Vox Academica 1

Page 1

февруари 2011 /број 1 самостојно издание/бесплатен примерок Гласник на академската јавност

ica m e d a c A x o V о т Зош

?

Идејата за Vox Academica се роди одеднаш, во екот на жестокото насилство врз универзитетската автономија, незапаметено во историјата на слободна Македонија. Vox Academica е гласник на сите слободномислечки и бескомпромисни членови на универзитетската заедница, глас кој конечно мораше да се чуе токму во миговите на целосното помрачување на слободната, критичка и креативна академска мисла.

Што е Автономија на Универзитет? Како се убиваше Автономијата? Кратка хронологија на настаните Анализи и коментари Најнови вести

Што е Автономија на Универзитет?

А

втономијата подразбира слобода и право на Универзитетот самиот да одлучува, врз основа на академските принципи: кој треба да предава и истражува, како треба да се предава, кој треба да студира и според кои критериуми.

Уставно загарантираното право на Универзитетот на Автономија има скоро милениумска традиција во Европа. Оттука традиционалната вокација и целосниот потенцијал на Универзитетот во 21 век, освен независното истражување и слободното унапредувење на знаењата вклучува, негов стабилен придонес во развојот на општеството и неговите базични демократски вредности.

Автономијата е клучна за развојот на едно општество втемелено на знаење. Академското знаење се унапредува Социјалната и културната одговорност на Универзитетот единствено и само со критичко и креативно мислење, а не значи многу повеќе од едноставен одговор на итните со охрабрување и поддржување на востановените догми. барања на општеството и потребите на пазарот, колку и да се тие важни. Таа подразбира партнерски однос Во согласност со принципите на Magna Carta Universitatum во дефинирањето на Знаењата за општеството и – институционалната Автономија на Универзитетот имплицира дека Универзитетот треба да продолжи да мора да биде манифестација на независната работи со долгорочна стратегија и да придонесува во посветеност на суштинската културна и општествена решавање на фундаменталните проблеми на општеството. мисија на Универзитетот. Целта на академската мисија е да се одговори на барањата и потребите на современите општества и таа, единствено може да се исполни ако Универзитетот е морално и интелектуално независен од политичките и религиските авторитети и од оние што ја создаваат и контролираат економската моќ.

Историјата докажала дека повредите на академската слобода како основно начело на универзитетската автономија СЕКОГАШ доведуват до интелектуална зачмаеност и консекветно, до социјално и економско уназадување на општеството.

1


Како се убиваше автономијата: потсетник од ПОВИКОТ на Иницијативниот Одбор

1С 2 3 4 5

о донесување одлуки од страна на Владата за формирање на факултети без согласност на УКИМ и најава за растурање на УКИМ на 5 нови универзитети. Се сведоа под дозволениот ми­ нимум вработувањата на млади кадри поради што Универзитетот не може да обезбеди подмладок за настава и наука. Со непочитување на заклучоците на Ректорската управа и Универзитетскиот сенат; со целосно игнорирање на улогата и значењето на легитимно избраните универзитетски органи и тела. Законските измени се правеа за време на летните и зимските распусти, за да се избегнат консултациите со официјални претставници од Универзитетот и за да се игнорира ставот на академската јавност. Не се формираше независен Совет за фининсирање на ���������� високо­ то образование и со узурпирање на неговата улога од страна на Владата и Министерството за образование и наука, што е спротивно на законот и Уставот. Се наметнуваат бројни дисперзи­ рани студии со кои се девалвира квалитетот на високото образо­ вание.

Уште во октомври 2010г. проф. Људмил Спасов, предупредувајќи на растечката тенденција за минимизирање на универзитетската автономија меѓу останатото укажа и на следново: „Со постепено укинување на финансиската автономија на државните универзитети, нивните средства се ставени под директна контрола во рамките на трезорските сметки што значи дека средства можат да добијат само подобните, односно благонадежните универзитети, односно факултети; универзитетските работници

