април 2011 /број 3 самостојно издание/бесплатен примерок ГЛАСНИК НА АКАДЕМСКАТА ЈАВНОСТ
Коментар од редакцијата
ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ KОНЕЧНО ПРЕД УСТАВНИОТ СУД
Н
а 05.05.2011 година, незадоволни од намерното или ненамерното забавено водење на процедурата од страна на ректорот Велимир Стојковски околу поднесување на барањето од Сенатот на УКИМ до Уставниот суд, група од повеќе истакнати професори на УКИМ, меѓу кои беа и двајцата претходни ректори на УКИМ (проф. Мартиновски и проф. Анчевски), поднесе свое аргументирано барање до Уставниот суд на РМ за преиспитување на Уставноста на Законот за високото образование. Имено, со донесувањето на измените и дополнувањата од јануари 2011, со овој Закон се направи повеќекратен груб упад во АВТОНОМИЈАТА на УНИВЕРЗИТЕТОТ, акт што доведува до опасна деградација на академските слободи и девалвација на академските вредности. Да потсетиме дека групата професори, сега веќе членови на невладината организација VOX ACADEMICA, на ден 27.02.2011 год. пред споменикот на патроните на Универзитетот, светите браќа Кирил
и Методиј, организираше протестен митинг на академскиот кадар за зачувување на АВТОНОМИЈАТА. На протестот имаше околу 300 припадници на академскиот кадар. Ректорот не дојде, под изговор дека е на неодложен службен пат. Индикативно е тоа што не дојде ниту еден од проректорите. Но, затоа, среде протестот упадна, како од Марс спуштен со падобран, изгубениот Министер Тодоров. Од сосема истите причини од кои не дојде ректорот или проректорите а театрално упадна Министерот, „дојдоа“ студентите од Студенскиот парламент на УКИМ, но со контрапротест. Со сведнати глави, намуртени лица и без изговорени аргументи, дојдоа да им се спротистават на професорите и од нивните “ЗЛИ АКАДЕМСКИ ГЛАСОВИ” за го заштитат КОБНИОТ ЗАКОН. Професорите решително ги надминаа сите овие ниски удари и трновидни пречки и конечно го ставија барањето во рацете на највисоката државна инстанца, УСТАВНИОТ СУД НА РМ, од кого се очекува донесување на привремена мерка: СТАВАЊЕ ВО
Содржина Коментар од редакцијата: Законот за високо образование конечно пред Уставниот суд Дел од барањето до Уставниот суд , автор, Љубомир Фрчкоски Интрервју со професор Виктор Фридман Колумна, Драган Колчаковски: „РЕКТОРЕ! НЕБОТО, СЕПАК, ИМА ГРАНИЦИ!“ Колумна, Мимоза Ристова: „СЕКОГАШ НА КРАЈОТ НИ ПРЕОСТАНУВА И ИНСТИТУЦИЈАТА ДИГАЊЕ НА КЛОЦИ“ Прилог од членот на Младинскиот образовен форум, Лазар Поп Иванов: „ЗА АВТОРИТЕТИТЕ“ Сплитските академци за автономија на образованието и науката Хронологија: Тема: Вергина Тема: Слободен индекс Тема : Иницијативата пред Уставен суд
МИРУВАЊЕ на Членовите од ЗВО кои се нападнати во поднесокот од професорите, а подоцна и донесување КОНЕЧНА ОДЛУКА, суспендирање на противуставните членови со кои власта може да врши ГРУБ УПАД ВО АВТОНОМИЈАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ.
1
СКАЗНИ ЗА ВНУЧИЊА ДО УСТАВНИОТ СУД НА РМ Љубомир Данаилов Фрчковски
О
ва е дел од барањето до Уставниот суд за оценување на уставноста на следните членови од Законот за Високо Образование 8, 52, 54, 69, 70, 72, 77, 87-а, 96, 99, 103, 113, 125, 134, 13, 140, 146-а (Сл. Весник на РМ број: 35/2008; 103/2008; 26/2009; 83/2009; 99/2009; 115/2010; и 17/2011) Почитувани Судии на Уставниот Суд на РМ Оваа иницијатива ја поднесуваме врз основа на член 110 став 1, алинеја 1 и алинеја 2 од Уставот на Република Македонија и членовите 11 и 12 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/1992)
творештво, а Републиката го поттикнува, помага и штити развојот на науката, уметноста и културата; • Членот 51, кој вели дека законите мора да се прават во согласност со Уставот на РМ; • Членот 8, кој вели дека владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на РМ; • Членот 9, кој вели дека граѓаните на РМ се еднакви во слободите и правата, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба;
Со овој предлог до Уставниот суд на РМ бараме да се поведе постапка за оценка на уставноста на подолу • Членот оспорените членови од Законот за 54, кој вели дека слободите и правата на Високо образование, и истите да ги укине како спротивни и несогласни со човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот на РМ. следните членови на Уставот на РМ: • Членот 46, според кој на Универзитетот му се гарантира АВТОНОМИЈАТА; • Членот 47, според кој се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови
Истовремено, на Уставниот суд му предлагаме да донесе Решение за запирање на извршувањето на поединечнитe акти или дејствија коишто може да се преземат врз основа на оспорените одредби од Законот за високото образование и на нив заснованите подзаконски акти, согласно членот 27 од својот Деловник.
