април 2011 /број 2 самостојно издание/бесплатен примерок ГЛАСНИК НА АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ
Декларација на Ректорите на европските универзитети по повод 900 години од основањето на Универзитетот во Болоња
Содржина
Болоња, 18. IX. 1988 г.
MAGNA CARTA
UNIVER SI TAT UM Преамбула
Д
олупотпишаните Ректори на европските универзитети се собраа во Болоња по повод 900-тата годишнина на најстариот универзитет во Европа, четири години пред конечното укинување на границите меѓу членките на Европската Заедница; очекувајќи ја со нетрпение далекусежната соработка меѓу сите европски нации и верувајќи дека народите и државите треба да бидат свесни, повеќе од кога и да било, за улогата што се очекува да ја одиграат универзитетите во општеството што се менува и сé повеќе се интернационализира,
MAGNA CARTA UNIVERSITATUM Уреднички коментар Хронологија: „Деновиве пред години“ Студентите за високото образование Професорите за мисијата на универзитетот Од годишниот извештај на Транспарентност-Македонија
Земаат предвид дека: 1) на крајот на милениумов што наближува, иднината на човештвото, особено зависи од културниот, научниот и техничкиот развој; и дека ова се гради во центрите на културата, знаењето и истражувањето, претставени од вистинските универзитети; 2) задачата на универзитетите да шират знаење меѓу младите генерации подразбира дека, во денешниот свет, тие треба целосно да му служат и на општеството како целина; и дека културната, општествената и економската иднина на општеството бара значително вложување во континуираното образование;
1
политичките граници и ја афирмира виталната потреба различните култури да се запознаваат и да си влијаат меѓусебно. Средства За да се постигнат овие цели со следење на овие принципи, потребни се ефикасни средства, погодни за сегашните услови. 1. За да се сочува слободата на истражувањето и наставата, инструментите соодветни за остварување на таа слобода треба да им се достапни на сите членови на универзитетската заедница. 2. При вработувањето на наставниот кадар и регулирањето на нивниот статус мора да се почитува принципот според кој истражувањето е неразделиво од наставата. 3. Секој универзитет мора - со соодветно земање предвид одредени околности - да се грижи за заштитата на правата на своите студенти и можностите тие да уживаат во привилегиите преку кои можат да стекнуваат културни вредности и квалификации, цел кон која се 3) универзитетите мора да им обезбедат образование на идните генерации и обука што ќе ги научи, а преку нив стремат. 4. Универзитетите - особено во Европа - сметаат дека ќе обучи и други, да ја почитуваат рамнотежата на нивната взаемната размена на информации и документација и природна околина и самиот живот. честите заеднички проекти за унапредување на учењето Долупотпишаните Ректори на европските се од суштинско значење за постојаниот напредок во универзитети упатуваат порака до сите држави и до усвојувањето на знаењето. совеста на сите нации за фундаменталните принципи Поради тоа, како и во најраните години од нивната коишто мораат, сега и секогаш, да ја поддржуваат историја, тие ја поттикнуваат мобилноста меѓу вокацијата на универзитетите. универзитетските наставници и студентите; и уште повеќе, Фундаментални принципи сметаат дека генерална политика на еквивалентните статуси, звањата, испитите (без предрасуди кон 1. Универзитетот е автономна институција во сржта националните дипломи) и доделувањето стипендии се од на општествата коишто се различно организирани суштинско значење за исполнувањето на нивната мисија поради географското и историското наследство; тој во условите што владеат денес. произведува, испитува, оценува и пренесува култура преку истражувања и предавања. Долупотпишаните Ректори, во име на своите За да ги задоволат потребите на светот што ги универзитети, се обврзуваат да сторат сé што е во нивна окружува, истражувањето и наставата на универзитетот моќ за да ја поттикнат секоја држава, како и засегнатите мора да бидат морално и интелектуално независни од наднационални организации, самопрегорно да ја сета политичка власт и економска моќ. спроведуваат оваа политика на MAGNA CARTA, којашто 2. Наставата и истражувањата на универзитетите мора ја изразува едногласната и слободно одредена и да бидат неделиви, ако не сакаат да заостануваат зад декларирана желба на универзитетите. потребите што постојано се менуваат, зад барањата на општеството и напредокот на научните сознанија. 3. Слободата на истражувањето и обуката е фундаментален принцип на универзитетскиот живот, така што владите и универзитетите, секој во рамки на своите можности, мора да го почитуваат ова фундаментално барање. Отфрлајќи ја нетолеранцијата и секогаш отворен за дијалог, универзитетот е идеално место на средба за наставници способни да го пренесат своето знаење и оспособени да го развиваат преку истражување и иновации, и за студентите кои имаат права, кои се способни и имаат желба интелектуално да се збогатат со тоа знаење. 4. Универзитетот е повереник на европската хуманистичка традиција, а негова постојана грижа е стекнувањето со универзално знаење; за да ја исполни својата вокација, тој ги надминува географските и Уредувачки одбор: Професори на УКИМ, членови на Иницијативниот Одбор за заштита на уставното начело на автономија на Универзитетот: Мимоза Ристова; Маја Бојаџиевска; Билјана Секуловска Габер; Слободан Унковски; Татјана Миткова; Љубица Георгиевска Исмаил; Драган Колчаковски; Ирена Стефоска; Зоран Поповски
2
Уреднички коментар
СКАЗНИ ЗА ВНУЧИЊА Мимоза Ристова