се поставија во рамката јавна администрација што значи дека му се потчинети во секој поглед на соодветното министерство, па не можат самостојно да вработуваат подмладок“. („Глобус“, октомври 2010). Проф. Никола Петров: „Никогаш не се случило за две години да има шест измени на еден ист закон. Ако ги вброиме и двете измени од претходно, тоа се вкупно осум интервенции во ЗВО. Посебно што во нив не учествувале универзитетски професори со свои сугестии. Дополнително е тоа што со ваквите чести измени не се остава времето да ги покаже позитивните и негативните аспекти врз основа на кои всушност, треба да се прават измени. Никогаш не се случило Министерството за образование и наука да изигрува слободен стрелец (...)“. („Фокус“, 28.01.2011). Како Министерот Тодоров ја разбира Автономијата? „Од владата добив задача да подготвам мерки и законски измени кои ќе бидат во правец на подобрување на состојбите (...) ако Универзитетите немаат сила да постават повисоки стандарди, тогаш мора овие стандарди да им се постават однадвор“ („Вест“, 23 Јануари 2011). „Некои од мерките се базираат на мерки коишто биле преземани во минатото кога се губела самосвесноста на институциите, или кога сме доаѓале во ситуација да нема напредок во определени сегменти (...) секогаш кога се намалува самосвеста државата мора да реагира...“. („Публика“, „Дневник“, 01.01. 2011). Што кажа Министерот, а што (не)направи? • „Во образованието никогаш не треба да се оди со решенија

коишто на сила наметнуваат каква било промена. Образованието е многу сензитивна област која што така и треба да биде третирана (...) сметам дека е добро да дискутираме за тоа (за екстерната евалуација) за да не биде повторно дека се наметнува решение и дека би предизвикало проблем при функционирањето на универзитетите. („Публика“, „Дневник“, 01.01. 2011). Без КОМЕНТАР! • „Со големо задоволство ќе ја прифатам поканата да при­сус­тву­ вам на сенатот и на сенаторите да им ги образложам сите измени, затоа што сум цврсто убеден дека сите измени се во функција на подобрување на квалитетот и нема ниту една во одредбите што ќе предизвика проблеми, колапс или нарушување на автономијата на универзитетот (...) “. („Време“, 01.02.2011). Министерот не се појави на ниту една седница на Сенатот на УКИМ. • Рекламирањето на измените на ЗВО пред да бидат усвоени е можност за информирање на граѓаните и за поширока јавна дебата. Тоа е врвна демократска придобивка и секое нејзино критикување доаѓа од оние што се авторитарно ориентирани и не се научени за дебатирање по одредени прашања“. („Дневник“, 01.02.2011). Ако правењето реклами (т.е. агресивната пропаганда) е врвна демократска придобивка, тогаш Вардар се влева во Црното, а не во Белото Море ! Ако критиката и критичкото мислење се особина на авторитарно ориетирани луѓе, тогаш јавната дебата е недемократска придобивка!

Уредувачки одбор: Професори на УКИМ, членови на Иницијативниот Одбор за заштита на уставното начело на автономија на Универзитетот: Мимоза Ристова; Маја Бојаџиевска; Билјана Секуловска Габер; Слободан Унковски; Татјана Миткова; Љубица Георгиевска Исмаил; Драган Колчаковски; Ирена Стефоска; Зоран Т. Поповски тираж: 3000 примероци; e-mail: vox.academica2011@gmail.com

2


Кратка хронологија на настаниТЕ

Автономија на УКИМ без КОМПРОМИС

Датум: 12.01.2011 (Шпиц, Вест,) „Ректорската управа на УКИМ бара да се повлече понудениот предлогзакон за високо образование. Оваа одлука едногласно беше изгласана на вонредната седница на универзитетската управа на која единствена точка на дневниот ред беше предлогзаконот...“. «Ректорската управа предлага најнапред да се донесе стратегија, односно Програма за остварување и развој на високообразовната дејност во Македонија за периодот 2011 2021 година, а потоа да се пристапи кон донесување закон за високото образование, со кој целокупната проблематика во високото образование би се нормирала», стои во соопштението кое го испрати Ректоратот на Скопскиот универзитет. Деканите од Скопскиот универзитет бараат да бидат вклучени претставници од сите универзитети во подготвување на Стратегијата и измените на Законот за високото образование“.

