоста. Официјалната причина за изменување на законот беше дека законот е стар и неусогласен со актуелниот здравствен систем: „прекинување на бременоста се врши врз основа на Закон донесен од 1977 година. Бидејќи истиот не е во согласност со денешниот здравствен систем и актуелните методи и принципи на лекување, се предлага донесување на нов закон“ (Причини за донесување на предлог-законот, стр. 3). Дополнително, како последици кои ќе произлезат од предложениот закон беше наведено дека ќе „се изврши усогласување на постапката за прекинување на бременоста со современиот здравствен систем и актуелните методи и принципи на лекување“. (Образложение на предлог-законот, стр. 16) . Меѓутоа, законот воопшто не ги спомнува, ниту модернизира методите и принципи на прекинување на бременоста и во Република Македонија, сè уште се користат најзастарени методи на абортус на јавните и државни клиники. Иако Фондот за здравство не покрива трошоци за извршените интервенции, издаде соопштение за јавноста во кое го поддржа новиот закон давајќи иста аргументација како и министерот, имено дека со законот се острануваат само технички зборови како „организација на здружен труд“ и дека правото на избор останува загарантирано право на жените во Македонија.

2008

2009

2010

2011

2012

0

(Sedgh G et all, (2012). Induced abortion: incidence and trends worldwide from 1995-2008, Lancet). Ако внимателно се разгледаат бројките, може да се види дека повеќе од една третина на абортуси се врши кај жени над 35-годишна возраст, а бројот на абортуси кај жени и девојки под 20 години е мал (под 5%). Оттука, очигледно е дека абортусот е замена за контрацепција во Македонија, во недостиг на сексуално образование и контрацептивни средства достапни во рамките на здравствената заштита и осигурување. Дополнително, стапката на користење на контрацептивни средства е искучително мала. Така само 7% од девојките и 4% од момчињата користат контрацептивни апчиња, споредено со 26% за жени и 17% за момчиња во Европа. (Светска здравствена организација, Health Policy for Children and Adolescence No.5, Europe, Inequalities in Young People’s Health) Стапката на користење кондоми е значително повисока во рамките на европскиот просек за момчиња 81%, а нешто пониско кај девојките 61% (споредено со европскиот просек од 72%). Во таа насока, овозможување совети за

Број на абортуси од 2008 до 2012

2008

2009

2010

2011

2012

Број на регистрирани абортуси на сите

5900

5601

5078

5324

5387

146

234

183

197

236

1980

1736

1720

1701

1897

возрасти Број на абортуси на возраст помала од 20 години Број на абортуси на бозраст од 35+ години

Извор: Институт за јавно здравје, Одговор на барање за слободен пристап до информации доставено од страна на Реактор Истражување во акција

планирање на семејството на жени кои извршиле абортус е клучно. За жал, законот не предвува ваков тип советување и покрај препораките на граѓанските организации и Меѓународната конференција за население и развој на ООН. Конечно, стапката на абортуси не се намалува со нивното правно ограничување. Напротив, стапката на абортуси е повисока во регионите каде што е забранет или значително ограничен. Науката укажува дека бројот на абортуси ефективно се намалува само во земјите каде што контрацептивнитe средства се достапни, а абортусите сигурни и легални. (Глобална студија на Светската здравствена организација и Гутмахер институтот, за повеќе податоци види www.guttmacher.org) Оттука, реформа која ќе вклучува

достапност на контрацептивни средства во рамките на примарната здравствена заштита, единствено може дополнително да ја намали ниската стапка на абортуси во Македонија.

Се` на се,` измените на Законот за прекинување на бременоста од 2013 година ниту се базирани на состојбите во државата, ниту значат усогласување со современите методи на лекување и здравствена заштита.


СВЕТ

5

ПРЕПОРАКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ БЕЗБЕДНА ПРОЦЕДУРА ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА, АБОРТУС СПОРЕД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГНИЗАЦИЈА Даниел Калајџиески - програмски координатор во „ХЕРА”

Клиничка грижа за жените коишто извршиле абортус: Грижа пред извршуваЊе на абортусот Одредување на гестицискиот период е најважен фактор за одредување на најсоодветен метод на извршување на постапката на абортус. Бимануелен пелвичен преглед, абдоменален преглед и препознавање на симптомите на бременост најчесто се доволни. Доколку има потреба, може да се направат дополнителни медицински иследувања, како што се ехо-преглед и други лабараториски тестови. Рутинската употреба на антибиотици при спроведување на хируршки абортус го намалува ризикот од инфекции. Целосните и точни информации, лесни за разбирање, кои се однесуваат на самата процедура и на она што треба да се очекува, секоја жена треба да ги добие за да ѝ помогне при нејзиното донесување одлука и согласност за самата постапка. Информациите во врска со контрацепцијата по спроведуањето на абортусот треба исто така да ѝ се пренесат на жената.