Постојат шанси на внуката од 3 години многу да и се допадне приказната за стипендиите за странски студенти од буџетот на РМ, кога околу 20 мали црномурести принцови и принцези дошле од среде Африка за да учат да си играат на мали компјутерчиња на новиот Охридски Универзитет. Внукот, чинам, ќе се восхити и устенцето ќе му подзине од приказната за пицата што ЦРНАТА АРАПИНА ја сечел на дробни делови ко еден ден, со Божја помош, станам баба, на внуците пред за да ја раздели на Одборот за заспивање ќе им раскажувам како во животот сé толку брзо се евалуација и акредитација. Имено, менуваше, а јас си бев млада та средновечна. Како прво ни се АРАПИНАТА ненаситна грабнала да смени државата сосе границите, па ни се смени името на државата, па ни се сече капричоза за да јадат даскалите прекројуваа границите како што дечињата во градинка си сечкаат хартивчиња од комисијата. Внимателно ја сечел во боја со малите ножички. Ќе им раскажувам за страшната битка за промената ја токмел, ја кроел, па мерел, та на државните симболи, кои како играчки со леснотија се раѓаа и со иста пустел. Прво исцртал 19 еднакви леснотија гореа еден по еден, во неврат. Ќе им прикажувам како наместо парчиња, ама раката му се стресла химната што си ја пеевме со гордост и со жар еден ден осамна една сосем од умор од боздоганот тежок ко туч, друга песна, со други ноти и други зборој. Ви велам, ќе си ги седнам малите секојдневно употребуван во борбата внук и внучка во скут на скуталето, па низ вилиците што се вадат ќе им редам нерамна против народецот мачен, за дамнешните времиња во кои суштествувавме како некои оксиморони од та ја разделил на 23 дела. Се стрвел, типот античките Словени, дрвени камења, капка млади старци овенати и се ликсурел та самиот лапнал со слично. устата ненаситна во еден залак 12 од 23-те парчиња (читај на сликата Верувајте, очекувам најомилена за успивање од сите мои живописни подолу што кажува 1001 збор): 9 сказни да им биде онаа за мистеријата околу УНИВЕРЗИТЕТСКА АВТОНОМИЈА Влада + 2 Интер-универзитетски што ЦРНАТА АРАПИНА насила ни ја одзема по законски пат со еден парламент +1 работодавач = 12 противуставен Закон, трул и мачен ко што била мачна смртта на Кузман Влада) и добил мнозинство за да да Капиданот. Моите внуци, гарант, ќе ме тераат по сто пати да им ја повторувам ја открадне убавата, ем лична мома, приказната за претставката на храбрите јунаци од Сенатот што ги поттикнаа АВТОНОМИЈА. титаните од Правниот факлултет да го рушат Законот пред страшниот УСТАВЕН СУД. Ги замислувам како, додека со жар им говорам од прва рака, „Нанајте ми мили дечиња...“, очињата наивни ќе им заблескаат во восхит. Нема ни да трепкаат кога ќе им ќе им пеам. Не се плашете за раскажам како еден убав сончев ден, Законот што содржеше погрешен КОД АВТОНОМИЈАТА. Ќе ве чува бабичка и лоша умисла, ПАДНАЛ, слично како што паѓаа зградите од земјотресот и од злото на ЦРНАТА АРАПИНА. А утре, се превртуваа јахите и бродовите од цунамито во Јапонија. Слично како што ако сте умни, ќе добиете по пола паѓаа умоболните диктатори во Северна Африка. пица.
А
А кога ќе ги прашам пред заспивање, која е нивната најсмешна од сите што сум им ги раскажала, ливче во кладилница ставам на милијарда евра дека ќе ја одберат сказната за глупчото што ги надмудрил учените глупаци. Знам, ооо, знам, дека ќе ги обземе милите деца смев до солзи од делот кога глупавиот училишен служител на ЦРНАТА АРАПИНА ќе им каже на уште поглупавите учители во училиштето дека ќе им купи научни лаборатории, а тие ќе му поверуваат. Ако подзастанам, тие двете поспани малечки јагненциња ќе продолжат наместо мене да раскажуваат дека лекоумниот служител на ЦРНАТА АРАПИНА, секојдневно, во текот на 4 години, им ги замачкувал очите на даскалите со разлигавени шампити, објавувајќи два-тринаесет слепи меѓународни тендери за набавка на лабораториски инструменти.
3
хронологија: “денови пред години” Како Н. Тодоров ги бранеше закон, кој треба да ги трансформира дополнувањата и измените на ЗВО: во современи. Критериумите за избор во наставно-научни звања, и Вест, 21.02.2011 со новите измени, се на толку ниско ниво, што тешко може да се наречат „Над 80% од граѓаните ги реформи. Во соседните земји за да се поддржуваат измените на Законот стане професор на институт, потребни за високото образование, кои пред се 36 труда со импакт-фактор, а ние десетина дена ги усвои Собранието. бараме три без тој фактор. Некои од Анкетата која ја спровел Институтот професорите кажуваат дека не се за политички истражувања (ИПИС) проблем тешките критериуми, туку на 1.110 испитаници во периодот од дека тие треба сами да ги постават. 12 до 17 февруари, покажала дека Ако ги поставеа досега, немаше измените ќе донесат поквалитетно да се мешам - рече Тодоров. За високо образование, за што одредбата во врска со непотизмот, позитивно се изјасниле 79,5 от-сто од која според професорите се коси со анкетираните.“ Уставот, изјави дека таква веќе постои во законот за спречување судир Фокус, 02.02.2011 на интереси. Како дел од проектот Од интервјуто со професор за опремување лаборатории за Мимоза Ристова научноистражувачка и апликативна дејност, министерот објави дека ФОКУС: Како ја доживеавте е склучен договор за набавка на анкетата на министерот Тодоров за лабораторија за пресметување со промените во законот за високото високи со високи перформанси образование, кои чиниш, со суперкомпјутер, кој чини 67 милиони воодушевеност се прифатени од денари“. народот. РИСТОВА: Каков жив циркус. Утрински весник, 11.02.2011 Тоа е исто како сега да анкетираме Законот за универзитетите народ, дали НАСА добро ја извела наскоро пред Уставен последната мисија во Вселената. Бесмислица!!! „Иако не сум правник совршено е јасно дека со измените на Дневник, 03.03.2001 законот е згазена автономијата на Министерот смета дека Универзитетот. Министерот Тодоров универзитетите се застарени постапи како измамник - ни вети дека ќе дојде на Сенат да ги слушне „Македонските универзитети се нашите сугестии за законот, а не го застарени и потребна им е реформа, стори тоа. Не ни објасни ниту дали а професорите што се борат за законските измени ги направи по автономијата водат политичка битка, наредба на премиерот. Како и да е, оцени министерот за образование законот многу скоро ќе го обжалиме и наука Никола Тодоров. Тој вчера пред Уставниот суд, а овојпат на нагласи дека некои од тие професори власта воопшто нема да и помогнат биле министри од опозициските обвинувањата дека овој Суд работи партии. (...). Тој најави дека наскоро под влијание на опозициски партии, ќе објави седум карактеристики бидејќи пред да се донесе многу на застарен универзитет и гласно предупредувавме дека голем седум на современ. „За жал, дел од одредбите се спротивни на нашите универзитети ги имаат Уставот“, ни изјави проф. Владимир сите карактеристики на застарени Петрушевски од Природноуниверзитети, а имаме реформски математичкиот факултет“.