„Сенатот на УКИМ на 14.01, на вонредна седница донесува едногласен заклучок да бидат повлечени предложените измени на ЗВО“, („Нова Македонија“, 15-16.01. 2011). Претставници на академската заедница на УКИМ по сите овие случувања, на 25.01. 2011 упатија: ПОВИК до сите членови на академската заедница при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ На 27 јануари 2011 година (четврток) во 13.30 часот пред споменикот на патроните на нашиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи мирен собир за заштита на уставното начело на автономија на универзитетот

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

„Утрински весник“ објави: По 14 години, професорите на протест „Идејата е да ја предупредат власта да прекине со неодржливите законски измени и со посегањето по автономијата“. („Утрински весник“, 25. 01. 2011). „Вест“ објави: Стојковски: Протестот е контрапродуктивен „Сите професори се наши професори, но крајно е лошо и непопуларно во услови кога функционираат сите легитимни органи на Универзитетот, да се применуваат други вонинституционални методи на реакција. Во оваа ситуација сметам дека е сосема контрапродуктивен ваквиот начин на реакција,и затоа апелираме универзитетските професори и студентите да го задржат нивниот дигнитет, дигнитетот на академската заедница и на високото образование...“. („Вест“, 27.01. 2011).

3


Следејќи ја востановената практика во светот, студентите да протестираат против професорите, особено кога тие се дрзнуваат да бранат принципи, Студентскиот парламент при УКИМ ги повика студентите да`протестираат истиот ден, на истото место. „Утрински весник“: Професори и студенти ќе се „соочат“ пред споменикот „Во временски интервал од околу еден и пол час, денес дел од професорите и студентите на Скопскиот униИницијативниот одбор во сред сценарио-го верзитет ќе оддржат протести пред вор и обраќање. (Министерот Тодоров се обидува да му пријде на Одборот а Проф. споменикот на Св. Кирил и Методиј во Мимоза Ристова вели: СТОП!) кампусот. Индикативно е што тие овој пат се на спротивни страни – проИзвадок од Повикот на Иницијативниот одбор, прочитан на фесорите го креваат гласот против денот на протестот 27.01. 2011: измените на Законот за високо образование и континуираните упади во уставно загарантираната автономија, „Од тие причини, се собравме тука: додека Сојузот на студентите оди со контра протест и ги поддржува за За да покажеме дека не се сложуваме со голем дел од измените и конските измени!“. („Утрински весник“, дополнувањата на Законот за високото образование и начинот на којшто 27.01.2011). се донесуваат.  За да го зачуваме достоинството на нашата професија и за да спречиме да Day after -28.01.2011 се маргинализира и вулгаризира улогата на високото образование.  За да го потврдиме фактот дека сме вистински Бастион на демократијата, „...околу 200 универзитетски којашто овде НЕМА да допуштиме да се сруши. професори категорично застанаа  За да манифестираме единство, достоинство и решителност во одбраната во одбрана на својата независност на академските вредности, градени цели 60 години. со паролата „За автономија на  И за да порачаме: универзитетот без компромис...“.( „Дневник“, 28.01.2011). Нема да чекаме никој да ни ја врати одземената академска слобода! Ние самите ќе си ја вратиме. „ВМРО-ДМПНЕ обвини дека зад протестот стојат актуелни или зашто би било многу несериозно да дојдам непоканет на официјален орган поранешни функционери на СДСМ, на Универзитетот и тоа може да се сфати како притисок“. („Утрински весник“, роднини и блиски пријатели на 28.01. 2011). функционери на оваа партија, луѓето на Црвенковски кои наместо да се однесуваат како академски граѓани се Но, друго направи: решија да дејствуваат како партиски Законот ги заобиколи професорите војници. Тие протесираат за да не одат на работа, да не држат редовно „����������������������������������������������������������������������� Измените во Законот за високото образование влегоа во собраниска процечасови и да не пишуваат научни дура, а ова ги шокира професорите, кои очекуваа министерот Никола Тодотрудови“. („Вечер“ 28.01.2011). ров прво да се консултира со нив пред да го стави законот во процедура на донесување Измените во Законот за високото образование, кои беа дочекани „Повеќе од 250 универзитетски на нож од професорите, влегуваат во собраниска процедура, откако во пепрофесори вчера протестираа пред токот го минале филтерот на Владата. Ова повторно ја разгневи академската платото на Универзитетот„Свети заедница, според која „министерот Никола Тодоров го прекршил ветувањето Кирил и Методиј“ (...) обвинувајќи за повторно разгледување на измените, заедно со сенаторите на Универзитетго мнистерот Тодоров за упад во скиот сенат, закажан за в петок. автономијата на универзитетот.Со пеење на унверзитетската химна и ТОДОРОВ ЧЕКАЛ СЕНАТ МНОГУ со остри критики јасно му ставија ПОРАНО до знаење дека нема да дозволат да Министерот Тодоров вчера изјави се уништи високото образование“. дека чекал повеќе недели за („Време“ 28.01.2011). средба со сенаторите“. (Дневник, 08.02. 2011). Истиот ден министерот Тодоров изјави: Собранието на РМ на 9.02.2011 г. ги усвои измените на ЗВО. Истиот „Министерот Тодоров, кој со ден (или ноќ), Претседателот на задоцнување стаса на протестот Републиката, проф. Ѓорѓе Иванов сепак ги слушна обраќањата на го потпиша УКАЗот професорите. (....) Тодоров негираше дека добил покана од Сенатот: „Ми Службен весник на Република треба покана за присуство на Сенатот Македонија,11.02.2011 година.

