Фељтон за veritas.mk

Page 1

9/2/2020

Фељтон дел први: Нанотехнологија во Римски стил | VERITAS

Барај

дома Колумна Фељтон дел први: Нанотехнологија во Римски стил Колумна

Фељтон дел први: Нанотехнологија во Римски стил 17/05/2020 13:03 115 0 АКЦИЈА Facebook Twitter

Долго време Константин мудруваше и се бореше за конечно да успее да ја згасне нескротливата жед на разноразните збогатени војсководци и генерали, кои претендираа да ја водат. Империјата без никаква ревност и преданост. Успеа тој во својата мисија, успеа поради тоа што својата енергија и почит ја добиваше од своите луѓе, за кои тој работеше и наредуваше унапредување на работничкиот живот. Колонија Агрипина (Келн) беше местото каде што идеализмот тој беше решен да го створи. Најпрвин мост преку реката Рајна, потоа бањите, форумот, новиот аквадукт, работилниците; сите тие на https://veritas.mk/2020/05/17/фељтон-дел-први-нанотехнологија-во-ри/13/03/?fbclid=IwAR0gZmkRQ9RukTPoAZvT7AQr9OtsKl9ADbGpQ7OZ…

3/7


9/2/2020

Фељтон дел први: Нанотехнологија во Римски стил | VERITAS

извонредно поплочените кардо и декуманус. За да биде права колонија тој требаше да ја издигне до ранг скоро еднаков на Рим, не само во урбанизацијата туку и културата и уметностите, економијата и правдата. Следниот му чекор беше да ги собере најдобрите претенденти од разни занаети и да им даде шанса да се докажат во она што го тврдат; да покажат дека заслужуваат мецени од највисок можен ранг. Касус Магнус јава на својот памучно бел коњ како дел од свитата на новиот император, која има за цел да го заживее северот и да му вдахне нов живот, живот урбан и цивилизиран. Пред само два дена тој ја замени својата тога пура за кристално белата тога кандида како дел од патот за сонот да си го исполни. И тој како и војните, скоро две децении неуморно одеше од една во друга стакларска работилница во Рим; работеше, учеше, напредуваше, но ретко кога неговите идеи и замисли беа послушани. Сепак се уште беше во ранг на помошник, се уште немаше простор да го покаже своето знаење стекнато од книгите со геолошка и хемиска тематика. Но, сега беше избран тоа и да го докаже, да докаже дека ќе изработи чаша која ќе му овозможи место во книгите. Заедно со уште троица избрани дијатретарии започнаа да произведуваат во новата царска стакларска работилница на северот. Искусни беа тие за да произведат од најлуксузните чаши во оков (cage cup, исто и дијатрета), симболот на престиж, за кои провинциските богаташи, трговци, цариници плаќаа исклучиво во злато и без ценкање. Но, тој не дојде тука заради тоа. Нему му треба стакло кое ќе предизвика револуција, кое ќе иницира нови трендови и кое ќе го запрепасти и самиот Император.

Деновите поминуваа заминуваа, поминуваше и по петнаесет часа во работилницата каде печките работеа на температури и до 1300℃, беше посветен дотолку што забораваше и вода да се напие, да беше сам би дехидрирал. Неговите помошници му даваа чаша вода согледувајќи дека мајсторот ја беше изгубил врската со околината. На почетокот, се чекаше Касус да соопшти дека е време за ручек-пауза, малку да се вдиши од свежиот воздух и да се промуабети за не-стакларски теми. Но, набргу тоа се промени. Еднаш кога речиси два часа од предвиденото чекаа од мајсторот да ја слушнат фразата „Ви ѕвони ли во стомакот?“, Пуло, најискусниот режач на стакло и тутор на другите двајца, се окуражи и со дотогаш за него непозната храброст ја изрече мајсторовата фраза. А тој пак, задлабочен во хемиските комбинации и супстанции си направи филм дека некој со потсмев го имитира. Полека станувајќи од триножникот, небаре се скаменил од долгото седење, секундите ги користеше за да одлучи како да се постави спрема таквата доблест на неговиот помошник. Одлучувачки беа флеш-сликите кои му се појавуваа од однесувањето на римските мајстори, нивните прекори и укори. „Пуло, отсега тоа е твоја должност“ изусти искривувајќи ја хоризонталната линија на своите усни. Потпрен на перниче во полу-лежечка положба ужива во гоштевањето додека некој авлетист ги забавува со музика него и неговото семејство во триклиниумот. Сите уживаа во пролетниот сончев ден. Конечно дождот ќе паѓа поретко, кожата ќе започне да им се храни од сончевите зраци, децата повеќе ќе се играат во атриумот. Но повторно, Касус физички е тука, а со своите мисли некаде далеку ама блиску до својата цел. Веќе ја гледаше. Баш во тој момент го најде она што му е потребно за да го вивне до пиедесталот на римското стакларство. Погледот му е цементиран во малата фонтана, чија вода се преливаше од сино кон портокалово како што некое од децата ќе се удреше од неа. Се што му требаше нему сега е таа вода да стане стакло и од него да изработи чаша. Како исфрлен од катапулт изрипи од лежалката и трчајќи се упати кон работилницата. Знаеше дека му е потребна некоја сјајно жолта супстанца која ќе ја додаде како манипулатор на боите на чашата. Да, една чаша и две бои, но сепак еден слој стакло, а не како на дијатретите со две бои и со два слоја. Утрината помошниците го најдоа заспан со главата врз книгите, со рацете виснати надолу, со усни исушени од сувиот воздух. Им раскажа тој дека стигнале до целта, но им треба злато. Наскоро продолжение во втор дел од фељтон Автор: Владимир Јовановски Авторот е археолог и турколог https://veritas.mk/2020/05/17/фељтон-дел-први-нанотехнологија-во-ри/13/03/?fbclid=IwAR0gZmkRQ9RukTPoAZvT7AQr9OtsKl9ADbGpQ7OZ…