4
Дебата на Правниот факултет: Упад или пад на автономијата на Универзитетите Нова Македонија, 02.03.2011 (...) Професорите зборуваа со критички тон кон измените на законот, но не недостигаше ниту нишката на самокритичност за нивната вина за сегашната состојба во високото образование. (...) - Автономијата на универзитетот е содржана во три компоненти: академска слобода, автономија во управувањето со универзитетите и неприкосновеното начело за неповредливост на универзитетскиот простор. Со измените на законот е направен директен упад, без пардон, во овие начела. Дали законодавецот има мандат да ја регулира оваа материја? Нема - истакна професорката Елена ГрадишкиЛазаревска.“ Од активностите на Студентскиот парламент на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“: Дневник, 25.02.2011 Камионџии и студенти бараат предвремено гласање „Асоцијација на камионски транспортери и група студенти од Студентскиот парламент од скопскиот, штипскиот и битолскиот универзитет побараа вчера партиите да одат на предвремени парламентарни избори. Тие наведуваат дека изборите се потребни бидејќи последиците од прекинатите реформи секојдневно се сé поголеми“. Нова Македонија, 25.02.2001 „СПУКМ вчера излезе да каже дека се за предвремени избори, но не излезе со прес да реагира зошто студентите чекаа цела година за да почне исплатата на студентските кредити“.
Од прес конференцијата на првиот број на Vox Academica: Шпиц, 25.02.2011 „Групата професори напишаа писмо и до Европската универзитетска асоцијација, наведувајќи дека Владата и Собранието на РМ ги игнорираат одлуките на универзитетскиот Сенат и ги донесуваат законите без дијалог, според скратена процедура и го игнорираат ставот кој 300 членови на академската заедница го изнесоа на мирниот протест“. Вести А1 19:00, 25.02.2011 „ Според професорите, контроверзниот закон е само последниот удар, но и со претходните потези на министерството за образование како дисперзираните студии, спојувањето на студиските програми наспроти реалните можности, урамниловката во финансирањето, фактот што 4 години не се финансирале научно истражувачки проекти, континуирано се напаѓала и слабеела автономијата на Универзитетот“.
Вести ТВ Телма 18:30, 25.02.2011 „Од настаните што следуваа пред и по донесувањето на законските измени не може да се направи ни режисерско дело туку единствено докторска дисертација, се пошегува професорот Слободан Унковски. Чудовишни се димензиите на обидот на Владата да го стави под своја капа Универзитетот, а во прилог на оваа теза според него говори и фактот дека Министерството одлучува за сé па дури и за изгледот на факултетските дипломи.“ Вести ТВ Сител 18:00, 25.02.2011 „Наместо професорите да се фокусираат и да пишуваат научни трудови тие објавуваат текстови во часописи вели министерот. Тодоров нема ништо против новото списание но, смета дека со новиот закон не е извршен никаков упад врз автономијата на универзитетите. Треба да знаеме и што е автономија. Нели автономијата дефинирана во Уставот како загарантирана, меѓутоа опсегот на автономијата треба да е дефиниран токму во законот за
високо образование. Ние никогаш не сме ни помислиле да се мешаме на универзитетите како ќе твори, како ќе предава универзитетскиот професор, што ќе предава, како ќе го организира часот.(...) - изјава на Никола Тодоров.“ Вести ТВ Алфа 17:30, 25.02.2011 “Ниту во регионот ниту во Европа нема да најдете ваков перверзен закон кој што ќе третира како се бираат асистенти (...) како ќе се евалуира работата на наставниците” изјави Маја Бојаџиевска, универзитетски професор. Што изјави Тодоров за Vox Academica: Дневник, 26.02.2011 „Министерот за образование и наука Никола Тодоров на прашање за новото списание рече дека се надева оти Законот ќе ги натера професорите да создаваат научни трудови. - Министерството никогаш не се мешало во работата на Универзитетот, за тоа како ќе предава професорот, како ќе го организира часот, ниту пак во работата на деканите и на ректорите - рече Тодоров“.