4


Коментари и анализи: Проф. Емилија Симовска („Публика“, „Дневник“, 22. 01. 2011):

законот Одборот да е под директен владин диктат – Владата го формира, го определува неговиот Претседател и предлага дел од неговите членови кои нема да бидат од „Прво што мора да се спомене како најнекоректно, редот на универзитетските професори, но не се утврдува е што министерот за образование во изминатава кои критериуми мора да ги исполнуваат. Се плашам да седмица неколкупати ја дезинформираше македонската не се повторуваат циркузите од Судскиот совет каде јавност дека професорите на универзитетите се против што државен службеник стаса да ја оценува работата на законот поради тоа што не сакаат да држат предавања, судии со 20 и повеќегодишно искуство, или како што е да пишуваат трудови и да учествуваат на научни состојбата со сегашниот Одбор за акредитација каде што конференции. Ваквиот ефтин популизам во овој случај чиновници, но врвни „магистри на науки„ одлучуваат нема да има ефект зашто е промашена целната група. На за елаборатите за докторски студии, а кутрите немаат сите им е јасно дека најголемите реакции следеа поради елементарно искуство (не по сопствена вина) што е тоа две причини: Прво – постапката на донесување на ЗВО без докторат. можност соодветно да се вклучат универзитетите. Второ Што се однесува на Државниот совет за – поради тоа што тој закон не е резултат на смислена самоевалуација заклучокот е еден - ресорниот стратегија, туку претставува компилација на прочитани министер се меша во работата на ректорот. Оцената – но неразбрани парчиња од туѓи закони и критериуми, од самоевалуацијата е еден од условите за избор на водени од мотиви кои немаат врска со образованието.“ професорот, а изборот се врши на универзитетот. Па се прашувам кој ми е мене работодавец – министерот или ректорот? Повторно збрка и упад во автономијата!“ Проф. Гордана Бужаровска („Дневник“, 08. 02. 2011): „Погрешен е впечатокот во јавноста дека професорите се противат на критериуми за избор во наставно-научни звања. Сериозни и строги критериуми постојат на Универзитетот Св. Кирил и Методиј веќе 60 години и се регулирани во посебен Правилник каде што се бодираат четири области: наставно-образовна дејност, научно истражувачка дејност, стручно уметничка дејност и стручно апликативна дејност. Очигледно многу построги, посеопфатни и пообјективни критериуми одошто сега се предлага – врвен критериум да бидат научно истражувачките трудови. Разочарува што никаде во измените не се прави разлика помеѓу стручно-научен и научно истражувачки труд, ниту меѓу високообразовна и научноистражувачка дејност. Се чини Министерот, тројцата академици и двајцата декани заборавија дека Законот за високото образование чини целина со Законот за научно истражувачка дејност. Но, како аргумент во прилог на повредената автономија, најважно е што сите овие прашања се во надлежност на универзитетот, а не на извршната власт. Во контекст на претходното, ако го погледнете Буџетот на РМ во изминатите неколку години, на секој желен за наука и истражување ќе му наврат солзи на очите - од државниот буџет години наназад за високото образование се издвојуваат средства што се движат околу 1%, па и помалу. Дали вака се искажува грижата за високото образование? Дали се сега професорите виновни што не истражуваат или државата што континуирано го уназадува високото образование? Србите велат: поједе ме туђа срамота! Срам да им е на професорите што не истражуваат, а имаат вака „прекрасни“ услови за работа и истражување!!! Концептот на Одборот за акредитација и евалуација како решение е во спротивност со Насоките и стандардите на Европската асоцијација за контрола на квалитетот на високото образование - ваквите тела да бидат независни од владата, министерствата и универзитетите. Во предлог