Уредувачки одбор: Професори на УКИМ, членови на Иницијативниот Одбор за заштита на уставното начело на автономија на Универзитетот: Мимоза Ристова; Маја Бојаџиевска; Билјана Секуловска Габер; Слободан Унковски; Татјана Миткова; Љубица Георгиевска Исмаил; Наталија Поповска; Драган Колчаковски; Ирена Стефоска; Зоран Т. Поповски тираж: 2000 примероци; e-mail: vox.academica2011@gmail.com
2
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 1. АВТОНОМИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ 1.1. Членот 46 од Уставот на Република Македонија ја дефинира автономијата на универзитетот како дел на долгата традиција на човекови права и статусна положба на високото образование, Универзитетите, конституционализмот и владеењето на правото во демократските и либерални држави на западната цивилизација на која и припаѓаме. Зошто во демократиите каде што владеењето на правото е вредност и начело бил воспоставен ваквиот автономен статус на универзитетот? Низ историјата се покажало дека само така поставениот универзитет, во целосна автономија ја извршува својата општествена, научно истражувачка, педагошка функција и улога во корист на напредокот, слободата и благосостојбата на општеството како целина. АВТОНОМИЈАТА е историска придобивка, право вградено во вековната традиција на европските слободни универзитети, почнувајќи од Болоњскиот (13 век) па до ден денес. Блок 2 Актот “Аутентика Хабита” со кој била востановена автономијата на првиот Болоњски универзитет во тринаесетиот век, ја дефинира таа автономија преку три суштествени права, кои ја чинат европската традиција на слободните универзитети до ден денешен . ПРВО: студентот ја признава надлежноста на својот професор врз сите прашања што се однесуваат на студирањето. Ова претставува фундаментално право, органско единство на актерите на студирањето со јасно дефинирана хиерархија. Тука не се спомнува никаков “медијатор “ во ликот на Царот, министерот, владата или кој било друг. Од тоа единство се извлекува автономното право да се одлучува за сите прашања сврзани со предавањата, оценувањето, испитите и, воопшто, за карактерот и за видот на студирањето. Ова право само се надградува до ден денес, тоа не се укинува, не се посредува и не се крши. Тоа е прашање на елементарната компетенција: професорите знаат повеќе од другите како да го предадат знаењето на своите студенти. ВТОРО: правото за финансиска и статусна автономија: имено, изземањето на Универзитетот од таксите и другите давачки во регионот, доделување на пари од државата и давање право на свои приходи. Експертите тоа го нарекуваат своевидна архи-економска слободна зона на и околу Универзитетот . ТРЕТО: правото на физички интегритет. Имено, било забрането физичко малтретирање на универзитетскиот еснаф и упад во физичкиот простор на униврзитетот. Тоа експертите го нарекуваат своевидно право на азил во универзитетот. Вкалапениот и неслободен Универзитет не може да го продуцира ДОБРОТО за кое е наменет: знаење, вистина, алтернативни развојни стратегии, напредок, богатство, подобар живот за заедницата на која ñ служи. Универзитетот може да им служи на слободата и напредокот само ако слободно ги поставува и најделикатните прашања и ако слободно ги објавува истражувањата. Слободата на мислењето мора да биде неусловена. Тоа подразбира неусловено преспитување на сè, па и на самото право. Денес, овие права се дефинирани во Лисабонската Декларација на Европската Универзитетска асоцијација ( 2007) и се вградени во статусот на универзитетите и националните законодавства на европските држави. Тие треба, исто така, да БИДАТ ВГРАДЕНИ И ВО НАШЕТО ЗАКОНОДАВСТВО, во целост согласно со Уставот на Република Македонија. *** Во вториот дел од поднесокот е дадено аргументирано образложение за противуставноста за секој од нападнатите членови од ЗВО, одделно.
3
Интервју Професор Виктор Фридман за Вокс Академика
В
иктор Фридман е професор на Универзитетот во Чикаго, лингвист и славист со светско реноме, актуелен директор на Центарот за Источноевропски, Руски и Евроазиски студиии (Универзитет во Чикаго). Професорот Фридман има објавено повеќе од 200 публикации. Неговата докторска дисертација „Граматичките категории на македонскиот индикатив“ била првата публикација за модерниот македонски јазик во САД . В. Фридман е дописен член на МАНУ, член на Матица Српска и член на Академијата на науки и уметности на Косово. Објавил научни студии за следните јазици: албански јазик, аромански јазик, азербејџански јазик, српски/ хрватски/ босански јазик, бугарски јазик, грузиски јазик, грчки јазик, лачки јазик, македонски јазик, меглено-романски јазик, ромски јазик, романски јазик, руски јазик, таџички јазик и турски јазик. Во 2007 г. тој добил степен “Доцтор хонорис цауса” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. ВА: Професоре Фридман, кажете ни нешто повеќе околу семинарот што го држевте пролетва во Центарот на Чикашкиот Универзитет во Париз? Колку е различен или сличен процесот на создавањето на балканските јазици и нации со другите нации во Европа? Проф. Фридман: Темата беше споредувањето на јазикот, идентитетот и нацијата-држава во Франција и на Балканот. Интересно е не само тоа што процесите се исти, туку што времето на формирањето, на пр., на француската нација како таква не се разликува многу од балканските процеси, т.е. процесите во деветнаесетиот и првите децении на дваесеттиот век. И Франција е многујазична земја, но од крајот на деветнаестиот век до 1951 година, тие други јазици биле забранети. Можеме да кажеме дека јазичната репресија во Грција го следи францускиот модел. И француската парола „Нашите предци Галите“, исто така, се појави во деветнаесетиот век. Со оваа парола, имајќи предвид дека францускиот јазик е резултат на романизацијата на месното население на територија на денешна Франција, Французите сакаа ем волкот да биде сит ем сите овци на број. Ме потсетува на