5
Студентите за високото образование
Образование, почивај во мир! Кристина Н. Николовска, Магистер на UCL ( Универзитетски Колеџ, Лондон)
Осврт кон лондонските студентски протести - заземањето на Универзитетскиот Колеџ Лондон (UCL)
Ш
тотуку магистрирана, на почетокот од декември застанав и јас во редицата студенти од UCL, еден од водечките светски универзитети, да оддадам последна почит, пред картонскиот импровизиран ковчег поставен во главната сала, на кој немаше ништо, освен натписот-образование. Симболичкото испраќање на образованието во подземниот свет е само една од многуте активности на студентите, кои сé уште протестираат против одлуката на владата на Велика Британија да ја скрати финансиската поддршка за високото образование. Практично, за да опстанат, британските универзитети ќе мораат да ги намалат истражувањата и бројот на вработените, а студентите ќе треба да плаќаат до три пати поголема школарина од сегашната. Веста за кратењето буџетски пари за образованието, студентите и голем дел од професорите ја пречекаа со бес. Зградата на владејачката конзервативна партија беше демолирана, имаше апсења и повредени демонстранти и полицајци. Сепак, мирниот протест на UCL (универзитетот кој создаде врвни научници, од кои 21 се добитници на Нобелова награда) е нешто друго. Окупацијата започна на 24 ноември 2010, откако по вториот протестен марш студентите одржаа собрание „Што понатаму?“ и изгласаа дека следниот нивен чекор е да се окупира просторијата Џереми Бентам. Истовремено ја објавија и листата со барања. Како што велат, тие се „против високи школарини и дивјачки скратувања во високото образование и против владините обиди
6
да го натера општеството да плаќа за криза која тоа не ја предизвикало.“ Револтот е најмногу упатен кон администрацијата на UCL, од која се очекува јавно да ги осуди владините потези. Но, исто така студентите бараат да нема отпуштања на професори, истражувачи и асистенти, а чистачите, келнерите и обезбедувањето на факултетите да имаат цела плата и полно работно време. Креативноста, посветеноста и организираноста на студентите е изненадување за сите. За мене беше шокантно да ја видам големата заграда на UCL, пред која доаѓаат да се фотографираат туристи од целиот свет, излепена со големи плакати на кои пишува, „Распродажба! Попустите продолжуваат и внатре, повелете!“. На вратата ме застанаа и ме легитимираа чуварите, со нескриена радост дека сé повеќе студенти ја поддржуваат „окупацијата“. А внатре, незаборавна слика, на едната страна од просторијата душеци за спиење и храна, на другата студентите пишуваат есеи, седнати покрај книги и со лаптопи в раце, во средината група музичари ги штимаат инструментите и се подготвуваат за свирка. На ѕидовите, закачена програмата за предавањата и дебатите што ќе се одржуваат следната недела, потоа, кои писатели ќе промовираат книги, а кои филмови ќе се прикажуваат и, конечно, кога ќе има парламентарна расправа за високото образование. Секое делче од ѕидовите беше место за натпревар на слогани: “Образованието е право на сите, а не привилегија!”, “Топшоп - вие се пазарите со нашето образование, но ние ќе го едуцираме вашиот пазар!”, “Џереми црвенее од срам заради кратењата!” и слично.
Инаку, тоа што беше окупирана токму собата на Џереми Бентам, се разбира, имаше голема симболика, како и сите останати активности. Бентам е основачот на првиот секуларен универзитет во Англија, UCL. Тој побарал во тестаментот телото да му биде балсамирано по смртта (1832), и сé уште седи во работен амбиент во холот на главната зграда. Пред познатиот филозоф и правник, инаку учител на основачот на либерализмот Џон Стјуарт Мил, се поклонуваат со благодарност оние кои што знаат дека Бентам беше првиот човек во Англија кој пишуваше за правата на животните и кој ги отвори универзитетските врати за жените, хомосексуалците и за луѓето од пониските класи. Политиката на сегашната управа и администрација на UCL срамежливо (ако воопшто!) им се спротивставува на владините политики кои за многумина значат враќање на Англија во минатото, кога образованието било привилегија само на богатите. Револтот и ангажираноста на студентите и професорите не стивнува, особено откако администрацијата одлучи да си ги измери силите со студентите и неколкумина професори на суд. Иако во Македонија работев како новинар, за мене беше ново да видам со каква брзина и квалитет студентите известуваат за сите настани поврзани со окупацијата: одлуките се носат брзо и со широк консензус и се објавуваат на блогови, Фејсбук, Твитер, Ју-тјуб и Фликр. Студентите (без водач) самите се поделија во работни групи, во зависност од талентите и знаењето на графички дизајнери, фотографи, медиумски познавачи, уметници, правници, економисти, компјутерџии. Дебатите и активностите кои се одвиваат на UCL ме натераа да се запрашам зошто во Македонија никогаш не видов силно студентско движење и покрај тоа што ударот врз студентите и нивните права доаѓал од повеќе страни и секогаш бил силен? И уште поважно, каде беа професорите да ракоплескаат како оние од UCL, кога студентите ќе покажеа, макар срамежливо, дека имаат некаква иницијатива за промени? А ако тие иницијативи беа смешни, каде беа професорите да ни покажат и да нé подучат како да станеме свесни за своето место? Довербата меѓу студентите и професорите е клучна, и случајот со UCL можеме да го земеме за пример, затоа што неколку пати универзитетската администрација се повлече од притисокот, кога виде дека, наместо во кабинетите, дел од реномираните професори предаваат во окупираната соба-Џереми Бентам. Секако, токму од таа администрација која го рекламира квалитетот на UCL низ целиот свет, студентите научија како да работат брзо, ефикасно и како да привлечат што повеќе поддржувачи на своја страна. Иронично е, но вистинито дека брилијантноста и субверзивноста на студентите од UCL е заслуга и на професорите и на универзитетската администрацијата. Во Македонија, студентите сé уште тешко можат да видат од кого треба да учат. Пред да почнат да размислуваат за позицијата на нивните професори во општеството и пред да почнат да истражуваат дали на чистачките и на вработените во студентското кафуле Диоген им се почитуваат работничките права, ќе треба да ги прочитаат договорите кои ги потпишале со факултетот. Таму пишува дека освен обврските што ги имаат кон факултетот, имаат и некакви права. Промените треба да започнат од тука, а професорите да им покажат дека тие се на истата страна на фронтот.