РЕТЕРИРАЊЕТО НА “TESTIS NULLUS” Проф. Мимоза Ристова со сведоците Ректорот на УКИМ, Проф. Д-р Велимир Стојковски најпрво им ја даде поддршката на шесте застапници на Иницијативниот одбор за организација на Мирниот академски протест, а потоа тој интервентно ЈАВНО ја одрече Десетте членови на Иницијативниот одбор за организацијата на мирниот академски протест на 25.10.2011 година се најавивме кај Ректорот Стојковски за да му ја врачиме поканата за учество на Мирниот академски протест, кој го организиравме во знак на зачувување на АВТОНОМИЈАТА на универзитетот. Ректорот на поканата најљубезно и навидум гаудеамично (со радост) ја прими од нас, шесте застапници на инцијативниот одбор (Професорите: М.Ристова, С. Унковски, Г. Калајџиев, Б. Секуловска-Габер, Т. Митковасенатор , В. Петрушевски-сенатор). Од средбата разбравме дека имаме безрезервна поддршка и постојат минимални шанси поддршката да била од нас погрешно сфатена зашто, колку што знам, ниту еден од нас не е ниту ретардиран ниту страда од дилузии. Нејсе, негирајки ја нашата изјава, а всушност негирајќи се самиот себе си, ректорот Стојковски сакаше на јавноста да и каже дека шесте изветреани професори сосем случајно и сите одеднаш погрешно разбрале дека имаат поддршка. Всушност, можеби навистина не сме се разбрале, оти од устата на Ректорот ниту еден момент не излегоа зборовите “ВИ ДАВАМ ПОДДРШКА”. Но, затоа, од устата на Ректорот излегоа следниве парафразирани мисли:

5


Коментари и анализи: •

• • • • •

...Малиот ништо не разбира, и ништо не слуша... (тогаш ректорот посочи на едно место подвлечено со хајлајтер, на кое со предлог-законот министерот упорно турка член со кој сака да му ја разниша удобната ректорска фотеља.) ...Жалам што јас не можам да дојдам на протестот. ...Одам во странство на Конзорциум митинг.... Не можам да го одложам состанокот. .. ... Ќе им кажам на проректорите да дојдат, ако сакаат... .... Ние ќе го пријавиме протестот во полиција, како што пријавуваме за патронатот, не се грижете вие да го правите тоа.... ... Нема да ви се случи контрапротест ... (поднасмеано одговори Ректорот на прашањата за можноста да се случи контрапротест, и на нашето барање за да се засили приватното обезбедување со контрола со металдетектори).

Види чудо, па ние навистина, ништо не сме разбрале. ТОЈ НАМ ВООПШТО НЕ НИ ДАЛ ПОДРШКА, туку напротив, тој со сите свои вербални и телесни манифестации сакаше да каже дака во капка вода би го задавил МИНИСТЕРЧЕТО, ако му се дозволи, И ВООПШТО НЕ БИ ПРОТЕСТИРАЛ ПРОТИВ НЕГО. Како и да е, на средбата со шесте професори не присуствуваше ниту проректор нити секретар, туку самосамен Ректорот. Примената на принципот “Testis unus testis nullus”(еден сведок како ниеден) во нашиов случај, би значело дека Ректорот автоматски си добива третман на TESTIS NULLUS. Неговото одрекување на поддршката на професорите- борци-бранители на АВТОНОМИЈАТА на универзитетот, неговото митско-библиско одрекување од ПРАВДАТА и од заштита на УСТАВНОТО начело, неговото лицемерно негирање на ВИСТИНАТА неминовно ќе влезе во некоја сфера во колизија со другите 6 дијаметрално спротивни академски сведочења . Проф. Елисавета Поповска: http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=8EA18 B6F847C2647B97B6F4155A4F6BA (...) В��������������������������������������������� о веќе „извиканиот“ член за составот на нововостановената институција Одбор за акредитација и евалуација на високото образование (член 70), и понатаму е задржан срамниот сооднос 8:7 помеѓу професори-членови избрани од Интеруниверзитетската конференција и членови избрани од страна на Владата. Останатите 4 членови на Одборот кои доаѓаат од МАНУ, од Советот на работодавачите и од редот на студентите и понатаму остануваат сива зона на лоби активности – доволно е од нив да се придобијат најмногу тројца и да настане надгласување на ставовите на универзитетските професори во корист на владините ставови. Но, врвот на парадоксот е што претседателот на Одборот не си го избираат самите членови на истиот тој Одбор, туку Владата е таа која што го именува од редот на членовите, и истиот тој го претставува и застапува Одборот пред Владата. Значи, Владата не само што во голем дел влијае врз составот на Одборот, туку си го избира и соговорникот, оној со