4
Грците, кои сакаат да бидат истовремено и Грци и староМакедонци, иако од класичните извори е сосема јасно дека за Грците старо-Македонците биле варвари. Но, и некои современи не-лингвисти во Република Македонија ја имаат проголтано грчката расистичка лага дека современата македонска нација нема право на својот иденитет ако современиот македонски јазик е словенски. Со тоа, тие не-лингвисти, не-научно инсистираат дека современиот македонски јазик не е словенски, или го бараат старомакедонскиот онаму каде што воопшто не постои (на пр. во Каменот од Розета). Таквите нелингвисти, не само што ја засрамуваат современата македонска наука-особено лингвистиката, туку им даваат на Грците оружје со кое можат и повеќе да се борат против Република Македонија. Има и грчки не-лингвисти кои тврдат дека грчкиот јазик е „мајка“ на сите јазици, ама таквата не-наука не добива поддршка од сериозни научници. ВА: Македонија е последното балканско катче, како што велите, каде што на улиците, на пазарите, во домовите, училиштата и сл. може да се чујат јазиците на сите заедници кои живеат во земјата. Можете ли
Vox Academica и Виктор Фридман (втор од лево кон десно), Скопје, март 2011
да насетите дека јазиците на малите заедници полека почнуваат да изумираат, заради доминацијата на македонскиот и на албанскиот јазик? Сметате ли дека институциите доволно се грижат да го зачуваат лингвистичкото и културното богатство на земјата? Проф. Фридман: Сигурно за ромскиот и влашкиот треба да се направи повеќе. Турскиот е во посебна позиција заради историскиот престиж на турскиот јазик, кој до некој степен продолжува до ден денес. ВА: Како би го прокоментирале постоењето на универзитетски учебник во кој се вели дека „Антисемитот е личност кој ги мрази Евреите повеќе од потребното“? Што би направиле професорите, ако на Универзитет во Чикаго, каде што работите и Вие, се појавеше учебник со ваква дефиниција? Проф. Фридман: Таква книга не би се користела кај нас и би добила негативна рецензија во научните списанија. ВА: Постои ли црвста граница помеѓу автономијата и академските слободи на јавните Универзитети во САД, од една страна, и местото и улогата на државата, од друга страна? Со други зборови, може ли државата на каков било начин да влијае врз автономијата и академските слободи само затоа што финанаски ги поддржува овие Универзитети? Проф. Фридман: Од време на време и кај нас државните универзитети имаат проблеми со државата. Кога се случува тоа, професорите се борат за академската слобода.
ВА: Дали во САД постои закон со кој државата ги регулира критериумите за избор во наставно-научни звања на Универзитетите или тоа е нивна обврска? Посочете ни пример, како и врз кои критериуми се бира еден научник во академско звање на Универзитетот во Чикаго? Проф. Фридман: Апсолутно не постои државен закон од таков тип, и не би можело да постои. Од друга страна, има систем на акредитација кој ги акредитира универзитетите. Тоа а приватна фондација, но сите добри универзитети учествуваат во процесот. Можам да го препорачам овој сајт за сите кои што се заинтересирани за овие работи: http://ope.ed.gov/accreditation/ “The U.S. Department of Education does not accredit educational institutions and/or programs. However, the Secretary of Education is required by law to publish a list of nationally recognized accrediting agencies that the Secretary determines to be reliable authorities as to the quality of education or training provided by the institutions of higher education and the higher education programs they accredit. The U.S. Secretary of Education also recognizes State agencies for the approval of public postsecondary vocational education and State agencies for the approval of nurse education.” Во врска со избирање на некој специфичен научник, тоа е обврска на катедрата, но има варијации од универзитет до универзитет, во зависност од тоа колку се замешани во процесот и други слоеви на бирократијата.
5
Колумна:
РЕКТОРЕ! НЕБОТО, СЕПАК, ИМА ГРАНИЦИ! Драган Колчаковски
П
рилично одамна новоформираната држава го замолува, никој друг, туку самиот Алберт Ајштајн да застане на најзино чело, како прв претседател на Израел. Замолницата, во неколку наврати експлицитно е одбиена! Едноставно, како претседател, Ајнштајн вели дека би морал да потпишува и одлуки кои се во спротивност на неговата етика и морален светоглед”! Од тие и такви далечини и височини (Ајнштајн) директно во Кабинетот на ректорот на УКИМ на “приватна” средба, по негово видување (!?), за поддршка на претседателскиот кандидат - универзитетски професор! Тоа што приватноста е нарушена со бројните камери е затоа што кандидатот и не бил баш познат и препознатлив. За разлика од него, оној другиот, исто така, универзитетски професор, Институцијата ректор на УКИМ (Проф. д-р Велимир Стојковски), го постави не баре зелки на Бит Пазар продава! Или, попристојно кажано, тој и онака си беше ем познат ем препознатлив! Не ми е јасно зошто до денешен ден нашиов ректор не го потпишал указот студентите секогаш и во секаква (!?) прилика да