SOOP[TENIE - MOF, 27.01.2011, Skopje ALARM ZA VISOKOTO OBRAZOVANIE: PARTISKI VLIJANIJA, NEDOSTATOK OD DEBATA I POLTRONSKI STUDENTSKI SOJUZ JA TRESAT AKADEMSKATA I STUDENTSKATA JAVNOST Mladinski obrazoven forum [MOF] alarmira za nedostatokot od debata za re{avawe na natalo`enite problemi vo visokoto obrazovanie, partiski vlijanija vrz visokoobrazovnite institucii i poltronskiot odnos na Studentskiot sojuz. Za `al, Dvaesetgodi{nata kriza vo demokratijata vo visokoto obrazovanie prodol`uva, a za toa ni svedo~at poslednite slu~uvawa so tajno podgotvuvanite predlog-izmeni na Zakonot za visoko obrazovanie, nedemokratskite inicijativi za etni~ko izjasnuvawe na profesorite, izbrzanite zaklu~oci za podelbata na UKIM bazirani na anketa so nejasna metodologija, kako i najnoviot gaf na Sojuzot na studenti (t.n. Studentski parlament), poznat kako Sojuz koj protestira edinstveno vo odbrana na Ministerot za obrazovanie, no i protiv evropskite institucii vo Republika Makedonija. Vo ovoj kontest, MOF stoi pozadi sekoja dobronamerna inicijativa za reformi na obrazovanieto, no ne smee da se dozvoli reformite da se nosat stihijno i ad hoc. Tie baraat dolgoro~ni, strate{ki re{enija i vklu~enost na studentite vo odlu~uvaweto. Vakvite reformi vo nitu eden slu~aj ne smee da navleguvaat vo slobodata na dejstuvuvawe i avtonomnoto nosewe odluki. Zatoa, Apelirame za itna mobilizacija na akademskata i studentskata javnost i nivno vklu~uvawe vo organizacija na javni debati koi }e gi otvorat za diskusija site natalo`eni problemi vo visokoto obrazovanie, po~nuvaj}i od koruptivnite dejstvija na fakultetite i vo studentskite domovi, nedostatokot od mobilnost na studentite i profesorite, niskiot stepen na implementacija na EKTS, kako i monopolisti~kiot sistem na studentsko organizirawe, pretstaven od Sojuzot na studenti. Potencirame deka vo va`nite obrazovni procesi ne se vklu~eni pove}e od 30 studentski i mladinski organizacii koi aktivno rabotat vo polza na studentite.
7
Trgnuvaj}i od na{ata borba za transparentno obrazovanie, vo ovoj haos od mediumski i partiski prepukuvawa uspeavme da locirame i pozitivni predlozi za izmeni na Zakonot, a toa se onie koi se odnesuvaat na zgolemuvawe na ot~etnosta, transparetnosta i javnosta na finansiite na visoko obrazovnite institucii. Pove}e od nedemokratska e dosega{nata praksa studentite da ne dobivaat izve{taj za tro{eweto na nivnite pari. Sepak, reformite vo visokoto obrazovanie ne zavisat samo od profesorite i fakultetite, tuku baraat odgovornost i od dr`avata. Konkretno, kvalitetot i kvantitetot na nau~no istra`uva~kata dejnost mo`e da porasne edinstveno so zgolemuvawe na fondovite za ovaa oblast, a so sega{nite 0,18% od Buxetot na RM nameneti za nauka, ne mo`e da se o~ekuvaat vakvi implikacii.
vo odnos na izmenata za poka~uvawe na globite za profesorite smetame deka tie kako sredstvo ne treba da bidat primarno re{enie za problemite vo nastavata, tuku edna od krajnite merki koi }e se prevzemat vo ovaa nasoka. Kone~no, MOF im zabele`uva na univerzitetskite profesori, koi retko zastanuvaat na stranata na studentskite inicijativi povrzani so demokratizacija na studentskoto organizirawe, antikorupcijata i podoboruvawe na kvalitetot na nastavata. Zatoa, denes kako bumerang im se vra} a nivniot molk za partiziraniot Sojuz na studenti, koj povtorno zastanuva vo slepa odbrana na Ministerot i u{te pove}e gi polarizira odnosite pome|u niv. So po~it, Mladinski obrazoven forum
Del od predlog-izmenite se nesoodvetni i drasti~ni, pa taka
СТУДЕНТИ! На која страна треба да застанеме? Нина Николиќ, Дипломиран театарски режисер и преведувач, студент на Втор циклус студии по историја на уметноста на Филозофски факултет, УКИМ.
В
о последно време моето внимание го привлече реакцијата на универзитетските професори против измените и дополненијата на Законот за високо образование. Не сум доволно компетентна да ги коментирам измените, но нешто ме тера да не верувам во благодетите кои би требало да ни ги донесат. Нејсе, предмет на моево писание не се ниту измените во законот ниту професорите, туку самите студенти. Во овој период кога сите, од сите страни и со семожни брутални средства удираа по честа и достоинството на нашите професори, нас никаде нè немаше, или не имаше (некои од нас) застанати на спротивната страна. Се криевме ли во темните и тесни студентски одајчиња, плашејќи се дека, ако застанеме „на нивна страна“ ќе бодеме нечии очи. Се прашувам, дали со најголемо задоволство изговаравме „така им треба“, „нека се научат на ред“, „нема тие да не ни даваат да препишуваме“. Не бевме ли свесни дека треба да стоиме РАМЕ ДО РАМЕ и секогаш на истата страна со нашите учители? Се плашам дека причината за нашето недејствување е токму несвесноста за тоа на која страна треба да се застане. Подобро кажано, несвесноста за тоа дека токму тие професори против кои некои застанаа да се бунтуваат
8
со смешните пароли „сакаме да учиме“ (божем некој можел досега да не попречи во правото на учење), се оние кои се обидуваат на семожен начин да нè научат на некоја ука и наука и покрај тоа што мнозинството од масата студенти не е способна ниту, пак, сака нешто да научи. Сето ова нé наведува на заклучокот дека станува збор за маса луѓе (таканаречени студенти) кои наместо свесно да одат по пат по кој, еден убав сончев ден, ќе прогледаат и ќе се претворат во критична и интелектуална маса, тие си го губат времето, служејќи им на мрачните сили и застанувајќи против оние без кои нема да постојат, односно против оние кои не би постоеле без нив. Со други зборови, станува збор за некаква необјаснива борба во внатрешноста на нераскинливата врска СТУДЕНТ-ПРОФЕСОР, којашто потсетува на некоја автоимуна болест што го разјадува организмот однатре. Професорите и студентите би требало да бидат едно, а не две „тела“ и тие не смеат да дејствуваат едни против други, нарушувајќи ја притоа хармонијата на организмот што се нарекува факултет, односно универзитет. И доколку транспарентот „сакаме да учиме“ е слика за ставот на сите студенти на УКИМ, тогаш треба да се запрашаме: кои сме ние сегашните, идните и поранешните студенти? Ако не сакаме да учиме, тогаш не ќе можеме да разбереме дека местото ни е заедно со професорите, а не против сето она за коешто тие се залагаат. Во спротивно не го заслужуваме статусот СТУДЕНТ?