6

којшто официјално ќе комуницира околу активностите на Одборот. Лесно е да се претпостави дека Владата на оваа функција ќе си ги поставува своите претставници: зошто да си има работа таму со некои „бунтовни“ професори кои со своите опонирања би им го одземале драгоценото време на Владините достоинственици, бидејќи „работата е и онака веќе завршена“ ? Зарем игнорирањето на желбата на членовите на Одборот сами да се изјаснат за тоа кого сакаат да ги претставува пред Владата не е упад во автономијата на Универзитетот? Со измените на ЗВО се предвидува, заради обезбедување на квалитет на високото образование, и надворешна евалуација (член 69) која ќе се одвива според насоките и упатствата кои ги сугерира Европската Асоцијација за евалуација на високото образование (ENQA). Ако, и треба да биде така. Ние како Универзитет треба да ги согледаме нашите позиции во самиот европски високообразовен простор и да настојуваме да обезбедиме воедначен квалитет на образованието со другите универзитетски компоненти на овој меѓународен простор. Тоа е и основната идеја на Болоња процесот. Но, откако законот утврдува дека оваа евалуација ќе ја вршат комисии по одделни области во чиј состав ќе има најмалку тројца професори од меѓународно признати универзитети, следи ставот: „Надворешната евалуација се врши под критериуми утврдени со упатство за начинот на обезбедување и оценување на квалитетот на високообразовните установи и на академскиот кадар во Република Македонија, кое го донесува министерот надлежен за работите на високото образование“ (мое подвлечено). Така, во рамките на еден ист член имаме став и контра-став. Откако убаво е образложено дека надворешната евалуација ќе се врши според прифатените постапки, стандарди и насоки кои се применуваат во ENQA, на крајот од членот се поентира со одредба дека сепак, министерот е тој што ќе донесе упатството како да се оценува квалитетот на вискообразовниот процес и на академскиот кадар. Значи, министерот, не само што нема да земе предвид упатства и критериуми сугерирани од домашни експерти, туку се поставува и над оние кои што се меѓународно утврдени, па си донесува свои упатства и тие, конечно, се „највалидните“. Ваквата завршна одредба не само што личи на упад во автономијата на Универзитетот, туку имплицитно сугерира и недоверба во секакви други правилници, па дури кога тие доаѓаат и од меѓународни инстанци.