Грижа по спроведуваЊето на абортусот Жената која имала хируршки абортус може да ја напушти установата кога таа се чувствува добро и кога нејзините витални знаци се нормални. Во постапки на хируршки и медикаментозен абортус каде што нема никакви компликации не се потребни последователни прегледи. Доколку жената има потреба од таков преглед, таа може да се врати на контролен преглед 7-14 дена по интревенцијата. Пред заминувањето од установата женета треба да добие информации коишто се поврзани со контрацепција, односно информации за тоа кои методи таа може да ги користи за да превенира идна непланирана ременост. Пред напуштањето на установата жената треба усно и писмено да добие информации за тоа како да се грижи по спроведувањето на постапката. Тоа вклучува: колку обилно крвавење да очекува, како да ги препознае можните компликации и каде да побара помош доколку е потребно.

За бременост во првиот триместар се препорачуваат следните процедури: Mануелна или електрична вакуумска аспирација, за бременост до 12-14 недела. Mедикаментозен абортус, специфично, орално администриран мифепристон, а потоа следува една доза мисопростол, за бременост до 9 недела.

Mедикаментозен абортус, за бременост над 9 недела, орално администриран мифепристон, а потоа следуваат повторени дози мисопростол, а онаму каде што мифепристонот не е достапен, се администрира само мисопростол во повторени дози. Дилатацијата и кертажата се застарени методи и треба да бидат заменети со мануелан или електрична вакуумска аспирација или со медикаментозен абортус.

ЖЕНИТЕ И БИОЛОШКАТА РЕПРОДУКЦИЈА НА НАЦИЈАТА Извадок од книгата „Родот и нацијата“ на авторката Најра Јувал Дејвис, во издание на СИГМАПРЕС, 2001. Превод Драган Јакимовски. Борбата на жените за репродуктивни права лежи во срцето на феминистичките борби уште од зачетокот на самото движење. Правата на жените да изберат дали ќе имаат деца, како, колку и кога ќе имаат, за многу феминисти е основниот „камен темелник“ на феминистичката политика.

Но, повеќето од дискусиите за репродуктивните права на жените, барем до последната деценија, беа концентрирани врз ефектите на постоењето или отсуството на овие права на жените како индивидуи. На пример, се водеа дискусии за тоа какво е влијанието на овие права врз здравјето на жените; како влијаат врз нивната работа и врз шансите да напредуваат; и како влијаат врз нивниот семеен живот. Но, притисоците врз жените да имаат или да немаат деца, честопати, не се вршат врз нив како индивидуи, работници и/или сопруги туку како члениви на специфични национални колективитети. Според некои национални проекти во специфични историски околности, некои или сите жени на возраст што им овозможува да имаат деца ќе бидат повикани, понекогаш поткупени, а понекогаш дури и принудени да имаат повеќе или помалку деца. Трите главни дискурси

кои можат да се применат во овие случаи се: дискурсот „народот како сила“, според кој одржувањето и зголемувањето на популацијата на националниот колективитет се витални за националниот интерес; Малтусовскиот дискурс, кој за разлика од првиот дискурс, смета дека редукцијата на бројот на децата овозможува да се спречи идната национална катастрофа; и еугенистичкиот дискурс, кој е насочен кон подобрување на „квалитетот на националната лоза“ со охрабрување на оние кои се „соодветни“ во поглед на потеклото и класата да имаат повеќе деца и обесхрабрување на другите во тоа.

Овие политики, како што покажаа вжештените дискусии, пред и во текот на Конференцијата на Обединетите Нации, посветена на популационите и развојните политики, којашто во 1994 година се одржа во Каиро, се во центарот на повеќето современи политики и на Северот и на Југот. Секои дискусии за репродуктивните права на жените кои не ја земаат предвид оваа национална димензија се во сериозна загуба. Во исто време пак, секоја дискусија за националните (и интернационалните) политики коишто се однесуваат на развојот, економијата, благосостојбата итн., ќе биде во загуба ако не го земе предвид родовиот карактер на популационите политики.

Како централна димензија на овие политики, обично, во поголем или помал обем, се јавува грижата за „генетскиот влог“ на нацијата. Националистичките проекти кои се фокусираат на генеалогијата и потеклото, како главни организирачки принципи на националниот колективитет, покажуваат склоност кон поголема исклучивост од другите националисктички проекти. Само со тоа што ќе се роди во некој колективитет, индивидуата може да биде нејзин полноправен член.