ПРОФЕСОРИТЕ ЗА МИСИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
ПАЛЈАЧИ И НИЕ
Н
а крајот на операта на Леон Кавале , ПАЛЈАЧИ, кловновите истапуваат напред пред избодениот Силвио, да & кажат на публиката: La Commedia e Finita. Со кловновите кои истапуваат и сé уште се напред - ми е јасно и се вклопува . Со избодениот Силвио (ликот на автономијата на Универзитетот ) кој лежи - и тоа ми е јасно и се вклопува! Но не сум сигурен дека комедијата на власта со Законот за високо образование е завршена. Сé уште не е! Имено, го донесоа Законот за високо образование па направија зулум што престојната одлука на Уставниот суд ќе треба да го намали. Некои од одредбите кои претставуваат отворен атак врз автономијата на Универзитетот веројатно ќе бидат укинати или поништени. Преседани за такви одлуки на уставните судови за истото прашање има посебно во Хрватска. Но, срам и арам за интелектуалната јавност во Македонија беше простаклукот и боздоганскиот метод со кој иницијаторот на промените го туркаше законот, а со што им испрати дирекна порака на професорите што и како мисли за нив и за нивната улога во Македонската култура и општествениот живот. Тој закон има три вида суштествени недостатоци: - нелегитимен е: бидејќи е донесен без партиципација на универзитетската, академска заедница на каков било посуштествен начин. Втората димензија на нелегитимност е што законот е спротивен на некои усвоени традиции на универзитетската автономија кои се практикувале подолг период (во овој случај, од дванаесеттиот век и здобивањето на статусната
автономија на Болоњскиот Универзитет со актот Аутентика Хабита), - нелегален е: бидејќи е спротивен на конкретна уставна одредба од Уставот на Македонија која го дефинира статусот на Универзитетот како автономен, а чија содржина е традиционално позната во европски рамки од погоре споменатиот случај со Болоњскиот Универзитет. - брутален е: бидејќи е изведен со силеџиска манипулација за што всушност се работи во владините рекламни кампањи. Истовремено, оперативно е олеснуван со хушкање на партизираните (греотки) студенти против своите професори, на професорите против колегите и на едни универзитети против други и еснафот во целина. Мојата теза која ја изложив на трибината за автономијата на Универзитетот (одржана на Правниот факултет во февруари 2011) е дека моменталната состојба на таа автономија кај нас, под новиот закон е под нивото на автономијата на Болоњскиот Универзитет, подарена со актот Аутентика Хабита од Фридрих Први Барбароса во дванаесетиот век (т.н.мрачното средновековие). А тоа може да се нарече цивилизациски скандал, а ла ДПМНЕ! Актот Аутентика Хабита го подготвуваат неколку познати правници од тоа време (Булгаро, Мартино, Јакоп и Порта Равења). Тој конституира автономија на Универзитетот на три рамништа, а правата само се допрецизираат и доградуваат до ден денешен. Тие ја чинат европската традиција на слободните универзитети, како основа и на кредит трансфер системот до ден денешен. Прво тоа е : студентот ја признава надлежноста на својот професор врз сите прашања што се однесуваат на студирањето. Ова е фундаменталното право и органско единство на актерите на студирањето со јасна хиерархија на истите. Тука како што забележувате, не се споменува „медијатор“ во ликот на министер, цар, влада или кој било друг. Од самото тоа единство произлегува автономијата да се одлучува за сите прашања на предавањата оценувањето, испитите и сл. Со еден збор, за карактерот и начинот на студирањето. Ова само се надградува до ден денешен - не се укинува, не се медиира и не се крши. Тоа е прашање на елементарна компетенција : професорите знаат повеќе од другите како да го предадат знаењето и што да прават со него. Со оглед на тоа што образованието е најконзервативната социјална практика од Платон и Аристотел до денес, тој сегмент малку се менува во суштината на работите. Второ е правото за финасиска и статусна автономија: имено, иземањето на Универзитетот од таксите и другите давачки во регионот, доделувањето на пари од државата и доделувањето на право на свои приходи (приватното студирање и средствата од проекти коишто денес владата сака да ни ги украде). Експертите тоа го нарекуваат своевидна архи-економска слободна зона на и околу Универзитетот. И трето право е правото на физички интегритет: имено, забрането било физичко малтретирање на универзитетскиот еснаф и упад во физичкиот простор на универзитетот. Тоа експертите го нарекуваат своевидно право на азил во универзитетот . Зошто ова воопшто се случило? Зошто властодршците, тираните или слободните трговци во републиките не го згазиле универзитетот како и секој друг еснаф во цврстата хиерархија на поданички обврски и понекое право? Затоа што и најглупавите меѓу нив разбрале дека од такво газење на универзитетот, на крајот од приказната, немаат елементарен ќар. Дека
9
вкалапениот, неслободен универзитет не го продуцира ДОБРОТО за кое е наменет: знаење, вистина, алтернативни развојни стратегии, напредок, богатство и подобар живот за заедницата на која & служи. Универзитетот може да им служи на слободата и напредокот само
ако слободно ги поставува и најделикатните прашања и ако слободно ги објавува резултатите од истражувањата. Слободата на мислењето мора да биде неусловена (за сé друго тука е Master Card). Неусловено преиспитување на нештата, па и на самото право да се преиспитува: до скептичните и солипсистички граници. Универзитетот само така е МАЈКА НА ВИСТИНАТА (таткото, како и во некои други приказни, не се спомнува во контекстот). Љубомир Д. Фрчкоски Скопје, 22.03.2011
The Future of Academic Freedom Луј Менанд, роден 1952 година, е познат американски професор и писател, добитник на Пулицеровата награда во 2001 г. за книгата The Metaphysical Club. Извадок од есејот: “The Limits of Academic Freedom” во: The Future of Academic Freedom, ed. by Louis Menand, The University of Chicago Press, 1999. Академската слобода не е придобивка што ја користат само оние од системот, односно филозофски луксуз без којшто универзитетите би функционирале подеднакво успешно, па дури и поефикасно. Таа е главниот легитимирачки концепт во системот. Во суштина, секоја академска практика којашто ја земаме здраво за готово (од онаа да им се дозволува на катедрите да вработуваат и да отпуштаат свој кадар до онаа да не му