Коментари и анализи: Проф. Билјана Ванковска („Нова Македонија“, 10. 01. 2011): Ставот на министерот дека универзитетот постои за� ради граѓаните и дека тие треба да се прашаат за универ� зитетските прашања е став на кинески министер од вре� мето на Културната револуција. Еве, си најдоа елита која се отуѓува, која троши „народни пари“ (како што љубуваат да кажат, ама не мислат така кога самите ги трошат како што ќе им текне), па можеби е најдобро да нé научат на памет и пратат на нива за да разбереме што е вистинска мака! Ако нé������������������������������������������ детронизираат/дисциплинираат, ����������������������������������������� тогаш нико� му не би му паднало на памет да им зуцне. Некои веќе ги острат забите, па од контрааргументи нема фајде: во јавноста сочинета од сиромашни, безнадежни и лути луѓе, професорите се мрзеливи, неспособни, корумпирани, самобендисани! За општа среќа, тука е младиот полетен Тодоров, кој ги знае не само проблемите, туку и решенијата! Воведува надворешно оценување од лица кои не мораат да има� ат академски звања, или ако ги имаат тогаш мора да се професори-политичари, вклучувајќи го и оценувањето од страна на студентите (кое ќе се зема предвид при реизбор на професорот!). Нешто е наопаку овде, или само ми се чини? Кој од кого учи и кој кого оценува? Мојата оценка на студентот станува провизорна, бидејќи тој ќе треба да ја заслужи кај „надворешните евалуатори“. Наспроти светските решенија за траен работен однос по добивање на највисокото звање (редовен професор), министерот ќе ги држи во кондиција, па ќе мораат да се докажуваат до последниот ден, инаку... Инаку што, се прашувам? Ќе им дадат отказ заради неспособност, ќе поплукаат по дипломи, рецензии и докторати кои ги потпишале до� тогаш? Или е ова начин на дисциплинирање? Одговорно тврдам дека многу професори се вистински херои кога воопшто успеваат да напишат научен труд и учествуваат во меѓународни проекти, покрај фактот што сме (благо� дарение на Владата) сведени на обични даскали! Кога 90 отсто од средношколците се запишуваат на факултет, добиваме медиокритетска средина, по дефиниција, „на� роден универзитет“! Професорот е машина што зборува/ пишува на табла; нема можност ни имињата на студентите да ги запомни, а заради општиот неквалитет ги запоста� вува брилијантните. Научни трудови (смирено, молам, објавени се „надвор“) пишувам во „слободно време“, ноќе или за време на распуст! Асистенти и доценти не се вра� ботуваат (освен ако не се вицепремиери или од партиски кабинети), а буџетот за научно-истражувачка работа е очаен (дури и книги купувам од плата, колегите од стран� ство ми праќаат фотокопии или ги „симнувам“ од пират� ски веб-страници). Некој збор и за проектот на Владата за превод на светски учебници. Прво, учебниците се врвни, ама само ако се читаат во оригинал! Со ретки исклучоци, преводите се катастрофа! (...) Како може Влада/министер да препорачува литература, а тоа да не биде флагрантен упад во автономијата на универзитетот? Најдобро е мини� стрите да добијат професури по стапување на должност,

а студентите дипломи по запишување - па ќе можат да ги оценуваат професорите, кои ќе треба да учат исклучиво од странски учебници, затоа што за патриотскава и на� родна влада - наука во Македонија нема. Во колумна не можам да напишам сé што мислам за нерационалните и популистички решенија, но ако и ова помине без отпор, тогаш го заслужуваме и овој министер и третманот што го имаме во општеството. Во МАНУ му бакнаа рака на премиерот-магистер, па „обичните“ професори треба да се поклонат пред министерот-магистранд. Ќе го цитирам колегата Цуцуловски: „Логиката јас плаќам (државата), а ти ќе слушаш (универзитетот) е логиката на однос на прости� тутка и оној што се проституира, но проститутката, сеедно што е платена, не дозволува сé“.

Проф. Билјана Секуловска - Габер („Дневник“, 18.02. 2011): НЕСОЗРЕАНИ УСЛОВИ ЗА „ЕВРОПСКО“ ОБРАЗОВАНИЕ Една стара народна поговорка која вели: Никогаш не вели НИКОГАШ, деновиве, за жал, повторно стана актуелна! Никогаш не верував дека ќе бидам ставена во ситуација да пишувам ваква „исповед”, посебно НЕ, кога пред десетина дена, одлучно го ставив својот потпис на повикот до сите членови на академската заедница за организирање на мирен собир со цел да се заштити уставното начело на автономијата на Универзитетот. Тогаш, заедно со другите членови на иницијативниот одбор за организирање на мирниот собир, се обидовме да укажеме дека никако не сме против донесување на квалитетен, закон во согласност со европското високо образование, туку дека сме против авторитарниот начин на законско уредување на односите во највисоките наставно-научни организации – универзитетите – столбовите на македонската државност. Бев уверена дека НИКОГАШ „нашиот” министер за образование, нема да си дозволи да „оди” спротивно на европските принципи за високо образование. Си помислив дека тој барем би требало да ги знае европските принципи за донесување на закони,