носат Индекс за своја препознатливост! Особено тоа ќе им треба кога ќе се присоберат во поголема група и ќе сакаат нешто да кажат на некој од плоштадите... Вака, и да ги поднатепаат малку, ректорот, поради силните обврски, ниту ќе чуе ниту ќе види, а не пак да ги препознае дека се тоа негови студенти! Пред неколку месеци го доживеав и тоа, таму каде што сум вработен, а на друго место и не сум бил, да побараат да се изјаснам за етничката припадност!? На Наставничкиот совет, пред нешто над 100 доктори на науки се изјаснив како што се изјаснив, што овде и се срамам да напишам! Не дека е нелегитимно барањето на Народниот правобранител. Тоа е толку легитимно (законски) колку што е и вистинито дека таквото неш¬то на УКИМ нам за прв пат ни се побара. На останатите универзитети ниту до сега ниту пак во иднина, не дај Боже, ќе им се бара! Среќa голема, господине, наш Ректорe, и мене посебно драг (искрено) Иџет Мемети! Среќa за мојот драг колега и пријател, професорот Аслан Селмани (некогашен Министер за наука), што не цел месец пред тоа замина во пензија! После сите оние книги што ги напишал и годините што ги има, Вие Ректоре, ќе го резилевте да се изјаснува за својата етничка припадност!? Знаете, јас се вработив на ПМФ во раните 1980-ти години. Во таквиот систем на вредности, како студент, не само што имав долга коса, што денес се помалку ја имам, туку и како роден атеисти и дарвинист (природник), носев, за инает на комунистите, еден 7-8 cm голем крст!? И... никој, при вработувањето ниту ме прашал, ниту се осмели да ме праша дали сум член на партијата, случајно верник... Денес, во “демократска” Македонија ќе сте ме прашувале за етничката припадност! Народски кажано, си го баравте читајте... со извинување кон останатите читатели, како и
6
што кажав на ННС на ПМФ, мојата етничка припадност е “негроид со големо Н ...”. Господине Ректоре до нас не допре гласот дека ракводството на „Студентскиот парламент“, истите тие, што сенатори даваат, малку сте ги подискарале за “апла” политичкото делување! Не баре се нечиј Општински Комитет, па повикуваа на предвремени избори... срамота!? Професоре Стојковски, како ректор, го санкционирате ли нивното делување, а имате основа, со нас од Иницијативниот Одбор ќе си отворите проблем! Самите нека си ги расчистуваат валканиците во своите редови. Студент, јавно, пред камери да ги повикува своите професори дека местото им било во амфитеатрите... коментарот е излишен! Обичен доказ дека домашното воспитание се стекнува уште во најраната возраст, без разлика дали родителот е стечаен работник или универзитетски професор!? Па, еве, поради текстов што го пишувам, конечно и јас се потрудив да го прочитам фамозниот Закон за високо образование!? И воопшто не се чувствував непријатно кога ќе ме потпрашаа, што е тоа што не ми се допаѓа во Законот, кога и онака сто други нешта не ми се допаѓаат! Впрочем, на што личи место универзитетските професори правници, некој што размислува како и кога настанале планините во Македонија да коментара законски решенија! Па, сепак, читајќи видов дека изборот на ректор се регулирало со статут на универзитетите (член 53). Сосема исправно решение! Инаку, замислете, јавен (а зошто не е државен) универзитет со пет факултети и пет професори, да избира ректор според членови во Законот за високото образование! Се потрудив да го прочитам и Статутот на УКИМ, каде изборот на ректор е регулирано со ни помалку ни повеќе туку 10 члена (од член 120, заклучно со член 129). Или, едноставно кажано, посложено и понесоодветно и не сме можеле да смислиме! Оттука, како со сегашниот така и со идниот ректор, маките ќе бидат исти. Ами да подразмислиме малку ректорот на УКИМ да го бираат на непосредни избори, како задолжителна обврска, редовните професори!? Се познаваме, драг мој Ректоре, уште од асистентските денови. Мислењето за Вас одсекогаш ми било крајно позитивно. И денес, воопшто, или можеби за нијанси е променето. Едноставно знам во каква кал сте влезени! Сепак, умесно е да знаете дека сте под засилен (секојдневен) мониторинг од фамозниот Иницијативен одбор, сега веќе невладината организација VOX ACADEMICA..., ДА НЕ НАПРАВИТЕ ГЛУПОСТ И ДА ПОДДРЖИТЕ НЕКОЈА ПАРТИСКА АКТИВНОСТ. Ви велам дека тоа не е Ваша работа. Во било кој амфитеатар, на Зелен Пазар, па ако сакате и во дворот кај комшиите освен, секако, во брачниот кревет, Вие сте Ректор на УКИМ.
Колумна
СЕКОГАШ НА КРАЈОТ НИ ПРЕОСТАНУВА И ИНСТИТУЦИЈАТА „ДИГАЊЕ НА КЛОЦИ“ Мимоза Ристова „Никогаш повеќе“ - воскликнавме во дует јас и Гарванот на Едгар Алан По. Никогаш повеќе да не се случи онаква аланпоовска црнотија и контаминација на здравата мисла. Да не ни се повтори перверзното самоказнување, самокамшикување и трпењето на друг министер како Никола Тодоров. Колеги, не дозволувајте никогаш во вашата академска кариера да ви се устоличи онаква неука, полумалолетна-полуделиквентна фигура да ви заседне на кокпитот за образовние и наука, та да ве летне без мазут во резервоарот и да ве тера да скокате со падобрани кои не се отвораат. Никогаш не дозволувајте, отсега па натаму, ниедна влада да донесе онакво чудо невидено од некогашен слаб студент, онакво лажливо, недообразувано, полунедоквакано а напола исквачено, на сила испилено конте да седне да го води највиталниот ресор во една држава - ОБРАЗОВАНИЕ и НАУКА. Па, драги мои, тоа е ресорот којшто, ако се води накриво од курсот на летот, завршува со вртоглав пад, а продуктите од експлозијата ќе ја загадуваат почвата со децении.