се дозволи на фудбалскиот тренер да влијае врз оценката по математика на бекот) произлегува од овој концепт (....). Што ги прави универзитетите поразлични од другите места во кои луѓето го користат својот ум? Одговорот е дека досега, што се однесува до содржината, универзитетите се, главно, институции кои самите одлучуваат за себе, т.е тие самите се управуваат. Универзитетскиот професор е зналец. Тој или таа работи во организација чии стандарди и делување, на секое можно ниво, се воспоставени и се применуваат од луѓе од сопствените редови. Професиите се стремат кон само-регулација на стандардите од истата причина поради која холивудската филмска индустрија има свои критериуми за вреднување. Ако една професија не го преземе регулирањето на стандардите во свои раце, таа ризикува тие да и бидат наметнати од страна на државата или од некој друг надворешен фактор (....). Ниту еден професор, адвокат, доктор или архитект не би сакал условите и правилата за неговата/ нејзината професија да бидат определени од некој, кој е надвор од неговите/нејзините редови. Тоа треба да бидат луѓе кои ги бранат интересите на својата професија, а не интересите на некоја група надвор од професијата. (...) Во суштина, универзитетите имаат договор со остатокот од општеството. Општеството се согласува дека едно истражување коешто не треба да му одговара на некој стандард за политичка коректност, економска корисност или религиозна ортодоксност е посакувано добро, па, затоа, се согласува да им дозволи на професорите самите да одлучуваат меѓу себе која работа е важна за нив, за да ја одработат. Превод од англиски јазик: м-р Кристина Николовска
ПОТСЕТУВАЊЕ - ШТО БЕШЕ ТОА ЕВАЛУАЦИЈА? Предлагачот на измените и дополнувањата на Законот за високото образование по скратена постапка, Владата на Република Македонија со претставниците Никола Тодоров, министер за образование и наука и др., како ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДA СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ, покрај другото наведуваат:
10
“Самоевалуацијата е една од позначајните активности во системот зa обезбедување и следење на квалитетот на високото образование, уредена со членот 77 од Законот за високото образование. Креаторите на Законот потенцираат дека “Досегашното искуство и извршените увиди покажуваат дека високообразовните установи на оваа значајна активност не и го посветуваат должното внимание и не ги користат нејзините придобивки на задоволителен начин кој е во функција на унапредување на дејноста на високото образование”. И додаваат “...со членот 77 се предвидува и оценување на наставниците од страна на студентите што се добива на крајот на секоја студиска година и истото се зема предвид при напредувањето на наставникот во наставно-научно звање”. Со оглед дека и раководството на Студентскиот парламент на УКИМ им даде
поддршка на “сите измени на ЗВО”, а во медиумите се објавуваат реклами од Владата на Р.М. во кои се наведува дека “со измените ЗВО ќе се покачи квалитетот на висоото образование” и сл., академската јавност треба да биде запознаена дека се користени полувистини со кои се негираат активностите кои на овој план во еден подолг период, се изведуваат во високото образование во РМ. Истовремено, на овој начин, сериозно се минимизираат досегашните достигнувања и се нарушува угледот на високoобразовните установи во земјата, пред сè, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Со воведување на општоприфатените принципи на Болоњската декларација за подигање и следење на квалитетот на високото образование, на УКИМ секоја година се изведува самоевалуација, а за одреден период се изведува институционална евалуација. Така,
во март 2004 (за период од 1999/03) и во мај 2008 (за период од 2003/07) беше извршена екстерна институционална евалуација од стручен тим делегиран од Европската асоцијација на универзитети во која членуваат околу 750 најголеми универзитети од Европа. За периодот 2007/11 година, во тек е институционалната и надворешната евалуација. Евалуацијата се состои од сложени механизми, предвидени и усогласени со меѓународните стандарди, совесно изведени со учество на сите релевантни чинители во високообразовниот процес, на прво место, студентите. Тие секоја академска година, анонимно се изјаснуваат за условите и квалитетот на наставата. Тоа е дел од системот за управување со квалитетот кој во последните повеќе од десет години на УКИМ добро функционира, како што е констатирано во извештаите на меѓународните евалуатори, Од наведеното, за делот од Измените на ЗВО кој се однесува на градењето и следењето на квалитетот, најсоодветно е да се парафразира синтагмата на нашиот колега Венко Андоновски “Тоа што е добро не е ново, тоа што е ново е лошо”. Но, за укажувањата да не бидат вербални, предлагачите на измените и дополнувањата на ЗВО ги покануваме да ги прочитаат двата комплети извештаи од евалуациите на УКИМ. Раководството на студентите на УКИМ, би требало да го стори истото и да се потсети дека студентите на нашиот универзитет биле и сè уште се активни учесници во една долгогодишна постапка, во која ги користат сите права и ги исполнуваат должностите како и нивните колеги во високообразовните установи во Европа и Светот. Скопје, 01.02.2011 Проф.д-р Ѓорѓи Мартиновски, поранешен Ректор на УКИМ
Која е мисијата на Универзитетот? Хосе Ортега и Гасет (18831955), познат шпански филозоф, универзитетски професор, писател и хуманист. Суштината на неговата филозофија може да се резимира во неговата позната мисла: „Јас сум јас и моето окружување и не можам да се спасам себе си, ако не го спасам своето окружување“. Извадок од есејот: „Мисијата на Универзитетот“ (“La mision de la Universidad,” 1930, Madrid), објавен во предвечерието на диктатурата и Граѓанската војна во Шпанија. Високото образование се состои од професионализам и истражување. Општеството има потреба од многу професионалци, а само од малку научници (...). Културата е она што не спасува од животниот бродолом, таа му овозможува на човекот да живее, без неговиот живот да биде достоен за презир и бесмислен. Не можеме да живееме без идеи. Од нив зависи како ќе живееме и што ќе правиме. Човекот секогаш се раѓа во една епоха, суштински и припаѓа на една генерација, а таа генерација произлегува од претходната. Тоа значи дека е бесмислено да се