СПОРЕД ТОА, КОНТРОЛАТА НА БРАКОТ, РАЗМНОЖУВАЊЕТО, А ТОА ЗНАЧИ НА СЕКСУАЛНОСТА, БИ ЗАЗЕМАЛА ВИСОКО МЕСТО НА НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА АГЕНДА. А кога на идејата за заедничкиот генетски влог ќе се додадат конструкциите за „расата“, централното место во националистичкиот дискурс го зазема стравот од мелезење. Доведен до крајност, овој страв го вклучува „правилото на една капка“ (Davis, 1993), кое наложува дека дури и „една капка крв“ од припадник на „инфериорната раса“ е доволна да ја „загади“ и „извалка“ крвта на „супериорната раса“.


Култура 6

Филм: Here I Am (2011) Австралија. Сценарио и режија: Бек Кол. Играат: Шаи Питман, Брус Картер, Квинаиха Скот, Полин Вајмен, Марша Ленгтон, Ванеса Ворал.

Пишува: Елена Димитровска

Австралискиот филм Here I Am е одек на траумите кои ги преживуваат the Stolen Generations, со јасна порака за младата генерација Абориџини самите да се соочат и да ги променат наметнатата отфрленост, неприпадност, дискриминацијата, одродувањето со семејството, зазорноста која ја предизвикуваат кај мнозинството во средината. Филмот по премиерата на Adelaide Film Festival учествува и на филмскиот фестивал во Монтреал, каде што режисерката и сценаристка Бек Кол е номинирана за наградата Golden Zenith.

Here I Am e семејна драма за Карен (Питман), бивша нарко-зависничка, која излегува од затвор и се обидува да се помири со својата мајка и се бори за правото да ја одгледува тригодишната ќерка. Филм за мајчинството и три генерации жени кои во својата абориџинска средина решаваат да се соочат со минатото и проблемите, да преземат одговорност за своите постапки и да го остварат своето право да бидат родители. Во една култура со амнезија, каква што е австралиската, филмот мора да ја раскаже интимната за да предизвика, барем мал потрес врз колективната историја.

Here I Am се анализира преку теоријата на Јулија Кристева во интерпретирањето и редефинирањето на феноменот на женското низ призма на т.н. едиповски револт, идентитетот на женското, и секако, двојната функција која ја има мајчиното тело, како место на примарна репресија од каде што потекнува турбулентната психа на поединецот. Клучната теза на Кристева за мајчинството гласи дека тоа означува повторно обединување на женатамајка со телото на нејзината сопствена мајка. Всушност, за Кристева релацијата кон абјектот е вкоренета во борбата со сопствената мајка

кое секое суштество ја носи во себе. Женското, мајчиното тело е мешавина, место каде што се раѓа животот и истовремено започнува смртта. Женското тело е абјектно – двосмислено, амбивалентно, доаѓа од еден меѓупростор. Оттука, Карен бара помирување со мајка си (со мајчиното тело), но и помирување, односно обединување со ќерка си (животот од нејзиното тело).

Зазорноста е поврзана со женскоста, жената се идентификува со нечистото. Кристева зазорноста ја става на границата каде што во патријархалното општество се наоѓа жената со своите гениталии. Моќта на жената како мајка, како субјект кој создава, креира нов живот претставува опасност. Мајчинството и мајчиното тело како привилегија (или казна) на жената, како и абјектноста, имаат двојна функција – почеток и крај, премин кон смртта и е серија од процеси надвор од контролата на субјектот. Мајчиното тело се преципира како недостаточно, парцијално, како тело со грешки. Во овој случај, телото на Карен (и телото на нејзината мајка Лоис) покрај зазорноста од мајчинството, предизвикува зазорност поради припадноста кон една поинаква заедница, припадноста кон Другиот, темнокожиот, презрениот абориџински субјект од страна на белиот човек.

Абориџинската (абјектна) уметност и кинематографија се создава токму во меѓупросторот на потрагата по правото на идентитет и правото на родителство, a овие карактеристики треба да останат во фокусот на абориџинските филмаџии како правец во кој би се движела филмската продукција, како уникатна меѓу далеку поразвиените во Европа, САД и Азија.

поезија:

КНИГА:

Страданијата на една матка

Girls to the Front: The True Story of the Riot Grrrl Revolution

Калиа Димитрова

Sara Marcus – Сара Маркус Фанзини, панк, политички активизам, борба за еднаквост, приказна за еманципација и добра музика која одекнува и ден-денес. Girls to the Front ја раскажува приказната на Riot Grrrl – феминистичкото панк востание кое експлодира во очите на американската (а потоа и европската) јавност во деведесеттите, засекогаш менувајќи го aмериканскиот полов контекст/слика (landscape). Динамична хроника на феминистичкото движење, Girls to the Front е одлична колекција приказни, раскажани од прва рака, за група изнервирани девојки без трпение кон сексизмот и без намера да молчат.