Еве ги моите посланија како концепција за ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАУКА И ОБРАЗОВАНИЕ НА РМ Послание до идниот мандатар Кога ќе се прават меѓупартиски преговори на коалиционите партнери, НЕ ТРЕТИРАЈТЕ ГО ОБРАЗОВАНИЕТО како ресор за ситно раздолжување. Изборот на Министер за Образование и наука треба да биде направен, неизоставно, од редот на НАЈЕМИНЕНТНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА УКИМ. Министерот не смее д а биде подолу туку само над тој критериум. Да има долга километража и искуство со европскиот систем на образование, а во својата кариера сериозно да се има бавено со наука. Барајте таков кој разликува што е литература, што се публикации, што се лаборатории, од една страна, а што се тендери за лаборатории, издавање и печатење, тенденција за партиско профитирање и изборни измами, од друга страна. Послание до припадниците на академската заедница на РМ Но колеги, отсега да имаме “нулта толеранција” за ваквите ликови како нашиот досегашен шарен падобран, министерот Тодоров. Па и да дојде и повторно да ни седне онаква чудовишна лажливо конципирана и евтино структурирана личност, тогаш, Ве молам, сетете се дека постои и институцијата што се нарекува ОСТАВКА. Па, ако се обиде да се огреши, тогаш може секогаш да се излезе на улица, та со доблест и со достоинство да му застанеме исправени и високи во моралот пред неговата порта, сè додека не си даде оставка. Дури и Ректорот да шурува и да манипулира, дури и тогаш вие го имате автономното право што треба да го употребите, ДА ГО НАПУДИТЕ ОД ФОТЕЛЈАТА. Послание до УКИМ Колеги од УКИМ! Вам ви е дадена историската мисија, како на припадници на најстарата а воедно и најзрелата високообразовна и научна институција во државата, да ја предводите колоната на вашата сопствена АКАДЕМСКА СРЕЌА. Ако вашето шпионско окце само наѕира на повидок доаѓање на министер кој не е ваш калибар, кој не е од вашите редови, кој не е од најдобрите од вас, кој нема профил на личност што соработува со колегите, ги почитува поискусните и се советува со паметните, тогаш, кренете го вашиот глас во јавноста. Излезете и понудете друго решение. Ако не добиете разбирање од другата страна, тогаш применете ја единствената институција што преостанува, ИНСТИТУЦИЈАТА „ДИГАЊЕ МИНИСТЕР НА КЛОЦИ“.
7
Прилог од членот на Младинскиот образовен форум,
ЗА АВТОРИТЕТИТЕ Лазар Поп Иванов Имам дилема за што да биде овој текст. Дали да пишувам зошто е потребно транспрентно образование и отвореност на институциите, или, пак, за начинот на студентско организирање и зошто треба тој да се реформира? Можеби најголемо внимание ќе предизвика да се пишува за автономијата на Универзитетот и студентската перспектива околу тоа прашање или, пак, ќе биде интересно да се разгледа каде и на што се трошат студентските пари? Можам да набројам уште десетина вакви дилеми, но по се изгледа дека единствено што се случува е наборјување на дилемите без никаков сериозен разговор околу нив, без сериозни дебати, без нудење решенија. Во периодот на моето студирање вакви дилеми се отвораа и тоа на мошне симпатични начини. Во ходниците на правен сé уште можете да ги најдете излепени налепниците со наслови: „Секогаш сомневај во на апсолутниот авторитет на професорот“, „Берберница Сојуз на студенти (200 денари стрижење)“, или „поддржи платформа за студентско организирање - избори се за промени“, и многу други. Сите овие иницијативи најчесто беа од организации, групи на студенти или индивидуалци кои сакаа да направат промена застанувајќи зад своите идеи и ставови. Најчесто нивните обиди да променат нешто остануваа само на креативните постери, јавните дебати на кои самите организатори држеа монолози - бидејќи неретко не ги ни удостојуваа со присуство другите засегнати страни (Студентскиот парламент, Министерството или, пак, професорите). И тука, почитувани читатели, е мојот најголем проблем. Секојдневно слушаме дека имаме апатична младина која не се бори за подобро утре - и тука ќе морам да не се сложам со оваа излитена и толку често повторувана фраза.
„Берберница - Сојуз на студенти (200 денари стрижење)“ Многу е пологично проблемот да се лоцира во целиот наш образовен систем, бидејќи токму тој - со сите свои составни делови - одбива да креира критички умови. Непостоењето на никаков тип на дебата во средните школи и Универзитетот; немањето креативни и инспиративни предавања од страна на професорите, кои
8
најчесто одбиваат нивните тези да бидат предизвикани и да се дискутира околу различните ставови во врска со одредени темаи; авторитетот на професорите, на Универзитетот и во средните училишта се расфрла како единствен и најважен аргумент во секоја дебата. Тоа, почитувани, креира млади луѓе кои се плашат да предизвикуваат различни мислења, креира млади кои не сакаат да се спротистават со различна идеја бидејќи знаат дека полесниот пат е да се сложиш со повисокиот авторитет од тебе. Професорите на дело „уживаа во овие бенефиции“ сиве овие години кога гледаа како студентите верно климаат во предните редови на секоја пласирана теза од нивна страна. Ретки се професорите кои предизвикуваа дебати и ценеа различни мислења - тие се оние истите кои не се штедеа да присуствуваат на трибините на нивните студенти и да ги презентираат нивните ставови.