живее во рамките на една генерација, особено во рамките на идеите само на едно време. Културата е виталниот систем на идеите на секое време, но културата не е наука (...). Современиот универзитет премногу го усложнил професионалното образование, додавајќи му го истражувањето, а одземајќи му ја во целост културата и нејзиното пренесување (...). Современиот Европеец (...) не го поседува виталниот систем на идеи за светот, туку тој е типичен претставник на своето време. Тој е новиот варварин, уназаден во однос на својата епоха, архаичен и примитивен во споредба со ужасното секојдневје. Овој нов варварин, во основа е пообразован од било кога, но истовремено и крајно некултивиран (...). Општеството има потреба од добри професионалци, но пред сé, тоа треба да создаде услови за друг вид професионализам, (...) не од авторитарен, кој ќе врши притисок или влијание врз општеството (...) туку од професионалци кои со својот пример и преку културата, ќе влијаат во контекстот на своето време. Поради тоа, неизбежно е на Универзитетите повторно да се воведе образованието за културата и за системот на живите идеи на времето, тоа е суштинската задача на универзитетот. Потребно беше да дојде 20-тиот век за да се доживее ова неверојатно чудо: исклучителната бруталност и агресивната глупост, својствени за човек кој знае многу само за една работа, а не ги познава во корен сите други работи. Професионализмот и специјалноста во една област, ако не се усогласени, го распарчуваат Европеецот кој, иако е присутен, всушност е отсутен од сите места каде што треба да биде (...). Треба да се возобноват расфрлените парчиња на виталното единство на Европеецот (...), а кој може да го направи ова, ако не Универзитетот (...) кој треба да ги интегририра следниве три функции: 1) учење за културата; 2) создавање професионалци; 3) научно истражување или формирање нови научници. Дали со ова ви одговоривме, која е мисијата на Универзитетот? Превод од шпански: Јасмиња Никуљска (професор по шпански јазик)
11
ИЗВАДОК ОД ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТ – Македонија Извор: www.transparentnost-mk.org.mk Во својот годишен извештај Транспарентност Македонија (TM), во делот насловен „Политички влијанија и деформации на системот“, посвети еден дел на поделбата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, предложена од страна на министерот за образование и наука Никола Тодоров.
најстарата, најголемата, најважната и најугледната образовна институција во државата“.
Цитираме: „Без неопходните анализи и аргументација, без јавна и стручна дебата, без истражувања и соодветна најава, надлежниот министер покрена процес со далекусежни последици врз високото образование во земјата и врз автономијата на универзитетите. Најмладиот министер во Владата момче кое и самото до пред некоја година било студент - предложи ad hoc поделба на најстариот и најголемиот Универзитет во државата на пет делови. Нема образложение зошто е потребна поделбата; зошто на пет, а не на четири или на шест делови; кои се финансиските импликации врз институцијата и врз научно-наставниот процес; што добиваат, а што губат студентите од ваквите реформи; што ќе значи тоа за позицијата на факултетите; што ќе се случи со постојните научноистражувачки институти; итн.
„ТМ смета дека со измените на ЗВО е извршен директен и груб упад во академската слобода како есенцијален елемент на автономијата на универзитетот. Академската слобода е дефинирана со чл. 12 од ЗВО (одредбата не е изменета) каде во 11 алинеи се определени основните елементи или содржините на академската слобода.
Се чини дека од ваквите потези на надлежното Министерство се најде затечен дури и самиот ректор на Универзитетот, д-р Велимир Стојковски, којшто со своите досегашни политички и ректорски активности, заслужи голема доверба и поддршка од Владата. Неговите обиди да балансира меѓу владината политика за чести упади во универзитетската автономија, од една страна, и за заштита на научно-образовните интереси на Универзитетот, од друга, не помогнаа за нормализирање на односите и политиките на власта во однос на
12
Темата „Повредата на автономијата на Универзитетот“ продолжува да биде дел и од месечните извештаи наТМ. Во двомесечниот извештај на ТМ за јануари и февруари 2011, се вели:
Важно е да се нагласи дека академската слобода спаѓа во исклучиво реглементативен ресор на Универзитетот, односно, во негова исклучива нормативна надлежност. Уредувањето на тие правила и односи Универзитетот го врши со свои прописи и регулативи - тоа не е, а по сила на Уставот на РМ и не може да биде предмет на законско уредување.
Автономијата на универзитетот, заштитена со Уставот на РМ, го вклучува правото на секој поединечен универзитет во Република Македонија самостојно да одлучува за својата организација и делување. Уставниот концепт поаѓа од тоа дека автономијата е нужна за самото постоење на универзитетот, бидејќи тој како установа која создава нови научни сознанија и ги воведува студентите во науката, може да постои само во мера во која самостојно ги уредува своето устројство и делување. Тоа може да се оствари само доколку универзитетот е организациски и функционално независен од другите тела кои имаат власт или друга моќ да влијаат врз уредувањето или на делувањето на универзитетот. Токму затоа, одлучувањето за организацијата и делувањето, по сила на уставните одредби, спаѓа во подрачје на академската самоуправа (domaine reservé) на универзитетот.
Правниот поредок, кој со Уставот и начелата во ЗВО ги штити самостојноста и автономијата на универзитетот, е должен да обезбеди автономна положба на универзитетските професори во ТМ предупредува дека ниту однос на научната и пошироката една власт нема мандат ниту може заедница, со пропишување на овие работи да ги уредува со законски претпоставки и други закон, па може да се констатира мерки со кои ќе се обезбеди тие дека се злоупотребува законското слободно и без притисоци да ги овластување во уредувањето на изнесуваат своите мислења и прашањата и односите во сферата на становишта, без ризик за своето Универзитетот. стекнато наставно звање и своето вработување. Слично на судиите, Мешањето на извршната автономијата на универзитетот ја и законодавната власт во штити нивната положба, со цел тие донесувањето на стручните мерила да бидат слободни и подготвени да за избор на универзитетските ги бранат своите ставови со силата наставници претставува повреда на научните аргументи и на тој начин на уставно загарантираното право да придонесуваат кон развојот на универзитетот самостојно да на науката на универзитетот и ги бира наставниците, под општи општеството во целина. услови утврдено со закон.