7


Коментари и анализи: бидејќи го помина тренингот организиран од страна на Тренинг центарот за европска интеграција (ЕИТЦ) при Економскиот факултет во Скопје. А таму, меѓу другото, ги подучувавме учесниците дека само со конструктивен дијалог на сите заинтересирани (и пред се релевантни) субјекти, се донесуваат соответните закони, и истите се во интерес на европските граѓани. За жал, згрешив! „Нашиот” министер го одбра спротивниот од европски пат. Без „слушање” на забелешките од академската заедница и без согласност на легитимно избраните универзитетски органи, а преку спроведување на агресивна пропаганда, во лицето на фамозниот маркетиншки материјал: „За квалитетно европско образование” (објавен скоро во сите јавни гласила), Законот беше донесен по „скратена” постапка во Собранието на Република Македонија. Уште помалку можев да поверувам дека и човекот - чувар на законитоста во Република Македонија – претседателот на државата и воедно правник – професор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, не застана во одбрана на автономијата на својот „дом”, туку го потпиша Указот за изменување и дополнување на Законот за високо образование. И што сега, после објавувањето на Указот во Службениот весник на Република Македонија, број 17 (стр. 149) од 11 февруари 2011 година? Како предложените санкции во Законот - фамозните „глоби” (член 167-а од Законот) ќе придонесат истиот да не остане само „мртво писмо на хартија” (како што се вели во точка 14 од фамозниот маркетиншки материјал) ако при тоа не постојат елементарни услови за негово спроведување? Дали наметнатите лоши и нестручни преводи на странска литература, неупотребливи во наставата, ќе треба да го задоволат барањето за „точна информираност” (точка 4 од фамозниот материјал), во која е потенцирано дека: „обврската на наставникот е да ја објави основната предложена литература на веб страна, за студентите веќе да не учат од скрипти, белешки и препишувани делови од учебници...”? Дали недоволната кадровска, материјална и просторна екипираност на Универзитетот ќе може да одговори на напорите за „ефикасни предавања” (точка 1) и „поголема редовност” (точка 8 од понудениот пропаганден материјал), кои побаруваат „...професорите и асистентите да мораат да ги извршуваат педагошките обврски... и студентите и професорите да бидат дел од предавањата...”? Кој воопшто и би можел да биде против таквото барање, но дали некој воопшто проверил во какви услови се работи, со колку часови настава - вежби,

8

консултации се оптеретени професорите и асистентите, колкава бројка на студенти опслужуваат во текот на еден работен ден, т.е. колку часови им остануваат „слободни” за истражувачка и креативна работа и во какви услови (немање кабинет, опрема, стручна литература, лаборатории и слично) работат? Како наметнатите бројни дисперзирани студии, кои заради горната неекипираност, само го девалвираат квалитетот на високото образование, ќе се вклопат во заложбите за „ефективен наставник”? Имено, според законите на физиката, едно лице, во ист момент не може да се најде на две места. Тогаш, како истите тие професори-асистенти кои според бројноста (заради континуирано непримање подмладок) не можат да ги опслужат студентите на матичните факултети, ќе можат да ги опслужат оние на дисперзираните? Можеби ќе треба да употребат чаробно стапче (веројатно според некој нов метафизички закон) за да го продолжат денот од 24 на најмалку 36 часа и да: “....објават одреден број на трудови во определени списанија или зборници...” (точка 2 од пропагандниот материјал)? Па така, драги мои, заради тоа што „нашиот” министер и „нашиот” претседател ме разочараа со своето „европско незнаење”, јас решив НИКОГАШ повеќе да не речам НИКОГАШ! Но, тоа не значи дека сеуште не очекувам тие, еден ден, да се вратат на вистинската – европска траекторија, и да и се извинат на академската заедница што не го послушале нејзиниот „глас”, кој повикува: потребно е најпрво создавање на ЕВРОПСКИ УСЛОВИ за да може да се спроведе ЕВРОПСКИ ЗАКОН! .... бидејќи надежта последна умира!

Министерот Тодоров им врачи свидетелства на 109 возрасни лица од Арачиново кои завршија прва година средно училиште (...) проектот е резултат на поразителната статистика според која речиси половина од населението во Македонија има само основно или недовршено основно образование. (www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208)

Според истражувањето кое го нарачало МОН дури осумдесет отсто од граѓаните се изјасниле позитивно за промените во ЗВО. SIC!!! (www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?Ve...)


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.