pod-nulata-katalog-izlozba-viktorija-dimeska

Page 1



НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“ - ПРИЛЕП

ПОД НУЛАТА

ГРУПНА ИЗЛОЖБА НА АКАДЕМСКИ УМЕТНИЦИ

ПРИЛЕП, 2023


Издавач: м-р Викторија Димеска За издавачот: м-р Викторија Димеска Организација: Бојана Артиновска, м-р Викторија Димеска Автор на текст: м-р Викторија Димеска Уредник: м-р Викторија Димеска Дигитална обработка и визуализација: м-р Викторија Димеска Дизајн на корица: Александар Стевананџија Фотографија: ДООЕЛ ФАН ПРОДУКЦИЈА 2004 ПРИЛЕП Печати: КИТО ДОО Тираж: 100 примероци Изложбата беше одржана во Ликовна Галерија при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп, од 17 - 30 ноември, 2023 година Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија Декември, 2023 година Прилеп, Република Северна Македонија

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 7.036/038(497.7)(06.064) ПОД нулата : групна изложба на академски уметници / [автор на текст Викторија Димеска]. - Прилеп : В. Димеска, 2023. - 18 стр. : фотографии ; 20 х 20 см Уметници учесници: Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христијан Нашуловски и Христина Мазнеска ISBN 978-608-67163-0-1 1. Јовеска, Анита [уметник] 2. Атанасоски, Атанас [уметник] 3. Артиновска, Бојана [уметник] 4. Димеска, Викторија [уметник] [автор на придружен текст] [уредник] 5. Атанасоски, Давид [уметник] 6. Талески, Дарко [уметник] 7. Димоска Николоска, Елена [уметник] 8. Ралева Миладиновски, Маја [уметник] 9. Стојаноски, Марјан [уметник] 10. Исков, Методи [уметник] 11. Јовески, Филип [уметник] 12. Перески, Филип [уметник] 13. Нашуловски, Христијан [уметник] 14. Мазнеска, Христина [уметник] а) Современа уметност -- Македонија -- Изложби COBISS.MK-ID 62712837


„ПОД НУЛАТА“ претставува мултимедијален проект во кој учествуваат група ликовни уметници кои ги истражуваа проблемите и решенијата поврзани со глобалното затоплување: Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска Николоска, Маја РалеваМиладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христијан Нашуловски и Христина Мазнеска. Целите на проектот „ПОД НУЛАТА“ се надоврзуваат на естетските вредности на возвишеноста вградени во романтичарската идеја која настанала во XIX век во филозофијата и уметноста. Имено, во проектот се обединуваат восхитот кон грандиозноста и мистериозноста на природата со современите концепти за одржлив развој и заштита на животната средина од глобалното затоплување. Каспар Давид Фридрих, својата визија за возвишеното во природата визуелно ја транспонирал преку пејзажи обвиени со таинствена светлина и природни предели со големи размери. Додека, акварелите на Вилијам Тарнер ја одразуваат неговата восхитеност од моќните сили на природата и постојаните промени на светлината. Според рускиот естетичар Јуриј Борев: „Возвишеното е објективно естетско својство, својствено за предметите и појавите коишто поседуваат широко општествено значење, вршат влијание на животот за цели народи или целото општество“.

1


Загадувањето на животната средина претставува секојдневна реалност. Распространувањето на свесноста за заштита на севкупната биосфера треба да постане приоритет. Човекот со своите активности: исцрпување на природните резерви, натрупување разен отпад и загадување, предизвикува сериозни промени и проблеми во природата. Земјата претставува отворен систем кој е во постојана размена на материјата и енергијата. Животните средини (водна и копнена) имаат разни физичко-хемиски особини коишто го условуваат развитокот на животните заедници. Опстанокот на разновидните растенија и животни кои ги сочинуваат овие животни средини се темели врз нивната заемна поврзаност. Со помош на науката и технологијата човекот успеал да оствари надмоќ во природата, но, поттикнал синџир на неповолни тенденции непочитувајќи ги елементарните природни законитости: осиромашување на производствените природни сили, механичка промена на теренот на сите континенти, појава на многубројни депонии за отпад и уништување на животните средини. Во биосферата се потиснувани и разградувани бројни природни сложени екосистеми, а се заменуваат со вештачки, поедноставни и понеотпорни екосистеми кои можат да се одржат само додека ги надгледува човекот. Светскиот океан е премногу загаден за да може да ја врши својата витална функција, како резултат на обемните активности на човекот: нафтени дамки, испуштени течни хемикалии од фабриките и радиоактивен отпад во железни

2


буриња, милиони тони цврст комунален отпад. Животот на планетата Земја настанал и еволуирал под влијание на одредени услови, затоа е потребно човекот активно да ги подобрува нарушените односи со природата и да ја заштитува животната средина. Уметниците/учесници на проектот со помош на многубројни цртачки и сликарски традиционални, комбинирани и експериментални техники, како и применетите нови практики во скулптурата (инсталациии, слика-објект или реди-мејд), пренесуваат моќна визуелна порака: „ГРИЖИ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ ДЕНЕС, ЗА БЕЗГРИЖНА И ЧИСТА ИДНИНА!!!“ Носител на проект и автор на текст: м-р Викторија Димеска

3


1. АНИТА ЈОВЕСКА, „SAINTIST/ SAINT+SCIENTIST“, акрил на платно, 50х70 cm, 2023.

4


2. АТАНАС АТАНАСОСКИ, „КОСМИЧКА ФАСЦИНАЦИЈА“, инсталација, 2023.

5


3. БОЈАНА АРТИНОВСКА, „ВЕЧНИОТ МРАЗ I“, акрил на платно, 50х70 cm, 2023.

6


4. БОЈАНА АРТИНОВСКА, „ВЕЧНИОТ МРАЗ II“, акрил на платно, 50х70 cm, 2023.

7


5. ВИКТОРИЈА ДИМЕСКА, „ИСПРЕПЛЕТЕНИ/ INTERTWINED“, цртеж, 2023.

8


6. ДАВИД АТАНАСОСКИ, „РЕЦИКЛИРАНИ ОБЈЕКТИ“, слика-објект, 2023. 9


7. ДАРКО ТАЛЕСКИ, „-18-“, видео анимација, 2023.

10


8. ЕЛЕНА ДИМОСКА НИКОЛОСКА, „ЦВРСТИ СЕ САМО АКО Е СТУДЕНО/ THEY GET SOFT WHEN HEATED. YOU PREFER THEM HARD!!!”, диптих, акрил на платно, 40х40 cm, 2023. 11


9. МАЈА РАЛЕВА-МИЛАДИНОВСКИ, „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“, ѕидна инсталација, 2023. 12


10. МАРЈАН СТОЈАНОСКИ, „UPRISING“, инсталација, 2023

13


11. МЕТОДИ ИСКОВ, „ФОСИЛНИ СЕЌАВАЊА“, реди-мејд, 2023.

14


12. ФИЛИП ЈОВЕСКИ, „ЗА ДОБАР ЖИВОТ!!!“, масло на платно, 50х70 cm, 2023.

15


13. ФИЛИП ПЕРЕСКИ, „SOCIAL MEDIA MARKETING“, дигитална фотографија, 50х70 cm, 2023. 16


14. ХРИСТИЈАН НАШУЛОВСКИ, „AFTER ALL“, текстилна инсталација, 2023.

17


15. ХРИСТИНА МАЗНЕСКА, „ИЗБЕЛУВАЊЕ НА КОРАЛИТЕ 1 и 2“, комбинирана техника, 2023. 18




Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.