„Секогаш сомневај во на апсолутниот авторитет на професорот“ Но се надевам дека повикот за будење пристигна во моментот кога професорите излегоа јавно и здружено да го искажат нивното мислење - и како бумеранг, токму оние студенти, оние послушните пред авторитети се потчинија пред малку повисок авторитет: Министерството за образование и наука. Тоа бил повисокиот авторитет кој тие не смееле да го предизвикаат. Одговорот на прашањето зошто, побарајте го, драги професори, во самите себеси, и во вашата задача да допринесете во оформувањето на младите умови - и успешноста во истото. Да се навратам на почетокот: токму младите студентите ги отвораат дилемите кои ги спомнав погоре, но навистина е потребна поддршката од Вас од професорите. Доколку се согласувате со нашите ставови - излезете и поддржете не, доколку не се согласувате критикувајте не, но придонесете да има критичка мисла и вредна дискусија за проблемите во нашето образование. Провоцирајте дебати на Вашите предавања и не бидете навредени (туку, напротив, бидете почестени) кога некој студент аргументирано нема да се согласи со Вас. Бидејќи на Вас е привилегијата да можете да учествувате во развивањето на толку многу млади индивидуи и доколку Вие нé едуцирате за важноста на критичкиот осврт кон нештата и на предизвикувањето на авторитетите - не знам кој друг би го направил тоа.
Веста е пренесена во оригинал, а преземена е од белградското интернет списание e-Novine
Сплитските академци во одбрана на автономијата на образованието и науката
Photo: www.slobodnadalmacija.hr 20.05.2011 Borba za obrazovanje i nauku Splitski akademci protiv dolaska Fuchsa Ministar obrazovanja Radovan Fuchs otkazao je svoj dolazak na Senat Sveučilišta u Splitu gde se u petak odlučuje o nacrtima paketa zakona o visokom obrazovanju i nauci * Studenti i profesori spremili ‘’dobrodošlicu’’ ministru uz transparent ‘’Radovane, odfuchsaj’’ * ‘’Ruđer Bošković’’ pod pritiskom podržao nacrte
‘’Sa žaljenjem vas želim izvijestiti da se neću odazvati pozivu na sjednicu Senata Splitskog sveučilišta zbog tvrdnji pojedinih čelnika splitskih fakulteta da svojim dolaskom želim disciplinirati Sveučilište te da kršim njegovu autonomiju’’, stoji u pismu koje je ministar nauke, obrazovanja i sporta Radovan Fuchs poslao rektoru Sveučilišta u Splitu Ivanu Paviću, nakon što je dvestotinjak profesora i studenata Splitskog sveučilišta u petak ispred Sveučilišne knjižnice organizovalo protest protiv, kako su istakli, političkog gušenja autonomije sveučilišta. Okupljanje je organizovano uoči održavanja sednice Senata na kojoj će se raspravljati o nacrtima tri Zakona – o visokom obrazovanju, nauci i sveučilištu. “Ministarstvo skoro godinu dana pokušava nametnuti zakone koji su protivni interesima većeg dijela akademske zajednice. Zakon su jednoglasno odbili Senat zagrebačkog Sveučilišta i HAZU, svi ekonomski i pravni fakulteti u zemlji te deset fakulteta splitskog Sveučilišta. Ministar dolazi na sjednicu Senata splitskog Sveučilišta ne bi li izvršio politički pritisak na ljude da promijene odluke
9
Fakultetskih vijeća. Ministar nema što raditi na sjednici Senata na kojem se odlučuje o njegovom prijedlogu. Dekani nemaju mandat mijenjati mišljenje Fakultetskih vijeća. Ovo je izravno utjecanje politike na autonomiju sveučilišta”, kaže za Index.hr Dragan Markovina, asistent sa splitskog Filozofskog fakulteta. Kao jedan od nedostataka paketa zakona, Markovina navodi činjenicu da prema nacrtima ministarstva Veće ministara preuzima nadležnosti Fakultetskog veća. “Potpuno su razvlaštena Fakultetska vijeća. Čak rektori i dekani ne moraju biti članovi akademske zajednice. Znači po tome bi i jedan Željko Kerum mogao biti rektor Splitskog sveučilišta”, upozorava Markovina, dodjući da Radovan Fuchs odbija javnu raspravu. Prema njegovim saznanjima, rektor Sveučilišta u Splitu Ivan Pavić jedan je od autora novih zakona, a pojedine kolege Dragana Markovine žalile su se da ih rektor pritiska da zakonima daju zeleno svetlo, piše Index. Rektor Pavić, koji je u prvi mah zabranio novinarima da prisustvuju sednici da bi predstavnicima ‘’sedme sile’’ ipak dozvolio da budu prisutni tokom rasprave, kazao je da gostovanje resornnog ministra nije sporno. “Ministar je na Senat dolazio i prije. Posebno je važno što dolazi danas jer će kolege na Senatu imati priliku čuti od samog predlagatelja zakona
sve činjenice” kazao je rektor Pavić za Slobodnu Dalmaciju. Dodao je da nema “opasnosti od ataka na samostalnost Sveučilišta”, kako to izjavljuju neki delovi splitske akademske zajednice. No, dekan Pravnog fakulteta u Splitu Boris Buklijaš javno je zatražio ostavku ministra Radovana Fuchsa kao moralan čin. ‘’Unio je kaos u sustav, a rezultati rada su mu čista nula’’, kazao je Buklijaš, prenosi T-portal. Paralelno sa protestom u Splitu, Akademska solidarnost iz Zagreba organizovala je u petak ispred zgrade Ministarstva nauke, obrazovanja i sporta akciju podrške kolegama iz Splita. Članovi Akademske solidarnosti ispred zgrade MZOŠ izradili su transparent koji su potom zajedno sa zahtevom za odbacivanje nacrta zakona urudžbirali ministarstvu. Na poziv iz MZOŠ, demonstrante je ‘’posetila’’ zagrebačka policija, piše portal H-Alter. Podsetimo, nakon što je Sveučilište u Zagrebu odbacilo, a Zadarsko sveučilište podržalo paket tri Zakona, na red je došlo Sveučilište u Splitu. Senat Sveučilišta u Rijeci takođe je podržao Vladine nacrte Zakona u smislu napuštanja modela državnog upravljanja sveučilištima, te na tom tragu uvođenje modela državnog nadzora. Među institucijama koje su podržale predloge, našao se i Institut ‘’Ruđer Bošković’’ koji je 11. maja na vanrednoj sednici zaključilo da zakonska rešenja predstavljaju dobar i savremen okvir za unapređenje nauke u Hrvatskoj. Međutim, nešto više od nedelju dana kasnije iz ovog instituta stigle su informacije da su usvojeni zaključci doneti pod izvesnim pritiskom. Dr. Dražen Vikić Topić, zaposlen u Institutu ‘’Ruđer Bošković’’ rekao je u četvrtak na okruglom stolu povodom paketa Zakona, da su ministar Fuchs i predsednik Znanstvenog vijeća posetili Institut, što je bila jedna vrsta pritiska. ‘’Na Ruđeru smo organizirali Vijeće zaposlenika koje je toliko uzbudilo pojedince da je prvi put u povijesti od kad to vijeće postoji došao ministar osobno te predsjednik Znanstvenog vijeća. Očito su se prepali jer smo htjeli govoriti o zakonima. To pokazuje da namjere u cijeloj toj priči nisu čiste. Ja sam osobno indirektno dobivao i prijetnje. Jučer smo organizirali Znanstveno vijeće kemije na kojem nismo podržali zakone, iako ih je Znanstveno vijeće Ruđera pod pritiskom uvjetno podržalo’’, rekao je dr Vikić Topić. Пред затворањето на бројот излезе соопштение (20.05.2011., 18:00, HINA) дека Сенатот на Универзитетот во Сплит не го прифатил предлогот за повлекување на некои одредби од Законот за наука и високо образование. Сепак дебатата продолжува. Во знак на поддршка на професорите од Сплит ја објавуваме веста.
Photo: www.slobodnadalmacija.hr
10
хронологија на настаните Тема: Вергина Утрински весник, 01.04.2011 Сенатот ќе одлучува за сонцето на штипските дипломи Универзитетскиот сенат на Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ќе одлучува за тоа дали ќе се повлече шеснаесеткракото сонце од дипломите што кренаа прашина деновиве во јавноста. Портпаролот на Универзитетот, Кирил Барбареев, вчера ни потврди дека откако ја примиле препораката на МНР за повлекување на сонцето од дипломите, им одговориле дека за тоа ќе одлучува Сенатот. Засега не се знае за кога ќе биде закажана седницата на Сенатот. Во меѓувреме, вчера до медиумите стигна соопштение од Универзитетот во кое одлуката за сонцето се брани со автономија на Универзитетот. „Ние ги почитуваме сите предвидени закони, но, исто така, нашата автономија дозволува сите интерни, јасно дефинирани ингеренции на Универзитетот, кои се во согласност со етичките начела и принципи, да не може да ги менува ниту еден орган од земјава и во странство, а уште помалку медиум да одредува дали сме погрешиле со донесувањето одлука за симболите на дипломите. Одлуката што ја донел Универзитетот е законско право и обврска исклучиво на универзитетските органи“, се нагласува во соопштението. Тема: „Слободен индекс“ Утрински весник, 20.04.2011 Не чека студентска пролет „Со транспаренти стоевме во холот за да ги известиме студентите дека има трибина за студентско самоорганизирање, на која беа поканети колеги од Србија, Косово и од Бугарија. Неколку пати кога сме сакале да направиме нешто на факултетите, трибина, средба или мирен протест за да го искажеме нашето незадоволство, сме биле одбиени и тоа не ни било овозможено. Претходно, ни ги заклучуваа вратите како да сме криминалци, а не студенти на овој факултет. Последно што се случи е оваа балканска средба, кога не ни дадоа вистинска причина зошто не можеме да ја одржиме трибината, само не известија дека едноставно не може“, објаснува Елена Георгиевска од Филозофски факултет. Реагираше и нејзиниот колега од Белград, Бранислав Стеваниќ, кој за медиумите изјави дека се разочарани поради „ едозволивиот упад во автономијата на универзитетот“. „Не може академскиот простор да се затвора со политички средства бидејќи овој простор и’ припаѓа на академската заедница“, рече тој.
на слободата на говорот. По професорите и студентите на своја кожа го почувствуваа упадот во автономијата на универзитетот. Филозофскиот факултет им ја забранил трибината на студенти од Македонија, Србија, Косово И Бугарија. „Денес уште еднаш се докажа, кога станува збор за автономијата на самиот студент ние немаме никакви права, немаме никакви можности да организираме било што тука на факултетите. баравме од деканите на Филолошкиот и Филозофски простор за да ги одржиме средбите и да ја составиме платформата по која ќе се движиме натака“, рече Радимила Ванковска, „Слободен индекс“. Тие сепак влегоа во аулата да ја одржат трибината. Продеканот на филозофски Никола Жежов забраната за одржување на студентската трибина ја објаснува со недостаток на простор. „нашето одбивање не е тенденциозно. Немаше простории во тој момент. Инаку ние сме отворени за соработка со сите. Им излегуваме во пресрет на сите“, изјави Никола Жежов, продекан на Филозофски Факултет. Процес: Професорот К, Уставниот суд и архиварката Алфа:Законот за високо образование утре до Уставен среда, 04 мај 2011, 16:44 Група професори денеска не успеаја да ја поднесат Иницијативата до Уставениот суд за новите измените на Законот за високо образование, бидејќи архиварката не била на работа. Иницијативата, за која професорите собираа потписи, ќе ја поднесат утре. Се оспорува содржината на 17 членови, меѓу кои критериумите за избор во наставно - научни звања, критериумот за избор на ментор, членот за екстерно оценување на универзитетите, одредбата за борба против непотизмот, одборот за акредитација и евалуација. Освен професорите, кои пред три месеци го организираа протестот за да ја одбранат автономијата на универзитетот, кон инцијативата се приклучија и поранешни ректори, но и други професори. Решиле сами да подготват и поднесат иницијатива, бидејќи не можеле веќе да чекаат тоа да го направат сенаторите и ректорот на универзитетот Кирил и Методиј.