Страданијата на една матка Клетва вечна од утроба ме удри, мугри свежи, од сон срипав, се опипав од глава до пети -се сетив дури тогаш дека жена сум, не дете. Гете да бев, ќе кажев, за страданијата на една матка,

Авторката успешно ги комбинира истражувачкиот новинарски стил, интервјуата и личните сеќавања за од прв ред да ни ги долови спомените на движењето Riot Grrrl, кое е и ден-денес присутно во феминистичките струи.

алатка за премоќ стана, домот на иднината. Вистината е - од фактот што ја имам тахикардија добив,

Препорачуваме!

родив сто стиха, уште кога не знаев за што служи, здружив сили, да можам барем слобода да ѝ ветам. Претам секоја ноќ од страв, нервоза (доза доволна среќа) и гордост луда, се чудам на сопствената моќ и сила. Гнила е секоја буква што би рекла друго -туѓи ми се стравот и плачливиот глас; Јас човек сум! (не поле за жетва).

издавач: Матка - платформа за слободен пристап до легален абортус уреднички тим: Благица Петрова, Кристина Леловац, Наташа Ѓеорѓиевска лектор: Кристина Велевска

редакција: Борјана Мојсовска, Благица Петрова, Ирена Цветковиќ, Искра Гешоска, Наташа Ѓорѓиевска, Јана Старделова, Јана Коцевска, Марија Матовска Печати Печатница Серафимовски тираж: 1250 примероци


забава

7

квиз:

Дали си вистинска жена? 1.

Пандишпан за во 28-ца тепсија се подготвува со матење на:

2.

а) 6 јајца б) 3 јајца в) без јајца

4.

Претсмртните зборови на Калеш Анѓа се: Главата ќе ја дадам амa...

Дамките од вашите алишта ги отстранувате со помош на:?

5.

Жената никогаш:

а) не може сама да донесува одлуки б) не може да биде добар возач в) не прди

Во која песна се пронаоѓате?

Сакате да ја истакнете вашата женственост. Што правите?

6.

Во која од македонските народни поговорки се пронаоѓате?

а) мажот не го менувам б) вешот не го менувам в) со сликички не се менувам

8.

Вашиот партнер ви е многу лут. Вие :

11.

Секоја жена треба:

а) Биљана б) Ариел в) Снежана

10.

3.

а) контрапротест б) контраудар в) контрацепција

а) мажот не го менувам б) вешот не го менувам в) со сликички не се менувам

7.

Се враќате дома доцна навечер и спонтано собрана група момци ви приоѓа со намера да ве вознемирува. За која безбедносна мерка ќе се одлучите?

а) пристапувате кон кажување на мајка му б) играте ризик или монопол в) играте не лути се човече

а) сите девојчиња мамо се мажија б) не се пронаоѓам в) по друм одам мајко , по друм шетам

а) Жена што шета по комшии дома здрава не си оди б) Жена и змија едно се в) Женцките ѓаолштиње и ѓаоло не и знаи сите

9.

Во слободно време најчесто:

а) везете гоблени б) мислите со своја глава в) немате слободно време

а) да има три деца б) да има некакви си права в) да има избор

A Б В

Најмногу одговори под:

Ти си права македонска жена, те бие добар глас и зрачиш со домаќински стас. Во дворот черешна си гледала, секој ден по три пати си ја полевала. С'к се черешна од корен корнеше, а ти се моме од мајка делеше. Досега си мајка слушала, отсега ќе слушаш свекрва. Секој петок грав ќе вариш и куќата ќе ја мариш.

Не се седи на два стола , да не шеташ пиштол гола. На прагот стоиш и денови броиш, принцот со коњ да пројде и кај тебе да дојде. Принцови тука моме нема, фаќај си нова шема. Ти се плашиш времето ти тече ама пази после некој да не рече: „Женила се мома, да не седе дома“.

стрип: Како се калеше нацијата илустрација: Марјан Димиќ

Домаќинлукот не ви оди од рака ама затоа пак животот ве сака. Можеби не знаете да моткате сарми ама знаете каде сармите се најдобро смоткани. Вие ја развивате интелектуалната сфера и затоа ви претстои блескава кариера. Сите девојчиња моме се мажија, а од тебе мори моме абер да се немало.


8


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.