4/7


9/2/2020

Фељтон дел втори: Нанотехнологија во Римски стил | VERITAS

Барај

дома Колумна Фељтон дел втори: Нанотехнологија во Римски стил Колумна

Фељтон дел втори: Нанотехнологија во Римски стил 18/05/2020 08:51 51 0 АКЦИЈА Facebook Twitter

Во замена за две чаши со оков царскиот металург се согласи да му спреми од најфиното злато и сребро, истолчени на честички од 70 нанометри, до степен на непрепознавање дека таа прашина всушност е составена од најскапото нешто на светот. И сето тоа само за да се обиде, за да види каков резултат ќе добие. Задолжувањето беше незамисливо, дури можеби и казниво доколку се слушне во Рим. Но, сепак според него целта ги оправдува средствата. На помошниците им нареди да спремат кобалтна стаклена паста со префинето прочистување и да ја одржуваат истата на константна температура од https://veritas.mk/2020/05/18/фељтон-дел-втори-нанотехнологија-во-р/08/51/?fbclid=IwAR1IrVgYM1z8361Ajf8FrWbUiZV2QTChL6_P_37JvKJ…

3/7


9/2/2020

Фељтон дел втори: Нанотехнологија во Римски стил | VERITAS

1500℃, нешто што нѝ самите тие го немале направено. Касус за истото тоа време, левата рака ја држеше над ковчежето со бесценетата прашина, со десната прелистуваше по античките јунаци барајќи инспирација за мотивот кој ќе го претстави на револуционерната чаша. Падна одлуката да го претстави Кралот Ликург, кој еднаш се дрзна да му се спротивстави на Дионис и секако беше казнет за тоа. Тој се восхитуваше на таквите ликови, веруваше дека ликови кои изобилуваат со храброст и доблест ќе го променат светот, дури и ако тоа го постигнале со страдање, бидејќи ако јас не страдам, ако ти не страдаш, ако ние не страдаме тогаш како на виделина црнилата ќе излезат. Дојде и тој час, кога синото небо доби пурпурно црвена боја, часот кога мајсторот одлучно се дрзна тоа да го преслика и преку својот занает, својот интелект, својот артистички допир и бестрашен нарав. Неколку часа подоцна ќе дознае дали животот ќе му биде покајание поради средствата потрошени или ќе облече тога трабеа која ќе му биде како награда заради наследствата усовршени. Чекајќи ја чашата да се излади, симболично седнаа да јадат вечера, која побргу се ладеше отколку што тие јадеа.

Јадењето од царската кујна мирисаше заносно од ориенталните зачини, но залчињата никако не проаѓаа од кнедлите кои им стоеја во грлата. Атмосферата беше напната, иако се зборуваше за посетата на императорот што ќе уследи по нивниот неприкосновен успех. А успехот? Успехот беше неизбежен. По четврт век вложен труд да истражи нови дострели, да се стреми надолу, да потоне, да бара во длабочините ништо друго не остана освен да ужива во плодот. По вечерата помошниците заспаа, што од уморот, што од виното кое полека ги лапна. Но за Касус, спиењето некој требаше да го измисли и да му го даде. Со хируршка посветеност ја зема смарагдно зелената чаша и со стресени раце ја однесе до својата маса. Запали една мала свеќа и ја стави внатре во чашата. За верување или не, во тој миг чашата ја промени бојата во рубин црвена. Како челик цврсто стегнатите тупаници ги крена во воздухот и се почувствува како да лебди, како да се издигнува над овоземниот свет. Знаеше што беше постигнал! Касус Магнус е заслужено голем. Утрината излегоа на Сонцето, мајсторот требаше да им ја даде животната лекција на помошниците. Левата страна на чашата беше кон Сонцето, а десната под сенка во закрила на Касус. На левата страна го повика Пуло, на десната другите двајца помошници. Ги праша за бојата на чашата. Пуло: „Зелена“; двајцата во хор: „Црвена!“ Сите се гледаа со неверување, помошниците се вртеа околу чашата, те на левата, те на десната страна, се прашуваа да не е некоја измама. Отидоа под чешмата да се измијат. Пак погледнаа, пак истиот ефект. Целите беа како потопени, од миење, од потење, од солзи, од стравопочитта кон мајсторот. Најверојатно пионерот на нанотехнологијата. Годината беше 1990, кога конечно англиските научници ја одгатнаа оваа дихроматична мистерија користејќи електро-аналитичен микроскоп. Потребни беа 1600 години. Автор: Владимир Јовановски Авторот е археолог и турколог ТАГОВИ Владимир Јовановски втор дел фељтон АКЦИЈА Facebook Twitter Like 0 Tweet

претходниот член,Плажите низ Европа преполни со луѓе https://veritas.mk/2020/05/18/фељтон-дел-втори-нанотехнологија-во-р/08/51/?fbclid=IwAR1IrVgYM1z8361Ajf8FrWbUiZV2QTChL6_P_37JvKJ…

4/7


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.