18.04.2011 18:17
“Направивме една добра иницијатива за оспорување на Законот за високо образование, чекавме до сега бидејќи очекувавме Ректоратот да оди со таа заедничка иницијатива, што Правниот факултет ја подготви. Меѓутоа таа очигледно е заглавена во една спирала на одлагања” изјава Љубомир Фрчкоски, универзитетски професор.
Сирена за аларм на Филозофскиот факултет, денеска го означи протестот на студентите против ограничувањето
“Евидентно најслабо водство, најслаб ректорат, најслаб ректор неговиот административен пристап дека наводно
11
го добил пишаниот стручен материјал пред 2 дена од тогаш изминаа 20 дена, 15 се уште не е закажана седница. Евидентно тој нема намера вистински да се приклучи кон оваа иницијатива” изјави Тито Беличанец, универзитетски професор. “Сметам дека како поранешен ректор треба да се вклучам во оваа иницијатива затоа што законот кој го донесоа, некои делови од законот апсолутно се неодржливи и мислам дека Уставен суд како такви ќе ги оцени, неодржливи” изјави Александар Анчевски, универзитетски професор. Алфа: Иницијативата за Законот за високо образование стигна до Уставен четврток, 05 мај 2011, 17:10 Иницијативата за измените на Законот за високо образование стигна до Уставниот суд. Рано утрото ја поднесоа групата професори кои и ја подготвија. Професорите очекуваат нивната иницијатива со која се оспоруваат 17 одредби од законот да биде прифатена од уставните судии. Универзитетскиот професор Маја Бојаџиевска потсети дека со измените на законот е направен упад во автономијата на Универзитетот, со неговата содржина и начинот на кој беше донесен –по скратена постапка. “Иницијативата е пред Уставен и очекуваме дека Уставниот суд ќе утврди колку е тоа квалитетен аргументиран материјал, кој што ги истакнува главните точки кои се неквалитетни како одредби во Законот за високо образование и претпоставувам дека ќе решава скоро”, изјави Маја Бојаџиевска, универзитетски професор. ..... Иницијативата која треба да ја поднесе Сенатот на Универзитетот Кирил и Методиј е готова и се наоѓа во Ректоратот, тврди за Алфа Ректорот Стојковски и за неа ќе се расправа на една од следните седници на Сенатот. Сенатот пред повеќе од два месеца донесе одлука да поднесе иницијатива до Уставен, одлука која досега не ја реализираше. Професорите вчера истакнаа дека неподнесувањето на иницијативата значи дека таа очигледно е заглавена во спирала на намерно одлагање. Нова Македонија ¸06.05.2011 Професорите го претркаа сенатот во одбраната на УКИМ По два и пол месеци, откако сенатот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одлучи битката со спорниот закон за високо образование да ја бие на Уставен суд, вчера таму кончено стигна иницијатива, но не од раководството на УКИМ, туку од група професори од универзитетот.... - Ректорот се однесува административно и има индиферентен однос кон целото прашање, да беше покооперативен поинаку ќе се одвиваа работите. Сега е притиснат до ѕид и ќе мора побрзо да дејствува - вели професорот Тито Беличанец.
12
Одложувањето на расправата за иницијативата на сенатот е очигледно и за професорот Људмил Спасов, сенатор од Филолошкиот факултет, кој потегот на групата професори за нова иницијатива го смета за легитимен. - Има застој, и се одолжува работата со бирократски задршки. Тоа е очигледно. Што се однесува до иницијативата на групата професори, легитимно е да се даваат предлози. Тоа покажува свест за борба за слободата на професијата и слободата на универзитетот - вели Спасов. Вечер 06.05.2011 Изјава на Тодоров по повод Иницијативата до Уставен Иницијативата на група професори е политички мотивирана Тодоров очекува Уставниот суд да пресече Политички мотивирана активност комплетно во функција на претстојните предвремени парламентарни избори е иницијативата за измените на Законот за високо образование, со 17 одредби, а што ја поднесоа вчераутро група професори до Уставниот суд, изјави министерот за образование и наука, Никола Тодоров. Алфа 06 мај 2011, 17:07 Сенатот ќе одлучи како и дали ќе поднесе иницијатива до Уставен Иницијативата подготвена од група на професори за измените на Законот за високо образование не стигна во Ректотот пред 20-тина дена, туку подоцна, па оттаму не е издржано да бидам обвинет дека намерно не сум закажувал седница на Сенатот - вели ректорот на УКИМ Стојковски. .... Ректорот не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на министерот Тодоров дека гледа политичка мотивираност во иницијативата на група професори до Уставен. За Стојковски, ситуацијата се помалку наликува на академска. Најави дека седница на Сенатот на која ќе се расправа за иницијативата за измените на Законот за високо образование ќе се одржи кон крајот на овој месец. Сенатот ќе одлучи каква ќе биде и содржината и формата на иницијативата и дали ќе ја поднесат до Уставниот суд.